GT17

Page 50

комфорот и кај патничките возила на марката. Така, ако во неа седнете директно од новата C класа, или пак од GLA, на возачкото седиште ќе се чувствувате како дома. Разликата е на зад­ните седишта, кај кои амбиентот е на рамни­ ште на големата S класа. Тоа значи дека новата V класа располага со доста премиум додатоци и можности за прилагодување кон потребите и желбите на осумте патници кои може да ги понесе, вклучувајќи ги и луксузот и безбедно­ ста. Функционалноста и просторноста се подразбираат. Заради намената, елегантниот надворешен изглед не може многу да отстапува од коц­ кастата форма карактеристична за сите вози­ ла од оваа класа, облагородена со нај­свежи­те дизајнерски линии од патничката програма на Mercedes. Од таму се позајмени и погонските системи, со сите свои особини - економично­ ста, импресивните перформанси, квалитетот… За новата V класа ќе може да се бира меѓу три варијанти на 2,1 литарскиот четирицилиндри­ чен дизел - со 136, 163 и 190 KS, спарени со шестстепена мануелна или 7G-Tronic Plus авто­ матска трансмисија, со која во пакет доаѓа и старт-стоп систем. Погонот, како и досега, е на задните тркала, а сервисните интервали се продолжени на 40.000 km или две години.

50

Година 5 • Квартал 1

Новата V класа, која ќе биде на располагање со две меѓуоскини растојанија и три должини на каросеријата, по цена од €42.900 (без давачки) ќе се најде во продажба веднаш по своето премиерно покажување на салонот на автомобилите во Женева. Mercedes засега не објавува ништо за нејзината доставна верзија.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.