Родово-базирано насилство | Прирачник

Page 1

РОДОВО-БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Прирачник за превенција од родово-базирано насилство меѓу

младите

Funded by the Erasmus+ Programme of the European Union


Издавач: Уредник: Наслов на оригиналот:

Радмила Војиновиќ Маша Елезовиќ ,,Rodno zasnovano nasilje – prirućnik za prevenciju rodno zasnovanog naslija među mladima”

Подгорица, 2016 год. Изготвен од:

Аида Перовиќ-Ивановиќ и Милисав Милинковиќ

,,Овој проект е финансиран со поддршка од Европската комисија. Оваа публикација ги одразува единствено ставовите на авторот, и Комисијата нема одговорност за било каква употреба на информациите содржани во неа“.

Funded by the Erasmus+ Programme of the European Union

2


ВОВЕД Овој прирачник претставува едукативен материјал наменет за млади и за тие кои работат со млади, како во институциите, така и во граѓанскиот сектор. Изготвен е како дел од активностите во проектот ,,Избираме ненасилство” со поддршка од програмата ,,Еразмус+ Млади во акција”. Водејќи се од фактот дека во нашето општество не постојат доволен број образовни програми, ниту доволно сензибилност за родови прашања и континуирано почитување на човековите права, го изработивме овој прирачник со цел на идните едукатори и едукаторки, и на сите оние кои сакаат да се занимаваат со оваа проблематика, да им го олесниме пристапот до информации и разбирањето на основните поими и начини на препознавање на насилство, како и идентификувањето на системи за поддршка во нивната локална заедница. Иако постојат докази за пораст на насилството над жените и насилството меѓу младите, насилството во врските меѓу адолесценти, и насилството воопшто, се теми за кои во нашето општество не се зборува често. Не постојат програми кои систематски се занимаваат со ова, иако работењето со млади кои прв пат стапуваат во врска е важно за развивањето на квалитетни односи и спречувањето на родово-базирано насилство. Не треба да се фокусираме само на насилството насочено кон жените и девојките како на изолиран чин кој го извршил одреден насилник, туку и на поврзаноста на тој чин со систематското толерирање на одредени видови на насилство и употребата на насилството за остварување на очекувањата од општеството кои се однесуваат на родовите улоги и однесувања. Поимот род се користи за опишување на збир особини и однесувања кои одредено општество ги очекува од мажите и жените. 3


Таквите очекувања доаѓаат од идејата дека одредени особини, однесувања, карактеристики, потреби и улоги се ,,природни” за мажите, додека некои други улоги и особини се ,,природни” за жените. Луѓето се раѓаат како машко или женско, но учат како да бидат момчиња и девојчиња кои ќе пораснат и ќе станат мажи и жени. Ги учат кои однесувања и ставови, улоги и активности се прифатливи за нив, како треба да се однесуваат спрема другите, како треба да се облекуваат, како да зборуваат, кој и како да го сакаат. Тоа научено однесување е она што го формира родовиот идентитет и ги условува родовите улоги. Како што растеме, преземаме начини и модели на однесување кои прават да се чувствуваме како дел од општествената заедница на која припаѓаме. Раса, класа, економска положба, возраст, пол – сите овие фактори влијаат на она што се смета за соодветно за мажите и жените во одредена култура и во одредено време. Исто така, преземањето или одбивањето на општествено прифатливото однесување содржи соодветни награди или казни. Повеќето општества не гледаат благонаклонето на отстапувањата во оваа сфера. Според дефиницијата на Советот на Европа, родот е дефиниција на мажите и жените која е конструирана од општеството. Тоа е општествено обликување на биолошкиот пол, одредено сфаќање на задачите, делувањето и улогите припишани на мажите и жените во општеството, во јавниот и приватниот живот. Тоа е културолошки специфична дефиниција на женскоста и машкоста, и според тоа, променлива во времето и просторот. Родот не е само општествено конструирана дефиниција на жените и мажите; тоа е и општествено конструирана дефиниција на односите помеѓу мажите и жените. Конструкцијата род содржи нееднаков однос на силите, затоа што имаме машка доминација и женска субординација (потчинетост) во повеќето сфери од животот. Мажите и нивните задачи, улоги, однесување и вредности кои им се припишуваат во многу аспекти се вреднуваат повеќе од жените и она што се поврзува со нив. Сѐ повеќе и повеќе 4


се препознава таа карактеристика на општеството како пристрасно, под влијание на мажите: улогата на мажот се смета за норма во општеството како целина, што се одразува во политиката, која, некогаш ненамерно, а некогаш намерно, репродуцира родова нееднаквост. Нееднаквите односи на силите помеѓу мажите и жените се оформени и вградени во општествените институции како што е семејството, правниот систем, религиозните системи и верувања, и таа патријархалност на општеството е основната причина за насилството на мажите над жените. Насилството има за цел воспоставување и задржување на контрола над партнерката, односно другата особа.

Секој има право на живот без насилство!

5


НАСИЛСТВО Причините за насилство можат да се согледуваат од различни перспективи: биолошки, психолошки, социјални и културолошки. Така, насилството се поврзува со појави како што се агресивност, фрустрација, материјална и духовна сиромаштија, социјална изолираност, отсуство на социјална поддршка, општествена и културна маргинализација. Насилството во општествата во транзиција може да се поврзе и со распадот на општествениот систем, неговата криминализација, изместување на општествените вредности, контаминацијата од војните во опкружувањето, како и благите санкции кога станува збор за насилството. Сите овие фактори треба да бидат земени во предвид кога се формираат интегрирани општествени политики и стратегии за сузбивање и спречување на насилството. Се разбира, ова не значи дека насилството е производ на модерното време. Под насилство подразбираме нелегална и неморална употреба на сила со која се причинува штета – себеси, на другите и на средината. Тоа го загрозува животот на човекот, неговиот физички, психички и социјален интегритет, неговата благосостојба, здравје и развој. Без разлика дали е насочено кон себеси, кон другите или кон средината, насилството речиси секогаш е прашање на односи помеѓу луѓето. Односи кои се нарушени заради злоупотреба на моќ и изневерување на довербата. Насилството не може да се сведе само на еден единствен чин. Тоа е процес – континуиранa низа од меѓусебно-зависни настани кои се одвиваат во одреден контекст. Насилството се врши со (реална или почувствувана) намера да се нанесе бол и повреда некому. Според тоа, за акт на насилство потребни се две работи: намера и повреда.

6

Насилството е секогаш резултат од злоупотребата на моќ.


ДЕФИНИЦИИ ЗА РАЗЛИЧНИ ВИДОВИ НАСИЛСТВО Насилство во семејството (семејно насилство) е секој

чин на физичко, сексуално, психичко или економско насилство кој се случува во семејството или домаќинството, или помеѓу поранешни или сегашни сопружници или партнери, независно од тоа дали насилникот го дели или го делел живеалиштето со жртвата (член 3б, Совет на Европа: Конвенција за спречување и борба против насилство врз жените и семејно насилство, Истанбул, 2011).

Силување/сексуално

насилство

подразбира вагинала, анална или орална пенетрација од сексуална природа на телото на друга особа без негова/нејзина согласност користејќи било кој дел од телото или предмет; други сексуални акти со друга особа без негова/нејзина согласност; наведување на друга особа на обид за сексуален акт со трето лице без негова/нејзина согласност (член 36, Совет на Европа: Конвенција за спречување и борба против насилство врз жените и семејно насилство, Истанбул, 2011).

Сексуално злоставување на деца значи стапување во сексуални активности со дете кое не е полнолетно, т.е. е под законски пропишаната возраст за стапување во сексуални односи, при што: се користи принуда, сила и закани; злоставување од страна на лице кое дејствува од позиција на доверба, авторитет или влијание над детето, вклучувајќи и во рамките на семејството; злоупотреба на ситуација во која детето е посебно ранливо, првенствено заради ментален или физички инвалидитет и зависност (Погледнете член 18, став 1 од Конвенцијата за заштита на децата од сексуално искористување и сексуално злоставување, Ланзароте).

7


Демнење

е намерен чин на упатување повторувачки закани кон друга особа, што причинува страв кај таа особа за нејзината сигурност, како на пример, следење на друга особа кое се повторува, вклучувајќи непожелна комуникација со неа или ставање до знаење на другата особа дека е следена (член 34, Совет на Европа: Конвенција за спречување и борба против насилство врз жените и семејно насилство, Истанбул, 2011).

Насилства извршени во име на ,,честа”

се сите акти на насилство или закани, и секое насилство опфатено со Конвенцијата, при кое културата, обичаите, религијата, традицијата и таканаречената ,,чест” се користат како оправдување за такви постапки. Тука особено спаѓаат тврдењата дека жртвата ги прекршила културните, верските, општествените или традиционалните норми, односно обичаи на соодветно однесување (член 42, Совет на Европа: Конвенција за спречување и борба против насилство врз жените и семејно насилство, Истанбул, 2011).

Генитално осакатување на жената

се дефинира како обрежување, инфибулација или било какво друго осакатување на цели или било кој дел од малите и/или големите усни или клиторисот кај жената (член 38, Совет на Европа: Конвенција за спречување и борба против насилство врз жените и семејно насилство, Истанбул, 2011).

Принуден брак

е намерно присилување на возрасна особа или дете да стапи во брак. Поимот ,,присилување” се однесува на употребата на физичка и/или психичка сила, односно притисок (член 37, Совет на Европа: Конвенција за спречување и борба против насилство врз жените и семејно насилство, Истанбул, 2011).

,,Сонита” е документарец во режија на Рокшаре Гаем Магами за млада раперка и активистка од Авганистан кој го подигнала гласот против присилните бракови.

8


Сексуално вознемирување е секој облик на непожелно

вербално, невербално, односно физичко однесување од сексуална природа кое има за цел или резултира со повреда на достоинството на друго лице, особено кога се создава заплашувачка, непријателска, деградирачка, понижувачка или навредлива атмосфера (член 40, Совет на Европа: Конвенција за спречување и борба против насилство врз жените и семејно насилство, Истанбул, 2011).

Трговија со луѓе е регрутирање, превоз, преместување, сместување или примање на лица користејќи закани или сила или други облици на присила, грабнување, измама, злоупотреба на власт или некоја позиција на ранливост или нудење или прифаќање на плаќање или друга корист за да се добие согласност од особа која има контрола над друго лице заради експлоатација. Експлоатирањето подразбира, во најмала рака, експлоатирање преку проституција на други лица или останати облици на сексуално експлоатирање, принудна работа и услуги, ропство или постапки слични на ропство, служење или одземање органи (член 4а, Конвенција на Советот на Европа против трговија со луѓе).

Присилно пометнување

подразбира абортус на жената без нејзина претходна согласност и информираност; присилна стерилизација е изведување на операција која има за цел или резултира со оневозможување на природна репродукција кај жената без нејзина првична согласност и информираност и разбирање на процедурата (член 39, Совет на Европа: Конвенција за спречување и борба против насилство врз жените и семејно насилство, Истанбул, 2011).

9


ОБЛИЦИ НА НАСИЛСТВО Насилството на едно лице или група луѓе над други лица може да биде во следниве облици:

Вербално

– вклучува постапки како дофрлување, исмевање, омаловажување, заканување, навредување, свиркање, кажување невкусни шеги, пцуење, обраќање со потсмев или навреда;

Социјално – обично, тоа се постапки кои не вклучуваат

зборови и физички контакт, туку: избегнување, игнорирање, оговарање, ширење невистини за друго лице, исклучување од групни активности и слично, со цел исфрлање на некое лице од заедницата;

Психолошко – повремено или постојано држење на

друго лице во страв, упатување заканувачки погледи, следење, љубомора, уценување, инсистирање на постојано давање ,,извештаи” каде е, со кој и што прави другата особа, инсистирање другата особа да ги открие лозинките за својата е-пошта, Фејсбук и слични профили, лозинки за отклучување на телефонот, и слично;

Физичко – туркање, соборување, удирање, штипење, корнење, шамарење, стегање, гушење, нанесување полесни или потешки телесни повреди, претепување, убиство;

Економско

– постапки со кои се оневозможува пристап до вработување или образование, одземање на права на сопственост, одземање на пари;

10


Сексуално насилство – секоја сексуална активност

без согласност на другата особа (или другите особи), што вклучува: сексуални подбивања и шеги, навредливи телефонски повици, непожелни сексуални предлози, присилување на учество или гледање порнографија, непожелно допирање, присилен секс, силување, инцест, болен или понижувачки сексуален акт, насилна бременост, трговија со луѓе и искористување во сексуалната индустрија.

11


ИНТЕРНЕТНАСИЛСТВО Денес се користи еден мошне популарен израз кој можеме да го чуеме во секојдневната комуникација – bullying. Bullying е израз кој се користи за опишување на насилство или малтретирање помеѓу децата. Се нарекува уште и врсничко насилство, училишно насилство, виктимизација, насилништво или силеџиство, злоставување, малтретирање, итн. Зборот за bullying во нашиот јазик е малтретирање. Меѓутоа, терминот bullying исклучува ненамерни или случајни постапки (кога не постои желба да се повреди другата особа), а лицето може да биде повредено или да се чувствува непријатно. Доколку продолжат постапките од агресивен карактер за предизвикување на чувство на непријатност и/или поединецот чувствува отпор, во тој случај станува збор за насилство.

12

Малтретирање: употреба на супериорна сила или влијание за заплашување (на некоја особа), обично за да се принуди таа особа да направи нешто што го посакува оној што малтретира.


Во последниве години, како посебен облик на насилство се наведува електронското насилство или cyberbullying, кое се дефинира како ,,праќање или објавување навредлив или злобен текст или слики преку интернет или други дигитални средства за комуникација”. Ортега и соработниците наведуваат неколку видови на ова насилство (Ортега и сораб., Вилард, според Попадиќ, 2009):

Електронски пораки кои содржат вулгарности и навреди

Праќање на заканувачки пораки

Оцрнување и обвинување на друго лице преку праќање и објавување гласини и лаги, како би се уништил нечиј углед или би се расипале односите со другите

Лажно претставување: насилниците се претставуваат како друго лице (користејќи нечиј прекар или лозинка), правејќи дела со кои се уништува угледот на таа особа и се доведува во конфликт со други лица

Индискреција – откривање нечии тајни, податоци и слики кои не се наменети за јавноста или пак за нивното објавување нема согласност од особата на која се однесуваат

Уценување на лица со закани дека нивни интимни фотографии и снимки ќе бидат објавени на интернет или проследени до други лица преку е-пошта, ММС и слично

Намерно исфрлање на некое лице од онлајн група (форум, листа за дискусија, итн.)

13


НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ Насилството врз жените е манифестирање на историски нееднаквите односи на општествена моќ помеѓу мажите и жените, кои довеле до дискриминација и доминација над жените од страна на мажите. Ова довело до попречување на постигнување целосен напредок на жените. Насилството над жените е еден од основните општествени механизми со кои жените се присилуваат да бидат во подредена позиција во однос на мажите. Тоа е препрека во постигнувањео на еднаквост, развој и мир. Декларација за елиминација на насилството врз жените, Резолуција на Генералното собрание на ОН 48/104 на 20 декември 1993 година; Пекиншка декларација – Платформа за акција, пар. 118. Четврта светска конференција за жените на ОН, Пекинг, 1995 година; Резолуција 54/134 на Генералното собрание на ОН 1999 година, кога ОН усвоија одлука 25 ноември да биде Меѓународен ден за борба против насилството врз жените. Насилство взр жените е секој чин против волјата на жената, а кој ја загрозува психички, физички, сексуално или економски. Насилникот може да биде член на семејството (сопруг, син, татко, брат, вујко...) или било кој познат (пријател, познаник, шеф, колега) или непознат маж. Важно е да се знае дека насилство може да ѝ се случи на секоја жена и дека насилството не е последица од однесувањето на жената, туку од системот на патријархат во кој мажите имаат моќ, а насилството врз жената е начин на кој мажите ја одржуваат таа моќ. Насилството над жената е пример за злоупотреба на моќта на еден пол над другиот. За жал, низ илјадниците години историја па сѐ до денес, насилството врз жената е поттикнувано во секоја заедница. 14


Посебен и мошне чест облик на насилство врз жената е семејното насилство. Тоа најчесто се случува помеѓу двајца партнери, мажот како насилник и сопругата како жртва на тоа насилство, во кругот на нивната брачна или вонбрачна заедница. Го нагласуваме токму заради неговата честа појава (статистиката говори дека секоја трета жена трпи насилство во бракот, односно вонбрачната заедница). Злоупотребата на моќ од страна на насилникот воглавно се потпира на уверувањето дека жената е сопственост на мажот: додека не е во брак, ,,сопственоста” ја има таткото, а со стапувањето во брак не ѝ се дава статус на возрасна, зрела, способна индивидуа, туку станува ,,сопственост” на мажот. Децата го учат ваквиот модел од постарите и најчесто го повторуваат, било тоа да е во нивните врски или бракови, или додека растат, најчесто синовите, стануваат насилни спрема мајката која веќе трпела или трпи насилство од нивниот татко – нејзиниот сопруг. Борбата против семејното насилство значително го отежнува широко распространетиот став дека тоа е приватна работа во која околината, па и институциите, не треба да се мешаат.

,,One Billion Rising” е најмасовната акција за ставање крај на насилството над жените во историјата. Се одржува секоја година на плоштади ширум светот на 14 фeвруари. http://www.onebillionrising.org 15


ПОЛ И РОД Полот е биолошко својство на луѓето. Новороденчето се прогласува за машко или женско со оглед на репродуктивните органи кои ги има. Полот (sex) подразбира органски – физиолошки и анатомски разлики помеѓу мажот и жената, кои се во функција на нивната репродуктивна улога, што значи биолошки функционални разлики. Меѓутоа, имајќи предвид дека човекот е и општествено суштество, полот не дејствува само во ,,чист” биолошки облик, туку се јавува како секогаш преработен, општествено и културно обликуван, но и индивидуално интерпретиран и прифатен од страна на поединци на безброј изменети начини. Родот (gender) може да се смета како да е социокултурно изведен од полот. Тоа е општествена конструкција на концепти за женскост и машкост. Опфаќа општествени, психички и културолошки разлики помеѓу мажите и жените. Најлесно се дефинира преку поимот родови улоги. За разлика од полот, родовите улоги може да се менуваат и се менуваат со текот на времето во една иста, но и во различни култури. Родовите улоги ги одредуваат бројни фактори – идеолошки, историски, културни, религиски, етнички и економски – и може да се менуваат под политичко, економско и културолошко влијание. Родовите прашања (,,Gender Issues”) го означуваат било кој аспект од животот на жената и мажот и родовите односи кои имаат влијание врз животот и развојот.

16


ПОЛ

• биолошки разлики помеѓу жените и мажите • разликите се фиксни и непроменливи • разликите не се менуваат со текот на времето и во различни култури

РОД

• општествени односи помеѓу жените и мажите • разликите може да бидат променливи • улогите се менуваат со текот на времето и во различни култури Во нашиот свет сѐ е поделено на ,,машко” и ,,женско”: облеката, храната, боите, професиите... Во склад со ваквата поделба, се дели и моќта во општеството. Воглавно, сите се согласуваме со оваа ,,структура” и ја прифаќаме, а социјалните разлики ги сметаме за ,,природни” и непроменливи. Меѓутоа, не треба да се заборави дека: • родовата поделеност ги доведува луѓето (и жените и мажите) во ризик. • родовата поделеност не им пружа исти можности на сите. • родовата поделеност е поврзана со насилство.

Сексизам е систем и практикување на општествена дискриминација на лица врз основа на пол. Сексизмот може да се дефинира како збир од верувања и делувања кои на мажите им даваат привилегии над жените и потценуваат, т.е. деградираат вредности и активности поврзани со жените. 17


Исто така, поимот сексизам се однесува на негативните предрасуди спрема жените, на стереотипизирањето на жените, дефинирање на жените во однос на нивната сексуална достапност и привлечност за мажите, и сите свесни или несвесни претпоставки кои причинуваат жените да не се третираат во потполност како човечки битија, додека мажите се поставуваат како норма. Сексизмот се јавува на различни нивоа, од индивидуално до институционално, а воспитувањето на момчињата и девојчињата да се однесуваат во согласност со стереотипите е еден од начините на кои сексизмот се одржува.

Мизогинија

е термин со кој се означува непријателство и омраза спрема жените за која нема причина, но која е поддржана од институциите. Мизогинијата како идеологија се создава и одржува преку митови, предрасуди и стереотипи за ,,злобни и лоши жени”, а изразена е и во јавниот и во медиумскиот простор, како и на полето на приватни односи. Мизогинијата е присутна во говорот на омраза, во исклучувањето и исмејувањето на жените, а и во позадината на секојдневното насилство и агресија, преку практиката на експлоатација и злоупотреба на женските човечки ресурси. Мизогинијата произведува патријархат како систем на доминација над жените, а истовремено служи и како оправдување и рационализација на патријархалните структури на моќ, како што се родовата хиерархија и контролата на женската сексуалност. Кога се кажува, на пример, дека жените се послабиот или понежниот пол, всушност се искажува мизогиниски став за жените и се дава ,,оправдување” за патријархалниот систем во кој жените немаат доволно пристап до одредено образование, одредена позиција, вработување, учество во политиката и слично. Антипатија, омаловажување или вкоренети предрасуди кон мажите се нарекува мизандрија 18


НАСИЛСТВО ВО ВРСКАТА Е последица на нерамноправните односи помеѓу мажите и жените, момчињата и девојките. Почесто се јавува во средини во кои има: • ригидни родови улоги • висок степен на толеранција спрема насилство врз жените, од страна на други особи кои се блиски до парот, јавноста и/или институциите кои имаат обврска да реагираат во вакви случаи (полиција, центри за социјална работа, здравствени установи, судство, обвинителство...) • несоодветно казнување и/или неказнување на лицата кои вршат насилство

Фази на насилниот однос Насилството во врските на младите е систематски модел на злоставување за кое може да се каже дека има за цел контрола, доминација и заплашување на другиот партнер.

• Засилување или ескалација на насилството – означува почеток на случаи кога напнатоста на насилникот се засилува, се јавува злоба, гнев. • Експлозија/насилно однесување – се однесува на насилно однесување кое ги вклучува сите облици на злоставување. Насилникот се обидува да ја контролира ситуацијата преку насилство. • Меден месец или помирување – следи после злоставувањето. Насилникот може да почуствува олеснување или срам, се извинува и се труди да биде нежен. Може да ветува дека во иднина ќе се однесува подобро, дека извршеното насилство нема никогаш повеќе да се повтори, дека тоа било само изолиран случај, се обидува да се оправда со проблеми на училиште или на работа, ,,лош ден”, може да се обиде да се поправи со давање подарок. Во фазата на меден месец девојките во огромен број случаи веруваат дека станува збор само за случаен, изолиран испад. Се присетуваат на сите убави моменти претходно и продолжуваат да веруваат дека сѐ повторно ќе биде како во бајка. По одредено време, доколку повторно дојде до насилство, добиваме позната шема: постојана смена на фазата на насилство и фазата на меден месец, при што фазите на насилство се сѐ почести и побрутални, додека фазите на меден месец се сѐ поретки и пократки, до моментот кога всушност се случува само насилство, и само понекогаш има периоди на ,,затишје пред бура”. 19


КРУГ НА НАСИЛСТВОТО Фаза на акутно злоставување Шамарење, удари, туркање, шутирање, повредување, закани за убиство Фаза на меден месец ,,Жал ми е. Никогаш не сум сакал да те повредам. Те сакам. Знаеш дека не сум таков. Ветувам дека никогаш повеќе нема да те удрам, но требаше да ми кажеш...”

Фаза на подигнување тензии ,,Тргни ми се од пред очи!” Можно шамарење. ,,Престани да ме предизвикуваш.” ,,Заќути, ќе те убијам.” Закани, кавги...

Фаза на откривање на жртвата Незадоволство, љубомора, навреди, почнуваат поситни инциденти Фаза 1 Изолирање на жртвата

Фаза 4 Привидно помирување

20

Фаза 2 Вербално злоставување Фаза 3 Физичко насилство


МИТОВИ И ФАКТИ Насилството во врската е чин или закана со насилство. Тоа може да биде физичко насилство, вербален напад или емоционално насилство. Исто така, во врската може да постои и сексуално насилство. Насилството може да го врши едниот или двата партнери/ки во врската. Може да се случи во било кој момент во врската, почнувајќи од првиот ден, и може да продолжи во текот на целата врска. Исто така, може да се случува без разлика на тоа колку време партнерите/ ките поминуваат заедно, или дали живеат заедно. За насилство во врската не постојат старосни, класни, расни, економски пречки, ниту пречки заради сексуалната ориентација. Истовремено, може да се каже дека постои одредена сличност помеѓу насилството во врската и семејното насилство. Исто така, младите кои растат во средина (биолошко семејство или кај посвоители и сл.) во која тие се жртви или сведоци на семејно насилство, во нивните љубовни врски често ги повторуваат научените облици на однесување – било тоа да е како жртви на насилство во врската или како насилници/чки. Мит: ,,Јас сум единствената, сите други имаат совршени врски”. Факт: Најмалку 20% од жените кои доживеале насилство, тоа го доживеале во текот на школувањето. Насилството им се случува на многу девојчиња, девојки и жени: не си единствена. Мит: ,,Ова нема да се повтори...” Факт: Насилството во врската е дел од кругот на насилството. Се случува во три фази: 1. Фаза на подигнување на тензии, која може да вклучува помали кавги, расправии, закани;

21


2. Фаза на претепување, која вклучува: туркање, удирање, шамарење, тепање, силување... 3. Фаза на ,,меден месец”, која вклучува извинувања од страна на насилникот, ветувања дека насилството нема да се повтори. Вистината е: ако насилството се случило еднаш, најверојатно ќе се случи повторно. Ретки се случаите кога насилството во врската е изолиран случај. Мит: ,,Ова не е право насилство. Јас не сум претепана”. Факт: Туркањето, одбивањето и емоционалното повредување, потсмевањето, желбата на партнерот да не излегуваш низ град ако тој не е со тебе... сите овие се акти на насилство. Мит: ,,Тој само така зборува, само се шегува. Никогаш не би го направил тоа”. Факт: Вербалните навреди служат да се намали самопочитта на партнерот/ ката и се начин за воспоставување контрола. Тука спаѓаат коментари од типот: ,,Потполно бескорисна си... Погледни се на што личиш... Како си се облекла, нашминкала... За што ти служи главата, имаш ли ти ум...” Мит: ,,Ова не е семејно насилство бидејќи ние не сме венчани”. Факт: Насилството може да се случи во било кој период од врската. Исто така, доколку насилството се случувало во врската, сигурно ќе продолжи, и тоа во полош облик, по стапувањето во брак со насилниот партнер/ка. Мит: ,,Сѐ ова е моја вина. Јас го лутам, и тој избувнува”. Факт: Насилството никогаш не е твоја вина: ти не си одговорна за нечие однесување.

22


Мит: ,,Рече дека ќе престане”. Факт: Насилството ескалира! Може да започне со благо искажана навреда или критика низ смеа, вербално малтретирање. Потоа следи туркање, стегање за рака, корнење коса и шамарење, и може да продолжи до потполно претепување. Дури и до смрт на жртвата. Мит: ,,Тоа не е моја врска, не е мое да се мешам. Не сакам другарка ми да ми се налути...” Факт: Во развиените земји, во просек само една од 25 жени/девојки бара професионална помош, но многу други за тоа зборуваат со своите другарки. Можеби и твојата другарка бара некој да ја разбере и да ѝ помогне. Мит: ,,Никој не сака да ми помогне. Никој не ме разбира. Не знам кому да се обратам за помош...” Факт: Има многу луѓе кои се грижат и кои разбираат. И многи служби специјализирани да им помогнат на лицата како што си ти, во вакви или слични ситуации. Секогаш можеш да се обратиш до советовалиштето ,,Прима” и едукаторите/едукаторките во твоето училиште и во градот. Мит: ,,Девојките и жените никогаш не се насилни, тие се понежниот пол”. Факт: И жените и девојките можат да бидат насилни, особено спрема послаби од себе. Сепак, над 75% од насилството го вршат мажи над жени/ девојки. Исто така, насилство се случува и во истополови бракови.

23


ЗАБЛУДИ И ФАКТИ ,,Љубомората е знак за љубов”. Заблуда! Љубомората претставува недостаток на доверба во особата со која некој е во врска. Исто така, таа е показател за ниска самодоверба, која е дополнителен извор на страв, а стравот многу често е извор на агресивност. ,,Насилството престанува кога ќе заврши врската”. Заблуда! Факт е дека насилството може да продолжи и по раскинувањето. Тоа е дополнителна причина лицето да се спротивстави на насилството што поскоро. ,,Насилството се случува само кај необразовани и сиромашни”. Заблуда! Насилство има секаде, без разлика на степенот на образование и општествениот статус. Многу често насилството кое се случува кај побогати, ,,угледни” семејства и помеѓу такви лица најмногу се крие, заради страв од губење на угледот и нарушување на честа на семејството.

24


,,Жртвите на насилство го заслужуваат тоа што им се случува затоа што ги предизвикуваат своите партнери”. Заблуда! Вистината е дека никој не сака да биде злоставуван. Секој има право да живее без насилство. Насилниците сами го избираат нивното однесување исто онака како што може да изберат и да не бидат насилни, таму каде што тоа им одговара.

,,Лице кое насилно се однесува спрема друго лице, на пример, спрема партнерот, е одговорно за своите постапки.” Вистина! Злоставувачите избираат да се однесуваат насилно. Жртвата никогаш не може да биде виновна за нечиј избор да биде насилен.

,,Да го/ја почитуваш партнерот/ката значи никогаш да не му/ѝ се лутиш”. Заблуда! Секоја особа има право да се налути, но многу е важно на кој начин се манифестира тоа чувство. Здрав начин е да се покаже што се чувствува со почитување на другиот. ,,Ако бидеме доволно стрпливи и полни со љубов и нежност, партнерот ќе престане да се однесува насилно”. Заблуда! Насилниците ќе се однесуваат насилно сѐ додека има лица кои ќе го трпат тоа насилство. ,,Насилството во врската е предизвикано од губењето контрола”. Заблуда! Секое насилство, па и насилството во врската, е настојување да се воспостави и што подолго задржи контрола над другата особа. ,,Психичкото насилство не може да се докаже. Треба да се гледаат модрици и големи повреди за да може полицијата да му поверува на лицето кое пријавува насилство”. Заблуда! Психичкото здравје е важен сегмент од целокупното здравје на секој човек. Насилството доведува до губење на самодовербата и храброста, до депресија, повлекување во себе, општа истрошеност, мисли и обиди за самоубиство. И тоа е видливо. Дури и кога жртвата од насилство навидум изгледа силна, многу е важно да искаже низ каква психичка тортура минува и колку тоа ѝ го нарушува спокојот и психичкото здравје. Во специјализираните тимови за борба против насилство работат стручњаци кои тоа ќе го препознаат и документираат. 25


КРУГ НА НАСИЛСТВО ВО ТИНЕЈЏЕРСКИ ВРСКИ

си а н

тво с л

Сек су ал

но

Одрекување и обвинување: Ја намалува сериозноста на злоставувањето или вели дека воопшто не се случило. Ја префрла одговорноста за насилството – вели дека таа го испровоцирала. Ја обвинува за сѐ лошо што му се случило. Ја обвинува дека Загрозување на го повредува ако не приватноста: Чита прави како што тој пораки или мејлови вели. на особата со која е во врска. Прислушкува телефонски разговори. Пребарува низ торби, шкафови, паричници без дозвола.

Пoнижување и емотивно насилство: Ја навредува, ѝ се обраќа со погрдни имиња. Ја омаловажува или исмејува, насамо или пред другите. Ја убедува дека е безвредна или луда. Изолација и Шири лаги и гласини за ограничување на неа. Ја обвинува дека независноста: Врши флертува со сите за притисок да избира да го направи помеѓу него и пријателите љубоморен.

л си

ст во

Пс их ол о

ш

Користење на машки привилегии: тој ги носи сите важни одлуки. Се однесува како да е газда и да мора да се слуша без приговор. Бара да биде прашуван за дозвола ако треба нешто Присилување да се направи или да на секс: се оди некаде. Присилува или

на

Закани: Се заканува дека ќе ја повреди особата со која е во врска, нејзини пријатели или членови на семејството. Се заканува дека ќе се убие или ќе ја остави ако Заплашување: не исполни некое Се обидува негово барање. да ја заплаши особата со која е во врска со викање, со поглед и движења, уништување на предмети, невнимателно возење. Се заканува дека ќе ѝ направи проблеми со семејството, пријателите или училиштето.

ко

користи уцени или дрогира за да оствари сексуален однос. Инсистирање за сексуален однос кога особата спие, е уморна, болна, после физички напад. Насилен е во сексуалниот однос и прави работи кои не ѝ се допаѓаат.

но

н

26

тв о

на си л

ал рб Ве

ас ил с

или семејството. Бара да престане да се занимава со своите активности. Сака во секој момент да знае каде е, со кој е и што прави особата со која е во врска. Ја контролира како се облекува и како изгледа. Ѝ врши притисок да користи алкохол или дрога.

ст во

МОЌ И КОНТРОЛА

ко ч зи и Ф


ЗНАЦИ НА НАСИЛСТВО ВО ВРСКАТА

1 2 3 4 5

Тој/таа на партнерот/ката му/ѝ се обраќа со најразлични погрдни имиња (на пр. ,,глупачка”, ,,идиот”) кога се заедно или ја/го навредува и омаловажува пред други.

Тој/таа се однесува мошне љубоморно кога партнерот/ката разговара со други моци/девојки или пријатели/ки.

Таа/тој наоѓа изговори за неговото/нејзиното насилно однесување и постојано го/ја оправдува пред другите.

Тој/таа секогаш проверува каде е партнерката/от, со кој е, сака да знае што прави во секој момент.

Тој/таа често ги губи нервите, дури можеби и удира и крши предмети кога е лут/а.

6 7 8 9

Таа/тој се труди да не го/ја лути или предизвика бес кај него/неа.

Таа/тој често се откажува од работи кои во минатото ѝ/му биле важни, како дружење и излегување со пријателите/пријателките и занимавање со некои активности, така станувајќи сѐ поизолирана/ поизолиран и насочена/насочен само кон партнерот/ката.

Нејзините/неговите оценки, физички изглед, тежина значително се промениле. Тоа може да е знак на депресија или да укажува на злоставување.

Таа/тој има повреди, рани кои не може да се објаснат или објаснувањата се ,,провидни” и неуверливи.

27


ЖРТВА?

КОГА МОЖЕШ ДА КАЖЕШ ДЕКА ТРПИШ НАСИЛСТВО ВО ВРСКАТА • Дали те плаши каратерот на твојот/та партнер/ка? • Дали се плашиш да се спротивставиш на неговото/нејзиното мислење? • Дали пред другите ја оправдуваш склоноста на твоето момче/твојата девојка да те третира лошо? • Дали некогаш си била уплашена од неговото насилство спрема други? • Дали твоето момче некогаш те удрило, шутирало, туркало или фрлало предмети кон тебе? • Дали заради неговата/нејзината љубомора смееш да се гледаш со пријателите и семејството? • Дали ти забранува да излегуваш низ град ако тој/ таа не е со тебе? • Дали те уценува со раскинување како би те наговорил на сексуален однос? • Дали се плашиш да му кажеш дека не сакаш сексуален однос? • Дали те присилува на сексуален однос? • Дали за време на сексуалниот однос се однесува на начин кој те навредува или физички повредува? • Дали си приморана да се прадваш за сѐ што правиш, каде одиш, со кој се дружиш, со кого се гледаш, кому праќаш СМС, кој ти пишува тебе, што коментираш на друштвените мрежи, кој ти ,,лајкнува” слики...? • Дали неоправдано те обвинува дека флертуваш или имаш сексуални односи со други момци/ девојки? • Дали можеш да излегуваш, да работиш или да одиш на училиште без негова/нејзина дозвола? • Дали ти се лути и се сомнева во тебе ако веднаш не одговориш на СМС или на телефонскиот повик? 28


• Дали станува исклучително груб и агресивен во ситуации кога си помислила дека можеби си трудна? Дали те принудува на абортус? • Дали криеш што се случува во твојата врска, стануваш засрамена или непријателски расположена спрема родителите или другарите и другарките поради твојата врска? • Дали партнерот/ката те убедува дека вистински ќе му/ѝ ја докажиш твојата љубов ако му/ѝ ја дадеш лозинката за твојот профил на Фејсбук? • Дали партнерот/ката ти ги проверува пораките во телефонот? • Дали те омаловажува поради твојот избор на факултет, занимање, висина на платата или воопшто твоите планови за иднина? • Дали твојот геј партнер/ка во текот на кавгата те обвинува дека не си искрен/а и дека всушност си стрејт?

НАПОМЕНА: Имајте на ум дека сите горенаведени однесувања најчесто им се случуваат на девојки затоа што тие се оние кои во најголем број случаи трпат насилство во врските!

29


ПРИЧИНИ ПОРАДИ КОИ НЕКОЈ ОСТАНУВА ВО НАСИЛНА ВРСКА Се плаши за доброто на блиските, затоа што насилникот се заканува дека ќе им наштети ако таа го напушти.

Смета дека ѝ е должност да ја спаси врската.

Мисли дека може да му помогне на насилникот да се промени на подобро ако остане со него.

Се плаши за својата физичка безбедност, за својот живот.

Смета дека вреди да се помачи и истрпи затоа што таа врска може да се преточи во брак.

Се плаши дека насилникот ќе објави нивни/нејзини интимни фотографии и снимки заради кои би останала трајно ,,обележана” во таа средина како неморална девојка.

Мисли дека нејзиниот партнер не може да живее без неа затоа што се заканува дека ќе се убие и сл. 30

Не сака никој да дознае за насилството кое го трпи затоа што чувствува срам и понижување, се чувствува дека е неуспешна и помалку вредна.

Смета дека тоа и не е така лоша врска.

Се обвинува себеси за сé, смета дека го заслужила насилството.

Го сака и размислува за неговите позитивни особини.

Обично, после насилните епизоди доаѓа фаза кога сѐ е во ред и во која насилникот се труди да биде ,,добар” и ,,внимателен”, па жртвата верува дека насилството нема да се повтори, и така останува со насилниот партнер/ка и понатаму.


ОВА НЕ МОРА ДА ТИ СЕ СЛУЧУВА И ТЕБЕ • Стоиш пред твојата соба во студентскиот дом и разговараш со пријателите. Твојот партнер поминува и ти се лути бидејќи мисли дека флертуваш со други. Станува толку лут што мислиш дека ќе те удри. • Се наоѓате во друг град. Ти возиш, и се губите на пат кон киното. Се чини дека твојот партнер станува сѐ повознемирен. Се обидуваш да го орасположиш, но одеднаш тој збеснува и почнува да ти се дере, велејќи: ,,Ти ништо не знаеш, тотално неспособна си”. • Стоиш во кафуле со своите другарки. Стануваш нервозна затоа што твојот партнер е на шанкот и премногу пие, а знаеш дека губи контрола кога ќе се напие. Еден стар пријател ти приоѓа да те поздрави. Одеднаш, твојот партнер долетува и те турка позади ѕидот. Ти си толку збунета и уплашена што не знаеш што да направиш. • На твојот партнер му е роденден и си му купила подарок. Се надеваш дека ќе биде задоволен. Меѓутоа, тој ти се лути затоа што не си му купила нешто друго. Го фрла подарокот кон тебе и се дере: ,,Зарем не знаеш дека поранешната девојка секогаш ми го подаруваше тоа истото?!” • Вчера сте имале голема расправија со партнерот. Сѐ се завршило така што партнерот те удрил. Денес е пред твојата врата со цвеќе. Уште еднаш ветува дека тоа повеќе нема да се повтори и те преколнува да не кажуваш никому. Тоа е истото извинување како и минатиот пат. Почнуваш да се прашуваш уште колку пати партнерот ќе ти каже: ,,Нема да се повтори никогаш повеќе”. • Со партнерот сте имале многу голема расправија. Веќе не се ни сеќаваш како дошо до тоа. Расправијата се смирила и тој те наговара да имате сексуален однос, иако ти воопшто не си расположена за тоа и сѐ уште си многу растревожена од кавгата. Тој ти вели: ,,После кавга е послатко”.

31


ПРИЈАТЕЛИ:

ШТО МОЖЕТЕ ДА НАПРАВИТЕ АКО ТВОЈАТА ДРУГАРКА ТРПИ НАСИЛСТВО ВО ВРСКАТА • Биди со неа и сослушај ја! • Помогни ѝ на твојата другарка да го препознае насилството, особено оние суптилни облици. • Поддржи ја нејзината сила. • Не ја осудувај! Не ѝ кажувај што требало да направи порано, туку подучи ја сега да ги преземе вистинските чекори до решение. • Информирај се и ти околу тоа како се постапува во вакви ситуации. • Помогни ѝ на другарката да направи план за спасување. • Поддржи ја ако раскине со насилникот. • Пружи ѝ точни информации за тоа што е насилство, како да излезе од таа ситуација, кому да се обрати за помош, како да се заштити од несакана бременост со насилникот... • Помогни ѝ да се обрати до групи/организации кои може да ѝ помогнат. • Ако си фрустриран/а или уплашен/а заради ситуацијата со другарка ти, побарај поддршка од пријатели, членови од семејството или други луѓе кои ќе те поддржат. Исто така, и ти можеш да ја контактираш Прима. • Контактирај ја Прима за да дознаеш и како можеш да се вклучиш во нашите обуки за врснички едукаторки и едукатори од областа на превенција на насилство и борба против насилство. 32


НАСИЛНИК/НАСИЛНИЧКА: ДАЛИ ТИ СИ ОСОБА КОЈА ВРШИ НАСИЛСТВО? • Дали си претерано љубоморен/на или посесивен/на? • Дали имаш избувлив карактер? • Дали стануваш насилен/на кога користиш алкохол или дрога? • Дали стануваш насилен и без употреба на алкохол или дрога? • Дали постојано ја исмејуваш, критикуваш или навредуваш твојата девојка/твоето момче? • Дали ги кршиш нејзините/неговите ствари или ги фрлаш кон неа/него? • Дали ја/го удираш, шутираш или на друг начин повредуваш твојата твојата девојка/момче кога си лут/а? • Дали се закануваш дека ќе ја/го повредиш или убиеш, или пак некоја нејзина/негова драга и блиска особа? • Дали ја/го присилуваш на сексуални односи или ја/го заплашуваш така што таа/тој се плаши да каже НЕ? • Дали ѝ/му се закануваш дека ќе се убиеш ако те остави? • Дали ја/го шпиунираш или постојано ја/го бараш на телефон за да провериш каде е? • Дали ја/го обвинуваш дека се гледа со друго момче/друга девојка? 33


ШТО АКО СТЕ ЗАБЕЛЕЖАЛЕ ДЕКА ВАШ ПРИЈАТЕЛ Е НАСИЛЕН ВО СВОЈАТА ВРСКА? Поголемиот дел од младите кои почнуваат да бидат насилни себеси не се сметаат за насилници. Многу од нив ги одрекуваат или не им даваат големо значење на таквите дела. Многумина велат дека се шегувале или дека тоа не го мислеле сериозно. И вас како пријатели/ки може да ви биде тешко да поверувате дека вашиот пријател е насилник. Кога разговарате со таква особа, важно е да имате на ум неколку работи кои може да ви помогнат: • Бидете конкретни кога кажувате што те виделе и како сте се чувствувале притоа. • Дајте му/ѝ до знаење дека нема само да гледате од страна што се случува и да допуштите таквото однесување да продолжи и во иднина. • Погрижете се да сфати дека е одговорен/на за своето однесување и за последиците од своите постапки и дека е во сериозна ,,невоља”, затоа што насилството е казниво дело. • Помогнете му/ѝ да побара стручна помош, да поразговара со некои наставници/ки во училиштето, училишниот психолог, педагогот или некоја друга возрасна особа во која има доверба. • Понудете му/ѝ се да му/ѝ бидете поддршка во процесот на барање помош. Стручното лице ќе му/ѝ помогне да научи да го контролира својот бес чија крајна цел е воспоставување чувство на контрола и лична моќ. Споменатиот стручњак ќе го подучи вашиот насилен партнер како да го контролира бесот со помош на ненасилна комуникација и мирно решавање на кавгите. • Кажете му/ѝ дека се грижите за него/неа и дека верувате во неговата/нејзината сила и волја да го промени своето насилно однесување. 34

Разговарањето со пријател кој се однесува насилно не е лесно, но е чин на вистинско, чесно и одговорно пријателство.


БЕЗБЕДНОСЕН ПЛАН ЗА ДЕВОЈКИ • Верувај им на своите инстинкти: ако чувствуваш дека нешто те гуши и затвора, напушти ја или прекини ја таа врска. • Ако се посомневаш дека твојот партнер е насилен, не останувај сама со него. Договори некоја шифра со пријателите преку која ќе знаат дека ти треба помош. • Погрижи се секогаш да имаш доволно пари со себе, барем за такси за враќање дома. • Не му допуштај да те изолира од твоите пријатели/ки. • Запознај ги твоите родители со твојот партнер/ка. • Ако се случило насилство, не го прикривај. Затоа што насилството ќе се повтори. Кажи им на родителите, пријателите, полицијата... Полиција 192 Доколку го свртите овој број, ќе ви одговори дежурен полицаец од најблиската полициска станица. Повикот е бесплатен и може да се јавите дури и ако немате доволно кредит на мобилниот.

• Ако се случило насилство или претчувствуваш дека може да се случи, контактирај ја Прима за да добиеш корисни информации и поддршка. На нашата веб-страна можеш да најдеш формулар за советовалиште. • Не му допуштај на партнерот да го контролира твојот живот: како се облекуваш, со кој се дружиш, што правиш, со што се занимаваш итн. Ваквата контрола води кон подлабоко насилство. • Во телефонот меморирај го бројот на полицијата, локалниот СОС број, Прима и други групи и организации за поддршка на жртвите од насилство во врската.

35


СИЛУВАЊЕ:

ПРЕДРАСУДИ И РЕАЛНОСТ Предрасуда: ,,Добрите девојки никој не ги силува”. Реалност: Силување може да се случи без разлика на тоа колку години има жената/девојката, како е облечена, како е нашминкана, какви ѝ се физичките карактеристики, начинот на живот, образование, статус, потекло... Предрасуда: ,,Девојка не може да биде силувана против својата волја”. Реалност: Силувачите се обично посилни од жртвата. Ако за време на силувањето девојката не се спротивставува, тоа го прави затоа што се плаши од потешки повреди. Предрасуда: ,,Девојките фантазираат да бидат силувани. Девојките предизвикуваат да бидат силувани”. Реалност: Девојките не сакаат да бидат силувани. Сакаат насилникот да биде казнет. Предрасуда: ,,Силувачот е болен, сексуален манијак”. Реалност: Силувачот најчесто е лице со нормална сексуалност, без психички пореметувања. Само во многу мал процент случаи тоа не е така. Предрасуда: ,,Силувачот не го извршил силувањето во нормална состојба и сигурно бил или пијан или дрогиран”. Реалност: Со силувачот владее желбата за доминација. Тој ја злоупотребува неговата моќ. Силувачите се честопати оженети лица, кои имаат нормални занимања и редовни сексуални односи. Предрасуда: ,,Тие силуваат во моменти на сексуална возбуденост”. Реалност: Силувањата најчесто се внимателно припремани и планирани. Предрасуда: ,,Силувачот е особа која жртвата не ја познава”. Реалност: Најчесто силувачот добро ја познава жртвата.

36


Предрасуда: ,,Силувањето се случува во темни и пусти улици, на места за кои се знае дека се опасни”. Реалност: Силувања често се случуваат во затворен простор: во кола, стан.... Силувањето најчесто се случува или кај силувачот или кај жртвата. Никогаш не ја обвинувајте жртвата за тоа што ѝ/му се случило

Предрасуда: ,,Силувачот најчесто користи оружје и не зборува многу”. Реалност: Силувачите често користат физичка сила, физичко насилство, бруталност, нож или огнено оружје како би ја уплашиле жртвата и до крај би успеале во нивната намера. Силувањето често е пропратено со бројни вербални закани и измачувањето може да трае со часови. Предрасуда: ,,Мажите не може да бидат силувани”. Реалност: Мажите се исто така на мета на насилниците, најчесто на возрасни мажи или педофили.

37


ЗЛАТНИ ПРАВИЛА ВО СЛУЧАЈ НА СИЛУВАЊЕ

1 2

Случајот веднаш да се пријави во полиција.

Не туширајте се пред одењето во полиција. Ако девојката се пресоблекла и не ја носи веќе облеката која ја имала за време на насилниот инцидент, неопходно е облеката од местото на настанот да се однесе во полиција заради анализа на достапните траги. Ако сепак се истуширала, без оглед на тоа, секако дека е важно да се оди во полиција и да се пријави случајот.

3

Важно е веднаш да се регистрираат сите повреди и да се изврши гинеколошки преглед.

4

Важно е девојката во рок од 72 часа од насилниот инцидент да земе таблета за спречување несакана бременост.

5

Важно е девојката да направи тест за ХИВ во период од најмалку 6 седмици од насилниот инцидент, а потоа и на секои 3 месеци во текот на една година.

6

Важно е девојката да избере, според своја проценка, особа од доверба на која, онолку колку што може, ќе ѝ раскаже за доживеаното сексуално насилство. Тоа може да биде лице од нејзиното лично опкружување и/ или установа или организација која пружа психо-социјална поддршка. Ако никому не соопшти дека доживеала силување, тоа ќе го отежни нејзиното опоравување.

7

При изборот на помагател/ка во установа или организација која пружа психо-социјална поддршка, важно е во воведниот разговор да ги постави сите прашања кои ќе ѝ помогнат да утврди дали се работи за лице во кое може да има доверба. Примарно е да испита дали помагателот/ката е едуциран/а за сексуални трауми и дали има претходно искуство во работа со девојки/жени/особи кои преживеале силување. (Само така девојката ќе се третира со почит, како да е целосна, комплетна личност, а не само поради фактот дека била жртва на силување).

8

Во полиција и во кривичната постапка, важно е девојката, колку што може, да укаже на стравот кој го чувствувала и на заканите кои ѝ биле упатувани.

38


9

Отпорот не мора да биде само физичка конфронтација, туку било кој вид на одбрана кој го применила девојката: плачење, молење, врискање, повикување помош, молчење заради страв и закани и нејзината проценка дека ќе преживее само ако молчи додека трае сексуалното насилство, како силувачот би ја оставил жива и би се оддалечил.

10

Не постои ,,доброволна согласност”. Девојката која прежиевала сексуален напад успеала да преживее под заканите на силувачот дека ќе ѝ го загрози животот и здравјето, нејзиното семејство и/или други блиски.

11

Во исказите важно е девојката, колку што може, да укаже на околностите, како и на однесувањето, изгледот, гестовите, зборовите и заканите на силувачот кои врз неа делувале заплашувачки, поради што била уверена дека неговите намери биле сериозни и дека чувствувала страв од смрт.

12

Ако силувачот се заканувал со убиство, девојката треба, колку што може, да укаже на неговата спремност тоа да го стори.

13

Ако девојката не се сеќава на нешто поврзано со насилниот инцидент или не знае некој податок или факт – најважно е да каже дека не се сеќава или не знае.

14

Поради тоа што постапката на прибирање податоци од страна на полицијата, обвинителството и судот е мошне напорна, непријатна и бара сила, важно е девојката да биде подготвена за тоа и да одлучи кој ќе биде со неа во овој процес како сојузник/чка (може да биде лице од нејзиното лично опкружување и/или од установа/организација каде добива психо-социлајна поддршка).

15

Особата која пријавила дека преживеала силување има право нејзиниот исказ да биде снимен, како не би морала секој пат да го повторува кога тоа го бара судскиот или истражниот процес. На овој начин се овозможува жртвата да не се соочува повторно со насилникот и да не минува повторно низ траумата. 39


ВО ЕДНА КВАЛИТЕТНА ВРСКА ПОСТОИ: Доверба – секоја особа може да смета на поддршка од другиот во добро и во лошо. Почит – двете особи се гледаат една со друга како рамноправни, со еднакво важни потреби. Ценење – едната особа го цени мислењето, ставовите и идеите на другата особа, иако не мора да се согласува со нив. Поддршка – едната особа ја поддржува и охрабрува другата особа кога работи на остварување на своите цели и кога ѝ е тешко. Одговорност за сопствените постапки. Заедничко носење одлуки, кога и да е потребно. Отворено искажување на чувствата – секоја особа може да слободно да ги искаже своите грижи и несигурност без страв од исмејување и омаловажување. Активно слушање – едната особа ѝ посветува доволно време на другата, внимателно ја слуша и се труди да разбере што сака да каже. Охрабрување за имање пријателства и интереси (спорт, хоби) надвор од врската. Прифаќање на различностите – лицата во врската не се обидуваат да се променат една со друга.

40


ТВОИТЕ ПРАВА ВО ЉУБОВНАТА ВРСКА ИМАШ ПРАВО ДА: • поканиш момче да излезете • одбиеш покана за состанок • бидеш секогаш третирана со почитување • ги избираш и задржуваш пријателите • му кажеш на партнерот кога сакаш нежност/физичка блискост • одбиеш физичка блискост • се предомислиш – во било кој момент • раскинеш • бидеш третирана како рамноправна • одбиеш секс во било кое време и од било која причина • бидеш сакана и почитувана • по завршувањето на врската, да најдеш нова љубов и започнеш нова врска • не бидеш жртва на насилство во врската или надвор од неа од страна на сегашниот или поранешниот партнер

41


НАСИЛСТВО И ДИСКРИМИНАЦИЈА ВРЗ ЛГБТ ЛИЦА За насилството и дискриминацијата врз ЛГБТ лицата во нашата средина и на сите нејзини нивоа и понатаму се зборува недоволно отворено, и со тоа во пракса изостануваат соодветни решенија за специфичните потреби на одредена популација. Споредувајќи ги резултатите од различни истражувања, дојдовме до заклучокот дека насилството базирано на сексуална ориентација постои и е едно од најчестите видови насилство и дискриминација во основните и средните училишта. Овие податоци говорат за итноста и неопходноста за вклучување на насилството и дискриминацијата врз лицата со поинаква сексуална ориентација во програмите за превенција од насилство во училиштата. Валидни резултати може да се постигнат единствено преку соработка и интеракција меѓу сите непосредни (насилници, жртви, деца сведоци на насилство) и посредни (наставен кадар, родители, сите државни установи, медиуми) актери во борбата против насилството и дискриминацијата во училиштата. Хомофобно насилство или насилство над ЛГБТ популација e ,,збирен поим со кој се опишуваат и опфаќаат различни облици на хомофобично насилство кое има за цел или резултира со понижување и повредување на интегритетот, здравјето и сигурноста на лице или лица само затоа што се идентификувале како лезбејки, геј или бисексуалци”. Хомофобија/бифобија Ирационален страв, омраза, предрасуди или дискриминација спрема лица кои се или за кои се претпоставува дека се со хомо/бисексуална ориентација. Хомофобијата и бифобијата се политички поими еднакви на поимите расизам (омраза спрема лица кои не се од белата раса), сексизам, мизогинија (омраза спрема жените), ксенофобија (омраза спрема странци), итн. 42


Хетеросексизам Ставот дека хетеросексуалноста е единствена валидна сексуална ориентација. Хетеросексизмот често се манифестира во форма на игнорирање на лезбејките и геј лицата. На пример, постојат голем број текстови за љубовта, паровите и односите каде воопшто не се споменуваат истополовите бракови. Општественото неприфаќање и игнорирање на сексуалните животни стилови кои се различни од хетеросексуалниот доведува до низа стресни фактори со кои лезбејките, геј лицата и бисексуалците треба секојдневно да се справуваат. Такви општествени фактори се недостатокот на права и заштита при здравствени проблеми, непризнавање на врската на постари парови, задржување на работното место, лична сигурност, итн. Овие општествени фактори не ги засегаат само постарите лица, туку и ЛГБТ лица кои се адолесценти, кога вербалното и физичкото насилство над ЛГБТ популацијата води до проблеми во училиштата, бегање од дома, злоупотреба на алкохол и дрога, самоубиства, самоповредување, итн.

43


МЕРКИ КОИ УЧИЛИШТАТА ТРЕБА ДА ГИ ПРЕЗЕМАТ КОГА ЌЕ СЕ ЗАБЕЛЕЖИ ВРСНИЧКО И РОДОВОБАЗИРАНО НАСИЛСТВО Кога станува збор за врсничкото насилство во училиштата во Црна Гора, како тие постапуваат, односно кои чекори треба да следат и кој и за што е одговорен, дефинирано е во упатство конципирано врз основа на насоките за постапување во прирачникот ,,Училишта без насилство – безбедно училишно опкружување”. Овие насоки се однесуваат на сите видови насилство кои училиштето ги забележува, а кои се детално опишани во упатството, и кои треба да бидат применувани од сите училишта, како што ни е истакнато од Министерството за образование. Во упатството се нагласува дека одговорноста и должноста за пријавување насилство и злоставување е задолжителна! Обврската за пријавување насилство има предност пред таканареченото професионално чување на тајни доколку тајноста ја загрозува безбедноста, животот или менталното и/или физичкото здравје на детето. Се однесува на ситуации во кои се дошло до информации дека детето е злоставувано. Кога ќе дојде до насилство, училиштето треба да формира училишен тим за заштита на децата од насилство во кој ќе бидат вклучени раководните лица на училиштето (директорот/ката), стручни соработници и наставник/ци кои се во непосреден контакт со детето (учителка, класен раководител, наставник/ци во кои детето има доверба). Улогата на тимот е на вработените да им ја олесни процедурата на пружање помош на децата кога се јавува сомнеж дека биле изложени на насилство. Училишниот тим се состанува според договорен интензитет (два пати месечно) за да ги анализира доставените посебни формулари за случаите на насилство. Тогаш се утврдува за кој вид на насилство станува збор, односно за каков вид на насилство постои сомнеж. Врз основа на регистрираните настани во училиштето, евиденцијата за случајот и забелешките од разговорите на стручните служби со поедини деца се носи заклучок за тоа за каков вид на насилство

44


се работи. Доколку се заклучи дека станува збор за врсничко насилство (навредување, тепање, изнудување пари и сл.), се одредуваат мерки кои треба да се преземат на ниво на училиште. Се осмислуваат и реализираат насочени и тематски работилници (јакнење на кохезијата во класот, прифаќање на различностите, ненасилна комуникација).

Се организира работа со помали групи (врсничка поддршка,

работа фокусирана на надминување конкретни проблеми кои постојат во одредени помали групи). Се дефинираат области, методи и техники за поддршка потребна на децата и се применува индивидуална работа. Се конципираат и применуваат облици на работа со родителите (тематски родителски средби и состаноци на советот на родители, работилници, индивидуална поддршка). Се формулираат и се преземаат мерки спрема други институции. Стручната служба на установата разговара со детето (во присуство на родител/старател) и изготвува извештај за разговорот. Доколку во прашање се тешки случаи кои ги имало во училиштето, управата на училиштето веднаш повикува итна служба и/или доктор, или случајот го пријавува во полиција (претставник/чка од училиштето – пожелно е лице од стручните служби да биде присутно со детето и родителите/старетелите).

Тимот за заштита на децата од насилство го известува Центарот за социјална работа во врска со постоечките сомневања. За да може детето кое е жртва на насилство или кое покажува неприлагодено однесување да развие соодветни психосоцилајни вештини, потребно е усогласено дејствување и работа на тимовите од училиштето и Центарот за социјална работа.

Со службите за социјална заштита треба да се изготви План за поддршка кој вклучува психо-социјална поддршка, мерки за образовно-воспитни постигнувања (дополнителна настава, индивидуална работа, и сл.). Врз основа на него, однесувањето на детето се следи подолг период. Центарот за социјална работа се вклучува кога е во прашање насилно однесување на деца, додека училиштето, преку своите стручни служби, решава краткотрајни инциденти и конфликти меѓу децата. Училиштето испраќа барање до Центарот за социјална работа за негово вклучување и преземање заштитни мерки кога доаѓа до повторување на одредено однесување и доминација на сила на индивидуално или групно ниво. Планирањето и спроведувањето на

45


заштитниот процес подразбира поддршка со активности во рамките на воспитно-образовниот процес, дијагностички постапка, третман и примена на мерки за социјална заштита. Центарот за социјална работа пружа поддршка на деца кои се жртви на насилство, врши советување на вршителите на насилство и нивните родители, надзор на нивното однесување и други заштитни мерки. Центарот ја преиспитува ситуацијата, го утврдува профилот на детето, во какви ситуации е склоно кон несоодветно однесување, што довело до инцидентот и до таквото постојано однесување. По обработката на профилот на детето и разговорот со родителите, по потреба, се утврдува план и програма за заштита и работа (во зависност од тоа дали детето е жртва или вршител) со цел подобрување на неговото однесување и подобро прилагодување во школото. Со планот се прецизираат и договараат мерки со кои, со взаемна соработка, поуспешно би се работело на третманот на жртвата и на вршителот на насилството. Стручните лица вниманието го фокусираат на унапредување на просоцијалниот начин на размислување, воспоставување на соодветно ниво на контрола на импулсот, развивање на чувството на одговорност и прифаќање на последиците од сопственото однесување. Помагаат во развивање на вештини за комуницирање за ненасилно решавање на конфликти и унапредување на односите со врсниците и семејството. Го насочуваат структуирањето на слободното време (соодветни содржини, рекреативни и спортски активности), мотивираат за развивање на чувство за одговорност и должности спрема обврските, спрема себе, спрема родителите, спрема другите. Се инсистира на редовни присуства на советувањата како би се работело на развој на оптимално однесување. Во училиштето се врши надзор над учениците на час, за време на одморот, при доаѓањето и заминувањето од училиште. Се утврдуваат области за поддршка која им е потребна на децата. Се применуваат и методи и техники за индивидуална работа со детето. Се спроведува стручно советување, индивидуална и групна работа/ работилници. Работилниците се тематски (јакнење на кохезијата во класот, прифаќање на различностите, ненасилна комуникација). Се организира работа насочена кон надминување конкретни проблеми кои постојат во одредени помали групи. Се прилагодува методиката на наставата и се изведува дополнителна настава. Се одредува наставник – ментор, кој по правило е модел според кој детето има позитивен однос, и кој го следи неговиот успех и однесување. Исто така, се организира едукативно-советодавна работа со родителите.

46


ПРИЈАВУВАЊЕ НАСИЛСТВО Насилството може и треба да го пријави секој: особа која трпи насилство или особа која има сознанија дека се врши насилство. Со повик на бројот 192 на линија ќе добиете дежурен полицаец или можете да се обратите до полициските тимови за семејно, сексуално, врсничко и интернет насилство. Исто така, можете да ги контактирате и телефоните за СОС, Сигурна женска куќа, најблискиот центар за социјална работа, НВО Прима... Доколку ти е потребна поддршка, совет или информација во врска со насилство кое го трпиш ти или некоја твоја блиска особа, на нашата веб-страна www.nvoprima.org/savjetovaliste можеш да најдеш образец за онлајн советување, и наш тим од психолог и младински работник во најкраток рок ќе ти одговорат на мејл. Исто така можеме, ако го сакаш тоа, да договориме и средба. Поддршка преку нашето советовалиште можеш да добиеш и ако ни се јавиш потполно анонимно. Сите наши услуги за помош и поддршка се целосно бесплатни.

Полиција: 192

47


НВО ПРИМА НВО Прима е непрофитна организација која се занимава со прашања од важност за младите и притоа соработува со млади и со оние кои работат со млади (родители, училишта, факултети, младински клубови...). Основана е во 2010, со седиште во Подгорица. Ја сочинуваат активистки и активисти со долгогодишно искуство во демократизирање на општеството преку работа во најразлични области, првенствено во делот на човекови права, права на жената, формално и неформално образование. Исто така, во Прима активни се и голем број волонтер/ки, воглавно средношколци/ки и студенти/ки. Волонтерите/ките на Прима се активни во неколку црногорски градови. НВО Прима е еден од основачите на КОФ, унија на црногорски младински организации. НВО Прима е член на регионалната група за граѓанско образование. Исто така, НВО Прима е членка на мрежата Youth Bank Hub за Западен Балкан и Турција. Визијата на НВО Прима се младите како видлив и активен дел од општеството.

Мисија:

• Подобрување на положбата на младината и работење на решавање на прашања кои се однесуваат на младите, како во нивните заедници, така и во поширокото општество. • Развивање и имплементирање на локални и национални политики за млади. • Зголемување на можностите за развој и активно учество на младите граѓани и граѓанки во општеството и одлучување во областа на човековите права, антидискриминација, ненасилство, дијалог, мировно образование, здрав начин на живот и иницијативи за јавно застапување. • Унапредување на развојот на целокупното општество преку поттикнување на младите, поединци и поединки, организации и институции да соработуваат и на тој начин да преземат активно учество и одговорност во цвојот развој. • Подигнување на свеста во општеството за младите и нивната важност, потреби и проблеми.

48


НВО Прима постојано ги усовршува постоечките и едуцира нови млади за врснички едукатори/ки во областа на превенција од врсничко насилство и насилство над младите. Нашите волонтери/ки реализираат работилници во неколку градови на тема ненасилна комуникација и ненасилно решавање на конфликти, превенција од врсничко насилство, превенција од насилство во врснички (тинејџерски) љубовни врски, превенција од насилство во семејството и насилство над девојки/жени, превенција од сајбер (cyber) насилство. Ги развиваме следниве програми: • Младински политики • Човекови права и антидискриминација • Превенција од насилство • Младинска мобилност • Младинско советување

НВО Прима Е-пошта: nvoprima1@gmail.com Веб-страница: www.nvoprima.org Мобилен телефон: +382 (0) 69 / 416-448 Подгорица, Црна Гора

49


ЛИТЕРАТУРА: 1. Прирачник Nasilje u vezi, НВО ПРИМА, Подгорица 2012. 2. Совет на Европа: Конвенција за спречување и борба против насилство врз жените и семејно насилство (Истанбул, 11 мај 2011 година) http://www.gendernet.rs/files/dokumenta/Medjunarodni/CAHVIO_-_srpski.pdf 3. Seksualno i reproduktivno zdravlje, НВО Сигурна женска куќа, Подгорица 2008. 4. Seksualno nasilje – priručnik za djecu i mlade, НВО Сигурна женска куќа, Подгорица 2009. 5.http://www.roditelji.me/blog/2015/11/27/mjere-koje-skole-treba-da-preduzmu-kad-seuoci-vrsnjacko-nasilje/ 6. http://issuu.com/szk5/docs/prirucnik_sprijecimo_nasilje-final 7. Конвенција на Советот на Европа за заштита на децата од сексуално искористување и сексуално злоставување https://rm.coe.int/CoERMPublicCommonSearchServices/DisplayDCT-MContent?documentId=090000168046e1d1 8. Конвенција на Советот на Европа за борба против трговијата со луѓе, Варшава 2005. https://rm.coe.int/CoERMPublicCommonSearchServices/DisplayDCTMCon-tent?documentId=090000168064899d 9. Прирачник Bolje spriječiti, nego liječiti – Prevencija nasilja u adolescentskim vezama, ЦЕСИ, Загреб 2006. 10. Diskriminacija i nasilje na osnovu seksualne orijentacije u okviru vršnjačkih grupa (analiza i interpretacija rezultata istraživanja drugih autora o problemima nasilja i diskriminacije nad LGBT osobama u periodu aktivnog školovanja), Лабрис http://www.mc.rs/upload/documents/izvestaji/2012/Labris/Diskriminacija_i_nasilje_na_osnovu_seksualne_orijentacije_u_ okviru_vrsnjackih_grupa.pdf 11. Попадиќ, Д., Nasilje u školama, Институт за психологија, Белград, 2009. 12. http://www.museumofviolence.org.rs/rodno.html 13. Материјали од Автономниот женски центар, Белград. http://www.budisvoja.rs/index. php/nasilje-u-vezama/tocak-nasilja 15. http://www.studijeroda.net/2015/01/sta-je-pol-sta-rod.html 16. http://zdravlje.nshc.org.rs/polrod.htm 50


CIP - Kaталогизација у публикацији Национална библиотека Црне Горе, Цетиње ISBN 978-9940-9784-0-2 COBISS.CG-ID 31311120

51



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.