Studija za razvoj na ski centar Ponikva - Osogovo

Page 168

Управувањето со регионалните и магистралните патни правци во Република Македонија е под надлежност на Агенцијата за патишта на Република Македонија. Пристапниот пат до базната населба, кој е прикажан на соодветните слики, е само информативен приказ на патот и не значи идејно решение за негово лоцирање. Снабдување со електрична енергија Поврзувањето на базната населба со постојната дистрибутивна мрежа за електрична енергија се планира да се изврши во близина на рудникот „Саса”. Првичните процени се дека ќе треба да се обезбедат приближно 1 MW струја, што ќе биде доволно за првата фаза на развој на ски центарот „Царев Врв”. Неопходно е да се изгради далновод кој ќе ја поврзе базната населба со постојната мрежа, во вкупна должина од приближно 8 км. Процената на потребните финансиски сретства се движи од 0,8 до 1,2 милиони евра. Водоснабдување Снабдувањето на базната населба со вода треба да биде решено со изградба на посебен систем за водоснабдување, кој со вода ќе се снабдува преку изградба на зафати на постојните извори кои се лоцирани под Царев Врв. Првичните процените се дека се потребни приближно 1 милион евра за изградба на целосен систем за водоснабдување на базната населба.

168


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.