Page 1

СТОПАНСКА БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА КОМОРА НА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF МАКЕДОНИЈА Founded 1922 bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 158

www.mchamber.mk

28.11.2013

Македонско-хрватски бизнис-форум со учество на министрите за економија на двете земји, Иван Врдољак и Ваљон Сараќини

РАЗМЕНАТА ДАЛЕКУ ОД ЗАДОВОЛИТЕЛНА, ХРВАТСКА ТРЕБА ДА СТАНЕ ПЕТТИ ТРГОВСКИ ПАРТНЕР НА МАКЕДОНИЈА

ИНТЕРВЈУ

Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија

НОВИТЕ ПАЗАРИ - ПРЕДУСЛОВ ЗА ПОРАСТ НА ИЗВОЗОТ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА


БИЗНИС ИНФО

2

четврток, 28 Ноември 2013, Бр. 158

ПОДВЛЕЧЕНО

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПОСЕДУВАЊЕ НА СЕРТИФИКАТИ ЗА СТЕКНАТИТЕ ЗНАЕЊА Кога станува збор за профили кои се барани на пазарот на трудот, работодавачите искажале потреба за работници за следните занимање и соодветен степен на потребно знаење: програмер, информатичар, градежен инженер, архитект, машински инженер, инженер-технолог, фармацевтски технолог, електроинженер, инженер за електроника, инженер – технолог за прехранбени производи, економисти и правници се исто така побарувани профили со високо образование од страна на работодавачите. Кога станува збор за профили со средно образование како побарувани се јавуваат градежен техничар, машински техничар, електротехничар, компјутерски техничар, оператор на телекомуникациска опрема, комерцијалист, администратор, техничар–технолог, шпедитерски техничар, медицинска сестра (со положен државен испит), текстилен техничар, техничар во прехранбена индустрија, фармацевтски техничар, графички техничар, истo така како побарувани занимања на пазарот на трудот се и занимањата како што градежен работник, кранист, градежен работник за одржување на згради, монтер на градежни елементи, армирач, автомеханичар, заварувач, ѕидар, текстилни работници (шивачи, кројачи), чевлар, келнер, готвач, пекар, бравар, столар, возачи на товарни возила и др. Занаетите како лимар, ѕидар, кројач, слаткар, заварувач, аргон заварувач, армирач се секогаш барани струки на пазарот на трудот. Притоа посебно треба да се напомене дека работодавачите ја нагласуваат потребата од вработување работници со работно искуство, како и стекнати дополнителни знаења и вештини (сертификати за стекнати знаења). Во врска со барањата за посебни знаења и вештини кои треба да ги поседуваат потенцијалните кандидати за вработување, особено при вработување на лица со повисок степен на образование (високо, средно), работодавачите најмногу ја нагласуваат потребата од познавањето на странски јазици познавање на основни компјутерски апликации како и стекнати напредни знаења и вештини од областа на информациската технологија. Притоа работодавачите ја нагласуваат потребата од задолжително поседување на сертификати за стекнатите знаења. (Влатко Поповски, директор на Агенцијата за вработување)

ЏОН Ф. КЕНЕДИ: „НАШАТА ИНФРАСТРУКТУРА ГО ИЗГРАДИ НАШЕТО БОГАТСТВО“ Не би требало да правиме различно ако ЕУ на ист начин се бори против кризата со тоа што ќе одвои речиси две третини од буџетот за 2014 година, кој е тежок 135,5 милијарди евра, за субвенции за земјоделците, но и за изградба на патишта и на железници во посиромашните земји-членки во централна и во источна Европа. Патиштата во изминатиов период беа една од послабите точки во државата. Има една изрека, вели ако сакаш да ja видиш економската слика во една држава, прашај во каква состојбата е градежништвото. Зашто ако државата или стопанството имаат пари, се инвестира, се градат згради и патишта. Државата оди напред. Kај нас досега не бил


четврток, 28 Ноември 2013, Бр. 158

БИЗНИС ИНФО

3

ПОДВЛЕЧЕНО реализиран ваков инвестициски циклус за изградба на патишта во вкупен износ од фантастични 900 милиони евра. Тука ги вбројувам 600 милиони евра за два автопата, плус десет отсто на оваа сума за евентуални дополнителни активности, кои може да се појават и 250 милиони што преку ЕБОР претходно беа обезбедени за автопатот А1/Е-75 делница Демир Kапија Смоквица. Постојат повеќе начини за финансирање изградба на патиштата: изградба со сопствени средства, изградба со кредити и изградба со давање на патиштата под концесија. Според извршените анализи по однос на сите релевантни параметри на начините на финансирање во актуелната состојба, сметам дека избраниот начин е соодветен и претставува оптимално прифатливо решение. Актуелната економска состојба не треба да биде кочница. Има една голема мисла од поранешниот претседател на САД, Џон Ф. Kенеди: „Нашето богатство не ја изгради нашата инфраструктура, туку нашата инфраструктура го изгради нашето богатство“. Ете го примерот со Хрватска. Земјата се задолжи, но, сега има патишта меѓу најдобрите во Европа. Секаде се стигнува побргу, побезбедно, заштедите на гориво се поголеми, а загадувањето на животната околина е помало. Имаат подобра наплата на патарини и поголеми приходи од нив. Добрите патишта генерираат поголем сообраќај, тоа никој не може да го оспори. И секако, нешто што не смее да се занемари, безбедноста во сообраќајот се подига на многу поголемо ниво. Има уште една многу значајна работа за нашата држава. Со изградбата на овие автопатишта, односно на паневропските коридори, ние се враќаме на сообраќајната карта на Европа, со можност да ја валоризираме нашата централна положба на Балканот. Со тоа ќе ги спречиме прогнозите дека ќе бидеме заобиколени од меѓународниот сообраќај. (Д-р Горан Мијоски, доцент на скопскиот Градежен факултет)

НАЈГОЛЕМАТА СЛАБОСТ НИ Е ВО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА АКТИТЕ Агенцијата за храна четврта година по ред добива одлични забелешки за напредокот кој го има постигнато во делот на безбедноста на храната и ветеринарната политика. Има нормално и забелешки, но ние се обидуваме да ги решиме, при што во секој нареден извештај тие забелешки од страна на Европската унија се третираат како завршени. Во делот на усогласувањето на легислативата, ова поглавје на ветеринарна, фитосанитарна политика и безбедност на храна е најкомплексното поле, бидејќи тука секојдневно се случуваат промени. Ние во изминатите неколку години имаме донесено повеќе од 200 подзаконски акти, да не ги спомнувам измените коишто сме ги правеле на веќе донесените акти. Најголемата слабост ја имаме во имплементацијата на актите, бидејќи работите се менуваат многу брзо и


4

БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 Ноември 2013, Бр. 158

ПОДВЛЕЧЕНО понекогаш дури не стигнуваме соодветно да ги известиме нашите инспектори и да извршиме обука за тоа што се се предвидува со овие правилници. Но и тоа ќе се промени сега, бидејќи работиме на оформување на еден континуиран систем за вршење на тренинг и обуки за инспекторите, каде ќе се држат обуки за сите новини во легислативата. Она на што работиме во последно време и што ќе почне да се применува следната година се измени во Законот за безбедност на храна, со кои ќе се промени казнената и прекршочната политика. Со Законот донесен во 2010 година, во многу сегменти се предвидуваа санкции базирани на принципот на едукација на компаниите, а потоа казна. Но, се увиде дека ваквата прекршочна политика можеби влијае негативно во примената на законот од страна на операторите. Многу од постојните одредби коишто го предвидуваа инструментот на едукација ќе бидат укинати бидејќи помина долго време и операторите се запознаени со обврските кои ги имаат. Елементот на едукација веќе е контраефективен и ќе се оди на посериозно санкционирање на производителите. (Дејан Рунтевски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство)

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА МЛАДИТЕ, ПОМАЛКУ АДМИНИСТРАЦИЈА И ПРОИЗВОДСТВО ШТО ЈА ЧУВА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Повеќе пари за младите, помалку администрација и производство што ја чува животната средина, се трите нови правци кон кои ќе се движи земјоделството во ЕУ до 2020 година. Во овој контекст, веќе се менува насоката на аграрен развој во Словенија. Тоа во ЕУ го викаат „грининг“, а ние го нарекуваме раззеленување што подразбира дека во земјоделското произодство ќе се вклучат повеќе еколошки мерки. Тоа ќе биде обврзно. Секој што сака да добие субвенции, ќе мора да се раководи по овој нов принцип. Исто така, ќе има поголема помош за младите земјоделци, до 40 години. Освен стандардна поддршка, оваа категорија производители ќе добива плус 25 отсто. До 2020 година ќе се обезбедува и помош за младите земјоделци кои ќе ги преземаат стопанствата од своите родители, татковци/мајки. Тие ќе добиваат еднократна парична помош од околу 23.000 евра. За овие две мерки предвидуваме по 30 милиони евра годишно. Малите стопанства кои не добиваат повеќе од 1.250 евра можат да склучат поединечни договори со државата што ќе биде вид гаранција дека седум години ќе ги добиваат своите пари без да аплицираат и да се соочуваат со административните постапки, ниту ќе треба да водат каква било евиденција како поголемите стопанства, но затоа ќе мора да произведуваат. Оваа мерка веројатно ќе опфати една четвртина или максимум една третина од земјоделските стопанства. Македонија последниве години направи големи чекори во прилагодувањето на земјоделството кон европското. Навистина е на добар пат. Можам да уочам дека тука просечните стопанства се мали, како во Словенија (три пати помали од европските). Тоа е карактеристично за повеќето источни земји, и оние што се веќе членки на ЕУ, и оние што не се, и треба да се прифати. Кога земјата ќе стане дел од ЕУ, ќе треба на овие стопанства да им овозможи да преживеат. Еден од начините е да се занимаваат со дополнителна дејност. Во таа насока сега се движи Словенија. Добро е кога државата правовремено ќе се синхронизира, така, во моментот на забрзување на процесот ќе нема проблеми. Ако во последен момент ги реализира работите, може да направи грешки.... она што треба, мора да се направи навреме зашто во моментот кога ќе се забрза процесот на приклучување кон ЕУ, тогаш нема време.... (Дејан Жидан, министер за земјоделство и животна средина на Република Словенија)


четврток, 28 Ноември 2013, Бр. 158

БИЗНИС ИНФО

5

ИНТЕРВЈУ Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија

НОВИТЕ ПАЗАРИ - ПРЕДУСЛОВ ЗА ПОРАСТ НА ИЗВОЗОТ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА

1. ЗОШТО ПОРАСТОТ НА ИЗВОЗОТ Е ТОЛКУ ЗНАЧАЕН ЗА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА? Македонската економија е отворена економија, извозно ориентирана, но со огромен трговски дефицит во размената. Според статистиката расте извозот во ЕУ земјите, но се намалува извозот во земјите од регионот. Кризата во Европа е сеуште актуелна. Со последното ревидирање на проекциите на еврозоната (каде се извезува 72% од македонските производи), ММФ, наместо 0,4 за оваа година предвидува намалување на растот од 0,6 насто. И Европската централна банка, за 2014 година предвидува раст од само 0,9%, а за 2015 година 1,5%. Проекциите за раст на европската економија ја отвораат дилемата, во која насока во следниот период да се насочува македонскиот извоз. Прво, да се зголеми учество на традиционалните пазари. Второ, извозот да се фокусира согласно барањата на останатите несовоени пазари во рамки на ЕУ, за што секако треба да се има во предвид дека Европа има поставено цел за раст на индустријата од 16% во БДП на ЕУ, до 2020 година да се зголеми на 20%, за што веќе се работи на програми кои ќе ја поттикнат индустриската револуција на 21 век, водени од фактот дека “само индустријата може да испорача раст и нови вработувања”. Македонската економија во конкретниот случај треба навреме да се наметне на европските пазари со конкурентни и квалтетни производи, со што и директно ќе влијае на стимулирање на домашната економија.

Трето освојување на нови алтернативни пазари.

Ако на проекциите за европската економија се надоврзат и проблемите на домашниот пазар, намалена ликвидност, намалена домашна потрошувачка, тогаш јасно е дека токму во зголемен извоз и нови алтернативни пазари за пласман на македонските производи, треба да се гледа можноста за перспектива на раст на домашната економија. 2. КАКВА Е СЕГАШНАТА СОСТОЈБА?


6

БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 Ноември 2013, Бр. 158

ИНТЕРВЈУ 1. Од вкупната надворешно-трговска размена, 53% се одвива со 6 земји, Германија со учество од 17,2%, Грција 9,4%, Србија 7,4%, Бугарија 6,6%, Италија 6,4% Велика Британија 5,9%; - 65,3% од вкупниот извоз е насочен само во 6 земји (Германија 29,4%, Грција 4,7%, Србија 7,4%, Бугарија7,1% , Италија 6,9%, Косово 9,8%; 2. Најголемо учество во извозот на стоки, околу 88%, имаат земјите-членки на ЕУ 27 (62,8%) и земјите од Западен Балкан (24,4%). 3. Вкупната трговска размена со медитеранските, блискоисточните и земјите од Заливот во 2012 година изнесува само 61,4 милиони САД $ (учество 0,59), во извозот со вредност од 18,2 милиони САД $ (0,45). Согласно анкетата на Комората кај извозните компании, за незадоволителниот извоз во наведените региони, главно се детектирани следниве проблеми: • високи царини – немање преференцијална трговија; • сиромашна билатерална регулаторна рамка; • демотивирачки визни процедури за влез во Република Македонија; • немање развиена мрежа на дипломатско-конзуларни претставништва во тие земји (има само во Анкара, Истанбул, Тел Авив, Каиро и во Катар); • транспортни проблеми (трошоци за континентален пат, неизвесност на работењето на Пристаништето во Солун, единствен директен авионски лет – за Дубаи); • во однос на Иран - проблеми поврзани со ембаргото; • латентен ризик по однос на курсот долар/евро; Согласно наведеното, Република Македонија над 90% од својот извоз го пласира на пазарите на ЕУ и членките на ЦЕФТА. Но и во рамките на овие економски групации има висока концентрација на извозот само во неколку земји. Скоро половина од извозот во ЕУ е насочен кон четири земји (Германија, Грција, Италија и Бугарија), додека пак, 90% од извозот во земјите на ЦЕФТА,отпаѓа на Србија, Косово и Хрватска. Графикон 5: Структурно учество на извозот по одделни економски групации во % (Извор: ДЗС) Вака високата концентрација на македонскиот извоз на 2% 1% 3% само неколку земји може да 1% има негативни последици на ЕФТА натамошниот раст на извозот, имајќи ги предвид проекциите Организација на земјитена ММФ за економските извознички на нафта и нафтени 19% активности на глобално ниво, деривати и одделно по региони за 2014 Западен Балкан година. 0% Развивањето на соработката, 1% Северноамериканска зона на вклучувајќи ја и економската слободна трговија со земјите од југоисточен 73% Медитеран или земјите од Организација за економска соработка на земјите од АзискоБарселонскиот процес кон пацифичкиот регион кој ќе се приклучи и Либија, Заедница на независни држави земјите од соседството (CIS и кавкаските земји) и земјите од Заливот, треба да се сфати како составен дел од нашиот ЕУ-интегративен процес. Ваквата стратегија се потпира на стратегијата на ЕУ со сите овие земји да гради, покрај другото, и слободна трговија на различни нивоа. Инаку, освен со Либија и Сирија, кои се суспендирани, ЕУ со сите земји од медитеранскиот регион развива асоцијативни договори. Овие договори, кои ја регулираат трговијата, се фокусирани на додатна либерализација на трговијата со земјоделски производи, натамошна либерализација на услугите и инвестициите, преговори во однос на меѓусебно ЕУ 27


четврток, 28 Ноември 2013, Бр. 158

БИЗНИС ИНФО

7

ИНТЕРВЈУ прифаќање на акредитациите и стандардите за индустриските производи, како и воспоставување длабока и сеопфатна зона на слободна трговија. ЕУ го поддржува зајакнувањето на либерализацијата на трговијата меѓу самите земји од Медитеранот, нечленки на ЕУ. Агадирската спогодба за слободна трговија (Тунис, Мароко, Јордан и Египет), на сила е од 2007 година и останува отворена и за другите медитерански земји. Израел и Јордан имаат потпишано Договор за слободна трговија. Египет, Израел, Јордан, Либан, Мароко, Палестина, Сирија и Тунис потпишаа договори за слободна трговија со Турција. Овие процеси ќе бидат извонредна можност за Република Македонија да ги прошири пазарите, а во контекст на Регионалната конвенција за пан-евро-мед преференцијални правила за потекло. 3. ШТО ТРЕБА ДА СЕ НАПРАВИ? Во функција на поттикнување и раст на извозот, неопходно е да се преземат конкретни мерки и активности од страна на: а) Компаниите За настап на пазарите во земјите со брзорастечки економии, подалечни извозни дестинации, имајќи го предвид нашиот извозен капацитет, вкупно и одделно по фирми, неопходно е формирање на стратешки алијанси од македонските извозници. Имено, недоволниот број на крупни стопаски субјекти налага формирање на стратешки алијанси (односно конзорциуми или сојузи), по можност и по пат на приватно јавно партнерство, не исклучувајќи ги регионалните алијанси, како коалиција на неколку извозници, формално независни, со цел обезбедување на поголема понуда по обем и квалитет за настап на новите пазари. б) Коморите Во функција на логистичка поддршка на членките, Коморите првенствено ќе треба да отворат листа на производи и на компании кои се подготвени да извезуваат во трети земји и истата да ја промовира преку коморската мрежа на соработка; Ќе се интензивираат досегашните форми на организирање на директни комуникации (мисии - директни посети на одредени извозни дестинации, одржување на бизнис-форуми, настап на саеми, видео-конференции, итн.).


БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 Ноември 2013, Бр. 158

ИНТЕРВЈУ в) Државата • Системска поддршка на извозот во согласност со начелата на СТО во функција на подинамичен пораст на извозот Неможноста за воведување на извозни стимулации може да се премости со други системски мерки, кои перманентно се спомнуваат од членките, како, на пример, финансиска поддршка за подготовка на производи за извоз, помош во намалување на трошоците согласно карактерот на производниот процес (за покривање на залихите), олеснет пристап до суровини за преработка, олеснет транспорт, во кој дел често се спомнува и олеснување во користењето на Солунското пристаниште како најевтин транспорт на македонските стоки, итн. • Проширување на мрежата на договори за одбегнување на двојното оданочување и заштита на странски инвестиции; • Взаемно признавање на сертификатите за потекло; • Взаемно признавање на јавните документи и исправи; • Олеснување на визните процедури. 4. ИМАМЕ ЛИ ШТО ДА ИЗВЕЗЕМЕ И ПОНУДИМЕ НА НОВИТЕ ПАЗАРИ? Окрупнувањето на македонската економија и здружувањето на компаниите во поголеми кластери е најважно за поддршка на македонскиот извоз, бидејќи како мали компании не може да направат значаен пробив на пазарот. Настапот на алтернативни, поголеми, далечни пазари, изискуваат обем на понудена количина на производ што домашните компании не секогаш се подготвени да ги изработат. За таа цел, потребно е: •

• • • • •

Настап преку конзорциум кој ќе понуди заеднички производ со повисоки вредности; Заеднички настап на компании од регионот на трети пазари (учество и меѓународни тендери и сл.); Надминување на проблемите со транспортната инфраструктура и побрзо подобрување на железничкиот, патниот и водниот транспорт во регионот; Заедничко финансирање на производството и трговијата, реализација на потенцијални развојни проекти, како индивидуални, така и на проекти за заеднички настап; Обука на кадри за следење на новите технологии, надминување на постојниот дефицит од одредени специфични профили во конкретни дејности; Соработка во насока на изработка на заеднички проекти за поголемо искористување на средставата од ЕУ-фондовите.


БИЗНИС ИНФО Скенирај и дознај повеќе

M

C

N IA

Што претставува сертификатот Excellent SME?

A

Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O

Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.

Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.

Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје

T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

E

S

E


10

БИЗНИС ИНФО

ПОСЕТИ

РАЗМЕНАТА ДАЛЕКУ ОД ЗАДОВОЛИТЕЛНА, ХРВАТСКА ТРЕБА ДА СТАНЕ ПЕТТИ ТРГОВСКИ ПАРТНЕР НА МАКЕДОНИЈА

четврток, 28 Ноември 2013, Бр. 158

Македонско-хрватски бизнис-форум со учество на министрите за економија на двете земји, Иван Врдољак и Ваљон Сараќини

Во рамките на официјалната посета на хрватската владина и бизнис-делегација на земјава во Стопанската комора на Македонија се одржа Македонско-хрватски бизнис-форум (25.11.2013 година). На Форумот присуствуваа министрите за економија на двете земји, Иван Врдољак, кој ја предводеше хрватската делегација и Ваљон Сараќини. Во преполнетата сала на присутните деловни луѓе од традиционално блиските деловни партнери им се обратија Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија и Весна Трнокоп-Танта, потпретседател на Стопанската комора на Хрватска. -Македонско-хрватските односи освен со билатерална и регионална димензија, сега се здобија и со ЕУ-димензија. Во рамките на ЦЕФТА, Хрватска е прв партнер по инвестиции во Македонија. Влегувањето на Хрватска во ЕУ на тие инвестиции може да им отвори нови пазари. Затворени во себе нема никаде да стигнеме! Македонија е јужна врата на Балканот, а Хрватска поседува 7 отсто од крајбрежјето на Медитеранот. Тие факти треба да се искористат во креирањето на инфраструктурни проекти со регионална и ЕУ-важност, а во функција на зајакнување на инвестиционите референци на регионот. Како пример, би истакнал дека ревитализацијата на железницата по Коридорот 10 е `рбетот на економијата на регионот. За оваа фаза на регионална економска консолидација, која е директен одговор на ЕУ-стратегијата Комуникативна Европа, но и на Стратегијата за Југоисточна Европа 2020, потребно е истата освен кај бизнис-


четврток, 28 Ноември 2013, Бр. 158

БИЗНИС ИНФО

11

ПОСЕТИ заедницата, да биде и во листата на политичките приоритети – без таа логистика невозможно е да се стигне до целта. Отворање на авионски линии меѓу Дубровник и Сплит и Скопје и Охрид би било значаен поттик за туризмот во двете земји, – истакна Бранко Азески. Република Хрватска е 12ти најголем трговски партнер на Р. Македонија во првите 8 месеци од 2013 година. Бројките говорат дека се потребни поголема ангажираност и напор за продлабочување на економската соработка, имајќи ја предвид, според оценките на Бранко Азески, слабата трговска размена од само 219 милиони американски долари во 2012 година. Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Хрватска во првите 8 месеци од 2013 година изнесува 142,4 милиони САД долари. Извозот е 66,5 милиони САД долари, а увозот изнесува 75,9 милиони САД долари. Евидентиран е трговски дефицит во износ од 9,5 милиони САД долари. И двајцата министри за економија беа согласни со констатацијата дека размената од околу 200 милиони евра лани, а се очекува толку да се достигне и годинава, е мала и непримерна за исклучително добрите политички односи и традиционалните деловни врски меѓу двете земји. Иван Врдољак спомена усте еден факт којшто ги загрижува државните администрации. Иако за хрватските бизнисмени Македонија е десетта инвестициска дестинација, сепак, кога ќе се погледнат бројките, тие вложувања се речиси симболични. Имено, во последните години хрватските компании во странство вложиле дури 4 милијарди евра, а од тоа само 75 милиони евра во земјава. -На двете земји речиси очајнички им треба растеж и нови работни места. Заради тие причини соработката максимално терба да се интензивира. Македонија може да им помогне на хрватските компании да влезат во соседните земји, и обратно. Но, треба и заеднички вложувања преку користење на европските претпристапни фондови, – истакна Иван Врдољак. Во текот на посетата на хрватската делегација беа потппишани и измените и дополнувањата на билатералниот Договорот за трговија и економска соработка. -Наша цел е во следните пет години Хрватска да се вброи меѓу петте трговски партнери на Македонија и на тоа упорно ќе работиме. Потребно е заеднички да се обидеме да освоиме и трети пазари, посебно оние кои се вон ЕУ и кои имаат високи стапки на раст. Заради поголема оперативност се договоривме да отвориме канцеларии во двете министерства кои во секој момент ќе


БИЗНИС ИНФО

12

четврток, 28 Ноември 2013, Бр. 158

ПОСЕТИ Обем на трговската размена на Република Македонија со Република Хрватска во периодот јануари – август 2013 година. (Во САД$) Извоз Количина во кг 49.216.186,00

Увоз Сума во САД $

66.467.120,00

Количина во кг 52.487.140,00

Сума во САД $ 75.950.384,00

Вкупно

Биланс

Сума во САД $

Сума во САД $

142.417.504,00

-9.483.264,00

Трговска соработка меѓу Р. Македонија и Р. Хрватска во периодот јануари – август 2013/јануари – август 2012 година. (Во САД $) Вкупна размена 2011

Извоз

2012

141.812.853

142.417.504

Индекс 100,4

2011

2012

65.914.701

66.467.120

Увоз Индекс 100,8

2011 75.898.152

2012 75.950.384

Индекс 100,06

Трговска соработка меѓу Р. Македонија и Р. Хрватска во 2012 година

Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Хрватска во 2012 година изнесува 219,3 милиони САД долари, што претставува пад од 19,8% во однос на претходната година. Извозот од 98,5 милиони САД долари е намален за 29,5%, а увозот од 120,8 милиони САД долари бележи пад од 9,3%. Остварен е негативен трговски биланс од 22,3 милиони САД долари. Хрватска е 12-ти најголем трговски партнер на Р. Македонија во 2012 година. Извоз Количина во кг

Увоз

Сума во САД$

Количина во кг

Во САД долари Вкупно

Сума во САД $

Количина во кг

Сума во САД $

84.393.557,00 98.499.711,00 109.596.019,00 120.778.425,00 193.989.576,00 219.278.136,00 Во поглед на застапеноста на производите во размената, во 2012 година, во структурата на извозот најмногу се застапени: • прехранбени производи (вклучително зеленчук и овошје) – 36 милиони САД $ (заедно со вино од свежо грозје – 7,8 милиони САД $); • полупроизводи и конструкции од железо и челик – 28,1 милиони САД $; • лекови и козметика – 8,9 милиони САД $; • тутун и цигари - 5,1 милиони САД $; • други седишта со дрвени рамки - 2,1 милиони САД $. • • • • •

Во увозното салдо најголемо учество имаат: прехранбени производи (вклучително зеленчук и овошје)- 55,3 милиони САД $; лекови, козметика и активни препарати за перење и чистење – 16,1 милиони САД $; балони, шишиња и други производи од стакло – 6,7 милиони САД $; хартија и картон - 4 милиони САД $; делови за апарати и уреди - 2,5 милиони САД $.

Приказ на директни инвестиции од Р. Хрватска во Р. Македонија 2012

2011

2010

Во мил. САД $ 3,27

11,3

0,06

2009

2008

Во мил. евра

Во мил. САД $

5,04

27,74

им бидат достапни на деловните луѓе и ќе им помогнат во решавањето во проблемите што се појавуваат при нивните бизнисангажмани, – подвлече Ваљон Сараќини. Весна Тронокоп–Танта ги издвојува енергетиката, транспортот, инфтраструктурата и информатичката технологија како подрачја каде може да се интензивира меѓусебната соработка: -Добро е да отпочнеме да ги разменуваме искуствата околу ЕУ-фондовите и да работиме на заеднички проекти со кои би искористиле средста од нив. Хрватската комора има огромни искуства на ова поле и стои на располагање на македонската страна.


четврток, 28 Ноември 2013, Бр. 158

БИЗНИС ИНФО

13

ПОСЕТИ

Бранко Азески и Весна Тронокоп–Танта, во присуство на двајцата министри и амбасадорите на двете земји, ја потпишаа иновираната Спогодба за соработка меѓу двете комори. Деловните луѓе проследија и низа презентации, а се одржаа и бројни билатерлани средби. Саво Пејчиновски

Постојан избран суд - Арбитража Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија e постојана арбитражна институција основана согласно со Законот за стопанските комори и Статутот на Стопанската комора на Македонија. Арбитражата при Стопанската комора на Македонија е надлежна за решавање спорови за права со кои странките можат слободно да располагаат и за кои со закон не е пропишана исклучива надлежност на судовите на Република Македонија, доколку странките ја договорат нејзината надлежност. Контакт: М-р Татјана Штерјова; тел: +389 (02) 32 44 065; e-mail: tatjana@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

14

четврток, 28 Ноември 2013, Бр. 158

РЕГУЛАТИВИ

ХРВАТСКА - ЦЕФТА – ЕВРОПСКА УНИЈА

Во рамките на ЦЕФТА Договорот, којшто Хрватска го применуваше до 1.7.2013 година и до влезот во ЕУ, хрватските производи имаа бесцарински пристап во земјите на ЦЕФТА, во целост или делумно, како што следува: • • •

во Албанија, Босна и Херцеговина, Молдавија и Косово извозот на хрватски производи беше без царина; во Македонија и Црна Гора бесцарински извоз на сите индустриски производи, а одредени земјоделски и прехранбени производи беа под царинска заштита или квоти; извозот во Србија за повеќето индустриски и земјоделски прехранбени производи беше без царина, со напомена дека постоеја концесии, квоти и одредени царински давачки за најчувствителните земјоделски прехранбени производи.

Со влегувањето во ЕУ, Хрватска мораше да ги напушти сите договори за слободна трговија кои беа склучени со земјите (ЕФТА, ЦЕФТА, Турција) и почна да ги спроведува оние договори кои ЕУ ги има склучено со трети земји. Конкретно, за земјите на ЦЕФТА тоа значи договорите за стабилизација и асоцијација (со Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора , Македонија и Србија). Бидејќи Косово нема потпишано никаков трговски договор со ЕУ, на сите хрватски / европски производи при извоз во Косово се плаќа основната стапка на царина којашто во Косово е единствена и изнесува 10%, додека со царина е оптоварен и извозот во Молдавија којшто во рамките на ЦЕФТА беше потполно слободен. Од друга страна, Хрватска целосно го отвори својот пазар, како и ЕУ, за сите производи кои потекнуваат од ЦЕФТА-земјите, под услов тие да ги исполнуваат европските стандарди. Одредени производи се` уште се заштитени и на европскиот пазар, а тоа се: телешкото месо (baby-beef), виното, шеќерот и рибата.

Ситуацијата, по влегувањето на Хрватска во ЕУ е следна: • Во трговијата со индустриски стоки на Европската унија / Република Хрватска со Република Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Република Македонија се применува нулта царинска стапка. • Во трговијата со индустриски стоки на ЕУ / Република Хрватска со Република Србија се применуваат


четврток, 28 Ноември 2013, Бр. 158

БИЗНИС ИНФО

15

РЕГУЛАТИВИ

нулта царински стапки, освен за помал дел на производи на кои се применуваат намалени царини за периодот од 1 .7.2013 до 31.12.2013 година. Во трговијата на земјоделски прехранбени производи се применуваат царини во согласност со Спогодбата за стабилизација и асоцијација на Европската унија со Република Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Република Србија.

Свесни за промените кои со влегувањето на Хрватска во ЕУ да одвиваат во поглед на измените на трговските услови на работење, а целта не е нарушување на постојните трговски односи, Европската комисија во 2012 година, по добивањето на мандатот од страна на Советот на ЕУ, иницираше процес на преговори со потписничките на Спогодбата за стабилизација и асоцијација за изменување и дополнување на постојните одредби на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, водејќи се од интересот за задржување на традиционалните трговски врски меѓу Хрватска и ЦЕФТА-земјите. Ист процес е воден и при претходните два процеса на проширување, а и со самите спогодби за стабилизација и асоцијација е дефинирано дека секоја потписничка ќе отвори преговори за изменување, односно за технички адаптации на спогодбите за стабилизација и асоцијација во случај на прием на нови членки на ЕУ.

ЕФЕКТОТ ВРЗ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ОД ВЛЕГУВАЊЕТО НА РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА ВО ЕУ Постигнатата либерализација на трговијата со ЕУ во рамките на договорите за стабилизација и асоцијација се основите на идните трговски режими со Хрватска. Соодветно на тоа, и хрватските производи ќе имаат поинакви билатерални трговски режими од досегашните базирани врз основа на ЦЕФТА-договорот. Во однос на Македонија, реципрочно и натаму ќе биде слободен извозот и увозот на индустриските производи, но увозот на земјоделско-прехранбени производи ќе биде на повисоко ниво на заштита во Македонија, согласно Договорот за стабилизација и асоцијација. Извозот од Македонија во ЕУ, во целост е либерализиран, освен за бејбибиф, шеќер, риба (пастрмка и крап) и преработки и вино што автоматски ќе се применува и во Хрвтска. Сега, согласно ЦЕФТА, македонскиот извоз во Хрвтска е либерализиран освен за 23 чувствителни производи за кои се применуваат квотите или се применуваат царини за најповластена нација (свинско и овчо месо, домат и преработки, краставица и преработки, друг конзервиран зелунчук, јаболко, брашно, сувомесни преработки, шеќер, вино, тутун, цигари). Во увозот од Хрватска 22 чувствителни производи со заштита се свинско месо, млеко, павлака, сирење и урда, пченица, пченично брашно, сончогледово масло, колбаси, други подготвени или конзервирани производи од месо, шеќер, супи чорби, вино, тутун и цигари. Заштита за овие производи се предвидените квоти и примена на намалени царини во случај ако тие се пополнат. При увозот од ЕУ, на 494 производи од тарифните глави 1- 24 се применува царинската заштита и истата се имплементира и на увозот од Хрватска со нејзиното членство во ЕУ. Тоа значи дека се намалува трговската либерализација за земјоделскопрехранбени производи постигната во рамките на ЦЕФТА. Од јуни 2013 година Република Македонија ужива асиметричен трговски режим во однос на Хрватска.

ЦРНА ГОРА Хрватската страна ги поддржа техничките адаптации на Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Црна Гора поради пристапувањето на Република Хрватска во Европската унија. Со техничка адаптација на Спогодбата овозможена е имплементација на принципите на традиционалната трговска размена меѓу Република Хрватска и Црна Гора, а истите се применуваат од 1 јули 2013 година. Согласно наведеното, при увозот на стоки со потекло од ЕУ / Република Хрватска во Црна Гора за живина е отворена квота од 500 тони по повластени царински стапки во рамките на квотата од 20% од најповластена нација , сирење 65 тони - 30 % од најповластена нација, месни преработки 130 тони - 30 % од најповластена нација, подготвени и конзервирани сардини 2001 -0 %, подготвена и конзервирана туна 75 тони - 0%, подготвена и конзервирана скуша 30 тони - 0 %, минерална и газирана вода 240 000 литри - 0 %, друга вода 430 000 литри - 0 % и вода со додаток на шеќер и безалкохолни пијалаци 810 000 литри - 0 %. Наведените квоти се на годишно ниво.


16

БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 Ноември 2013, Бр. 158

УСОГЛАСУВАЊА АЛБАНИЈА Хрватската страна ги поддржа техничките адаптации на Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу европските заедници и нивните земји-членки и Република Албанија поради пристапувањето на Република Хрватска во Европската унија. Со технички адаптации на Спогодбата овозможено е применување на начелата на традиционалната трговската размена меѓу Република Хрватска и Република Албанија. На Република Хрватска се` уште не и` е познат датумот на примена на Дополнителниот протокол. МАКЕДОНИЈА Текстот на Дополнителниот протокол, како и датумот на применување, не е доставен до хрватската страна.

СРБИЈА Според се` уште неофицијални извори, Србија се согласила со барањето на ЕК за увоз на цигари од Хрватска, односно од ЕУ по повластен третман, односно предвидена е квота од 25 тони, на која ќе се применува царина од 10 % и дополнителна квота од 1.600 тони, на којашто ќе се применува царина од 15%. Надвор од квотата е основна царина во износ од 56,7 %. БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА Ситуацијата во БиХ е многу посложена. Преговорите за технички адаптации не се завршени, со оглед на фактот дека страната на БиХ не се согласила преговорите за Дополнителниот протокол да се водат по начелата на традиционалната трговија.

Колку е погоден хрватскиот извоз? Се проценува дека се работи за износ од околу 200 милиони САД долари извоз на земјоделски прехранбени производи, на кои, по влезот во ЕУ, им е зголемена царината. 15 % од вкупниот извоз на земјоделски прехранбени производи се погодени, односно околу 30 % од извозот на земјоделски прехранбени производи во ЦЕФТА-земјите се погодени со зголемување на царината и со промените на трговските услови по влегувањето во ЕУ. ЦЕФТА за Хрватска претставува пазар на кој се пласираат околу 20 % од вкупниот извоз, а околу 6% од вкупниот увоз доаѓаат од ЦЕФТА. Во ЦЕФТА се извезуваат 44 % од вкупниот извоз на земјоделски прехранбени производи, а ако 30 % од нив се погодени од влошените услови, последиците се огромни. Во првите седум месеци извозот во ЦЕФТА е намален за 8% во споредба со првите седум месеци од 2012 година, додека извозот во ЕУ е незначително зголемен. Увозот, од друга страна, е незначително намален, и од ЦЕФТА и од ЕУ, но затоа увозот на земјоделски прехранбени производи од ЕУ е зголемен за дури 21 %. Тоа се должи на отворањето на хрватскиот пазар за сите земјоделски прехранбени производи.


четврток, 28 Ноември 2013, Бр. 158

Mакедонско-египетски бизнис-форум во Стопанската комора на Македонија

БИЗНИС ИНФО

17

МОЖНОСТИ

СКЕНИРАЊЕ НА МОЖНОСТИТЕ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Eгипетската бизнис aсоцијација – ЕБЈ организираше Македонско-египетски бизнис-форум и бизнис-средби со компании од Египет (26.11.2013 година). На Форумот што се одржа во Стопанската комора на Македонија, учествуваа десетина египетски компании од областа на транспортот и логистиката, градежништвото, текстилот, туризмот, земјоделието и прехранбената индустрија, како и нивни потенцијални деловни партнери од земјава. Целта на Форумот и билатералните средби по нивното одржување беше токму запознавање на бизнисмените од Египет со можностите за инвестирање во земјава и со потенцијалите за водење бизнис, како дел од нивната експлораторна бизнис-мисија на Балканот. Како што наведе Глигор Цветанов, претседател ан Клубот за соработка со земјите од Магреб и со Блиски Исток, потребно е да се возобнови тредиционалната трговска размена со земјите од Блискиот Исток која потекнува уште од времето на Отоманскиот период, во првата половина на 20-от век, и по Втората светска војна. Република Македонија својот хендикеп на мала земја и мал пазар го има надминато со Стратегијата за либерализација на трговијата со ЕУ, ЕФТА ЦЕФТА (Србија, БиХ, Црна Гора, Косово, Албанија и Молдавија), Турција и Украина. Билатералната трговија со Египет, иако повеќе од скромна, е најголема споредбено со другите земји од Северна Африка, Блискиот Исток и земјите од Заливот. Вкупната трговска размена во последните 2 години се движи нешто над 6 милиони САД $, најголема во 2007 година – над 7 милиони САД $, од кои над 5 милиони САД $ се увоз и повеќе од половина милион САД $ извоз. Обемот на билатералната трговска размена и нејзината структура не треба да не` обесхрабрат, - порача Цветанов. Напротив, економската соработка со Египет, како земја-потписничка на Регионалната конвенција за паневро-мед преференцијални правила за потекло, како и Македонија, е дел од процесот на евроинтеграции. По 2015 година кога Регионалната конвенција ќе биде во сила, ќе се воспостави зона на слободна трговија и дијагонално поврзување на потеклото на стоките – пан-европската кумулација меѓу земјите од Барцелонскиот процес (вклучително и Египет), ЕУ , ЕФТА, ЦЕФТА и Турција, - истакна Цветанов. - Македонскиот пазар е особено привлечен за нас. Дојдовме тука да ги скенираме деловните можности зашто сме заинтересирани за инвестиции. Ги испитуваме условите за соработка со сите земји од регионот. Веќе ги посетивме Грција и Албанија, следуваат Бугарија и Косово, изјави Ахмет Машур, изјави Ахмет Машур, генерален секретар на египетската бизнис асоцијација пред почетокот на Форумот. Компании од Египет се заинтересирани за инвестирање во Македонија, особено во делот на реализирање заеднички туристички понуди. Македонија и Египет, нагласи, мора да ги интензивираат економските односи. Голем пропуст е што досега не се работело повеќе во оваа насока. Недостигаат и спогодби


БИЗНИС ИНФО

18

четврток, 28 Ноември 2013, Бр. 158

МОЖНОСТИ кои би ја поттикнале размената. -Направено е многу во досегашниот период да се интензивираат економските односи меѓу двете земји, - истакна Миле Манолев, амбасадор на Република Македонија во Египет. Иницијативата започна токму во Стопанската комора на Македонија пред четири години, кога на средбата со бизнисмените беше истакнато дека македонскиот извоз мора да бара алтернативни пазари како што се земјите од Блискиот Исток и од Магреб. - Очекуваме многу скоро да биде потпишан договорот за слободна трговија што ќе биде огромен бенефит бидејќи Египет е влезот за Македонија на северноафриканскиот и арапскиот пазар, - рече амбасадорот Миле Манолев. За време на Бизнис-форумот беше потпишана Спогодба за соработка меѓу Клубот за соработка со Магреб и Блиски Исток и Египетската јуниор бизнис асоцијација, која ќе пружи формална рамка за интензивирање на економската соработка и зајакнување на трговската размена. Деловните луѓе проследија и низа презентации за водење бизнис и инвестирање во двете земји, а се одржаа и бројни билатерални средби. Претходно делегацијата од Египет оствари средба со раководството на Регионалната комора со седиште во Охрид кадешто разговараа за туристичките потенцијали на Охрид и за интензивирање на туристичката понуда и зголемување на бројот на туристи во двата правци.

Влатко Стојановски

Надворешно-трговска размена меѓу Република Македонија и Арапската Република Египет

НАЈБЛИЗОК ТРГОВСКИ ПАРТНЕР МЕЃУ АРАПСКИТЕ ЗЕМЈИ

Вкупната трговската размена меѓу Македонија и Египет во првите 8 месеци од 2013 година изнесува 3,9 милиони САД$ и бележи раст од 0,9%. Трговска размена за периодот јануари – август 2013 година Име на земја Извоз Увоз Вкупно Количина Сума во Количина Сума во Количина Сума во во кг САД$ во кг САД$ во кг САД$ Египет 169.315,00 377.561,00 7.542.497,00 3.521.748,00 7.711.812,00 3.899.309,00 Извозот кој изнесува 377 илјади САД $ е намален за 16,6%, а увозното салдо од 3,5 милиони САД $ бележи раст од 3,1%. Споредбен приказ за трговска размена за периодот јануари-август 2013/ јануари – август 2012 година Вкупна размена Извоз 2012 2013 Индекс 2012 2013 3.864.045,00

3.899.309,00

100,9

446.695,00

377.561,00

Индекс

2012

Увоз 2013

83,4

3.417.350,00

3.521.748,00

Надворешно-трговска размена меѓу Република Македонија и Арапската Република Египет Трговска размена за периодот јануари – декември 2012 година

Индекс 103,1


БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 Ноември 2013, Бр. 158

19

МОЖНОСТИ Име на земја

Извоз Количина Сума во во кг САД$

Увоз Количина во Сума во кг САД$

Вкупно Количина во Сума во кг САД$

Египет 208.850,00 751.191,00 25.430.717,00 5.316.525,00 25.639.567,00 6.067.716,00 Вкупната трговската размена меѓу Македонија и Египет во 2012 година изнесува 6 милиони САД$. Во поглед на извозот кој изнесува 751 илјади САД $, единствено се издвојуваат: други делови и прибор за каросерии и делови на шински и трамвајски локомотиви и шински возила. Увозното салдо од 5,3 милиони САД $ го сочинуваат: чист натриум хлорид и сол, полиетилен, грав, портокали, фунгициди, шприцеви, игли и памучни ткаенини со помала вредност. Трговска размена во 2011 година Име на земја

Извоз Количина Сума во во кг САД$ 575.015,00 552.951,00

Увоз Вкупно Количина во Сума во Количина во Сума во кг САД$ кг САД$ 28.053.317,00 5.765.927,00 28.628.332,00 6.318.878,00

Египет Вкупната трговска размена меѓу Република Македонија и Арапската Република Египет во 2011 година изнесува 6,3 милиони САД $, извозното салдо е 553 илјади САД $, додека увозот изнесува 5,7 милиони САД. СТОКОВНА РАЗМЕНА (2005/2012), во САД долари Извоз Увоз Вкупно

2005 581.2880 1.145.082 1.726.370

2006 2.427.029 3.293.424 5.720.453

2007 1.718.869 5.356.074 7.074.943

2008 2.513.271 4.958.680 7.471.951

2009 3.587.543 3.964.298 7.551.841

2010 1.217.154 4.614.368 5.831.522

2011 552.951 5.765.927 6.318.878

2012 751.191 5.316.525 6.067.716

Трг. салдо

-563.794

-866.395

-3.637.205

-2.445.409

-376.755

-3.397.214

-5.212.976

-4.565.334

Во билатералната трговска размена со арапските земји, Египет е меѓу првите трговски партнери на Република Македонија по обемот на размената. Проценката е дека тоа се должи не само на традиционалните трговски врски од пред дваесет години, туку и на фактот дека во Египет повеќе години Република Македонија има амбасада и дека со Египет имаме постигнато одредена правна рамка која дава извесни гаранции за одвивање на трговската размена. 10000000 Прекинот од две децении во 8000000 стопанската соработка, кога СФРЈ имаше трилатерален договор за 6000000 преференцијална трговија со Египет 4000000 и Индија, има создадено вакуум во Извоз Увоз однос на размената на меѓусебни 2000000 Вкупно информации, што влијае на довербата Трг. салдо меѓу потенцијалните партнери. 0 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 Економските односи со Египет не треба -2000000 да се набљудуваат само во контекст на билатералните односи, туку и -4000000 во контекст на мултилатералните -6000000 Евромедитеранската унија и како исчекор во Африка.


БИЗНИС ИНФО

20

четврток, 28 Ноември 2013, Бр. 158

ТРЕНДОВИ

ИНОВАТИВЕН И РЕВОЛУЦИОНЕРЕН МАРКЕТИНГ ЗА ОПСТОЈУВАЊЕ НА ПАЗАРОТ

Предавање од професор Виторио де Педис во Стопанската комора на Македонија во соработка со Универзитетот Американ Колеџ – Скопје

Во насока на успешната соработка со Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС), во Стопанската комора на Македонија на 22.11.2013 година, беше организиран настан на кој компаниитечленки на Комората имаа можност да учествуваат на предавање на тема: Иновативен и револуционерен маркетинг (Innovation and Revolutionary Marketing). Големиот број посетители само ја потврди актуелноста на темата и значајноста да се слушне реномиран предавач од рангот на д-р Виторио де Педис (Vittorio de Pedys) професор на ESCP-EAP Европската школа за менаџмент во Торино. Настанот го отвори Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија, кој ја нагласи важноста од поврзување на науката и реалниот сектор и можноста преку ваков тип на предавања компаниите да се стекнат со дополнителни знаења пренесени од врвни експерти од областа. Свое излагање имаше и деканот на Школата за Бизнис економија и менаџмент, проф. Никица Мојсоска Блажевски, која го претстави пред присутните проф. Виторио де Педис и неговите достигнувања и искуство во областа на финансиите, банкарството, лидерството и слично. За време на предавањето професорот Виторио де Педис им ги доближи на слушателите најновите трендови во маркетингот, употребата на нови технологии при создавањето на креативни и иновативни маркетинг-кампањи. Особено внимание се посвети на иновативноста и револуционерноста во маркетингот, две основни алатки за компаниите кои треба да ги инкорпорираат во своето работење со цел да опстојат на пазарот на којшто делуваат турбулентни сили. Во своето предавање проф. Виторио де Педис ги претстави 6-те начини (патишта) на освојување поголем дел од пазарот преку примери од најдобрите практики на успешните компании. Стопанската комора на Македонија му додели благодарница на проф. Виторио де Педис за неговиот придонес во пренесување на знаење, а преку тоа и на еден начин подобрување на бизнис-климата во Република Македонија. Инаку, Виторио де Педис (Vittorio De Pedys) е професор на ESCP-EAP Европската школа за менаџмент во Торино. Во последните две години е предавач и на обуки за менаџери на средно и високо ниво. Негови области на експертиза се Банкарство, Корпоративни финансии, Финансиски пазари, Лидерство итн. За ESCP Europe тој предава и на MBA курсеви, а од 2009 година е визитинг професор и на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. ESCP Europe е високообразовна институција со кампуси во Париз, Лондон, Берлин, Мадрид и Торино, акредитирана од неколку тела за акредитација. Симона Ристоска


четврток, 28 Ноември 2013, Бр. 158

Асоцијацијата на секундарни суровини и рециклатори за последните измени и дополнувања на Законот за управување со отпад

БИЗНИС ИНФО

21

ПОРАКИ

ПОЗИТИВЕН ОДРАЗ НА ДЕЈНОСТА

Последните измени и дополнувања на Законот за управување со отпад („Сл. весник на РМ“ бр. 147/2013) ќе имаат позитивен одраз врз вршењето на дејноста управување со секундарни отпадни суровини, - беше констатирано на седницата на Асоцијацијата на секундарни суровини и рециклатори при Стопанската комора на Македонија. Претставници на Управата за животна средина и на Министерството за животна средина и просторно планирање ги образложија новите законски решенија согласно последните измени и дополнувања на Законот за управување со отпад, при што констатираа дека неколкумесечниот конструктивен дијалог со претставниците на бизнис-секторот даде позитивни резултати. Со примената на новите законски решенија реално е да се очекува надминување на претходно присутните проблеми и ограничувачки фактори во дејноста. Покрај другите измени, новина во Законот е забраната за вршење на дејноста трговија со неопасен отпад, освен доколку правното или физичкото лице поседува дозвола за вршење на дејноста складирање, третман и/или преработка на отпад, со исклучок кога се работи за неопасен отпад кој потекнува од сопствено производство, неопасен отпад кој потекнува од оштетена и употребена сопствена опрема и продажба на неопасен отпад од страна на индивидуални собирачи на отпад доколку купувачите поседуваат соодветна дозвола. Исто така, Законот попрецизно го регулира и откупот на производите и материјалите што се во општа употреба. Иако дел од донесените измени во Законот се доста порестриктивни, членките на Асоцијацијата ги ценат како особено корисни за воспоставување поголем ред во управувањето со неопасен цврст отпад. Зорица Мешкова

Регионална комора со седиште во Кавадарци

ПОГОЛЕМ ОДЗИВ НА КОМПАНИИТЕ СО ПРОЕКТИ ПРЕД ЕВРОПСКИТЕ ФОНДОВИ Регионалната комора со седиште во Кавадарци на 20.11.2013 година ја одржа својата трета седница на Управниот одбор, под раководство на претседателот Митко Јанчев. На седницата во просториите на „Кожувчанка“, пред повеќе од 20 претставници на компании од регионот, се одржаа презентации на тема: „Како до зголемена конкурентност со кофинансирање во рамките на Европските фондови?“, како и за Постојаниот избран суд (Арбитража) при Стопанска комора на Македонија.

Јадранка Аризанковска, виш советник во Стопанската комора на Македонија, презентираше


БИЗНИС ИНФО

22

четврток, 28 Ноември 2013, Бр. 158

ПОРАКИ што се` им е достапно на компаниите за зголемувањето на инвестициите и извозот, како и поголема конкурентност со кофинансирање во рамките на ЕУ-фондовите и достапните финансиски инструменти, што понатаму би довело до зголемени инвестициски можности на компаниите, а со тоа и поттикнување на процесот на развој на извозно ориентирани производи. За присутните на седницата беа презентирани и други достапни финансиски извори на средства: достапни преку МБПР со кредитните линии (ЕИБ кредитни линии, микрокредитни линии за прехранбениот сектор, за хотели, за поддршка на извоз), потоа од ЕБРД со кредитни линии за конкурентност и WBEIF со кредитни линии за енергетска ефикасност. Беа презентирани и новите програми кои ќе бидат многу подостапни до приватниот сектор и од кои ќе може да се искористат средства за финансирање на проекти. Тоа се: „КОСМЕ“ (COSME 2014-2020), наменета за малите и средни претпријатија и екоиновации и „ХОРИЗОН“ којашто е програмата за интелигентна енергија и обновливи извори, каде главен акцент ќе биде ставен на финансиските инструменти (2 милијарди евра). Во следниот програмски период програмите на Европската комисија „Косме“ и „Хоризон 2014-2020“ ќе ги заменат програмите ЦИП и ФП7 2007-2013 . Стопанската комора на Македонија бара поддршка од Владата на Република Македонија во финансирањето на приватниот сектор и конкретно формирање на Гарантен фонд со кој ќе се овозможи полесен пристап до финансиските инструменти и финансиите од ЕУ-фондовите, а со тоа и поголем број на апликации од страна на компаниите. ИПА фондовите за периодот од 2007-2013 се` уште се активни, меѓутоа, факт е нивната слаба искористеност. Стопанската комора на Македонија активно учествуваше во изработката на ИПА за наредниот период со цел ИПА 2014-2020 да има секторски пристап и поголема достапност за приватниот сектор и бизнис-асоцијациите. Во рамките на ИПА е и Програмата за прекугранична соработка која е доста интересна за регионите, со многу средства наменети за прекуграничен развој и проширување на деловните активности. Тоа се отворени програми за погранична соработка на македонските институции со Бугарија, Грција и Албанија, а од оваа година и со Косово. Во овие програми нема пристап приватниот сектор.

Татјана Штерјова од Стопанската комора ги презентираше организацијата, улогата, значењето и работата на Постојаниот избран суд при Стопанска комора (АРБИТРАЖА), како и надлежноста и составот на арбитражните судови и правилата на постапката пред арбитражните судови во споровите, со и без меѓународен елемент. Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Кавадарци донесе заклучок Стопанската комора на Македонија да се заложи кај Владата за учество на компаниите од регионот во расправите пред донесувањето на законите од значење за компаниите. Венера Андриевска


четврток, 28 Ноември 2013, Бр. 158

БИЗНИС ИНФО

23

СОБИРИ Дводневна регионална конференција за ЕЕН мрежата во Белград, Република Србија, на националните конзорциуми од Југоисточна Европа

ПРОДОЛЖУВА КОНТИНУИРАНАТА ПОДДРШКА ЗА МАЛИТЕ И СРЕДНИТЕ КОМПАНИИ

Европската мрежа на претприемништвото (ЕЕН) е една од најуспешните проекти на Европската унија за Југоисточна Европа. Таа се занимава со клучните прашања и проблеми на економијата на регионот, особено на малите и средните компании, особено со: недостаток на конкуренција, технолошката заостанатост, немањето концепт на интернационализација на бизнисот и негово финансирање. Конкретен резултат од овој проект треба да биде заеднички настап на компании од регионот на трети пазари, истакна - истакна Михаило Весовиќ, потпретседател на Стопанската комора на Србија на Регионалната конференција на Европската мрежа на претприемништво (ЕЕН) за конзорциумите во регионот на Југоисточна Европа (Словенија, Хрватска, Црна Гора, Македонија и Србија ), што се одржа во Стопанската комора на Србија (25 и 26.11.2013 година). Во средината на следната година малите и средните претпријатија од Западен Балкан ќе може да го користат и Регионалниот фонд на претприемачки капитал, - објави Ана Трбовиќ, советник на српскиот министер за економија. Според Трбовиќ, фондот е наменет за развој на мали и средни претпријатија и се очекува да има на располагање 140 милиони евра, наменети за различни иницијативи, гаранции и техничка помош за бизнисите. Србија во овој фонд ќе учествува со 300.000 евра. Се очекува српските компании да обезбедат дополнителни извори на финансирање, што во моментов е најголемата пречка за нивниот развој и за таа цел Србија има намера да формира сопствен фонд за финансирање во кој ќе учествуваат Европскиот инвестициски фонд, Европската инвестициона банка, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и мал дел од државниот буџет на регионот. Менаџер на овој фонд ќе биде приватна компанија, која на комерцијална основа ќе избира капитални проекти кои се добри и треба да се финансираат од Фондот. Србија моментално има голем дел од капитални проекти кои ќе бидат одобрени и реализирани, - истакна Трбовиќ. Координаторот на Европската мрежа на претприемништвото во Србија, Милош Игњатовиќ, изјави дека Европската комисија минатата недела ја усвои Pрограмата за конкурентност на мали и средни претпријатија со вкупна вредност од 2,3 милијарди евра во текот на следните седум години. Тој потсети дека Европската мрежа на претприемништво е активна во повеќе од 58 земји ширум светот, додавајќи дека таа ќе продолжи да игра значајна улога за поддршка на компаниите и ќе се фокусира на интернационализација, бизнис-експанзија и воспоставување на прекугранични партнерства. Заменик-министерот за регионален развој и локална самоуправа Дејан Радуловиќ, истакна дека овој проект и понатака ќе биде подdржуван од страна на ова Министерство. На оваа регионална конференција ЕЕН-тимовите разменија искуства, со цел да се подобри ефикасноста на испораката на услуги на клиентите на ЕПС, а кои се однесуваат на подготовка на бизнис-профили, женско претприемништво, трансфер на технологија, правата на интелектуална сопственост и здружување во кластери. Новите ЕЕН-препораки и процедури за Хоризонт 2020 се` уште не се јасни и прецизирани од страна на ЕАКИ – Европската aгенција за конкурентност и иновативност. Очекувањaта се тие да бидат прецизирани со повиците во јануари 2014 година. Ирена Мојсовска


24

БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 Ноември 2013, Бр. 158

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

ДОНАЦИИ ЗА ДОБРОТВОРНИ ОРГАНИЗАЦИИ, НО И ПРОМОЦИЈА НА МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОДИ

Македонски компании на НАТО Добротворен базар 2013 во Брисел

На 17 ноември 2013 година во седиштето на НАТО во Брисел се одржа традиционалниот НАТО Добротворен базар 2013. Ова е најголемиот социјален настан што се организира во НАТО веќе 44 години по ред и има за цел прибирање средства за помош на различни добротворни организации лоцирани во земјите-партнери и членки на НАТО. Од вкупно триесетина проекти кои ќе добијат средства од Базарот, еден е од Република Македонија. Подготовките за Базарот и прибирањето на средствата се одвиваат во текот на целата година. На Базарот сите земји-членки и партнери на НАТО се претставуваат со свои производи и храна. Покровител на НАТО Базарот е сопругата на генералниот секретар на НАТО, Ане - Мете Расмусен, која го посети и македонскиот штанд, му честиташе на амбасадорот на РМ во НАТО и на Воениот претставник на РМ за богатата понуда на македонски производи. Воедно, тој изрази благодарност за поддршката која Република Македонија ја дава на овој значаен настан во НАТО. Мисијата на Република Македонија при НАТО секоја година е дел од овој Базар, поддржана од Министерството за одбрана на РМ и АРМ, Стопанската комора на Македонија и Министерството за надворешни работи на РМ. НАТО Добротворниот базар стана препознатлив настан и меѓу македонските фирми, кои секоја година во се` поголем број се вклучуваат со свои донации на македонски производи и рекламен материјал. Оваа година на македонскиот штанд беа претставени следните фирми: Сковин, Стоби, Тиквеш, Прилепска пивара, Винчини, Европа, Дониа, Витаминка, Бучен Козјак, Бимилк, MAMA’S, Випро, Мелагро, Везе Шари, ДИЈАГ, општините Битола и Прилеп, Пајдаков, ДБ – Битола, Дуле Стил 099, Нелина, Ренова, Разлади ЕМ-АА - Кичево, и Дуропак.

Владимир Поповски

ЕЛЕМ почнува со активностите за изградба на систем за топлификација во Битола

ВО ПРВАТА ФАЗА ИНВЕСТИЦИЈА ОД 66,6 МИЛИОНИ ЕВРА АД „Електрани на Македонија“ почнува со подготовка на проектната документација потребна за изградба на системот за топлификација во Битола. Вкупниот износ на инвестицијата во првата фаза е 66.650.000 евра. Дел од тие средства, соопшти компанијата, би се обезбедиле од заем вреден 57.000.000 евра за што германската КFW Банка веќе изрази


четврток, 28 Ноември 2013, Бр. 158

БИЗНИС ИНФО

25

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА подготвеност за соработка, додека останатиот дел ќе ги обезбеди АД ЕЛЕМ од тековното работење. Фирмата изведувач „Енергосистем“ од Скопје до второто полугодие од 2014 година треба да изработи проект за инфраструктура за транспортен вреловод и вреловодна дистрибутивна мрежа. Ќе бидат изработени и основните проекти за изградба на транспортен вреловод, примарна и секундарна мрежа, локални предавателни пумпно - топлински станици за населбите Новаци и Логоварди, како и локална примопредавателна пумпнотоплинска станица за потребите на земјоделските оранжерии. До крајот на јуни наредната година ќе биде завршен и основниот проект за изградба на вреловодна станица во РЕК „Битола“ со моќност од 200 мегавати топлинска енергија. Во рамки на инвестицискиот зафат за топлификација на Битола, веќе е изведена реконструкција на турбините на два термоблока во РЕК „Битола“ , зафат во вкупна вредност од 4 милиони евра. Во текот на модернизацијата на РЕК Битола, во два термоблокови целосно е овозможено регулираното одземање на пареа со вградување на обвојници на новите преструјни цевководи помеѓу цилиндрите за висок и низок притисок. По изготвувањето на проектната документација, АД ЕЛЕМ ќе распише меѓународен јавен повик за изведувач на изградбата на топлификационата мрежа по чиј избор ќе почнат и градежните работи на терен. Со цел да се анализира оправданоста на изградбата на централен топлификационен систем во Битола и околината, изготвена е техно-економска студија за избор и концепција на централен топлификационен систем базиран на топлинска енергија од РЕК „Битола“. Со студијата, изработена од загрепскиот ЕКОНЕРГ- институт за енергетика и заштита на животната средина, е конципиран централниот топлификационен систем и елементите кои влегуваат во неговиот состав. Со воведувањето топлинската енергија за греење во дел од Пелагонискиот регион, значително ќе се намали потрошувачката на електрична енергија за греење и ќе се зголеми сигурноста и доверливоста на дистрибутивната мрежа во Битола и околината. Значително ќе се намали и употребата на нафта и огревно дрво во домаќинствата, што дополнително ќе ја редуцира емисијата на стакленички гасови. Проектот се очекува целосно да биде реализиран во наредните неколку години. (МИА)

Нова експозитура на Халкбанк во Ѓорче Петров

ДОПОЛНИТЕЛНА МОЖНОСТ ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ ВО ОПШТИНАТА

Халкбанк ја отвори својата 28 експозитура во Македонија во населбата Ѓорче Петров. Како што информираат од банката се работи за уште еден успешен чекор на оваа институција како сериозен партнер на македонското банкарство, со цел континуирано да биде чекор поблиску до своите клиенти и квалитетно да одговори на секојдневните банкарски потреби на граѓаните. - На овој начин банката создаде дополнителна можност за развој на бизнисот во општината, во исто време нудејќи им поддршка на веќе постоечките компании во нивното деловно


26

БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 Ноември 2013, Бр. 158

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА работење, информираат од Халкбанк. На свеченоста по повод отворањето на новата филијала пред присутните се обрати главниот извршен директор Неџдет Палакчи, изразувајќи го своето задоволство од проширувањето на мрежата на банката низ Македонија. Во новата филијала ќе бидат достапни сите производи и услуги на Халкбанк: штедни влогови, платен промет во земјата и странство, електронско банкарство, кредитирање на правни и физички лица, брз трансфер на пари преку Вестерн Унион, вадење ВИСА, Мастер Kард и Маестро платежни картички и др. (Халкбанк)

Нова кампања на УНИЦЕФ и Фондацијата Т-Мобиле

„ПРВИТЕ 5 СЕ НАЈВАЖНИ НА СВЕТ“ Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Фондацијата Т-Мобиле за Македонија ја претставија кампањата „Првите 5 се најважни на свет“, која има цел да ја промовира важноста на развојот на раното детсво и да мобилизира поддршка за отворање нови центри за ран детски развој (26.11.2013 година).

децата во најважните години од животот - првите пет.

Кампањата е одговор на потребата од поддршка за родителите и старателите за подобро да ги разберат развојните потреби на

- Преку кампањата сакаме да им помогнеме на родителите да научат како подобро да се грижат за децата во првите пет години од животот, како да бараат подеднакво квалитетна грижа од другите возрасни што се грижат за нив без оглед дали тоа се наставници, воспитувачи, негувателки или членови на семејството, рече претставникот на УНИЦЕФ Бертран Демулен. Кампањата исто така е одговор на потребата од зголемен пристап до услуги за ран детски развој. Во моментот вакви услуги даваат единствено градинките кои се финансирани од државата и мал број центри за ран детски развој кои беа отворени со помош на УНИЦЕФ. Иако пристапот до овие услуги е двојно зголемен од 2005 година до сега, во моментот само едно од пет деца или 22 проценти на возраст од три до пет години посетува градинка или центар за ран детски развој. Кампањата има за цел и да мобилизира поддршка од повеќе чинители како општини, приватни компании и поединци за да се обезбеди пристап до квалитетни програми за ран детски развој за што повеќе деца. На почетокот од годината, во рамките на партнерството со УНИЦЕФ, Фондацијата Т-Мобиле за Македонија се заложи да донира 50.000 долари за отворање дополнителни центри за ран детски развој. Кампањата ги повикува општините да влезат во партнерство со УНИЦЕФ и приватните претпријатија и поединци да донираат за да може да се прошири мрежата на програми за ран детски развој во оние заедници кои имаат најголема потреба од нив. - Знаејќи ја важноста и потребата од раниот детски развој, имаме за цел да ги поттикнеме родителите и згрижувачите да дознаат што повеќе, но и да ги ангажираме сите општествени чинители да отвориме што е можно повеќе центри за ран детски развој, како алтернатива на градинките, особено во средини каде не е исплатливо да се градат градинки, а тоа се руралните и маргинализираните средини. Затоа од денеска почнуваме со кампања, која освен што ја потенцира важноста на раниот детски развој, има за цел да поттикне генерирање средства за отворање нови центри за ран детски развој, рече Леа


четврток, 28 Ноември 2013, Бр. 158

БИЗНИС ИНФО

27

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА Липша, директор на Фондацијата Т-Мобиле за Македонија. Во моментот функционираат 20 Центри за ран детски развој кои беа отворени преку програмите на УНИЦЕФ за поддршка на локалната самоуправа. Со помош на средствата донирани од Фондацијата Т-Мобиле за Македонија ќе се отворат пет центри за ран детски развој во Јаргулица (Радовиш), Селце (Тетово), Десово (Долнени), Злеово (Радовиш) и Долно Лисиче (Аеродром). Центрите за ран детски развој кои ќе бидат отворени во рамките на иницијативата ќе работат според претходно тестиран модел на УНИЦЕФ. Центрите за ран детски развој кои и формално се регулирани во Законот за детска заштита претставуваат најисплатива алтернатива на градинките. Најдобро одговараат на потребите на заедниците кои немаат градинки како што се селските и маргинализираните средини. Децата посетуваат организирани програми за учење неколку часа во денот, а родителите учествуваат во едукативни програми за подобро работење со децата дома. Програмата според која работат центрите се заснова на стандардите за рано учење и развој кои беа изготвени со поддршка од УНИЦЕФ. Сите центри ќе се отворат во партнерство со општините кои обезбедуваат физички простор за центарот. Со сите пари што ќе се соберат преку оваа иницијатива ќе раководи УНИЦЕФ за да ги покрие трошоците за мали поправки и адаптација на просторот, за снабдување на центарот со мебел, играчки, едукативен материјал и дидактички материјал, како и за изготвување материјал за родителите и обука на едукаторите во спроведувањето на најсовремените методи од областа на раниот детски развој. (МИА)

Јубилеј на најстариот капацитет за производство на масло за јадење во земјава

ДЕВЕТ ДЕЦЕНИИ „БЛАГОЈ ЃОРЕВ“ ОД ВЕЛЕС „Благој Ѓорев“ го одбележа 90 години постоење. Оваа македонска компанија е најстар капацитет за производство на масло за јадење во земјава, додека на Балканот влегува во составот на трите најголеми индустриски капацитети за производство на масло за јадење. Својата успешна бизнис-приказна компанијата почнува да ја испишува далечната 1923 година, кога се формира„Благој Ѓорев“ АД од Велес, како фабрика за масло. Фабриката низ годините континуирано се проширува и технолошки се усовршува, а денес располага со единствен капацитет во Македонија за складирање, чување и преработка на маслодајни семиња. Во 1999 година, „Благој Ѓорев“ се трансформира во прехранбена индустрија поради широкиот асортиман на прехранбени производи во сопствено производство. -Со задоволство можеме да кажеме дека веќе 90 години производите на ’Благој Ѓорев‘ се дел од речиси секое македонско домаќинство. Маслото за јадење ’кристал‘ и маргаринот во коцка, несомнено, се производите по кои сме најмногу препознатливи, но и другите наши производи полека го наоѓаат патот до срцата на потрошувачите. Производството на здрави и квалитетни производи од домашни суровини е наш императив и нашата главна предност, токму тоа ни овозможи сиве овие години да го задржиме високото место на пазарот и довербата на нашите потрошувачи, која се пренесува од генерација на генерација. И понатаму ќе вложуваме во развој на нови производи и освојување нови пазари, континуирано унапредување на процесот на производство, како и подобрување на квалитетот на нашите производи, за ’Благој Ѓорев‘ да остане синоним за квалитет и долгогодишна традиција, домашен бренд со препознатлив имиџ, кој потрошувачите го преферираат и го сакаат, - велат од „Благој Ѓорев“. Оваа година компанијата прославува уште еден значаен јубилеј, 45 години откако се произведува маргаринот во коцка – „кристал“. Од овој производ се произведуваат над 1.700 тони годишно. „Благој Ѓорев“ ја освои наградата „Супербренд“ за 2013/2014 година, која го потврдува значењето и силината на брендот „Кристал“ во својата индустрија.


БИЗНИС ИНФО

28

четврток, 28 Ноември 2013, Бр. 158

СОВЕТИ

ПРИРОДНИТЕ РЕСУРСИ ОСНОВА НА ПРЕВЕНТИВНИТЕ АКТИВНОСТИ

Превенција на менаџерскиот стрес (интегрален модел)

А.Структура на менаџерскиот стрес Менаџерскиот стрес се дефинира како намалување на способноста на менаџерот за брза и ефикасна мобилизација на психофизичките способности при стресни ситуации. Тој се јавува кај луѓе кои се вклучени во процесите на управување со ризици што постојат на ниво на една компанија или на ниво на национална економија. Во поимот управување со ризици содржини се и активностите на менаџерот кои се однесуваат на решавањето и на самите поединечни ризици (risk management). Во структурата на менаџерскиот стрес се содржат три групи на фактори и тоа: • • •

надворешни фактори; личноста на менаџерот (внатрешни фактори); интермедијарни.

Како надворешни фактори се третираат следните ризични ситуации: • •

постоењето на економските ризици како што се пазарните движења и слични на нив промени; промените на финансиските политики;


четврток, 28 Ноември 2013, Бр. 158

БИЗНИС ИНФО

29

СОВЕТИ • • • • • •

неочекуваните промени во непосредната околина (природни несреќи и др.); тензиите во општествените односи на локално и глобално ниво; семејната средина на менаџерот и меѓусебните односи во неа; работната социјална средина и односите во неа; политичкото милје во кое делува манаџерот; односите помеѓу бизнисмените партнери независно од менаџерот.

Во групата внатрешни фактори спаѓаат особините на личноста на менаџерот кои се релевантни за успехот во неговото работење. Тоа се: • • • • • • • •

интелигенцијата како генерална способност за решавање на проблемите во бизнисот; знаење и вештини кои се неопходни во неговата работа и ресорот на делување; интровертираноста и екстравертираноста на неговата личност; неговата емоционална зрелост и стабилност во ризични ситуации; степенот на доминацијата и субмисија што ја манифестира менаџерот; способноста за толеранција на различните ставови и мислења; застапеноста на мотивационите фактори и другите особини поврзани со неа кои доаѓаат до израз во изнисот; и темпераментот и другите каракгерни особини на неговата личност;

Во групата на интермедијарни фактори на менаџерскиот стрес се: • дневниот работен ритам на менаџерот условен од надворешните и внетрешните фактори; • глобалниот работен ритам што постои во стратешките цели на менаџерските активности; • оценката што ја поседува менаџерот за степенот на ризикот што постои во неговиот стратешки план; • одлучноста и истрајноста во следењето и решавањето на ризиците; • односот на менаџерот со другите субјекти во неговиот деловен ресор; • начинот со кој делува менаџерот во балансирањето на спротивставените ставови помеѓу самите субјекти во бизнисот; и • одржување на континуитетот во следење на стратешките цели на бизнисот. Сите наведени фактори се во меѓусебна зависност и заеднички делуваат како стресот. При тоа кај менаџерскиот стрес доминантно се јавуваат факторите поврзани со управувањето со ризици, широкиот спектар на финансиски ризици и информациските проблеми. Б.Организирање и спроведување превенцијата на менаџерскиот стрес

на

Од предходно изнесеното произлегува дека менаџерскиот стрес е мулти факторска појава и согласно ова, неговата превенција треба да биде повеќе димензионална. Ова е првата поставка врз која ќе се засновува организирањето и спроведувањето на неговата превенција. Втората поставка произлегува од современите сознанија за превенцијата како засебна научна и практична дисциплина. Според овие сознанија природните ресурси се тие што ја чинат основата на сите превентивни активности на менаџерскиот стрес. Тие природни ресурси се: самоникнечките лековити растенија, шумските плодови и другите природни ресурси.


30

БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 Ноември 2013, Бр. 158

СОВЕТИ Третата поставка се однесува на социјалните компоненти од животот и работата на менаџерот. Сите овие поставки во пракса треба да се имплементираат преку наведените правила. Прво правило во спроведувањето на превенцијата на стресот е истата да се применува истовремено со стапувањето на работа. Тоа значи дека со превенцијата на стресот треба да се работи пред да се појават првите негови симптоми, односно последиците од стресот. Второто правило се однесува на пристапот во третирањето на стресот. Тоа значи дека платформата врз чија основа ќе се спроведуваат превентивните активности мора да биде спротивно од она што е содржина во професионалниот ангажман на менаџерот. Тоа може да се обезбеди само со хуманитарниот модел кој е заснован на принципот: бесплатна помош за превенција на стресот, а за возврат компанијата на менаџерот да обезбеди соодветна донација за хуманитарни цели. На овој начин уште во стартот менаџерот се поставува во релаксирачки систем на однесување кој е спротивен од неговиот професионален модел на работа. Со самата примена на хуманитарниот модел почнува и терапијата за амортизација на стресните фактори по сите основи. Третото правило се однесува на самиот антистресен тратман. Имено сите активност што треба да се превземаат за превенција на стресот мора да бидат засновани на природни ресурси. Тука спаѓаат, во прв ред, лековитите јадливи растенија, шумските плодови и другите природни ресурси. Притоа во прв план треба да бидат застапени оние лековити растенија кои содржат супстанции за подобрување на функционалноста на крвните садови на меките ткива, а првенствно на мозочното ткиво. Треба да се употребуваат оние растенија кои се наоѓаат во близина на живеење и работа на менаџерот. Користењето на лековити растенија треба да биде засновано на природниот тек на нивната употреба во сите варијации како: чаеви, тинктури и преработки но во домашни селски услови. Четвртото правило е поврзување на природата со социјалната компонента. Тоа значи дека менаџерот треба да се поврзе со едно семејство од ближните села кое ќе го снабдува со потребните лековити растенија и шумски плодови. На овој начин ќе се обезбеди континуирана врска на менаџерот со природата а на социјален план поголема флексибилност во социјалните комуникации. Ова претставува најдобра алтернатива за психосоцијална стабилност на менаџерот бидејќи истата е надвор од неговите професионални комуникации кои сами по себе претставуваат стресен фактор. Петтото правило ја опфаќа фитотерапевтскиот стручен третман. Оваа активност е под директна контрола на фармацевт фототерапевт и кординаторот на превентивните активности. Семејството од селото кое ќе биде одбрано од менаџерот треба да работи според упатствата на фармацевтот кој се јавува во улога на консултант на координаторот. Структурната контрола ќе биде застапена во сите фази на фитотерапијата, почнувјќи од собирањето на лековити растенија, сушењето, пакувањето, припрема на истите за употреба. Валоризацијата на резултатите од нивнто конзумирање од страна на менаџерот ќе биде застапено како континуирана фаза од превентивниот третман со лековити растенија. Шестото правило се однесува на индивидуалната и индивидуализираната работа со менаџерот. Тоа значи дека превентивните активности на стресот треба прво да бидат индивидуални за секој менаџер


четврток, 28 Ноември 2013, Бр. 158

БИЗНИС ИНФО

31

СОВЕТИ и индивидуализирани. Не е дозволена групна превентивна работа со повеќе менаџери и било кој вид работа кој вклучува групни методи и техники на терапија. Индивидуализираниот пристап значи превентивните активности да се прилагодат според специфичностите на секој менаџер посебно. Овој пристап треба да биде во согласност со стресовите кои делуваат на него, почнувајќи од надворешни стресни фактори, интермедикарните и внатрешните односно неговата личност. За секој менаџер треба да се изготви индивидуална програма за превенција од неговите стресови. Седмото правило е превентивните активности да бидат инкорпорирани во животниот и работниот ритам на менаџерот и истите треба да бидат поставени на стимулативна основа. За да се постигне ова потребно е да се применат следните постапки: •

• •

првиот контакт со менаџерот треба да го направи координаторот на стручниот тим, со цел да се добијат потребните информации врз кои ќе се заснова терапевтскиот програм. Тоа се податоци за возраста, семејниот статус и стресните фактори кои го опкружуваат менаџерот. По однос на здраствената состојба треба да се добијатинформации за евентуални проблеми со метаболизмот, кардиоваскуларниот систем и други здраствени проблеми. Соодветни лекари специјалисти ќе бидат вклучени како консултанти на координаторот во интерпретацијата на овиеинформации покрај овој разговор следат консултации на координаторот со стручниот тим (фитотерапевт и лекари од соодветна специјалност) по завршените консултации се поставува терапевтскиот програм и истиот му се доставува на менаџерот од координаторот.

Осмото правило е дека сите комуникации понатаму ќе се одиваат на релација координатор менаџер и координатор - стручен тим. Деветото правило е терапевтскиот програм треба да го применува самиот менаџер, а координаторот е посредник помеѓу него и стручниот тим односно лекарот специјалист и фитотерапевтот. Времетраењето на предложените превентивни активности на менаџерскиот стрес е индивидуално условена. При тоа некои од нив доколку се прифатат со задоволство од менаџерот истите можат да се применуваат како составен дел на неговото живеење. Паралелно со примената на наведените превентивни постапки препорачуваме и воведување на менаџерско осигурување како бонус со некоја осигурителна компанија. Доколку менаџерот не пријави никаква штета по овој основ, му седува финансиски бонус кој со договор може да се дефинира како ќе биде исплатен, дали ќе го добие како лична награда или пак ќе остане во компанијата. На овој начин ќе се обезбеди релаксација на менаџерот во текот на целокупната негова професионална активност. Тихомир Ристески (Авторот е координатор на стручниот тим за превенција на менаџерскиот стрес при здружението „Глог“)


БИЗНИС ИНФО


четврток, 28 Ноември 2013, Бр. 158

БИЗНИС ИНФО

33

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Семинар

“ЦАРИНСКА ДЕКЛАРАЦИЈА” Законска рамка и практични примери за пополнување на единствениот царински документ со посебен осврт на пресметката на царинските давачки при извозното царинење 29.11.2013 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ПРОГРАМА “Единствена царинска декларација-ЕЦД” I. Правна регулација на царините 1. Вовед 2. Општи одредби 3. Начин на утврдување на царините II.Постапка на царинење на стоките 1. Дејства по поднесување на царинската декларација 2. Преглед на стоката 3. Извозна царинска постапка 4. Увозна царинска постапка III.Царински документи 1. Единствена царинска декларација 2. Видови на царински декларации 2.1. Увозна царинска декларација 2.2. Извозна царинска декларација 2.3. Транзитна царинска декларација 3. Фактура 4. ТИР-карнет 5. АТА-карнет IV. Пополнување на царинската декларација 1. Попонување на извозната царинска декларација 2. Пополнување на увозната царинска декларација Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk

IV.Начин на кој се утврдува, пресметува и наплаќа царинскиот долг кај извозното царинење 1. Утврдување на царинскиот долг 2. Начин на пресметка на царинските давачки при редовен извоз зависно паритетот • Со паритет EXW-франко фабрика, со едно наименување • Со паритет EXW-франко фабрика, со повеќе наименувања • Со паритет FCA-превозник, со едно наименување • Со паритет FCA-превозник, со повеќе наименувања • Со паритет CPT, со едно наименување • Со паритет CPT, со повеќе наименувања 3. Начин на пресметка на царинските давачки кај акцизна роба 4. Пресметка на царинските давачки со прелевман V. Заклучоци Предавачи: 1. Проф. доц. д-р Драшко Атанасоски. 2. Проф. доц. д-р Александар Костадиновски. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

34

четврток, 28 Ноември 2013, Бр. 158

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Советување

ТЕМИ ОД РАБОТНИ ОДНОСИ ,,Начин на обезбедување на потреба од работници и сезонски работници во трговските друштва, нов променет договор пред отказ, отказ на договорот за вработување со отказен рок и без отказен рок, суспензија на работникот, годишен одмор стекнување и начин на користење, платено отсуство дневен и неделен одмор,празници слободни денови исплата на дневници и службени патувања, сторители на штета видови на штета и надомест на штета, отказни рокови минимални отказни рокови, паричен надоместок наместо отказен рок и синдикално организирање на вработените во трговските друштва, прекувремена работа, основни обврски на работодавачот согласно Законот за БЗР,, 4 – 8 декември 2013 година Сместување: Хотел „Tullip Inn Millennium” - Будимпешта http://www.hunguesthotels.hu/en/hotel/Budapest/tulip_inn_budapest_millennium/

ПРОГРАМА НА СЕМИНАРОТ:

14.190,00 денари, за аранжман во еднокреветна соба се доплатува 1.600,00 денари и изнесува 15.790,00 - Начин на обезбедување на потреба од работници во денари трговските друштва • Котизација за дводневниот семинар изнесува 5.782,00 - Начин на обезбедување на сезонски работници денари (4.900,00 денари + ДДВ). - Нов променет договор пред отказ - Отказ на договорот за вработување со и без отказен Во цената на аранжманот вклучено е: рок - Суспензија на работник до конечна одлука • превоз со високотуристички автобус на наведената - Годишен одмор стекнување и начин на користење релација Скопје - Будимпешта - Скопје (тргнување на - Платено отсуство, неделен и годишен одмор 4 декември 2013 година во 18:00 часот и враќање на 8 - Празници,слободни денови и исплата на дневници и декември 2013 година во раните утрински часови); службени патувања • Сместување во хотел „Tullip Inn Millennium “, на база 2 - Сторители на штета,видови штета и надомест на ноќевања со појадок. штета. • Разглед на Будимпешта со локален водич -Отказни рокови,минимален отказен рок и паричен • Свечена вечера на 6 декември 2013 во национален надоместок наместо одказен рок ресторан Чардаш со богата традиционална програма - Синдикално организирање на вработените во (со цигански фолклорни игри и многу забава) трговските друштва • Посета на шопинг центри - Прекувремена работа - Основни обврски на работодавачот согласно Законот за БЗР. Предавачи: - Миле Стојановски Државен советник во Министерство за труд и социјалана политика - Злате Стојановски Раководител на одделение во Државен инспекторат за труд • Цена на аранжманот во двокреветна соба изнесува Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


четврток, 28 Ноември 2013, Бр. 158

БИЗНИС ИНФО

35

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Форум

МАКEДОНСКО-УНГАРСКИ БИЗНИС-ФОРУМ 5 декември 2013 година

Стопанската комора на Македонија во соработка со Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија ве покануваат да земете учестово на Македонско-унгарскиот бизнис-форум кој ќе биде организиран во рамките на посетата на унгарскит премиер во Македонија. Овој форум претставува одлична можност за размена на контакти и воспоставување идна меѓусебна соработка на компаниите од двете земји. Поради пројавениот голем интерес од страна на унгарските компании за средба со македонските компании, по официјалното отворање на бизнис-форумот ќе бидат организирани и поединечни деловни средби со единствена цел - зголемување на бизнисрелациите меѓу овие две држави, како и идентификување на нови можности за соработка. Македонско-унгарскиот бизнис-форум и деловните средби ќе се одржат на 5 декември 2013 година (четврток), со почеток во 15:30 часот, во хотелот TCC Grand Plaza. Пријавување до 29.11.2013 година.

Влатко Стојановски Тел: ++ 389 2 3244004 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk

Огнен Гаревски Тел: ++ 389 2 3244040 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: ognen@mchamber.mk


36

БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 Ноември 2013, Бр. 158

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 5 до 7 декември 2013 година во Турција

“PLAST EURASIA ISTANBUL 2013” На саемот на кој ќе можат да се видат: - Машини за пластика, пластични фолии, жици, гуми,пластични профили, гранулатор, машини за флексо печатење - Хемикалии и суровини за пластика,боја, ПВЦ додатоци, гумени хемикалии, инженеринг полимери, ПВЦ соединенија,мастила за печатење, полиетилен, пигменти, растворувачи - Редуктори, роботски системи, магнети, четки за машина за производство -Топлина и контрола на опрема, отпорници, сензори, индикатори, полимери, прецизни скали, статична опрема - Хидраулика и пневматика, хидраулични цилиндри, пумпи, рециклирање, машини за дробење на пластика, неподвижни системи, софтвери, миксери, кодирање, брендирање и др. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор„Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 5.12 - 7.12.2013 година, со автобуски превоз ( поаѓање на 4.12.2013 и враќање на 7.12.2013 година ) и алтернативно во сопствена режија (авион или возило). Саемот може да го посетат само двaјца посетители од една koмпанија. Не е дозволена посета на малолетни деца и лица што не се вработени во Компанијата. Обезбедени се: - бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел) Check In од 12:00 до 14:00 ч.; - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел и обратно како и трансфери од хотел до саем) и - бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон - саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз – мсе плаќа само 45 евра), - како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората). не.

За повеќе информации за Саемот за пластика посетете ја веб страната www.plasteurasia.com , или контактирајте

Даниела Михајловска Тел: ++ 389 2 3244021 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 daniela@mchamber.mk

Зорица Мешкова Тел: ++ 389 2 3244019 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 zorica@mchamber.mk


четврток, 28 Ноември 2013, Бр. 158

БИЗНИС ИНФО

37

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 5 до 8 декември 2013 година во Република Турција

„BURSA METAL PROCESSING TECHNOLOGIES FAIR“, „INVENTION 2013“ , „BELEX 2013“ , „BURSA SHEET METAL PROCESSING“ И „BORUTEK 2013“ Станува збор за едни од поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на кои ќе учествуваат голем број реномирани странски и турски компании. Посетителите на овие саемски манифестации ќе се сретнат со водечки компании во секторот, со професионалци и инвеститори од металниот, електро, иновативниот и комуникацискиот сектор. Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Адонис – Tüyap“, ве поканува да ги посетите саемските манифестации од 5 7.12.2013.година во Бурса. Во рамките на „BURSA METAL PROCESSING TECHNOLOGIES FAIR“ посетителите ќе можат да видат: • преси, електромотори, индустриски печки, безбедносни системи, хидраулични и пневматски системи, машини и нивни резервни делови, компресори, хемикалии, индустриски роботи и др. Во рамките на „BELEX 2013“ посетителите ќе можат да видат: • производство на електрична енергија, генератори, алтернатори, акумулатори, трансформатори, регулатори, електромотори и резервни делови за струја, стартери, проводници, изолатори, кабли (енергетски, телефонски), дистрибуција на електрична енергија, електрична инсталација, индикатори, осветлување, светилки, громобранска заштита, помошна опрема, конектори, системи за пожарни аларми и др. Во делот на „BURSA SHEET METAL PROCESSING“ посетителите ќе можат да видат: • лим, цевки, профили, флексибилен лим, заварување, рачни алати, безбедност при работа и др. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемските манифестации од 5 - 7.12.2013 година, со автобуски превоз (поаѓање на 4.12.2013 година и враќање на 7.12.2013 година) и алтернативно во сопствена режија (авион или возило). Саемот може да го посетат само двaјца посетители од една кoмпанија. Не е дозволена посета на малолетни деца и лица што не се вработени во Компанијата. Обезбедени се: • бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел) Check In од 12:00 до 14:00 ч.; • локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел и обратно, како и трансфери од хотел до саем) и • бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон • саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз – се плаќа само 45 евра); • како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората). За повеќе информации за Саемот за метал „BURSA METAL PROCESSING TECHNOLOGIES FAIR“ посетете ја веб-страната: www. bursametalprocessing.com или контактирајте не`.

Даниела Михајловска Тел: ++ 389 2 3244021 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: daniela@mchamber.mk

Војкан Николовски Тел: ++ 389 2 3244068 Моб. . 071/557-329 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: vojkan@mchamber.mk


БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

БИЗНИС ИНФО

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

   

  

  

rɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤʖʗʝʠʖʠʒʥʜʑʤʑʣʗʠʖʓʚʓʑʓʠ ʡʠʣʗʒʟʠʠʡʢʗʞʗʟʚʡʢʠʣʤʠʢʚʚʓʠʢʑʞʜʚʤʗʟʑ ɴʤʠʡʑʟʣʜʑʜʠʞʠʢʑʟʑɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ rɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑʟʑʣʤʑʓʑʣʗʠʖʓʚʓʑʓʠʣʠʢʑʒʠʤʜʑ ʣʠʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚʜʠʞʡʑʟʚʚʓʠ ʙʑʓʚʣʟʠʣʤʠʖʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑʣʤʢʥʜʑ rɴʗʢʤʚʦʚʜʑʤʡʢʚʙʟʑʤʠʖɯʚʟʚʣʤʗʢʣʤʓʠʤʠ ʙʑʠʒʢʑʙʠʓʑʟʚʗʚʟʑʥʜʑʟʑɳʗʡʥʒʝʚʜʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑʚɢʔʗʟʨʚʹʑʤʑʙʑʓʢʑʒʠʤʥʓʑʻʗʟʑ ɳʗʡʥʒʝʚʜʑɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ rɱʒʥʜʑʤʑʤʢʑʗʠʜʠʝʥʤʢʚʞʗʣʗʨʚ ʠʖʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜ ʖʠʡʗʤʠʜ rɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑʚʡʢʑʜʣʑʤʑʣʗʠʖʓʚʓʑʑʤʡʠ ʖʠʔʠʓʠʢʣʠʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ rɳʑʒʠʤʑʓʠʔʢʥʡʚʠʖʖʠʞʑʜʣʚʞʥʞʥʩʗʣʟʚʨʚ ɪʑʡʠʓʗʽʗʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɣʠʢʚʣɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ  ɯʠʒ  CPSJT!NDIBNCFSNL

ɴʚʞʠʟʑɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ  TJNPOB!NDIBNCFSNL

ɴʤʠʡʑʟʣʜʑʜʠʞʠʢʑʟʑɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʥʝtɧʚʞʚʤʢʚʗɺʥʡʠʓʣʜʚi ɴʜʠʡʹʗ ʤʗʝ   ʦʑʜʣ  

Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:

Готвач во угостителски објект Гипсер – монтер Фасадер Аргон Заварувач


БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 Ноември 2013, Бр. 158

39

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Семинар

“ОБВРСКИТЕ НА КОМУНАЛНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА И ОПШТИНИТЕ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО ПОСЕБНИТЕ ТЕКОВИ НА ОТПАД (отпад од пакување, батерии и акумулатори и отпад од електрична и електронска опрема)” 6 декември 2013 год. 10:00-14:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат Општините а преку нив и комуналните претпријатија имаа низа обврски согласно законодавството за животна средина. Еден многу важен сегмент е управувањето со отпадот. Покрај општите обврските за постапување со отпад пропишани во Законот за управување со отпадот (пречистен текст) („Сл. Весник на РМ“ бр. 9/11), општините и комуналните претпријатија имаат обврски и во постапувањето со посебните текови на отпад пропишани во посебните закони како што се: Законот за пакување и отпад од пакување („Сл. Весник на РМ“ бр. 161/09, 17/11, 47/11, 136/11, 6/12, 39/12), Законот за батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори („Сл. Весник на РМ“ бр. 140/10, 47/11, 148/11, 39/12) и Законот за електрична и електронска опрема и отпад од електрична и електронска опрема („Сл. Весник на РМ“ бр. 6/12) . Што опфаќа обуката? Обуката ќе се реализира во времетраење од 4 часа и во истата ќе бидат опфатени сите обврски кои ги имаат општините и комуналните претпријатија за имплементација на законската рамка од областа на постапување со посебните текови на отпадот, проблеми со кои ќе се соочат при нивно имплементирање и насоки/препораки за полесно спроведување. Кој ја спроведува обуката? Обучувачи на семинарот ќе бидат докажани домашни експерти во областа на животната средина и особено во одржливото управување со отпад. Пријавување до 05.12.2013 година.

Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

40

четврток, 28 Ноември 2013, Бр. 158

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Семинар

“АКТУЕЛНИ НОВИНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ” -Запознавање со последните новини во системот на јавни набавки и насоки за нивна правилна примена(Сл. Весник бр.148 од 29.10.2013 година) 11 декември 2013 година 10.00- 16.00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4, на Vти кат На семинарот ќе се разгледуваат актуелни теми за јавните набавки: • Начинот на настап на група понудувачи? • Новите исклучоци од примена на законот и поврзани договорни органи? • Задолжително објавување на проценетата вредност и тендерската документација • Задолжително доставување на изјава за независна понуда • Начин на поднесување на конечна цена • Согласности кои ќе треба да се обезбедат пред одпочнување на постапката • Новини кај техничкиот дијалог и негативните референци • Правила при набака на софтверски решенија и лекови • Кои се вашите права во постапката • Новини во жалбената постапка • Други прашања од интерес за учесниците! ПРОГРАМА: • • • • • • •

Последни новини во системот на јавни набавки Поднесување на конечна цена Насоки за подготовка на понудите Новини кај технички дијалог и негативни референци Достапност на податоци и информации преку ЕСЈН Електронски систем за јавни набавки и е-аукции Жалбена постапка

Семинарот е наменет за сите деловни субјекти (економски оператори) кои учествуваат во постапките за јавни набавки, а особено за: - лицата кои ги подготвуваат понудите и поднесуваат понудите во хартија, по електронски пат и учествуваат на е-аукции, - менаџментот кој одлучува за содржината на понудите и вашите права во постапкатасите деловни субјекти (економски оператори) кои учествуваат во постапките за јавни набавки, а особено за:

Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk

Обучувачи: Обучувачите се експерти од Бирото за јавни набавки. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - книгата „Примена на Законот за јавни набавки во пракса“, второ издание; - работен материјал; - ручeк и освежување; - сертификат за присуство на семинарот. Книгата „Примена на Законот за јавни набавки во пракса“, второ издание, ќе ви даде одговор на многу прашања и дилеми: - како и каде се објавуваат тендерите; - како полесно да ја подготвите вашата понуда; - кои документи се потребни за учество во постапката; - што е технички дијалог и како се спроведува; - негативна референца и основи за нејзино издавање; - како правилно се поднесува понудата; - како да се учествува на е-аукција; - кои се вашите права во постапката; - како и каде да ги заштитите овие права; - како да се решат одредени проблеми во пракса? Пријавување до 5 декември 2013 година.

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


четврток, 28 Ноември 2013, Бр. 158

БИЗНИС ИНФО

41

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Семинар

„ПРОДАЖБА И МАРКЕТИНГ НА МЕЃУНАРОДНИ ПАЗАРИ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ГЕРМАНИЈА”

Согласно усвоената Програма на заедничкиот партнерски проект ЦЕФТА-ДИХК, Стопанската комора на Македонија организира семинар на тема: „Продажба и маркетинг на меѓународни пазари, со посебен осврт на Германија”, што ќе се одржи на 12 декември 2013 година (четврток), со почеток во 9:00 часот во Стопанската комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат. Во насока на имплементација на стратегијата на Стопанската комора на Македонија за поттикнување на извозот, инвестициите и инфраструктурата, целта за организирање на ваков вид на семинар е подготовка на компаниите како подобро да ги унапредат своите извозни активности на меѓународните пазари. Ова постигнување е можно преку користење на соодветни маркетинг алатки, разработка на договори и избор на дистрибутивни канали, а во функција на зголемување на конкурентноста, остварување поголем профит и унапредување на деловните активности. Предавањето ќе се реализира од страна на германскиот експерт, господин Хато Бренер, основач на консултантска компанија AWI International Services GmbH, која дава услуги на мали и средни претпријатија во 45 земји во светот. Во рамки на своето долго годишно искуство и работа со менаџери кои имаат потреба да ги зацврснат своите позиции на странските пазари, г-динот Бренер има напишано повеќе дела од областа на стратегиски извоз. Сите учесници кои навреме ќе го пријават своето учество ќе добијат и соодветен работен материјал. Семинарот ќе се одвива на германски јазик, но за цело времетраење на истиот обезбеден е превод на македонски јазик. Пријавување до 6.12.2013 година.

Билјана Пеева-Ѓуриќ Тел: ++ 389 2 3244034 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: biljana@mchamber.mk

Влатко Стојановски Тел: ++ 389 2 3244004 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

42

четврток, 28 Ноември 2013, Бр. 158

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Семинар

“ЗАКОН ЗА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА, ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ДОБИВКА -НОВ ПРАВИЛНИК ЗА НОРМИРАНИ ИЗНОСИ НА КАЛО, РАСТУР, КРШ И РАСИПУВАЊЕ” - Анализа на Правилникот за утврдување на за дозоволената висина на кало, растур, крш и расипување, над нормираните износи - Концепт на оданочување на непризнаени расходи и помалку искажани приходи - Стандардни трошоци - Утврдување стандарди за производствените трошоци 13 декември 2013 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Предавачи: - Нада Маневска, советник на министерот за финансии, Министерство за Финансии - Доц. д-р Александар Костадиновски, дипломира и магистрира на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, на департманот Сметководство и ревизија. Докторската дисертација ја одбранува 2009 година исто така на Економскиот факултет во Скопје. - Лиценциран вештак; - професор на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип; - овластен проценител на капиталот на трговски друштва. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Пријавување до 11 декември 2013 година. Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


четврток, 28 Ноември 2013, Бр. 158

БИЗНИС ИНФО

43

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На 17 декември 2013 година во Република Грција

МАКЕДОНСКО-ГРЧКИ БИЗНИС- ФОРУМ ВО АТИНА

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (АСИПИ), во соработка со Стопанската комора на Атина, Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори и Северозападна комора на Македонија, ги покануваат сите заинтересирани македонски компании од сите сектори да учествуваат на македонско-грчки бизнисфорум, кој ќе се одржи на 17 декември 2013 година, во Атина, Р.Грција. Целта на овие бизнис средби е интензивирање на меѓусебната трговска размена и поттикнување на извозот на македонските производи и услуги. За време на Б2Б средбите, македонските компании ќе имаат можност да остварат значајни контакти со грчките компании со цел да започнат успешна деловна соработка. Патните трошоци ќе бидат покриени од страна на Агенцијата за странски инвестиции, (организиран превоз до Атина, тргнување на 16 декември 2013 година, враќање на 17 декември 2013 година). Сите останати дополнителни трошоци (хотелско сместување, храна и сл.) ги обезбедуваат самите компании. За успешна реализација на бизнис- форумот, неопходно е македонските компании од сите сектори да го пријават својот интерес за учество, со пополнување на Пријавниот лист кој може да се превземе од веб порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk

Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

44

четврток, 28 Ноември 2013, Бр. 158

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Советување

„СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО ПРОЕКТИ И ИНВЕСТИЦИИ” -Проценка на ризиците на инвестициите во тек и носење одлука дали да се инвестира19 - 21 декември 2013 година (четврток-сабота) Хотел „Park” Белград /www.hotelparkbeograd.rs Стопанската комора на Македонија го организира семинарот во соработка со Академијата за банкарство и финансии, едукација и консалтинг од Белград. Програма: Модул 1 – Инвестирање и одлучување 1.1. Општ поим 1.2. Инвестициите спрема начинот на вложување, финансирање и времето 1.3. Инвестициски порект и донесување на инвестициска одлука 1.4. Планирање и предвидување како битна компонента при донесувањето на одлука дали да се инвестира 1.5. Техника за проценка на адекватноста на инвестициите и ризиците кој го пратат инвестициониот проект 1.6. Инвестициски проект од општествено значење 1.7. Вежба/дискусија Модул 2 – Стратешки поглед на проектите 2.1. Дефинирање и намена на проектот 2.2. Животен циклус на проектот 2.3. Согледување на процесот за управување со проектите и современото окружување 2.4. Согледување на ефектот од примената на проектот 2.5. Индивидуална вежба/дискусија Модул 3 – Техниките и методите во планирањето и анализа на инвестиционите проекти 3.1. Логичка рамка на матрицата 3.2. Делфи Метод 3.3. Групно одлучување 3.4. Сценарио планирање 3.5. Следење на имплементација на проектот- Balanced Scorecard пристап 3.6. Метод на симулација 3.7. Преглед на квантитативни техники и показатели и статистичка анализа Модул 4 – Оценка на ризикот 4.1. Извори за настанување на ризикот и можните директни и индиректни последици од ризикот Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk

4.2. Значењето и оценка на потенцијалните ризици во склад со веројатноста за нивна појава и потенцијалните последици т.е трошоци 4.3. Откривање на финансиските, интерни и екстерни ризици – “радар” за оцена и управување со ризикот 4.4. Контрола и ефикасно управување со ризикот 4.5. Групна вежба Модул 5 – Организациони и управувачки аспекти 5.1. Интегративна улога на извршните менаџери 5.2. Стратешки приоритети и конзистентност во проектните активности 5.3. Организациона спремност Предавач: Марија Џуниќ, дипломирала и магистрирала на БК Универзитетот- Факултет за менаџемент во Белград, а од 2008 година се стекнува со звање доктор на науки од областа на менаџментот. * Рок за пријавување: 11 декември 2013 година. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручeк и освежување; - сертификат за присуство на семинарот. Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


четврток, 28 Ноември 2013, Бр. 158

БИЗНИС ИНФО

45

ПОВИК

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија ги повикува домашните компании

МОЖНОСТ ЗА ПЛАСМАН НА СТОКА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА PAN AM 2015 ИГРИТЕ Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (АСИПИРМ) соопштува дека преку економскиот промотер во Канада и е доставена информација за одржување на Pan Am 2015 игрите, каде што македонските компании можат да се пријавуваат за набавка на стоки и услиги потребни за самото одржување на игрите во Торонто. Оние производи и услуги за кои ќе бидат потребни поголеми количини ќе се распишат меѓународни тендери за набавки. Сите заинтересирани компании членки кои би сакале да добавуваат свои производи или услуги за организаторите на овој настан можат да најдат подетални информации на следниов линк http://www.toronto2015.org/lang/ en/gallery/news/buying-the-games-goods-and-services.html, или може да се обратат директно до економскиот промотер за Канада, Ирена Ѓоргиевска irena.georgievska@investinmacedonia.com


46

БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 Ноември 2013, Бр. 158

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

Компанија од Турција бара дистрибутери во Република Македонија за пласман на производи од пластика наменети за кујни и бањи. Валидност дo: 07.02.2014 година Компанија од Германија бара дистрибутери во Република Македонија за пласман на земјоделска механизација, Валидност дo: 08.02.2014 година Компанија од Италија бара дистрибутери во Република Македонија за пласман на фотоволтаични панели. Валидност дo: 08.02.2014 година Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за

пласман на соларни панели. Валидност дo: 08.02.2014 година Компанија од Грција бара соработка со производители на пијалаци во Република Македонија за плaсман на етикети за амбалажа. Валидност дo: 08.02.2014 година Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на индустриски смукалки и постројки за вшмукување. Валидност дo: 11.02.2014 година Компанија од Словачка заинтересирана е за пласман на кондиторски производи во Република Македонија. Валидност дo:

11.02.2014 година Компанија од Индија заинтересирана е да соработува со производители на прехранбени произвди и пијалаци кои користат машини за пакување во Република Македонија. Валидност дo: 11.02.2014 година Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на сушен пакуван зеленчук. Валидност дo: 11.02.2014 година Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на опрема за осветлување. Валидност дo: 11.02.2014 година


четврток, 28 Ноември 2013, Бр. 158

БИЗНИС ИНФО

47

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Велика Британија заинтересирана е да пласира разновидна амбалажа од пластика наменета за индустриска и домашна употреба. Валидност дo: 12.02.2014 година Компанија од Естонија бара дистрибутери во Република Македонија за пласман на лична заштитна опрема за глава, око, рака, нозе, респираторниот систем и заштита на слухот, како и за заштита на целото тело, здравје и животот воопшто. Валидност дo: 12.02.2014 година Компанија од Србија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на готови супи, пудинзи, шлаг, додатоци на јадења, зачини и други прехранбени производи. Валидност дo: 12.02.2014 година

Компанија од Индија бара дистрибутери во Република Македонија за пласман на производи од соја. Валидност дo: 12.02.2014 година Компанија од Индија бара дистрибутери во Република Македонија за пласман на рачни дигалки, електрични дигалки и електрични дигалки со јажиња. Валидност дo: 12.02.2014 година Романска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на градежни машини. Валидност дo: 13.02.2014 година Компанија од Грција бара соработка со македонски производители на лозови насади. Валидност дo: 13.02.2014 година

Компанија од Литванија бара дистрибутери во Република Македонија за пласман на џем и други производи од зеленчук и овошје. Валидност дo: 13.02.2014 година Компанија од Литванија бара дистрибутери во Република Македонија за пласман на ткаенини од вискоза. Валидност дo: 13.02.2014 година Компанија од Италија заинтересирана е за соработка со компании во Република Македонија во областа на обновливи извори на енергија со понуда на ИТ-решенија. Валидност дo: 13.02.2014 година Компанија од Грција заинтересирана е да пласира врати за разладни комори во индустриски објекти во Република Македонија. Валидност дo: 14.02.2014 година Компанија од Грција бара дистрибутери во Република Македонија за пласман на градежни материјали. Валидност дo: 14.02.2014 година www.mchamber.mk Контакт: Мирјана Коцева Тел: (02) 3244-035 Факс: (02) 3244-088 mirjana@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk М-р. Александар Кедиоски тел: : (02) 3244052, aleksandar@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


БИЗНИС ИНФО

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ПОКРОВИТЕЛИ

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БРИЛИЈАНТЕН Покровител

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia

Бизнис ИНФО Бр.158  

Неделник за унапредување на вашиот бизнис