GT17

Page 1

Специјализирано списание за градежништво и транспорт • Излегува четири пати годишно

Година V • Број 17

Caterpillar 336E H • Liebherr • JCB 437Е BOMAG Volvo A30F • METSO • Würth Makita HR4013C/HR4003C • Mercedes V класа Schmitz Cargobull • Renault Trucks


СОДРЖИНА Претставуваме: Од уреднички агол........................................................................................3 Caterpillar 336E H .........................................................................................4 Liebherr во ФЕНИ............................................................................................8 JCB 437e.............................................................................................................12

Издавач: КУКОМ дооел - Скопје

BOMAG и ПРОГРЕС 98 ја продолжуваат успешната соработка во Македонија!...............................................16 Hamm..................................................................................................................18

Главен и одговорен уредник: Благоја Дрнков Графички уредник: Филип Даскаловски Постојани соработници: Агрон Сулејман, Зоран Коцев, Сашо Наумовски, Андријан Трипунов

БелАЗ-75710, МЗКТ-79221, МАЗ-7907..............................................................20 Volvo A30F .......................................................................................................23 METSO - ЏИНОТ НА ГАСЕЦИ............................................................................26 Bobcat Toolcat 5600...................................................................................28

Занимливости, вести...

Маркетинг: Благоја Дрнков, Мелина Тагаринска

Würth - ПОКРИВ И КРОВОПОКРИВАЧКИ ФОЛИИ.......................................32

Адреса на редакцијата: „Коста Шахов“ 6-1/1 1000 Скопје

Knauf PFT G 4 ...................................................................................................39

Сите права задржани. Ниту еден дел, текст или фотографија не смее да се репродуцира или дистрибуира на било кој начин или на било кој јазик, без претходна согласност од редакцијата на Г и Т. Г и Т е тромесечна ревија.

Градежни материјали: плочки.................................................................36

Пневматски чекани Makita HR4013C/HR4003C.......................................42

Trанспорт Volkswagen Amarok Polar Expedition..................................................45 Mercedes V класа.............................................................................................48 Raba....................................................................................................................51 DAF Fire Brigade..............................................................................................54 Schmitz Cargobull – киперски надградби M.KI................................56 Renault Trucks...............................................................................................59 INTERBUS СПОГОДБА.......................................................................................62 Irizar pb............................................................................................................64

www.g-t.com.mk

02 3223 531 2

Година 5 • Квартал 1


Од уреднички агол Инфраструктурата како приоритет 1.Некаде повеќе, некаде помалку, но ноторен факт е дека живееме во свет во кој политиката ја диктира економијата. Ние не сме никаков исклучок, па дури може да се каже и дека сме “хард кор“ претставник на тие релации. Условите за членување во евроат­ лан­­ските асоцијации, како основен предуслов ги по­с­ тавуваат политичките кри­­ териуми. Не помалку важ­ни се и останати­те кри­­те­риуми според кои неко­ ја држава станува полноправна членка. Всушност и нема област од живеењето која не подлежи на исполнување на одредении стандарди и норми. Во приликава ќе се задржиме на еден сегмент од гра­ дежништвото односно за регулативата која се одне­сува на енергетската ефикасност на новите (и постоечките) градежни објекти. Имено, со усогласувањето на нашата со европската ре­ гулатива, се предивидува секој објект да поседува т.н. енергетски пасош. Почнувајќи од 2016 год. за секоја нова градба потребно е да се добие сертификат со кој се докажува дека во него се употребени материјали и тех­ нологија според која се задоволуваат критериумите за енергетска ефикасност. Тој сертификат ќе има важност од 10 години, период по кој треба да се обнови. Пос­ тоечките објекти не мора да го имаат енергетскиот пасош, но ќе мора да го приложат штом ќе решат објект­ от да го реновираат, продадат или изнајмат. Исто така и владините служби нема да можат да изнајмат објект кој нема да биде внимателен кон трошењето на енергијата. Постојните објекти можат да извадат енрегетски пасош во случај, според дадениот проект, да ја променат фасадата односно вградат изолација, како и со промена на инсталациите на објектот. Што значи оваа регулатива од аспект на градежниците и се разбира од аспект на корисниците. Најпрво, се на­ метнува заклучокот за поскапување на изградбата. Тоа ќе биде неминовно но од аспект на корисник таа инвестиција, гледано долгорочно, повеќекратно ќе се испалти – преку вид на заштеда на енергијата. Всушност тоа е и основен мотив за една ваква, би се рекло присилна мерка за штедење.

Започна изградбата на две автопатски делници: ШтипМиладиновци и Кичево-Охрид. Изградбата на првиот ав­ то­пат ќе чини 206 додека на вториот 375 милиони евра. Средствата се обезбедени со кредит од кинеската Ексим Банка а ќе го гради исто така кинеската компанија, “Сајнохидро корпорејшн лимитед“. Се дотука изгледа многу добро. Веројатно и сите ком­ пании и луѓе кои ќе бидат автопатски поврзани преку овие делници, реално ќе профитираат. Но ако малку подетално се погледне во договорот на нашата влада и кинеската компанија, ќе видиме дека со тој договор ние сме обврзани градежните работи да ги изведува кинеска компанија. Поточно, 49% од работната рака исто така ќе биде увезена од кај нив додека нам ни останува другата половина. Опремата и технологијата исто така мора да бидат кинески и тоа во износ од 51%. Во останатите детали нема да навлегуваме, така е тоа во современиот бизнис, кој ги дава парите тој ги диктира и условите. Ова само како информација за домашните градежници навреме да знаат со што ќе се соочат. Од аспект на промовирање на Македонија како вистин­ ска крстосница на Балканот, околу инвестирањето во овие делници, се поставуваат некои дилеми. Од кори­до­ рот осум имаме изградено дел од пругата кон Бугарија (завршувањето е поврзано со додатни вложувања) а од бугарска страна пругата е изградена до граница. Истото важи и за правецот кон Албанија каде што ние завршува­ ме со Кичево а од албанска страна одамна е изградена пруга сé до нашата граница. Од друга страна, од истиот тој коридор, ние имаме автопат од Куманово до Гостивар а од бугарска страна нема ниту најава за некаква изградба до нашата грани­ца. Од албанска страна исто така нема планови за изградба на делница која би допрела до Ќафасан. Белки некој не очекува до Куманово стоките да се пренесуваат со же­ лезница а потоа да се претоваратт во камиони а потоа истите повторно во Охрид да ги качуваме на воз.Значи имаме една многу лоша кординација со соседите околу приоритети за патно поврзување од коридорот осум. Или нас не нема или тие воопшто не планираат. Како што рековме на почетокот, во економските текови политиката го има последниот збор. Поготово тоа се однесува на Балканот.

2. Градењето на патишта е нешто најдобро што може да и се случи на една држава. Токму тоа е во најава и кај нас.

Главен уредник Благоја Дрнков

Пријатно читање

Година 5 • Квартал 1

3


ПРВИОТ 336Е ХИБРИД ПРИСТИГНА

ЧЕТИРИ ГОДИНИ СЕ ПРОИЗВЕДУВАШЕ Cat® 336 веќе подолго време е препознатлив низ целиот свет како работен коњ во апликации во високото произ­водство. Тоа е машината која треба да ја побарате за интензивни работи, од копање ровови до това­ре­ње дампери. Денес, со воведувањето на 336Е Н, неповторли­ вите перформанси ги при­дру­жува уште една придобивка - водечка во индустријата - еконо­ мичност на горивото. Се­то тоа благодарение на иновативната хибридна технологија на Caterpillar.

4

Година 5 • Квартал 1


Сè се сведува на една проста формула, и како што вели Седрик Масон, специјалист за апли­ кација на производ за багери - гасеничари, „колку повеќе работите со машината, толку повеќе ефикасност ќе добиете од неа“. Додека повеќето луѓе го поврзуваат зборот „хибрид“ со електричен извор, Седрик додава: „Всуш­ност, терминот хи­ брид го означува системот кој работи со два различни извора на енерги­ја и кој таа енергија ја собира, складира и по­вторно ја користи“. Тоа е толку едноставна фор­мула со која Cat 336E Н ја доби престижна­та награда Едисон, која се доде­ лува за ино­вации и инвентивност кои креираат позитивни ефекти во светот. Да напоменеме уште дека покрај наградата Едисон, 336Е Н ја доби и на­градата за иновации од магазинот „Еквипмент Ворлд“. ПАТЕНТИРАНА МОЌ, ПЕРФОРМАН­СИ И ПРОДУКТИВНОСТ. Така инженерите во Catepillar гледаат на тоа. Резултатот е помал­ку комплексен, поевтин и зна­ чително ефика­ сен хи­ драуличен, хибриден сис­ тем. Концептот е едно­ставен и користи три тех­ нолошки столба: 1. хидрауличен хибриден систем за вртење 2. електронска стандардизирана пумпа со мож­­ ност за програмирање (ЕСП) 3. адаптибилен вентил за контрола на систем (АКС) ЕСП пумпата се контролира електронски. На­ме­ ната ѝ е да испорача непречена транзиција по­ меѓу двата извора на енергија на багерот, мото­ рот и акумулаторите. Се обезбедува ис­ ти­ от хидрау­ личен проток на пониски брзини на мо­ торот, што резултира со подобрена ефика­сност. Од друга страна, хидрауличниот систем ја за­ робува енергијата при кочење на вртење. На пример, секогаш кога операторот закочува кон крајот на вртењето, кинетичката енергија ги пол­ ни акумулаторите кои потоа повторна ја користат таа енергија за вртење во обратна насока. Клуч­ ниот момент со кој се споија сите елементи беше развојот на новиот вентил на Cat ACS. „Тоа е буквално во центарот на концептот на 336Е Н“, вели Седрик. „Нашиот нов ACS вентил е „мозокот“ што го оптимизира системот и навистина овоз­ можува целината да конзервира, оптимизира и повторно да иско­ ристува, со што се докажува дека концептот успешно работи“. Се разбира, додека концеп­тот е едноставен, развивањето на технологија­та за контролирање на системот бе­ Година 5 • Квартал 1

5


ше зна­чително покомплицирана задача. Caterpillar при­ јави повеќе од 300 патенти за хнологијата која се користи во 336Е Н. ЕКОНОМСКИ ПАМЕТЕН, ЕКОЛОШКИ ПОТКО­ ВАН Новиот хибрид има долго педигре на високи перформанси во својата класа. 336-ката е од 36 до 38 тони (во зависност од конфигурацијата) и ефективно нема конкуренција во поглед на продуктивноста и ефикасното користење на горивото. Машината е тешка категорија во вистинската смисла на зборот, и е идеална за интензивни апликации при градби од голем обем, работа на каменоломи, копање ровови и товарење на дампери со огромна зафатнина. Всушност, 336-ката ја испорачува истата ви­со­ ка продуктивност со значително пониски тро­ шоци за гориво. Тоа е благодарение на трите технологии (ЕСП пумпата, АЦС вентилот и хибридниот систем за вртење) кои дејствуваат синергично.

Caterpillar поднесе пријави за повеќе од 300 патенти за технологијата користена во 336Е Н. Се предвидува дека поголемиот дел од „усвојувачите“ на 336Е Н ќе бидат купувачи кои ќе ги заменат 336D L машините. „Самото менување од D во Е серијата нуди подобрување во ефикасното искористување на горивото, поголем капацитет на поди­ гнување, пониски трошоци за одржување, намалена бу­чавост во кабината од 4 dB, како и подобрен комфор на операторот. додава Седрик. „Поч­ ну­ вајќи со овие плусеви, ние ги намаливме по­трошувач­ка­ та на гориво и јаглеродниот отпе­ чаток уште повеќе. Во споредба со 336D L, нашиот нов 336Е Н согорува 33 проценти по­малку гориво при типична операција на това­ рење на дам­ пер. Дури и во споредба со 336Е, при истата апли­ кација, 336Е Н согорува 25 проценти помалку гориво. Ова е многу значајно имајќи на ум дека апсолутно нема намалување во продуктивно­ста или перформансите“. ПАМЕТНО КУПУВАЊЕ Првиот купувач кој купи 336Е Н беше Стен Антонсен, сопственикот на СА-Анлег во

6

Година 5 • Квартал 1

Норвешка. Неговата нарачка беше пратена са­ мо два дена откога беше објавено лансирање­ то на 336Е Н - иако цените не беа уште достап­ ни. Зборувајќи со Пер Гунар Хансен, од Пон Еквипмент- Норвешка, Сен рече: „Ниското ниво на потрошувачка на гориво е важно и мојата ком­панија се стреми да развива свест за околината. Ајде да склучиме зделка“. Потоа, во јануари 2013 г. Стен го нарача вториот 336Е Н. Значи, во поглед на враќањето на инве­сти­ ција­та, кој би бил заклучокот? 336Е Н е секогаш добра инвестиција во високо про­дуктивни сре­ дини, но прецизниот одговор зависи од ло­кал­ ните цени на горивото и секако од специ­ фиките на апликацијата. Според Caterpillar, пе­­ри­­­о­­дот за враќање на средствата може да биде само две години - или помалку, во некои случаи. Во секој случај, колку повеќе работите со машината, толку повеќе заш­ те­ дувате. Ете, толку е едноставно. Официјалното лансирање на 336Е Н на Баума (Германија) во април оваа година беше кулминација на четиригодишната програма за развој. Багерот е Ниво IV и е во согласност со интерим/Стадиум IIIB, а доста­ пен е во Европа, Јапонија и Северна Африка. Особено е наменет за пазари со висок степен на регулација.

Текноксгруп Македонија Дооел Качанички пат ул.20 бр.23 1000 Скопје, Република Македонија Тел. +389 2 2527 205 contact-mk@teknoxgroup.com www.teknoxgroup.com



Liebherr во ФЕНИ

Соработка за рекордно производство Во 1982 година беше пуштен во употреба ФЕНИ, индустриски комплекс за производство на никел. Светскиот металуршки гигант Cunico, 2005-та го превзе­ ма комбинатот со производство од 5.000 t.,за да капацитетот во 2013 порасне на рекордни 20.000 t. Во оставрувањето на врвниот резултат, покрај вработени­ те, својот придонес го дава и ангажираниот машински парк на Liebherr.

8

Година 5 • Квартал 1


Површинскиот коп во Ржаново располага со 22 милиони тони резерви на никел. Овој по­ даток е целосно независен од светските берзи кои, како и минатата година, знаат да не им одат во прилог на производителите. Тоа не беше пречка рудата од површинскиот коп, по пат на 36.5 километарска подвижна лен­та, да биде пренесенаво рекордни количини. Резул­ та­ тот од обработката нарудата преку двете производни линии е импресивен - произведени се рекордни 20.000 t. висококвалитетен никел (во форма на фероникел) со што ФЕНИ во рамки на групацијата го зазема првото место во Европа и четвртото во светот. За постигнување на врвни резултати потребни се и исто такви ресурси, како чевечки така и технолошки. Во производно / технолошкиот про­­цес помеѓу другите, ангажирани сe седум натоварни лопати и еден багер, сите со oз­ наките на Liebherr. Преглед на обемот на извршени работи во ФЕНИ за минатата година говори за проце­ суирање на 1.6 милиони тони рудна маса, потоа 200 илјади тони цврсти горива (лигнит, кокс,

био горива), 10 до 15 илјади тони редуценти (вар, варовник) како и 250 илјади тони згура. Вкупно тоа изнесува 2.056.000 тони материјал кој е предмет на повеќекратна интерна мани­ пулација, а од тој износ повеќе од 70% се из­ вршени од страна на ангажираните Liebherr машини. Под интерна манипулација, се подразбира ис­ товар и натовар на руда, цврсти горива, реду­ центи и згура од/во камиони, дотур на мате­ ријалите на руден двор, сипки, дробилки, сита, чистење на рампи и пристапни точки, итн. Не треба некоја голема стручност да се дојде до заклучокот дека за постигнување на макси­ мална ефикасност машинскиот парк на Liebherr треба да биде ангажиран 24/7. Со минатогодишните резултати, според кои ФЕНИ е најголемиот нето извозник во Македонија, можат да бидат задоволни сите општеството, директно и индиректно ангажи­ раните работници и секако соработниците - но амбициозните планови на компанијата пред­ видуваат за тековната година производството да се зголеми за додатни 10% односно на 22 Година 5 • Квартал 1

9


илјади тони. Би било интересно облизу да погледнеме еден од најзастапените модели на Liebher во машин­ скиот парк ангажиран во ФЕНИ. Натоварувач на тркала Liebherr L 576 Натоварувачите од серијата L 500 припаѓаат на една иста конструкторска линија а разликите помеѓу моделите се однесуваат на физичките димензии како и на нијанси во силината на вградените моторите и специфичната опрема. Моделот L 576 е речиси на врвот од оваа се­ рија, над него е поставен само L 580 кој се карактеризира со минимално зголемени капа­ цитети. Серијата L 500 на натоварувачи на тр­ ка­ла, покрај својата универзалност се истакну­ ва со извонредна подвижност, има минимална емисија на штетни гасови како и одлично ре­ шен просотор за операторот со изолирана и климатизирана кабина. Кај Liebherr L 576 шестцилиндерскиот дизел мотор е поставен на задниот дел надолжно, факт кој овоможува ниско тежиште на маши­

10

Година 5 • Квартал 1

ната, одлична распределба на тежината како и полесна носечка структура, што пак од друга страна овозможува пренесување на поголем товар во одредено време. Силината, од наново оптимизираниот мотор со 280 КС, се пренесува на сите тркала додека управувањето е изведено класично, само на предната страна на натоварувачот. Оператив­ ната тежина од 24.900 кг. во однос на конку­ рентските модели во класата значи и до 20 процентна заштеда, а тоа во крајна линија се одразува на ефикасноста и намалена потро­ шувачка и до 5 литри нафта по одработен работен час. Брзината со која се движи натоварувачот по­ меѓу точката од која се подига материјалот до точката на која треба да се натовари, најчесто ја лимитира ефикасноста при оперирањето. Кај L 576 брзината на движење може, во брз мод, да изнесува до 40 км/ч. L 576 во должина брои 883 см. а широчината на корпата, во стандардна изведба, изнесува рамно 3 метри. Максималниот габарит што


може да го понесе е 4.5 м3 но повторно ќе ја истакнеме подвижноста и релативно големата брзина со која може да се движи машината а која се должи на извонредно големиот врте­ жен момент од цели 1.400 Nm. Покрај основ­ ната намена, натоварувачот на Liebherr може да биде опремен и со посебни алатки со помош на кои може да извршува широк спек­ тар на работни операции. Мајсторите задолжени за сервисирање ќе се радуваат на податокот што безмалку сите кон­ троли, започнувајќи од хидрауличната пум­па, резервоарот за хидрауличната течност, па преку контролните вентили, филтерот за воз­ дух и батериите, можат да се контролираат со едноставно подигнување на капакот односно од нивото на тлото. Liebherr L 576 P е доста баран модел во наши­ от регион токму поради неговите единстве­ни карактеристики кои го издигнуваат далеку пред конкурентните машини. Најголем адут за успех во Македонија е хидростатскиот погон кој оваа машина го има. Кај овој затворен хи­ драуличен систем каде владее одреден при­ тисок, со помош на проток на флуид, моќта од моторот преку хидро пумпи се пренесува до хидромоторите, со што се избегнати класич­

ните менувачи, спојки и деференцијали. Вак­ виот концепт на пренос нуди голема ефи­ касност во поглед на потрошувачката на го­риво како и исклучителна контрола на дви­ жење, но и поголема искористеност на распо­ ложливата моќност. Фактот за намалената по­ трошувачка, прифатливата цена и иновативните решенија применети кај цела серија L550-L580 машини, ги прават истите погодни и доста атрактивни на терените низ цела Македонија.

СИНПЕКС ДОО Краварски пат бб, 1000 Битола Т: + 389 (47) 208-500, Ф: 389 (47) 208-515 sinpeks@t-home.mk Подружница СИНПЕКС, Скопје Јадранска магистрала бб. ( до обиколница) Т: +389 (02) 3 290-007 www.sinpeks.com.mk Година 5 • Квартал 1

11


JCB 437e

Продуктивност без компромис JCB, како производител број еден во светот на ровокопачи и натоварувачи, во својата широка производствена палета има огромен број машини - вкупно повеќе од 300, за секаква намена и употреба. Впрочем, како инаку може да се продадат над 1.000.000 машини, повеќе од било кој друг, во 60-годишното постоење на фирмата?!

12

Година 5 • Квартал 1


Но, широката понуда ги става на слатки маки купувачите - колку и да се специфични нивните барања, нив успешно можат да ги задоволат повеќе машини. Иако која и да се избере ќе се добие докажаниот квалитет и извонредните можности, сепак вистинскиот избор влијае врз продуктивноста, бидејќи големата машина не секогаш значи и поефикасна работа. Заради тоа, компаниите често во планирањето на на­ бавките се одлучуваат за модели од средина­та на понудата, кои се доволно големи за да ефикасно работат со полна пареа, но и до­ волно компактни за да делуваат на поголем број локации и со различен вид материјали. Ова посебно важи за натоварувачите, бидејќи премалиот нивни капацитет значи подолго по­ требно време за товарање, а преголемите ди­ мензии ограничена мобилност, што почесто е поважно во извршување на работата. Еден таков модел, кој е доста популарен и ме­ѓу поголемите и специјализирани компании и ме­ ѓу оние кои допрва ќе се развиваат, па треба да посветат екстра внимание на универзално­ ста, е натоварувачот со тркала 437e. Овој мо­ дел, наследник на веќе добро етаблираниот 436e со Tier IV мотор, својот имиџ го има стек­ нато со оптималниот однос на капацитетот за ракување со повеќе материјал со помалку по­ требно гориво. Опремен со најдобрите ком­ поненти и кабина со големи стаклени површи­ ни која на операторот му овозможува одлична видливост, лесно управување и врвен комфор, неговата продуктивност може да се споредува

со поголемите машини од гамата на JCB, додека компактните димензии - должина од 7 метри, широчина од 2,6 и височина од 3,3 ме­ три, како и маневарските способности обе­ збедени од меѓуоскиното растојание од само 3 метри, височината од подлогата од 46 сан­ти­ метри и радиусот на свртување од 5,9 метри, му овозможуваат работа дури и во затворени простори. Пресудно во производствената филозофија на JCB е ефикасната конструкција на маши­ни­ те, што резултира тие да се карактеризираат со извонредни перформанси, убедлив ком­фор и нагласена сигурност. Затоа секогаш се ко­ри­ стат актуелни иновативни решенија, кои по­ стојано ја редефинираат продуктивноста на машините во своите класи. Таков е и 437e, кој, конструиран со комбинирани можности, со до­ датоците кои му се на располагање може да понуди висока продуктивност без да се компромитираат неговите карактери­ сти­ ки. Z-геометријата на стрелата кај моделот со ознака ZX ја га­ ра­нтира безбедноста

Година 5 • Квартал 1

13


при работењето во потешки услови и опто­ва­ рувања, додека моделот HT има стрела која се подигнува со четири хидраулични цилин­ дри. Лопатата со капацитет од 2,3 до 2,7 m³ може да се подигне до височина од 3.755 mm, а двојна­ та хидраулична пумпа со варијаби­лен прити­ сок во зависност од оптоварувањето обе­збе­ дува течна и безбедна работа без не­­­потребно трошење на горивото. Шестцилиндричниот Cummins QSB 6.7 мотор со 129 kW (173 KS) и 801 Nm лесно се справува со работната тежина на машината од 15.255 kg, дури и кога треба да го потера до макси­

мал­ната брзина од 40 km/h. Пот­полно автоматската тран­ ­­с­мисија ги намалува заморот на операторот и оптова­ре­но­ ста на погонската механика, а големите тркала поставени на ZF оски обезбедуваат мак­ симална стабилност и сила на кочење. Осцили­ рачката ±10.5° задна оска ја одржува стабилноста на машината и ги задржува сите погонски тркала на подлогата, а опционалниот SRS (Smooth Ride System) овозможува по­ лесно задржување на товарот на лош терен. И за крај, тука е и електронскиот монито­ ринг систем кој предупреду­ ва на секоја потенцијална системска грешка, со што се заокружува приказната за про­ дуктивноста на оваа особена машина е меѓу најдобрите. Ригорозните тестирања, изработката до со­вр­ шеност и поддршка со резервни делови е исто во фокусот на вниманието на JCB, така што за долгиот век на активна работа не треба да дискутираме.

Глобал Моторс - Скопје бул. Македонско-косовска бригада 60 населба Бутел, 1000 Скопје тел.: (02) 2600-550, факс: (02) 2600-555 продажба тел.: (02) 2600-554, сервис и резервни делови тел./факс: (02) 2600-552 email: info@global-motors.mk

веб: www.global-motors.mk

14

Година 5 • Квартал 1



Нова BOMAG гребалка за асфалт кај нас

BOMAG и ПРОГРЕС 98 ја продолжуваат успешната соработка во Македонија! Долгогодишната соработка на фирмите “ФИМАКО” (како ексклузивен застапник на ф. BOMAG) и гостиварската фирма “ПРОГРЕС 98”, резултираше со набавка на уште една нова BOMAG машина, а тоа е гребалка (фреза) за асфалт, тип BM 1300/30-2.

16

Година 5 • Квартал 1


Фирмата “ПРОГРЕС 98” од Гостивар, секој­ дневно ја докажува својата успешна работа и потенцијал во изградбата на патишта низ Македонија, а тоа го потврдува и со набавката на квалитетна градежна механизација од свет­ скиот лидер во производство на машини за нискоградба, фирмата BOMAG од Германија. Покрај веќе набавените нови машини, како што се финишерот BF 600, ваљакот за земја BW 177 DH-4, потоа ваљакот за асфалт BW 138 AD-5 (со вграден Economizer), на ред дојде и една од машините без кои не може да се за­ мисли рехабилитацијата и одржувањето на ас­ фалтни­ те патишта, а тоа е гребалката (фре­ зата) за асфалт. Моделот припаѓа во класата од 300 КС, кој е веќе подолго време достапен на пазарот низ Европа, како и во Македонија (веќе 3-та маши­ на од овој тип во Македониа) и го докажа сво­ јот квалитет, технологија и лесност во рабо­те­ ње­то. И покрај големината на оваа машина од 20 тони, централно поставениот барабан за гребење (од 1300 mm) и независно управувани­ те 4 гасеници, го прават овој модел флексиби­ лен и лесно управлив, без разлика дали се гребат 0,5 сm или 32 cm, и без разлика дали градилиштето е тесно и ограничено (шуми, помеѓу згради, тесни улици..). Познатиот концепт за комфор и удобност на BOMAG, е применет и кај оваа машина, со

лесно сфатливи команди за работа и голема прегледност за време на работата. Барабанот за гребење е дизајниран за бес­пре­ корна работа, лесно одржување и прецизно и квалитетно гребење. Со просечна брзина од 15 m/min. фирмата “ПРОГРЕС 98”, за многу кратко време го заврши гребењето на локал­ ниот пат кај с. Иванковци (Велес).

Година 5 • Квартал 1

17


Hamm

Дробење и набивање Германската Wirtgen Group преку својата марка Hamm на пазарот претставува серија на компактни набивачи кои можат истовремено да бидат опремени и со ваљци за кршење.

18

Година 5 • Квартал 1


Hamm H 25i Кај професионалците кои работат на подготовки на подлогите за бетонирање или асфалтирање, многу високо се ценети машините кои со својата ефикасност нема да остават простор за подоцнежни интервенции туку набивањето ќе го извршат беспрекорно. Ако машината притоа ќе биде оспособена и за кршење на подлогата, како пример нека послужи случајот кога подлогата е со поголеми камења или пак парчиња од бетон, па дури и разни комбинации од цврст материјал, тогаш се добива три во едно, односно истовремено кршење на материјалот, негово набивање и рамнење. Токму тоа е случај со моделот Hamm H25i во случај во него да биде вграден преден ваљак со цврсти “заби“ за кршење. Овој уникатен систем посебно е развиен од стручните екипи задолжени за развој во германската Wirtgen Group. Системот е наречен “кршечки ваљци“ а во основа се состои од ваљак по чија површина се врадени екстремно цврсти челични заби кои при движењето вибрираат. Со максимален потисок од 30t се обработува површината која без разлика на материјалот истовремено се крши, се набива, станува компактна и рамна. По тој процес подлогата е стабилизирана и подготвена за понатамошно тампонирање и асфалтирање или бетонирање. Од останатите карактеристики на вибрирачкиот набивач, кој патем речено го придвижува современ мотор кој ги исполнува најстрогите Tier 4 норми против загадувањето, би го издвоиле и следното: - Брзо менување на приклучоците - Ергономично работно место за операторот со одлична видливост на сите страни - Можност за работа по нагорнини овозможена од самоблокирачки диференцијал - Постојан хидростатски погон на сите тркала - Hammtronic – автоматска контрола на тракцијата

покрај рамнењето се постигнува и компактност на асфалтот со што се зголемува и неговата густина. Компактните димензии, при што широчината на ваљците изнесува 100 cm. додека вкупната должина на машината изнесува 212 cm. - се огледа и во вкупната тежина од 1.580 kg. Дизелски агрегат од 22 КС е задолжен за покренување на компактниот двоен ваљак, а екстремно лесното одржување е помогнато со поставување на сите места за сервисирање на една страна. Лесниот транспорт на машината, земајќи ги предвид димензиите и вкупната тежина, не претставува никаква потешкотија. Истите тие компактни димензии го прават Hamm HD 10 погоден за работи во затворени дворни површини, потоа тротоари како и при санација на асфалтни површини. Сé се тоа активности кои се неопходни при одржување на јавните урбани површини, а такви секако не недостасуваат и во нашите градови. Напротив, потребата за ваков тип на современи машини претставуваат неопходност во машинскиот парк на сите јавни претпријатија.

Hamm HD 10 – Осцилирачки набивач Со претставување на овој модел, Wirtgen ја проширува својата понуда на набивачи со најмалиот модел во гамата. Идентично како и неговите поголеми браќа, HD 10 функционира по принципот на вертикални вибрации со што Година 5 • Квартал 1

19


БелАЗ-75710, МЗКТ-79221, МАЗ-7907

Големо, поголемо, најго­ лемо, уште поголемо… Од Белорусија ќе да е! Во потрага по новитетите во светот на големите тркала, вниманието ни го привлече есенската презентација на најголемиот дампер во светот, белорускиот БелАЗ-75710.

20

Година 5 • Квартал 1


Дамперите како машини на тркала сами по себе се големи, но покрај БелАз-75710, зборот „голем“ го губи своето значење. Едноставно, овој збор премногу е „мал“ за да служи како атрибут на најголемиот дампер на светот, ме­ талниот мастодон кој доаѓа од белорускиот производител кој од своето основање во 1948 година до денес има произведено преку 120.000 тешки градежни машини и индустри­ ски возила. Колку да го илустрираме значење­ то на белорускиот автомобилски завод, освен дека од неговите погони има излезено секој трет дампер во светот, ќе кажеме уште и дека градот Жодино во близината на Минск, каде е седиштето на компанијата, е изграден во 1963 година за потребите на фабриката, каде работат 11.000 од неговите 62 илјади жители. За новиот дампер Белорусите не се многу зборливи. Не ни треба - сликите на кои се гледа дека неговите тркала се двојно поголеми од човечката висина кажуваат повеќе од сé, а спецификациите во кои е наведено дека е те­ жок 360 тони, дека има носивост од 450 тони и дека е задвижуван од два 16-цилиндрични мотора со по 65 литри работна зафатнина и вкупно 4.600 KS и 18.626 Nm, кои можат да го потераат до брзина од 64 km/h, само го дополнуваат тоа. Сепак, нема да ви останеме должни и ќе ви кажеме дека е долг 20,6 метри, широк 9,75 и висок 8,17 метри, меѓуоскиното

растојание му изнесува 8, а дијаметарот на врте­ње 39,6 метри. Конструиран е да работи во услови од -50 до +50 °C, има електромехани­чка трансмисија и заеднички хидрауличен систем за системите за кипање, управување и кочење, а во корпата му собира 270 кубни метри товар. Освен што се погонски, сите четири (двој­ ни) тркала на кои се монтирани пневматици Michelin со димензии 59/80 R63, се и управувани. Има два резервоара за гориво од по 2.800 литри, за ладење на моторите се потребни 890 литри антифриз, а за подмачкување вкупно 538 литри масло. Досега најголемиот дампер на БелАЗ имаше носивост од 360 тони. Импресивноста на овој дампер нé поведе во потрага по најголемиот камион на светот, кој не мораше да го бараме многу далеку, бидејќи повторно доаѓа од Белорусија, овој пат од производителот МЗКТ од Минск. Се работи за моделот со ознака 79221, наменет за потреби­ те на руската армија, и тоа за превоз на ба­ листички ракети. Според конструкцијата е 16x16, долг е 22,7 метри, широк 3,4 и висок 3,3 метри, а тежок 44 тони. Со помош на 12-ци­ линдричниот мотор од 26 литри со 800 KS и 3.087 Nm може да понесе товар од 81 тон, и тоа до брзина од 45 km/h. За да помине 100 km му требаат 300 литри гориво, а за да се сврти 36 метри простор. Трансмисијата му е хидро­ механичка, а ракетите за кои е наменет интер­ континентални, со домет од 11.000 km и можат да носат една нуклеарна боева глава од 550 килотони. Постои и цивилна верзија на овој камион.

Година 5 • Квартал 1

21


Сепак, МЗКТ-79221 не може во целост да ја оправда титулата „најголем“, бидејќи има кон­ куренција во сопствените редови. Неофици­ јална, затоа што се работи за камион од кој се направени само два прототипа во 1985 година, кога оваа фабрика се викаше МАЗ. Возилото има 12 оски со 24 тркала, а во секое од нив електромотор кој струјата ја добива од гасна турбина со 1.250 KS. Комплетните специ­ фи­ кации не се познати, бидејќи беше развивано за воениот проект Целина-2, кој беше откажан во втората половина од осумдесеттите години.

22

Година 5 • Квартал 1

Она што е познато е дека е долг 28,2 метри, широк 4,1 и висок 4,4 метри, дека тежи 65,8 то­ ни и дека е конструиран да носи 150 тони, со брзина од 25 km/h. МАЗ-7907 успешно ги има поминато тестовите на советската армија, а по откажувањето на проектот двете возила се вратени на фабриката во Минск, по што овој камион во јавност се има појавено само еднаш, во 1996 година, кога е искористен за транс­ порт на брод тежок 88 тони и долг 40 метри во северниот дел на Белорусија.


Volvo A30F

Дампер со висока технологија На прашањето до каде е стасана имплементацијата на високата технологија во работните машини, во случајов дампери, од Volvo одговараат со едноставно – погледнете ја серијата “F” и веќе го имате одговорот.

Година 5 • Квартал 1

23


Аргументите на Volvo се прилично цврсти. Три погонски оски, хидро-механичко управување, автоматско менување на преносот, дизел мотор со четиривентилска технологија, елек­ тронска контрола на тракцијата, ретардери со регенерација на енергијата, ергономски орга­ низирано окружување на операторот,.... Сето тоа е вградено во серијата A25F/A30F, дампе­ ри наменети за најтешки услови на екс­ плоа­ тација. Пристапот на Volvo не е ништо друго освен продолжување на традицијата започна­ та во 1960 и продолжена до денес. Помеѓу другото, ова е резултат кој доаѓа од 11 центри за истражување и развој разместени низ цели­ от свет. Дали некој можеби сеуште се сомнева зошто шведските дампери можат да се видат низ ископите, исто така, разместени низ сите континенти? Механика Механичките компоненти се срцето на секоја работна машина. Кај дамперот на Volvo, отва­ рање на оваа тема значи соочување со низа новоразвиени компоненти вклопени во една функционална целина. Спецификите започну­ ваат со системот на управување кој е изведен на самиот зглоб преку хидро-механички склоп. Така е овозможено прецизно управување и при најтешки теренски услови и тоа без прене­су­ вање на било какви вибрации и сили на упра­ вувачот. Потоа, следи оригиналниот систем на натоварување и истоварување кој е изведен

24

Година 5 • Квартал 1

преку два странично поставени хидраулични подигнувачи. Со тоа е овозможен голем агол на истоварување со процес кој е многу пре­ цизно контролиран. Целата конструкција е поставена на зглобна шасија која е ослонета на три оски, кои воедно се и погонски. Предната оска, во однос на управувањето е фиксна, но таа истовремено и може да претрпи одреден степен на свртува­ње а во зависност од оптеретувањето и услови­те на теренот. Воедно ослонувањето е исто изве­ дено со гасно-хидраулични амортизери, сис­ тем кој за прв пат се врадува во некој дампер а се карактеризира со исклучително комфорно користење. Менувачот на Volvo A30F е автоматика од серијата Powershift и е изведен со 6 степени за движење напред и два за движење назад. Рас­ полага со можност за 100 процентно затвара­ ње на диференцијалот при што сите тркала се движат со иста брзина, а тоа значи дека е обезбедена голема проодност дури и по нај­ лизгави подлоги. Менувачот е прикопчан за нов дизелски мотор со волумен од 10.8 литри, кој е изведен во линиска 6 цилиндерска кон­ фигурација. Неговите каракеристики накратко ќе ги опишеме преку вградената технологија – четири вентили по цилиндар, турбо полнач со променлива геометрија, DPF партикуларен фи­л­тер.Импресивно делуваат, неговите многу рафинирани и економични 357 КС.


Работен амбиент Приодот до високата кабина е обезбеден пре­ ку скалила кои се заштитени од лизгање, што повторно претставува ново решение а кое е во согласност со новиот пристап на Volvo. Воза­ чот е сместен во централна позиција, со што контролата над дамперот е целосна. Кабина­та е изведена со стаклени површини па така видливоста во сите правци е на потребното ниво. Тоа се однесува и на погледот наназад кој е од исклучителна важност при процесите на натовар и истовар. Големите, греени и елек­ трично придвижувани ретровизори, ги ели­ми­ нираат мртвите агли. Возачкото опкружување наликува на било кој камион од гамата на швеѓаните. Пред него е табла со инструменти на која можат да се отчитаат сите параметри на дамперот. За мак­ симален комфор се грижи автоматска клима­ тизација, како и голем простор за одлагање на ситници потребни на возачот при секојдневен престој. Дали треба да додадеме дека кабината ги исполнува ROPS/FOPS нормите за заштита на операторот?

Капацитети и одржување За одржување на дамперот потребно е само да се повлече решетката на моторот, при што таа се спушта до доле а од внатрешната страна има монтирано скали за искачување на ме­ха­ ничарот. Во тој случај сите потребни инди­ катори за контрола се достапни за визуелна контрола а по потреба интервенцијата може да се изведе многу брзо и едноставно. Во секој случај честите прегледи воопшто не се предвидени а одржувањето на останатите механички склопови е предвидено на многу долг период по системот “лонг лајф“. Тоа нај­ веќе се однесува на диференцијалите, оските и останатите склопови на подвозјето. Кога треба да се истакнат капацитетите на дам­ перот Volvo A30F можеме да ја истакнеме но­ сивоста од 28 тоникако и основниот капа­цитет на носечката корпа од 13.6 м3.

Година 5 • Квартал 1

25


ЏИНОТ НА ГАСЕНИЦИ Спремен за Казахстан Составувањето на мобил­ ната челустна дробилка е завршено во најкраток мо­ жен рок во производ­стве­ ниот погон на Метсо во Финска. Огромната дро­ би­л­ка, сега е спремна да се расклопи и да се ис­ прати во Казахстан.

Најголемата во свет мо­ бил­ на дро­ бил­ка на гасени­ци е нави­стина ма­ши­ на на су­перлативи: • Вкупна тежина над 800 тони. • Висина, скоро 11 метри • Капацитет до 2500 Т/ч • На електричен погон од 6000 волти

ЛЕСНО И БЕЗБЕДНО РАКУ­ВА­ЊЕ Операторот на дробилката е сме­ стен во добро изолирана и без­ бедна кабина, на висина од 8,5 м. Дробилката е предвидена да ра­ боти при амбиентални темпера­ тури од + 30 С до – 30 С, па до­ брата изолација на кабината е ис­­­­клу­­чително важна. Кабината стои на сопствени „но­зе“, за да се избегне преносот на ви­бра­ции.

ГАСЕНИЦИ ОД СКОРО 2 МЕТРА Д10 гасениците на електри­чен по­ гон на LT200 челустната дро­билка се со висина од 1,8 м.


НЕВЕРОЈАТНО ПАТУВАЊЕ

ЧЕЛУСТНА ДРОБИЛКА ЕНОРМНИ ДИ­МЕНЗИИ ЗА ВЛЕЗ НА РУДА Џиновската C200 челустна дробил­ ка, монтирана во LT200, може да пре­ дроби парчиња бакарна руда со големина од 1,2 м. За период од една година, 13 милиони тони руда ке поминат низ дробилката.

За да се пренесат сите компонен­ти од дробилката на растојание по­ големо од 3.000 километри од Финска до Казахстан, ќе бидат по­ требни пове­ ќе од 65 камионски и вагонски то­вари. Најтешкиот дел од мобилната постројка е 90 тонски, “apron” верижен додавач, дел од мо­ билниот систем за хранење на дробилката.

МАСИВНА КОНСТРУКЦИЈА Од четирите примарни системи за дробење и транспорт на руда, мо­ билниот систем за хранење на дро­ билката MAF210 со тежина од 250 тони, а LT200 примарната дробилка тежи 350 тони.


Bobcat Toolcat 5600

Сестран соработник Поседувањето на Toolcat 5600 во флотата, за секоја фирма значи поседување на еден послушен, вреден и сестран соработник за кој ќе треба да помине време додека му ги откриете сите можни примени.

28

Година 5 • Квартал 1


Како изгледа една работна задача на инженер вработен во развојот на Bobcat кога ќе му се каже дека од таа машина се очекува да биде компактна но пред се да има можност за примена во извршување на широк спектар на задачи. Самата задача звучи како прилично сложена а за нејзино решавање потребно е големо искуство и познавање на специфики­те на секоја работа. Во случајот на Bobcat зададениот инженерски предизвик е решен на начин кој практично можеме да го видиме во облик на Toolcat 5600. Механика Без разлика на робусниот изглед Toolcat во должина брои само 366 cm, се разбира без додатоците. За комплетирање на претставата околу габаритите ќе додадеме дека широчи­ ната изнесува 152 cm, а вкупната оперативна тежина 2.578 kg. Конструкцијата е поставена на цврста носечка шасија, со независно ос­ лонети тркала. Околу независноста на трка­ лата треба да се истакне и моментот што по­ гонот е изведен на двете оски исто како и управувањето. Токму управувањето на сите трка­ла придонесува за извонредна спретност на машината и тоа при секакви услови на те­ ренот, а за сигурна тракција е задолжен HTC (Hydristatic Traction Control) системот. Мини­ малниот радиус на вртење, кој изнесува 533cm, е во класата на најмалите вилушкари. Погонскиот мотор е преземен од останатите модели на Bobcat а за потребите на Toolcat силината на современиот Tier 4 дизел е поде­

сена на 41 КС. Овој мотор овозможува брзина, во случај кога Toolcat 5600 се движи нанапред да изнесува 29 км/ч додека кога се движи наназад таа е за половина помалку. Работен амбиент Околу возачкото опкружување воопшто не би требало да се дискутира. Инспирацијата е најдена кај современите возила, така да опе­ раторот, ако не е некој професионалец, вооп­ што нема да примети дека управува всушност со универзална работна машина. Единствена специфика претставуваат командите на раз­ ните приклучоци но и тие се максимално поедноставени и сведени само на работа со двата џојстика. Капацитети и одржување За Toolcat се предвидени повеќе од 40 разно разни додатоци. Нивната замена се изведува со крајно едноставна постапка при што не е потребен никаков алат. Машината може да се користи како обичен пикап, како влекач или пак како виљушкар за подигнување на товар. Помеѓу овие основни функции се наоѓа цел спектар на активности, а сето тоа во зависност од потребите на корисникот. Всушност упо­ требата на Toolcat 5600 зависи само од има­ гинацијата и реалните потреби на имателот. Поради можноста за монтирање на приклу­чо­ ците и од предна и од задна страна, исто­ времено можат да се извршуваат и по две, па Година 5 • Квартал 1

29


дури и повеќе операции. Сите тие функции можат да се извршуваат со минимално одржу­ вање кое всушност се сведува на контрола на течностите и пратење на параметрите преку инструмент таблата. Адекватност за нашиот пазар Со своето присуство, било како дел од ма­ шинскиот парк на големи градежни фирми или пак како машина на приватен имот, Toolcat 5600 брзо ќе успее да сенаметне како не­ заменлив универзалец. Тој едноставно знае и може сé. Згора на сите доблести, со набавка на приклучоците, секој ќе може да си направи конфигурација спрема сопствените потреби.

30

Година 5 • Квартал 1



ПОКРИВ И КРОВОПОКРИВАЧКИ ФОЛИИ

ШТО Е ПОКРИВ? Покривот е дел од објектот кој е најизложен на надворешни влијанија (дожд, снег, ветер, сон­чево зрачење). Како таков има улога да ги при­ ми надворешните влијанија, го заштити објект­от и да ја продолжи неговата трајност. Неко­гаш покривите се правеле само од материјали кои можеле да се најдат во природата и без многу обработка да се вградат како такви (дрво, трска, камен, глина, бакарен лим). Денес се ко­ристат и тие материјали, но и цела низа нови материјали – битуменска шиндра, челични по­цин­кувани и пластифицира­ ни лимови, алуми­ниум, нови видови керамиди. НЕКОГАШ И СЕГА Во настојување да се добие што повеќе станбен простор, од покривите (поткровјата) се очекува да го исполнат и тоа барање. Денес, се повеќе поткровја претставуваат домови. Предности се: релативно мали вложувања, одлично иско­ри­стување на веќе постоечкиот простор, убав поглед и сл. Недостатоци се: кондензација и влага, лоша топлотна изолација, штетници и пти­ци во самата покривна конструкција.

32

Година 5 • Квартал 1


дополнителна заштита од продор на вода (дожд, снег) од надвор, а задачата на парната брана е да спречи навлегување на влага од внатрешниот простор во термо изолацијата. КОНДЕНЗАЦИЈА И ВЛАГА Настанува од два фактори: влага и темпе­ра­ тура. Топлиот воздух може да прими повеќе пареа од ладниот воздух. Пресудна е разлика­ та во температурата и влажноста помеѓу вна­ трешната просторија и надворешноста. Со ре­ довно проветрување се смалува присуството на влага во просториите.

ОД КАДЕ ДОАЃА ВЛАГАТА? Во секој простор за живеење самите станари произведуваат влага и тоа го прават со секој­ дневните активности: готвење, туширање, пе­ рење ... Приближна количина на влага која ја произведува едно лице на ден или процес во домаќинството: Туширање Напорна работа Купатило Готвење Сушење алишта Цвеќе

Cca 2600 120 - 200 700 600 - 1500 100 - 500 5 - 10

g/h g/h g/h g/h g/h g/h

Присуството на влага во изо­лацијата значи­ телно ги намалува нејзините карактеристики. Доколку во изолацијата имаме: - 1% влага, изолацијата губи 35% од своите карактеристики - 2,5% влага, изолацијата губи 55% од своите карактеристики - 5% влага, изолацијата губи 100% од своите карактеристики Заради ова, за правилна функција на термо изо­лацискиот слој, најважно е тој да се заштити од влага. Основната задача на покривната (водо­непро­ пусна – паропропусна) фолија е да обезбеди

ВИДОВИ ПОКРИВИ Според тоа дали се проветруваат или не: Ладен покрив е конструкција која се проветру­ ва под покривот. Таа може да се проветрува на повеќе нивоа (на пример кај уредено поткровје во подрачјето на надолжно поставените летви или евентуално под оплатата од даски), или се проветрува целиот таван (неуредено поткровје) Топол покрив е конструкција која не се про­ ветрува и воглавно се применува кај рамни покриви кај изградба на индустриски хали. Од вака дефинирани видови на покриви зависи изборот на кровопокривачка фолија. Година 5 • Квартал 1

33


Дифузните отвори го задржуваат дождот, пра­ шината, снегот а ја пропуштаат водената пареа од внатрешноста на просторијата и дифунди­ раат без проблем. Wurth Top 132 - за директно поставување на дрвена оплата (даска) - кај проветрени и непроветрени покриви - РР слојот спречува лизгање

ВЕНТИЛАЦИЈА НА ПОКРИВОТ ДЕЛОВИ ОД ПОКРИВОТ Слеме – врв на покривот Вентилација – место на излез на топлиот воздух под покривот Надолжна летва – летва која мора да биде со мин. дебелина од 5cm, се поставува паралелно со гредите (врз гредите) Водонепропусна, паропропусна фолија – фолија која од едната страна ја пропушта па­ реата а од другата е непропусна за влијанијата од надворешната средина (се поставува од гор­­ната страна на изолацијата, директно или преку даските) Парна брана (парна кочница) – се поставува до изолацијата од внатрешната страна ВОДОНЕПРОПУСНИ, ПАРОПРОПУСНИ ФОЛИИ Wurth Top 92 за директно поставување на термоизолација - исклучиво кај покривни конструкции без дрвена оплата

34

Година 5 • Квартал 1

ФОЛИЈА ЗА ЛАДНИ ПОКРИВИ Wurth Top Cool -

особено погодна за ладни покриви - се поставува на даски или OSB пред лепење на шиндра - OSB („Oriented Strand Boards“) се плочи про­ изведени од тенко и широко иверје со метода на лепење и пресување ПОКРИВНИ ФОЛИИ / ВОДОНЕПРОПУСНИ – ПАРОПРОПУСНИ ФОЛИИ Паропропусната фолија мора да биде пос­та­ вена почнувајќи од дното, паралелно со над­ стрешницата, лесно затегната. При поста­ ву­ вање мора да се води сметка за минимално преклопување од 10 – 15 см (до обележените линии). Ако вообичаениот пад на покривот е со помал нагиб (максимално 6°), деловите мора да се преклопат најмалку 20 см и да бидат за­ле­ пени едни под други со одговарачка леплива лента.


WURTH DB 90 -

МОНТАЖА НА ПАРОПРОПУСНИТЕ ФОЛИИ Преклопите во вертикален правец секогаш мо­ ра да лежат на греда и мора да бидат залепени со одговарачка леплива лента. Оштетените површини од фолијата мора да бидат по­пра­ вени со скроено парче од оригиналната фо­ лија и залепени со лента, додека малите оште­ тувања може да се поправат само со леплива лента. Покривањето на покривот мора да биде завршено најдолго 8 недели по поставувањето на паропропусната фолија за да се спречи оштетување од UV зраци. ВНАТРЕШНИ ФОЛИИ – ПАРНИ БРАНИ Парната брана има функција да спречи про­ аѓање на пареа од внатрешниот простор кон надворешниот. Со самото тоа се спречуваат воздушните стру­ ења и губење на топлината. Затоа е особено важно да парната брана биде апсолутно компактна, без дупчиња и лоши споеви, залепена меѓусебно на споевите, но и со градежната подлога.

Еластична и отпорна на кинење благодарејќи на вградената мрежеста ткаенина - Спречува губење на топлина настаната како последица на непотребни воздушни струења - Спречува заситеност на термо изолацијата од влага на страната свртена према внатрешно­ ста на просторот и редукција на изолацискиот ефект настаната како последица на тоа. ПАРНИ БРАНИ – МОНТАЖА Се фиксира парната брана на “топлата” страна со помош на рачна хефталка. Секогаш рапавата страна се поставува спрема термо изолацијата. Парната брана може да биде поставена и по­ пречно и паралелно во однос на гредите, при што се постигнува најдобро спречување на те­ чење кога лентите фолија се поставени пара­ лелно и се преклопуваат на гредите. При поставувањето мора да се обезбеди до­ волно преклопување на лентите. Преклопување по висина: 15 см (идентификациска линија); Странично преклопување, најмалку 20 см; Доб­ ро да се залепат преклопите и рабовите со од­ говарачка леплива лента. Рачна хефталка, арт. бр. 714 834

ВУРТ МАКЕДОНИЈА дооел ул. Борис Трајковски 93, 1000 Скопје тел: 02/ 272 80 80 www.wurth.com.mk

Година 5 • Квартал 1

35


Градежни материјали: плочки

Куќна уметност Како и ние самите, и просторот во кој живееме си има свој персоналитет. Секој од нас развива долговечен однос со него, она што го нарекуваме дом.

36

Година 5 • Квартал 1


остатоци од нив се пронајдени во пирамидите, на урнатините на Вавилон и други древни градови во античка Грција и пошироко. Плочките со декоративни мотиви биле измислени на Блискиот Исток, каде што и денес уживаат поголема популар­ ност и се среќаваат со поголема разновидно­ ст на дизајнот од било каде во светот. За време на исламскиот период, методите на декораци­ ја со плочки таму биле доведени до совршен­ ство. Во Европа украсните плочки не влегуваат Чувството за удобност на една средина која нé опкружува добар дел од времето не доаѓа од нејзината естетика, но таа има многу важна улога во тоа. Топлината на домот, да се изра­ зиме малку поетски, доаѓа токму од тоа - како се чувствуваме во него. А за да се чувствуваме пријатно, тој мора и да изгледа пријатно и да живееме во хармонија со него. Плочките денес се важен додаток во архи­ тектурата на градбите, не само од естетска страна. Нивната заштитна улога како во поглед на издржливоста, така и за полесно одржување на хигиената, го детерминираат материјалот од кој ќе бидат направени: керамика, бетон, гранит, мермер или друг камен, но и од метал, стакло, дрво, органски материјали, а ги има и од линолеум и други вештачки материјали. По дефиниција, плочките се рамни издржливи елементи кои се користат за внатрешни или над­ворешни ѕидни или подни облоги. Може да бидат со едноставни правоаголни облици или во форма на сложен мозаик. Историски гледано, чо­ ве­ кот отсекогаш сакал да создава простор за жи­веење кој е убав, тра­ ен и пријатен за престој. Но, градежните мате­ри­ јали со кои располагал тоа не му го дозволувале секогаш, барем не на едно­ставен и евтин на­чин. Користејќи ја сво­ јата инвентив­ност, чо­векот ја направил првата плочка уште пред 4.000 години - најстарите

во општа употреба надвор од мавританска Шпанија пред втората половина на 12 век. Мо­ заиците од плочки во Шпанија и Португалија, од времето на ренесансна Италија, развојот на иконографијата со плочки во Англија и Холандија, како и среќавањето во германска­та архитектура имаат истакнати места во исто­ ријата на плочките. Во тоа време, техни­ ка­ та на редење на пло­­чки­те со стил била чувана семејна тајна, пре­не­су­вана усно од татко на син, од мај­ стор на чирак. Ретките записи за деталите на техниките и третманот на материјалите сведочат за ком­плетна рачна работа, вклучително и боењето, што резултира со уникатни креации, така што со право некои Година 5 • Квартал 1

37


постојат и техники при кои под притисок во површината се вметнуваат парчиња од друг материјал, понекогаш и ска­поцени метали. И техниките за лепење на плочките со векови­ те еволуирале - ако порано затоа се користела смеса од песок со природни сврзни материјали, сега исклучиво се користат специјални лепаци. Тоа, заедно со машинското обликување и пе­ чење на плочките придонело за омасовување на нивната употреба, со што од раскошните палати, нивното користење започнало да се шири и во обичните градби. И порано и сега, употребата на плочките во градежништвото бара многу труд и рачна ра­ бота, без разлика каде се среќаваат. А се сре­ ова го сметаат за уметност. Со текот на времето оваа работа станувала сé помалку уметничка, а повеќе индустриска. Рачното обликување на плочките е заменето со калапи, а сушењето на сонце со печење на високи температури, со што површината до­би­ва глазура, а структурата цврстина. Всушност плочките од керамика, кои се најкористени, се печат два пати, првиот пат на температура од 1.060 °C, кога се фиксира формата и струк­ т у­ рата, а вториот, по на­ не­ сувањето на заштит­­ни­от површински слој, на околу 750 °C. Во модер­ но­ то производство смесата за плочки се об­­ ли­­ кува во метални калапи под притисок, со што се добива поуед­ начена структура. Мето­дите на декорација на плочките зависат пред сé од материјалот, а

38

Година 5 • Квартал 1

ќаваат насекаде заради своите неприкос­ новени карактеристики - големата хемиска, ме­ха­ничка и термичка издржливост, отпорнос­ та на влага, атмосферски влијанија, триење, удари, но и способноста на нив да не остануваат никакви дамки од речиси сите течности и средства, што се должи на заштитниот слој и процесот со кој тој е нанесен. Под влијание на трендовите за еколошки со­ живот со природата, во поново време архи­ тектите сé почесто се навраќаат кон природ­ ни­те материјали, односно различните видови камени плочи, и тоа со неправилни форми. Истовремено, технологиите за производство на плочки постојано се усовршуваат.


PFT G 4

Комплетна солуција Малтерисувањето е доста важен процес во градежништвото, не само од естет­ ски, туку и од заштитни причини.

Година 5 • Квартал 1

39


Некогаш со кал помешан со тревки и живо­ тински измет, а денес со специјални смеси добиени со најсовремени технолошки по­стап­ ки, малтерисувањето како една од финалните работи во градбата директно влијае на из­ гледот на објектите. Секоја неправилност при нанесувањето на малтерот е видлива со голо око и укажува на неквалитет во сработеното. Но, она што не се гледа е поважно - освен естетска, малтерот има и заштитна функција, која, во случај на неквалитетно подготвување или нанесување, финалниот слој едноставно ја нема. Нема кој не слушнал за Knauf, фирмата која веќе 80 години се наоѓа на врвот во својата област на делување. Германската семејна компанија е тоа што е не само заради квалите­ тот и обемноста на понудата на своите про­ изводи, туку и заради тоа што нуди комплетни решенија - во нашата приказна за малте­ ри­ сувањето тоа се машините за мешање и пум­ пање. Конструирани се континуирано и це­ло­ сно автоматски да ги мешаат со вода и пумпаат сите машински суви малтери и така создаваат хомоген малтер подготвен за употреба. Целата оваа постапка се нарекува машинско малте­ рисување и нејзините главни предности се големата брзина, прецизноста во работата, брзото сушење и помалата потреба од мате­

40

Година 5 • Квартал 1

ријал и работна рака, што во случај на големи површини за обработка значи и пониска цена во однос на рачното малтерисување. Материјалот кој се нанесува е посебно наме­ нет за тоа и има поинакви физички и хемиски својства во однос на класичниот малтер, што го прави поскап, но фактот што е потребен потенок слој од него кој побрзо се нанесува, во крајна линија го неутрализира тоа. Како пример ќе наведеме дека една екипа рачно може да нанесе 20 до 30 квадратни метри малтер дневно, а со машинското малтерисување до 350 m². Големо забрзување на работата се добива и со тоа што материјалот кој се нанесува веќе е подготвен за употреба - нема потреба од мешање со песок (кој претходно треба да се просее, нели?), цемент или вар. И во однос на


квалитетот машинското малтерисување е во предност - како што рековме, материјалот веќе е подготвен и не постои ризик од разликата во соодносот и мешањето на потребните состојки, како што се случува со рачната подготовка на малтерот. Квалитетот на самото нанесување на материјалот на површината не треба ни да го споменуваме - јасно е дека машината тоа ќе го стори далеку подобро и порамномерно откол­ ку и највештата човечка рака со мистрија. Knauf за оваа намена ја има машината PFT G 4, која е конципирана на модуларен принцип и може да се полнат од вреќи или директно од силос или контејнер. Сувиот малтер се уфрлува во комората за мешање преку косо поставено ѕвездесто тркало, кое се задвижува засебно и може лесно да се демонтира. Компактна спо­ ред димензиите (1.200x720x1.530 mm), оваа машина со опсег на испорака на материјалот во широчина од 20 до 65 метри, во зависност од изведбата и цревото, лесно е пренослива и може да се комбинира со другите машински програми на PFT, како што е, на пример, пнев­ матскиот силос за полнење Silomat. Освен за нанесување малтер на гипсана, варовничка и цементна база, може да се користи и за фанго маса, малтери и други маси за изолација, мал­ тери за фуговање, засилување и лепење, те­чен естрих, ѕидарски малтер, нивелир маса и друго. Засилената цевкаста рамка на PFT G4 под­не­ сува големи оптоварувања и овозможува мак­ симална стабилност при работата, а ин­те­гри­ раните држачи за вилушкар безбеден

тран­­ с­ порт, за што е мислено и при дизај­ ни­ рањето на машината која нема истурени де­ лови. Арматурата и прекинувачите се наоѓаат во внатрешните контури на рамката, со што се заштитени од оштетувања, а подобрениот одвод на вода со косо поставената пумпа ја елиминира можноста од замрзнување, би­деј­ќи целата количина на вода може да се исфрли. И самото чистење и одржување на машината се врши едноставно и брзо со помош на за­мен­ ливата гумена зона за мешање, а и компресо­ рот за воздух може да се заштити од валкање со заштитна гума. Постојат повеќе изведби на PFT G 4: Standard, Smart, FU 230 V, 230/400, Super и XL, кои се разликуваат по намената и опременоста - цев­ ката за мешање, пумпата за вода, командното орманче, компресорот за воздух, пиштолот за малтерисување, електромоторите на пумпата и тркалото за мешање, приклучокот за струја, притисокот на исфрлање на материјалот и приборот што доаѓа или може да се нарача со неа, така што секој може да ја избере нај­доб­ рата комбинација според сопствените потре­ би и можности. Моќна, тивка и технички пер­ фектна, за квалитетите на оваа машина нај­добро сведочи фактот дека се произведу­ва веќе 40 години. Постојано усовршувана, досе­ га се продадени преку 100.000 примероци од неа.

Година 5 • Квартал 1

41


Пневматски чекани Makita HR4013C/HR4003C

Чекан без вибрации Основен проблем со кој се соочуваат работниците при работа со пнев­мат­ ските чекани се вибрациите кои се јавуваат како резултат од ударите на машината. Инженерите на Makita имаат решение за овој проблем.


Пневматските чекани мора да се унапредат до ниво со нив да може да се работи и до осум часови непрекинато. Класичната технологија применета кај претходниот модел HR4011C овозможува, според здравствените стандарди за работниците, работа од само 3:33h, додека новата Makita HR4013C со AVT (Active Vibration Control) технологија вибрациите ги нама­ лува до степен работникот да може да работи цели 8 часа. Импресивниот резултат е постигнат со цело­ сно нова конструкција при што фокусот е ставен на пригушување на вибрациите како и на намалување на вкупната тежина на пнев­ матскиот чекан. Makita HR4003C Новиот стандарден пневматски чекан HR4003C го краси нов дизајн со вкупна тежина од само 6.2 kg. како и низа нови решенија како што се двојниот прекинувач, можноста за подесува­ње на брзината на ударот во распон од 1.450 до 2.900 удари во минута, потоа подесување на вртежниот момент, лед индикатори за исправ­ ност на струјното коло и на истрошеноста на контактните четкици, како и со електронски сис­тем кој овозможува мек старт преку ре­дук­

ција на стартниот вртежен момент. Стан­ дар­ дниот SDS-Max приклучок овозможува брза и едноставна промена на потребните бургии или додатоци, а зголемената ударна моќ на чека­ нот е постигната без зголемување на моторот, кој и понатаму испорачува 1.100 W.Краткото резиме за оваа машина би говорело за една класична машина, во оптимизирана,ефикасна и олеснета изведба, со еден збор - современа интерпретација на докажаните вредности. Makita HR4013C За разлика од неа, во најновото достигнување на Makita на ова поле, моделот HR4013C е вграден веќе опишаниот AVT систем за при­ гушување на вибрациите. Цената за исклу­ чи­ телно ниското ниво на вибрирање е зголему­ вање на тежината за 600 грама, односно на вкупно 6.8 kg. Сепак тоа е минимална цена во однос на добиениот комфорпри работата, а и покрај зголемената тежина, машината остану­ ва како најлесна во својата класа. Од техничките специфики со кои драстично се намалени вибрациите ќе ги издвоиме по­ себ­

Година 5 • Квартал 1

43


ниот амортизирачки склоп, потоа абсор­ би­ рачката рачка како и изработка на целото куќиште од посебен апсорбирачки материјал. Всушност кај Makita HR4013Cстанува збор за примена на цела низа техничко-технолошки решенија кои резултираат со така посакувана­ та мирна работа на пневматскиот чекан. Во однос на класичниот HR4003C модел, тех­ ничките каракетеристики на HR4013C остану­ ваат идентични, а разликата се сведува на драстично намалениоте вибрации. Останати­те својства се во согласност со добро познатиот и докажан Makita квалитет. За сите подетални информации, прашања и цени обратете се до Овластениот увозник во Македонија и Авторизиран сервис ЛОТУЛС - Скопје

Хидраулични и пневматски заптивки од различен тип, материјал, димензии, за секаков тип на лесна и тешка индустрија

ул. Народен фронт бр.3-3/22, 1000 Скопје Тел: +389 (0)2 3136 373 / Факс: +389 (0)2 3119 705 / Моб: +389 (0)70 272 776 sales@ssa.com.mk / info@ssa.com.mk

44

Година 5 • Квартал 1


Volkswagen Amarok Polar Expedition

Сибирски бигфут Така би го нарекле секаде во остатокот од светот, но во Русија тој едноставно се вика „северниот волк“

Година 5 • Квартал 1

45


Како официјален партнер на зимските олим­пи­ ски игри во Сочи, Volkswagen групата ја сфа­ти својата улога сериозно. Тие испорачаа преку три илјади возила на организаторите, но три од нив, подготвени една година порано за про­ мовирање на игрите, дефинитивно беа не­што посебно. Направени специјално за да ја однесат девет­ члената експедиција по 16.000 киломе­три дол­ гата рута низ најзафрлените предели на мај­ ката Русија и ќерката Сибир, возилата Amarok за таа цел добија серија преработки со цел полесно да се справат со студот и дивите беспаќа. Најголемата и најзабележлива изме­ на беше замената на ослонувањето со издр­ жливите оски од воениот ГАЗ-66 со двојни пружини со долг од и масивни гуми со димен­ зии 1080x13 Р18 што се користат кај оклопни­те транспортери БТР со зголемена проодност, а задачата да обезбедат доволно влечна сила во најдлабокиот снег и на најлизгавиот мраз бе­ ше доверена на пневматиците со низок при­ тисок Арктиктранс 1300x700. Тоа подразби­ раше и мали интервенции на каросеријата, која освен што мораше да биде исечена за да се најде простор за засиленото и робусно подвозје, остана скоро нечепната. Таков оста­ на и дволитарскиот битурбо дизел мотор со 163 коњски сили, бидејќи неговата работа, заедно со 4Motion погонот на сите тркала со 6-степен мануелен менувач и редуктор, беше

46

Година 5 • Квартал 1

да го издржи сето малтретирање, а не да пос­ тавува брзински рекорди. Во внатрешноста, за зголемување на безбедноста беше вграден заштитен кафез, а екстра опремата за нави­га­ ција е заслужна што тимот не се загуби среде сибирската тајга, бидејќи имаше и нешта, како што е преминувањето со глечери покриениот планински масив наречен Средишен гребен на Камчатка, што тие беа првите луѓе што ги направија. Моќното витло, дополнителниот акумулатор, компресорот за воздух, конвер­то­ рот на струја од 12 во 220 волти, бојлерот за топла вода, држачите за багаж, дополнителните покривки, страничните прагови и големата ко­


ли­ чина волја и ентузијазам го комплетираа списокот опрема што „северните волци“ ја по­ несоа со себе на скоро седумдесетднев­на­та одисеја од Москва до ПетропавловскКамчатски, која на тимот составен од Руси и еден загубен Германец му донесе гинисов рекорд за најдолго off-road патување низ една земја. На својот пат да ја однесат олимписката пора­ ка до луѓето и во најнеистражените делови на рускиот далечен исток, емисарите на 22-те зимски олимписки игри неколку пати поминаа преку арктичкиот круг наоѓајќи го својот пат дури и таму каде што нема никакви патишта, каде температурите паѓаат и до -50 °C и каде може да се наиде на културна разноликост сé уште непозната за модерниот човек. Покажу­ вајќи дека може да се справи и со најсложените искушенија на една ваква огромна територија на непријатниот регион во Русија и пошироко, Volkswagen докажа дека Amarok е совршено прилагодено возило и за најекстремни услови за експлоатација.

Година 5 • Квартал 1

47


Mercedes V класа

Време е за поинакви нешта Заборавете сé што сте знаеле за Mercedes Vito и Viano, бидејќи дојде новата V класа.

48

Година 5 • Квартал 1


Понудата на Mercedes како производител на возила од секаков вид и големина, е една од најопсежните во светот - почнува од малиот Smart и завршува со големиот Actros. Малубројните непокриени подрачја не се слу­ чајно изоставени, затоа што филозофијата на Mercedes е ако не може да го понуди нај­доб­ рото, воопшто да не го нуди. Сега, со право сметајќи дека е време за редефинирање на погледот кон превозот на патници, Mercedes го ревидираше своето присуство во класата ком­би возила наменети за долги рути. Но, забо­ равете сé што сте знаеле за Mercedes Vito и Viano, бидејќи дојде новата V класа и време е за поинакви нешта. Токму тоа е и причина за враќањето на ознака­ та V класа на сцената - новиот модел толку се разликува од Vito и Viano, што едноставно не е фер да се смета само како нивна генераци­ска надградба, уште повеќе затоа што ќе ја заме­ни и американизираната R класа. Поместувајќи го малку подалеку од своето доставно наслед­ ство, за новиот модел со техничка ознака W447 Mercedes одреди да се карактеризира со модерен ентериер со благ спортски призвук, исполнет со истите нешта кои го креираат Година 5 • Квартал 1

49


комфорот и кај патничките возила на марката. Така, ако во неа седнете директно од новата C класа, или пак од GLA, на возачкото седиште ќе се чувствувате како дома. Разликата е на зад­ните седишта, кај кои амбиентот е на рамни­ ште на големата S класа. Тоа значи дека новата V класа располага со доста премиум додатоци и можности за прилагодување кон потребите и желбите на осумте патници кои може да ги понесе, вклучувајќи ги и луксузот и безбедно­ ста. Функционалноста и просторноста се подразбираат. Заради намената, елегантниот надворешен изглед не може многу да отстапува од коц­ кастата форма карактеристична за сите вози­ ла од оваа класа, облагородена со нај­свежи­те дизајнерски линии од патничката програма на Mercedes. Од таму се позајмени и погонските системи, со сите свои особини - економично­ ста, импресивните перформанси, квалитетот… За новата V класа ќе може да се бира меѓу три варијанти на 2,1 литарскиот четирицилиндри­ чен дизел - со 136, 163 и 190 KS, спарени со шестстепена мануелна или 7G-Tronic Plus авто­ матска трансмисија, со која во пакет доаѓа и старт-стоп систем. Погонот, како и досега, е на задните тркала, а сервисните интервали се продолжени на 40.000 km или две години.

50

Година 5 • Квартал 1

Новата V класа, која ќе биде на располагање со две меѓуоскини растојанија и три должини на каросеријата, по цена од €42.900 (без давачки) ќе се најде во продажба веднаш по своето премиерно покажување на салонот на автомобилите во Женева. Mercedes засега не објавува ништо за нејзината доставна верзија.


Raba

Леб и сол Беше еднаш едно друго време, кога камионите беа предодредени да работат, работат и само работат.

Година 5 • Квартал 1

51


Сега е друго време. Технологијата сé повеќе навлегува во сите сфери во нашето секојдневно живеење, па и на местата каде не е приоритет­ на. Сепак, некаде околу нас сé уште живеат преостанатите мастодони од она другото вре­ ме, кои ги гледаме, а не и забележуваме, оние за кои понекогаш можеби и треба да се за­ прашаме како воопшто успеваат да преживеат. Југославија и сите останати земји од истокот на Европа си имаа свои индустрии, секоја при­ лагодена на сопствените потреби. Но, жел­бата за и неопходноста од здрави валути за плаќање придонесе за повремено и строго ограничено мешање на индустриските производи, посебно оние од гранките кои не дозволуваа секој за себе рентабилно да ги развива. Камионите не беа дел од тие гранки, но како интересно кон­ вертибилно средство за плаќање си го нао­ѓаа својот пат преку добро контролираните кли­ риншки граници. Така, ние во Југославија, како западно ориен­ тирана земја со источна филозофија на жи­ веење, имавме не така честа можност на наше тло да се судрат цивилизациските придобивки од различни култури и да ги одмерат своите сили на повеќе или помалку неутрален терен, чии критериуми никогаш не беа лабави. Мо­ жеби беа малку обоени во западните бои, но реалноста секогаш ни кажуваше пред да пре­ сечеме, три пати да измериме, заради што

52

Година 5 • Квартал 1

успе­вавме да ја задржиме реалистичноста во нашето пресудување. А тоа, со оглед дека кај нас, барем кога зборуваме за камионите, не­ гуваше вистинска конкурентска почва, бидејќи како ретко каде (а можеби и никаде) во светот, имавме избор од една страна меѓу Mercedes, MAN, Iveco, Scania и другите западни марки, а од друга меѓу Raba, Škoda, Tatra, Jelcz, Kamaz… Секако, не треба да би заборавиме и домашни­ те FAP и TAM. И така, во едно такво опкружување, унгарската марка Raba успеа да влета со суперлативи за своите карактеристики. Камионите кои ги уве­ зуваше Динара од Белград и ден-денес се тркалаат по балканските патишта, што нé на­ тера малку да истражиме за нив - кои се, што ги карактеризира, по што се познати, а по што омразени… И, верувајте, не ни беше воопшто лесно, За нивните технички можности дознав­ ме малку, а и тоа што го дознавме не беше баш за фалење. Но затоа, успеавме да слушнеме многу од прва рака за нив, и тоа нешта што се на граница на прифаќање како урбани митови или анегдоти искажани како од рибари. Сепак, како што ни кажуваа нас, така и ние ќе ви ка­ жеме што е тоа Raba. Тешко е да се одреди од каде да започнеме, затоа што со недостатокот што го имаме во однос на разбирањето на унгарскиот јазик, не знаеме да одредиме кои се битните моменти во развојот на оваа компанија, која води по­


текло уште од австроунгарски времиња. За жал, колку и да е нивниот англиски разбирлив, луѓето едноставно не се зборлести, така што како основа за нашата приказна мора да ги земеме изјавите на нашите камионџии даде­ни од прва рака, кои гамата на Raba, барем онаа познатата во Југославија, ја делат на Raba MAN и Raba DAF, во зависност од кабината на моделот. Вистината, која е малку поинаква, вели дека Raba пред сé е производител на оски за тешки товарни возила и како таков се има концентрирано и специјализирано за овој спе­ цифичен и инженерски доста изискувачки жи­ вот, така што останатите камионски компонен­ ти ги има или лиценцирано, или купувано како готови производи. А токму тоа е основата за приказната за поделбата на Raba MAN и Raba DAF - камионите кои можеби и имаат иста ме­ ханика, луѓето ги разликуваат според кабината, која Унгарците најпрво ја добивале од Герман­ ците како дел од интензивниот договор за лиценцно производство на мотори, шасии и ком­плетни камиони, а кога овие преминале на кабините од францускиот Saviem како дел од нивната кооперација, продолжиле да ги произ­ ведуваат своите возила со кабини кои ги на­ба­ вувале од холандскиот DAF. Механиката, повеќе или помалку останала иста, но секако, текот на времето била осве­ жувана и со технички иновации, но како про­ изводител фокусиран на тешките механички

компоненти, Raba имала едноставна стратеги­ ја за имплементирање само на најиздржливите и најдолгорочни решенија, кои не и го оку­пи­ рале вниманието со други нешта. Затоа и тур­ бо моторите од новата серија се сметаат за големо достигнување, иако тие во некои мо­де­ ли доаѓаа спарени со четиристепен несин­ хронизиран менувач. Што во пракса значи ова, знаат само оние кои некогаш седнале зад во­ ла­нот на ваков камион. За оние кои не знаат, ќе кажеме само дека овие камионите на Раба, кои беа на располагање со две и три оски, како теглачи, шасии и кипери, и ден денес важат за доста издржливи, иако веќе не се произведу­ ваат скоро две децении. Добар доказ за тоа е и гаранцијата која Динара во југословенско време ја даваше, која траеше, како и сé друго тогаш една година, но без ограничување на километражата. Камионите Raba како половни можат да се ку­ пат за неколку илјади евра. Raba денес про­из­ ведува исклучиво возила за воени потреби.

Година 5 • Квартал 1

53


Специјални возила: DAF Fire Brigade

Црвените бригади Сте се запрашале ли зошто камионите на DAF се омилени меѓу европските противпожарни служби?

54

Година 5 • Квартал 1


На прв поглед, самите камионски особини немаат никаква улога во изборот на против­ пожарно возило - кои и да се шасијата, моторот, менувачот и другото, имаат задача само да го одвезат товарот, односно опремата за гасење пожари таму каде е неопходна. Во овој случај, ниту носивоста, ниту издржливоста на меха­ни­ ката (пожарните возила поминуваат едвај по илјада километри годишно, а се одржуваат во перфектна состојба), па ниту брзината и це­на­ та немаат влијателен удел во одлуката за из­бор - примарно се гледа на специјализирана­ та опрема, потоа на можностите на шасијата за нејзина надградба со потребната против­ по­ жарна опрема, а дури потоа на сé останато. Но, меѓу останатото има и нешто што е многу битно - способностите за маневрирање во урбаните средини. Токму тоа инженерите на DAF го имаат земено предвид при конструи­ра­ њето на дел од својата гама возила за која сметаат дека има оптимален сооднос меѓу габаритите, способностите за маневрирање и носивоста за вакви специјални апликации, ка­ ко што се возилата за противпожарните служ­ би. Во тој поглед се и сугестиите од самиот производител на клиентите при изборот на возило за нивните потреби, кој за против­по­ жарните служби првенствено ќе препорача се­ лекција од неколку варијанти на средно­го­ле­ мата CF серија. Првата одлука што треба да се направи е изборот меѓу 4x2 и 6x2 конфигу­ рациите, во зависност од апликацијата. Првите имаат вкупна тежина од 18 тони и, ако се ра­ боти за цистерна, капацитет од 4 до 6 m³, а вторите од 26 тони и капацитет меѓу 6 и 8 m³. Конфигурациите со три оски се расположли­ви

во повеќе верзии - погонска секогаш е средна­ та оска, а третата може да биде со двојни (FAS) или единечни тркала, кои пак можат да бидат управувани (FAN) или не (FAR). Третата оска со единечни тркала е опремена со систем за по­ дигнување и лимитер на оптоварувањето, а сите варијанти имаат електронски контроли­ рано воздушно задно ослонување и Electronic Brake System со интегрирана Brake Assist функција. Шасијата целосно e рамна, со што е значително е олеснета работата на произве­ дувачите на надградбите. Понатаму, од изборот на моделот - CF75 или CF85, зависи и изборот на моторите. CF75 има 9,2 литарски мотор со 249, 310 или 360 KS, а CF85 12,9 литарски со 360, 408, 462 или 510 KS. Од менувачите, на располагање се мануелни и автоматизирани AS-Tronic со 8, 9, 12 и 16 сте­ пени, a CF75 може да се добие со петстепена автоматика од Allison. Кабината која најчесто нема никаква улога во одлуката, за апликации со цистерна се продолжува за да може во неа да се смести целата пожарникарска екипа. За градови со медитерански тип на архитекту­ра, каде доминираат тесните улички, во предвид доаѓа и примена на помалата LF серија и моделот CF65, кој всушност е моделот LF55 со поголемата CF кабина и дели многу компонен­ ти со него, како што шасијата, моторот, ме­ну­ вачот и оските. Противпожарни опрема - ре­ зер­­воа­рите за средствата за гасење, пумпите и цревата, или пак скалите или хидрауличните платформи, ги изработуваат фирми специја­ ли­зирани за тоа.

Година 5 • Квартал 1

55


Schmitz Cargobull – киперски надградби M.KI

Превоз и истовар со кипање Германската фирма за изработка на надградби, полуприколки и приколки мо­же да се пофали со традиција од преку 120 години. Од широкиот спектар на производи кои актуелно се произведуваат се задржуваме на киперските надградби од серијата M.KI.

56

Година 5 • Квартал 1


Schmitz Cargobull е независен производител кој своите нови производи ги конструира во соработка со најголемите европски и светски производители на камиони, прилагодувајќи ги притоа на спецификите на секој од нив посебно. Од серијата M.KI, која е наменета за камиони со три или четири оски, се изработуваат над­ градби за најголемите седум производители на камиони: - Volvo - Scania - Mercedes-Benz - MAN - Renault Trucks - IVECO - DAF

Надградбите се наменети за превоз при из­ градба на патишта како и при транспорт на го­ лемите градилишта и во рудници. Оваа сери­ја се изработува во 4 должини, најкратката е 4.5 метри додека најдолгата 5.8 метри. Соодветно на тоа капацитетот на товарниот дел, до гор­ ниот раб на страницата, може да изнесува нај­ малку 13.8 m3 а во зависнот од меѓуоски­ното растојание на камионот се до 20.4 m3 товарен простор. Зависно од намената, ѕидовите и подот можат да бидат изработени од челик НВ 450 со де­ белина од 4 до 6 mm на подот. односно од 5 до 8 mm на ѕидовите. Конструкциите се дизајнираат на посебен на­ чин со т.н. FEM (Finite Element Method ) или ме­ тод на конечни елементи според кој кон­струк­ цијата надолжно се заварува на помошниот рам, кој потоа со специјално дизајнирани еле­

Година 5 • Квартал 1

57


менти се зацврстува за носечката структура на возилото. Со ваквиот начин е овозможено пониско те­жи­ ште на конструкцијата и товарот, својство кое потоа позитвно се одразува на возните карак­ теристики на камионот. Се задржуваме уште малку кај носечката структура на надградбата односно кај горе спо­менатиот помошен рам на кој што е при­ цврстена надградбата. Тој е изработен во вид на диагоналана вкрстена рамка и се одликува со екстремна торзиона цврстина. Сите еле­мен­ ти на прицврстување на помошниот рам со основната носечка структура на камионот, се проектираат во тесна соработка со произ­во­ дителот на камионот притоа почитувајќи ги сите норми и стандарди пропишани од истиот. Сосема очекувано од фирма која е светски позната на ова поле, освен запазување на ви­ соките критериуми за квалитет, не би тре­бало да изненадат и останатите елементи кои значат

префинетост при употребата како и почитувања на специфичните барања на корисниците. Во таа насока Schmitz Cargobull нуди голем број на помошна опрема, како што се прекри­ вање на товарниот простор, штитници на трка­ лата, додатна заштита на задните светлосни групи, разни скалила за полесно ракување и обезбедување на товарот,... Ако повторно се навратиме на механичките делови ќе забележиме дека M.KI надградбите кои што се подигаат со посебен хидрауличен систем, истоварот го извршуваат од задната страна. На ова поле постојат разни изведби и посебни начини на отварање на истоварната порта, и сето тоа повторно во согласност со потребите на корисникот и прилагодено спре­ ма марката на камионот.

Адреса: ул.2 б.б., нас.Илинден, Скопје Факс: 2 572 - 001 • Телефон: 02 2 581 - 561 www.cargobull.com

58

Година 5 • Квартал 1


Renault Trucks

Старо име, нови амбиции Во два потега, Renault Trucks ја обнови својата гама камиони.

Година 5 • Квартал 1

59


Француската марка, иако една од седумте ѕве­ зди на европското камионско небо, е слабо позната во Македонија. Тоа не успеаја да го променат ниту одличниот Magnum, ниту из­ држливиот Premium. Но, колку и да беа добри овие камиони, време и беше да го отстапат своето место на нова генерација возила, што се случи минатата година. Тоа е добра прилика малку да се запознаеме со Renault Trucks. Компанијата која е настаната во 1978 година како резултат на спојувањето на француските производители на комерцијални возила Saviem и Berliet, своите корени ги влече од 1956 година, кога Renault ја одвои својата товарна и автобуска филијала и заедно со произ­води­те­ лите Somua и Latil ја оформи компанијата Saviem. Две децении подоцна, како резултат на француската индустриска политика, Renault го откупи Berliet од Citroen, кој тогаш беше дел од групата Michelin, со што започнаа актив­ ностите околу спојувањето на овие две марки. Целиот процес заврши во 1980 година со комплетната смена на моделите, кои оттогаш го носат името Renault. Седум години подоцна во состав на компанијата влезе американскиот Mack, а во 1994-та и чешкиот производител на автобуси Karosa. Крајот на стариот и почетокот на новиот ми­ле­ ниум го одбележаа договорите за инду­стри­ска

60

Година 5 • Квартал 1

соработка со финскиот Sisu и кинескиот Dongfeng. Скоро истовремено започна и процесот на одвојување од матичната компанијата Renault како резултат на нејзиното постпри­вати­ зационо реструктуирање, по што автобускиот оддел се здружи со Iveco во новата компанија Irisbus, а камионскиот премина во сопствено­­ст на групата Volvo, по што го промени името од Renault Vehicules Industriels во сегашното. Досегашната гама на Renault Trucks се со­ стоеше од четири сопствени модели - успе­ш­ ниот Magnum, кој се појави во 1990 година и се одржа на пазарот четири генерации, издрж­ ливиот Premium од 1996 година во своите три


серии Route, Distribution и Lander, моделот Kerax од 1997 година наменет главно за гра­ дежниците и среднотешкиот Midlum, кој се појави во 2000-тата, како и од два „позајмени“ модела, доставниот Master од автомобилска­­та дивизија на Renault и малиот Maxity, кој е нив­ на верзија на Nissan Cabstar. Обновувањето на гамата, кое освен Master и Maxity ги зафати сите останати модели, беше искористено и за „прегрупирање на силите“. Така, понудата на Renault Trucks сега се состои од четири серии означени со буквите C, D, K и T, распоредени според намената: за дистри­бу­ ција, градежништвото и долголиниски превоз.

Дистрибутивната гама е дел од D серијата и опфаќа три модела, првиот со вкупна тежина од 10 до 18 тона, вториот D Wide од 16 до 26 тона и третиот D Access со ниска кабина и вкупна тежина од 18 од 26 тона. Ним наскоро ќе им се придружи уште еден модел, D Cab 2 m, од класата меѓу 3,5 и 7,5 тона. Градежниците ќе бидат задоволни со понудата од полесната C и потешката K серија. Карактеристично за првата е што се нуди со кабини со две широчини, за втората дека може да се „растегне“ до 120-тонски влечен воз, а за двете максимум издржливоста. Круна на понудата е долго­ ли­ ниската T серија, која има нималку лесна за­ дача - да продолжи со надградбата на амби­ циите што за изминативе 23 години ги постави Magnum. Заеднички за сите четири модела се Еуро 6 мо­ торите и сосема новиот дизајн, кој се одликува со груби црти, агресивни детали и ниско спуштен преден дел. Во нивниот развој кој траеше 7 години и во кој беа инволвирани 5.000 луѓе, Volvo инвестираше 2 милијарди евра. Тес­ тирањата направени со 300 возила траеја 5 милиони работни часа и покрија 10 милиони километри, а во нив беа вклучени и 50 интер­ национални клиенти на компанијата, според чии потреби беа изготвени и финалните спе­ цификации.

Година 5 • Квартал 1

61


INTERBUS СПОГОДБА Спогодбата за повремен меѓународен превоз на патници со автобус/Интербусспогодба (ASOR-The Agreement on the international carriage of passengers by coach and bus/Interbus Agreement) е парафирана во Даблин на 26-ти мај 1982 година и истата не предвидуваше никаква можност за пристап на нови страни, освен државите членки на ЕУ. Имајќи го притисокот за унапредувањето на меѓународниот превоз на патници, како и жел­ бата да се олесни туризмот и културната раз­ мена помеѓу договорените страни, овој доку­ мент не ја издржа својата затвореност. Поради тоа старата сопгодба се замени со нова која беше отворена за сите, наречена ИНТЕРБУС Спогодба. Спогодбата за повремен меѓународен превоз на патници со автобус (ИНТЕРБУС Спогодба) била отворена за потпишување во Брисел меѓу 14-ти април 2000-та година и 30-ти јуни 2001-та година во Генералниот Секретаријат на Сове­ тот на Европската Унија, кој е во улога на депозитар на Спогодбата и истата е составена на англиски, француски и германски јазик. Со оваа спогодба се утврдуваат еднакви пра­ вила за повремениот меѓународен превоз на пат­ници со автобус, висок степен на усогла­су­ вање на технички услови кај автобусите, еднак­ ви мерки за работа на екипажите на автобу­ сите, како и усогласување на условите за пристап до струката патен оператор за превоз на патници во меѓународниот патен сообраќај. Начелото на недискриминација врз основа на националност или на место на основање на

62

Година 5 • Квартал 1

транспортниот оператор и на местото на поа­ ѓање и местото на пристигнување на авто­бусот треба да се смета за основен услов за кој се применува при овозможување на меѓународни транспортни услуги. Оваа спогодба се применува: а) за меѓународен патен превоз на патници од која било националност за повремени превози: • помеѓу териториите на две договорни страни, или почнувајќи и завршувајќи на територијата на истата договорна страна и, доколку се укаже потреба за такви превози, во транзит низ територијата на друга договорна страна или низ територијата на држава која не е договорната страна, • превози на патници извршени од транс­ портни оператори кои се изнајмуваат или на кои им се плаќа, а се основани во некоја од до­говорните страни во согласност со та­мош­ ниот закон и кои поседуваат дозвола за вршење на превоз на повремени меѓународни превози на патници со автобус, • користејќи автобуси регистрирани во договорната страна каде што транспортниот оператор е основан.


б) за патувања на празни автобуси кои се одне­ суваат на овие превози. Притоа, ниедна од одредбите на оваа спогодба не смее да се толкува како да дава можност за извршување на национални повремени превози на територијата на една договорна страна од оператори основани во друга договорна страна. Употребата на автобусите конструирани за пре­ воз на патници оневозмжува, односно го исклучува превозот на стока за комерцијални цели од опсегот на оваа спогодба. Оваа спогодба не се однесува на повремените превози кои се наменети за превоз за сопстве­ ни потреби. Автобусите што се користат за превозни опе­ рации во согласност со Интербус спогодба се иземаат од сите даноци и такси за возила што се наплаќаат за користење или поседување возила, како и од сите посебни даноци или такси што се наплаќаат за превозни операции на територијата на другите договорни страни. Притоа, автобусите не се изземаат од пла­ ќањето на даноци и такси за моторно гориво, данок на додадена вредност за превозни услги, патарини и од такси што се наплаќаат за користење на инфраструктура.

Извршувањето на превозите во согласност со Интербус Спогодба се врши со контролен до­ кумент издаден од надлежните органи или од било која агенција овластена од страна на договорната страна во која е основан транс­ портниот оператор и истите се даваат на увид на барање на секој овластен службеник за контрола. Надлежните органи на договорните страни се грижат транспортните оператори да се при­ држуваат на одредбите од оваа спогодба и истите органи утврдуваат систем на казни за пре­кршување на оваа спогодба. Оваа спогодба се одобрува или се ратификува од потписниците во согласност со нивните про­цедури и се склучува за период од 5 години, сметајќи од датумот на нејзиното влегување во сила. Спогодбата за повремен меѓународен превоз на патници со автобус / Интербус-спогодба Република Македонија ја има ратификувано со Закон за ратификација на 17 јануари 2006 година.

Андријан Трипунов

Година 5 • Квартал 1

63


Irizar pb

Вистинското значење на зборот ВИП Секаде и секогаш ВИП личностите се во центарот на вниманието. Таму и тогаш светот се врти околу нив и сé е подредено на нивното присуство и исполнување на нивните искажани желби и неискажани барања. Малку е необично тие да се најдат во прилика да патуваат со автобус, но тоа не е причина вториот по големина производител на автобуси во Европа, шпанскиот Irizar, да не подготви автобус како за нив. Ако не за друго, заради тоа што секој од нас барем понеко­ гаш посакува да се чувствува како ВИП личност. А верувајте, кога ќе се најде во еден ваков автобус, ќе се чувствува и повеќе од тоа.

64

Година 5 • Квартал 1


За разлика од другите производители, Irizar има поинаква стратегија во градењето на својот успех, која, имплементирана во луксу­з­ ниот pb, значи дека во неговото конструирање конвенционалноста го има отстапено местото на инспиративноста, бидејќи надградбата е развивана засебно и независно од шасијата, која пак може да биде од различни про­изво­ дители: MAN, Scania, Iveco, Volvo, Mercedes… Една од причините за ваквата разнообразност е и тоа што овој модел, за кој слободно можеме да кажеме дека е Rolls Royce меѓу автобусите, успешно владее во овој уникатен и високоспе­ цијализиран сектор веќе 14 години и е најстар Кај нас сосема непознатата компанија Irizar, чие седиште е во Баскија, со својата богата и непрекината 125-годишна историја е еден од најстарите производители на автобуси во светот. Покрај шпанската фабрика, која има капацитет од илјада возила годишно, поседува уште и шест други погони во Мароко, Кина, Бразил, Мексико, Јужна Африка и Индија, каде може да произведе уште 2.000 возила годишно. Располага со скромна гама од четири модели, по еден од сите класи - i3 за градски, i4 за при­ градски, i6 за туристички и pb за високо­т у­ри­ стички превоз. Сите се карактеризираат со луксузната нишка во изведбата, но последни­ от, моделот pb, е приказна за себе, приказна во која се сфаќа вистинското значење на зборот ВИП. во гамата на Irizar. Затоа, и покрај тоа што полани е редизајниран, за неговиот изглед не може да се каже дека е здивоодземачки, иако на прв поглед е сосема јасно дека се работи за луксузна изведба. Дело е на англиското студио Arup Design Research, еден од седумте коопе­ ранти кои Irizar ги има ангажирано во креира­ њето на овој модел. Затоа, пак, за опишување на внатрешноста нема доволно прецизни зборови. Расположив е во голем број конфигурации, кои главно мо­ жат да се поделат спрема должината на каро­ серијата од 12,2, 12,9, 13,9 и 15 метри, првите две со две, а вторите две со три оски. Сите Година 5 • Квартал 1

65


верзии доаѓаат во две височини, од 3,65 и 3,88 метри, од што директен бенефит има просто­ рот за багаж. Распоредот на седиштата е во зависност од класификацијата на автобусот и се движи од 45 до 55 кај најкратката, 52 до 59 кај верзијата од 13 метри, 44 до 63 кај 14-метарската и 65 до 71 седиште кај супер­ долгата 15-метарска верзија. Но, приказната за седишта тука не завршува, туку напротив, започнува, и тоа со ВИП кон­ фигурациите, што е уникатна понуда во светот на автобусите. Распоредени по 2+1 во еден ред, едни до други свртени странично во однос на насоката на возење или онака како сака клиентот, според неговиот вкус и желби, тие го надминуваат значењето на зборот автобуско седиште и го доближуваат до луксузна фоте­ лја. Комфорот што го обезбедуваат целосно е во функција на максимална ексклузивност и безбедност во возењето и ги надминува дури и најизискувачките барања и очекувања. Специ­ јално внимание е посветено и на анатомијата,

66

Година 5 • Квартал 1

а квалитетот на изведбата и материјалите не треба ни да ги споменуваме. За целосно ужи­ вање во возењето овој автобус може да биде опремен и со комплетна кујна каква што се среќава по хотелските апартмани, туш кабини, дрвен под, индивидуален мултиканален аудио и видео систем за секој патник, Wi-Fi, конектори за iPod, штекери за струја од 220 V, па дури и правосмукалка.


Модел: JCB 8025 ZTS Год. на производство: 2010 Работни саати: 2590 Мотор: Perkins 20.9 kW Гасеници: нови Корпи: 600 и 300 mm Инсталација за чекан Тежина: 2.685 kg. Сервисирано во JCB сервис Цена 21.500€ +ддв

Модел: JCB 8025 ZTS Год. на производство: 2010 Работни саати: 2590 Мотор: Perkins 20.9 kW Гасеници: нови Корпи: 600 и 300 mm Инсталација за чекан Тежина: 2.685 kg. Сервисирано во JCB сервис Цена 21.500€ +ддв

Тел: 071 307 804

Тел: 071 307 804

Нови и репарирани виљушкари

Се за автомобилизмот,...

... кај нас и во светот


Metso Mining and Construction Technology ul. Njudelhiska 2-1/6, 1000 Skopje tel: +389 2 3063 667 / fax: +389 2 3061 989 mob: +389 78 321 103 e-mail: vasko.salamovski@metso.com


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.