Бизнис ИНФО број 39 од 03.02.2011 година

Page 6

БИЗНИС ИНФО

6

четврток, 03 февруари 2011

ПРЕДУПРЕДУВАЊА Производители на заштитни врати формираа Групација во Комората и се пожалија

НЕЛОЈАЛНАТА КОНКУРЕНЦИЈА НАЈСТРАШНИОТ КАЛАУЗ

Во Стопанската комора на Македонија, на 28.01.2011 година, конcтитуирана е Групацијата на производители на заштитни врати, како стручен облик на организирање и работење на оваа дејност која ќе делува во рамките на Здружението на металната и електроиндустријата. Во Групацијата се здружија правни лица кои се занимаваат со производство на сите видови заштитни врати. Формирањето на Групацијата произлезе од потребата за заедничко разгледување на прашања за унапредување на работењето, заедничко разрешување на тековните проблеми, предлагање мерки од заеднички интерес, давање мислења и предлози по законски регулативи, соработка со надлежни органи, институции и организации и други прашања од заднички интерес. Расправајќи на седница, присутните истакнаа дека активностите на Групацијата треба да бидат насочени кон разрешување на проблемите со кои се соочуваат компаниите од овие дејности, посебно активностите во правец на разрешување на проблемите на нелојалната конкуренција и неконтролираниот квалитет што се појавува при увозот на заштитните врати. Од страна на државните институции и институциите за контрола и проверка на заштитните врати кои се вградуваат во зградите, ќе се побара поголема контрола на квалитетот и рецертификацијата на увезените

противпожарни врати. На седницата на Групацијата посебно беше истакнат проблемот на непостоење на овластена и акредитирана лабораторија за испитување на квалитетот на заштитните врати, за што се предложи да се побара од надлежните државни институции да се овласти тело (во коешто свое учество ќе земат и производителите), кое ќе врши контрола на квалитетот и ќе издава атести за квалитет. На конститутивната седница на предлог на членките се избра Управен одбор од 7 членови, за претседател е ибран Марјан Јовевски од “Златна ракаМ” од Скопје, а за заменик-претседател Лилјана Стојановска од „СЕФ„ од Скопје.

Војкан Николовски

АКТУЕЛНО Глобалниот индекс на конкурентност ја рангира Македонија на 79-то место

ПОСТОЈАНО, НО СЛАБО НАПРЕДУВАЊЕ

На светските економски настани во почетокот на годината вообичаено големо влијание има Светскиот економски форум, кој традиционално се одржува во Давос во Швајцарија. На овој Форум на кој присуствуваа околу 2500 до 3000 бизнисмени, носители на економска политика и водечките лидери и претставници на влади на многу земји, се дискутираат најпроблематичните теми за светската економија и предизвиците пред кои се исправени земјите. Но, вообичаено, за овој Форум секоја година се подготвува Глобален индекс на конкурентноста (The Global Compe��veness Report 2010–2011 is published by the WorldEconomic Forum within the framework of the Centre for Global Compe��veness and Performance), како референтен материјал базиран на научни и стручни истражувања за факторите кои ја детерминираат конкурентноста во светот, како и по одделни земји. Овој документ е референтен и го користат многу меѓународни институции и организации, професионални агенции за утврдување на рејтингот на земјите, приватни компании при дефинирањето на својата деловна политика и особено при носење одлуки за инвестирање во странство и други организации, стопански комори за своите анализи и слично. Со оглед дека Глобалниот индекс на конкурентноста ја дава реалната слика за состојбите

во државите, значајно е да се види како состојбите со конкурентноста во нашата земја ги оценуваат светски познати стручњаци и научници и како сме рангирани во однос на сите анализирани 139 држави. Што претставува глобалниот индекс на конкурентноста? Глобалниот индекс на конкурентност е синтетички индекс, пресметан со користење на голем број критериуми кои се однесуваат на севкупните состојби во државата, не само директните параметри во стопанството и економската политика, туку и соодветни параметри во нестопанството и во државните институции кои, сепак, имаат влијание на конкурентноста во државата. Глобалниот индекс е составен од 12 столбови за кои поединечно се пресметуваат соодветни индекси, од кои секој столб има по неколку поткритериуми, односно вкупно 111 и по сите нив е направено рангирање на земјите. Каде се наоѓа нашата држава и како е рангирана во Извештајот за глобалниот индекс на конкурентноста?


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.