GT21

Page 1

Специјализирано списание за градежништво и транспорт • Излегува четири пати годишно

Година VI • Број 21

Komatsu PC4000 • Volvo PL3005 D Caterpillar M318F • BOMAG BF 800 C Hyundai HB100 • Anhui Heli Modriča • Wurth • Nissan AmphiCoach GTS-1 • Volkswagen Caddy


СОДРЖИНА Претставуваме: Од уреднички агол........................................................................................3 Komatsu PC4000 ...............................................................................................4 Volvo PL3005 D..................................................................................................8 Caterpillar M318F..........................................................................................12

Издавач: КУКОМ дооел - Скопје

BOMAG BF 800 C...............................................................................................16 Hyundai HB100................................................................................................20 Anhui Heli, дизел вилушкарите...............................................................24

Главен и одговорен уредник: Благоја Дрнков Графички уредник: Филип Даскаловски Постојани соработници: Агрон Сулејман, Зоран Коцев, Андријан Трипунов Маркетинг: Благоја Дрнков, Наташа Спасовска Адреса на редакцијата: „М. Т. Гологанов бр.149-3/3 1000 Скопје

Занимливости, вести... Wurth рачен алат...........................................................................................28 ПВЦ или алуминиум?....................................................................................30 Nissan Around View Monitor.....................................................................34 МГ Компанија: Испорачана првата Volvo машина..........................36 Хидроизолација на темели......................................................................38 Водородот како гориво............................................................................42 Modriča.............................................................................................................46 Renault, Iveco и MAN годинава ќе слават............................................50 Продажба на комерцијални возила.....................................................52

Сите права задржани. Ниту еден дел, текст или фотографија не смее да се репродуцира или дистрибуира на било кој начин или на било кој јазик, без претходна согласност од редакцијата на Г и Т. Г и Т е тромесечна ревија.

Trанспорт AmphiCoach GTS-1............................................................................................56 Прекуморски превоз....................................................................................60 Volkswagen Caddy.........................................................................................62 Ginaf...................................................................................................................64 Ram 1500 EcoDiesel HFE...............................................................................68

www.g-t.com.mk

02 3223 531 2

Година 6 • Квартал 1


Од уреднички агол Пет години GT 1.Почитувани при­ја­тели на GT, веќе навлеговме во шестата година од нашето дружење. Можеби бројката из­гле­ да скромна, но да се опстои пет полни годи­ ни на идеја за специја­ лизирано списание во­ оп­ што не е едноставна мисија. Поготово ако се говори за теми кои се атрактивни само за ко­ рисниците кои своите про­ фесионални ангаж­ ма­ ни ги поврзуваат со областите од Грагежништво­то и Транспортот. Петте години кои се зад нас, навистина беа ис­клу­ чително динамични и исполнети со многу предиз­ вици. Придобивање на доверба на читателите во нашето списание, претставуваше апсолутен при­о­ ритет. Знаеме, таквиот пристап е “потешкиот начин“ но дава резулатат на подолги патеки и креира нераскинлив однос помеѓу понудените содржини и читателот. Етаблирањето на списанието помеѓу про­ фесионалните кругови, за малата уредувачка/ авторска екипа претставува огромна сатисфакција за вложениот труд. Уште повеќе, остварените кон­ такти помеѓу разните субјекти - кои неретко за­ вршуваа и со конкретни зделки – претставуваат силен поттик за уште поголема посветеност. Што ново може да се очекува од GT во наредниот период? Професионалност, посветеност и многу но­ви содржини. Уредништвото сериозно размис­лу­ ва за додавање на уште една буква во името – што би значело покривање на уште една голема област - но за тие планови, поконкретно во некој од наредните броеви!

стабилно политичко опкружување. Било каква на­ јава за нарушување на околностите предизвикува дисконтинуитет во развојот со воздржувано одне­ сување на постојните и задршка кај потенцијалните инвеститори. Бизнисот би бил многу посреќен ако функционира во стабилни и предвидливи услови, без дискон­ ти­ нуитет во политичка, легислативна ... и секоја друга смисла. Многу едноставно за разбирање, но уште потешко за остварување на тие елементарни економски предуслови. За жал, државите од “балканиве“ без разлика на нивното (не)членување во големите евроатлантски системи, често знаат да изненадат со оригинални модели и правци на развој. На штета на вкупната бизнис клима – се рабира, нели?! 3. Според нашата вообичаена практика, последни­от дел од уводникот го посветуваме на темите кои Ви ­ги нудиме во овој број. Огромниот eлектричeн ба­гер Komatsu PC4000, грејдерот Volvo G903B, багерот­ на тркала CAT 138F, комбинирката Hyundai HB100, дамперот Hitachi 5000AC, вагите PFREUNDT,... Во овој број свое место најдоа и нашите редовни рибрики за Wurth, NGH Modrića маслата, Усјепор,... Транспортниот програм е исклучително интересен: автобус-амфибиа AMPHY Coatch GTS-1, потоа исклучителниот холандски камион Ginaf, моќните пикапи Volkswagen Caddy и Dodge RAM 1500,…

Ви посакувам пријатно читање Главен уредник Благоја Дрнков

2. Нема ништо ново да кажеме ако уште еднаш констатираме дека капиталот е плашлив. Бизнис заедницата ефикасно работи само во услови на Година 6 • Квартал 1

3


Komatsu PC4000

Мегавати за мега- товарење Џинот за товарање Komatsu PC4000 може да биде опремен со дизелски мотор со 16 цилиндри кој ослободува 1.400 kW (1.875 КС) или пак со електромотор од нешто поскромни но сепак огромни 1.350 kW. Покрај отсуство на бучавата сите останати карактеристики на двете варијанти се речиси идентични.

4

Година 6 • Квартал 1


Овие огромни машини мора да се почитуваат. Како инаку може да се третира натоварувач кој со еден зафат на лопата или корпата може да понесе цели 22 метри кубни материјал. Да се­ како, зависно од природата на работата овој јапонски натоварувач може да користи лопа­та или пак товарењето да го изведува со помош на корпа. И во двата случаи станува збор за идентичен капацитет на двете товар­ ни опции. Во согласност со основната намена, се упо­ требуваат и погонски мотори од кои еден ра­ ­ боти на нафта а другиот на електрична енергија. На прашањето зошто и електрична енергија, одоговорот е доста прагматичен. Ако во близина на теренот на кој треба да работи има стабилен извор на електрична енер­гија а температурите се релативно нис­ ки, тогаш струјата се наметнува како опти­ мално решение. Нема проблеми со замрз­ну­ вање на нафтата или пак потреба од нејзино скла­ди­рање. Пријателска кабина Работните машини со огромни димензии – кабината е сместена на височина од 8.30m предизвикуваат стравопочит кај лаиците. Мора­да се поседува и прилична доза на одважност за да се седне зад командите на машина која тежи безмалку 400 тони. А како се чувствува навистина операторот? Прилич­ но комотно и пријатно. Помеѓу останатото, кон тоа чувство придонесуваат извонредната изолираност на кабината изведена со 8 сло­ еви на вискозни плочи, потоа темелно изведе­ ната климатизација и електричните џојстиккоманди преку кои се диригира со огромната силина на хидрауличните пумпи. Безбедносните стандарди се тука за без­гриж­ но поминување на работно време и це­лосно посветување на работата. Во кабината има место за уште еден оператор (инструк­тор) а додатоците во вид на квалитетен аудио уред, двојно филтриран воздух, фрижидер за пи­ја­ лоци, ја надополнуваат сликата за богато ос­

мислениот кабински простор. Додатно, кон зголемена продуктивност при­ до­несува одличната видливост на сите страни која во случај на влошени временски услови е помогната од осум моќни ксенонски светла. Моќна механика за ненадминлива продуктивност Површинските копови функционираат рела­ тив­но едноставно - ефективноста се мери со ископани, натоварени и пренесени тони ма­ теријал. Токму тоа Komatsu PC4000 го може многу добро. Всушност нема да погрешиме ако кажеме и – најдобро. Сé е подредено на постигнување на максимална продуктивност. Вкупно на располагање се ставени четири комбинации: две моторни изведби и две то­ варни можности. Во случај на дизелски агре­ гат, 16-те цилиндри ослободуваат 1.400 kW додека кога наместо него во моторниот простор е сместен електромотор тој ќе се заврти постигнувајќи 1.350 kW. Можноста за вградување на товарна лопата (максималана работна должина од 7.15m) или пак “багер­ ска“ корпа (досег до 9.75m) зависи од кон­ кретната потреба, но треба да се знае дека и во двата случаи дамперот ќе биде натовару­ ван со по 22 метри кубни, во само еден зафат на машината. Година 6 • Квартал 1

5


во заштедата на вкупната тежина поради раз­ личната природа на класичниот дизелски мо­ тор кој е далеку потежок од еднакво снажни­от електромотор. Во секој случај, со големите капацитети на натоварувачот – само хидрауличниот систем функционира со 5.900 литри течност – се излегува релативно едноставно на крај. Всушност контрола на параметрите се врши преку вградените инструменти поставени на прегледно место во кабината а сервисира­ њето се сведува само на промена на течнос­ тите и филтрите.

Поместувањето на натоварувачот, во случај на вграден погонски електромотор, мора да се планира внимателно поради приклучниот ка­бел за напојување – во секој случај машината со вкупна должина од 10.45 m, може мак­си­ мално да се движи со 2.1 км/ч. Може да се обложите на едноставно оддржување Најнапред треба да се знае дека конструк­то­ рите се погрижиле за безбедно сместување на хидрауличните цилиндри кои се зашти­те­ни под подвижните надворешни делови. Подмачкувањето на механичките компоненти е централизирано а индикаторите за контро­ ла на течностите се групирани на едно место и може да се изврши од основното ниво на машината. Поради подобра заштита хидрауличните пум­ пи се сместени во посебен оддел, изолиран од моторниот дел. Предноста на употреба на електромотор се огледа во фактот дека се избегнува потреба од вградување на резервоар за нафта, како и

6

Година 6 • Квартал 1

Технички податоци Мотор

Електричен

Силина

1.350 kW (1.836 КС)

Оперативна тежина.

(385 – 392) kg

Хидрауличен проток

4.140 L/min

Максимален притисок

310 bar



Volvo PL3005 D

Пријател на цевководи Во Volvo Construction Equipment имаат силна пасија кон пер­фор­ амнсите. Потврда на нивната посветеност е поставувачот на цевки Volvo PL3005 D кај кого освен врвните перформанси во прв план избиваат ефикасната работа и ниски­те трошоци на експлоатација.

8

Година 6 • Квартал 1


Преносот на течните и гасните енергенси, потоа поставувањето на комуналните инста­ лации, водоводни системи за греење,... нај­ ефи­касно се обавува со цевководи. Преку нив на големи растојанија се пренесуваат сирова нафта и гас, а нашата држава со својата по­ ложба претставува природен пат на тие го­ле­ ми системи. Без разлика на големината, из­ градбата на тие системи градежниците ја ­сме­таат за рутина. Да секако, тука е совреме­ ната градежна механизација која при секоја работна операција знае максимално да ја олес­ни работата. Кога говориме за специја­лен кран кој е задолжен за поставување на цевки­ те, незибежен е моделот Volvo PL3005 D кој е докажан придружник при изведувањето на цевководите и тоа и при најсложени теренски услови. Со својата ефикасност и постојаност при експлоатацијата и со конструкција со кран кој е сместен челно, тој стана неизбежен дел на секојa цевководна конструкција и верен соработник на градежниците. Година 6 • Квартал 1

9


Механика Поставувачот на цевки, во основа е стандар­ ден багер со странично поставена работна рака. Тоа значи дека и двете машини делат идентична механичка основа. Всушност пре­ на­мената на машината може да се изврши во само еден ден, менувајќи ги притоа само ме­ ханичките компоненти и поврзувајќи ги со фабрички подготвените инсталации. Но сепак, тоа е само опциска можност која оди во при­ лог на универзалноста и употребливоста на машината. Конструкцијата на поставувачот на цевки – со можност за ротација на вителот за 3600 – обезбедува извонредни маневарски способ­ ности. За движење - максимално може до 5.9 км/ч - како и за ротирање се користат хид­ раулични мотори додека улогата на главен двигател е доверена на современиот дизел­ски турбо мотор со волумен од 7.8 литри и максимална моќност од 228 КС. Работната рака е со должина од 7.3 метри а по потреба може да се додаде екстендер со кого

10

Година 6 • Квартал 1

дофатот се продолжува на 9.2 метри. Моделот PL3005 D може максимално да подигне то­вар од 51 ton а ако тоа не е доволно Volvo на рас­ полагање има и идентичен модел со зголемен капацитет. Интересно е да се напомене дека во зависност од тежинските оптеретувања а в ­о функција на зголемена стабилност и урамно­ тежување, на самите гасеници е поставен контратег кој во стандардната изведба е со тежина од 6.800 kg. Работен амбиент Конструкторите на Volvo посебно внимание пос­ветуваат на работниот амбинет на опе­ра­ торот. Автоматаската климатизација со двојно филтрирање на воздухот кај нив секогаш доа­ѓа како стандарддна опција. Сите релевантни податоци се следат на двата монитори, од кои едниот ги покажува параметрите од LMS (Load Management System) системот кој се грижи за товарот и негово безбедно преместување. Предно поставениот, асиметричен механизам за подигнување овозможува чист видик пред


операторот а за секој случај на задниот дел на машината е поставена и камера која додатно ја олеснува работата. По потреба поради зго­ лемување на видливоста, кабината со помош на хидраулика може да се подигне што прет­ ставува уште еден придонес кон прецизната изведба на работните операции. Кога се говори за шведскиот производител, без­ бедносната заштита на кабината се под­ разбира само по себе. Овде говориме за ре­ шетки кои се поставуваат од сите страни на кабината како и на нејзиниот горен дел. Капацитети и одржување До сите контролни точки, кои се групирани на едно место, се пристапува од ниво на тлото. Посебно се истакнуваат филтрите и ладил­ни­ ците кои се одделени од моторниот простор, до нив се пристапува преку големите капаци и истите може многу лесно да се заменат или исчистат. Брзата и крајно едноставна контрола на флуи­ дите како и краткото време за сервисирање овозможуваат празните одови на машината да се сведат на минимум. Адекватност на нашиот пазар Самата помисла за учество во големите га­со­ водни системи на државата, подразбира по­ ста­вување на цевки, и тоа на долги должин­ски сегменти. Да не заборавиме и на комунални­те потреби на урбаните центри кои мора пос­ тојано да се градат и оддржуваат. Ако кон овие основни намени на поставувачот на цевки Vol-

vo PL3005 D ја додадеме и можноста за брза трансформација во стандарден багер (прак­ тично корисникот добива една машина со две ралични намени) како и релативно едностав­ ниот транспорт на машината (без потреба од демонтирање на механичките делови), станува јасно дека Volvo PL3005 D со задоволство би била прифатена од страна на нашите гра­ дежници.

овластен дилер за VOLVO Градежни машини ул. ЛЕРИНСКА бр. 68а моб.: +389 78 383 484 / тел.: +389 02 615 52 50 e-mail: info@mgk.mk www.mgk.mk

Година 6 • Квартал 1

11


Caterpillar M318F

Во дослух со корисниците Обновениот багер на тркала, Cat M318F е констриуран во непосредна соработка со корисниците кои сугерираат за карактеристиките што ги очекуваат од една современа машина.

12

Година 6 • Квартал 1


На чело на таа листа на очекувани карак­ те­ ристики се: квалитетот и постојаноста, ниските трошоци на експлоатација, комфорот и без­ бедноста на операторот, едноставното упра­ вување и одржување, трајноста, и еколошката прифатливост. Токму според овие поставени цели, а воедно и задржувајќи ги сите претход­ ни вредности како што се Cat Smartboom™, контролата на движењето, хидраулика при­ла­ годлива според оптеретувањето, посебна пумпа задолжена за ротирање, хидраулична пумпа за разладниот систем, комотен работен простор, како и лесна промена на алатот, зна­ чи токму околу овие вредности е дизајниран Cat M318F. Комфор и безбедност Тврдењето дека кај багерите, во дизајнерска слисла, нема повеќе што да се менува, со промените извршени на Cat M318F, силно е дематирано. Кабината е изградена со почи­ тување на најновите ROPS – регулативи за заш­ тита, вратата е проширена а за подобрена видливост се задолжени паралелни бришачи на предното стакло. Исто така, наново се дизајнирани и ретровизорите кои сега имаат опција и за загревање, потоа светлосната гру­ па е појачана со вградување на LED светла а поставените камери, со посебен монитор вграден во кабината, ја надополнуваат вид­ ливоста на сите страни. Во внатрешноста на кабината уште може да се сретне новиот управувач кој е изведен со на­ гиб и кој има можност за прилагодување на висината. Вистински исчекор е направен во изолацијата на кабината па сега вибрациите се сведени на минимум а бучавата изнесува само 71 dB(A)

функција го ослободува операторот од по­ стојано притискање на сопирачките кога ма­ шината е во движење, со што се олеснува ­ма­неврирањето односно се зголемува про­­­дук­ тивноста на работата. Уште една додатна погодност доаѓа во вид на контрола на брзината (cruise control) преку која операторот бирајќи опција на екранот може да ја контролира но и да ја ограничи максималната брзина со која се движи баге­ рот. Зависно од работните задачи како и од приклучените додатни алатки, операторот може да ги регулира и останатите параметри како што се хидрауличниот притисок и прото­ кот на течноста.

Лесно управување, оддржување и сервис Кога од страна на операторот ќе биде вклучен автоматскиот систем, тогаш во функција се ста­ ваат сопирање на осцилации на оските и се активира паркирната сопирачка, со што ма­ шината е подготвена за ископување. Оваа Година 6 • Квартал 1

13


Моторот е сместен во задниот дел и е поста­вен надолжно, исто како и кај неговиот прет­ход­ ник, а ладилниците се монтирани на пред­ниот дел, конструкција која резултира со едноставна визуелна контрола на течностите, која се изведува од ниво на тлото. Сите ла­дилници се групирани на едно место, момент кој ја олеснува контролата но исто така и нивното чистење и тоа без употреба на посе­бен алат. Исто така електричните и хидрау­ личните компоненти се групирани во посебен оддел кој е лесно пристапен за контрола и сервисирање, а уредот за централизирано, автоматско подмачкување (Auto-lube) му овоз­ можува на операторот да се посвети само на работните задачи. Економичност и одржливост Турбо дизелскиот агрегат Cat C7.1 ACERT™ испорачува 169 КС (126kW) и ги исполнува USA EPA Tier 4 Final/EU Stage IV стандардите за

14

Година 6 • Квартал 1

емисија на издувни гасови. Во постигнувањето на рекордни еколошки резултати вклучени се низа системи за прочистување: diesel exhaust fluid (DEF), diesel oxidation catalyst, diesel particulate filter (DPF). Ако овде ја додадеме можноста за користење на нафта со макси­ мално учество на био гориво до 20%, станува јасно дека приоритет на инженерите прет­ ставувала токму максималната редукција на штетните материи од издувните гасови. Кон намалувањето на потрошувачката свој придонес даваат и еко-модот кој ја успорува брзината на моторот штедејќи гориво, без притоа да се влијае на перформансите. Сите овие интервенции на погонската група делуваат прилично охрабрувачки, потро­шу­вач­ ката на гориво е намалена за цели 10 про­центи со истовремено задржување на перформан­ сите и ефикасноста на работата.



BOMAG BF 800 C

Ноќен градежен проект: Она што патниците не го знаат Финишерот BOMAG BF 800 C покажа импресивни перформанси при ре­кон­ струкцијата на аеродромската писта во Нирнберг. Навечер со импресивно осветлување, подлогата беше подновена во должина од 2.8km и широчина од 15m. Целата работа беше изведена од 23:00ч. до 07:00ч. изутрина, во три викенди помеѓу крајот на Април и почетокот на Јули. За овој проект изведувачот, високоценетата градежна фирма “W. Markgraf GmbH & Co KG” од Бајрот (Bayreuth), користеше 2 х BF 800 C финишери со S500 даска до 8m. За набивањето, беа користени тандем ваљаците BW 100 AC и BW 154 AP со ASPHALT MANAGER.

16

Година 6 • Квартал 1


Хронологија на една успешно изведена работна задача 23:00h: - Аеродромот во Нирнберг е важно пристаниште за воздушниот сообраќај кон и од jугот на Германија. Исто така е и еден од ретките аеродроми без забрана за ноќни ле­ тови. Вкупната должина на пистата изнесува 2.8 km. Од Јули 2009 пистата е обновена и проширена од 45 на 60 m. Тоа значеше дека постоечката површина мора да биде обно­ вена, како и да се прошират рабовите, вклу­ чувајќи ги инсталациите за кабли и светлата за слетување. За да се намалат ефектите од воздушниот сообраќај што е можно повеќе, аеродромот беше целосно затворен за летови 6 викенди во време помеѓу 23:00h навечер до 07:00h наутро.

би­де мешан и поставен со многу пониска тем­ пература. Адитиви во форма на восок или зеолит се додаваат во стандардната асфалт­на мешавина, што овозможува да биде мешан и поставен без притоа да се прави компромис во производството и перформансите. По пос­ тавувањето, на асфалтот може да се вози со температура од 70°C - за проектот во Нирнберг тоа беше најдобро решение за да се обез­ беди брзо пуштање на сообраќајот.

01:00 h: - Откако бетонските подлоги на пис­ тата беа извадени, започна поставувањето на асфалт со ниска температура. Споредувајќи го со другите типови, овој асфалт, може да Година 6 • Квартал 1

17


Овој метод, кој е брз и економичен за аеро­ дромот, од друга страна пак врши голем вре­ менски притисок врз изведувачот. За време на ноќта, фирмата Markgraf имаше само 6 часа додека сообраќајот беше стопиран, да пос­ тави нов слој, да чека да се олади и да го пре­ даде на аеродромските власти спремен за сообраќај. Секое доцнење беше исклучено од старт, бидејќи доцно примопредавање ќе значеше високи пенали. “Спецификациите за овој проект, беа нормално, многу високи”, се сеќава проект менаџерот Андреас Фолкл (Andreas Völkl). “Обновување на писта е тежок проект. Мора да биде прецизно испланиран и се мора да функционира совршено. Нормал­ но нашата цел е секогаш да завршиме пер­ фек­ тна работа, но овде немавме никаков прос­тор за грешка. Авионите мораа повторно да слетат сигурно на пистата”.

18

Година 6 • Квартал 1

02:00h: - Изненадувачки, и покрај големиот вре­­менски притисок, можеше да се почувст­ вува релаксирана атмосфера на аеродромот - несвојствено за вакви проекти. Причината беше - покрај искусниот тим кој работи заед­ но во хармонија - финишер на кој можеа да се потпрат. Благодарејќи на големите нивели­рачки плочи, направени од високо отпорен челик и опти­ малната дистрибуција на тежина, високоперформансните даски на двата BOMAG BF 800 C финишери, создадоа униформна повр­ шина и рамност - без бранови и пукнатини. На овој проект, исто така, финишерите обез­ бедија високо ниво на сигурност, коe беше виталнo сметајќи ги временските рамки и при­ тисок. Клучна карактеристика во тоа беше MAGMALIFE системот за греење на даските. Електрично греење каде грејните елементи се


алуминиумски излеани плочи, кои се многу издржливи и подеднакво ја распоредуваат топ­ лината. “Дистрибуцијата на топлина е многу добра. Плочите се загреваат брзо - што беше важно за да немаме доцнења”, беше заклучокот на Андреас Фолкл. Придонес кој и помогна на фирмата од Бајрот да ги оствари високите критериуми за квалитет и краткиот временски распоред. 03:00h: - Како часовник, основниот слој, бин­ дерот и површинските слоеви беа поставува­ ни со брзина од 5 метри во минута. Важно за работниците на ноќната смена: финишерот BF 800 C е мошне тивок и се управува лесно и интуитивно. Без стресни работници и ситуа­ ции и без доцнења на аеродромот во Нирн­ берг. За време на проектот, проект менаџе­ рот Андреас Фолкл, секогаш ја имаше на ум тем­ пературата на асфалтот која се бараше од аеродромските власти. Таа не смееше да надмине 70°C “Ни беше потребна апсолутна сигурност за овој проект и благодарејќи на

двата BF 800 C финишера и натамношното набивање на асфалтот со двата тандем ва­ љака, се помина без застој”, заклучи Фолкл. 07:00h:- Во точно 07:00 часот утрото, контро­ ла на квалитетот беше извршена од гра­деж­­ни­ те инспектори за сигурност од аеродромот во Нирнберг. Благодарејќи на BOMAG фи­ни­ше­ рите, Андреас Фолкл знаеше што ќе покажат тестовите на инспекторите: нивоата на на­бие­ ност, квалитетот и рамноста беа сите по спе­ фицикација. Неколку минути подоцна, Фолкл заврши добра ноќна работа: “Во 07:30h ги гледате првите патници на аеродромот, кои се упатуваат на својот летен одмор, без идеја што ние направивме за време на ноќта. И се чувстувате задоволен од својата работа”.

Година 6 • Квартал 1

19


Hyundai HB100

Талент за универзални активности Два во едно, ова можеби е најдобриот израз за комбинираните машини кои од една страна ја играат улогата на багер/ровокопач а од друга страна имаат можности за поместување и товарење на истиот тој материјал.

20

Година 6 • Квартал 1


Компактните машини од типот на Hyundai HB100 нудат решенија за изведување на не­ колку операции, започнувајќи од копањето ровови, преку поместување на материјалот па се до негово товарење. Навидум едноставна­­­та конструкција, на инженерите им поставу­ ва конт­ радикторни барања, па затоа секогаш овие машини во себе неизбежно содржат комп­ ромиси во однос на физичките капаци­ тети. Дали акцентот ќе биде ставен на “булдожерскиот“ или “багерскиот“ карактер пред се зависи од природата на предвиде­ни­те работни активности на корисникот. Сестраноста како предност Во тој контекст Hyundai HB100 со своите сестрани таленти ќе знае да одоговори на ра­ ботни задачи кои пред се бараат неколку вида на операции а обемноста на работите е се поскромен капацитет. Како погонски агрегат се користи четирицилиндерски дизел агрегат од 4.5 литри, производ на Iveco, кој испорачу­ва максимална моќност од 99 КС. При избор на овој агрегат освен докажаната доверливост веројатно одлучувачка улога одиграл и еко­ лошкиот аспект односно исполнувањето на строгите норми против загадувањето. Машината според својата механичка архи­тек­ тура претставува пример за класичен пристап. “Тракторскиот“ каракер се огледа со напред поставениот мотор и погонот на задниот пар

тркала. Менувачот има четири степени на пре­ нос за движење напред при што макси­малната брзина изнесува 37.5 км/ч, и три сте­ пени на пренос за движење наназад. Хидрау­ личните пумпи обезбедуваат работа на задни­ от зат­ варач на диференцијалот, сопи­ рачките и уп­ равувањето. Капацитети Товарната лопата, стандардно поставена на предната страна, со својата широчина од 235 цм. има капацитет од точно еден кубен метар додека корпата на багерот, во варијанта со ши­­рочина од 70 цм, може да понесе матери­јал со волумен од 200 литри. Професионалците, земајќи ги предвид компактните димензии и припаѓачката класа, ќе знаат да ги ценат овие вредности исто како и лесната подвижност и брзиот циклус на работа.

Година 6 • Квартал 1

21


Кога станува збор за контрола на состојбата на системите, редовните сервиси и оддржу­ вањето, тие навистина се крајно едноставни и брзо изводливи.

22

Година 6 • Квартал 1

Пријателски настроен простор Кабината наменета за операторот е изградена со почитување на сите потреби на операто­рот. Видливоста на сите страни е одлична. Таа, кај овој тип машини, и не смее да биде поинаква но тоа што остава впечаток кај овој комбини­ ран јужно-кореец е пријателската и при­ла­год­ лива работна средина. Управувачот може да се подесува по нагиб а на инструментите, смес­ тени класично пред операторот, може да се отчитаат сите релевантни параметри на маши­ ната со што се остварува потполна контрола над сите уреди. Комбинираните машини со компактни димен­ зии имаат свои големи предности во ситуации кога треба со само една машина да се изведат работи од типот на ископување, преместување и товарење на материјал. И тука се непри­кос­ новени. Ограничувањата, наметнати од димен­ зиите, се однесуваат на волуминозноста на работите.



Anhui Heli, дизел вилушкарите

Вашиот верен пријател Гасните и електричните вилушкари се прв избор за многу бизниси, но никогаш нема да ги истиснат дизел вилушкарите. Има доста причини зошто.

24

Година 6 • Квартал 1


Издржливи, доверливи и долготрајни, дизел ви­­лушкарите се неприкосновени во услови на мачна и тешка работа, посебно кога одр­ жу­ вањето им е нередовно и нестручно. Со други зборови, кога се штеди. Но има и уште една поважна работа - за разлика од гасните кои не смеат да се користат во затворени простории и електричните на кои им е забранет пристап до лесно запаливи материи и кои не би треба­ ло да се употребуваат, а посебно да се чуваат на отворено, за дизел вилушкарите нема ни­ какви ограничувања. Едноставно, за нивното користење не постојат никакви бариери, ни­т у законски, ниту безбедносни, ниту пак од ас­ пект на можна штета на машината. Anhui Heli, како еден од најголемите светски производители на вилушкари чии производи се карактеризираат со употребата на компо­ ненти од водечките производители како што ­се Nissan, Isuzu, Kubota и слични, како и по ис­клу­ чително поволните цени, има солидно по­ полнета понуда на дизел вилушкари. Вкупно 11 модели распределени во пет тежински кате­ гории од 1 до 10 тони покриваат широк ди­ јапазон потреби на секаков бизнис, посебно оние на кои им треба сигурна и подвижна машина прегледна за управување, ефикасна во работата, издржлива во експлоатацијата и едноставна и евтина за одржување. Најмалата категорија ги содржи моделите CPCD10, 15 и 18 со носивост од 1.000, 1.500 односно 1.750 kg. Сопствената тежина им из­ несува меѓу 2.605 и 2.835 kg во зависност од моделот, а проектирани се со тежиште на 500 mm. Широки се 1.070 mm, високи 2.070, а долги се меѓу 3.465 и 3.513 mm и можат да се свртат во простор со радиус од 1.955, односно 1.985 mm. Брзината на движење им изнесува 17-18 km/h, а височината на подигнување на товарот 3.000 mm, опционално до 6.000 mm. Имаат еколошки прифатливи Isuzu C240PKJ или Kubota V2403 дизел мотори, а тркалата можат да им бидат полни и со пневматици. Работното место е ергономски организира­но, а за поголема безбедност во работата се

грижат и високоефикасниот хидрауличен сис­ тем и неколку интегрирани сигурносни сис­ теми. Контролен систем го надзира и ра­бо­те­ њето на моторот, кој во случај на низок при­­тисок на масло или прегревање автомат­с­ ки се исклучува. Истите особености ги имаат и малку поголе­ мите CPCD20 и 25 модели, кои имаат носивост од 2.000, односно 2.500 kg. Имаат Isuzu C240PKJ, Isuzu 4JG2, Kubota V2403 или Kubota V3300 мотори, а тешки се 3.345, односно 3.705 kg. Тежиштето им е на иста височина како и кај помалите модели вилушкари на Heli, а од нив се пошироки за 8 и подолги за некои трие­ сеттина сантиметри. Заради тоа им треба и малце поголем минимален простор за сврту­ вање со радиус од 2.170, односно 2.240 mm,

Година 6 • Квартал 1

25


но затоа еднакво се брзи и можат да го по­ дигнат товарот на истите височини - 3.000, односно 6.000 mm, исто како и моделите CPCD30 и 35. Со носивост од 3.000 и 3.500 kg и сопствена тежина од 4.375 и 4.935 kg тие веќе се сразмерно поголеми - долги се 3.772, односно 2.783 mm, широки 1.225 и високи 2.090 mm. Минималниот радиус на вртење им изнесува 2.400, односно 2.420 mm, а имаат Isuzu C240PKJ, Isuzu 4JG2, Kubota V2403 или Kubota V3600 мотори. Поголемите CPCD40 и 45, пак, веќе се со по­и­ наква конструкција со двојни предни тркала и различен изглед. Имаат носивост од 4.000 и 4.500 килограми соодветно, тежиштето им е на 600 mm, а тежината им изнесува 6.600 и 7.100 kg. Долги се точно 4.374 mm, широки 1.480 и високи 2.290 mm. Можат да се свртат во простор со радиус од 2.800 mm, а со по­мош на Mitsubishi S6S-T или Isuzu A-6BG1QC ди­зел моторите товарот можат да го подигнат на

истите височини од 3.000, односно 6.000 mm опционално. И најголемите ЦПЦД80 и 100 мо­ дели можат да го сторат истото тоа и покрај зна­чително поголемата носивост од 8, однос­ но 10 тони. За баланс на тоа имаат тежина од 10.960, односно 12.150 kg, долги се 5.160 и 5.630 mm, а високи 2.560 mm. Широчината им е значително поголема - 2.165 mm, заради што им треба минимален простор со радиус од 3,7, односно 3,9 метри за свртување. Сите вилушкари на Anhui Heli имаат сертифи­ кат за квалитет во согласност со европските стандарди.

овластен дилер за VOLVO Градежни машини ул. ЛЕРИНСКА бр. 68а моб.: +389 78 383 484 / тел.: +389 02 615 52 50 e-mail: info@mgk.mk www.mgk.mk

26

Година 6 • Квартал 1


МГ КОМПАНИЈА ОВЛАСТЕН ДИСТРИБУТЕР ЗА МАКЕДОНИЈА ул. ЛЕРИНСКА бр. 68а / моб.: +389 78 383 484 / тел.: +389 02 615 52 50 e-mail: info@mgk.mk / www.mgk.mk


Wurth рачен алат

Racing Edition На врвните професионалци доволен им е мал простор и се разбира про­ фесионален рачен алат, за да го на­ п­ рават замисленето. Ако по некој слу­чај тие треба да подготват врвно натпреварувачко возило, тогаш неоп­ ходната помош ќе ја добијат во вид на Racing – количката со алат.

Тврда горна површина Отворање со една рака, систем на индивидуално заклучување Гумени тркала, ф 100мм, со кочница

28

Година 6 • Квартал 1

Се што е поврзано со тркањето мора да биде од самиот врв на понудата, најдобро од нај­ доброто. За брзи интервенции врз врвните ме­ ханички компоненти, покрај вештината на ме­ ханичарите, бездруго е потребен и врвен алат. Токму Racing - количката со алат на Wurth, од линијата Racing Edition, е наменски дизајни­ рана за овој тип на работа. Предноста на Racing - количката со алат се состои во фактот што таа е поставена на тркала со пречник од 10 cm, со што се обез­ бедува брз пристап до местото за интервен­ ции. Обоена во црвено, количката со димензии (700 x 410 x 705)cm има седум посебни фиоки кои се отвараат преку куглични лагери. Нивната цврстина се огледа во дозволената тежина – горната платформа може да се оптерети со 250 кг. додека секоја фиока посебно со по 30 кг. Вреди да се напомене и лесното одржува­ ње овозможено од глатките површини кои воедно се отпорни и на хемиските течности. Да, да не заборавиме, овој алат е наменет за тврдокорните професионалци кои притоа се занимаваат и со подготовка на тркачки строеви!


Фиока 1 – ZEBRA® сет насадни клучеви, 56 парчиња Содржина ¼”: 6-аг глава патенти: SW4/5/5.5/6/7/8/9/10/11/12/13/14; крцкалка; продолжетоци 100/150 mm, кардан, брзо-изменлив адаптер, рачка - одвртувач, 15 Битови: PH 1/2/3; TX 10/15/20/25/27/30/40; SW 3/4/5/6; SZ 0.8x5.5 Содржина ½”: 6-аг глава патенти: SW 10/11/12/13/14/15/16/17/18/19/20/ 21/22/24/26/27/28/30/32; крцкалка; продолжетоци 125 mm / 250 mm, кардан

Фиока 2 – ZEBRA® сет одвртувачи, 24 парчиња Содржина: Одвртувачи со 6-аг острица и рамни 0.6 x 3.5/0.8 x 4.5/1.2 x 7.0/1.6 x 9.0; PH 1/2; одвртувач, краток PH 1/2 верзија; одвртувач TX 10/15/20/25/27/30/40; долги имбуси со кугла 1.5–10

Фиока 3 – ZEBRA® комбинирани клучеви окаст-вилушкаст, 26 парчиња Содржина: SW 6/7/8/9/10/11/12/13/14/15/16/17/18/19/20/21/22/23/24/25/26/ 27/28/29/30/32/34

Фиока 4 – ZEBRA® клешти и сет ударни алати, 19 парчиња Содржина: ZEBRA® сечки, 160 mm; ZEBRA® комбинирки, 180 mm; ZEBRA® шпицангли со сечки, 210 mm; ZEBRA® папагалки, само-кочечки, 250 mm; избијачи, диј. Вел. 1/2 /3/4; избијач, 120 mm; избијач180 mm; секач, диј. Вел. 2/3/4/5/6/8; рамен секач, L x W: 125 x 15 mm; секач, L x W: 125 x 5 mm

ВУРТ МАКЕДОНИЈА дооел ул. Борис Трајковски 93, 1000 Скопје тел: 02/ 272 80 80 / www.wurth.com.mk Година 6 • Квартал 1

29


ПВЦ или алуминиум?

Разлики меѓу АЛУ и ПВЦ столаријата Комбинирањето на материјалите при изработ­ка­та на столарија има за цел постигнување повисок квалитет по поразумна цена, што некогаш нé тера да правиме компромиси при изборот

30

Година 6 • Квартал 1


На основа на високото ниво на ма­шинска об­ работка, професионална­та технологија, флек­ сибилната конс­трук­ција и во согласност со ISO стан­­­дардите, европскиот стил ја за­чувува енер­ гијата на термичкиот ск­ло ­ п на лизгачките вра­ ти и про­зор­ците. Овие системи се висо­ко­ква­литетна ком­би­на­ ци­ ја на шупливо стакло и рамка од нерѓосу­ вачки челик, но не може секој да си ги дозволи. Затоа и најчесто изборот е меѓу алуми­ни­ум­с­ ката и ПВЦ столарија. Но, кои се всушност практичните разлики меѓу овие материјали и како да ја из­бе­рете вистинската столарија што ви треба? Постојат на стотина комби­нации до­ с­­тапни за домашна и ко­мерци­јална употреба, како што се соби на локалите, француски или гра­­динарски врати, балкони и слич­но, кои мо­ жат да ги задоволат ва­ шите најразлични ба­ рања. Заради тоа тешко е да се одлучи кој тип на прозорец или врата е најдобар. Сé зависи од вкусот и животниот стил. Предности и мани Главната предност на алуми­ниум­с­ки­те про­фи­ ли во изработка на сто­ларија (прозорци, врати, портали, фа­сади и друго) лежи во механич­ки­те особини на алуминиумот како материјал. Тој е врвен избор кога се во прашање структурни фасади, го­ леми застаклени површини, авто­ мат­ски сензорни врати и слично.

Основниот недостаток на алуми­ ни­ умот е не­ говата топлотна провод­ли­вост. За разлика од ПВЦ-то, алуми­ниумот е метал кој ја спрове­дува топ­ лината доста добро. Тоа може да биде проблем ако се користи за врати и прозорци во области каде пос­тојат големи разлики ме­ѓу над­ворешните температури и внат­реш­ниот про­ с­ тор, а кои се одвоени со алу­ миниумска структура. Потоплиот воздух од внатрешноста доаѓа во допир со алуминиумските профи­ли, што е добро бидејќи ниските темпе­ратури од надворешната средина мо­ жат да доведат до кондензација на вода од воздухот. Овој проб­ лем е решен со воведува­ње на такана­ре­чените топлотни мостови. Топлотен мост е материјал кој полошо ја спро­ведува температурата и слу­ жи да го спречи преносот на студ од над­­во­ решните алуминиумски профили на внат­реш­ ната страна. Материјалот од кој ПВЦ профилите се про­из­ ведуваат има помал ко­е­фициент на топлотна проводливост во споредба со алуминиумските про­­ фили, така што ПВЦ прозорците задржу­ ваат повеќе топлина во про­сториите во однос на оние со алу­ миниумска рамка. Од истата Година 6 • Квартал 1

31


повеќе од 70 отсто од вкуп­ната површина на прозорецот и за­тоа е битно да се изберат од­ го­ ва­ рачки стаклени прозорци при ин­ с­ талацијата. Ако сакате да постигнете поква­ ли­ те­ тна топ­ лот­на и звучна изолација, и за ПВЦ и за алу­ми­ ниумската столарија потребно е да се користи изолацио­ но стакло. Внатрешните врати нај­ чес­то се од алу­миниум, бидејќи тој овозможу­ва монтажа на браварија која е значи­телно по­ев­ тина од браваријата на­ менета за монтирање на ПВЦ вра­тите кои бараат рачки од обете ст­ ра­ни на вратата.

причи­ на со ПВЦ столаријата полесно се из­ бегнува и мразот. Но, без оглед на тоа кој тип ПВЦ или алу­ми­ ниумски прозорци ќе из­бе­ре­те, многу поважен е изборот на про­зорското стакло. Едноставно, стак­лените површини на прозорците за­фаќаат

32

Година 6 • Квартал 1

Интензитет на притисокот на ветрот и водоотпорни особини Како материјал, ПВЦ не е толку јак како алу­ миниумот, заради што и рам­­ ките од него се засилуваат со метал. Интензитетот на при­ти­ сокот на ветрот и водоотпорните особи­ни не му се така силни како кај алу­ми­ниумот и зара­ди тоа често се скло­ пува со алу­ миниумско-вра­ мена елок­­сирана бра­варија. Сончевата светлост го разложува ПВЦ, освен оној што специјално е третиран. Винил про­


зор­ците содр­жат површински слој од рефлек­ ти­рачки материјал како што е тита­ниум ди­ок­ сидот, кој го забавува дејство­ то на сонцето. Алуминиумските про­ зор­­ ци природно се от­ порни на UV зрачењата. Антистатички електрицитет и грмење Алуминиумот е добар проводник кај прозорци­ те и рамките на вратите и може да се користи како заштита од удар на гром и антистатички елек­трицитет. Бои Кај ПВЦ материјалите постои помал избор на бои во однос на алу­ми­ниумот. Некои од боите во понудата се белата, златен даб, темен даб и ирски даб, потоа махагони, цреша, вишна, црна антрацит и други.

ДРВО ПРОМ ул. Штипски пат ББ, 2300 Кочани Тел.: 033 / 270 - 576 drvopromkochani@gmail.com

Година 6 • Квартал 1

33


Nissan Around View Monitor

Очи ширум затворени Nissan ја лиценцираше својата Around View Monitor технологија на Hitachi Construction Machinery

34

Година 6 • Квартал 1


Hitachi Construction Machinery, Nissan ќе им овозможи на операторите на огромните ма­ шини како што се дамперите и багерите бес­ прекорна прегледност од 360° околу машини­ те. Колкаво влијание тоа ќе има врз без­беднос­та во работата на рудниците не треба да се потенцира, уште повеќе што во пакет со неа е лиценцирана и Moving Object Detection тех­ нологијата, која ги следи и детектира и објек­ тите што се движат. Во случај нешто (или некој) да се најде во близина на машината, операто­ рот ќе биде предупреден и визуелно, и звучно. Nissan ги има развиено Around View Monitor и На оние што ги следат новостите кај авто­мо­ билите веќе добро им е позната Nissan-овата Around View Monitor технологија, со која во­ зачот буквално може да вози без воопшто да гледа низ прозорците. Таа се состои од четири камери монтирани на надворешноста на во­зи­ лото чија слика софтверски се компонира во птичја перспектива и прикажува на мониторот во внатрешноста. Така возачот, гледајќи само во него, со неверојатна прецизност може да се движи покрај и меѓу објекти кои инаку не се гледаат - жардинјери, на пример. Поставеноста на објектите (пред, зад, од страна на возилото) и нивната големина (ниски, високи) воопшто не е битна. Оваа технологија, колку и да е привлечна во светот на автомобилите, најголемата практич­ ност сепак ќе ја има на друго место - во ру­дар­ ството. Имено, со нејзиното лиценцирање на

Moving Object Detection технологиите во со­ работка со Clarion. Првото претставување на Around View Monitor технологијата беше во 2007 година, а на Moving Object Detection во 2010-тата. И двете се основа на проектот за комерцијално достапно автономно возило кое само ќе се управува, предвидено за 2020 го­ дина. Парите што ќе ги добие Nissan од ли­цен­ цирањето ќе бидат вложени токму во не­го­вото натамошно развивање.

Година 6 • Квартал 1

35


Испорачана првата Volvo машина

овластен дилер за VOLVO Градежни машини

36

Година 6 • Квартал 1

ул. ЛЕРИНСКА бр. 68а моб.: +389 78 383 484 / тел.: +389 02 615 52 50 e-mail: info@mgk.mk www.mgk.mk


Новиот овластен дистрибутер за Volvo Construction Equipment, фирмата МГ Компанија од Скопје, за краток период по превземање на обврските за застапништво, успеа да ја пласира првата нова машина која го носи амблемот на Volvo, еден од најреномираните светски производители на работни машини. Клучевите на мини багерот, Volvo EC 27, од стра­­­ на на директорот за пост продажба Владо Димитриески, му беа предадени на ра­ ко­­во­ди­телот на градежната фирма “Хантерс“. Интересно е да се напомене дека заедно со малиот багер, додатно е испорачан и еден ударен чекан. Во техничките спецификации

на моделот Volvo EC 27 стои дека оператив­ ната тежина на машината изнесува 2.790 кг, вградениот турбо дизелски мотор од 1.6 ли­ три ослободува 27 КС и дeка може да копа до длабочина од 3.10 m. Тоа што ние од прет­ходно го знаеме е фактот дека и мини багерот на Volvo го красат истите особини како и неговите поголеми техно­ лошки браќа, а тоа се квалитет, издржливост, ефикасност и едноставно одржување. Ис­кре­ но се надеваме дека испораката на првата Volvo машина, за МГ Компанија ќе претставу­ва само почеток на една успешна бизнис сторија.

Година 6 • Квартал 1

37


Хидроизолација на темели

Спречете ја „настинката“ на куќата навреме Суровоста на природата не може да се победи со сила - таа може да се скроти единствено со ум

38


Неодамнешните поплави во целост покажаа колку сурова може да биде природата. Против таква сила човек не може да се бори гради во гради, ќе загуби. Таа ќе победи дури и кога не ја демонстрира сета своја моќ како што беше случај со енормните количества вода што ја поплавија Македонија - и многу помалку вода може да направи проблеми кои не се решаваат лесно. Влагата е еден од најголемите непријатели и на човекот, и на градбите, во кои најчесто и најмногу продира преку темелите. Тие се нешто што најпрво се прави, но последно дознава ако не се како што треба. При нивната изведба големо внимание се посветува на статиката на теренот и градбата, а многу помало на хид­ роизолацијата која треба да го заштити струк­ турниот интегритет на изграденото. Лошо из­

ве­дената изолација на ѕидовите може лесно да се санира, но на темелите не. За да се спречи влагата да ни се приближи, треба навреме да се реагира, многу пред градбата да изникне после тоа веќе е доцна. При изведбата на хидроизолацијата на теме­ лите треба да се внимава на многу нешта - каде и кои материјали за хидроизолација да се пос­ тават, колкава да биде нивната дебелина, што со инсталациите кои влегуваат или из­ле­г у­ваат од градбата, улогата на хоризонтална­та и вер­ тикална дренажа… Лошата хидроизолација мо­ же да предизвика повеќе проблеми на градбата. Најчести се по­ јавата на влага, набабрен малтер или мов по ѕидовите. Овој вид на проблеми настануваат заради изложеноста на темелите на влага во

тек на подолг временски период во случаи на слаба или воопшто недостаток на хидро­ изолација. Друг проблем е капиларната влага која во пониските делови на ѕидот формира флеки. Оваа влага се движи вертикално од темелот на градбата во случај кога хидро­ изолационата бариера меѓу ѕидот и темелот е дотраена или не постои. Бидејќи на оваа влага и погодуваат техничките карактеристики на градежните материјали - бетонот, малтерот и циглите, таа никогаш нема да се запре сé до­ дека постои и најмало количество на влага во темелите, бидејќи ѕидовите во овој случај се однесуваат како сунѓер што ги впива и пре­ несува нагоре и најмалите количества вода. Трет изразит проблем, посебно на некои ло­ Година 6 • Квартал 1

39


кации, се подземните води чие ниво осцилира во одредени периоди на годината, така што темелите можат да бидат поплавени после нивното поставување, а да за време работата не бидеме свесни за тоа. Доколку постои и најмала пукнатина во темелите, подземните води ќе си го најдат патот и ќе ги поплават подрумските простории. Пропуштањето на во­ дата најчесто започнува на споевите на хо­ ризонталните и вертикалните темели или кај евентуалните оштетувања. Постои уште еден проблем со влагата, на кој за среќа најчесто добро се внимава - брзото и лесно одведување на дождовницата околу градбата. Сепак и тука се греши, затоа што додека вертикалната дренажа е задолжителна, се изоставува хори­ зонталната во случаи кога таа не е видливо неопходна. Комплексноста на овие проблеми што можат да произлезат од лошо изведена хидроизо­ла­ ција на темелите наложува дека е најдобро да

40

Година 6 • Квартал 1

се ангажира стручна екипа за таа работа, би­ дејќи употребата на несоодветни материјали и начини на изведба само ќе предизвика не­ потребно трошење на пари и време, а про­б­ лемите нема да бидат спречени или решени. Сепак, треба да се знае дека добро изведена­ та хидроизолација на темелите е составен дел од градежната конструкција и подразбира заш­ тита од сите видови влага. Комплетноста на решението се обезбедува со повеќе слоја изолација поставени и хоризонтално и верти­ кално. Штедењето и на количината и квалитет­ от на материјалите не доаѓа предвид, исто како и непридржувањето кон стандардите за нивно поставување - санацијата која ќе биде неоп­ ходна после неколку години ќе чини по­ве­ќе­ кратно од заштедата, а ќе покаже далеку послаби резултати. Кај современите градби првиот слој хидро­ изолација на темелите најчесто се поставува директно врз подложниот бетон. После него се редат слоевите од термоизолацијата, меѓу кои повторно може да се постави уште еден слој хидроизолација, исто како и, во зависност од типот на изведбата, над темелната плоча. Во поглед на материјалите, за спречување на создавањето влага најчесто се користат раз­ни полиуретански премази, мембрани или дво и трокомпонентни премази на цементна база. Избор е битен затоа што разликите во цените се поголеми отколку разликите во постигнати­ те резултати. Капиларната влага најдобро се решава со микроемулзиска хидроизолација на


акрилна база со која се создава трајна мемб­ рана која ги затвора сите капилари во ѕидот. Продорот на подземните води се спречува од надворешната страна со хидроизолациски сис­­ тем базиран на потполно залепени во­ до­ непропусни мембрани од флексибилен по­ лиолефин (што е најквалитетно решение) или нешто поповолната изведба со битуменски мембрани кои се лепат на темелите. Се упо­ требуваат и битуменски емулзии, синтетички фолии (мембрани), хидроизолациони цемент­ ни маси, бентонит бариери и слични решенија, чиј избор зависи од можноста за изведба и цената. Од внатрешноста на објектот главно се користат полиуретански премази и цемент­ ни хидроизолации. Секој производител на ма­ теријали за хидроизолација има релативно комплетирана понуда и не би требало да има проблем при нивниот избор и примена, која суштински е доста едноставна. За крај, треба да се знае дека тестирањето на поставената хидроизолација е неопходност за да се потврди квалитетот на успешно из­ вршената работа, но вистинската потврда се добива со гаранцијата што ја дава изведувачот на работите, која зависно од избраниот ма­ теријал може да се движи и до 25 години.

Година 6 • Квартал 1

41


Водородот како гориво

Toyota ја понуди водородната технологија бесплатно Со цел да влијае на побрзиот развој на технологијата во која водородот се користи како погонско гориво, јапонскиот производител на автомобилската индустрија и понуди бесплатно користење на неговите патенти

42

Година 6 • Квартал 1


Вкупно на заинтересираните ќе им бидат ставени на располагање 5.680 патенти, меѓу кои и клучните за системите на горивни ќелии кои ги користи првиот во светот сериски произведуван автомобил со погон на водород Toyota Mirai. На списокот се наоѓаат 1.970 патенти поврзани токму со оваа технологија, 290 се за резервоарите под висок притисок за складирање на водородот, најмногу - 3.350 се софтверски решенија за контрола на систе­ мите, а 70 патенти се однесуваат за производ­ ството и дистрибуцијата на ова алтернативно гориво на иднината. Правата за користење на патентите во периодот до крајот на 2020 годи­ на ќе ги добијат сите производители на возила со погон на горивни ќелии, добавувачите на системи и компаниите кои ќе оперираат со станици за полнење водород. Патентите исто така ќе бидат на располагање и на компаниите кои работат на развој и производство на авто­ буси и индустриски возила со погон на водо­ род, како што се вилушкарите, на пример. Патентите поврзани со производството и дис­ трибуцијата на водородот ќе останат бесплат­ ни неограничен период. Toyota се реши на овој чекор затоа што смета дека заради недоволната развиеност на тех­ нологијата првата генерација на водородни

возила ќе биде критична за нивната иднина и затоа е потребна некомерцијална соработка меѓу производителите, регулаторите, научните кругови и снабдувачите со овој енергенс. Со откажување на наплата за користење на неј­ зините патенти, Toyota дава силен поттик за тоа. Првиот сериски модел со погон на водород Toyota Mirai започна да се продава во Јапонија пред крајот на минатата година. Иако со висо­ ка цена (7.236.000 јени, што е околу 54.000 евра), за само еден месец за овој еколошки автомобил стигнаа 1.500 нарачки, заради што Toyota ги зголеми плановите за негово произ­ водство за повеќе од четири пати, на 2.000 идната и 3.000 парчиња во 2017-та, за што ќе инвестира дополнителни 170 милиони долари. Годинава Toyota ќе испорача 700 примерока од водородниот Mirai. Овој автомобил во сé освен во погонското гориво е идентичен како и останатите - се вози исто, полнењето водо­ род трае неколку минути, а има автономија од околу 500 километри. Во основа тој е елек­ тричен автомобил, чиј погонски електромотор од 113 kW ја добива струјата од fuel-cell сис­ темот со помош на хемиска реакција меѓу во­ дородот и кислородот и наместо издувни га­ сови испушта водена пареа. Година 6 • Квартал 1

43


Прво својот двор, па после другото… Дека намерите на Toyota за ширење на водородната технологија не се само декларативни сведочи и новоразвиениот автобус со погон на горивни ќелии Наменет за Тојота Сити, „домашниот“ град на јапонскиот производител, овој автобус раз­ виен заеднички со Hino Motors веќе е во служ­ ба на граѓаните. Системот горивни ќелии ис­ користен за него е истиот оној од Toyota Mirai. Заради тежината на возилото употребени се две негови единици од по 114 kW и осум ре­ зервоари за водород компримиран на 700 бари, во кои собира 480 литри. Автономијата на автобусот Toyota не ја има објавено, исто како и перформансите кои ги обезбедуваат два­та електромотора од по 110 kW со вкупен вртежен момент од 670 Nm. Неговата јавна употреба следува по петгодишно тестирање на технологијата, во кое е вклучено и јапонското министерство за економија, трговија и индус­

44

Година 6 • Квартал 1

трија. Направено е само едно возило кое ќе сообраќа на градските линии во Тојота Сити со цел да се верификуваат издржливоста и при­добивките на водородната технологија. Непогонската конструкција на автобусот ја обезбеди Hino Motors - филијалата на Toyota задолжена за комерцијални возила. Тој има должина од 10,5 метри, широчина од 2,49, височина од 3,34 метри и капацитет за 76 патници (26 седишта и 50 места за стоење). Интересно е тоа што погонскиот систем на овој автобус во итни случаи може да заменува генератор и да снабдува со електрична струја разни објекти - станбени згради, институции и слично.


Зошто да се чека?! Француската компанија Symbio FCell смета дека не треба да се чека на авто­ мобилските производители да понудат водородни возила Согледувајќи го целиот потенцијал на ова ал­ тер­ нативно гориво на иднината, компанијата од подалпскиот град Гренобл разви модуларен fuel-cell систем за широк спектар возила и машини и веќе започна со негово практично тестирање во реални услови. Како основа е земен електричниот на Renault Kangoo ZE, на кој системот горивни ќелии практично му ја удвојува автономијата. Веќе се направени првите 5 од вкупно 40-те возила со вграден fuel-cell систем од 5 kW и резервоар од 72 литри во кој собира 1,8 килограми водород, доволен за производство на струја за околу 180 кило­ метри.

Symbio FCell можеби знаат да ја направат напредна водородна технологија пристапна, но не знаат како тоа да и го претстават на јавноста, така што нивните прес соопштенија изобилуваат со општи работи без многу конк­ ретни податоци. Практично, единственото конк­ретно во нив е дека нивниот fuel-cell систем е модуларен, со моќност од 5 до 300 kW и дека може да има бројни примени: во патнички и доставни во­зи­ ла, камиони, автобуси, работни машини, гра­ дежна механизација, чамци, стационарни ус­ лови како генератор на струја…

Година 6 • Квартал 1

45


Modriča

Верувајте му на својот инстинкт Имиџот не се создава со години - за него се потребни децении

46

Година 6 • Квартал 1


Добриот глас далеку се слуша, а добриот имиџ памети долго време, дури и подолго од нашето колективно сеќавање. Типичен пример за тоа се производите на рафинеријата Modriča, која некогаш беше синоним за квалитет на по­ши­ роките наши простори. По преживувањето на најтешките моменти, трансформацијата на капиталот и промената на сопственоста, оваа индустриска група која лани одбележа 60 години постоење помина и низ процес на обнова на производството. Новите техноло­гии донесоа и нови производи, кои иако никој од нас не беше запознат со нив, при повторното враќање на маслата Modriča на нашиот пазар беа добро пречекани. Затоа и се чувствува­ме должни да ви ја претставиме новата гама производи кои се пласираат под нам добро познатите имиња. Производственото портфолио на рафинери­ јата Modriča која и денес е најголем про­из­во­ дител на сите типови мазива во југоисточниот дел на Европа содржи преку двесте артикли наменети за различни употреби. Најбројни се моторните масла, кои ги има за патнички и комерцијални возила, за разна механизација земјоделски машини, индустриски, бродски и мотори за локомотиви, за двотактни мотори, мотокултиватори или пак за прво полнење и уходување на моторите. Основната нивна по­ делба е во две семејства, нам добро познати­те Optima и Maxima, иако со тек на времето нивната спецификација сосема е променета. Семејството масла Optima е сеопфатно и

содр­­ жи производи наменети за секаков вид возила кои се среќаваат на нашите простори, без оглед на староста, типот на моторот или други карактеристики. Најмногу внимание прив­ лекува новото Optima Specijal потполно синтетичко масло наменето за мотори со системи за дополнителен третман на издув­ ните гасови кое се користи кај агрегатите со продолжен интервал на замена на маслото. Не помалку интересно е и Optima Eco висо­­ко­ квалитетното синтетичко масло со ниска содржина на сулфур кое се препорачува за модерните бензински и дизел мотори со Euro 4, 5 и 6 спецификации и филтри за цврсти

Година 6 • Квартал 1

47


честички и каталитички системи. Ова масло е достапно и во Eco Plus варијанта специјално прилагодена за употреба кај моторите на во­ зилата од VW групацијата кои бараат масла според 504 00/507 00 спецификациите. Дуото Magnum и Magnum Plus пот­пол­но син­ тетички мо­торни масла се наме­нети за новата генерација бензински и дизел мотори со врв­ни технологии (пове­ќевентилска техника, тур­бо компресори и директно вбризгување на го­ри­ вото), додека за синтетичкото мас­ ло Optima 505 01 са­мо­то име кажува дека е наменето за моторите на возилата од VW групацијата со бензински и PD дизел мотори и одговара на 502 00 и 505 00 спецификациите. И за потпол­ но синтетичкото Optima 0W-30 масло исто мо­ же да се каже дека неговата ознака сама за себе доволно објаслива - наменето е за возилата од VW групацијата кои бараат ваква градација и поседува својства кои овозможу­ ваат доста долги интервали на замена. Топ

48

Година 6 • Квартал 1

понуда на Optima маслата е потполно син­ тетичкото Sport масло од врвната класа, за кое не треба да се објаснува за што е наменето. Семејството масла Optima продолжува со HC Power полусинтетичкото леснотечливо мотор­ но масло со исклучителна моќ на подмачку­ вање, додека HC City маслото е специјално прилагодено за употреба во патнички и лесни доставни возила кои својот животен век го поминуваат претежно на градските улици. Optima Sint Turbo е модерно формулирано по­ лусинтетичко масло со широк дијапазон на употреба, а Gas и Gas Plus полусинтетички масла за подмачкување на мотори кои како погонско гориво користат течен нафтен гас. Посебно интересно е Optima Long Life мас­ло­ то затоа што е прилагодено за употреба кај пос­тари автомобили и мотори со голем број по­ минати километри, додека пак Optima Supervisk минералното моторно масло е наме­ нето за возилата од постарите генерации.


Понудата на масла од семејството Maxima наменета за комерцијалните возила е при­ла­ годена на староста на возилата во кои ќе се користат и се состои од новите Euro 5+ и E9 синтетички масла, првото од групата XHPD наменето со продолжен интервал на замена, а второто од групата SHPD. И двете се намене­ти за моторните возила кои ги задоволуваат најстрогите Euro 4, 5 и 6 стандарди на емисија­ та на штетни гасови. Целосно синтетски се и маслата од новата генерација Magnum XHPD и XHPD, прилагодени за работа во возила без филтер за цврсти честички. Со оглед на струк­ турата на нашиот возен парк доста интерес­но е полусинтетското масло Maxima HC Prestige XLD, како и висококвалитетните масла Maxima Turbo и Super MG, додека пак за моторите на комерцијалните возила со зголемена потро­ шу­ вачка на масло е наменето Maxima Long Life. Во понудата уште се и моноградните и мулти­градните минерални масла HD S3 и Super.

Не треба да заборавиме да ги споменеме и маслата за двотактните мотори Dvotaktol, Dvotaktol Sint, Dvotaktol Racing и Dvotaktol Bio, маслото за четиритактни мотоцикли Mototaktol Racing и маслата за земјоделска механизација Agromax 2G, Agromax C, John Deere Fluid, Traktol M, кои, како и сите други моторни и масла за други намени и останати производи на Modriča се контролираат во сопствените лаборатории кои овозможуваат физички, хемиски, моторни и други симу­ ла­ циони испитувања.

NGH d.o.o. (Import-Export LTD.) Tuzla P.J. Odžak 76290 Odžak Posavski Kanton Bosna i Hercegovina T. +387 31 762 935 F. +387 31 761 307 Redže Porobića b.b. E-mail: info@nghltd.com

Година 6 • Квартал 1

49


Renault, Iveco и MAN годинава ќе слават

Време е за награди Есента е традиционално време кога во индустријата за комерцијални возила се доделуваат наградите на најдобрите.

50

Година 6 • Квартал 1


Годинава најголеми причини за славје имаат Renault, Iveco и MAN - нивните новитети се за­ ки­тија со најпрестижните награди камион, ван и автобус на годината 2015-та. Првиот и нај­го­ лем претставник на новите семејства фран­ цуски камиони, Т-серијата, со право ги освои ло­вориките. Жирито составено од 25 еминент­ ни европски новинари специјализирани за оваа област и додели 129 бода, исто колку што за­едно освоија второ и третопласираниот DAF CF и Mercedes Atego. Титулата „камион на годината“ традиционал­но, од 1976 година, се доделува на она возило прет­ставено во претходните 12 месеци кое има најголем придонес за ефикасноста во патниот транспорт. Оценувањето е базирано на повеќе критериуми, меѓу кои најважни се технолошки­ те иновации, комфорот, безбедноста, лес­но­ти­ јата за користење, економичноста, придонесот за екологијата и вкупните трошоци за одржу­ва­ ње и поседување. Renault T-серијата по сите од нив се истакна во однос на другите, правеј­ ќи голем чекор напред во развојот на долго­ли­ ниските камиони. Како наследник на леген­дар­ ниот Magnum и воедно и на одличната Premium Route гама тој немаше лесна задача, но вложениот труд на француските инженери и парите на шведската група Volvo, во чиј состав е и Renault Truck, вродија со исклучителен резултат. Под закрила на организаторите на изборот на камионот на годината, но како независно тело, делува и жирито за избор на ван на годината. Тие со својата работа започнаа 15 години по­ доцна, во 1991-та и базирајќи се врз слични принципи, но прилагодени на секторот, годи­ на­ва одлучија дека Iveco Daily е најдобар меѓу точно 12-те нови комби возила кои се појавија на пазарот. На сите 23 члена на жирито тој им беше прв избор и со право ги победи ос­ танатите четири финалисти: Mercedes Vito, Ford Transit, триото Fiat Ducato/Peugeot Boxer/Citroen Jumper и дуото Renault Trafic/Opel Vivaro. Истовремено и новинарите специјализирани за автобусите, кои се имаат организирано со­ сема независно од своите „камионски“ колеги, на MAN Lion’s City GL CNG му ја доделија ти­ тулата „автобус на 2015 година“. Овој зглобен градски автобус со должина од 18,75 метри и

капацитет за 142 патници ја заслужи главно со својот еколошки мотор кој како погонско го­ риво користи компримиран природен гас, со што многу ќе придонесе за квалитетот на живеењето на луѓето во средините во кои ќе сообраќа. И не само тоа - ова гориво е и доста поевтино од дизелот. Сепак, еколошкиот погон не е единствената причина за престижната награда - неговите пет двојни врати ово­ змо­ жуваат брз проток на луѓето и помало задр­жу­ вање на автобуските постојки, што повторни влијае за помало загадување, но им овозможу­ ва на транспортерите и да ги покријат градс­ки­ те рути со помал број автобуси, што значител­ но ќе им ги намали трошоците за набавка и одржување на возилата. Плус на сето ова, мо­ торот со 310 коњски сили има способност да ра­боти и на биогас, што му го проширува евен­ туалниот опсег на работа.

Година 6 • Квартал 1

51


Продажба на комерцијални возила

Европа дигна глава Годините на рецесија дефинитивно поминаа - европската економија дигна глава, стопанството заживеа, а со него и продажбата на нови комерцијални возила

52

Година 6 • Квартал 1


Одличниот пораст од 7,3% кажува дека 2014 година ќе биде забележана како добра. Одлична не може да биде, затоа што бројките на продажбата на комерцијални возила во Европа сé уште се под нивото од пред кризата - според податоците на европската асоција­ ција на производителите на возила чија ста­ тистика опфаќа 30 европски земји, во нив лани беа продадени точно 1.919.811 доставни во­ зила, камиони и автобуси. Лани од големите па­­зари само Франција забележа незначите­лен минус од 0,4% - другите беа во позитива од 4,8% (Германија) до дури 31,6% (Шпанија). Но, во Европа има и други земји со помали пазари кои успеаја да го надминат нејзиниот процент на пораст - најмногу Ирска, каде продажбата порасна за 46,5% и Португалија (+42,2%). За жал, имаше и такви каде продажбата на нови комерцијални возила опадна, ама за среќа мо­ жат да се избројат на прсти: Литванија (-16,3%), Норвешка (-4,8%), Финска (-3,0%), Холандија (-2,9%), Латвија (-0,9%) и споменатата Франција. Но, загрижува тоа што порастот на продаж­ бата на возила не е забележан во сите сегмен­ ти. Дури и полошо - растеше пазарот само за лесните комерцијални возила, автобусите стаг­ нираа, додека продажбата на камиони, по­себ­ но на среднотешките, драстично опадна. Така, додека лани доставните возила до 3,5 тони се продаваа за 10,7% подобро (вкупно 1.594.413 парчиња), а автобусите скоро исто како и по­ лани (35.291, +0,8%), продажбата на камиони од сите категории опадна за загрижувачки 7,7%, на 290.107 примероци. Од нив, 225.410 се тешки камиони над 16 тони, чија продажба лани беше помала за 5,6%, а 64.697 (-14,5%) од полесните категории. Прегрупирањето на про­

дажбата на комерцијални возила во Европа директно се поврзува со економските текови зголемената побарувачка за доставни и на­ма­ лената за дистрибутивни се резултат на на­ малената куповна моќ на стопанството, а помалото опаѓање на продажбата на тешките во однос на лесните камиони пак укажува на потребите од негова поголема мобилност, од­ носно транспорт на подалечни дестинации. Продажбата на автобуси, пак е поврзана со ситуацијата во туризмот, односно количината пари кои луѓето се подготвени да ги потрошат за шетање. Според податоците на царинската управа на Република Македонија, во 2014 година кај нас се увезени 1.130 нови товарни возила и 6 ав­ тобуси. Увозот на користени товарни возила беше на слично ниво - 1.201 примерок, а стари автобуси беа увезени значително повеќе, точ­ но 160. Според овие податоци, продажбата на нови товарни возила во Македонија лани има пораснато за 39,9% во однос на 2013-та, а на нови автобуси за 20% - полани беа продадени 5.

Година 6 • Квартал 1

53


продажба на нови комерцијални возила во Европа во 2014 година

Австрија Белгија Бугарија Хрватска Кипар Чешка Данска Естонија Финска Франција Германија Грција Унгарија Ирска Италија Латвија Литванија Луксембург Холандија Полска Португалија Романија Словачка Словенија Шпанија Шведска Велика Британија Исланд Норвешка Швајцарија Европа

54

Година 6 • Квартал 1

доставни возила 31.168 53.373 3.972 5.215 1.151 13.165 28.498 2.906 10.624 370.362 228.323 4.856 15.937 16.646 117.709 2.539 1.997 3.357 51.792 45.376 26.166 9.903 5.630 6.978 113.863 41.933 321.686 855 29.611 28.822 1.594.413

камиони

автобуси

вкупно

разлика

6.829 7.801 962 26 9.054 3.691 754 2.560 38.784 85.971 383 4.839 1.793 12.665 1.062 2.251 1.013 10.366 17.711 3.126 3.907 3.646 1.492 16.214 5.251 38.240 124 5.445 4.147 290.107

900 1.142 96 1.061 468 138 691 5.896 5.651 175 467 207 1.975 208 288 159 665 1.472 239 1.148 447 168 1.896 1.335 6.669 66 1.015 649 35.291

38.897 62.316 3.972 6.273 1.177 23.280 32.657 3.798 13.875 415.042 319.945 5.414 21.243 18.646 132.349 3.809 4.536 4.529 62.823 64.559 29.531 14.958 9.723 8.638 131.973 48.519 366.595 1.045 36.071 33.618 1.919.811

0,1% 0,8% 9,9% 4,3% 24,0% 9,8% 13,6% 3,0% -3,0% -0,4% 4,8% 39,7% 26,2% 46,5% 13,9% -0,9% -16,3% 6,3% -2,9% 2,0% 42,2% 17,4% 5,6% 7,6% 31,6% 11,6% 10,8% 37,7% -4,8% 1,8% 7,3%


број на увезени комерцијални возила во Македонија

2014 2013 2012 2011 2010 2009

товарни возила нови стари вкупно 1.130 1.201 2.331 808 1.179 1.987 893 1.207 2.100 740 1.307 2.047 874 2.483 3.357 1.320 1.224 2.544

нови 6 5 242 204 17 33

автобуси стари вкупно 160 166 317 322 374 616 155 359 563 580 56 89

вкупно нови 1.136 813 1.135 944 891 1.353

стари 1.361 1.496 1.581 1.462 3.046 1.280

вкупно 2.497 2.309 2.716 2.406 3.937 2.633

Во САД владеат пик-апите По 11 години, во САД повторно првите три најпродавани возила се пик-апи

Намалувањето на цените на горивата кои го дос­­тигнаа најниското ниво во последните шест години предизвика бум на продажбата на во­ зила во САД - лани беа продадени повеќе од 16,5 милиони, за скоро милион повеќе од 2013та. Но, она што ја одбележа ланската година не е само порастот на продажбата, кој повеќе или помалку се очекуваше, туку фактот што пов­ торно првите три најпродавани возила се пикапи. Во последниве 20 години тоа се случи само уште еднаш - во 2003-тата. На врвот на листата најпродавани, како и претходните 33 години, се наоѓа Ford F-150. Генерациската замена беше причина тој да освои за 1% помалку купувачи од лани - 754 илјади, но и тие беа доволни да го надмине второпласираниот Silverado. Моделот на Chevrolet имаше пораст од 10% и стигна

„само“ до 530 илјади купувачи. Пик-ап дримтимот го заокружи RAM Pickup, кој најмногу заради својата дизел варијанта имаше пораст од дури 24% и оствари 440 илјади продажби. Другите пик-апи во САД се далеку зад нив наредниот на топ-листата, GMC Sierra, кој беше продаден во 212 илјади примероци, се наоѓа на 18-тото место. Лани во Соединетите Држави беа продадени вкупно 2,3 милиони пик-апи. Во 2008 година галон регулар бензин во САД се продаваше за повеќе од 4, а дизелот за скоро 5 долари - сега цените се под 2 долари за галон (3,8 литри) бензин и околу 3 за дизел. Во наши мерки и пари, тоа би значело дека литар бензин во САД чини помалку од 30, а дизел нешто над 40 денари.

Година 6 • Квартал 1

55


AmphiCoach GTS-1

Модерната барка на Ное Секоја асоцијација на неодамнешните случувања кај нас е сосема случајна

56

Година 6 • Квартал 1


Природните бариери отсекогаш го предиз­ви­ кувале човека. Со текот на вековите тој успеал да ги совлада земјата, морето и воздухот, па дури и вселената и да тргне низ нивните бескрајни пространства, но засебно - кога тие ќе се здружат останувал немоќен. Сепак, от­ка­ жувањето пред предизвиците не е во искон­ скиот човечки ген, така што и покрај сé тој ќе се обидува да го стори тоа. Посебно кога истражувачкиот дух ќе се спои со потребата од практичност, тогаш и резултатите се на дофат на раката. Еден таков истражувач со дух кој не признава непокор е и Шкотланѓанецот Џорџ Смит, кој во малата медитеранската земја Малта најде идеална, ај да кажеме почва иако овој збор не е сосема прецизно употребен во овој контекст,

која го предизвика неговиот иноватизам. Име­ но, кога морето и земјата ќе се испреплетат, тогаш тие го отежнуваат движењето на луѓето до границата на трпение - ако се движите по море секое копно мора да се заобиколи, а ако пак патувате по копното тогаш над секое вирче вода мора да има мост. Идејата за решение на ова иритирачка игра со природата тој ја пронајде во воената индус­ трија, поточно во амфибиските возила. Стра­ теш­ката цел е иста - да се направи возило кое еднакво е подвижно и на пат и во вода, но реализацијата е сосема поинаква. Како тех­ ничка основа е земен обичен стандарден

автобус од марката Irisbus со механика на Iveco, чиј долен дел целосно е преработен за да може да плови како голем чамец или мал брод, како сакате кажете. На тимот предводен од Смит и обединет во компанијата Ultimate Technology Ltd му требаа три години да се направи првиот прототип. Во тоа значителен придонес имаа од малтешките пристанишни работници, чии вештини беа непроценливи за остварување на проектот. Наречен AmphiCoach GTS-1, овој амфибиски патнички автобус со 50 седишта долг 12 мет­ри за полесно излегување од водата е опремен­ со погон на сите четири тркала. Однадвор изгле­ да скоро идентично како и секој друг автобус - разликите се забележливи кај висо­ко поставените врати и закосената долна страна од предниот дел за полесно пловење. Структу­ рата под каросеријата е рамна за да се спречи

Година 6 • Квартал 1

57


сигурносен систем и автоматско исклучување на моторот во случај на пожар. На патниците на располагање им стојат сателитска ТВ, ДВД, интернет конекција, климатизација, луксузен тоа­лет и слично, а на возачот нешта како пар­ кинг сензори кои работат и во вода, камера за возење (пловење) наназад, систем за на­ ви­ га­ ција со сонар за мерење на длабочината на водата… Како возило и пловило AmphiCoach GTS-1 ги има сите потребни EU, TÜV и Lloyd сертифи­ кати, а заради природата на производството кое е рачно, Ultimate Technology може да испора­ ча до 12 возила годишно. Рокот на собирањето на ѓубре околу шасијата. Телото главно е направено од алуминиум за да се зачува тежина помала и спречи корозијата, така што во вода може да помине околу 3.500 часа без солта во морската вода да го напад­не трупот. AmphiCoach GTS-1 на асфалт постигнува брзина од 120 km/h, а во вода специјалниот хидроџет реактивен погон задвижуван од дизел моторот му обезбедува 20 јазли (околу 40 km/h) благодарение на специјалниот сис­ тем кој ги вовлекува задните тркала за да се намали отпорот при пловење. На располагање е и електрична пропулзија, а опремен и со неопходната специјална безбедносна опрема - појаси и чамци за спасување, пиротехнички

изработка е 20 недели, а цената нешто под 400 илјади евра. Во моментов Малтежаните ра­ ботат на негова нова верзија, која ќе биде претставена годинава. Идеален за сите крајбрежни места, овој амфибус има своја улога и во туристички цели - еден таков се користи во Будимпешта, каде двочасовното разгледување на градот кое вклу­чува и пловидба по Дунав се наплатува ­по околу 28 евра. Во случај на потреба, место патници овој автобус може да превезува до 10 тони товар.

58

Година 6 • Квартал 1



Прекуморски превоз

Услови и предности

60

Година 6 • Квартал 1


Прекуморскиот транспорт е најстариот вид на транспорт забележан низ историјата кога се вршеле најголемите трговски размени преку мориња, океани и пловни реки. Се транспор­ тирале секакви добра, произведени продукти, машини, а дури и робови. Со прекуморскиот транспорт се поврзуваат сите големи трговски региони во светот од различни континенти. Прекуморскиот транспорт е најчесто дел од комбиниран т.е. мултимодален транспорт. Во денешно време кога имаме брз развој и мо­дер­ низација на меѓународниот транспорт, кога технологијата е напредната, потребна е ис­ порака на поголема количина на одредени пратки, прекуморскиот транспорт е од особе­ на важност. Прекуморската индустрија секој­ дневно расте и од неа имаме одлични пред­ ности со што цврсто си го зазема своето место во светот. Капацитетот на денешниве карго бродови е огромен. Можат да превезуваат контејнери полни со палетизирана или непалетизирана стока со милиони тони тежина. Тоа ги прави единствено сретство за транспорт за одреден вид на добра, помеѓу некои континенти. Транспортот на одредена стока да речеме од Кина се одвива на следниов начин: Во зависност од ИНКОТЕРМИНИТЕ, самата пратка или се превзема директно од фабрика со копнени транспортни сретства или се ис­ порачува во одредени пристанишни мага­цини за да се дозавршат царинските процедури за извоз. Потоа се товарат во контејнер кој во за­ висност од количината на самата пратка може да биде со различни димензии. Најчесто се работи за 20 и 40 фитни контејнери, но има и други помали и поголеми контејнери, со от­во­ рен покрив, ладилници и тн. Збирниот тран­с­ порт од источните земји е најинтересен и има најдобри цени за нашите клиенти. Рокот на испорака е подолг, но за тие менаџери што добро планираат, не е проблем. Кога бродо­ вите пристигаат на некое од нашите поблиски до Македонија пристаништа, се пријавуваат од страна на пристанишните царински агенти и

се прави пропратен документ до Македонска граница или прво се деконсолидираат докол­ку е збирен контејнер, па се пропраќаат до каде што е потребно. Во секој случај пред да се нарачува некоја пратка од источните земји наша препорака е да се консултира некој македонски шпедитер за детали и конкретни процедури околу истото за клиентите да не­ маат непредвидени трошоци на приста­ ниш­ тата. Доколку ги споредуваме цените како трошок по правно или физичко лице кај приемачите на прекуморските пратки, овој транспорт е многу поефтин од камионскиот патен транспорт. На еден брод може да се товарат различни прат­­ки со различни специфични барања, а на еден камион понекогаш смее да се товари само еден вид на добра, што е уште една од причи­ ните за подобра економска исплатливост за транспорт. Андријан Трипунов

Година 6 • Квартал 1

61


Volkswagen Caddy

Поголема рафинираност за продолжување на успехот Volkswagen ја претстави четвртата генерација од своето урбано доставно возило

62

Година 6 • Квартал 1


По единаесет години поминати на пазарот и 1,5 милиони продадени примероци, Volkswagen го замени доставниот Caddy со нова генера­ ција. Германскиот урбан комерцијалист кој се произведува во Полска дизајнерски скромно се­разликува од досегашниот модел, кој во 2010 година веќе го доби тогаш новото семеј­ но лице. Вметнати во истите остро извлечени основни црти и чисто дефинирани површини, стилските детали како што се новите предни и задни светла, браниците и маската еволутивно доволно го освежуваат за внимателното око да знае дека се работи за нова генерација. Подлабоки се измените во внатрешноста, ка­ де ќе се забележи новата инструмент табла, пре­ об­ ликуваната централна конзола, новите па­нели на вратите како и современите аудиозабавни системи кои се дел од но­во­рас­пре­ делените четири пакети опрема со кои е пос­ тигната пониска стартна цена на базниот Concept­line модел од 14.785 евра во Германија (без ДДВ). И покрај тоа, новите безбедносни системи го креваат Caddy на повисоко ниво. Multi-Collision Brake системот е стандарден, а Front Assist мониторинг системот со City Emergency Braking функцијата која автоматски го кочи вози­ лото при брзини помали од 30 km/h во случај на налетување на препрека, како и Light Assist, Driver Alert и Adaptive Cruise Control систе­ми­ те, се опционални. Тука се и загреваното ве­

тробранско стакло, камерата за возење на­на­ зад, Park Assist системот и друго, а патничките верзии на Caddy дополнително ќе доаѓаат и­ со странични воздушни перници и воздушни завеси. Како и досега, главните моторните опции на овој агилен доставувач се дволитарските ди­ зел агрегати со четири нивоа на силина - 75, 102, 122 и 150 KS. Најштедлива меѓу нив ќе биде Blue Motion верзијата на 102-коњскиот TDi, чија потрошувачка е помала од четири литри на 100 km. За оние кои го преферираат бензинот на располагање ќе бидат три TSi мотори - трицилиндричниот од 1,0 литри со 102 KS и четирицилиндричните 1,2 и 1,4 ли­ тарски со 84 и 125 KS. Овој последниот ќе има и своја TGi изведба, која со потрошувачката од 4,1 килограм компримиран природен гас на 100 km е за 28% поекономична од до­се­ гашната EcoFuel варијанта која имаше дво­ литарски мотор. Сите мотори се со намалени емисии издувни гасови и во согласност со Euro 6 нормите, а некои од нив како и досега ќе бидат на располагање со 4Motion погонот на сите четири тркала и DSG трансмисија. Популарниот доставен модел во продажба ќе се најде при крајот на јуни во карго, комбини­ рани и патнички верзии со 2, 5 и 7 седишта, две должини и меѓуоскини растојанија, една или две лизгачки врати и неколку наменски изведе­ ни комбинации. Година 6 • Квартал 1

63


Ginaf

Моќ од дното на душата Ginaf е светски признат специјалист за тешки и специјални возила, но ретко кој слушнал за него

64

Година 6 • Квартал 1


Холандскиот производител на камиони глав­ но наменети за off-road транспорт и градеж­ ниш­ твото, како и специјални возила за ру­ дарст­вото, земјоделски и други слични тешки рабо­ти често го мешаат со DAF, што е логич­но бидејќи ги користи неговите кабини. Седиш­ тето на компанијата е во местото Венендал, каде шеесетина вработени произведуваат по околу 250 камиони годишно. Основана во 1948 година, оваа компанија на почетокот се занимавала со модификација на американските армиски камиони оставени по повлекувањето на воените трупи. Кај поголем дел од возилата главно биле заменувани нив­ ните бензински со нови Leyland DAF дизел мотори, а дел биле конвертирани во влекачи. Во раните шеесетти години Ginaf се транс­ формира во вистински производител на ка­ миони, кој зазема попрофесионален пристап

кон работата. Ознаката Ginaf осамнува на нивните камиони после добивањето на сер­ тификатот од државата со кој им се признава статусот на производител, по што марката за­ зема силна позиција во сегментот на кипери, главно заради компонентите од воените во­ зила кои се имаат покажано практично како неуништливи. Секако, употребата на вакви ком­поненти ја осигурувала и ниската набав­на цена, одлучувачкиот фактор за купување вак­ ви возила во тоа време. Со користење на други компоненти, главно од DAF, се започнува во седумдесеттите години, но компонентите произведени за армиски по­ треби се употребуваат уште скоро две де­це­ нии потоа. Во 1976 година Ginaf го претста­

вува својот прв 8x8 камион, а четири години подоцна и вториот. Слабо познат факт е дека Ginaf беше првиот западноевропски произ­ водител кој за цивилна употреба понуди ка­ мион со ваква шасија. Во 1982 година е пот­ пишан договор со DAF кој ја презема грижа­та за продажба и сервисирање на производи­те на Ginaf, кој и после тоа останува независен семеен бизнис. Тоа дава нов импулс во ра­бо­ тењето, кое се насочува кон унапредување на спецификациите на постоечките компо­ ненти и развој на сопствени решенија. Во 1984 година е претставен и првиот модел со пет оски, кој овозможува подигнување на гамата кон најтешките сегменти. Значаен момент во историјата на Ginaf е и раз­ Година 6 • Квартал 1

65


војот на хидропневматско ослонување прет­­ ставено во 1986 година, кое е супериорно на тешко проодни терени и под големи опто­ ва­ рувања во однос на класичното. Од 1988 годи­ на се започнува со примена на модуларна конструкција, принцип на работа кој овоз­мо­ жува со стандардните компоненти од DAF флексибилно да се произведуваат возила со разна големина и намена, со што значително се зголемува разновидноста на понудата на Ginaf. Во 1991 година беше презентиран електронскиот систем за управување кој де­ лува и на задните и средните оски, погонски или не сеедно. Во 2007 заеднички со ZF и DAF го развија AS-Tronic Dual Mode системот кој автоматски ги подесува параметрите на во­ зилото за асфалтен или теренски режим на работа. Од 2011 година, оваа компанија е дел од кинеската Hi-Tech Group корпорација. Денес Ginaf произведува возила исклучиво­ по нарачка. Гамата му се состои од шест ос­ новни типа раширени од средниот до ултра­ тешкиот сегмент возила, во конфигурации од 4x2 до 10x8. Се карактеризираат со својата доверливост, ефикасност, голема издржли­­во­ ст и носивост и до 70 тони, овозможени со примената на иновативните технологии. Нивни производ е и HydroAxle+ хидраулично погон­ ската предна оска која ја употребува DAF во

66

Година 6 • Квартал 1

XF и CF моделите. Ginaf произведува и спе­ цијални возила за пожарникарските служби, за полицијата за растерување протести, бор­ бени возила и воени камиони, возила за собирање ѓубре, цистерни за полнење гориво на аеродромите и слично. Камионите од оваа марка повеќе пати имаат учествувано и на релито Дакар, како сервисни и натпревару­ вачки возила, првиот пат под ознаките на DAF за нивни маркетиншки цели, но потоа под сопственото име.



Ram 1500 EcoDiesel HFE

Американците полудеа по дизелот на Ram Филијала на Chrysler задолжена за комерцијални возила не може да постигне со производството на дизел верзијата на пик-апот Ram 1500

68

Година 6 • Квартал 1


Да се понуди дизел мотор во американски пик-ап не е нова идеја - во минатото сите од големата тројка имале такви модели. Но, сите до еден поминале лошо на пазарот. Ниту сега не се добри времињата за дизел пик-апите цената на погонската нафта во САД е за 30% поголема од бензинот. Ама нешто е поинаку, бидејќи продажбата на единствениот амери­ кански пик-ап од најголемата класа кој се нуди со дизел мотор, Ram 1500, лани скокна за дури 24% благодарение токму на дизелс­ киот погонски агрегат. Овој модел воопшто не е нов - годинава нај­ве­ ројатно ќе му биде последна во оваа четвр­та генерација претставена 2008 година. Новото кај него е трилитарскиот V6 дизел со потекло од италијанскиот VM Motori (во сопственост на Fiat), кој своите 240 KS и 570 Nm ги нуди на располагање со две меѓуоскини растојанија, две должини, три типа на кабини и типично за американскиот пазар, милион и една опција, меѓу кои и осумстепениот автоматски менувач и погонот на сите четири тркала. Ram 1500 EcoDiesel HFE, како што му е целосната озна­ ка, ги импресионираше Американците со две

работи - големата моќ извлечена од (за нив) малиот мотор, како и со економичноста. За првото да го сватиме подобро треба да се спомене дека до пред некое време Ram 1500 се нудеше со бензинските 3,7 литарски V6 со 215 KS, 4,7 литарски V8 со 310 и 5,7 литарски исто V8 мотори со 390 KS. Сега понудата е поинаква и покрај дизелот се состои уште од 3,6 литарски V6 со 305 и 5,7 литарски V8 со 395 KS, и двата бензинци, нормално.

Година 6 • Квартал 1

69


Втората работа е економичноста - според американските стандарди, Ram 1500 EcoDiesel со еден галон гориво може да помине 29 милји на отворен пат и 21 милја во град, а бензине­ цот 25, односно 17. Во литри на 100 km тоа би било 8,1 и 11,2 за дизелот, односно 9,4 и 13,8 за бензинецот. Ако се знае дека Ram 1500 EcoDiesel е поскап за 2.850 долари во според­ ба со основната бензинска варијанта, се сфа­ ќа дека всушност овој пик-ап никогаш нема да ја исплати разликата во цената. Напротив неговата експлоатација ќе биде поскапа ако не заради тоа што дизелот е за поголем про­ цент поскап отколку што потрошувачката е помала, тогаш заради поголемите трошоци за одржување. Но, кој ќе ги сфати Американците - за нив дизелскиот Ram 1500 е исто толку големо откритие како што Америка била за Колумбо иницијалната серија од 8.000 парчиња беше распродадена за три дена, по што Chrysler го

70

Година 6 • Квартал 1

зголеми учеството на дизел варијантата од предвидените 10 на 20 проценти во вкупното производство на овој пик-ап.



Metso Mining and Construction Technology ul. Njudelhiska 2-1/6, 1000 Skopje tel: +389 2 3063 667 / fax: +389 2 3061 989 mob: +389 78 321 103 e-mail: vasko.salamovski@metso.com


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.