Младински образовен форум (МОФ), во рамките на Проектот за младинско изразување, поддржан од Европската Унија, спроведе кампања за подигнување на свесноста и одговорноста околу врсничкото насилство и силеџиството во средните училишта и ја изработи оваа брошура со наслов „Силеџиството во твоето училиште“.
Преку отворен прашалник се добија информации и податоци поврзани со силеџиството и говорот на омраза помеѓу средношколците и стана повеќе од очигледно дека овој вид на насилство е доста застапен во средните училишта низ Република Северна Македонија и дека постои суштинска потреба за нејзино адресирање од сите засегнати страни (раководството на училиштетото, наставниот кадар, учениците, родителите, медиумите и општините).
Оваа брошура е производ на работата на Артивизам клубовите и е изработена под менторство на Панде Ефтимов, асистент на програмата Младински активизам.