OTCET 2011

Page 222

ÈÈ

ÈÈ

КУЛТ УРА

ÈÈ

ÈÈ

222

ÈÈ

локалитетот, со што ќе се создадат и услови за негова научна и комерцијална презентација. На тој начин регионот се здоби со една значајна културна содржина како силен потенцијал за институционалното засилување на сегментот на заштитата, а истовремено претставува ресурс за негов економски просперитет. Зрзе, Прилепско (2009-2010). Во изминатиот период во манастирскиот комплекс „Зрзе“ беа извршени големи археолошки истражувања кои резултираа со пронаоѓање на монашка населба од втората половина на 9. век во бигорната карпа и старохристијански комплекс со базилика и гробница на локален маченик од 4., 5. и 6. век. Во манастирот „Зрзе“ заврши реконструкцијата на владичиниот конак, по што ќе следува и реконструкцијата на монашкиот конак. Сиве овие активности се во контекст на заложбите за засилување на принципот на заштита на богатото културно наследство. Трескавец, Прилепско (2008). На Трескавец, Прилепско, се одвиваа систематски археолошки истражувања кои овозможија собирање податоци за овој сложен комплекс од разни градби, урнатини и доградби. Хераклеја Линкестис - Битола. Во рамките на капиталните проекти од областа на археологијата, на локалитетот Хераклеја Линкестис во периодот од 2008 до 2010 година беа реализирани систематски археолошки истражувања најголеми по обем досега, при кои се откриваше бедемот на Хераклеја и архитектонски градби од доцноантичкиот ранохристијански период. Во тригодишниот период 2008-2010 година, истражена е површина од околу 6.000 м2, додека низ историјата на истражувањата на овој локалитет до 2008 година беа истражени само 8.000 м2. Во изминатите три години беа ископани и инвентаризирани над 10.000 експонати. Исто така, на локалитетот беа реализирани помали проекти коишто се во насока на инфраструктурно подобрување на локалитетот со цел да се овозможи негова професионална презентација како културен, туристички и економски потенцијал познат не само во нашата земја, туку и во регионот. Вардарски Рид кај Гевгелија. Во периодот од 2008 до 2010 година на археолошкиот локалитет Вардарски Рид кај Гевгелија се спроведуваа обемни систематски археолошки истражувања и конзерваторски зафати. Покрај бронзената Артемида и теракотните мегарски чаши, на локалитетот Вардарски Рид беа откриени мошне значајни наоди, меѓу кои и 17 гробови од доцно- бронзено време. Зафатите на Вардарски Рид се реализираат заради научно дефинирање и интерпретација на овој значаен локалитет, но и за негова презентација и промоција како значен туристички ресурс особено поради неговата местоположба и близината со границата на Република Грција. Заложбата за унапредување на археологијата, како значаен сегмент од културната политика на Владата на Република Македонија и на Министерството

www.vmro-dpmne.org.mk


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.