Raspetie Magazine

Page 1

распе†ие


И ЛАЖНО ПОКАЈАНИЕ

ВИСТИНСКО

И ЛАЖНО ПОКАЈАНИЕ

„Зашто, жалоста по Бога донесува покајание за спасение - за кое не се кае, а жалоста на светов донесува смрт.” - 2 Коринтјаните 7:10 Во ова глава, Павле споменува друго писмо кое го имал напишано кон црквата во Коринт, поточно за определен грев за кој што коринтјаните биле виновни дека го извршиле. Овде пишува за ефектот, што неговото претходно писмо го предизвикал, донесувајќи ги кон вистинско покајание. Тие жалеле на библиски начин. Тоа било доказот дека нивното покајание било вистинско.


Зашто, ете, тоа што се нажаливте по Бога, ви создаде вам не само голема сериозност, туку и одбрана, и негодување, и страв, и копнеж, и ревност и казнување. „Покажавте во сe дека сте чисти во тоа дело.” (стих 11) Во овие стихови, Светиот Дух зборува за два типа на жалење за гревот, едниот донесува покајание кое води до спасение, другото донесува смрт. Во последно време често бев воден да го прашам Бог, зошто има толку многу лажни религии и христијани, и се обидов да го најдам коренот на проблемот. Голем број на луѓе мислат дека се христијани, но дека не се, е добро познато освен ако Библијата лаже. Зошто тогаш толку многу се заблудени? Зошто тогаш толку многу, кои што се непоправливи грешници, си мислат дека се покајале? Без сомневање, едната причина е недостиг на јасно учење за основните основи на верата, особено за недостигот на јасност за вистинското и лажно покајание. Покајанието и реалноста

Вистинското покајание се состои во промена на умот за гревот, и таа промена на мислењето е проследена со соодветна промена на срцето кон гревот. Чувствата се резултат на мислите. И кога таа промена на мислењето донесува соодветна промена на срцето - ако мислите се правилни и чувствата и се сложуваат - тоа е вистинско покајание. Мора да има правилно размислување. Новиот начин на мислење мора да биде во сооднос со Божјото мислење за гревот. Библиското жалење, кое што Бог го бара, мора да произлегува од библиски поглед за гревот. Промена на умот Оној кој вистински се кае, гревот му изгледа многу различен од тоа како истиот му изгледа на некој кој не се покајал. Наместо да му изгледа привлечен и фасцинантен, му изгледа токму спротивното омразен и одвратен - и е зачуден како некогаш посакувал такво нешто. Закоравените грешници може да гледаат на гревот и можат да видат дека ќе ги уништи, затоа што Бог ќе ги казни за него. Но тие сеуште го

посакуваат. Го сакаат. Го вртат под нивниот јазик. Ако може да заврши во среќа, тие никогаш не би помислиле да со откажат од него. Но на оној кој вистински се покајал е поразлично; тој гледа кон своето сопствено поведение, совршено омразно. Гледа назад на него и извикнува, „Колку омразно, колку одвратно, колку достојно за пеколот, тоа што било во мене." Грешниците не гледаат зошто Бог му се заканува на гревот со таква страшна казна. Тие толку многу го сакаат, што не можат да видат зошто Бог би мислел дека заслужува вечна казна. Кога грешниците се силно опросведочени за вината за гревот, тие искусуваат промена на умот и го гледаат гревот во иста светлина како што и христијанинот го гледа, и тогаш имаат потреба за соодветна промена на срцето за да станат христијани. Многу грешници гледаат дека гревот заслужува вечна смрт, но нивното срце не оди заедно со нивното мислење. Тоа е случајот со демоните и злите духови во пеколот. Запомни тогаш: промена во нашето мислење е основа за вистинско


покајување, и обично тоа доаѓа прво. Срцето никогаш не оди кон Бог во вистинско покајание, без нашиот ум да биде променет. Може да има промена на мислењето без покајание, но никогаш вистинско покајание не може да се случи без промена на нашето мислење. Така, опросведочениот грешник разбира дека неговиот грев е уништувачки за него и за сите околу него, во духот, душата, и телото, сега во времето и во вечноста, и дека нема друго решение освен тоа да престане да греши. Ѓаволот знае колку гревот е уништувачки. И веројатно има некои грешници кои ги читаат овие зборови и го знаат тоа. Зборот покајание преведен од грчки подразбира промена на состојбата на умот вклучувајќи ги сите тие сфери. Не опросведочениот грешник скоро и да нема правилни размислувања, дури и што се однесува и за овој земен живот, што гревот заслужува. Може на теорија да признава дека гревот заслужува вечна смрт, но не верува вистински во тоа. Ако веруваше, ќе беше невозможно за него да

остане апатичен. Самиот се лаже, ако мисли дека искрено верува дека гревот го заслужува гневот Божји вечно. Но вистинскиот пробуден и опросведочен грешник нема поголемо сомневање за тоа, од тоа што го има за постоењето на Бог. Тој гледа јасно дека гревот мора да добие вечна казна од Бог. Тој знае дека тоа е факт. Промена на срцето Личноста која што вистински се покајува, не само што гледа на гревот како одвратен и подмолен и достоен да се мрази, но тој навистина го мрази, и го одбива во своето срце. Личноста може да гледа на гревот како нешто што повредува, но сеуште неговото срце да го сака, и посакува, и да се прилепува кон него. Но кога навистина се покајува, тој од срце го мрази и се откажува од него. Во односот со Бог, чувствува за гревот како што навистина е. И ете затоа христијаните понекогаш избувнуваат во жал, кога гледаат на гревот. Христијанинот мисли за природата на гревот, и едноставно се

чувствува одвратно. Но кога го гледа во однос на Бог, тогаш чувствува како да изплакува, фонтани од неговата тага се отвораат, и сака да падне на лицето и да истури поток од солзи заради неговите гревови. А што се однесува за последиците од гревот, личноста која што вистински се покајува, на нив гледа такви какви што се. Кога помислува каде гревот го води човекот, пробудува во неговото срце силна желба да прекине со него, и да ги оттргне луѓето од нивните гревови, и да го врати назад приливот на смрт. Неговото срце се распламтува, и започнува да се моли, и да работи, и да ги извлекува грешниците надвор од пламените со сета негова сила, затоа што знае каде гревот ќе ги однесе. Кога христијанинот се устремува кон тоа, тој ќе биде мотивиран да ги направи луѓето да се откажат од нивните гревови. Исто како што ако гледа некои луѓе како зимаат отров кој што знае дека ќе ги уништи, тој го подига гласот да ги предупреди да се ПАЗАТ. Кога некој вистински се кае, тој нема само


интелектуално убедување дека гревот заслужува вечна казна, но чувствува дека би било правилно и разумно и фер од страна на Бог, да го осуди на вечна смрт. Тој е далеку од тоа да најде грешка во законот којшто го осудува. Всушност, тој мисли дека тоа е небесно чудо што Бог може да му опрости. Наместо да мисли дека е тврдо, или строго, или сурово од страна Бог дека непоправливите грешници се испраќаат во пеколот, тој е во целосно обожавање на Бог заради чудото што тој самиот не е испратен во пеколот, и дека целиот овој виновен свет не е испратен во неизгаслив оган. Последното нешто што би му паднало на памет е тоа да се жали, зошто сите грешници не се спасени. Но е големо чудо на милост, што целиот свет не е проколнат. И кога ќе си помисли за тоа каков грешник бил спасен, има такво чувство на благодарност што никогаш не познавал пред да стане христијанин. Ефектите од вистинско покајание Сакам да го покажам плодот од вистинското

покајание, и да стане јасно во твојот ум, за да знаеш без сомневање дали си се покајал или не. Ако твоето покајание е вистинско, во твојот ум се случува свесна промена на мислите и чувствата за гревот. Ќе бидеш толку свесен за таа промена колку што не си бил за никоја друга промена на погледот и чувствата за било која друга работа. Сега, можеш ли да го кажеш тоа? Дали знаеш, дека во овој момент имало промена во тебе, дека старите работи си заминале, и сите работи се веќе нови? Ако вистински си се покајал, не го сакаш гревот повеќе. Сега не се воздржуваш повеќе од гревот затоа што се плашиш од казна, но затоа што го мразиш. Како е со тебе? Дали знаеш дека твојата желба да извршуваш грев веќе ја нема? Погледни на гревовите што си ги правел пред да се покаеш. Како ти изгледаат? Дали ти враќаат добри спомени, и би сакал навистина да ги направиш ако би се осмелил? Ако е така, ако имаш стремеж за грев внатре во себе, ти само си опросведочен за гревот во твојот ум. Сеуште се немаш

покајано од срце! Твојот мислење за гревот може да се променило, но ако љубовта за тој грев останува, ти сеуште си закоравен грешник. Текстот ни вели, „Зашто, жалоста по Бога донесува покајание." Жалоста по Бога произведува промена во начинот на нашиот живот. Павле пишувал за промена на умот која што произведува промена на животот, завршувајќи во спасение. Сега, дозволи ми да те прашам, дали си навистина различен? Дали го имаш предадено твоето право да грешиш? Или, живееш сеуште во твоите гревови? Како и да си го променил своето размислување, ако тоа не предизвикало промена на твојот живот, вистинска трансформација, тоа не е библиско покајание, кое што му е угодно на Бог. Покајанието, кога е вистинско и автентично, води кон исповедање и обновување. Крадецот не се покајал, ако сеуште ги чува парите што ги украл. Може да се чувствува виновен, но не и да се покајал. Ако се покајал, би отишол и би ги вратил парите. Ако си мамел некого, и ако не враќаш тоа што си го зел на нечесен начин, или


ако си повредил некого, и не се решен да го поправиш лошото што си го направил, толку колку што си во можност, не си се покајал вистински. Вистинското покајание е една постојана промена на карактерот и животот. Библијата вели дека покајанието води кон спасение и не остава жалост за тоа (не се кае). Со други зборови, вистинското покајание е толку длабоко и суштински, што човекот никогаш жали што се покајал и никогаш не се променува во обратната насока повторно. Можеш да се каже дека личноста никогаш не се кае од вистинското покајание. Љубовта за гревот е вистински оставена. Личноста која вистински се покајала, толку многу ги променила мислите и чувствата, што никогаш нема да се врати повторно назад, или да се врати во љубовта кон гревот. Текстот ни вели дека таков вид на покајание води до спасение. Продолжува така, се до вечноста и преку целата вечност. Токму причината што завршува во спасение е затоа што е покајание за кое никогаш не би се покајал.

Вистинското покајание е таква целосна промена на срцето и човекот започнува да го мрази гревот толку длабоко, заради името на Исус, што ќе издржи и нема да се го врати своето покајание и да се врати на гревот повторно. Лажно покајание Лажното покајание се вели дека е жалост на светов. Тоа е жал за гревот предизвикана од светски размислувања и мотиви, без согледување на вистинската природа на гревот. Промената предизвикана од жалоста по светов е плитка и површна. Личноста може да ги гледа н е п о с а к у в а н и т е последици од гревот од светска гледна точка, и може да го исполнат со загрижување. Може да согледа дека ќе има големо влијание на неговиот самореспект, или трошење на неговите пари, или неговиот живот ќе биде доведен во опасност; може да се загрижи дека некоја од неговите скриени постапки ќе се открие, и ќе биде посрамотен. Многу е чест случајот, луѓето да имаат таков вид на жал, кога некое светско размислување е во основата на сето ова.

Лажното покајување е основан на себичност. Може да биде едноставно некои силно чувство на жалост во умот на личноста, заради тоа што направил, затоа што ги гледа лошите последиците за него. Го прави несреќен, или го изложува на гневот Божји, или ја посрамотува неговата фамилија и пријатели, и ли м у н аш т е т у в а н а некој друг начин. Сето тоа е чиста себичност. Може да чувствува силна грижа на совеста, многу голема - но сеуште да нема вистинско покајание. Може да чувствува страв - длабок и голем страв поради гневот Божји и болките во пеколот - но сепак да биде чисто себично. Преку целото време може да нема таква работа како замразување на гревот во срцето, и не следи промена на срцето, која што да го следи опросведочувањето на умот, за бескрајното зло на гревот. Знаци на лажно покајание Лажното покајание остава непрекината непредадена желбата грев. Личноста може се воздржува од грев,

го и за да не


од омраза кон него, но затоа што се плаши од неговите последици. Жалоста на светот води до лицемерно притајување. Личноста која што се има вистински покајано е желна целиот свет да дознае. И нема оставено ништо кое што да крие. Но оној кој што има само жалост на светот, прибегнува кон извинувања и лаги за да ги покрие своите гревови. Тој повеќе се срами од неговото покајание, отколку од неговиот грев. Кога е повикуван да даде сметка за неговиот живот, тој ги покрива своите гревови со илјадници објаснувања и извинувања, обидувајќи се да ги замачка, за да не изгледаат толку лошо. Ако зборува за неговиот минат живот, тој секогаш го прави по најмек и благонаклонет начин. Се гледа еден постојан модел на извинување за гревот. Оваа „покајание" води до смрт. Ја прави личноста да изврши еден грев за да покрие друг. Наместо еден простодушен, и отклик со отворено срце на мекост и искреност, гледаме една слаткоречива и со многу зборови, искривеност од нешто

коешто требало да биде замена на признавање на вината, и сепак не признава ништо. Како е со тебе? Дали си засрамен кога некој зборува со тебе за твоите гревови? Тогаш твојата жалост е само жалост по светот, и води до смрт. Колку пати си видел грешници коишто се отргнуваат од патот и избегнуваат разговори за нивните гревови, и сепак се нарекуваат трагачи, и очекуваат некако да го најдат Исус на тој пат. Овој вид на жалост излегува од пеколот. Без сомневање, сите проколнати наследници на пеколот сакаат да се скријат од очите Божји. Не постои таква жалост помеѓу светите во небото. Нивната жалост е отворена, искрена, целосна, со целосно срце. Таквата жалост не е во контрадикторност со вистинската радост. Светите се полни со радост, и покрај тоа полни со длабока, јавна и силна жалост за гревот. Но жалост по светот се срами самата и е мизерна. Донесува смрт. Промената што ја донесува жалоста на светот има влијание само на надворешните навики, за коишто човекот се

почуствувал силно опросведочен. Срцето не е променето. Ќе видите дека ги избегнува само оние гревовие за коишто мисли дека се „сериозни", коишто го имаат натерано да се почуствува виновен. Погледнете на овој нов обратен човек. Ако е заблуден, ќе видите дека има само некои плитки промени во неговиот начин на однесувње. Има подобрено некои работи, но постојат многу гревови за кои што тој прави многу малку напор да ги промени. Ако се запознаете подобро со него, наместо да видите дека во сите сфери е жив за гревот, и брз да препознава сe што е спротивно на Духот и на евангелието, ќе видите во него брзо препознавање на одредени работи, но без да ги живее, и млитав во неговите погледи за други точки, и многу далеку од покажување на Божјиот став за сиот грев. Вообичаената жалост на светот донесува времени промени. Човекот постојано се враќа на старите гревови. Причината е што желбата за гревот сеуште не е замината. Единствено што го држи повремено е


стравот. Се додека има надеж и е прифатен од црквата, се додека му се вели дека нема за што да се грижи, можеш да го видиш како постепено се враќа назад кон неговите стари гревови. Тоа беше вистински проблем со Израел, кој што ги правеше постојано да се враќаат назад кон нивното идолопоклонство и другите гревови. Тие имаа само светска жалост. Можете да го видите тоа сега насекаде по црквите. Луѓето се менуваат само за одредено време, прифатени се од црквата, и потоа се враќаат на старите гревови. Тие сакаат тоа да го наречуваат борба или отпаѓање, но вистината е дека тие секогаш го сакале гревот, и кога имале можност се враќале на него, како што свињата која што била искапена се враќа во калта, затоа што секогаш била свиња. Ве молам, разберете ја оваа точка внимателно! Ова е причината за сета таа непостојаност во христијанството, ова возење на топоган, което што го гледаме толку многу. Луѓето се разбудени и опресведочени, но застануваат таму. Се

настануваат во една лажна сигурност, и потоа заминуваат. Можеби се пазат доволно за да не бидат отстранети од црквата, но основите на гревот се немаат скршено, и тие се враќаат на старите патишта. Жената која што сакала да биде суетна во своето облекување, сеуште го сака тоа, и постепено се враќа на патиштата со кои да привлекува внимание и нечии погледи. Човекот што ги сакал парите сеуште ги сака. Наскоро се враќа кон своите стари патишта, и се нурнува во бизнисот, и се стреми кон светот толку желно и предадено како што го правел пред да се присоедини на црквата. Помини преку сите класи на општеството, и ќе најдеш длабоко обратени луѓе, ќе најдеш дека нивните највкоренети гревови пред обраќањето, сега се најдалеку од нив. Вистинскиот христијанин најтешко би паднал кон својот стар грев, затоа што најмногу го мрази. Но ако е заблуден и со светски ум, тој секогаш е привлекуван назад кон истите гревови. Изворот на гревот не е прекинат. Го немаат исчистено беззаконието од нивните

срца, а преку целото време го ценат гревот во нивните срца. Промената придонесена од лажно покајание не само што е плитка, надворешна и временска промена, но исто така и присилена. Животните промени во личноста со вистинско покајание е од срцето. Тој не го посакува повеќе гревот. Во него библиските ветувања се исполнети. Тој всушност открива дека „Нејзините патишта се пријатни и сите нејзини патеки се полни со мир." Тој искусува дека јаремот на Спасителот е пријатен и Неговото бреме лесно. Тој има почуствувано дека Божјите заповеди не се мачни, но ж и в о т о д а в н и . „Поскапоцени се од златото, од чистото злато; Послатки се од медот, послатки од капките на медовата пита." Но овој лажен вид на покајание е различен. Тоа е одговор по закон, резултат на страв, а не од љубов; себична реакција, се друго освен слободна, доброволна и од срце промена од грев кон послушност. Доколку некој кој има такво покајание и ги чита овие зборови, ќе разбере, и самиот е свесен дека не


го избегнува гревот од избор, затоа што го мрази, туку од други мотиви. Повеќе е од вина на совеста, или страв дека ќе ја изгуби душата или ќе ја изгуби репутацијата, отколку од омраза кон гревот или љубов кон послушноста. Таквите личности треба секогаш да бидат умилкувани да бидат послушни со некои специфични делови од Библијата, во противен случај си го оправдуваат гревот и ја заобиколуваат должноста, и мислат дека не е нешто страшно. Причината е, што си ги сакаат своите гревови. Ако не е „книга, глава и стих" за кои не се осмелуваат да се побунат против нив, би продолжиле да грешат. Но не е така со вистинското покајание. Ако некоја работа изгледа непостојана на постојаната Божја љубов, личноста која има вистинско покајание ќе го мрази и избегне, било да има црно-на-бело заповед од Бог за конкретната тема или не. Така, човекот кој вистински се покајал, нема потреба од „Така вели Господ" за да го спречи за да бара интерес од својот

ближен, затоа што тој навистина сака да биде како Исус. Колку веројатно дека луѓето ќе мразат сe што не е од Исус, ако се имаат покајано вистински од гревот. Лажното покајание води кон себеправедност. Човекот кој што го има оваа покајание може да знае дека Исус Христос е единствениот Спасител на грешниците, и може да тврди дека верува во Него, и дека се потпира единствено Нему за спасение, но во реалност тој всушност става десет пати повеќе доверба во неговото надворешно прикажување, отколку во Исус Христос за негово спасение. И ако си го познаваше срцето, ќе можеше да го разбере тоа. Може да кажува дека очекува спасение од Христос, но всушност тој живее повеќе на своето надворешно однесување, и неговата надеж се основа повеќе на тоа, отколку на искупувањето на Христос. Затоа што не ја гледа длабочината на неговото срце во степен во кој што треба, и навистина закрпува заедно своја праведност. Таквиот тип на покајание исто така води и до лажна сигурност.

Човекот претпоставува дека жалоста на светот што тој ја има била вистинско покајание, и верува на тоа. Тој го зема како здраво за готово дека Христос ќе го спаси затоа што жалел за своите гревови, и покрај тоа што тој не е свесен дека некогаш воопшто почуствувал било каква починка во Христос. Почуствувал жалост, и потоа се почуствувал подобро, и сега очекува да биде спасен од Христос, кога токму неговата совест би го научила дека никогаш не почуствувал доверба во Христос од целото свое срце. Еве ја вистинската последицата од жалоста на светот: всушност таа го затврднува срцето повеќе. Колку повеќе пати човекот има површна реакција на Божјиот збор, толку повеќе човекот се закоравува. Ако тој има некои силни чувства на вина, и неговото срце не биде скршено и се излее, изворите на контактите со Бога се повеќе и повеќе ќе се исушуваат, и неговото срце ќе биде се повеќе тешко да се достигне. Да земеме еден вистински христијанин, некој кој што вистински се има покаено, и


секогаш кога вистината ќе го открие гол пред Бог, неговото срце станува се повеќе и повеќе меко, и полесно да се допре и возбуди и стопи и биде скршено пред Божјиот благословен збор, така се додека живее, така и преку целата вечност. Неговото срце свикнува да ги следи убедувањата на умот, и тој станува поучлив и попуслив како мало дете. Овде е големата разлика. Толку е голема, како дупката помеѓу светлината и темнината. И сепак црквите или поединечните членови, кои го имаат само тоа светско покајание, го слушаат Божјиот збор и се будат и трчаат и потоа пак се изладуваат. Ако тоа се повторува, ќе видите дека тие се се повеќе и повеќе потешки да бидат допрени, и како резултат на тоа стануваат тврди како камен, и ништо не може да ги д о п ре п овеќе. С екој а нова возбуда го закоравува срцето и го прави да биде се потешко да биде допрено од вистината. Точно спротивното се оние цркви и луѓе кои што имаат вистинско покајание. Нека го

слушаат зборот Божји повторно и повторно, и ќе видете дека стануваат се понежни и осетливи, се додека не дојдат до степен каде што кога го чувствуваат Духот како ги раздвижува нивните срца, тие се запалуваат и горат веднаш, и се спремни да ги присоединат нивните срца за Божјата работа. Светската жалост ја затапува совеста. Секогаш кога Божјата вистина светнува во нивниот ум, таквите луѓе прво се подлежни да бидат фрлени во немир. Мзоже да немаат толку многу чувство за вина како вистинскиот христијанин. Но вистинскиот христијанин е исполнет со мир секогаш кога неговите очи леат солзи поради вината за гревот. И секогаш кога е опросведочен за гревот, тоа го прави повеќе и повеќе претпазлив, и осетлив, и внимателен, се додека неговата совест стане толку осетлива, што ја осудува секоја појава на зло во неговото срце. Но другиот вид на жалост, која што не води до вистинско одрекување од гревот, го остава срцето потврдо од пред тоа. Како резултат на тоа, ја изгорува совеста

како со жежок метал. Оваа жалост „донесува смрт.” Жалоста на светот или светската жалост го отфрла Исус Христос како темел на надеж. Потпирајќи се на надворешни пројави или само на душевни мисли, или на било што друго, води до недоверба во Исус Христос. Љубовта на Христос никогаш нема да го натера да живее за Оној Кој умре за него и живее повторно. Со сигурност треба покајание од таквиот тип на покајание. Порано или покасно ќе видите дека таквите личности се срамуваат од длабокото уверување што го имале пред тоа. Тие не сакаат да зборуваат за тоа, и ако зборуваат би било површно и студено. Можеби на почетокот имале некое вознемирување во животот, и изгледало мошне искрено тоа што го правеле. Но сега кога свежината во убедувањето за вината за гревот е завршена, истите луѓе ги наоѓаме како се променуваат повторно на старото и се срамат од нивната претходна ревност. Тие всушност се кајат од нивното покајание.


Некои примери Зошто тогаш, има толку многу времена посветеност во црквата? Затоа што имаат згрешено во тоа, што е опросведочување (чувство за вината за гревот), а што вистинско обраќање од гревот, што е жалост на светот и што жалоста по Бога која донесува покајание и води до спасение за кое не се жали. Јас сум убеден, после многу години на набљудување, дека ова е вистинската причина за сегашната жалосна ситуација на црквата, насекаде по земјата. И зошто некои нехристијани доживуваат вина за гревот, но мислат дека би бил преголем крстот за да станат христијани? Зошто мислат дека е преголем испит да се откажат од нивните безбожни пријатели и од нивните гревови? Ако имале вистинско покајание, не би го сметале за крст, тоа да се откажат од гревот. Се сеќавам како јас се чувствував, кога за прв пат видов како млади луѓе стануваа христијани и се присоединуваат на црквата. Мислев дека е добра работа за нив да се обратат, затоа што би си

ги спасиле душите и ќе стигнат до рајот. Но сеуште изгледаше на некој начин како тажно нешто. Никогаш не ни сонував тогаш, дека тие млади луѓе можат да бидат вистински среќни во овој живот. Мислам дека е општо прифатено за луѓето да си мислат, дека да се обратиш кон Христос е добро општо земено, и добро на крајот заради спасението, но исто така и дека не можат да бидат радосни како верници. Тие ја имаат погрешно разбрано вистинската природа на покајанието. Не можат да разберат дека вистинското покајание води до омраза на работите коишто претходно си ги сакал. Грешниците не можат да видат дека кога нивните пријатели стануваат вистински христијани, тие чувствуваат одвратност од нивните забави и грешни задоволства и глупости, и дека нивната љубов за тие работи е распната. Еднаш познавав млада дама која поверува во Христос. Нејзиниот татко беше горд, светски човек. Таа пред тоа беше нескромна во нејзиното облекување, и сакаше да танцува. Откако поверува, татко и ја

тераше да оди да посетува танцување. Тој обично одеше со неа, и ја тераше да стане и да игра. Таа одеше таму и плачеше, и понекогаш кога стануваше на сцената да игра, нејзините чувства на одвратност и жалост толку многу ја обземаа што прибегнуваше и се потопуваше во солзи. Тука гледате зошто. Таа навистина се имаше покајано од овие работи, со такво покајание од кое не жалеше. Како што застануваше на подот за играње, какво сожалување морало да го обзима нејзиното срце за нејзините поранешни пријателки, каква ужасна слика заради нивното слепо стремење кон задоволството. Колку само сакала да биде со нејзините браќа и сестри во Господа. Како можеше да биде среќна во некој бар или сала за играње? Таква е грешката во која што закоравените, или тие што имаат само жалост на светот, паѓаат, за радоста на вистинските христијани. Тоа е исто така зошто некои кои се нарекуваат христијани, мислат дека е мачно и како по закон, да бидеш многу претпазлив за гревот. Таквите личности секогаш го оправдуваат својот грев,


и објаснуваат дадени постапки коишто не се во склад со претпазливост за гревот. Тоа покажува дека тие сеуште го сакаат гревот и би оделе толку далеку колку што се осмелуваат. Ако беа вистински христијани, тие би го мразеле, и би се оттгрнале од него, и бремето од кое би се плашеле, би ги повлекло назад во него. Така, тие не се весели и радосни како христијани. Тие се жалосни затоа што треба да ги скинат врските со многу работи коишто ги сакаат, или затоа што треба да дадат толку многу од себеси. Нивните нозе се во огнот преку целото време. Наместо да се радуваат на секоја можност на себеодрекување, и да ги сакаат излагањата на вистината кои се најчистите и такви што најмногу пронижуваат, тие мислат дека е голем испит, само тоа што ќе им ја кажеш нивната должност, кога се спротивни на нивните предпочитувања и навики. Чистата вистина ги вознемирува. Зошто? Затоа што нивните срца не сакат да бидат послушни. Ако сакаат да живеат за Исус, секој зрак на светлина од

небото што продира до нивните умови, што ги насочува кон Божјата волја, би бил добредојден и би ги направил повеќе и повеќе радосни. Кога гледаме некои кои се чувствуваат потиснати и вознемирени затоа што вистината ги натиска, ако нивните срца не се предаваат и одат заедно со вистината, нивното име е лицемери. Ако гледаме дека се вознемирени како неспокојни грешници, и колку што повеќе им ги посочувате нивните гревови, толку повеќе фрустрирани стануваат, можете да бидете сигурни дека тие никогаш не се покајале вистински за нивните гревови, ниту пак се дале себеси целосно да му припаѓаат на Бог. Гледаме зошто толку многу луѓе што се наречуваат христијани, кои што имале силна реакција во времето на нивното обраќање, но потоа се вратиле повторно на гревот. Имале длабоко чувство за вината за гревот и голема вознемиреност во умот. Покасно пронашле ослободување, и биле извондредно среќни за некое време. Но на крајот се отстраниле, и тогаш се

распрснале. Некои, кои што не разликуваат помеѓу вистинско и лажно покајание и мислат дека не може да има таква силна реакција без силата на Светиот Дух, велат дека овие христијани отпаднале од благодатта. Но вистина е, „Од нас излегоа, но не беа од нас, зашто ако беа од нас, ќе останеа со нас, туку требаше да се покаже дека не се сите од нас." (1 Јованово 2:19) Тие никогаш го немале онаa покајание, коешто ја убива и уништува желбата за грев. Можеби си мислиш од тоа што го реков дека желбата за гревот е скршена и променета, дека сметам дека сите вистински христијани се совршени. Тоа не е вистина. Вистинските христијани можат да паднат во грев. Но постои огромна разлика помеѓу вистински, но паднат христијанин, и лицемер кој се откажал од своето исповедање на верата. Лицемерот го сака светот, и ужива на гревот кога му се враќа. Може да има некои стравови и чувства за вина, и некоја загриженост, што мислат другите за него, но во крајна сметка тој ужива во гревот. Не е така со


паднатиот христијанин. Тој ја губи првата љубов, потоа станува жртва на искушението, и така паѓа во грев. Но тој не го сака; секогаш е гревот горчлив за него; се чувствува несреќен и осамен и далеку од каде што треба да биде, во домот на Отецот. Точно е дека за определено време го нема Божјиот Дух или љубовта на Бог делуваат да го задржат од грешење, но тој не го сака гревот. Тој е несреќен во него; и се чувствува како да е најмизерен. Тој е целосно

поразличен од лицемерот. Вистинскиот христијанин кој ја напушта љубовта Божја, може да биде предаден на Сатаната за определено време, за уништување на неговото тело, за да може неговиот дух да биде спасен; но тој никогаш повеќе не

може да ужива во гревот како што уживал претходно, или да се насладува како што претходно се насладувал во светските задоволства. Никогаш повеќе не го пие гревот како вода. Колку долго што стои залутан од љубовта на Отецот, тој е мизерен. Ако има некој таков кој што го чита овие зборови, го знае тоа. Гледате зошто грешниците кои што се опресведочени за грев се плашат да се заветат да се откажат од гревот. Тие ви велат дека не се осмелуваат да направат било какви ветувања, затоа што се плашат дека не можат да ги спазат. Причината? Тие го с а к а а т г р е в о т . Пијаницата знае дека го сака алкохолот, и покрај тоа што може да направи и да го држи ветувањето да се чува настрана од него, со неговиот апетит сеуште копнее по него. Така е и со грешникот опросведочен за грев. Тој чувствува дека го сака гревот, дека неговото

зграпчување за гревот и зграпчувањето на гревот за него никогаш не било прекинато. Не се осмелува да вети. Некои христијани не сакаат да се откажат од гревот заради истата причина. Тие го сакаат нивниот грев толку многу, што знаат дека нивните срца би го оправдало, и се плашат да ветат дека ќе го предадат гревот. Токму затоа многу кои ја исповедаат верата, стојат настрана од односи со сериозни христијани. Тајната причина е тоа што тие чувствуваат дека нивните срца сеуште одат по гревот, и не се осмелуваат да дојдат до обврзувања да направат завет со светлината. Не сакаат да бидат предмет на дисциплината во црквата, во случај да згрешат. Тој човек е лицемер. Оние грешници што имаат жалост на светот, можат сега да видат каде лежи тежината, и причината зошто не се обратени вистински кон Христос. Нивниот интелектуален поглед за гревот може да биде точен. И само ако нивните срца би биле во склад со тоа, тие би биле христијани! И можеби си


мислат дека оваа интелектуално убедување за вината за гревот е вистинско покајание. Но ако само навистина би сакале да го предадат гревот, и целиот грев, тие не би се двоумеле да го признаат тоа, и да знае и целиот свет дека тоа го направиле. Ако има само некој што ги чита овие зборови, те молам да делуваш според твоето убедување - денеска! Но ако се спротиставиш на убедувањето, кога твоето разбирање и си просветлен да видиш што треба да направиш, твоето срце сеуште ќе трча по твоите гревови. Трепери тогаш, грешниче пред можноста што е пред тебе. Сите твои убедувања нема да те однесат никаде, ако не се покаеш вистински! Само ќе те слизнат подлабоко во пеколот, затоа што си им се спротиставил. Ако посакуваш да ги предадеш твоите гревови, тогаш одречи се од нив, кажи му на Бог во молитва, признај ги пред Божјиот народ, и продолжи напред за да направиш конкретни промени во животот. Денеска е денот на спасението!


ПАТОТ

Во овој свет постојат само две групи луѓе: оние кои се осудени и изгубени и оние кои се помилувани, спасени; грешници и свети. И ти, пријателе мој, припаѓаш во една од овие групи. Или си, или не си христијанин. Има само два пата: ШИРОК ПАТ кој води во пропаст и смрт; и ТЕСЕН ПАТ кој води во небо и вечен живот. Ти, драги мој патнику, се наоѓаш на еден од овие два пата. Трет пат не постои. Или патуваш кон небото или патуваш кон пеколот. Има само два учитела, Бог и ѓаволот. Ти му служиш или на едниот или на другиот, бидејќи „никој не може да им служи на два господара", (Матеј 6:24). Затоа дозволи ми да те прашам: На која група и припаѓаш? Каде одиш? Кому му служиш?

НА СПАСЕНИЕТО

Над едната група стои натписот „осудени", а над другата „помилувани" и „нема разлика". Нема никаква разлика дали си бил многу добар или многу лош, дали се сметаш за мал или голем грешник, дали си виновен или не си. Твоето име може да


биде запишано во картотеките на илјадници цркви, можеш да бидеш и најдобриот работник во црквата, можеш да поминеш години од својот живот во каење за некои твои големи гревови, но сето тоа заедно нема никакво значење. Ако не си спасен тогаш си виновен и во тој случај и припаѓаш на групата која што оди по широкиот пат кон пропаста. Можеш да бидеш и цивилизиран, образован и фин, да имаш многу работи со кои можеш да се истакнеш и на кои можеш да се повикаш, но Бог сепак те става во истата група со најзакоравените грешници на светот и те жигосува како „виновен". He ce сите од таа група еднакво деградирани, но сите се еднакво виновни „зашто нема разлика, сите згрешија и сите се лишени од славата Божја", (Римјаните 3:22-23). ГОЛЕМИОТ ПОТОП Колку е грозна сликата што ја замислуваме при помислата на големиот потоп, кога водата го уништила целиот човечки род, освен Ное и оние што биле со него во коработ! И грешниците

кои што живееле со добар и морален живот и оние најразвратните грешници, биле заедно потопени од силните бранови кои што ги однеле во вечна пропаст. Само два вида, само две групи: тие во коработ и тие надвор од неа. He било важно дали нивниот грев бил мал или голем, дали нивните животи биле, како што велиме, добри или лоши - тие биле непослушни кон Бог, го одбиле предупредувањето и одбиле да влезат во коработ на сигурноста. Друга алтернатива, друго решение не постои. Или во коработ или смрт. Силно плачеле и викале додека се качувале кон највисокиот планински врв, свесни дека нивните молитви и солзи доаѓаат предоцна и дека сега плачењето и солзите не можат да им помогнат: веќе не можат да се спасат. Сите, без разлика, мора да загинат. Пропуштиле да влезат во коработ. Твојата пресуда нема да биде запечатена затоа што си извршил убиство, ниту затоа што рацете ти се крвави, туку заради тоа што не си ја прифатил единствената надеж за избавување, која што ти била

понудена. Зарем не го игнорираше прашањето: „Како тогаш ќе избегнеме, ако занемариме такво големо спасение?" (Евреите 2:3). Слушни го ова: „Безбожниците ќе се вратат во подземјето, сите народи што Го забораваат Бога."(Псалм 9:17). Можеш да живееш многу примерен живот од надвор, можеби не си направил ни еден од тешките гревови на ова време, но не си се грижел за Божјото спасение, си препуштил да влезеш во Коработ на Спасението, во Исус Христос, затоа си виновен и мора да погинеш. СИТЕ СЕ ВИНОВНИ Во големите светски затвори ќе најдеш секаков вид затвореници: од убијци, па се до оние кои го кршат законот, закоравени грешници, чии што раце се извалкани со крв, се заедно со оние кои се виновни само заради тоа што одбиле да земат оружје и да ги убијат своите ближни сите се виновни и сите се под осуда. Човекот не мора да влезе цел километар под


водата за да се удави. Д о в о лн о е с ам о еден метар. Коњот, кој на едно место ја скршил оградата со која бил затворен, ја добива со тоа истата слобода како и оној коњ кој би ја искршил целата ограда.

заинтересираност и си ја згазил под своите нозе Неговата скапоцена крв. Си одбил да ја прифатиш Божјата понуда за милост и виновен си за гревот на неверството, најголем грев кој е запишан во Библијата.

Христос? Дали си Го примил за Спасител или не? Нема поважно прашање од она што го поставил Пилат: „Што да направам со Исус наречен Христос?'' Твојот однос кон Исус ја решава твојата вечна судбина.

Така, само еден грев ќе те спречи да влезеш во небото и ќе те стави во друштвото на изгубените, исто како да си згрешил милиони пати. Зарем Бог не рече „Оти, кој го пази целиот закон, а згрешил само во едно, виновен ќе биде за се". (Јаков 2:10). Зарем нема да му веруваш на Божјиот збор? Размисли малку: ако згрешиш во една точка, ако прекршиш само една заповед ако направиш само еден грев, сепак ќе бидеш виновен за сe!

Бог ти го нуди Својот Син како подарок, а ти неблагодарен беднику, го одбиваш тој подарок. „ А Тој (Светиот Дух), кога ќе дојде, ќе го изобличи светот за грев". Каков грев? Убиство? Блудство? Кражба? He! Слушни! „За грев дека неверуваат во Мене." (Јован 16:8-9).

Дали сега ќе признаеш дека си „виновен"? Зарем се уште не си се уверил во својот грев? Зарем не знаеш дека само еден единствен грев и не ќе можеш да влезеш во небо? Ќе речеш дека не е фер, дека не е праведно. Но забораваш, дека небото е приготвено место за еден посебен народ. Затоа не би било праведно од Божја страна, да те пушти да влезеш во небото со твојот грев, бидејќи ти таму би бил најнесреќниот. Како се чувствуваш во друштво на свети? Дали се чувствуваш пријатно? Зарем не ти е попријатно во друштво со еднакво грешни? Мораш да се подготвиш, мораш да добиеш нов карактер и мора да си нановороден, за да можеш да уживаш во Божјитеработи. Запомни дека ништо несвето нема да влезе во небото. Само чистите срца ќе Го видат Бог (Матеја 5-8).

НАЈГОЛЕМИОТ ГРЕВ Ми велиш дека не си виновен! Ми велиш дека не си згрешил! A jac ти велам дека си виновен за најголемиот грев кој што човекот може да го направи. Те оптужувам за најголемиот престап за кој човек може да биде виновен. Си го отфрлил Господ Исус Христос. Си ја презрел Неговата љубов, си ја игнорирал Н е г о в а т а

Неверство! Ова е тој голем, неопростив грев. Воопшто не би помислил да навредиш некој свој земен пријател со тоа што ќе го одбиеш неговиот подарок, но не ти е грижа што го одбиваш Божјиот подарок, од кој зависи твојата вечност. Ако не бидеш спасен тогаш сега, во овој момент си виновен за неверство - за најголемиот грев што може да се направи. HE Е ВО ПРАШАЊЕ ДЛАБОЧИНАТА НА ГРЕВОТ He e прашање длабочината на гревот. Прашањето гласи: Каков е твојот став кон Исус


ПОГРЕШНО ТОЛКУВАЊЕ НА СПАСЕНИЕТО Каде и да одам, среќавам луѓе кои што живеат со погрешно убедување и се потпираат врз погрешна основа, веруваат дека се спасени, а не се. Илјадници и илјадници членови на разни цркви, стотици кои тврдат дека се христијани, не можат да кажат на што се темели нивната надеж за одење на небо. Мислат дека со нив се е во ред, веруваат дека се подготвени да се сретнат со Бог, а сепак кога би ги прашал неколку едноставни прашања нивните одговори ги откриваат фактите, дека Божјиот пат им е непознат исто толку колку и на паганите таму во Африка. Ѓаволот им ги заслепил очите, им ги затворил ушите и им го замрачил разумот, за да не се освестат и да не се обратат. Нивните души се завиткани скоро во потполн мрак, а работата на сатаната е во тоа да ги задржи што подолго во таква состојба Многумина од нив се активни работници во црквата, верни службеници на разните црквени одбори и здруженија, добри,

морални и чесни во своите животи, но не се спасени. Размисли за тоа! Да бидеш отворен христијанин, член на една црква, да го оставиш овој свет со потполна убеденост дека одиш право во небо - а сепак да ја најдеш таа врата заклучена, а влезот затворен!!! Какво горко и страшно разочарување!!! Драг пријателе, дозволи ми да бидам чист од твојата крв. Дозволи ми да ти го покажам патот. И дозволи ми да те натерам да побрзаш, да те растресам, било да си спасен или не, да го слушнеш она што го зборувам, за да не бидеш и ти, да, дури и ти, излажан. ЧОВЕКОВАТА ПРЕТСТАВА ЗА СПАСЕНИЕТО Во човековото срце постои наследено верување дека мора нешто да прави за да се спаси. Таму далеку, во Индија, има луѓе кои што не ја познаваат Божјата милост, ниту пак го знаат фактот дека Божјото спасение е подарок, кои се обидуваат со своите дела и заслуги и преку своите настојувања да добијат вечен живот.

Еден лежи на кревет од шајки под жешко сонце. Друг се налегнува над оган. Трет се заколнува на молчење, a четврт ја држи раката подигната нагоре додека не му се вкочани. Многумина ползат или пешачат и по стотина километри на своите „свети" патувања, испружувајќи се на земјата после секои шест стапки поминат пат. Илјадници и илјадници доаѓаат да се искапат во реката Ганг, настојувајќи со тоа да си го здобијат спасението, Слично е и со православна црква, со јудеизмот, со римокатоличката црква, тоа се религии на дела, како и сите други. Прави, прави, прави! Колку тешки окови и ропства се човечки создадените религии! И покрај тоа што Бог јасно и гласно изјавува многу пати, дека животот е подарок и дека никогаш нема да се заслужи со дела, човекот сам си става окови. Мораш да го примиш како подарок инаку вечниот живот нема да го заслужиш. ФАРИСЕЈОТ И ДАНОЧНИКОТ „Два човека влегоа во Храм да се помолат:


едниот фарисеј, а другиот цариник. Фарисејот застана и се молеше во себеси вака: ‘Боже! Ти благодарам што не сум како другите луѓе разбојници, н е п р а в е д н и ц и , прељубници, или како овој цариник; постам двапати во седмицата и давам десеток од сe што придобивам.’ А цариникот стоеше далеку и не сакаше ни очите да ги подигне кон небото, туку се удираше по градите и велеше: ‘Боже, биди милостив спрема мене г р е ш н и к о т !’ " ( Л у к а 18:10-13). Кај фарисејот се било„ јас". „ Јас постам, јас давам, јас сум, јас не сум". Ова била религија и самоправедност до крајни граници. И денес ако запрашаш некого за темелот на неговото спасение, ќе ти каже како и илјадници други „Одам редовно во црква, давам десеток, ги поучувам децата во неделното училиште, крстен сум, сум активен работник сум во црквата," итн. Сето тоа е само „jac, јас", и во сето тоа не постои ни најмала трага од Христос. He постои она што „Христос" го направи, туку она што „јас" го правам.

Колку се различни од Павловите зборови, кога вели: „He jac, туку Христос". Ајде да ги завземеме нашите места како грешници, бидејќи тоа е нашето вечно обележје. И да се пофалиме со она што Христос го направи, имајќи на ум дека сета наша праведност е слична на валкани алишта и дека „Исус плати за сè". СПАСЕНИЕТО HE МОЖЕ ДА СЕ ЗАРАБОТИ НА НИКАКОВ НАЧИН Можеш да бидеш и најактивниот член на црквата, а сепак да не бидеш спасен, бидејќи активноста во црквата никогаш никого не спасила. Доктрините и догмите, молитвите, самоодрекувањето, давањето десеток, солзите и каењето, колку и да се добри, нема да те спасат. He може да те спаси ниеден проповедник, ниеден слуга Божји. „Зошто под небото нема друго име дадено на луѓето, со кое би можеле да се спасиме", (Дела на Апостолите 4:12). Христос, и само Христос може да те спаси. Што се однесува до Божјото спасение, нема никаков вид работа, ни

морал, ни религија, кој би можел барем малку да допринесе. Ни најдобриот живот, кој што човек може да го живее, заедно со најактивното работење во црквата, која што човек може да ја работи сето тоа заедно нема да те донесе ни чекор поблизу до Бог. Колку и да е добра моралноста, колку и да е драгоцена п р а в е д н о с т а , с о ж а л у в а њ е т о , човекољубието и жртвувањето за други, сепак со нив не може да се заслужи спасението, ниту да My се угоди на Бог. Најдобро речено: „He е од дела, да не би некојда се пофали". (Ефесјаните 2:9). Е, драг мој пријателе, ако зависиш од она што го работиш или од она што си, тогаш си изгубен. Никој сам не може да се спаси. НЕБЕСНИОТ ПЛАН ЗА СПАСУВАЊЕ Човековиот план за спасување секогаш се темели на заслугите, а Божјиот план се темели на милоста. Бог вели: „по благодат сте спасени" (Ефесјаните 2:8). Милоста е нешто сосема спротивно од заслугите, едно го исклучува другото. Ако


спасувањето е преку милост, тогаш не е по заслуга, а ако е преку заслуга, тогаш не е потребна милост. Или е во потполност преку милост или во потполност е преку заслуги. „Милоста е еден од најголемите зборови во Библијата „Евангелието на милоста Божја" значи добра вест, која ни е дадена за да ја објавиме. Една од најдобрите изјави која некогаш е дадена во врска со Божјото спасување, се наоѓа во Посланието до Римјаните 3:24, каде што е запишано: „но се оправдуваат од Неговата благодат, преку откупот во Христа Исуса” Секој збор има силно значење. Да го земеме само оној голем збор „откуп", што значи „да се купи повторно". Преку првиот човек, Адам, човечкиот род му бил предаден на сатаната, на гревот и на смртта. Исус Христос дојде да ја плати откупнината со тоа што го зед гревот на себе и казната за гревот како откуп. He купи повторно од пазарот за робови на сатаната. Цената со која плати беше Неговата крв. „Знаејќи дека со

пропадливо сребро или злато не сте искупени од суетниот живот,... туку со скапоцената крв на непорочното и чист Јагне Христос", (I Посл. на Петар 1:18-19). Штом цената на откупот е во потполност платена, Бог може да оправдува бесплатно. Грчкиот збор кој што во горенаведениот стих т.е! во Посл. до Римјаните 3:24 е преведен како „преку дар“ во Евангелието според Јован е преведен како „за ништо". „Ме замразија за ништо." т.е. без било каква причина или основа за омраза. Тоа е начинот на кој што Бог го оправдува грешникот. „За ништо". Ништо добро нема во нас со што би ја задобиле Неговата наклонетост. Бог оправдува во потполност само врз основа на откупот што Исус Христос го изврши. Според тоа, милоста е една „незаслужена благодат", a спасението по милост е дадено бесплатно на оние кои не го заслужуваат. Сe е од Бог. Човекот не може да направи ништо со што би заслужил или би станал вреден за да се спаси. He може ни да се заработи, ни да се купи.

Постојат два начина да се задоволи законот. Едниот е да се пази законот, а другиот - да се поднесе казната поради неговото прекршување. Казната гласи „смрт". „Платата што је дава гревот е смрт' (Римјаните). „Која душа ќе погреши таа ќе умре' (Езекиeл 18:4). Законот секогаш во себе содржи и казна. He e можно да се прекрши законот, а тоа да на повлече казна. Но Бог, во Својата желба да го спаси грешникот, а сепак при тоа да постапи според правдата „па да ја покаже Својата правда во сегашно време, дека Тој е праведен и дека го оправдува секој што верува во Исус" (Римјаните 3:26), го даде Христос, да биде жртва помирница" или „накнада" за човечките гревови. „Кого Бог Го определи со крвта Своја за да биде милостивна жртва преку вера, за да ја покаже Својата правда", (Римјаните 3:25). „A Toj (Исус) ги исчисти нашите гревови, и не само нашите, туку и гревовите на целиот свет." (1 Јованово 2:2). Така Тој, преку смртта како казна за грев, My овозможи на Бог да


работи со човекот според милост. Еден ден им делевме трактати на сите што ги среќававме. Да претпоставиме дека еден човек лази зад нас на раце и колена, молејќи за еден трактат. Што би мислеле луѓето за нас? Би зборувале од прилика вака: „Погледни ги скржавциве. Оној сиромав ги моли за еден трактат, а тие само му вртат грб и си oдaт.,, Но не, тоа не беше нашиот став. Напротив, ние сакавме да ги делиме трактатите и секој можеше да добие еден. Бог не му заврте грб на човештво. Човекот не треба да го колне и моли и мами за да се спаси. Тоа Бог всушност и го

чека - чека да спаси некого. За тоа и го даде Својот Син. Тој стои завртен кон паднатиот човечки род, наведнат со љубов и милост и вика: „Дојди, земи, довери се, прими!" Бог му го нуди на народот дарот на вечниот живот. Дали човекот моли да му се даде подарок за Божиќ во моментот кога веќе му е даден? Сигурно не би сакале да навредиме н ек о г о м о л е ј ќ и г о з а нешто што веќе ни е понудено. Едноставно би го зеле и би рекле „Благодарам". Да го примиме и Божјиот подарок и да My заблагодариме.

Да, тоа е толку едноставно. Прими го со вера, а Светиот Дух ќе го направи другото. Смртта на Исус Христос која откупува е основа и темел за спасување. Верата е врска, мост помеѓу грешникот и Христос. Верата се надева на она што Бог веќе Го приготвил. Затоа: „Поверувај во Господ Исус Христос, и ќе се спасиш". (Делата на Апостолите 16:31).


КНИГА НА ПРОРОК ИСАИЈА Глава 53 1 „Кој да му поверува на она што ни е објавено, кому му се откри Господовата рака?” 2 Израсте пред Него како нежно стебло, како корен од сува земја. Немаше на Него ни убавина ни блесок за да би сме се загледале во Него, ни милозливост за да би ни се допаднал. 3 Беше презрен, отфрлен од луѓето, човек на болката, свикнат на страдањата, од Кого секој го отстранува лицето, беше презрен, и за ништо го сметавме. 4 А Тој ги понесе нашите болести, ги зеде врз себе нашите болки, додека ние сметавме дека Бог Го бие и Го понижува. 5 За нашите престапи беше прободен, сотрен, за нашите беззаконија. Казната за нашиот мир падна врз Него, преку Неговите рани ние се исцеливме. 6 Сите скитавме како овци, и секој одеше по својот пат. А Господ ги возложи на Него беззаконијата на сите нас.

7 Го измачуваа, а Тој оставаше, и не ја отвори Својата уста. Го одведоа како јагне на колење; како овца нема, пред оние што ја стрижат, не ја отвори Својата уста.

8 Со сила и со суд се ослободија од Него, и кој ќе го искаже Неговиот род? Да, од земјата на живите го отстранија Него, за гревовите на Неговиот народ, го ранија на смрт. 9 Му го одредија погребението меѓу злочинците, а Неговиот гроб беше при богатите, иако не направи неправда, ниту пак устата Му изусти лага. 10 Но на Господа му беше угодно да Го порази, и Тој Го предаде Него на мачење; кога го жртвува Својот живот како принос за грев, ќе види потомство, ќе ги продолжи своите денови, и Господовата волја ќе се исполни преку Него. 11 Заради страдањата на Својата душа ќе види светлина и ќе се насити со нејзиното сознавање. Мојот праведен Слуга ќе оправда мнозина и нивната вина ќе ја земе на Себе. 12 Затоа ќе Му дадам мноштво во наследство, и со силните ќе го дели пленот, зашто Сам се

понуди на смрт и беше вброен меѓу злосторниците, за да ги понесе гревовите на мнозина на Себе и за да се заземе за злочинците.


ТАНЦ CO CMPTTA СТОРИЈА ЗА ЕДЕН МЛАД НАРКОМАН Амстердам - убаво, сончево и топло летно попладне. Трикси, една моја поранешна пријателка, седи со еден свој познаник и со него ги минува неколкуте пријатни часови. Потоа се разделуваат, а Трикси си оди дома на третиот кат од к у ќ а т а , испива едно шише жесток пијалок и се фрла од прозорецот. Амстердам, во убав летен ден во, улицата Beep. Taa лежи на улицата со потрес на мозокот и с к р ш е н а карлична к о с к а . Н е к о л к у минути потоа, засветуваат сините светла на брзата помош и ја носат во болница, каде што лекарите залудно се борат за нејзиниот живот. Кога по неколку дена ја посетивме, со неа веќе не беше можно да се разговара. Таа немаше волја за живот. После еден промашен живот, нејзе и беше помила смртта. Во својата песна

„Dancing with M r. D" ( „Танцувајќи со господин Смрт"), рок групата Ролинг Стоунс пеат: „Дали ќе има отров во мојата чаиш, дали ќе го голтнам бавно или брзо, како каснување на змија, како каснување од пајак,

еден беладона напиток, од ноќта на Таусеинт. Се скрив во еден агол во Њу Јорк. А во Западна Вирџинија ми вперија калибар 44 ... Танцував, тој ме премори од танцување... Танцував со господин Смрт."

Трикси ми беше мојата прва љубов и мојата хипи реалност. Прв пат ја видов во „П. Н. Хитхаус" во Минхен (клуб сличен на клубот „Стар" во Хамбург, каде што настапуваа првите музички групи). „Здраво, сакаш ли да танцуваш и да пушиш хашиш?" „Да." Ја одведов во куќата на мојот пријател Боби. Ги п у ш т и в м е Р о л и н г стоунси, потоа ги слушавме Битлси и п у ш е в м е . П о т о а легнавме на подот и долго зборувавме за слободата... „Долу на гробиштата, каде што се договоривме, каде што воздухот има сладникав мирис, воздухот е задушлиив. Тој никогаш не се смее, неговата уста ретко се помрднува. Воздухот ми се лепи во градите како тешка смеса. Сега јас го знам неговото име: тој се вика господин Смрт. Тој наскоро на сите ќе


ви даде слобода. Мртви глави ќе се клатат околу неговиот врат. Моите раце стануваат влажни и скаменети." Следните години Трикси стана моја придружничка по патиштата на дрогата. Користевме мескалин, ЛСД , СТП, ДОМ, пушевме хашиш и марихуана. Потоа следеа опојните дроги: морфиум, еукодал, дилаудид, и танцувавме, танцувавме, танцувавме. Во еден друг клуб, сличен на „П.Н. Хитхаус", ние одевме секоја ноќ. Кај себе имавме морфиум, којшто го продававме а и самите го користевме. Дрогата не зароби. Тогаш живеевме заедно: Трикси, Џеки и јас. Една вечер, кога во посета ни беше „убавата Берни", лежевме на перници и слушавме музика, откако зедовме морфиум. Одеднаш некој заѕвони на вратата. Јас исползев, и низ „шпионот" го видов „Руди Тралала", кој носеше нешто завиткано во хартија. Ја отворив вратата и го пуштив внатре. Тој од хартијата одвитка една пушка, ми ја впери и рече: „Франц, те прејдов!" Me дотера в ќош како во вестерн филмовите. „Добро, се предавам, ме прејде!", реков. Me опфати незамислив страв, дека некој може да

влезе и да дигне паника, да дознаат комшиите и да викнат полиција. Така сите би завршиле в затвор. Затоа му дадов морфиум како што бараше и тој си замина. Една вечер, веќе не знам дали беше лето или зима, седев со Сиги и Роман во станот. Сиги претходната ноќ провалил во аптека и ги украл сите морфиумски препарати што ги нашол таму. „Ox, ox, се од убаво поубаво!" Си направивме коктел со дилаудид и кокаин, при што Роман сиот помодре. Брзо го отворивме прозорецот и на Роман му удиравме шлаканици, а потоа пробавме со вештачко дишење уста на уста. Ништо не помагаше. He опфати страв дека може тука да ни умре и сите да не затворат. Го кренавме на раце и го носевме по скалите и ходникот, па недалеку од Минхен Фрајхајт1, го оставивме на улица. Потрчавме во телефонска говорница, викнавме полиција и рековме: „Во таа и таа улица има еден онесвестен. Be молиме, земете го!". Побегнавме, знаејќи дека полицијата секако ќе дојде. Потоа избегавме што подалеку во градот, бидејќи не опфати голем страв. Кога по неколку часа се вративме во станот, Роман

го најдовме пред вратата. „Океј, момци!", викна Роман. Влеговме во станот и си зедовме морфиум. Роман пак падна. Стравот ме совлада: „Роман, доста е, мораш в болница!" Го однесовме в болница и чекавме додека влезе внатре, а потоа избегавме. Роман денес не е веќе меѓу живите. „Една вечер танцував со дама во црно. Таа носеше ракавици и шешир од црна свила. Me погледна со страсни очи, со нејзините црни очи. Погледот п беше чуден, сосем вкочанет и полн со разбирање. Тоѓаш видов како п падна месото од коските. Очите во черепот п тлееа како жар. Јас танцував со господин Смрт." Минхен, алејата Хиршенгартен. Тука има една запуштена куќа. Во неа живеат наркоманите и алкохоличарите: Лупо, Сиги, Виктор, Франк, Трикси и други, имињата веќе не им ги знам. Немаме веќе ни опиум ни морфиум, се јавуваат страшните знаци на апстиненцијата „Cold Turkey"2. Сакаме да провалиме некоја аптека и си фрламе жрепка, кој треба да оди. Жрепката падна кај мене.


Мене ми беше прв пат да провалувам и тргнав заедно со Кристијан. Првин отидовме до еден автомат за пијалоци и со помош на пивото се наоружавме со храброст. He бевме професионалци, и затоа не ни беше лесно да извршиме кражба. Фрливме една цигла во излогот, брзо ги дигнавме ролетните и побегнавме. Оддалеку ја набљудувавме зградата, дали нешто ќе се движи таму или во околината. Немаше никакво движење, ништо не забележавме. Влеговме и пак ги спуштивме полека ролетните. Конечно сме внатре и трескавично го бараме ормарот со отрови, но не можеме да го најдеме. Кристијан конечно свика: „Мораме да го викнеме Виктор!" Виктор имаше зад себе веќе неколку провали, беше човек со искуство. Додека Кристијан истрча надвор за да го вика Виктор, јас на местото стоев безработен и затоа се скрив под една кола. Наскоро дојдоа Кристијан и Виктор, кој веднаш го најде ормарот со отрови и го провали. Неколку минути потоа среќни бегавме оттаму. Имавме се што ни требаше за идните денови: морфиум, дилаудид, еукадол, јетриум, кокаин и друго. Co мака го задржувавме

Кристијан да не земе со себе и една машина за пишување. Бевме навистина неискусни крадци. Некој месец потоа пак ме фати криза. „Мајмунот" ми седеше на вратот а јас немав „муниција". Немаа ниту Лупо ниту Франк. Имавме само еден автомобил и еден фалсификуван рецепт. Отидовме во една аптека, каде што веќе сум бил еднаш и разменив еден рецепт. На аптекарот му го дадов рецептот со препаратот јетриум. Во тоа време од денот во аптеката имаше многу народ, a вработените вредно работеа. Веќе го гледав шишенцето со јетриум во рацете на аптекарот, а пулсот ми биеше брзо. Но тој не се брзаше да ми го даде, туку откако наеднаш вратата се отвори, пока ж у в а ј ќ и к о н м е н е , рече: „Тоа е тој!" Веќе знаев дека зад мене е полицијата. Така играта заврши, и ме однесоа во полицискиот затвор, во болничкиот оддел. Ова беше мојот втор престој во затворот, но прв со „мајмун на вратот". Ох, какви маки, тегоби, само болки и разочарување: се пропадна, ништо не оди, нема морфиум, само апстиненција! "Cold Turkey".

Отпрвин ме одведоа во соблекувалната, каде што ме облекоа во сино-бело, боите на болничкиот оддел. Таму бев снабден и со помошните средства како што се валиум, неуроцил и други фармацевтски средства. Така, танцот заврши! Лежев со растечен нос и со насолзени очи. Синобелата облека сета ми се навлажни од пот. Топла и ладна пот ме облеваше, ме болеа и рацете и стомакот. Ми остана само една мисла: морфиум! Но, ми беше јасно дека нема никаква корист од лелекање. Морав да лежам и да ја трпам својата мака. Ми беше јасно дека никој не може да ми помогне, само времето може да ме лечи, и дека по 3-4 дена најтешкото ќе помине. Во истата група со мене беше и Роберт, големиот дилер, кој и самиот беше зависник. Тој постојано бладаше: „Најдобро, најдобро од најдоброто". Тука беше и Лари, некогашен војник од Виетнам, којшто имаше „лесна нога" и танцуваше при секоја прилика. Co мене беше и еден Југословен, алкохоличар, овде затворен за некоја политичка работа. Тој се грижеше за хигиената во ќелијата - имаше манија за чистота. Тука имаше и други: крадци, макроа и


хомосексуалци од ист калибар. Ќелијата ни беше тесна за шестмина. Креветите беа на три спрата. Внатре имаше маса и ормар. Првите ноќи воопшто не можев да заспијам. Прво, затоа што бев во депресија заради апстиненцијата, кога доживував стравови и ноќни мори, а второ, затоа што во затворот ништо не беше едноставно. Имитиравме најразлични животни, се додека не заприлегавме на вистинска зоолошка градина, или пак седевме на светлината на свеќите коишто сами ги правевме и игравме карти. He ретко затворените во самица ги опфаќаше некој вид беснило. Почнуваше на тој начин, што ќе го кршеа мебелот и деловите ги фрлаа низ прозорец, придружувани со охрабрувања од другите затвореници, кои радосно довикуваа: „Ајде, исфрли го надвор и ормарот!" Наскоро ќе се слушнеше и шум од вода, по што ќе беше искршен и одводот на мијалникот. Да, таков е затворскиот живот! Нашите разговори се вртеа само околу една тема: морфиум, кокаин, дрога. Како да се дојде до нив? Нашите другари алкохоличари, за откажување користеа

„дистрас" (Дистранеурин). Еднаш еден скитник дојде во нашата ќелија, со многу силни манифестации на апстиненција. My ce привидуваа пајаци и секакви други бубачки. Кога му престана делириумот, ние се досетивме. „Пријателе, ајде пак одглуми делириум, викај пајаци, бубачки и слонови. Ние ќе налегнеме на ѕвончето, ќе го вклучиме алармот, и кога ќе дојде чуварот, ќе му речеме: брзо викајте брза помош, човеков има делириум! А кога ќе ти дадат апчиња, ќе ги трампиме со тебе за цигари". Така доаѓавме до саканите доживувања. Понекогаш измислувавме и погенијални игри. Скитникот го теравме да „плива". Ке му речевме: „Легни на подот и прави се дека пливаш." Човекот ќе направеше така, а ние ќе ја одвртевме славината, се додека не потечеше вода по подот. Co смеа ќе поѕвоневме на тревога и на чуварот ќе му кажевме: „Види го овој, полуде!" Еднаш во нашата ќелија донесоа еден Американец, кој навистина беше сосема откачен. Ние го советувавме: „ Ако се обесиш, ќе те префрлат во подобар затвор." Потоа направивме бесилка. Човекот навистина се

обиде да се беси, си ја стави главата во јамката и кога ние го турнавме столчето, тој извика: „Симнете ме!" Ѕвонецот беше активиран и чуварот дојде. А ние објаснувавме: „Кога се разбудивме, овој висеше." Човекот не го одведоа во подобар затвор, туку во полош. Такви се затворските шеги. Ако некој ова не може да го поднесе, тешко нему. За мојот фалсификуван рецепт добив седум месеци. Во долгите бессони ноќи, пред очи ми се одвиваше филмот на сиот мој дотогашен живот. Роден сум во Мутерхајм, Германија. Татко ми ја напуштил мојата мајка кусо време пред да се родам, и се вратил во Источна Германија. Така јас растев без татко, со мајка и баба. Кога имав девет години, умре баба ми и јас станав дете со клуч околу вратот. Кога ќе си дојдев од училиште, обично наоѓав ливче на масата на кое пишуваше: „Добар ден Франц, во креденецот има кнедли, во фрижидерот има домати и колбаси. Направи си нешто вкусно за јадење. Ти посакувам добар апетит. Твојата мама". Наскоро мајка ми донесе дома еден свој пријател кој требаше да ја


игра улогата на мој татко. Јас не го поднесував и така еднаш се случи двајцата да се најдеме на подот, борејќе се. Јас со нокти го издраскав по ќелавата глава и писнав: „Те мразам, те мразам!" Потоа, дојде денот да изучувам занает. Јас лично немав никаква претстава што сакам да станам, но мајка ми рече: „Барај ученичко место за месар, така секогаш ќе имаме нешто за јадење." Во тоа време не беше тешко да се најде ученичко место, но со почетокот на учењето јас почнав да ги земам и првите дози дрога. Се снабдив со каптагон, ноќе одев по дискотеките, а наутро се појавував во пет часот во месарницата. Само по себе се подразбира колку бев способен за работа. Еднаш во казанот се вареа виршли, тоа беа виенски и регенсбуршки виршли. Ја пуштив печката. Температурата толку се подигна, што сите виршли испукаа. Во тој момент шефот беше на кланица, но јас знаев дека штом ќе се врати ќе биде густо. Тој се врати, го подигна капакот од котелот и виде дека сите виршли се испукани. Тогаш толку се разлути што го фрли казанот по мене. Другпат, во пушилницата се чадеа

колбаси. Ставив премногу струготини наеднаш, и резултатот беше ист како и првиот пат: сите колбаси испукаа! По една година го прекинав учењето. Без перспектива! Без иднина! А зошто да работам? Јас во тоа не наоѓав смисла. Ретки беа моментите кога се чувствував пријатно и прифатен. Најчесто, без да земам „трип"3, јас се чувствував незамисливо лошо. Така, ноќе одев често во клубот „П.Н. Хитхаус". Таму имаше една рок група, и доаѓаа многу млади со автомобили, мотори, трамвај или пак пешки, да играат и да се опуштат. Музиката не маѓепсуваше и не инспирираше да кршиме пивски чаши, фрлајќи ги на подот. Клубот „П.Н. Хитхаус" се наоѓаше во Швабинг4 и во тој кварт јас набргу научив да земам шит 5 . Почнав и сам да пушам, но и да продавам. Така си живеев некој свој живот и целиот се бев препуштил на тоа. Само понекогаш спиев дома, a ce повеќе ноќи минував кај пријатели или спиев во Енглише Гартен 6, во влезови, во лифтови, во сушилници за алишта. Си го барав својот пат, односно смислата на мојот живот во друштво на пропаднатите луѓе и ми

беше интересно да разговарам со луѓе од дното на животот. Сексот, дрогата и рокенролот ме оковаа, но сепак јас во суштина бев осамен. Низ пијанството се подигаше коппнеж за љубов. Деновите ми минуваа бесмислено и празно. На улиците протестиравме за мир, моето срце исто така, но не го наоѓав и пропаѓав се подлабоко во ропството на дрогата. „Наутро еден џоинт и денот ќе ти биде фин." Тоа за мене беа розовите очила со кои го гледав светот и мислев дека само идиоти 'рмбаат за пари. Во меѓувреме, станав некој мал дилер на хашиш. Секоја вечер, кога бендовите свиреа, со нив беа и Groopies7 девојките, a jac им нудев хашиш и ЛСД. Првиот фикс8 го добив од еден човек од Хамбург. Тој се појави додека ние пушевме хашиш и рече дека имал јетриум. Јас реков: „Еј, стари, јас тоа нејќам да го направам пред луѓево, но радо би примил. Ќе ми дадеш ли ако одиме во тоалетот?" Така го добив првиот фикс и ми се стори дека добив се. Ми се чинеше дека добивам слобода и љубов по која копнеев, и од тој момент се најдов на еднонасочната


улица на „џанките"9. Во еден друг клуб запознав двајца типови кои рекоа: „Дојди кај нас, ќе ти покажеме што е вистинско." Тие на Трикси, Џеки и мене ни даваа морфиум на вересија, a вечерта ни доаѓаа во дувлата за да им платиме. Извесно време дилер на морфиум беше една жена, црвенокосата Миша. Таа обично доаѓаше попладне, но како и сите дилери и џанки, таа секогаш доцнеше. Често се случуваше да ја чека цела глутница „стаорци" кои од нетрпение тапкаа во место. Потоа ќе се појавеше и во некое кафеанче под маса или над маса ги собираше парите. Потоа пак ќе исчезнеше некаде зад аголот каде што беше ја скрила дрогата. Мораше стрпливо да се чека. Но на крајот таа ќе се појавеше носејќи го долго очекуваниот фикс. Мене честопати ми требаше многу време за да најдам вена, а потоа опиумот се слеваше низ нив. Така си ја продадов душата на дрогата, и се си дадов за нејзиното величество - дрогата. Наскоро ми дојде силен порив за смртта, ме мачеше мислата да се застрелам. Честопати си велев: Јас сум џанки, јас сум мајмун. Јас сум зависник, мајмун." Но еве сега седам в

затвор и си ги одбројувам моите седум месеци. Бидејќи со Трикси и натаму бевме во контакт, добро знаев каде ќе отидам штом ќе ме пуштат на слобода. И така, денот на ослободувањето конечно дојде, а со тоа и долгопосакуваниот фикс, бидејќи се вратив кај Трикси и Али. Џанки сцената пак ме дочека и јас секогаш со себе си го носев своето „оружје", комплетот од шприц со 18 игли. Наскоро го научив и светот на дрогата во Амстердам. На суд имав закажано судење заради провала во аптека и затоа предвреме ја дувнав преку граница. Ако постои предворје на пеколот во Холандија, тоа секако е Амстердам. Таму се оние продавничиња за помфрит, кафеанчињата, дискотеките и дилерите. Кога дојдов таму, веднаш побарав хероин. Најдов еден црнец којшто ми продаде малку и наскоро пронајдов и други зависници. Повеќето од нив одеа да крадат и затоа полицијата постојано не набљудуваше. Многу шпиони се мотаа околу нас, и не можеше никому да му се верува. Така ги запознав џанките од Амстердам. Слаби фигури, испиени лица, одвратно облечени.

Таму беше црнецот Глен, стариот Франциско од Хамбург, потоа Тути од Минхен и јас. Живеевме во еден чамец. Сопственичката беше една проститутка, и не остави таму да спиеме со кирија од извесно количество хероин месечно. Станувавме напладне и одевме во градот за да се снабдиме некако со пари. Додека другите одеа во дилерство, јас одев по стоковните куќи да крадам рачни ташни, кои потоа и ги продавав на проститутката. Главно беше да се дојде до пари, за да се плати хероинот. Понекогаш ќе се случеше да најдам хероин, но да немам лажица која итно ми требаше за да си го подготвам фиксот. Ке поѕвонев на вратата на некој стан и ќе речев: „Јас сум турист, имам конзерва со грав, но немам лажица. Be молам ќе ми позајмите ли една?" Многу беше лошо, ако ме затекнеше попладнето, a јас се уште не сум дошол до пари. Знаев, по еден или два часа, „мајмунот" ќе ми дојде! Заради дрогата, бев спремен на се: да крадам, да лажам, понекогаш се облекував убаво и се правев пријател на стари дами или стари господа. Едно време се спријателив со еден


џепчија. Работевме заедно. Мојата задача беше да влезам во трага на пијани луѓе, да ги замајам со љубезен разговор, да ги потчукнувам по рамо за да им го свртам вниманието. Кога пријателот ќе ми дадеше знак, тоа значеше: „Пушти го нека си оди!" Неговото ќесе ни беше во рацете, а парите ги делевме. Имаше денови кога морав да просам. Честопати одев на железничката станица, седнував во воз и смислував некоја лага за патниците: „Ми ги украдоа парите. Морам итно да одам во Хамбург." Одев од купе во купе им раскажував на луѓето дека морам да патувам кај баба ми, кај девојката, кај мајка ми и слични лаги. Просолзував за да бидам уверлив, и така ќе добиев се на се 50 до 100 гулдени. Се сеќавам еднаш на еден човек кој на моите прикаски извика: „Ама што ви е на сите денес? Ти си ми веќе трет денес." Така сфатив дека и други работат како мене во истиот воз. Минаа месеци. Ловев низ улиците, провалував во автомобили, продавав фалсификуван хашиш и фалсификуван ЛСД. Холандската полиција еднаш ме протера во Германија, но јас „со

повратна пошта" пак се вратив. После една друга кражба, кога ме фатија, полицијата веќе немаше волја да ме протерува. „Кога ние те протеруваме, ти пак се враќаш. Што треба ова да значи?" Дрогата го одреди моето пропаѓање и го забрзуваше мојот пат кон пеколот. Затворот го запознавав во разни прилики, но ете требаше да го запознаам и „Klaps Muhle".10 Заради едно криминално дело, конечно дојдов во оваа болница. Таму се најдов во иста соба со убијци, морални престапници, слабоумни. A ce знае, џанките секаде се здружуваат и само една мисла ги води: дрога. "No dope, no hope" 11. Таму ce запознав со една девојка која исто така беше зависничка. Се зближив-ме и кога во саботата имавме излез во кругот на болницата, ние прескокнавме преку ограда и се снабдивме со дрога. Откако бев пуштен, ја прекинав и терапијата. Секогаш бев повратник на дрогата. Ролинг Стоунсите пеат: „Растргнат и излитен, Џо има кашлица, многу лоиш. Да. Докторот му препишува кодеин. Аптеката му ѓо испраќа, но кој ќв му помогне да

излезе од овој кошмар?" Ах, само да знаев во тоа време дека постои Оној, Којшто на сите наркомани, алкохоличари, сите пропаднати и откачени им нуди спас, Оној, Којшто рекол: „Јас сум Патот, Вистината и Животот. Никој не доаѓа при Таткото, освен преку Мене" (Ев. според Јован 14:6). A Toj, Исус Христос, веќе ми беше влегол во трагата и ја следеше секоја моја стапка. Така, во 1970-тата година, се најдов в затвор заради некое казниво дело. Бев во болничкиот оддел, кога одеднаш упадна една група христијани со проектор, филм и платно. Речиси сите отидоа да ја видат проекцијата. Кога видов што се прикажува, си реков: „Ах, тоа се фанатици. Тоа е Библијата, црната книга. Зар тие нудат слобода? He ме засмејувај!" Иако ништо од сето тоа не разбрав, сепак како да ја почувствував Христовата љубов. Едно лето потоа дојдов во Минхен, во Енглише Гартен, во „Алејата на хаши-шот". На едно ритче стоеја неколку христијани, пееја и проповедаа. Јас не сакав да ги слушам и направив голем лак, за да ги заобиколам. Некое време потоа, ете


ги пак тие христијани на истото место. Овојпат сакав да не им се тргнувам од патот, туку да им правам бељи. He co тупаници, бидејќи за тоа бев премногу слаб, имено, тогаш имав само 54 кг. Но имав големо јазичиште и често настапував агресивно. Сепак, овојпат бев многу тивок, некако како да ми оставија впечаток. Денес знам дека тоа беше љубовта на Исус што ме допре. Извесно време потоа, пак се најдов во Амстердам. Немав пари, ниту дрога, туку само „мајмун" на плеќите. Стоев кај главната пошта со цел да ги мамам туристите. Дојдоа двајца мажи и ми раскажуваа за Исус Христос, потоа се молеа за мене. Во сета моја несреќа се почувствував трогнат и ја измолив мојата прва молитва: „Исусе, ако постоиш, те молам дај ми хероин!" Се разбира, тоа Исус никогаш не би го сторил. Тој ги сака џанките, но не и хероинот. Но тоа јас тогаш не го знаев и ловев во матно, бев окован од дрогата и трчав по неа. Така, пак почнав, овој пат со Глен. Баравме еден дилер, а Глен ми рече: „Овој препушти ми го мене!" Чукнавме на неговиот чамец и го отворивме окното. Се чу

викот: „Дојдете внатре." Глен беше крупен црнец, и покрај зависноста од дрогата, се уште пукаше од сила. Наместо поздрав, тој тресна едно шише кокакола во аголот, го зграби човекот за јака и рече: „Давај ги парите ваму!" Тогаш дилерот го отвори паричникот и сакаше да му даде неколку банкноти. „Реков парите, a тоазначисе!" Дилерот му ги даде на Глен сите пари што ги имаше, a jac сето време стоев во аголот, пушев и чекав. На крајот излеговме и го поделивме пленот. Тогаш дојде денот кога во квартот Redlight District во Амстердам, (кварт каде што се наоѓаат јавните куќи и дискотеки, заб. прев.), еден пријател ми зборуваше за христијаните кои имале некој дом, каде што им помагале на зависниците. Иако целиот се накострешував на помислата пак да доживувавам апстиненција, сепак чувствував дека тие христијани се мојата последна шанса. Еден младич во еден кафе-бар ми рече: „Пријателе, и јас бев зависник. Само еден може да ти помогне: Исус Христос!" Сега се ч увс т в у в а в п о д е л е н в о душата. Од една страна сакав да ги најдам тие христијани, од друга страна стравував дека ќе

ги сретнам. Дури кога минав извесно време во еден затвор на психијатриско лекување, ми стана конечно јасно дека и јас ќе бидам еден од оние кои остатокот од животот ќе го мине во нервна клиника. Решив да ги побарам христијаните. Тие ме примија, онаков каков што бев, џанки. А кој друг би ме примл, без да го постави прашањето за трошокот? Овие луѓе имаа една убава куќа во северна Холандија. Таму имаше џанки, алкохоличари, проститутки, макроа, но и такви кои веќе беа ослободени преку силата на Господ Христос. Секогаш се наоѓаше по некој кој токму во тој момент се повлекуваше од зависноста. Во моментот тоа бев јас. Еден од христијаните беше секогаш до мојот кревет, често пати беа двајца или тројца. Тие се грижеа за мене, ми раскажуваа како и самите биле ослободени и се молеа со мене. Првата христијанска книга што ја прочитав беше книгата на Ники Круз: „Бегај малечок, бегај!" Всушност Ники имал исто име како и јас. На петнаесетгодишна возраст тој го напуштил своето семејство и станал водач на една банда, затоа што бил зол и крвожеден, и се


бунтувал против секој авторитет. Тој немал ни срце ни чувства. Ми беше позната таа фрустрација, таа горчина и лутина што го исполнувала. Читајќи ја книгата, пред очи ми излегуваше сиот мој живот и сфатив дека и јас, исто како и Ники одам по еднонасочната улица кон својата пропаст. И јас како него бев без надеж, без иднина, уморен од бегање. Но дојдоа денови кога веќе не сакав да останам повеќе со овие христијани. „Цел ден молитви, славење на Господа, библиски проучувања, причести, не можев повеќе да поднесам, овде нема да остареам. Сакам пак да одам во Амстердам и да најдам работа, кога ќе заврши одвикнувањето. Луѓето овде се некакви глупи црквењаци." Но сепак останав. Откажувањето го пребродив успешно и останав таму. Еден ден, при библиските проучувања Бог ми се откри преку зборовите: „Кој доаѓа при Мене нема да го истерам надвор." (Ев. според Јован 6:37). Какво големо ветување! Bo молитва му го излеав своето срце на Господа и М реков: „He можам повеќе да бегам, доаѓам кај Тебе, излекувај ги моите рани. Покажи ми се и јас ќе Те следам. Ти ги предавам

моите гревови, сиот мој живот; земи ме за рака." И, Тој ме ослободи. He психијатар, не лекар, туку самиот Исус Христос. Во Псалмот 138:3 стои запишано: „Кога Те повикав, Ти ми одговори; Ти ме охрабри и ми влеа сила во душата". Секоја световна „слобода" ни ги заслепува очите и ни ги залажува чувствата. Крајот на моето ужсно ропство дојде и јас ја доживеав слободата што ми ја подари исус Христос. Нему нека My e вечна слава! Благодарение на Неговата милост јас сум денес целосно ослободен од дрогата. Сега сум Божјо дете и веќе не лежам во калта. После цела година помината во ова прифатилиште, пак се вратив во Германија. Исус направи нешто големо за мене. Тој ме ослободи и од депресијата, и ми даде визија за вечноста. Кога се дотркалав од Холандија во Германија, стигнав до едно место и понатаму не можев. Бидејќи времето беше студено, влегов во една телефонска говорница, и сум заспал. Дојде еден полицаец и ме приведе. Во полициската станица ми ги проверија документите и ми рекоа: „Казнет си парично! Но јас немав пари, и морав пак во

затвор. Но сега бев Божјо дете, и во затворот отидов пеејќи духовни песни, за големо чудо на стражарите кои ме набљудуваа низ прозорчето. Во ќелијата сретнав еден џанки на кого му зборував за Исус Христос. Откако ме пуштија, дојдов во Минхен и таму запознав христијани кои ме примија во нивната заедница и ме прифатија. Во Минхен, Бог ми подари и работно место во една пицерија. Тој ми помогна да најдам радост и успех во работата. За првпат во животот го заслужив мојот прв годишен одмор, бидејќи за прв пат се задржав подолго време на едно работно место. Каква радост е тоа, да се доживее, моите раце да бидат искористени не само за крадење или за растурање дрога, туку и да им бидат од помош на другите. Сепак, не беше се така едноставно. Требаше да се надмине и совлада едно минато какво што го имав јас. Раните кои тукушто ги залекував, одеднаш избувнаа одново и јас го доживеав мојот прв пораз, враќање кон дрогата. Од Минхен заминав повторно во Амстердам да купам хероин и да се фиксам. Веројатно никој не може да ги сфати и разбере чувствата после првиот


фикс! Каква срамота: човек што бил ослободен од Христос, и кој ја вкусил Неговата радост и Неговиот мир, да се врати пак на иглата! Но Божјата љубов и милост е поголема од нашите промашувања. Додека седев така во еден бар и слушав музика, одеднаш влегоа неколку христијани и залепија плаката. Наеднаш ми стана сосема јасно колку сум беден. Но бев свесен исто така и за прекрасната вистина, дека никој не може да ме оттргне од раката на мојот Небесен Татко. На христијаните им раскажав дека и јас сум Божјо дете и дека еве, пак паднав во грев. Тие се молеа со мене и јас му го признав на Господа моето паѓање. Кога се вратив во Минхен, ги најдов моите браќа и сестри од заедницата како се молат на колена за мене. Така, пак можев да му бидам следбеник на Исус Христос. Оттогаш, ниеден момент не се покајав за моето обраќање. Напротив, мојот живот доби смисла и цел. Господ ме ослободи од дрогата и од зависноста. Тој ми подари дом и јас се наоѓам под закрилата кај мојот прекрасен Господ, кој ги одржува и исполнува сите Свои ветувања. Ако си имаш работа со некој дилер на дрога, од

каде ќе знаеш што ти нуди да ти продаде? Дали можеби хероин или отров за глувци? Ти му веруваш, без притоа да истражуваш дали навистина е тоа хероин. A колкумина ли само се излагале себеси и јурнале сами во прегратките на смртта! На Исус Христос можеш потполно и без резерви да My ce довериш. Тој не лаже, бидејќи тоа го доживеале многу луѓе во сите изминати векови. Јас ја положив сета своја доверба врз Неговиот Збор и Тој ме спаси од канџите на стравот, зависноста и гревот. 1 Плоштад во Минхен, во квартот Швабинг, познат по ноќниот живот 2 Вообичаен израа меѓу зависниците од дрога, за недостаток на дрога и маките од кризата на апстиненција што следи потоа. 3 Синоном аа земање дрога (ЛСД). 4 Познат кварт во Минхен. 5 Синоним за хашиш. 6 Познат парк во Минхен. 7 Девојки коишто се дружат со членовите на рок групите. 8 Земање дрога со шприц. 9 Junkies - синоном за наркоманите. 10 Позната установа за душевно болни. 11 „Без дрога - нема надеж".


ПАТОТ, ВИСТИНАТА И ЖИВОТОТ „Да не се вознемирува вашето срце; вие верувате во Бога, верувајте и во Мене! Во Домот на Мојот Татко има многу живеалишта; ако не беше така, Јас ќе ви кажев, зашто одам да ви приготвам место. И кога ќе отидам и ви приготвам место, пак ќе дојдам и ќе ве земам при Себе, за да бидете и вие каде што Сум и Јас. А знаете каде одам Јас, и патот го знаете.” Тома Му рече: „Господи, не знаеме каде одиш! Како можеме да го знаеме патот?” Исус му рече: „Јас Сум Патот, и Вистината, и Животот. Никој не доаѓа при Татко Ми, освен преку Мене. -Јован 14:1-6

Постои една стара поговорка која вели дека Бог често подредува така да, кога Тој ни ги укажува најголемите милости, тогаш кога најмногу од сè грешиме кон Него; тоа Го прави за да ја увелича уште повеќе Неговата љубов. Во зборовите што ги прочитавме, наоѓаме пример за тоа. Срцето на Исус, никогаш не прелеа со поголема, нежна и суверена љубов кон Неговите ученици, од тогаш кога рече, „Да не се вознемирува вашето срце". Тие беа вознемирени за многу работи. Тој им имаше речено дека ќе ги напушти; им имаше

речено дека еден ќе Го предаде - дека друг ќе се одрече од Него - дека с и т е ќе с е с о б лаз н ат заради Него таа ноќ; и можеби тие си мислеа дека Тој си заминува од нив поради тоа што им е лут. Но, што и да беше ја причинило нивната вознемиреност, Исусовата душа беше како сад полн до прелевање, и овие зборови беа излеани капки на љубов - „Да не се вознемирува вашето срце; вие верувате во Бога, верувајте и во Мене!" Сигурно вакви зборови на доверлива нежност, не биле прошепотени никогаш пред тоа во овој студен свет; и тогаш, помислете само колку студено, колку темно, колку сиво


било прашањето на Тома со кое го прекинал небесниот говор - Тома Му рече: „Господи, не знаеме каде одиш! Како можеме да го знаеме патот?” Но и покрај тоа, колку љубезно Исус го поднесуваше сивилото на нивните студени срца! Колку љубезно ја започна азбуката на спасението со нив, и не само му одговори, туку и повеќе од тоа - му даде таков одговор - многу поголем од тоа што Тома можеше да праша или помисли. Тој праша за патот и местото, но Исус му одговори, „Јас Сум Патот, и Вистината, и Животот. Никој не доаѓа при Татко Ми, освен преку Мене." Во врска со ова, како целосен опис на Евангелието на спасение, нека да поминеме низ различните делови: I. Христос е Патот. „Јас Сум Патот; Никој не доаѓа," Целата Библија сведочи дека по природа ние немаме пат до Таткото. По природа сме полни со грев, и Бог по природа е бескрајно свет - Тој се оттргнува од гревот. Точно како едно чувствително растение, по неговата природа, тоа се свиткува од допирот на човечката рака, така Бог, по Неговата природа, се свиткува од

допирот со гревот. Тој е вечно одделен од грешниците. 1. На ова длабоко не учат Адам и патријарсите. Се додека Адам одеше свето, Бог живеше во него, и одеше во него, и имаше заедништво со него; но кога Адам отпадна, „И (Бог) го истера човекот; и насели источно од Еденската Градина, херувими со пламенен меч, кој се вртеше околу, за да го штитат патот, кон дрвото на животот." Овој пламенен меч помеѓу херувимите беше величествен знак на Бог праведниот и Оној што го мрази гревот. На Мојсеј во грмушката се појави како оган што проголтува, во храмот се појави помеѓу херувимите во славата на Неговото присуството; но овде се појавува помеѓу херувимите како меч како праведен и Оној кој го мрази гревот. И ве молам, забележете дека овој пламенен меч го отстрани секој пат кој стига до дрвото на животот. Ако не беше отстранет секој пат - ако имаше оставено само некоја тесна патека да стигнува до таму - тогаш Адам можеше да се протне преку таа патека, и да направи свој

сопствен пат до дрвото на животот. Но не; по кој и пат да тргнеше - колку и да беше таен, колку е да беше тесен, колку и стрмен и тежок - колку и тивко да одеше лазејќи по патот - сеуште тој пламенен метеор го среќаваше и како да велеше, „Како човекот може да биде оправдан пред Бог? Преку делата на законот, ниту едно живо тело не ќе биде оправдано." Можеби Адам седнал, изморен од суетното барање за пат кон животот; затоа што по природа човекот нема пат кон Таткото. Но Христос вели, „Јас Сум Патот." Како што вели во шеснаесетиот Псалм, „Ќе ми го покажеш патот на животот." Никој човек не може да го најде овој пат на животот, но Исус вели, „Ќе ми го покажеш патот на животот, во Твоето присуство има полнота на радоста, десно од Тебе вечно блаженство." Исус ги сожали бедните Адамови синови кои суетно се борат да најдат пат кон рајот Божји, и Тој ја напушти прегратката на Отецот, само за да го отвори патот за нас кон прегратката на Отецот. И како го направи? Дали преку отстранувањето на пламениот меч? Не. Дали


преку силата на Неговиот божествен авторитет, заповедајќи му на сјајното острило да се повлече? Не, затоа што тоа би било обесчестување на законот на Таткото, наместо да го возвеличи. Така Тој стана човек и на наше место, да, стана грев. Бог направи на Него да бидат ставени беззаконијата на сите нас. Тој на наше место слезе да се справи со пламениот меч - Тој падна под пронижвучкото сечиво; затоа што ги помнеше зборовите на Пророкот, каде што е запишано, „Разбуди се мечу, против мојот пастир, против човекот, мојот роднина - говори Господ над Воинствата." И сега, откако остриот меч е потопен во страната на Искупителот, и највиновниот од грешниците - кој и да си каде и си - можеш да влезеш преку Неговото тело кое што крвареше за тебе и може да најдеш пристап до рајот Божји, да јадеш од дрвото на животот, и да живееш вечно. Дојди брзо - не се сомневај; затоа што Тој вели, Јас сум Патот. 2. Истиот факт - дека човекот по природа нема пат до Таткото - беа

учени Мојсеј и народот на Израел. Кога Бог слегнуваше да пребива помеѓу чедата Израелеви, тој пребиваше единствено во најсветото од сè највнатрешната соба во храмот на Евреите. Таму, видливиот белег на неговото присуство беше помеѓу херувимите, во една прилика објаснета како недостапна светлина и полна со слава - во друга како облак кој го исполнуваше храмот. Но највнатрешната соба, или светиња на светињите (или тајното место, како што е наречено во Псалмите), беше разделено од светото место со завеса или покривка, и преку таа завеса никој човек не му беше дозволено да помине, бидејќи ќе умре, освен првосвештеникот, кој влегуваше еднаш годишно, и тоа не без крв. Сега, ниту една слика не може да објасни поедноставно од тоа дека патот кон светиња на светињите не беше објавен - дека никој грешен човек нема пат да дојде до присуството на Бога. Но Исус рече, „Јас Сум Патот." Исус беше нажален дека бевме затворени надвор од

најсветото од присуството на Бога, затоа што Тој знаеше од искуство дека во тоа присуство е полнотата на радоста. Но како Го отвори патот? Дали ја острани завесата да можеме да влеземе тајно и лесно во присуството на Таткото? Не, но Тој се даде себеси - жртва да ја задоволи божествената правда и да не врати при Бог. Тој рече: „Се сврши!” па ја наведна главата и го предаде духот. И ете! Завесата во Храмот се расцепи надве, одозгора додолу." Се сврши казната од законот е понесена - барањата на законот се одговорени патот е завршен завесата е расцепена, одозгора додолу! Ниту едно парче од страшната завеса сега не остана да не пресекува. Највиновниот - најзлиот грешник од вас сите сега има слобода да влезе преку расцепената завеса, под закрила на светлината на лицето на Јахве - да пребива во тајност во Неговиот храм, да ја набљудува Неговата убавина, и да истражува во Неговиот храм. И сега, пријателе, дали тоа е твојот пат со кој доаѓаш при Таткото? Исус вели, „Јас Сум Патот; Никој не доаѓа при


Таткото освен преку мене." Ако не е така, тогаш сèуште си го држиш твојот сопствен пат, што и да е - дали е пат на солзи, или самоказнување, или давање на завети дека ќе се подобриш, или надеж дека Бог нема да постапи строго - ако не бидеш предупреден, во денот на судот ќе разбереш дека херувимскиот меч го остранил секој пат, и дека си останал како жртва на оганот што проголтува. Но, ако има само една душа која не може да најде мир во никој себеправеден пат - ако има еден од вас кој што разбира дека е изгубен во самиот себе - ете, Христос ти вели, „Јас Сум Патот;" како што вели на друго место, „Јас Сум вратата." Тоа е целосен, слободен и отворен пат, и е пат за грешници. Зошто да чекаш еден момент повеќе? Постоеше една преграда помеѓу тебе и Бог; но Христос ја сруши. Бог беше гневен, но Неговиот гнев се острани од тој благословен пат. Во Христос, Тој засекогаш благоволи. II. Христос е вистината. - Целата Библија, и целото искуство, сведочат дека

по природа ние сме неупатени во вистината. Без сомневање, постојат многу вистини коишто безбожникот ги знае. Може да ги познава вистините за математиката и аритметиката - може да познава многу од с е к о ј д н е в н и т е општопознати вистини; но сепак не може да се каже дека безбожниот човек ја познава вистината, затоа што Христос е вистината. Христос е како главниот камен на камената порта. Оттргни го главниот камен, и целото ќе стане куп од ѓ уб ре. И с т и т е камења може да се таму, но се соборени, потрупани, и разбркани, без ред, без крај. Точно по истиот начин - оттргни го Христос, целата порта на вистината може да биде таму; но таа е соборена, без сврзаност, без ред, без крај. Христос е како сонцето за сончевиот систем. Оттргни го сонцето од системот, и секоја планета ќе премине во неред. Планетите ќе бидат таму, но нивните спротиставени сили ќе ги повлечат секаде наоколу, орбитите ќе се удираат во бескрајна збунетост. Точно по тој начин оттргни го Христос, и целиот систем на вистини

ќе се претвори во бркотија. Истите вистини може да бидат во умот, но постојано во еден конфликт и несогласување на неразрешлив лавиринт; затоа што „патот на нечесните е како темнина, не знаат на што ќе се сопнат." Но нека Христос се открие на необратената душа - нека не биде само како што човек зборува за Христос, но нека Духот Божји и се открие, не вистина, но Вистината. Стави го главниот камен на камената порта; врати го сонцето во центарот на системот. И целата вистина ќе се подреди и ќе послужи на тој ум. Сега треба да се запознае вистината и за самиот себе. Дали Синот Божји навистина ја напушти прегратката на Таткото да го понесе гневот наместо нас? - ако е така, тогаш мора да сум под гнев. Дали Господ Исус стана слуга, за да може да биде послушен на волјата на Бог наместо грешниците? - ако е така, тогаш мора да сум без никаква праведност, дете на непослушноста. Повторно, знаејќи дека Христос ја знае вистината за Бог. Дали Христос слободно го предаде


Својот Син на смрт за сите нас? - тогаш, ако верувам во Исус, нема осудување за мене. Бог е мој Татко, и Бог е љубов. Пријателе мој, дали го имаш запознаено Христос, кој е вистината? Дали ти се открил, не преку тело и крв, но преку Духот Божји? Тогаш знаеш колку вистинито е дека во Него „се сокриени сите богатства на мудроста и на знаењето." - дека Тој е „Алфа и Омега," почетокот и крајот на секое знаење. Но ако го немаш запознаено Христос, тогаш сèуште не знаеш ништо, како што треба да знаеш; целото твое знаење е како мост без главниот потпорен камен - како сончев систеm без сонце. Што добро ќе ти прави во пеколот, ако ја знаеш целата наука во светот сите настани во историјата, и целата политика во твоето краткотрајно време на земјата? Дали не знаеш дека токму твоето знаење ќе биде претворено во инструмент за мачење во пеколот? О, колку многу ќе сакаш во тој ден да си го читал твојот весник помалку, а твојата Библија повеќе - дека со целото твое добивање си добил разбирање - и со

целото твое знаење си го запознал Христос, Кој што да Го познаваш е живот вечен. III. Христос е животот. Целата Библија сведочи дека по природа ние сме мртви во беззаконијата и гревовите - дека ние сме способни да одиме свето во овој свет, толку колку што еден мртов човек е способен да стане и да оди. И Светото Писмо и сличните искуства сведочат дека по природа сме мртви во беззаконијата и гревовите; но не е тоа смрт во која што ние сме целосно неактивни, затоа што во таа смрт е пишано дека одиме според курсот на овој свет - според принцот на силите на темнината. На ова вистина не учи визијата на пророкот Езекиел, каде што беше однесен од Духот, и поставен во средината на една отворена долина полна со суви коски; и како што поминуваше покрај нив, ете беа многу коски во долината, но беа суви. Исто таков е погледот што секое дете Божјо го добива од светот. Сувите

коски се многу, и тие се многу суви; и тој го поставува истото прашање кое што Бог му го постави на Езекиел, „Moжат ли овие коски да оживеат?" О, да, мој пријателе; дали искуството не те учи на истата работа? Вистина, мртвите не можат да знаат дека се мртви; но сепак, ако Господ го допре твоето срце, ќе разбереш: пророкуваме на суви коски; зашто тоа е патот Господов; - како што пророкуваме, здив влегува. Погледни назад во твојот живот тогаш. Види како си одел според курсот на овој свет. Секогаш си бил како човек кој плива со масата - никогаш како човек кој плива во спротивната насока на течението. Погледни во твоето срце, и види како било обратено против сите заповеди; го чувствуваш почивниот ден како измореност - наместо да го нарекуваш задоволство и достоен за почит. Ако некогаш си пробал да ги држиш Божјите заповеди - ако некогаш си пробал да си ги чуваш очите од похотни желби, твојот јазик од зборови на гнев, или оговарање, или лутина, твоето срце од омраза, и љубомора, и алчност - ако некогаш си


го пробал ова, и предпоставувам дека и најнеобратениот грешник го има пробано ова - ако самиот ти си пробал дали не си забележал дека е невозможно? Тоа е како воскреснување на мртов. Дали не си увидел борбата против самиот себе? О колку е јасно дека си мртов - не нановороден! Не се чуди дека треба повторно да се родиш. Мораш да се присоединиш кон Христос, затоа што Христос е животот. Замисли си една мртва нога да се присоедини на живо тело, така што сите вени да добијат прилив на жива крв предпостави си коските да се присоединат, и мускулите кон другите мускули, и нервите кон другите нерви, не гледаш ли дека таа нога, колку и мртва да била предтоа, ќе стане жива нога. Пред тоа била студена, и тврда, и гнила и не можела да се помрдне; сега е топла, еластична, и полна со живот и движење. Сега е жива нога, затоа што се присоединила кон она што живот. Или да предпоставиме дека е возможно отсечена гранка да биде накалемена на жива лоза, толку целосно што сите канали треба да го

примаат потокот на животворниот сок, дали не гледаш дека гранката колку и мртва да била претходно, станува жива гранка? Пред тоа, била сува, без плодови, и отсечена; сега е полна со животворен сок и сила. Сега е жива гранка, затоа што се присоединила на лозата, која е нејзин живот. Тогаш, точно по истиот начин, Христос е животот на секоја душа која што се прилепува кон Него. Тој што е соединет со Господ е еден дух. Дали твојата душа е како мртва нога ладна, тврда, без движење, и полна со гнилеж? Прилепи се кон Христос - присоедини се кон Него преку вера, и ќе бидете еден дух, ќе станеш топол, и полн со живот, и целосно активен, во Божјата служба. Дали твојата душа е како отсечена гранка сува, бесплодна, и отсечена, во желба за лисја и плодови? Прилепи се кон Христос; присоедини се кон Него, ќе бидете еден дух. Ќе видиш дека е вистина дека Хрисос е живот; твојот живот ќе биде сокриен со Христос во Бога. Ќе речеш, живеам но; „јас веќе не, туку Христос живее во мене: а

животот што сега го живеам во телото, го живеам преку верата во Божјиот Син, Кој ме возљуби и Се предаде Себеси за мене." Тогаш, запомни, пријателе мој кој не веруваш, единствениот пат за да станеш свет е да се соединиш со Христос. И запомни, пријателе мој кој веруваш, ако некогаш се опуштиш во светоста, причината е што си го испуштил твоето држење за Христос. Останете во Мене како Јас во вас - за да давате многу плод. Отсечени од мене, не можете да направите ништо.


Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот. ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН 3:16


ВО ШТО СЕ СОСТОИ РАЗЛИКАТА ПОМЕЃУ БИБЛИЈАТА И ОСТАНАТИТЕ КНИГИ? Најнапред, Библијата се разликува од другите книги по тоа што е полна со свежина која зрачи од неа. Да повторам уште еднаш: за да се искуси таа свежина, потребно е нејзино темелно и длабоко истражување. Некој во неа може да најде одговор на прашањата за иднината, друг можеби ја чита за да ја исмее, а трет пак, ја чита за да го запознае Бог. Првиот и вториот веројатно ќе се разочараат од неа, но затоа пак третиот ќе добие вечен живот. Библијата е непресушен извор и може да се чита еднаш, двапати, десетпати и секогаш да е со истата свежина. Еден шведски писател рекол: „Библијата е се уште моќен извор на животот како и порано. Може ли некој да потврди дека Библијата уништила

нечиј живот? Таа е Божји Збор, нежен развигор на вечноста и можеш да ја читаш колку што сакаш, а да не се умориш". Англискиот физичар Мајкл Фарадеј (1791-1867) со глад ја читал Библијата. и со голема љубов им зборувал на луѓето за неа. Би можеле да спо м е н е м е у ш т е це л а галерија личности, кои зборувале за убавината и за свежината на Библијата. Светото Писмо е оаза сред пустина, каде што жедната и уморна душа може да најде поткрепа. Во Библијата мнозина нашле утеха кога биле во голема жалост, или надеж кога биле во очај. Таа е секогаш свежа, што не е случај и со другите книги. Ретко кога читаме некоја книга по втор пат, а да не ни биде здодевна. Уште се поретки книгите кои ги читаме по трет

п ат . Т о а е р аз л и к ат а помеѓу живата и мртвата книга. Co ова не порекнуваме дека постојат прекрасни книжевни ремек-дела, но ниедно не може да се спореди со Библијата која ги надвишува сите заедно. Можеби некој ќе рече: „Па и неа ја напишале луѓе!". Да, тоа е вистина, но да видиме што вели за тоа самата Библија: „Знајте го прво тоа дека ниедно пророштво од Писмото не е сопствено кажување на пророкот. Зашто никогаш според човековата волја не е изречено пророштво, туку светите Божји луѓе зборувале просветлувани од Светиот Дух" (2 Пет. 1:20-21). Секој збор што се наоѓа во Библијата е инспириран, односно вдахновен од Светиот Дух и содржи живот. Луѓето кои биле инспирирани од Светиот Дух ја напишале оваа книга. Книгите од светската литература, колку и да се вредни и признати, сепак бргу застаруваат. Се случува во книжарниците да се продаваат книги по намалени цени. Зошто? Главната причина е неактуелноста на тие книги. Една теорија заменува друга, па така


книгите стануваат несовремени. Единствено Библијата останува свежа, современа и секогаш на цена. Колку ли само крадци постанале чесни луѓе преку оваа книга. Еден американски гангстер го опишал својот живот во една своја книга под наслов: „Бев гангстер". Иако бил роден во христијанско семејство, сепак тргнал по погрешен пат. Во текот на 2. Светска војна станал специјалист за електроника, a no војната се вработил во полицијата изработувајќи апарати за прислушување. Иако бил познат по своите пронајдоци, според неговото мислење не бил доволно платен. Така, се одлучил да работи за гангстерите, додека и сам не станал еден од нив. Во подземјето на Калифорнија доживеал многу авантури. Во ноември 1949 година, во Лос Анџелес, под еден шатор ја слушнал пораката на евангелизаторот Били Греам, и после проповедта поттикнат од самата порака, решил да го остави стариот начин на живеење. Го примил

Христос во своето срце и тоа било почетокот на неговиот нов живот. Многу нешта со кои ги мамел луѓето ги продал за да им ги врати парите на измамените. Преку Божјиот Збор, Библијата, овој некогашен гангстер, станал чесен и вреден христијанин. Ова е само доказ дека Библијата поседува моќ на

трансформација, што не е случај со ниедна друга книга. Сепак, и покрај ова како и многу други сведоштва, постојат луѓе кои неуморно се обидуваат да го поткопаат и урнат угледот на Библијата и ја споредуваат со обичните книги. За жал, и некои христијани ги прифатиле овие критики како основани, па верата во Бог им се разнишала. Затоа, уште денеска потребно е да се заземе

јасен став во поглед на тоа прашање, за да можат младите во верата кога се пред искушение, да најдат цврста потпора. А оние кои се уште не поверувале, да ја разберат и да откријат какво богатство се крие во Библијата. Се до денес, науката не е во состојба да одговори на прашањето: која е причината за смртта? На ова прашање, Библијата дава кус и јасен одговор: „ Платата за гревот е смрт!" (Рим. 6:23). Тоа значи дека причината за смртта е гревот на човекот. За ова зборува и мудриот Соломон во своите Поговорки: „ Правдата го издига народот, a гревот е за негов срам " (14:34). Причината за секоја неволја е во непослушноста кон Бог. Ако некој сака да добие одговор на прашањата од животна важност, мора да ја чита Библијата сериозно и темелно, бидејќи само така ќе дојде до саканата цел. Брзото и површно читање како и критикувањето, никаде не водат. Кој ја чита Библијата со отворено и искрено срце, преку неа може да дојде во контакт со живиот Бог.


ПРОУЧУВАЊЕТО НА БИБЛИЈАТА НЕ МОЖЕ ДА ТЕ СПАСИ!

Вистинското спасение не може да се најде преку ништожното примање на некоја вера, било да е вистинска или библиска. Разбирањето само со главата не е патот до небото! "Мораш да се нановородиш", значи повеќе од тоа само да треба да веруваш определени канони. Проучувањетo на Библијата не може да те спаси! Мораш да поминеш преку тоа; мораш да дојдеш до живиот, личен Христос, инаку и прифаќањето и на најздравото верување не може да ти биде од полза за спасението на твојата душа. Спасението лежи само во Исус! "Вие ги проучувате Писмата, зашто мислите дека имате вечен живот во нив; и тие сведочат за Мене. Но вие не сакате да дојдете при Мене, за да имате живот." (Јован 5:39-40)


Исус

те


ЗОШТО Е НАПИШАНА

БИБЛИЈАТА?

Библијата е огледало на луѓето. За да го илустрираме ова подобро, ќе се обидам да ви раскажам една случка што се случила во Африка. Некој мисионер кога дошол во Африка, со себе понел многу подароци. Сакал да го израдува поглаварот, па го поканил да си избере нешто. Од сите работи избрал едно огледало.

Целиот среќен се скрил зад едно дрво и прв пат се видел себеси во огледалото. Кога си го видел своето лице, се разбеснил и го скршил огледалото. Зошто постапил така? Се исплашил од себеси, кога за прв пат се видел во огледалото, затоа што бил неуреден и грд. Дали откако го скршил огледалото станал поуреден и поубав? He. Еве зошто е напишана

Библијата. Таа е огледало на душата. Човекот може да се види во огледало и да се дотера, па дури може и да му се налути! П р еку Би б ли ј ат а, Бог сака ние да се дотераме и уредиме. Нашиот внатрешен човек ќе остане грд, ако не ги читаме и не ги пазиме зборовите од таа Книга. Како е со тебе? Дали сакаш да се видиш себеси во тоа огледало и да се корегираш, или пак го игнорираш? Многу Библии се покриени со прав. Ако и твојата е таква, веднаш извади ја од по лицата и огледај се во неа. „Сите ние во своите раце земаме разни книги за да дознаеме што размислувале со своите срца нивните писатели. Меѓутоа, оваа книга, Библијата, ја земаме за да дознаеме што се случува во нашите срца"(П. Мауро). Луѓето ја критикуваат Библијата, но таа е напишана за да не критикува нас. Еве и доказ за тоа: „ Зашто Зборот Божји е жив и дејствува и е поостар од секаков меч со две острици; и навлегува до разделување на душата и духот, до зглобовите и мозокот, и ги проценува мислите и намерите на срцето. И нема создание


сокриено за Него туку се е голо и откриено за очите на Оној, пред Кого ние ќе одговараме" (Евр. 12-13). Некој рекол: „Тој Збор не е како што е зборот на човекот, туку како живо суштество, бидејќи сам Бог делува низ него". Иако овој Збор е спореден со меч со две острици, сепак намерата не му е да уништи, туку да поправи. Меѓутоа, Бог не дозволува да биде надитрен. Секој кој не го прима Неговиот Збор како лек кој лечи рани, истиот тој Збор ќе го суди. Исус Христос вели: „Ако некој ги чуе зборовите Мои и не поверува, Јас нема да го судам, оти не дојдов да му судам на светов, туку светот да го спасам. Којшто се откажува од Менв и не ги прима зборовите Мои, има кој даго суди: Зборот што го кажав, тој ќе го осуди во последниот ден. Зашто Јас сам од себе не зборувам, туку. Таткото, којме прати, Тојми даде заповед што да кажам и што да зборувам " (Јов. 12:47-49). На неколку места во Библијата се спомнува дека Зборот Божји е жив. Дотука видовме дека тој Збор се споредува со меч и со живо суштество. Еве сега уште една споредба

која говори за Неговата моќ: „Зарем не е Мојот збор како оган, вели Господ, и не е ли како чекан што крши карпа? "(Ерем. 23:29). Божјиот Збор е моќен, а тоа го забележале и многу луѓе кои го извртувале и го употребувале за сопствени цели. Меѓутоа, воопшто не е мудро овој Збор да се злоупотребува, бидејќи оној којшто ќе го изврти, со истиот тој Збор ќе биде казнет. Големиот реформатор Мартин Лутер напишал: „Библијата е писмо кое Бог го напишал за мене, според кое треба да се управувам и според кое Бог ќе ми суди". Библијата е напишана и затоа, за да не дојдеме пред Божјиот суд неподготвени. Бог сака да ги спаси сите луѓе од вечната смрт и од пеколот, бидејќи ги љуби. Зарем не сведочи за ова и самата Христова смрт на крстот? Тој те љуби и тебе токму додека ги читаш овие редови и сака да се помириш со Hero преку посредништвото на Исус Христос. „Зашто Бог толку го возљуби светот, што го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него, да не погине, туку да има вечен

живот " (Job. 3:16). Дали ја прифаќаш оваа љубов на небескиот Татко? За оние пак, кои што ќе ја отфрлат таа Божја љубов, нема да има милост за нив на Судот, макар и да живеат како најголеми светци. БИБЛИЈАТА Е НАПИШАНА ЗА ДА HE СОЧУВА Библијата е напишана исто така, и од причина за да ги запази луѓето од служење на лажни богови. Секаде, кајшто луѓето ја отфрлаат Библијата како основа за животот, потпаѓаат под силата на темнината. Пред владењето на царот Јосија (639-609 пред Христос), свештениците во храмот престанале да читаат од Писмата, па затоа народот паднал во голем грев. Тие ги обожувале сонцето, месечината, ѕвездите... Во втората книга за царевите, 22. глава, забележано е дека и самите свештеници го заборавиле Писмото. Еден ден, била пронајдена книгата на Законот, па му ја прочитале на царот. Кога Јосија ги слушнал зборовите на оваа Книга, ја искинал својата облека. Увидел дека неговиот народ се наоѓа во ужасна темнина, па


затоа заповедал да се очисти и храмот и народот. „Тогаш царот му заповеда на првосвештеникот Хвлкији на другите свештеници и на вратарите,да ги изнесат од храмот Господов сите работи направени за Ваал и за Астарта и за сета небеска војска, и ги изгори надвор од Ерусалим, во долината Кидрон и заповеда да ја пренесат пепелта нивна во Ветил. И ги отстрани многубожечките жреци, што ги беа поставиле јудејските цареви да вршат кадења по идолските светилишта во јудејските градови и во околината на Ерусалим, и оние што му кадеа на Ваал, на сонцето, на месечината, на планетите и на сета небеска војска " (2 Цар. 23:4-5). Секогаш кога луѓето ќе почнат да им се клањаат на разни божества, како феном?н се појавува и неморалот. Така, во многу храмови постоеле таканаречени „храмски проститутки", а сразмерно на тоа цутело и гатањето. Можеби сега подобро ќе разбереш зошто Бог во Стариот Завет заповедал да се уништат некои народи кои им се клањале на лажни

богови. За жал, и Божјиот народ ги презел лошите навики и обичаи од безбожните народи. Царот Јосија наредил да се истребат сите гатачи и оние кои комуницираат со духовите на умрените. Исто така, ги отстранил и предметите на обожување кои биле подигнати во Ерусалим и во околината. Ниеден цар не бил толку решителен како Јосија. Се што правел, се раководел според упатствата дадени во Мојсеевите книги. Дали ситуацијата денес се разликува многу од тогаш? Зарем нема и денес многу свештеници кои не се доволно запознаети со Божјиот Закон? О, кога и денес би се појавиле некои како Јосија, кои би го обновиле христијанството и би се бореле за напредокот на Евангелието и за уништување на духовната темнина со помош на Божјата сила! И денес ги има оние кои што се клањаат на сонцето, на месечината и на ѕвездите. Луѓето не можат да живеат без хороскоп, и од недела до недела купуваат весници во кои има хороскопи, за да дознаат што ќе им донесе иднината. Таквите луѓе Бог ќе ги истреби,

ако не се покајат и ако не ја напуштат таа практика. Кој ја отфрла Библијата, тој постанува плен на темнината, која го апсорбира. Дали веќе си ја прифатил Библијата како патоказ во твојот живот? Бог не ги создал ѕвездите за да им се клањаме. Наместо Hero да го прашаме што ќе ни донесе иднината, ние ги прашуваме ѕвездите и гатачите. Цицерон, кој умрел во 43. година пред Христос, прашал: „Дали е можно додека гледаме во небото и ги набљудуваме небесните тела, да не дојдеме до заклучок дека Бог постои? Зарем не сме принудени да признаеме дека постои некое совршено мудро суштество, совршена личност која владее со се, дека постои Бог кој што е насекаде присутен и кој управува со својата сила? Кој се сомнева во овие работи, тој го порекнува и постоењето на сонцето кое не грее. Времето ќе ги уништи сите лажни теории, а истовремено ќе ја потврди онаа во која е втемелена природата". Професорот А. Толук пред еден век и половина напишал: „Ако сите проповедници во светот замолкнат, и ако ниеден


нема да зборува за Бог, таму горе ќе се проповеда и ќе се говори без прекин за Неговата слава и чест". Пораката на ѕвездите од отвореното небо нема крај и се повторува од ден на ден се додека не настапи Судниот ден. Навистина, ѕвездите говорат безгласно, но оној кој сака, ќе ја разбере нивната порака. Видливата хармонија на нивните орбити многумина ги уверила во моќта на великиот Бог, кој е неограничен во својата мудрост. Псалмистот Давид вели во еден Псалм: „ Кога ги набљудувам небесата Твои, делата на Твоите прсти, месечината и ѕвездите што си ги поставил: што е човекот, та внимание да му обрнуваш, и за родот човечки да се грижиш? " (Пс. 8:3-4). Природно е човекот да го слави својот Творец, но за жал, во повеќето случаи не е така. Веќе рековме дека луѓето повеќе сакаат да ја слават творбата, отколку Творецот. Дури и апостолот Јован еднаш падна ничкум пред еден ангел и му се поклони, иако ангелот е создаден од Бог да им служи на верните. Ангелот му покажа на Јован многу

нешта кои што ги очекуваат верните. Пораката била толку прекрасна и возбудлива што Јован падна на колена пред него. „И јас, Јован, го видов и го чув ова; и кога го чув и видов, паднав за да се поклонам пред нозете на ангелот, кој што ми го покажа ова. Но тој ми рече: стој, немој, бидејќи и јас сум слуга како и ти и браќата твои - пророци, и оние што ги држат зборовите на оваа книга. Поклони му се наБог!"(Откр. 22:8-9). Да не ги потценуваме ангелите, но сепак сета слава не им припаѓа ним, ниту на созданијата, туку на самиот Творец. Кога бев дете. ме поучуваа да му се молам на ангелот-чувар. Дури многу години подоцна сфатив дека тоа не е в ред. На Бог треба да му се обратиме кога ни е потребна заштита и, ако за тоа Тој искористи ангел, тогаш тоа е Негова работа. He треба да ги молиме ангелите да не чуваат, туку Бог, кој ќе ни испрати ангел-чувар. Тие се службени духови кои Бог ги праќа да им служат на оние кои се спасени и кои му служат Нему. Ѓаволот, како противник на Бог, со сета своја сила се труди да им

ги заслепи очите на луѓето, за да не ја видат светлината на Евангелието. Затоа, читај ја Библијата со молитва, за да не те измами ѓаволот. Бог сака сите луѓе да ја познаат вистината, и оној, којшто ја чита Библијата со желба да биде спасен, нему Бог ќе му го покаже патот на спасението. Така, Библијата е напишана за да не сочува од служење на лажни богови и да не води по вистинскиот пат.


Тоа беше твојот живот



„УБЕДИ ГИ ДА ДОЈДАТ” ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЛУКА 14:23 Денес се чувствувам силно потикнат да излезам по улиците, за да ја извршам онаа наредба од Евангелието според Лука, глава 14, стих 23, каде што се вели: „Господарот му рече на слугата: ,Излези по патиштата и оградите и убеди ги да дојдат, за да се наполни мојот дом"`. Се чувствувам толку повикан да излезам и да ги убедам да дојдат оние што талкаат по патиштата и оградите, што не можам да одолговлекувам со уводот и морам веднаш да преминам на главното. Чуј ме ти што си странец за вистината која е во Исус - чуј ја пораката што треба


да ти ја пренесам! 3аради твојот прататко Адам и самиот си паднат во грев. Паднат си заради твојот секојдневен грев и заради твоето постојано беззаконие. Ја провоцираш лутината на Севишниот и, како што е јасно дека си згрешил, јасно е и дека Бог мора да те казни, ако продолжуваш во твоето беззаконие, зашто Бог е Бог на правда и сигурно иема да ги поштеди виновните. Но зарем не си чул и не ли ти било зборувано дека Бог, во Својата бескрајна милост, изнајде начин со кој, без нарушување на Неговата светост, може да ни укаже милост на нас виновните и незаслужните? Тебе ти зборувам, гласот мој тебе ти се обраќа, о, човеков сине. Исус Христос, самиот Бог, се симна од небото и се преобрази во човечко тело. Беше зачнат од Светиот Дух и беше роден од девицата Марија. Живеше на овој свет со живот што беше пример за светост и најдлабоко страдање, за на крајот да се даде себеси и да умре за нашите гревови, „праведниот за неправедните, за да нe одведе кај Бог." А планот за спасување ни е искажан едноставно: „Кој ќе поверува во Господ Исус Христос, ќе биде спасен." Нам, кои сме ги нарушиле сите Божји прописи, што сме ја презреле Неговата милост и сме ја

предизвикале Неговата одмазда, сe уште ни се укажува милост, зашто „секој што ќе го повика Господовото име, ќе биде спасен". „3ашто верни се, и достојни за секакво примање, зборовите дека Месијата Исус дојде на светот за да ги спаси грешните, од кои најголем сум јас", и „кој ќе дојде кај Него, никако нема да го избрка, зашто Тој е подготвен да ги спаси сите оние што доаѓаат кај Бог преку Него, затоа што и Самиот се застапи за нас." А сега, се што бара Бог од тебе и ти го вели, е ова: едноставно да погледнеш на Неговиот Син кој умре крварејќи, и да ја довериш твојата душа во рацете на Оној Кој единствено може да те спаси од смрт и пекол. 3арем не е чудно тоа што навестувањето на Евангелието не е едногласно прифатено од луѓето? Некој би помислил дека штом се проповеда: „Секој што ќе поверува, ќе добие вечен живот", секој од вас „ќе ги отфрли своите гревови и беззаконија" и ќе се предаде на Исус Христос и ќе гледа само кон Неговиот крст. Но за жал, злото во нашата природа е толку страшно и толкава е смртоносната изопаченост на нашиот карактер, што оваа порака останува презрена, а поканата за гозбата со Евангелието се одбива. Има многумина од вас кои со своите зли дела,

денес се непријатели на Бог. Тој денес ви проповеда за Христос, Неговиот Син, Кого Го прати за да Го даде својот живот како откуп за мнозина. Необично е тоа, ви велам, но сепак е факт, и оттука произлегува потребата за заповедта од текстот: „Убеди ги да дојдат." Веднаш ќе преминам на главното: во потрага сум по оние што не сакаат да дојдат, оние што се по сокаците и оградите, а Бог го бара тоа од мене и моја должност сега е да ја исполнам оваа заповед: „Убеди ги да дојдат." Првин, морам да ве пронајдам, а потоа ќе работам на тоа да ве натерам да дојдете. I. Прво: морам да ве пронајдам. Ако ги прочитате стиховите што му претходат на текстот, ќе видите дека оваа заповед е уште понагласена: „Излези бргу по градските улици и сокаци, и доведи ги тука бедните, сакатите, парализираните и слепите", а потоа: „Излези по патиштата, доведи ги скитниците, друмските разбојници, појди по оградите" и доведи ги оние што немаат место за починка за нивните глави, оние што лежат и одмараат под оградите, доведи ги и нив и „убеди ги да дојдат". Да, утрово те гледам тебе, ти којшто си беден. Треба да те убедам да дојдеш.


Живееш во бедни услови, но тоа не е пречка за небесното царство, зашто Бог не го исклучил од Својата милост човекот во партали, што се тресе од студ и е страден за леб. И ако од тоа може да се извлече некоја поука, таа е во твоја корист и за твое добро: „Вам ви е пратен зборот за спасение", и „на бедните им се проповеда Евапгелието". Но, особено морам да ти зборувам тебе, којшто си духовно беден. Немаш вера, немаш добри особини, немаш добри дела, немаш благодат, и колку е поголема сиромаштијата, се помала е твојата надеж. Ах, мојот Господар ти има пратено љубезна покана. Дојди и повели на свадбената гозба, организирана заради Неговата љубов. „Секој што сака, нека дојде и нека земе оц водата на животот, бесплатно". Дојди, морам да те задржам, макар што си извалкан со најгнасна нечистотија, иако немаш ништо освен партали на твоите плеќи. Иако твојата правда стана како нечиста облека, сепак морам да те задржам и прв да те поканам, па дури и да те убедам да дојдеш. А сега, повторно те погледнувам. Ти не си само беден, туку и сакат. Постоеше време кога мислеше дека можеш сам да си го заработиш спасението, 6ез Божја помош, мислеше дека можеш да вршиш добри дела, да одиш на

церемонии и со свои сили да стигнеш во небото. Но сега кога си сакат, кога мечот на законот ти ги има отсечено рацете и не можеш повеќе да делуваш, со горчина велиш: „И најдоброто дело на моите раце не се осмелува да се појави пред Твојот престол." Сега ја имаш изгубено сета моќ за извршување на законот. Чувствуваш дека кога сакаш да правиш добро, злото е присутно во тебе. Сакат си, си се одрекол, си оставил секаква надеж за обид да се спасиш, затоа што си сакат и немаш раце. Но состојбата со тебе е уште полоша, затоа што, ако не можеше да се пробиеш до небото, барем се надеваш дека ќе можеш на свој начин да го изодиш патот со вера. Но ти си сакат и во рацете и во нозете чувствуваш дека не можеш да веруваш, дека не можеш да се покаеш, дека не можеш да ги извршуваш барањата на Евангелието. Чувствуваш дека си крајно неподобен, во секој поглед немоќен да сториш нешто што ќе може да го задоволи Бога. Всушност, ти велиш: „О, кога би можел да верувам, тогаш би било лесно. Би сакал, но не можам! Боже олесни ми, помошта може да ми дојде само од Тебе." Исто така, јас кај тебе сум - испратен. Пред тебе треба да го издигнам

крвавиот бајрак на крстот, тебе треба да ти го проповедам ова Евангелие: „Секој што ќе го повика името Господово, ќе биде спасен", и кон тебе треба да викам: „Секој што сака, нека дојде и нека земе бесплатно од водата на животот". Постои и друго нешто. Ти си парализиран. Се колебаш помеѓу две мислења. Понекогаш си сериозно поттикнат, а понекогаш световното задоволство те одвлекува. И оној мал напредок што го имаш во верата, не е ништо друго освен кривење. Имаш малку сила, но таа е толку малечка што со неа правиш само мачен напредок, полн со болка. Ах, куц пријателе, и кон тебе е пратена оваа порака за спасување. Иако си фатен помеѓу две мислења, Господарот ме праќа со ваква порака: „Колку долго ќе стоиш фатен помеѓу две мненија? Ако Бог е Бог – служи Му. Ако Баал е Бог служи му нему." (Баал феникиски бог на плодноста). Преиспитај ги твоите патишта. Бидејќи ќе го сторам тоа, биди подготвен да се сретнеш со твојот Бог. Не двоуми се повеќе, туку одлучи се за Бог и Неговата вистина. Гледам уште една група слепите. Ти што не можеш самиот да се видиш, што за себе мислиш дека си добар, а полн си со зло, што горкото го сметаш за


слатко, а слаткото за горко, темнината за светлина и светлината за темнина - за тебе сум пратен. Ти слепа душо што не можеш да си ја видиш својата изгубена состојба, што не веруваш дека гревот е толку многу страшен таков каков што е, и што не сакаш да бидеш убедена да мислиш дека Бог е фер и праведен - за тебе сум пратен. И за тебе, ти што не можеш да го видиш Спасителот, што во Него не гледаш никаква убавина за да би го посакал, што не гледаш никаква убавина во доблеста, ниту добро во верата, ти што не гледаш никаква радост во служењето на Бог и никакво задоволство во тоа да бидеш Негово дете - за тебе сум пратен. А има ли таков, според текстот, кај кого не сум пратен? Текстот оди уште потаму од ова - не само што дава конкретен опис за да може секој од овие случаи да се разбере, туку потоа дава и краен заклучок, и вели: „Одете по патиштата и оградите." Тука се опфатени сите класи и состојби на луѓето: великодостојникот на неговиот коњ, жената која со мака ја врши својата работа и крадецот што го дебне патникот. Сите овие се на патот и треба да бидат убедени ца дојдат, а таму, далеку крај оградите, лежат некои бедни души чии лажни засолништа се

збришани и кои бараат не би ли нашле некое мало засолниште за нивните изморени глави. Денес сум пратен и кај нив. А ова е сеопфатната заповед: убедете ги да дојдат! Сега, откако ги опишав личностите, ќе запрам. Ќе запрам за да ја разгледам џиновската ра6ота што лежи пред мене. Добро рекол Меланхтон: „Стариот Адам беше пресилен за младиот Меланхтон." На сличен начин како кога некое мало дете сака да убеди некој Самсон, така и јас сакам да поведам некој грешник кон Христовиот крст. Еве, мојот Господар ме праќа со налог. Пред мене ја гледам големата планина од човечка изопаченост и тапа незаинтересираност, но со вера извикувам: „Која си ти, голема планино? Пред Севишниот ќе станеш рамнина." Вели ли мојот Госпоцар: „Убеди ги да дојдат"? Тогаш, и да биде грешникот како Самсон, а јас како дете, ќе го водам како со јаженце. Ако Бог каже: „Стори го тоа", и ако јас се обидам со вера, ќе биде сторено. И ако со мака, борба и срце што плаче, ако така денес настојувам да го убедам грешникот да дојде кај Христос, благите напливи на Светиот Дух ќе одат заедно со секој збор, и некои навистина ќе бидат убедени да дојдат. II. А сега, да преминеме директно на работата.

Необратени, неизмирени и необновени мажи и жени! Треба да ве убедам да дојдете. Најпрвин, дозволете ми, пред се, да ве запознаам со патиштата на гревот и да ви го кажам повторно мојот налог. Царот на не6ото, денес ви праќа великодушна покана. Тој вели: „Бидејќи Јас сум жив, вели Господ, не ми причинува задоволство смртта на оној што умира, туку повеќе сакам тој да се сврти кон мене и да живее." „Ајде сега, да просудиме заедно", вели Господ, „иако вашите гревови се пурпурно црвени, ќе бидат како бела волна; иако се пурпурно црвени, ќе бидат побели од снег." Мил пријателе, срцето ми се радува кога помислувам дека имам да ти соопштам толку добра вест, а сепак, признавам дека душата ми е нажалена зашто гледам дека ти тоа не го сметаш за добра вест, 6егаш од неа и не и го даваш должното внимание. Дозволи ми да ти кажам што сторил Царот за тебе. Тој знаеше за твојата вина и предвиде дека ќе се упропастиш. 3наеше дека Неговата правда ќе ја бара твојата крв, и за да се избегне тој проблем, за да се задоволи правдата и за да може ти да бидеш спасен, требаше да умре Исус Христос. Погледни ја за момент таа слика. Го гледаш онаму Тој човек во гетсеманската градина, на колена, со


крвави капки пот. Потоа пак го гледаш Тој кутар страдалник, врзан за столб како страшно го камшикуваат, а коските на рамењата Му се гледаат како бели острови среде море од крв. Гледаш и трета слика: истиот човек виси на крстот со испружени раце и со цврсто заковани стапала, умира стенкајќи и крварејќи. Ми се чини како сликата да зборува и вели: „3авршено е!" Сето тоа го стори Исус од Назарет, за да може Бог, доследно со Неговата правда, да ти го прости гревот. А пораката за тебе ова утро е: „Верувај во Господ Исус Христос и ќе бидеш спасен". Тоа значи, да имаш доверба во Него, да се откажеш од твоите дела и патишта и да го насочиш твоето срце само кон овој човек што се даде себеси за грешниците. Ете пријателе, ти ја кажав пораката. Што велиш за неа? Ќе се одвратиш ли? Ми велиш дека не ти значи ништо, дека не можеш да ја слушаш, дека ќе ме слушаш одвреме навреме, дека денес ќе си заминеш по својот пат и ќе се вратиш на твојата нива и трговијата. 3астани пријателе, не ми е кажано само да ти кажам и потоа да си ја терам својата работа. Не! Кажано ми е да те убедам да дојдеш и дозволи ми да ти посочам, пред да одам понатаму,

дека едно можам да кажам, за кое Бог денес ми е сведок: имам искрена желба за тебе да ја послушаш оваа Божја заповед. Можеби го занемаруваш своето спасение, но јас не го занемарувам. Можеш да си одиш и да го заборавиш ова што ќе го чуеш, но те молам да запомниш дека овие работи што ти ги кажувам сега, ме чинеа многу воздишки пред да дојдам тука да ги изнесам. Пријателе мој, кога те преколнувам заради Оној што живееше, умре и живее вечно, знај дека ти зборувам од длабочината на мојата душа. Размисли за пораката на мојот Господар која Тој ме тера сега да ти ја упатам. Пријателе мој, доаѓам кај тебе со едноставни зборови и те советувам да поиташ кон Христос. Само кога би знаел колку многу Тој љуби! Дозволи да ти кажам што знам за Него. И јас некогаш го презирав. Тој чукаше на вратата од моето срце, а јас одбивав да ја отворам. Доаѓаше кај мене безброј пати, утро по утро и ноќ по ноќ. Ми ја испитуваше совеста и ми зборуваше со Својот Дух, и кога најпосле во мојата совест преовладаа молњите на законот, си помислив дека Христос е суров и нељубезен. Не можам да си простам што толку лошо мислев за Него. Но, каков љубезен прием ми приреди кога отидов кај

Него! Мислев дека ќе ме здроби, но раката не му беше стисната од лутина, туку широко отворена, со милост. Бев сигурен дека Неговите очи кон мене ќе исфрлаат молњи од гнев. Но наместо тоа, тие беа полни со солзи. Ме гушна околу вратот и ме бакна. Ми ја зеде мојата искината облека и ме о6лече со Неговата праведност и направи душата да ми пее од радост. Во моето срце и во Неговата црква одекнуваа музика и песни, затоа што Неговиот син кој беше изгубен, беше најден, и оној што беше мртов оживеа. 3атоа те поттикнувам да погледнеш на Исус Христос за да бидеш просветлен. Грешнику, никогаш нема да зажалиш, ти гарантирам дека нема да се каеш, нема ни да посакаш да се вратиш во твојата проколната состојба. Тешки ќе ти бидат неволјите во христијанскиот живот, но ќе откриеш дека милоста ќе ги направи лесни. А што се однесува до радостите и уживањето да се биде дете Божјо, ако лажам, знаеш каде да ме најдеш. Ако вкусиш, ќе видиш дека Господ е добар. Ќе откриеш дека не само што е добар, туку е подобар отколку што може да опише човечка уста. Не знам кои аргументи да ги употребам за тебе. Помисли на својот личен интерес. Кутар пријателе,


зарем не е подобро да бидеш измирен со Бог, отколку да бидеш Негов непријател? Што добиваш со тоа што Му се противиш на Бог? Дали се чувствуваш посреќен затоа што си Негов непријател? Одговори ми, трагачу по задоволства! Наоѓаш ли задоволство во чашата? Одговори ми, ти којшто се сметаш за праведен! Си нашол ли починка за твоите нозе од сите твои дела? О, ти што сакаш да воспоставиш своја сопствена праведност, пушти нека зборува твојата совест. Дали патот по кој одиш те прави среќен? Ах, пријателе мој, „зошто си ги трошиш парите на она што не е леб и на работа што не ти носи задоволство? Чуј ме внимателно и јади го она што е добро и нека душата ти се наслади со мрсно." Те преколнувам со сe она што е свето и величествено, со сe она што е важно и вечно! Бегај за да си го спасиш животот, не гледај наназад, не застанувај, не запирај додека не го испиташ и не се заинтересираш за делото на Исус Христос, за Неговото дело кое нe чисти од сите гревови. Дали сe уште си студен и незаинтересиран? Нема ли слепиот да ми дозволи да го одведам на гозбата? Нема ли мојот сакат брат да ја стави неговата рака на моето рамо и да ми дозволи да му помогнам да

стигне на банкетот? Нема ли бедниот да ми дозволи да чекорам крај него? Мора ли да употребам посилни зборови? Мора ли да употребам други средства за да те натерам да дојдеш? Грешници, ова утро една работа знам сигурно: ако не бидете спасени, ќе 6идете без оправдание. Сите вие, од најстарите па до најмладите, ако денес не се фатите за Исус, крвта ваша ќе падне врз вашите глави. Ако во човекот има сила да го доведе својот пријател, (а има кога му помага Светиот Дух), таа сила, со Божја помош, ќе биде употребена ова утро. Дојди, нема да дозволам да ме замолкнеш со твоите одбивања. Ако моите поттикнувања не успеат, ќе морам да смислам нешто друго. Пријателе, те преколнувам, те преколнувам да застанеш и размислиш. 3наеш ли што е тоа што го одбиваш денес? Го одбиваш Христос, твојот единствен Спасител. „Човек не може да положи друга основа" и „нема друго име дадено за луѓето преку кое можеме да се спасиме". Пријателе, не можам да дозволам да го сториш тоа, зашто знам што забораваш. 3абораваш дека доаѓа ден кога ќе посакаш Спасител. Нема да мине долго, пред твоите тешки години да изминат, силата ќе почне да ти опаѓа, нагонот ќе те напушти, потоа силата ќе

си замине, а ти и лутиот монструм, смртта, ќе мора да се соочите. Што ќе правиш без Спасител во тие моменти? Смртните постели се ладни без Господ Исус Христос. Страшно нешто е да се умре во неизвесност. И оној што ја има најдобрата надеж и најпобедничката вера, знае дека смртта не е нешто со кое треба да се подбива. Страшно е да се помине од видливото во невидливото, од смртното во бесмртното, од временото во вечното, а ќе ти биде тешко да минеш низ железните порти на смртта без меките крилја на ангелите кои можат да те понесат кон не6есните порти. Ќе биде тешко да умреш без Христос. Не можам, а да не мислам на тебе. Гледам утрово како вршиш духовно самоубиство, и се замислувам како стојам покрај твојот кревет слушајќи ги твоите крици и знаејќи дека умираш без надеж. Не можам да го поднесам тоа! Замислувам како стојам крај твојот ковчег и гледам во твоето лице, ладно како глина, и си велам: „Овој човек го презре Христос и беше небрежен кон спасението." Си мислам: какви горки солзи ќе леам тогаш, ако си помислам дека сум бил неверен кон тебе и како тие ненадејно затворени очи во смртта, ме прекоруваат и велат: „Проповеднику, ги


посетував твоите богослужби, но ти не беше настојчив кон мене. Ме забавуваше, ми проповедаше, но не ме преколнуваше. Не знаеш што мислел апостолот Павле кога рекол: ,Како Бог да ве преколнува преку нас, така ве молиме во името на Христос, помирете се со Бог."` Те молам дозволи оваа порака да влезе во твоето срце. Си замислувам како седам на клупата за обвинети, пред Бог. Бог ми е сведок, судниот ден доаѓа. Го веруваш ли тоа? Не си неверник, совеста не ти дозволува да се сомневаш во Библијата. Може6и си се преправал дека не веруваш, но не можеш. Чувствуваш дека мора да има ден кога Бог со праведност ќе го суди светот. Те гледам како стоиш среде таа толпа, а Божјото око е вперено во тебе. Ти се чини дека не гледа никаде на друго место, туку само во тебе. Те повикува пред Него, ти ги чита гревовите и извикува: „Оди клетнику во вечниот оган во пеколот!" Читателу, не можам да поднесам да те замислувам во таква состојба. Ми се чини дека секое влакно на главата ми се исправа од помислата некој мој слушател да биде проколнат така. Сакате ли да се замислите во таква ситуација? 3борот гласи: „Оди проклетнику." Ја

гледаш ли јамата што зинала да те проголта? Ги слушаш ли криците и повиците на оние што пред тебе стигнале во езерото на вечната мака? Наместо да си ја замислувам таа сцена, ти се обраќам со зборовите на инспирираниот пророк, и велам: „Кој од нас може да престојува во огнот што проголтува? Кој од нас може да живее во вечниот пламен?" О, пријателе мој, не можам да те оставам да ја отфрлиш верата тукутака. Не, јас мислам на она што доаѓа после смртта. Треба да бидам најголем 6едник, па да дозволам да гледам како некој се подготвува да се отруе, а да не му ја турнам чашата, или да видам како некој се подготвува да се фрли од мост в река, а да не го спречам да го стори тоа. Би 6ил полош од ѓавол, ако сега, со сета љубов, со сето внимание и искреност, не те преколнувам „да го зграбиш вечниот живот", „да не работиш за храна што гние, туку за храна што трае вечно". Некој можеби ќе ми рече дека грешам што правам така. Но не можам, а да не го правам тоа. Кога на крајот ќе морам да застанам пред мојот Судија, чувствувам дека не ќе можам да дадам добар доказ за мојата служба, ако со солзи не те преколнувам да се спасиш, да погледнеш на Исус

Христос и да го примиш Неговото славно спасение. Но зарем ова ќе биде бескорисно? Дали сите мои молби кон тебе се напразно? Дали се правиш глув? Тогаш, пак ќе го сменам тонот. Грешнику, те молев како што се моли пријател. И да се работеше за мојот живот, не ќе можев поревносно да зборувам денес како што ти зборувам сега за твојот живот. Навистина се чувствував загрижен за мојата сопствена душа, но ни трошка повеќе отколку што сум загрижен за душите во секоја црква денес, и затоа, ако ги отфрлаш овие преколнувања, имам нешто друго да ти кажам - морам да ти се заканам. Нема секогаш да слушаш вакви преду- предувања. Доаѓа ден кога, барем за тебе, ќе биде замолкнат гласот на секој проповедник на Евангелието, затоа што твоето уво ќе се олади во смртниот час. Ќе нема повеќе закани, туку тоа ќе биде исполнувањето на сите закани. Ќе нема ветувања, ќе нема навестување за прошка и милост. Ќе нема зборување за жртва која носи помирување, а ти ќе бидеш во земјата каде што Денот за почивка ќе биде проголтан од вечна ноќ полна со мака, и каде што проповедањето за Евангелието ќе биде забрането затоа што ќе


биде бесполезно. 3атоа ти велам: чуј го сега гласот што е упатен кон твојата совест, зашто ако не го послушаш, Бог ќе ти зборува преку Неговиот гнев и ќе ти зборува страшно незадоволен: „Те повикав, а ти одби. Ја испружив раката, и никој не и обрати внимание. 3атоа ќе и се потсмевам на твојата мака, ќе се смеам кога ќе те обземе стравот." Грешнику, повторно ти се заканувам. 3апомни, нема уште долго да ги слушаш овие предупредувања. Си мислиш дека ќе имаш долг живот, а свесен ли си колку е краток? Си помислил ли некогаш колку си кршлив? Си видел ли некогаш тело кога хирург ќе го расече на делови? Си видел ли нешто такво чудесно како што е човековото тело? „Колку необично! Харфа од илјада жици, а се одржува наштимана толку долго." Само една од тие жици да биде скината, само еден залак да отиде во погрешен правец и можеш да умреш. Ако Бог сака, и најмалата случка што може да ти се случи, може бргу да те одведе во смрт. Силни луѓе гинеле од најмала и најбезопасна незгода. Истото може да ти се случи и тебе. И во црквите се случувало луѓе да паднат на место мртви. Колку често слушаме за луѓе што од ненадеен срцев удар умреле на сред

улица - и се отркалале од сегашноста во вечноста? И дали си сигурен дека твоето срце е сосема здраво? Дали крвта ти циркулира исправно? Дали си сосема сигурен во тоа? И да е така, уште колку ќе трае? Можеби има некои од вас што нема да го дочекаат Божиќ - може6и им истекол рокот! „Среди си го домот, зашто ќе умреш и нема да живееш."вели Библијата. Не би можел со точност да кажам колку луѓе од мојата околина ќе умрат за една година. Но сигурно е дека сите ние, како целина, нема никогаш повторно да се сретнеме заедно на каков и да е друг собир. Некои од нас може6и ќе заминат пред доаѓањето на Нова година. Значи, те потсетувам, пријателе мој, дека портата на спасението може да биде затворена или да останеш вон местото каде што е портата на милоста. Затоа, ајде, дозволи заканувањето да има ефект врз тебе. Јас не се заканувам и не дигам тревога без причина, туку со надеж дека братската закана може да те потера кон местото каде што Бог ја има подготвено гозбата на Евангелието. Па... ќе морам ли да си заминам 6ез надеж? Дали исцрпив сe што можев да кажам? Не, ќе ти се вратам повторно. Кажи ми, пријателе, што е тоа што те задржува да не дојдеш кај

Христос? Слушам како еден вели: „Господине, тоа е затоа што се чувствувам многу виновен." Не е така пријателе, не е така. „Ама, господине, јас сум најголемиот грешник!" Не си, пријателе. Најголемиот грешник умре пред многу години и замина во не6ото. Неговото име е Савле од Тарс, кој потоа беше наречен апостол Павле. Тој беше најголемиот грешник и знам дека ја зборуваше вистината. „Но", ќе кажеш, „јас сум многу лош". Не можеш да бидеш полош од најголемиот грешник. Можеш да бидеш само втор по него. Но и да претпоставиме дека ти си најлошиот жив грешник, сепак ти си втор по лошотија, зашто тој беше најголемиот. Но и да си најлошиот, не ли е тоа вистинска причина зошто треба да дојдеш кај Христос? Колку полошо се чувствува човекот, толку поголема е причината зошто треба да оди в болница или кај лекар. Колку си посиромав, толку поголема причина имаш да примиш милостина од друг. А Христос не ти бара заслуги. Тој дава бесплатно. Колку полошо се чувствуваш, толку си подобредојден. Но дозволи да те прашам: дали мислиш дека некогаш воопшто ќе ти биде подобро, ако стоиш настрана од Христос? Ако така мислиш, тогаш малку или воопшто не го познаваш патот на


спасението. Не, господине, колку подолго стоиш настрана, толку полоша ќе ти биде состојбата. Ќе ти ослабне надежта, ќе запаѓаш во се поголем очај, а клинот со кој сатаната те приковал, се поцврсто ќе те држи и ќе стануваш се побезнадежен. Дојди, те преколнувам, и запомни дека ништо нема да добиеш со одлагањето, туку напротив, може сe да изгубиш. „Но", ќе рече некој друг, „чувствувам дека не можам да верувам." Не, пријателе, никогаш и нема да поверуваш, ако првин се трудиш да веруваш. Запомни: не сум дојден да те повикам на верување, туку да те повикам кон Христос. Но ќе речеш: „Во што е разликата?" Зошто прашуваш така? Ако најпрвин велиш: „Сакам да верувам во нешто", никогаш нема да веруваш. Но, твоето прво прашање треба да биде: „Што е тоа во кое треба да верувам?" Потоа верата ќе дојде како последица на тоа барање. Нашата првенствена работа нема ништо со верата, туку со Христос. Дојди, те преколнувам, на ридот Голгота (ридот на којшто беше распнат Христос) и види го крстот. Види го Божјиот Син, Тој што ги создаде небото и земјата, како умира за твоите гревови. Погледни кон Него. 3арем во Него нема сила која може да спаси? ГIогледни му го

лицето, полно со сожалување. 3арем во Неговото срце нема љубов која докажува дека сака да спасува? Грешнику, сигурен сум дека Христовиот поглед ќе ти помогне да веруваш. Немој првин да веруваш, а потоа да одиш кај Христос, зашто инаку верата ќе ти биде безвредна. Оди кај Христос без вера и фрли се во Него, а потоа нуркај и пливај во Неговите длабочини. Но слушам и друг како вика: „Господине, не знаеш ли колку често бев канет и колку долго го од6ивав Господ?" Не знам, и не сакам ца знам. Сe што знам е дека мојот Господар ме пратил да те убедам да дојдеш. 3атоа дојди со мене. Можеби си одбил илјада покани. Немој оваа да ти биде илјада и првата. Си доаѓал во домот Божји и само си го отврднувал срцето кон Евангелието. Но не гледам солза во твоето око. Дојди, пријателе, немој да бидеш закоравен при оваа денешна проповед. О, Духу на живиот Бог, дојди и растопи го ова срце зашто никогаш порано не 6ило растопено и убеди го да дојде! Не можам да те пуштам со такви млитави изговори. Ако си проживеал толку многу години во омаловажување на Христос, имаш толку многу причини поради кои сега не треба да го омаловажиш.

Дали слушнав како шепотиш дека ова не е погодно време? Тогаш, што треба да ти кажам? Кога ќе дојде тоа погодно време? Дали кога ќе бидеш во пеколот? Ќе биде ли тогаш погодно? Ќе дојде ли кога ќе бидеш на смртна постела - кога смртта ќе те гуши, ќе дојде ли тогаш? Или кога жешка пот ќе ти се спушта по веѓите или кога сиот ќе бидеш во студена леплива пот - ќе бидат ли тоа погодни времиња? Или кога болки те обземаат и со едната нога ќе бидеш в гроб? Не, господине, денес е најпогодното време! Нека Бог направи да биде така. 3апомни, јас не сум овластен да те молам утре да дојдеш кај Исус. Господарот не ти даде покана да дојдеш следниот вторник. Поканата гласи: „Денес, ако го чуеш Неговиот глас, не стврднувај си го срцето како кога те провоцираат", зашто Божјиот Дух вели: „денес". 3ошто да ја отфрлаш поканата? Дојди сега да разговараме. Тоа може да бице последното предупредување што воопшто ќе го добиеш. Отфрли го - и може никогаш повеќе да немаш можност да се покаеш. Може никогаш повеќе нема да чуеш ваква искрена порака наменета за тебе. Може никогаш повеќе да не бидеш молен вака како што јас сега те молам. Можеш да си заминеш, а


Бог да каже: „Оддаден е на идол и, остави го" Тие ќе ти стават оглав, и тогаш, внимавај - патот ќе ти биде сигурен, но тоа е пат кон загарантирано проклетство и брза пропаст. А сега повторно: дали е сe напразно? Нема ли да дојдеш кај Христос? Тогаш што можам уште да сторам? Имам само уште едно средство, и ќе се обидам со него. Може да ми биде допуштено да плачам за тебе. Може да ми биде дозволено да се молам за тебе. Ако сакаш, можеш да го одбиеш моето обраќање, можеш да му се смееш на проповедникот, можеш да го наречеш фанатик, ако сакаш. Тој нема да те укори и нема да те обвини пред великиот Судија. Што се однесува до твојата навреда, таа ти е простена уште пред да ја искажеш, но запомни дека пораката што ја одбиваш денес, е порака од Некој што те сака, а исто така ти е пренесена преку усните на човек што те сака. Сети се дека твојата душа можеш да ја оставиш да си игра со ѓаволот и ни најмалку да не мислиш дека тоа е важно, но има барем еден кого го засега твојата душа, и еден кој, пред да ти се обрати, се борел со неговиот Бог да му даде сила да ти проповеда, и кој кога ќе ти го каже ова, не ги заборава своите читатели. И пак велам: кога ќе ни снема зборови, можеме да

дадеме солзи - зашто зборовите и солзите се рацете со кои проповедниците на Евангелието се служат за да ги убедат луѓето да дојдат. Ти не знаеш, и претпоставувам дека не можеш да веруваш колку загрижен за својата црква се чувствува човек што е повикан од Бог за таа служба, а посебно за некои луѓе во неа. Пред некој ден чув за еден млад човек кој долго време доаѓа в црква, а чиј татко се надева дека ќе биде доведен кај Христос. Но тој се запознал со некој неверник и сега си ја запоставува работата и секојдневно живее во грев. Го видов бледото и жално лице на татко му. Не го замолив самиот да ми каже што се слу- чило, зашто чувствував дека тоа би 6ило копање по мачна и отворена рана. Понекогаш ми се чини дека белите коси кај добрите луѓе се резултат на тешки маки. Млади луѓе, вие не се молите за себе, но вашите мајки се борат за вас. Не мислите на вашите сопствени души, но вашите татковци се грижат за вас. Сум бил на молитвени состаноци кога се молат Божји деца. Тие не би се молеле толку усрдно и со таква болка, кога би се молеле за своето спасение. И зарем не е необично тоа што ние сме подготвени да превртиме и небо и земја за вашето спасение, а вие воопшто не мислите за

себеси во однос на вечните работи? Сега, за момент ќе се свртам кон некои други луѓе. Има меѓу вас такви што се членови на христијански цркви, кои тврдат дека веруваат, и ако не се лажам (а би бил среќен ако се лажам), вашето тврдење е лага. Вие не живеете во склад со верата и ја обесчестувате. Можете да живеете во постојано отсуство од Божјиот дом, па дури во поголеми гревови од тоа. Сега, ве прашувам таквите кои не сте украс за учењето за Божјото спасение: дали мислите дека можете да ме нарекувате ваш пастир, а мојата душа да не трепери и тајно да плаче за вас? И пак ќе речам: може6и не ви е многу грижа како ја валкате облеката на вашето христијанство, но тоа претставува голема грижа за Божјите слуги кои не ги гледаме јавно, а кои воздивиуваат, плачат и стенкаат заради беззаконијата на оние што се нарекуваат христијани. Му преостанува ли на проповедникот нешто друго, освен плачењето и молитвата? Да, има само уште едно. Бог на своите слуги не им дал моќ на обновување, но им дал нешто слично. 3а човекот е невозможно да го нановороди својот 6лижен, а сепак, како се раѓа тој за Бог? Не зборува ли апостолот за таков човек


кој 6ил роден од него, додека 6ил во окови? Проповедникот има моќ дадена од Бога, да биде сметан за татко и мајка на оние кои се раѓаат за Бог, зашто самиот вели дека трпел родилни маки за душите додека Христос се формирал во нив. Па што да правиме? Можеме да го повикаме Светиот Дух. 3нам дека го проповедав Евангелието, и тоа ревносно, и барав од Господ да си го исполни Своето ветување. Тој рече цека Неговиот Збор нема да се врати празен - и така ќе биде. Тоа зависи од Него, а не од мене. Јас не можам да те убедам, но Ти, Светиот Дух, Кој ги имаш клучевите од срцето, Ти можеш да натераш. Дали некогаш сте забележале во една глава од Откровението каде што се вели: „Еве, стојам пред вратата и чукам", само неколку стиха пред тоа, истата личност е опишана како личност што го има клучот. Па така, ако чукањето не помогне, Тој што го има клучoт, може да влезе - и сака да влезе. Затоа, ако чукањето на еден проповедник не помогне денес, преостанува тоа тајно отворање од Светиот Дух, за да бидеш убеден. Го сметав за моја должност тоа, да работам со вас како да сум обврзан да го правам тоа. Сега тоа го префрлам во рацете на мојот Господар. Неговата

волја не е да трпиме родилни болки без да раѓаме духовни деца. Тоа зависи од Него. Тој е Господар на срцето и ќе дојде ден кога ќе се покаже дека некои од вас што биле натерани од Неговата суверена милост, станале доброволни заробеници на најмоќниот освојувач, Исус, и Нему му ги покориле своите срца преку денешнава порака.



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.