Issuu on Google+

ИНФОРМАТОР закони технологии тендери понуди •

Број 16 Мај 2013

„Големите брендови ги создавaат луѓето. Македонски бренд со светски квалитет е приказната што ја создадовме заедно за Витаминка со потрошувачите“ Наташа Стојковска, директор на сектор за набавка „Витаминка“ АД Прилеп

УСВОЕНИ ЗАКОНИ И ЗАКОНИ ВО ПРОЦЕДУРА

ПАРАЛЕЛИ Коморското организирање на Далечниот Исток - Кина и Јапонија

Генерално собрание на Асоцијацијата на Балкански Комори

Нови пазари ДРЖАВА КУВАЈТ

BSI

TM

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922 1 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Founded 1922 ISO 9001:2008 FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA


Стопанската комора на Македонија Лиценцирана институција за образование на возрасни bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Програми за преквалификација/доквалификација на кадар

Во моментот акредитирани се занимањата:

(1) Гипсер монтер; (2) Фасадер; (3) Аргон заварувач; (4) Готвач во угостителски објект.

• Предавањата се одржуваат во Стопанската комора на Македонија во Скопје; • Практичната настава се реализира во најреномираните македонски компании во зависност од понудената струка; • Сертификат признат од Министерството за образование и наука на Република Макеоднија и Агенцијата за вработување на Република Македонија.

2

За повеќе информации: Борис Тримчев Тел. +389 2 32 44 043 Моб. +389 72 20 70 91 e-mail: boris@mchamber.mk


СОДРЖИНА 4

ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА Нови закони и закони во подготовка

12

ФОКУСИРАНО

20

СРЕДБИ И ПОСЕТИ

26 30

Генерално собрание на Асоцијацијата на балкански комори во Будва, Република Црна Гора Стопанска делегација од кинеската провинција Сичуан во посета на Стопанската комора на Македонија

ИСКУСТВА

Коморското организирање во Јапонија

НОВИ ПАЗАРИ Држава Кувајт

36

ENTERPRISE EUROPE NETWORK

38

ТЕХНОЛОГИИ И ИНОВАЦИИ МОЖНОСТИ

33

ДОСТИГНУВАЊА

41

34

ПАТОКАЗ

41 50 52

35

Огромен успех на истражувачите од „Алкалоид“ и македонската наука

„Здравје Радово“

МАКЕДОНСКИ БРЕНДОВИ „Т’га за југ“ на ВВ „Тиквеш“ со 40-годишен јубилеј

Издавач: Стопанска комора на Македонија ул. Димитрие Чуповски бр. 13 1000 Скопје Главен и одговорен уредник: Саво Пејчиновски Лектoр: Станка Дамјановска Дизајн и графичко уредување: Стево Серафимов

E-адреса Web

ic@mchamber.mk www.mchamber.mk

Печати

ЕВРОПА 92 АД, Кочани

ISSN 1857- 792X Носител на материјалните права е издавачот. Забрането е препечатување, копирање и умножување на написите или на нивните делови без претходна согласност од издавачот.

3

Постапки и процедура за учество на македонските компании во тендерите за јавни набавки на Обединетите нации по електронски пат

СТАТИСТИКА МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ ПОНУДА/ПОБАРУВАЧКА

ИНФОРМАТОР закони технологии понуди тендери •

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Founded 1922

Број 16, мај 2013


НОВИ ЗАКОНИ

Закон за изменување и дополнување на Законот за радиодифузната дејност, по скратена постапка

ОД 1 ЈУНИ ДИГИТАЛИЗАЦИЈА Согласно со измените на Законот за електронските комуникации („Службен весник на Република Македонија” број 59/2012), 1 јуни 2013 година е утврден како датум кога во Република Македонија ќе се изврши исклучувањето на аналогниот телевизиски сигнал, што значи дека постојните терестријални телевизии не ќе можат повеќе самостојно со користење на радиофреквенции да се емитуваат аналогно во слободниот простор. Ова значи дека постојните терестријални телевизиски радиодифузери од 1 јуни 2013 година ќе треба да преминат да се емитуваат на еден од следните начини: •преку дигитален терестријален мултиплекс (ДВБ-Т), некодирано и слободно во просторот; •преку електронска комуникациска мрежа (на пример кабелска мрежа) или •преку сателит.

Телевизиско емитување преку дигитален терестријален мултиплекс врши т.н. оператор на ДВБ-Т електронска комуникациска мрежа, согласно Законот за електронските комуникации, по претходно склучен договор со телевизискиот радиодифузер. Телевизиско емитување преку електронска комуникациска мрежа или преку сателит врши оператор на јавна електронска комуникациска мрежа/сателит согласно Законот за електронските комуникации по претходно склучен договор со телевизискиот радиодифузер. Во постојниот Закон за радиодифузната дејност не е утврдена постапката по која Советот за радиодифузна дејност ќе ја прави соодветната измена во постојните дозволи за вршење на радиодифузна дејност. По извршената измена во дозволите, телевизиите ќе треба согласно Законот за електронските комуникации со „ОНЕ“ да склучат договор за дигитално емитување. Надзорот над спроведување на обврските од договорот, односно почитувањата на правата, обврските, цените, параметрите за квалитет на емитувањето итн. ќе го врши Агенцијата за електронски комуникации согласно своите законски надлежности. За оние локални телевизии кои ќе преминат од локално во регионално ниво на дигитално емитување, освен што ќе треба да направат измена во постојната дозвола во начинот на емитување, ќе треба во одреден временски рок да исполнат и одредени минимални, технички, просторни, финансиски и кадровски услови утврдени во подзаконски акт усвоен од страна на Советот за радиодифузија. За да се обезбеди можноста телевизиите кои не сакаат да преминат во дигитално некодирано и слободно во просторот емитување преку ДВБ-Т комуникациска мрежа (ОНЕ), односно кои ќе сакаат да се емитуваат преку јавна електронска комуникациска мрежа или сателит, потребни се соодветни измени и дополнувања во постојниот Закон за радиодифузната дејност. Исто така, поради преминот во друг начин на емитување (ДВБ-Т, комуникациска мрежа или сателит) потребно е соодветно да се ревидираат и дефинициите за вршење на радиодифузна дејност за одредено подрачје, односно ниво во Законот за радиодифузната дејност. При тоа, формулата за пресметка на годишниот надоместок за Дозволата за вршење на радиодифузната дејност треба да претрпи соодветни измени. ( „Службен весник на РМ“ бр. 72/2013)

Број 16, мај 2013

4


ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ТЕРАСИТЕ ПРЕНАМЕНЕТИ ВО СТАНБЕН ПРОСТОР

НОВИ ЗАКОНИ

Закон за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти

Со законските измени ќе се изврши усогласување со новиот Закон за катастар на недвижности и се предвидува сите видови линиски инфраструктурни објекти и електронски комуникациски мрежи и средства за кои е донесено решение за утврдување на правен статус да се запишат во јавната книга за правата на недвижности. Понатаму, се утврдува дел од приходот од надоместокот за утврдување на правен статус на бесправни објекти на општините во градот Скопје да се распределува во сооднос 60% за градот Скопје и 40% за општината во градот Скопје на чие подрачје е изграден бесправниот објект, а градот Скопје има обврска да ги користи овие средства наменски за донесување на планска документација со која се врши вклопување на бесправните објекти и за инфраструктурно уредување на просторот за потребите на овие објекти, како и да достави извештај за користењето на средствата, а во спротивно се предвидува глоба за одговорното лице во Градот Скопје. Следната измена се однесува за тераси на објекти со намена домување во станбени згради и за тераси на објекти со намена домување во станбени згради кои се пренаменети во станбен простор и се предвидува да се пресметува надоместок за нив во висина од 61 денар по м2. („Службен весник на РМ“ бр. 72/2013)

Закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, по скратена постапка

СЕ ВОВЕДУВА РЕГИСТРАЦИОНЕН АГЕНТ

Измените и дополнувања на Законот за трговските друштва се со цел да се олесни административната постапка за упис во Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица. Со законот за изменување и дополнување на Законот за трговские друштва се воспоставува нова категорија на подносител - регистрационен агент, со што ќе се надмине проблемот од потребата за поседување на дигитален сертификат за лицата кои сакаат да регистрираат фирма. Се овозможува тој да има овластување изворно да ги состави пријавата за регистрација и прилозите кон истата, да ги потпише со негов електронски потпис, и да ги поднесе во име и за сметка на овластениот законски подносител (застапникот по закон, односно овластеното лице за застапување). Регистрациониот агент во постапката на упис, покрај поднесување на пријавата, ќе има овластување да го утврдува и идентиетот на учесниците, а секоја пријава од негова страна ќе биде третирана како веродостојна. Со овие измени е предвидено и воведување поголема правна сигурност во делот на заштитата на правата на малцинските акционери преку можноста за ангажирање на овластен ревизор пред поднесување тужба пред надлежан орган. Прецизиран е и временскиот рок кога се доставува годишната сметка во хартиена форма и се прецизира дека податоците од годишната сметка се доставуват во електронска форма и се потпишуваат со електронски потпис, а големите и средните претпријатија треба да ја доставуваат годишната сметка во електронска форма. Содржана е одредба за пролонгирање на важечкиот рок од 60 дена за отпочнување на постапка за с��ечај или ликвидација на субјекти, на сега 120 дена, како и се проширува примената на овој рок и на субјектите за кои веќе се отпочнати стечајни и ликвидациони постапки пред надлежен суд. („Службен Весник на РМ“ бр.70/2013) 5

Број 16, мај 2013


НОВИ ЗАКОНИ

Закон за изменување и дополнување на Законот за едношалтерски систем и водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, по скратена постапка

СТИМУЛИРАЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКА РЕГИСТРАЦИЈА НА ФИРМА Целта заради која се донесува овој закон е стимулирање на електронската регистрација на фирма, преку намалување на трошоците за регистрирање на истата и олеснување и поедноставување на административните процедури за регистрирање трговско друштво, или трговец поединец. Досега фирма се основаше, односно впишуваше во Централниот регистар по електронски пат и во хартиена форма, односно со достава на поднесокот на самиот шалтер на Централниот регистар или неговите подружници. Со новата реформа, покрај постојните, се дава и нова можност, односно субјектот, кој сака да основа фирма, тоа да го направи и преку специјализирани регистрациони агенти. Како основни решенија кои ги нудат измените и дополнувањата на овој закон се: - пријавата за упис на субјектот во електронска форма во име на подносителот да може да биде поднесена и од страна на регистрационен агент, со овластување за поднесување пријава за упис преку Системот за е-регистрација, без за тоа да бидат наплатени какви било трошоци; - постапка и критериуми за добивање овластување за регистрационен агент; - критериуми за одземање на овластувањето и - обврска за утврдување на идентитетот на учесниците во постапката за регистрација, како и веродотојноста на потписите на прилозите кон пријавата за упис, од страна на регистрациониот агент.

Со реформата, во идниот период, доколку некој субјект сака да основа фирма, тогаш тоа што треба да го направи е да отиде кај сметководител, кој има добиено овластување да биде регистрационен агент, и да изјави волја да основа и да регистрира фирма и да се идентификува. Понатаму, сметководителот регистрационен агент во име на субјектот кој сака да основа и да регистрира фирма ќе ги преземе сите натамошни чекори за впишување на фирмата во Централниот регистар, односно ќе ги обезбеди и пополни пријавата и прилозите кон пријавата и ќе ја поднесе пријавата по електронски пат. На тој начин субјектот кој сака да основа и да регистрира фирма ќе го направи тоа без никаков трошок, бидејќи сметководителот - регистрационен агент нема да му наплати за неговиот труд и нема да има трошок за регистрација затоа што сметководителот веќе поседува електронски дигитален сертификат за потпис за поднесување на документација по електронски пат, којшто, се разбира, го користи за други видови работа во врска со неговата дејност и претходно. („Службен весник на РМ“ бр.70/2013) Број 16, мај 2013

6


ЗАКОНИ ВО ПОДГОТОВКА

Предлог- закон за изменување и дополнување на Законот за енергетика (во собраниска процедура)

„ЕНЕРГЕТСКИОТ ПАСОШ“ ЌЕ ШТЕДИ ЕНЕРГИЈА

Со предложените изменувања и дополнувања на Законот за енергетика се прави усогласување на Законот за енергетика со Законот за концесии и јавно приватно партнерство, додека во делот на енергетската ефикасност се врши допрецизирање на постојните одредби од Законот за енергетика во правец на поедноставување на имплементацијата на начелата на европското законодавство во оваа област. Се врши допрецизирање при што се определува дека трговијата на големо со сурова нафта, нафтени деривати и горива за транспорт е енергетска дејност. Првпат се воведува т.н. енергетски пасош. За таа цел, односно за процена на потрошувачката на енергија во објектите на владините и на јавни институции, ќе се формира комисија која воедно ќе има обврска да изготвува и извештај, кој точно ќе покаже каде треба да се интервенира за намалување на трошоците на потрошувачката на енергија. Законските измени предвидуваат јавните институции да мора да ја следат потрошувачката на енергијата во зградите каде што ја вршат дејноста, а единиците на локалната самоуправа ќе ја следат и потрошувачката на енергија во јавното осветлување со цел да се заштеди енергија. Исто така, се воведуваат и енергетски контролори, кои ќе бидат обучувани по посебни програми што треба да ги донесе Агенцијата за енергетика. На сите јавни згради во рок од три години ќе се направи енергетска контрола, со што ќе се знае колку точно електрична енергија трошат и колку се енергетски ефикасни. Цената на лиценцата за енергетска контрола, според измените на Законот за енергетиката ќе изнесува 6.000 денари за три години и 3.000 денари за продолжување за уште три години. Kолку ќе наплаќаат за своите услуги енергетските контролори, треба да се утврди со тарифникот, кој треба да го донесе Агенцијата за енергетика, а да го одобри Владата. За непочитување на одредбите од Законот, предвидени се глоби од 3 до 5.000 евра во денарска противвредност.

Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за шумите (во собраниска процедура)

ЕВИДЕНЦИСКИ КАРТОН ЗА ПРИВАТНИ ШУМИ Основна цел за донесување на измените во Законот е поради Проектот „Зајакнување на националната подготвеност за шумски пожари“, финансиран од Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО ОН), а имплементиран од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Се редефинира поимот лиценцирање за извршување на стручни работи на шуми во приватна сопственост и се додаваат нови поими поврзани со пожарите, како и се дорегулира постапката за евиденција на работите извршени во шуми во приватна сопственост преку воведување на посебен образец - евиденциски картон за приватни шуми. 7

Број 16, мај 2013


ЗАКОНИ ВО ПОДГОТОВКА

Се предвидува по Глава III да се додаде нова Глава III-а и пет нови члена. Планот, кој ќе се донесе врз основа на овој закон, не е наменет да ги замени законите и надлежностите на поедини институции, туку да им овозможи форум и мандат да усвојат заеднички оперативни постапки, да подготват и да спроведат заеднички стандарди и да се вклучат во сите аспекти на управувањето со пожари на конзистентен и кооперативен начин. Имено, со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за шумите, се објаснува целта на интервенцијата во Законот и воведувањето на концептот “Национален план за управување со пожарите на отворен простор“, периодот на неговот важење, начинот на изменување и дополнување, неговата содржина, елементи (стратешки акции), засегнатите страни и приоритетот на Планот, потоа формирањето на Национален надзорен одбор (заради следење на спроведувањето на елементите - стратешките акции од Националниот план), неговите задачи, кој може да биде назначен во истиот, структура, мандат, начин на работа итн. Предвидено е Владата на Република Македонија во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон да го донесе Националниот план за управување со пожари на отворен простор. Потоа се менува целиот член 62 од постојниот Закон, со цел редефинирање на постапката за ознака за сеча и уредување на видот на ознаката за сеча, видот на шумскиот жиг за ознака за сеча, начинот на вршење на ознаката за сеча како и и формата и содржината на Книгата за евиденција на извршена ознака за сеча во шума во државна сопственост, Книгата за евиденција на извршена ознака за сеча во шума во приватна сопственост и Книгата за евиденција на направена шумска штета. Се менуваат членот 69 и ставовите (1), (2) и (4), каде што децидно е уредено дека исеченото дрво во шума и надвор од шума (освен дрво од овошни стебла на земјоделско земјиште), без оглед во чија сопственост е, мора да е жигосано со јасно видлив шумски жиг и снабдено со испратница за исеченото дрво и дрвни сортименти кога се превезува или пренесува од местото на сеча или од место до место. Исто така, производи од дрво (дрвен јаглен, рачки, прачки, колци, дрвен чипс, пелети, брикети и друго) да не можат да се пренесуваат или превезуваат, ако не се снабдени со испратница на местото на товарење, како и со начинот на издавање на испратниците. Се регулираат откупот, преработката и прометот на дрво и дрвни сортименти, се даваат исклучоци за обработка на шумски отпад/отпад после сеча преку регулирана постапка, но исто така и се воведува ново правило со кое Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми“ и другите субјекти кои стопанисуваат и управуваат со заштитените подрачја без оглед на нивната намена се должни прометот на дрво и дрвни сортименти да го вршат преку регистрирани складишта во нивна сопственост. Се забранува да се врши преработка на дрво и дрвни сортименти во постројки за механичка преработка на дрвото, ако дрвото не е жигосано и снабдено со испратница на начин утврден согласно овој закон, а сопственикот на постројката за механичка преработка на дрвото и дрвните сортименти е должен дрвото и дрвните сортименти по приемот да ги евидентира во посебна Книга за водење на евиденција на дрвото и дрвните сортименти примени на преработка во постројката за механичка преработка на дрвото. Се определува кој може да добие лиценца, т.е. да врши стручни работи на шуми во приватна сопственост за кои работи се издаваат лиценцата, постапката и документацијата за добивање на лиценца. Број 16, мај 2013

8


ЗАКОНИ ВО ПОДГОТОВКА

Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште (во собраниска процедура)

СО БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА ДО ДРЖАВНА НИВА

Предмет на предложените измени на овој закон се одредби со кои се овозможува воведување на банкарска гаранција за учество во постапка и банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот, на нов критериум при изборот на најповолен понудувач во постапка по јавен оглас, при склучување на договори за закуп со пренесување на корисничко право под истите услови како во основниот договор кој престанал да важи поради бришење на индивидуалниот земјоделец од регистарот на упис, прецизирање на обврската во случај на раскинување на договорот за закуп закупецот во предвидениот рок да го предаде владението на земјоделското земјиште и да ги отстрани насадите и другите движни и недвижни ствари, како и давање на државно земјоделско земјиште на казненопоправните и воспитно поправните установи, а со цел вршење на производна дејност од страна на осудените лица. Според официјалните податоци, околу 48 отсто од вкупната површина на Македонија се земјоделско земјиште, или околу 1 милион хектари. Од нив, една третина или 521.000 ха се смета за обработливо. Државата поседува околу 20 отсто од обработливото земјоделско земјиште, односно околу 200.000 хектари. Заклучно со 2012 година, Министерството има склучено 6.712 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површина од околу 109.467 хектари. Дадените податоци не се однесуваат за постапката водена по објавените јавни огласи и јавни повици, а за кои поради распишаните избори не се склучени договори за закуп.

Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за стечај (во собраниска процедура)

СКРАТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА НА ТРАЕЊЕ НА СТЕЧАЈОТ

Во новопредложените измени на овој закон се предвидува дека стечај или реорганизација над стечајниот должник се спроведува кога стечајниот должник е неспособен за плаќање, односно му претстои идна неспособност за плаќање. Идна неспособност за плаќање постои ако должникот направи веројатно дека своите постоечки парични обврски нема да може да ги исполни по нивното пристигнување. Ова е прешироко толкување и треба подетално да се дефинира од причини што не е точно наведено на кој начин ќе се утврдува веројатноста на можни идни неспособности за плаќање. Согласно предвидените измени ќе се доведе до скратување на постапката на траење на стечајот и тоа од причина што сега се предвидени рокови во кои стечајните судии ќе мораат да покренат дејствија кои досега не беа регулирани со рокови како испитното рочиште. Ова ќе доведе до скратување на стечајните постапки, но сепак секој еден спор ќе зависи од низа фактори кои ќе може да доведат и до пролонгирање на финалниот исход од самата постапка. Како пример би се навел новопронајден имот, нови доверители, изземање на стечаен управител и сл. Како новина во законот е и реорганизација на должникот пред отворање на стечајната постапка. Оваа одредба ќе доведе до можноста за намалување на стечајните постапки воопшто зошто преку овој инструмент судот 9

Број 16, мај 2013


ЗАКОНИ ВО ПОДГОТОВКА

ќе цени дали идни активности би довеле до ликвидност на самата компанија. Преку реорганизацијата, на должникот се овозможува поголема гаранција за доверителот во процесот на наплата на своите побарувања, а се дава можност да се постигне договор меѓу должникот и доверителите за прифаќање на план за реорганизација, пред должникот да влезе во состојба на инсолвентност, со што деловниот потфат би продолжил без да се отвора и да се води стечајна постапка. Во оваа постапка се определуваат мерки од страна на судот за заштита на средствата и имотот на должникот од присилно извршување, со оглед што по својот карактер стечајната постапка е постапка за колективно намирување, за разлика од постапката за извршување, каде доверителите се намируваат поединечно. Предвидениот рок за оваа постапка е 60 дена. Следната новина е претворање на имотот во пари или нова електронска продажба, каде се предлага пред да започне продажбата, стечајниот управник во рок од три дена од донесувањето на одлуката за ликвидација на деловниот потфат да објави оглас во најмалку еден дневен весник, а по потреба и во странски весник, со кој ќе ги повика заинтересираните купувачи да достават понуди за намера за купување на имот, кој ќе трае 15 дена. Нов институт е и воведување на стечајна постапка од мала вредност која ќе претставува постапка во која не се формира одбор на доверители, туку одлуките ги носи собранието на доверители, односно стечајниот судија, а ги предлага стечајниот управник. Оваа постапка ќе се спроведува во случај кога вредноста на стечајната маса е до 1.000.000 денари. Најголеми измени се предвидени во делот на назначување и надлежности на стечејаниот управник. Тука пред се` треба да се нагласи дека стечаен управник ќе се бира според методата на електронско избирање од листата на пријавените стечајни управници за секој суд кој постапува по стечајните предмети, а новоименуваниот стечаен управник или предложениот стечаен управник мора да биде од листата на стечајни управници на судот кој е надлежен за водење на стечајните постапки. Законот ќе има одложена примена за одредбите со кои се регулира доделување на предметите на стечајните управници по методот на електронски избор, регистарот на стечајни управници, продажба на имотот по електронски пат, како и поведување постапка по изготвен план за реорганизација и истите ќе се применуваат од 01.01.2014 година.

Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот зa градење (во собраниска процедура)

НЕПРЕЧЕН ПРИСТАП НА ЛИЦА СО ИНВАЛИДНОСТ

Со Предлог-законот се уредува прашањето за начинот на отстранување на објектите кои не се оштетени или не постои опасност за нивно уривање, дека може да се отстранат објектите по добивање на одобрение за отстранување издадено од надлежниот орган за издавање на одобрение за градење, како и регулирање на постапката за издавање на одобрение за отстранување на објектите. Исто така, се прецизира дека со отстранувањето на овие објекти престанува правото на сопственост на истите чие запишување е утврдено со закон. Со предложените измени се утврдуваат и глоби за одговорните лица на јавните институции доколку не постапат согласно законот и за сопствениците на објекти доколку пристапат кон отстранување на објекти без добиено одобрение за нивно отстранување. Се пропишува дека до 1 септември 2015 година сопствениците/одговорните лица на објекти со јавна намена се должни да ги исполнат условите за непречен пристап на лица со инвалидност. Во спротивно, се предвидуваат глоби. Број 16, мај 2013

10


ЗАКОНИ ВО ПОДГОТОВКА

Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за државната статистика (во владина процедура)

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ОПФАТОТ И КВАЛИТЕТОТ НА СТАТИСТИЧКИТЕ ПОДАТОЦИ

Предлог-законот има за цел: натамошно допрецизирање на дефинициите и категориите кои се употребуваат во законот, како и создавање на законски претпоставки за зголемување на опфатот и квалитетот на статистичките податоци кои се прибираат од извештајните единици. Воедно, со допрецизирање на улогата на Заводот, како координатор на статистичкиот систем на земјата, се зајакнува довербата на јавноста во однос на квалитетот на податоците кои ги произведува не само Заводот, туку и овластените носители. Со измените на Законот, посебно со допрецизирање на категоријата доверливост се воведува нов концепт на заштита на индивидуалните податоци. Основни решенија на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државната статистика се: - допрецизирање на категории кои се употребуваат во Законот; - допрецизирање на делот од Законот кој се однесува на збирките на податоци; - попрецизно и посеопфатно дефинирање на категоријата доверливост на податоци од аспект на статистиката; - зајакнување на улогата на Државниот завод за статистика како координатор на статистичкиот систем на земјата; - допрецизирање на одредбите кои се однесуваат на користење на статистичките податоци за научноистражувачки цели; - објавување на официјалните статистички податоци, како и на давањето на доверливи податоци без идентификации на трети лица; - меѓународната дисеминација на статистички податоци и - воведување на надзор над примената и спроведувањето на одредбите на овој закон.

Предлог-закон за националната инфраструктура на просторните податоци на Република Македонија (во владина процедура)

УСОГЛАСУВАЊЕ СО ЕВРОПСКИТЕ РЕШЕНИЈА

Со овој закон ќе се уредува воспоставувањето, организационата структура и одржувањето и управувањето со националната инфраструктура на просторните податоци на Република Македонија, како и услугите кои се однесуваат на просторните и непросто��ните податоци содржани во збирките на просторни податоци. Овој закон ќе се применува само кај изворната верзија на збирката на просторни податоци во случај кога различни субјекти поседуваат или некој друг поседува во нивно име повеќе идентични примероци на иста збирка на просторни податоци. Целта на неговото воспоставување е да ги олесни пристапот, размената, употребата и дистрибуцијата на стандардизирани просторни податоци и услуги на ефикасен, ефективен и усогласен начин. НИПП воспоставува технолошка, правна и административна рамка за меѓуинституционална соработка, која ги поддржува иницијативите за е-влада и го овозможува интегрирањето на просторните податоци од различни извори во една мрежа. Со овој закон се презема Директивата 2007/2/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот на Европската унија од 14 март 2007 година за воспоставување на инфраструктура на просторни информации во Европската заедница (INSPIRE). Повеќе информации: Покрај Македонија и Хрватска, во Проектот Inspire се Снежана Камиловска вклучени и останатите држави од поранешна Југославија и Албанија и Косово. Проектот има за цел да ја зголеми размената на просторни Тел (02) 3244061 податоци, како и институционалната и техничката помош меѓу земјите од Факс (02) 3244088 Западен Балкан. Е-адреса: snezana@mchamber.mk 11

Број 16, мај 2013


Генерално собрание на Асоцијацијата на балкански комори во Будва, Република Црна Гора

ДОБРАТА ТРАНСПОРТНА ИНФРАСТРУКТУРА ОСНОВА ЗА ЕКОНОМСКО ПОВРЗУВАЊЕ НА РЕГИОНОТ

ФОКУСИРАНО

Балканските комори, препознавајќи го трендот на стрaтешкото свртување кон не-европските пазари, треба заеднички да настапуваат на трети пазари, беше оценето на Генералното собрание на Асоцијацијата на балкански комори (АБК), што беше одржано на 17 април 2013 година во Будва, Република Црна Гора. Во работниот дел на Генералното собрание се дискутираше за значењето на транспортната инфраструктура, што е од исклучителна важност за економскиот развој на регионот, како и за можноста за заеднички настап на АБК-коморите на бизнис-форумите и саемите. На маргините на Генералното собрание на АБК, Горазд Чомовски, разговараше со дел од претседателите на деловните асоцијации од регионот, а интервјуата може да ги прочитате во продолжение.

Број 16, мај 2013

12


Велимир Мијушковиќ, претседател на Стопанската комора на Црна Гора

ПРИТИСОК ВРЗ ВЛАДИТЕ ЗА ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ СООБРАЌАЈНА ПОВРЗАНОСТ

* Кои се опасностите за црногорската економија со оглед на големиот буџетски дефицит? -Буџетски дефицит постои, кој е на ниво на дозволениот буџетски дефицит во смисла на критериумот од Мастрихт. Toa значи во проценти под 60 % БДП, така што Црна Гора буџетскиот дефицит на некој начин го балансира под дозволените граници. * Кој е условот да се урамнотежи буџетскиот дефицит? -Условот е од една страна да се зголемат буџетските приходи, а од друга страна да се намали генералната потрошувачка. Но, исто така, мора да се рационализираат трошоците бидејќи буџетските трошоци се над дозволеното од реалните потенцијали на црногорското стопанство и економијата. Затоа, мора да се делува двострано - да се намали потрошувачката, а да се зголемат приходите. На тој начин, дефинитивно, мора да се урамнотежи буџетот и да се изедначат потрошувачката и приходите. * Какво е влијанието на Комората врз креирањето на економската политика на црногорската Влада? -Нашата Комора е природен партнер на Владата на Црна Гора. Таа во континуитет укажува на одредени слабости, проблеми и дава одредени препораки, сугестии како да ја креира економската политика. Така се работи континуирано. Но, ние како стопанство никогаш не сме задоволни со тоа со која динамика тие се спроведуваат. Сепак, најголемиот дел од тие препораки се почитуваат и се усвојуваат. Во основа сме задоволни од целокупната соработка со Владата и очекуваме во наредниот период соработката да се интензивира.

ИНТЕРВЈУ

* Патната инфраструктура меѓу земјите од регионот е слаба. На што се должи ова? -Сообраќајната поврзаност на нашите земји е еден од клучните проблеми. Тоа не е добро бидејќи добрата сообраќајна поврзаност е предуслов за конкурентност на целиот регион. Меѓусебната поврзаност меѓу нашите земјите не на највисоко ниво и мораме на тој план да делуваме и да влијаеме врз нашите влади тоа да го стават во развојните приоритети на своите земји. *Како протече процесот на приватизација во Црна Гора? Процесот на приватизација започна во раните 90-ти години и имаше многу неуспешни резултати. Тоа особено се однесува на некои компании кои беа доминантни носители на економскиот развој на Црна Гора, пред се`, мислам на алуминиумската индустрија. Кај нас процесот на приватизација се` уште трае. Она на што сега ние се фокусираме е привлекување на странски директни инвестиции во областите на комуналната сфера, енергетиката и туризмот. Значи, пред се`, мислам на инвестициите кои би можеле да ги привлечеме преку стратешки инвеститори кои капиталот во Црна Гора не би го вложувале преку процесот на приватизација, или купување на акции или слично. Нам ни се особено битни гринфилд-инвестициите во оние сектори во кои Црна Гора има компаративни предности, а тоа се енергетиката, туризмот и земјоделието. 13

Број 16, мај 2013


Жељко Сертиќ, претседател на Стопанската комора на Србија

ПОТРЕБЕН НИ Е ОПЕРАТИВЕН СИСТЕМ КОЈ РЕГИОНАЛНО ПОЦВРСТО БИ НЕ` ПОВРЗУВАЛ * Неодамна бевте избран за нов претседател на Стопанската комора на Србија. Каков е Вашиот прв впечаток за досегашното коморско функционирање во Вашата земја? -Во моментов ситуацијата во коморскиот систем е прилично хаотична. Лошата организациона поставеност е можеби клучен проблем за ваквата состојба и тоа и создава главоболка на бизнис-заедницата, затоа што тоа се одразува врз ефективноста при функционирањето на компаниите. * Постои ли дијалог на релација Комора Влада? -Да, постои, функционира. Често има средби меѓу Комората и Владата. Меѓутоа, капацитетите и можностите се далеку поголеми од оние кои во моментов се користат. Соработката со Владата мора да се продлабочи, бидејќи на тој начин би се создала можност државата да води далеку подобра економска политика, а со тоа би се подобрила и деловната клима. А, за мене, како нов прв човек на деловната асоцијација една од главните задачи ќе ми биде Стопанската комора на Србија да го врати својот авторитет пред стопанствениците. Тоа значи да бидеме далеку повеќе поврзани и распространети за разлика од денес. Коморскиот систем мора да стане линкот со државната управа, националните институции и со сите оние кои работат на економскиот развој на нашата земја.

ИНТЕРВЈУ

* При едно Ваше излагање рековте дека земјите од регионот треба да го остават минатото зад себе и да се фокусираат кон иднината. Ставивте акцент на потребата од интензивирање на економската соработка на државите од Балканот. Која би била вистинската формула за успешен развој на земјите од опкружувањето? -Навистина потребно е поефективно да бидеме поврзани во регионот бидејќи нашите компании се мали за самостоен настап на трети пазари. Токму затоа мислам дека ние треба најпрвин самите себе да се изанализираме, да ги согледаме нашите предности и недостатоци, а потоа со сопствени сили да ги искористиме максимално сите наши капацитети. Добро би било да се поврземе оперативно, менаџерски и со конкретни активности да делуваме, а не само да зборуваме. За жал, ние во моментов немаме оперативен систем кој регионално поцврсто би не` поврзувал. На располагање ни е Асоцијацијата на балкански комори, но моја желба и визија е тоа да биде пооперативно од она што е денес. Значи, би морале да имаме некое извршно тело во кое ќе делегираме наши претставници, би имало размена на информации на дневно ниво, да имаме 24-часовно ажурирање на информации поврзани со понудата и побарувачката на нашите стопанства, да создадеме заедничка берза, да ги поврземе нашите министерства, да влијаеме нашите влади многу повеќе да соработуваат. *Како ги оценувате македонско-српските односи? -Мислам дека би можеле да бидат далеку подобри. Има работи од кои можеме да учиме едни од други. Македонија направи исклучителен економски исчекор, зошто да не го искористи вашиот модел за побрзо економско заздравување иако знам дека и кај вас

Број 16, мај 2013

14


економско-социјалната ситуација не е баш најдобра во моментов. Неодамна бев во Франција и слушнав дека македонски производи биле многу застапени на нивниот пазар. За поздравување е фактот дека она што го произведувате можете да го пласирате на западноевропските пазари. Србија, пак, има работи кои далеку поквалитетно и подобро ги има направено од вас. Затоа сметам дека од круцијално значење е регионалната поврзаност и размената на искуства. *Кој е најголем економски партнер на Србија? -ЕУ е најголемиот партнер. Ние сите капацитети ги имаме насочено во приспособување на нашата економија и конкурентност, со цел да можеме да излеземе на трети пазари, особено во ЕУ. Најголемиот дел од законите ги приспособуваме според правилата и препораките од ЕУ. Доколку успееме во тоа, тогаш најмалку важно ќе биде дали форм��лно сме или не дел од оваа групација. Но, не би сакал да бидам погрешно разбран дека на Србија не и` е потребно зачленувањето во ЕУ. Меѓутоа, суштински е да ги приспособиме нашите закони и стандарди според критериумите коишто Брисел ги бара од нас.

Илир Жила, претседател на Стопанската комора на Албанија

АВТОПАТОТ ОД ТИРАНА ДО ПРИШТИНА ДВОЈНО ЈА ЗГОЛЕМИ РАЗМЕНАТА МЕЃУ ДВЕТЕ ЗЕМЈИ

ИНТЕРВЈУ

* Како Албанија се справува со „сивата“ економија? - Како што е речиси и низ целиот Балкан, така и кај нас, „сивата“ економија е проблем кој тешко се искоренува. Заедно со Парламентот и Владата, особено со Министерството за финансии, максимално работиме што повеќе да го намалиме нивото на „сивата“ економија. Во заедничка координација се подготвуваат измени во законските регулативи кои треба да придонесат за спречување на „сивата“ економија.

* Каква е деловната клима во Албанија? -Албанија се соочува со сериозни проблеми околу кредитниот рејтинг. Можам да кажам дека процентот на невратени кредити е голем. Според моите сознанија, речиси 22 отсто од компаниите кои земале кредити се` уште ги немаат вратено. Деновиве беше усвоен закон со кој е предвидено оние кои ги немаат вратено кредитите да бидат санкционирани. Со законот се предвидува замрзнување или, во крајна линија, запленување на имотот на компаниите, бидејќи само така очигледно државата ќе може да ги наплати долговите. * Како Албанија се справува со кризата од која е зафатен речиси целиот регион? - Албанија можеби најдобро ја пребродува кризата. Конкретно, во Албанија минатата година e забележан пораст на бруто домашното производство од 1,8 отсто. Ваквиот резултат се должи на подготвеноста кај компаниите да се справат со проблемите, но и на администрацијата која им излезе во пресрет на сите оние кои се соочуваат со проблеми во водењето бизнис во едни вакви тешки економски услови. Сега сме фокусирани на целосна либерализација на економијата, што дополнително ќе помогне во заздравувањето на деловната клима во земјата. 15

Број 16, мај 2013


* Како ја оценувате економската соработка меѓу Македонија и Албанија? -Соработката треба да се интензивира, не само со Македонија, туку и со целиот регион. Треба да имаме отворена соработка и со земјите од ЦЕФТА. Потребно е заеднички да лобираме кај земјите-членки од ЕУ да насочат што поголем процент од нивните европски фондови во модернизација на инфраструктурата во државите од нашиот регион. Треба да бидеме свесни сите ние дека многу работи зависат од добрата инфраструктура која, мораме да признаеме, кај нас се` уште не ги задоволува потребните европски стандарди. Конкретно, ние инвестиравме во автопат во правец на Приштина со што двојно се зголеми економската соработка со оваа земја. Исто така, планирано е да се инвестира и во автопат на релација Тирана – Скопје. Сега очекуваме и од македонската страна да се покаже интерес за реализација на автопатот меѓу нашите две земји. На сите треба да ни биде јасно дека модернизацијата на патната и железничката инфраструктура ќе придонесе за поинтензивна регионална соработка. Тоа треба да биде приоритет на сите земји од регионот. Убеден сум дека доколку имаме што полиберализиран проток на трговијата, толку ќе бидеме поконкурентни на европските пазари.

Цветан Симеонов, претседател на Стопанската комора на Бугарија

САМО ЕКОНОМСКИ ОБЕДИНЕТ И ИНТЕГРИРАН БАЛКАН МОЖЕДАБИДЕФАКТОРВО СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА

ИНТЕРВЈУ

* Како ги оценувате македонско-бугарските односи? -Македонско-бугарските економскополитички односи имаат добар развој и постои подготвеност од двете средини тие да се продлабочуваат. Двете бизнис-заедници имаат изразена желба да се развиваат македонскобугарските комуникации, пред се`, во подобрувањето на транспортната инфраструктура. Се надевам дека во наредниот период уште повеќе ќе работиме на подобрување на односите на сите нивоа. Она што можам сега да го најавам е дека до крајот на оваа година очекувам да се реализира идејата за воспоставување директна авионска линија на релација Скопје - Софија и обратно. * Зошто железничката пруга меѓу Македонија и Бугарија никако да се реализира? -Финансирањето е основниот проблем, особено сега во услови на економска криза. Иако е мало растојанието, сепак, се` уште не се најдени извори за финансирање на железничкиот коридор. Неспорно е дека железничката пруга е најдоброто решение, меѓутоа, регионот се` уште не е подготвен за развој на овој вид на транспорт затоа што балканските пруги и железници значително се назад зад се` помодерната европска инфраструктура. Од друга страна, од Турција се` повеќе се интензивира железничкиот коридор од Азија преку Босфор до ЕУ. Нашите влади ќе мора да го следат овој развој затоа што постои опасност Балканот да остане тесно грло во

Број 16, мај 2013

16


железничкото поврзување меѓу Азија и Европа. * Колку политичките проблеми влијаат врз економската соработката меѓу двата соседа? -Малку е пренагласено да се говори дека имаме политички проблеми. Мислам дека се во прашање нијанси во пристапот, како и на каков начин да се работи на обединување на Балканот како услов за иднината на овој регион. Ако вака ги поставиме основите на соработката, мислам дека односите нема да ги оптоваруваат некои претходни искуства и недоразбирања, зошто и граѓаните од двете земји не посакуваат одлагање на развојот на меѓусоседските односи. Политичарите треба да сфатат дека најкус пат за Европа е во заедничкото содејство во развојот на економските односи. Се разбира дека има многу скептици кои понекогаш стравуваат од овој концепт на развојот на билатералните односи. Но токму на овој собир на Асоцијацијата на балканските комори, експертите ни го покажаа патот само за една област. Така, на пример, тие велат дека ако се обединат сите капацитети и потенцијали во производството на вино, Балканот би бил петтиот регион во светот по производство и извоз на вино. Во спротивно, доколку самостојно настапуваме ние сме мали, ситни играчи и неспособни да постигнеме добри резултати во производството и извозот на вино. Состојбата е слична и во другите сектори. Раситнети сме немоќни, затоа политичарите, во ниедна од нашите средини, не смеат да ги влошуваат взаемните меѓудржавни и економски односи. Само со обединет и интегриран Балкан можеме да бидеме повеќе респектирани во меѓународната трговија, размената и во светската економија.

Заклучоци на Генералното собрание на Асоцијацијата на балканските комори (АБК)

ЈАКНЕЊЕ НА УЛОГАТА НА КОМОРИТЕ ВО ПРЕГОВАРАЧКИТЕ ПРОЦЕСИ СО ЕУ

ДОКУМЕНТИ

* Како кризата во Европа се одразува врз економската ситуација во Бугарија? Без сомнение, кризата во ЕУ директно се одрзува и врз бугарската економија. Не смееме да заборавиме дека нашето стопанство во кус период, за само две децении, мораше да се преориентира од едни кон други пазари. Бугарскиот извоз главно се одвиваше со државите од поранешниот СССР. Дури 80 проценти од бугарскиот извоз беше во државите од некогашниот социјалистички блок. Сега 60 проценти од бугарската размена се одвива со членките од ЕУ. Кога настапи кризата во Унијата, таа се рефлектираше и врз нашата економија. Нашите менаџери и властите не ги запоставуваат другите брзо растечки економии и пазари. Но, освен Балканот, вклучувајќи ја и Македонија, ние се` повеќе ги истражуваме пазарите на Кина, Индија, Јапонија, Кореја. И покрај почетните тешкотии, почнува бран на инвестиции во Бугарија од овие земји од далечниот Исток. Има сериозни навестувања од Кина за нови инвестиции. И Кореја внимателно го следи економскиот развој во Бугарија, а очекуваме дека ќе продолжи и интересот на јапонските инвеститори за нашата економија.

Генералното собрание на АБК, одржано во април 2013 година, во Будва, ги усвои следните Заклучоци: • Зајакнување на врските и односите меѓу стопанските системи, коморите и владите чии земји се членки на АБК, со што интересите на стопанството би биле прифатени при носењето одлуки и креирањето на конкурентен амбиент за работа во рамките на АБК. • Да се унапредува работата на коморите-членки на АБК и нивните јавни функции, со стручно оспособување, водење работен регистар, унапредување на надворешнотрговското работење и промоција на извозот, основање на претпријатија, надзор на пазарот со цел да се обезбедат фер услови и арбитража. • Јакнење на постојните структури на АБК-секретаријатот и да се предложат 17

Број 16, мај 2013


механизми за централизација на неговите активности. • Јакнење на сообраќајната поврзаност меѓу земјите-членки на АБК, со што би се остварувала регионална соработка во рамките на реалните потреби и потенцијалите на членките. Националните комори од балканските земји ја • Да се поттикнуваат, привлекуваат и да се основаа Асоцијација на Балканските Комори промовираат инвестиции од областа (АБК) на 17 септември 1994 година, во Мангалија, на сообраќајната инфраструктура во Романија, со крајна цел: создавање слободна регионот, во рамките на Стратегијата за трговска зона на Балканот. поврзување на Европа 2020. • Да се поттикнуваат владите на државитеАктивностите на АБК се н��сочени кон: членки на АБК да обезбедат правна рамка • ревитализација и унапредување на стопанската за воспоставување сообраќајни врски и соработка во регионот; на мултилатерална основа да одредат • либерализација на трговијата во регионот; заеднички приоритети од областа на • отстранување на нетарифни пречки во сообраќајот и транспортот. меѓусебните трговски односи; • Да се зајакне меѓукоморската соработка • поттикнување на интраинтеграција; со цел заеднички настап на саемите и • забрзување на интегративните процеси кон ЕУ; деловните форуми во регионот и на трети • промовирање на арбитражно решавање на пазари. споровите во трговијата; • Да се поттикнува создавање на стратешки • промовирање на деловната етика; партнерства меѓу претпријатијата-членки • коморско институционално зајакнување. со цел настап на регионалните пазари, но и пошироко. • Поттикнување на владите-членки на АБК да го намалат нивото на „сивата“ економија со отстранување на факторите како што се неприспособеноста на даночните системи, неефикасноста на државните органи и неконзистентноста и нестабилноста на законската регулатива. • Јакнење на улогата на коморите во преговарачките процеси со ЕУ во земјите од АБК, кои се во претпристапна фаза според црногорскиот модел. • АБК- порталот да се воспостави на нова основа, според потребите на компаниите од регионот за настап на трети пазари. Координацијата на овие активности ќе ги извршува претседавачот на АБК, Црна Гора.

ДОКУМЕНТИ

AБK

Број 16, мај 2013

18


19


Стопанска делегација од кинеската провинција Сичуан во посета на Стопанската комора на Македонија

ДОГОВОРЕНИ ИДНИТЕ ЧЕКОРИ НА СОРАБОТКА, СЕ ОЧЕКУВААТ НИЗА КИНЕСКИ ИНВЕСТИЦИИ

ПОСЕТИ

Делегацијата од 12-тина кинески стопанственици од провинцијата Сичуан, придружени од амбасадорот на НР Кина во Македонија, остварија средба во Стопанската комора на Македонија кон крајот на април годинава. Целта на нивната посета, која беше иницирана од страна на„М6“ Групацијата, беше да се согледаат можностите за идна соработка и потенцијалите за влез на кинески инвестиции во земјава. Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија ги запозна гостите со профилот и улогата на Комората и ги

истакна поволностите за водење бизнис во Македонија. Тој нагласи дека во Стопанската комора на Македонија кинеските компании имаат локален логистички партнер. - Интензивирање и развивање на одличните односи, како на економски, така и на институционалeн план, динамизирање и конкретизирање на можностите за соработка меѓу Македонија и НР Кина, се заложбите на институциите од двете земји, - истакна Пешев. -Трговската размена меѓу двете земји е неизбалансирана, што е очекувано и со оглед на големината на двете економии. Освен унапредување на трговијата, од Кина се очекуваат повеќе директни инвестиции во неколку стопански сектори: енергетиката, туризмот, ИТ-индустријата, а влезот на неколку кинески банки ќе ги поттикнат кинеските инвеститори да ја согледаат Македонија како поволна инвестициона дестинација. Господинот Јан Тонгминг (Yan Tongming), претседател на Асоцијацијата на Алумни на Државниот универзитет од Сичуан, која брои 58.000 членки, ја наведе потребата за директни контакти меѓу двете бизнис-заедници, што би довело до меѓусебно запознавање и раздвижување на соработката.

Број 16, мај 2013

20


Светозар Јаневски, член на „М6“ Групацијата и претседател на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“ од Кавадарци , која има воспоставено одлични бизнис-врски со неколку компании од Сичуан, истакна дека Македонија, со оглед на одличната геостратешка положба, претставува одлична отскочна штица за освојување на европскиот пазар, а со тоа и на регионот којшто е целосно либерализиран за трговија со индустриски производи. Виното и прехранбените производи се македонски брендови кои треба да ги освојат кинеските потрошувачи, а освен туристи од Кина, се очекува и наплив на кинески инвестиции во наредниот период. Влатко Стојановски Економска соработка меѓу Република Македонија и НР Кина

МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ ВО КИНА РАСТЕ, НО ТРГОВСКИОТ ДЕБАЛАНС СЕ` УШТЕ ПРЕГОЛЕМ

Вкупната надворешно-трговска размена на Република Македонија со Народна Република Кина во 2012 година достигна вредност од 533,6 милиони САД долари, при што е остварен извоз во вредност од 158,8 милиони САД долари, додека увозното салдо изнесува 374,8 милиони САД долари. Евидентиран е негативен трговски биланс во износ од 216,00 милиони САД долари. Споредбено со 2011 година, извозот бележи раст од 17,6 %, а увозот 5,9%. Надворешно-трговска размена меѓу Република Македонија и НР Кина во 2012 година Во САД долари Вкупно

Баланс

Количина во кг

Извоз Сума во САД $

Количина во кг

Увоз Сума во САД $

Сума во САД $

Сума во САД $

38.875.165,00

158.846.262,00

80.176.779,00

374.766.854,00

533.613.116,00

-215.920.592,00

ДОСИЕ

Во поглед на застапеноста на производите во размената, во 2012 година, во структурата на извозот се застапени 9 производи, од кои извезен е фероникел во вредност од 155 мил. САД долари, што претставува вредност од целосниот извоз на вино од свежо грозје во вредност од 1 мил. САД долари, мермер и травертин, скрап, отпадоци од пластика. Во увозното салдо, најголемо учество имаат: моторни возила (33 милиони САД долари), текстилни ткаенини и материјали (34,3 милиони САД долари), производи од железо и челик (5,2 милиони САД долари), електрични машини и електронски уреди и апарати за широка потрошувачка (157,3 милиони САД долари), облека и обувки (25,1 милиони САД долари) и др. Надворешно-трговска размена меѓу Република Македонија и НР Кина во 2011 година Во САД долари Вкупно

Бaланс

Количина во кг

Извоз Сума во САД $

Количина во кг

Увоз Сума во САД $

Сума во САД $

Сума во САД $

32.539.664

127.460.025

84.370.117

354.650.660

482.110.685

-227.190.635,00

Вкупната надворешно-трговска размена на Република Македонија со Народна Република Кина во периодот јануари-декември 2011 година достигна вредност од 482,1 милиони САД долари, при што е остварен извоз во вредност од 127,5 милиони САД долари, што е за 39,6 милиони САД долари (44,3%) поголем од 2010 година, додека 21

Број 16, мај 2013


увозното салдо изнесува 354,6 милиони САД долари, што е за 67,3 милиони САД долари (23,3%) поголем од 2010 година. Евидентиран е негативен трговски биланс во износ од 227,2 милиони САД долари. Стоковна размена (2003 / 2011) Извоз

Увоз

Вкупно

Трг. салдо

2003

14.586.765

48.278.982

62.865.747

-33.692.217

2004

1.354.291

81.914.747

83.269.038

-80.560.456

2005

1.355.998

82.019.083

83.375.081

-80.663.085

2006

1.472.274

139.388.667

140.860.941

-137.916.393

2007

576.463

242.721.61

243.297.924

-242.144.998

2008

1.606.093

314.773.568

316.379.661

-313.167.475

2009

3.243.627

289.409.300

292.652.927

-286.166.000

2010

87.894.934

287.359.419

375.254.353

-199.464.000

2011

127.460.025,00

354.650.660,00

482.110.685,00

- 227.190.635

Инвестиции на НР Кина на Балканот

ДОСИЕ

Податоците покажуваат дека неверојатни 11 милијарди евра вложила Кина во балканските држави само во 2010 година. Од најважните инвестиции, три милијарди евра се потрошени за концесија и модернизација на пирејското пристаниште во Грција, 200 милиони евра за изградба на мост преку реката Дунав во Србија, стотици милиони евра се искористени за изградба на енергетски и инфраструктурни објекти, фабрики, трговски центри, хотели во речиси сите земји во регионот. Во тој контекст треба да се испита интересот за приватизација на Пристаништето во Солун, заедно со балканските инвеститори и реконструкција на Коридорот X, вложувања во Коридорот VIII, патниот, железничкиот сообраќај и во гасоводниот систем. Од Амбасадата на НР Кина во Македонија велат дека кинеските компании се заинтересирани за учество во тендери за комуникациски и енергетски проекти и дека преговорите меѓу кинеските компании и владата никогаш не престанале, но се` уште не се дојдени во фаза да се склучат договори. Козјак е единствената поголема инвестиција на Кина во Македонија, а уште имаме потпишано и договори за набавка на автобуси и компјутери од Кина. Приказ на директни инвестиции од НР Кина во Република Македонија

Во евра

2010 (мил.)

2009 (мил.)

2008

2007

2006

2005

2004

2003

0,05

0,00

1.299.521

1.514.620

1.413.074

1.083.034

933.422

221.854

ПРАВНА РАМКА: ДОГОВОРИ МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И НР КИНА

Број 16, мај 2013

22


ЗАКОН за ратификација на Спогодбата за научна и технолошка соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Народна Република Кина - МД - 45/95- XXI. ЗАКОН за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Народна Република Кина за трговска и стопанска соработка – МД – 60/95 – VI. ЗАКОН за ратификација на Договорот меѓу Владата на РМ и Владата на Народна Република Кина за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија по однос на данокот од доход и данокот на капитал - МД - 49/97-75. ЗАКОН за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Народна Република Кина за поттикнување и заемна заштита на инвестициите - МД – 49/07 – 136. ЗАКОН за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Народна Република Кина за фитосанитарна соработка МД – 100/02 - 139. ЗАКОН за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Народна Република кина за соработка на полето на здравствената заштита на животните и карантин - МД – 100/02 – 252. ЗАКОН за ратификација на Спогодба��а за соработка на полето на здравството и медицината меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Народна Република Кина - МД - 100/02 - 245.

1. Локација: Источна Азија, се граничи на исток со Кинеското Море, Корејскиот Залив, Жолтото Море и Јужното Ккинеско Море, меѓу Северна Кореја и Виетнам 2. Површина: ∙ Вкупно: 9.596.961 км2 - Земјена површина: 9.569.901 км2 - Водена површина: 27.060 км2 3. Граници: Вкупно: 22.117 км ∙ Земји со кои граничи: Авганистан 76 км, Бутан 470 км, Бурма 2185 км, Индија 3380 км, Казахстан 1533 км, Северна Кореја 1416 км, Киргистан 858 км, Лаос 423 км, Монголија 4677 км, Непал 1236 км, Пакистан 523 км, Руска Федерација (североисточно) 3605 км, Руска Федерација (северозападно) 40 км, Таџикистан 414 км и Виетнам 1281 км. 4. Главен град: Пекинг 5. Население: 1.343.239.923 (2012) 6. Религија: Даоисти, Будисти, Христијани, Муслимани

7. Бруто домашен производ (БДП) БДП: 11 трилиони САД $ (2011) Стапка на пораст на БДП: 9,5 % (2011) БДП по глава на жител: 8.400 САД $ (2011) БДП по сектори (2011): - земјоделство: 9,6 % - индустрија: 47,1 % - услуги: 43,3 % 9. Работна сила: 816,2 милиони 10. Стапка на инфлација: 5,4 % (2011) 11. Стапка на невработеност (2011): 6,5% 12. Јавен долг: 16,3 % од БДП (2011) 13. Индустрии: рударството и обработка на руда, метали - железо, челик, алуминиум, и други метали, јаглен; машинска индустрија машинско инженерство; воена индустрија - вооружување; текстил и облека; нафта; цемент, хемиска - хемикалии; ѓубрива; производи за широка потрошувачка - обувки, детски играчки и електроника; преработка на храна; транспортна 23

опрема - автомобили, вагони и локомотиви, бродови и авиони; телекомуникациска опрема и сателити.

БРОЈКИ И ФАКТИ

НР КИНА

14. Извоз: 1.897 трилиони САД $ (2011) • Земји во кои се извезува: САД 18 %; Хонг Конг 13,8 %, Јапонија 7,6%, Јужна Кореја 4,4 %, Германија 4,3% (2010) • Производи што се извезуваат: електрика, текстил и облека, железо и челик, медицинска опрема итн. 15. Увоз: 1.664 трилиони САД $ (2011) • Земји од кои се увезува: Јапонија 12,6%, Јужна Кореја 9,9 %, САД 7,3 %, Германија 5,3 %, Австралија 4,3% (2010) • Производи што се увезуваат: електрика, нафта, оптичка и медицинска опрема, метали, пластика и органски хемикалии.

Број 16, мај 2013


Функционирање на деловните асоцијации во НР Кина

ПОГЛЕД КОН БИЗНИСОТ ОД „ПРЕГРАТКИТЕ“ НА ВЛАСТА

НА САМОТО МЕСТО

НР Кина има долгогодишна историја на постоење, од преку 2.500 години. Најголемата и најбројната земја во светот е позната по многу важни светски откритија, како, на пример, компасот, хартијата за пишување, како и првите печатници. Од тоа може да се заклучи дека има и долга традиција во развојот на стопанството. Почетоците на коморското организирање во НР Кина датираат од почетокот на 20тиот век. Индустриските промени во светот довеле до голем подем на кинеската економија. Сразмерно, и бројот на компаниите во далечниот исток бил драстично зголемен. Поради тоа, се појавила и потребата од организирање на компаниите во коморски систем. Со формирањето на современа социјалистичка НР Кина, во почетокот на дваесеттиот век, започнуваат и корените на коморското организирање. Тогаш постоела само една државна деловна асоцијација, која била строго под државно управување. Комората била формирана во услови на социјалистичкиот начин на водење на државата, со голема контрола на нејзиното работење од страна на партиските и извршните органи на државата. Кон крајот на 20-тиот век, по смртта на Мао Це Тунг, кој беше доживотен претседател на Комунистичката партија на Кина, се случија голем број промени во начинот на соработката со земјите во светот. Во тие моменти, Кина се отвори за секаков вид на економска, културна и друг вид на соработка со другите земји од светот. И покрај тоа што системот и понатаму е базиран на социјалистичко уредување, се случија огромен број промени, особено на економски план. Во тие моменти, во НР Кина започнува т.н. нова ера на стопанско делување. Беше овозможено правото на формирање на приватна компанија, со што интересите на компаниите станаа приватна цел, а не повеќе државна цел. Поради тоа, коморското организирање на компаниите доби сосема поинаква цел. Во тие моменти, беше усвоена и законска рамка, на која се организираат стопанските комори во Кина. Принципот на организирање на коморите денес во оваа земја е на Број 16, мај 2013

24


база на закон кој дефинира што е невладина организација, како тело кое врши здружување на граѓани или компании. Во тој закон се регулираат и начините на работењето на коморите. Сепак, Законот е многу општ, не е прецизиран и лоциран само за коморското работење, поради што има многу недоречености во начинот на финансирање и прибирање на средства од страна на деловните асоцијации, како еден вид на невладини организации.

НА САМОТО МЕСТО

Од самиот старт, во Кина со овој закон е овозможено формирање на повеќе комори, што значи постои плурален систем на коморското организирање. Исто така, членувањето на заинтересираните компании или лица е слободно и незадолжително. Притоа, основач на комора може да биде и странско правно или физичко лице. Со оглед на ваквата регулатива, кон крајот на 80-те години од минатиот век, во НР Кина започнува трендот на зголемување на бројот на формирани комори. Кон почетокот на 90-те години од 20-от век, бројот на деловните асоцијации достигнува бројка од 50.000. Со текот на времето, оваа бројка се намалува, при што во 2008 година достигнува бројка од околу 5.000 комори во цела НР Кина. Бројот на компаниите кои членуваат во целосно државно формирани комори, во 2008 година изнесува околу 3,6 милиони. Во тој момент во коморите се вработени околу 11.000 лица, и тоа само во оние кои се под државно раководење. Многу важно е да се напомене дека сите комори, иако се во принцип невладини организации, главниот извор на средства за функционирање го гледаат во државниот буџет и соработката со Владата, на база на проекти, како и во извршување на јавни функции префрлени од страна на државните органи. Проблемот во коморското организирање во НР Кина, пред се`, се манифестира во слабата законска регулатива која засега ги дефинира деловните асоцијации само како невладини организации. Тие прибираат спонзорства преку донации од компании, од владата и други организации и институции, како и од членарина, што се покажа како недоволно. Затоа, коморите имаат голем проблем со високо образувани кадри, кои не се заинтересирани да работат во нив. Потребно е да се нагласи дека влијанието на државата во речиси сите комори е изразено со оглед на нивната финансиска зависност од буџетот, и затоа, често се поставува и прашањето за можноста за влијанието на деловните асоцијации врз Владата. И покрај тоа, коморите имаат развиено голем број на услуги кои може да им ги понудат на компаниите-членки. Посебно се издвојува нивната функција во дообразувањето на кадри, организирање на семинари за вработените во компаниитечленки и слично. Стево Серафимов 25

Број 16, мај 2013


Коморското организирање во Јапонија

МРЕЖА СО КОЈА КОМПАНИИТЕ „ЛОВАТ“ УСПЕШЕН БИЗНИС

ИСКУСТВА

Трговско-индустриската комора на Јапонија (Japan Chamber of Commerce and Industry - JCCI) е сеопфатна мрежа на локалните економски организации, составена од претставници на околу 1.350.000 бизнис-членки на национално ниво, во која се вклучени сите видови на компании, од големи и средни компании до мали фирми и трговци поединци. Првата Комора за трговија и индустрија во Јапонија е основана во март 1878 година во Токио. Комори подоцна биле формирани и во другите градови, а во 1892 година петнаесет локални комори заедно ја формирале Федерација на стопански комори на Јапонија. Оваа организација е преименувана во Трговско-индустриската комора на Јапонија (JCCI) во 1922 година. Денес, речиси сите поголеми градови во Јапонија имаат сопствена стопанска комора. Вкупно 516 стопански комори ја формираат националната организација во која членуваат околу 1,35 милиони членови. Коморите во Јапонија се основани како корпорации со специјален статус. Тие се создадени и работат под посебен закон наречен Закон за трговско-индустриски комори (Chambers of Commerce and Industry Law). Јапонските стопански комори ги имаат следниве карактеристики: тие се регионални, со една комора за секој град; составени од големи и мали компании од секоја индустрија; тие се јавни, непрофитни и неполитички; меѓународни, имаат иста структура како и коморите во другите земји. Јапонската трговско-индустриска комора (JCCI) е централната организација на која и` припаѓаат сите локални стопански комори. Како лидер во економските кругови, JCCI ги претставува локалните комори со презентирање на нивните предлози до Владата и до други органи и обезбедува поддршка и помош во имплементацијата. JCCI, исто така, игра важна улога во ширењето на информациите во врска со новите владини политики и програми, како и промоција на национални проекти. JCCI има тринаесет постојани комисии и пет специјални комитети. Локалните стопански комори учествуваат во комитетите поврзани со нивните активности. Комисиите испитуваат бројни теми, спонзорираат и организираат конференции и спроведуваат истражувања. Тие, исто така подготвуваат документи и предлози за поднесување до Владата, во консултации со раководството на JCCI на извршните со��етници. Овие документи потоа се испраќаат до Владата и го претставуваат официјалното мислењето на JCCI. Број 16, мај 2013

26


Меѓународни активности и промовирање на економската размена со други земји

ИСКУСТВА

Во оваа ера на глобална економската активност, JCCI има воспоставено соработка и врски со економски заедници во многу земји. На меѓународно ниво, JCCI енергично го промовира проширувањето на трговијата, инвестициите, трансферот на технологија, како и други форми на економска размена. Со своите меѓународни активности како обид на економска дипломатија ЈCCI се труди да обезбеди информации за поддршка на глобалната економска активност на локалните мали и средни бизниси, вклучувајќи и информации за климата за инвестирање во странски земји и трговски прашања од странство. Тие, исто така, играат централна улога во олеснувањето на локалната кон меѓународната размена преку организација на национални настани на кои присуствуваат јапонските општините и нивните збратимени градови, како и коморите со кои имаат воспоставено соработка. JCCI одржува редовни билатерални и мултилатерални економски конференции и понатаму го промовира разбирањето и економската размена меѓу Јапонија и други земји. Во прилог на обезбедување на информации за трговски прашања од странство и воведување на јапонски фирми во странство испраќаат и свои вработени во канцелариите на јапонските комори низ целиот свет, се` со цел да се обезбеди поддршка за јапонските фирми кои работат во тие региони.

Како поддршка за малите и средни бизниси, JCCI им обезбедува на јапонските компании можности за дистрибуирање информации во врска со меѓународната трговија, инвестиции и технолошки мрежи. JCCI асистира во развојот на бизнисот преку своите 8 канцеларии во странство. Исто така ,вреди да се наведе и бизнис-базата на податоци наречена CIN на http://www.cin.or.jp/trade/front.htm. Информации во врска со јапонски фирми кои се вклучени во меѓународната трговија може да се добијат на овој веб-сајт, а додека информации во врска со странските фирми кои се вклучени во меѓународната трговија со Јапонија може да се добијат бизнис-водичот на истиот сајт. JCCI обезбедува поддршка за издавање на трговски сертификати, вклучувајќи сертификати за потекло, издадени од страна на локалните стопански комори. Над 600.000 од овие сертификати се издаваат годишно. JCCI помага во решавањето на конфликтите кои произлегуваат во врска со меѓународните трансакции, во соработка со Меѓународната комерцијална асоцијација за Арбитража. 27

Број 16, мај 2013


Локалните стопански комори имаат можности и самостојно да се вклучат во многу активности на меѓународен план. Во тој случај JCCI им обезбедува помош од страна за одржување на семинари и да делува како посредник за испраќање мисии во странство.

Претставување на предлози и локални мислењата при утврдување на владините политики

Во прилог на своите економски активности, JCCI прави различни политички предлози до Владата, што претставуваат мислењата од своите членови за важни владини политики. Овие предлози ги вклучуваат меѓународната економија, стандардот на живеење во Јапонија, економијата, малите и средни претпријатија (МСП), регионалната благосостојба, дистрибуција, даноци, работна сила, животната средина, итн. Една од најважните функции на локалните комори (CCIs) е давањето помош и поддршка во решавањето на проблемите со кои се соочуваат нивните регионални заедници, нудејќи им мислења во име на локалната економија, преку приватниот сектор, активно да препорача и да лобира за потребни политики и работејќи кон нивно спроведување. JCCI спроведува истражувања и студии на среден и долг рок со перспектива на такви клучни прашања, како економски мерки, политики за мал бизнис, даночниот систем, финансиите, економските прописи, глобалната животна средина, сеопфатно општествено планирање, намалувањето на наталитетот, социјални безбедносни реформи, административните и фискалните реформи, образование, работни односи, меѓународни односи па дури и со Уставот. JCCI ги истражува економските активности и обезбедува информации за локалните комори и бизниси. JCCI, исто така, спроведува истражување за условите за бизнис на 253.000 мали и средни претпријатија низ целата земја. Резултатите од ова истражување се објавуваат во месечниот извештај познат како CCI-LOBO. Оваа анкета е високо ценета на национално ниво.

Поддршка на мали и средни претпријатија и развој на човечките ресурси

ИСКУСТВА

На национално ниво, постојат повеќе од 6.000 менаџмент инструктори, асистенти инструктори и сметководствени инструктори во локалните стопански комори, кои ги советуваат

Број 16, мај 2013

28


малите и средните претпријатија за подобрување на менаџментот, финансиските прашања, како и даночните прашања. JCCI гарантира дека овие операции за поддршка се промовираат ефективно и претставуваат можност за деловните луѓе да ги развијат своите вештини. Исто така, JCCI нуди неколку квалификации преку испити за оние кои сакаат да добијат сертификат за бизнис, ИТ, книговодство, англиски јазик, продажба на знаења и управување, итн. Квалификациите на JCCI се признати како достигнување во бизнис-заедницата. Секоја година околу 950.000 луѓе се на квалификациски испитувања спроведени од страна локалните стопански комори. Во рамките на овие обуки е и веќе претходно спомнатиот начин на поддршка со МАРУКЕИ-заемот во кој Комората се јавува како гарант за добивање на истиот. Во соработка со општинските власти, сродни организации и бизнисите, JCCI е ангажирана во развој на информациските системи во целосно автоматизирање на должностите на стопанските комори на национално ниво. Покрај тоа, JCCI врши размена на информации и услуги со локалните комори со употреба на компјутерските мрежи. JCCI обезбедува деловни информации, вклучувајќи ги и локалните економски податоци, на својата веб-страница за мали и средни претпријатија.

ИСКУСТВА

Во рамките на JCCI работи CURREAC (Центарот за култивација, освежување и ревитализација на сите комори во Јапонија) во Хаматсу (Hamamatsu), во Шизука (Shizuoka) Префектурата. Објектот има 171 соба за гости и е домаќин на многу настани редовно. Тие вклучуваат состаноци, семинари и сесии за обука за членовите на коморите, како и на персоналот на коморите и вработените во компаниите-членки. Покрај тоа, JCCI го поддржува развојот на претприемачите. CURREAC е центар за обука на сопствениците на бизнис и нивните вработени. Отворен е за странски посетители. Отворен е во ноември 1993 година, основан од страна на Сојузот на стопански комори и индустрија во Јапонија и Јапонската трговско-индустриска комора со цел да се задоволи силната потреба за обука на вработените во корпорациите, како и да понуди социјални програми за вработените и нивните семејства. Вредно е и да се спомене за двете редовни публикации на централната комора, а тоа се весникот “Kaigisho” и списанието “Ishigaki” кои обезбедуваат широк спектар на информации поврзани со бизнисот. JCCI исто така издава и своја кредитна картичка “The Chambers Card”, со која може да се добијат бесплатни услуги независно развиени од страна на JCCI. Подетални информации може да се добијат на веб-порталот за пристап до Јапонската трговско-индустриска комора: http://www.jcci.or.jp/home-e.html М-р Никола Димковски 29

Број 16, мај 2013


ДРЖАВА КУВАЈТ

БОГАТА И РЕЛАТИВНО ОТВОРЕНА ЕКОНОМИЈА

НОВИ ПАЗАРИ

Кувајт или официјално Држава Кувајт е независна држава со емиратско општествено уредување во Југозападна Азија, поточно на Арапскиот Полуостров. До 19-от век, Кувајт бил под отоманско влијание и по Првата светска војна Кувајт бил под раководство на Британската империја. Големите кувајтски нафтени полиња биле откриени во 1930-те години. По стекнувањето на својата независност во 1961 година, нафтената индустрија забележала голем развој. Во 1990 година, Кувајт бил окупиран и нападнат од Ирак. Окупацијата на Ирак траела седум месеци и завршила со почетокот на Заливската војна и интервенцијата на САД. Кувајт е уставна монархија со парламентарен систем на владеење, каде градот Кувајт е главен политички и економски центар. Државата е петта држава во светот според нафтени резерви, а петролејот зазема околу 95 % од извозот или 80 % од приходите на Владата. Покрај тоа, Кувајт е единаесетта најбогата држава во светот и според индексот за човеков развој е најразвиена арапска држава. Кувајт е окарактеризирана како високоприходна економија од страна на Светската банка и еден од главните партнери на НАТО и САД надвор од сојузите. Економијата на Кувајт Кувајт поседува географски мала, но богата и релативно отворена економија со огромни резерви на нафта од околу 102 милијарди барели – или околу 7 % од светските нафтени резерви. Нафтата учествува со речиси половина од националното БДП, со 95 % од извозните приходи и со 95 % од владините приходи. Владата на Кувајт проектираше раст на производството на нафта на 4 милиони барели дневно до 2020 година. Зголемувањето на глобалните цени на нафтата во текот на 2011 и 2012 година ја раздвижи јавната потрошувачка и економскиот раст. Кувајт доживеа 20 % зголемување на владините буџетски приходи, што доведе до повисоки буџетски расходи, особено за исплата на плати за енормниот јавен сектор. Кувајт нема направено доволно за диверзификација на економските потенцијали, во еден дел, поради позитивната фискална ситуација, и, делумно, како резултат на неповолната бизнис-клима и историски заладените односи меѓу националното собрание и извршната власт, која ги попречува повеќето иницијативи за економски реформи. Во 2010 година, Кувајт донесе петгодишен план за економски развој во кој ќе се вложат 130 милијарди САД долари за зајакнување на приватниот сектор, привлекување на странски директни инвестиции, како и за развој на повеќе економски сектори од национален интерес. 30

Број 16, мај 2013


Надворешно-трговска размена меѓу Република Македонија и Кувајт

ПОЛИЕТИЛЕНОТ ЈА ОБЕЛЕЖУВА ТРГОВИЈАТА Вкупната трговска размена на Република Македонија со Кувајт во 2012 година достигна вредност од 964 илјади САД долари, при што извозот е 121 илјада САД долари, а увозот 844 илјади САД долари составен единствено од полиетилен. Обем на трговската размена со Кувајт во периодот јануари – декември 2012 година Во САД долари Извоз

Увоз

Вкупно

Количина во кг

Сума во САД $

Количина во кг

Сума во САД $

Количина во кг

Сума во САД $

113.353,00

121.082,00

550.670,00

843.763,00

664.023,00

964.845,00

Надворешно-трговска размена меѓу Република Македонија и Кувајт во 2011 година Вкупната трговска размена на Република Македонија со Кувајт во 2011 година достигна вредност од 1,7 милиони САД $. Размената се остварува најмногу преку увозот на полиетилен од Кувајт. Обем на трговската размена со Кувајт во периодот јануари – декември 2011година Во САД долари Извоз

Увоз

Вкупно

Количина во кг

Сума во САД $

Количина во кг

Сума во САД $

Количина во кг

Сума во САД $

122

10.051,00

1.019.251,00

1.654.294,00

1.019.373,00

1.664.345,00

НОВИ ПАЗАРИ

ПРАВНА РАМКА Закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Државата Кувајт и Владата на РМ за консолидација и репрограмирање на одредени долгови на РМ спрема Државата Кувајт (1997) Закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Државата Кувајт за економска и техничка соработка (2003)

Закон за ратификација на Договорот за статусот на силите на Република Македонија во Кувајт (2003) Закон за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и државата Кувајт за заемно поттикнување и заштита на инвестиции (2010) Закон за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и државата Кувајт за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија по однос на даноците на доход и на капитал (2012)

Број 16, мај 2013

31


БРОЈКИ И ФАКТИ

ДРЖАВА КУВАЈТ Показатели за земјата Површина: вкупно 17.818 км² (земја 17.818 км²) Главен град: Кувајт Локација: Блиски Исток, се граничи со Персискиот Залив, меѓу Ирак и Саудиска Арабија Население: 2,9 милиони (2012 година) Религии: Муслимани 85% (сунити 70%, шиити 30%), други (Христијани, Индуси, Парси) 15% Етнички групи: Кувајтци 45%, други арапи 35%, јужноазијци 9%, Иранци 4%, останати 7% Јазици: арапски (официјален), англиски

Стапка на инфлација: 3,2% (2012 година) Работна сила: 2,3 милиони (2012 година) Невработеност: 2,2% (2004 година) Надворешен долг: 28,21 милијарди САД $ (2012 година) Индустриска стапка на пораст: 8,7% (2011 година)

Независност: 19 јуни 1961 година (од Велика Британија) Законодавен систем: комбиниран правен систем од англиски обичајно право, француско граѓанското право и исламски верски закон Извршна власт: - претседател: Амир Сабат ал-Ахмад (од 29.01.2006 година) - премиер: Јабир ал-Мубарак (од 30.11.2011 година)

НОВИ ПАЗАРИ

Извоз: 109,4 милијарди САД $ (2012 година) Производи што се извезуваат: нафта и рафинирани производи, вештачки ѓубрива Земји во кои се извезува: Јужна Кореја 17,7%, Индија 15,3%, Јапонија 13,7%, Кина 9,6%, САД 8,4% (2011) Увоз: 24,1 милијарди САД $ (2012 година) Производи што се увезуваат: прехранбени производи, градежни материјали, возила и делови, облека Земји од кои се увезува: САД 12,4%, Кина 9,7%, Саудиска Арабија 8,4%, Јужна Кореја 6,5%, Индија 6,4%, Јапонија 6,2%, Германија 5%, ОАЕ 4,3% (2011)

Природни ресурси: нафта, риба, морски ракови, природен гас Индустрии: нафта, петрохемиски производи, цемент, бродоградба, преработка на храна, градежни материјали

(Извор: CIA Country facts)

Економски показатели БДП куповна моќ: 165,9 милијарди САД $ (2012 година) БДП стапка на пораст: 6,3% (2012 година) БДП по жител: 43.800 САД $ (2012 година) БДП по сектори: земјоделие 0,2%; индустрија 42,3%; услуги 57,5% (2012 година)

Број 16, мај 2013

32


Огромен успех на истражувачите од „Алкалоид“ и македонската наука

РАЗРЕШЕНА НЕПОЗНАТАТА СТРУКТУРА НА СОЕДИНЕНИЕТО ФОЛКОДИН МОНОХИДРАТ

ДОСТИГНУВАЊА

Истражувачкиот тим на „Алкалоид“ АД - Скопје во соработка со две научноистражувачки лаборатории првпат во светски рамки ја реши кристалната структура на соединението фолкодин монохидрат кое за пациентите кои страдаат од интензивна сува кашлица е повеќе од половина век достапно во форма на капсули и сируп. Од компанијата соопштија дека познавањето на кристалната структура и полиморфизмот (можност едно хемиско соединение да постои во повеќе различни кристални форми) на секое фармацевтски активно соединение е од исклучителна важност за детално дефинирање на неговите физичкохемиски својства и физиолошка активност. Иако фолкодин монохидратот во вид на капсули и сируп против интензивна сува кашлица се наоѓа во активна медицинска употреба во светски рамки уште од средината на минатиот век, не беше позната неговата кристална структура. Најверојатно, како последица на непознавањето на неговата структура, досега останаа неразјаснети некои аспекти во врска со физиолошката активност на ова соединение. Нивното разјаснување и дефинирање перспективно може да понуди негова проширена и модифицирана медицинска примена. Добиените резултати од ова значајно откритие се објавени во реномираното научно списание „Кристален раст“ („Journal of crystal growth“) во вид на оригинален истражувачки труд насловeн „Фолкодин монохидрат: Кристална структура и полиморфизам“. Истражувањето е спроведено по иницијатива на м-р Ѓорѓи Петрушевски, вработен во Институтот за истражување и развој на „Алкалоид“ АД - Скопје, стои во соопштението. Ова научно постигнување, информираат од компанијата, претставува огромен успех за македонската наука бидејќи претставува пионерско истражување од овој тип раководено од македонски научници под покровителство на „Алкалоид“ АД - Скопје, што претставува поттик за натамошна соработка на оваа компанија со научните институции во Република Македонија. 33

Број 16, мај 2013


„Здравје Радово“

РАСТЕ И ОТКУПОТ И ИЗВОЗОТ * Дневно се преземаат рекордни над 120.000 литри млеко, а пласманот на странски пазари е зголемен за петина

ПАТОКАЗ

„Здравје Радово“ оствари рекорден дневен откуп од над 120.000 литри млеко, а го зголеми и извозот за повеќе од 20 отсто. Како што соопшти компанијата, се преземаат сите расположливи количини од кооперантите кои ги задоволуваат строгите микробиолошки и хемиски стандарди. - Растот се должи на 10-годишната традиција, на партнерскиот однос со фармерите, вложувањата во нивна едукација, во набавка на лактофризери и јуници, и пред се` во развојот на брендовите кои континуирано го подобруваат квалитетот, велат од млекарницата и додаваат дека годишниот откуп достигнува околу 100.000 литри млеко. „Здравје Радово“ моментно соработува со повеќе од 2.000 фармери, како и со најголемите фарми во Македонија, ЗИК „Пелагонија“, ЗСК „Струмица“. Во првиот квартал од 2013 година оствари раст на откупот на сурово млеко за 30 проценти во однос на истиот период лани. На пазарите во регионот се` повеќе се прифаќа и традиционалното овчо сирење од „Здравје Радово“. Компанијата најавува извоз и на нови производи, особено очекува успех од мешаниот кумановски кашкавал и мешаното сирење. - Целта ни е оваа година и на овие пазари да создадеме вистински брендови од овие два производа Јован Дабевски препознатливи по својот квалитет и географско потекло, - вели Јован Дабевски, генерален директор на „Здравје Радово“. Стопанската комора на Македонија неодамна на млекарницата и` додели и официјално признание дека е еден од најголемите македонски извозници, компанија која се развива дури и во услови на криза, претставувајќи пример за останатите. Според плановите, ќе се зголемува портфолиото на производи кои ги бараат потрошувачите, но и извозот, од што ефект би имале сите и фармерите од аспект на сигурен пласман и потрошувачите бидејќи ќе добиваат квалитетен производ, како и македонската економија генерално.

Број 16, мај 2013

34


„Т’га за југ“ на ВВ „Тиквеш“ со 40-годишен јубилеј

КУЛТНОТО ВИНО ДОБИВА НОВ ИЗГЛЕД, ПАКУВАЊЕ И БЕЛО И БАРИК ВАРИЈАНТА

МАКЕДОНСКИ БРЕНДОВИ

Македонското црвено вино „Т’га за југ“, кое годинава слави 40 години од своето постоење на пазарот, јубилејот ќе го одбележи со нов изглед. Како што најавија од Винарската визба „Тиквеш“, освен со новата етикета, виното „Т’га за југ“ е веќе достапно и во т.н. „bag in box“ пакување од три литри кое овозможува заштита на виното од оксидација долго по отворањето. Винарницата најави и проширување на оваа линија на вино, со бела „Т’га за југ“ како и „Т’га за југ“ зреена во дабови, барик буриња. Минатата година на пазарот се пласирани вкупно 541.441 литри од виното „Т’га за југ“, во вредност од над 1,8 милиони евра. Половина од овие количини се пласирани на домашниот пазар, додека останатиот дел на пазарите во регионот. Во изминатите четири децении од првото појавување на „Т’га за југ“ на пазарот досега се произведени 11,2 милиони литри од ова вино. „Т’га за југ“ е вино со приказна. Неговото создавање во 1973 година кореспондира со почетоците на Струшките вечери на поезијата, а името го добило по истоимената елегиска песна на Константин Миладинов.

35

Број 16, мај 2013


ENTERPRISE EUROPE NETWORK

НА „ЗЕЛЕНОТО“ СЕДИШТЕ НА ВОЗАЧОТ * Водена од Enterprise Europe Network, француската текстилна компанија помага во дизајнирање на автомобиски седишта направени од рециклирани материјали како дел од Проектот кофинансиран од страна на Еко-иновативни иницијативи на ЕУ. Компанија со 17 вработени, позната како „Technisit“ со седиште во северниот дел на Сент Квентин, испорачува теписи и текстил за седишта за автомобилската, железничката и индустријата за мебел. Таа е исто така долгогодишен клиент на Трговско-индустриската комора на регионот Пикарди, една од речиси 600-те гранки на Мрежата низ целиот свет што им помага на малите и средни претпријатија да бидат поконкурентни. -Една од највредните услуги кои ги нудиме е да ги алармираме компаниите за можностите за финансирање од ЕУ, - вели експертот на Мрежата, Емили Марселет. - Тука се вклучени проекти финансирани од страна Еко-иновативните иницијативи на ЕУ, кои се обидуваат да го премостат јазот меѓу истражувањето и пазарот преку поддршка на „зелените“ иновации со голем комерцијален потенцијал. Таа го упати „Technisit“ да стапи во контакт со координаторот Хавиер Хименез од „Leitat“ - технолошкиот центар од Барселона, кој аплицирал за еко-иновации финансирање за развој на нови „зелени“ навлаки за автомобили. „Technisit“ се приклучи на конзорциумот. -„Technisit“ може да ги користи нивните контакти во индустријата за да добие повратна информација за нивните потреби и пазарни спецификации,- вели координаторот на Проектот Хавиер Хименез од „Leitat“ - технолошкиот центар. Апликацијата беше успешна, што обезбеди 473.404 евра од ЕУ за финансирање на Проектот „Озеленување“. Проектот има за цел да го намали износот на цврст отпад од ентериерите на автомобилите со замена на полиуретанската пена со рециклирано полиестерско предиво. Покрај добивање на нов бизнис од постојните клиенти, „Technisit“ исто така се надева дека ќе стекне нови клиенти на долг рок, вели генералниот директор Дидие Колин и додава дека тоа ќе даде конкурентска предност.

Број 16, мај 2013

36


* Претприемништвото е начин на живот за италијанската фамилија Толин, која што има своја компанија за текстил за домаќинство и дрвени подови во Салуцо, северозападна Италија. Enterprise Europe Network им помогна да најдат добавувачи на квалитетни материјали за двете бизнисактивности во странство.

ENTERPRISE EUROPE NETWORK

СОРАБОТКАТА СО ВИСТИНСКИ КОМПАНИИ НОСИ РЕЗУЛТАТИ Компанијата со 11 вработени, наречена „Толин Марио“ по нејзиниот основач, има три салони и е поделена на две гранки. Мајката Ирма и ќерката Кристина продаваат елегантен текстил за домаќинство и женска облека, додека таткото Марио и синот Џан Лука продаваат еколошки дрвени подови. За помош во пронаоѓање на нови добавувачи, фамилијата Толин се обратила во Канцеларијата на Enterprise Europe Network при Трговската комора на Торино. Таа е една од 600-те мрежни организации во 54 земји што им помага на малите и средни компании да ги рашират своите крила. При посетата на „Domotex“ - Саем за килими и други подни покривки во Хановер, Германија, организирана од страна на Мрежата, Џан Лука се сретнал со хрватската компанија „Дрвопроизвод“. Тој ја посетил компанијата наскоро потоа и сега продава во Италија дабови подови направени во Хрватска. Во меѓувреме, во Порто, Португалија, експертот на Мрежата, Александра Улисес од Агенцијата за иновации, за Ирма организираше посета на четири производители на текстил за само еден и пол ден, што доведе до склучување договори за снабдување со три од нив. - Посетите и контактите со вистинските компании можат да создадат спектакуларни резултати, - забележува Улисис. Фамилијата Толин веќе има подобрување во продажбата како ексклузивен италијански дистрибутер на португалски чаршафи за маси, крпи и бебешка постелнина. - Стилот на овие компании е многу блиску до италијанскиот вкус, - вели Ирма. - Тоа им се допаѓа на нашите клиенти. 37

Број 16, мај 2013


КОМПОЗИТЕН МАТЕРИЈАЛ ОД ДРВО-ПЛАСТИКА ОД РЕЦИКЛАЖА

(11 HU 50S0 3M91)

ТЕХНОЛОГИИ И ИНОВАЦИИ

Унгарска компанија разви композит од дрво-пластика од дрвен отпад. Негова главна предност е тоа што може да се произведе со претходно испланирана цврстина од рециклираниот пластичен отпад и од отпад од дрвена граѓа. Технологијата е добра за индустријата за градежни материјали и преработка на отпад и за компаниите за рециклирање. Компанијата бара индустриски или услужен партнер за развој на пластичната индустрија и воспоставување производствени услови. Технологија развиена од страна на компанијата: нов композитен материјал, од дрвено влакно и термопластична пластика. Дрвеното влакно се користи како материјал за пополнување и зајакнување, додека пластиката се обработува почнувајќи од гранули. Пластиката создава матрица, која ги заокружува дрвените зрна. Бојата на производот е во основа утврдена од бојата на применетата пластика. Не е потребно да се произведе дрвен отпад одделно, со мелење. Доволно е да се собере дрвесина што се создава за време на производството на производи од дрво и на мебел, слично на собирањето на остатоците од разни други машини за сечење. Моќта на свиткување на плочите е најмалку два пати поголема од традиционално произведените иверки. Од полупроизводите (пилот-производите) направени со технологијата, можно е да се произведат надворешни елементи, како, на пример, подни дискови/плочи, плочи за обложување на тераси и ѕидови, клупи, поила за свињи и др. Отпорност на топлина: од 20ºC до 80 ºC. Задачи што треба да се решат: развој на пластичната индустрија, воспоставување на производни услови. Иновативни аспекти Новина на технологијата: новите дрвени пластични композитни материјали се со поголема цврстина, така што и нивниот капацитет е исто така поголем отколку повеќето од денешните композитни материјали врз база на дрво. Проширената изолациона плоча може да се рециклира за разлика од традиционалните изолациони плочи. Предности на технологијата Новите производи не испуштаат гасови кои се штетни за здравјето или природата (на пример: формалдехид, VOC – испарливи органски состојки), тие се направени од речиси целосно рециклиран отпад, како “нус-производ”. Композитните материјали исто така може да се рециклираат.

Патенти/права: Таен know-how

Побарана соработка: Договор за лиценца, техничка консултација, контрола на квалитет, заеднички натамошен развој, тестирање на нови апликации, адаптирање на специфични потреби, спогодба за Joint Venture. Нов начин за користење на постојната производна линија, трансфер на знаења за новите суровини, финансиски ресурси.

Број 16, мај 2013

38


НОВ УРЕД ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА РАЧКИТЕ НА КОЛИЧКИТЕ ЗА ПАЗАРЕЊЕ (13 AT 0109 3S33)

sofce@mchamber.mk

39

ТЕХНОЛОГИИ И ИНОВАЦИИ

Австриска компанија разви нов уред за сигурна дезинфекција на рачките на количките за пазарење. Со едноставна лизгачка акција, средството за дезинфекција се нанесува на рачката преку систем за нанесување (дифузер). Потоа, тоа се отстранува од страна на интегриран бришач, што резултира со сува и хигиенски чиста рачка. Хигиенскиот прстен како дифузер создава животна средина без бацили. Компанијата бара лиценци, инвеститори и партнери за да се развијат нови апликации. Со тестови беше откриено дека поради големата фреквенција на користење, рачките од количките за пазарење во трговските центри се меѓу најголемите носители на вируси (вируси на настинка и грип, желудочни и цревни инфекции, видови на габички итн.). Новиот иновативен хигиенски производ за количките за пазарење и колички за багаж има уникатен дезинфекциски систем кој ја третира целата површина на рачката на количката за пазарење. Специјална бактериостатичка пластика се додава во текот на производството. Хигиенскиот прстен како дифузер создава животна средина без бацили додека пазарувате. Хигиенските услови се значително подобрени, бидејќи пренесувањето на бактериите е прекинато. Уредот се развива преку нова техничка спецификација и градба. Тој е веќе регистриран патент. Уредот се монтира директно на рачката на количката за пазарење со закачување на два идентични дифузера. Со едноставна лизгачка акција, средството за дезинфекција се нанесува на рачката преку систем за нанесување (дифузер). Потоа тоа се отстранува од страна на интегриран бришач. На тој начин рачката е сува и хигиенски чиста благодарение на еден едноставен замав. Монтирањето и демонтирањето на системот е исклучително лесно. Достапни се различни дизајни на надворешната обвивка на рачката. Исто така, можно е приспособување на избраните дизајни во различни бои, печатени, етикетирани и со реклами. Не постои споредлив производ во моментов на пазарот, освен решенија како што се отстранување /еднократна употреба на дезинфекциони фолии. Патенти/права: Патентот се одобрува /дава. Побарана соработка: Договор за лиценца, инженерство, техничка консултација, заеднички Контакт: натамошен развој, тестирање на нови апликации, Софче Јовановска адаптирање на специфични потреби, финансиски Тел: (02) 3244060 ресурси. Факс: (02) 3244088

Број 16, мај 2013


СИСТЕМ ЛОКАТОР НА ЖИВОТНИ

(10 PT 65BN 3IBR)

ТЕХНОЛОГИИ И ИНОВАЦИИ

Португалска компанија која работи во областа на ИКТ за логистика има развиено систем локатор за животни кој се базира на GPS-технологија. Системот има батерија која може да трае 30 дена и е способен за испраќање на сигнали кога домашното милениче излегува или влегува во одредената област. Компанијата бара компании кои се занимаваат со лоцирање на животни за комерцијални договори со техничка помош. Корисникот може да го види, во реално време и да го користи едноставниот веб-прелистувач на локацијата на едно или повеќе животни, дури и во далечните локации каде што GPS-сигналот е многу слаб. Системот може да се приспособи за да ја сочува локацијата на животното меѓу одредениот временски интервал, со што се овозможува визуелизација на рутите што ги одбрало животното. Можно е исто така да се дефинираат кружните безбедносни области така што кога животното ќе влезе или излезе од истите, се вклучува аларм кој испраќа SMS до сопственикот на животното. Уредот е мал и може лесно да се стави на животното, тој исто така има вградени соларни панели, така што батеријата може да трае до 30 дена. Иновативни аспекти Локаторот за животни ги има следните карактеристики: - мал, лесен за користење; - лоцирање во реално време преку GPS-технологија и заеднички вебпрелистувач; - батеријата може да трае до 30 дена (вградени се соларни панели); - аларм (SMS) кога животното влегува/излегува од претходно дефинираната зона; - можност да се набљудуваат рутите што ги минува животното кога го носи уредот. Патенти/права: Таен knowhow Побарана соработка: Договор за лиценца, инженерство, тестирање на нови апликации.

Број 16, мај 2013

Контакт: Софче Јовановска Тел: (02) 3244060 Факс: (02) 3244088 sofce@mchamber.mk 40


Постапки и процедура за учество на македонските компании во тендерите за јавни набавки на Обединетите нации по електронски пат

ГЛОБАЛНИОТ ПАЗАР НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ НА WWW.UNGM.ORG

МОЖНОСТИ

Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да аплицираат по електронски пат на тендерите за јавни набавки на Обединетите нации. Сите заинтересирани македонски компании коишто сакаат да аплицираат ќе треба да се запознаат со условите и критериумите за аплицирање на тендерите и како бесплатно да се регистрираат по електронски пат на веб-страната на Глобалниот пазар на Обединетите нации www.ungm.org, со цел да учествуваат на тендерите за набавки организирани од страна на агенциите на Обединетите нации. Одделот за јавни набавки на Обединетите нации (United Nations Procurement Division) информира за процедурите за учество на тендерите за јавни набавки на ОН, дека сите производи и услуги подлежат на тендерска постапка и се отворени за компаниите од сите држави-членки на ОН, што претставува одлична можност за македонските компании да учествуваат на тендерите за јавни набавки на ОН. Постои листа на производи/услуги дефинирани од страна на Одделот за набавки на Обединетите нации наменети за учество на македонските компании кои се истакнати на нивната веб-страна како: - услуги во воздушен транспорт; - хемиски и нафтени производи; - оброци храна и кетеринг; - монтажни објекти; - моторни возила, резервни делови и транспортна опрема; - опрема за електронска обработка на податоци и одржување; - телекомуникациска опрема и услуги; - услуги од архитектура, инженеринг и изградба; - шпедиција и испорака; - климатизација, греење и водовод; - менаџмент и одржување на градби; - безбедност и безбедносна опрема и услуги. Исто така дадени се критериумите за регистрација во Секретаријатот на Обединетите нации за набавки на Глобалниот пазар на Обединетите нации (UNGM - United Nations Global Marketplace) и се охрабруваат сите македонски компании да се регистрираат за првото ниво (Level 1) на добавувачи, бидејќи процедурата и подготовката на документација е поедноставна во однос на другите нивоа. За да можат македонските компаниите да се регистрираат за првото ниво (Level 1) како добавувачи, истите ќе мора да пополнат on-line формулар за регистрација и заедно со другите барања да ги стават во својата апликација. Од Стопанската комора на Македонија можете да ја добиете презентацијата на Одделот за јавни набавки Контакт: на Обединетите нации (на англиски јазик) каде е прикажан М-р Ирена Мојсовска (02) 3244009 целокупниот процес за on-line регистрирање на компаниите Тел (02) 3244088 за да можете и Вие самите бесплатно да се регистрирате и да Факс Е-адреса irena@mchamber.mk учествувате. Број 16, мај 2013

41


Трендови во туризмот

СТРАНЦИТЕ ЈА ОТКРИЈА МАКЕДОНИЈА Во Државниот завод за статистика на Република Македонија се спроведуваат повеќе истражувања за следење на тенденциите во туризмот како важна стопанска гранка во економијата. Со месечното статистичко истражување се следат доаѓањата и остварените ноќевања на домашните и странските туристи по видови туристички места, според видовите и категориите на објектите за сместување, земјата од која доаѓаат странските туристи и слично. Податоците се прибираат според извештаен метод преку редовните статистички извештаи што ги доставуваат сите угостителски и други деловни субјекти кои се занимаваат со сместување на туристи (хотели, пансиони, мотели, одморалишта, кампови и сл.). Во 2008 година за првпат се воведе статистичко следење на објектите за сместување со ѕвездички. Категоризацијата на објектите со ѕвездички не може да се поврзе по автоматизам со категоризацијата со која претходно се следеа објектите во кои престојуваат туристи. Извештајни единици се деловните субјекти коишто според Националната класификација на дејностите - НКД Рев. 2 се распределени во секторот З, во одделот 55 Објекти за сместување, како и деловните субјекти коишто во својот состав имаат деловна единица чија дејност припаѓа на овој оддел. Извесен број туристи и нивните ноќевања, сепак, остануваат неопфатени поради непријавувањето на гостите, претежно туристи во приватни соби, куќи за одмор и рекреација и оние туристи кои престојувале кај роднини или пријатели.

СТАТИСТИКА

КОЈ Е ТУРИСТ? Турист е секое лице кое привремено престојува во некое место надвор од своето постојано живеалиште и таму преноќува барем една ноќ во угостителски или некој друг објект за сместување. Домашен турист е лице со постојано живеалиште во Република Македонија кое привремено престојува во друго место надвор од своето постојано живеалиште и преноќува најмалку една ноќ во угостителски или други објекти за сместување на туристи. Странски турист е лице со постојано живеалиште надвор од Република Македонија кое привремено престојува во Република Македонија и преноќува најмалку една ноќ во угостителски или други објекти за сместување на туристи.

Број 16, мај 2013

42


Месечни движења на туристите и ноќевањата во 2012 година 2012

Број на туристи

Број на ноќевања

вкупно

домашни

странски

вкупно

домашни

странски

Јануари

33 748

15 845

17 903

71 043

36 710

34 333

Февруари

23 543

9 192

14 351

52 884

23 635

29 249

Март

32 092

12 849

19 243

66 486

30 452

36 034

Април

40 700

14 114

26 586

85 197

36 965

48 232

Мај

60 775

23 435

37 340

142 912

61 798

81 114

Јуни

63 216

23 343

39 873

163 278

69 461

93 817

Јули

116 913

74 042

42 871

545 337

429 317

116 020

Август

114 554

72 859

41 695

591 874

472 700

119 174

Септември

60 428

19 331

41 097

166 343

61 127

105 216

Октомври

51 512

18 390

33 122

122 498

48 670

73 828

Ноември

34 756

14 244

20 512

80 580

38 478

42 102

Декември

31 396

14 630

16 766

63 260

30 633

32 627

Година

Број на туристи

Број на ноќевања

СТАТИСТИКА

При анализа на месечните податоци од оваа област секогаш треба да се има предвид сезонскиот карактер на туризмот што е очигледно од податоците презентирани во табелата. Сезонскиот карактер на туристите може да се констатира како кај домашните туристи и остварените ноќевања, така и кај странските туристи и остварените ноќевања. Оваа тенденција е особено очигледна кај странските туристи во 2012 година, што го наметнува заклучокот дека Република Македонија сè повеќе станува интересна за странските туристи како дестинација за одмор и рекреација, а не како дестинација за бизнис-туризам. Ова може да се констатира од податоците за потрошувачката, искажана вредносно, во туристичките региони каде што престојуваат странските туристи. Годишните податоци за движењата во туризмот, прикажани во следната табела, го покажуваат следново:

вкупно

домашни

странски

вкупно

домашни

странски

2008

605 320

350 363

254 957

2 235 520

1 648 073

587 447

2009

587 770

328 566

259 204

2 101 606

1 517 810

583 796

2010

586 241

324 545

261 696

2 020 217

1 461 185

559 032

2011

647 568

320 097

327 471

2 173 034

1 417 868

755 166

2012

663 633

312 274

351 359

2 151 692

1 339 946

811 746

Бројот на туристите во 2012 година, во однос на 2011 година, е зголемен за 2,5% и тоа: бројот на домашните туристи е намален за 2,4%, а бројот на странските туристи е зголемен за 7,3%. Бројот на ноќевањата во 2012 година, во однос на 2011 година, е намален за 1,0% и тоа: ноќевањата на домашните туристи се намалени за 5,5%, а ноќевањата на странските туристи се зголемени за 7,5%. Може да се забележи дека во 2012 година продолжува трендот на намалување на доаѓањата и ноќевањата на домашните туристи. Тоа може да се поткрепи со следниот графикон. 43

Број 16, мај 2013


Овој тренд на намалување на престојот на домашните гости 2 500 000 треба да биде сигнал за насочување на активностите на туристичките 2 000 000 работници кон привлекување на овој вид туристи преку нудење 1 500 000 на програми и цени соодветни на барањата и стандардот на домашното 1 000 000 население. 500 000 Кај странските гости може да се констатира дека и во 2012 година, како и во 2011 година, 0 2008 2009 2010 е забележано зголемување на туристите и остварените ноќевања. Број на туристи Притоа, треба да се нагласи дека во 2012 година, структурата на странските туристи, анализирана по одредени белези, има промени.

2011

2012

Број на ноќевања

Доаѓања и ноќевања на странски туристи, по видови места Вид на место

2008

2009

2010

2011

2012

Доаѓања 254 957

259 204

261 696

327471

351 359

Скопје

113 963

107 962

110 365

125407

134 217

Бањски места

5 189

4 307

3 886

4040

3 604

Планински места

7 500

12 354

13 287

13209

13 733

Други туристички места

85 195

89 662

82 135

104083

113 328

Други места

43 110

44 919

52 023

80732

86 477

СТАТИСТИКА

Вкупно

Ноќевања Вкупно

587 447

583 796

559 032

755166

811 746

Скопје

222 122

210 035

204 929

230119

240 592

Бањски места

28 532

27 860

27 202

27366

25 767

Планински места

15 949

23 616

28 550

31445

33 428

Други туристички места

238 246

236 210

205 242

314784

350 991

Други места

82 598

86 075

93 109

151452

160 968

Број 16, мај 2013

44


Други места 25%

Може да се заклучи дека Скопје, како главен град и важен административен, стопански и културен центар, и понатаму е најинтересен за посета на странските туристи. Споредено по години, зголемувањето во 2010, во однос на 2009 година, изнесува 2,2%, во 2011, во однос на 2010 година, е забележано зголемување од 13,6% и во 2012, во однос на 2011 година, зголемувањето изнесува 7,0%. Структурата на странските туристи по видови места во 2012 година е претставена на следниот графикон:

Скопје 38%

Бањски места 1% Планински места 4%

Други туристички места 32%

Кај ноќевањата на странските туристи по видови места може да се заклучи дека и во 2012 година најголем број на ноќевања се остварени во групата Други туристички места (Охридскострушкиот регион, Преспанскиот, Дојранскиот и сл.). Како и во 2011 година, така и во 2012 година, овој број на ноќевања на странските гости е значително зголемен, а особено треба да се нагласи зголемувањето на индикаторот за просечен број на ноќевања. Тоа може да се види и од следната табела: Просечен број на ноќевања на странски туристи Вид на место

2008

2009

2010

2011

2012

Други туристички места

2.80

2.63

2.50

3.02

3.10

СТАТИСТИКА

Ако се анализираат странските туристи од аспект на посетеноста на објектите за сместување, може да се дојде до заклучок дека и понатаму, најголем број на странски туристи престојуваат во хотелите - безмалку околу 90 % и остваруваат околу 87 % од ноќевањата. Притоа треба да се нагласи дека во набљудуваниот период тој број номинално константно расте, и кај доаѓањата и кај ноќевањата на странските туристи, но во истиот период и бројот на официјално категоризираните објекти е во константно зголемување. Категоризацијата на објектите е преземена од Министерството за економија, Секторот за туризам. Странски туристи, по видови деловни единици, хотели 2008

2009

2010

2011

2012

Туристи ВКУПНО

254 957

259 204

261 696

327 471

351 359

Хотели, вкупно

206 770

214 293

225 306

294 999

314 597

Хотели*****

53 894

55 255

61 773

84 147

81 887

Хотели****

76 368

61 348

59 824

93 829

107 933

Хотели***

17 742

34 212

39 291

62 613

73 334

Хотели**

39 118

45 089

51 336

39 738

39 997

Хотели*

19 648

18 389

13 082

14 672

11 446

45

Број 16, мај 2013


Ноќевања на туристи ВКУПНО

587 447

583 796

559 032

755 166

811 746

Хотели, вкупно

462 949

459 347

458 760

656 834

708 356

Хотели*****

106 377

107 115

117 403

153 156

150 856

Хотели****

187 651

143 449

131 293

244 140

282 097

Хотели***

34 833

65 239

70 360

138 603

166 188

Хотели**

91 476

101 972

111 767

80 462

85 880

Хотели* 42 612 41 572 27 937 40 473 23 335 Од аспект на земјата на потекло на странските туристи, може да се забележи дека во 2012 година е забележано зголемување на бројот на туристите од одредени земји. Споредувајќи ги 15-те земји од каде што потекнуваат најголем број од туристите кои ја посетуваат нашата земја, може да се забележи дека во 2012 година најголем број на туристи дошле од Турција или 14,35 % од вкупниот број на туристи. Во вкупниот број ноќевања на странските туристи најголемо е учеството на туристите од Холандија со 17,90 %. Туристи и ноќевања по земја на припадност на посетителите Структура

Ноќевања

Структура

Вкупно

351 359

100.00

811 746

100.00

Турција

50 406

14.35

80 991

9.98

Грција

43 976

12.52

73 018

9.00

Србија

36 530

10.40

71 153

8.77

Холандија

27 121

7.72

145 280

17.90

Бугарија

19 815

5.64

38 551

4.75

Хрватска

13 939

3.97

28 574

3.52

Албанија

13 412

3.82

34 707

4.28

Словенија

13 252

3.77

29 595

3.65

Германија

11 306

3.22

26 120

3.22

Косово1)

9 613

2.74

22 727

2.80

Италија

7 926

2.26

17 295

2.13

САД

7 773

2.21

18 700

2.30

Полска

7 490

2.13

18 119

2.23

Велика Британија

6 278

1.79

15 458

1.90

Австрија 1) Косово/UNSCR 1244

6 275

1.79

11 976

1.48

СТАТИСТИКА

Туристи

Ако се направи анализа на туристите кои дошле од земјите кои се наши соседи, може да се заклучи дека најголем број на гости се од Грција, како во однос на бројноста, така и во однос на остварените ноќевања.

Број 16, мај 2013

46


Туристи

Ова може да се види и од следните графикони

Косово1) 8% Албанија 11%

Грција 35%

Бугарија 16%

Србија 30%

Ноќевања Косово1) 9% Грција 31%

Албанија 14%

СТАТИСТИКА

Бугарија 16% Србија 30%

Ноќевања Косово1) 9%

Од анализираните податоци може да се констатира дека 2012 година беше релативно успешна година за Република Македонија од аспект на туризмот. Следејќи ги статистичките податоци за 2012 година, туристичките работници може да се насочат кон одредени цели кои сакаат да ги постигнат во 2013 година или во наредните години. Секако, сето тоа треба да се реализира во соработка со институциите кои се грижат за промоција и развој на туризмот во Република Македонија. Во првите два месеца од 2013 година, во споредба со истиот период од 2012 година, е забележано зголемување на бројот на туристите и остварените ноќевања, а особено значајно е да се потенцира дека зголемување е забележано кај домашните туристи за 2,2% и остварените ноќевања за 4,4%. Тоа е добар предзнак за успешна туристичка година. Грција 31%

Албанија 14%

Бугарија 16%

Србија 30%

47

Број 16, мај 2013


Гориво на иднината

ОБНОВЛИВОСТА РАСТЕ ВО ШУМИТЕ!

* Кој извор на обновлива енергија е најважен за Европската унија? Соларната енергија, можеби? (Европа поседува три четвртини од вкупно инсталираниот капацитет во светот на соларна фотоволтажна енергија). Или ветерот? (Германија во изминатата деценија го зголеми својот капацитет на ветерната енергија). Одговорот е: ниту едно од тие. Досега, најголемото таканаречено обновливо гориво кое се користи во Европа е - дрвото. Во различни форми, од цепаници до пелети и дрвосина, дрвото (или да го користиме неговиот модерен израз, биомасата) влегува со речиси една половина во европската потрошувачка на обновлива енергија. Во некои земји, како што се Полска или Финска, дрвото учествува со повеќе од 80 отсто од побарувачката за обновлива енергија. Дури и во Германија, домот на „енергиевенде“ (трансформација на енергијата) каде се влеваат огромни суми од субвенции за ветерната и соларната енергија, 38 проценти од потрошувачката на нефосилни горива доаѓа од дрвото. По повеќе години откако европските влади ја засилија својата хајтек, нискојаглеродиоксидна енергетска револуција, најголема корист по се` изгледа доаѓа од горивото кое го користеле прединдустриските општества. Помислата дека дрвото создава ниско ниво на јаглерод диоксид звучи бизарно. Но првичниот аргумент да се вклучи дрвото на листата на ЕУ за количини на обновливи извори беше недвосмислен. Ако дрвото кое се користи во електраните доаѓа од соодветно управувани шуми, тогаш јаглерод диоксидот кој исчадува од оџаците ќе биде засенет со јаглерод диоксидот кој се зачувува и складира во ново посадените дрва. Дрвото може да биде неутрално со јаглерод диоксид. Дали е тоа така - е сосема различно прашање. Но кога веќе беше донесена одлука дрвото да се назначи за обновлив извор на енергија, неговата употреба порасна. Во секторот на електричната енергија, дрвото има разни предности. Поставувањето на фабрики за ветерна енергија е скапо, но елекраните можат да бидат адаптирани да горат микс од 90 % јаглен и 10 % дрво (таканареченото заедничко согорување), со малку дополнителни инвестиции. За разлика од соларните и ветерните фарми, електраните се веќе поврзани во мрежа. Покрај ова, енергијата од дрвата не е нерамномерна како онаа која доаѓа од сонцето и ветерот: не е потребна дополнителна енергија навечер, или во мирните денови. И затоа што дрвото може да се користи во електраните кои користат јаглен, кои би можеле да бидат и исклучени поради новите стандарди за заштита на животната средина, дрвото стана екстремно популарно кај енергетските компании.

ПРЕНЕСЕНО

Пари „растат“ на дрвата Всушност, многу брзо беше создадена алијанса за да се поддржат јавните субвенции за биомаса. Се сплотија заедно и зелените, кои сметаат дека дрвото е неутрално во однос на јаглерод диоксидот, и производителите, кои го сметаат заедничкото согорување како евтин начин да се зачуваат јагленокопите; и владите, кои го сметаат дрвото како единствен начин да се остварат нивните цели за обновливи извори. ЕУ бара до 2020 година да се обезбеди 20 проценти од енергијата од обновливи извори, но оваа цел нема да ја остварат земјите-членки, ако се потпираат само на соларната или ветерната енергија. Трката да се остварат тие цели до 2020 година, создава нов вид на енергетски бизнис. Во минатото, електричната енергија од дрва имаше потреба од операција на мало ниво на рециклирање на отпад. Скандинавската дрвена маса и фабриките за хартија имаа свои електрани во близина, кои гореа гранки и дрвосина: подоцна се појави заедничкото согорување, што беше маргинална промена. Но, откако во 2011 година, „РВЕ“, големата германска енергетска компанија, која ја претвори својата електрана „Тилбури Б“ во источна Англија целосно да работи на дрвени пелети (вообичаена форма на дрво за индустриско горење), тоа веднаш се разгоре. По ова, и од „Дракс“, исто така во Британија и една од најголемите европски електрани на јаглен, рекоа дека ќе преправат три од шесте горилници да работат на дрво. Кога ќе започнат со работа во 2016 година, тие ќе создаваат 12,5 тераватчасови електрича енергија годишно. Оваа енергија ќе биде субвенционирана, под условите од сертификатот за обврска по обновливи извори, и ќе чини 45 фунти по мегават час, кој ќе се исплаќа на пазарната цена на струјата. По сегашните цени, пресметува Роланд Ветер, главен аналитичар во „ЦФ партнерс“, најголемата европска фирма за трговија со јаглерод диоксид, Број 16, мај 2013

48


ПРЕНЕСЕНО

„Дракс“ ќе добива по 550 милиони фунти годишно од субвенции за биомаса по 2016 година - што е повеќе од прикажаниот профит на компанијата во 2012 година, од 190 милиони фунти. Со вакви и слични инцијативи, европските фирми пребаруваат нови земји заради дрвата. Европа потрошила 13 милиони тони пелети во 2012 година, велат од канадската компанија „Интернешенел вуд маркет груп“. Според сегашните трендови, до 2020 година европската побарувачка ќе порасне од 25 до 30 милиони тони годишно. Европа не произведува доволно сурово дрво за да се покрие дополнителната побарувачка. Па затоа, значаен дел ќе доаѓа од увоз. Увозот на дрвени плети во ЕУ пораснал за 50 % само во 2010 година, а глобалната трговија за нив (поттикната од кинеската, како и од европската побарувачка) може да порасне за пет до шест пати, од 10-20 милони тони на 60 милиони тони годишно до 2020 година, велат од Европскиот совет за пелети. Поголемиот дел од тоа ќе доаѓа од новите бизниси за извоз на дрво, кој цвета во западна Канада и на америкаснкиот југ. Гордон Мареј, извршен директор на Асоцијацијата за дрвени пелети на Канада, го нарекува ова „индустрија измислена да доаѓа од ништо“. Цените скокаат над плафонот. Дрвото не е акцизна стока и нема единствена цена. Но индексот на цените на пелети, кои ги прикажува извештајот на „Аргус Биомас“, скокнале од 116 долари за тон во август 2010 година, на 129 долари за тон на крајот на 2012 година. Цените за тврдото дрво од западна Канада пораснале за околу 60 отсто од крајот на 2011 година наваму. Ова врши притисок и врз компаниите кои го користат дрвото како суровина. Во изминатите пет години, биле затворени околу 20 големи пилани во Европа кои прават иверка за градежната иднустрија, вели Петер Пилајамаки од „Појри“, финска консултантска компанија (иако падот на европското градежништво всушност има најголема заслуга за ова). Повисоката цена паѓа на грбот на компаниите за дрвена маса и за хартија, кои и така се наоѓаат во лоша кондиција; производството на хартија и картон во Европа остана речиси 10 проценти под својот зенит во 2007 година. Во Британија, производителите на мебел се жалат дека конкуренцијата од прозводителите на енергија, „ќе доведе до колапс на основната британска база за производтсво на мебел, овен ако субвенциите значајно не се намалат или укинат“. Но, ако субвенционирањето на биомаса е ефикасен начин да се намалат емисиите на јаглерод диоксид, можеби колатералната штета може да биде отпишана како несреќна последица од политиката која за сите носи корист. Па дали е тоа ефикасно? Не е. Дрвото прави двојно повеќе јаглерод диоксид: еднаш во електраните, еднаш во синџирот на достава. Процесот на правење пелети од дрво вклучува и мелење, негово претворање во тесто, и ставање под висок притсок. Тоа, плус испораката, бара енергија и создава јаглерод диоксид: 200 кг ЦО2 за количина од дрво потребно да се произведе 1 мегават час струја. Ова ја зголемува количината на јаглеродот кој се зачувува со премин на дрва, па оттука доаѓа и зголемувањето на цената на заштедата. Заради субвенциите од 45 фунти по мегават час, вели Ветер, ќе чини 225 САД долари да се зачува еден тон ЦО2 со префрлање од гас на дрва. Тоа подразбира и остатокот од процесот (во електраните) да стане неутрален на јаглерод диоскид. Но најверојатно не е така. Горивото и вашите пари Во изминатите неколку години, научниците заклучија дека првичната идеја - јаглерод диоксидот од управуваните шуми го намалува јаглерод диоскидот во електраните - беше претерано поедноставена. Во реалноста, неутралноста од јаглерод диоскид зависи од видот на дрвото кое се користи, колку брзо растат дрвата, дали се користат делканици или цели дрва итн. Дополнително, Европската агенција за животна средина, во својот извештај во 2011 година ја изнесе претпоставката дека, „горењето на биомаса која треба да биде неутрална на јаглерод диоксидот... не е точна... затоа што се игнорира фактот дека користењето на земјиште за растење на дрва за енергија вообичаено значи дека на таа земја нема да се произведуваат дрва за друга намена, вклучувајќи и јаглерод диоксид кој е и така изолиран“. Тим Серчингер од Универзитетот Принстон, пресметал дека ако се користат цели дрва за производство на енергија, како што е и понекогаш случајот, тие го зголемува нивото на јаглерод диоксид во споредба со јагленот (кој се смета за највалканото гориво) за 79 отсто во текот на 20 години, и за 29 проценти во текот на 40 години; па затоа не постои намалување на јаглерод диоксид се` додека не минат 100 години, додека не пораснат дрвјата за замена. Но како што потенцира Тим Брукс од Европската фондација за клима, „се обидуваме СЕГА да го намалиме јаглерод диоксидот, а не за 100 години“. „Економист“ 49

Број 16, мај 2013


МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ

Назив на Проектот: Имплементација на Проект за мерење на енергетска ефикасност во јавните згради Implementation of energy efficiency measures in public buildings Референца: EBRDZ88999 Финансиска референца: 7089-IFT-9639 Вид на набавка: Услуги, набавка, работи Рок за апликација Финансиер: 27.6.2013 година ЕБРД Земја: Словачка Сектори: ИЗГРАДБА И ИНЖЕНЕРИНГ: згради / канцелариски простор / куќи - рехабилитација и одржување дела ЕНЕРГИЈА: - планирање / политика греење / набавка / опрема Здравство: здравствени установи / болници

Назив на Проектот: МА-Казабланка: ЕИБ Трафостаници за висок напон MA-Casablanca: EIB - High voltage substations: Референца: EIBZ85589 Финансиска референца: 2013/S 025-037704; 2013/S 064-106060; 2013/S 091-153494 Вид на набавка: Набавка Финансиер: Европска инвестициона банка Земја: Македонија Краен рок за апликација: 26.6.2013 година Сектори: ИЗГРАДБА И ИНЖЕНЕРИНГ: - градење / градежништво /уривање ЕНЕРГИЈА: - дупчење / производство / дистрибуција

Назив на Проектот: Обнова на патишта и проект за безбедност Road Rehabilitation and Safety Project Референца: EBRDZ89045 Финансиска референца: 7090-GPN-44750 Вид на набавка: Работи, набавка, услуги Финансиер: Европска комисија , ЕБРД Земја: Србија Краен рок за апликација: Отворен Сектори: ИЗГРАДБА И ИНЖЕНЕРИНГ: - планирање / архитектура / инженерство - автопати / патишта / мостови / тунели - рехабилитација и одржување дела ПРОГРАМА & управување со ресурси:: - мониторинг и евалуација / студии / ревизија / истражување Превоз:: - безбедност: Назив на Проектот: МК-Скопје: Фармацевтски производи MK-Skopje: Pharmaceutical products Референца: ECZ88952-Candidate countries Финансиска референца: 2013/S 091-155436 Вид на набавка: Услуги Финансиер: Европска комисија Земја: Македонија Краен рок за апликација: 24.6.2013 година Сектори : Здравство: - набавка / логистика / опрема / материјали / дистрибуција / испорака лекови 50

Број 16, мај 2013


МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ

Назив на Проектот: РС-Белград: ЕИБ - Изградба на автопат RS-Belgrade: EIB - Construction of motorway Референца: EIBZ89011 Финансиска референца: 2013/S 092-155462; 2012/S 69-112591 Вид на набавка: Услуги, набавка, работи Финансиер: Европска инвестициона банка, ЕБРД, Светска банка Земја: Србија Краен рок за апликација: Отворен Сектори : ИЗГРАДБА И ИНЖЕНЕРИНГ: планирање / архитектура / инженерство градење / градежништво / уривање - автопати / патишта / мостови / тунели ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА: - бази на податоци / обнова на податоци Превоз: - политика и планирање / модели - пат / јавен транспорт - набавка / опрема / возила / одржување

Вид на набавка: Услуги, работи Финансиер: Европска инвестициона банка Земја: Италија Краен рок за апликација: Отворен Сектори : ЗЕМЈОДЛИЕ & РУРАЛЕН РАЗВОЈ: - вода / дренажа / наводнување / хидрологија ЖИВОТНА СРЕДИНА: - отпад / токсични материи/ чисти технологии Урбан развој: - јавни комунални претпријатија:

Назив на Проектот: И-П��рма: Обезбедување на банкарски услуги I-Parma: Provision of banking services Референца: ECZ88908-Agency Финансиска референца: 2013/S 090152097 Вид на набавка: Набавка Финансиер: Европска комисија Земја: Италија Краен рок за апликација: 8.7.2013 година Сектори : Финансии и банкарство: Плаќања - Банкарски систем

Назив на Проектот: Инвестиции во сектор за третман за отпадни води SETTORE IDRICO (WATER AND WASTEWATER INVESTMENTS Референца: EIBZ88927 Финансиска референца: Reference: 20100024

Назив на Проектот: TР-Анкара: ИПА Изградба на систем за водоснабдување TR-Ankara: IPA — Construction of Akçaabat water supply system Референца: EuropeAid/132572/D/WKS/ TR- Relaunch Финансиска референца: 2013/S 040-064569; 2013/S 087-146583 Вид на набавка: Услуги Финансиер: Европска комисија Земја: Турција Краен рок за апликација: 9.7.2013 година Сектори : ИЗГРАДБА И ИНЖЕНЕРИНГ: - градење / градежништво / уривање - хидраулично инжинерство (брани, цевководи, итн) Урбан развој: - вода / дренажа / наводнување Контакт: / хидрологија - јавни Влатко Стојановски комунални претпријатија Тел: (02) 3244004 Факс: (02) 3244088 vlatko@mchamber.mk 51

Број 16, мај 2013


ПОНУДА / ПОБАРУВАЧКА

AM00000037223 Компанија од Ерменија заинтересирана е да пласира стерилни течни лекови во Република Македонија. Име на компанија: Liqvor CJSC Адреса: Margaryan 6 Град: Yerevan 0078 Држава: Ерменија Телефон: +0037410381972 Факс: +00 37410354953 Е-маил: info@liqvor.com Web страна: www.liqvor.com Раководител: Lilit Muradyan

BG00000037903 Компанија од Бугарија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на индустриски и гаражни врати, како и опрема за ракување - рампи, платформи, приклучни засолништа, огноотпорни врати, врати за ладилници и сл. Име на компанија: Secdoor Industry & Home Адреса: 160 Maritza Blvd Град: 4006 Plovdiv Држава: Бугарија Телефон: +359 32/511 640 Факс: +359 32/511 641 Е-маил: secdoor@secdoor-bg.com Web страна: www.secdoor.bg.com Раководител: Maria Dinkova GR00000037016 Компанија од Грција бара соработка со туристички агенции и туроператори во Република Македонија. Име на компанија: TUMASSI TRAVEL TOURISM TRANSPORT Адреса: Kunopetra Град: 28200 Cefalonia Држава: Грција Телефон: +306932484104 Е-маил: toumtim@yahoo.gr Раководител: Makis Tumassi Број 16, мај 2013

RU00000038379 Компанија од Русија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на опрема, возила и машини за работа во зимски услови. Име на компанија: RUSKA MEXANIKA Адреса: Tolbuxina 22 Град: 152914 Jaroslavski Држава: Руска Федерација Телефон: +74855320300 Факс: +74855320301 Web страна: www.rm-gamax.ru Раководител: V.M Karavaev

емисиите на СО2. Име на компанија: Danfoss GmbH Адреса: Carl-Legien-Str. 8 Град: 63004 Offenbach/Main Држава: Германија Телефон: +49(69) 8902-0 Факс: +49(69) 8902-319 Е-маил: info@danfoss.de Web страна: www.danfoss.de Раководител: Gerhard Bertelsen

RO00000037307 Компанија од Романија заинтересирана е да инвестира во термоцентрала во Република DE00000038375 Македонија на гасен погон, за Компанија од Германија производство на елeктрична и заинтересирана е за соработка во топлинска енергија. областа на производство и трговија Име на компанија: GEDA со вино во Република Македонија. Адреса: Str. Străbună 24, Sector 1 Име на компанија: A. Segnitz & Co. GmbH Град: Bucuresti, 012466 Адреса: Löwenhof Држава: Романија Град: 28844 Weyhe Телефон: 0730 05 4332 Држава: Германија Факс: +40031 100 4332 Телефон: +494203813099 Е-маил: office@geda.ro Факс: +494203813099 Web страна: www.geda.ro Е-маил: segnitz@segnitz.de Раководител: Dan Radules Web страна: www.segnitz.de DE00000037298 ME00000036450 Компанија од Германија Компанија од Црна Гора бара заинтересирана е да соработува дистрибутер во Република со државни институции, трговија, Македонија за пласман на индустрија и услужни дејности за маслинови садници. пласман на безбедносни етикети Име на компанија: EKOPLANT и ленти, налепници, плакети за Адреса: Veliše Popovića 37 возила, книшки и лични документи, Град: 20 000 Podgorica како и производители на брендови Држава: Црна Гора во Република Македонија кои имаат Телефон: +382 20 281010 потреба од заштита. Факс: +38220281010 Име на компанија: Trautwein GmbH & Co Е-маил: ekoplant@t-com.me Адреса: Am Trimbuschhof 8 Web страна: www.ekoplant.me Град: 44628 Herne Раководител: Zeljko Vidakovic Држава: Германија Телефон: +49 2323 9539-0 DE00000036883 Факс: +49 2323 9539-20 Компанија од Германија бара Е-маил: email@sicotra.de дистрибутер во Република Web страна: www.sicotra.de Македонија за пласман на термостати за радијатори со чија DE00000037250 помош се штедат милиони тони Компанија од Германија нафта или кубни метри природен гас заинтересирана е да соработува во и придонесуваат кон намалување на областа на производство на грејни 52


секој терен. Димензиите на платната се 9м х 3м (висина). Платната мора да бидат меш-перфорирани. Изработката на едно платно изнесува околу 20.000,00 денари без ДДВ. Сезоната на Тенискиот клуб „Александар Палас“ трае 6 месеци, притоа платната се поставуваат во месец мај и се демонтираат во месец октомври. TR00000038388 Име на компанија: АЛЕКСАНДАР ПАЛАС Компанија од Турција бара да Адреса: бул.Октомвриска Револуција бб откупи од Република Македонија Град: Скопје кожи од крупен добиток, машински Држава: Македонија обработени, една кожа од 25-35 кг, Телефон: 02/ 3 092 392 без глави и опашки. Кожите да бидат Е-маил: info@aleksandarpalace.com.mk во помал број од женски животни Web страна: www.aleksandarpalace. по EУ-стандарди, а побарувачката да com.mk биде најмалку од 1000 тони. Раководител: Весна Станоевска Име на компанија: TMG & Mansfield Madencilik BE00000036772 Адреса: Mesrutiyet cad No:113 Компанија од Белгија бара пласман Град: Istanbul на стакло, специјални производи од Држава: Турција стакло наменети за бањи и фасади Телефон: +902122927761 во разни бои и дебелина од 10 см Факс: +902122920103 со висок квалитет во Република Е-маил: info@tmgstone.com Македонија. Web страна: www.tmgstone.com Име на компанија: Verhaert & Co Адреса: Ter Stratenweg 35 40309742595921 Град: 2520 Oelegem Тенискиот клуб „Александар Палас“ Држава: Белгија Ви нуди место за спорт, дружење, Телефон: +32(0)3 475 93 48 бизнис и пријателство. Кафе-барот Факс: +32(0)3 475 93 50 со капацитет за 250 лица е сместен Е-маил: info@verhaert.be во прекрасна зелена околина Web страна: www.verhaert.be која нуди уникатна атмосфера Раководител: Joris Verhaert за уживање и социјализирање, особено во летниот и пролетниот HR00000038393 период. Во тој контекст, доколку Компанија од Хрватска бара да сте спремни задоволството меѓу соработува со текстилни фабрики во спортот и уживањето да го делиме Република Македонија за плсаман заедно, Ве повикуваме да закупите на гумени прстени. свој рекламен простор на тениските Име на компанија: Eurogum d.o.o. терени по следнава спецификација: Адреса: Ljeskova 30 - истакнување на Вашиот бренд на Град: 43272 Nova Rača самите тениски терени по цена од 300 евра по терен за времетраење СТОПАНСКА КОМОРА од 1 месец. Вкупно има 4 терени НА МАКЕДОНИЈА (plexi cussion подлога) и може да ECONOMIC CHAMBER се брендираат со Ваши платна на bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

OF MACEDONIA

53

ПОНУДА / ПОБАРУВАЧКА

котли на дрво и течни горива во Република Македонија. Име на компанија: Firma Gerhard Weiß Адреса: Bismarckstraße 56 Град: 10627 Berlin Држава: Германија Телефон: +490303418182 Факс: +490303482385 Е-маил: info@biologisch-heizen.de Web страна: www.biologisch-heizen.de

Држава: Хрватска Телефон: +385/ (0)43 886-141 Факс: +385/(0) 43 886-251 Е-маил: info@eurogum.hr Web страна: www.eurogum.hr Раководител: Jakšeković Zdravko

HR00000038392 Компанија од Хрватска бара да соработува со компании во Република Македонија за проширување на својот бизнис во областа на отпадоци од челик и железо. Име на компанија: Adria čelik d.o.o Адреса: Cesta dr. Franje Tuđmana b.b Град: 21212 Kaštel Sućurac Држава: Хрватска Телефон: +385 (0)21 202 111 Факс: +385 (0)21 260 802 Е-маил: info@adriasteel.com Web страна: www.adriasteel. com Раководител: Ivanko Skejić

DE00000037620 Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Мкедонија за пласман на машини за жнеење и чистење на шеќерна репка. Име на компанија: ROPA Fahrezeug und Maashhineenbau Gmbh Адреса: Sittelsdorf 24 Град: 84097 Herrngiersdorf Држава: Германија Телефон: +4987859601 Е-маил: vertrieb@ropa-maschinenbau.de

Контакт:

Мирјана Коцева Тел (02) 3244035 Факс (02) 3244088 Е-mail mirjana@mchamber.mk Број 16, мај 2013


ДДВ СЕРВИС ИМО ДООЕЛ Скопје

1. Картичката DKV Card им нуди на транспортните компании од Македонија безготовинско плаќање на трошоците за гориво, патарини, тунели, траекти, превоз со железница, помош и сервис на пат и други трошоци низ цела Европа Со DKV Card катричката можат да се плаќаат стоки и услуги на 54 илјади сервисни места во 42 држави во Европа. DKV корисниците имаат на располагање и независна мрежа од 36 илјади бензински пумпи на кои можат да да плаќаат гориво и моторно масло. Денес услугите на DKV картичката ги користат преку 1,5 милиони корисници од 89 илјади компании. Финансискиот промет на DKV во 2011 година изнесува преку 5 милијарди евра. Имено, DKV нуди најголема мрежа на пумпи и други сервисни пунктови ширум Европа, вклучувајќи ја и Русија. Најбројната и најразработената мрежа на бензински пумпи нуди големи предности во смисол на заштеда низ користење на евтини пумпи. Со користење на DKV картичката корисниците можат да ги плаќаат сите можни патарини низ Европа и тоа со можност за користење на посебен попуст. Исто така можат да се плаќаат превоз со траекти, тунели итн. По потреба, со DKV картичката можно е и подигање готовина. Можно е и користење придружба, шпедитерски услуги, услуги на заштитени паркиралишта, чистење и перење и слично. Корисниците на DKV картичките имаат обезбеден 24-часовен сервис за помош за сите евентуални незгоди на патиштата, како што се влеча, сервисирање на пат, вулканизерски услуги и слично. За користење на DKV картичката не се плаќа никаква членарина. DKV на сите свои корисници им нуди одложено плаќање од 25 дена од денот на издавањето на фактурата. Фактурите се издаваат два пати месечно и тоа на средината и на крајот од месецот. Фактурата за патарини низ Германија се издава еднаш месечно. Број 16, мај 2013

2. Ви нудиме и враќање на ДДВ од ст��анство за сите трошоци што ќе ги платите со DKV картичката, како што се трошоци за гориво, патарина, комбиниран транспорт, тунели, траекти, сервиси и сите други трошоци по фактури во кои е искажан и пресметан ДДВ од странство. Напоменуваме дека ги вршиме услугите враќање на ДДВ од странство и за трошоците кои се платени готовински, со банкарски или со други платежни картички, како што се трошоците за хотелско сместување, обуки, семинари, конгреси, саеми и друго. Враќањето на ДДВ од странство го работиме преку нашата мрежа CASH BACK, која има канцеларии во сите држави на ЕУ и во државите од Балканот. Засега враќањето на ДДВ од странство за компаниите од Република Македонија е можно од: Австрија, Бeлгија, Бугарија, Црна Гора, Чешка, Kанада, Данска, Финска, Франција, Ирска, Исланд, Италија (условно), Израел, Хрватска, Луксембург, Mалта, Moнако, Холандија, Норвешка, Германија, Словенија, Словачка, Швајцарија, Шведска, Tурција и Велика Британија.

ДДВ СЕРВИС ИМО ДООЕЛ Скопје, Димитрие Чуповски бр. 13 Tел.: 02 3244 086; 072 219 840 cashbackmacedonia@vrakanjenaddv.mk www.vrakanjenaddv.com

54


ПОКРОВИТЕЛИ

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БРИЛИЈАНТЕН Покровител

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk

55

http://www.twitter.com/Chamber_MK


bsi.

ISO 9001

Quality Management

M

EconomicECONOMIC ChamberCHAMBER of Macedonia

D CE ON

M M

A II A

AA

OF MACEDONIA

D CE ON

IA

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

A

FS 549642

Excellent

Small & Medium Enterprises

Excellent

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Што претставува сертификатот Excellent SME? Сертификат Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење кој го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE , за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, која се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и бизниспартнерите да го намалат финансискиот и другите ризици кога склучуваат деловни договори.

Excellent Economic Chamber of Macedon Small & Medium Enterprises AA

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA EDO M M

M

D CE ON

C

N

A II A

Т: (02) 15015 Ф: (02) 3244071 56 E: excellent-sme@mchamber.mk W: excellent-sme.mchamber.mk

IA

Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје

A

Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса, и најважното – бонитет на компанијата.

Excellent

Small & Medium Enterpris

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDON


Informator broj16 maj 2013