Porta3 168

Page 1

Шарената џамија ќе се зачува за идните генерации Марио БОТА

Преку јазикот на просторот, светлината и геометријата комуницирам со публиката

90 денари / БРОЈ 168 / ПЕТОК 21.10.2011 година VII

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

проф. д-р Тихомир НИКОЛОВСКИ

БРИТАНСКИТЕ АРХИТЕКТИ ЌЕ СЕ ЕДУЦИРААТ СПОРЕД НОВА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ПРОГРАМА

Претходниот Закон за градење подобар од сегашниот!



БРој 168 петок 21.10.2011

ГоДина VII Редакција:

драГи читатели, изворна зачуваност и карактеристични архитектонско уметнички елементи, кои го оправдуваат статусот на културно наследство од исклучително значење. Во Париз, еден од метрополите на западната култура, сместен е музеј на цивилизациски добра кои не се западни, туку припаѓаат на култури на Африка, Азија,Океанија и Америка. Се работи за музејот на кејот Бранли, предизвикувачки проект на познатиот француски архитект Жан Нувел. По 31 декември 2016 година, термоелектраните мора да ги исполнат зададените гранични вредности за емисијата на стакленички гасови кои ги бара ЕУ, или ќе мора да престанат со работа. За ранливите економии на Балканот ова е сериозен проблем, врзан со сериозни инвестициони вложувања, кои не носат поголем профит, а се неопходност. Ова беше тема на регионалната конференција „Балкански денови на десулфуризацијата 2011”, која се одржа во Аранѓеловац, Србија.

ГРАДЕЖНИШТВО 10 КАКО ДО ПОДОБАР ЗАКОН ЗА ГРАДЕЊЕ?

од редакцијата

18

новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

Насловна страница: Музеј на кејот бранли, париз Шарената џамија ќе се зачува за идните генерации Марио Бота

Преку јазикот на просторот, светлината и геометријата комуницирам со публиката

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

90 денари / БРОЈ 168 / ПЕТОК 21.10.2011 година VII

Кон крајот на септември во Струга се одржа Тркалезна маса на тема „Како до подобар Закон за градење?“ „Порта3“ го следеше овој настан, а заради актуелноста на темата, ги отворивме нашите страници за целосните искажувања и ставови на некои од учесниците во расправата. Ќе ни биде задоволство доколку и други соработници и читатели дадат свој придонес кон оваа актуелна и важна тема. Светски познатиот архитект Марио Бота, во Скопје и во Тетово одржа предавања за своите архитектонски остварувања и за архитектурата воопшто. Во презентацијата на неговите реализации пред македонските архитекти и студенти, тој покажа дека неговите решенија имаат тенденција да вклучат силно чувство на геометрија, што често се базираат на многу едноставни форми, но сепак создаваат уникатен обем на просторот. Шарената џамија во Тетово, бисерот на исламската архитектура ќе се зачува за идните генерации. Таа се реставрира со американски грант. Како недвижно наследство заштитено со закон уште пред 60 години, таа е културноуметничко сведоштво со висок степен на

главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ

БРИТАНСКИТЕ АРХИТЕКТИ ЌЕ СЕ ЕДУЦИРААТ СПОРЕД НОВА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ПРОГРАМА

проф. д-р Тихомир НИКОЛОВСКИ

Претходниот Закон за градење во некои одредби е подобар од сегашниот

графички уредник: Дејан ДАВИТКОВ фоторепортер: Кире ПОПОВ

архитект: жан нувел

лектор: Костадинка СОЛЕВА

22

КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО 18

ШАРЕНАТА ЏАМИЈА ВО ТЕТОВО ЌЕ СЕ ЗАЧУВА ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

МАРИО БОТА: ПРЕКУ ЈАЗИКОТ НА ПРОСТОРОТ, СВЕТЛИНАТА И ГЕОМЕТРИЈАТА КОМУНИЦИРАМ СО ПУБЛИКАТА

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk

СТУДЕНТСКА РАЗМЕНА 26

СВЕТСКИ МУЗЕИ 30 МУЗЕЈ НА КЕЈОТ БРАНЛИ

Печати: Европа92 - Кочани Маркетинг: Биро Проект biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796

26 30

ЕКСПЕРТ 48

www.porta3.com.mk

НОВА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ПРОГРАМА ЗА ЕДУКАЦИЈА НА БРИТАНСКИТЕ АРХИТЕКТИ

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден. жиро с-ка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485

ЕКОЛОГИЈА 56

„БАЛКАНСКИ ДЕНОВИ НА ДЕСУЛФУРИЗАЦИЈАТА 2011“

Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседател проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл.град.инж. Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх. Сања ВЕЛИЧКОВСКА, дипл.инж.арх. Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 9, 1000 Скопје

АРХИТЕКТУРА 22

ПАРК „РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“ ВО АНКАРА

надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар АНДОВСКИ Билјана САВИЌ Бојана ФИЛИПОВИЌ Весна КОСТОВСКА Владимир Б. ЛАДИНСКИ (АНГЛИЈА) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Игор РИСТОВСКИ Кире КИПРОСКИ Леонида Пенка БАША Михаил ТОКАРЕВ Никола НЕШКОСКИ Сандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВА Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ Франческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)

48

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година


рубрика

4

3

ПОРТА

21 октомври 2011



инфо

62 Години Градежен факултет - Скопје

Стипендии за најуСпешните Студенти Оваа година на Градежниот факултет во Скопје има запишано 252 нови студенти, што е за околу три пати повеќе во споредба со времето пред четири години

Г

радежниот факултет од Скопје одбележа 62 години постоење. По тој повод се одржа свечен час посветен на доделување на стипендиите од Фондацијата за стипендирање и на индексите на новозапишаните студенти. Фондацијата за стипендирање на најуспешните студенти додели 24 сертификати за стипендирање на студенти кои ги исполниле условите, седум стипендии беа доделени од УКИМ, а компанијата ФАКОМ додели награда за најдобра дипломска работа од областа на градежни челични конструкции. На одбележувањето на јубилејот присуствуваа министрите за образование и наука и за животна средина и просторно планирање, Панче Кралев и Абдилаќим Адеми, и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Велимир Стојковски. Градежниот факултет во Скопје, како што истакна деканот Милорад Јовановски, е факултет и заедница која многу полага на традицијата и има стекнато високо реноме низ минатите години со напорна, но многу благородна работа. Перманентно, низ

6

3

ПОРТА

21 октомври 2011

годините, Градежниот факултет остварува плодна соработка на едукативно поле и во научноистражувачката дејност со сродни високообразовни институции од земјата и од странство. Со гордост може да се каже, рече Јовановски, дека експертите од Факултетот, како проектанти, ревиденти, надзорни органи или консултанти, учествувале во градбата на практично сите капитални објекти во нашата земја. „Можам да кажам дека навистина е прекрасно чувството да се присуствува во преполна сала со студенти кои одбрале да студираат на нашиот факултет. Имено, оваа година имаме запишано 252 нови студенти, што е за околу три пати повеќе во споредба со времето пред 4 години“, додаде тој. Една од формите на соработка со градежните компании е и формирањето на Фондацијата за стипендирање на најдобрите студенти. Таа досега има стипендирано стотина студенти. Градежниот факултет, како што посочи ректорот Стојковски, е еден од најстарите факултети на УКИМ и веќе 62 години ја покажува својата

висока компетентност. „Токму затоа овие изминати 62 години се од особено значење не само за Факултетот и за Универзитетот, туку и за Република Македонија. Градежниот факултет учествува во решавањето на низа научни и практични проблеми, трансфери на идеи и знаења, соработка со стопанството...“, истакна Стојковски. Досега од Градежниот факултет во Скопје излегле над 3.400 дипломирани градежни инженери, 150 дипломирани геодетски инженери, 40 дипломирани геотехнички инженери, 800 градежни инженери и околу 550 геодетски инженери. Покрај првиот цилкус на студирање, се одвива и втор циклус или постдипломски студии, а годинава треба да се започне и со докторски студии. Во изминатиот период Градежниот факултет, истакна Кралев, постојано ја проширува, унапредува и ја збогатува дејноста, приспособувајќи се на светските текови и стандарди, како и на потребите на стопанството и опшествената заедница. Наставните планови и програми за студиите, според него, постојано се усовршувани во сообразност со

напредокот на науката и техниката и во согласност со промените што настанувале во општеството, како и со потребите на градежништвото. „Ние гордо изјавивме дека ова е факултет кој ја гради Република Македонија, но ќе ја гради и во иднина. Тоа го докажува фактот што постојано се зголемува интересот за студирање на него“, нагласи Кралев. Умното управување со животната средина, според Адеми, се темели на нераскинливата врска со науката и научните докази. „Научните истражувања и иновативните инженерски решенија се недделиви од заштитата на животната средина. Во тој контекст и Градежниот факултет со своите катедри и кадар има недвосмислена улога во давањето научни и инженерски решенија за различни аспекти во заштитата на животната средина, особено водните ресурси“, рече ресорниот министер. Според тоа, додаде Адеми, принципите на заштитата на водите и на останатите медиуми на животната средина мора да се земат предвид во процесот на донесување одлуки кои се однесуваат на сите сектори и политики.


инфо СтипендиСти на фондацијата за Стипендирање на Студенти по Градежништво и Геодезија

Извршниот одбор на Фондацијата за стипендирање на студенти по Градежништво и Геодезија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Градежен факултет - Скопје, ја донесе следната Одлука за стипендирање на студенти во академската 2011/2012 година: Стипендијата за студентите од трета и четврта година е во форма на ослободување од партиципација за една година. Ослободени од партиципација се следните студенти:

Ред. бр. 1 2 3 4 5

Стипендисти запишани 2008/2009, 4 година Индекс бр. Име и презиме 8514/К Стоичовски Иван Виктор 8493/Х Цоневски Тодор Славен 8526/К Журовски Никола Александар 8497/K Велеска Љубчо Викторија 8507/K Велјановска Славе Катерина

Стипендисти запишани 2009/2010, 3 година Ред. Индекс бр. бр. Име и презиме 1 8590/К Руневски Петре Кристијан 2 8571/К Ристевски Марјан Климент 3 8572/К Волчев Живко Ристе 4 8576/К Трајчевски Драги Јован 5 516/ГД3 Миовски Звонко Јордан

Просек

Предмети

9,56 9,87 9,90 8,06 9,40

32 32 32 32 32

Просек

Предмети

9,71 9,19 9,81 8,47 8,95

21 21 21 21 21

За студентите од втора година стипендијата е, исто така, во форма на ослободување од партиципација, при што ослободувањето е за една година, додека за секоја наредна година следи повторно рангирање на студентите според постигнатиот просек и положени испити заклучно со септемвриската сесија. Се доделуваат 7 стипендии, 5 за студенти на студии по градежништво (3 за конструктивна насока, 1 за насока патишта и железници и 1 за хидротехничка насока), 1 за студент на студии по геотехника и 1 за студент на студии по геодезија.

Стипендисти запишани 2010/2011, 2 година Ред. Индекс Име и презиме бр. бр. 1 8637/ПЖ Недевска Зоран Ивана 2 8750/Х Дојчиновска Илија Ана 3 8699/К Попоска Горан Ангела 4 8659/К Незири Забедин 5 8644/К Стојкоска Миле Евгенија 6 188/ГТ Неделковска Атанас Наташа 7 606/ГД3 Хамза Зиќирја Ветон

Просек

Предмети

10,00 8,60 9,90 9,70 9,60 9,00 9,66

10 10 10 10 10 11 9

За студентите од прва година, од оваа академска 2011-2012 година, стипендијата е во форма на ослободување од партиципација, при што ослободувањето е за една година, додека за секоја наредна година следи повторно рангирање на студентите според постигнатиот просек. Се доделуваат 7 стипендии, 5 за студенти на студии по градежништво (3 за конструктивна насока, 1 за насока патишта и железници и 1 за хидротехничка насока), 1 за студент на студии по геотехника и 1 за студент на студии по геодезија. Од листата се изземени студентите кои во оваа академска 2011-2012 година добија стипендии - ослободување од партиципација од УКИМ.

Стипендисти запишани 2011/2012, 1 година Ред. Насока бр. 1 2 3 4 5 6 7

констр. констр. констр. пат. и жел. хидро. геотех. геодез.

Име и презиме

Рок на прием

дк/вдк

Реџепи Касум Арбр Ѓорѓиевска Миле Катерина Цветаноски Гоце Мирко Кажлевска Љупчо Душанка Дамјановски Зоран Васко Ангелова Ванчо Елена Муртези Муарем Бљерим

1 рок 1 рок 1 рок 1 рок 1 рок 1 рок 1 рок

дк дк дк дк дк дк дк

Резултати од успехот од средно образование - државна матура

98,637 98,485 98,483 97,863 90,957 98.477 97,723

најдобра диплоМСка работа

За најдобра дипломска работа од областа на челичните конструкции беше прогласена „Висечка покривна конструкција - натстрешница“ од Александра Цветановска изработена на Катедрата за метални конструкции под менторство на проф. д-р Атанас Филиповски. Наградата ја врачи директорот на АД ФАКОМ Скопје, Златко Симјановски, како претставник на спонзорите, а воедно ги поздрави присутните во име на сите донатори.

добитници на Стипендии од укиМ

Следните 10 (десет) матуранти со положена државна матура, запишани на Градежниот факултет во Скопје, а се добитници на стипендии кои ги доделува Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, се:

- Миладиноски Дарко, конструктивна насока, со просек: 99,709 - Милоска Даниела, конструктивна насока, со просек: 99,621 - Милутиноски Васко, конструктивна насока, со просек: 99,621 - Станоевски Оливер, геодезија, со просек: 99,441 - Костеска Симона, конструктивна насока, со просек: 99,044 - Ѓоргиевска Ивана, конструктивна насока, со просек: 98,983 - Костеска Василија, конструктивна насока, со просек: 98,937 - Јованоски Слободан, геодезија, со просек: 98,836 - Митровска Александра, конструктивна насока, со просек: 98,815 - Бојковска Александра, конструктивна насока, со просек: 98,671 Добитниците на стипендиите се избрани според критериумот највисоко рангирани на ранг листата на Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии во првиот уписен рок со положена државна матура.

3

21 октомври 2011 ПОРТА

7


инфо

Презентација во владата на реПублика Македонија

Поквалитетeн живот на граѓаните Преку Проектот „водоснабдување и одведување отПадни води“ Останува потребата за јакнење на капацитетите на релевантните институции на централно и локално ниво, за подготовка и имплементација на проекти во секторот кои обезбедуваат самоодржливост

М

инатата недела во Владата на Република Македонија се одржа јавна презентација на финалниот извештај за истражувања на проценка на инвестициските проекти за водоснабдување и одведување на отпадни води, и почетниот извештај за техничка и менаџерска помош на активностите на инвестициските проекти за водоснабдување и одведување на отпадните води во Македонија. На презентацијата присуствуваа министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, претставници на единиците на локалната самоуправа и претставници на Европската комисија и меѓународните финансиски институции. Проектот „Водоснабдување и одведување отпадни води“, за свои цели има поставено да го подобри животот на заедниците преку развојот на општинската инфраструктура, користење на инфраструктурниот развој во насока на подобрување на општинските капацитети кои ќе обезбедат одржливост на комуналните инвестиции, и поставување на основа за локален економски развој. Исто така, цел на овој проект е да се охрабри инволвираноста на локалните заедници во искористувањето на нивните права за да обезбедат

добро управување и квалитетни услуги во нивните општини. „Изградбата на нови водоводни и канализациски системи претставува заложба на Владата на Република Македонија за унапредување на инфраструктурата во секој сегмент и подобрување на животниот стандард на граѓаните. Со овој проект се опфатени приоритетни инвестициски проекти за водоснабдување и одведување на отпадни води во целата територија на Република Македонија, со

цел да се подобри снабдувањето со чиста вода за пиење, што директно влијае на здравјето на граѓаните и животната средина“, истакна министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Владата ги има усвоено главните политики за реформа на комуналните услуги за одржливост на инвестициите и одржливо функционирање на инфраструктурата. Но сепак, останува потребата за јакнење на капацитетите на релевантните

институции на централно и локално ниво, за подготовка и имплементација на проекти во секторот кои обезбедуваат самоодржливост. Општините засега покажуваат добар степен на подготвеност да продолжат со институционалните реформи, за да ги прифатат предизвиците што им ги задаваат меѓународните финансиски институции. Јанакиески истакна дека министерството за транспорт и врски заедно со градоначалниците изминатиот месец оствариле неколку средби за имплементирањето на овој проект, кои ќе продолжат и наредните два месеца, а од консултантите и претставниците на ЕИБ побараа побрзо да реагираат на нивните барања. „Јас како министер барам да ми се одобрат голем број на средства, но барам поддршка од ЕИБ за побрзо одобрување на проекти“, рече Јанакиески. Претставникот од ЕИБ, Марко Берос изјави дека во рамките на нивните можности ќе се обидат да помогнат во брзото имплементирање на овие проекти. В.К.

8

3

ПОРТА

21 октомври 2011


инфо

реГионална работилница „Скверплеј“ во Скопје

Младите од балканот за оживување на плоштадите

н

а какви сè начини може да се анимира еден јавен простор е една од главните цели на регионалниот проект „Оживување на градските плоштади во балканските градови“, кој се реализира во изминатите денови пред стоковната куќа „Мост“ и траеше до 19 октомври. Креативната работилница беше во организација на Коалицијата за одржлив

развој – КОР, Скопје, и насловена „Скверплеј“. Taa ги разгледуваше можностите за соодветно искористување на плоштадите и јавните простори. Во работилниците на различни теми, како „Игралиште“, „Дневна соба“, „Парк“, „Пазар“, беа вклучени партнерски организации од Македонија, Албанија и од Црна Гора, a во кои учествуваа околу 50 студенти, професори, архитекти,

просторни планери, социолози и културолози, уметници и дизајнери. Според организаторите, се планира од дискусиите на работилницата да биде изготвен водич, кој ќе ѝ биде предаден на градската власт. Соња Дамчевска, координатор на проектот „Оживување на градските плоштади во балканските градови“, изјави за медиумите дека „намената, значењето и социолошкиот сегмент на плоштадите најдобро го чувствуваат граѓаните“ и дека учесниците на оваа регионална работилница со своите идеи овозможуваат подобра интеракција со градскиот простор, и подобрување и изнаоѓање решенија за негови нужни измени. Младите студенти-архитекти кои партиципираа на „Скверплеј“, со помош на предавачите и на професорите, презентираа многубројни градски „сцени и

дејствија“ кои можат да се случат на јавниот простор. Како предавачи се појавија Мери Батакоја, Александар Прокопиев, Наум Пановски, Јана Стефановска, Огнен Марина, Стефанка Хаџи Пецова... Според режисерката Наташа Поплавска, која е дел од оваа работилница, „целта на проектот е младиот архитект да погледне од друг аспект на својата професија, односно празниот простор да го гледа како една сцена во која дејствуваат повеќе сегменти“. За неа, важно е да се види кој живее на просторот, кои луѓе поминуваат низ него, какви потреби имаат тие и, според тоа, како подоцна треба да се гради тој простор. Инаку, проектот беше поддржан преку швајцарската програма за култура за Западен Балкан и фондацијата Отворено општество Македонија, преку програмата „Исток-Исток“.

Ќе Се почнува поСтапката за изГрадба на подзеМната СообраЌајница

преку тунел од коМплекСот банки до МоСтот Гоце делчев

и

дната година градските власти планираат да ја почнат постапката за изградба на подземната сообраќајница што ќе се протега од Комплексот банки до мостот Гоце Делчев. „Изградбата на оваа сообраќајница е приоритет, а тоа го укажува и шпанската студија и студијата што ја изработи Министерството за транспорт и врски. Оваа подземна сообраќајница е една од клучните за растоварување на сообраќајот, ќе ја поврзува Илинденска со Комплексот банки. Студијата укажува на потребата од уште една сообраќајница за комплетно ослободување на метежот во тој дел од градот, онаа што ќе води

кон Кале, но засега не сме во можност да ја реализираме“, вели градоначалникот Коце Трајановски. Исто така, тој информира дека дел од трасата на сообраќајницата не е во согласност со Генералниот урбанистички план, односно се чека нејзиното усогласување во делот што е опфатен со деталниот урбанистички план за тоа подрачје, кој наскоро треба да го донесе општината Центар. На тој начин, објасни Трајановски, ќе се создадат сите услови за почеток на реализација на проектот. Градоначалникот најави дека иако би сакал реализацијата на терен да почне в година, сепак, реално ќе стартува во 2013 година, бидејќи е условена од времето потребно за сите потребни процедури. Инаку, Трајановски подвлече дека изградбата на подземната сообраќајница, всушност, ќе биде досега најголемиот и еден од најзначајните проекти на Градот во интерес на скопјани. Според претходно планираното решение, беше предвидено улицата да понира од Партизанска, поточно од делот кај Градежниот факултет. Според новиот нацрт, пак, ќе се спушти од кружен тек, кој ќе се

гради кај мостот Гоце Делчев, ќе продолжува покрај кејот и ќе излезе кај комплекс-банки, каде што ќе има уште еден кружен тек. „Тунелот ќе биде во должина од 900 метри и профил од 14 метри. Ќе биде опремен со системи за детекција на инциденти, пожар, систем за видеонадзор, комуникациски систем за итните служби, систем за вентилација, знаци со променлива содржина. Сето тоа ќе биде управувано од контролен центар“, објасни градоначалникот. Овој капитален проект, со кој

ќе се овозможи директна врска меѓу источниот и западниот дел од градот, ќе чини 30 милиони евра. Изградбата ќе значи дека граѓаните повеќе нема да мора да ги користат улиците од Малиот ринг кон западниот дел од Скопје, а тоа ќе биде значајно за намалување на бучавата и на загаденоста во овој дел од метрополата. Предвидено е подземната улица да биде готова две до три години од почетокот на градежните работи. К.С.т.

3

21 октомври 2011 ПОРТА

9


градежништво

како до подобар закон за Градење?

претходниот закон во некои одредби е подобар од СеГашниот! тихомир НИКОлОВСКИ

Сегашниот Закон за градење претежно се занимава со регулирање на формалните права и надлежности, пред сè на органите на јавната администрација. Значи, во повеќе од две третини од законот, тој се занимава со правата и надлежностите на инспекцијата, министерството и глобите!

н

ајнапред неколку збора за тоа која е или би требало да биде функцијата на Законот за градење? Во прв ред негова основна функција е да ги регулира односите меѓу сите учесници во процесот, нивните права, обврски и одговорности, во сите фази од зачетокот на идејата, па се до крајот на животниот век на градбите. Потоа, да воспостави ред во согласност со европската правно-техничка регулатива, стандарди за квалитет и „добрата практика“. Имплицитна, но не помалку важна функција е да овозможи природен развој со перманентен раст на квалитетот, компетентноста и референтноста, да е заснован на природниот

10

3

ПОРТА

21 октомври 2011

Кон крајот на септември во Струга се одржа Тркалезна маса на тема „Како до подобар Закон за градење?“ Порта3 го следеше овој настан, па поради актуелноста на прашањето, покрај извештајот од настанот објавен во минатиот број на списанието, овој пат ги отвора страниците за целосните искажувања и ставови на некои од учесниците во расправата. Би ни било задоволство доколку и други читатели се заинтересирани да дадат придонес кон ова прашање. Страниците на списанието се отворени за сите нив. процес на градење, етаблиран низ светската градежна традиција. Дали актуелниот закон ги исполнува овие функции? Да почнеме од основната. Да ги регулира

односите меѓу сите учесници во процесот, нивните права, обврски и одговорности, во сите фази од зачетокот на идејата, па се до крајот на животниот

век на градбите. Да воспостави ред во согласност со европската правнa и техничка регулатива, стандарди за квалитет и „добрата практика“. Тоа го прави само делумно! Законот претежно се занимава со регулирање на формалните права и надлежности, пред сè на органите на јавната администрација. Ова оттаму што во повеќе од две третини од законот, тој се занимава со правата и надлежностите на инспекцијата, министерството и глобите! Или, дали актуелниот закон ги исполнува имплицитните функции? Да овозможи природен развој со перманентен раст на квалитетот, компетентноста и референтноста, да е заснован на природниот процес на градење, етаблиран низ светската градежна традиција. Одговорот е воопшто не! Законот ги изедначува фирмите со докажан квалитет, компетентност и референтност со „човек-фирмите“. Целосно е занемарен природниот процес на градење - испуштени се суштински важни фази во предпроектниот процес и во процесот на проектирање/градење. Да почнеме од лиценците. Тие се даваат за проектирање, ревизија, градење и надзор. Формални услови за нивно добивање се фирмата да има регистрана дејност и минимален број овластени инженери. За лиценца за проектирање, за лиценца А, фирмата треба да има три инженери од кои еден со овластување А и еден со Б. За да добие фирмата лиценца Б, треба да има два инженера, од кои еден со овластвање Б. За да добие фирмата лиценца А за изведување треба да има вработено најмалку 20 лица. Од нив тројца треба да имаат овластување А и еден Б. Додека за лиценца Б за изведување е потребно фирмата да има вработено пет лица, од кои две треба да имаат Б овластување за изведување. Но, одиме понатаму. Според член 27 од Законот за градење изведувачот може изведувањето на одредени


градежништво неколку факти за Градништвото

Еве неколку факти за градежништвото. Не е неопходно јавниот сектор да обезбедува работа за градежништвото, но е многу важно стратешки да предвидува перманентни, не инцидентни, инвестиции до околу 30 проценти од неговиот капацитет. Пред сè, заради природен развој и „тренинг“ за настап на суровите и протекционистички странски пазари, потоа за зајакнување на техничко-технолошката база во домашни услови, за заштита од нелојална конкуренција на странски и домашни човек-фирми, и конечно за чување и негување на традиционалните вредности на македонското градежништво. Би посочил и некои факти за челичните конструкции. Македонија е мала земја, со мал пазар. Застапеноста на челичните конструкции е симболична, особено во високоградбата и мостовите. Кај нас таа е два килограма на жител. Во Велика Британија е 22, во Холандија 31, во Финска 25, а во Германија 16 килограми по жител. Ние имаме мал број на професионалци во областа, а главниот ангажман ни е на домашниот пазар. Околу 40 отсто од капацитетот се користи за одржување, санации и реконструкции на индустриска опрема. Во 90 отсто случаи опремата е носечка челична конструкција. Оттука, неизбежно се наметнува извозната ориентација (кај ФАКОМ 70-80 проценти од производните капацитети), а имаме одлична суровинска база (МАКСТИЛ, ИГМ, ФЗЦ).

градежни работи да ги довери на друго правно лице (подизведувач)... Но кои работи, кој процент? Ништо не е кажано, ниту е јасно. Уште почудно е решението за лиценци за градење. Законот фактички стимулира постоење на фирми - човек. Во вкупниот број вработени лица за А или Б лиценца (20 или 5) спаѓа и помошниот кадар (возачи, секретарки, курири, хигиеничарки ...). Овде се јавуваат и некои парадокси. Парадокс бр.1 (член 57), градби од прва категорија: нуклеарни електрани, термоелектрани и хидроелектрани, патишта и железнички пруги, регионални водоводи ...градби

од втора категорија: индустриски градби, деловни градби, колективно домување, трговски центри, хотели, спортски сали под 10.000 гледачи...полн со несогледиви и непоправливи последици. Странски фирми човек (нивни претставништва) изведуваат градежни работи вредни милиони евра! А што ни бараат нам странските клиенти за да земеме работа на нивните пазари? Бараат пред сè производна опрема и машини. Тоа значи технологија, CNC машини за сечење и дупчење, автоматски линии, старост, број и капацитет, обученост на оператори. Ни бараат

дигалки и монтажна опрема, нивен број, носивост, дофат, итн. Бараат машини и апарати за работа на терен, сертификати и лиценци: ISO, DIN, BS, EN, бродски регистри ...Се бараат референци, пред сè, објекти во странство, инженерски кадар по специјалности, искуство, лиценциран софтвер ... Кај нас, пак, за добивање на лиценца за градење не е потребно да имате (законот не ви бара), на пример, барем ISO 9001, сертификат за изработка на заварени и/или динамички оптоварени конструкции, барем минимум производен кадар, барем список на производна опрема,

машини, дигалки итн. Барем референци за изведени објекти. Кај нас категоризација на објектите е извршена не според сложеноста, видот и карактерот на натоварувањата, инвестиционата вредност, туку единствено според надлежноста за издавање на градежната дозвола! Но, тоа не е се. Неколку збора за природниот тек на пред-проектните и проектните фази. Се почнува со пред-физибилити студија, потоа доаѓа физибилити студија, па се прави идеен, па основен и изведбен проект (проект за подготвителни работи). Потоа, проект за проект за изведената состојба и за употреба и одржување. А што е предвидено со Законот? Оставени се само основен проект, (проект за подготвителни работи), проект за изведена состојба и проект за употреба и одржување. Ниту збор за предфизибилити студија, физибилити студија, идеен проект, изведбен проект. Исчезнаа во Законот. За попластично да биде прикажано, еве некои специфичности за проектите во челична конструкција. За која било покомплексна градба (мост, конструкција со поголем распон или поголема височина) не можете да го предадете проектот без проект за монтажа. За каква било конструкција, не можете да започнете со изработка без работилнички цртежи и без проект за технологијата за заварување. Тука е и одговорот на прашањето зошто е неопходен изведбениот проект? Па тој зависи од опременоста на фабриката и познавањето на процесите од страна на проектантот. Конечно, како заклучок, може да се каже дека Законот за градење од 2005 година, во клучните – технички одредби е подобар од актуелниот! Што треба да се измени? Задолжително да се вратат идејниот и изведбениот проект, а да се дефинира кога се потребни физибилити студиите! Задолжително да се врати старата категоризација на објектите, но да се избришат апсурдите со пет лиценци, како и да се исправат апсурдите со овластувањата што ги издава Комората на овластени архитекти и овластени инженери. проф.д-р тихомир НИКОлОВСКИ, ФАКОМ ад Скопје

3

21 октомври 2011 ПОРТА

11


градежништво

како до подобар закон за Градење?

подиГнување на СвеСта на подГотвувачите на проектната докуМентација

М

ое мислење е дека со исфрлањето на идејниот проект, инвеститорите и проектантите се повеќе во загуба отколку во добивка. Истиот проект и понатаму проектантите го изработуваат за да добијат одобрување од инвеститорите за понатамошна изработка на Основниот проект, но сега идејниот проект не се одобрува од надлежните служби во локалната самоуправа или надлежното Министерство, така што евентуалните нерегуларности во проектната документација од страна на надлежните органи се забележуваат дури при увид на основниот проект, при што корекцијата на проектот - фаза архитектура автоматски повлекува и корекција на сите други фази. Прашањето е кој ќе го сноси трошокот за корегирање или повторно изработување на целосната проектна документација, и колкав ќе биде временскиот период за истото да се изработи, а да не споменуваме дека за поголеми и капитални објекти, незамисливо е да се прескокне идејниот проект. При изработка на постоечкиот закон, не се соработувало со надлежните органи кои го изработуваат Законот за административни такси, така што сега за одредени управни постапки не се знае која административна такса треба да се наплати.

протокол

Порано со Решението за локациски услови се даваше на градителот апсолутната кота на приземната плоча, која е многу важен податок при изградба на секој објект. Сега истиот тој податок не се издава од страна на надлежните служби, бидејќи во ниту еден документ не е

Иван КОКАлАНОВСКИ

„Како е возможно да се изврши технички преглед на објектот без претходно да биде поврзан на водоводна и канализациона мрежа?“ евидентиран. На ова се надоврзува можеби еден од најважните недостатоци на овој Закон, а тоа е таканаречениот Протокол, односно акт за регулациона, градежна и нивелациона линија. Наместо тоа, треба да се врати законот од пред неколку години кога имаше два протокола - еден пред започнување на градбата, и друг за кота при поставување на темели, односно прва плоча.

Најлошо е што последиците од непостоење на овој документ ќе бидат забележани многу доцна, а кое ќе биде решението за објектите што ќе излегуваат од рамките на градежната линија или нивелационата кота, односно поместувањето од истите, не можам ниту да претпоставам.

член 92

Исто така, голем пропуст на овој

забелешки на законот

закон е членот 92, каде што се вели: став 1 „Постапката за поврзување на објектот со водоводна и канализациона мрежа ја спроведува единицата на локална самоуправа на чие подрачје е изграден објектот.“ став 3 „Општината е должна да ја започне постапката за поврзување на објектот со водоводна и канализациона мрежа во рок од три работни дена од денот на прием на одобрението за употреба за

Прва забелешка на горенаведениот Закон е што истиот не е во целост усогласен со други закони и правилници, кои се поврзани со управните постапки за издавање на одобренија сè до запишување во јавната книга на недвижности, и кои ги користат во другите надлежни служби (Агенција за катастар на недвижности, Дирекција за заштита и спасување, Сектор за сообраќај при Град Скопје и Сообраќајна полиција). При категоризација на градбите во член 57 од Законот за градење („Сл. Весник на РМ" бр. 130/09, 124/10, 18/11, 36/11 и 59/11) има испуштено некои градби (пример: изградба на топловодна мрежа). 12

3

ПОРТА

21 октомври 2011


градежништво

објектите од прва категорија од членот 57 на овој закон, извештајот за извршен технички преглед од надзорниот инженер за објектите од втора категорија од членот 57 на овој закон, односно изјавата од изведувачот за објектите за индивидуално домување со бруто развиена површина до 300 м2.“ Прашувам: „Како е возможно да се изврши технички преглед на објектот без претходно да биде поврзан на водоводна и канализациона мрежа?"

дуп

Исто така, голем проблем произлегува при спроведување на Деталните урбанистички планови. Секој план е донесен во различен период, и за истите важат правилниците што биле во сила во моментот на спроведување на Јавната анкета при донесување на тие планови. Тоа значи дека за повеќе ДУП-ови важат различни правилници, од кои некои можеби веќе и да не се во

сила. Мислам дека за сите ДУПови кои се во употреба треба да важи последниот Правилник за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање, со што не би се довеле проектантите и инвеститорите во заблуда. На крајот би сакал да додадам уште две важни работи. Едната е дека треба строго законски да се регулира квалитетот на изградбата на објектите и материјалите применети при изграба. Втората е да се подигне свеста на проектантите,

ревидентите и надзорите при изработка на проектните документации и извештаите, бидејќи за непочитување на законските регулативи следат парични казни и одземање на овластувањата, односно лиценците. Сè уште се предава документација во која не се почитуваат законските прописи, и истите не се изработени согласно подзаконските акти. Иван КОКАлАНОВСКИ, дипл.инж.арх. вработен во општина Аеродром

3

21 октомври 2011 ПОРТА

13


СиСтеМи за превенција и заштита од ГроМови Секоја година голем број домови и имоти се оштетени или уништени од удари на громови, а опасноста по човечкиот живот е најголема. Од многубројните деструктивни атмосферски феномени, како што се ураганите, поплавите, пожарите, громот е единствениот феномен од кој може економски да си дозволиме да се заштитиме. Системите за громобранска заштита се променија драстично откако Бенџамин Франклин за прв пат ги измисли громобраните во 1752 година. Денешните системи мора да бидат во чекор со развојот на модерната технологија и да ги штитат современите апарати, електричните системи и објектите воопшто. За да бидеме во чекор со развојот на технологијата и да дејствуваме пред времето, компанијата „Еликософт“ стана дистрибутер на производите за надворешна громобранска заштита од врвниот бренд INGESCO за територијата на Република Македонија. Со тоа „Еликософт“ уште еднаш им излегува во пресрет на своите клиенти нудејќи им современа заштита од природните феномени во согласност со меѓународните стандарди и прописи во областа на громобранската заштита. Групацијата INGESCO е шпански лидер на пазарот за технологија за превенција и заштита од атмосферски празнења. Преку својата компанија Dena Desarrollos S.L. и тестната лабораторија LABELEC, INGESCO произведува громобрани и заштитна опрема со врвен квалитет и најконкурентна цена, а воедно има развиено и сопствена технологија за превенција на електрични бури. Производите на INGESCO се извезуваат во над 40 земји, и претставуваат синоним за сигурност и максимална заштита. Од широкиот асортиман на производи, „Еликософт“ во соработка со INGESCO ги нуди следните громобрани за надворешна заштита: INGESCO® PDC, INGESCO® PDC-Е и INGESCO® PDC STREAM. Како резултат на својата отпорност и сигурност, громобраните INGESCO® PDC со својот систем без електрично полнење, имаат водечка позиција во технологијата за громобранска заштита повеќе од 30 години. Нивните различни модели овозможуваат приспособување кон потребите за заштита и безбедност на секој клиент, нудејќи 100% ефикасност при празнењето и гаранција за функционирање во секакви услови и под секакви околности. Системот со фаќач со уред за рано стартување (ESE system) ја докажа својата ефикасност во зголемување на заштитното поле понудено од громобраните пред еден од најдеструктивните атмосферски феномени: молња, електрично празнење од 100 милиони волти што поминува низ небото со брзина поголема од 620 километри во секунда. Громобранот INGESCO® PDC-Е емитува нагорен лидер што му овозможува да го „фати“ електричното атмосферско празнење побрзо и повисоко. Овој процес го зголемува радиусот на заштита на громобранот. Затоа INGESCO® PDC-Е е модел на висококвалитетен громобран со најконкурентна цена.

14

3

ПОРТА

Со својата последна генерација на системи со фаќач со уред за рано стартување (ESE system) INGESCO® PDC STREAM достигнува значително намалување на времето потребно за емисија на нагорен лидер (јонизација на воздухот околу направата за фаќање). На тој начин брзината и ефикасноста на процесот на фаќање на електричното атмосферско празнење се зголемуваат, а врз основа на тоа се зголемува и областа на заштита. Системот со фаќач со уред за рано стартување (ESE system) на INGESCO® PDC STREAM нуди разумна перформанса (работи само тогаш кога има реален ризик за удар од гром, намалувајќи го притоа ризикот од непотребно празнење). Тоа го прави INGESCO® PDC STREAM најсигурниот громобран што постои на пазарот во моментов. 21 октомври 2011


објавува ЈАВЕН ПОВИК за доделување на Големата годишна награда за 2011 година на Асоцијацијата на архитекти на Македонија Големата годишна награда на ААМ, согласно чл.41 од Статутот на ААМ, се доделува за најуспешно реализирано архитектонско дело во текот на календарската година. Покровител на наградата е Претседателот на Република Македонија, а спонзор на наградата е Македонската авторската агенција. Право на учество имаат сите архитекти со завршен VII степен на образование, кои се државјани на Република Македонија. Право на пријавување имаат и учесници во ограноците на ААМ, како и сите правни и физички лица во Република Македонија. Рокот за пријавување на трудовите што ќе конкурираат за Големата годишна награда на ААМ е 21.11.2011 година до 16:00 часот. Рокот за предавање на трудовите селектирани од страна на жирито е до 09.12.2011 година. Пријавата треба да ги содржи следниве податоци: име на проектот (објектот), локација, автори, соработници, фирма, инвеститор, година на проектирање и изведувач. Материјали кои треба да се достават во прилог на А4 формат се: минимум 3 листа со графички прилози (карактеристични основи, пресеци и фасади и фотографии) и минимум 1 лист со текстуален опис на задачата, локацијата, концептот, материјалите и сл. Селектираните кандидати треба да имаат подготвеност за видео презентација. Пријавите се доставуваат во канцеларијата на ААМ, на ул. Даме Груев бр.14а во Скопје, секој работен ден од 9:00 до 16.00 часот. Телефон/факс за информации е 3237-277, е-маил: contact@aam.org.mk Пристигнатите трудови ги разгледува, оценува и донесува одлука за добитникот на наградата петчлено жири, кое е составено од: - претставник од Архитектонската академија на ААМ - четворица афирмирани архитекти, членови на ААМ Големата годишна награда на ААМ на лауреатот му ја доделува Претседателот на Република Македонија, на традиционалната Новогодишна средба на архитектите која се одржува кон крајот на месец декември.

3

21 октомври 2011 ПОРТА

15


енерГетСка ефикаСноСт Со правилна Монтажа и вГрадување на прозорци

При купувањето на прозорците треба да се посвети поголемо внимание на начинот на вградување. Влијанието на заптивните елементи во цената на монтажата е големо, но истото се исплаќа за само една грејна сезона.

е

нергетската ефикасност е еден од сегментите во градежништвото на кој се полага сè поголемо внимание. Токму во оваа област европските стандарди се значително барани, со што се истакнува нејзината важност, пред сè во услови на соочување со ригорозно штедење на енергенсите. Оттука, во целосна согласност со препораките за заштеда на енергија од европските професионални стандари, прописите за топлинска заштита од 1995, ENEV 2002, RAL, DIN 4108, како и германските Технички насоки на Сојузот на стаклари, столари и металоградба, Вурт има развиено и имплементирано голем дел од таканарачените RAL производи за монтажа на прозорци. Што опфаќаат RAL насоките? Тие во најголем дел даваат насоки за заштеда на енергија преку правилна монтажа, со цел да се спречат негативните појави на влага со сите последици. Енергетските загуби се намалуваат во значителна мера со соодветен избор на профили и изработка на прозорци и врати од истите, како и со вградување на ISO- стакло. Но, и покрај полагањето на големо внимание токму на изборот на профилот, изработката на прозорецот или вратата, како и соодветен избор на стакло, се појавуваат значителни проблеми поврзани со несоодветната изведба на врската помеѓу прозорецот и зидот. Како резултат на несоодветната врска и различните изотермички карактеристики на разнородните материјали, по монтажата на таканаречените енергетски ефикасни прозорци и врати, се јавува влажност која доведува до мувла и габи, пред сè поради

16

3

ПОРТА

21 октомври 2011

нарушувањето на т.н. топлински мостови. Од изотермите како линии кои поврзуваат точки со иста температура и ја покажуваат дистрибуцијата на температурата во внатрешноста на градежните елементи, најважна е онаа на температурата од 9,3°C, на која влагата од воздухот кондензира и создава роса, која во зависност од количината на влага создава вода. Ова е само видливиот дел од термичката различност на користените материјали, додека невидливиот дел во значителна мера е сконцентриран во полиуретанот(пур пената која се користи при монтажата на прозорците). Пур пената, како сите останати материјали има своја топлинска ефикасноста, изразена преку факторот на загуба на топлинска енергирја (на пр. Вурт Pur Logic, има фактор на загуба на топлинска енергија од 0,0362 W/(мK) и е во целост со DIN 52612). Колку е помала вредноста на коефициентот на загуба на топлинска енергија, толку е поголема и подорба изолацијата, а токму на ова е посветено огромно внимание во Вуртовата гама на пур пени. Низок коефицинт на загуба на топлинска енергија може да се обезбеди само при наполно суви услови, односно со спречување на навлегување на воздух, кој природно циркулиура од потопло кон поладно, односно од собата преку споевите кон надрворешноста на градежните елементи. Само за илустрација, за 24 часа, преку отвор од само 1мм и должина од 1м, кај градежен елемент кој не е паропропусно изолиран од врантрешната страна, на истиот елемент кондензира околу 360 гр вода. Сето ова доведува до појава на мувла, габички, трулење на елементите, па дури и протекување

на вода, и тоа токму на ѕидовите каде се вградени енергетско ефикасни прозорци. Нестручно вградување на прозорец или врата само со пена, не обезбедува непропустливост на вода и воздух, така што практично има неконтролирана вентиланција, со што се зголемува повеќекратно потребната топлина за загревање на објектот, па заштедата со неправилна монтажа на скапи прозорци често е многу скромна или никаква. Со вградувањето на прозорци на средината на штокот, се добиваат ѕидни површини кои не може да се изолирани во полн пресек. На пример, површина од околу 1m2 околу балконските врати има U = 3 W/m2K (бетон, со 1 см изолација), па така за балконска врата од 2m2 и U= 1,4 W/m2K, која е несоодветно вградена, се добива коефициент на пренесување на топлина за целиот отвор на фасадата, вратите и шток-овите од U = 2,1 W/ m2K што е уште понеповолно од тоа штo го очекуваме со купувањето на балконските врати. За да се спречат ваквите појави, Вурт има развиено и препорачува примена на различни паронепропусни траки и дихтувачки маси. Дополнително, може да се примени и технологијата со контрола со инфрацрвена термографија (даден приказ на сликата), која ги покажува местата со ниски температури, односно разлики во температурата, како потенцијални точки подложни на појава на кондензација. На пример, ако овие точки се на подот, со поставувањето на подна подлога,(како на пример парктет), точките на кондензација се прикриваат, но по извесен период неизбежно е појавување на оштетување на паркетот и влага. Класичен пример за ваков проблем се новоизградените


Обид за инсталација на прозорци U = 0,70 NJm2K со траките за затнување, но поради нестручна инсталација, кондензацијата и неконтролираната вентилација не може да се избегне.

станови, каде најчесто (уште пред всеувањето) првиот ред од паркетот до надворешните врати е најчесто оштетен или е прикриено оштетен. Привремено решение на ваквите проблеми може да се бара во вградување на прозорци и врати со разни пени и дихтување со силиконски и акрилни маси. Но, овде се соочуваме со различната структура на материјалите. На пример, дихтувачките маси поради нестручно вградување и топлинските напрегања имаат краток рок на траење, така што веќе по првата година на користење на објектот, често се случува продор на водата во конструкцијата. Пената поради својата структура на материјал, не може да обезбеди непропустливост на вода и воздух. Резимирајќи - правилната монтажа обезбедува долготраен бенифит за корисникот.

правилно вГрадување на прозорци и врати

Правилното вградување на прозорци и врати подразбира монтажа на истите на надорешната линија на ѕидот, на линијата на топлинската изолација и соодветно поврзување, како и обработка на отворот на прозорецот со заптивна маса за израмнување, со што водонрепопустноста се проширува на поголема површина (се обезбедува водонепропустливост, воздушно изолирање се до дограмата и под прагот). Особено важно е и прагот на прпозорецот да е поставен по завршниот слој на фасадата. При купувањето на прозорците треба да се посвети поголемо внимание на начинот на вградување, и вообичаено е дека во стандардната цена за монтажа на прозорците речиси и да не се вклучени барањата

за непропустливост на вода и воздух, пред сè поради високите цени на таквите заптивни ленти (неколку стотина евра по прозор). Но, колку и да влијае цената на овие заптивни елементи на одлуката, треба да се земе предвид дека за само една грејна сезона оваа инвестиција се враќа и секогаш треба да се има на ум дека набавката на енергетски ефикасните прозорци обезбедува само половина од енергетската ефикасност, додека останатиот дел се добива само со соодветна и стручна монтажа, со правилни заптивачки елементи. Вурт Македонија

3

21 октомври 2011 ПОРТА

17


културно наследство

шарената џаМија во тетово

Бисерот на исламската архитектура Шарената џамија во Тетово се реставрира со американски грант вреден 94.000 долари Шарената џамија како недвижно наследство е заштитена со закон уште пред 60 години

Шарената џамија, како недвижно наследство заштитено со закон уште пред 60 години, е културноуметничко сведоштво со висок степен на изворна зачуваност и карактеристични архитектонско уметнички елементи, кои го оправдуваат статусот на културно наследство од исклучително значење. Нејзината монументалност и значење, пред сè, се препознаваат во специфичната надворешна и внатрешна декорација

O

вој месец започнува реставрирањето на фасадата на петвековната Шарена џамија во Тетово, и со тоа овој репрезентативен споменик на нашата земја од османлискиот период ќе ја обезбеди својата

18

3

ПОРТА

21 октомври 2011

долговечност. Фасадата на Шарена џамија се реставрира со средства на aмбасадорскиот фонд за културна заштита на САД, во износ од 94.708 американски долари, а преку Министерството за култура овој грант му се

доделува на Националниот конзерваторски центар кој ќе ги извршува работитe. Договорот за заштита и реставрација на фасадата на џамијата го потпишаа министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска и новиот

амбасадор на САД, Пол Волерс „Овогодишниот грант е еден од најголемите за оваа година во цела Европа. Се надеваме дека овие проекти ја симболизираат нашата длабока почит кон уметничките и културните традиции од минатото“,


културно наследство

ќе се зачува за идните генерации изјави амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс. Шарената џамија, како недвижно наследство заштитено со закон уште пред 60 години, е културноуметничко сведоштво со висок степен на изворна зачуваност и карактеристични архитектонско уметнички елементи, кои го оправдуваат статусот на културно наследство од исклучително значење. Нејзината монументалност и значење, пред сè, се препознаваат во специфичната надворешна и внатрешна декорација. Министерката за култура во врска со објектот, посочи дека

продолжуваат заложбите да му се обезбеди долговечност на овој репрезентативен споменик на архитектурата и сликарството од османлискиот период. „Декорацијата е уникатна, живописна и впечатлива, изведена со безброј стилизирани флорални и геометриски орнаменти. Надворешната декорација плени со кружните и ѕвездести мотиви во живи бои, кои ја збогатуваат убавината на целиот објект“, изјави министерката Канческа-Милевска.

интервенции

Со конзерваторско-

реставраторските интервенции на фасадната декорација особена важност се дава на сочувување на затекнатиот уметничко - естетски израз. Токму затоа сите заштитнореставраторски интервенции кои ќе бидат предвидени со проектот би требало да се однесуваат на зачувување на оригиналните сликани елементи и реставрација на оштетени, исчезнати и избледени фрагменти. „Во моментот се вршат организациони работи околу обезбедување Одобрение за конзерваторски истражувања (од Управата за заштита на културното наследство), Декорацијата е уникатна, живописна ив печатлива, изведена со безброј стилизирани флорални и геометриски орнаменти

за непречено извршување на конзерваторските истражувања, кои се во функција на изработка на конзерваторскиот проект“, изјави в.д. директорката на Националниот конзерваторски центар, Цветанка Хаџи Пецова за Порта3. Во изработката на проектот ќе учествуваат стручни лица од Националниот конзерваторски центар - Скопје. Стручниот тим е мултидисциплинарен и во него се вклучени: сликари -конзерватори, историчар на уметност, хемиски инженер конзерватор и други стручни лица за подготовка и изработка 

Минарето на џамијата е изработено од фин делкан камен од крајот на 15 век

3

21 октомври 2011 ПОРТА

19


културно наследство

РеализиРани заШтитно-РеставРатоРски Министерството за култура во изминатиот период има обезбедено финансиска поддршка за изработка на повеќе конзерваторски проекти кои се однесуваат на Шарената џамија во Тетово. Националниот конзерваторски центар - Скопје (поранешен Републички завод за заштита на спомениците на културата) како стручна институција за грижа и третман на недвижното културно наследство во рамките на своите надлежности во повеќе наврати има интервенирано врз овој значаен споменик на културата. Првите стручно истражувачки и конзерваторски интервенции за кои постои документација се изведени во 1978 година. Веројатно на објектот е интервенирано, односно се вршени одредени интервенции, обнови или санации пред тоа, меѓутоа за тоа нема документација во НКЦ. Како позначајни интервенции, кои се реализирани во изминатиот период можат да се издвојат следните:

1981 год. - Конзерваторскореставраторски интервенции 20

3

ПОРТА

21 октомври 2011


културно наследство на техничка и фото документација. „Непосредната заштита, односно реализацијата на проектот ќе отпочне оној момент кога ќе биде готова проектната документација и кога ќе биде издадено конзерваторско одобрение за извршување на реставраторските работи. Бидејќи заштитните интервенции се однесуваат на извршување работи на фасадната декорација на џамијата, односно се работи за специфични и осетливи интервеции кои бараат умерени темеператури, реално би било работите да започнат на терен во втората половина на март 2012 година или порано, зависно од временските услови“, вели Момчило Трајковски, советник конзерватор во Националниот конзерваторски центар. Пред да започне процесот на реставрирање, потребно е да се направи увид на состојбата преку која се забележуваат сите конзерваторски проблеми, почнувајќи од најосновните механички оштетувања, пукнатини, стабилноста на објектот и

оштетувањата што имаат хемиски карактер. Откако ќе се направи увидот, следува фазата во која се одредува кои материјали и какви техники ќе се користат во конзервацијата. Во првата етапа од конзервирањето се започнува со чистење на гипсената краста, односно прашината, потоа санирање на сите пукнатини кои најчесто се наоѓаат околу прозорците и како последна фаза да се изврши ретуширање на ѕидните слики на фасадата со акрилни бои. „За првпат во Македонија како материјал ќе користиме Nanoline, кој претставува најнов светски материјал во конзервирањето. Тој се користи како раствор кој се нанесува на ѕидот, а по сушењето ѕидот станува поцврст. Останатите материјали кои ги користиме при конзервацијата се раствори на амониум карбонат, раствори на амонуиум бикарбонат, хартија, целулозни влакна (ZZ 1000) кои како хартија се нанесуваат на ѕидот. Како маса за инјектирање ќе користиме Primal ac 33, а за чистење на површината ќе употребиме

Amberlite ir 120 или ir 4400. Материјалите што ќе ги користиме се од италијанската фирма CTS, која произведува конзерваторски материјали и алатки, а набавувач на овие материјали е специјализираната фирма КАСВЕР-Ц од Скопје“, објаснува Трајковски.

петвековен белеГ на Градот

Според натписот над влезот во молитвениот простор, џамијата е изградена во 1495 година, а е обновена и проширена во 1833/34 година, од Абдурахман паша. Денешниот архитектонски и уметничко - декоративен изглед е настанат во првата половина на 19 век (1833/34 г), кога познатиот тетовски паша Абдурахман дал посебен налог да се обнови џамијата, која изгорела во големиот пожар што го зафатил градот при крајот на 17 век. Она што оваа џамија ја издвојува од останатите џамии и на некој начин го оправдува статусот на недвижно културно добро од исклучително значење, е пред сè поради својата

впечатлива декоративна обработка на ѕидните површини во ентериерот и екстериерот. Со преубави и уникатни насликани орнаменти и употребените сликарски техники, овој објект претставува еден од најпрепознатливите белези на Македонија, но и еден од бисерите на исламската архитектура. Шарената џамија во основа има правоаголна форма со следните главни содржини: молитвен простор - харим, галерија - махвил и трем на западната страна. Фасадните површини на џамијата се карактеризираат со исклучително богата декоративна обработка. Во четири реда се насликани исправени правоаголни полиња, во секое поле, во внатрешниот простор се насликани кружни и ѕвездести мотиви во живи бои, наизменично поставени и изработени во секо техника. На нејзината десна страна се наоѓа класично минаре изработено од фин делкан камен и како елемент е од првобитната џамија од крајот на 15 век.  Весна КОСтОВСКА

интеРвенции на џаМијата: на ѕидната орнаментика; 1990 год. - Градежни интервенции на оградниот ѕид од џамискиот двор; 1997 год. - Изведени конзерваторскореставраторски интервенции на фасадната декорација; 2008 год. - Илуминација на Шарената џамија и нејзината непосредна околина, во граници на џамискиот двор; 2009 год. - Конзерваторско реставраторски интервенции на сликаната ѕидна декорација во ентериерниот главен, молитвен простор на џамијата; Покрај овие заштитно-реставраторски интервенции на уметничките сликани содржини, во истиот период беше извршена и реставрација на фасадната столарија и декоративните транзени поставени од внатрешната страна на прозорските отвори. Последните работи на непосредна заштита на Шарената џамија се извршени во 2010 година од страна на Националниот конзерваторски центар и истите се однесуваат на изведба на дренажен систем околу периферните ѕидови на џамијата.

во внатрешниот простор се насликани кружни и ѕвездести мотиви во живи бои, наизменично поставени и изработени во секо техника

3

21 октомври 2011 ПОРТА

21


архитектура

познатиот архитект Марио бота одржа

Преку јазикот на просторот, светлината и геометријата комуницирам со публиката Во презентацијата на своите грандиозни дела пред присутните во „Холидеј Ин“ во Скопје, Бота покажа дека неговите остварувања имаат силно чувство на геометрија, што често се базира на едноставни форми кои создаваат уникатна просторност

С

ветски познатиот архитект Марио Бота, во Скопје и воТетово одржа предавања за своите архитектонски остварувања и за архитектурата воопшто. Швајцарската амбасада во Македонија во соработка со Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” од Скопје и Државниот универзитет од Тетово, го организираа гостувањето на ова истакнато име од меѓународната архитектонска сцена, кој зад себе има оставено многу восхитувачки дела. Во презентацијата на неговите реализации пред македонските архитекти и студенти, и останатите присутни гости, покажа дека неговите решенија имаат тенденција да вклучат силно чувство на геометрија, што често се базираат на многу едноставни форми, но сепак создаваат уникатен обем на просторот. Делата на Бота оддаваат карактеристична почит кон топографските услови и сензибилитетот на самиот регион во кои се сместени, а неговите

22

3

ПОРТА

21 октомври 2011

дизајни генерално ја нагласуваат изработката и геометрискиот ред. Како архитект се обидува да го претопи традиционалниот архитектонски симболизам со естетските правила на модернизмот.

елеМенти кои Се повторуваат

За овој архитектонски великан, најважната работа за еден архитект е да зборува преку неговата архитектура. „Мојот учител Луис Кан велеше дека архитектурата не постои, туку тоа што постои е архитектонското дело. Пред вас се обидувам да покажам изведени дела, токму затоа што сметам дека изведеното архитектонско дело зборува најдобро за себе и претставува одраз не само на архитектурата туку и на архитектот како социјално битие. Архитектот и неговото дело претставуваат одраз на општеството, историјата и воопшто на целото живеење“, потенцираше Бота на своето прво предавање во преполната сала на „Холидеј Ин“ во Скопје. Во презентацијата на неговите

дела, присутните студенти забележаа дека елементите и формите што тој ги употребува, даваат чувство на постојаност, како нешто да е започнато, а не е довршено. Тој на ваквата забелешка даде објаснување дека во неговите објекти има еден почеток, а потоа има одредени елементи кои се повторуваат, и на тој начин се создава смислата за една целина, која е постојана и единствена. Елементите што се повторуваат стануваат еден вид слој. Архитектурата, според него, има потреба да вибрира под светлото и затоа на еден нов голем елемент, по него се наоѓаат помалите елементи кои се повторуваат. Во неговите изградени објекти се забележуваат два елемента кои се провлекуваат низ сите објекти. Едниот е линијата на бесконечноста, а другиот е кругот, односно пресечениот цилиндар кој потсетува на аурата на ореолите што ги имаат светците, со што се добива впечаток дека Бота на сите своите објекти им дава светост и големина.

СовреМена архитектура

На прашањето од публиката дали кругот што претставува еден вид завршница на објектот го истакнува главното дејство во еден објект, Бота одговори дека во градењето на своите објекти користи примарни основни форми, затоа што архитектонските дела треба да бидат лесно разбирливи. „Човекот живее кога има можност да се ориентира во просторот. Јас мислам дека квалитетот на живеењето се одразува преку лесното снаоѓање во просторот и распознавањето на сето она што не опкружува. Големите и познати архитектури од минатото секогаш биле препознатливи и разбирливи. Разбирливоста на објектите нè прави посигурни и ние имаме право да се чувствуваме сигурни. Во современата архитектура ова не е секогаш возможно, бидејќи кога влегувам во некој голем супермаркет или трговски центар не ми е секогаш лесно да се ориентирам. Современата архитектура е еден вид на лавиринт и во него се движиме бидејќи има стрелки и знаци, а


архитектура

предавање пред МакедонСките архитекти и Студенти самата архитектура не е така поставена за да ни овозможи да го осознаеме просторот и да можеме да се движиме низ него“, вели Бота. „Затоа секогаш кога можам, јас се обидувам да градам со едноставни форми за да може корисникот да го согледа објектот. Кога кругот е претворен во простор станува цилиндар и создава магичен простор. Во еден цилиндричен простор нашиот мозок успева да разбере што се случува зад нас, бидејќи ја чувствуваме кривината што оди зад нас и го чувствуваме целиот простор во кој се чувствуваме сигурни, јасно го познаваме и можеме да се опуштиме. Јас долги години работам вака, иако понекогаш е многу тешко да се работи во простор каде што има само една вертикална оска. Со овој простор посетителот природно се чувствува поврзан со земјата и небото. За еден архитект тоа претставува еден магичен објект и многу убава форма“, констатира славниот архитект.

Светлина

Специфично за неговите објекти и простори е внатрешната светлина. За Бота, светлината претставува вистински генератор на просторот, и без неа нема простор. Ако светлото го создава просторот, значи светлото го претставува елементот за архитектот. За да и даде јачина на светлината, тој работи со геометријата, со одредени материјали, а понекогаш и со симетричноста, бидејќи таа му дава рамнотежа во рамките на одреден простор. Кога може, работи со зениталното светло, бидејќи во рамките на просторот му дава богатство на просторот Меѓу позначајните дела на Марио Бота се вбројуваат музеите на современа уметност во Сан Франциско и Шарлот, како и синагогата и еврејскиот културен центар во Универзитетот во Тел Авив... од 24-часовниот сончев циклус. „Светлината за архитектот е вистински инструмент за работа, и затоа се трудам да работам со едноставни форми, бидејќи во нив полесно можам да ја контролирам светлината и користам различни материјали со кои го изразувам светлото. Архитектот Луис Кан, со кој имав среќа да работам, ја употребуваше светлината за да создава простор“. На крајот, Марио Бота на студентите им

порача дека изградбата на Скопје, како град настрадан од земјотрес и чија цел е да продолжи да расте и да се развива, треба да биде силна стимулација за нив. Исто така, студентите ги охрабри да не се заплашуваат од економската криза бидејќи иднината е на нивна страна. „Се додека постои, човекот има потреба од куќа“, истакна светскиот архитект.

признанија

Марио Бота е роден во 1943 година во швајцарското гратче Мендрисио. Студирал архитектура во Милано и Венеција, а првиот објект го проектирал на само 16 години. Големо влијание врз него има архитектурата на големите архитектонски имиња Ле Корбизје, Карло Скарпа и Луис Кан. Во 1970 година, тој ја отвора неговата канцеларија во Лугано, Швајцарија. Добитник е на голем број меѓународни награди, почесен доктор е на повеќе академии и институции, и е автор на голем број публикации. Меѓу неговите позначајни дела се вбројуваат музеите на современа уметност во Сан Франциско и Шарлот, зградата на Националната банка во Грција, синагогата и еврејскиот културен центар во Универзитетот во Тел Авив... Бота градел исклучиво во Швајцарија во периодот на почетоците на неговата кариера. Од втората половина на 70-тите години од минатиот век, неговите куќи станале класични според планот и вертикалната проекција. Во 1980 година се пробива на меѓународната сцена со дизајнот на Музејот на Модерна Уметност во Сан Франциско, Калифорнија, а се смета за еден од најпознатите архитекти во светот за цркви и музеи. Тој го користи јазикот на просторот, светлината и геометријата за да комуницира со неговата публика, а како што велат од Кралската Академија во Лондон креира „простор на поезија“. Весна КОСтОВСКА

3

21 октомври 2011 ПОРТА

23


архитектура

Генерално Собрание на Меѓународната унија на архитекти - уиа

НАМЕСТО ИЗВЕШТАЈ ОД ТОКИО

н

ајчесто сакаме да го прошириме терминот архитектура на изградена средина со сета своја феноменална сложеност и драматичност, на возвишена работа која разрешува еден длабоко мисловен процес, усмерен на глобална визија за нашата иднина. Со таква мисла е одбрана главната тема „Дизајн 2050" за собирот именуван „УИА2011 ТОКИО", на 24. Светски конгрес на архитектурата и Генералното собрание на Меѓународната унија на архитекти - УИА. Настанот оваа година се одржа во Токио, во импресивниот објект Интернационален Форум, од 26 септември до 2 октомври 2011 година. Со намера да се зборува за содржините на едно идеално опкружување со одреден временски хоризонт, повикувајќи се на професијата архитект, Конгресот доби висок третман и значење, бидејќи на церемонијата на отворањето присуствуваа лично Императорот и Импресата на Јапонија. Архитектонската заедница, секако, не може да ги разрешува проблемите сама, но треба да

24

3

ПОРТА

21 октомври 2011

обедини многу предизвици на полето на животната средина, енергијата, економијата, популацијата, образованието, вклучувајќи ги тука катастрофите што се случуваат во светот, за да има потполна смисла. Решенијата можат да бидат најдени само ако навистина сите работат заедно, бришејќи ги националните граници, и поместувајќи ги религиозните, етничките, половите, генерациските бариери. Поставениот постулат на Конгресот „Надминување на катастрофи преку солидарноста кон одржливоста“ ги допира и поставените подтеми : „Животна средина“, „Култура и живот“, и следствено на тоа, се донесе декларацијата со која ние архитектите се обврзуваме:

• Да учиме да се справуваме со катастрофите што се случуваат ширум светот, да се разрешат предизвиците за нашата професија од најразлично поврзани дисциплини во контекст на животна, социјална и економска одржливост; • Да воспоставиме размена на повеќе глобални и локални иницијативи за подобра еднаквост и различност, користејќи современи

медиуми, а со поместување на постоечките граници на регионите и културите, со помнење и учење од минатото, преку солидарност; • Да ја промовираме и поддржуваме одговорноста на нашата професија во подигање на регионалниот квалитет на животот на сите луѓе, а заедно со владите пополнувајќи ги празнините во социјалната правда и работејќи со одржливоста како определба.

СеСии

Работните сесии на Конгресот беа интересни и разновидни, а ова се неколку обработувани теми кои инаку се наоѓаат со севкупниот материјал на веб страницата на УИА: како да се врати надежта во животот по катастрофите, градовите по 2011, архитектура за одржливата иднина, учење на архитектонски принципи низ игра, можности и одговорности на „енвиронменталистички дизајн“, издржливост во архитектонските технологии, имиџот на архитектот и професионалната улога во векот на социјалните мрежи, итн. Најголемо внимание предизвикаа предавањата на светски познати имиња од архитектонската фела

како: Тадао Андо од Јапонија „Што е тоа архитектура“; архитектот Џими Тајнли и премиер на Кралството Бутан „Архитектура за одржливо среќно општество“; Фумихико Маки од Јапонија „Јапонска современост: јазикот, пејзажот и заедништвото“; Кристо од САД „Две дела во создавање“; Владимир Шлапета од Чешка „Чешки модернизам и Јапонија“; САНАА од Јапонија „Животна средина и архитектура“; Кристоф Ингеновен од Германија „Супергрин“; Дејвид Аџеи од Англија „Урбана Африка“, а можеа да се сретнат и некои славни и необични како Арата Исозаки и други. Директно претставување на овој светски собир, значеше истовремено и предизвик и барање и порака, каков што беше примерот со нашите Иван и Бојана Мирковски, кои ги имавме на изложбата „10000 светски архитекти“, покрај останатите педесетина изложби. Имаше десетина работилници и научни симпозиуми од кои може да се издвои тој за „Функциите и реалностите на современата архитектура со временски хоризонт 2050“, или оној со промоцијата на


архитектура

нов носив градежен материјал создаден од песок и јаглероден диоксид. Исто така, беа доделени и награди на натпревари распишани по повод Конгресот. Значи, извонредно богата програма. Генералното Собрание на УИА е конференција на која се претставуваат активностите во изминатиот тригодишен период и тоа: се поднесуваат извештаи за работењето и финансиите на работните тела, на комитетите; се донесуваат документи; се бираат нови членови на Советот и Бирото и секако претседателот, генералниот секретар итн. Во овој изборен процес учествуваше тричлена делегација од Македонија, од Асоцијацијата на архитекти на Македонија, следејќи ги претставувањата и програмите на кандидатите. Нов претседател на УИА е Алберт Дублер од Франција, генерален секретар е Мишел Бармаки од Либан, а претседател за нашиот регион е г-ѓа Дениз Инседај од Турција. По ова случување, ние архитектите сме побогати за едно посилно чувство за заедништво. Даница ПАВлОВСКА Циги, дипл.инж.арх.

3

21 октомври 2011 ПОРТА

25


студентска размена

ПАРК „РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“ ВО АНКАРА к

ако резултат на успешна соработка помеѓу студентите од Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот „Американ колеџ“ од Скопје и студентите од Факултетот за архитектура при Универзитетот „Гази“ од Анкара, (кои работеа на проекти за ревитализација на туризмот во Кападокија и за кои пишувавме во „Порта3“ бр.160), факултетската политика на реално соочување со проектни задачи доведе до остварување на нова соработка. Новиот проект беше инициран од МНР и амбасадата на Р. Македонија во Турција. Станува збор за парк кој Турција ѝ го додели на Македонија, а се наоѓа во една од централните општини на Анкара, и го носи името ,,Република Македонија’’. На предлог на амбасадорот, нашиот факултет формираше работен тим за реализација на проектот. Под раководство на проф. Кокан Грчев и проф. Тони Васиќ беше формирана

26

3

ПОРТА

21 октомври 2011

група од 9 студенти од сите студиски групи, и тоа: Олгица Стефанова, Благоја Делев, Ана Куновска, Живко Иванов, Игор Николовски, Стефан Филков, Марија Димитриевска, Ивана Дамевска и Тијана Каевска. Тие имаа задача да изготват проект кој вклучува партерно решение, дизајн на детали од урбана опрема, хортикултурно решение и ликовна интервенција, после кое се очекуваше истиот да се реализира. Тимот и проектната програма беа формирани, и работата започна и се одвиваше со интензивно темпо, вклучувајќи ги и летните месеци. Водејќи се според проектната програма која вклучуваше повеќе елементи, првичните идеи ги формиравме во насока да создадеме атмосфера во паркот, која ќе ги задржува посетителите на ова место, и ќе нуди можности и медиуми кои даваат информации за карактеристиките на природното и културното богатство на Република

Македонија, нагласувајќи ги вистинските културни вредности.

иСпреплетени Мотиви

Главниот фокус на проектната задача и предвидената проектна програма беше ликовната интервенција, која им овозможи на студентите целосна слобода во изразот и најголема можност за нагласување на темата на паркот со испреплетени мотиви од карактеристични подрачја интерполирани во единствена композиција, и раскажувајќи единствена приказна. Оваа интервенција беше реализирана со десет широки панорами од македонски градови, мозаично дополнети со теми од македонска архитектура и уметност, природни предели, маркантни орнаменти и реквизити од македонски обичаи. Се работеше во различни техники, но заради трајноста на боите и материјалите, цртежите

беа скенирани, печатени и монтирани во соодветна форма, која овозможува долготрајност и мултифункционалност. Ова остварување беше предвидено да се аплицира на соодветни штафелаи разместени во просторот на паркот, дефинирајќи ја амфитеатралната структура на просторот, и овозможувајќи негова употреба за различни намени. На челната репрезентативна sидна површина на паркот е аплицирана мозаична композиција приспособена кон постојната конфигурација на парковската sидана ограда и идните контексти на настани и можни случувања во паркот.

МултифункционалноСт

Во однос на дизајнот на урбаната опрема сакавме да дефинираме мултифункционално културно катче кое ќе нуди можност за различни манифестации и обраќања. Простор со современ дух и модерни елементи


студентска размена

Се работи за ликовна интервенција со десет широки панорами од македонски градови, мозаично дополнети со теми од македонска архитектура и уметност, природни предели, маркантни орнаменти и реквизити од македонски обичаи на урбана опрема, што дозволуваат и овозможуваат варијабилност во изгледот и доживувањето на овој простор. Во таа смисла, беа замислени и предвидени варијабилни, мултифункционални пластични модули (единици) кои се интегрираат во единствена целина со амфитеатрална структура и форма, а истовремено дозволуваат и нивно слободно разместување низ парковскиот простор, во зависност од секојдневните потреби. Беше предвиден и изведбен и детален дизајн за сите останати единечни елементи од урбана опрема, како осветлување на насликаните паноа, корпи за отпадоци и уредување на целата партерна површина. Сето тоа создава модерна сценографија и простор за широка употреба и различна намена, преку што се отелотворува и првичната студентска замисла за карактерот на овој простор. Проектот за хортикултурно

уредување кореспондираше со останатите елементи од проектната програма. Слободната зелена површина дозволува слободно разместување на елементите од урбаната опрема во облик на слободни единици, а во исто време и суптилно ја нагласува отсликаната површина со својот мирен контраст на единствена нијанса. Патеките обрабени со растенија во интензивна боја, јасно ги дефинираат парковските насоки, а останатиот широк спектар на карактеристични растенија приспособени на парковската конфигурација создава игра на сенки и бои и дава посебна динамика на просторот. Знамето на Република Македонија доби своја тридимензионална претстава во централниот дел на паркот, изведено од две нијанси на зелена боја кои суптилно го прикажуваат македонското сонце. Реализацијата на проектот

и неговата апликација беше изведена во завршната фаза, кога дел од студентите и одговорните професори кон крајот на август пристигнаа на парковската локација во Анкара. Во срдечна и пријателска атмосфера, во каква што и течеше досегашната соработка со Универзитетот „Гази“ и ФАД, и нивна сесрдна помош и асистенција, беа поставени сите дотогаш дефинирани и изведени елементи од паркот. Свеченото отворање на паркот требаше да се случи на 8 Септември на денот од прославувањето 20 години на независност на Р. Македонија, но се случи малку подоцна, околу 20 септември, кога во рамките на одбележувањето беше пуштен во употреба. Ова е првпат во Турција да се уредува парк кој го носи името на нашата држава, и затоа е од особено значење. Вистинското значење на овој проект произлегува од континуираната меѓународна

соработка и можноста за реално соочување со проектната задача. Студентите од архитектура од двата универзитета, УАКС и Гази, имаат можност да го следат континуитетот на заедничкото работење и пријателство, и со тоа да го помагаат и надградуваат образовниот процес. Активниот контакт и заедничкиот тек на работата, како и можноста да се работи на идентични проектни програми и задачи, формираат трајна соработка која резултира со можност за компарација со еден од најуспешните државни универзитети од Анкара. Овој активен процес на меѓународна соработка ќе биде отелотворен во заедничка изложба, но за тоа во некој од наредните броеви на „Порта 3“. Марија ДИМИтРИеВСКА,

студент на III година на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот „Американ колеџ“ од Скопје

3

21 октомври 2011 ПОРТА

27


млади архитекти

Вистинскиот талент ќе си го најде патот

наталија СтаМениЌ – архитект од штип

Стамениќ иднината ја гледа во сопствена фирма. Не и пречи да се бори со конкуренцијата сè додека услов е пазарот на идеи. А кога се идеите во прашање, ги има многу и со нив може да добие многу позитивно искуство. 28

3

ПОРТА

21 октомври 2011

н

аталија Стамениќ е родена на 20 јули 1986 година во Штип. Студирала во периодот 2005 - 2011 година на Архитектонскиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“. За факултетот зборува со пиетет, а за професијата со љубов. За разлика од некои млади надежи на архитектурата, кои „сонуваат“ за работа во државна служба за да пуштат подлабоки или поинаку кажано „сигурни“ корени, Стамениќ иднината ја гледа во сопствена фирма. Не и пречи да се бори со конкуренцијата сè додека услов е пазарот на идеи. А кога се идеите во прашање, ги има многу и со нив може да добие многу позитивно искуство. Во моментов работи на неколку дизајанерски проекти уредување на телевизиско студио, на салон за убавина и на реномиран угостителски објект, но располага и со навистина солидни визии за неколку приватни станбени објекти, кои чекаат на остварување. Со оглед на тоа што Штип е дефицитарен во поглед на млади и дипломирани архитекти, Наталија Стамениќ е вистинско освежување кое бара свое место под штипското, а

секако и македонското сонце.

Има мислења за лесни и тешки факултети. Архитектурата дефинитивно е тежок факултет. Имаше ли периоди кога мислеше да се откажеш или љубовта кон професијата беше посилна?

 Учењето архитектура навистина не е едноставно, бара голема посветеност и многу време. Во одредени моменти навистина е напорно, но кога се има желба и голема љубов, сè се постигнува. За да работиш архитектура треба навистина да го сакаш тоа. Оваа професија е динамична и креативна, секогаш е задоволство да се работи. Затоа откажување никогаш не е опција.

Како млад архитект, каде ја гледаш својата перспектива. Во државниот (јавниот) сектор, или во приватниот преку сопствена фирма која ќе им биде сервис на заинтересираните клиенти?  Како млад архитект поголем предизвик ми е работа во сопствена компанија. Нормално, секој сака да има свој идентитет, да изгради препознатлив бренд, да работи за повеќе клиенти и да одговори на

различни барања и желби, кои притоа ќе ги усогласи со сопствениот стил. Сепак, и јавниот сектор нуди можност да се дејствува врз она што е важно за поголем број луѓе истовремено, можност да се подобри нивниот живот. И двете опции нудат решенија со голема важност. Секако, најважни се идеите бидејќи ако човек ги има, има визија, учи и твори, името ќе стане гаранција за успех и квалитет. А ако човек е препознатлив по својот труд, каде и да е ќе си го најде своето место. Познати се многу примери на архитекти кои работеле државна служба, но работата била таква што или им ја гушела фантазијата или пак била под притисок на некреативноста. Од тој аспек, има луѓе кои и во државниот сектор зад себе оставиле проекти по кои влегле во историјата, а секако и такви кои собирале искуство за да продолжат комерцијално да го претворат во успех, во сопствена фирма.

Со тековната градежна динамика, мислиш ли дека архитект или дизајнер може да живее пристојно, па и да направи поголем профит од своите замисли и идеи?  Не сум сигурна во тоа дека


млади архитекти

профитот е голем, мислам дека клиентите кај нас сѐ уште не ја почитуваат оваа професија колку што навистина вреди, иако полека почнува да се менува тоа. За пристоен живот приходите се доволни, меѓутоа треба да се работи многу.

Си размислувала ли за работа во странство? Има примери на студенти од Штип кои се на странски универзитети, паралелно учат и работат, ама ретко размислуваат за назад, или пак опција е само специјализација од неколку месеци, доколку има шанса за тоа?  Можностите што се нудат во странство се многу привлечни за секој архитект, па и за мене. Секој дизајнер мора да се надградува, да биде во тек со модерните движења, кои за жал многу подоцна пристигнуваат кај нас. Не сум размислувала за работа во странство премногу, но доколку се појави интересна понуда би прифатила, макар и на определен временски период.

Во Штип ретки се објектите од поново време, кои се уникатни,

препознатливи и своевиден белег на градот. Ако нешто би менувала во градската архитектура, што му недостига на Штип и како тоа треба да изгледа?

 Позитивно е тоа што од 2009 година се направени неколку проекти за реконструкција на градот (уредување на коритото на река Отиња со платформи за паркинг, реконструкција на плоштад итн.) кои веќе почнаа да се остваруваат. Се поттикнува и свеста за обновливи извори на енергија, со проекти за ветерници. Изгледот на градот веќе оди кон модернизација. Иако поретко, се градат и нови градби во модерен јазик и токму нивната појава треба да биде се почеста. Според мене, тоа што му недостига на Штип е излегување од стандардните стереотипи што секојдневно се градат и експериментирање со повеќе бои, форми и конструкции. Малку повеќе смелост и креативна слобода од инвеститорите.

Има ли можности за младите архитекти да им се приклучат на етаблирани фирми за архитектура и дизајн во Штип, кои го држат пазарот на идеи и решенија, или... ?

 Можности има, но за жал се помали. Има доста архитекти кои се талентирани, но понуди за работа има помалку и недоволно за сите, па затоа голем дел работат во други градови, па и во странство. Едно е да се студира во странство бидејќи условите се други, а и можностите. Голем дел даваат големи пари за да студираат на познати факултети низ Европа и согласно тоа, својата иднина ја бараат преку можноста да се вработат во тие држави. Преку платите што владеат во тој сектор таму, имаат шанси да ги вратат вложените средства, а секако и да се докажат. Нашиот факултет во Скопје ги нуди сите поволности, но секоја личност сама се пробива. Има конкуренција и овде, има архитекти и секој ја чека својата шанса. Но, ако човек е квалитетен и ако знае како се работи, каде и да оди ќе знае да го промовира својот труд и своите дизајни.

Кој е твој омилен проект, од она што ти си го скицирала и што би сакала од твоите замисли да биде направено?  Повеќесемејна станбена зграда на локација во Штип, кој го избрав за мојата дипломска работа. Во

проектот е предвиден нов вид на колективност, со духот на куќата како начин на живеење. Објектот е поделен со централен коридор кој ја има функцијата на улица, каде станарите ќе се поттикнат на социјален живот. Станбените единици се разликуваат една од друга по катноста и поставеноста на катовите на различни нивоа, нивната ориентација на една и две страни, поврзување на двостраните станови со застаклени коридори (мостови), внатрешниот распоред и комодитетот. На секој кат се јавуваат мали простори наменети за офиси на станари од зградата или од надвор. Така ќе може да ги користи оној што има потреба работното место да е блиску до дома. На кровната тераса се предвидени приватни и полујавни кровни тераси за одмор и социјализација. Во проектот се земени предвид и обновливите извори на енергија како сонцето, дождот и искористување на ветрот за светилки кои дополнително го осветлуваат коридорот, а истовремено создаваат и светлосна завеса на бочните страни од објектот. Драган РИСтОВ

3

21 октомври 2011 ПОРТА

29


архитектура

Убави градови, музеи, галерии...

30

3

ПОРТА

21 октомври 2011

Музеј на кејот бранли

Во Париз, центар на западната култура, да се направи адекватен музеј на култури кои не се западни, туку се култури на Африка, Азија,Океанија и Америка, беше предизвикувачка задача за познатиот француски архитект Жан Нувел. Возбудата и енергијата од проектирањето е присутна, се чувствува насекаде. Извира во секој дел. Секоја фасада е различна. На едната страна се обоените брисолеи како заштита од сонце, а на другата колоритните боксови проектирани над градината. Фасадата кон улицата е вертикална градина, пропорционална и складна со фасадите на апартманите на барон Осман што доминираат во овој реон.


архитектура

С

редбите со новите за нас непознати градови се секогаш возбудливи. Градовите се запознаваат, доживуваат, чуствуваат, уште при првата средба. Нивната урбанистичка поставеност, нивната среденост, нивната чистота се гледа на прв поглед. И зборува многу за нив. Но, тоа што не можеш да го видиш, а го чувствуваш, е нивното духовно богатство. Убавините сместени во нивните музеи, галерии, изложбени сали, зборуваат за тој град, тој народ, таа нација, таа држава. И двете карактеристики, и двете доживувања се многу моќни. Можат да се доживеат со одбојност и непријатност, или со почит и возбуда. Во моите гимназиски денови,

при мојата прва посета на Париз во 1964 година, бев воодушевена од градот, од неговите музеи, галерии. Бев фасцинирана од нивната убавина, нивното богатство, нивната големина, и посебно од огромните редови на посетители кои чекаат да влезат, да го посетат музејот, стоејќи или седејќи на мали столчиња што самите ги донеле. Во тој период, за мене беше актуелно размислувањето за кои студии да се определам. Париз дефинитивно го стесни кругот на избор, помеѓу архитектура и историја на уметност. Многу подоцна во Москва, како архитект, бев фасцинирана од фактот што луѓето приморани да чекаат во редови за основни животни намирници заради тогашната општествена состојба,

доброволно и со многу љубов стоеја и пред вратите на нивните преубави музеи. Меѓу нив стоев и јас, го чекав мојот ред да влезам, да се запознаам со убавините сместени во овие прекрасни музеи. И денеска пред вратите на големите светски музеи се забележува истата слика. Таа зборува за духовната големина на Човекот. Тоа е слика која посакувам да ја видам и пред нашите музеи. За жал, не сум ја забележала. Или можеби многу ретко. Можеби во иднина.

човекот и Музеите

Делата на креативноста на народот, неговата Убавина, неговото духовно богатство, се чуваат со најголемо внимание насекаде во светот, во сите земји. Музеите ја

имаат таа чест и должност. Тоа се објектите во кои се изложува и се чува творештво од минатото, сегашноста и иднината. Нивното постоење е многу значајно. Нивното градење е императив. Креативното творештво, уметноста на нашите предци или современици, Убавината што ја создале, е непроценето богатство за сите нас, богатство кое припаѓа на народот, на целата наша цивилизација и треба да се заштитува на најдобар можен начин. Света должност на архитектите била и е, да осмислат, испроектираат и изведат квалитетни објекти за таа цел. Со тоа и архитектурата, како значаен дел на процесот на креативност, на творечкиот развој, на бесценетоста, ја потврдува својата важна улога 

3

21 октомври 2011 ПОРТА

31


архитектура

и неопходноста од неа. Архитектурата е алка која Убавината ја сместува во соодветна просторна Убавина, и ја прави уште поголема. Ја прави достапна за народот. Секој ја чувствува Убавината. А магичните зборови Убавина, Љубов и Вистина, ги разбираат сите. Тие се денес формула својствена на музејот и на театарот. Во овој напис сакам да се осврнам на некој од музеите што ми оставиле силен, посебен впечаток, и што ме фасцинирале со својата Убавина. Музеи кои се значајни по големината на нивните колекции, по вредноста на експонатите што се изложени во нив, и секако по нивната архитектура. Еден од нив е од поновите музеи.

Музеј на кејот бранли во париз

Музејот на кејот Бранли (Musee du Quai Branly) е релативно нов музеј, отворен на 23 јуни 2006 година. Во него е изложена 32

3

ПОРТА

21 октомври 2011

примитивната уметност на старите култури и цивилизации на Африка, Азија, Океанија и Америка. Затоа и требало да вика Музеј на примитивната уметност, но го добил името Бранли, според кејот каде што се наоѓа. Овој голем музеј располага со фасцинантна колекција од 267.000 експонати, од кои 3.500 се постојано изложени. По десет специјални изложби се поставуваат секоја година. Ова богатство е зголемено со огромна библиотека. Неговата реализација беше поддржана од тогашниот француски претседател Жак Ширак. Во Париз, центар на западната култура, да се направи адекватен музеј на култури кои не се западни, туку се култури на Африка, Азија, Океанија и Америка, беше предизвикувачка задача за познатиот француски архитект Жан Нувел.

жан нувел - француСки МонуМент Жан Нувел (1945) е еден од

најголемите современи француски архитекти. Исклучително активен и креативен автор. Добитник на многу награди. Тој е француски монумент. Лауреат на 32. престижна награда Прицкер во 2008 година. Оваа највисока награда е добиена за неговата работа на повеќе од 200 проекти во светот, меѓу кои: „Њујорк Тајмс“, „Арапскиот Светски Институт“, „Тор Агбар“ во Барселона, „Театарот Гутри“ во Минеаполис, и секако за предизвикувачкиот, мистериозен и диво ексцентричен музеј „ Бранли“ во Париз. Тоа е награда за новите идеи, за неговиот талент, визија и ангажман. Музејот е лоциран на левиот брег на реката Сена, во непосредна близина на Ајфеловата кула, на булеварот „кеј Бранли 37“. Објектот е поставен на плац од 19 ари. Од источната страна се граничи со познатите апартмани на барон Осман, објекти од 19 век, со униформирани фасади, репрезенти на рационалната

доследност на Париз. Тоа ја прави задачата на авторот уште потешка и попредизвикувачка. Зградата на музејот личи на долга пасарела. Поставен на столбови, тој се протега низ атрактивен простор, обработен со дива, егзотична градина. Посетителот, пресекувајќи ја ридестата градина со нескротена вегетација, заштитена од буката на булеварот со огромен стаклен ѕид во неправилна форма, доживува возбудливо откривање на објектот. Сè што се појавува пред нас, што се доживува надвор и внатре во објектот, е со искривена, неправилна форма, флуидно, транспарентно, мистериозно и секако топло. Моето прво доживување беше возбудливо, но не беше лесно. За да го засакаш овој објект мора прво да ја прифатиш неговата необичност. Таа се прифаќа постепено, и уште долго. Долго се мисли на нејзината необичност, на објектот и на сè што си видел и доживеал во него. Не можеш да останеш рамнодушен.


архитектура

Архитектонскиот ансамбл се развива на пет нивоа, крунисани со една голема тераса, со возбудлив поглед на Ајфеловата кула и градот Париз.Врската помеѓу галериската зграда и канцеларискиот дел е преку мали нежни мостови. Возбудата и енергијата од проектирањето е присутна, се чувствува насекаде. Извира во секој дел. Секоја фасада е различна. На едната страна се обоените брисолеи како заштита од сонце, а на другата колоритните боксови проектирани над градината. Фасадата кон улицата е вертикална градина, пропорционална и складна со фасадите на апартманите на барон Осман што доминираат во овој реон. Во делот што се граничи со нив, кон улицата, се развива фасада од 200/12 м, покриена со атрактивна завеса од егзотични растенија, распоредени покрај огромните прозорци. Тоа е зелениот (вегетативен) зид, Le Mur Vegetal. Спојот помеѓу овие два објекта,

од 19 и 21 век, е многу интересен и необичен. Ја потенцира индивидуалноста и убавината на секој од стиловите на објектите, репрезенти на своето време. „Кога ќе им дадете на луѓето цвеќе, тие се среќни“, вели архитектот Жан Нувел за неговиот дизајн.

зелен ѕид

Зелениот ѕид е дело на ботаничарот Патрик Бланк. Системот на неговиот зелен ѕид дозволува растенијата и објектот да бидат заедно, да живеат во хармонија. Тој користи cpiphytic (растение кое расте на друго, но не е паразит) и saxicolous растенија кои растат на влажни камени ѕидови. Растенијата се вкоренети без земја, во слој од рециклиран полиамид, како средина за растење на корените. Се наводнуваат со специјален систем, со рециклирана вода. Во оваа бујна вегетација, вклучени се повеќе од 1500 растенија

од 150 различни видови. Скоро две третини од просторот е фасцинантна градина, дизајнирана од Жил Клеман. Ридеста, жбунеста, скриена од буката на кејот со висока ограда од стакло, се простира на 18.000 м², нудејќи им на посетителите на музејот, на минувачите, на жителите на квартот, впечаток на егзотична природа и изобилство. Благодарение на вештината на проектантите, градината поминува и под објектот. Како место на спој на раскошна природа и култура, градината просто повикува на возбудливо патување, по мали патеки поплочени со камен, во медитација, сонување, мечтаење... Биодиверзитетот на растенијата е планиран како одек, како ехо на различностите на културните артефакти во музејот. Неколкуте зони долж екстериерниот ѕид, претставуваат внатрешни, сликовити региони на четирите континенти. Околу 30 специјални билки и 169 дрвја, како храст и

јавор се на северната, а магнолии и црешови дрвја на јужната страна. „Улогата на архитектот треба да биде колку што може поплеменита, подарежлива“ (Le role de l’architecte est d’etre le plus genereux possible), вели Жан Нувел, големиот архитект. Убавината, племенитоста и хармонијата, воспоставена помеѓу креативноста на народите од различните страни на светот, нивната уметност, природата и просторот што тој го обликувал, се чуствува. Неговата архитектура, едноставно, убаво и смело ја презентира оваа Убавина. Таа е за сите посетители. Лебди насекаде. Јас ја доживеав и почувствував. Тоа е слика и чувство, кое посакувам да го доживеат и да го видат посетителите и на нашите музеи.  Љупка ДуКОВСКА, дипл.инж.арх.

3

21 октомври 2011 ПОРТА

33




архитектура инфо велика британија

еколошката лабораторија Сејнсбури

Проектот е изработен од архитектонското биро Stanton Williamѕ, по нарачка на Универзитетот Кембриџ. Елегантниот објект со напредни еколошки карактеристики е првенствено наменет за лабораторијата на одделот за научно истражување на растенијата. Првата ваква лабораторија на Универзитетот била основана од менторот на Чарлс Дарвин, а новиот објект е достојно заокружување за продолжување на научната работа во престижната установа.

бразил

пештерска коцка

Домот што го дизајнираа архитектите Alan Chu и Cristiano Kato може да се опише единствено како експеримент кој претставува остар спој на ултрамодерен минимализам во бои и форми, традиционална архитектура од аспект на изборот на материјали, како и сирова природа во непосредното опкружување на објектот. Станбениот објект има вкупна внатрешна површина од 36 метри квадратни, што е уште еден контраст во однос на 8000 метри квадратни вкупна површина на целината.

франција

интимно пространство во виновите лози

Лоциран во близина на Леон, Франција, проектот на Алберто Аларкон е успешна рефлексија на слободата и спокојот на околината. Станува збор за станбен објект кој, покрај пространоста, претставува модел на скромност во искористување на просторот, донекаде инспирирано од традиционалната кинеска архитектура. Положбата на собите и нивната вгнезденост во самата земја, овој дом го чинат идеален за екстремните зимски и летни температури, но и еколошки заради намалените трошоци за одржување на соодветни температури.

36

3

ПОРТА

подготви: леонида Пенка БАША 21 октомври 2011


архитектура инфо кореја

клуб на задоволството во Сеул

Архитектите од студиото Кен-Мин од Сеул се творци на ремекделото по нарачка на Emerson pacific Group. Станува збор за нарачка на комплетна реизградба, ребрендирање и развој од почеток на поранешен етаблиран европски клуб од ланецот на Ритц- Карлтон. Ваквиот предизвик е преземен, пред сè, заради потребата новиот објект да го рефлектира современиот начин на живот, со што целата иднина на бизнисот е потпрена на успешноста и функционалноста на архитектонската реализација.

авСтралија

нов еколошки објект за западниот колеџ

Изграден благодарение на проектите што се дел од реформите во високото школство во Австралија, овој нов објект е еден од најсовремените, како според дизајнот така и според еколошки ориентираните спецификации. Просторот е практично искористен, просториите се современо опремени според потребите, додека условите што ги исполнува во однос на eco-friendly стандардите го квалификуваат во групата на објекти со четири ѕвездички за „зелени“ стандарди.

јапонија

бетонска апстракција во кохоку

Ова необично решение за станбен објект е дело на архитектонското студио Torafu од Јапонија. Модернистичкиот изглед е препознатлив за ова студио и инвентивните решенија кои се дел од нивното портфолио. Сепак, овој објект е многу попрактичен отколку што изгледа на прв поглед, бидејќи се наоѓа на улица со збиени куќи, па нема доволно простор за прозорци. Затоа, покривот овозможува оптимално дневно осветлување, а притоа е задржана и приватноста и интимата на внатрешните простории.

3

21 октомври 2011 ПОРТА

37


Statika 001


рубрика Сеуште губите време во објаснување на Вашите клиенти за Вашата локација Контакт: Тел: +3892 / 6090 - 671 Моб: +38978 / 330 - 313 contact@directorium.mk Одсега Directorium.mk и на Вашиот Android Телефон

■ Истражување, испитување и атестирање на градежни материјали ■ Истражување и испитување од областа на геомеханиката, хидрогеологијата, геофизиката и инженерската геологија

Тел.+389 2 2460 458, Факс.+389 2 2460 459

ГРАДЕЖЕН ИНСТИТУТ “МАКЕДОНИЈА“ Tel.: + 389 02 30 66 816; + 389 02 30 66 833 Fax: + 389 02 30 66 828 e-mail: gim@gim.com.mk gim-skopje@t-home.mk www.gim.com.mk

skopje@rehau.com www.rehau.com.mk

■ Санација на материјали и конструкции ■ Испитување на конструкции ■ Проектирање, надзор, ревизии, инженеринг, заштита на човековата околина и др

3

21 октомври 2011 ПОРТА

39


ентериер

ЦРВЕНО! СМЕЛО ИЛИ НЕ Силен контраст смирен со едноставни линии на мебелот

Д

невната зона на овој стан е уредена маниристички во духот на современите ентериери. Ставен е силен контраст помеѓу црвената боја за дел од кујната и едниот ѕид од трпезаријата, наспроти завршницата во темно какао на сите површини од мебелот кои се изведени од дрвен фурнир. Кај мебелот доминира квалитетот на употребениот материјал, односно дрвениот фурнир. Станува збор за „фајн лајн“ или технолошки фурнир, кој денес е многу модерен. Дневната ја краси модерен дизајн и прочистени потези, а изгледа голема и воздушеста и покрај силните контрасти. Комодата за музичка опрема и соодветната висечка композиција со слична намена, се со нагласено хоризонтална линија и мега фиоки во долните елементи, што се смета за одличен избор со оглед на функцијата. Ниската маса со големи димензии 120/120см, го надополнува ефектот на линеарност

40

3

ПОРТА

21 октомври 2011

и модерен дизајн во аголот за конверзација. Аголната гарнитура е изведена во телешка напа со чоколадна боја, па на тој начин убаво го надополнува просторот. Сегмент од дневната зона е кујната, ќе кажеме високософистицирана ѕверка од редот на последните генерации кујни. И нема да претераме. Сместена е во агол кој започнува со орман на лизгање, изведен со црвени застаклени врати. Потоа црвената боја продолжува на нејзините долни елементи, додека сите горни и оние што се целосни елементи од под до таван, се изведени во завршницата на темно какао. Кујната е опремена со сите реквизити потребни за нејзино успешно функционирање: висечки елементи со отклопно отворање нагоре, долни елементи со ергономски фиоки, мултифункционален остров/пулт маса за работа и за јадење, високомонтажна рерна

и вграден фрижидер со двојна намена, софистициран аспиратор. Тенденцијата била минимален и модерен израз, со нагласок на квалитетот и убавината на дрвото употребено за одделни површини во форма на фурнир. Декор повеќе на темната завршница се рамните долгнавести рачки од мат алуминиум. Само еден дел од кујната, односно само долните елементи се во ферари црвена боја, а добиени се со технологијата на повеќеслојно боење со полиуретански двокомпонентни бои во комори со надпритисок. Станува збор за завршница која во „Дизајн Фантазија“ квалитетно се изработува, надвор од овдешните стандарди. доц. д-р елена НИКОЉСКИ ПАНеВСКИ, дипл.инж.арх.

фото: Владимир СеКулОВСКИ


3

21 октомври 2011 ПОРТА

41


наука

Михаил токарев: 100 Години Модерна архитектура (119)

италија (8) АЛДО РОСИ (1931-1997) е основач и главен претставник на рационализмот во втората половина на ХХ век. Неговите први дела создадени во 60-тите години, го комбинираат влијанието на модернизмот од 20-тите години со идеите на движењето Новеченто Италијано, како и визиите на Етјен-Луј Буле со рационалната строгост на Адолф Лос. Во неговото понатамошно творештво се чувствува влијанието и на Андреа Паладио поврзано со античката римска архитектура. Проектот за плоштад пред Градскиот совет во Сеграте (1965, делумно реализиран), со едноставните геометриски форми на елементите

КНИГА 2: ДОСТИГНУВАЊАТА НА ОДДЕЛНИТЕ ЗЕМЈИ - РЕЗИМИРАНИ ИЗВАДОЦИ

поставени во широк простор, потсетува на метафизичкото сликарство на Џорџо де Кирико. Кај основното училиште во Фањано Олана (1972), одделните павилјони се шират во вид на крила околу правоаголниот атриум во кој е сместена кружната библиотека. Алдо Роси го применува атриумското решение и кај средното училиште во Брони (1979), кое по својата компактност потсетува на делата на Паладио. Театарот на светот (1979) е создаден за потребите на Првата меѓународна изложба на архитектурата во Венеција (1980). Овој едноставен осмоаголен објект со пирамидален

кров е изграден од челични греди со дрвена обвивка и е поставен на сплав, така што може да се пренесува на различни локации. Овој т.н. концепт на ,,краткотраен” објект е поврзан со ренесансната традиција на XVI век. Во понатамошното творештво Алдо Роси доследно ги применува принципите формулирани во неговата книга Архитектурата на градот (1966), при што реализира голем број објекти, благодарение на нивната бескомпромисна природа и привлечна моќ. На таков начин, во последните децении на ХХ век, тој станува еден од најконтроверзните архитекти, околу чие дело се водат интензивни дискусии.

Станбениот блок во Фридрихштат, Берлин (1981-1989), е подигнат за Меѓународната изложба на објекти (IBA). Неговата расчленетост произлегува од мерата на градот и содржи еден вид архитектонска редукција до ниво на монументален пуризам изразен во тула. Овој голем блок наместа е расчленет со стакленочелични интерполации, а во неговото засечено ќоше е вметнат еден цилиндер, како историска реминисценција во вид на огромен столб, што го поврзува со постмодерниот класицизам. Слична проектантска постапка Алдо Роси применува и при обликувањето на комбинираниот ансамбл во Фонтилеџе кај Перуџа (1982). А. Роси. Проект за плоштад во Сеграте. Перспектива

А. Роси. Театарот на светот. Основи и изгледи

А. Роси. Основното училиште, Фањано Олана

42

3

ПОРТА

21 октомври 2011

А. Роси. Станбениот блок во Берлин


рубрика

Б

3

21 октомври 2011 ПОРТА

43


рубрика

Покрив кој трае со генерации. ТОНДАХ Македонија АД ИГМ Пролетер бр. 1 МК- 2310 Виница

29ти Ноември бр.60

е-маил: office@tondach.com.mk

Телефони: ++389 / (0)33 361 332 ++389 / (0)33 362 152 Факс: ++389 / (0)33 361 780 www.tondach.com.mk

www.porta3.com.mk

ДООЕЛ ТАТЈАНА

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

DVORNIK

Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk

liting@t-home.mk

070 387 535 070 385 585

Тел.: Тел.: 02 02 3122284 3122284 Орце Николов 93/8 alchimica.mk@gmail.com alchimica.mk@gmail.com www.alchimica.mk www.alchimica.mk

HY PERDESMO®

ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА ЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА ЕЛАСТИЧНА на - 40С УВ - СТАБИЛНА

Mob: 071 673 895 e-mail: beta_beko@yahoo.com

канцелариски материјал друштво за производство трговија и услуги

„ГВ“ ДООЕЛ

Друштво за инжинеринг и изведба на објекти

ќ“ лам.2, 1/1-2 Ковачеви Ул. „Саваре он 77, Скопје

15 , 2720-2 2720-214 Тел: 02 акс: 2720-216 Ф 44

3

ПОРТА

21 октомври 2011

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606 E-mail: pelagskp@pelagonija.com.mk , pelagskp@mol.com.mk


спортски храмови

СМ беј Сити арена - Манила

аМеРикански БисеР во Манила

к

он крајот на следната година, главниот град на Филипини ќе може да се пофали со едно навистина модерно и големо спортско здание. Американската архитектонска групација „Архитектоника“, една од најпознатите што работат во Азија, во последниве десетина години го оформи изгледот на популарната „СМ Беј Сити Арена“, како дел од комплексот SM Mall of Asia, кој веќе се појавува како еден од најграндиозните комерцијални објекти на овој континент. „СМ Беј Сити Арена “ е затворена арена, која се гради во областа Пасај Сити во Манила на локација од 19.000 м2. Според план-проектот, оваа супермодерна арена ќе има капацитет од 16.000 места, со можност за зголемување на вкупниот

капацитет за помали спортски настани, и за концерти до 20.000 места. Тоа е најголемиот спортски објект во овој дел од светот, затоа што новата арена во Манила ќе биде за цели 5.000 места поголема од моментно најпопуларната спортска арена на Филипини, „Смарт Колосеум“, која е изградена во 1958 година со максимален капацитет на трибините од 15.000 места. Во стилот на моментно најатрактивните НБА арени во САД, и „СМ Беј Сити Арена“ ќе има продолжени гледачки позиции до самиот терен, затворени ВИП ложи, како и 12 супер ВИП ложи, кои ќе се третираат како апартмански простор со поглед на централниот терен. Во рамките на новата арена ќе биде сместена Универзитетската спортска

асоцијација, како и Националниот универзитетски атлетски совет, кој е најстарата асоцијација на 9 колеџи во оваа земја. За потребите на Арената, проектантите обезбедија и 2000 паркинг места, а добар дел од паркинг просторот на веќе атрактивниот СSM Mall of Asia ќе биде искористен и за време на големите спортски настани во арената. Во непосредна близина на Арената, се гради и голем центар во чии редови ќе бидат стационирани седиштата на најголемите трговски компании од Манила, голем хотел со 5 ѕвезди во чии рамки се очекува да проработи и најексклузивното казино во земјата, како и поголем станбен простор кој во најголем дел веќе е изграден.

Интересно е да се напомене дека „СМ Беј Сити Арена“ најверојатно го покри досега нереализираниот проект за изградба на ваква слична арена во Кебу Сити. Во овој град, според најавите од 2000 година, требаше да се гради модерна спортска арена со капацитет од околу 20.000 места, но до реализација на проектот не дојде. Затоа со голема брзина се гради овој објект кој треба да ги покрие потребите на особено популарната кошарка на Филипините, која и досега привлекувала огромен број на фанови. Работите на објектот влегуваат во завршна фаза и според проектираните очекувања, во октомври 2012 година арената ќе биде пуштена во употреба. Сашо КуЗМАНОВСКИ

ФАКтИ за „СМ БЕЈ СИТИ АРЕНА“ - Манила Седишта: 16.000 (20.000 за концерти) Период на изградба: 2009-2012 Цена на градба: 63 милиони евра Состав: хотел со казино, станбен комплекс, голем шопинг-центар Паркинг: 2000 места Инвеститор: SM Holdings Дизајнерски тим: Arquitectonica USA

3

21 октомври 2011 ПОРТА

45


технологии

Стив Џобс (1955 - 2011)

Замина модерниот Леонардо

46

3

ПОРТА

21 октомври 2011

н

а 5 октомври годинава, на 56-годишна возраст, почина Стив Џобс, коосновач и извршен директор на „Епл“ (Apple Inc). Ако воопшто некој не знае кој е Стив Џобс, тогаш сигурно слушнал за iPhone, iPad, iPod или Macintosh. Тоа се уредите што за кратко време го освоија светот и го променија начинот на кој слушаме музика, користиме телефон или компјутер. Препознатливата минималистичка естетика на овие уреди беше олицетворение на неговиот карактер или ако сакате, на неговата филозофија на живеење. Стив Џобс, преку неговата компанија, без пардон ги рушеше стереотипите во Информатичката технологија (ИТ). Можеби најголем и најважен стереотип кој падна во низата, е закржлавеното разбирање дека „the technology is all about function” (во технологијата сè се однесува на функцијата). Со истакнувањето на изгледот на уредите во преден план, пред сè на перфектниот минималистички дизајн, светот откри дека живеел во заблуда. Откри дека ИТ уредите можат да бидат многу повеќе од крути, недопадливи машини. Стив им даде карактер. „Ги направи секси“ - како што еден колумнист се изрази. Секој професионалец кој секојдневно се занимава со дизајн, го величи Стив Џобс, минимализмот е повторно „во мода“. Секој технолошки инженер се чуди на инвентивноста – уредите стануваат мали, а супер моќни. Секој што ги следи бизнис потезите на Џобс, е вчудоневиден од неговатa автентичност, упорност и држење до принципите. Резултатот е Џобс го освои светот. Конечно, ИТ индустријата е трансформирана. Суперлативите одат дотаму што деновиве се изнаслушавме за споредбите со Да Винчи, нарекувајќи го „модерниот Леонардо“. Од која страна и да гледаме, дизајнерската, технолошката или бизнис страната на Стив Џобс, секогаш три нешта се истакнуваат - креативноста, посветеноста и „out-of-box” размислувањето, правејќи го вистински лидер на неколку генерации. Но, како што тоа често се сретнува во филмовите и во стварноста, (ко судбина да е), титаните од негов ков прерано заминуваат од овој свет. Стив Џобс почина по неколкугодишно војување со редок вид на рак на панкреасот.


технологии По смртта, лавина реакции, пред сè од водечките светски лидери и јавни личности, ги преплавија медиумите. Интернетот се исполни со тага и жалење. Нема да ме чуди ако во наредните години, Џобс стане предмет на обожување и величење.

контроверзии

Сепак, овој текст нема за цел да го идеализира Џобс. И тој има свои гревови или ако сакате контроверзии, како и повеќето јавни личности. Многумина му замеруваат за негови наводни или докажани потези кои некому предизвикале штета или болка. Последната критика се однесува на условите за работа во фабриката на Apple во Кина, а првата, можеби за непризнавањето на својата вонбрачна ќерка Лиза во еден период од својот живот. Повторно, овој текст не се однесува на неговите скандали и падови, туку потенцира дека се случи ставовите и активностите на еден човек од областа на технологијата, да го променат начинот на кој живееме, работиме и го разбираме светот, докажувајќи на тој начин дека технологијата, пред сè, ИТ, е длабоко вкоренета во модерното живеење. Но, да видиме низ факти и историја како Џобс го промени светот:

• 24 февруари 1955 година Стивен Пол се раѓа како дете од забранета љубов помеѓу Американка и Сириец. Набргу е посвоен од Пол и Клара Џобс. • 1969 година - Стив го запознава Стив Вознијак, наречен „волшебник“ поради неговата неверојатна техничка интелигенција. Ова пријателство ќе биде камен темелник на се што Apple постигна. • 1973 година - Стив посетува еден семестар од неговите студии по уметност на престижниот Рид Колеџ во Орегон, но набргу го напушта. Научените лекции од оваа негова кратка академска авантура се основа на подоцнежната минималистичка естетика која ја застапува. • 1975 година - на свет излегува Apple I, првиот компјутер осмислен и склопен во гаражата на Џобс. Истиот нелегално се продава на хобисти. Веќе следната година, на 1 април, формирана е Apple Компјутер Инкорпорејтед. Основачи се Стив Џобс, Стив Вознијак и Рон Вејн. • 1978 година - унапредениот Apple II

станува хит низ цел САД. Продажбата се вивнува во облаци. Се раѓа лиза, вонбрачното дете на Џобс и Крис-Ен Бренан. Стив не ја признава за своја. • 1979 година - Џобс има увид во програмата за графички кориснички интерфејс развивана во Ксерокс каде за прв пат се воведува „глувчето“ како средство за навигација. Apple ќе ги претекне „Ксерокс“ и први комерцијално ќе ја претстават оваа технологија. Истата

Одделот за визуелни ефекти од Џорџ лукас и ја формира компанијата „Пиксар“ (Pixar), подоцна позната по успешните 3Д анимирани филмови (тин тој во 1988 година добива Оскар за Најдобар анимиран краток филм). Со оваа компанија, Џобс ја трансформира филмската индустрија. • 1991 година - Џобс се жени со лорен Пауел. • 1996 година - Apple ја купува

година се појавува „Визикалк“, првиот софтвер за табеларни пресметки и веднаш станува хит. • 1985 година - Џобс е ослобеден од сите извршни функции од страна на неистомислениците во Борд на директори на Apple. Истата година, Стив ја напушта компанијата што самиот ја основа и разви. Ја формира „Некст“ (NeXT), компанија која ќе ги продолжи неговите аспирации да создаде подобар персонален компјутер. • 1986 година - Стив го купува

NeXT, со тоа оставајќи му простор на Џобс да се врати во Apple. Во прво време, тој делува како советник на извршниот директор Гил Амелио. Disney го купува Pixar. • 1997 година - Џобс станува привремен извршен директор на Apple. • 1998 година - Џобс го прави Apple повторно профитабилен. Дотогаш компанијата се дави во неколкугодишна криза. Во мај истата година е претставен револуционерниот iMac.

• 1999 година - претставен е новиот Power Mac G3, како и iMac-овите во боја. Истата година е претставен и софтверот за едитирање на видеа, iMovie. • 2000 година - Џобс станува и официјално извршен директор на Apple. Истата година се претставени револуционерните: оперативниот систем Mac OS X и мобилниот музички уред/плеер iPod. • 2003 година - Apple ја отвора iTunes својата прва онлајн музичка продавница. Преку воведување на нови музички фајл формати наменети за своите уреди, пред сè за iPod, Џобс практично ги „закопа носачите на звук“. Музичката индустрија е трансформирана. За филмот Finding Nemo, Pixar добива Оскар за најдобар анимиран филм. Во јуни истата година, Apple го претставува Power Mac G5, најбрзиот компјутер на светот. Истата година, на Џобс му е дијагностициран рак на панкреасот. • 2005 година - Џобс ги претставува iWork, Mac mini, iPod shuffle и iPod nano. • 2006 година - Disney го купува Pixar за 7,4 милијарди долари. Истата година, претставени се iMac и MacBook Pro базирани на процесорите Intel. • 2007 година - Apple ги претставува Apple TV и iPhone, кој за кратко време ќе доминира на полето на мобилните телефони. Со овој уред, Apple ја зацрта насоката во која ќе се развиваат мобилните телефони во иднина. • 2008 година - Џобс го претставува невозможното, најтенкиот лаптоп компјутер во светот, MacBook Air. • 2010 година - Џобс го претставува iPad, таблет компјутер кој ја потполни алката што недостасуваше помеѓу мобилните телефони и лаптоп компјутерите. Иако изгледа дека Стив замина прерано и не ги дореализира своите планови, сепак светот во голема мера е променет. Низ делата, неговата визија стана разбрана и прифатена од следбениците. Нека не нè чуди ако и по неговата смрт, духот на Џобс биде присутен меѓу нас: ИТ индустријата е во обид да ги „пресвлече“ машините од секојдневието во минималистичко светло. Трајче СтОЈАНОВ, дипл.инж.арх.

3

21 октомври 2011 ПОРТА

47


експерт

НОВА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ПРОГРАМА ЗА КОНТИНУИРАНA ПРОФЕСИОНАЛНA ЕДУКАЦИЈА НА БРИТАНСКИТЕ АРХИТЕКТИ д-р Владимир Б. лАДИНСКИ, дипл.инж.арх. Лицата што биле регистрирани како архитекти во (Велика Британија) Советот за регистрација на архитекти, и сакаат повторно да се регистрираат по пауза во архитектонска практика во времетраење од две или повеќе години, при својата пријава ќе мора да поднесат докази од кои ќе се види дека биле вклучени во активности поврзани со дејноста, како на пример, континуирана професионална едукација, предавање или студирање архитектура...

„к

ралскиот институт на британските архитекти“ (Royal Institute of British Architects - RIBA) на 4 октомври оваа година, ја промовираше новата задолжителна програма за „Kонтинуирана професионална едукација“ (Continuous Professional Development – CPD) на своите членови. Според новата и поедноставена програма, британските архитекти кои се членови на Институтот, од сега ќе треба да поминат најмалку по 2 часа годишно на своето стручно усовршување во секое од десетте задолжителни подрачја. За разлика од порано, кога беше задолжително да покријат 31 подрачје во текот на секои пет години, при што единствено во доменот на заштитата на здравјето и безбедноста (при работа) треба да поминат најмалку задолжителни два часа годишно. Според новата програма задолжителните десет подрачја на континуирана професионална едукација се:

1. Заштита на здравјето и безбедноста 2. Одржлива архитектура 3. Надворешен менаџмент на клиенти, корисници и

48

3

ПОРТА

21 октомври 2011

услуги кои се извршуваат 4. Внатрешен менаџмент во однос на професионализам, практика, деловност и организација 5. Исполнување на законите, прописите, законските рамки и процеси 6. Набавка на објекти и договори 7. Изградба на објекти, конструкции, технологија на градење и инженерство 8. Заедници во кои луѓето живеат, урбан дизајн и процес на планирање 9. Контекст на историската околина и нејзиното опкружување 10. Пристапност за сите преку универзален/вклучителен дизајн

Од новата задолжителна програма се очекува да им помогне на архитектите да ги поседуваат и редовно да ги надополнуваат своите знаења и вештини, со што ќе останат компетентни и отпорни во сегашните сложени економски услови, односно ќе им овозможи да се заштитат и себеси и своите деловни организации.

профеСионална едукација

Како и порано, останува обврската архитектите секоја година да поминат најмалку по 35 часа

годишно на сопствена континуирана професионална едукација, од кои најмалку 20 часа годишно треба да поминат на задолжителните десет подрачја, и тоа по два часа за секое од овие подрачја. Од архитектите се очекува барем половина од континуирната професионална едукација да се стекне преку организирани програми, додека преостанатите преку лична едукација. Според новата програма, стекнувањето на знаењата се врши на три нивоа:

1. Општи познавања кои се стекнуваат на пример преку читање на стручни списанија 2. Детални познавања кои се стекнуваат преку посетување на семинари 3. Напредно познавање кое се стекнува преку здобивање со нови квалификации.

Новата програма за континуирана професионална едукација е усогласена со најновите критериуми на „Кралскиот институт на британските архитекти“ и „Советот за регистрација на архитекти“ (Architects Registration Board - ARB) од 2011 година за акредитација на студиските програми по архитектура,

и тоа за сите три дела на студии. Регистрирањето на активностите сврзани со континуираната професионална едукација, челеновите на „Карлскиот институт на британските архитекти“ го вршат електронски, преку интернет порталот на институтот, кој овозможува лесно ажурирање на податоците и олеснета контрола на следење на сопствената едукација. Критериумите и програмата за потребната континуирана професионална едукација на „Кралскиот институт на британски архитекти“ (архитектите доброволно се зачленуваат) отсекогаш била подетална и попрецизна од онаа на „Советот за регистрација на архитекти“ (регистрацијата е задолжителна за да може да се работи како архитект). Според 2-от стандард на Кодексот за однесување на Советот (Standard 2, ARB's Code of Conduct), Советот очекува од сите архитекти да покажат компетентност при нивното пријавување, да се регистрираат во комората и за времетраењето на својата практика. На овој начин, професијата дава своевидна гаранција на пошироката јавност дека оние лица, кои се на Регистерот на


експерт

архитекти и во практика ќе ги извршуваат своите задачи со соодветно знаење и вештини. Правилата на Советот подразбираат дека со самото пријавување за обновување на годишната регистрација, постојните архитекти во практика ја потврдуваат својата компетентност да ја извршуваат својата професија. Со цел да им помогне на оние што сакаат да се регистрираат како архитекти, Советот го има дефинирано „пропишаното практично искуство“ (prescribed practical experience) во своите документи. Според ова, секое лице кое е вклучено во извршување на архитектонската дејност мора да има неодамна стекнато практично искуство, кое Советот ќе го пропише. При ова, Советот цени дали лицето преземало доволно активности во доменот на архитектонската практика во периодот од две години пред поднесување на пријавата за регистрација. До колку Советот смета дека лицето нема стекнато задоволително практично искуство во изминатиот период, од кандидатите може да се побара да ја докажат својата компетентност на Советот, на

начин кој ќе биде пропишан од Советот. На пример, лицата што биле регистрирани архитекти и сакаат повторно да се регистрираат по пауза во архитектонска практика во времетраење од две или повеќе години, при својата пријава за повторна регистрација ќе мора да поднесат докази од кои ќе се види дека биле вклучени во активности поврзани со професијата, како на пример, континуирана професионална едукација, предавање или студирање архитектура и слично.

коМпетенција

Секое лице кое сака да се регистрира како архитект мора да покаже дека има стекнато минимално ниво на знаење, како и разбирање и вештини во подрачја кои се релевантни за архитектонската практика. Тоа се минималните нивоа на компетентност, кои архитектите мора да ги одржуваат за време на својата практика. Според Советот, клучните подрачја во кои архитектите треба да ја одржуваат својата компетентност ги вклучуваат:

• Проектирањето (правните и законските аспекти и најдобрата

практика во проектирање) • Технологијата и околината (важноста на современите технологии при изборот на материјали и методи на градба со особено внимание на енвиронменталистичките аспекти) • Културниот контекст (меѓусебните односи помеѓу луѓето, објектите и околината) • Историите и теориите на архитектурата (нивната примена и влијание на квалитетот на проектот) • Организационата практика и законите (техничките, финансиските, правните и човечките ресурси неопходни да се води проект или деловна организација) • Контекстот за практика (разбирање на изградената средина и градежната индустрија) • Менаџмент на архитектурата / менџмент на изградбата (менаџмент на проектот низ сите фази од изработка на проектна програма до примопредавање на истиот), итн.

Вообичаено се смета дека оние што ги исполнуваат критериумите за континуирана професионална едукација на „Кралскиот институт на британските архитекти“, ги задоволуваат и потребните барања за одржување на

компетентноста на „Советот на регистрирани архитекти“. Определбите за континуирана професионална едукација на архитектите во меѓународни рамки произлегуваат и од определбите на „Архитектонскиот совет на Европа“ (Architect's Council of Europe - ACE) од 2006 година, кои се искажани во документот „Препораки за системи на континуирана професионална едукација“ (Guidelines on CPD Systems), во кој се укажува на професионалниот и јавниот интерес за континуирана професионална едукација на архитектите во Европа. Според „Архитектонскиот совет на Европа“, континуираната професионална едукација на архитектите треба да се смета како трет сегмент на севкупната програма за архитектонско образование. Тој треба да го надополни првиот сегмент во кој се учат основните принципи на архитектонската култура и пристапите кон процесот на проектирање, како и вториот сегмент во кој се стекнува практичното искуство. Сите овие три сегменти заедно ја обезбедуваат реализацијата на целта за доживотна едукација (lifelong learning) на архитектите.

3

21 октомври 2011 ПОРТА

49


еко инфо никозија

природен гас и од Северен кипар

Турција и Северен Кипар, непризнатата држава која не ја признава официјалната власт на јужниот дел од островот, потпишаа договор за истражување на наоѓалишта на природен гас. Тоа е одговор на истражувањата што веќе ги одобри меѓународно признатата кипарска влада, а кои ги започна американската нафтена компанија Noble Energy. Последната одлука Турција ја оцени како провокација и се закани со испраќање на воени бродови. Но, од друга страна потенцијалните резерви на гас воопшто не се за потценување. Прогнозите одат до таму што дури и меѓуекспертската јавност уверува дека Кипар може да стане една од најбогатите земји. Кипарскиот професор од универзитетот во Хјустон, Михалис Икономидис вели дека наоѓалиштето во кое сега се вршат истражувања е 50 пати поголемо од израелското наоѓалиште Левиатан. (Silobeaker)

лондон

крај за европските рафинерии?

Плановите на Европската Унија да ги обврзе рафинериите на нафта од 2013 година да плаќаат надоместок за емисијата на јаглероден диоксид, би можеле да го забрзаат затворањето на низа европски рафинерии, како и преселување на дел од капацитетите во земјите надвор од ЕУ. На пример, во Велика Британија надоместокот би изнесувал 25 УСД/tCO2 во 2013 година, но тој износ би растел на годишна основа сè до 2020 година кога би достигнал 46,7 УСД/ tCO2. Затоа, нафтената индустрија стравува дека многу постари рафинерии ќе мора да бидат затворени. Се проценува дека во ЕУ на околу 40% од рафинериите им треба модернизација, а веќе се прават и пресметките дали европските рафинерии воопшто би биле профитабилни во наредните 5-10 години. Некои компании веќе избираат локации во земјите надвор од ЕУ. (Reuters)

париз

нова ветерна турбина на Alstom

Alstom ја претстави новата ветерна турбина ECO122 со моќност од 2,7 MW. Се работи за турбина која е наменета за копнени ветерни паркови и која има дијаметар на роторот од 122 метри, и најголемо подрачје на зафаќање што обезбедува максимално производство и побрзо враќање на инвестицијата. Инаку, досега Alstom (вклучувајќи ги и тековните проекти) има инсталирано повеќе од 2200 ветерни турбини на повеќе од 120 локации, со вкупна моќност од 3000 MW.

50

3

ПОРТА

(energetika-net) 21 октомври 2011


еко инфо варшава

енергија од ветерот за IKeA

Шведскиот производител на мебел IKEA, купи две ветерни електрани со вкупна инсталирана моќност од 28 MW, во јужна Полска. Фабриката има планови да купи и трета ветерна електрана, чија изградба сè уште е во тек. Целта на компанијата е да се намали зависноста од локалните дистрибутери на електрична енергија, така што 50% од потребите за енергија во Полска ќе ги обезбедува од ветерот. Но, како долгорочна цел останува посветеноста за користење на енергија исклучиво од обновливи извори. Инаку, IKEA веќе има свои ветерни електрани во Германија, Шведска, Франција и Велика Британија. (Warshaw Business Journal)

бриСел

ефикасни органски фотоволтаични ќелии

Белгискиот истражувачки институт Imec, во соработка со американската компанија Plextronics, и белгиската хемиска фабрика Solvay произведоа органска фотоволтаична ќелија која има 6,9% повисока ефикасност од класичните. Новата технологија би требало да стане една од поевтините алтернативи на моментално доминантната базирана на силициум, а ќе обезбеди и подолг животен век. (Electronic Online)

подготви: Даниела МлАДеНОВСКА

3

21 октомври 2011 ПОРТА

51


екологија

рециклирање

Македонија - РеГионален лиДеР во РециклиРаЊе на пластика р ециклирањето е процес на преработка на продуктите што се наоѓаат во отпадот, при што тие служат како суровини за производство на нови продукти. На тој начин се забавува исцрпувањето на примарните суровини присутни во природата. При производството на предмети добиени од секундарни суровини, се трошат помали количества енергија отколку што би се потрошиле при добивање на производите од примарни суровини, што го прави рециклирањето енергетски ефикасен процес. Во Македонија, од вкупната количина на собран отпад на годишно ниво, за 2010 година - 545.763 тони, и според процентуалната застапеност на материи во истиот, околу 50% од материите во комуналниот отпад се рециклирачки. Односно, околу 270.000 тони отпад има потенцијал да се употреби повторно како нов продукт. Откупот на пластични шишиња се движи околу 15.000 денари по тон. Во Македонија месечно се откупуваат 300-350 тони отпадни пластични шишиња, бројка која не е за потценување.

реГионален лидер

Рециклирањето не претставува новина во Македонија, баш напротив, овој пристап за повторна употреба на примарните суровини е добро познат во нашата земја. Многу од експертите веќе имаат истакнато дека Македонија е регионален лидер за рециклирање, надминувајќи ги нормите на ЕУ поставени како стандард за рециклирање, и тоа посебно за рециклирањето на пластика, при што ефектите што оваа индустрија ги има врз животната средина и економијата во Македонија се големи. Уште од 2005 година САД почнаа со инвестирање на голема сума на средства со цел подобрување 52

3

ПОРТА

21 октомври 2011


екологија

Во Македонија, од вкупната количина на собран отпад на годишно ниво, за 2010 година - 545.763 тони, околу 50% од материите во комуналниот отпад се рециклирачки. Односно, околу 270.000 тони отпад има потенцијал да се употреби повторно како нов продукт. Откупот на пластични шишиња се движи околу 15.000 денари по тон. Во Македонија месечно се откупуваат 300-350 тони отпадни пластични шишиња, бројка која не е за потценување.

на индустријата за рециклирање на пластика во Македонија. Од тогаш до денес се отворени илјадници нови работни места, а воедно се прочистија јавните простори како што се парковите и реките. Податоците говорат дека илјадници луѓе во Македонија живеат од собирањето на пластика и пластични шишиња. Приказната наречена рециклирање, понатаму ја продолжува УСАИД во соработка со ЈП ,,Комунална Хигиена“ и со ,,Пакомак“, при што за период од неколку месеци во Македонија се собраа 84 тони хартија, 340 тони лименки и 33 тони пластика со

што Македонија уште еднаш се потврди како лидер во регионот во поглед на рециклирањето на пластика. Исто така, е воведен нов систем во кој постојат легални собирачи на пластичен отпад, при што селектирањето на отпадот и транспортирањето до рециклажните дворишта се одвива систематски. Ваквиот тип на проекти се од огромно значење и за луѓето и за животната средина. Доколку тргнеме од почеток, со воведувањето на легалните собирачи на отпад се отвораат нови административно регулирани работни места (регистрирани во

завод за вработување, законски пријавени и слично), се селектира комуналниот отпад при што поефикасно може да се одвива процесот на рециклирање. На крај, доколку додадеме дека легалните собирачи отпадот го собираат со велосипеди со приколки, тогаш зборуваме за процес на селектирање, транспортирање и рециклирање на отпад во кој на никој начин не доаѓа до загадување на животната средина. Ова е само доказ дека во Македонија рециклирањето претставува успешна операција, нешто во кое треба постојано да

се инвестира, се повеќе и повеќе. Моменталната ситуација со рециклирањето на отпад во Македонија, која претставува земја во развој, е од огромно значење за нашата иднина, и од еколошки и од економски аспект. Огромен успех за нас и нашата земја претставува тоа што конечно кај нас сериозно почнува да се пристапува кон заштитата на животната средина, нешто што не е својствено за преостанатите земји во развој. Никола НеШКОСКИ, дипл.инж.на жив.средина /еко-менаџер

3

21 октомври 2011 ПОРТА

53


екологија

трошка надеж за најСироМашните

електрична енерГија,

„Три милијарди луѓе зависат од јагленот или дрвото за готвење и за греење. Тие се енергетски сиромашни, а тоа води кон растечка сиромаштија. Ние имаме потреба енергијата да биде универзална, но и чиста - да биде одржлива“, порачува генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун.

н

орвешката влада на 10 октомври ја претстави „Енергија+“, новата глобална иницијатива која треба да го финансира пристапот до обновлива енергија, енергетска ефикасност и развој со ниска емисија на јаглерод во земјите во развој. Иницијативата „Енергија+“ беше претставена на конференцијата „Енергија за сите - да се финансира пристапот за сиромашните“, што се одржа во Осло, во организација на Норвешка и на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) заедно

со петте поканети партнери Бразил, Етиопија, Индија, Либерија и Јужна Африка, а поддржана од Обединетите нации. Претставници од седумдесетина земји, премиери, министри, експерти од јавниот сектор, бизнис заедницата и претставници од невладините организации на оваа конференција истражуваа иновативни механизми за финансирање кои ќе помогнат сите луѓе на Земјата да добијат 54

3

ПОРТА

21 октомври 2011

пристап до енергија до 2030 година. Според искажаните проценки, околу 1,4 милијарди луѓе денес немаат пристап до електричната енергија, а трендот покажува дека оваа состојба нема да се промени многу до 2030 година. Исто така е проценето дека 2,5 милијарди луѓе и понатаму ќе ја користат традиционалната биомаса (дрва за огрев и за готвење) до 2030 година, што ќе

повлече здравствени проблеми и 1,5 милиони предвремени смртни случаи годишно, најмногу меѓу жените и децата. Пристапот до енергијата го промовира развојот на повеќе начини. Енергијата им овозможува на луѓето подобар живот. Таа овозможува децата да имаат светло за да си ја сработат домашната, подобри шпорети за готвење и подобар квалитет


екологија

но овој пат за С и т е

на воздухот во домовите. Без енергија компаниите не можат да ја произведуваат својата стока и да ги чуваат свежите продукти.

револуција за чиСта енерГија

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун во Осло повика на „револуција за чиста енергија“ за да им се помогне на проценетите три милијарди луѓе

кои немаат пристап до модерните видови енергија и им порача на земјите да го препознаат влијанието што го има енергетската сигурност на сите аспекти од развојот. „Три милијарди луѓе зависат од јагленот или дрвото за готвење и за греење. Тие се енергетски сиромашни, а тоа води кон растечка сиромаштија. Ние имаме потреба енергијата да биде универзална, но и чиста - да биде одржлива.

Единствениот начин да ги намалиме ризиците од опасните климатски промени е да обезбедиме енергијата да биде одржлива. Според Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) финансирањето на универзален пристап кон модерните видови енергија би чинел само околу три отсто од вкупните глобални инвестиции во енергијата. Енергетската сиромаштија го забавува економскиот раст и

отворањето нови работни места. Треба да направиме радикална промена на нашите досегашни практики“, ја пренесоа светските медиуми изјавата на Бан Ки-мун. За да се постигне целта за универзален пристап кон енергијата, Бан Ки-мун минатиот месец ја лансираше иницијативата „Одржлива енергија за сите“, којашто има три цели: да се обезбеди универзален пристап до модерната енергија, да се удвои енергетската ефикасност и да се удвои делот на обновливата енергија во светската потрошувачка на енергија. Во иницијативата ќе се вклучи приватниот сектор, владините институции и граѓанското општество за да се развие агенда за наредните две децении. „Да им се обезбеди на сите луѓе во светот пристап до одржлива енергија е еден од најголемите предизвици на нашето време. Ова не е можно без приватни инвестиции. Овде норвешките компании со своето искуство и знаење можат да одиграат многу важна улога“, изјави премиерот на Норвешка, Јенс Столтенберг. Генералното собрание на Обединетите нации ја прогласи 2012 година за Меѓународна година на одржливата енергија за сите. Како што информираат од конференцијата, иницијативата „Енергија+“ се планира да се спроведе преку три чекори кои треба да се спроведат истовремено: развој на меѓународно партнерство отворено за сите; концептот да биде тестиран во пилот-земји избрани според политичката волја за да бидат вклучени во иницијативата „Енергија+“; и според проценката дали оваа иницијатива би можела да постигне успех во одредената земја, и понатамошен развој на концептот. Иницијативата „Енергија+“ најпрво ќе соработува со владите за да се промовираат обновливите енергетски извори и можностите за бизнис базирани на енергетска ефикасност. Иницијативата ќе работи на прибирање дополнителни средства за подобар пристап кон обновливата енергија. Сашо КуЗМАНОВСКИ

3

21 октомври 2011 ПОРТА

55


екологија

ефикаСно производСтво Со пониСка еМиСија на Сулфурен диокСид

С

екторот производство на електрична енергија е одговорен за околу една третина од емисијата на стакленички гасови на светско ниво. И покрај значајниот пробив на обновливите извори на енергија во последните години, сепак, јагленот сè уште е столб на оваа индустриска гранка. Според Светската асоцијација за јаглен, околу 42% од електричната

56

3

ПОРТА

21 октомври 2011

енергија во светот се произведува од јаглен. Европските директиви за ограничување на емисијата на NOx, SO2 и прашина кај големите постројки со согорување, во која категорија припаѓаат термоелектаните, пропишуваат сè построги граници. По 31 декември 2016 година, термоелектраните мора да ги исполнат зададените гранични вредности кои ги бара ЕУ,

„Како ефикасно да се произведува електрична енергија од фосилни горива, но истовремено и со намалена емисија на сулфурен диоксид“, беше тема на регионалната конференција „Балкански денови на десулфуризацијата 2011“, која се одржа на 13 и 14 октомври во Аранѓеловац, Србија.

или ќе мора да престанат со работа. За ранливите економии на Балканот ова е сериозен проблем, врзан со сериозни инвестициони вложувања, кои не носат поголем профит, а се неопходност. Како ефикасно да се произведува електрична енергија од фосилни горива, но истовремено и со намалена емисија на сулфурен диоксид, беше тема на регионалната конференција „Балкански денови

на десулфуризацијата 2011”, која се одржа на 13 и 14 октомври во Аранѓеловац, Србија. Настанот беше спонзориран од компанијата Carmeuse со седиште во Белгија, но присутна е во околу дваесетина земји, меѓу кои и во Босна и Херцеговина, каде што е сопственик на постројка во Добој. Компанијата постои 150 години, и се занимава со производство на варовник и


екологија

вар, кои освен нивната позната примена во градежништвото, се користат и како влезни суровини во процесот на десулфуризација. На конференцијата беа присутни педесетина инженери од термоелектраните од балканскиот регион, а во улога на предавачи и презентери реномирани производители на опрема, универзитетски професори и истражувачи.

Суви и влажни поСтапки Во зависност од типот на електраната, видот на горивото и карактеристиките на димните гасови, постојат повеќе технички решенија за десулфуризација на димните гасови, но сите се сведуваат на две главни категории: суви и влажни постапки. Доколку се работи за влажна постапка, димните гасови се спроведуваат низ алкален раствор, при што се добива гипс како нуспроизвод. При сувата постапка, се врши адсорпција на сулфурниот диоксид врз суви алкални честички. Приближно 85-90% од вградените системи за десулфуризација ширум

светот се базирани на влажен процес. Причината за тоа е што при влажниот процес се пониски оперативните трошоци (може да се користи евтин варовник, додека при сувиот процес се користи вар) како и тоа што нуспроизвод на влажниот процес е гипс со ниво на квалитет кој одговара на комерцијална употреба. Но, постојат и аргументи кои одат во прилог на сувиот процес, при што за одредени апликации главно кај помали електрани, сувата постапка може да биде подобар избор. На овој проблем се осврна Christian Brunner од австриската компанија Andritz. Професорот Владимир Симиќ од Рударско-геолошкиот факултет во Белград ги елаборираше геологијата, квалитетот и резервите од варовник во Србија, прифатливи од аспект на постројките за десулфуризација. Тој истакна дека најбитните својства кои треба да ги поседува варовникот за да може да се употребува во постројките за десулфуризација се: големина на честички < 44µm (90-95%), тврдина од 10-14, изразена преку Bond Working Index, како и реактивност

>80 за 180 минути, што е показател за брзината на растворање на варовникот. Компанијата RAFAKO S.A ги презентираше резултатите од реализираните проекти за десулфуризација во повеќе термоелектрани во Полска, меѓу кои и проектот реализиран во Belchatow – најголемата термоелектрана на јаглен во Европа, со инсталирана моќност од 5053MW. Концентрацијата на сулфурен диоксид во димните гасови пред реконструкцијата била 11.000 12.000mg/Nm3, а потоа истата е сведена во рамките на дозволените граници според LCP Directive 2001/80/EC, која по 31 декември 2016 година пропишува максимална дозволена вредност од 400mg/Nm3. Слична презентација на своите проекти имаше и компанијата ALSTOM, производител на опрема во овој сектор, која стои зад проектот на реконструкција на една од најголемите термоелектрани во Романија, Rovinari чија инсталирана моќност е 1420MW. Посебно внимание предизвика презентацијата на Mario Crespi од Alstom, на тема „Избор на

финансиски најповолни постројки за десулфуризација“, според кој особено треба да се внимава на барањата во врска со квалитетот на суровините (варовник и вар), нивната цена, како и барањата во врска со квалитетот на нуспроизводот, односно гипсот. Britta Knoche и Dr.Markus Feldkamp од компанијата HAMON од Белгија, претставија модел на оптимизација на постоечките системи за прочистување на димните гасови во термоелектраната Plomin2 во Хрватска. Симулацијата е направена со користење на методата CFD (Computational Fluid Dynamics). Примената на препораките од извршената оптимизација, резултира со поголема ефикасност на процесот на десулфуризација. Овој настан несомнено ќе придонесе за зајакнување на капацитетите и поттикнување на истражувачки проекти во термоелектраните во регионот, во насока на намалување на емисијата на сулфурни оксиди, бидејќи времето отчукува. Даниела МлАДеНОВСКА

3

21 октомври 2011 ПОРТА

57


хортикултура

изГрадба на алпинетуМ (ЧекоР по ЧекоР)

а

лпинетумот претставува еден од најавтентичните природни карпести предели кои може да се пренесат во градината. Станува збор за комбинација од камен и растителност, а може да биде проследено со водни текови и други пропратни елементи. Нашето искуство при изградба на еден таков пејзаж ќе ви го пренесеме во преостанатиот дел од текстот. Висинската разлика помеѓу најниската и највисоката точка на теренот изнесува 1,4 метри. Употребуваме исклучително природни камења. Во конкретниот случај, станува збор за варовник (калциум карбонат – CaCO3) собран од околината помеѓу село Глумово и Матка и речен камен од река Лепенец. За непречено циркулирање на водата, е вградена потопна пумпа со капацитет од 130l/ min. на која е инсталирано ребрасто пвц црево (ф50). Првата работа која е направена е моделирање на релјефот и чистење на површината од сите камења. Во овој случај, наидовме на големи потешкотии, бидејќи стануваше збор за почва од типот црвеница (Terra rosa), која на некои места каде што имаше примено поголемо количество влага самата по себе беше зацементирана. Откако е завршено со моделирањето и чистењето на теренот следува изградба на мала шахта (со димензии 1м2 х 1м2 х 1м2), на која има запче преку кое ќе се одлева вишокот вода од езерцето, од каде што со помош на потопната пумпа се враќа до „изворот“. Кога веќе завршивме со изградбата на шахтата за потопна пумпа, пристапивме со подигање на останатиот дел од алпинетумот. Прво поставивме пвц 58

3

ПОРТА

21 октомври 2011


хортикултура фаза: озеленување

фолија (со дебелина од 3 мм) за да не дојде до губење на вода во текот на нејзиното циркулирање, но претходно под неа поставивме тер-хартија поради специфичноста на подлогата. Пред сè, за да ја заштитиме пвц фолијата од какво било механичко оштетување. Кога станува збор за алпинетуми кои се градат на косини, најпрактично е истите да се градат од доле нагоре. Полека се реди и се фиксира секој камен, со посветување на внимание на секој посебно, избирајќи ја најсоодветната форма, боја и текстура, за да се вклопи во целокупната слика. Кога веќе завршивме со градежниот дел и ги потполнивме т.н. жардиниери со плодна почва, пристапивме кон озеленување на просторот. Длабочината на жардиниерите е од 0,4 до 0,8м. Користени се видови

како: Buxus sempervirens, Euonymus fortunei „emerald gaiety“, Euonymus mircophylla, Hosta sp., Berberis thunbergii „atropurpurea“, Cotoneaster dammeri, Festuca glauca, Geranium macrorrhizum, Boltonia asteroids „Jim Crocett“, Calendula officinalis, Juniperus horizontalis, Rudbeckia hirta, Pinus mugo, Santolina, Sedum album, Thymus serpyllum, Fragaria vesca, Stachus lanata и Betula pendula „youngii“. Кога се заврши со озеленувањето и расчистување на теренот, се пушти во функција и водниот тек, а ефектите што ги создаваше водата со својата пластичност и звукот, беше прекрасно искуство. Филип ФИлИПОСКИ, дипл.шум.инж.

(БИРО ПРОеКт ДОО, Скопје)

3

21 октомври 2011 ПОРТА

59


арт инфо риМ

коплетна ретроспектива на Мондријан

Во Рим е отворена изложбата „Мондријан, совршена хармонија“, прва ретроспектива, после 55 години, посветена на холандскиот сликар и теоретичар Пит Мондријан. Изложбата е сместена во комплексот Виторијано и ќе трае до 29 јануари 2012 година. „Од 1956 година римјаните не можеле да видат изложба посветена на Мондријан“, изјави организаторот на поставката Алесандро Никозија. На изложбата се претставени 70 слики и други уметнички предмети, како и дела на 40 уметници кои влијаеле на работата на Мондријан.

белГрад

„време е да се запознаеме“

МоСква

необичен перформанс на абрамовиќ

60

3

ПОРТА

Она што Марина Абрамовиќ своевремено го започнала како еден од своите перформанси на изложба во Москава, се претворило во вистински научен експеримент. Нејзината цел е „да се измери магијата што се случува кога двајца луѓе се гледаат во очи“. Марина Абрамовиќ предизвика големо внимание со својот нов проект „Measuring the Magic of Mutual Gaze“, кој треба да ја „објасни“ мистеријата на човечката душа со помош на најновите научни достигнувања во полето на неврологијата. Во текот на перформансот, двајца луѓе кои се потполни странци, зјапаат еден во друг извесен временски период, додека активноста на нивните мозоци се мери со помош на најновата технологија, а потоа на крајот на перформансот овие податоци се дешифрираат. „Телото е наједноставниот медиум за уметноста, но нашиот ум е тоа што всушност треба да се истражува“, вели Абрамовиќ. 21 октомври 2011

Под слоганот „Време е да се запознаеме“ е отворен 52. Октомвриски салон во Белград, во просториите на Музејот „25 мај“ (Музеј на историјата на Југославија). Како интегрален дел од оваа изложба, на 10 ноември ќе биде отворена уште една изложба во Местна галерија во Љубљана, која ќе претставува избор на избрани уметници. На белградската изложба учествуваат 30 уметници од Србија и светот, а според концепцијата на кустосите Галит Еилат од Израел и Аленка Грегорич од Словенија, се истражуваат феномените послушност, конформизам, општествена одговорност, но и непослушноста и неконформизмот. Визуелниот идентитет на 52. Салон го осмислил познатиот дизајнер Мирко Илиќ, а архитект на поставката е Орен Сагив.

подготви: Дејан БуЃеВАЦ


Луксузен хотел под земја

занимливости

х

отелот "Sala Silvermine" во Вастаманленд, Шведска, е прв и засега единствен хотел во светот, кој се наоѓа 155 метри под површината на земјата. Се наоѓа на некогашно наоѓалиште на сребро како дел од рудник, а оформувањето на подземната површина во која се наоѓа хотелот траело десет години. Хотелот содржи 14 соби, а до него за само неколку секунди се стигнува со лифт од рудникот. Собите се минималистички уредени и содржат:

двоен кревет, модерни фотелји, масичка, комода со огледало, и повеќе свеќници изработени од сребро, како и послужавник за служење шампањ. Собите се осветлени со големи лустери и ламби, кои заради ѕидовите имаат сребрен отсјај. Нема место за бања, но гостите имаат пристап до тоалет на растојание од 50 метри од хотелот и туш кабина на површина на земјата. Недостаток на хотелот му е што нема сигнал за мобилни телефони.

Гостите контактираат со рецепција на површината преку домофон, а наутро можат да бидат послужени со обилен појадок и кошница со сирење, бисквити, овошје, вино и чоколадо попладне. Маркетинг директорот на хотелот Софи Андерсон вели: „Луѓето можеби мислат дека хотелот под земја е ладен и темен, бидејќи на дното на рудникот температурите паѓаат до 2 Целзиусови степени, но хотелот е лоциран во дел со топол воздух, и температурата во него вообичаено е 18 степени“. Ова несекојднево и уникатно искуство, кое сепак не се препорачува за луѓе кои патат од клаустрофобија, чини 400 евра за едно ноќевање, и е мошне популарно место бидејќи веќе е букирано за цела година. Александра ПетРОВСКА, дипл.инж.арх.

3

21 октомври 2011 ПОРТА

61


совети

куќа за оДМоР

Се наоѓаме пред предизвик да купиме два мали бунгалови, и од нив да направиме прифатлива куќа за одмор на нашето четиричлено семејство. Бунгаловите се отворени од двете страни. Задниот дел има голема тераса. Ве молиме за идеја за преуредување. Петар Трајковски, Скопје

т

рансформацијата на просторот ќе ви овозможи да добиете куќа за одмор со автентичен стил и удобност. Вашето четиричлено семејство треба рамноправно да го дели просторот од 57м2, терасата и малата градина од предната страна. За почеток, поместете го делот од преградниот ѕид меѓу бунгаловите, така што предниот дел на едниот бунгалов ќе се зголеми и ќе овозможи тука да се сместат бањата, кујната и пултот. Во куќата се влегува преку мини предсобје, кое директно води до дневната соба. Големите стаклени површини пред терасата овозможуваат продор на сончевите зраци во собата. Самата тераса може делумно да се застакли и да служи како трпезарија. Кујната и пултот направете ги со актуелен дизајн во природните бои на дрвото. Во едната спална соба се влегува преку кујната, а во другата од дневната соба. Доминантни нека бидат белата и бојата на дрвото. Оваа комбинација не е нова, но никогаш не застарува, особено не во куќи за одмор. Немојте да ја заборавите малата градина пред главниот влез. Таа ќе ве штити од бучава, а воедно ќе ви овозможи да уживате во разгранетите дрвја.

пред

Билјана СтеВКОВСКА-САВИЌ,

потоа 62

3

ПОРТА

21 октомври 2011

дипл.инж.арх.

bsavic@porta3.com.mk


најчудни градби

М

ногумина можеби ќе се запрашаат што ќе му е на мост можност за создавање на соларна енергија? Но, во денешениот свет кога алтернативните извори на енергија добиваат на важност, не е ни чудо што се прават и мостови кои ќе го користат сонцето како извор на енергија. Во централен Лондон започна реконструкција на мост од Викторијанско време. Мостот познат како Блекфрирс железнички мост, лоциран над реката Темза, ќе добие соларни панели со вкупна површина од 6000 м2. Станува збор за 4400 индивидуални фотоволтажни ќелии, кои се очекува да произведуваат 900.000 киловат часови електрична енергија на годишно ниво. Според пресметките на инвеститорот Солар Сентури од Лондон, тоа значи дека мостот ќе обезбеди половина од енергијата за одржување преку соларните панели. Ова е директен одговор на прашањето со кое го почнавме овој текст, односно зошто и мостовите имаат потреба од соларна енергија. Од друга страна, мошне важен сегмент на целиот процес е и емисијата на штетни гасови, бидејќи соларните ќелии ќе ја редуцираат емисијата на CО2 за 500 тони. Од градежен аспект, овој мост е изграден во далечната 1886 година. Денес има статус на архитектонско богатство, кое постојано се надоградува во духот на модерното време. Она што некогаш било изградено како главна линија за парните железнички машини, денес е турбомодерна линија со сите технички достигнувања достојни за 21 век. Освен акумулирањето на енергија со соларните панели, иновацијата ќе овозможува и колекторски систем за атмосферска вода (дождови) и посебни сончеви цевки за природно осветлување на мостот. Мостот треба да биде комплетиран до јуни 2012 година и ќе биде долг 1,5 километaр. Драган РИСтОВ

пРв Мост на солаРни панели3 21 октомври 2011 ПОРТА

63


Закачалка за облека од Progetti, а базата претставува место за чување чадори.

Практично решение идеално за мал простор, под масичката за кафе е сместена перничка за седење од Italsofa.

Светилка дизајнирана од фирмата Kundalini, направена од полиетилен и наменета за надворешни услови. 64

3

ПОРТА

21 октомври 2011


излог излог

Ѕиден часовник направен од дрво и метални компоненти. Дизајнот е на италијанската компанија Progetti.

подготви: Сандра ДОНЧеВА теОХАРОВА, дипл.инж.арх.

Алуминиумско парче свиткано на начин да формира двовисинска клупска маса, обоена во бела боја. Дизајнот е на Brandon Kim.

3

21 октомври 2011 ПОРТА

65


јавни набавки СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 134/2011 ЗАКОН ЗА ГАРАНЦИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА ОБВРСКИТЕ ПО ДОГОВОРОТ ЗА ЗАЕМ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТОТ ХЕ БОШКОВ МОСТ КОЈ ЌЕ СЕ СКЛУЧИ МЕЃУ ЕВРОПСКАТА БАНКА ЗА ОБНОВА И РАЗВОЈ И АД ЕЛЕМ ЗАКОН ЗА ЗАДОЛЖУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА КАЈ БАНКАТА ЗА РАЗВОЈ ПРИ СОВЕТОТ НА ЕВРОПА ПО РАМКОВНИОТ ДОГОВОР ЗА ЗАЕМ ЗА ДЕЛУМНО ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТОТ ЗА ИЗГРАДБА НА ФИСКУЛТУРНИ САЛИ ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗАКОН ЗА ЗАДОЛЖУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ПРВ ДЕЛ ОД ЗАЕМ КАЈ ЕВРОПСКАТА ИНВЕСТИЦИОНА БАНКА ПО ФИНАНСИСКИОТ ДОГОВОР ЗА ПРОЕКТОТ ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ НА КОРИДОР Х НА ДЕЛНИЦАТА ДЕМИР КАПИЈА – СМОКВИЦА

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 135/2011 ОБЈАВА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА СЕМЕЈНА КУЌА ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ ПРЕДМЕТ: Градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Детален урбанистички план за населба Лисиче Урбан блок 1 донесен со општ акт одлука бр. 07-8/3 од 31.01.2005 година, на општина Аеродром со намена за изградба на семејна куќа. Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 24.10.2011 година на адреса на министерството за транспорт и врски: ул. “Црвена Скопска Општина“ бр. 4, во Скопје. Јавното наддавање ќе започне на 02.11.2011 година, во, 12,00 часот. ОБЈАВА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ВИКЕНД КУЌИ ВО ОПШТИНА ДОЈРАН ПРЕДМЕТ: Градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Детален урбанистички план донесен со одлука бр. 07-126/4 од 06.06.2005 година, на општина Дојран со намена за изградба на викенд куќи. Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 25.10.2011 година на адреса на министерството за транспорт и врски: ул. “Црвена Скопска Општина“ бр. 4, во Скопје. Јавното наддавање ќе започне на 03.11.2011 година, во 12,00 часот.

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 84/2011 Назив на договорниот орган: Општина Аеродром, ул. “Венјамин Мачуковски“ бр. 6, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Избор на фирма со лиценца за

66

3

ПОРТА

21 октомври 2011

изведувач Б, за хортикуларно и партерно уредување на јавни зелени површини на територија на Општина Аеродром. Контакт тел/факс: 02 2401-548, 02 2401-546, лице за контакт: Донка Петрушевска. Јавно отворање на понудите на ден 22.11.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 136/2011 ЗАКОН ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЖНИТЕ ПРОИЗВОДИ ЗАКОН ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПАКУВАЊЕ И ОТПАД ОД ПАКУВАЊЕ

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 137/2011 ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ИЛИ МИСЛЕЊЕ ВО ПОСТАПКА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДБА ЗА ИЗГРАДБА НА ГРАДБА ОД ПРИМАРНА, СЕКУНДАРНА ИЛИ ТЕРЦИЈАЛНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА И ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ИЛИ МИСЛЕЊЕ ВО ПОСТАПКА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДБА ЗА ИЗГРАДБА НА ГРАДБА ОД ПРИМАРНА, СЕКУНДАРНА ИЛИ ТЕРЦИЈАЛНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 138/2011 ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 09-209/2/2011 Назив на договорниот орган: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион, ул. “Томаки Димитровски“ бр. 7, 7000, Битола. ПРЕДМЕТ: Изработка на комплетна техничка документација за реконструкција на зоолошката градина во Битола. Контакт тел/факс: 232-800, 047 203-818, лице за контакт: Наташа Христова. Јавно отворање на понудите на ден 31.10.2011 год. БРОЈ: 07/2011 Назив на договорниот орган: Општина Кичево, ул. “Борис Кидрич“ бр. 1, 6250, Кичево. ПРЕДМЕТ: Изработка на урбанистички планови со ревизија. Контакт тел/факс: 045 223-001, 045 223-100, лице за контакт: Драган Миладиноски. Јавно отворање на понудите на ден 01.11.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 139/2011 ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ЈАВНО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО ЗА ИЗГРАДБА НА МИНИ ХИДРОЕЛЕКТРИЧНА ЦЕНТРАЛА “РАТЕВО“ И МИНИ ХИДРОЕЛЕКТРИЧНА ЦЕНТРАЛА “МАНАХИТА“ ПРЕДМЕТ: Изградба на мини хидроелектрична централа (МХЕЦ) “Ратево“ и МХЕЦ “Манахита“ на доводниот цевковод до филтер станицата преку кој со вода за пиење се снабдува градот

Берово и населените места и вода за наводнување на беровско поле. Јавниот повик трае 52 дена од денот на неговото објавување во “Службен весник на Република Македонија“.

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 01-162/2011 Назив на договорниот орган: АД Електрани на Македонија – Скопје, ул. “11 Октомври“ бр. 9, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изработка на проектна документација за санација и реконструкција на ладилните кули во РЕК Битола. Контакт тел/факс: 02 3149-171, 02 3111-309, лице за контакт: Катерина Буцевска. Јавно отворање на понудите на ден 03.11.2011 год. БРОЈ: 86/2011 Назив на договорниот орган: Општина Аеродром, ул. “Венјамин Мачуковски“ бр. 6, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изградба на паркинзи во населба Ново Лисиче. Контакт тел/факс: 2401-548, 02 2401-546, лице за контакт: Светлана Лазевска. Јавно отворање на понудите на ден 01.11.2011 год. БРОЈ: 87/2011 Назив на договорниот орган: Општина Аеродром, ул. “Венјамин Мачуковски“ бр. 6, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Вршење на надзор на изградба на објекти на територијата на Општина Аеродром. Контакт тел/факс: 2401-548, 02 2401-546, лице за контакт: Светлана Лазевска. Јавно отворање на понудите на ден 03.11.2011 год. БРОЈ: 20/2011 Назив на договорниот орган: Општина Охрид, ул. “Димитар Влахов“ бр. 57, 6000, Охрид. ПРЕДМЕТ: Изградба на 6(шест) пропусти (мостови) на река Грашница – Охрид, на потег ул. “Гоце Делчев“ до бул. “Туристичка“. Контакт тел/факс: 046 262-493, 046 262-545, лице за контакт: Лилјана Симоноска. Јавно отворање на понудите на ден 31.10.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 140/2011 ОДЛУКА ЗА ВРШЕЊЕ НА РАБОТИТЕ ЗА РАСПОЛАГАЊЕ СО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА ОПШТИНА КОЧАНИ ОДЛУКА ЗА ВРШЕЊЕ НА РАБОТИТЕ ЗА РАСПОЛАГАЊЕ СО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА ОПШТИНА БЕРОВО ОДЛУКА ЗА ВРШЕЊЕ НА РАБОТИТЕ ЗА РАСПОЛАГАЊЕ СО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА ОПШТИНА ШТИП ОДЛУКА ЗА ВРШЕЊЕ НА РАБОТИТЕ ЗА РАСПОЛАГАЊЕ СО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА ОПШТИНА ИЛИНДЕН ОБЈАВА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА

ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА И КОМПАТИБИЛНИ КЛАСИ НА НАМЕНА ВО ОПШТИНА ИЛИНДЕН ПРЕДМЕТ: Градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Урбанистички план вон населено место: Илинден за дел од Стопански комплекс К.О. Илинден, урбан блок 1, УБ2, УБ3 и УБ4, усвоено на Совет на општина Илинден, со одлука број 07-464/3 од 13.03.2009 г. Сл. Гласник на општина Илинден бр. 3/09 г. Урбан блок 3, со намена за изградба на лесна и незагадувачка индустрија и компатибилни класи на намена Г3, Г4, Д1 и Д2. Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 07.11.2011 година на адреса на министерството за транспорт и врски: ул. “Црвена Скопска Општина“ бр. 4, во Скопје. Јавното наддавање ќе започне на 15.11.2011 година во 12,00 часот. ОБЈАВА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ЗДРАВСТВЕНИ ИНСТИТУЦИИ ВО ОПШТИНА КАРПОШ ПРЕДМЕТ: Градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Детален урбанистички план за локалитет Карпош 2 донесен со одлука бр. 07-4649/17 од 23.12.2009 година на општина Карпош со намена за изградба на Здравствени институции. Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 08.11.2011 година на адреса на министерството за транспорт и врски: ул. “Црвена Скопска Општина“ бр. 4, во Скопје. Јавното наддавање ќе започне на 16.11.2011 година во 11,00 часот.

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 19/2011 Назив на договорниот орган: Општина Желино, с. Желино, 1226, Тетово. ПРЕДМЕТ: Изработка на техничка документација за урбанистички план вон н.м. Желино, со намена А1-викенд населба, на КО-Желино и КО-Д.Лешница, со површина до 80 ха. Контакт тел/факс: 044 378-040, лице за контакт: Хебиб Јахиу. Јавно отворање на понудите на ден 01.11.2011 год. БРОЈ: 20/2011 Назив на договорниот орган: Општина Желино, с. Желино, 1226, Тетово. ПРЕДМЕТ: Изработка на техничка документација за Урбанистички план вон н.м. Стримница, со намена А1-викенд населба, Г2 – лесна незагадувачка индустрија и Д3 – спорт и рекреација, на КО – Стримница, со површина до 70 ха. Контакт тел/факс: 044 378-040, лице за контакт: Хебиб Јахиу. Јавно отворање на понудите на ден 01.11.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 141/2011 ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ НА ПРАВО НА ТРАЈНО КОРИСТЕЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА ДРУШТВОТО ЗА ИЗГРАДБА, УПРАВУВАЊЕ И ИЗДАВАЊЕ НА ПОВЕЌЕНАМЕНСКА САЛА БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ СКОПЈЕ


рубрика

3

21 октомври 2011 ПОРТА

67



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.