Mentorska Programa

Page 1

Добредојдовте во нашите аптеки!

Преку практични совети, примери ќе Ви ги објасниме основните и унаредиме техниките за успешно работење во аптека кои ќе ви помогнат да остварите најдобри резултати.

Ќе добиете одговор на вашите прашањата околу вештините за успешно завршена работа, ќе се сретнете со ситуации од реалнато работење во процесот на работа во аптека!

1

ДОБРА ПОДГОТОВКА е половина завршена работаПодготви се !

Изгледајте уредно, дури и во приватното време секогаш бидете “спастрени” значи испеглани, чисти, намирисани- оставете впечаток со вашата уредност и не забораватајте “ Чистотата е половина здравје!”

Носете униформа, мантил, беџ за идентификацијаДеловен изглед е прво правило за добра продажба – “ Никогаш нема да добиеш втора шанса да оставиш прв впечаток!”

Запознајте се со карактеристиките на производите и начинот на услугата која ја даваме . Вашиот ментор е првата влезна карта за успех , трудете се да научите што повеќе за да заработите што повеќе , пред вас е патување со многу бонуси !

2

Насмевката е бесплатна – како и убавиот збор, железна врата отвара , на сите ни треба некој кој ќе не дочека со насмеака и убав збор – тоа е прво правило за отворен и искрен пристап во грижата.

Поврзувајте се со луѓето , пациентите , директен поглед е прв начин на поврзување.

Изразот на лицето може да го промени значењето на секој кажан збор . Секогаш обидувајте се да имате израз кој укажува на тоа дека навистина ве интересира она што соговорникот го кажува.

КОНТАКТ со пациенти/ потрошувачи

Зборовите кои ќе ги кажеме влијаат само 7% на

впечатокот што го оставаме, емоциите и говорот на телото оддаваат 55%, а тонот и висината на гласот 38%.

Начинот на кој што ќе ги кажете информациите во 93% ќе го обликуваат впечатокот за кажаните информации.

Емоции и говор на телото

55%

Тон и висина на гласот

38%

Зборови

7%

3

ИСПИТУВАЊЕ на потребата на пациентите/ потрошувачите и секогаш покажете грижа при поставување на прашања

Поставувајте отворени и кратки прашања “Дали сте добро”, “Ве молам кажете ми како да ви помогнам“, “Што мислите околу...“ или „Опишете ми, Ве молам...“

Затворени прашања „Дали сакате да ви понудиме нешто друго ......?, тој би можел да ни одговори само со одговорот „Да или Не“ . Затворените прашања се добри да да се осигурураме дека сме понудиле се и сме разјасниле за сите дополителни индикации Внесете емоција и емпатија (спремност и способност да се сочувствуваме со други луѓе ) впрочем ние сите сакаме да бидеме третитани со грижа.

4

“ Ве молам, кажете ми...”

ПРЕЗЕНТАЦИЈА

Вие ја имате целата моќ на светот да му го претставите производот преку Вашите очи. Можете за производите е да направите визуелизација преку презентирање , споредување добро искуство и фокусирање на бенефити на производот.

Cross sale

Предвидете ги потребите на купувачот; Продавајте додатоци; Продавајте готови решенија и концепти; Продавајте бенефити.

Up sale

Продавајте ист или сличен производ со повеќе опции; Продавајте ист или сличен производ со понапредни опции; Продавајте поскап производ; Продавајте ист или сличен производ, но од бренд кој се доживува како посупериорен.

на производ

Научете да се справите со различните типови на купувачи:

Купувач со симптоми – покажете екстра внимание и грижа и поставете му прашања за да ја имате целата слика, впрочем ние и ја даваме најдобрата грижа зошто ја имаме и најдобрата палета.

Пребирлив- Бара многу внимание, објаснување. Внимателно слушајте го , посветете му време плус и создадете му чувство дека ваквите потрошувачи ни се посебно драги.

Нестрплив- Очекува да веднаш биде услужен и веднаш да се задоволат сите негови барања. Смирете го разговорот! Одговорете им брзо и кратко на прашањата.

Јас знам сé- Имаат преголема самодоверба. Многу зборуваат и најчесто се гласни. Премногу настојуваат да се согласите со нивното мислење. Согласете се со неговото мислење и тој сам на себе ќе си продаде. Не дозволувајте да Ви влијае на авторитетот. Испртетете го смирено со потврда дека е во право.

“ Задоволниот клиент е најдобрата деловна стратегија ”

Michael LeBoeuf

Американски бизнисмен

ПОТВРДА на продажбата 5

Затворете и потврдете ја продажбата преку емоции, ставете акцент на доброто чувство на купувачот:

„Направивте одличен избор”.

Покажете дека се грижиме за пациентите/потрошувачите и дека ни се важни , поканете го да ви дадат искуство од користењето. Заблагодарете му се за посетата, љубезно поздравете се и нагласете му дека го очекувате во иднина

И купувачите кои не купиле ништо се подеднакво важни. Споделете флаер или друг рекламен материјал за тековни акции.

“ Направивте одличен избор!”

6

МЕРЕЊЕ на задоволството на купувачот

Обидете се да остварите контакт со купувачот по продажбата едноставно за да го запрашате како му се допаѓа производот или усугата.

Прашајте дали може да помине уште едаш за да ви даде повратна инфорамција во однос на користењето на тој производ.

Барајте да добиете препорака. Доколку добиете позитивен фидбек од некој пациент /купувач , замолете го да сподели препорака или фидбек на социјални мрежи.

7 ONLINE продажба

Прашајте дали знае за нашата online продажба и дајте му инструкции за нашата веб страна

Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.