Issuu on Google+

СТОПАНСКА БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА КОМОРА НА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF МАКЕДОНИЈА Founded 1922 bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 165

www.mchamber.mk

06.02.2014

Пред состанокот на Светската здравствена организација во Женева месецов реагираше Стопанската комора на Македонија

ПРИНУДНО НАМАЛУВАЊЕ НА ОДГЛЕДУВАЊЕТО НА ТУТУН Е НЕАРГУМЕНТИРАНО И НЕПРИФАТЛИВО Kредитната линија на ЕБОР од регионалната Програма за енергетска ефикасност

КРЕДИТИ ПРЕКУ ОХРИДСКА БАНКА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА МАЛИ ПРОЕКТИ ВО ПРИВАТНИОТ И ЈАВНИОТ СЕКТОР


2

БИЗНИС ИНФО

четврток, 6 Февруари 2014, Бр. 165

ПОДВЛЕЧЕНО

СОЗДАВАЊЕТО УСЛОВИ ЗА СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ВРОДИЈА СО ПЛОД Вложените напори на Општина Велес во изминатиот период за создавање услови за странски инвестиции вродија со плод. За исклучително краток период: ја оформивме индустриската зона “Караслари”; го пренаменивме земјиштето од земјоделско во градежно; создадовме инфраструктурни услови; изградена е водоводна и канализациска мрежа; обезбеден е довод на електрична енергија. Во таа насока, пред само еден месец во во Владата на Република Македонија од страна на министерот за странски инвестиции, Веле Самак, а во присуство на премиерот Никола Груевски, останати владини претставници и јас, како градоначалник на Општина Велес, беше потпишан договорот со германската компанија “Маркард”, инвестиција вредна над 35 милиони евра. Компанијата која ќе биде сместена во новоформираната индустриска зона “Караслари” ќе произведува електронски продукции со висока технологија како составни делови за врвни германски брендови на автомобили. Во неа ќе бидат вработени околу 600 лица. За таа цел изминативе денови од страна на германскиот инвеститор беше откупено и земјиштето на коешто се предвидува изградба на фабриката. Но, нашите напори за забрзан економски развој на општината не запираат овде. Многу скоро ќе биде распишан огласот за продажба на останатите пет локации во новоформираната индустриска зона Караслари” кои ќе бидат понудени на домашни и на странски инвеститори. Исто така, во крајна фаза е изработката на планската документација за индустриската зона “Речани 2” и за езерото Младост. По нивната изработка и донесувањето, вклучувајќи ги и постоечките планови за двете локации, градежните земјишта ќе бидат предмет на продажба во наредниот период. Индустриската зона во Речани, со околу 15 слободни парцели на површина од 14 хектари, е инфраструктурно подготвена за нови инвестиции. За неа веќе е донесен и ГУП, додека езерото Младост е еден од најубавите туристички локалитети, погодно за изградба на хотели и мотели, а со тоа и севкупен развој на туризмот. Имајќи ја предвид атрактивноста на овие две локации, Општина Велес очекува голема заинтересираност при нивната продажба. (Cлавчо Чадиев, градоначалник на Велес во „Вечер“)

ГОЛЕМИ МОЖНОСТИ ЗА ПЛАСМАН НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРОИЗВОДИ НА ЕВРОПСКИОТ ПАЗАР Република Македонија има релативно големи можности за пласман на своите производи на европскиот пазар. Така да прашање е присутноста на македонските производи на европскиот пазар е зависно од тоа дали се и дали не се исполнуваат европските стандарди и нормативи и потоа секако дали се доволно конкурентни односно доволно пазарно интересни за пазарот односно купувачите во членките на Европската унија. Конректно мислам дека бројни производи, прехранбената индустрија и други индустрии кои можат да бидат особено интересни за купувачите во рамката на Европската унија. Оризот од Македонија, доматите од Македонија само ги спомнувам како примери, се многу препознатливи и ценети и пазарно интересни брендови надвор од Македонија. Исто така голем број на винарии од Македонија тоа го потврдуваат со се поуспешен пласман, продажба на македонските вина исто така на пазарот на Европската унија дури и пошироко. Значи македонските производи имаат заради историските и свои објективни причини голем потенцијал, но секако мора да се задоволат така како што словенските така и било кој други барања, нормативи и стандарди на европскиот пазар. (Марјан Шифтар поранешен амбасадор на Словенија во Македонија во „Фактор“)


четврток, 6 Февруари 2014, Бр. 165

БИЗНИС ИНФО

3

ПОДВЛЕЧЕНО

ТРОШИМЕ МНОГУ ЕНЕРГИЈА НЕРАЦИОНАЛНО И НЕДОМАЌИНСКИ Од анализите што ги направивме заклучивме дека енергетскиот интензитет, односно потрошувачката на енергија по единица општествен производ во Македонија е околу 3,5 до 4 пати поголем од просечниот енергетски интензитет на земјите членки на ЕУ, додека во однос на земјите од регионот нашиот енергетски интензитет е некаде околу два пати поголем, на пример во споредба со Словенија или Хрватска. Статистиката покажува дека вкупната потрошувачка на енергија по глава на жител во Македонија е околу 2,5 пати помала во однос на просечната вкупна потрошувачка по глава на жител на земјите членки на ЕУ. Сето тоа практично значи дека трошиме многу енергија нерационално и недомаќински. Хендикеп на нашата држава е што не користиме природен гас. Искористеноста на постојниот гасовод е некаде околу 15%. Подолго време се разговара и планира да се изгради гасна мрежа по градовите што ќе ги снабдува објектите од јавниот сектор, компаниите и домаќинствата, затоа што гасот како енергенс е поевтин од електричната енергија, но и еколошки почист за користење. За жал, во овој сегмент сме хендикепирани со немање изградена гасна дистрибутивна мрежа и тоа исто така придонесува да бидеме енергетски интензивни. (Драган Блажев, директор на Проектот на УСАИД за индустриски менаџмент во „Бизнис Инфо“)

Постојан избран суд Арбитража Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија e постојана арбитражна институција основана согласно со Законот за стопанските комори и Статутот на Стопанската комора на Македонија. Арбитражата при Стопанската комора на Македонија е надлежна за решавање спорови за права со кои странките можат слободно да располагаат и за кои со закон не е пропишана исклучива надлежност на судовите на Република Македонија, доколку странките ја договорат нејзината надлежност. Контакт: М-р Татјана Штерјова; тел: +389 (02) 32 44 065; e-mail: tatjana@mchamber.mk bsi.

ISO 9001

Quality Management

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА FS 549642

Osnovana 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Founded 1922


БИЗНИС ИНФО

4

четврток, 6 Февруари 2014, Бр. 165

БАНКАРСТВО И ФИНАНСИИ Во Стопанската комора на Македонија, Министерството за економија ја реализираше првата промотина средба за користење на кредитната линија на ЕБОР од регионалната Програма за енергетска ефикасност

КРЕДИТИ ПРЕКУ ОХРИДСКА БАНКА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА МАЛИ ПРОЕКТИ ВО ПРИВАТНИОТ И ЈАВНИОТ СЕКТОР На иницијатива на Министерството за економија и Европската банка за обнова и развој, а во соработка со Охридска банка, се одржа првата од неколкуте планирани промоции (5.02.2014 година) на новата кредитната линија на Европската банка за обнова и развој (WeBSEFF 2) од регионалната Програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан, овојпат пред претставниците на стопанските комори во Македонија. Имено, како што вети Ваљон Сараќини, министер за економија во Владата на Република Македонија, на минатонеделната средба со претставниците на ЕБОР, со цел поголемо искористување на средствата од овие кредитни линии, во вредност од 75 милиони евра, Министерството за економија и Европската банка за обнова и развој, во идните три месеци, согласно акциониот план, ќе одржуваат директни средби. И тоа, најпрво средби со стопанските комори во Република Македонија, а потоа и со стопанствениците од внатрешноста на државата, како и единиците на локалната самоуправат (ЗЕЛС), при што ќе се отвори можност секоја општина, која ќе сака да спроведе проекти за енергетска ефикасност, да може да аплицира за истите. Како што информираше министерот Сарќини, преку директна комуникација со заинтересираните, претставниците од Министерството за економија и ЕБОР ќе даваат техничка помош на компаниите при подготовка на апликација за кредит. Да потсетиме, WeBSEFF II е дел од регионалната Програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан, која отпочна да се реализира во декември 2013 година. Истата ќе се имплементира во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Косово, Хрватска и Македонија. Вкупниот износ на финансиски средства кои се обезбедени од ЕБОР за сите земји од Западен Балкан изнесува 75 милиони евра наменети за реализација на мали проекти во приватниот и јавниот сектор, во областа на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија. Оваа кредитна линија се пласира преку комерцијални банки со кои ЕБОР има склучено договор. Досега склучен е договор со Охридска банка, членка на Групацијата Сосиете Женерал, во износ од 6 милиони евра. Од крајот на овој месец оваа банка ќе располага и со дополнителни 3 милиони евра. За оваа кредитна линија може да аплицираат компании во приватна сопственост, трговци поединци или други приватни правни лица формирани според законите во Република Македонија и општини, јавни или приватни компании кои извршуваат општински услуги и се одговорни за реализаци��а на инвестицијата или компании за енергетски услуги (ЕСКО) кои инвестираат во проекти за енергетска ефикасност во соработка со општини или јавни претпријатија. Максималниот износ на кредитите можат да бидат до 2 милиона евра за проекти од приватниот сектор и до 2,5 милиони евра за проекти од јавниот сектор. Во случај да постојат повеќе кредити кон истиот клиент од јавниот сектор за различни проекти, тогаш максималниот износ е 5 милиони евра за поединечен субјект од јавниот сектор. Подготовката на потребната документација за одобрување на проектот се врши од страна на проектните консултанти и е бесплатно за апликантите. Податоците за контакт со проектните консултанти може да се најдат во комерцијалните банки и во проектната канцеларија на WeBSEFF 2 (www.webseff.com). Условите под кои се доделува кредитот (каматна стапка, грејс период, рок на отплата) се определуваат од страна на комерцијалната банка. Со обезбедувањето на финансиска поддршка и експертска поддршка од страна на ЕБОР, преку кредитната линија ќе се придонесе значително кон реализација на конкретни проекти од областа на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија кај компании од приватниот сектор, меѓутоа и во општинскиот сектор. Самата реализација на вакви проекти за одржлива енергија ќе придонесе за развој на пазарот на понуда и побарувачка на енергетски услуги, што ќе придонесе и кон поголема конкурентност на македонскиот пазар на услуги. Реализацијата на овие проекти ќе придонесе за зоглемување на сигурноста во снабдување на енергија, намалување на емисиите на стакленички гасови, како и зголемување на бројот на нови работни места. Зорица Мешкова


четврток, 6 Февруари 2014, Бр. 165

БИЗНИС ИНФО

5

БАНКАРСТВО И ФИНАНСИИ Во 2014 година повторно потврден добриот кредитен рејтинг на ПроКредит Банка Македонија

ЗАСЛУГА НА КВАЛИТЕТОТ НА АКТИВАТА И НИСКОТО УЧЕСТВО НА КРЕДИТИ ВО ДОЦНЕЊЕ Меѓународната рејтинг агенција “Fitch Ratings” во 2014 година, повторно го потврди кредитниот рејтинг од “ББ+” на ПроКредит Банка Македонија и ја зголеми оценката за индивидуалната кредитна способност на Банката од “b+” на “b”. Зголемувањето на оценката годинава се должи на добриот квалитет на активата и ниското учество на кредити во доцнење над 90 дена, кое од 2010 се одржува во опсег од 2% до 3% и во континуитет е под просекот на банкарскиот сектор. Долгорочниот рејтинг на ПроКредит Банка е резултат на позитивните резултати на Банката меѓу кои: квалитетот на кредитното портфолио и релативно нискиот степен на кредити во доцнење споредено со нивото на банкарскиот сектор, солидната капитална адекватност, високиот степен на ликвидност и диферзифицираната депозитна база, како и поддршката од акционерите, пред се ПроКредит Холдинг-доминантниот сопственик на ПроКредит Македонија, со седиште во Франкфурт Германија. Од 2005 година, aгенцијата Fitch Ratings редовно го оценува кредитниот рејтинг на Банката, задржувајќи ја оценката “ББ+”, кој е највисокиот кредитен рејтинг кој финансиска институција во Македонија може да го добие “Fitch Ratings” е глобална рејтинг агенција, една од големите три рејтинг агенции кои спроведуваат независни оценки на кредитниот рејтинг според меѓународни споредливи стандарди. Кредитниот рејтингот претставува унифицирана меѓународна мерка која дава севкупна оценка на сигурноста и стабилноста на финансисиката институција во даденото макроекономско опкружување. (ПроКредит Банка Македонија)

Стопанска банка АД – Скопје ја отвори првата Банка од иднината i-bank store и официјално ја започна прославата на седум деценискиот јубилеј

АЛТЕРНАТИВНИТЕ ИНОВАТИВНИ БАНКАРСКИ УСЛУГИ ДОБИЈА СВОЈ ДОМ Стопанска банка АД – Скопје посака добредојде во првата Банка од иднината i-bank store што е отворена на кејот „Димитар Влахов“ во Скопје. Во мисијата на Стопанска банка стои дека во модерното окружување кое е во постојан подем и движење, каде личните потреби и очекувања се менуваат, и каде клиентите знаат повеќе, бараат повеќе и прават повеќе, Банката настојува да отвори нови можности преку понуда на финансиски производи и услуги кои соодветствуваат на овие промени, лесно достапни со помош на современи дистрибутивни канали. Со отворањето на i-bank store денес, сите алтернативни иновативни банкарски услуги добиваат свој дом и простор каде ќе бидат во фокусот на вниманието и на Банката и на клиентите. Во i-bank store регионалното искуство и познавање на пазарот преку глобалните технолошки иновации се преточува во локална предност за нашите клиенти. Паралелно со отворањето на i-bank store, Банката воведува уште неколку новитети кои значително ќе го подобрат искуството на клиентите при користење на банкарските услуги: • Унифицирана платформа со примена на OTP (one time password) токен за автентикација на налози за сите плаќања преку e-banking, m-banking и телефонско банкарство. Достапно само за физички лица. • Верзија од m-banking апликацијата е изработена и активирана и за Windows mobile уреди. • Стопанска банка е прва и единствена која во Македонија го воведе 3D Secure стандардот со кој Visa & MasterCard картичките издадени од банката од февруари 2014 година ќе бидат овозможени за безбедни интернет-плаќања насекаде во светот. -Пораката која Стопанска банка ја испраќа до пазарот денеска е дека продолжува да биде лидер, иноватор и најдинамична Банка која не само што ги разбира, туку и успева во рана фаза да ги открие потребите на клиентите со цел навремено да ги направи потребните инвестиции и промени во својот бизнис модел и постојано да биде чекор понапред во банкарскиот сектор, - изјави Диомидис Николетопулос, генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка. Со своето прилагодено работно време i-bank store ќе биде отворен за клиентите од 10 до 20:00 часот со цел да ги приближи, презентира и понуди пред се` i-bank алтернативните канали e-banking, m-banking, телефонско и банкарство преку АТМ. Дополнително, просторот нуди место за релаксација, дружење и интеракција на сосема друго ниво со нашите сегашни и идни клиенти, но и простор за поголема синергија со окружувањето во кое дејствува Банката. Со i-bank store официјално започнува и прославата на 70-годишнината на Банката која ќе биде одбележана со повеќе вакви настани и промоции. (Стопанска банка АД – Скопје)


БИЗНИС ИНФО

6

четврток, 6 Февруари 2014, Бр. 165

РЕАГИРАЊА Состанокот на Светската здравствена организација во Женева месецов е предизвик за тутунопроизводството во Република Македонија

ПРИНУДНО НАМАЛУВАЊЕ НА ОДГЛЕДУВАЊЕТО НА ТУТУН Е НЕАРГУМЕНТИРАНО И НЕПРИФАТЛИВО

Рамковната конвенција за контрола на тутунот - РККТ е првиот глобален договор за здравје усвоен од Светската здравствена организација (СЗО - WHO) во мај 2003 година. Целта е континуирано и значително да се редуцира распространетоста на употребата на тутун и изложеноста на чадот од тутунот. До денес, 176 држави, како и Европската унија, го потпишаа и ратификуваа Договорот. РККТ е законски обврзувачки меѓународен договор што беше склучен од страна на 193 држави-членки на СЗО, усвоен во 2003 година, а стапи на сила во 2005 година. Тогаш четириесетина држави-членки го вложија својот инструмент за ратификација, или некој од другите еквивалентни инструменти. Државите кои што го ратификуваат Договорот, се обврзуваат да го пренесат Договорот во нивните национални легислативи. Ова беше истакнато на редовната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија на које беше потенцирано дека Состанокот на Светската здравствена организација во Женева месецов е голем предизвик за тутунопроизводството во Република Македонија (3.02.2014 година). РККТ претставува агенда за контрола на тутунот и им обезбедува основни алати на државите да донесат исцрпна регулатива за тутунот. Република Македонија РККТ ја ратификува на 30.6.2006 година. Како членка на Конвенцијата треба да бидe подготвена за исполнување на партнерските обврски. Од друга страна, РМ треба да ги применува и принципите на Варшавската декларација за Европа без тутун и Европската стратегија за контрола на тутунот (ESTC - European Strategy for Tobacco Control ), усогласени со (FCTC-РКК). Овие обврски се во контрадикција со сегашната постојна економска реалност во Република Македонија. Исто така, Р. Македонија треба да ги применува EURO GАР (Good Agricultural Practices) стандардите на ЕУ (GLOBALGAP), со кои е регулирано користењето на систем на мерки за обезбедување квалитет на земјоделските производи. Во 2013 година тутунот се произведувал во 131 земја на сите континенти. На него се потпираат многу држави на развиениот и неразвиениот свет, кои од една страна го забрануваат за пушење на јавни места, а во исто време го користат како значаен извор за своите национални буџети. Поради високите даноци на цигарите, тие се мошне присутни во илегалната трговија од меѓународни размери.


четврток, 6 Февруари 2014, Бр. 165

БИЗНИС ИНФО

7

РЕАГИРАЊА Во седиштето на Светската здравствена организација во Женева од 28 до 31.01.2014 година се одржа состанок на Работната група по членовите 9 и 10, а од 18 до 20.02.2014 година ќе се одржи состанок за членовите 17 и 18 од РККТ.

Член 17 Обезбедување поддршка за економски одржливи алтернативни ак��ивности Страните во соработка едни со други и со надлежните меѓународни и регионални меѓувладини организации, треба да промовираат, како што е соодветно, економски одржливи алтернативи за тутунски работници - тутунопроизводителите и, како што може да биде случај, индивидуалните продавачи. Член 18 Заштита на животната средина и здравјето на лицата При извршување на нивните обврски според оваа конвенција, страните се согласуваат задолжително да ја почитуваат заштитата на животната средина и здравјето на лицата, како и во врска со животната средина во однос на одгледувањето на тутун и фабрикацијата во рамките на нивните територии. Работната група се движи кон стратегијата за принудно намалување на одгледувањето на тутун, што е неаргументирано и неприфатливо. Таа им сугерира на владите дека треба да ја отстранат секоја финансиска или техничка поддршка, а со тоа ги негираат овие луѓе, нивните приходи за живот или вршат еден вид дискриминација против нив.

Голем дел од учесниците во подготвувањето на конвенциите за против пушењето и промовирањето на здравствената заштита на населението во Македонија биле медицински експерти и непушачи, кои што имале строго погрешно мислење за тутунот, гледајќи само за неговата штетност без земање на неговите огромни позитивни социјални и економски значења за нашата земја. Република Македонија е потписник и на Варшавската декларација за Европа без тутун, во која постои еден фрагмент кој гласи: „Здравјето на луѓето е пред производството на тутунот и потребно е да се бараат алтернативни решенија за неговото производство“. Македонија е земја што одгледува ориентален тутун. Од реколтата 2012/2013 година во Македонија се произведоа 29.000 тони ориентален тутун, а во 2013 година склучени се 42.367 договори за производство на тутун, а тоа се околу 42.000 семејства. Извозот на тутун и преработки од тутун во вкупниот извоз од земјоделско-прехранбениот сектор се движи од 22,2% до 29,6%, а во вкупниот извоз на РМ од 4,0% до 5,0%. Дури 30% од државниот буџет се полни од работењето на тутунските компании присутни во државава. Одгледувањето тутун е важно занимање за населението во руралните реони во Македонија и има директно влијание врз економијата на државата. Штетни последици во регионите каде што се одгледува тутунот нема и не може да има, ниту пак постои друга култура за замена на тутунот. Исто така, производството на тутун нема никакви штетни влијанија врз почвата, водата, воздухот, како и врз растителниот и животинскиот свет. Доколку нема производство на тутун, нема да има егзистенција за населението кое произведувало тутун, а тоа директно ќе влијае на нарушување на здравјето на населението во руралните средини. Македонија неопходно треба да продолжи да го потпомага, односно да го зголеми субвенционирањето на производството на тутун. Многу е важно да се задржат сегашниве површини под тутун пред влезот во ЕУ. Потребно е да се отфрли секоја сугестија на Работната група за намалување на производството на тутун, бидејќи не ја одразува вистинската намера на Рамковната конвенција за контрола на тутунот (FCTC). Васко Ристовски


БИЗНИС ИНФО

8

четврток, 6 Февруари 2014, Бр. 165

ПРЕЗЕНТАЦИИ Проектот „Подобрување на енергетскиот менаџмент во македонската индустрија“ пред членките на Стопанската комора на Македонија

ТЕХНИЧКА ПОМОШ ЗА ПОДОБРО УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈАТА ВО ПРЕХРАНБЕНАТА ИНДУСТРИЈА На 30.01.2014 година, во Стопанската комора на Македонија официјално беше презентиран Проектот „Подобрување на енергетскиот менаџмент во македонската индустрија“. Тој започна да се имплементира во декември 2013 година, а има за цел намалување на потрошувачката на енергија и подобрување на енергетските и еколошки перформанси во малите и средни претпријатија од прехранбената индустрија во Македонија. Имплементаторот на Проектот - Центарот за климатски промени со своите партнери - Агенцијата за енергетика на РМ, Машинскиот факултет и Стопанската комора на Македонија, во следните 12 месеци ќе реализираат работилници и тренинзи за македонските компании од прехранбениот индустриски сектор кои ќе им се овозможат техничка помош за подобро управување со енергијата и имплементација на стандардот за управување со енергија ISO 50001:2011.

Факт е дека во македонската индустрија во изминатите години се спроведуваат мерки за заштеда на енергија преку поефикасно управување со енергијата, но сепак енергетската потрошувачка е се` уште релативно висока. Во тој контекст, реализацијата на целите на Проектот за подобрување на енергетските перформанси и перформансите во животната средина кај малите и средни претпријатија од прехранбента индустрија е од големо значење на нивниот натамошен развој. Имено, имплементирање на стандардите и мерките за квалитетно управување со енергијата и намалување на нејзината потрошувачка директно влијае врз намалување на трошоците на работењето, помала цена на производите, а со тоа и поголема конкурентност на пазарот.

На презнетацијата беа најавени и информативните семинари за енергетски менаџмент кои ќе бидат достапни за сите компании кои се заинтересирани за воведување мерки за штедење енергија, проектните активности предвидуваат и конкретна помош и обуки за енергетски менаџмент за одреден број селектирани компании, како и техничка помош за воведување на системот за управување со енергија ISO 50001:2011. А планираниот прирачник за енергетски менаџмент, кој ќе може да ги применуваат сите компании од прехранбениот сектор, ќе им овозможи на компаниите самостојно да применуваат практики за управување со енергијата. Зорица Мешкова


четврток, 6 Февруари 2014, Бр. 165

БИЗНИС ИНФО

9

ПРЕЗЕНТАЦИИ Александра Наќева Ружин, новоименувана амбасадорка на Република Македонија во Кралството Шведска во Стопaнската комора на Македонија

КОМПАНИИТЕ ПОБАРАА ПОДДРШКА ЗА ВЛЕЗ НА ПАЗАРИТЕ ВО НОРДИСКИТЕ ЗЕМЈИ

Новоименуваната амбасадорка на Република Македонија во Кралството Шведска Александра Наќева Ружин имаше средба со членки на Стопанската комора на Македонија, кои побараа поддршка во нивните напори за влез на пазарите во нордиските земји (30.01.2014 година). Изложувајќи ја својата платформа за нејзината идна дипломатска активност, таа најави дека економската дипломатија, пред се`, промоција на домашните компании, изнаоѓање бизниспартнери и продлабочување на трговската соработка, што ќе биде еден од нејзините приоритети. Таа им порача на компаниите дека може да сметаат на неа како на сериозен поддржувач независно во истражување на шведскиот пазар, воспоставување и развивање деловни врски или претставување на своите производи и услуги. - Шведска е мала, но отворена економија, една од најздравите во светски рамки. Иако сме на релативно голема оддалеченост, што е вид хендикеп, сепак, можностите и потенцијалот за соработка се огромни, - истакна Александра Наќева Ружин. Виното, храната, обувките, се само некои од производите што Македонија може да и` ги понуди на Шведска. Голем потенцијал има и туризмот. -Не треба да се плашиме дека шведскиот пазар е недопирлив за нас. Потребен е само исклучително сериозен пристап во работата што подразбира стандарден квалитет и навремена испорака, - рече извршниот директор на кожарницата „Димко Митрев“ од Велес, Атанас Киров, која 20 години извезува во Шведска. На „Димко Митрев“ воедно отпаѓаат 50 отсто од вкупниот македонски извоз во оваа нордиска земја. - Сакам да ги охрабрам нашите компании кои планираат да соработуваат со Швеѓаните тоа поскоро да го сторат. Нашата кожарница е единствена од сите 116 во поранешна Југославија и опстана благодарение токму на нив. Воспоставивме здраво партнерство и веќе две децении одлично функционираме. Тие се навистина заинтересирани за нашите производи, тоа и го покажуваат кога ќе дојдат во Македонија, - нагласи Киров. Една од македонските компании, која исто така извезува 20 години во Шведска, е и „Витаминка“. Во текот на дискусијата, од прилепската фабрика за текстил „Комфи – Ангел“ најавија нов производ со додадена вредност наменет исклучиво за шведскиот пазар, со повисока цена, кој ќе ги задоволи тамошните стандарди за квалитет. Тур-операторите, пак, побараа од Александра Наќева-Ружин да се заложи за претставување на македонските туристички потенцијали и изготвување студија за трендовите во туризмот во Шведска. Компанијата „Семос“ ја истакна својата успешна соработка со Норвешка како скандинавска земја и го покажа својот голем интерес за воспоставување економска соработка со Кралството Шведска. Според податоците, Македонија секоја година бележи негативно трговско салдо во размената со Шведска. Во 2012 година размената достигнала 37 милиони САД долари, што е раст од 15,6 отсто во однос на 2011 година кога саллдото било најниско. Извозот изнесувал 11,5 милиони САД долари, а увозот 25,7 милиони САД долари, што е негативен трговски биланс од 14,2 милиони САД долари. Македонија најмногу извезува обувки, прехранбени и производи од крзно, лифтови и други стоки со помала вредност, додека главно увезува моторни возила, машини и опрема, електрични у��еди, храна и хартија. Извозот во Финска е исто така незначителен, во последните пет години само 180.000 евра. Мало подобрување имало лани кога е забележан раст од 476.000 евра. Огнен Гаревски


БИЗНИС ИНФО

10

четврток, 6 Февруари 2014, Бр. 165

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

ЗАИНТЕРЕСИРАНОСТ ЗА ОТВАРАЊЕ ОТКУПНО-ДИСТРИБУТИВНИ ЦЕНТРИ

Бизнисмени од Охрид и Ирак ги согледуваа можностите за меѓусебна економска соработка

Во организација на Стопанската комора на Македонија на 31.1.2014 година во општина Охрид се одржа средба со претставници од Трговскоиндустриската комора на Сулејманија, Северен Ирак. Делегацијата од ирачки бизнисмени беше во неколкудневна посета на Република Македонија, а средбата во Охрид следеше по одржувањето на бизнис - форумот на 28.1.2014 година во Стопанската комора во Скопје. На средбата во Општина Охрид присуствуваа компании од Охридско- струшкиот регион заинтересирани за меѓусебна соработка и интензивирање на релациите со компаниите од Ирак. Претставниците на Општина Охрид ги претставија можностите за инвестирање и поволностите за соработка и разменија искуства и информации во интерес на понатамошно интензивирање на трговските можности. По завршувањето на официјалниот дел раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој при 0пштина Охрид, Ѓоко Апостолов го истакна следново: - Локалната самоуправа им понуди на Ирачаните неколку локации како можност каде би можеле да се изградат откупно- дистрибутивни центри со оглед на тоа што посочените локации се блиску и до Охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, како и поврзани со магистралните патишта. Интерес постои, а во овој момент проблем кој се наметнува е во потешкотиите за добивање виза, односно за да стигнат во Македонија најпрво треба да одат во Истанбул од каде што од нашиот конзулат обезбедуваат визи за Македонија. Но оваа делегација беше во посета на неколку министерства и сметам дека овој проблем ќе се надмине и реши на повисоко ниво. За нас особено значајно е што на овој состанок поканивме голем број претставници на бизнис секторот од Охрид, тие разменија контакти со ирачките бизнисмени, а по завршувањето на деловните средби очекуваме нивна непосредна соработка. Борис Тримчев


четврток, 6 Февруари 2014, Бр. 165

БИЗНИС ИНФО

11

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

МЕСНА ИНДУСТРИЈА ПРЕПОЗНАТЛИВА ПО 30 КВАЛИТЕТНИ ПРОИЗВОДИ

Регионалната комора со седиште во Прилеп заедно со градоначалникот Марјан Ристески беа во посета на „Марфил“

Регионалната комора со седиште во Прилеп заедно со градоначалникот Марјан Ристески беа во посета на месната индустрија „Марфил“. Фирмата постои 15 години и во неа се вработени над 50 висококфалификувани работници, специјализирани за производство и преработка на сувомеснати производи. Компанијата „Марфил“ е во сопственост на Звонко и Алберто Георгиески, а препознатливае по квалитетните сувомеснати производи, како во земјава, така и надвор од неа. Во својата производна програма опфатени се над 30 видови на сувомеснати производи кои се пласираат преку поголемите трговски ланци во Република Македонија. Компанијата„Марфил“ активно соработува со Регионалната комора со седиште во Прилеп и редовно учествува на сите манифестации што ги се организирани од нејзина страна, меѓу кои беше и нивното учество на саемот за прехрамбени производи во збратимениот град Верона во Италија во декември 2013 година. Ристо Најдоски

ЧЕКОР НАПРЕД ВО РЕГУЛИРАЊЕ НА ДОЛЖНИЧКОДОВЕРИТЕЛСКИТЕ ОДНОСИ

На Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Кичево се одржа презентација на Законот за финансиска дисциплина и Законот за задолжница

Во Регионалната комора со седиште во Кичево на 30.01.2014 година се одржа седница на Управениот одбор на Регионалната комора со седиште во Кичево. Претседателот Игор Соколески на присутните им ги претстави активностите извршени во минатата 2013 година, како и на предлози и донесување на нови програми за подобрување на проблемите на фирмите во стопанството на регионот во претстојната 2014 година. Стојмирка Тасевска, виш советник на Управен одбор на Стопанската комора на Македонија, ги презентираше Законот за финансиска дисциплина и Законот за задолжницата. По презентацијата се разви долга дискусија во однос на Законот за финансисака дисциплина за роковите за наплата, казнените одредби, слободата на скличување на договори, како и вондредните и редовни финансиски контроли. Претставниците на фирмите од регионот по расправата закључија дека овие закони се добар потег и чекот напред во работењето. Воедно, беше истакната и потребата од почесто одржување на едукативни настани, како обуки и семинари, заради информирање на фирмите за новините во областите кои се од значење за нивното работење. На седницата, Валентина Цветковска, советник во Стопанската комора на Македонија, го презентираше сертификатот Excellent SME, кој го издава Стопанска комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE од Хрватска. Дијана Лазороска


12

БИЗНИС ИНФО

четврток, 6 Февруари 2014, Бр. 165

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

НИКОЛАОС СКАНДАЛИС И ЈОАНИС РОЗИС НОВИ ЧЛЕНОВИ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ

„Окта“ АД Скопје

Николаос Скандалис и Јоанис Розис се избрани за нови членови на Одборот на директори на компанијата „ОКТА“. Скандалис, кој воедно е поставен и за претседател на Одборот на директори, е главен на оперативните активности на рафинеријата во Хеленик Петролеум Групацијата. Новите членови доаѓаат на местото на Сарантос Кириакопоулос, кој замина во пензија и Христос Ѕолас, кој останува да работи во Хеленик Петролеум Групацијата. Мандатот на новите членови треба да биде потврден на следното Собрание на акционери. (МИА)

ПОЕНИ И СО СЕКОЕ КУПУВАЊЕ ВО ПРОДАВНИЦИТЕ ПАРТНЕРИ НА КОМПАНИЈАТА

Т-Мобиле со поволности за „Мој клуб“

Сите припејд и постпејд корисници на Т-Мобиле отсега во рамки на програмата за лојалност „Мој клуб“ ќе добиваат поени и со секое купување во продавниците партнери на компанијата. Поени се собираат со купување во „Тинекс“, „Космо“, Travel Solution, Нептун, продавниците на Фешн Груп како што се Окаиди, Бата, Манго, Голден Поинт, Тимберланд, Хуго Бос, Спрингфилд.... - Собраните поени може да се користат за плаќање во која било продавница на партнерите, за нарачка на подароци од каталогот на Мој клуб или за купување уред од понудата на Т-Mobile во Доверба. Сè што треба за собирање или, пак, за плаќање со поени е телефон со T-Mobile постпејд или припејд број во моментот на пазарувањето. На каса, при плаќање сметка во која било продавница од партнерската мрежа се врти само бесплатниот број 180 и се допира мобилниот до терминалот, појаснуваат од Т-Мобиле. Преку MyT-Mobile, корисникот во секој момент ќе може да го следи своето салдо со поени и да планира каде сака и може да ги потроши. (МИА)

ПЛАН ПАЗАРНИОТ УДЕЛ ОД 14 ПРОЦЕНТИ ДВОЈНО ДА СЕ ЗГОЛЕМИ

Здравје „Радово“ ќе го освојува пазарот со нов производ од гамата јогурти

Здравје „Радово“ ќе го освојува пазарот со нов производ од гамата јогурти. Моментално нивниот пазарен удел е 14 проценти и планираат двојно да го зголемат. Маркетинг менаџерот Павел Павловски, промовирајќи го новиот јогурт на Здравје Радово, рече дека тој претставува надополнување на веќе постоечки бренд кој е добро етаблиран и се продава добро. Целта, како што рече, е за да се засили брендот. Појасни дека новиот јогурт е во старото пакување, со минимално изменет вкус, а за да има масовна дегустација и за да се уверат во квалитетот потрошувачите ќе биде со промотивна цена меѓу 42 и 47 денари. Павловски истакна дека имаат огромно количество суровина, што значи дека најголемите фарми и најголем број кооперанти соработуваат со млекарата. Тој додаде дека сега имаат околу 100 илјади литри на ден суровина, а годинава очекуваат да стигнат до 150 илјади литри прием. (МИА)


БИЗНИС ИНФО Скенирај и дознај повеќе

M

C

N IA

Што претставува сертификатот Excellent SME?

A

Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O

Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.

Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.

Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје

T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

E

S

E


БИЗНИС ИНФО

14

четврток, 6 Февруари 2014, Бр. 165

СТРАНСКИ ПЕЧАТ

ТРКА СО КОМПЈУТЕРИТЕ ВО КОЈА ЛУЃЕТО МОРА ДА ПОБЕДАТ

Расчекор во мислењата за влијанието на технолошкиот развој

Седнат до своите колеги од Yahoo, AT&T, BT Group и Cisco Systems, Марк ��ениоф, извршниот директор на Salesforce.com, го отвори Светскиот економски форум со сè популарното прашање за технолошката револуција. „Оваа панел дискусија најчесто ја водат Нобелови лауреати – економисти“, - рече тој на отворањето на Форумот во Давос. „Ние годинава застанавме на нивното место бидејќи технологијата е навистина важна, а не се сеќавам да имало поинтересно, позабавно, подинамично време“. Сепак, економистите нагласија дека можностите кои дигиталниот развој ги нуди за фирмите и заедниците со себе носат и сложени политички, економски и општествени ризици. Лоренс Самерс, економист и поранешен секретар во американското Министерство за финансии, рече дека напредувањето на технологијата е „една од најголемите работи кои некогаш му се случиле на човештвото“, но и дека „не е сè така розово“. Поранешниот економски советник на претседателот Обама ги спореди придобивките и проблемите со последиците од индустриската револуција и случувањата во тоа време, но нагласи дека денес светот нема такви политички водачи како водачите од крајот на XIX и почетокот на XX век, кои ги скроиле јавните политики во тоа време. „Во оваа технолошка доба сè уште не сме сретнале водачи од типот на Гледстон, Теди Рузвелт или Бизмарк“, - рече Самерс. Сите овие грижи се вкоренети во неизвесноста за влијанието што технолошкиот развој би го имал на работните места, за што досега говореле неколку извршни директори на технолошки фирми, и покрај нивниот генерален оптимизам за можните придобивки. За време на друга средба во рамките на Форумот во Давос, Ерик Шмит, претседател на бордот на директори на Google, предупреди дека автоматизацијата ќе збрише многу работни места. Тој го опиша процесот како „трка меѓу луѓето и компјутерите во која луѓето мора да победат“. Напредокот во истражувањата за вештачка интелигенција би можела да ги стави во ризик канцелариските работни места, и тоа во оние сектори за кои порано процесот на автоматизација не претставувал голем ризик. Оваа тенденција би била присутна како во производниот, така и во услужниот сектор. Моќта за предвидување на технолошката елита во Давос не е безгрешна. Морис Леви, ветеран на Форумот во Давос и извршен директор на маркетиншката агенција Publicis посочи дека иако сите на овој форум носеле паметни телефони, таблети, или и двете, пред десет години сите го имале уредот Palm Pilots. До неодамна се очекуваше виртуелната заедница Second Life да предизвика револуција во стопанството и општеството. Исто така, постои можност да се создадат многу нови работни места во технолошки области кои доправа ќе се развијат. Покрај тоа, економистите нагласуваат дека неодамнешните технолошки промени не ја зголемуваат продуктивноста, која во многу земји престана да расте минатата година. Можеби ова е поради тоа што иновациите не ја зголемуваат ефикасноста онака како што тоа го предвидуваат технолошките гиганти од калибарот на господинот Беиноф. Истовремено, многумина се оптимисти за влијанието на технологијата на животот на луѓето. Microsoft објави резултати од анкета според кои владее мислењето дека технологијата ќе ја подобри економската благосостојба. Според анкетата, девет од десет луѓе од земјите во развој мислат дека технологијата „го подобрува светот“. Во Кина, Мексико, Русија и Индија над 80 отсто сметаат дека технологијата помага да се премостат економските јазови. Сепак, во развиените земји 41 отсто мислат дека персоналната технологија е пречка за економските можности. Според резултатите од најновиот барометар на „Еделман траст“ кои беа објавени неделава, луѓето најмногу веруваат во технолошките фирми во споредба со фирмите од кој било друг сектор. И покрај ова, изготвувачите на политики и аналитичарите кои учествуваа на Форумот во Давос и понатаму се загрижени за можните негативни влијанија на технолошкиот развој врз посиромашните членови на заедницата доколку не се постигне еднаква распределба на технолошките придобивки. Учесниците на Форумот во Давос предупредуваат дека властите не се способни да се вмешаат и да ја спасат ситуацијата. Се плашат дека ова би можело да ја зголеми нееднаквоста во примањата и да предизвика остри реакции против претприемачите од технолошкиот сектор. ( „Financial times“)


четврток, 6 Февруари 2014, Бр. 165

БИЗНИС ИНФО

15

СТРАНСКИ ПЕЧАТ Европскиот Парламент започна истрага за работата на тројката која дава заеми во евро-зоната

ПОБУНА ПРОТИВ „ЅВЕРОТ“ КОЈ ЗАРОБУВА ЗЕМЈИ ВО ЕКОНОМСКИ ПОДЗЕМЕН СВЕТ

Во грчката митологија, Кербер е триглавото куче кое ги чува портите на Адот. Во современата грчка политика, тројката е триглавото чудовиште кое ја заробува земјата во економски подземен свет. Во Министерството за финансии на Атина, дури и хигиеничарките извикуваат „убијци“ на посетителите-членови на тројката. Во Лисабон протестните пароли гласат „Е** се тројко!“. Има еден нов популарен португалски неологизам, entroikado, кој всушност значи „економски зафркнат“. Како заштитник на кредиторите, тројката никогаш не била сакана. Триото на Меѓународниот монетарен фонд, Европската комисија и Европската централна банка беше импровизирано во времето на првото грчко откупување во мај 2010 година. Оттогаш беше во срцето на други спасувачки акции, на Ирска, Португалија и најпосле на Кипар. Нејзината зголемена улога е под знак прашалник. Дали чудовиштето откинува премногу од живото месо на земјите, а треба да штеди? И кој всушност го контролира ѕверот? Европскиот Парламент започна истрага за работата на тројката. Претставници од МЕП ги посетија земјите на кои им е даден заем и ги повикаа надлежните од тројката на одговорност. Социјалистите ја обвинуваат тројката за некомпетентност, дури и за прекршување на социјалните права во спогодбите на Европската унија, и сакаат истите да се поништат. Конзервативците велат дека тројката беше неопходно целисходна и ја докажа својата вредност, но со тек на време треба да се замени. И двете страни се согласуваат дека тоа почива на двосмислена правна основа и дека е алармантно необјасниво. Тројката најогорчено се критикува во Грција, и со некоја причина. Производството таму се намали за четвртина од почетокот на евро-кризата и 27% од населението е невработено. Иако Грција има, значително, постигнат примарен буџетски суфицит (т.е. пред плаќање на каматите) повторно им должи на своите кредитори, кои ја задржуваат следната транша од заемите. Тајмингот на овој спор е чуден. Грција го има ротирачкото претседателство со ЕУ, и нејзините ослабени владини ризици беа понижени во текот на европските избори во мај од страна на партиите кои се против тројката. Антонис Самарас, конзервативниот премиер, вели дека проблемот е предизвикан поради несогласувањата на ММФ и Комисијата; Грција, како што вели тој, ризикува да биде прегазена од „двата слона“. Навистина, челниците на тројката често не се согласуваа. ММФ без волја го прифати инсистирањето сениорите кои поседуваат акции во ирските банки да се поштедат, со што се зголеми оптоварувањето на ирските даночни обврзници. Фондот конзистентно оспоруваше, тивко на почетокот, а потоа и јавно, дека Европејците силно ја притискаат сиромаштијата. Иако тие го фалсификуваа првиот заем за Грција, стана се` потешко да се држи под контрола одржливоста на огромниот долг на Грција. Во прво време ова и` одговараше на Германија, која ја поддржуваше побарувачката приватните акционери да претрпат загуби за да се намали вториот заем (идеја од која се преплаши EЦБ). Сега фондот е непогоден: намалувањето на должничкиот кредибилитет на Грција бара отпишување на официјалните заеми. Германија ќе го продолжи враќањето на доспеаните долгови. Но „продолжувањето и претворањето“ остава голем надвиснат проблем на долг и политичка нестабилност која ги одбива инвеститорите. Самарас приватно верува дека ММФ зазема песимистички поглед на неговите јавни финансии за да се присили давање натамошна помош од Германија. Тој и` кажува на тројката да не врши премногу силен притисок за да не дојде до ситуација во која нивните барања ја зајакнуваат радикалната левичарска партија Сириза, која води во анкетите поврзани со мислењата на граѓаните. Германија, и, се подразбира, Комисијата, сочувствуваат со Грција, иако таа се`уште има долг пат да изоди пред остварувањето на големите суфицити и отплатата на својот долг. За ММФ, најсериозен недостаток е долгата листа на неизвршени структурни реформи. Ако Европејците навистина сакаат да ја задржат Сириза без моќ, најдобар одговор би било брзо простување на голем дел од долгот. Трите глави на тројката работеа, повеќе или помалку, пријателски, но реформите изостануваат. До некоја мера, тројката веќе избледува. Ирска и Шпанија (кои примија делумна сума за спас на нивните банки) ја завршија нивната програма за раздолжување и се вратија на пазарите. Португалија веројатно ќе го направи истото оваа пролет, можеби потпомогната од претпазлива кредитна линија. Останува вистинскиот проблем, Грција, и во помала мера Кипар. (The Economist)


БИЗНИС ИНФО

16

четврток, 6 Февруари 2014, Бр. 165

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

СЕ��ИНАР: РАБОТНИ ОДНОСИ

11.02.2014 година 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

„Суспензија на вработениот до конечна одлука на работодавачот, прекувремена работа, право на дополнителна работа, одлагање од извршување на конечна одлукадо донесување на судска одлука, празници, слободни денови, исплата на дневници и службени патувања, остварување на правата кај работодавачот, објавување на слободни работни места, спогодбен престанок на работниот однос, посебни договори согласно ЗРО, синдикално организирање на вработените во трговските друштва, основни обврски на работодавачот согласно Законот за безбедност и здравје при работа и остварување на правото на жалба согласно законски измени’’ ПРОГРАМА: - Суспензија на работник до конечна судска одлука; - Прекувремена работа; - Право на дополнителна работа; - Одлагање од извршување на конечна одлука до донесување на судска одлука; - Празници, слободни денови и исплата на дневници за службени патувања; - Остварување на правата кај работодавачот (член 181); - Огласување на слободни работни места; - Спогодбен престанок на работниот однос; - Посебни договори согласно ЗРО (член 252); - Синдикално организирање на вработените во трговските друштва; - Основни обврски на работодавачот согласно Законот за БЗР; - Правото на жалба согласно законските измени. Предавачи: - Миле Стојановски, државен советник во Министерството за труд и социјална политика и - Злате Стојановски, раководител на Одделение за работни односи при Државниот инспекторат за труд. За сите учесници на семинарот обезбедено е: - работен материјал и - сертификат за присуство на семинарот. Рок за пријавување: 10.02.2014 година Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел:++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса:beti@mchamber.mk

Контакт лице : Анита Митревска Тел:++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса:anita@mchamber.mk


четврток, 6 Февруари 2014, Бр. 165

БИЗНИС ИНФО

17

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

СЕМИНАР: „НОВИ ПРОПИСИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНОТ ЗА АРХИВСКИ МАТЕРИЈАЛ” -Канцеларискотo и архивскотo работењепредизвик на модерното административно и електронско работење

12 февруари 2014 година 9:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

Новиот Закон за архивски материјал е резултат на согледувањата за современите потреби од посоодветно нормативно регулирање на материјата во врска канцелариското работење, заштитата, чувањето, користењето и обработката на архивскиот материјал. Врз основа на Законот за архивски материјал произлегува и обврска за донесување на нова Уредба за архивско и канцелариско работење со која се доуредуваат прашањата кои се пропишани со Законот за архивски материјал. Воедно, ќе се презентираат и Предлог-упатството за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење; Правилникот за кадровски, технички и просторни услови за работа на документарните центри и Упатството за начинот на одбележување на документите со подолги рокови на користење.

Предавачи:

М-р Љупчо Фармакоски, дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, а магистрирал на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања на отсекот: Менаџмент на човечки ресурси.

Д-р Зоран Алексов, раководител на сектор во Државниот архив на Република Македонија.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручeк и освежување; - сертификат за присуство на семинарот.

Пријавување до 11 февруари 2014 година Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел:++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса:beti@mchamber.mk

Контакт лице : Анита Митревска Тел:++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса:anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

18

четврток, 6 Февруари 2014, Бр. 165

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

СЕМИНАР: „НОВИОТ ЗАКОН ЗА КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА И КРИВИЧНАТА ОДГОВОРНОСТ НА ПРАВНИТЕ ЛИЦА“

14.02.2014 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ПРОГРАМА “НОВИОТ ЗАКОН ЗА КРИВИЧНА ПОСТАПКА” I. ЗАКОН ЗА КРИВИЧНА ПОСТАПКА; 1. Вовед 2. Општи одредби 3. Пресумпција на невиност II. ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ И ПРАВОСУДНА ПОЛИЦИЈА 1. Права и обврски на јавниот обвинител 2. Надлежност на јавниот обвинител 3. Раководна улога на јавниот обвинител во предистражната постапка 4. Откажување на јавниот обвинител од кривично гонење 5. Условно одлагање на кривичното гонење 6. Непреземање на кривично гонење III. Истражни центри на јавното обвинителство -ПРАВОСУДНА ПОЛИЦИЈА 1. Должности на правосудната полиција 2. Овластувања на Управата за финансиска полиција и Царинската управа 3. Состав на правосудната полиција 4. Службеници доделени на јавниот обвинител по потреба 5. Функционално располагање со правосудната полиција

1. Услови кривична одговорност на правно лице 2. Граници на одговорноста правното лице 3. Одговорност во случај стечај и промена на статусот на правното лице

за на на

VI. Видови на кривични дела кај правните субјекти учесници во платниот промет; 1. Класивикација на дело при извршување 2. Форми на финансиски измами 3. Перење пари 4. Даночни измами и позрзаноста со перењето пари VII. Заклучоци Предавачи: 1. Наум Паноски, Јавен обвинител (Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција)

IV. ОБВИНЕТ И БРАНИТЕЛ 1. Права на лице повикано, приведено или лишено од слобода 2. Права на обвинетиот 3. Право на бранител 4. Заеднички бранител за повеќе обвинети и повеќе бранители за еден обвинет

2. Доц. Д-р Атанас Козарев, професор на факултетот на правни науки-катедра за казнено право Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество.

V. Kривично дело и кривична одговорност кај правните субјекти

Рок за пријавување: 12.02.2014 година Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел:++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса:beti@mchamber.mk

Контакт лице : Анита Митревска Тел:++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса:anita@mchamber.mk


четврток, 6 Февруари 2014, Бр. 165

БИЗНИС ИНФО

19

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

СЕМИНАР: ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО

„Поим и видови на вознемирување на работно место, вршител на вознемирување, место и време на вознемирување, права, обврски и одговорности на работодавачот и на вработените, oпределеност на мобингот во Законот за забрана за вознемирување на работно место и во Законот за работни односи, постапка за заштита од вознемирување пред работодавачот и постапка пред суд“

19.02.2014 година 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Во рамките на семинарот ќе бидат опфатени сите специфични аспекти поврзани со обврските на работодавачите и работниците кои произлегуваат од работниот однос во Република Македонија. Воедно, ќе се направи обид за расчистување на одредени нејаснотии и дилеми кои се јавуваат во праксата. ПРОГРАМА: - Поим и видови на вознемирување на работно место - Вршител на вознемирување - Место и време на вознемирување - Права, обврски и одговорности на работодавачот и на вработените - Определеност на мобингот во Законот за забрана за вознемирување на работно место и во Законот за работни односи - Постапка за заштита од вознемирување пред работодавачот и постапка пред суд

Предавачи: - Бојана Велковска, судија на Основен суд Скопје II – Скопје и - Павлина Попоска, судија на Основен суд Скопје II – Скопје.

Пријавување до 15 февруари 2014 година Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел:++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса:beti@mchamber.mk

Контакт лице : Анита Митревска Тел:++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса:anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

20

четврток, 6 Февруари 2014, Бр. 165

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

СЕМИНАР: „ЗАКОН ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА“

25.02.2014 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ПРОГРАМА „Закон за финансиска дисциплина” I. НАВРЕМЕНО ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПАРИЧНИ ОБВРСКИ 1. Вовед 2. Општи одредби 3. Носители на финансиска дисциплина II. ЈУРИСДИКЦИЈА НА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА 1. Деловни трансакции 2. Eкономски оператори 3. Jавниот сектор и економските оператори од приватниот сектор III. ПОИМИ ШТО СЕ УПОТРЕБУВААТ ВО ОВОЈ ЗАКОН 1. Деловна трансакција 2. Субјекти од јавен сектор 3. Економски оператори од приватниот сектор 4. Парична обврска 5. Фактура 6. Задоцнето плаќање 7. Законска казнена камата 8. Надоместок за доцнење во исполнувањето на паричната обврска 9. Одговорно лице во субјект од јавниот сектор 10. Одговорно лице во економски оператор од приватниот сектор

V . ПРАВО НА НАДОМЕСТОК ЗА ДОЦНЕЊЕ 1. Парични обврски кои не се исполнети во предвидениот рок 2. Право на камата 3. Делумно намирени парични обврски

Предавачи: 1. Љубомир Јорданов, државен советник во Министерството за финансии, член на Второстепената комисија за одлучување на решенија донесени од страна на Управата за јавни приходи 2. Доц. д-р по правни науки Костадин Дуковски, лиценциран вештак, внатрешен ревизор, член на најголемата асоцијација за финансиски измами ACFE; автор на книгите „Даночните затајувања како форма на економскиот криминал во Република Македонија” и „Ерозија на јавните финансии“.

VI. НАДЗОР НАД СПРОВЕДУВАЊЕТО 1. Финансиска инспекција во јавниот сектор

Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество.

VII. ЗАКЛУЧОЦИ

IV. РОК ЗА ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПАРИЧНИТЕ ОБВРСКИ 1. Kога должникот ја примил фактурата 2. Kога доверителот ја исполнил својата обврска 3. Истекот на рокот за преглед и потврдување на стоките и услугите

Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел:++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса:beti@mchamber.mk

Пријавување до 21.02.2014 година.

Контакт лице : Анита Митревска Тел:++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса:anita@mchamber.mk


четврток, 6 Февруари 2014, Бр. 165

БИЗНИС ИНФО

21

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Oд 26.02 до 2.03 2014 година во Република Турција ќе се одржат значајни саемски манифестации

UNICERA 2014, KITCHEN WORLD 2014 и GARDEN WORLD 2014 ВО ИСТАНБУЛ

Керамика: • мозаик, плочки за купатила и кујни; • кади, џакузи, туш кабини; • мебел за бањи; • сауни, турски бањи и нивна опрема; • хидро масажери; • керамички плочи и машини за нивна обработка; • хемикалии, лепила; • печки за керамика; • мебел за кујни, вградени апарати и апарати за кујна. Мебел за градини: • мебел за градина од дрво, ковано железо; • градинарски декорации; • нишалки, вештачки езера, водопади; • скари, саксии, клупи; • природни камења, мермер, гранит, вештачки карпи; • градинарски цвеќиња, природни и вештачки тревници; • косилки и базени. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 26.02 до 02.03 2014, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија.

Саемот може да го посетат најмногу две лица од една компанија.

Обезбедени се: - бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел) Check In од 12:00 до 14:00 ч.; - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел) и - бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра), како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари по лице за членки на Комората, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората).

Пријавување до 14.02.2014 година. Подетални информации можат да се добијат на веб-страната: http://www.unicera.com.tr/ или контактирајте не`.

Даниела Михајловска тел. 02 3244 021 моб: 072 22 00 37 факс:02 3244 088 daniela@mchamber.mk

Марија Петроска тел.02 3244 017 факс:02 3244 088 marija@mchamber.mk


22

БИЗНИС ИНФО

четврток, 6 Февруари 2014, Бр. 165

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС-СРЕДБИ ЗА ТУРИЗАМ „ГАСТ“

На 7 март 2014 година, во Сплит, Република Хрватска

Enterprise Europe Network при Стопанската комора на Македонија Ве поканува да учествувате на 5-то издание на веќе традиционалните брокерски настани, што ќе се одржат на 7 март 2014 година во Сплит, Република Хрватска, за време на Меѓународниот саем „Туризам ГАСТ 2014”. Брокерскиот настан за туризам „ГАСТ“ стана традиција за сите наши компании и партнери. Повеќе од 100 бизнисмени успешно учествуваа во брокерските настани минатата година, а повеќето од нив ќе се вратат повторно оваа година. Хрватска стана 28-ма членка на ЕУ, и се надеваме дека ова ќе Ве охрабри да ги отворите Вашите бизнис-хоризонти кон оваа земја во потрага по нови партнери и пазари. Сплит е домаќин на овој меѓународно познат саем за гастрономија во изминатите 20 години, а брокерскиот настан ќе се одржи традиционално, како дел од овој саем. Саемот се смета за најважен гастрономски настан во Хрватска на кој што се претставуваат производители и трговци на храна, пијалаци, хотели и опрема за угостителство и е препознатлив како клучно место за логистика за склучување договори. Ова ќе биде уникатна можност за задоволување на меѓународните компании за обезбедување услуги во различни сектори: -тур-оператори и агенти; - хотели, мотели и кампување; -здравје и спа-центри; -агро и екотуризам; -активен туризам; -сообраќај (автобус, железнички и воздушен); -осигурување и финансирање; -инвестирање во туризмот; -угостителски објекти: храна и пијалаци; - понуда и побарувачка на гастрономски производи; -интернет-туризам и др. Придобивки за Вашата компанија: -идентификација на нови потенцијални партнери пред регистрација за да се обезбеди ефикасност; - да се зголеми бројот на нови контакти преку претходно закажани деловни средби; -да се запознаат нови потенцијални партнери и да се развијат идни партнерства; -добивање поддршка од Enterprise Europe Network; -слободен влез за „ГАСТ“; -учеството на брокерскиот настан е бесплатно. Контакт: Лазо Ангелевски Европски информативен и иновативен центар Стопанска комора на Македонија Тел: ++ 389 2 3244090 Факс: ++ 389 2 3244088 E-адреса: laze@mchamber.mk


четврток, 6 Февруари 2014, Бр. 165

БИЗНИС ИНФО

23

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Oд 5 до 7 март 2014 година, Саем за готов мебел и декорација на мебел и украси, во Република Турција

„MODEKS 2014“ ВО БУРСА

Саемот е еден од поголемите специјализирани меѓународни манифестации од ваков тип, на којшто учествуваат голем број реномирани турски компании. Истиот се промовира во многу држави: Авганистан, Германија, Албанија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Словенија, Белорусија, Русија, Италија, Шпанија, Катар, Канада, Шведска, Швајцарија, Романија, Укранија, Јордан, Грција и др. На површина од 45.000 м2 во 6 хали, ексклузивни меѓународни трговски брендови и познати реномирани компании од Турција, ќе се претстават со своите производи: • модерен мебел; • мебел за дневни соби; • спални соби; • трпезарии, маси, столици; • класичен мебел, софи, фотелји; • ткаенини за мебел; • украси за мебел; • постелнини; • осветлување; • дизајнери; • здруженија за мебел; • детски соби и за тинејџери со стандард кревети; • медицински / ортопедски кревети и др. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 5 до 7 март 2014 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија. Саемот може да го посетат најмногу две лица од една компанија. Обезбедени се: - бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел) Check In од 12:00 до 14:00 ч.; - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел) и - бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра), како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари по лице за членки на Комората, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората). Пријавување до 23.02.2014 година. Подетални информации можат да се добијат на веб-страната: www.bursamodeks.com.tr или контактирајте не`.

Даниела Михајловска тел. 02 3244 021 моб: 072 22 00 37 факс:02 3244 088 daniela@mchamber.mk

Сашо Деспотоски тел.02 3244 089 факс:02 3244 088 saso@mchamber.mk


24

БИЗНИС ИНФО

четврток, 6 Февруари 2014, Бр. 165

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„WINDOW 2014“, „GLASS EXPO 2014“ И „DOOR EXPO 2014“ ВО ИСТАНБУЛ

Од 12 до 15 март 2014 година, Саем за прозори, стакло и врати во Република Турција

Станува збор за поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на коишто ќе учествуваат голем број реномирани странски и турски компании. Посетителите на саемот ќе имаат можност да ги видат разните видови изложени производи.

од 12 до 14 март 2014 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија. Саемот може да го посетат најмногу две лица од една компанија.

Прозори: Прозорски профили, ПВЦ профили, алуминиски профили, дрвени профили; механизми и рачки за профили; шарки за прозори, лизгачки системи, безбедносни системи за прозори; машини за заварување и за обработка; пневматски системи, прозорски системи; вентилација за прозорци; ролетни; материјал за изолации за прозорци, лепила, фасадни системи, изолации за топло, за вода, звук и пожар.

Обезбедени се: - бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел) Check In од 12:00 до 14:00 ч.; - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел) и - бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра), како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари по лице за членки на Комората, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората). Стопанската комора на Македонија и „Адонис Груп“ ги покануваат сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 01.03.2014 година. За повеќе информации за ISTANBUL WINDOW 2014 -посетете ја веб страната http://www.istanbulwindowfair.com/ или контактирајте не`.

Врати: Врати; ПВЦ врати; челични врати; стаклени врати; дрвени врати; врата за гаражи; ротациона врата; панел врата; врата од ковано железо; индустриски врати; секциска врата; блиндирана врата; хидраулична и пневматска врата; врати за болници; лизгачка врата; врати за возила; рамки за врата; автоматска врата; електронски систем за врата; механизам за автоматска врат�� Стакло: Рамно, повеќе слојно, темперирано стакло, стакло за автомобил, стакло отпорно на пожар, витраж, стакло за огледало, матирано, медицинско стакло; кристал и рачно изработено стакло, лабораториско стакло, оптичко стакло, декоративни стаклени предмети, конкавно стакло; машини за обработка; за сечење на стакло; материјал за изолација на стакло; завртки; резервни делови, хемикалии, лепило, двоено застаклување, калциум оксид, молекуларни сита, полупроизводи, бои за стакло, сода, течни стакла.

Даниела Михајловска тел. 02 3244 021 моб: 072 22 00 37 факс:02 3244 088 daniela@mchamber.mk

Перо Авакумовски тел.02 3244 048 факс:02 3244 088 pero@mchamber.mk

Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација

МАКЕДОНСКО-УКРАИНСКИ БИЗНИС-ФОРУМ Стопанската комора на Македонија во соработка со Трговскоиндустриската комора на Украина Ве покануваат да земете учество на Македонско-украинскиот бизнис-форум. Со оглед на одлично воспоставените политички и бизнисодноси меѓу Македонија и Украина овој бизнис-форум претставува можност македонските компании да воспостават директна бизниссоработка со украинските компании од различни стопански дејности, со цел да ја засилат и продлабочат билатералната економска соработка меѓу Македонија и Украина. Украина е огромени потенцијален пазар за македонските компании кои сакаат да извезуваат и да соработуваат со компании од оваа земја, која има над 47 милиони жители и континуирано бележи економски раст.

На 24 април 2014 година во Киев, Украина

Домаќин на Бизнис-форумот меѓу македонските и украинските компании ќе биде Трговско-индустриската комора на Украина во Киев. Форумот ќе се одржи на 24 април 2014 година во Киев, Украина. Пријавување до 7 февруари 2014 година. Контакт лице : Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk

Контакт лице : Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

БИЗНИС ИНФО

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

   

  

  

rɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤʖʗʝʠʖʠʒʥʜʑʤʑʣʗʠʖʓʚʓʑʓʠ ʡʠʣʗʒʟʠʠʡʢʗʞʗʟʚʡʢʠʣʤʠʢʚʚʓʠʢʑʞʜʚʤʗʟʑ ɴʤʠʡʑʟʣʜʑʜʠʞʠʢʑʟʑɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ rɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑʟʑʣʤʑʓʑʣʗʠʖʓʚʓʑʓʠʣʠʢʑʒʠʤʜʑ ʣʠʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚʜʠʞʡʑʟʚʚʓʠ ʙʑʓʚʣʟʠʣʤʠʖʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑʣʤʢʥʜʑ rɴʗʢʤʚʦʚʜʑʤʡʢʚʙʟʑʤʠʖɯʚʟʚʣʤʗʢʣʤʓʠʤʠ ʙʑʠʒʢʑʙʠʓʑʟʚʗʚʟʑʥʜʑʟʑɳʗʡʥʒʝʚʜʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑʚɢʔʗʟʨʚʹʑʤʑʙʑʓʢʑʒʠʤʥʓʑʻʗʟʑ ɳʗʡʥʒʝʚʜʑɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ rɱʒʥʜʑʤʑʤʢʑʗʠʜʠʝʥʤʢʚʞʗʣʗʨʚ ʠʖʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜ ʖʠʡʗʤʠʜ rɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑʚʡʢʑʜʣʑʤʑʣʗʠʖʓʚʓʑʑʤʡʠ ʖʠʔʠʓʠʢʣʠʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ rɳʑʒʠʤʑʓʠʔʢʥʡʚʠʖʖʠʞʑʜʣʚʞʥʞʥʩʗʣʟʚʨʚ ɪʑʡʠʓʗʽʗʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɣʠʢʚʣɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ  ɯʠʒ  CPSJT!NDIBNCFSNL

ɴʚʞʠʟʑɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ  TJNPOB!NDIBNCFSNL

ɴʤʠʡʑʟʣʜʑʜʠʞʠʢʑʟʑɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʥʝtɧʚʞʚʤʢʚʗɺʥʡʠʓʣʜʚi ɴʜʠʡʹʗ ʤʗʝ   ʦʑʜʣ  

Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:

Готвач во угостителски објект Гипсер – монтер Фасадер Аргон Заварувач


26

БИЗНИС ИНФО

четврток, 6 Февруари 2014, Бр. 165

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Компанија од Грција бара дистрибутер за пласман на делови за лифтови и комплетни системи за лифтови во Република Македонија. Валидност дo: 16.4.2014 година Компанија од Турција заинтересирана е во Република Македонија да пласира ткаенини за декорација, ткаенини за кошули и тексас ткаенини 100 % памук. Валидност дo: 16.4.2014 година Компанија од Хрватска бара соработка во областа на водоснабдување и пречистување на вода во Република Македонија за пласман на опрема и нивна монтажа. Валидност дo: 16.4.2014 година

Компанија од Чешка бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на електроопрема, електрични разводници, разводни кутии и орманчиња. Валидност дo: 16.3.2014 година Компанија од Египет бара дистрибутер во Република Mакедонија за пласман на мермер и гранит и репроматеријали за производство на стакло. Валидност дo: 16.02.2014 година Компанија од Италија бара соработка со супермаркети, пекарници, пицерии, слаткарници за пласман на разладни витрини и пултови, како и секакви видови фрижидери и ладилници во Република Македонија. Валидност дo: 16.3.2014 година

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на заштитни фолии за заштита при изведба на градежни работи. Валидност дo: 17.02.2014 година Компанија од Германија бара соработка со македонски компании во областа на планирање, вградување и сервисирање на соларни системи. Валидност дo: 17.4.2014 година Компанија од Грција бара соработка со македонски производители на етикети за стаклена амбалажа. Валидност дo: 17.3.2014 година Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за плaсман на


четврток, 6 Февруари 2014, Бр. 165

БИЗНИС ИНФО

27

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА ткаенини од памук, вискоза и Компанија од Србија полиестер. заинтересирана е да пласира во Валидност дo: 17.02.2014 година Република Mакедонија добиточна храна, фармацевтски ветеринарни Компанија од Кореја средства за дезинфекција на заинтересирана е да соработува опрема за фарми. со македонски производители Валидност дo: 18.02.2014 година на облека за пласман на етикети изработени од платно, картон и Компанија од Турција бара пластика. соработка со производители на Валидност дo: 17.4.2014 година чорапи и ракавици во Република Македонија за да ги снабдуваат со Компанија од Босна и предиво од памук и акрил. Херцеговина бара дистрибутер во Валидност дo: 18.3.2014 година Република Македонија за пласман на кеси од биоразградливи Компанија од Германија бара материјали во различни форми и дистрибутер во Република големини. Македонија за пласман на машини Валидност дo: 18.3.2014 година за мелење дрво и печки на дрво. Валидност дo: 19.3.2014 година Компанија од Грција бара соработка со производители Компанија од Грција бара на кујнски дрвени елементи, партнери за соработка во гардеробери, внатрешни и машинската индустрија во сигурносни врати во Република Република Македонија за пласман Македонија. на делови за машини. Валидност дo: 18.4.2014 година Валидност дo: 19.3.2014 година

Чешка компанија заинтересирана е да пласира регални системи во Република Македонија кои имаат примена во сите подрачја на индустријата, на пр. големи складови - магацини, јавната администрација, банки, мали бизниси и др. Валидност дo: 19.4.2014 година Компанија од Кина заинтересирана е за пласман на уреди за мерење, мерни системи, мерна опрема, медицински ваги, делови за уреди за мерење во Република Македонија. Валидност дo:19.03.2014 година Контакт: Мирјана Коцева Тел: (02) 3244-035 Факс: (02) 3244-088 mirjana@mchamber.mk

www.mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

28

четврток, 6 Февруари 2014, Бр. 165

ПОВИК

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија ги повикува домашните компании

МОЖНОСТ ЗА ПЛАСМАН НА СТОКА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА PAN AM 2015 ИГРИТЕ Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (АСИПИРМ) соопштува дека преку економскиот промотер во Канада и е доставена информација за одржување на Pan Am 2015 игрите, каде што македонските компании можат да се пријавуваат за набавка на стоки и услиги потребни за самото одржување на игрите во Торонто. Оние производи и услуги за кои ќе бидат потребни поголеми количини ќе се распишат меѓународни тендери за набавки. Сите заинтересирани компании членки кои би сакале да добавуваат свои производи или услуги за организаторите на овој настан можат да најдат подетални информации на следниов линк http://www.toronto2015.org/lang/ en/gallery/news/buying-the-games-goods-and-services.html, или може да се обратат директно до економскиот промотер за Канада, Ирена Ѓоргиевска irena.georgievska@investinmacedonia.com


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk М-р. Александар Кедиоски тел: : (02) 3244052, aleksandar@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


БИЗНИС ИНФО

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ПОКРОВИТЕЛИ

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БРИЛИЈАНТЕН Покровител

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


Бизнис ИНФО број 165 од 6 Февруари 2014