Probistip - opstinski informator 39

Page 1

ПРОБИШТИП ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР

www.probistip.gov.mk | info@probistip.gov.mk | facebook.com/probistip

ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР ДЕКЕМВРИ 2016 / БРОЈ 39 / БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК

ПОЗНАЧАЈНИ РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ ВО 2016 ГОДИНА

52РА ГЕНЕРАЦИЈА НА МАТУРАНТИ

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 28МИ АВГУСТ

страна 3

страна 14

страна 15


2 | ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР

содржина 3-13 РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ ВО 2016 ГОДИНА

14 52 ГЕНЕРАЦИЈА НА МАТУРАНТИ

15 ДОСТОЈНО ОДБЕЛЕЖАНИ ГОЛЕМИТЕ ПРАЗНИЦИ

15 28 АВГУСТ

16 PROBISTIP SUMMER FESTIVAL 2016

Вовед Почитувани сограѓани, При крајот сме на 2016 година и вообичаено на крајот на годината ги сумираме резултатите од се она што се случуваше во текот на годината.Оваа година можеме да кажеме дека е една од поуспешните години на Општина Пробиштип. Година во која се реализираа огромен број на проекти, кои што значат значително подобрување на условите за живеење во нашата општина. Градот полека но сигурно го менува својот лик и станува едно убаво урбано место. Од таа причина, како што е редот сакаме реализацијата на сите овие проекти, а ги има во голем број, да ги споделиме со Вас почитувани, зошто токму и за Вас се наменети.

Годинава реализиравме и низа на културни настани и манифестации по кои е општо препознатлива нашата општина, а од пред некој месец го имаме и првиот туристички водич на општина Пробиштип, изработен од општинската администрација. Целосно сме посветени, почитувани за создавање на подобри услови за живеење и општината да ни биде едно убаво место за живеење. Се трудиме да создадеме подобри услови за живот, се надевам дека во голем дел успеваме. Секако дека може и повеќе и подобро, затоа се залагаме и даваме се од себе за да направиме едно пристојно место за живеење, каде ќе живеат среќни луѓе. Со почит Тони Тоневски

Издавач: Општина Пробиштип За издавачот: Тони Тоневски Главен уредник: Радослав Илиевски Графички дизајн: Мише Милановски Печати: ЕВРОПА 92 Кочани

www.probistip.gov.mk info@probistip.gov.mk facebook.com/probistip

ДОНАЦИИ ЗА АЛЕКСАНДРА ИЛИЕВСКА ДА ГО СПАСИМЕ НЕЈЗИНИОТ ВИД. ТАА БОЛЕДУВА ОД MYOPIA DEGENERATIVA на очен нерв Александра Илиевска е девојка која има 36 години и го има изгубено својот вид. За да прогледа повторно и да може да функционира нормално како и сите нас потребно е да замине на втора операција во UFA Русија. Се надеваме дека после втората интервенција видот ќе и се врати и подобри. Да бидеме хумани и да помогнеме на оваа девојка да ја види повторно светлината и убавината на денот. СМЕТКА ЗА ДОНАЦИИ ЗА АЛЕКСАНДРА ИЛИЕВСКА ПРОБИШТИП 200002878016667 СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ, СМЕТКА ЗА ДОНАЦИИ ОД ДРУГИ ДРЖАВИ ACCOUNT NUMBER 0029677513 IBAN MK07200002967751367 SWIFT STOBMK 2X NAME AND SURNAME OF BENEFICIARY ALEKSANDRA ILIEVSKA, STOPANSKA BANKA AD-SKOPJE, PROBISTIP. ДА ЈА ПОКАЖЕМЕ СВОЈАТА ХУМАНОСТ И ДОБРОНАМЕРНОСТ СО ДОНИРАЊЕ НА МАЛКУ СРЕДСТВА КОИ МНОГУ ЗНАЧАТ ЗА НЕА. ВИ БЛАГОДАРИМЕ


ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР | 3

ПОЗНАЧАЈНИ РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ ВО 2016 ИЗГРАДБА НА ВОДОВОД ДО С. РАТАВИЦА ________________ На барање на жителите на с.Ратавица, а со цел надминување на проблемот со квалитетно водоснабдување, општината обезбеди средства од АФПЗРР во висина од околу 3.300.000 денари кои беа наменети за изградба на нов водоснабдителен систем. Овој проект беше завршен во месец Февруари 2016 година со што жителите на с.Ратавица добија чиста и квалитетна вода за пиење.

ДОИЗГРАДБА________________ НА ВОДОВОД ДО С. КУНДИНО Општина Пробиштип обезбеди средства во висина од 1.500.000 денари како донација од МЖСПП со кои во месец Октомври 2016 беше доизграден водоснабдителниот систем до с.Кундино, а ЈКП “Никола Карев“ работи на изградбата на секундарната мрежа.

ИЗГРАДБА НА ДЕЛ ОД ВОДОВОД ВО________________ С. ТУРСКО РУДАРИ Со средства од МЖСПП се изгради доводен цевковод во должина од 940 метри, а во завршна фаза е и изградбата на препумпната станица. Инвестицијата досега е со вредност од 3.000.000 денари од кои 2.000.0000 се од МЖСПП, а 1.000.000 од општината. За наредната година останува изградбата на резервоар за вода како и изградба на секундарната мрежа со што и жителите на с. Турско Рудари ќе добијат чиста и квалитетна вода за пиење.


4 | ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР

ПРОМЕНА НА ВОДОМЕРИ ________________ Со цел подобрување на услугите во делот на водоснабдувањето, во изминатиот период со средства во износ од 32.000.000 денари кои општина Пробиштип ги обезбеди како грант од ЕИБ, се изврши промена на 3905 стари водомери со нови дигитални водомери со далечинско отчитување и 20 ултрасонични водомери за дел од поголемите правни лица и институции. Со овие водомери освен што ќе се намалат загубите на вода, ќе се овозможи и редовно отчитување на потрошувачката на вода од страна на граѓаните.

ИЗГРАДБА НА ________________ УЛИЦИ ВО НАСЕЛБА КАМЕЊАР Населба Камењар е една од поновите населби во Пробиштип во која речиси ни една улица не беше воопшто асфалтирана, а исто така најголем број од изградените куќи беа дивоградби. Со Законот за легализација на дивоградбите најголем број од жителите веќе ги легализираа своите домови. Покрај тоа, општина Пробиштип вложи 27.000.000 денари од сопствениот општински буџет за асфалтирање на околу 4.000 метри, односно асфалтирање на повеќе од 20 улици, а жителите на населба Камењар конечно добија асфалт до своите домови.

ИЗГРАДБА НА УЛИЦА ДО МАНАСТИР “СВ. ИЛИЈА“ ________________ Иако до манастирот “Св.Илија“ се доаѓаше по еден непристапен пат, сепак е место кое со својата убавина и положба привлекува голем број на посетители. Токму затоа, а со цел подобрување на пристапноста и зголемување на бројот на посетители на Манастирот и неговата околина, во текот на месец Август се заврши со изградбата на патот во должина од 700 метри. Овој проект кој е со вредност од околу 3,5 милиони денари обезбедени од општинскиот буџет опфати асфалтирање на патот до Манастирот “Св.Илија“ во нас.Калниште како и асфалтирање на неколку краци.


ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР | 5

ИЗГРАДБА НА УЛ. 3-ТА ВО НАСЕЛБА КАЛНИШТЕ ________________ Покрај изградбата на улицата до Манастирот “Св.Илија“ во населба Калниште се изврши асфалтирање на 2 крака од улицата “3-та“ во должина од 300 метри. Проектот е со вредност од 2.000.000 денари, а се реализираше во месец Октомври 2016 година.

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД УЛИЦА________________ „ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ“ Со овој проектот се изврши изместување на водоводната линија, изградба на нови тротоари, поставување на ново улично осветлување и поставување на нов асфалтен слој во должина од 300 метри. Вредноста на проектот е околу 7.000.000 денари, средства обезбедени од општински буџет.

ПОСТАВУВАЊЕ НА ДВЕ МЕРНИ СТАНИЦИ ЗА МЕРЕЊЕ НА КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХОТ ________________ Во текот на летниот период се поставија две мерни станици за мерење на квалитетот на воздухот со вкупна вредност од 1.200.000 денари. Едната мерна станица е поставена кај ракометното игралиште во центарот на градот, а втората во нас. Камењар во непосредна близина на фабриката за акумулатори и локацијата каде е во тек изградбата на новата леарница. Резултатите од мерењата се објавуваат на општинската веб страна.

РЕГУЛАЦИЈА И УРЕДУВАЊЕ НА РЕЧНОТО________________ КОРИТО НА РЕКА КИСЕЛИЦА Со реализацијата на овој проект освен што речното корито во должина од 240 метри доби нов лик, се обезбеди и заштита на ова подрачје од поплави. Овој проект е со вредност од околу 4 милиони денари, обезбедени од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка и општина Пробиштип.


6 | ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЧЕШМА ВО________________ С. ДОЛНИ СТУБОЛ Реконструкцијата со вредност од околу 130.000 денари иако е со мала вредност наиде на големо задоволство кај жителите на ова населено место, а старата руинирана чешма доби сосема нов лик. Проектот беше завршен во месец Јули 2016 година.

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА РАКОМЕТНО ИГРАЛИШТЕ ________________ Игралиштето кое се наоѓа во централното градско подрачје доби комплетно нов асфалтен слој на површина од 1220 метри, а беше и соодветно обележано. За оваа намена општината издвои 1.500.000 денари од својот буџет, а се заврши во месец Август 2016 година.

ПОСТАВУВАЊЕ НА НОВО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ СО ЕЕ ЛЕД СВЕТИЛКИ НА УЛ. ЈАКИМ КРЧОВСКИ И НА УЛ. НАДА МИХАЈЛОВА ________________ Со цел подобрување на квалитетот на уличното осветлување, општина Пробиштип континуирано вложува средства за оваа намена. Проектот е со вредност од 2.700.000 денари од општинскиот буџет, а се заврши во месец Август 2016 година.


ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР | 7

ИЗГРАДБА ________________ НА ДЕЛ ОД УЛ. ЛИВАШНИЦА Овој проект опфати целосно пробивање и асфалтирање на дел од ул. Ливашница во должина од 260 метри. Проектот е со вредност од 1.000.000 денари обезбедени од општинскиот буџет. За наредната 2017 година е предвидено асфалтирање на преостаната должина од оваа улица.

ИЗГРАДБА НА УЛИЦА ВО ИНДУСТРИСКА ЗОНА 12.1 ________________ Оваа улица во должина од 100 метри во индустриската зона во блок 12.1 беше неасфалтирана, а води кон веќе изградени производствени погони. Токму затоа, општината со средства од 860.000 денари изврши нејзино асфалтирање во текот на месец Септември 2016 година.

ИЗГРАДБА НА ПАРКИНГ ПРОСТОР НА УЛ. “ХРИСТИЈАН ТОДОРОВСКИ КАРПОШ“ ________________ Паркинг просторот во центарот на градот е со површина од 513 м2. Вредност на проектот е 1.000.000 денари од буџетот на општината, а проектот беше завршен во месец Септември 2016.


8 | ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР

ИЗГРАДБА НА ПАТ ДО С. ЈАМИШТЕ ________________ Земјениот пат до с. Јамиште беше целосно уништен и непрооден како резултат на поројните дождови и поплавите кои се случија на почетокот на 2015 година. Токму затоа, општината аплицираше до Бирото за рамномерен регионален развој со цел заедничка реализација на овој проект и изградба на пристапен пат до ова населено место. Со овој проект се изврши пробивање, поставување на пропусти за атмосферска вода и тампонирање на патот до с.Јамиште во должина од околу 3 км. Инвестицијата во висина од 3.000.000 денари беше обезбедена од БРР а 1.000.000 денари беа обезбедени од општината. Предвидениот дел од проектот беше завршен во месец Септември 2016 година, а општината во своите Програми за работа за 2017 година има предвидено и негово асфалтирање.

РЕКОНСТРУКЦИЈА И ПРОШИРУВАЊЕ НА УЛ.ЈОСИФ ДАСКАЛОТ СО АСФАЛТИРАЊЕ НА КРАЦИ ОД ИСТАТА ________________ Овој проект опфати проширување на улицата, како и асфалтирање на краци во вкупна должина од 1000 метри. Проектот кој беше завршен во месец Октомври 2016 година е со вредност од 6.500.000 денари, средства од буџетот на општината.


ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР | 9

ИЗГРАДБА НА ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО НАСЕЛБА КАРПОШ ________________ Со цел изградба и уредување на нови простори за игра на нашите најмали сограѓани, општината изврши целосно уредување на празниот и неискористен простор во Населба Карпош, веднаш до повеќенаменското игралиште. На овој дел се изградија пристапни патеки, се постави нова урбана опрема и детски реквизити во вредност од околу 3.000.000 денари кои се обезбедени од општинскиот буџет.

ИЗГРАДБА НА МОСТ НА ЗЛЕТОВСКА РЕКА (КАЈ С. РАТАВИЦА) ________________ Како резултат на поројните дождови на почетокот на 2015 година дојде до значително оштетување на мостот кај с.Ратавица. Иако многу брзо по оштетувањето мостот беше саниран и ставен во функција, сепак со цел овозможување на поголема сигурност за сите корисници на мостот, како и избегнување на нови оштетувања општината изготви техничка документација и преку Источниот плански регион успеа да добие 2.880.000 денари од АФПЗРР и со сопствено учество од 1.500.000 денари се изгради нов мост кој веќе е ставен во функција.


10 | ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР

ИЗГРАДБА НА ГРАДСКА КАПЕЛА ________________ Проектот за изградба на градска капела беше изгласан како најприоритетен проект за реализација од страна на граѓаните кои активно учествуваа на форумските сесии за креирање на буџетот за 2016 година. Според проектната документација, капелата ќе се простира на површина од 290 м2. Проектот во вредност од 9.000.000 денари од општински буџет е во тек. Рокот за завршување е Јануари 2017 година.

ДОУРЕДУВАЊЕ НА ЛЕСНОВО КАКО ТУРИСТИЧКИ ЛОКАЛИТЕТ ________________ Со средства од АФПЗРР во висина од околу 2.500.000 денари и учество на општината од околу 1.000.000 денари, во завршна фаза е изградбата на летниковците, санитарните јазли и поставување на ново улично осветлување.

РЕКОНСТРУКЦИЈА И ПРОШИРУВАЊЕ НА ГРАДСКИ ПАРК ________________ Проектот опфаќа изградба на нови пешачки патеки со терастон плочки, поставување на нова урбана опрема, ново осветлување, изградба на 2 фонтани, уредување на катче за деца со детски реквизити и уредување на просторот околу спортските терени. Во завршна фаза е хортикултурното уредување, а со цел полесно одржување на зеленилото поставен е систем за наводнување. Вредноста на проектот е околу 22 милиони денари од кои 16.500.000 се од АФПЗРР, а останатите од општината.


ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР | 11

ПРОШИРУВАЊЕ И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД РЕГИОНАЛЕН ПАТ МИРО БАРАГА ВЛЕЗ ОД КАЈ ШТИП ________________ Во изминатиот период од страна на “Македонија пат“ се изврши проширување на ширината за дополнителен 1 (еден) метар во должина од 1.300 метри, се постави и порамнителен слој, општината започна со поставување на ивичњаците, а веднаш потоа ќе започне и изградбата на патека за пешаци и волосипеди која ќе биде со ширина од 2 метри. Инвестицијата на општината во имплементацијата на овој проект изнесува 6.000.000 денари.

ИЗГРАДБА НА КОМПЛЕТНА ИНФРАСТРУКТУРА ВО ИНДУСТРИСКА ЗОНА КО НЕОКАЗИ ________________ Во завршна фаза е тендерската постапка за избор на Изведувач за комунална инфраструктура која ја спроведува Министерството за транспорт и врски. Вредноста на проектот е околу 18.000.000 денари од кои 15.000.000 се грант од ЕИБ, а останатите се обезбедени од општината.

ОСВЕТЛУВАЊЕ НА ПЕШТЕРИТЕ ВО ЛЕСНОВО И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПРИСТАПНИТЕ ПАТЕКИ ________________ Во завршна фаза е реализацијата на проектот кој ќе опфати осветлување на повеќе пештери кои несомнено претставуваат голема туристичка атракција и мамат воздишки кај сите посетители. Исто така, со овој проект ќе биде извршена и реконструкција на пристапните патеки до пештерите. Проектот се реализира со средства од Швајцарската агенција за развој и соработка и општина Пробиштип во висина од 1.700.000 денари.

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПЛОШТАД ВО ЗЛЕТОВО ________________ Во тек е проектот за реконструкција на плоштадот во Злетово кој ќе опфати промена на фонтаната, поставување на нова урбана опрема и ново осветлување во вредност од околу 450.000 денари.


12 | ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР

ИЗГРАДБА НА МИНИ ПАРК ВО НАСЕЛБА КАЛНИШТЕ ________________ Овој проект опфаќа уредување на празниот и запуштен простор во населбата Калниште со изградба на пешачки патеки, поставување на урбана опрема и поставување на улично осветлување. Со подобрување на временските услови, овој простор ќе биде и хортикултурно уреден, а за нашите најмали сограѓани ќе бидат поставени и детски реквизити.

ИЗГРАДБА________________ НА СЕКУНДАРЕН ПЛОШТАД Потпишан е договорот за изградба на секундарен плоштад во центарот на градот, пред Средното општинско училиште „Наум Наумовски Борче“ и се очекува деновиве да започне неговата изградба. Проектот опфаќа изградба на секундарен плоштад, мал амфитеатар, изградба на фонтана, поставување на урбана опрема и изградба на паркинг простор. Вредноста на проектот е 12.000.000 денари, средства кои се обезбедени како грант од ЕУ ИПА инвестициските фондови.

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛ. 11ТИ ОКТОМВРИ ________________ Изминативе денови се потпиша и договорот за реконструкција на улицата „11 Октомври“ во должина од 250 метри. Проектот опфаќа поставување на нов асфалтен слој, изградба на нови тротоари и ново улично осветлување. Вредноста на проектот е 4.000.000 денари, средства кои се обезбедени како грант од ЕУ ИПА инвестициските фондови.


ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР | 13

РЕКОНСТРУКЦИЈА________________ НА ФАСАДА НА ДОМ НА КУЛТУРА Проектот со вредност од 158.000 евра ќе се реализира со средства од Прекуграничната програма на ИПА фондовите. Во подготовка е тендерската документација, по што ќе следи постапката за избор на најповолен Изведувач. Почетокот на работите се очекува да биде на почетокот на 2017 година, а ќе опфати промена на кровот, промена на прозорите и поставување на енергетски ефикасна фасада.

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ ________________ Општина Пробиштип во соработка со фабриката за акумулатори “Таб-Мак“ го реконструира детското игралиште во центарот на градот. Фабриката “Таб-Мак“ ги набави и постави новите детски реквизити, општината претходно ја подготви подлогата за поставување на играчките, а во наредните денови ќе биде поставена и гумена подлога со која освен што целото игралиште ќе има поубав лик, ќе се зголеми и безбедноста на дечињата кои секојдневно го посетуваат ова детско катче.


14 | ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР

52 - ТА ГЕНЕРАЦИЈА МАТУРАНТИ ДЕФИЛИРАА НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД ВО ПРОБИШТИП ________________ Матурантите од генерацијата 2012 - 2016 од Средното општинско училиште „Наум Наумовски Борче“ од Пробиштип пред повеќе илјадна публика дефилираа на градскиот плоштад. Шеста година по ред како Општина Пробиштип ја прави оваа манифестација, која е единствена од ваков вид во Република Македонија. По класниот час во училиштето, матурантите со дефиле дојдоа на градскиот плоштад каде на официјална бина ги поздравија, во име на класните раководители на генерацијата, наставникот Ѓоко Антониев, директорот на училиштето Ванчо Арсов и градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски. Беше промовиран ученикот на генерација, изберен од страна на наставничкиот совет на училиштето, Филип Стoјанов од IV2 клас - Гимназиско образование, Природно математичко подрачје - Комбинација Б. Организаторот, во име на градоначалникот Тоневски на матурантките им дари по една црвена роза, а матурантите од градскиот плоштад низ кордон од луѓе се упати кон местото каде се одржува нивната матурска вечер проследени со величествен огномет.

ДОСТОЈНО ОДБЕЛЕЖАНИ ГОЛЕМИТЕ ПРАЗНИЦИ ИЛИНДЕН, 8 СЕПТЕМВРИ, 11 ОКТОМВРИ И 23 ОКТОМВРИ ________________ Општина Пробиштип традиционални и оваа година ги одбележа големите македонски празници. Низа на културни и спортски манифестации се одржаа по повод нашите најголеми празници. Освен полагањето на цвеќе на спомен обележјата на паднатите борци Илинден во Злетово беше одбележан со концерт на Сузана Гавазова и журка на градскиот плоштад со музичкото трио Само Тони и две жени. 8 Септември, општината го одбележа со фолклорна вечер на ракометното игралиште, а по повод 11 Октомври и 23 Октомври во Домнот на културата се одржаа промоција на книги,изложба на слики и предавање. Едната на Драган Ристов, со книгата „903 - Илинденското востание во американскиот печат“ и ликовната изложба на слики со молив техника и втората е предавање на д-р Соња Николова на тема „Фазите во развојот на македонското револуционерно движење со посебен акцент на национално револуционерната дејност на Методија Шаторов - Шарло“. Р.И.


ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР | 15

ОПШТИНА ПРОБИШТИП ГО ОДБЕЛЕЖА 28 АВГУСТ ________________ 28 Август, Денот на рударите, Успение на Пресвета Богородица, и Ден на Пробиштип, Општина Пробиштип го одбележа со низа на настани и манифестации. Во чест на празникот се одржаа традиционалните спортски турнири во мал фудбал, одбојка, кошарка и тенис. Неделата на спортот и културата кулминираше со Вечерта на мода и уметност, каде имаше модна ревија на студентите од Технолошко - техничкиот факултет во Пробиштип и настап на извонредниот квартет на виолинистки „Пламенка квартет“, потоа со фолклорната вечер и секако голема завршница со концерт на градскиот плоштад на „Синтезис“ и Елена Ристеска. Секако централен настан беше свечената седница на Советот на општина Пробиштип, каде свое обраќање имаше првиот човек, Тони Тоневски, а традиционално на најдобрите ученици кои постигнале успех на некој од државните или меѓународни натпревари и на нивните ментори им беа доделени вредносни ваучери и благодарници за постигнатиот успех и достојне претставување на општина Пробиштип. Специјални гости беа делегацијата од општина Горњи Милановац, претставени од претседателот на општината г. Дејан Ковачевиќ и заменик претседателот г-а Јадранка Достаниќ инаку општина со која е отпочната постапка за збратимување. Р.И.


„PROBISTIP SUMMER FESTIVAL“ ПОЛЕКА НО СИГУРНО СТАНУВА ПРЕПОЗНАТЛИВ ________________БЕЛЕГ НА ОПШТИНА ПРОБИШТИП Последниот викенд од месец јули беше во знакот на „Probistip summer festival“ - от, кој полека но сигурно станува препознатлив белег на општина Пробиштип. И годинава Пробиштипјани, но и гостите кои што ги имаше од регионот , но и пошироко можеа да уживаат во добрата скара, пивото и убавата македонска музика. Општина Пробиштип останува доследна во промовирањето на македонските автори и македонската музика. На првата вечер настапија Катерина Таневска и Нели ти реков, Eye Cue и Тијана Дапчевиќ, а на втората вечер присутните ги забавуваа гитарското дуо Аце и Јоце, Љубојна и Супер Хикс. До раните утрински часови младите ги забавуваше ДЈ Цобе. Годинава настанот го посетија околу 7000 гости во двата вечера, а посебен белег оставија педесетте гости од Англија кои својот престој во Македонија го искористија да дојдат на овој убав настан. Играа и се забавуваа на музиката на Љубојна и на Супер Хикс и со пријатни спомени си заминаа од Пробиштип. Р.И.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.