260

Page 1

ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А

260

СЕПТЕМВРИ 2017

Зошто во Македонија крововите се најслабиот дел од градежништвото? Европа во Македонија! Андрија Русан: Ако нема видлив резултат, нема што да се покаже

90 ДЕНАРИ


Geon Office Furniture МОДЕРЕН И МАГИЧЕН ДОПИР за вашите канцеларии

Бул. Партизански одреди бр.102‐2/лок.3 Скопје Кaрпош Тел: 071208150 ; 075/308640


ɉɈɅɂȿɌɂɅȿɇɋɄɂ ɂ ɉ ɉɈɅɂɉɊɈɉɂɅȿɇɋɄɂ ȼɈȾɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȽȺ ȺɋɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ .$ɇȺɅɂɁȺɐɂɋ ɂɇɈȼȺɌ ɌɂȼɇȺ ɌȿɏɇɈɅɈȽɂȳȺ ɉɈ ɋɂɌȿ ɂɇɌȿɊɇȺɐɂɈɇȺɅɇɂ ɋɌȺ ȺɇȾȺɊȾɂ

Te el: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hid droplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA


ПОРТА


ГОДИНА XII

БРОЈ 260 ПЕТОК 29.9.2017 Редакција:

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Хрватскиот архитект Андрија Русан неодамна го посети Скопје. Неговата посета беше повод за разговор со овој денес најпознат архитект не само во Хрватска, туку и надвор од нејзините граници. Сопственик е на архитектонското ателје – Русан архитектура, автор и коавтор на повеќе книги посветени на архитектурата и издавач на списанието за архитектура „Орис-куќа на архитектурата“. Основач е на светски познатата архитектонска манифестација „Денови на Орис“. Разговаравме за архитектурата во Хрватска денес, за проектот „Скопје 2014“ за кој вели дека е нешто неверојатно, всушност застрашувачки, за односот меѓу политиката и архитектурата... за неговите дела. Арената Филип Втори Македонски е пред завршување. Остануваат да се завршат некои помали работи. Дали со овој проект Европа се наѕира во Македонија? Пред вас е историјата на изградбата на овој објект, започната речиси пред 20 години, во далечната 1978 година. До денес се потрошени 2,399 милијарди денари или 38 милиони евра, во кои средства не влегува јужна трибина изградена во осумдесеттите години на минатиот век. Ако пак горниот износ го поделиме со 31.419 седишта добиваме вредност од 1.210 евра за столче. Но ако се вклучат и претходно

потрошените пари и се додадат оние кои допрва ќе се потрошат, тогаш цената е многу поголема. Годинава се навршуваат 40 години од најпознатиот пример на хај – тек архитектура во светот Центарот „Жорж Помпиду“ во Париз. Тој е отворен во 1977 година и е проследен со многу полемики, но и пофалби. Со текот на времето стана архитектонска икона на францускиот главен град. Една од најпопуларните и најпосетуваните локации за уметност во светот. Место во кое се преплетуваат многу насоки на современата култура, уметност, дизајн, литература, музика и филм. Огромна мултидисциплинарна структура или „фабрика“ за култура, која чува и изложува најзначајни уметнички дела. Од овој број на Порта 3 започнуваме со серија текстови посветени на поголеми земјотреси на територијата на Македонија и нејзината околина. Првиот текст зборува за тоа дека на 4 април 1904 година во 10 часот и 2 минути во епицентралното подрачје Пехчево-Кресна, започнала серија на силни земјотреси, каде што во 23 минути се случиле 4 земјотреси со локална Рихтерова магнитуда поголема од 5 меѓу кои и најсилниот со магнитуда ML=7.5. Земјотресот Пехчево-Кресна се смета за досега најсилен на Балканот. ОД РЕДАКЦИЈАТА

главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ

Насловна страница LUMENART ПУЛА, ХРВАТСКА

ПОРТА

260

СЕПТЕМВРИ 2017

Зошто во Македонија крововите се најслабиот дел од градежништвото?

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

Европа во Македонија! Андрија Русан: Ако нема видлив резултат, нема што да се покаже

графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Kиро ПОПОВ лектор: Дијана РИСТОВА

AРХИТЕКТ АМДРИЈА РУСАН

Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх.

8

ЕВРОПА ВО МАКЕДОНИЈА!

ГРАДЕЖНИШТВО 16 ХАВАРИЈА НА ХИДРОСИСТЕМОТ ОРОВИЛ И НАУЧЕНИ ЛЕКЦИИ

ИНТЕРВЈУ 20 ИНТЕРВЈУ 26 32

16

АРХИТЕКТУРА 32 ЦЕНТАР „ЖОРЖ ПОМПИДУ“: АРХИТЕКТОНСКА ИКОНА НА ПАРИЗ

СЕИЗМОЛОГИЈА 38

ЕКОЛОГИЈА 60 НЕ МОЖЕМЕ ДА ГО ПРОМЕНИМЕ СВЕТОТ, НО МОЖЕМЕ ДА СЕ ОБИДЕМЕ

60

Печати: ул. Крижевска бр.52 П.Ф. 72, 2300 Кочани Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796

AНДРИЈА РУСАН: АКО НЕМА ВИДЛИВ РЕЗУЛТАТ, НЕМА ШТО ДА СЕ ПОКАЖЕ

НТРИ ПАПИ И ЕДНА КРАЛИЦА

Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Aдреса на издавачот и редакцијата: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk

ЗОШТО ВО МАКЕДОНИЈА КРОВОВИТЕ СЕ НАЈСЛАБИОТ ДЕЛ ОД ГРАДЕЖНИШТВОТО?

ЕКСПЕРТ 46

Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. Доц. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж.

90 ДЕНАРИ

ГРАДЕЖНИШТВО 8

ЗЕМЈОТРЕСОТ ПЕХЧЕВО-КРЕСНА - НАЈСИЛЕН НА БАЛКАНОТ

соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Горан МАРКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Енис ХОЏА Ивана ГРУПЧЕ Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Љупка ДУКОВСКА Maрина ВЕРУШЕСКА Mишко РАЛЕВ Ненад ТОНИЌ Петар НИКОЛОВСКИ Филип ФИЛИПОСКИ

56

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 600 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485 Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Датум на печатење: 27.07.2017 Број на примероци: 800 Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.


инфо градежништво

Одржлив „самосанирачки“ бетон

И

ндустријата на производство на цемент е сериозен контрибутор во емисијата на јаглерод диоксид. Затоа, во последно време, освен употребата на рециклирани материјали што треба да биде високо на листата на приоритети, исто така важни се иновациите во насока на пониски емисии во производството на цемент, но и напорите да се направи бетонот „еколошкo пријателски“. Зошто е важно бетонот да биде колку што е можно „позелен“? Бидејќи се работи за најприменуваниот градежен материјал и бидејќи за негово добивање се емитува

сериозно количество на CO2 во атмосферата. Затоа, постојат неколку „зелени“ алтернативи на класичниот бетон, меѓу кои т.н „самосанирачки бетон“ (self-healing concrete). Овој бетон содржи и бактерии кои под дејство на влага

стануваат активни и генерираат варовник, кој ги пополнува пукнатините кои се појавуваат со текот на времето. Ова е значајна придобивка бидејќи не се бара дополнителнo количество на бетон за да се санира пукнатината.

Соларни стаклени тули кои ќе може да напојуваат цел облакодер

Е

ден мал тим истражувачи и научници од Одделот за инженерство, математика и физика на „University of Exeter“ од Велика Британија, дошле до неверојатно решение одржлива градба со генерирање на енергија на самиот објект. Имено, се работи за соларни тули кои би можеле целосно да ја изменат изградбата на објектите во иднина. Замислете еден облакодер кој е комплетно самоодржлив. „Многу конструктивни материјали кои се применуваат на надворешната страна од објектите може да бидат генератори на енергија и со тоа да се направи сериозен исчекор кон барањата за енергија на глобално ниво“ велат од Универзитетот во својата изјава за јавноста. Користејќи го ова во комбинација со соларната технологија, целта е производството на енергија за потребите на објектот да биде интегрирано во обвивката на самиот објект. Дополнителни бенефити од ваквата фасада се достапноста на природна светлина во објектот и добрите термоизолациони својства на новата тула. Засега проектот е развиен на ниво на прототип, а тимот е во потрага по локација каде што ќе биде изграден модел со примена на ова иновативно решение.

6

ПОРТА

29 септември 2017


17

-тиот Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија (ДГКМ 2017) ќе се одржи од 4 до 7 октомври, 2017 год. во Охрид, Македонија. Симпозиумот ќе се фокусира на прашања од областа на градежното конструкторство, со посебен акцент на однесувањето на градежните конструкции при дејство на инцидентни влијанија и природни катастрофи, како: земјотреси, екстремно високи и ниски температури, пожари, ветер, експлозии, поплави, лавини, одрони, лизгање на тлото и сл. Повикани предавања на наведените теми ќе одржат: • Mајкл Хавбро Фабер, Оддел за градежништво, Аалборг, Данска • Мирослав Настев, Комисија за геологија на Канада, Квебек, Канада • Kлаудио Бори, Оддел за градежништво и животна средина, Универзитет во Фиренца, Италија • Ху Кјанг, Машински факултет, Универзитет за природни науки и технологии, Нанјинг, Кина • Златко Марковиќ, Универзитет во Белград, Градежен факултет, Србија • Милош Кнежевиќ, Универзитет во Подгорица, Градежен факултет, Црна Гора • Мирјана Малешев, Универзитет во Нови Сад, Факултет за технички науки, Србија • Ѓорѓе Лаѓиновиќ, Универзитет во Нови Сад, Факултет за технички науки, Србија • Елена Думова Јованоска, УКИМ, Градежен факултет, Скопје, Македонија • Михаил Гаревски, УКИМ, ИЗИИС, Скопје, Македонија Покрај главната тема: Природни катастрофи и конструкции, ќе бидат застапени и други теми, како: Теориски и експериментални анализи на конструкции; Современи методи за проектирање на конструкции; Еврокодови и национални анекси; Современи техники за изведба на конструкции; Современи материјали и технологии, предуслов за одржлив развој; Доверливост, робусност и трајност на конструкциите; Испитување, одржување, зајакнување и санација на конструкции; Инфраструктурни објекти, како и други теми поврзани со градежното конструкторство. Над 100 труда од автори од 12 земји (Канада, Данска,

Германија, Италија, Грција, Бугарија, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Албанија и Македонија), ќе бидат презентирани пред повеќе од 200 учесници. Во рамките на Симпозиумот, во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија, се предвидува да се одржи тркалезна маса на тема „Законот за градење и потребите од негови измени и дополнувања“. Втората тркалезна маса, на тема „Имплементација на Регулативата за градежни производи – CPR 305-2011“ ќе биде организирана во соработка со CEN-Европскиот комитет за стандардизација.

29 септември 2017

ПОРТА

7


градежништво

АРЕНА ФИЛИП ВТОРИ МАКЕДОНСКИ

Европа во Македонија!

До денес се потрошени 2,399 милијарди денари или 38 милиони евра, во кои средства не влегува јужна трибина изградена во осумдесеттите години на минатиот век. Ако пак овој износ го поделиме со 31.419 седишта добиваме вредност од 1.210 евра за столче. Зоран МИСОВСКИ , дипл. инж. арх.

Г

радскиот стадион во Скопје, првично е изграден во 1947 година. Денешниот изглед почнува да го добива во далечната 1978 год. кога е изработен проектот за јужната трибина од страна на проектно биро на ДГ Бетон - Скопје, по урнекот на стадионот Пољуд во Сплит, кој за тоа време претставувал успех во проектирањето на стадиони посебно во покривната конструкција. Финалниот изглед го добива

8

ПОРТА

29 септември 2017


во 2007 година со најновата проектна документација, првично само за северната трибина, а потоа и за преостанатите две трибини, исток и запад, фасадното обликување со илуминација, реконструкцијата на јужна и изведба на целосно нов кровен покривач како и целосна реконструкција на теренот и атлетските борилишта. Со изработката на идејниот проект за северната трибина, се пристапи кон комплетно приспособување на стадионот кон сите актуелни светски стандарди и потреби за функционирање на еден современ стадион. Покрај проектирањето на нови соблекувални за фудбалери и судии, се предвидoа и прес-сала како и работни простории за новинари и фоторепортери. Со оформувањето на преостанатите три трибини се направи и современо фасадно обликување со илуминација. Во моментов целосно е реализирана фасадата на источната трибина како и застаклувањето на северната трибина. Останати се два калкански ѕида кои според проектната документација треба да бидат изведени со иноксни жалузини и натстрешница пред локалите и влезовите во приземјето. Во приземјето на северна трибина, уште во фаза на идејниот проект, предвидовме и внатрешна сообраќајница со широчина од 6 метри, за безбеден пристап како на фудбалерите со автобуси до пред соблекувалните, така и за ВИП-гости. За потребите на Суперкупот во фудбал се изведе климатизација и вентилација на сите простории кои се во функција на стадионот за спортски активности. Во делот на источната трибина се уреди целото приземје (1.600м2) како Центар за акредитација, канцеларии за УЕФА, простор за ФФМ и волонтери. Исто така по барање на УЕФА на вториот кат од северната трибина направен е ресторан за гостите на спонзорите од 1.680 м2 со две кујни и санитарии за гости. ВИПресторанот се зголеми на 900 м2 корисна површина. Малку податоци за стадионот низ бројки: Основната носива конструкција на целиот стадион е со коси греди со пресек 80 х 220 см на меѓусебно осовинско растојание од 8 метри, потпрени на вертикални столбови и платна кои исто така формираат полиња со приближен распон од 8 х 8 метри. На источна и западна трибина се добија деловни простории распоредени во две нивоа од поттрибинскиот простор, додека на северна трибина има четири нивоа на 29 септември 2017

ПОРТА

9


во горната зона завршуваат со т.н. седмици. Вградени се повеќе од 2.000 тони челик само во главните носачи на целиот стадион, плус секундарната челична конструкција која не е за потценување со својата тонажа и служи за носење на кровниот покривач. Самата кровна површина е изведена од 1/3 пластифициран ребрест лим и 2/3 трослоен лексан кој е поставен да овозможи подобра осветленост на трибините во дневните часови. Кровот на двете главни трибини е изведен во параболична форма, што му дава посебна убавина на стадионот кога го гледаме во неговата силуета и самото архитектонско обликување. Полнењето на стадионот е предвидено да се изведува преку четири пристапни моста, два на јужна и два на северна трибина. Секој мост служи за полнење на четвртина од стадионот. По поминувањето на контролните бариери, на публиката ѝ е овозможено кружно движење низ целиот стадион за што се изведени вкупно 30 излези кон трибините. На трите трибини има по 6 излези, а на северна трибина се изведени вкупно 12 излези, за побезбедно и побрзо празнење на трибините. Во случај на потреба има 7 скалишни јадра кои се користат само во случај на паника и брза евакуација на посетителите. Бидејќи секој стадион се димензионира за време на празнење, кај нас се задоволени сите стандарди да стадионот биде испразнет за 15 минути. Покрај главните правци на движење, само во случај на најголема итност и паника, има изведено и 24 метални скали кои водат кон теренот за фудбал. Во нормални услови тие не се поттрибински простор. Во моментов, со оформувањето на фасадата на двете трибини практично добивме деловен простор, целосно климатизиран и вентилиран со површина од 1.600 м2 на исток и 5.350 м2 на северна трибина, распоредени во четири нивоа. Со дополнителни вложувања во довршување на поттрибинскиот простор можат да се добијат уште околу 4.800 м2 корисна површина. Главно станува збор за подови, плафони и инсталации, бидејки конструктивните елементи и фасадата се завршени. Кровниот покривач е изведен со челични носачи кои се со различна должина. На исток и запад се долги по 19,5 метри, а на север и југ се со променлива должина и се движат од 19,5 метри до 43 метри, прицврстени за косите носиви греди кои 10

ПОРТА

29 септември 2017


користат. Капацитетот на стадионот е: јужна трибина 10.574, источна 5.648, западна 5.580 и северна 9.617 од кои 8.795 публика, 288 новинари и 434 ВИП-седишта. На северна трибина имаме и 50 лица во количка и 50 седишта за придружници на лица со посебни потреби. Овие се последните бројки по кои одеше и продажбата на билетите за Суперкупот во фудбал, така што вкупниот капацитет на Арената е 31.419 места. Осветлувањето на стадионот е едно од најдобрите во Европа. Кога се започна со изградбата на северна трибина на тогашниот градски стадион имаше 4

големи столба, на кои беа поставени повеќето рефлектори како и рефлекторите наместени во задниот дел на кровниот покривач по цела должина на јужна трибина кои даваа околу 1.100 лукса и правеа четири сенки кои „трчаа“ заедно со фудбалерите. Ова се само сеќавања. Денес имаме: првично 216 метал-халогени рефлектори кои даваат околу 1.900 лукса, а за Суперкупот се додадоа уште 95 ЛЕДрефлектори со кои се добива просечна осветленост од 2.480 лукса. Секој рефлектор има своја посебна точка на насоченост кон теренот, а меѓусебно се вкрстуваат правците. Денес веќе имаме уедначена осветленост без сенки од

играчите, и согласно со потребите и нивото на натпреварите можеме да ја бираме и јачината на осветлување од 1.500 до 2.500 лукса. Тоа значи дека за секој натпревар, не треба и максимална осветленост. На овој начин е зголемен и квалитетот на ТВ-преносите. Согласно прописите од ФИФА и УЕФА, секој стадион кој сака да биде домаќин на меѓународен натпревар, мора да има и свој УПС-систем за непрекинато напојување, како и генераторски постројки кои ќе овозможат непрекинато снабдувањето со струја, за да може да се одигра натпреварот до крај, а воедно да нема ни прекин во емитирањето на ТВ-преносите. За таа цел, стадионот е снабден со 4 генераторски постројки и 5 УПС-системи, кои овозможуваат, во случај на прекин на снабдувањето со струја за време на натпревар да обезбедат покриеност на дел од рефлекторскиот систем кој би имал минимум 1.300 лукса на која било точка од теренот, како и непречено снабдување на виталните делови на стадионот, ходници за публика, видеонадзор на објектот, системите за комуникации, мрежни системи, пристапни бариери и др. Инаку Арената Филип II се снабдува од две

29 септември 2017

ПОРТА

11


страни со струја, југ и запад од страна на паркот, а север и исток од трафостаница Ленинова. Тоа значи дека и доколку има прекин на снабдувањето со струја од една страна продолжува снабдувањето од другата страна, а доколку снема струја во целиот град, стадионот со своите 4 генератори ќе може да продолжи да функционира, да се доигра безбедно натпреварот и за нив најбитно ТВпреносот, бидејќи таму се парите, кај спонзорите и рекламите. Тоа не смее да застане. Со завршувањето на изградбата на четирите трибини во 2013 година, се пријде на реконструкцијата на теренот. Стариот терен беше со трева посеана на земја, а „дренажниот систем“ всушност беше од неколку цевки со пречник од 50 мм поставени во малце шљунак. Затоа кога ќе заврнеше посилен дожд стадионот се претвораше во каллива нива на која ѝ требаа месеци и месеци да се поправи. Денес тоа е најсовремен терен кој е реализиран по сите светски стандарди. Имено, направен е ископ во длабочина од 110 см, поставен е слој од глина на дното со дебелина од 30 см за да спречи појава на подземни води, поставен е систем на ПВЦ-дренажни перфорирани цевки со пречник од 120 мм на осовинско растојание од 8 метри. Над дренажните цевки поставен е филтерски слој од камен гранулат со 4 различни фракции. Како последен слој е ситен кварцен песок над кој е поставен и тревнатиот бусен. На длабочина од 25 см под бусенот прво е поставен геотекситл кој треба да спречи мешање на фракциите меѓу себе и поставен е систем за греење на теренот. 12

ПОРТА

29 септември 2017

Ова за првпат е направено во Република Македонија и има тројна улога. Системот треба да се вклучува во зимскиот период штом ноќните температури поминат во

минус, прво и основно да ја продолжи вегетацијата на тревата и да одржува температура од 5 до 8 степени на површината. Најважната улога на системот


всушност е да има превентивна улога за фудбалерите. Кога е смрзната почвата, настануваат потешки повреди на зглобовите на фудбалерите поради тврдоста на почвата и второ секој смрзнат лист од тревата станува како жилет и прави повреди на површината на нозете. Во Европа не можете да бидете член на прва лига, а да немате греење на теренот. И третата причина за поставувањето на греење на теренот и негово редовно користење е овозможување и непречено топење на снегот ако заврне и на тој начин да нема потреба од чистење и оштетување на тревната површина. Во склоп на теренот е поставен и сопствен автоматски систем за полевање. Кога велам сопствен, мислам на тоа дека имаме сопствени два

ПОРТА


Чинење на објектот

бунари и резервоар од 40 м3 вода. Системот автоматски се полни со помош на потопни пумпи, а согласно временскиот период во годината и влажноста на почвата, по потреба се вклучуваат и автоматските прскалки-топови кои се поставени околу аут и корнер линиите. Инаку одржувањето на теренот е со наши осум вработени кои се максимално посветени и најпрофесионално си ја обавуваат својата задача. 14

ПОРТА

29 септември 2017

За потребите на ТВ-преносите, направен е и т.н. ТВ-компаунд, на кој се сместуваат репортажните возила за ТВпреносите. За Суперкупот сега имаше повеќе од 30 големи камиони и уште толку помали комбиња кои пренесуваа низ цел свет. Овој простор е со површина од 2.940 м2, снабден со струја, вода, оптика, интернет и сè она што денес го бара современата технологија.

Јасно е дека сите ги интересира колку пари се потрошени за ова што денес го имаме. Имено, за Арената се потпишани три договори за да се доведе во оваа состојба, а тоа се: два договора со ДГ Бетон АД Скопје и еден договор со Виа Инженеринг Вевчани за уредување на стадионот согласно потребите на УЕФА за еден ваков настан. До денес се потрошени 2,399 милијарди денари или 38 милиони евра, во кои средства не влегува изградбата на јужна трибина од осумдесеттите години на минатиот век. Ако пак овој износ го поделиме со 31.419 седишта добиваме вредност од 1.210 евра за столче. Бенефитот од Суперкупот во фудбал е што се завршија повеќе од 6.000 м2 поттрибински простор и заедно со досегашниот простор кој веќе беше во функција имаме повеќе од 7.500 м2 корисна површина, која може да носи приходи и на тој начин стадионот да биде рентабилен, бидејќи досега реално тој генерираше загуби. Суперкупот донесе и едно големо искуство за целиот тим во организациска смисла. Претставниците на УЕФА во неколку наврати истакнаа дека досега ова е најдобро организиран Суперкуп во фудбал.


www.fabrikakarpos.com.mk

ПОРТА


градежништво

И ВО ГОЛЕМИТЕ СИСТЕМИ ВО НАЈРАЗВИЕНАТА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ САД СЕ МОЖНИ ХАВАРИИ

Хаварија на Хидросистемот Оровил и научени лекции

м-р Славко МИЛЕВСКИ, дипл. град. инж.

Б

раната Оровил во Калифорнија, САД е највисока брана во САД и една од највисоките брани во светот. Формира втора по големина акумулација во САД. Браната формира езеро, ги собира зимските и пролетните истекувања кои се испуштаат во реката Фетер за да се задоволат потребите за водоснабдување, наводнување, заштита од поплави и производство на електрична енергија. Реализацијата на проектот е започната во 1957 година, но поради преместување на автопатот и железницата, изградбата на браната започнала во 1961 година. Браната е завршена во 1967 година, а официјалното ставање во употреба е извршено во 1968 година. 16

ПОРТА

26 мај 2017

Поглед на Хидросистемот Оровил


Браната Оровил е земјено насипна брана (која се состои од водонепропусно глинено јадро наклонето спрема низводната страна, преодни зони од филтерски материјал (песок) и потпорно тело од чакал и камен. За одведување на големите води има контролиран преливник со затворачи и бочен хавариски преливник со слободно прелевање.

Заради можните последици од водата во низводното подрачје преземени се сите неопходни мерки во вакви случаи, вклучувајќи и евакуација на повеќе од 188 000 жители од низводното подрачје.

Шема на оштетувањата на Хидросистемот Оровил Попречен пресек на браната Оровил Хидросистемот Оровил ги има следните основни карактеристики: Брана и прелив: Тип на брана Зонирана, земјена, насипна Река Фетер Висина од темели 234 m Должина 2109 m Волумен на браната 59 344 000 m3 Тип на преливот Главен прелив регулиран со 8 затворачи и хавариски бочен прелив со слободно преливање Капацитет на преливот 4 200 m3/s Акумулација: Вкупен волумен на акумулацијата 436 3537 km3 Сливно подрачје 9 340 km2 Опрема и производство: Турбини 3x конвенционални 3x пумпни Инсталиран капацитет 819 MW Годишно производство на енергија 1 490 GWh ХАВАРИЈА НА ПРЕЛИВНИТЕ ОРГАНИ НА БРАНАТА ОРОВИЛ Во почетокот на 2017 година во сливното подрачје на браната Оровил се случуваат силни врнежи, кои предизвикале рекордни протеци на реката Фетер која ја полни акумулацијата Оровил. На 7 февруари 2017 година се случила голема штета на одводниот канал од главниот прелив. Поради високите дотеци и порастот на водата во акумулацијата како резултат на намалениот капацитет на истекување на главниот прелив, за првпат во историјата на браната дошло до преливање преку хаварискиот бочен прелив кој е со слободна водна површина, на 11 февруари 2017 година. Прекумерната ерозија на подлогата по должина на хаварискиот бочен прелив ја загрозил стабилноста на објектот на 12 февруари 2017 година. Веднаш потоа биле отворени сите радијални затворачи на главниот прелив заради спречување на понатамошна ерозија на подлогата од бочниот хавариски прелив со што почнало да се намалува нивото на водата во акумулацијата.

Слика: Поглед на неконтролирано преливање вода од Хидросистемот Оровил по главниот и хавариски бочен прелив За среќа не се случиле несакани последици по браната и после смирувањето на ситуацијта се пристапило кон согледување на последиците од оваа голема хаварија. Констатирани се значителни оштетувања на главниот и бочниот хавариски прелив.

Слика: Поглед на оштетениот главен прелив 29 септември 2017

ПОРТА

17


Утврдување на причините за хаваријата и научени лекции За утврдување на причините за хаваријата на Хидросистемот Оровил била формирана независна комисија. Комисијата за испитување на причините за хаваријата, која го испитувала инцидентот на браната Оровивил, ги објавила своите првични наоди. Основниот заклучок на оваа комисија покажува дека физичките инспекции сами по себе не се адекватни и доволни за идентификување на ризиците и управување со безбедноста. Комисијата ги испитувала и физичките фактори и човечките и организациските фактори. Комисијата смета дека проблемите на одводниот канал од главниот прелив најверојатно се предизвикани од потисок на водата при што се откорнати делови од плочата од дното на одводниот канал. Основната карпа и дренажната подлога на која е фундиран одводниот канал од преливникот е навлажнета или заситена и има смалени механички својства. Под директно дејство на големата брзина на водата од големиот прелив е предизвикана ерозија на материјалот од подлогата со што е направена дупка на самиот преливен канал.

2. Анализа на изведбениот проект и конструкцијата земајќи ги предвид споредбите со моменталната состојба во пракса е потребна за сите компоненти на браната. Комисијата констатирала дека досега вакви анализи не се направени, посебно во услови на прелив. 3. Усогласеноста со регулаторните барања не е доволна за да се управува со ризикот на сопствениците на браната и јавниот ризик. Комисијата ја разгледала обемната документација поврзана со геологијата и подземните услови на темелите на прелевање; проектирање и изградба на преливните површини; инспекција, евалуација, одржување и поправка на прелестите, соодветната регулатива за управување со безбедноста и други регулаторни рамки за проектот. Комисијата, исто така, анализирала фотографии и видеа од прелиминарните извештаи и постинцидентни теренски извештаи поврзани со хаваријата и условите после хаваријата. Комисијата конечниот извештај ќе го поднесе на крајот од 2017 година. САНАЦИЈА НА ОШТЕТУВАЊАТА Во тек е изведба на санација на преливот спрема одобрен проект од страна на надлежните државни органи и независен тим на консултанти. Со проектот се предвидува санација на главниот и помошниот хаварсики бочен прелив. Првата фаза предвидува отстранување и реконструкција на 692 метри долгиот одводен канал од главниот прелив, реконструкција на горниот дел од главниот прелив во должина од 225 метри кој е поврзан со радијалните затворачи и изведба на бетонска дијафрагма под хаварискиот бочен прелив за да се спречи подземна ерозија ако хаварискиот бочен прелив биде одново во функција. Покрај тоа се предвидува дополнително облагање со бетон на целиот одводен канал од главниот прелив, изведба на дополнителни дисипатори на енергија од армиран бетон во одводниот канал од преливот. Овие работи ќе бидат завршени во 2018 година. Примањето на изведените работи ќе биде од страна на надлежните државни органи. Вкупната вредност на потпишаниот договор за изведба на предвидените санации изнесува 275 милиони.

Слика: Еродирана подлога на одводниот канал од главниот прелив Комисијата смета дека четири физички фактори, најверојатно, биле вклучени во регистрираните штети на бочниот хавариски преливник: • Оштетување или деградирање на поправените плочи што резултирало со повеќе потенцијални локации за нарушување на протокот и поголем проток во темелите во текот на првичните прелевања. • Проширување на релативно плитки празнини под плочата поради долгорочна ерозија под плочата. • Корозија на арматурата преку бетонските пукнатини или зглобови. • Намалување на капацитетот на анкерите поради ерозија околу анкерите под плочата или корозија на анкерите каде што анкерите не биле правилно затворени со инекциона смеса. Првично се идентификувани три лекции коишто треба да се научат: 1. Физичките инспекции не се доволни за да се идентификуваат ризиците и да се управува со безбедноста. Почестите физички инспекции на браната Оровил најверојатно нема да ги откријат прашањата што доведоа до инцидентот со прелевање. 18

ПОРТА

29 септември 2017

Слика: Поглед на започнатите работи на санација на преливникот ЗАКЛУЧОЦИ Случувањата на Хидросистемот Оровил покажуваат дека и на вака големи системи во најразвиената земја во светот САД се можни хаварии.


Слична ваква појава беше случена на браната Слатино во Македонија каде што после обилните дождови на тоа подрачје и неможноста за отворање на затворачот од испустот за празнење на акумулацијата, водата прелеа преку насипната брана и предизвика значителни оштетувања на браната. Проверката на проектните параметри со кои се димензионирани браните, а посебно на објектите за евакуација на водите со оглед на изменетите климатски услови, треба да биде одново направена

и да се преземат соодветни мерки согласно со резултатите од овие анализи. Зајакнување на законската регулатива поврзана со зголемување на сигурноста на браните. Тоа нè упатува на заклучок дека за вакви објекти треба перманентно да се води грижа и да се вложува во нивното одржување, зашто евентуалните хаварии загрозуваат голем број луѓе и имоти, а самата санација е многу скапа.

29 септември 2017

ПОРТА

19


ПРОБЛЕМИ КАЈ ГРАДЕЖНИТЕ ОБЈЕКТИ (2)

Зошто во Македонија крововите се најслабиот дел од градежништвото? Додека во развиените земји потпокривните простории се најатрактивни, најбарани и најскапи, кај нас тие се најнепосакувани и постигнуваат најниска цена на продажба

м-р Андреј АНДРЕЕВ, дипл. град. инж.

С

о самото тоа што покривот е најизложената површина од обвивката на објектот на атмосферските влијанија, тој е еден од најзначајните елементи на објектите и мора да обезбеди многу функции: водонепропустливост, добро одводнување, прилагодливост на температурни промени, топлинска и звучна изолација и добра воздушна запечатеност. Не ретко од покривите се бараат и специјални намени, како што се тоа рамни проодни тераси, зелени површини, базени или поставување на конструкции и дополнителни уреди, што дополнително ја усложнува работата. Во мојата секојдневна пракса на

20

ПОРТА

29 септември 2017

дијагностицирање и решавање на проблеми кај објектите, огромното мнозинство на проблеми се токму во крововите или потекнуваат од крововите. Додека во развиените земји потпокривните простории се најатрактивни, најбарани и најскапи, кај нас тие се најнепосакувани и постигнуваат најниска цена на продажба. Оние кои живеат или работат во куќи или во потпокривни простории можат да набројат најразлични проблеми со кои се соочуваат и се поврзани со кровот. Но после читањето на овој текст, ќе констатираме дека проблемите од пропустите и грешките во кровот ги чувствуваат сите корисници на објектот, без разлика во кој дел се наоѓаат. Со оглед на тоа што проблемите предизвикани од пропусти, грешки и оштетувања во покривните површини се најразлични и во голем број, во овој текст ќе се задржиме само на

оние кои се најчести, најзначајни или предизвикуваат најголеми проблеми. ТОПЛИНСКА ИЗОЛАЦИЈА Важен услов за избегнување на проблеми предизвикани од покривите е топлинската изолација кон поткровниот простор. Доколку тежнееме кон високоенергетски ефикасен објект, од исклучителна важност е топлинската изолација на крововите да биде со U≤ 0,15 w/(m2K). Но и изборот на тип на изолација, како и начинот на конструирање на кровот се многу важни за задржување на топлинските изолациони вредности низ времето. Можеби најголем проблем при изолирањето на поткровните простории се топлинските мостови. Според досегашните искуства, познавањето на оваа проблематика кај македонските градежници е многу мало, па оттука бројот на


топлински мостови во крововите е огромен. Што се случува при лоша топлинска изолираност на покривите? Очекувањето е дека во зимските месеци треба да биде студено во поткровните простории, но заради еден друг феномен кој ќе го спомнеме во понатамошниот текст, не ретко се случува потпокривните простории да бидат најтоплите делови во објектот и во најладните периоди и покрај недоволната топлинска изолација. Недостатокот на топлинска изолација најмногу ќе се почувствува во летниот период кога доаѓа до сериозно прегревање на потпокривните простории. Вториот проблем кој се јавува, најчесто поради топлинските мостови во кровната топлинска изолација е појавата на кондензат и мувла. Не ретко сопствениците пристапуваат кон санации на покривите мислејќи дека се работи за протекување, а всушност причината е еден феномен предизвикан од недоволната изолираност на покривите или големи топлински мостови. До исти вакви или слични последици може да доведе и неправилната изведба на покривот или погрешното поставување на изолацијата. Топлинската изолација мора да биде заштитена од евентуалните протекувања низ кровот, а посебно е важно да се пресмета точката на кондензација да не се појави токму во изолацијата. Во спротивно ќе дојде до натопување на топлинската изолација и губење на декларираните својства, што повторно ќе доведе до лоша топлинска изолираност, голем број на топлински мостови и низа проблеми кои веќе погоре ги наброивме. Доколку стручни лица учествуваат во проектирањето, надзорот при изведбата и се направат потребните тестови на кровната конструкција пред нејзиното предавање во употреба, овие проблеми ќе се избегнат. А што

доколку веќе ги имате? Со напредокот на технологијата постојат инструменти кои можат да го измерат топлинскиот флукс на секој елемент, а преку тоа да се дојде до сознание за нивото на топлинската изолираност, местото на појава на точката на роса и констатирање на топлинските мостови. Со помош на таква апаратура, секојдневно работиме на мерење на изолационата моќ на поставената изолација, детектираме топлински мостови и даваме решенија за појавените аномалии како мувла, влага и прегревање во летните периоди.

проектирање и изведување на покривите е огромен, но интересно е тоа што се случува протечената вода да се појави и на неколку ката подолу од кровот. Како е тоа можно? На пример, доколку лепењето на изолацијата не е направено по пропис и има воздушен слој помеѓу изолацијата и циглите, водата протечена под покривот се движи зад изолацијата и продира во објектот на местото каде ќе наиде на пречка. Некаде кај подолните катови се појавува вода, и тогаш тешко може да се даде логично објаснување од каде е тоа протекување. Истото се случува и низ разни оџачки или вентилациони канали. Кај рамните проодни тераси, градини или базени, проблемите кои се појавуваат се малку од поразлична природа, отколку кај косите покриви. Тука клучна улога има проектираното техничко решение, слоевите за одводнување, изведбата на хидроизолацијата, обработката околу сифоните, но и изведбата на конструкција кај која нема да се случуваат статички дозволени деформации, кои ќе ја кинат поставената хидроизолација. Значи доста комплексен пристап. Посебно треба да се внимава изборот на материјали и технологии да одговара на големите дневни температурни разлики типични за нашето климатско подрачје. И најмал пропуст доведува до микропукнатини, во кои влегува вода која замрзнува и ги шири пукнатините. Така малку по малку, се создаваат услови за појава на протекувања. Заедничкото кај сите протекувања, кај сите

ВОДОНЕПРОПУСТЛИВОСТ Кај косите покриви, протекувањата во најголемиот дел се на местата каде што има хоризонтални легнати и скриени олуци, кај разните ували и опшивки и кај споевите на хоризонталните со вертикалните олуци. Но, во секојдневното работење при дијагностицирање на проблемите, се среќаваме со најразлични, па дури често и непредвидливи ситуации. Најлесното превенирање на протекувањата кај косите кровови е уште при проектирањето. Треба да се стреми кон што е можно поедноставно решение, со отворени олуци и што помалку прекршувања. Но сепак изведбата на покривот и изборот на вистински материјали е клучен фактор во избегнувањето на протекувањата. Неретко се случува покривите да се градат од полуобучени мајстори, без присуство на стручно лице и тогаш грешките се неизбежни. Таквите грешки потоа се „крпат“ со висококвалитетни силикони, но решението е далеку од трајно. Замрзнувањето на олуците во зимските денови и топењето на снегот се редовни причинители на протекувања, но и затнувањето на вертикалните олуци од лисја или угинати птици и глодари. Спектарот на проблеми кои се јавуваат поради недоследното 29 септември 2017

ПОРТА

21


типови на покриви е тоа што местото на протекување и местото каде водата ќе се појави во внатрешноста во објектот, најчесто воопшто не се поклопуваат. Токму затоа, дијагностицирањето на проблемот и лоцирањето на местото на протекување е многу сложена и исклучително важна работа. Не ретко покриви се санирале и по неколку пати, но проблемот не се отстранил. По направеното дијагностицирање, сме дошле до сознание дека водата продира многу подалеку од местата кои претходно се санирани. Често се случува кај рамните проодни тераси, сопствениците да ја менуваат целата изолација на покривот, наместо со помош на апаратура да се дијагностицира и определи точното место и причина за протекување. Многу потрошено време, пари и нерви за корисниците на објектите. После направеното дијагностицирање, со помош на скенери, термални камери и длабински влагомери, многу е важно да се избере вистинската технологија и материјали за санирање на проблемите. После моето долгогодишно искуство со употребата на ваквата опрема, голем е бројот на објекти, каде на сопствениците сме им заштедиле многу време, нерви и пари. ВОЗДУХОНЕПРОПУСТЛИВОСТ Дојдовме до најголемото непознавање за македонските градежници, услов кој ако не е задоволен може да доведе до навистина големи проблеми не само во потпокривните простории, туку и во другите делови на објектот. Начинот на кој се прават крововите во Македонија, воопшто не ја третира воздушната запечатеност на покривите. Ќе се обидам низ пример да објаснам, за да се добие вистинскиот впечаток за овој проблем, кој за голо око најчесто е сосема невидлив. Единствено што е впечатливо кај овој вид проблем е провевот кој се појавува, иако 22

ПОРТА

29 септември 2017

сите врати и прозорци се затворени. Покривите кај нас никогаш не се херметизирани и воздухонепропусни, па тоа значи дека е овозможено слободно мешање на воздухот одвнатре и однадвор. Со оглед на тоа што таваните на крововите обично се завршени со гипскартонски плочи или некоја друга облога, сепак постои некакво мало херметизирање на просторот и тоа е доволно сè додека температурите надвор и внатре се приближно исти. Во зима, кога објектот се грее, топлиот воздух се движи нагоре. Колку е објектот повисок, или со повеќе катови, или со поголеми димензии, поголема количина воздух од долните нивоа се движи нагоре. Топлиот воздух продира низ скалишните


простори, низ лифтовските јадра, низ разни вентилациони канали, околу врати, но неизбежно се движи нагоре. Со тоа во потпокривот се создава зголемен притисок, кој се нарекува STACK PRESSURE и тогаш веќе гипскартонските плочи или сличната обработка на поткровните површини не се доволни да го задржат покривот херметизиран. Топлиот воздух кој стигнува до потпокривните простории го напушта објектот, и се создава негативен притисок во ниските делови на објектот или во долните катови од зградата. Во тие делови се повлекува студен и загаден воздух низ разните пукнатини, околу вратите и прозорците и низ разни отвори за инсталации кон подрумите. Ова е оној феномен кој го споменавме погоре, дека и покрај лошата изолираност, не ретко потпокривните простории во зима се прегреани. Во ваквите случаи, доколку корисниците на потпокривните простории отворат прозорци, бидејки температурите можат да бидат и доста високи, проблемот неколкукратно се зголемува. Така се случува да имате студени ниски делови од објектот, или студени станови во ниските катови и прегреани станови во повисоките катови, а посебно во потпокривните делови. Трошоците за затоплување на ниските делови на објектите се големи. Но ова не е единствениот проблем предизвикан од лошата херметизација на крововите. Како што заклучивме, неизбежно е

топлиот и веќе влажен искористен воздух да продира низ покривот и тој полека се лади. На местото каде ќе ја достигне температурата на точката на роса, доаѓа до кондензација. Колку за илустрација, пукнатина од еден метар должина низ која топлиот воздух излегува може да кондензира и до 350 грама вода за еден ден, а колку е тоа за една сезона може секој да пресмета. Оваа кондензирана вода ја мокри топлинската изолација и ги уништува нејзините својства, но и се појавува во поткровните простории многу слично на протекување. Не ретко се санираат цели покриви против протекување, а всушност проблемот бил токму во лошата воздухонепропустливост на кровот. Проблемот останува и после санацијата. Во дијагностицирањето на ваквите проблеми се користат таканаречените Blower Door Test и Air Leakage Inspection, кои во моето секојдневно работење даваат одлични резултати и се од голема помош на оние кои се соочуваат со ваквите проблеми. Санирањето е едноставно, но секако, после точно поставената дијагноза. Инаку, наједноставно е, ваквите тестови да се направат уште во текот на градењето, со што ќе се избегнат сите понатамошни проблеми. ТРАЈНОСТ Трајноста на покривите е една од најдискутираните теми во последно време. Најчесто изведувачите даваат гаранција од

една или две години и токму кога ќе помине гарантниот период почнуваат проблемите. Зошто? Причините се најразлични. Многу од нас биле сведоци при отворање на кровови на куќи стари и по 100 и повеќе години и просто е чудно, но дрвената конструкција е сосема здрава и без црвојадина. А сум бил сведок на кровни конструкции кои биле наполно иструлени и само после 10 години од вградувањето. Тајната е во вентилирањето. Доколку е возможно на дрвото да му се обезбеди идеално стабилна влажност (значи одлична воздухонепропустливост на кровната површина), тогаш вентилирањето не е услов за долготрајност на кровната конструкција. Но во случаи како кај нас, кога не постојат никакви мерки за херметизација на крововите и влажноста на воздухот околу дрвената конструкција постојано се менува, неопходно е да се обезбеди природна вентилација на кровот. Но, од непознати причини, тоа што нашите предци го правеле пред многу векови, денешните градежници не го прават. Дрвената конструкција најчесто не е вентилирана, а и ако е, изолацијата е поставена преку дрвените греди и го спречува вентилирањето. Ваквите грешки доведуваат до краток век на кровните конструкции, но и до искривувања кои влијаат на кровниот покривач и олуците и често се причина за протекувања.

ПОРТА


ECOTER EPS LIGHT WEIGHT CONCRETE – ЛЕСЕН БЕТОН

С

ледејќи ги тековите на градежната индустрија дојдовме до заклучок дека во Македонија не се користи лесен бетон и доколку некаде го користат тоа е импровизација и без техничка контрола на истиот. Затоа СИЛОТЕР како компанија која ги следи модерните текови произведе готов EPS (лесен) бетон кој е со супериорни карактеристики и економична цена. ECOTER EPS LIGHT WEIGHT - лесен бетон е со перформанси машински да се имплементира и да се транспортира на висини со што ќе се реши најголемиот проблем во градежништвото, а тоа е вертикалниот транспорт. Поради лесната имплементација и економичноста е идеален материјал за кошулици во стамбени објекти со што добиваме идеален под со супериорни карактеристики како што се топлинската и звучната изолација, a најважно од сè намалено тежинско оптоварување на објектот. Како пример би можеле да спомнеме дека доколку имаме еден класичен објект од 1 000 m², за чијaшто дебелина на под од 5 cm се потребни 50 m³ бетон, кој е со волуменска тежина од околу 2 400 kg/m³, значи дека вкупната дополнителна тежина односно дополнителното оптоварување на објектот изнесува дополнителни 120 тони, со таа разлика што за истиот овој објект доколку се употреби ECOTER EPS LIGHT WEIGHT - лесен бетон дополнителното оптоварување ќе биде за само 31 тон. Одовде доаѓаме до заклучок дека вкупната дополнителна тежина односно вкупното 24

ПОРТА

29 септември 2017


дополнително оптоварување на објектот ни се намалува за 4 пати. Силотер за овој производ нуди миксерпумпи со капацитет на полнење од 0,6 m³ и капацитет на пумпање од 10 m³ на висина од 40 m. Доколку има потреба од поголема висина располагаме и со пумпна станица за дополнителни 40 m висина, со што е решен вертикалниот транспорт на материјалот. Термичка ефикасност - ниска термална спроводливост - идеален за употреба под подно греење Брзина на инсталација - доволен е еден слој, наместо повеќе слоеви - 1 m³ може да биде измешан, испумпан и поставен за 5 минути Лесен за поставување - поставувањето се врши брзо и лесно Нема загуба на материјал - потребната количина на материјал се утврдува според квадратурата којашто треба да се изработи и истиот се меша и нанесува на лице место Лесен - поради малата волуменска тежина идеален е за употреба на подни плочи, балкони и покриви

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ: Волуменска тежина

ρ

Mg/m3

Kоефициент на топлинска спроводливост

λ

W/m2 *K

Јакост на притисок

fc

MPa

MKS EN 12390-3

1.62

Јакост на затегање при свивање

f cf

MPa

MKS EN 12390-5

0.67

MKS EN 12390-7

0.65 0.12

НАПОМЕНА: Порамнителните подови односно кошулици кои се изработени од EPS бетон не трпат полиуретански лепила бидејќи доаѓа до разградување на подот, исто така под подот од EPS бетон не се препорачува инсталација на подно греење.

ПОРТА


интервју

АНДРИЈА РУСАН, АРХИТЕКТ РУСАН-АТЕЛЈЕ АРХИТЕКТУРА, ХРВАТСКА

Ако нема видлив резултат, нема што да се покаже Андрија Русан е роден 1957 година во Загреб. Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Загреб, каде што работи како научен соработник до 1984 година. Од 1986 година работи како самостоен архитект и го води сопственото ателје – Русан архитектура. Тој е еден од најпознатите хрватски архитекти, добитник на многу признанија во Хрватска и надвор од неа. Исто така тој е и публицист и издавач. Автор и коавтор на повеќе книги мпосветени на архитектурата, а издавач на списанието за архитектура „Орис-куќа на архитектурата“ . Основач е на светски познатата архитектонска манифестација „Денови на Орис“. Неодамна Русан беше во Скопје. Не говата посета ја искористивме за разговор со него. м-р Ѓорѓе ЈОКИЌ, дипл. инж. арх. (СРБИЈА)

Архитектите сепак ништо значајно не можат да направат без политичарите, а политичарите ги бираат архитектите. Тоа е круг. Прашањето е како да се промени свеста на луѓето. И додека некој архитект настојува да ја промени свеста на луѓето со својата работа времето поминува, а во меѓувреме политичарите градат. 26

ПОРТА

29 септември 2017

Lumenart house of light во Пула, Хрватска


хотелот Bellevue во Лошињ, Хрватска

Бевте на првата Архитектонска конференција во Македонија. Присуството на голем број (над 250) архитекти и градежни инженери, особено млади, покажува дека оваа конференција треба да стане традиција. Колкаво е значењето и влијанието на ваквите настани врз квалитетот на идните

проекти во едно општество? n И јас бев пријатно изненаден од бројот на посетители. Беше прекрасно да се видат во толку голем број. Искрено се надевам дека сè тоа ќе се случува и следната година и дека фирмата Wienerberger i Tondach ќе најде финансиски средства тоа да се оствари. Во секој случај, успехот на оваа конференција

може да биде поттик за следната година. Секоја конференција, настан од ваков тип, дружење има потенцијал да ги унапреди размислувањата за архитектурата, просторот и градежништвото. Секако, зависи од учесниците и од организаторите колку сè тоа ќе биде успешно, мотивирачки, но во секој случај ваквите настани се добредојдени. Кога би имало повеќе разговори, прашања и забелешки би било уште подобро. На секоја конференција од ваков тип имаат свое излагање и зборуваат за своите проекти признати стручњаци. Во публика се луѓе коишто можат да се мотивираат. Тоа го знам од искуство. На меѓународниот архитектонски симпозиум „Dani Orisa“ што се одржува во Загреб свое излагање имаат архитекти кои докажуваат дека и невозможното може да стане возможно. Потребна е пред сè волја, но и творечка слобода, треба да се вклопиме во реалните можности, но и да ги помериме границите. Малку по малку. Неколку дена поминати во Скопје веројатно не се доволни за увид во квалитетот на современата македонска архитектура, но сепак Ваша проценка за современата архитектонска сцена, особено за контроверзниот проект Скопје 2014, којшто доминира последните неколку години. Дали архитектурата може да го одреди идентитетот на заедницата, банален пристап, како што создавањето на неокласична архитектура го банализира културниот идентитет? n Во Македонија постојат квалитетни архитекти способни да создадат квалитетна архитектура. Знам дека засега нема многу квалитет, но постепено, чекор по чекор, мислам дека ќе има сè повеќе. Контактирам со колегите од Македонија, со некои сум и долгогодишен пријател. А што се однесува до Скопје 2014, тоа е нешто неверојатно. 29 септември 2017

ПОРТА

27


Groblje Krista Kralja, Пожега, Хрватска

Всушност застрашувачки. Пред 5-6 години кога дојдов во Скопје, кога првпат се запознав со овој проект, не верував дека така ќе заврши. Тогаш се наѕираа некои контури, но тешко беше да се поверува дека сето тоа ќе стане целина. Што да кажам? Ништо добро не мислам за Скопје 2014. И што е најлошо тешко е да се поверува дека некој еден ден ова ќе го промени, ќе го тргне од просторот. Навистина не знам што да кажам. Можеме неумесно да се шегуваме и да предложиме од сето тоа да се направи забавен парк. Барем некоја корист од тоа. Но не сум сигурен дека добар дел од јавноста не мисли дека ова е добро, дека ова е токму тоа што треба за создавање на идентитет на една млада држава. Всушност, многу сум збунет и разочаран од Скопје 2014. Пред сè прстот треба да се впери во политичарите, па тогаш сите ние да се запрашаме како тоа го дозволивме. Архитектите сепак ништо значајно не можат да направат без политичарите, а политичарите ги бираат архитектите. Тоа е круг. Прашањето е како да се промени свеста на луѓето. И додека некој архитект настојува да ја промени свеста на луѓето со својата работа времето поминува, а во меѓувреме политичарите градат. И тогаш тоа останува и нешто значи. Плоштад, Плетерница, Хрватска

ПОРТА

Kuća Dašekovo, Доња Стубица, Хрватска Каква е хрватската архитектура денес особено во споредба со светските трендови. Има ли во Хрватска добри, големи архитекти кои ги надминуваат локалните рамки? Има ли инвеститори во Хрватска кои го разбираат значењето на архитектурата за поширокиот општествен контекст и ги прифаќаат проектите кои имаат во себе дух на нови идеи и нови технологии. Можете ли

да ги наведете проектите кои би можеле да бидат добар пример на современата архитектура во Хрватска? n Мислам дека хрватската архитектура станува сè подобра и подобра. Мислам дека не треба да се споредува, всушност е еднакво квалитетна со некои средини во светот кои со децении работат на подобрување на условите кои влијаат на добрата архитектура, но дека има напредок, има. Кај нас во Хрватска нема архитектонски бироа кои постојано се присутни на светската сцена, но има бироа кои постигнуваат успех. Тоа е доказ дека можеме. Постојат хрватски архитекти кои се партнери во успешни странски бироа. Да, би се осмелил да кажам дека постојат луѓе кои се успешни на светската сцена. Тоа е важно за да ги поттикне младите архитекти да се борат за таква позиција. Но за да се дојде до таква


Мултимедијална сала, Плетерница, Хрватска позиција мора да се работи квалитетно и конкурентно. И многу, особено многу. И нема залажувања. Успехот во светот е мерлив. А што се однесува до инвеститорите, ситуацијата не е идеална, но сепак почнуваат да се појавуваат инвеститори кои ја препознаваат вредноста на добрите архитекти. Не само како визуелна појава, туку и како вредност на добро осмислени планови, конструкции, функции... Е тука мора уште многу, многу да се трудиме. Не е доволно само да се изградат убави куќи, тие треба да бидат и соодветни. Последните петнаесетина години има низа проекти кои би требало да се истакнат како успешни, кои понатаму поттикнуваат развој и ги инспирираат останатите амбициозни творци. Секако тоа се проектите на Биро 3 LHD, Идис Турато, Студио UP, Горан Рако, Давор Матековиќ, Нено Кезиќ, Никола Башиќ… и многу други. Нека ми простат сите што не ги спомнав, а што мислат дека треба да се најдат на овој список. Списокот навистина може да биде многу, многу подолг. Кои архитекти на светско ниво би ги издвоиле како носители на нови идеи и трендови? n Не сакам да говорам за трендови. Тоа не ме интересира во контекст на квалитетот. Секако сакам да ги истакнам како посебни архитектите кои имаат континуирано влијание како Смиљан Радиќ, Go Hasegawu, Herzog &de Meuron, Sami Rintala и низа други добри архитекти од Португалија, Чиле... Набројте неколку водечки и нови, перспективни архитекти во Хрватска. n Тие што ги наведов во претходниот одговор. Ги има уште. Фала Богу. Ваши омилени проекти – реализирани или сè уште како проекти...

n Сè што направив за Салата Ватрослав Лисински, куќата Дашеково (заеднички проект со сопругата Јасминка), проектот пред реализација: музеј, плоштад и пешачка патека во Плетерница, хотелот Bellevue во Лошињ, вилата MP во Лошињ, споменикот на бранителите во Папук и уште неколку други драги проекти коишто засега се на маса, но во секој случај можам и понатаму субјективно да набројувам. Работевте на Архитектонскиот факултет до 1984 како научен соработник, па колку тоа искуство Ви помогна во подоцнежното делување како архитект? n Ми помогна толку што после тоа

искуство бев полн со енергија да се соочам, занимавам и да уживам во реалниот свет на архитектурата. Најмногу научив од пракса, на градилиште, во комуникација со инвеститорите, во борбата да опстанам и по грешките. -Од 1986 година водите архитектонско биро, па колку сегашната состоба во архитектурата се разликува од претходно? -Освен што сега има компјутери, а тогаш немаше, не баш многу. Треба да се работи, работи, работи... Како што знаете, успехот не доаѓа преку ноќ,туку после десетина или повеќе години напорна работа. Но сепак постои разлика, во осумдесеттите години

Maла сала Лисински, Загреб,Хрватска

29 септември 2017

ПОРТА

29


кога почнав да работам приватно немаше многу работа за приватниците, а денес е поинаку. И разликата е во големото искуство. Зад мене се сепак 35 години пракса и градилишта. Во портфолиото на архитектонското Биро Русан се наоѓаат проекти од различни програми: од хотели, куќи па сè до дизајн на мебел. Може ли да ни кажете нешто повеќе за Вашиот архитектонски пристап, како и за начинот на кој функционира вашето архитектонско биро? n Настојувам на секоја задача да ѝ пристапам посебно, не сакам да се повторувам. Секако тоа секогаш не ми успева. Настојувам да ги разберам желбите и потребите на инвеститорот и тогаш квалитетно да ги интерпретирам, така што тие да бидат задоволни, а јас тоа да го потпишам. Секако тука има и компромиси. Ако не сте подготвени на разумни компромиси нема да има резултат. Ако нема видлив резултат, нема што да се покаже. Не сум од оние што сакаат да нудат решенија, да цртаат проекти, а истовремено не размислуваат за конечниот резултат, за изградба на објектот. Некако потешко од мене излегува онаа „архитектура на хартија“. Во бирото имам прекрасни соработници. Настојувам да препознаам за што се талентирани, секој посебно, и на тоа поле да ги „користам“. Настојувам да им давам задачи, да им отворам врата кон работата што им претставува задоволство. На тој начин тие ќе бидат поефикасни, попродуктивни и позадоволни. Мислам дека со текот на годините научив како се работи тимски. На крај сепак јас морам да преземам одговорност за проектот и јас да одлучувам, но таквото однесување е неопходно за да се реализира проектот и да се наплати сработеното. Работевте на проектот реконструкција на хотелот Bellevue, изграден во 1966 година. Кои беа главните предизвици за реконструкција на еден објект кој има повеќе од еден век за да стане современ објект што ги исполнува сите барања на современиот туризам? n Најголем предизвик беше сè тоа да се направи во неверојатно краток временски рок, а истовремено да се создаде нешто што секој ќе има право да го гледа и критикува без оглед на условите и временскиот рок во кој сè 30

ПОРТА

29 септември 2017

тоа е направено. Имено, хотел со 5 ѕвезди, 220 соби, инвестиција од 55 милиони евра, површина од 35.000 м2 проектиран и изведен за само 7 месеци. Знам дека е тешко да се поверува, но овој податок е лесно проверлив. Три години по отворањето на хотелот многу портали и агенции тврдат дека тој е најдобриот хотел во Хрватска. Не мора да е тоа така и не сакам воопшто да коментирам, но факт е дека е постигнат резултат што предизвикува внимание. За успех на хотелот не е доволна само архитектурата, потребни се уште многу елементи сè тоа заедно да функционира. Изгледа дека кај Bellevuea е достигнато забележително ниво и дека тој и понатаму се развива. Секако дека сум горд што нашата архитектура е дел од тој успех. Списанието „Oris“ стана европски бренд за архитектура, а „Dani Orisa“ архитектонски настан што се очекува, доживува и прераскажува. Како успеавте во тоа? Колку е тешко да се дојде до средства за одржување на една таква манифестација што стана традиционална? n „Dani Orisa“ е навистина нешто што тешко може да го објасни својот успех. Секоја година пред настанот се прашувам дали успехот ќе се повтори. Да се соберат

Oris, Лошињ, Хрватска

2000 посетители од над десет земји на едно место не е нешто што се случува толку често. Всушност е многу ретко. Можеби тоа е комбинација на добри предавачи, убави моменти, добра организација, интересен град, а сега веќе и на традиција. Секако и на напорна работа. Слична е приказната и со списанието. Средствата за овие проекти ги наоѓаме сами. За „Dani Orisa“ поуспешно, а за списанието сè потешко. Но „Oris“ сепак сè уште излегува. Сега бележи 20 години. Како на Вашата работа како проектант влијае фактот дека сте ангажирани на нешто што бара доста посветеност како што е списанието и организацијата на архитектонска манифестација? Колку се корисни за Вашата работа идеите и примерите коишто предавачите на „Dani Orisa“ ги претставуваат? n Сè повеќе сум свесен дека седам на два стола, дека се занимавам со две различни професии. Без прекрасните соработници во архитектонското биро и во „Oris“ не би можел да ги постигнам овие резултати. Сигурно дека помалку е неправедно што главно јас сум експониран. Но, без своите соработници, а тие се 30, сè ова не би било возможно. Сепак една ситуација е најважна. Без поддршка на својата фамилија, без нивното разбирање за тоа што го работам, јас не би бил успешен. Можеби би требало да разговарате со мојата сопруга, со ќерките, со соработниците... Мислам дека тоа би било уште поинтересно. Како го гледате архитектонското Биро Русан за десет години, а како списанието „Oris“ и манифестацијата „Dani Orisa“? n Тоа ќе можам да ви кажам за десет години. Се надевам дека сè тоа ќе постои, па и јас да не бидам локомотива.


ПОРТА


архитектура

ЦЕНТАР „ЖОРЖ ПОМПИДУ“

Архитектонска икона на Париз

40 години на најпознатиот пример на хај – тек архитектура во светот

Ц

Љупка ДУКОВСКА, дипл. инж. арх. ентарот на национална уметност и култура „Помпиду“, беше отворен на 31 јануари 1977 година. Од моментот на неговото отворање за јавноста доживеа огромен интерес. Предизвика полемика, но и успех од самиот старт. Стана светски лидер на модерната 32

ПОРТА

29 септември 2017


уметност. Една од најпопуларните и најпосетуваните локации за уметност во светот. Место во кое се преплетуваат многу насоки на современата култура, уметност, дизајн, литература, музика и филм. Огромна мултидисциплинарна структура, или „фабрика“ за култура, која чува и изложува најзначајни уметнички дела. Во текот на 70-тите и 80-тите години, во центарот Помпиду беа организирани највлијателните изложби на историјата на уметност на 20 век. На почетокот зградата ја возбуди јавноста, предизвикувајќи голема полемика. Многумина се жалеа дека не се вклопува во историското наследство на градот. Противниците ја споредуваа со рафинерија за нафта. Сепак придонесе многу за ревитализација на областа во која е изградена. Денес е меѓународно признато обележје, симбол и пример на објект од 20-тиот век, со современ високотехнолошки архитектонски стил. Уште во тој период, бев да го посетам овој објект. Бев импресионирана и со денови размислував за неговата јасна, чиста, високотехнолошка, целосно транспарентна, современа архитектура. Видов сосема нова, смела концепција во решавањето на просторот. Радикална. Невидена претходно. Неочекувана. Челик, стакло и обоени цевки. Лебдеше прашањето, што е ова, нов хај-тек стил во архитектурата, футуристичка урбана машина или огромен вселенски брод слетан во центарот на традиционалниот Париз. ИСТОРИЈА, РАЃАЊЕ НА РЕВОЛУЦИОНЕРЕН КОНЦЕПТ Во 1969 година, на иницијатива на тогашниот претседател на Франција Жорж Помпиду, решено беше слободната локација на платото „Бобур“ во Париз, да се искористи за изградба на современ, нов мултидисциплинарен центар. Во 1971 година прв пат во Франција беше објавен меѓународен архитектонски конкурс. Се пријавија архитекти од целиот свет. Учествуваа 681 кандидат од 49 различни земји со свои архитектонски решенија. Меѓународното жири, во кое беа и познатите модернисти Оскар Нимејер (1907 – 2012), Жан Проуве (1901 – 1984) и Филип Џонсон (1906 – 2005), го избра проектот предложен од тимот составен од британскиот архитект Риџард Роџерс (1933) и двајца италијански архитекти, Ренцо Пиано (1937) и Џанфранко Франџини (1938 – 2009). Во тоа време сите беа млади и релативно непознати. 29 септември 2017

ПОРТА

33


архитектура Пиано и Роџерс управуваа со реализацијата на проектот (1971-1977). За време на изградбата на градежните работи тие поставија своја канцеларија спроти катедралата Нотр Дам, на брегот на Сена. Потоа двајцата создадоа посебни врвни кариери. (Во следните броеви на Порта3 се планирани написи за нивното творештво). Секој од нив индивидуално ја освои Притцкерова награда, главната награда за архитектура, која се нарекува и Нобелова награда во архитектурата. ЛОКАЦИЈА И СТРУКТУРА Објектот е изграден на локација од два хектара, на платото „Бобур“ во густата урбана структура на стариот Париз, на работ на Маре. На половината од локацијата е поставена зградата, а втората половина е отстапена на јавниот простор – плоштадот пред неа кој следејќи го радикалниот дизајн, води кон влезниот хол. Зградата вкупно има 10 ката (7 ката над земја и 3 под земја). Во неа се сместени простории со следна намена: национален музеј за модерна уметност 12 210 м²; простор за привремени изложби 5 900 м²; библиотека за јавност 10 400 м²; сопствена истражувачка библиотека 2 600 м² (библиотека Кандински); две кино сали (315 и 144 седишта); простор за изведба на перформанси (384 седишта) и простор за предавања (158 седишта). Од 1997 до 1999 година објектот беше реновиран. Со реновирањето и реорганизацијата, неговата површина се зголеми на 100 000 м². Структурата на зградата, е направена од челична носечка конструкција. Составена е од големи префабрикувани челични елементи. Огромни челични решетки (48 метри) ја опфаќаат целата ширина на објектот. Создаваат внатрешен, отворен простор (50 м на 170 м) во кој може да се организира секаква активност. За максимална флексибилност во внатрешноста на објектот, сите инсталации и услуги се извадени надвор (поставени се на фасадата по должина на улицата „Rue Beaubourg“). Комуналните услуги се обоени во архитектонски кодирани бои. Зелена за инсталација за вода, жолта за електрична инсталација, сина за воздух и црвена за вертикална циркулација. Лифтовите и ескалаторите, преку провидни цевки на предната фасада, која гледа кон плоштадот, овозможуваат извонредни погледи на Париз. Намерно оставајќи ја зад себе строгата традиција, Центарот Помпиду е целосно транспарентен, во неговата функција и лик. 34

ПОРТА

29 септември 2017


Разбирливо и привлечно. 40-ти роденден на Центарот Помпиду Оваа година се навршуваат 40 години откако „Центарот Помпиду“ е предаден во употреба. Целата 2017 година е посветена на одбележувањето на овој јубилеј, со организирање на серија настани од областа на културата. По повод јубилејот во печатот имаше многу интервјуа со неговите автори, архитектите Ричард Роџерс и Ренцо Пиано. Тие потсетуваат на периодот во кој проектот за „Центарот Помпиду“ беше дизајниран и реализиран. Период кој беше под силно влијание на големите студентски и работнички немири кои се случуваа во 1968 година во Париз и кои за малку ќе ја собореа владата. Објектот првобитно беше наречен „Центар Бобур“, но беше преименуван во „Центар Жорж Помпиду“, по името на претседателот Помпиду, кој почина за време на изградбата на зградата, а кој меѓу другото, бил заслужен и за мирното решавање на овие граѓански немири. Во некои од нивните изјави, како во интервјуто за Дезин (Dezeen), Роџерс вели: „Тоа беше многу активен период во политиката и може да се тврди дека е дел од концептот. Динамичен период, период на промени. Ние сакавме да фатиме сè што се случуваше во моментот, кој речиси ја промени историјата на Европа. Изгледаше како да има револуција. Тоа не се случи, но ние фативме дел од неа во зградата“. На пример, „ако се погледне повнимателно во фасадата на објектот, во неа има многу за овие немири, но и за Виетнам“. На почетокот дизајнот на објектот беше оцрнет. Шок од новините што тешко се прифаќаат. Но Пиано вели дека градот бргу се прилагоди на дизајнот и јавноста бргу го прифати. Реакцијата на дизајнот на објектот беше опишана како „љубов на втор поглед“. АРХИТЕКТОНСКА ИКОНА НА 20-ТИ ВЕК „Центарот Помпиду“ е уникатен објект во светот, инспиративен, кој остава живописен, естетски впечаток. Предизвикува институционални идеи и размислувања за тоа какви треба да бидат музеите на новата генерација. Тој е прототип на нов тип на музеи и културни центри. Препознатлив е по архитектурата на архитектите Пиано и Роџерс, дизајнирана како „еволутивен просторен дијаграм“, како и по начинот на кој целосно го ослободуваат внатрешниот простор на објектот од носечката конструкција. Целиот простор од 7500 м² на кат е максимално флексибилен и може да се 29 септември 2017

ПОРТА

35


подели и реорганизира по потреба и желба. Со употреба на челик (15 000 тони), стакло (11 000 м²) и екстернализација на носечката конструкција, заедно со циркулацијата и услугите, тоа беше навистина пионерска

ПОРТА

градба на своето време. Наследник на големите железни згради на индустрискиот период. Футуристички на многу начини, со иновативен па дури и револуционерен карактер „Центарот Помпиду“ е еден од

најмаркантните симболи на нашето време, архитектонска икона на 20 век. Во моментов, „Центарот Помпиду“ го посетуваат помеѓу 3,5 и 3,8 милиони посетители годишно.


ПОРТА


сеизмологија

ПОГОЛЕМИ ЗЕМЈОТРЕСИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА И НЕЈЗИНАТА ОКОЛИНА (1)

Земјотресот Пехчево-Кресна - најсилен на Балканот На 4 април 1904 година во 10 часот и 2 минути во епицентралното подрачје Пехчево-Кресна, започнала серија на силни земјотреси, каде што во 23 минути се случиле 4 земјотреси со локална Рихтерова магнитуда поголема од 5 меѓу кои и најсилниот со магнитуда ML=7.5 Живеејќи во сеизмичко активно подрачје, каде земјотресите се честа и неизбежна природна појава со која сме живееле и треба да живееме и опстојуваме, во наредниов период низ серија текстови, ќе се потсетиме на поголемите деструктивни земјотреси кои ја погодиле територијата на Македонија и блиското соседство започнувајќи од почетокот на минатиот век. Ќе бидат споменати земјотресите во Пехчево-Кресна (1904 г.), Старово (1911 г.), Урошевац-Витина (1921 г.), Валандово (1931 г.), Скопје (1963 г.) и Дебар (1967 г.). Година -300 400 518 527 896 1555 1904 1904 1905 1906 1911 1912 1921 1931 1931 1942 1963 1967 Најдоминантно сеизмичко влијание врз територијата на Македонија, од сите епицентрални подрачја има епицентралното подрачје Пехчево-Кресна (пограничен регион помеѓу Македонија и Бугарија). Во ова епицентрално подрачје се случил земјотрес со досега највисоката набљудувана локална Рихтерова магнитуда

ML 6.10 6.10 6.10 6.10 6.10 6.10 6.70 7.50 6.10 6.00 6.70 6.00 6.10 6.70 6.00 6.00 6.10 6.50

I0 IX IX IX IX IX IX IX X VIII VIII IX VIII IX X VIII IX IX IX

Деструктивни земјотреси на подрачјето на Македонија и нејзината непосредна близина (МL≥6.0) Податоци: Сеизмолошка опсерваторија (УКИМ-ПМФ) ИЗРАБОТИЛЕ: Р. ШАЛИЌ, З. МИЛУТИНОВИЌ

ML=7.5 на копнениот дел на Балканскиот Полуостров, и тоа на почетокот на минатиот век, во април 1904 г (слика 1). ГЛАВНИОТ ЗЕМЈОТРЕС На 4 Април 1904 година во 10 часот и 2 минути во епицентралното подрачје Пехчево-Кресна, започнала серијата на силни земјотреси, каде во 23 минути се случиле 4 земјотреса со локална Рихтерова магнитуда поголема од 5 меѓу кои и најсилниот со магнитуда ML=7.5 и интензитет во епицентарот Io=X степени според Европската Макросеизмичка скала. Епицентрите на овие земјотреси биле помеѓу Пехчево (Македонија) и Кресна (Бугарија), во близина на с.Крупник (Бугарија) (Слика 2). Следеле уште 3 земјотреса со магнитуда поголема од 5, истата година во април и август, додека следната година 1905 уште 2 земјотреса во септември и октомври со магнитуда исто поголема од 5.

Слика 1. Каталог на земјотреси за Македонија и блискиот соседен регион (479 г. пр. н. е. – 2014 г.) Извор на податоци: Сеизмолошка опсерваторија при УКИМ-ПМФ, Скопје ИЗРАБОТИЛЕ: Р. ШАЛИЌ, З. МИЛУТИНОВИЌ 38

ПОРТА

29 септември 2017


Слика 2. Најсилните земјотреси во подрачјето Пехчево-Кресна Извор на податоци: Сеизмолошка опсерваторија при УКИМ-ПМФ, Скопје ИЗРАБОТИЛЕ: Д. ЧЕРНИХ, К. ДРОГРЕШКА

Главниот земјотрес бил регистриран од 54 сеизмолошки станици ширум светот, додека првиот земјотрес од серијата бил регистриран од 47 станици (Ambraseys, 2001). Главниот земјотрес бил регистриран дури и од станицата во Осака, Јапонија. Денеска најголемиот дел од овие записи (сеизмограми) се изгубени, оштетени или неупотребливи. Од главниот удар на овој земјотрес е зачуван само еден употреблив сеизмограм снимен од станицата во Лајпциг, Германија (Слика 3а) и еден од станицата во Букурешт (Слика 3б) за земјотресот кој се случил после главниот удар на 10 април 1904 година со Рихтерова локална магнитуда ML=5.7 и епицентрален интензитет од Io=VII степени според EMS-98.

Слика 4. Карта на изосеисти на земјотресот од 4.4.1904, 10h25min Извор на податоци: Каталог на земјотреси, дел 3: Атлас на карти на изосеисти, UNDP-UNESCO Проект „Истражување на сеизмичноста на Балканскиот регион“, UNSECO-Скопје, 1974. СЕИЗМИЧКА АКТИВНОСТ НА ЕПИЦЕНТРАЛНОТО ПОДРАЧЈЕ ПЕХЧЕВО-КРЕСНА Епицентралното подрачје Пехчево-Кресна се карактеризира со честа појава на слаби земјотреси (ML<2.0), но и со ретка појава на силни и многу силни земјотреси (ML>6.0) – Табела 1, Слика 2. Хипоцентрите на овие земјотреси се наоѓаат длабоко во Земјината кора до околу 45km. Табела 1. Најсилните земјотреси со магнитуда ML>6.0 од подрачјето Пехчево-Кресна Датум 4.9.896 4.4.1904 4.4.1904 4.4.1905

Слика 3. Копија од сеизмограми Извор на податоци: Ambraseys (2001) Земјотресот Пехчево-Кресна бил широко почуствуван во регионот. Го почуствувале и жителите на тогаш поголемите градски средини како Софија, Солун, Битола, Скопје и др. што може да се види од картата на изосеисти (Слика 4). За него пишувале и тогаш најпознатите регионални весници како Dnevnik, Gazetia Sviedenia, Journal de Salonique, Levant Herald, Sabah, Stanbul, Vecera Posta, Viesti. Првичните информации за погодениот регион биле релативно ограничени и дошле од страна на група на австриски инженери кои работеле на одржување на патот по должината на реката Струма ангажирани од страна на Отоманската империја и од некои дипломатски извори.

Рихтерова магнитуда ML 6.1 6.7 7.5 6.5

Интензитет Io IX IX X VIII

Од тектонски аспект, подрачјето Пехчево-Кресна преставува сложен тектонски јазел, каде се вкрстуваат повеќе раседни структури, со висока деструкција на земјината кора изразена преку диференцијални издигања и сместувања од лев смер вдолж наложениот Беровски (Крупник) расед (Арсовски, 1997). Ова е потврдено и од поновите истражувања, од Meyer и соработници (2002) и Думурџанов, Милутиновиќ и Шалиќ (2016). Раседот е стар околу 13 милиони години и кај с.Крупник по должината на неговата траса се јавуваат скарпи (површински отсеци) со вкупна должина до 15m и височина до 2m, формирани за време на земјотресот од 1904 година (Ambraseys, 2001). Наложениот расед е од нормален (гравитационен) тип, со протегање североисток-југозапад (Meyer и соработници, 2002) и паден наклон кон северозапад под агол 60-70°. На територијата на Македонија овој расед припаѓа на зоната која се протега по трасата Пехчево-с.Блатец-Виница-Штип-Лакавичка депресија-Стоби. Според литолошките структури кои контактираат помеѓу себе надолжно, заклучено е дека овој расед е реактивиран во неотектонската етапа. Најголема активност во најново време покажал во околината на Кресна, Бугарија, каде се вкрстува со Плачковичкиот расед, Струмските раседи, и други раседи создавајки сеизмогено жариште со највисока регистрирана магнитуда на Балканот ML=7.5. 29 септември 2017

ПОРТА

39


Слика 5. Карактеристични оштетувања Извор на податоци: http://www.fakulteti.mk/news/14-0404/110_godini_od_katastrofalniot_pehchevski_zemjotres_eden_od _najsilnite_vo_evropa.aspx ЕФЕКТИ ВРЗ ИЗГРАДЕНАТА ОКОЛИНА И ПРИРОДНАТА СРЕДИНА Земјотрестот кој претходел на главниот удар, бил исто така силно почуствуван во регионот и предизвикал сериозни оштетувања на објектите, посебно во регионите на с.Блатец, Берово и Пехчево. Од пишаните архиви се дознава и дека тој предизвикал и човечки жртви. Штетите биле уште поголеми и катастрофални од ударот кој следел дваесетина минути покасно. Разурнувачкото дејство било евидентно во радиус од околу 40 km, поточно од градот Кочани на запад па сѐ до Разлог на исток, Благоевград и Делчево на север па сѐ до Берово и с.Ново Село на југ.

територијата на денешна Македонија: Пехчево, Берово, с.Сушица, с.Габрово, с.Ратево, с.Разловци, с.Тработивиште, с.Град, с.Стамер, с.Ѕвегор, с.Блатец, с.Лаки, и др. Во периферните области на епицентралното подрачје, во сите населени места без исклучок, биле сериозно оштетени ѕиданите конструкции (претежно цркви, џамии, управно-општествени згради), а станбените објекти биле со различен степен на оштетување од кои половината скоро и неупотребливи. Кај сите нив камените зидови и оџаците биле сериозно оштетени (Слики 5 и 6). Во многу населени места утврдена е појавата на ликвифакција феномен во кој почвата под дејство на динамичкото влијание на земјотресот ги губи своите механички својства и добива особини на вискозна средина. Појавата на ликвифакција (Слика 7) е често проследена со избивање на подземни води и е причина плус за сериозни оштетувања на објектите и појава на поплави. Ликвифакционите ефекти биле забележани по теченијата на реките Брегалница, Струма, Рилска река, некои делови од Повардарието, реката Морава, реките Панега, Искр и некои други помали реки во регионот. Многу населени места по теченијата на овие реки претрпеле сериозни оштетувања како резултат на ликвифакцијата, а голем дел од нив биле и дополнително поплавени. Постојат податоци дека на 12km од Кочани, во близината на селата Јакимово и Облешево се појавиле и гејзери кои исфрлале подземна вода од 2-3m во височина. Исто така постои и податок дека југо-источно од Благоевград се појавиле извори на топла вода кои биле причина за топење на големи површини под снег во повисоките околни региони. Ликвифакционите ефекти биле забележани и во некои поголеми населени места како Кочани, Делчево, Демир Капија, Неготино, Врање и др., односно дури и на оддалеченост од 70km од с.Крупник.

Слика 7. Ликвифакција, феноменологија и карактеристични оштетувања Градот Нијагата (Niigata), Јапонија, во 1964 година претрпел значителна штета од ликвифакција предизвикана од земјотрес со магнитуда М7.5 – М7.6. Покрај зградите оштетени и уништени од ликвифакција на левиот брег на реката Шинано (слика лево), големи штети беа предизвикани и на десниот брег. Колапсот на Showa мостот (слика десно) е предизвикан од вибрационит ефект на земјотресот. Слика 6. Карактеристични оштетувања Извор на податоци: http://www.fakulteti.mk/news/14-0404/110_godini_od_katastrofalniot_pehchevski_zemjotres_eden_od _najsilnite_vo_evropa.aspx Повеќе населени места претрпеле скоро целосно уништување, и тоа на територијата на денешна Бугарија: делови од Благоевград, с.Церово, с.Извориште, с.Крупник, с.Брежани, с.Тросково, додека на 40

ПОРТА

29 септември 2017

Силината на земјотресот не ги поштедила ни патиштата и мостовите. Според пишаните документи одреден број на патишта, особено оние по долината на реката Струма биле распукани или непристапни заради одроните и свлечиштата кои се појавиле како резултат на земјотресот. Железничката линија која го заобиколувала епицентралното подрачје од југо-западна страна на оддалеченост од 50 km и ги поврзувала Истанбул-Солун-Скопје-Белград останала неоштетена. Оштетени биле само некои железнички станици и други придружни објекти.


Текстот во жолто да се корегира во: Слика 8. Карта на сеизмичко зонирање на Македонија за повратен пероид од 475 год., изработена според барањата на стандардот МКС EN 1998-1:2012 - Еврокод 8. Извор на податоци: Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, УКИМ-ИЗИИС, Скопје. Автори: З.Милутиновиќ, Р. Шалиќ; Соработници: Н. Думирџанов, В. Чејковска, Л. Пекевски, Д. Томиќ

За време на овој земјотрес бил сериозно оштетен и Рилскиот манастир (35km од Кресна) каде во сите цркви на комплексот камените ѕидови биле со сериозни оштетувања и сите оџаци биле паднати. Некои од пишаните документи дури јавуват и за појава на оштетувања и на некои стари куќи во Сoлун (130 km од Кресна), па дури и за една жртва како поседица на пад на корниза во Српското училиште во Солун. СВЕДОШТВА Во периодот 1965-1970 год. е направен обид да се соберат информации од сеќавањата на локалното население кое го преживеало овој земјотрес. Собраните информации не се од особена вредност бидејќи најголем дел од локалното население кое го преживеало земјотресот се иселило веднаш после самиот

земјотрес или за време на размената на население после Балканските војни (19121913). Денес не може да се најде точна или приближно точна информација за бројот на жртвите во овој земјотрес. За Пехчево се знае дека најголемиот број на жртви и повредени (12 жртви во градот и 38 во непосредната околина; и околу 100 повредени) се предизвикани од предземјотресот. За време на главниот удар скоро сите мештани биле надвор од објектите. Заради сериозните штети кои се јавиле на јавните и верските објекти, како и на тогаш новоизградениот патен правец по должина на реката Струма, во областите Едрене, Солун, Јанина, Битола и Косово, за надминување и санирање на наведените состојби, турските власти презедоа административни мерки кои резултираа во ослободување од данок и кредитирање пласирано преку тогашната Земјоделската Банка. Не постојат информации дека овие мерки биле на располагање и на селаните за обнова на своите домови.

СЕИЗМИЧКА ОПАСНОСТ ЗА ПЕХЧЕВО Градот Пехчево според најновите карти на сеизмичко зонирање (Слика 8) спаѓа во зона со највисока сеизмичност во Македонија (Z-5). Оттаму, објектите кои ќе се градат во овој регион според европсите прописи ќе захтеваат највисоко ниво на сеизмичка заштита. Автори: проф. д-р Зоран Милутиновиќ1, д-р Драгана ЧернихАнастасовска2, проф. д-р Никола Думурџанов3, доц. д-р Радмила Шалиќ1, м-р Катерина Дрогрешка2, д-р Вера Чејковска2, м-р Јасмина Најдовска2, Даниел Томиќ1. 1 Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје, Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) 2 Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје, Природно-математички факултет, Сеизмолошка опсерваторија 3 Рударско-геолошки факултет во Штип

ПОРТА


интервју

Имаме закони - проблем е Состојбите не можат да се унапредат преку ноќ и во континуитет ќе се преземаат низа краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки за подобрување на состојбите. Врвни приоритети на сегашната Влада, меѓу другото се и гасификацијата, производството на енергија од обновливи извори и подигнување на еколошките стандарди во многу еколошки сектори. Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл. инж. арх. Се фалиме со нашата природна убавина, а од друга страна сме најзагадената земја во Европа во многу параметри. Многу влади се променија, многу планови, ветувања – реализацијата катастрофална. Сега сме на дното... n Република Македонија, од декември 2005 година е земја кандидат и оттогаш има обврска да ги транспонира законодавството и стандардите од областа на животната средина на Европската Унија во своето национално законодавство. Овој процес започна уште во 2004 година. За волја на вистината во овој дел имаме одредени резултати, донесени се Законот за животна средина, Законот за управување со отпад, Законот за заштита на природата, Законот за заштита од бучавата во животната средина, Законот за води, Законот за управување со пакување и отпад од пакување, потоа законите кои го регулираат менаџирањето со акумулатори и батерии и закони за менаџирањето со електричен и електронски отпад и низа други закони, како и преку 200 подзаконски акти. Инаку законодавството во областа на животната средина е мошне комплексно и динамично и се состои од преку 300 регулативи и директиви. Проблемот настанува со практичната имплементација на ова законодавство каде што имаме незадоволителни резултати. Ова всушност е децидно наведено и во извештаите на Европската комисија за напредокот на Република Македонија во последните пет години. Животната средина е еден од приоритетите на Владата предводена од премиерот Зоран Заев. Оваа област е мошне комплексна, мултидимензионална и мултисекторска. Се работи за област која е поврзана со областите транспорт, градежништво, урбанистичко просторно планирањето, економија, енергетика, здравство, земјоделие, децентрализација, геологија, хидрологија и со многу други области. Затоа Владата започна со решавање на овие проблеми. Се разбира состојбите не можат да се унапредат преку ноќ и во континуитет ќе се преземаат низа краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки за подобрување на состојбите. Врвни приоритети на Владата помеѓу другото се и гасификацијата, производството на енергија од обновливи извори и подигнување на еколошките стандарди во многу еколошки сектори. Ќе се работи чекор по чекор, не постои волшебно стапче, но има силна политичка волја и кај премирот и кај целата Влада да се работи 42

ПОРТА

29 септември 2017

Зоран Шапуриќ е роден во 1958 година. Дипломирал на Правниот факултет, магистрирал и докторирал на УКИМ, стекнувајќи звање доктор по политичко–правни науки. Работел како вонреден и редовен професор на Универзитет Американ Колеџ во Скопје. Објавил 40 научно-истражувачки меѓународни трудови, индексирани во респектабилни меѓународни научни бази, од областа на животната средина и одржлив развој, Европската Унија и локалната самоуправа, од кои седум во „Web of science“, 12 во „Thomson Reuters“ и во други меѓународни научни бази. Во досегашната кариера Шапуриќ бил министер за животна средина и просторно планирање, пратеник во Собранието на Република Македонија, а се наоѓал и на други општествено-политички и образовни функции. Бил помошникгенерален директор во МЗТ комерц и заменик на генералниот директор во ЈП „Паркови и зеленило Скопје“. Со еколошката проблематика се занимава повеќе од две децении. Токму овој факт беше повод за интервју за нашето списание. интензивно на подобрување на сите сектори на животната средина и тоа не само заради преземените обврски спрема Европската Унија, туку пред сè заради нас и нашето здравје и заради идните генерации. Познат е еден од најважните постулати на животната средина и одржливиот развој: природата, животната средина сме ја позајмиле од идните генерации и мора да ја чуваме и унапредуваме заради овие генерации. Во оваа прилика ќе ги наведам активностите на новата Влада за мошне кусо време, ратификација на Договорот од Париз, кој ја потенцира решеноста за намалување на емисии од стакленички гасови и справување со глобалното затоплување и климатските промени. Република


нивната примена Македонија на 22 април 2016 година, во Њујорк го потпиша Договорот од Париз, но повеќе од една година овој Договор не е ратификуван. Нема некои посебно оправдувачки причини зошто Договорот не е ратификуван и покрај заложбите на повеќе институции на Европската Унија Македонија да го ратификува Договорот. Можеби ова одолговлекување беше страв на претходната влада од намалување на емисии на стакленички гасови, пред сè на CO2. Овде се мисли пред сè на постројките на јаглен и тоа како на оние кои произведуваат електрична енергија, така и на оние кои го користат јагленот и мазутот во своите производни процеси. Македонија и онака има преземено низа обврски пред меѓународната заедница за намалување на стакленички гасови пред сè преку своето национално законодавство, индустриските постројки да добијат А- интегрирани еколошки дозволи во рок кој е веќе истечен и енергетските постројки наскоро треба да ги добијат овие дозволи. Ова е утврдено со регулативата на ЕУ која и онака е транспонирана во нашето национално законодавство. Парискиот договор има можности за намалување на СО2 и други стакленички гасови освен од енергетскот сектор и од низа други сектори како што се транспортот и сообраќајот, енергетски ефикасна градба и други сектори. Владата на Република Македонија на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање на својата седницата одржана на 25 јули 2017 година ја усвои Информацијата за ратификација на Парискиот договор за климатски промени. Истовремено Владата го задолжи ова Министерство да го достави текстот за ратификација до Министерството за надворешни работи. Договорот од страна на Владата е доставен до Собранието на Република Македонија и набрзо со закон ќе биде ратификуван овој договор. Тековните катастрофални случувања со депониите во Струга и Тетово, само ја потврдија горната констатација. Регионалните депонии никако да почнат со реализација. n Депониите се само еден дел односно финален дел од управувањето со отпад и најнепосакувана опција на третман на отпад, најважно е

намалувањето на отпад, па потоа рециклирањето и други форми на преработка на отпадот, па реупотребата на материјалите, па дури потоа останува опцијата на оној дел на отпадот којшто не може да се преработи да се депонира и тоа се разбира на начин со примена на современи технологии. Значи главна цел е отпадот да се намали и да се рециклира, односно отпадот од еколошки проблем да се претвори во економски и еколошки бенефит. Се разбира најважна е примарната селекција, односно сегрегација на отпадот на самото место на создавање, но исто така, е важна и секундарната селекција и преработка на отпадот пред остатокот да се депонира. Во Македонија се создава повеќе од 1.000.000 тони комунален отпад од кои само околу 75 % се собира на некој организиран начин и се депонира на депонии. Во поглед на депониите мора да се напомене дека постојат 54 депонии, од кои само една, депонијата Дрисла покрај Скопје, делумно ги исполнува ЕУ и националните стандарди. Останатите се целосно несоодветни или т.н. диви.Управувањето со комунален отпад, како и неговото депонирање што е дел од ова управување е во надлежност на единиците на локалната самоуправа односно на Градот Скопје и на општините. Управувањето со отпад е еден од најсериозните еколошки проблеми во изминативе години. Според вашето мислење што е потребно да се направи во наредниот период, посебно во поглед на случувањата со депониите? n Во 2005 година е донесен Национален план за управување со отпад според кој е предвидена изградба на 6-7 регионални депонии на кои треба да има инсталации за селекција на отпад и негова преработка па дури остатокот што не може на друг начин да се третира да се преработи. За време на единаесетгодишното владење претходната Влада ништо не презеде, а сега најблаго речено некоректно се обидува да критикува по 11 години. Новата Влада енергично започна да се справува со диво депонираниот отпад, изгасен е пожарот од депонијата во Струга и се обезбедени околу 250.000 евра за собирање и релоцирање на диво депонираниот отпад од Струга и Тетово и веќе се започна со

ПОРТА


реализација. На ова треба да се додадат активностите за расчистување на депонии покрај државните патишта, како што е случајот со отпадот кај преминот Стража и на некои други локации. Се разбира по 11-годишен застој ќе се отпочне со реализација на концептот на изградба на регионални депонии на кои ќе постои секундарна селекција и преработка на отпад, како и на депонирање на современ начин, на она што не може да се преработи. Се разбира ќе се работи на системски мерки и активности за развивање на примарна селекција, односно сепарација на отпадот. Словенците во Љубљана и Цеље имаат фабрики за преработка на отпадот и од тоа прават бизнис, а Љубљана беше прогласена за најзелен град во Евопа. Што е со нашата Дрисла и кога и ние ќе имаме такви капацитети? n Добро кажавте Љубљана е одличен пример за примарна селекција на комуналниот отпад каде што 72 проценти од комуналниот отпад е подложен на примарна селекција што е главен предуслов за рециклирањето. Скопје мора да го следи примерот на Љубљана. За жал во Скопје сè уште актуелната локална власт со поддршка на тогашната централна власт склучи мошне лош договор на 30 години за јавноприватно партнерство со странски партнер кој се обврза да вложи 72 милиони евра за осовременување на депонијата и во постројки за повеќе видови преработки на отпадот. Но засега странскиот партнер не вложи ништо, а остварува голем профит. Овој договор е огромна пречка за правилно и одржливо управување со отпадот во Скопскиот Регион. Мора да имаме регионален пристап во изградба на депониите, односно да изградиме 6-7 регионални депонии во кои ќе се депонира само она што не може да биде опфатено со рециклирање како и други форми на преработка на отпадот. Затоа на овие депонии треба да бидат изградени и постројки за секундарна селекција на отпадот, за негова преработка како што се рециклирањето, компостирањето и други видови на преработка, а само она што нема да може да се преработи да се депонира. Дури во последните неколку години почнавме со градење на пречистителни станици во Струмица, Радовиш, Кичево... Скопје е единствениот главен град што нема пречистителна станица. За жал едно „Скопје 2014“ ги изеде овие животни потреби. Имаме ли оперативен план за решавање на сето ова? n Пречистителни станици во Македонија започнаа да се градат пред 15 години. Изградени се во Куманово, Берово и во неколку други градови. Сега е во завршна фаза пречистителната станица во Струмица, Радовиш, Кичево... Изградба и одржување на пречистителните станици согласно Законот за локална самоуправа и другите закони е надлежност на единиците на локалната самоуправа, односно на Град Скопје и општините. Се разбира, зависно од капацитетите на општините и согласно можностите и централната власт треба да помогне. Најголем дел од пречистителните станици се изградени со помош на странски донации при што најголем удел имаат претпристапните фондови на ЕУ. Меѓутоа, искуствата покажуваат дека за голем дел од општините голем проблем е одржување на истите, пред сé поради недостаток на финансиски средства и одбивање да ја покачат цената на водата, бидејќи кај нас цената на одвод на вода се наплаќа истовремено со доводот на водата. Притоа, општините проценуваат дека покачувањето на цената на водата би било голем товар за граѓаните и така се вртиме во круг, бидејќи за одржување на пречистителните станици се потребни значајни средства. Од друга страна странските донатори реагираат дека донираат средства за пречистителни станици кои по нивната изградбанесевофункција. Да во право сте, Скопје е еден од ретките главни градови во Европа кој нема пречистителна станица и речиси сите отпадни води без каков било третман завршуваат најчесто во реката Вардар или директно во 44

ПОРТА

29 септември 2017

почвата. Само мал дел од отпадните води во Скопје се третираат преку локални пречистителни станци кои се изградени од стопанските субјекти. Преку донации од ЕУ е изработена техничка документација и изработена е тендерска документација за изградба на пречистителна станица. Ова е во надлежност на Град Скопје, но имајќи предвид дека се работи за целосната инфраструктура и постројка за третманот на тињата, односно за третман на отпадот кој останува, се потребни околу 180 милиони евра, Градот Скопје не може да го поднесе целосно овој проект и потребно е и одредено кофинансирање од државата, како и напори за изнаоѓање на странски донации со кои делумно би се финансирал овој проект. Владата неодамна ја разгледа информацијата за потребата за изградба на пречистителната станица и по локалните избори ќе вложи големи напори заедно со Градот Скопје да отпочне со реализација на овој проект. Воздухот во Скопје, Тетово, Битола... е најзагаден во Европа. Последиците од тоа се катастрофални по здравјето на сите граѓани. На тоа се будиме само кога ќе дојде зимскиот период и кога загаденоста се мери во енормни проценти. И сé си продолжува по старо. Од презатрупаноста со градби, увоз на стари автомобили, сомнително загревање на домовите... n Загадувањето на воздухот во урбаните средини особено во овие


градови е огромен проблем. Причините се познати, а тие се наоѓаат во греењето со фосилни горива, во сообраќајот, особено поради увоз на голем број стари возила, поради нехуманата и неодржливата градба и уништувањето на зеленилото, индустриското загадување и загадувањето од градежните објекти. Потребни се низа долгорочни, среднорочни и краткорочни мерки и активности за намалување на аерозагадувањето. Владата заедно со општините и Градот Скопје ќе преземе активности за гасификација, стимулирање на намалување на греење на дрва и на јаглен, изградба на подземни сообраќајници, усвојување на регулатива која ќе го спречи нехуманото градење и масовното уништување на зеленилото. Сте биле пратеник, градоначалник, на Кисела Вода 1994-1998, министер за животна средина и просторно планирање 2004-2006. Дали тие политички, но и оперативни улоги оставија позитивен белег или само горчина дека сте се труделе и обиделе, но без трајни резултати? n Максимално се трудев да работам во интерес на граѓаните и мислам дека оставив забележлива трага на моето делување. Голем дел на граѓани ми приоѓаат често и ми нагласуваат дека паметат она што сум го направил како пратеник, градоначалник и министер. Па дури и нивните деца кои тогаш биле мали ми приоѓаат на ист начин поради тоа што нивните родители им го кажувале. Веројатно звучи нескромоно, но тоа е вистина,

Јас сум цел живот во Аеродром каде живеете и Вие. Во еден реон, стар Аеродром, во последните години забрзано се гради нов град „касарна“ со нови преку 25 000 жители од кои повеќе од 70 % ќе бидат доселеници од внатрешноста. Последиците од тој урбан хаос наскоро ќе се осетат. Како натаму. Има ли крај на ова безредие во кое градоначалникот гледа на „единствена можност за собирање пари за фонтани, асфалтирање на улици, финансирање на спортски клуб“ и сл... И јас живеам од 1985 година во Аеродром. Во Аеродром се донесени катастрофални детални урбанистички планови кои овозможија прекумерна и нехумана градба и уништување на зеленилото, спречување на циркулација на воздухот и низа други проблеми. Населувањето на нови жители во новите 44 десетокатници, а се планираат и нови доведе до недостаок на паркинг-места и вистински метеж во сообраќајот со еден збор вистински хаос што го претвори Аеродром во неподнослива општина за живеење. Последиците од ова не можат да се отстранат и тие се трајни. Но мора да се спречи натамошна хаотична градба, мора да се пристапи кон изградба на паркинг-места, проширување на улици, како и изградба на подземни сообраќајници, што ќе доведе до попроточен сообраќај, како и до масовно подигање на зелени површини и масовно садење на зимзелени и листопадни дрва. Со ова само делумно ќе се ублажи проблемот, а инаку да повторам последиците се трајни. на многу граѓани сум им помогал никому не сум одмогнал. Немам ниту една дамка во мојата кариера, дури ниту пријава за сообраќаен или каков било друг прекршок. Сигурно гледано од денешна перспектива и со поголемо искуство согледувам дека сум можел и уште подобро некои работи да ги направам. Го следите ли списанието и порталот Порта 3 и ќе може ли да сметаме на оперативна соработка, во информирањето на стручната фела, но и пошироко, со идните предизвици што се и наша преокупација? n Да, подолго време не само што го следам туку и редовно и детално го читам вашето ценето списание кое има мошне корисни содржини од областа на екологијата, одржливиот развој, архитектурата и дизајнот, градежништвото, просторното планирање и многу други корисни и интересни содржини. Како и досега можете да сметате на целосна поддршка и соработка од моја страна како и пошироко од целата засегната стручна фела и пошироката јавност.

ПОРТА


eксперт

АРХИТЕКТУРАТА НА СЕДМИОТ КРУГ НА ПЕКОЛОТ(2)

Три папи и една кралица Катедралата во Линколн, Палата Медичи, куполата на Санта Мариа дел Фиоре, реконструкцијата на комплескот Сан Марко во Фиренца, се само дел од ремек делата на архитектурата на средниот век и ренесансата коишто можеби не ќе се реализирале до колку не постоел конфликотот помеѓу потребата од материјални средства (капитал) и религизоното верување дека лихврството не е христијански, а којшто резултирал во исклучителната „архитектурата на седмиот круг на пеколот“. д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ (Aнглија), дипл. инж. арх. Појдовниот текст за архитектурата на седмиот круг на пеколот укажа на познатиот конфликт помеѓу реалната потребата од материјални средства (капитал) во рамките на едно општество од една страна и на религизоното верување дека лихварството не е христијански од друга страна. Според ова верување, кое било и/или се уште е застапено во повеќе религии, позајмувањето на пари за лихва не е морално и како резултат на тоа, лихварите ја излагаат својата душа на голем ризик. Тие, односно нивната душа, по смртта ќе завршат во последниот, третиот, прстен на седмиот круг на пеколот посветен на оноие коишто биле против господа, уметноста и природата, а коишто се сместени вечно во големата рамнина на врел песок и постоено изгорувани од „снегулките“ на оган коишто споро паѓаат од небото. Како резултат на ваквиот проблем во средновековна Англија со кралска повелба било дозволено да се насели еврејска заедница која ќе ги врши овие банкарски услуги за позајмување на пари, а преку коишто чин се заштитиле и душите на христијаните од вршење на дејност која е спротивна на нивните релизгиозни ветувања. Оргинално еврејската заедница дошла од Руен во Франција во времето на норманското освојување на Англија предводено од Вилијам Освојувачот (William 46

ПОРТА

29 септември 2017

Палатата Медичи (Palazzo Medichi) во Фиренца


MAРОКО

03.10.2017 авионски аранжман

650 €

ТИ О

+389 2 32 32 234

the Conqueror) кое отпочнало во 1066 година, а со цел тие да помогнат во собирањето на даноци за кралот во пари, а не во натура. Од тука тие по прв пат официјално се споменуваат во 1070 година. Нешто подоцна, Кралот Хенри Први (Henry I of England) кој владеел во периодот од 1100 до 1135 година, во локалните закони го вовел континенталниот принцип дека евреите и нивните имоти се сопственост на кралот. Се чини дека ваквиот пристап со Евреите во функција на банкари функционирал во ред, веројатно се до оној момент кога позајмувачите, веројатно особено оние поголемите, се соочиле со „проблемот“ дека позајмените пари еден ден ќе треба да се вратат со камата. Ова е веројатно една од причините која што довеле со состојба во која Евреите не секогаш биле соодветно третирани и покрај тоа што како директна сопственост на кралот ја уживале, барем теоретски, неговата заштита. Тие понекогаш биле прогонувани, па дури и подложени на масакри или масовни егзекуции во најверојатно монтирани

Куполата на Катедрланата црква во Фиренца, Санта Мариа дел Фиоре (Santa Maria del Fiore

обвиненија и наместени судски процеси се до нивното официјално протерување од земјата со Едиктот за протерување на Кралот Едвард Први во 1290 година (The Edict of Expulsion, King Edward I, 1290). По ова дури за време на владеењето на Оливер Кромвел (Oliver Cromwell) во 1656 година било дозволено формирање на еврејска заедница. За време на својот престој во Англија (1070 – 1290) еврејската заедница преку вршењето на банкарските услуги најмалку индиректно придонела во реализацијата на бројни капитални сакрални и профани објекти коишто во отсуство на можност за позајмување на пари веројатно не ќе се реализирале, и барем особено не во нивниот обем и квалитет. Протерувањето на евреите од Англија било проследено со прогонување на оваа заедница и од други земји на Европа, и тоа во голема мерка како последица на крстонсоните војни од тој период. Се разбира со прогонот на Евреите од Европа се појавил проблем во однос на тоа

ПОРТА

И ЛО И П И СТ


Првата јавна библиотека во Фиренца, Сан Марко (San Marco)

кој ќе ја преземе нивната улога на банкари без да се загрози душата на христијаните коишто ќе се занимаваат со ова дејност. Се чини дека еден од најдобрите одоговори на ова прашање произлегол во Италија во ренесансниот период во олицетворение на прочуеното семејство Медичи (Medici) коешто оставило траен белег на овој историски период, а од чиишто редови произлегле дури три папи и една кралица на Франција. Семејството Медичи основале Банка Медичи (Medici Bank) во Фиренца, Италија која функционирала во периодот од 1397 до 1494 година. Во времето на својот зенит се смета дека оваа банка била и најголемата и

најреномираната во Европа, а коешто во тој период го направила Семејството Медичи да биде најбогатото семејство во Европа. Банката Медичи го доживеала својот најголем подем во времето на управувањето со банката од страна на Косимо ди Џовани де Медичи (Cosimo di Giovanni de’ Medici) во почетокот на XV-от век. Косимо се смета за основач на

политичката династија на Медичи и за, ефективно, господар на Фиренца за поголемиот период од италијанската ренесанса, а којшто постхумно бил прогласен за татко на нацијата. Со оглед на тоа дека бил банкар и дека неговиот приход бил резултат на позајмување на пари за лихва тој христијанското спасување на својата душа по смртта го гледал преку неговото несебично спонзорирање на културата и уметноста во времето на ренесансата, а коешто дало голем придонес во културното и уметничкото збогатување на Фиренца. Во овој контекст Космо го ангажирал младиот и надежен архитект и скулптор Микелоцо ди Бартоломео

Објектот Сан Марко е декориран со фрески од Фра Анџелико (Fra Angelico) 48

ПОРТА

29 септември 2017


Микелоци (Michelozzo di Bartolomeo Michelozzi) којшто работел како архитект за семејството Медичи во период од околу 40 години како резултат на што се смета како основоположник на ренесансната фиренциска палата. Секако како најмаркантен објект од овој вид се смета Палатата Медичи (Palazzo Medichi) изградена во периодот помеѓу 1444 и 1484 година. Инспирирана од класичната римска архитектура и принципите на Брунелски се смета дека Палатата Медичи е олицетворение на ренесансниот дух карактериризиран со рационалност, ред и примена на класицизам во човечка мерка. Камената фасада на објектот јасно е дефинирана со два силно изразени хоризонтални венци коишто јасно го одбележуваат преминот од еден на друг кат. Комбинацијата на катови коишто се намалуваат во височина од приземјето нагоре и кај кои обработката на камената фасада која од најристична на приземјето се искачува кон по рафинирана на погорните катови овозможува овиј масивен објект да се чувствува полесен како нашиот поглед од од приземјето кон кровниот

венец на објектот. Надворешната масивност на палатата е спротивставена на релативната леснотија на внатрешноста на објектот доминирана од внатрешниот атриум опкружен со колонада инспириран од манастирските дворови. Преку овој пристап семејството Медичи добило масивна палата која е одраз на нивната моќ, но со релативно скромна надворешна фасада која не ја отсликува моќта на семејството, која повеќе е видлива во внатрешноста на објектот. Во рамката на палатата се наоѓа и Капелата Маги (Magi Chapel) позната спред фреските на Беноцо Гоцоли (Benozzo Gozzoli) завршена во 1459 година, а во која се налсикани портрети на семесјтвото Медичи како патуваат низ Тоскана по угледот на библиското патување на трите мудри старци. Веројатно како врвен гест на спонзорство на Космо се смета она кое овозможило на архитектот Филипо Брунелски (Filippo Brunelleschi) да ја заврши куполата на Катедрланата црква во Фиренца, Санта Мариа дел Фиоре (Santa Maria del Fiore). Во доменот на профаната архитектура Космо го дал својот придонес и преку

Внатрешноста на Палатата Медичи

спонсорството на првата јавна библиотека во Фиренца, Сан Марко (San Marco), која се наоѓа во истоимениот комплекс реконструиран од страна на архитектот Микелоци во периодот од околу 1437 до 1444 година. Самата библиотека се наоѓа во рамките на самостанот којшто е составен дел на комплекост заедно со црквата. При ова во рамките на самостанот била изградена посебна монашка ќелија за Косимо. Објектот е декориран со фрески од Фра Анџелико (Fra Angelico), Боноцо Беноци и други. Катедралата во Линколн, Палата Медичи, куполата на Санта Мариа дел Фиоре, реконструкцијата на комплескот Сан Марко во Фиренца, се само дел од ремек делата на архитектурата на средниот век и ренесансата коишто можеби не ќе се реализирале до колку не постоел конфликотот помеѓу потребата од материјални средства (капитал) и религизоното верување дека лихврството не е христијански, а којшто резултирал во исклучителната „архитектурата на седмиот круг на пеколот“. (Продолжува)

ПОРТА

49


www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

ПОРТА


ПОРТА


Tikkurila BioRid

- ФУНКЦИОНАЛЕН ПРЕМАЗ ЗА ЗАШТИТА И ОТСТРАНУВАЊЕ НА ВЛАГА И МУВЛА

М

ногу чест проблем со кој се сретнуваме во последно време е појавата на влага и мувла во домовите и работниот простор како резултат на кондензацијата предизвикана од големите температурни разлики на ова поднебје. Третирањето на ѕидовите, плафоните и останатите градежни елементи е очигледно најлесниот начин да се избегне контаминација со мувла и површините да се одржат во сува состојба.

ПОРТА

BioRid е функционален премаз, односно боја на база на вода за отстранување на влагата и одржување на површините во сува состојба. Заштитата од мувла се базира на физички процес кој се одвива во микропорите во самата боја. Премазот привремено ја акумулира водата во текот на периодот на кондензација, а кога температурата на површината е над точката на росење, влагата испарува во атмосферата. Овој процес на испарување се одвива на ефикасен начин во споредба со рамна површина поради технологијата на матрицата на микропорите. На пример, еден метар квадратен BioRid со дебелина од околу 1 mm претставува


зголемување на релативната површина од скоро 12.000 пати, т.е. приближно големина на два фудбалски терена. Поради тоа водата испарува побрзо, а бојадисаната површина останува сува. BioRid е посебно погоден за нови и претходно обоени површини во услови во кои е потребна заштита на филмот на бојата од контаминација со мувла, како што се просториите во кои се живее, бањи, кујни, подруми, паркинг-гаражи, простории во индустријата за прехранбени производи, пивници, винарии, магацини и фарми кои се занимаваат со сточарство и земјоделство.

BioRid системот се состои од 3 производи: 1. BioWash - детергент за миење и отстранување на мувлата и алгите 2. ProSeal - основен транспарентен премаз за порозни и апсорбирачки површини пред нанесување на BioRid 3. BioRid - функционален премаз за заштита од мувла и влага

Tikkurila BioRid во Германија доби „Хигиенски сертификат“, одобрен е од страна на Сојузното здружение на инспектори за прехранбени производи на Германија (BVLK).

ПОРТА


ентериер

ШТО МОЖЕМЕ НИЕ, НЕ МОЖАТ БАШ СИТЕ

Д

баш сите.

54

ПОРТА

29 септември 2017

а се добие успешен проект и реализација потребни се многу елементи со јасно поставена цел, а таа е - што можат други можеме и ние, а што можеме ние не можат

По барање на Инвеститорот да се размислува за идеи како дел од глобалната слика за БИ ХОЛДИНГ компанијата, од арх. Лина Радовановиќ се бараше да се добие простор, кој издржува посебна надмоќ со потреба за достигнување на највисоки цели.


Ентериерот треба да поседува силен натпреварувачки дух, па дури и во битка самиот со себе. Сите елементи во просторот освен столиците, се проектирани и изведени во нулта серија за млад успешен претприемач. Тоа бараше

одлучност и посветеност да се биде доследен и да се дејствува во позитивна атмосфера. Применетиот концепт станува дел од глобалната слика за БИ ХОЛДИНГ во кој лимитите ќе се поместуваат со растот на холдингот.

29 септември 2017

ПОРТА

55


eнтериер

Современ функционален стан со

Изработил: Проектантски тим на БИРОПРОЕКТ, Скопје Фото: Костадин КАЛОШЕВ

56

П ПОРТА

редмет на работа во овој ентериер беше стан за домување на една млада личност. Станува збор за студио, коешто зафаќа површина од 34 м2, а се наоѓа во објект од 29 септември 2017

ниска станбена структура во населба Лисиче во Скопје. Концептот се формираше пред сé според желбите на инвестирот, кој сакаше современ стан со голема


eнтериер

уникатен и разигран амбиент

функционалност и леснотија во изборот на материјалите. Имено, водејќи се според новите трендови за внатрешно уредување, добивме простор кој без

преградувања одговара на своите барања. Во станот постои мал претпростор, кој е дел од дневната соба, потоа екстровертна кујна, бања и една спална соба, која исто така е делумно 29 септември 2017

ПОРТА

57


преградена со мебел. Овде постои можност за ротација на телевизорот како би се користел наизменично по потреба во двете простории. Употребувајќи го минимализмот и современиот пристап во дизајнирањето на мебел добивме уникатен и разигран амбиент со одредени елементи во попартистички манир, кој мошне се вклопува во динамичната природа на сопственикот на станбениот простор. Изведбата на целокупниот мебел беше предвидена од oплеменета иверка во бела и жолта боја во комбинација со метални сегменти во црна боја.

ПОРТА


ПОРТА


екологија

„БАДУ“ ВО ПОРТА ВЛАЕ, РЕВОЛУЦИОНЕРИ ВО РЕЦИКЛИРАЊЕ

Не можеме да го промениме светот, но можеме да се обидеме

Зелената приказна започнува со желбата сопствениците Оливер Тодоровски, Драган Димовски и Владимир Пешков да заштедат при уредувањето на внатрешниот и надворешниот дел на „Баду“, а подоцна продолжува со голем ентузијазам за рециклирање и реупотреба на материјали и конечно во традиција и заштитен знак на едно екокафуле во рамките на можностите во Скопје. 60

ПОРТА

29 септември 2017


ентериер

Орстад колеџ

Соња ТАНЕВСКА

З

елената боја е одлика на познатата пејачка Ерика Баду по која е наречено и скопското кафуле „Баду“ во Порта Влае, а во нејзино име е и заштитната боја на ентериерот на ова кафуле, како и зелените еколошки активности на сопствениците Оливер Тодоровски, Драган Димовски и Владимир Пешков. Зелената приказна започнува со желбата на овие млади луѓе да заштедат при уредувањето на внатрешниот и надворешниот дел на „Баду“, а подоцна продолжува со голем ентузијазам за рециклирање и реупотреба на материјали и конечно преминува во традиција и заштитен знак на едно екокафуле во рамки на можностите во Скопје. СТЕ ПОМИСЛИЛЕ ЛИ ДЕКА НЕКОГАШ КАДАТА МОЖЕ ДА БИДЕ УДОБЕН ДВОСЕД? Сопствениците за таа цел првично употребиле дрвени палети наместо столици, секако со обработка, обликување и фарбање. Споредбено, преработката на еден ваков двосед чини колку цената на

две просечни столици во салоните за мебел. На сличен начин се изработени и сандаците коишто во моментов се масички и му даваат уникатен изглед на кафулето. Според нив на овој начин и гостите се чувствуваат поудобно, а атмосферата е

поопуштена. Секако за време на дружењето главниот фокус е на муабетот, но ентериерот создава атмосфера што треба да го овозможи тоа. Во внатрешниот дел двоседите се заменети со обработени кади за во бања, 29 септември 2017

ПОРТА

61


полици од рециклирани штици, уникатни лустери и прекрасно рачно изработени колажи поставени на ѕидовите. Полиците ги красат и уникатни старински украси, часовници и сл. ПОЗИТИВЕН ПРИМЕР ЗА ГОСТИТЕ, СОСЕДИТЕ И ДРУГИТЕ КАФУЛИЊА Според сопствениците, идејата е одлично прифатена од гостите и најчесто коментарите се дека никогаш не би им текнало дека од некој предмет што го имаат во визбата или во гаражата, може да направат корисни предмети што ќе се употребуваат уште многу години. Исто така една од најинтересните реакции е на дистрибутерите на пијалаци кои ги забележале лустерите изработени од празни стаклени шишиња од пијалаци и од лименки. Многу често, гостите и соседите коишто живеат или работат во околината на „Баду“ веќе ги применуваат искуствата во рециклирањето на материјали во нивните домови или во работниот простор. Кафулето позитивно влијаеше и врз голем број кафулиња во градот, пред сè затоа што овозможува креативност и уникатност во внатрешниот и надворешниот начин на уредување на објектите. И можеби сè изгледа едноставно, но сепак според сопствениците треба голема посветеност и енергија како и постојано надоградување. Сепак резултатите од практичен и од еколошки аспект се најголема награда, 62

ПОРТА

29 септември 2017


покрај бројните награди добиени од Градот Скопје и од „Пакомак“. ПАКОМАК ПОМАГА ВО СЕЛЕКЦИЈАТА НА ОТПАДОТ Во оваа дејност еден од покомплицираните проблеми е одложувањето на отпадот, бидејќи одговорните компании за оваа намена сè

уште не нудат соодветни услови за селекција. Во пресрет на сопствениците на „Баду“ излегува Пакомак, па се организира селекција на стакло, што некогаш достигнува и количина од 100 килограми, што во вообичаени услови би било сложено да се транспортира до депониите. Во кафулето не се користи пластична амбалажа, ниту сокови во

шишиња, туку се послужуваат единствено сокови од свежо цедени овошја. Сопствениците во иднина очекуваат промена на некои законски регулативи кои би овозможиле полесно функционирање на кафулињата, со што почесто би биле поздравени еколошките идеи. Според нив ние не можеме целосно да го смениме светот, но можеме да се обидеме.

ПОРТА


Лебот како мотив за совршени светилки Јапонската дизајнерка Yukiko Morita преобразува вистински леб во функционални светилки, кои неодамна беа презентирани на изложбата Maison & Objet 2017 во Париз

64

ПОРТА

29 септември 2017

Подготви: Дејан БУЃЕВАЦ

Н

а неодамна одржаната изложба за домашни декорации - Maison & Objet 2017 во Париз (од 8 до 12 септември), која инаку е една од водечките манифестации од овој вид во светот, јапонската уметница Yukiko Morita го претстави својот најнов иновативен производ Pampshade рачно изработени светилки направени од вистински леб. Оваа уметница била пекарка, па затоа нејзината љубов кон лебот била мотив за започнување на овој проект. Инаку, за реализација на овие необични светилки, таа користи брашно, сол, квасец, LED светла и батерија, а сето тоа е обложено со слој од смола за да „печивата“ не се расипат. Производите на Morita се забележани после Tokyo Design Week, каде што таа првпат го претставила својот дизајн и оттогаш ја развила целата колекција Pampshade, која сега има седум различни светилки од леб и други печива, информира Designboom.


арт и дизајн

Производството на секоја светилка почнува со вообичаено печење леб, потоа дизајнерката максимално ја „чисти“ неговата внатрешност до кората, а потоа обликот го

премачкува со смола и го дотерува. Во зависност од обликот и текстурата на светилката, во неа се поставува електрично коло и сијалица.

Morita своето дело го доработувала долго време, така што направила 300 прототипи за да дојде до совршениот производ Pampshade.

29 септември 2017

ПОРТА

65


ПАРКИНГ СИСТЕМИ адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467 e-mail: izgradba@gmail.com www.parkingsistemi.com.mk www.facebook.com/izgradba

ПОРТА


ПОРТА



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.