Митските слики на Јужните Словени - Никос Чаусидис (1)

Page 249

ките текстови тој збор означува девојка, (во чешкиот исто така и блудница), а пак во бугарските говори - невеста опремена за венчавање.134 И името на Лелја е исто така застапено во сите спомнати народни обреди и песни. Самите „кралици“ уште се нарекуваат и „љељи“. Во песните Лелја се нарекува „мала мома“, што сосем се вклопува во нашата претстава за неа како млада, новородена божица - ќерка на Лада. На ваквиот нејзин карактер упатуваат значењата на повеќе зборови од словенските народни говори. 135 Трагите на овој изворен однос меѓу Лада и Лелја, кај Јужните Словени се задржал и во магиските обреди за предизвикување дожд, што се гледа од содржината на песните кои се пеат по тој повод. Обредот најчесто го изведуваат млади девојки или сосем мали деца. Главните изведувачи се голи, накитени со трева, лисја, зеленило. Вака облечени, тие кружат низ селото или полето, додека нивните придружници ги полеваат со вода, и притоа пеат обредни песни, преку кои се повикува дождот и росата. Во овие песни, како и во самиот ритуал се присутни две личности: 1) „Дода“, „Додола“ (,,...Ој, Додо...“; „...Ој, Додоле...“). Во неколкуте вакви песни од Македонија, под овие имиња се кријат два различни лика. Едниот е „дудулејка мајка“, а вториот „дудулето лилјачето“ - „лилјачето сирачето“.136 Имињата на овие ликови т.е. нивното етимолошко значење ja одразуваат и нивната функција во ритуалот. Ќе наведеме неколку зборови чие значење ja разоткрива нивната суштина: - дада - мајка, баба, сестра; нагалено за доилка, негувателка на деца. - дода - постара сестра. - дуда - цицалка. - дудла - цуцла, предмет за цицање. - дудлика - мајчина дојка. - дудлити - (глагол) цица. - дудолja (дудоля) - дете кое cè уште цица од дојка. 134

За овие значења: N. Nodilo, Stara vjera Srba i Hrvata, Split, 1981, 330, 687; Š. Kulišić, Stara slovenska religija u svjetlu novijih istraživanja, posebno balkanoloških, Sarajevo, 1979, 101 - 102; S. Zečević, Elementi naše mitologije u narodnim obredima uz igru, Zenica, 1973, 117 - 121. 135 За толкувањата на името на Лелја: M. С. Филиповић, Рефрен Љељо или Лељо у ритуалиим песмама, Рад војвођанских музеја, 14, Нови Сад, 1965, 67 - 74; примери за нејзиното присуство во Македонија: M. Ристески, Македонски обреди и обредни песни од Мариово и Прилепско, Скопје, 1985, 110, 111 (во Мариово); Н. Целакоски, Дебарца - обреди магии и обредни песни, Скопје, 1984, 199, 244 (во Дебарца). 136 Б. Ристески, Македонски додолски и други обичаи и песни за дожд, Македонски фолклор, 19 - 20, Скопје, 1977, 37 - 63.

246


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.