OTCET 2011

Page 64

МАКЕДОНИЈА - ЗЕМЈА НА МИРОТ, СИГ УРНОСТА, ПРАВДАТА И БЕЗБЕДНОСТА

64

ленетите наркотици во споредба со 2008 година, кое достигна бројка од над еден тон разни видови опијати чија вредност на домашниот пазар е проценета на над шест милиони евра. Во рамките на меѓународната соработка на македонската, турската и бугарската полиција при спроведувањето на заедничката меѓународна операција „Босфор“ во 2009 година беа пресечени пет меѓународни канали во Р Македонија, како и по еден во Република Турција и Република Бугарија, при што вкупно беа запленети над 346 килограми хероин, од кои над 100 килограми во Република Македонија. Акцијата продолжи и во првата половина од оваа година со заплена на уште стотина килограми хероин, од кои 26 килограми во Македонија и околу 75 килограми хероин во соседна Грција. ÈÈ По однос на недозволена трговија со оружје и експлозивни материи само за 12 месеци се запленети околу 1.300 парчиња разновидно оружје, над 20.000 парчиња разновидна муниција, над стотина килограми експлозив, над 1.500.000 разни видови пиротехнички материјали. Со акции како онаа во близина на селото Долно Блаце и во близина на селото Рашче, како и акцијата во Бродец од 2007 година, покрај огромните заплени на оружје и експлозивни средства, спречени се и неутрализирани се сериозни безбедносни закани врз Република Македонија. ÈÈ Во споредба со бројот на крвните деликти, односно убиствата, за периодот од 2002-2006, кога се евидентирани 300, бројот на овие кривични дела е во намалување и во периодот од 2006-2010 година изнесува 137. Како резултат на овие успеси и реформите спроведени во последните четири години, направен е значаен напредок во рангирањето на Република Македонија. Во споредба со периодот од 2002 до 2006 година, кога Република Македонија во рангирањето на Транспаренси интернешнел (Transparency International) котираше на 105. место, во периодот од 2006-2010 состојбите се значително подобрени и Република Македонија е рангирана на 62. место, што претставува подобрување за 43 места. Спроведена е медиумска кампања за борба против корупцијата. Кампањата ги охрабри граѓаните да ја пријавуваат корупцијата на државните службеници. ÈÈ Отворена е бесплатна телефонска линија за пријавување на корупциски случаи што ја врати довербата на граѓаните во институциите. Акциите како „Метастаза“ и „Бумеранг“ беа спроведени по многубројни укажувања на граѓаните за корупција во полицијата, царината, здравството. ÈÈ Донесена е Антикорупциската програма на Министерството за внатрешни работи која содржи акциски план кој доследно се имплементира. За прв пат воведена е обврска полициските службеници да пополнуваат анкетни ÈÈ

www.vmro-dpmne.org.mk


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.