Бизнис ИНФО број 165 од 6 Февруари 2014

Page 7

четврток, 6 Февруари 2014, Бр. 165

БИЗНИС ИНФО

7

РЕАГИРАЊА Во седиштето на Светската здравствена организација во Женева од 28 до 31.01.2014 година се одржа состанок на Работната група по членовите 9 и 10, а од 18 до 20.02.2014 година ќе се одржи состанок за членовите 17 и 18 од РККТ.

Член 17 Обезбедување поддршка за економски одржливи алтернативни активности Страните во соработка едни со други и со надлежните меѓународни и регионални меѓувладини организации, треба да промовираат, како што е соодветно, економски одржливи алтернативи за тутунски работници - тутунопроизводителите и, како што може да биде случај, индивидуалните продавачи. Член 18 Заштита на животната средина и здравјето на лицата При извршување на нивните обврски според оваа конвенција, страните се согласуваат задолжително да ја почитуваат заштитата на животната средина и здравјето на лицата, како и во врска со животната средина во однос на одгледувањето на тутун и фабрикацијата во рамките на нивните територии. Работната група се движи кон стратегијата за принудно намалување на одгледувањето на тутун, што е неаргументирано и неприфатливо. Таа им сугерира на владите дека треба да ја отстранат секоја финансиска или техничка поддршка, а со тоа ги негираат овие луѓе, нивните приходи за живот или вршат еден вид дискриминација против нив.

Голем дел од учесниците во подготвувањето на конвенциите за против пушењето и промовирањето на здравствената заштита на населението во Македонија биле медицински експерти и непушачи, кои што имале строго погрешно мислење за тутунот, гледајќи само за неговата штетност без земање на неговите огромни позитивни социјални и економски значења за нашата земја. Република Македонија е потписник и на Варшавската декларација за Европа без тутун, во која постои еден фрагмент кој гласи: „Здравјето на луѓето е пред производството на тутунот и потребно е да се бараат алтернативни решенија за неговото производство“. Македонија е земја што одгледува ориентален тутун. Од реколтата 2012/2013 година во Македонија се произведоа 29.000 тони ориентален тутун, а во 2013 година склучени се 42.367 договори за производство на тутун, а тоа се околу 42.000 семејства. Извозот на тутун и преработки од тутун во вкупниот извоз од земјоделско-прехранбениот сектор се движи од 22,2% до 29,6%, а во вкупниот извоз на РМ од 4,0% до 5,0%. Дури 30% од државниот буџет се полни од работењето на тутунските компании присутни во државава. Одгледувањето тутун е важно занимање за населението во руралните реони во Македонија и има директно влијание врз економијата на државата. Штетни последици во регионите каде што се одгледува тутунот нема и не може да има, ниту пак постои друга култура за замена на тутунот. Исто така, производството на тутун нема никакви штетни влијанија врз почвата, водата, воздухот, како и врз растителниот и животинскиот свет. Доколку нема производство на тутун, нема да има егзистенција за населението кое произведувало тутун, а тоа директно ќе влијае на нарушување на здравјето на населението во руралните средини. Македонија неопходно треба да продолжи да го потпомага, односно да го зголеми субвенционирањето на производството на тутун. Многу е важно да се задржат сегашниве површини под тутун пред влезот во ЕУ. Потребно е да се отфрли секоја сугестија на Работната група за намалување на производството на тутун, бидејќи не ја одразува вистинската намера на Рамковната конвенција за контрола на тутунот (FCTC). Васко Ристовски


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.