Крпен студентски живот - Истражување за животниот стандард на станарите во ДСД „Скопје“

Page 27

Истражување за животниот стандард на станарите во Државниот студентски дом „Скопје“

1. успех во учењето 2. редовност во студирањето 3. семејно-материјалната положба на студентот 4. оддалеченост од местото на живеење (член 7). Според ова, правилникот додава уште една категорија која се зема предвид при приемот на студенти, а тоа е оддалеченоста од местото на живеење. Ранг-листите ги составува Министерството за образование и наука, преку комисија за прием на студенти во студентски дом за секој универзитет одделно. Комисиите се составени од двајца претставници на студентската претставничка организација, претставник на универзитетот и двајца претставници од Министерството за образование и наука. Оваа комисија има задача да ги провери документите кои ги поднесува секој студент одделно, да состави прелиминарна листа, да решава по приговори и да поднесе извештај за работата до Министерството (член 19). Оваа комисија може да исклучи студент од конечната ранг-листа тогаш кога податоците од електронската пријава и доставената документација не се совпаѓаат (член 20). Правилникот им забранува на студентите да го отстапат местото на друг, освен ако не се врши размена на легла помеѓу два студенти кои биле примени во студентскиот дом. За ова треба да постои и согласност од страна на директорот на домот (член 24). Правилникот дозволува пополнување на слободните места по сместувањето на студентите кои ги исполнуваат условите, од страна на лица кои не ги исполниле условите, при што тие ја плаќаат полната сума (член 25).

Правилник за нормативите и стандардите за опрема, простор и кадар во студентските домови Правилникот го носи Министерството за образование и наука (член 12, Закон за студентски стандард). Тој предвидува дека домовите треба да задоволуваат естетски и еколошки стандарди. Исто така, предвидува дека секој дом треба да има дворна површина, спортски игралишта, зелена површина и простории за рехабилитација и рекреација (член 2). Покрај ова, овој правен акт таксативно ги набројува видовите простории поврзани со управувањето, техничките и услужните дејности кои секој дом треба да ги има во својата структура. Меѓу другото, во домот треба да има просторија за референти за сместување и исхрана, кујна опремена според ХАССП, трпезарија која е опремена со доволен број маси и столови итн. (член 6, член 7). Домовите треба да обезбедат и пристап за лицата со инвалидитет (член 8).

27


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.