Историски аспект на Брегалничката Епархија - Горан Постоловски

Page 50

стара црква „Св. Јован Крстител“ во Ново Село била изградена во 1350 година од властелинот Јован. Таа по својата градба е еднокорабна, бескуполна црква, во чиј што западен влез е насликан ликот на нејзиниот патрон. Во близина на градските гробишта е изградена црквата „Св. Троица“, која припаѓа кон оваа парохија. Таа меѓу верниците е именувана како „Чепреганова црква“, затоа што е тесно поврзана со познатото штипско семејство на Чепреганови, кои како ктитори учествувале во изградбата на храмот. Седиштето на Петтата Штипска парохија се наоѓа во црквата „Св. Климент Охридски“ во познатата населба Сењак. Шестата Штипска парохија е сместена во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во т. н. населба Баби. Засега Седмата и Осмата Штипска парохија наоѓаат во мирување. Во

Приградската

Штипска

парохија

гравитираат

следните

храмови: „Св. Илија“ и „Св. Симеон-Столпник“ и двете во селото Долани; „Св. Јован Крстител“ и „Св. Петка“ во село Љуботен; црквата „Св. Атанасиј“ и манастирот „Св. Пантелејмон“ во село Брест; црквата „Св.Ѓорѓи“ во село Лесковица; црквата „Св. Теодор Стратилат“ и манастирот „Св. Богородица“ во селото Пиперево. Во оваа парохија спаѓаат и селата: Чифлик, Драгоево, Пухче, Софилари, Суво Грло, Горачино, Танатарци, Шопур и Населје, кои немаат свои цркви. Седиштето во Горно-балванската парохија се наоѓа во црквата „Св. Никола“ во село Крупиште. Таа се наоѓа на излезот на селото. На западната страна на црквата се наоѓа натпис, во кој е запишано дека црквата е изградена во 1625 година за време на епископот Макариј. Во истиот

натпис

се

спомнува

и

зографот

Исаија

Деберли,

што

ја

фрескоживописал црквата во 1627 година. Други храмови во парохијата се: црквата „Св. Јован Крстител“ во село Горен Балван, црквата „Св. Илија“ во село Три Чешми, црквата „Св. Петка“ во село Сарчиево, црквата „Св. Никола“ во село Горно Трогерци и храмовите: „Св. Никола“, параклисот „Св. Илија“, параклисот „Св. Димитриј“, црквата „Св. Кирил и Методиј“, сите во село Судик. Во парохијата гравитираат селата: Криви Дол, Батајне, Сушево и Добрешани кои немаат храмови.

50


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.