Бизнис ИНФО Бр.158

Page 24

24

БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 Ноември 2013, Бр. 158

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

ДОНАЦИИ ЗА ДОБРОТВОРНИ ОРГАНИЗАЦИИ, НО И ПРОМОЦИЈА НА МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОДИ

Македонски компании на НАТО Добротворен базар 2013 во Брисел

На 17 ноември 2013 година во седиштето на НАТО во Брисел се одржа традиционалниот НАТО Добротворен базар 2013. Ова е најголемиот социјален настан што се организира во НАТО веќе 44 години по ред и има за цел прибирање средства за помош на различни добротворни организации лоцирани во земјите-партнери и членки на НАТО. Од вкупно триесетина проекти кои ќе добијат средства од Базарот, еден е од Република Македонија. Подготовките за Базарот и прибирањето на средствата се одвиваат во текот на целата година. На Базарот сите земји-членки и партнери на НАТО се претставуваат со свои производи и храна. Покровител на НАТО Базарот е сопругата на генералниот секретар на НАТО, Ане - Мете Расмусен, која го посети и македонскиот штанд, му честиташе на амбасадорот на РМ во НАТО и на Воениот претставник на РМ за богатата понуда на македонски производи. Воедно, тој изрази благодарност за поддршката која Република Македонија ја дава на овој значаен настан во НАТО. Мисијата на Република Македонија при НАТО секоја година е дел од овој Базар, поддржана од Министерството за одбрана на РМ и АРМ, Стопанската комора на Македонија и Министерството за надворешни работи на РМ. НАТО Добротворниот базар стана препознатлив настан и меѓу македонските фирми, кои секоја година во се` поголем број се вклучуваат со свои донации на македонски производи и рекламен материјал. Оваа година на македонскиот штанд беа претставени следните фирми: Сковин, Стоби, Тиквеш, Прилепска пивара, Винчини, Европа, Дониа, Витаминка, Бучен Козјак, Бимилк, MAMA’S, Випро, Мелагро, Везе Шари, ДИЈАГ, општините Битола и Прилеп, Пајдаков, ДБ – Битола, Дуле Стил 099, Нелина, Ренова, Разлади ЕМ-АА - Кичево, и Дуропак.

Владимир Поповски

ЕЛЕМ почнува со активностите за изградба на систем за топлификација во Битола

ВО ПРВАТА ФАЗА ИНВЕСТИЦИЈА ОД 66,6 МИЛИОНИ ЕВРА АД „Електрани на Македонија“ почнува со подготовка на проектната документација потребна за изградба на системот за топлификација во Битола. Вкупниот износ на инвестицијата во првата фаза е 66.650.000 евра. Дел од тие средства, соопшти компанијата, би се обезбедиле од заем вреден 57.000.000 евра за што германската КFW Банка веќе изрази


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.