САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На 13 ноември 2013 година
МАКЕДОНСКО-ИТАЛИЈАНСКИ БИЗНИСФОРУМ (БИЗНИС-СРЕДБИ СО ИТАЛИЈАНСКИ КОМПАНИИ)
КОНТАКТИ Влатко Стојановски Тел: ++ 389 2 3244004 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 vlatko@mchamber.mk Јадранка Аризанковска Тел.02 3244 038 факс:02 3244 088 jadranka@mchamber.mk
Стопанската комора на Македонија, во соработка со Стопанската комора на Милано, Р. Италија, во рамките на Проектот РИСЕЕ, Италија - Југоисточна Европа, организира билатерални бизнис-средби со компании од Р. Италија. Група италијански бизнисмени, на 13 ноември 2013 година ќе ја посетат Р. Македонија. Нивната цел е да воспостават деловни контакти со македонски компании. Бизнисмените од Италија, истовремено ќе се запознаат и со можностите за инвестирање во нашата земја и со потенцијалите за водење бизнис во неколку стопански сектори. Во рамките на нивната посета, Стопанската комора на Македонија организира Македонско-италијански бизнис-форум, со цел воспоставување билатерални деловни контакти со македонски компании, кои би се јавиле како нивни потенцијални деловни партнери. По завршување на официјалниот дел на Бизнис-форумот, планирани се билатерални разговори со италијански компании од неколку стопански сектори. Според програмата, бесплатните деловни средби ќе се одржат на 13 ноември 2013 година (среда), со почеток во 11:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 4, на 5-ти кат.
БИЗНИС Огласник - Неделен весник за унапредување на Вашиот бизнис
30