OTCET 2011

Page 42

Авиосообраќај и аеродромска инфраструктура ÈÈ

ÈÈ

ÈÈ

Инфраструктура

ÈÈ

42

ÈÈ

ÈÈ

Завршен е процесот за давање под концесија на аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Свети апостол Павле“ во Охрид. Аеродромите се дадени под концесија на турската фирма „ТАВ“, која има обврска да ги модернизира аеродромите во Скопје и во Охрид, како и да изгради карго-аеродром во Штип по завршувањето на неопходните мерења и технички подготовки. Градежните работи на Охридскиот аеродром се завршени, на Скопскиот аеродром се очекува да завршат на 8 септември 2011 година, а на изградбата на штипскиот карго-аеродром е предвидена да заврши до 2023 година. Во тек се активности за привлекување нискотарифни авиопревозници на аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Св. апостол Павле“ во Охрид. Со преземањето на аеродромите, оваа обврска ја презема концесионерот кој ќе бара начини за привлекување нискотарифни авиопревозници на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и „Св. апостол Павле“ во Охрид. Авиокомпанијата ВИЗАИР започнува со нудење услуги и веќе на почетокот на летната сезона во 2011 година ќе оперира со лет за Лондон. Исто така, авиокомпанијата „Флај Ники“ ќе сообраќа најмалку двапати неделно на релацијата Скопје - Виена - Скопје од септември по цени за повратен билет кои ќе чинат помалку од 100 евра. Формирано е акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давател на услуги на воздухопловната навигација М-НАВ АД Скопје. Во рамките на надворешната политика во полето на авиосообраќајот потпишани се: Спогодба помеѓу Европската заедница и Република Македонија за некои аспекти на воздушниот сообраќај т.н. „Хоризонтална спогодба“, Мултилатерална спогодба за основање на Европска заедничка воздухопловна област (ЕСАА), Спогодби за редовен воздушен сообраќај помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Црна Гора, Владата на Република Турција, Швајцарскиот сојузен совет, државата Катар и Владата на Арапската Република Египет. Обезбедено е полноправно членство на Република Македонија во Здружените воздухопловни власти (ЈАА-Joint Aviation Authorities). Со тоа се исполни една од најбитните обврски од Протоколот В од Мултилатералната спогодба за основање на европска заедничка воздухопловна област, склучена со Европската унија. Потпишан е работен документ (Working Agreement) помеѓу Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија и Европската

www.vmro-dpmne.org.mk


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.