Бизнис ИНФО број 180, 22.5.2014

Page 20

БИЗНИС ИНФО

20

четврток, 22 мај 2014, Бр. 180

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ Одржана седница на Економскиот совет на Прилеп

РАЗГЛЕДАНИ ПРОЕКТИТЕ КОИ ИМААТ ПРИОРИТЕТНА УЛОГА ВО РАЗВОЈОТ НА ОПШТИНАТА

После извесна пауза поради изборниот процес, нa 20.5.2014 година повторно заседаваше Економскиот совет. Присутните членови градоначалникот ги информираше за започнатите и реализирани проекти во текот на 2014 година. Воедно, градоначалникот Марјан Ристески предложи мерки и решенија за помош за настраданото население од поплавите во регионите на Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска. Посебно, градоначалникот ја истакна и потребата за дополнителна хуманитарна помош за градот Валево, со кој Прилеп е збратимен. Во продолжение се разгледаа проектите кои имаат приоритетна улога во економско-стопанскиот развој на Општина Прилеп. Тие имаа предност да бидат разгледани и на овој Економски совет на кој како специјални гости присуствуваа и амбасадорите на Република Македонија во Јапонија - Андријана Цветковиќ, во Казахстан - Илија Псалтиров и во Обединетите Арапски Емирати - Сашо Пешевски. Нивното присуство беше своевидна можност за запознавање со нашите најуспешни фирми и компании и нивните производствени програми, како и нивна промоција во земјите во кои се назначени за амбасадори. Договорено е пред нивното заминување во Јапонија, Казахстан и во Емиратите во организација на Регионалната комора со седиште во Прилеп да посетиме поголем број компании од овој регион, со цел да се запознаат со нивните планови и потреби за освојување на овие пазари. Ристо Најдоски

Регионална комора со седиште во Кавадарци и Регионална комора со седиште во Кичево

ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА ДЕЛОВНАТА СОРАБОТКА

Во организација на регионалните комори со седиште во Кичево и во Кавадарци, на 20.5.2014 година, во деловните простории на компанијата „Кожувчанка“ во Кавадарци, се одржа деловна средба меѓу стопанствениците од Кавадарци и од Кичево. Работната средба ја отвори претседателот на Регионалната комора со седиште во Кавадарци, Митко Јанчев, а свое воведно обраќање имаше и претседателот на Регионалната комора со седиште во Кичево, Игор Соколески. На работната средба покрај претставувањето на компаниите од Кичево и од Кавадарци и разговорите за можни соработки, се дискутираше и за Законот за финансиска дисциплина, кој се применува од 01.5.2014 година. Јадранка Аризанковска, виш советник во Дирекцијата за регионални комори и меѓународна соработка при Стопанската комора на Македонија, ги истакна очекувањата на стопанството од примената на Законот за финансиска дисциплина, за чие донесување еден од главните иницијатори беше и Стопанската комора на Македонија. Таа наведе дека освен што со Законот ќе се дисциплинираат компаниите, исто така субјектите од јавниот сектор ќе ги извршуваат плаќањата кон приватните субјекти во рок од 60 дена. Како заклучок од дискусијата произлезе дека Законот за финансиска дисциплина е добро системско решение бидејќи соодветствува на европската регулатива и води кон редовно измирување на долговите на компаниите, подобрување на ликвидноста и остварување на нивни развојни планови, а со тоа ќе се спречи и создавање на нови и нови должници.

Анета Околиќ Алчександра Велкова


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.