Se što treba da znaete za insulinska pumpa

Page 10

Слика бр.1 – Инсулинска пумпа

Инсулинската пумпа претставува електронски уред со големина на мобилен телефон која има пластично црево, кое преку пластична игла е закачено за вашето тело. Инсулинската пумпа испорачува инсулин во мали дози континуирано, додека додатен инсулин се испорачува за оброк или за висок шеќер во крв. Табела бр.1 - Справување со дијабетесот кај различни типови Тип 1 дијабетес Тип 2 дијабетес Инсулинска пумпа 2-5 инјекции инсулин на ден Таблети или 1-4 инјекции Поставување на инфузиски Програмирани оброци и инсулин на ден сет на 2-4 дена ужинии Програмирани оброци и Фликсибилни оброци и Планирана физичка ужинии ужини (неврзани со количина актнивност Планирана физичка и време) Проверка на гликемија 2-4 актнивност Спонтана физичка активност пати на ден Проверка на гликемија 1-4 Проверка на гликемија 4-6 пати на ден пати на ден

Проверките на шеќерот во крвта треба да бидат неколку пати во текот на денот. Најчесто проверките се прават пред секој главен оброк, но може да се прават и 2 часа по оброк за да се види дали е доволна количината на инсулин што сте ја земале за определена храна. Постојат и системи за континуирано мерење на шеќерот во крвта каде може да имате целосен увид во вредностите на шеќерот во крвта во период од 5,10 или 20 мин. Инсулинските дози, проверките на шеќерот во крвта, како и исхраната и физичката активност ќе ги научите преку посебни едукативни курсеви со вашиот доктор. Вие ќе добиете посебни препораки колку инсулин ви треба, како да го примате, како и ќе научите како да правите корекции во исхраната и за време на физичка активност. Овие препораки може да се менуваат на определен временски период. За сите промени на препораките за одржување на строга гликемиска контрола консултирајте се со вашиот доктор. Доколку живеете во мал град, размислете ги вашите опции. Строгата гликемиска контрола бара специјалист-дијабетолог кој е посветен на оваа работа.

10


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.