Стр. 878 - Бр. 27
СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
- 25% од работното време за кое е заснован работниот однос за вршење други работи и работни задачи; - 25% од работното време за кое е заснован работниот однос за подготовка за работа. Член 6 Работното време од член 4 и 5 на овој правилник учителот, наставникот, стручниот работник и воспитувачот го планираат. Член 7 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 10-1687/1 16 мај 1996 година Скопје
Министер за образование и физичка култура, д-р Софија Тодорова, с. р.
5 јуни 1996
Член 7 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 10 - 1684/1 16 мај 1996 година Скопје
Министер за образование и физичка култура, д-р Софија Тодорова, с. р.
538. Врз основа на член 72 став 5 од Законот за основното образование („Службен весник на РМ“ бр. 44/95), министерот за образование и физичка култура, донесува ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ПРИ ПОЛАГАЊЕ СТРУЧЕН ИСПИТ НА УЧИТЕЛ, НАСТАВНИК, СТРУЧЕН РАБОТНИК И ВОСПИТУВАЧ ВО ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ
537. Врз основа на член 42 од Законот за основното образование („Службен весник на РМ“ бр. 44/95), министерот за образование и физичка култура, донесува ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМИРАЊЕ И РАБОТА НА УЧЕНИЧКИТЕ ДОМОВИ
Член 1 Со овој правилник се регулира формирањето и работата на ученички дом во состав на основно и во посебно основно училиште. Член 2 Ученички дом се формира за ученици кои во местото на живеење немаат основно училиште, ниту со јавен превоз може да им се обезбеди редовно посетување на училиштето. Член 3 Ученичкиот дом се формира во основно училиште по претходна согласност од Министерството за образование и физичка култура Член 4 Ученичкиот дом обезбедува сместување, исхрана, хигиенски и други услови за задоволување на воспитнообразовни, културно-забавни, спортски и други потреби на учениците. Член 5 Воспитно-образовната работа во ученичкиот дом се организира и изведува во воспитна група. Бројот на учениците во воспитната група е до 25 ученика. Член 6 Работата во ученичкиот дом се остварува според куќен ред, кој содржи организација на работното време, содржини на работа, организација на слободното време и друго.
Член 1 Со овој правилник се пропишуваат начинот и постапката при полагањето на стручен испит на приправник - учител, наставник, стручен работник и воспитувач, кои за прв пат се вработуваат во основното училиште (во натамошниот текст: приправник). Член 2 Со стручниот испит се проверува оспособеноста на приправникот за самостојна воспитно-образовна, односно стручна работа, во основното училиште во кое е вработен (во понатамошниот текст: основно училиште). Стручниот испит се полага според Програмата за полагање стручен испит, која е составен дел на овој правилник. ; Член 3 Стручниот испит приправникот го полага откако го завршил приправничкиот стаж. Стручниот испит треба да се положи во рок од шест месеци, а најдоцна една година по завршувањето на приправничкиот стаж. Член 4 Приправникот полага стручен испит само при првото вработување во воспитно-образовна установа. Член 5 Отсуството од работа на приправникот за време на полагањето на стручниот испит не се смета за отсуство од работа. Член 6 Стручниот испит се спроведува во два испитни рока во текот на годината - есенски и пролетен испитен рок. Есенскиот испитен рок трае од 1 октомври до 30 ноември, а пролетниот во периодот од 1 март до 30 април. II. ИСПИТНИ КОМИСИИ Член 7 Стручниот испит се полага пред испитна комисија формирана од Министерството за образование и физичка култура (во натамошниот текст: Министерството).