Raspetie Magazine

Page 47

нема да зборува за Бог, таму горе ќе се проповеда и ќе се говори без прекин за Неговата слава и чест". Пораката на ѕвездите од отвореното небо нема крај и се повторува од ден на ден се додека не настапи Судниот ден. Навистина, ѕвездите говорат безгласно, но оној кој сака, ќе ја разбере нивната порака. Видливата хармонија на нивните орбити многумина ги уверила во моќта на великиот Бог, кој е неограничен во својата мудрост. Псалмистот Давид вели во еден Псалм: „ Кога ги набљудувам небесата Твои, делата на Твоите прсти, месечината и ѕвездите што си ги поставил: што е човекот, та внимание да му обрнуваш, и за родот човечки да се грижиш? " (Пс. 8:3-4). Природно е човекот да го слави својот Творец, но за жал, во повеќето случаи не е така. Веќе рековме дека луѓето повеќе сакаат да ја слават творбата, отколку Творецот. Дури и апостолот Јован еднаш падна ничкум пред еден ангел и му се поклони, иако ангелот е создаден од Бог да им служи на верните. Ангелот му покажа на Јован многу

нешта кои што ги очекуваат верните. Пораката била толку прекрасна и возбудлива што Јован падна на колена пред него. „И јас, Јован, го видов и го чув ова; и кога го чув и видов, паднав за да се поклонам пред нозете на ангелот, кој што ми го покажа ова. Но тој ми рече: стој, немој, бидејќи и јас сум слуга како и ти и браќата твои - пророци, и оние што ги држат зборовите на оваа книга. Поклони му се наБог!"(Откр. 22:8-9). Да не ги потценуваме ангелите, но сепак сета слава не им припаѓа ним, ниту на созданијата, туку на самиот Творец. Кога бев дете. ме поучуваа да му се молам на ангелот-чувар. Дури многу години подоцна сфатив дека тоа не е в ред. На Бог треба да му се обратиме кога ни е потребна заштита и, ако за тоа Тој искористи ангел, тогаш тоа е Негова работа. He треба да ги молиме ангелите да не чуваат, туку Бог, кој ќе ни испрати ангел-чувар. Тие се службени духови кои Бог ги праќа да им служат на оние кои се спасени и кои му служат Нему. Ѓаволот, како противник на Бог, со сета своја сила се труди да им

ги заслепи очите на луѓето, за да не ја видат светлината на Евангелието. Затоа, читај ја Библијата со молитва, за да не те измами ѓаволот. Бог сака сите луѓе да ја познаат вистината, и оној, којшто ја чита Библијата со желба да биде спасен, нему Бог ќе му го покаже патот на спасението. Така, Библијата е напишана за да не сочува од служење на лажни богови и да не води по вистинскиот пат.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.