Христијанството во Македонија од 313 до 700 година: векови на консолидација, етаблирање и дефинирање

Page 162

Драган ЗАЈКОВСКИ 161 Христијанството во Македонија од 313 до 700 година (2. дополенето изд.)

половина на V век286. Во времето на Јустинијан Јустинијан, Византија успеала повторно да воспостави власт на оваа територија со таа разлика што сега наместо Сирмиум седиште на диецезата станал новоформираниот град Јустинијана Прима. Ова пред сè било условено од практични причини (военостратегиски). Јустинијана Прима била изградена на место што било релативно безбедно од надворешната опасност, а воедно доволно блиску до немирните граници за да може ефикасно да се справува со тековните проблеми од безбедносен карактер. Во овој контекст е мислењето на А. Шукарова287, која смета дека императорот Јустинијан во изборот на локацијата за Јустинијана Прима посебно внимавал на две работи: 1) нејзината безбедност и 2) нејзината ефикасност во раководењето со овие невралгични области од Византија. Исто мислење изразува и М. Бошкоски288, кој пишува дека концентрирањето на административната и црковната власт во Јустинијана Прима е направено по зајакнување на византиската власт на двата брега на реката Дунав, а со цел да се воспостави поефикасна контрола на тој простор.

Погледнато во еден поширок контекст на континуирано ривалство и борба меѓу Рим и Константинопол за црковна доминација во Илирик, Јустинијановата црковно-правна правна реформа и формирањето на новата самостојна архиепископија Јустинијана Прима не само што го елиминирала 286

Сирмиум до уништувањето од варварите бил седиште на префектурата Илирик. Во 392 г.

седиштето на префектурата било пренесено во Солун (Митко Б. Панов, Јустинијана Прима – Тесалоника – Сирмиум, 9). 287

Шукарова, Јустинијана Прима, 122.

288

Бошкоски, „Скупската епископија – митрополија митрополија“, 24.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.