Злеово, црквата „Св. Ѓорѓи“ во село Калуѓерица, истоимената црква во село Покрајчево и други. Другите цркви и манастири се од поново време. Старешина на парохијата е свештеникот Зоран Стојанов со седиште во село Подареш. Во Воиславско-ораовичката парохија влегуваат селата: Воиславци, Ораовица, Сурдулица, Калуѓерица, Погулево, Дамјан и Тополница. Во парохијата има повеќе цркви и манастири, изградени сите од поново време. Сепак, познати храмови се: црквата „Св. Никола“, црквата „Св. Ѓорѓи“, црквата „Св. Богородица“ и црквата „Св. Јован Крстител“ сите во село Воиславци; црквата „Св. Илија“ во село Сурдулица; црквата „Св. Атанасиј“ и црквата „Св. Ѓорѓи“ во село Ораовица; и црквата „Св. Богородица“ во село Дамјан. Парохиски свештеникот е Стојанче Илиев со седиште во Радовиш. Ињевско-конечката парохија (последна и седма по ред) ја сочинуваат ридските села Ињево и Дедино и главно Лакавичките села: Конче, Долни Липовик, Горни Липовик, Ракитец, Загорци, Лубница, Габревци, Скоруша и Гавран. Во парохијата егзистираат над десетина стари и нови храмови. Најстар, најпознат и со најголема црковно-уметничка и историска вредност е манастирот „Св. Стефан“ во село Конче. Тој е изграден во 1366 година од војводата никола, а веднаш до него Пиргот. Храмот е фрескоживописан, иако фреските се доста оштетени. Иконите на иконостасот се насликани од познатите зографи Димитар АндоновПапрадишки и Константин Вангелов. Во соседното село Лубница се наоѓа црквата „Св. Константин и Елена“. Други храмови во парохијата се: црквите „Св. Никола“ и „Св. Атанасиј“ во село Дедино; црквата „Св. Богородица“ во село Ракитец, црквата „Св. Спас“ во село Габревци; црквата „Св. Спас“ е градена во крајот на XIX век, без фрески, црквата „Св. Никола“ е изградена во 1910 година, црквата „Св. Петка“ и црквата „Св. Димитриј“, сите во богатото село Ињево. Црквата во Загорци градена во XIX век е посветена на Пресвета Богородица. Доста стар е храмот во село Гарван. Црквата „Св. Ѓорѓи“ во село Горни Липовик, го празнува Ѓурѓовден на 6 мај секоја година. На левата страна од течението на Крива Лакавица во село Долни Липовик пред 50-тина години започна со изградба на параклисот „Св. Ѓорѓи“. Храмот го одбележува црковниот празник што се одржува секоја година после првата седмица по Мала Богородица. Сепак, постара е 56