БИЗНИС ИНФО
24
четврток, 13 март 2014, Бр. 170
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Бизнис-форум
“ИНДИЈА СО ЗЕМЈИТЕ ОД ЦЕНТРАЛНА ЕРОПА” (27-28 март 2014 година, Њу Делхи, Индија)
Стопанската комора на Македонија во соработка со Министерството за надворешни работи на РМ и Федерацијата на стопански комори за трговија и индустрија на Индија и Министерството за надворешни работи на Индија, ве покануваат да земете учество на Првиот бизнис-форум насловен како „Индија со земјите од Централна Европа”.
Бизнис-форумот ќе се одржи во периодот од 27-28 март 2014 година во Њу Делхи, Индија. Целта на Форумот е обезбедување платформа која би иницирала нов дијалог на заедништво и синхронизација на економската агенда, секторската соработка и деловно поврзувањето меѓу компаниите од Централна Европа и Индија. Иницијативата би се фокусирала главно на следните сектори: инфраструктура, „чисти и зелени” технологии, фармација, технологии за животната средина, банкарски и финансиски услуги, образование и прехранбена индустрија. Организатори на Бизнис-форумот се Федерацијата на стопански комори за трговија и индустрија на Индија и Министерството за надворешни работи на Индија. Бизнис-форумот ќе се реализира според следната предлог-агенда: • бизнис-конференција; • сесија по пријавени сектори; • сесија за секоја пријавена земја; • тркалезна маса со амбасадори и извршни директори; • деловни средби. За успешна реализација на Бизнис-форумот, неопходно е македонските компании да го пријават својот интерес за учество, со пополнување на Пријавниот лист кој може да се превземе од веб - порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk , до 17 февруари 2014 година. Контакт лице : Огнен Гаревски Тел: ++ 389 2 3244040 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: ognen@mchamber.mk