Моторот е сместен во задниот дел и е поставен надолжно, исто како и кај неговиот претход ник, а ладилниците се монтирани на предниот дел, конструкција која резултира со едноставна визуелна контрола на течностите, која се изведува од ниво на тлото. Сите ладилници се групирани на едно место, момент кој ја олеснува контролата но исто така и нивното чистење и тоа без употреба на посебен алат. Исто така електричните и хидрау личните компоненти се групирани во посебен оддел кој е лесно пристапен за контрола и сервисирање, а уредот за централизирано, автоматско подмачкување (Auto-lube) му овоз можува на операторот да се посвети само на работните задачи. Економичност и одржливост Турбо дизелскиот агрегат Cat C7.1 ACERT™ испорачува 169 КС (126kW) и ги исполнува USA EPA Tier 4 Final/EU Stage IV стандардите за
14
Година 6 • Квартал 1
емисија на издувни гасови. Во постигнувањето на рекордни еколошки резултати вклучени се низа системи за прочистување: diesel exhaust fluid (DEF), diesel oxidation catalyst, diesel particulate filter (DPF). Ако овде ја додадеме можноста за користење на нафта со макси мално учество на био гориво до 20%, станува јасно дека приоритет на инженерите прет ставувала токму максималната редукција на штетните материи од издувните гасови. Кон намалувањето на потрошувачката свој придонес даваат и еко-модот кој ја успорува брзината на моторот штедејќи гориво, без притоа да се влијае на перформансите. Сите овие интервенции на погонската група делуваат прилично охрабрувачки, потрошувач ката на гориво е намалена за цели 10 проценти со истовремено задржување на перформан сите и ефикасноста на работата.