Рома Индекс е електронски весник на Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“. Како гласило на Здружението, препознатлив лидер за поддршка и развој на проактивни и квалитетно едуцирани Роми, наша цел е да го информираме, едуцираме и забавуваме читателот за прашања од секојдневниот живот, поврзани со образованието, младите, ромскиот идентитет, и актуелни теми и проблеми со кои се соочува општеството. Да информираме за успешни личности, но и да изградиме индивидуалци кои активно ќе бидат вклучени во процесите на креирање и донесување јавни политики на локално и на национално ниво.