Бизнис ИНФО број 180, 22.5.2014

Page 35

четврток, 22 мај 2014, Бр. 180

БИЗНИС ИНФО

35

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„INELEX 2104“ ВО ИЗМИР

Од 22 до 25 мај 2014 година Меѓународен саем за лифтови и технологија за лифтови во Измир Република Турција

Оваа саемска манифестација е најзначајно стопанско и технолошко случување во сферата на т.н. „индустрија за вертикален транспорт“ на Блискиот Исток и во Југоисточна Европа, која ги обединува производителите на лифтови и компоненти за лифтови, градежни фирми, менаџери и консултанти на проекти, инженери, архитекти, разни инвестициски фондови и корпорации итн. Организаторите на Саемот предвидуваат како главна цел да биде поттикнување вмрежување на компаниите, запознавање со состојбите на пазарите од регионот и партнерства кои ќе влезат во нови договорни односи. Со цел да ги привлечат најреномираните компании и експерти, тие интензивно го промовираат Саемот низ Турција, Блискиот Исток, Африка, Европа и Азија. Овој саем се организира на секои две години и во 2012 година истиот го посетиле компании од повеќе индустрии од 29 земји. Покрај презентирањето на најнова технологија и производи, овој настан ќе придонесе и за создавање платформа за зголемување на извозот и производството во конкретните дејности. Подетални информации за Саемот на: http://www.inelex.com/ • • • • •

За посета на Саемот, Стопанската комора на Македонија во соработка со организаторот обезбедува: 3 ноќевања (со појадок во хотел со 4*); локален транспорт (Аеродром – Измир - Аеродром); тридневна влезница за Саемот; преведувачи за олеснување на комуникацијата со турските компании; можност за организирање деловни средби со учесниците на Саемот.

Цената на аранжманот по лице од компанија-членка на Стопанската комора на Македонија изнесува 3.540,00 денари (со вклучен ДДВ). За останатите цената е 4.720,00 (со вклучен ДДВ). Напомена: Во цената не е вклучен транспортот до Измир, за што Стопанската комора на Македонија може да посредува за обезбедување авионски билет.

Пријавување до 14.05.2014 Аплицирај електронски / on-line Контакт: Снежана Камиловска Тел: ++ 389 2 3244061 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: snezana@mchamber.mk

Контакт: Војкан Николовски Тел: ++ 389 2 3244068 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: vojkan@mchamber.mk


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.