211issuu

Page 1

„ „Во синило те намамив

90 денари / БРОЈ 211 / ПЕТОК 30.08.2013 година IX

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

Новиот клинички центар „ „Мајка Тереза можности и предизвици ТОМАС ГИЗЕЛИНИ:

Архитектурата мора да е лирична во суштината


ПОЛИЕТИЛЕНСКИ И ПОЛИПРОПИЛЕНСКИ - ВОДОВОДНИ СИСТЕМИ - ГАСОВОДНИ СИСТЕМИ - KAНАЛИЗАЦИСKИ СИСТЕМИ ИНОВАТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА ПО СИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ СТАНДАРДИ

Tel: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hidroplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA


ГОДИНА IX

БРОЈ 211 ПЕТОК 30.08.2013 Редакција:

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, И во овој број на „Порта 3“ отстапуваме простор на иднината на македонската архитектура - студентите што добиваат награди на различни меѓународни натпревари. Овој пат станува збор за Меѓународниот конкурс „Јавен простор за урбани уметности“, кој го објави Опенгап (Opеngap), шпанска интернетплатформа за соработка на полето на архитектурата. Целта беше да се дојде до иновативни и современи предлози за еден нов вид на јавен простор. Проектот на македонските студенти е меѓу осумте најдобри. Новата библиотека во австралиското училиште Candlebark, дизајнирана од архитектот Paul Haar од Мелбурн, е добитник на големата награда на Австралија за дизајн од дрво во минатата година. Училиштето Candlebark се наоѓа на источниот дел од областа Macedon Ranges, во близина на Мелбурн. Во прашање е територија на која се чести појавите на шумски пожари, па затоа новата библиотека е изградена за две главни намени: првата е да служи како библиотека за потребите на училиштето, а втората е во функција како последно прибежиште од шумски пожари.

ОД РЕДАКЦИЈАТА

главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

Насловна страница: КУЌА „БЕЛА ПЕШТЕРА“ КАНАЗАВА, ЈАПОНИЈА „ „Во синило те намамив

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

90 денари / БРОЈ 211 / ПЕТОК 30.08.2013 година IX

Италијанскиот архитект Томас Гизелини претставува еден вистински оптимистички пример во денешнава кризна Европа. Овој млад професор на Архитектонскиот факултет „Бјаџо Росети“ во Ферара, е веќе афирмиран автор на неколку позначајни градби и објекти, и е добитник на престижната награда на Premio Fondazione Renzo Piano 2013, како и на наградата за најдобра медитеранска архитектура Premio MEA 2013. Неговите дела се публикуваат не само во Италија, туку и пошироко. Во овој број на „Порта 3“ имаме можност да продискутираме и да се запознаеме со неговaтa работа, но и воопшто за актуелната архитектонска состојба во Италија. Одејќи по трагите на една вест, промоцијата на проектот на новиот Универзитетски клинички центар „Мајка Тереза“, нашиот автор од Велика Британија, Владимир Ладински се задржува на него, посебно на можностите што ги нуди, но и предизвиците пред кои се исправени сите оние што ќе учествуваат во реализација. Оттука и неговата констатација дека: Со оглед на тоа што ваков капитален објект се гради еднаш на неколку генерации, пожелно е да се гледа колку е можно повеќе за задоволување на идните потреби.

Новиот клинички центар „ „Мајка Тереза можности и предизвици ТОМАС ГИЗЕЛИНИ:

Архитектурата мора да е лирична во суштината

ГРАДЕЖНИШТВО 10

14

ТОМАС ГИЗЕЛИНИ: АРХИТЕКТУРАТА МОРА ДА Е ЛИРИЧНА ВО СУШТИНАТА

ДРВНА АРХИТЕКТУРА 25

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk

Маркетинг:

ЕКСПЕРТ 38

НОВИОТ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР „МАЈКА ТЕРЕЗА“ МОЖНОСТИ И ПРЕДИЗВИЦИ

25 60

ТЕХНОЛОГИИ 42 ПОМАЛКУ ХАРТИЈА, ПОВЕЌЕ ТЕХНОЛОГИЈА

ХОРТИКУЛТУРА 50

biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796 ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485 Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

ЕДНОСТАВНОСТ И ЕЛЕГАНЦИЈА

ВО СИНИЛО ТЕ НАМАМИВ

Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 9, 1000 Скопје

Печати:

УЧИЛИШНА БИБЛИОТЕКА И ПРИБЕЖИШТЕ ОД ПОЖАРИ

ДИЗАЈН 60

фоторепортер: Кире ПОПОВ

Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседател проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл.град.инж. Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх. Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. проф. д-р Катерина ДОНЕВСКА дипл.град.инж.

НЕОПХОДЕН УСЛОВ ЗА СИГУРНО ПРОЕКТИРАЊЕ ВО СЕИЗМИЧКИ АКТИВНИ ПОДРАЧЈА

ИНТЕРВЈУ 14

графички уредник: Дејан ДАВИТКОВ

лектор: Костадинка СОЛЕВА

Архитект: ТАКУРА ЈАМАМОТО

06

СКОПЈЕ 06

ЛУКСУЗЕН КОМПЛЕКС СО ГОЛЕМИ МОЖНОСТИ

надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ПЕТРОВ (ИТАЛИЈА) Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Анастасија НИКОЛОВСКА Андреа ЈАМАКОСКА Билјана САВИЌ Бојана ФИЛИПОВИЌ Биљана СТОЈАНОВИЌ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (AНГЛИЈА) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Ивана ГРУПЧЕ Кате АНТЕВСКА Михаил ТОКАРЕВ Сандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВА Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ Франческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)

42

Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.


www.kingspan.com

инфо

Објект: Verizon building Архитект: Baskervill and Sons Локација: Roanoke, VA, USA Користени роизводи: Designwall™ 2000R (Ribbed) Designwall™ 2000

Предизвици

Решенија

Плановите за реновирање на зградата Веризон, лоцирана во центарот на Роанок (Roanoke), Вирџинија, предвидуваа отстранување на мермерот од првобитната конструкција на објектот и вградување нова носечка конструкција. Проектот понатаму дополнително се усложни поради ограничениот пристап до објектот поради неговата централна местоположба и недостатокот од складишен простор на локацијата. „Kingspan Benchmark“ работеа во соработка со инсталаторот ADG, кои беа одговорни за тимот за технички услуги на Kingspan да може да одржи семинар за обука за инсталација во работилницата на ADG, со цел да се обезбеди соодветна обука за сите кои работеа на проектот. Тимот за технички услуги и раководителот на продажба повеќе пати ја посетија локацијата за да понудат помош и да дадат свои предлози при процесот на изградба.

www.kingspan.mk 4

3

ПОРТА

30 август 2013

тел: +389 75 80 77 00


инфо

фиЛип УрШпрУнГ: УчеЊе оД скопје

Утопии од минатото или модел за иднината? Професорот по историја на уметност и архитектура на Универзитетот ЕТХ во Цирих, Филип Уршпрунг, на почетокот на септември пред архитектите и студентите по архитектура во Скопје ќе зборува за „Градот како одржлива средина: Урбани, културолошки и технолошки агенди 1963-2013“

З

а време на рецесијата, која ги зафати индустриските држави во 70-тите, Роберт Вентури ги одведе своите студенти во Лас Вегас. Познатата книга „Учење од Лас Вегас“ е резултат на нивната средба со суровата природа и убавина на дерегулираниот капитализам. Професорот Уршпрунг во најавата за доаѓањето во Скопје вели: „Во 2010 година, кратко по почетокот на светската финансиска криза, јас ги одведов своите студенти во Скопје. Патувањето во Скопје беше воедно патување во минатото, сегашноста и иднината. На никое друго место не може да се видат толку многу висококвалитетни објекти од 60-тите и 70-тите блиску една до друга. На никое друго место архитектурата, урбанизмот, уметноста и дизајнот се немаат соединето и прераснато во мешавина од јапонскиот метаболизам, западниот модернизам и локалните специфичности како овде“. Според него, „Во Скопје нишките на историјата се врзале во јазол кој е скоро невозможно да се разврзе сè до денес. Овде, во екот на Студената војна, додека Соединетите Американски Држави и Советскиот Сојуз се препираа околу Кубанската воена криза, Обединетите нации изградија нов град. Град во неврзаната Југославија, уништен од земјотрес и претворен во терен за тестирање на сценарија за пост-студената војна. Урбанистичиот план за Скопје и реализираните објекти раскажуваат за идеалите на прогрес и архитектонска автономија, како и за планирање кое е насочено и дизајнирано за благосостојбата на секој субјект“. Оттука и прашањата на кои се бара одговор. Што можеме да научиме од Скопје? Како влијае реизградбата на Скопје на нашите идеи за планирање, одржлив развој, културолошка размена, архитектонска автономија и улогата на локалните специфичности? Дали Скопје е споменик на утопиите од минатото или пак модел за иднината“?

фиЛип УрШпрУнГ?

Филип Уршпрунг (Philip Ursprung), роден во Балтимор МД, во 1963 година, е професор по историја на уметност и архитектура на Универзитетот ЕТХ во Цирих. Има студирано историја на уметност, историја и германска литература во Женева, Виена и на Слободниот универзитет Берлин, каде ја има напишано својата докторска дисертација. Има предавано на Универзитетот во Женева, Универзитетот за уметности во Берлин, Универзитетот во Цирих, Универзитетот Колумбија во Њујорк на одделот за архитектура, како и Институтот за архитектура во Барселона. Филип Уршпрунг бил куратор во Канадскиот центар за архитектура во Монтреал на изложбата „Херцог и де-Мерон: Археологија на Умот“ и го има уредувано каталогот „Херцог и де-Мерон: Природна историја“ (2002). Тој е дел од изложбата насловена „Дупли економии: Читање на фотографски архив од ДДР“ (2012), како и соработник на изложбата „Ре-осетување на просторот“ во Кралската академија во Лондон (2014). Уршпрунг е носител на истражувачкиот проект „Конфликтни идентитети: Политики на репрезентација и контра-култура во Југославија за време на Студената војна“, спонзориран од швајцарскиот Национален научен фонд, почнувајќи од 2013 година. Има свој придонес во воведот на книгата „Студио Олафур Елијасон: Енциклопедија“ (2008), уредник е на книгата „Карузо Св. Јован: скоро сè“ (2008) и автор на книгата „Современа уметност: 1960 до денес“ (2010). Неговата најнова книга „Алан Капров, Роберт Смитсон и границите на уметноста“ е издадена во 2013 година од издавачката куќа Универзитет Калифорнија прес.

3

30 август 2013 ПОРТА

5


скопје

"Capitol Mall & Rezidence" се отвора наскоро

Луксузен комплекс со

Објектот зафаќа површина од 33.500 квадратни метри и има четири нивоа трговски центар, но и исто толку ката резиденцијален дел. Шопинг центарот е организиран на површина од 12 илјади квадратни метри, поделен на приземје и три ката во кои има 62 продавници. Станбениот дел е организиран на површина од осум илјади квадратни метри, а 72 апартмани се распоредени на четири ката. Катерина Спасовска-Трпковска

Н

ов, модерен, луксузен трговски центар за неколку дена ќе биде новата скопска шопинг дестинација. Станува збор за ТЦ „Сити мол резиденс“, објект кој се наоѓа во општина Аеродром спроти познатиот ТЦ „Бисер“, а чие отворање инвеститорот „Сити плаза“ најавува дека ќе се случи наскоро. Објектот зафаќа површина од 33.500 квадратни метри и има четири нивоа трговски центар,

6

3

ПОРТА

30 август 2013

но и исто толку ката резиденцијален дел. Љубителите на шопингот треба да одвојат неколку часа за да ја проверат понудата на новите модели од познатите светски брендови. Шопинг центарот е организиран на површина од 12 илјади квадратни метри, поделен на приземје и три ката во кои има 62 продавници. На приземјето ќе биде сместен супермаркетот Рамстор со новиот концепт, ќе има оптика, аптека, златара и парфимерија, телекомуникациска

опрема, но и уникатни кафетерии за комплетно уживање. Првиот кат ќе биде резервиран за трговски единици во кои ќе бидат застапени познати модни брендови. На вториот кат планирано е да има и фитнес центар за станарите со посебен директен пристап преку посебни лифтови, но и пристап за сите останати посетители на трговскиот центар. Третиот кат е резервиран за забава и рекреација во кој најмалите посетитли ќе можат да уживаат во неограничените можности


скопје

големи можности

кои ќе ги нуди игротеката на површина од 1.000 м2 во неколкуте ресторани од каде се ужива во погледот на Скопје. Кај делот за домување, пак, јасен е секој дел и посебно е впечатлив. Станбениот дел е организиран на површина од осум илјади квадратни метри, а 72 апартмани се распоредени на четири ката. Има 16 различни типови на станови, а сите тие се со сопствен систем за греење и ладење. Со комерцијалниот дел, становите се поврзани со посебни елеватори.

Што се однесува до изградбата и финалниот производ, од компанијата „Сити плаза“ велат дека е користена најнова технологија. Фасадата е од термостабилни фасадни панели кои се поставени на метални профили, а стаклата се полнети со аргон и панели од гранит во атрумскиот дел на фасада. Современиот систем за ладење и греење, адекватната фасадна изолација и соодветните покривни решенија имаат за цел максимална заштеда на енергија, објаснуваат од „Сити плаза“. Во внатрешната

декорација е користен мермер, гранит и керамика како подни облоги. Стаклото е користено за поголем продор на дневна светлина, а исто така и носечките столбови се опшиени со стакло. Во гастрономскиот дел таванот е од дрво, а централно се поставени ескалатори со стакло со што се добива дополнителна пријатна светлина. На три нивоа под земја ќе се наоѓа паркинг просторот со вкупен број од 450 паркинг места, со посебен и единствен пристап за станарите во резиденцијалниот дел.

3

30 август 2013 ПОРТА

7


региони

Штип

Kамено корито за реката Отиња Крај на едногодишната агонија во која настрада коритото на река Отиња, и наместо да биде уредено согласно проектот, се претвори во неуредена и грда слика за Штип. Откако и двете средби со изведувачот од Бугарија не дадоа резултат, договорот на средината на мај годинава беше раскинат, а сета активност околу уредувањето на центарот на Штип ја презеде локалната самоуправа и јавните претпријатија.

Р

аскинувањето на договорот со бугарската фирма „Кибилд“, која во април лани го доби тендерот за уредување на централното градско подрачје во Штип, имаше два ефекта врз градот. И тоа позитивни. Стави крај на едногодишната агонија во која настрада коритото на река Отиња и наместо да биде уредено согласно проектот, се претвори во неуредена и грда слика за Штип. Од друга страна, тоа значеше и крај на долгото убедување помеѓу локалната самоуправа, крај на десетината шанси да се почне од почеток или пак да се продолжи, и пред сè, крај на повлекувањето средства од меѓународниот кредит од Светска банка во висина од два милиони евра. Заради ова, новиот градоначалник, Илчо Захариев беше на крстопат: како проектот да продолжи и дали тоа ќе има нови финансиски импликации за општината. Откако и двете средби

8

3

ПОРТА

30 август 2013

со изведувачот од Бугарија не дадоа резултат, договорот на средината на мај годинава беше раскинат. Одлуката беше тешка, но опасноста од меѓународните обврски за враќање на кредитот, во услови кога Штип и јавните претпријатија веќе плаќаат рати од друг кредит, беше основен мотив да се затворат вентилите. Општината најави расчистување на обврските кон „Кибилд“ и Светската банка со цел елиминирање на понатамошни долгови, а сета активност околу уредувањето на центарот на Штип ја презеде локалната самоуправа и јавните претпријатија. Па така, на крајот на јуни, ЈП „Штип-Проект“ и „Стипион“ започнаа со активности за уредување на коритото на Отиња. Проектот беше модифициран во рамките на оригиналниот проект, а како тест или пилот активност беше избрана позицијата од камениот мост до новиот мост во должина од 150 метри. Градежната оператива започна со уредување на овој дел, за да се види како

Драган Ристов

би изгледало коритото, а со самото тоа, да се охрабрат и граѓаните дека Општината е сериозна во намерата да го заврши проектот. Согласно нацртите, коритото на Отиња ќе биде со широчина од четири метри, средниот слој 14 метри, а крајните слоеви покрај ѕидовите со широчина од три метри. Секако, оваа широчина варира на одредени делови каде има проширување на коритото. Подземните инсталации не се очекува да бидат проблем, но доколку се појави такво нешто ќе се интервенира. Ископот на овој дел заврши за неколку дена, по што започна поставувањето на каменот на тест-локацијата, кој го донираше рудникот „Бучим“. За оваа намена се обезбедени 10.000 м3 камен. Кај новиот мост спроти „Стопанска банка“ веќе е утврден пресекот на коритото со ѕид од камен, а започна и поплочувањето на лежиштето на коритото. Проектот уредување на коритото на реката Отиња се очекува да заврши за 36 месеци, а динамиката ќе зависи и од штипските


региони бизнисмени, кои треба да донираат средства за завршување на двете платформи за паркирање на возилата. Локалната самоуправа не е во состојба самата да го финансира завршувањето на двете платформи, заради што партнер бара во приватниот сектор. Исто така, заради ова, наместо петте платформи, ќе бидат доизградени само започнатите две. Инаку од страна на бугарската компанија за една година беа конструирани темелите на две од вкупно петте паркинг платформи, кои требаше да се градат долж течението на Отиња, но работите наеднаш запреа. Повеќе од осум месеци, бугарскиот изведувач „Кибилд“ немаше никаква активност на коритото и на платформите. Тоа покрена низа шпекулации низ градот, а дополнително грдата слика во центарот на Штип ја влошија поплавите од февруари, кога водата однесе буквално сè. Ископот на коритото беше нарушен, однесени беа големи количини земја, водата некаде стигна до ѕидовите од кејот, настрада и колекторот, а и неколкумесечната работа на средување на подземните инсталации долж коритото на одредени делови беа повторно нарушени.

3

30 август 2013 ПОРТА

9


градежништво

Геотехнички фактори при сеизмичка микрореонизација

Неопходен услов за сигурно проектирање во сеизмички активни подрачја доц. д-р Јосиф Јосифовски асист. м-р Јован Папиќ проф. д-р Милорад Јовановски,

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Градежен факултет, Скопје

З

а време на земјотрес, многу често се случува соседни објекти со слични конструктивни карактеристики да претрпат многу различни оштетувања. Некои од нив се во состојба на целосен колапс, а некои пак трпат сосема незначајни послeдици (Слика 1).

Слика 1 Ликвифакција на терен при земјотрес во градот Ниагата - Јапонија, со целосно превртување на станбени објекти

Најчесто, вакви влијанија се резултат на еден специфичен процес кој се јавува при фундирање во водозаситени песокливи седименти при силни потреси и кој се нарекува ликвифакција. Поради него сериозни оштетувања може да претрпат и инфраструктурите системи, а процесот може да биде проследен со појави на избивање на песок, вода и др. (Слика 2 и 3). Затоа, овој феномен детално се анализира при урбаното планирање и градбата во активните сеизмички подрачја. За негова прогноза постојат разработени методологии и постапки во инженерската геологија, динамиката на почви и сеизмологијата, кои се користат и во постапките на т.н. сеизмичка микрореонизација.

Слика 2 Деформации на железничка линија со странично поместување на почвата при ликвифакција 10

3

ПОРТА

30 август 2013

Слика 3 Избивање песок со вода при земјотрес во близина на Краљево, Србија (фото Б. Аболмасов, 2010)


градежништво ОСНОВИ ЗА МИКРОСЕИЗМИЧКО РЕОНИРАЊЕ

Општо е познато, дека сумарното дејство од еден земјотрес е ефект, кој генерално зависи од три основни групи фактори по следната општа формула: ∑Е = S + G + IG каде што е: ∑Е - сумарен ефект од земјотрес врз теренот или објектот; S - сеизмолошки фактори; G - градежни фактори; IG - инженерскогеолошки фактори. Во групата на сеизмолошки фактори спаѓаат: енергијата на потресот, длабината до хипоцентарот, оддалеченост од епицентарот и карактерот на потресот. Во групата на градежни фактори припаѓаат карактеристиките на градбите и тоа: тип на конструктивен систем, длабина на фундирање, катност, квалитет на градење и др. Влијанието на инженерскогеолошките или геотехнички фактори е многу значајно. Се работи за влијанија на голем број испреплетени геолошки, тектонски, хидрогеолошки и инженерскогеолошки својства на теренот како: литолошкиот состав, тектонската градба, својствата и состојбите на карпестите маси, нивото на подземна вода, макро, мезо и микрорелјефните форми на теренот, наклонот на падините, вид и дебелина на растреситиот покривач, форма и положба на основната карпеста маса и друго (Слика 4). Очигледнo e дека инженерскогеолошките фактори мора да се земат предвид во постапките на сеизмичка микрореонизација на просторот, со цел на адекватен начин да се дефинира нивото на сеизмички ризик за градба во сеизмички активни подрачја. Генерално, при постапката за сеизмичката микрореонизација се применуваат следните чекори:  се проучува регионалнaта геолошка градба и сеизмолошките карактеристики на теренот;  се проучуваат локалните инженерскогеолошки карактеристики на теренот и нивното влијание на сеизмичноста на локацијата;  се проучуваат сеизмичките параметри на земјотресите, критериумите и условите за планирање, проектирање и градење. Треба да се спомене дека при сеизмичката микрореонизација се применуваат или статички или динамички методи. При примена на статичките методи се врши класификација на почвата по геолошки, инженерскогеолошки или инженерскогеофизички критериуми, а потоа се проценува нивното влијание на јачината на потресот. Кај динамичките методи се прави категоризација на почвата според нејзините карактеристики на движење при природен или вештачки предизвикан потрес. Во последно време динамичките карактеристики на подлогата се дефинираат по препорачани постапки во Еврокод 8, каде покрај другото се препорачуваат одредени параметри за т.н. еластичен спектар на одговор на подлогата (Se), во зависност од типот на почвата (табела 1). Во стручната литература има и други варијанти за дефинирање на еластичните спектри, но суштината е да се изврши споредба на проектните со мерените спектри, пред да се донесе конечен заклучок за стабилноста на објектот при сеизмички влијанија. Основно е да се дефинира што е можно поблизок модел на теренот, кој би бил основа за анализа. Понатаму, проблемите се решаваат со дефинирање на типот на конструкција, мерења на поместувања во лабораториски услови, следење на конструкциите при земјотрес и слично, што детално се анализира во теоријата на конструкциите.

Слика 4 Приказ на различни инженерскогеолошки фактори при земјотрес од кои зависи степенот на оштетувања кај објектите: А - Денивелација на терен кај расед во цврсти карпи; Б - Денивелација кај расед покриен со неврзани карпи; В - Денивелација кај расед покриен со глинивити карпи; Г - Објект фундиран на две средини; Д - Влијание на влажноста врз кохезија; Ѓ - влијание на ниво на подземна вода;

Табела 1 Коефициент на дуктилност и пригушување Тип на почва според ЕС8

Коефициент за тип на почва S

Tb(s)

Tc (s)

Td(s)

А

1,00

0,15

0,4

2

B

1,20

0,15

0,5

2

C

1,15

0,20

0,6

2

D

1,35

0,20

0,8

2

E

1,40

0,15

0,5

2

На Сликата 5 се прикажани карактеристичните видови периоди за одреден тип на еластичен спектар, а на Сликата 6, карактеристични спектри за секој тип на почва по ЕC8.

Слика 5 Карактеристични периоди за еластичен спектар по EC8

Слика 6 Карактеристични криви за еластичен спектар на разни почвени типови по EC8 за 5% пригушување

3

30 август 2013 ПОРТА

11


градежништво

ХИДРОГЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА НА ЈАГЛЕНОВОТО НАОЃАЛИШТЕ „БРОД - ГНЕОТИНО“

Сашо Георгиевски, дипл.инж.геол.,

ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО - Скопје,

Санде Донев, дипл.инж.геол.,

ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО - Скопје

ДОБИЕНИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАЖУВАЧКИТЕ РАБОТИ

Х

идрогеолошките истражувачки работи во рамките на јагленовото наоѓалиште „БродГнеотино“ се изведени согласно Проектот за хидрогеолошки истражувања на објект „Хидрогеолошки карактеристики на јагленовото наоѓалиште Брод-Гнеотино“. Во рамките на овие детални хидрогеолошки истражувања и испитувања за потребите за дефинирање на хидрогеолошките параметри на водоносните средини, изведени се три пробни-опитни полиња (ОП-I, ОП-II и ОП-III), три бунари со по шест набљудувачки пиезометриски дупнатини.

ГЕОЛОШКА ГРАДБА НА НАОЃАЛИШТЕТО

Пошироката околина на истражувачкиот терен е изградена од прекамбримски кристалес-ти карпи и кенозојски (терциерни и квартарни) седименти. На овој терен има големо распространување на Неоген (Ng) и воопшто во Пелагониската котлина. Квартер (Q), овие седименти залегнуват непосредно преку плиоценскиот седиментен комплекс; распространети се на голем простор: претставени се со делувијално пролувијални и алувијални седименти.

ХИДРОГЕОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ Според геолошката градба, структурните и хидрогеолошките карактеристики на карпите во рамките на јагленовото наоѓалиште и 12

3

ПОРТА

30 август 2013

неговата поширока околина се издвојуваат следните водоносни средини: водоносни средини со интергрануларна (меѓузрнска) порозност, водоносни средини со пукнатинска порозност, водоносни средини во неогениот комплекс и условно безводни делови на теренот. Спрема хидрогеолошката функција на водоносните средини во рамките на истражниот терен имаме: хидрогеолош-ки колектори, хидрогелошки комплекси и хидрогелошки изолатори. Во ова наоѓалиште се застапени следните видови на издани: Издан во водоносни средини со интергра-нуларна (меѓузрнска) порозност, Издан во водоносни средини во неогениот комплекс и Издан во водоносни средини со пукнатинска порозност.

ИЗВЕДЕНИ ИСТРАЖУВАЧКИ РАБОТИ Теренските хидрогеолошки истражувачки работи во рамките на оваа фаза се состојат од изведба на две пиезометарски дупнатини до засекот и негово тестирање и изведба на три пробни-опитни полиња ОП-I, ОП-II и ОП-III со нивно тестирање.  Изработка на истражувачки пиезометарски дупнатини во засекот, Изработка на истражувачки пиезометарски дупнатини, Изработка на пробноексплоатационите бунари, Тестирање на пробно-експлоатациониот засек и опитните полиња, Тестирање на пробноексплоатациониот засек и Тестирање на опитно поле ОП-I, ОП-II и ОП-III

Пробно експлоатационен засек Издашност на засекот Q (m3/s): Од согледувањето на податоците од тестирањето на засекот цениме дека истиот располага со издашност од околу Qsr = 30,0 l/s., така што и пресметките на останатите хидрогеолошки параметри се направени врз база на првото снижување од фазата на тестирањето на засекот. Водопроводност Т (m2/s): Добиено е дека постојат две водоносни средини со различна водопроводност: За првиот дел од дијаграмот за: Q=30x10-3 (m3/s), S1 = 0.58 (m); S2 = 0.61 (m); DS1 =0.03 (m) T1 = 1,83x10-1 m2/s. За вториот дел (нагиб) од дијаграмот за: Q=30x10-3 (m3/s), S1 = 0.77 (m); S2 = 1.42 (m); DS1 =0.65 (m),T2 = 2,83x10-3 m2/s. Коефициент на филтрација к (m/s): K (m/s) = T (m2/s) / M (m), за Tsr = 9,292x10-2 (m2/s) и M = 14,0 (m) Ksr = 6,637x10-3 (m/s). Радиус на дејство на засекот Ra (m):Q = K*L (H2 - h02) / Ru односно Ru = K*L (H2 - h02) / Q, Ru = 255,1 (m) Пробно експлоатационен бунар (ОП-I) Издашност Q (m3/s) и специфична издашност q (l/s/m’) на пробно експлоатациониот бунар ПЕБ-1: Оптималната и специфичната издашност на пробно експлоатациониот бунар ПЕБ-1 одредени се спрема тестирањето на истиот спрема конструираните дијаграми Q = f (S) и q = f (S). За Sopt(1/3H) = 19,23 m добиено е Qopt = 8,35 l/s i qopt = 0,47 l/s/m’. Според специфичната издашност qopt = 0,47 l/s/m’ средината спаѓа на граница помеѓу слаба и средна водоносност. Водопроводност Т (m2/s): Коефициентот на водопроводноста е пресметан преку дијаграмот S=f(lnt) и формулата: T=(0,183 x Qmax/S2-S1)x lgt2/t1. Пресметката на хидрогеолошките параметри (враќање на нивото) Пресметковната табела за конструкција на дијаграмите е формирана со сведување на максималниот протокот на една временска база по формулата: t*= Qi x ti + Qi+1 (ti+1 – ti) + ---- + Qn (tn - tn-1)/Qn За Q=9,02 l/s. добиено е т* = 3461 min.


градежништво Водопроводност Т (m2/s): Коефициентот на водопроводноста е пресметан преку дијаграмот S=f(lnτ) и формулата: T=(0,183 x Qmax/S2-S1)x lgt2/t1. Коефициентот на водопроводност е различен кај трите пара на пиезометри, а тоа укажува дека се работи за пиезометри кои презентираат делови од подинската издан со различна моќност. Истото е потврдено и со регистрацијата на нивните статички нивоа. Коефициент на филтрација k (m/s): Коефициентот на филтрација е одреден од односот помеѓу коефициентот на водопроводноста и моќноста на водоносните средини k = T/M (m/s). Истиот се движи во границите од k= 1.279x10-5 (m/s) пиезометар ПП-3 до k= 1.488x10-6 (m/s) пиезометар ПП-4. Специфична издашност (m): Специфичната издашност на опитно поле ОП-I е пресметана преку дијаграмот S=f(lnτ) и формулата:μ = 2,25 x T x t0 / r02. Пиезопроводност (a): Пиезопроводноста на водоносните средини во опитно поле ОП-I е пресметана преко формулата: a=T/ μ. Радиус на дејство на бунарот Ra (m): Радиусот на дејство на бунарот пресметан е по формулата: Ra = 1,5 a * t . Во смер на пиезометрите ПП-1, ПП-2 и ПП-3 радиусот е Ra = 336.80 m, а во смерот према пиезометрите ПП-4, ПП-5 и ПП-6 радиусот е Ra = 331.4 m. Пробно експлоатационен бунар (ОП-II) Издашност Q (m3/s) и специфична издашност q (l/s/m’) на пробно експлоатациониот бунар ПЕБ-2: Оптималната и специфичната издашност на пробно експлоатациониот бунар ПЕБ-2 одредени се спрема дијаграмот Q = f (S) и q = f (S). За Sopt(1/3H) = 35.95 m добиено е Qopt = 27,3 l/s и qopt = 1,92 l/s/m’. Според специфичната издашност qopt = 1,92 l/s/m’ средината спаѓа на граница помеѓу средна

и добра водоносност. Водопроводност T (m2/s): Коефициентот на водопроводноста е пресметан преку дијаграмот S=f(lnt), прилог 20 и формулата: T=(0,183 x Qmax/S2-S1)x lgt2/ t1. Пресметката на хидрогеолошките параметри (враќање на нивото): За пресметка на хидрогеолошките параметри по метод враќање на нивото пресметано е. За Q=24,52 l/s. добиено е т* = 4279 min. Водопроводност Т (m2/s): Коефициентот на водопроводноста е пресметан на начин како и кај претходниот случај. Коефициентот на водопроводност е различен кај трите пара на пиезометри, а тоа укажува дека се работи за пиезометри кој презентираат делови од кровинската издан со различита моќност. Коефициент на филтрација k (m/s): Коефициентот на филтрација одреден е од односот помеѓу коефициентот на водопроводноста и моќноста на водоносните средини k = T/M (m/s). Истиот се движи во границите од K= 5.29x10-5 (m/s) пиезометар КП-II до K= 3.84x10-4 (m/s) пиезометар КПЗ6. Специфична издашност (μ): Специфичната издашност на опитно поле ОП-II е пресметана преку дијаграмот S=f(lnτ),μ = 2,25 x T x t0 / r02. Пиезопроводност (a): Пиезопроводноста на водоносните средини во опитно поле ОП-II е пресметана преку формулата: a=T/ μ. Радиус на дејство на бунарот Ra (m): Радиусот на дејство на бунарот е пресметан како и за претходниот случај. Во двата смера радиусот на депресија во зона на бунарот е Ra = 298.3 m. Пробно експлоатационен бунар (ОП-III) Пресметката на хидрогеолошките параметри (тест црпење) Издашност Q (m3/s) и специфична издашност q (l/s/m’) на пробно експлоатациониот бунар ПЕБ-3

Оптималната и специфичната издашност на пробно експлоатациониот бунар ПЕБ-3 се одредени спрема дијаграмот Q = f (S) и q = f (S). За Sopt(1/3H) = 57.69 m добиено е Qopt = 5.55 l/s и qopt = 0.405 l/s/m’. Според специфичната издашност qopt = 0.405 l/s/m’ средината спаѓа на граница помеѓу слаба и средна водоносност. Водопроводност Т (m2/s): Коефициентот на водопроводноста е пресметан преку дијаграмот S=f(lnt) и формулата: T=(0,183 x Qmah/S2-S1)x lgt2/t1. Пресметката на хидрогеолошките параметри (враќање на нивото): За пресметка на хидрогеолошките параметри по метод враќање на нивото добиено е. За Q=6,51 l/s добиено е т* =3749 min. Водопроводност Т (m2/s): Коефициентот на водопроводноста пресметан е на начин како и кај претходниот случај. И овде во рамките на ова опитно поле состојбата со коефициентите на водопроводноста се слични по парови. Коефициент на филтрација k (m/s): Коефициентот на филтрација е одреден од односот помеѓу коефициентот на водопроводноста и моќноста на водоносните средини K = T/M (m/s), Истиот се движи во границите од K= 1.19x10-5 (m/s) пиезометар ПП-I до K= 1.12x10-4 (m/s) пиезометар ПП-6. Специфична издашност (μ): Специфичната издашност на опитно поле ОП-III пресметана е преку дијаграмот S=f(lnτ) и формулата: μ = 2,25 x T x t0 / r02. Пиезопроводност (a): Резултатите од пресметката на пиезопроводноста во опитно поле ОП-III дадени се табеларно. Радиус на дејство на бунарот Ra (m): Радиусот на дејство на бунарот пресметан е на ист начин како и кај останатите два бунара. Во смер на пиезометрите ПП-1, ПП-2 и ПП-3 радиусот е Ra = 223.60 m, а во смерот спрема пиезометрите ПП-4, ПП-5 и ПП-6 радиусот e Ra = 242.80 m.

3

30 август 2013 ПОРТА

13


интервју

ТОМАС ГИЗЕЛИНИ

Архитектурата мора да е Италијанскиот архитект Томас Гизелини претставува еден вистински оптимистички пример во денешнава кризна Европа. Овој млад професор на Архитектонскиот факултет „Бјаџо Росети“ во Ферара, е добитник на престижната награда Premio Fondazione Renzo Piano 2013, како и на наградата за најдобра медитеранска архитектура Premio MEA 2013. Во овој број на „Порта 3“ имаме можност да продискутираме и да се запознаеме со неговaтa работа, но и воопшто за актуелната архитектонска состојба во Италија. Александар ПЕТРОВ, дипл.инж.арх.

Професоре Гизелини, како моментално би ја дефинирале италијанската архитектура на глобално ниво и како се гледате Вие во неа? Дали имате некакви согледувања за балканската архитектура?

 Италија моментално се наоѓа во многу деликатна фаза на транзиција и промени. Економскиот колапс, несигурната политичка рамнотежа и подземната социјална тензија, многу силно се рефлектираат и врз архитектурата. Архитектурата јасно го отсликува духот на времето, комплексноста и еволуираната структура на секое општество. Денешните околности поттикнуваат фрагментирани истражувачки патишта и поинакви начини на изразување, кои го засенуваат погледот кон важните цели, но индиректно истите водат до продуктивност. Во овој контекст, италијанската архитектура навидум изгледа како да го изгубила контактот со вокабуларот за мера, чувство и соодветност што го дефинира нејзиниот карактер. Архитектурата во целост се интернационализира и стана повеќе имперсонална. Храброста и нервот за автономна експресивност се компресирани и се откажале од т.н. страствен однос кон едно „место“. Силно верувам дека е неопходно да се согледаат 14

3

ПОРТА

30 август 2013

овие предизвици, не како несреќна осуда, туку како клучна можност. Иако живееме со трауми, ние истовремено избираме можности за повторно создавање на еден нов свет, почнувајќи пред сè со идеи. Балканската архитектура со нејзиното мултикултурно население и нејзината кревка структура, поминува низ интересен процес на реформирање на клучниот карактер, целта и содржината на модерната архитектура. Географските и интелектуалните експерименти извршени од архитектонски и дизајнерски протагонисти како што се „Њириќ + архитекти“, „Студио УП“, 3ЛХД , „Рандис&Турато“, „Бевк Перович архитекти“, Перо Вуковиќ и Тончи Жарниќ, го претворија балканскиот регион во една голема истражувачка лабораторија. Регионот доживува интересен и иновативен развој, што уникатно и позитивно е некако одделено од меѓународната сцена. И покрај тоа што сегашните резултати сè уште не се кристално јасни, тие посочуваат кон еден иден архитектонски речник кој почнува помалку и да „зборува“.

Италијанскиот образовен систем сè повеќе е во конфликт со условите што ги задава нашата професија. Конкуренцијата станува сè поголема. Секоја година дипломираат

голем број студенти, а се гради сè помалку и помалку. Работа речиси и да нема. Според Вас, што ќе биде пресудно за следните генерации архитекти?

 Убеден сум дека новата архитектонска професионална активност иницираше процес на неповратна трансформација каква што не можеше да се забележи пред една деценија. Драстичните промени во полето на комуникацијата, интеракцијата во живо и технолошката софистицираност, не ретко поврзани со парадоксални компликации кои имаат влијание во сферата на проектните одговорности, во целост ја преобликуваа улогата на архитектот во модерното општество, префрлувајќи ги од производители на згради во творци на невообичани идеи, сценарија и стратешки решенија. „Волуменската густина“ постепено се разложува во корист на нематеријалното, со што поактивно и поимагинативно се решаваат комплицираните предизвици, не само од конструктивна перспектива туку и од социјална, економска и културна гледна точка. Денешниот архитект станува сè помалку градител во практична смисла, а сè повеќе интерпретатор на реалноста, читач и истражувач на историски околности, ги предвидува трендовите, креира


интервју

лирична во суштината иновативни социјални панорами, и тоа уште пред да се урбанизира средината. Или, кажано со технички жаргон типичен за денешните активности во стратешките комуникации, тој е решавач на проблемите. Затоа моите предавања не се фокусираат на воочливите сигурности предложени од традиционалните поими, туку повеќе се потпираат на несигурното: во прашање се предавања и работилници со дизајнери, пејзажни архитекти, уметници, фотографи, писатели, режисери, театарски глумци, па дури и графички дизајнери кои градат возбудливи повеќефазни сценарија со неограничен потенцијал. Секој може да истражи значајни дела со патување во архитектонски правци, но животното искуство го овозможува останатото и придонесува силно чувство на блискост со возвишените состојки кои се наоѓаат во убавата архитектура. Состојките се опипливи но понекогаш необјасниви: светло, маса, тежина, волумен, транспарентност, боја, леснотија, баланс, пропорција

и мерка. На овој начин, студентите се „заштитени“ од стагнирачките ортодоксии од минатото и од списанијата исполнети со трендови од сегашноста. Резултатот е скоро секогаш просветлувачка магија која се впива во умовите на студентите. Можам да ги забележам нивните сништа за тоа што можат да направат или што можат да станат, или влијанието што можат да го имаат во одредување на реалноста.

Во 2008 година победивте на два важни конкурси последователно. Следната година го отворивте Вашето архитектонско студио. Дали тој почеток воедно ќе биде и двигател кој ќе Ве афирмира како еден од најветувачките млади архитекти на италијанската сцена?

 Во 2008 година, после моите искуства во Италија и во странство, одлучив дека е време да го ставам на тест сето мое знаење акумулирано во претходните години. За неколку месеци, напорно работејќи во соработка со големи архитектонски

бироа, учествував на неколку конкурси фокусирани на радикални, но сепак за јавноста важни теми: гробишта и училиште. Изгледаше како кругот на раѓањето и на смртта во животот да се поклопија. Ова претставуваше неодолив предизвик, за мене многу возбудлив. Не можев да верувам што ми се случува, истовремено убеден дека го добив победничкиот бонус за следните десет години со освојување на двата проекти (сите знаеме колку е тешко да се победи на конкурс). Самиот момент изгледаше како најдобро време за отворање на мое студио, и на тој начин ги игнорирав оние што ми велеа дека конкурсите се само идеи, кои завршуваат во нечија фиока или живеат точно колку една изборна кампања. Така го отворив архитектонското ателје. Тоа е еден вид „ботега“ (занаетчиска работилница), каде што млади архитекти, инженери, графички дизајнери и уметници придонесуваат во зачнувањето, истражувањето, развивањето и менаџирањето со проектите. 

The Secret Garden, Тавацано кон Вилавеско (Лоди), Италија

House G, Ферара, Италија

3

30 август 2013 ПОРТА

15


интервју Ние сме дефинитивно фамилија. Секој детаљ се проектира во ателјето, започнувајќи од првата скица до градежните документи, од концептулни нацрти до конструктивни системи кои се подложни на многу технолошки анализи. Особено внимание секогаш се посветува на истражување во насока на зачувување на животната средина и економската одржливост на проектите. Нашиот експерт за одржливост на проектите, кој е и овластен инженер од LEED (Leadership in Energy & Environmental Design), ги оценува и корегира предложените проекти за LEED сертификат. По изненадната победа на двата конкурси со прва награда, јас бев исто толку изненаден и со судбината на проектите: националниот конкурс водеше до изградба на двата објекта за краток период. Овие случувања беа навистина во спротивност со сите шанси за нивно остварување, заради тоа што во просек треба седум години за да се изгради еден јавен објект. Во тој период победивме и на други важни јавни и приватни конкурси за дизајн и урбано планирање, и сите

се изградени или се во изградба.

Со проектот за училиштето "The Court of The Trees", во близина на Бергамо, ја добивте престижната награда на фондацијата „Ренцо Пијано“. Кои беа основните белези на тој објект што ви овозможи да ја добиете оваа награда?

 Тој проект предизвика голем интерес и доби голема популарност кај медиумите во Италија но и во странство. Исто така, доби неколку награди и повеќе важни признанија - како најважна можам да ја издвојам наградата добиена од самиот Ренцо Пијано, после еден долг и незаборавен ден во неговата работилница во Џенова. Повикувајќи се на нежните и мотивирачки зборови изговорени од големиот архитект, елементите што овозможија да ја добиеме оваа награда треба да се побараат во одличните локациски избори: посебното внимание посветено на деликатните контекстуални услови (училиштето се наоѓа пред историските гробишта на малиот град!); вклучувањето на неконвенционална употреба на обични конструктивни техники и скромни градежни материјали кои можат

да се најдат во околината; деталната студија направена за атмосферата и перцепцијата на квалитетот на просторот (детален план на боите во ентериерот, во амбиент како од сништата); со специјално скроениот пристап кон решавање на фасадата на објектот (архитектонските детали), и како дел од задачата претставување да го изработиме и ентериерот со креации безбедни за деца, ергономичен мебел и опрема за играње. Но, можеби најмногу од сè ги истакнавме иновативните и бунтовнички интерпретации на одржливи и еконoмични креативни решенија. Ги избегнавме баналните и технолошките софистицираности, претпочитајќи едноставно и интегрирано решение. Тродимензионалната мрежа на „невидливи“ оџаци ја елиминира потребата да се поставуваат комплицирани и скапи вентилациони системи. Заштедува пари, изгледа убаво, и овозможува објектот да ја потврди една од најстарите техники позната во архитектонскиот пасивен дизајн: природна, бавна вентилација која припаѓа на многу прединдустријални западни цивилизации и е многу позната во медитеранската архитектура.

The Court Of The Trees, Ченате сото (Бергамо), Италија

16

3

ПОРТА

30 август 2013


Реставрација на "ex officine Cevolani" во Болоња, Италија

интервју

Денешниот архитект станува сè помалку градител во практична смисла, а сè повеќе интерпретатор на реалноста, читач и истражувач на историски околности, ги предвидува трендовите, креира иновативни социјални панорами, и тоа уште пред да се урбанизира средината Со конкурсот за Болоња, Вие понудивте интересна визија за реставрација на историскиот град со микро-хирушки зафати. Дали мислите дека оваа стратегија може да се примени во сите италијански градови?

 Проектот, кој беше награден со пофалница на голем интернационален дизајнерски и урбан конкурс, беше именуван како Урбана микро-хирургија. Пет неинвазивни операции за новиот рурален град. Започнувајќи од интересната интерпретација на градот како физички и органски ентитет, проектот ја разгледува идејата за неинвазивни микро-хируршки интервенции, комплетно или делумно променливи, како проактивна грижа за многу болни точки во урбаното тело. Градовите се комплицирани социјални, симболични и политички тела. На урбаните проекти, сега повеќе од кога било, им треба способноста да го потврдат

софистицираниот esprit de corps помеѓу заедницата и фрагментираноста, помеѓу континуитетот и прекините, на идентичното и неидентичното што постои во близина. Многу често урбаното и посебно околното планирање се согледани како изолирани компоненти низ времето; ова изгледа непристојно затоа што вредноста и квалитетот на локацијата се согледува низ призмата на присутноста на природните карактеристики и мудро интегрирање на човечките изуми со оптимален резултат. Секое делче архитектура во урбаниот пејзаж станува инструмент во процесот на контрола на големото сценарио и студија за хиерархиски односи, димензии и квалитет. Градовите се тела. Во случајот на Болоња приметивме пет крупни органски болести кои влијаеа на урбаното тело во тоа време. Предложивме специфични микро-хируршки зафати за секоја урбана

болест посебно, кои беа спроведени со неинвазивна техника, стриктно локализирани со лимитирани акции, имајќи предвид дека секоја акција требаше да биде изведена со повторување за секоја болна точка. Овие специфични приоди насочуваа за подобрување и отстранување на пречките кон модерна поврзаност на градот со околината. Исто како што медицинската практика зависи од интеракцијата помеѓу доктор и пациент, урбаните политики мораат да се поврзат со градовите. Да се интервенира во еден град, да се подобри и да се стимулира позитивна реакција во заедниците, најважно е да се препознае потребата за да се преземе иницијатива и да се биде храбар. Графички, овие согледувања беа претставени како точки на урбани и рурални предели, кои промовираа глобална акција на бавното но прогресивно урбано будење. 

3

30 август 2013 ПОРТА

17


интервју За конкурсот на центарот за рехабилитација "Malga Fosse" предложивте безмалку метафизичка населба во импресивните пејзажи на Алпите. Што е причината за ваквиот пристап?

 Огласот за конкурсот експлицитно имаше зацртано дизајнерите да размислуваат во насока на реновирање пејзаж и архитектонска регенерација. Преобразбата на историскиот хотел "Malga", чиј конструктивен интегритет беше значително компромитиран заради долгите години неодржување, во одличен центар и туристичка дестинација каде ќе бидат привлечени посетители и туристи на многу висока надморска височина. Конкурсот, исто така, служеше да се зачнат нови начини на промовирање на овој планински дел со своите мали соседни гратчиња во поширок регионален карактер. По нашето видување дизајнот на проектот треба повторно да го оживее начинот и обичаите на живеење на тие височини. Размислувајќи околу силен, радикален и некомпромитирачки дизајн, нашата цел беше да создадеме позитивен импакт на жителите со избегнување на обезличувањето на светоста на теренот и природното наследство. Со овој став

ќе се избегне подлегнувањето на некои од чудните архитектонски трендови. Ние верувавме дека најдобриот начин да се пристапи кон овој проблем беше да се интерпретира неповторливиот планински архетип: стилизирање на дрвени колиби со стрмна падина кои ги оцртуваат околните врвови со побендичка метафора. Стрмните падини овозможуваат одлични глетки на пејзажите поврзани преку трослојните стаклени ѕидови, стратешки поставените прозорци на страните, и стаклени отвори поставени на балконите за непречено набљудување од спалните соби! Трослојните стаклени ѕидови и експонираните скалници го имитираат неповторливото искуство на планинарењето (доколку се плашите од височини не погледнувајте надолу!). Од највисоката точка посетителите можат да го согледаат целиот комплекс, кој самиот по себе е достоен за разгледница. Материјалите што се избрани во изградбата се локални и контекстуални. Покрај големите трошоци за стаклото и екстремните зимски температури, објектот задоволува висок степен на енергетска ефикасност со квалитетни материјали и високи изолациони

рејтинзи, а исто така се употребуваат обновливи извори на енергија. Овој објект е енергетски самоодржлива градба, што овозможува посетителите да престојуваат удобно во текот на целата година. Ова исто така се преточува и во добар бизнис модел каде што сопствениците можат да ги држат вратите отворени цело време и да ги искористат сите годишни сезони. Најдобриот дел од нашиот дизајн е тоа што објектот толку добро се вклопува во средината што изгледа како да бил отсекогаш таму, или како да треба да биде таму. Би било незамисливо овој проект да се изгради на кое и да е друго место. Всушност, овој нов модерен проект наликува на камена структура од високите планински предели. Најверојатно сите ние имаме некои спомени од оние стари градби во нашата потсвест. Заради ова го нарековме „Tip Top“, да нè потсеќа на врв меѓу планинските врвови, на карпа меѓу камените врвови и на колиба меѓу брвнарите. И покрај тоа што овој проект доби само пофалница, за мене е интересно дека се најдовме на повисока планина после неколку месеци за да добиеме друга награда на друго место.

‘TIP-TOP’, проект за центарот за рехабилитација “Malga Fosse", Италија

Победивте на меѓународниот натпревар за новата мртовечница на градот Ферара, комплексот јавни објекти со проектот наречен Domus Vitae. Кое е значењето на ова необично мото?

 Честопати, речиси без да забележиме, се фаќаме себеси како планираме и проектираме надвор од конвенционалното, за да ги урнеме традиционалните норми. Лесно е да се прави тоа бидејќи неизбежно е наследените градби да имаат недостатоци, и ние секогаш најнапред ги испитуваме. Уште од самиот почеток, приказната сè помалку се однесува на тоа што еден проект треба да биде, а сè повеќе 18

3

ПОРТА

30 август 2013

на тоа што апсолутно мора да биде. Овој феномен јас го нарекувам „бунтовничка композиција“, и уште на почетокот на овој проект беше очигледно дека овој ќе биде еден од тие проекти. Предизвикот беше да се создаде нова градска мртовечница заедно со придружните јавни објекти за градот Ферара, во поранешната цитадела од 15 век. Локацијата е збиена и градска, близу до прекрасните градски ренесансни ѕидини. Просторите што традиционално се посветени на смртта се помеѓу највознемирувачките, изолираните и не-личните објекти кои се среќаваат во западната историја на архитектурата.

Веднаш се забележува ограничен процес (во директна врска) со деградација во секторот. Како што се менувал системот на вредности и се намалувала почитта за светото и непознатото, модерните општествени градби ги прифатиле и ги отсликале тие ставови. Смртта и распаѓањето воделе кон тоа местата за мртвите да се наоѓаат во перифериите, правејќи ги чувствителни на запуштање, напуштање и негрижа. Потребата за производство и бескраен напредок довела до редефинирање на животот и на живите во смисла на вредност. Само животот се сметал вреден за внимание,


интервју Domus Vitae, проект за новата мртовечница на градот Ферара, Италија

култури и вери во взаемен мир и почит. Објектот е емотивно препознатливо место каде што жалењето за крајот е заменето со уважувањето на животните циклуси. Domus Vitae, дом за живот.

Исто така, многу сте активен и во културната група наречена „Кластер Теорија“ (Cluster Theory). Со што точно се занимава оваа група?

 „Кластер Теорија“ е една иновативна млада мултидисциплинарна истражувачка група основана во 2011 година од страна на Џовани Авосани и Елиса Поли, посветена на теоретски и критички прашања на современата архитектура преку различни пристапи, системи и методологии за евалуација. Групата има свои простории во Венеција, Ферара, Болоња, Фиренца, Бари и Милано, и се занимава со развој на критички предлози за јавни простори, архитектонски критики и организација на предавања во врска со моменталните состојби во архитектурата. Критичкото размислување треба да укаже на тоа како функционираат нашите мрежи како преносители на информации. Физичката блискост не е пресудна за функционирањето на јавните објекти, со оглед на тоа што тие се заменуваат со виртуелни простори создадени од социјалните мрежи. Оттука, имајќи ја предвид потребата од размена на информации и содржини, јавните објекти треба повторно да ја вратат својата карактеристика на физички простори за социјални интеракции. Cluster Theory демонстрира како квалитетот на урбаните простори влијае врз нивната секојдневна употреба (мината и идна), како од социолошки така и од културен аспект. Една од интересните истражувачки алатки со кои се служи групата е пристапот на „интегрирани средби“. На пример, една неодамнешна меѓународна работилница со наслов „Патник на релјеф“, им дава на избрана група студенти можност да добијат единствено искуство во просторот Wunderkammer, на отсекот за архитектура при Универзитетот во Ферара. Работилницата беше организирана околу изложбата на славниот режисер Микеланџело Антонини, со цел да се изградат патишта за испитување на дизајн. Користени се неконвенционални алатки како што се филм, видеоуметност, мапирање, вирусен маркетинг и комуникации. Покрај гостите и туторите, на оваа работилница им се придружија и Alterazioni Video, Marco Brizzi, [im]possible living, Guido Incerti и Carlorattiassociati. Работилницата беше посветена на додипломци, дипломци и студенти на постдокторски студии од сите дисциплини, кои сакаат да испитуваат проектантски решенија користејќи неконвенционален јазик.

како и убавината и грижата, додека смртта се сметала за неприфатливо вознемирување и пречка во природниот ред на нештата. Оваа одбивност која се поврзува со прекинот на постоењето е целосно изразена на мрачни места кои некогаш биле дом за колективно споделување, возвишена архитектура и сочувствителен дух. Оттука, водени од потребата и од желбата да ги ревидираме нашите ставови во однос на таквите места, излеговме надвор од вообичаените практики. Ја предложивме идејата за „порозни“ простори кои ќе им овозможат на гостите да се искажат во каков било момент или расположение. Има соби со различен степен на интимност, вертикални градини, скриени тремови, соби со топли бои, а природното светло е секаде присутно и опипливо. Сите заедно, овие работи донесоа утеха, чувство на завршница и заштита. Изборот на композицијата и неконвенционалните материјали се така искомбинирани што потенцираат дека ова е голема куќа каде коегзистираат различни

Од јули месец излагате во прочуениот музеј МоМА во Њујорк. Тоа е прво позначајно претставување на Вашето студио надвор од границите на Италија. За каква изложба се работи?

 За изложбата Cut'n'Paste во МоМа, Музејот на модерна уметност во Њујорк, бевме ангажирани директно (и неочекувано) од страна на кураторот Педро Гадахно, кој веќе во неколку интернет-публикации го следи нашиот труд. Ние ја прифативме оваа понуда подготвени да учествуваме и соработувавме со нивниот тим во однос на логистиката за изложбата. Изложбата е поставена во Галеријата за архитектура и дизајн во МоМа, а ќе трае до 1 декември. Изненадната покана да бидеме изложени во еден од најпрестижните музеи во светот беше мошне возбудлива! Со тоа започна оваа нова неверојатна авантура која ја живеам сега! Изложбата доаѓа во еден значаен момент кога нашите односи со САД значително се продлабочуваат, со оглед на некои мошне значајни можности за професионална соработка. Наскоро може да има важни вести за нашето студио од другата страна на океанот... 

3

30 август 2013 ПОРТА

19


архитектура

Меѓународен конкурс „Јавен простор за урбани уметности“

Проектот на македонските студенти меѓу осумте најдобри Наташа Азманова, Архитектонски факултет

Меѓународниот конкурс под името „Јавен простор за урбани уметности“ го објави Опенгап (Opеngap), шпанска интернетплатформа за соработка на полето на архитектурата. Целта беше да се дојде до иновативни и современи предлози за еден нов вид на јавен простор, кој ќе ги негува творечките активности, образованието и ќе го дефинира односот на корисниците со уличната уметност.

О

д вкупно сто и десет пристигнати трудови од целиот свет, стручно жири на отворениот Меѓународен конкурс под името „Јавен простор за урбани уметности“ (Public Space for Urban Art and Sound), по пат на селекција во неколку фази го награди со откуп проектот на кој работеа студентите Ана Младеновска, Наташа Азманова и Ружица Крстева, со графичка соработка со Марјан Димиќ и Александра Шулевска, под менторство на асистентот Јован Ивановски од Архитектонски факултет во Скопје, на УКИМ. Тој беше рангиран помеѓу првите осум проекти. Меѓународниот конкурс го објави Опенгап (Opеngap), шпанска интернет-платформа за соработка на полето на архитектурата. Целта беше да се дојде до иновативни и современи предлози за еден нов вид на јавен простор, кој ќе ги негува творечките активности, образованието и ќе го дефинира односот на корисниците со уличната уметност. Конкурсот повикуваше да се замисли простор кој на урбаната култура ќе и даде алтернатива каде што јавниот простор ќе се спои со уметничкото изразување и учење, и ќе ги скрши старите закоравени парадигми за уметноста која се случува на улиците. Меѓу зададените услови беше дефинирање на урбаниот контекст. Притоа неопходно беше да се оправда изборот на локацијата, како и да се објасни начинот на кој понуденото решение ќе комуницира со околината во создавање синергија со урбаното ткаење; и програма која предвидува работилници, студија, аудиториум и кафетерија со зададени минимални површини. Имајќи предвид дека уличната уметност креативно ја претставува мислата на општеството, и обично има кратка субверзивна порака на социјална и политичка критика, која поканува на размислување, таа заслужува свое видно место во градот - простор за алтернативна урбана култура што води до создавање, изложба и учења на различни форми на изразување без притоа да се „институционализира“ или да биде оценета како вандализам. Овие форми на уметност употребуваат елементи и/или вршат дејствија кои имаат за цел да ги изненадат

20

3

ПОРТА

30 август 2013

гледачите и затоа во дефинирањето на урбаниот контекст инсистиравме на изнаоѓање потенцијал во „заборавените“ јавни простори и јазли во градот во област со висока мобилност. Недоволно развиените и запоставени урбани делови, чест лик на големите градови, сметавме дека имаат голем потенцијал да одговорат на програмата што се бара. Локацијата што ја избравме


архитектура

е Железничката станица во Скопје, сместена во дел од градот со тешка инфраструктура и голема мобилност. Таа е место на размена на различни брзини и транспортни средства, притоа наметнувајќи се со својата пропорција

на традиционалните локални соседства во околното урбано ткаење. Ваквиот карактер на локацијата ѝ дава шанса на урбаната уметност спонтано да произлезе. Првично замислена како дел од една голема урбана суперструктура, Градската

порта на скопскиот Транспорт центар никогаш не виде своја целосна реализација како таква. Објектот, кој е подигнат во позиција каде што неколку главни инфраструктурни артерии доаѓаат најблиску една до друга, монументално лебди над 

3

30 август 2013 ПОРТА

21


архитектура

улиците, притоа избегнувајќи прекини со секојдневнита циркулација на градот. Денес, во контекст на изменетите социо-политички услови, проектот на кој работевме ги користи потенцијалите на оваа исклучителна урбана и архитектонска утопија, кои ни ги оставија јапонскиот метаболизам и Кензо Танге. Архитектонскиот концепт кој го предложивме е лесна метална платформа подигната над нивото на улицата, прикачена на масивните бетонски

22

3

ПОРТА

30 август 2013

столбови на мегаструктурата со јавен пристап од околните населби - Маџир Маало и Аеродром, од кејот и од постоечкиот паркинг на локацијата. Со тоа овозможува зачувување на постојната атмосфера и користење на овој простор како паркинг простор, чија намена ја третиравме како соодветна и компатибилна со функцијата на железничката. Овој замислен отворен плоштад – улица ги поврзува сите активности на проектот: четири работилници за уметници, кои се

замислени да имаат ротирачки отвори кои истовремено би биле и работни површини со што на уметникот ќе му се овозможи континурана изложба на јавниот простор; две студија за перформанси и две музички студија кои се обликувани со големи стаклени екрани кон плоштадот, како мини сцени за изведба на мали концерти и претстави; аудиториум со капацитет за петстотини посетители за концерти и поголеми настани за презентација на креативните содржини и кафетерија


архитектура која се развива по вертикала и овозможува посетителот да излезе на патните платформи на железничката станица, кои не се во употреба, и да ужива во отворените визури на градот. Просторниот распоред на контејнерите не следи некој очигледен ред во диспозицијата. Овие „лимени кутии“, во кои се организирани работилници, студија и амфитеатар, ја разјадуваат платформата притоа дефинирајќи плоштад: уметничка сцена. Вака замислениот простор овозможува постојано нови визури во движењето низ него и непречен визуелен контакт на секое сценарио од внатре, а суровата бетонска површина на огромните столбови е отворена покана на уличните уметници за постојана отворена изложба на платформата. Целата програма е интегрирана и со кружна рампа која се развива од постојната патека на кејот и тротоарот на надвозникот, притоа вкрстувајќи ги овие движења за конечно да се исправи линеарно помеѓу шумата од столбови и да се приклучи во отворениот изложбен простор. На платформата се приклучува и испрекршена лонгитудинална пешачка патека, која се развива над земја сечејќи ги правците на коловозните улици над кои поминува. Овој континуиран скалест гест ја презема улогата на мост преку кој повторно се спојуваат соседните населби. Ваквото поврзување со градот преку разни правци во „една точка“ создава достапна заднина за каков и да е вид на јавна дејност и развој на ова запоставено место на градот. Место во кое делата на уметниците ќе бидат изложени, социјалната критика пренесена и секојдневниот ритам на градот раздвижен. 

3

30 август 2013 ПОРТА

23


2,3

плочи, 25 kg Thermokleber

Потрошувачка: 5 kg/m

2

Малтер за лепење стиропор (EPS) Putzgrund Fassade плочи, 25 kg

Kati

Подлога пред нанесување на Потрошувачка: 5 kg/m завршни фасадни малтери, 20 kg градежништво 2

25 лтер, kg 25 kgПотрошувачка: KlebeSpachtel

0,3 – 0,5 kg/m2

Малтер за лепење на стиропор (EPS)

Styrokleber армирање и глетување, 25 kg агребана а структура структура Малтер за лепење на стиропорни (EPS) Потрошувачка: плочи, 25 kg лепење: ca. 5 kg/m mm3 mm 3за mm Mosaic за армирање: ca. 6 kg/m 4 3,0 3,0 Малтер за цокле, 25 kg 2

Потрошувачка: 5 kg/m

2

2

Потрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m2 Малтер за лепење на стиропор (EPS) армирање и глетување, 25 kg

3,0

Малтер Малтер заза лепење лепење нана стиропор стиропор (EPS) (EPS) армирање армирање и глетување, и глетување, 2525 kgkg

Putzgrund Putzgrund Fassade Fassade

Addi

Подлога Подлога пред пред нанесување нанесување нана завршни завршни фасадни фасадни малтери, малтери, 2020 kgkg

Потрошувачка: Потрошувачка: Акрилен фасаден малтер, 25 kg 2 2 за за лепење: лепење: ca.ca. 5 kg/m 5 kg/m Силикатен фасаден малтер, 25 kg 2 2 за за армирање: армирање: ca. ca. 6 kg/m 6 kg/m Измазнета структура Загребана структура 1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm Измазнета структура Загребана структура 2,3 2,7 3,6 2,4 3,0

2 2 Потрошувачка: Потрошувачка: 0,30,3 – 0,5 – 0,5 kg/m kg/m

1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm 2,3 2,7Conni 3,6 2,4 3,0 Фасаден систем со плочи од Силиконски фасаден малтер, 25 kg KlebeSpachtel KlebeSpachtel M M стиропор (EPS)

Mosaic Mosaic

Малтер Малтер заза цокле, цокле, 2525 kg Фасаден систем соkgплочи од Потрошувачка: Потрошувачка: 0,30,3 – 0,5 – 0,5 kg/m kg/m камена волна 2

Малтер Малтер заза лепење, лепење, армирање армирање и Измазнета структура Загребанаиструктура

глетување глетување нана плочи плочи и2 ламели од Putzgrund 1,5 mm Fassade 2 mm 3 mm и ламели mm 3од mm

камена камена волна, волна, 25 25 kgkg 2,4 на 3,0 Подлога пред нанесување 2,3 2,7 3,6 Потрошувачка: Потрошувачка: завршни фасадни малтери, 20 kg 1 за за лепење: лепење: ca.ca. 6 kg/m 6 kg/m 2

Кнауф Кнауф дооел дооел Скопје, Скопје, бул. бул. Александар Александар Македонски Македонски бб,бб, 1000 1000 Скопје, Скопје, Македонија Македонија Тел: Тел: 0202 3235750, 3235750, info@knauf.com.mk, info@knauf.com.mk, www.knauf.com.mk www.knauf.com.mk

Силикатен фасаден малтер, 25 kg 2

Минер Кнауф Кнауф

2

малтер

Системи Системисос и истиропор стиропо Преднос

1

2

2 2 2 Kati за за армирање: армирање: 70,5 kg/m 7 kg/m Потрошувачка: 0,3ca.–ca. kg/m

• Пароп • Економ • Довер • Едност

2

Кнауф фасаден систем

Mosaic

KlebeSpachtel

KlebeSpachtel M

2,7 3,6 2,4 KlebeSpachtel KlebeSpachtel

Измазнета структура 1,5 mm 2 mm 3 mm 2,3 2,7 3,6

Загребана структура 2 mm 3 mm 3 2,4 3,0

3

Knauf Knauf Macedonia Macedonia

Малтер за цокле, 25 kg

Системи со плочи од Кнауф камена волна фасаден систем 4 и стиропор (EPS) Системи со плочи од камена волна

Putzgrund Fassade Потрошувачка: 0,3 пред – 0,5нанесување kg/m2 Подлога на

завршни фасадни малтери, 20 kg 4

Потрошувачка: за лепење: ca. 5 kg/m2 армирање и за армирање: ca. 6 kg/m2

за лепење, ер, малтер, 25 kgМалтер 25 kg глетување на плочи и ламели од

Потрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m2

камена волна, 25 kg

Потрошувачка: Thermokleber Thermokleber Thermokleber Thermokleber 2 лепење: ca. 6Малтер kg/m Малтер заза лепење Малтер лепење Малтер стиропор застиропор за лепење лепење (EPS) стиропор (EPS) стиропор (EPS) (EPS) Кнауф дооелзаСкопје, Кнауф дооел Скопје, за армирање: ca. 7 kg/m22525 плочи, плочи, kg плочи, kg плочи, 2525 kgkg KlebeSpachtel M бул. Александар Македонски бб,

Mosaic Addi Addi

Addi Addi

и стиропор (EPS)

5

5

6 Малтер за цокле, 25 kg агребана а структура структура Акрилен Акрилен фасаден Акрилен фасаден Акрилен малтер, фасаден малтер, фасаден 25Кнауф 25 малтер, kgмалтер, kg 25 25 kgkg фасаден систем бул. бб, Измазнета Измазнета структура структура Измазнета Измазнета структура Загребана структура Загребана структура структура Загребана структура структура 1. Styrokleber * 1.Загребана KlebeSpachtel Малтер за лепење, армирање и Александар Македонски mm 3 mm 3 mm Потрошувачка: Системи со плочи одMкамена волна Потрошувачка: Потрошувачка: 5Потрошувачка: kg/m 5 kg/m 5 kg/m 5иkg/m 1000 глетување на плочи ламели од Скопје, Македонија 2. Stiropor (EPS) волна* 1000 Скопје, Македонија 1,51,5 mmmm2 mm 2 mm 1,51,5 3mm mm 3mm mm 2 mm 22mm mm 2 mm 3 mm 3 mm 3стиропор mm 322.mm 2Камена mm (EPS) 3 mm 3 mm и камена волна, 25 kg Тел: 02 3235750, Addi 3. KlebeSpachtel со мрежичка 3. KlebeSpachtel M со мрежичка 02 3235750, 2,3 2,7 2,7 2,3 2,3 3,6 3,6 2,7 2,7 2,4 2,4 3,6 3,6 3,0 3,0 2,4 2,4 3,0 3,0 4Тел: 3,0 3,0Addi info@knauf.com.mk, 4. Putzgrund2,3 Fassade 4. Putzgrund Fassade АкриленАкрилен фасаденфасаден малтер, малтер, 25 kg 25 kg 2

2

2

Потрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m2

2

Потрошувачка:

за лепење: ca. 6 kg/m www.knauf.com.mk info@knauf.com.mk, 5. Addi ** Knauf Macedonia Кнауф дооел Скопје, за армирање: ca. 7 kg/m бул. Александар Македонски бб, www.knauf.com.mk Knauf Macedonia Conni Conni Conni Conniи Thermok* За лепење ЕРЅ плочи може да се употреби 1000 Скопје, Македонија ИзмазнетаИзмазнета структура структура ЗагребанаЗагребана структура структура 2

2

1,5 mm 2 mm 1,5 mm3 mm 2 mm 2 mm 3 mm 2,3 2,7 2,3 3,6 2,7 2,4 3,6 Styrokleber Styrokleber Styrokleber Styrokleber

малтер, р, 25 kg 25 kg

Тел: 02 3235750, leber. Kaj Styrokleber-от кај објекти со висина до 8m Силиконски Силиконски Силиконски фасаден Силиконски фасаден малтер, фасаден малтер, фасаден 25*25 малтер, kgмалтер, kg од25 25 kgkg Кај плочите камена волна неопходно е

23mm mm 2,4 3,0

3 info@knauf.com.mk, mm нема потреба за типлување, додека при употреба на типлувањето со типли со челично јадро www.knauf.com.mk Thermokleber-от секогаш е потребно типлување. Измазнета Измазнета структура структура Измазнета Измазнета структура Загребана структура Загребана структура структура Загребана Загребана структура структура 3,0 Наместо SP 260 и егализациска боја може да се 1,51,5 mmmm2 mm 2 mm 1,51,5 3mm mm 3mm mm 2 mm 22mm mm 2 mm 3 mm 3 mm 3 mm 32**mm 2 mm 3 mm 3 mm Knauf Macedonia

** Наместо Addi може да се нанесат и други завршни

2

2

2

2

Kati Kati

Силиконски Силиконски фасаденфасаден малтер, малтер, 25 kg 25 kg

mm3 mm 3 mm ИзмазнетаИзмазнета структура структура ЗагребанаЗагребана структура структура 4 3,0 3,01,5 mm 2 mm 1,5 mm3 mm 2 mm 2 mm 3 mm 23mm mm 3 mm 2,3

стиропор (EPS) eе(EPS)

Kati

2,7 2,3 3,6 2,7 2,4 3,6 2,4 3,0 KlebeSpachtel KlebeSpachtel KlebeSpachtel KlebeSpachtel

3,0

Addi

Addi

Kati

/m2

S)

Малтер Малтер заза лепење, Малтер лепење, Малтер за армирање за армирање лепење, лепење, армирање иструктура армирање иЗагребанаиструктура и Измазнета структура Измазнета структура Загребана глетување глетување глетување наглетување на плочи плочи на ламели и2 на ламели плочи плочи и ламели и2 ламели од 1,5 mm 2 mm 1,5 3mm mm 2иmm mm 3 mmод 3од mm mm 3од mm камена камена волна, волна, камена камена 25 25 kg волна, kg волна, 25 kgkg порни е на стиропорни (EPS) (EPS) Подлога Подлога пред нанесување пред нанесување на на 3,0 2,3 2,7 2,3 3,6 2,7 2,4 25 3,6 3,02,4

m2

kg

/m2

Putzgrund Putzgrund FassadeFassade

Kati Kati

Силикатен Силикатен Силикатен фасаден Силикатен фасаден малтер, фасаден малтер, фасаден 2525 малтер, kgмалтер, kg 2525 kgkg Измазнета Измазнета структура структура Измазнета Измазнета структура Загребана структура Загребана структура структура Загребана Загребана структура структура 1,51,5 mmmm2 mm 2 mm 1,51,5 3mm mm 3mm mm 2 mm 22mm mm 2 mm 3 mm 3 mm 3 mm 32 mm 2 mm 3 mm 3 mm 2,32,3 2,72,72,32,3 3,63,62,72,7 2,42,43,63,6 3,03,0 2,42,4 3,03,0

Подлога Подлога пред пред Подлога Подлога нанесување нанесување пред пред нанесување на нанесување на нана завршни завршни фасадни завршни фасадни завршни малтери, фасадни малтери, фасадни 20 малтери, 20 kg малтери, kg 2020 kgkg

2

2

5

Mosaic Mosaic Mosaic Mosaic

Малтер Малтер заза цокле, Малтер цокле, Малтер 25 за 25 kg за цокле, kg цокле, 2525 kg Фасаден Фасаден систем со систем плочи соkg од плочи од Минерални Минерални завршни зс Кнауф Кнауф Кнауф Кнауф фасаден фасаден фаса фас 1.kg/m Styrokleber * 1. Kleb Потрошувачка: Потрошувачка: Потрошувачка: 0,3 Потрошувачка: 0,3 – 0,5 – 0,5 kg/m kg/m 0,30,3 – 0,5 – 0,5 kg/m 2. Stiropor (EPS) каменакамена волна волна малтери малтери 2. Кам 2

2

2

2

3. KlebeSpachtel Системи соСистеми мрежичка 3. Kleb со Системи со Системи плочи плочиод со од со камена плочи камена плочи од во 4. Putzgrund Fassade 4. Putz и и стиропор стиропор и и стиропор (EPS) стиропор (EPS) (EPS) (EPS) 5. Addi ** 5. SP 2 Предности Предности на минерални на ми 6. Егал * За лепење ЕРЅ плочи може да се употреби и Thermok1 Styrokleber-от кај 1 објекти со висина до 8m leber. Kaj

2

* Кај пло • Паропропустливост • Паропропустл Кнауф Кнауф дооел дооел Кнауф Скопје, Кнауф Скопје, дооел дооел Скопје, Скопје, нема потреба за типлување, додека при употреба на типлувањ 2Александар бул. Александар бул. бул. Македонски Александар Македонски Александар бб, Македонски бб, Македонски бб,бб, Thermokleber-от секогаш2е• потребно типлување. Силикатен Силикатен фасаден малтер, фасаден 25 малтер, kg 2 25бул. kg Економичност • Економичност 2 1000 1000 Скопје, Скопје, 1000 Македонија 1000 Македонија Скопје, Скопје, Македонија Македонија ** Намес • Доверливост • Доверливост Измазнета структура Измазнета структура Загребана структура Загребана структура Тел: Тел: 0202 3235750, 3235750, Тел: Тел: 0202 3235750, 3235750, ** Наместо Addi може да се нанесат и други завршни употреб фасадни нанесувања (Kati, Conni или SP 260, односно info@knauf.com.mk, info@knauf.com.mk, info@knauf.com.mk, info@knauf.com.mk, силиконс • Едноставна • Едноставна употреба упо 1,5 mm 2 mm 1,5 3mm mm 2 mm 2 mm 3 mm 3 mm 2 mm 3 3 mm 3 RP 240 3 со егализациска 3 боја) 240 во к www.knauf.com.mk www.knauf.com.mk www.knauf.com.mk www.knauf.com.mk Knauf Knauf Macedonia Macedonia Knauf Knauf Macedonia Macedonia

2 2 2 2 2ca. 2 Kati Kati за за армирање: армирање: ca. ca. армирање: 70,5 армирање: kg/m 7 kg/m 70,5 kg/m 7 kg/m Потрошувачка: Потрошувачка: 0,3за –за kg/m 0,3ca.– kg/m

2,3

Кнауф Кнауф фасаден фасаден систем систем 2,7

Mosaic Mosaic

2,3 3,6

2,7 2,4

3,6

3,02,4

3,0

SP 260

Системи Системи со плочи со плочи од Кнауф камена од Кнауф камена волна волна фасаден фасаден систем систем системи 4 4 и стиропор и стиропор (EPS) (EPS)Системи Системи со ѕид. плочи соод плочи камена од камена волна волна со изолација од камена волна и паропропусност на целиот фасаден 2 Потрошувачка: Потрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m0,3 – 0,5 kg/m2

Конечно можете да го добиете посакуваниот5 квалитет5 на живот ивостиропор Вашиот и стиропор (EPS) дом. (EPS) Mosaic

Mosaic

Малтер за цокле, Малтер25 заkg цокле, 25 kg

Кнауф дооел Кнауф Скопје, дооел Скопје, Потрошувачка: Потрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m0,3 – 0,5 kg/m M 2

2

бул. бул. Македонски Македонски бб, бб, * 1. Styrokleber 1. Styrokleber * ње е, армирање и Александар и Александар 1000 Скопје, 1000 Скопје, Македонија очи ли од и ламели одМакедонија 2. Stiropor 2. (EPS) Stiropor (EPS) 5Тел: kg 02 3235750, Тел: 02 3235750, 3. KlebeSpachtel 3. KlebeSpachtel со мрежичка со мрежичка

2

бул. Александар бул.Македонски Александарбб, Македонски бб,

5

5

6

6

Кнауф Кнауф фасаден фасаден систем систем 1. KlebeSpachtel 1. KlebeSpachtel M M Системи со Системи плочи од со камена плочи од волна камена волна 2. Камена2. волна* Камена волна* и стиропор и стиропор (EPS) (EPS) 3. KlebeSpachtel 3. KlebeSpachtel M со мрежичка M со мрежичка

info@knauf.com.mk, info@knauf.com.mk, 4. Putzgrund 4. Putzgrund Fassade Fassade www.knauf.com.mk www.knauf.com.mk 5. Addi **дооел 5. Addi ** Knauf Macedonia Knauf Macedonia 2 Кнауф дооел Кнауф Скопје, Скопје,

/m

SP

МинераленМи за фасаден малт фа структура, стр 25

Малтер за Малтер цокле, засистеми 25 цокле, kg 25контактна kg пор е на(EPS) стиропор (EPS) Дозволете им на нашите фасада, трајно да Ви покажат Putzgrund Putzgrund Fassade за Fassade kg ување, 25 kg 2 2 Потрошувачка: Потрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m 0,3 – 0,5 kg/m дека "Изгор лето-кочан зима" не е опис и за Вашиот дом. Подлога пред Подлога нанесување пред нанесување на на 4 20 kg 4 завршни фасадни завршни малтери, фасадни 20 малтери, kgовозможена 2 Вдишете голема доза чист и свеж воздух, од единствените Кнауф

/m2

2

4

2 2 2 2 Потрошувачка: Потрошувачка: Потрошувачка: 0,3 Потрошувачка: 0,3 – 0,5 – 0,5 kg/m kg/m 0,3 0,3 – 0,5 – 0,5 kg/m kg/m

Потрошувачка: Потрошувачка: Потрошувачка: Потрошувачка: завршни завршни фасадни фасадни малтери,малтери, 20 kg 1 20 kg 1 за за лепење: лепење: ca.ca. за 6 за kg/m лепење: 6 kg/m лепење: ca.ca. 6 kg/m 6 kg/m 2

1

Putzgrund Putzgrund Putzgrund Fassade Putzgrund FassadeFassade Fassade

Потрошувачка: Потрошувачка: Потрошувачка: АкриленПотрошувачка: фасаден Акрилен малтер, фасаден 25 малтер, kg 25 kg 2 2 2 2 за за лепење: лепење: ca.ca. за 5 за kg/m лепење: 5 kg/m лепење: ca.ca. 5 kg/m 5 kg/m Силикатен Силикатен фасаден фасаден малтер, малтер, 25 kg 25 kg 2 2 2 2 за за армирање: армирање: за ca. за ca. армирање: 6 армирање: kg/m 6 kg/m ca. ca. 6 kg/m 6 kg/m Измазнета структура Измазнета структура Загребана структура Загребана структура 1,5 mm 2 mm 1,5 3mm mm 2 mm 2 mm 3 mm 3 mm 2 mm 3 mm ИзмазнетаИзмазнета структура структура Загребана Загребана структура структура 2,3 2,7 2,3 3,6 2,7 2,4 3,6 3,02,4 3,0

1,5 mm 2 mm 1,5 mm3 mm 2 mm 2 mm 3 mm 23mm mm 3 mm 2,3 2,7 2,3 3,6 2,7 2,4 3,6 2,4 3,0 3,0 Conni Conni со Фасаден Фасаден систем систем плочи со од плочи од Силиконски Силиконски фасаден малтер, фасаден 25 малтер, kg 25 kg KlebeSpachtel KlebeSpachtel KlebeSpachtel KlebeSpachtel MM (EPS)MM стиропор стиропор (EPS)

Фаса каме

стиропор (EPS)

3

Малтер Малтер заза лепење Малтер лепење Малтер на зана за лепење стиропор лепење стиропор на(EPS) на стиропор (EPS) стиропор (EPS) (EPS) армирање армирање армирање и армирање глетување, и глетување, и глетување, и25 глетување, 25 kgkg 2525 kgkg

на вање на лтери, , 20 kg 20 kg

m2

употребат и силикатно завршно нанесување Knauf Kati,

Малтер Малтер заза лепење Малтер лепење Малтер на зана за лепење стиропорни лепење стиропорни нана стиропорни (EPS) стиропорни (EPS) (EPS) (EPS) 2,32,3 (Kati,2,7 2,72,3 2,3 3,6 2,7односно 2,7 2,42,43,63,6 3,03,0 2,4 2,4 3,03,0 нанесување Knauf Conni или RP фасадни нанесувања Conni или SP3,6 260, силиконско завршно Фасаден систем со плочи од RP 240 со егализациска боја) 240 во комбинација со егализациска боја. плочи, плочи, 2525 kg плочи, kg плочи, 2525 kgkg

ConniПотрошувачка: ConniПотрошувачка: Потрошувачка: 5 Потрошувачка: kg/m 5 kg/m 5 kg/m 5 kg/m агребана а структура структура

EPS)

5. SP 260 ** 6. Егализациска (изедначувачка) боја

4. Putzgrund 4. Putzgrund Fassade Fassade 5. SP 260 **5. SP 260 ** 6. Егализациска 6. Егализациска (изедначувачка) (изедначувачка) боја боја

f Macedonia Knauf Macedonia * За лепење ЕРЅ * Заплочи лепење може ЕРЅда плочи се употреби може да исеThermokупотреби и Thermok1000 Скопје, 1000 Македонија Скопје, Македонија Тел: 0230 3235750, Тел: 02 3235750, leber. Kaj Styrokleber-от leber. Kaj Styrokleber-от кај објекти сокај висина објекти до со 8mвисина до 8m * Кај плочите*од Кајкамена плочите волна од камена неопходно волнае неопходно е 24 ПОРТА август 2013

3

info@knauf.com.mk, немаinfo@knauf.com.mk, потребанема за типлување, потреба задодека типлување, при употреба додека при на употреба на типлувањето типлувањето со типли со челично со типлијадро со челично јадро www.knauf.com.mk www.knauf.com.mk Knauf Macedonia Knauf Macedonia Thermokleber-от Thermokleber-от секогаш е потребно секогаш типлување. е потребно типлување.

** Наместо SP **260 Наместо и егализациска SP 260 и егализациска боја може дабоја се може да се

Гранулација Гра 1,5 mm 1,5 2 mm 2m

RP 240

RP

МинераленМи за фасаден малт фа структура, стр 25

Гранулација Гра 2 mm 2m 2,5 mm 2,5

Силиконска Си егализациск ега


дрвна архитектура

Училишна библиотека и прибежиште од пожари Со цел да се зачува прекрасниот поглед од училишната менза и да се зголеми заштитата од шумски пожари, библиотеката е изградена под земја

Н

овата библиотека во австралиското училиште Candlebark, дизајнирана од архитектот Paul Haar од Мелбурн, е добитник на големата награда на Австралија за дизајн од дрво во минатата година. Училиштето Candlebark се наоѓа на источниот дел од областа Macedon Ranges, во близина на Мелбурн. Во прашање е територија на која се чести појавите на шумски пожари, па затоа новата библиотека е изградена за две главни намени: првата е да служи како библиотека за потребите на училиштето, а втората е во функција како последно прибежиште од шумски пожари. Локацијата за новоизградениот објект дозволувала изградба само од јужната страна, веднаш под мензата и просторијата

александар ЧерепнаЛКоСКи, дипл. инж. по дрвна индустрија за состаноци на училиштето. Овој отворен дел овозможува прекрасен поглед кон шума со дабови и брестови. Со цел да се зачува прекрасниот поглед од училишната менза и да се зголеми заштитата од шумски пожари, библиотеката е изградена под земја. Огромни греди изработени од ламелирани фурнирани плочи биле профилирани и обработени за прикачување на масивните дрвени вертикални носачи, кои се видливи во ентериерот со цел да се направи драматичен визуелен ефект. Исто така, гредите се благо закосени што треба да симулира отворена книга гледано од доле.

констрУкција

Училишната библиотека се потпира на бетонска плоча која е 4,5 метри под

земјената линија на северниот дел од објектот, а излегува над земјената линија на јужниот дел. Закривениот надворешен потпорен ѕид изграден од армиранобетоснки блокови, овозможува заштита од хоризонталните товари од почвата. Јужниот ѕид е исто така закривен со поголем радиус и се состои од високи стаклени прозорци и лизгачки врати кои се отвораат, и внатрешниот простор го поврзуваат со приватниот двор, отворената тераса и погледот кон прекрасната шума. Кровната конструкција е оптоварена со 50-60 см земја, која има ефект на: - зачувување на објектот од јакото сонце во текот на летото и за заштита од можни шумски пожари; - подобрување на изолацијата за екстремно ниските температури, 

3

30 август 2013 ПОРТА

25


дрвна архитектура

кои се забележуваат во зимските ноќи; - доволно влага и хранливи состојки во почвата за хранење на билките на кровот. Најчесто товарот на кровните конструции се пресметува со претпоставена тежина од 2,5 тони на квадратен метар кога се вклучува и тежината на самата конструкција и подвижните товари, и како носечки конструкции се препорачуваат армиранобетонски или челични. Но во случајот на новата библиотека како носечка конструкција се избрани масивни носачи направени од ламелирани фурнирани плочи (Laminated Veneer Lumber LVL) префабрикувани во контролирани 26

3

ПОРТА

30 август 2013

услови, а изработени од боров фурнир. Димензиите на носечките елементи се 12 метри во должина, 1,2 метри ширина и 35 и 45мм дебелина. Елементите специјално се изработени од производствениот погон на производителот Wesbeam од Австралија, и испорачани до Мелбурн со воз и до самата локација со камиони. Фурнираните плочи се обработени со CAD систем и залепени меѓусебно за да се добијат димензии 12 метри со 60 см ширина и 20,5 см дебелина. Целата конструкција практично е изработена со најмала загуба на материјал. Сите делови, кои биле отсечени на носачите за да се добие посакуваната

форма, се искористени како попречни помошни носачи на главните греди. Фурнираните плочи со дебелина од 2,5 см се поставени над носачите за да се добие ефикасен, економски и естетски кров за објект покриен со земја.

ЕКСТЕРИЕР

Прозорците и надворешните врати на училишната библиотека се изработени од рециклирано дрво еукалиптус, кое со своите квалитети како густина, издржливост и отпорност на пожари, олично се вклопува во објектот. Додека пак настрешницата која се издигнува над јужната тераса, внатрешните


дрвна архитектура врати и клупите во дворот се направени од посебен вид на чемпрес кој е автохтон за Австралија. Одводите на објектот се посебен композитен систем, кои заземаат голем процент од крајниот буџет, скоро 10%. Под земјениот слој над кровот на објектот се наоѓа комплексен систем на слоеви кои имаат функција да го заштитат кровот од влага, инсекти, изолација и друго. Отпорноста од пожари била основна компоненета која се земала предвид при проектирање на објектот со решенија како двојно застаклување на прозорците со зајакнато стакло, избор на издржливи дрвни видови и друго.

ентериер

Во внатрешноста, носечката конструкција од фурнираните плочи е отворена со што дополнително придонесува во естетскиот квалитет на ентериерот. Таваните се покриени со фурнирани плочи од бор, додека вратите и прозорците се направени од еукалиптус. Модуларни полици за книги и маси за читање се изработени од локалниот дрвен вид акација и од посебен вид на еукалиптус. Библиотеката е изведена со тројна вентилациона стратегија. На прво место, секако се отворите преку прозорците што овозможуваат директен влез на свеж воздух од надвор. Доколку надворешниот воздух не е многу раздвижен, се користат дополнителни отвори кои се отвораат автоматски со цел да се создаде струење на воздухот во простиријата. Но ако и овој начин не е доволен за проветрување, заради невообичаено високи температури или премногу посетители, прозорците се затвораат но автоматските вентилациони цевки остануваат отворени и механички вентилатори се пуштаат во употреба да го придвижат воздухот. Овие вентилатори се вклучуваат навечер внесувајќи свеж планински воздух во текот на ноќта, со цел ладење на просторот од топлината што ја абсорбирала во текот на денот. 

3

30 август 2013 ПОРТА

27


архитектура

проект мост трамБУЛина прекУ сена

Минување преку мост авантура Концептот на мостот е базиран врз изградба на три гумени прстенести модули со дијаметар од 30 метри. Во централниот дел на секој прстен се наоѓа трамбулина која се состои од густа мрежа на растегливи јажиња. ангел СиТновСКи

В

, дипл.инж.арх.

о моментов постојат 37 мостови изградени над реката Сена во Париз. Но, и покрај толку мостови, градските власти најдоа место за поставување на уште еден, и тоа во близина на познатиот мост Bir Hakem. На неодамнешниот натпревар наречен „Мост во Париз“, концептот на Atelier Zundel Cristea ја освои третата награда на конкурсот, кој го распишаа градските власти на Париз. Концептот за овој мост е многу поразличен од сите мостови кои ги има градот, а секако, поразличен е и од мостовите на која било река во светот! Мостот се состои од три огромни префабрикувани ПВЦ мембрани меѓу кои се поставени трамбулини. Ваков мост не може да биде практичен бидејќи оној што ќе посака да помине преку него ќе треба да скока, но во секој случај, особено за помладите, ова ќе биде многу

28

3

ПОРТА

30 август 2013


архитектура забавно. Без сомневање, овој мост би станал голема туристичка атракција во градот, кој и онака изобилува со премногу туристички атракции. За жал (или за среќа), овој мост со освоената трета награда, можеби никогаш нема да биде изведен над Сена, но секако како проект е доста интересен. Идејата на АZС (Atelier Zundel Cristea) била да ги повикаат посетителите и жителите на Париз да се вклучат во едно необично и преполно со игра и забава поминување преку реката, ослободено од гравитацијата. Париз има премногу мостови за сообраќај и движење на пешаците и затоа на градот му е понуден концептот за повеќе игра и забава, идеја за ново и современо урбано уживање. Дали поминувањето преку овој мост би било опасно? Можеби. Нереално. Веројатно, но навистина забавно. Минувачите би скокале од еден крај на друг, и така, скокајќи би ја поминувале реката, фатени во заразната радост на скоковите. Би ја гледале Ајфеловата кула со главите свртени надолу. Сето ова е помалку авантуристички, но се разбира, за оние со помалку авантуристички дух, тука се класичните мостови над реката. Концептот на мостот е базиран врз

изградба на три гумени прстенести модули со дијаметар од 30 метри. Во централниот дел на секој прстен се наоѓа трамбулина која се состои од густа мрежа на растегливи јажиња. Модулите се изработени од ПВЦ и заедно со затегнатите јажиња, кои одат од едниот до другиот крај преку реката, претставуваат стабилен и самоносечки систем. Секој модул е под притисок, исполнет е со 3700 кубни метри воздух. Сите три модули поврзани сочинуваат лак во просторот што се протега над реката Сена. Идејата не започнала со мисла за забава на парижаните и посетителите на градот, колку што се мислело за екологијата! Членовите на проектантскиот тим објаснуваат дека мостот би се изградил за многу кратко време и би имал занемарливо влијание врз животната средина. При проектирањето, авторите размислувале за внесување на радост во минувањето преку мостот, многу игра за еден град каков што е Париз со многу стрес во животот. Периметарот на прстените е дизајниран со височина од пет метри, доволно високо за никој од минувачите да не може да скокне во реката. Помеѓу трамбулините се вклучени и конвенционални пешачки патеки.

3

30 август 2013 ПОРТА

29


архитектура

Јапонија

„Бела пештера“

О 30

3

ПОРТА

бјектот „Бела пештера“ на јапонскиот архитект Такура Јамамото е квинтесенција на минимализмот и чистотата. Во оваа куќа како да нема ни трошка прашина, а помислата на чекор предизвикува непријатност како од тоа не би останала трага. Но такво е чувството само на слика, во стварноста нејзините домаќини сигурно ќе уживаат до максимум. Отворени простори, тенки ѕидови, стаклени карпи од подот до таванот допуштаа совршена прозрачност и струење на воздухот. „Бела пештера“ се наоѓа во јапонскиот град Каназава во кој се и познатите со снег прекриени планински врвови. „Пештерскиот“ влез ветува лесно чистење на снегот, што е голема предност.

30 август 2013


спортски храмови рубрика

На одмор во вашата градина!

Креативни хортикултурни решенија и консултантски услуги. 02/3243790 02/3243793

3

јули 2013 ПОРТА 3026 август

49 31


архитектура инфо остров јеЏУ, јУЖна кореја Објект: комплекс од „артистички вили“, "Jeju Ball" Архитектонско студио: Kengo Kuma and Associates

витра кампУс, вајЛ ам рајн, Германија Објект: експериментален концепт на минимален дом "diogene" Архитект: Renzo Piano

Вилите дизајнирани од архитектот Кенго Кума го обликуваат блокот „D“, кој претставува еден од сегментите на комплексот "Lotte Jeju", развој на објекти проектирани од различни архитекти. Примарната инспирација потекнува од самата конституција на островското пространство, темни, порозни, овални вулкански карпи. Како резултат на тоа, секоја резиденција засебно „изникнува“ како овална црна карпа. Набљудувајќи го од далечина, блокот наликува како површина покриена со ситни камчиња, меѓутоа со секое доближување постепено се согледуваат сегментите на вилите изведени од црниот вулкански камен. Она што го детерминира пејзажот на островот Јеџу, се всушност црнината на опкружувањето и порозноста, па затоа архитектите успеале да го достигнат неговото доживување, сублимирајќи ги овие уникатни специфики во размери на една станбена структура.

Ренцо Пиано е еден од високо еминентните архитекти кои досега ја имале честа да го надополнат Витра Кампусот, со адиција на сопствено дело, комплетирајќи мала дрвена приколка за престој на само една особа. „Диоген“, наречена по античкиот филозоф Диоген, кој сметал дека светскиот луксуз е целосно непотребен во животот, претставува минималистичка станбена единица, која функционира комплетно автономно како самостоен, затворен систем, независен во однос на опкружувањето и климатските варијации. Оваа нејзина особина овозможува таа да се приспособи и интегрира во какви било услови, привлекувајќи ги нејзините корисници да го осознаат редефинирањето на врската помеѓу индивидуата и општеството.

каЛГари, канаДа Објект: облакодер "the Bow" Архитектонско студио: Fosters + Partners

32

3

ПОРТА

”The Bow“ претставува првиот водечки објект во развојниот проeкт за источната страна на ”Centre Street“, главна оска која се протега долж централното градско подрачје Calgary, и воедно претставува седиште на компаниите "Encana" и "Cenovus". Формата на објектот е обликувана според специфичните климатски слоеви на градот. Ориентиран кон југ, фасадата на објектот се извива на начин да дефинира серија од атриуми кои функционираат како заеднички простори, со пространи зелени градини, кафе барови и места за средби, придонесувајќи за подобрување на виталната социјална димензија на административните катови. Секој аспект, од пространоста на нивоата до диагридната структура, е дизајниран на начин да постигне максимална ефикасност. Објектот "The Bow" е новиот симбол на градот Калгари, структура која безрезервно се интегрира и претопува во постоечката градска структура. 30 август 2013


архитектура инфо сан Дениз, франција Објект: средно училиште "Jean Lurçat" Архитектонско студио: Mikuo Studio Објектот на средното училиште се наоѓа на граница помеѓу двете основни структури на сопственото опкружување - природниот и градскиот пејзаж, т.е. истовремено се наоѓа во средиштето на природното зеленило, како и во непосредна близина на станбеното домување. Предизвикот при дефинирање на проектот претставува неопходноста објектот неминовно да се интегрира во околината, без да ги попречи визурите кон парковскиот пејзаж. За таа цел, архитектите дошле до решение за создавање структура конципирана од серија на засебни, но истовремено поврзани блокови, позиционирани во паркот. Сите блокови меѓусебно се поврзани преку зони, отворени кон озеленети градини кои ја обезбедуваат транспарентноста и леснината на просторот. Шемата на конфигурирање единечни волумени идентификува различни функционални катчиња за училиштето, креирајќи различни визуелни согледувања на опкружувањето од внатрешноста и обратно.

марсеј, франција Објект: архив и истражувачки центар "Villa Méditerranée" Архитектонско студио: Boeri Studio Новиот дом на медитеранската култура остава впечаток како отсекогаш да претставувал составен дел од градот Марсеј, припаѓајќи му на пристаништето и морското крајбрежје. Волуменот на објектот, дефиниран од 8.800 м², создава слика на два дистинктивни изрази за опкружувањето, еден за градот, а другиот за водното пространство. Елевацијата ориентирана кон високите ѕидини на тврдината Saint-Jean искажува воздржана, современа, навидум потчинета елегација, додека пак фасадата кон медитеранското пространство се карактеризира со радикален, модернистички дизајн, потенцирајќи ја импресивната конзола од 36 м, која како да ја апсорбира водната површина за целосно да се претопи кон структурата на објектот. Природниот израз на објектот е целосно постигнат и покрај фактот што внатрешноста на објектот е целосно завиткана со континуирана униформна обвивка. Компонирана од големи, белузлави бетонски панели на кои наизменично се појавуваат прозорски отвори со различни димензии, конструкцијата зборува за опсесивните „лајт мотиви“ кои се главна карактеристика за творештвото на студиото ”Boeri“.

подготви: андреа ЈаМаКоСКа

3

30 август 2013 ПОРТА

33


1963

2013

50 ГОДИНИ ОБНОВА И ИЗГРАДБА НА СКОПЈЕ

Михаил Токарев ИСТОРИСКО-КРИТИЧКИ ПОГЛЕД НА АРХИТЕКТУРАТА (13)

Исчекор кон монументализмот

Георги Константиновски. Станбено-деловниот објект на ул. 29 Ноември. Основа и изглед

Георги Константиновски. Станбено-деловниот објект (палата Унија)

Кон средината на 90-тите години, својата активност ја продолжува веќе реномираниот творец Георги Константиновски, подигајќи неколку значајни објекти. Кај станбено-деловниот објект (палата Унија) на улица Иво Рибар Лола (1993), со умешно премостување тој прави надградба на затекнатиот станбен објект од П+2, додавајќи и две јадра за вертикални комуникации. Неговиот архитектонски израз е определен со растерот на армиранобетонските елементи околу стариот објект и со стаклената ѕид-завеса на еркерно испуштената надградба. Овој монументален архитектонски израз би имал поголемо достоинство кога би бил подобро решен аголот кон раскрсницата, кој го одбележува влезот во централното градско подрачје. Со станбено-деловниот објект на улица 29 Ноември (1996), подлегнувајќи на програмските барања на инвеститорот, наместо ламелен објект Константиновски прави атриумско решение, кое со својот волумен непримерно се наметнува врз непосредната околина составена главно од индивидуални станбени објекти. Иако овој објект е изграден надвор од урбанистичката регулатива и од страна на Врховниот суд е прогласен за нелегален, сепак тој станува репер за внесување на нови такви несоодветни волумени во овој дел на градот. Непримерното однесување на истиот инвеститор, се потврдува и кај деловно-трговскиот објект Кузман (1994-1997), каде што поради надминатиот габарит интервенира градежната инспекција со делумно уривање, а Универзитетот, како сопственик на локацијата, покренува судски спор. И покрај тоа, мора да се признае дека овој објект со своите стаклени ,,V” еркери содржи видлива авторска експресија. 34

3

ПОРТА

30 август 2013

Георги Константиновски. Деловнотрговскиот објект Кузман


архитектура Стаклено-челичните структури и високосјајните фасадни облоги во овој период започнуваат да ги применуваат архитектите од различни генерации. Ѓорѓи Банишки огледалните фасадни структури најпрвин ги применува во една слободна динамична композиција кај Трговксиот центар Бисер (1994). Во следните години интеграцијата на стаклото и високосјајните облоги, тој ја прави во рамките на една строга геометриска симетрија, што е видливо кај два објекти: административно-управната зграда на Пиварницата (1991) и станбено-деловната зграда на ул. Рузвелтова (2000).

Ѓорѓи Банишки. Станбено-деловната зграда на ул. Рузвелтова

Ружа ДамевскаЈовановиќ. Деловниот објект Неоком. Основа и изглед

Таквата употреба на материјалите врз една префинето извиткана форма на асиметрична композиција ја применува и Ружа Дамеска-Јовановиќ кај деловниот објект Неоком (1999). Треба да се напомене дека оваа авторка претходно има стекнато големо искуство во проектирањето на поштенски и производствени објекти. Новата слобода во архитектонското компонирање Ленка Јанева-Маневска настојува да ја „дисциплинира“ со помош на јасно дефинирани цврсти форми. Тоа најпрвин го применува во смирената силуета на производствениот објект Дамекс (1997), а потоа во раздвижената силуета на деканатскиот објект на Медицинскиот факултет (2000). Од изнесените примери се гледа дека во овој период македонските творци ја претпочитаат монументалната нота во архитектонскиот израз, која не соодветствува на влошената економска состојба во земјата. 

Ленка Јанева-Маневска. Деканатскиот објект на Медицинскиот факултет

Ленка Јанева-Маневска. Производствениот објект Дамекс

3

30 август 2013 ПОРТА

35


архитектура Тие едноставно не можат да извлечат поука од западноевропските примери создадени во претходната деценија на економска рестрикција, кога се подигаат релативно евтини објекти со лесна, дури и ,,провизорна“ структура. Всушност, на манифестациите на БИМАС се изложени примери и на такви непретенциозни објекти подигнати во Велика Британија од авторскиот тим чиј член е и Владимир Ладински.

Будење со нови погледи

Зачудува фактот што во втората половина на 90-тите години одеднаш и неочекувано се случува мала архитектонска експлозија во Македонија, кога се проектираат и започнуваат

да се градат голем број разновидни објекти. Преку проектите одново заживува истражувањето на нови можности во архитектурата, кои според својот архитектонски израз се движат од неорегионализам до реинтерпретација на пионерските движења на модерната. Како поттик за таквите истражувања служат веќе познатите западноевропски и американски примери. Оваа иницијатива наоѓа поткрепа кај новопечените бизнисмени, кои сакаат преку своите објекти да ја потенцираат посебноста на својата фирма или статусот на своето семејство. Се подигаат голем број индивидуални и колективни станбени згради, административноделовни и хотелско-угостителски објекти, а ентериерното обликување доживува процут. Исто така, постепената стабилизација

Зорица Блажевска и Георги Константиновски. Домот Сју Рајдер во населбата Ѓорче Петров. Основа и изглед

М. Марковска, М. Бакалчев и М. Хаџи-Пуља. Станбено-деловниот објект СМС, населба Чаир. Основи и изглед

Љубица Брезовска и Лиљана Митровиќ. Станбено-деловниот објект, населба Тафталиџе. Основа и изглед 36

3

ПОРТА

30 август 2013


архитектура на економската состојба создава услови за заштита, реставрација и ревитализација на градителското наследство. Во областа на колективното домување, преку Домот Сју Рајдер (1996-1997), Зорица Блажевска и Георги Константиновски ги реализираат истражувањата на потребите за соодветно живеење на луѓето со посебни потреби. Непретенциозната функција на објектот резултира со јасно одмерена едноставност и во неговиот архитектонски израз. Преку станбеноделовниот објект СМС (1996-1999), авторите М. Марковска, М. Бакалчев и М. Хаџи-Пуља внесуваат обликување со една ненаметлива и лесна поетична линија, која потсетува на латиноамериканската архитектура од 50-тите години на ХХ век. Од друга страна, Љубица Брезовска и Лиљана Митровиќ, во архитектонскиот израз на станбено-деловниот објект во Тафталиџе (1997-2001), со помош на формите внесуваат регионални мотиви, додека со колористичкиот Мирослав Грчев и Кокан Грчев. Амбасадата на Холандија

Мирослав Грчев и Кокан Грчев. Резиденција на амбасадорот на САД. Основа на кат и изглед

Александар Никољски. Адаптација, доградба и надградба на куќата Куцурелос

третман овој објект се навраќа на станбените објекти од населбата Дефанс во Париз од 70-тите години. Особено голем број објекти се подигаат во областа на индивидуалната станбена изградба, при што се оформуваат цели приградски населби. Честопати тие имаат многу висок стандард, а некои од нив се градат под недефинирани урбанистички услови, што доведува до спорни ситуации. Во областа на домувањето, Мирослав Грчев и Кокан Грчев ја продолжуваат развојната линија за современа реинтерпретација на традиционалната градска куќа од периодот меѓу двете светски војни. На таков начин, тие го создаваат објектот на Амбасадата на Холандија (1997), со едно строго симетрично и хармониски пропорционирано решение во контекст со непосредната околина. Кај резиденцијата на амбасадорот на САД (1995) овие автори бараат синтеза на домашното искуство и на американската рана модерна, при што архитектонскиот израз на овој објект недвосмислено потсетува на раното творештво на Френк Лојд Рајт. Таквиот пристап е во согласност со локацијата на објектот во слободен зазеленет простор на ,,елитната“ станбена населба Водно. Во истата населба, реномираниот творец Александар Никољски прави адаптација со делумна доградба и надградба на куќата Куцурелос (1995-1996), чие основно јадро е подигнато од Лудјек Кубеш во 1964 година. Задоволувајќи ги новите програмски барања, авторот се одлучува во обликувањето да ги реафирмира принципите на пуризмот, според кои е создаден и првобитниот објект. 

3

30 август 2013 ПОРТА

37


експерт

Анатомија на една вест

Новиот клинички центар „Мајка Тереза“ можности и предизвици Со оглед на тоа што ваков капитален објект се гради еднаш на неколку генерации, пожелно е да се гледа колку е можно повеќе за задоволување на идните потреби д-р Владимир Б. Ладински, дипл.инж.арх. (Велика Британија)

Н

а почетокот на овој месец, во екот на сезоната на годишни одмори, една вест се чини дека го привлече вниманието на медиумите во земјата. Ова наполно е разбирливо доколку се земе предвид дека станува збор за најавената изградба на новиот Универзитетски клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Ваква вест не може да го остави рамнодушен ниту медицинскиот персонал, ниту граѓаните

38

3

ПОРТА

30 август 2013

коишто со изградбата на современ клинички центар ќе се здобијат со подобри услови за работа, лекување и нега. Врз основа на информациите објавени на веб страницата на Министерството за здравство од 6-ти и 11-ти август и во дневниот печат, можат да се осознаат некои од основните податоци сврзани со овој проект, а коишто се базирани на идејното решение за новиот клинички центар. Тие укажуваат дека новиот центар ќе биде лоциран на местото на старата гинекологија, сместен во два

меѓусебно поврзани осумкатни блока и поврзан со постоечките соседни објекти на Клиниката за хирургија, Клиниката за гинекологија и Клиниката за онкологија, а во коишто ќе се сместат скоро сите клиники со исклучок на Клиниката за детски болести (во која ќе се релоцира и Клиниката за детска хирургија), Клиниката за инфективни болести и Клиниката за стоматологија и максилофацијална хирургија, коишто ќе останат во своите постојни објекти. На местото на Интерните клиники и


експерт Психијатриската болница ќе се изгради парк, додека Радиологија ќе се адаптира во административен објект, а Кардиологија во болнички хотел. Во рамките на комплексот ќе се изградат и две катни гаражи со капацитет од по 1.250 места за паркирање. Според достапните информации, идејниот проект го има изработено италијанската фирма за архитектура и инженерство „Арен С.р.л.“ од Торино, која во рок од 160 дена ќе треба да го сработи основниот проект. Изградбата на новиот Клинички центар треба да почне во првиот квартал на следната 2014 година, со тоа што објектот би се реализирал во период од три години, во 2017 година. Се проценува дека целиот проект вклучително со реконструкцијата на Клиниката за хирургија ќе чини околу 70 милиони евра, а изготвувањето на проектот 1,3 милиони евра. Изградбата на новиот Клинички центар ќе се финансира со кредит од Банката за развој на Советот на Европа. Посакувајќи им успешна работа на нашите италијански колеги при изработката на основниот проект и уште поуспешна реализација на комплексот на идните градители, тешко, но многу прималиво, е да се замисли дека од 2017 година пациентите на новиот Клинички центар нема да треба на минус 20 или на плус 40 степени да се туркаат на количка или на носила на тркала во своите пижами или ношници врз нерамните патеки од еден во друг Клинички центар за дополнителни анализи, испитувања или конзилијарни прегледи. Веројатно многумина посакуваат вакво нешто да се случи со децении. Поводот за овој напис не е да се разгледа предложеното идејно решение во детаљ и по истото да се коментира, со оглед на тоа што нема доволно информации за вакво нешто, но уште повеќе што тоа ќе биде задолжение на комисијата за ревизија на проектот. Она што фасцинира и поттикнува да се одбележи овој повод е изборот на информации со кои се промовира комплексот, а за кои се претполага дека укажуваат на клучните стратешки определби и карактеристики на овој проект. Тие се сконцентрирани на енергетската ефикасност, фасадното решение, зелените градини на рамниот кров, новиот оддел за интензивна нега во кој ќе се промовира работата на мултидисциплинарни тимови, како и примената на систем за компјутеризирана контрола, следење и управување на објектот. Без сомнение, реализацијата на горенаведените аспекти на објектот ќе придонесе новоизградениот клинички центар да се приближи кон очекуваните

Карактеристичен болнички кат

стандарди во развиените земји во светот. Определбата да се разреши моторниот и пешачкиот сообраќај во рамките на комплексот е за поздравување, и неоспорно и значително ќе придонесе за подобрување на квалитетот на здравствените услуги. Ова е особено значајно доколку се земе предвид дека најголемиот број на клиники меѓусебно ќе бидат поврзани во единствен комплекс, што значително ќе го подобри доживувањето на посетителите на овој центар. Предвидената изградба на две катни гаражи, секоја со по 1.250 паркинг места, би требало значително да придонесе за подобрување на пристапноста на Клиничкиот центар, особено кога станува збор за изнемоштените лица и лицата со пречки во мобилноста. Со какви искуства корисниците на овие катни гаражи ќе се стекнат, во голема мера ќе зависи од управувањето и условите на нивно користење. На пример, во Англија локалните здравствени служби се предмет на чести и остри критики во однос на својата политика за наплаќање на паркирање во рамките на болниците, и се обвинуваат дека го подобруваат своето финансиско

салдо преку наплаќање за паркирање на најранливите лица. Критиките особено се остри кога станува збор за наплаќање на паркирање и на пациенти кои почесто мораат да доаѓаат во болниците за прием на терапија за тешки и хронични болни, како на пример за оние што се на хемотерапија или радиотерапија, или пак оние што редовно мора да доаѓаат за дијализа. Со оглед на тоа што цените на паркирање во болничките паркинзи се регулираат на локално ниво, постојат значајни разлики од болница до болница. Сериозноста на проблемот е таква што сè е поголем бројот на осигурителните друштва коишто нудат полиси за делумно покривање на одредени здравствени трошоци и партиципации во нив, па почнуваат да вклучуваат и за делумно покривање на наплатата за паркирање сврзани со болничко лекување. Се разбира, освен управувањето и условите на користење на катните гаражи, успешноста на понуденото решение во голема мера ќе зависи и од нивната димензионираност во смисла на капацитетот на објектот, за што во моментов не е можно да се коментира врз 

3

30 август 2013 ПОРТА

39


експерт основа на расположивите податоци. Изградбата на нови катни гаражи во рамките на еден ваков комплекс отвора можност за примена на дополнителни иновации. Како на пример, вклучување на специјализирани поголеми паркинг места за возила за лица со пречки во мобилноста, во кои лицето во количка заедно со неа директно може да влезе во него со што дополнително би се зголемила пристапноста во комплексот. Постепениот пробив на електричните патнички возила налага да почне да се размислува за вклучување и на специјализирани паркинг места на коишто електричните автомобили ќе можат да ги наполнат или надополнат своите батерии додека се паркирани. За поздравување е определбата соодветно внимание да се посвети на термичката заштита на објектот, намалување на термичките мостови и примената на енергетски ефикасни светлосни тела, како и примената на системот за компјутеризирана контрола, надгледување и управување на објектот, релативно иновативна примена на ваков систем во рамките на Р.Македонија, за разлика од поразвиените земји во светот каде што на ваков систем се гледа како на нешто вообичаено. Да речеме, во Обединетото Кралство, освен на ниво на објект и на комплекс, ваквите системи за контрола на градежните инсталации на објект се користат и на општинско ниво, каде скоро сите објекти во сопственост или управување на општината централно се контролираат и управуваат од единствен контролен центар. Според објавените информации се споменува определбата за примена на вентилирана фасада со дупла обвивка од два различни материјали. Со оглед на ограничените расположиви информации не е можно најточно да се утврди дали станува збор за вентилирана фасада каде помеѓу надворешната облога на фасадата и првиот следен надворешен слој на фасадата постои мал вентилиран воздушен простор или, пак, станува збор за систем од две висечки фасади со поголем вентилационен простор помеѓу нив. Првиот пристап може да се смета за современ пристап кон решавањето на фасада на објект, додека евенуталната примена на вториот систем би можела да се смета за навистина иновативна, особено со оглед на тоа што релативно мал број на новоизградени објекти го користат овој посовремен систем на градење, кој отвора можност објектот да се обработи како пасивен објект, како по однос на примената на соларната енергија, така и по однос на примента на пасивната вентилација на објектот. Определбата за вклучување на кровни градини во рамките на комплексот, особено на крововите на пониските катови на објектот е во рамките на современите трендови во архитектурата. Примената на вакви градини во значителна мера може да придонесе за амбиенталниот комфор во делот на објектот под градината, како резултат на дополнителната изолација и термичка маса на почвата во градината од која се очекува да го намали прегревањето на објектот во топлите летни денови и топлинските загуби во студените зимски денови. Овие градини значително можат да го подобрат изгледот и чувствата на посетителите во однос на еден интензивно изграден простор, но истовремено можат да го дадат својот придонес кон ублажување на последиците од поројни дождови и намалување на ризикот од излевање на преоптоварените канализациони системи во екстреми временски услови. Вклучувањето на градините овозможува времено да се успори протокот на атмосферска вода и со тоа да се одложи нејзиното испуштање во системот за атмосферска канализација, кога тој е најоптоварен. Поставувањето на градини на рамните покриви исто така овозможува да се применат системи за рециклирање на дождовната вода, коешто може да овозможи дополнителни еколошки придобивки и заштеда во однос на овој сè поскапоцен природен ресурс. 40

3

ПОРТА

30 август 2013

Одделот за интензивна нега, во кој ќе се промовира работата на мултидисциплинарни медицински тимови, ја отсликува определбата преку новиот објект да се поддржат современите трендови во медицинско згрижување на пациентите со комплексни медицински потреби. Во најавата на проектот доста внимание е посветено за определбата новиот клинички центар да биде пристапен и без бариери, и во оваа смисла е укажано на некои од предвидените пристапи кон внатрешното уредување на објектот преку кои би се реализирале овие определби. Ова секако ќе биде значително подобрување во однос на досегашната состојба,

но станува збор за доста базични мерки за задоволување на најосновните потреби за кој било објект, а да не зборуваме за клинички центар, така што ова веројатно е повеќе одраз на тоа колку, за жал, заостануваме зад поразвиените земји во оваа насока, отколку одраз на иновативен пристап. Севкупно гледано, според најавеното, треба да се очекува земјата да се здобие со современ и достоен објект од кој со право се очекува да придонесе за надминување на слабостите со коишто се соочуваат корисниците на постојниот објект сега. Во сето ова исклучително важни се работите што за сега не се спомнати во најавата за изградбата на новиот центар. На пример, не е наведено спред кои стандарди се проектира објектот. Капиталниот значај


експерт на ваков објект значително го надминува ограниченото ниво на детаљ во македонските прописи и стандарди за проектирање. Со оглед на сизмичноста на територијата на Р. Македонија и претходно стекнатите, и за жал не баш најдобри искуства за однесувањето на постојните здравствени објекти при земјотресите од изминатиот дваесетти век, од исклучителна важност ќе биде според кои стандарди и кое ниво на сеизмичка заштита се проектира објектот. Вообичаено, објектите отпорни на земјотреси се проектираат со три нивоа на заштита. Основното ниво е да се задоволат потребите за јавна безбедност и зачувување на животот,

коишто се сведуваат на тоа објектот да се испроектира така за тој да не се сруши во случај на земјотрес врз корисниците на објектот и случајните минувачи во неговата околина. Вака испроектираните објекти во случај на земјотрес ќе ги исполнат критеримумите за проектирање доколку не се срушат и овозможат безбедна евакуација од објектот и во случај на силен земјотрес, но при еден ваков земјотрес оштетувањата на објектот можат да го надминат нивото за економска оправдана санација, така што тој ќе треба да се сруши и замени со нов. За наредно ниво се смета она преку кое се очувува носивиот конструктивен систем на објектот. Во едно вакво сценарио објектот би требало да може да се санира пред да може да се врати во употреба. Највисокото ниво е она од кое се

очекува во услов на силен земјотрес не само носивата конструкција на објектот да го издржи земјотресот туку и објектот да остане во функиција со потреба за минимални козметички поправки, како на пример, мали пукнатини во малтерот или гипс картонските плочи и слично. Доколку се земе предвид капиталниот карактер на објектот и неговата исклучителна важност во ублажувањето на последиците на евентуален иден земјотрес, веројатно нема друга логична и економска оправдана опција освен тој да биде испроектиран според највисокиот стандард на заштита со што би се очекувало објектот да остане во функција дури и при силен очекуван земјотрес. Изградбата на новиот Клинички центар исто така отвора можност, доколку има потреба, до ова ниво да се санираат и постојните објекти коишто ќе се очуваат во рамките на комплексот. Фокусот на енергетска ефикасност при проектирањето на објектот е за поздравување, иако од објавеното не може да се види до која мера тоа би се спровело, во смисла на тоа според кои прописи и стандарди се проектира објектот. Исто така, не може да се види дали станува збор само за определби за енергетска ефикасност или пак за повисоки еколошки определби, како на пример одржливост, консултација на идните корисници на објектот, примена на еколошки материјали, искористување на обновливи извори на енергија и слично. Ваков објект, со оглед на тоа што е во употреба во текот на целата година, дава извонредни можности за примена на комбинирани системи за прозиводство на топлинска и електрична енергија, примена на котли кои работат на био маса, како и другите поконвенционални системи за производство на енергија од обновливи извори, како на пример геотермални пумпи, соларни панели за производство на електрична енергија или пак сончеви колектори за топла вода. Со оглед на тоа што ваков капитален објект се гради еднаш на неколку генерации, пожелно е да се гледа колку е можно повеќе за задоволување на идните потреби. Во оваа смисла веројатно треба да се разгледува за проектирање на објектот за потребите на лица со пречки во помнењето или пак за потребите на баријатричките пациенти и сл. Објавените информации засега не ги нудат основните податоци за еден болнички објект, како на пример капацитетот во смисла на проектираниот број на легла воопшто и особено на оние во одделот за интензивна нега, бројот на операциони сали и слични клучни податоци од кои би можело да се заклучи дали со изградбата на новиот центар ќе се зачува, намали или зголеми капацитетот на новиот објект во однос на постојниот. Да речеме во Обединетото Кралство трендовите се за намалување на бројот на болничките легла како резултат на напредокот во доменот на методите за лекување кои сè почесто овозможуваат пациентите да се третираат во домашни услови или пак во текот на еден ден, од кои причини се намалува потребата за болнички легла, но исто така за бројот на леглата од економски причини да се сведе на апсолутен минимум за постојниот капацитет на легла да се користи на најефикасен можен начин со скоро целосна искористеност на капацитетите. Ваквиот пристап во нормални услови се чини дека може да функционира, но не секогаш и во вонредни случаи, да речеме при несреќи или епидемии кога се јавува акутен недостиг на болнички кревети, што ги ограничува можностите за соодветно згрижување на болните. Како и секогаш, изградбата на еден ваков капитален објект со себе носи бројни предизвици, но истовремено и отвора можности визионерски и на најдобар можен начин да се пристапи кон задоволувањето на сегашните и идните потреби. Во колкава мера ќе се одговори на нив и ќе се искористи повеќегенерациската можност која сега постои, најверојатно ќе треба да се чека до реализацијата на објектот во 2017 година, кога би требало да се имаат одговорите на сите сега поставени и други непоставени прашања. 

3

30 август 2013 ПОРТА

41


технологии

Нови опции на фуриозната информатичка технологија

Помалку хартија, повеќе технологија

Воведувањето на дигиталните сертификати и на електронското аплицирање за одобрение за градба, се мерките што во Македонија можат да се означат како главни причини за почеток на крајот на печатените проекти Трајче Стојанов,

П

оследните измени и дополнувања на Законот за градење, како и на соодветните подзаконски акти, ја „разбудија“ инженерската фела. Воведувањето на дигиталните потписи (сертификати) и новата постапка за добивање на одобрение за градба по електронски пат, во услови практично без преодни рокови, нè затекна целосно неподготвени и неинформирани. Се појавија мноштво прашања: како се употребува сертификатот, преку кои софтверски апликации, каде и од кого се „потпишува“ проектот/ревизијата, што ако е потребно да се додаде/одземе еден лист од проектот, кои верзии на фајл форматите да се користат итн. Во вакви

42

3

ПОРТА

30 август 2013

дипл.инж.арх.

услови проработи колегијалноста, па инженерите почнаа да ги делат искуствата со цел да ја намалат недоумицата додека работите не станат појасни. Во целата збрка, се чини никој не ги оспори напорите на законодавецот да создаде „квалитетен, транспарентен и унифициран начин на постапување на сите надлежни органи и субјекти во постапката на издавање на одобрение за градење по најсовремени стандарди, во најкраток можен рок“. Можеби веќе одамна сме се помириле со фактот што во некоја точка во иднината, хартијата како традиционален медиум ќе биде целосно заменет од опциите што ги нуди фуриозната Информатичка технологија (ИТ). Во таа насока веќе неколку години функционира „бирократската гилотина“ во државава,

финанските трансакции по Интернет итн. Се чини времето на хартијата полека изминува, за сметка на дигитализацијата што навлегува во сите пори од нашето живеење. Промените се составен дел од нашето професионално работење. Пред некои 15-ина години, целосно ги заменивме рапидографите со компјутерите, а сосема е можно за дополнителни 15ина години целосно да ја напуштиме и хартијата. На прв поглед тоа се чини непрактично и малку веројатно. Хартијата сепак се користи илјадници години, нејзината корист е од непроценливо значење за развојот на цивилизацијата. Сепак, светот молскавично ги заменува книгите и тетратките во образованието со компјутери. Сетете се само на проектот „Компјутер за секое дете“, студирањето


технологии од далечина, електронското читање на весници, електронските книги итн. Во моментов, продажбата на книги во електронска форма во САД учествува со четвртина од вкупната продажба (извор: American Association of Publishers). Дополнително, истражувањата на оваа организација покажуваат дека профитот од продажбата на електронските книги во 2012 година пораснала за неверојатни 41% и се искачила на 1,5 милијарди долари (споредено со 2,1 милион долари приход во 2002 година). Во исто време годишната продажба на книги во книжарниците опаѓа со драматично темпо (околу 40%). Зошто тоа се случува? Некој ќе рече компаниите сакаат да скратат од трошоците, или можеби, луѓето станале повеќе свесни за животната средина. Резултатите покажуваат дека позитивниот тренд не се потпира на финансиските аспекти на користење на е-книги, ниту пак CО2 се редуцирал поради замената на хартијата. Напротив, можеме да кажеме дека сме испуштиле некое молекулче повеќе при изработката на е-читачи и таблети. Хартијата барем ќе ја рециклираме, а со технолошкиот отпад ќе се помачиме во иднина. Иако од финансиска гледна точка, замената на хартијата не мора да значи и пониски трошоци (бидејќи во такви услови се зголемува потребата од хардвер и софтвер кој ќе го поддржи нормалното функционирање без употреба на хартија), сепак извештаите се позитивни. Веројатно, заштедите или пак дополнителните издатоци ќе варираат од случај до случај. Во АИГ (Архитектура, Инженеринг, Градежништво) индустријата, „без хартиената изградба“ (paperless construction) веќе се применува, иако според обемот тоа се исклучоци. Може

да се претпостави дека замената на хартијата при проектирањето и не е некаков предизвик, како што е при изградбата. Во текот на проектирањето, дизајнот ретко излегува на хартија. Можно е да се користи напредна технологија како БИМ или 3Д принтер, но печатењето на хартија е само за пред законот и за изведувачите. Предизвикот да не се употребува печатени проекти е најголем при изведба. Сепак, нордискиот гигант „Skanska“ на американското тло веќе извесно време работи без хартија. Во голема мера, овие операции се базираат на користење на мобилни компјутери и специјализирани софтвери како што се Autodesk Autocad, Adobe Acrobat, BlueBeam Revu и други. Најголем поборник за без-хартиената изградба се чини се компаниите „Bluebeam“ и „Motion Computing“. Првата нуди софтверски решенија кои го интегрираат целокупното работење со документацијата на градилиште и во канцеларија. Вторите, пак, нудат мобилни компјутери, создадени да го издржат притисокот од грубите услови кои владеат на градилиште. Инженерите на „Сканска“ на градилиште во раце држат таблет компјутер со сензитивен на допир екран. Во него се наоѓа целокупната проектна документација, од дизајните преку работилничките цртежи до официјалната проектна коресподенција. Сè на едно место. Нема празен од од градилиште до канцеларија. Сите активности се извршуваат во моментот. Комуникацијата не страда бидејќи мобилнот интернет е вклучен. Сите документи се потпишуваат електронски на самото место. Нема потреба од административни лица на градилиште. Дури и инженерскиот кадар може да се преполови. Проектните менаџери во „Сканска“ (според студијата

на Универзитетот по технологија „Делфт“) заштедуваат по 9,1 час неделно користејќи ги поволностите на без-хартиеното градење. Во и онака ефикасната „Сканска“, пресметале дека без-хартиеното градење ја прави компанијата за дополнителни 20% поефикасна. Од „Сканска“ велат дека на „без-хартиените“ градилишта, единствениот проект на хартија е примерокот што со закон се задолжени да го поседуваат на градилиште во случај на инспекција. Во 2009 година, „Бери“ (William A. Berry & Son, Inc.), компанија за управување со изградба (Construction management), ги сумираше резултатите од без-хартиениот проект Оверлук Центар (Overlook Center) во Валтам, Масачустетс, САД: елиминирани 42.000 листови хартија, заштедени 3.042 испораки на цртежи, редуцирани 780 кг CО2 во атмосферата. Ричард Ли, извршниот директор на „Блубим“ (Bluebeam Software), ја спореди „без-хартиената“ изградба со Светиот грал, алудирајќи дека технологијата е моќното оружје во градежништвото. Нивните искуства говорат за сериозни унапредувања на ефиканоста при изградба, како и големи заштеди. Во услови на криза, прашање на време е кога компаниите ќе побрзаат да ги почувствуваат благодетите од оваа технологија. Со оглед на ниските цени на хардверот, логично е да очекуваме скоро збогување со хартијата како медиум на кој традиционално се претставуваат проектите. И тоа не поради некакви закони и подзаконски акти, туку поради проста бизнис логика: поголема ефикасност = поголем профит. Воведувањето на дигиталните сертификати и на електронското аплицирање за одобрение за градба, се мерките што во Македонија можат да се означат како главни причини за почеток на крајот на печатените проекти.

3

30 август 2013 ПОРТА

43


еко инфо осијек

Дизел од пет амбалажа

Компанијата „Drava International“ од Осијек пушти во погон постројка за производство на дизел гориво од пластична амбалажа. Со каталитичка постапка на деполимеризација, од еден килограм пластична амбалажа се добива 0,9 килограми дизел со одличен квалитет. Процесот се одвива на температура од 230-240oC, без штетни емисии. Дизелот произведен на овој начин одговара на карактеристиките на еуродизелот. (Tportal)

БрисеЛ

на европа и се потребни уште нови гасоводи

Европскиот комесар за енергетика Гинтер Етингер изјави дека донесувањето на одлуката за изградба на Трансјадранскиот гасовод (TAP), со цел обезбедување азербејџански гас, е само почеток за Европа. Притоа тој истакна дека проектот Nabucco West и понатаму „останува на маса“. Во ниту еден случај, подвлече Етингер, не се поставува прашањето кој од овие гасоводи е потребен, бидејќи во среднорочен период потребни се и двата, со цел намалување на зависноста од рускиот гас. (UPI)

москва

„Гаспром“ веќе не е на листата 50 најголеми компании

Според годишниот рејтинг на 500-те најголеми компании објавен од Financial Times, меѓу првите 50 на листата нема ниту една руска компанија. За првпат гигантот „Гаспром“, која е најдобро рангирана руска компанија се наоѓа на 57-то место. Пазарната вредност на компанијата е намалена за 30,4% во однос на минатогодишната вредност, кога „Гаспром“ беше рангиран на 31-то место. (Seebiz) 44

3

ПОРТА

30 август 2013


еко инфо ЊУјорк

завршува изградбата на најскапата одржлива зграда

На местото каде пред 11 години се срушија облакодерите на Светскиот трговски центар, пред крај се работите на новата зграда, т.н One World Trade Center, за која проектантите уверуваат дека е најсигурниот и во исто време одржлив облакодер. Вкупната височина е 542 м, што никако не е случајно, бидејќи бројката одговара на 1776 стапки, односно годината на прогласувањето на независноста на САД. Трошоците за изградба достигнуваат неверојатни 13.600 USD/m2, меѓутоа освен сигурносните карактеристики, влијанието врз животната средина и енергетската ефикасност имаат клучна улога во сите фази од проектирањето и изведбата. (energetika-net)

париз

франција ја прекина продажбата на возила „мерцедес”

Франција ја прекина продажбата на возила од германскиот производител „Мерцедес”, поради употребата на ладилниот медиум R134a, забранет на територијата на Европската Унија. Овој ладилен медиум користен во клима уредите, значително повеќе придонесеува за ефектот на глобално затоплување, отколку емисијата на јаглерод диоксид. Според дилерите на „Мерцедес“ во Франција, властите во земјата не дозволуваат регистрација на моделите од класа А, класа Б и ЦЛА класа, кои се произведени во втората половина на јули, односно по прогласувањето на ладилниот медиум R134a за недозволен. (The Telegraph)

подготви: Даниела МЛаДеновСКа

3

30 август 2013 ПОРТА

45


енергетика

Термо соларни електрани во мароканскиот дел на Сахара

Лидер во извозот на електрична енергија Инвестициите во енергетиката без сомнение уште повеќе ќе придонесат за економскиот раст во земјата кој во континуитет е на стабилно ниво од 4-5 проценти (во периодот 2000 - 2010 година). Со нив не само што ќе бидат задоволени домашните потреби од енергија, туку сè поизвесно е дека Мароко во блиска иднина ќе извезува електрична енергија на европскиот пазар. Даниела Младеновска

М

ароко е единствената земја во Северна Африка која нема доволни резерви од фосилни горива. Повеќе од 95% од вкупните енергетски потреби, земјата ги обезбедува од увоз, и претставува најголем увозник на енергија во Африка. На крајот

46

3

ПОРТА

30 август 2013

од 2011 година вкупната инсталирана моќност на електроенергетскиот систем на Мароко изнесувала 6.377 MW, со што биле обезбедени 82% од вкупните домашни потреби од електрична енергија. Сепак, расположливоста на обновливите енергетски извори како сонцето и ветерот, ги мотивира властите во оваа северноафриканска земја да подготват

долгорочна стратегија преку која ќе го интензивираат развојот на овие технологии, ќе ја намалат употребата на фосилини горива, и конечно ќе се ослободат од увозната зависност. Со оглед на фактот што потенцијалот на сончевата енергија е огромен, односно 2.800 часови годишно во северниот дел, и над 3.000 часови годишно во јужниот дел на земјата, во 2008


енергетика

година владата стартуваше амбициозна програма за изградба на вкупно 2000 MW инсталирана моќност од пет термо соларни централи до 2020 година, за што е предвиден буџет од девет милијарди евра. И, можеби на изненадување на многумина, планот почнува да се остварува. Термо соларната централа Аин Бени Матар, веќе е во редовна работа, како прва комерцијална централа во светот со ваква технологија. Наспроти типичниот африкански менталитет и културниот шок кој ќе го доживеете запознавајќи ја оваа земја, во исто време ве пресретнува и техничко-технолошки шок, овој пат во најпозитивна смисла. Повеќе од очигледна е долгогодишната француска доминација, која е присутна и денес, но во поинаква форма - преку економска соработка. Од модерниот аеродром во Oujda (Ужда е францускиот изговор), изграден во 2010

година, преку извонреден пат се стигнува до Аин Бени Матар, на оддалеченост од 82 километри на југ, на почетокот од пустината Сахара, на надморска височина од 900 метри. Конкретната локација на централата се покажала како оптимален избор не само поради интензитетот на сончевото зрачење, туку и поради близината до главниот гасоводен правец, поволната надморска височина и постоењето на можност за снабдување со вода за ладење. Но, од друга страна пак, на ова подрачје се чувствува дека пустинската клима надвладува над медитеранската, што се одликува со изразени температурни разлики помеѓу денот и ноќта, и чести и силни ветрови. Централата е со технологија на Интегриран соларен комбиниран циклус (ISCC - Integrated Solar Combined Cycle) во која се споени комбиниран циклус со гасни турбини, парни турбини и параболично

соларно поле. Вкупната инсталирана моќност е 472 MW, од кои 20 MW обезбедува соларното поле. Работите на изградба на централата започнале во 2008 година, а веќе во октомври 2010 година централата е пуштена во погон. Природниот гас за работењето на гасните турбини е обезбеден од Алжир, а годишната потрошувачка на гас е 600 милиони Nm3 годишно. Долната топлотна моќ на алжирскиот природен гас е 10700 kcal/Nm3. Вкупната вредност на инвестицијата е околу 400 милиони евра. Централата Аин Бени Матар е во целосна сопственост на националната електроенергетска компанија на Мароко (Office National de l’Electricite du MarocОNE), додека за нејзината експлоатација одговорна е шпанската компанија Abener, со петгодишен договор. По истекот на овој договор со експлоатацијата на централата ќе продолжи ONE. 

3

30 август 2013 ПОРТА

47


енергетика

Постоењето на интерконекцијата долж Средоземјето, со која електропреносниот систем на Мароко е поврзан со Европа, односно со Шпанија, го овозможува извозот на електрична енергија во Шпанија без дополнителни вложувања во инфраструктурата. Мароко е единствената земја во Африка која има интерконекција со Европа. Недостатокот на вода за ладење е решен со примена на посебна технологија, при што вкупната потрошувачка на вода е ограничена на 800.000 m3 годишно, што претставува заштеда од 80%. Водата се

48

3

ПОРТА

обезбедува преку подземни извори. Се разликуваат неколку режими на работа: во отворен циклус - кога работат само гасните турбини, во комбиниран циклус - кога работат гасните и парните турбини, и комбиниран циклус - кога работат гасните, парните турбини и соларното поле. Последниов е всушност најефикасниот режим на работа на централата. Значи, во суштина се работи за една конвенционална комбинирана гасна централа, која е надоградена со соларно поле. Соларното поле значително

придонесува за зголемување на вкупната ефикасност на централата, а функционира на тој начин што рефлектираното сончево зрачење од параболичните колектори е апсорбирано од термичко масло кое струи низ цевките поставени над колекторите. На овој начин маслото се загрева до максимална температура од 390°C, што е доволно за произведување на пареа преку топлиноизменувач. Сите останати процеси во потполност соодветствуваат на гасните централи во комбиниран циклус. Специфичните климатски услови во многу сегменти значително влијаат врз прецизно утврдените протоколи за експлоатација и одржување на централата. Особено е осетливо прашањето на одржување на соларното поле, кое често е на удар од силните ветрови. Со цел одржување на рефлексивноста на површините од соларното поле (над 95% од номиналната вредност), задолжително е нивно миење со специјална опрема и во точно утврден распоред. Инвестициите во енергетиката без сомнение уште повеќе ќе придонесат за економскиот раст во земјата кој во континуитет е на стабилно ниво од 4-5% (во периодот 2000 - 2010 година). Но сепак, не само што ќе бидат задоволени домашните потреби од енергија, туку сè поизвесно е дека Мароко во блиска иднина ќе стане лидер во извозот на електрична енергија на европскиот пазар.  Фотографиите се преземени од интернет

30 август 2013


архитектура

Б

3

30 август 2013 ПОРТА

49


хортикултура

Медитерански градини

Едноставност и елеганција

Медитеранските градини се визуелно пространи, светли, со чисти линии, во комбинација со голем број на разни архитектонски елементи и различна вегетација Филип Филипоски,

М

едитеранот е регион со многу историја, географски простор каде што голем број на цивилизации, религии и култури оставиле силен и влијателен печат. Топлото Средоземно Море претставува богатство на трите контитненти, претставува природен пат за меѓуетничка и интелектуална комуникација помеѓу Европа, Азија и Африка. Благодарение на таа комуникација, Медитеранот е раскрсница каде што голем број на народи меѓусебно ги разменувале своите вековни култури и обичаи. Таа комуникација помеѓу народите низ времето не била секогаш мирна и спокојна, односно честопати била пропратена со големи кризи, освојувања и војни. Сепак, таквата сложена и фуриозна историја на меѓусебно мешање на јазиците, размена на стопански и културни искуства, придонело за креирање на еден посебен

50

3

ПОРТА

30 август 2013

„медитерански стил“. Денес под поимот „медитерански“ се подразбира начин на живеење својствен на сите тие измешани култури на народите што живеат на неговите брегови. Како што е позната медитеранската музика, медитеранската кујна итн., исто така многу познати и постојано надградувани низ вековите претставуваат и медитеранските градини. Медитеранските градини се познати по својата едноставност и елеганција. Тие се визуелно пространи, светли градини со чисти линии, во комбинација со голем број на архитектонски елементи и најразлична вегетација. Многу често може да се сретнат медитерански градини со минимален наклон на теренот. Тоа се прави за да се постигне што е можно поприроден изглед на теренот. Во други случаи се среќава и скалесто уредување на теренот со ниски потпорни ѕидови (до 60 см.), така што теренот се дели на повеќе тераси,

дипл.шум.инж.

а целта што треба да се постигне е дека градината се наоѓа на некоја падина, која се спушта кон морскиот брег. Потпорните ѕидови најчесто се сува ѕидарија и се прават од необработени природни камења, најчесто со светли бои. Во пукнатините од потпорните ѕидови задолжително се садат минијатурни растенија. Патеките во овие градини најчесто се светол чакал или песок, обрабени со ивичници за да не дојде до расфрлање на материјалот на сите страни. Теракотните садови се нераскинлив декор во секоја медитеранска градина. Во нив најчесто се одголедуваат цветни видови или ароматични билки (лаванда, рузмарин, оригано, босилек), кои при готвењето во кујната ќе може да се искористат свежи од сопствената градина. Поради одличната клима во поголемиот дел од годината, луѓето што живеат во тој дел од светот многу време поминуваат во своите градини. Поради тоа местата предвидени за одмор се


хортикултура неизбежен дел во овие градини. За таа цел, покрај класичните плоштадки, за постигнување поголем ефект се подигнуваат перголи и балдехини. Сенката е неизбежен момент во делот за одмор во овие градини. Лозите, ползечките рози и вистеријата се одличен избор за озеленување на дрвените или металните конструкции од перголите, со што би се обезбедила компактна сенка. Мебелот што се користи во овие градини може да биде од дрво, бамбус или ковано железо. На клупите и фотелјите се поставуваат големи меки перници и прекривки. Медитеранскиот пејзаж се постигнува со комбинација на растителни видови со најразлична боја и структура. Во медитеранската градина преовладуваат нежните бои: бела, сино-зелена, златна и црвена. Пастелни тонови и нијанси се среќаваат многу ретко. Затоа во овие градини се избегнува употреба на пролетни едногодишни цвеќиња, а место нив се користат рудбекии, ехинацеи, како и голем број на декоративни треви (Carex spp; Festuca spp.) и се разбира, голем број на рози, клематиси, маслинки, мандарини и лимони во теракотни садови. Како еден од главните видови кои се среќава во речиси сите медитерански градини е медитеранскиот чемпрес (Cupressus sempervirens). Тој претставува вистинско освежување во вертикалниот простор на отвореното пространство во овие градини. Најчесто се сади во групи од неколку садници или во форма на линиски насади вдолж широките патеки. Искроените топијари во најразлични форми се многу честа појава во медитеранските градини.

3

30 август 2013 ПОРТА

51


спортски храмови

Казан 2013

Татарстан стана спортски рај Русите во неколку години добија организација на неколку исклучително големи и важни спортски манифестации. Минатиот месец, Казан ги организираше мини-олимписките игри, кои секои четири години се организираат како Универзијада. Така, големиот спортско-студентски собир беше распослан на преку 25 спортски објекти, од кои најголемиот дел беа специјално изградени за потребите на Универзијадата 2013. Сашо Кузмановски АРЕНА „КАЗАН“

Ова е најголемиот спортски објект во регионот на Татарстан. Изградена на бреговите на реката Казанки, арената „Казан“ преставува еден супермодерен и мултифункционален стадион, кој беше домаќин на отворањето и затворањето на Универзијадата. Специјализираната меѓународна компанија „Популоус“, која е најпозната светска компанија во изградбата на спортски стадиони работеше и на проектот за изградба на арената во Казан. Дизајнот е во форма на цвет, а покрај фудбалските и спортски настани кои можат да се организираат на него, стадионот останува функционален и за големи концертни настани. Вкупниот капацитет од 45.105 места го прави еден од најголемите стадиони воопшто во Руската Федерација. Арената „Казан“ е изградена на површина од 130.000 м2, од кои 73.320 м2 опфаќа површината на која се протега самиот стадион, а останатите близу 60.000 м2 се површина на која се протегаат дополнителните инфраструктурни делови од целиот комплекс. Висината на стадионот е 49 метри, а трибинскиот простор се издигнува на четири нивоа. Три проценти од целокупниот капацитет е одвоен за ВИП места и новинарска ложа. Почетокот на изградбата стартуваше во 2010 година, а стадионот беше завршен на почетокот на 2013 година. ФАКТИ: Капацитет: 45.105, Површина на градба: 130.00 м2, Бројки: 70 ВИП ложи, 1500 ВИП места и новинарска ложа, 450 места за лица со хендикеп, отворени штандови и угостителски објекти на четири нивоа. 52

3

ПОРТА

30 август 2013


спортски храмови „АКВАТИК ПАЛАС“

Уште еден од најновите објекти кој беше завршен непосредно пред стартот на Универзијадата. Центарот „Акватик“ изграден на површина од 44.000 м2 е еден од најголемите вакви објекти во Русија. Се протега по должината на реката Казанка во непосредна близина на арената „Казан“. Има капаците од 4.200 места и во него треба да се одржи светското првенство во водни спортови во 2015 година. Со оглед на парите што беа инвестирани во неговата изградба, тој е еден од најскапите објекти изграден за потребите на Универзијадата. Комплетната изградба на „Акватик Палас“ чинеше 115 милиони американски долари. Посебна атракција е 10-метарската платформа за скокови во вода која е на три нивоа со три реда скали за искачување до врвот. „Акватик Палас“ опфаќа два базени, едниот со стадардни олимписки димензии (50 метри должина) и вториот 25-метарски за ватерполо натпревари и скокови во вода. Исто така, во состав на објектот постои и посебен тренинг базен. На целиот проект работеа архитекти од Русија и Велика Британија. Зад потписот на проектот стојат "Arup and SPEECH architects". Тие во внатрешноста употребија дрвени греди од варено дрво во форма на лакови за да се избегне гниењето и корозијата во внатрешноста на објектот. ФАКТИ: Капацитет: 4.200, Површина на градба: 44.000 м2, Бројки: три базени (50-метарски, 25-метарски и тренинг базен), 120 ВИП места, новинарска ложа, медиа пул, посебен систем за третман на вода.

„ТЕНИС АКАДЕМИ“

Уште еден грандиозен спортски комплекс изграден за потребите на Универзијадата. Работите беа завршени во 2010 година, кога беа отворени луксузниот затворен комплекс со осум терени за бадминтон, кои можат да бидат пренаменети и во три големи тениски терени на тврда подлога. Во надворешниот дел се наоѓа и отворен комплекс со дополнителни 18 терени. За потребите на спортистите има и фитнес блок со комплетно опремени два фитнес центри со комплетна опрема за кревање товар. Изградбата на „Тенис Академи“ се протега на површина од 20.000 м2, а по пуштењето во употреба од 2010 година овде се одржува еден од најсилните АТП турнири, популарниот Кремлин Куп. Вкупниот капацитет на тениските терени е 7.200 места. На централниот тениски терен има места за 3.200 гледачи. ФАКТИ: Капацитет: 7.200, Површина на градба: 20.000 м2, Бројки: осум терени за бадминтон во затворениот дел, 18 тениски терени во отворениот дел, Централен терен со капацитет од 3.200 места, Фитнес блок со две фитнес сали за кревање товар, медиа центар.

„СТ. ПЕТЕРСБУРГ ЦЕНТАР“

Изграден во 2010 година, одбојкарскиот центар „Ст. Петерсбург“ е една од петте најголеми спортски арени кои се во функција на Универзијадата во Казан. Со капацитет од 4.750 места, оваа затворена арена беше домаќин на одбојкарските турнири. Изградена за потребите на Универзијадата во неа своите средби ги играат најдобрите одбојкарски тимови од Русија, Динамо Казан и Зенит. Се протега на површина од 13.680 м2, а освен големата арена има и мала арена, наменета пред сè за тренинзи, но и помали натпревари со капацитет до 600 места. Во изградбата на овој комплекс беа инвестирани 26 милиони американски долари, а зад проектот стои локалната компанија "Tatinvestgrazhdanproject". Подлогата е специјално направена според стандардите за одбојкарски натпревари, за намалување од ризикот за повреди на спортистите. За подлога е користен специфичен паркет со посебна еластичност и амортизација. ФАКТИ: Капацитет: 5.160, Површинана градба: 13.680 м2, Бројки: Инвестиција од 26 милиони долари, Голема сала со 4.750 места, мала сала со 600 места, музеј, гардероба за гледачи, две соблекувални, медиа центар.

3

30 август 2013 ПОРТА

53


совети Ми треба помош околу уредувањето на локал кој го изнајмив неодамна. Планирам тоа да биде место каде ќе се продава и дегустира вино. Покрај виното би служел и лесен оброк. Санитариите не би ги менувал. Тони, Скопје

С

амиот простор кој е составен од два простора поврзани меѓусебно овозможува поделба на функциите. Десно се влегува во продажниот дел со пулт зад кој е кујната, а лево во бистрото каде ќе се служи вино но и еспресо кафе, капучино, сендвичи, сирења и овошни салати. пред Задниот дел од бистрото содржи две сепареа. По потреба масите може да се состават и тука да се организираат помали веселби. Инспирација за ентериерното уредување на овој простор може да се најде во изгледот на винарските визби чија изградба е дел од нашата богата традиција. Ѕидовите до височина од 1,2 м се обложени со црвени тули, а и дел од таваницата е засведена и обложена со плочки со изглед на тула. Просторот над ѕидот од тула е дрвена витрина со полици за шишиња и декоративни чаши, осветлена

КАКО ВО ВИНАРСКА ВИЗБА со вградени светла од горната страна. На сводестиот дел од таваницата се поставува низа од кружни вградени светилки. Овој простор преку широкиот ходник пред оставата е поврзан со продажниот дел каде на големи буриња може да се дегустира виното. Стаклениот ѕид од ходникот е силно осветлен, а пред него се поставува голем принт и решетка од уметнички изработено ковано железо. Овој ѕид ќе има улога на рекламно пано кое ќе привлекува гости навестувајќи пријатна атмосфера во внатрешноста. Билјана СТЕВКОВСКА-САВИЌ,

дипл.инж.арх.

bsavic@porta3.com.mk

54

3

ПОРТА

потоа 30 август 2013


најчудни градби

Футуроскоп

З

а некого, парковите на Дизни се синоним за забава но и за невообичаен дизајн, ако се знае дека содржат реплики на легендарните замоци кои сме ги гледале во цртаните бајки од типот на Пепелашка или Снежана. Но, за волја на вистината, еден парк во светот е типичен доказ дека фантазијата нема граница и дека футуристичките дизајни можат да бидат одлика на тематски забавен парк. Станува збор за француски тематски определен парк, кој едноставно го носи името „Футуроскоп“. Посветен е на кинематографската и аудио техниката и во него се содржани многу атрактивни шоу програми, од кои некои се во 3Д, а некои и во 4Д техника. Но тоа е само едната страна на паркот. Нас нè интересира онаа дизајнерската, што во суштина ја илустрира сета градежна димензија и фантазија. Некои сметаат дека објектите што можат да се видат тука се уникатни и ги нема на друго место во светот. Паркот инаку е лоциран во Виен, на десет километри од Поитерс, место кое е на околу 100 километри од границата со Шпанија. Во 2010 година паркот имал над 1,8 милиони посетители, додека од неговото официјално отворање во 1987 до денес низ него поминале над 40 милиони туристи. Од историска гледна точка, паркот почнал да се гради во 1984 година, кога бил ставен првиот камен од страна на Претседателот на Советот на Виен, Рене Монреј. По само три години, реализирани се најголемиот дел од содржините во паркот, во кој речиси сите објекти се со доминантни стаклени дизајни, со извртени форми и воодушевувачки изглед. Во 1996 година отворено е првото ИМАХ кино, чија зграда е целата во стакло, во класичен стил, но интересно е што нејзината надворешност е украсена со кружен формат на стакло, вметнат во самата коцкаста структура, која наликува на голема дупка

или вдлабнатина во зградата, од која пак излегува друга метална кружна форма. Во 1998 отворена е т.н. Сајбер Авенија која зафаќа површина од 1.600 м² кои се посветени на Интернетот, мултимедијата и видео игрите, а по само две години, во 2000 год., киното ИМАХ добива и 3Д симулатор. Во поледните 13 години, бројот на објекти и атракции се искачил на 13, а меѓу нив вреди да се спомене објектот наречен „Патници низ воздух и вода“. Објектот наликува на гигантска фрула која навечер свети во милион различни бои со можност за проекција на слика, пред која е поставена импозатна фонтана, потоа „Акваскоп“ или порано познат како Космичка атракција, но секако, највпечатлива и неверојатна е основната зграда на паркот во која денес работат мнозинството од околу 600 лица кои го опслужуваат паркот. Карактеристично за административната зграда, која носи име „Мегалополис“, е што е дизајнирана целата од стакло во неокласична форма, а прекршувањата

Драган Ристов

што се направени создаваат перспектива дека објектот излегува од земјата и има форма на шилест кристал. До самиот објект има голем амфитеатар за публика, пред кој се простира голема фонтана. Интересно е што фонтаната е измешана со снопови на ласери, кои во вечерните часови, при претставување на една од атракциите, рефлектираат голем екран. Тој дигитален гигантски екран има полукружна форма, но може да ја менува формата во зависност од презентираното. Целиот парк се простира на површина од околу половина километри квадратни. Дизајнот на сите објекти се визија на францускиот архитект Денис Ламинг, кој го замислил паркот како модерна стаклена тврдина, со што докажал дека стаклото може да има и несекојдневна форма, а со самото тоа да нуди убав дизајн. Освен неверојатниот визуелен ефект, оние што го посетиле, делејќи ги своите впечатоци на Интернет, пренесуваат дека тоа е нешто што се доживува еднаш во животот.

3

30 август 2013 ПОРТА

55


рубрика

DVORNIK

Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk

56

3

ПОРТА

30 август 2013

www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;


Будимпешта

репортажа

Никогаш доста од уметност во Будимпешта Освен Парламентот на Дунав, најпознатата градба во Будимпешта која се реставрира цели 25 години, градот нуди разновидни уметнички содржини, од изложба посветена на Егон Шиле, музеи и плоштади, до спомен-обележја Кате АНТЕВСКА, историчарка на уметност фото:

Музејот на убави уметности

Б

удимпешта на почетокот на август има посебен дух. Грандиозниот град, кој под силното сонце е уште посјаен, е преплавен со туристи и тоа оние што дошле да го посетат фестивалот „Сигет“ на островот Обудаи. Покрај забава и музика, многу од нив го преминуваат мостот и се распрскуваат по него, љубопитно гледајќи го она што најмногу предизвикува - архитектурата на градот. На Плоштадот на хероите, пред Музејот на убавите уметности, сретнавме едно момче од Америка. Воодушевен е од тоа што го гледа. И тој, како и ние, сака да ја види изложбата на славниот сликар Егон Шиле, која во моментов е отворена во овој музеј. „Прв пат доаѓам во Европа и тоа токму тука во Будимпешта. Не знам што попрво да видам, има преубави згради и музеи. На ’Сигет‘ забава, тука уметност. Овде има сè“, вели Нико, кој по потекло е од Израел. Разговараме, споделуваме што сè треба да видиме од овој град. Претопло е, но ние сме упорни, пешачиме низ преполните улици и ги полниме очите со импозантните објекти кои ги има насекаде. 

Палатата на уметностите

3

30 август 2013 ПОРТА

57


репортажа Пред нас е еден од најпознатите плоштади во Будимпешта - Плоштадот на хероите, кој се наоѓа на булеварот што е дел од светското наследство на УНЕСКО. Во центарот на плоштадот се наоѓа Милениумскиот монумент, меморијален споменик изграден на крајот на 19 век. Овој монументален споменик веднаш се забележува и плени со својата грандиозност. На врвот од колонадата доминира скулптура на свети архангел Михаил со света, унгарска круна во рацете, а под него се издигнуваат статуи кои симболизираат Војна, Мир, Работа, Благосостојба, Знаење и Слава. Околу колонадата, пак, се наоѓаат скулптури на личности од седумте племиња кои ја основале Унгарија. Овој споменик е атракција.

Дел од од изложбата „Уметноста живее“ во Палатата на уметностите

58

3

ПОРТА

30 август 2013

Жешкото време не ги спречува туристите одблизу да ги разгледуваат скулптурите, да се фотографираат. Исто постапуваме и ние. Во негово опкружување се наоѓаат уште две значајни градби, Музејот на убавите уметности од левата страна, каде што е поставена изложбата на Егон Шиле и Палатата на уметностите. Прво одиме онаму каде што е изложбата на Шиле, познатиот австриски уметник од почетокот на 20 век, современик на Густав Климт. Плакат со негов цртеж е распослан преку голем дел од фасадата на музејот, па невозможно е да не посакаш да влезеш и да ѕирнеш во творештвото на овој извонреден уметник. Поставката е насловена „Егон Шиле и неговата возраст“ и е дел од најбогатата колекција на дела од Шиле при музејот „Леополд“ од Виена. Седумдесетте цртежи и слики се одличен прозорец во творештвото на Шиле и на виенскиот ран експресионизам. Од мноштвото актови, по кои е препознатлив овој автор, на изложбата се наоѓа и неговиот познат автопортрет од 1912 година. Музејот на убавите уметности е преголем да се разгледа во еден ден. Во него има колекции на уметнички дела од најстарите цивилизации до модерна уметност. Египетска колекција, наоди од античко време, ренесансни и барокни мајстори, како и изложба на Виктор Вазарели. Сето ова е само мал дел од тоа што може да се види тука. За жал, повторно е прекратко времето за да можеме до крај да уживаме во сè. Брзо минуваме низ уметноста од минатото, задоволни, со полни очи и душа и се упатуваме кон Музејот на современа уметност или познат како Палата на уметностите. Интересно е што овој музеј е сместен во објект изграден во 19 век во неокласичен стил.


репортажа Однадвор гледано се добива чувство како да има поставки од далечното минато, а всушност тука се прават привремени изложби на актуелни автори. Ние затекнавме изложби на унгарски уметници, меѓу кои и една поставка чија главна премиса беше „Уметноста живее“ како одговор на добро поставуваното прашање „Дали уметноста е мртва“. После разгледувањето на музеите, нè чека градот со целата негова архитектонска раскош. Нема крај, велиме во себе, никогаш доста од уметност во овој град. Тоа што веднаш паѓа во очи кога минуваме низ Будимпешта се различните архитектонски стилови, од барок, класицизам до готика. Но, она што потешко се забележува, а фасцинира, е стилот Art Nouveau, кој суптилно се провлекува во архитектурата. Ова уметничко движење од почетокот на 20 век во Унгарија добива специфично име Сецесија (Szecesszió). Една од главните фигури на унгарското Art Nouveau е Одон Лехнер (Ödön Lechner), кој го нарекуваат „унгарскиот Гауди“. Не е ни чудо кога во Будимпешта ќе наидете на згради, кои потсетуваат на градбите на познатиот шпански архитект, со разиграни и брановидни фасади. Помалку изморени стигнавме до целта што го заокружи денот Парламентот на Дунав. Познатата нео-готска градба се реставрира цели 25 години, не можевме да ја видиме од скелињата што беа поставени. Се работи за децениско чистење на фасадата од чадот, кој ги потемнува камењата. Во текот на оваа година ќе се работи на замена на варовнички камења со поцврсти камења. Со оглед на тоа што процесот на чистење на познатата градба трае со децении, Унгарците веќе се шегуваат на таа тема. „Парламентот отсекогаш бил со скелиња и засекогаш ќе остане“, низ смеа коментира еден Унгарец. Не ни преостанува ништо друго освен да се качиме на брод и да запловиме на Дунав, мирно гледајќи во Будимпешта. Како што се движиме, се приближуваме до Парламентот. Блеска со сета своја раскош, блескаме и ние што ја имаме шансата да сме лице в лице со него. 

Музејот на применета уметност на Одон Лехнер познат како „унгарскиот Гауди“

Парламентот во Будимпешта

ПАРКИНГ СИСТЕМИ адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467 e-mail: izgradba@gmail.com www.parkingsistemi.com.mk www.facebook.com/izgradba 30 август 2013 ПОРТА

3

59


дизајн

современ Дизајн на накит

„Во синило те намамив

Уметничките приказни на Јана Ацевска, Билјана Клекачкоска, Дафина Џепароска и Марта Пејоска, испреплетени во еден исто толку мистичен наслов, проструија како силно ехо пред љубопитните погледи на охридската публика ивана ГрупЧе, дипл. инж. арх. фото: владимир ГеорГиев

М

истичното пространство на Охридското Езеро во кое се огледуваат сите лица на небото, рефлектирајќи се низ суптилни светлосини кон разбранувани темнозелени и модри нијанси, во своите длабоки древни води, низ трепетот на алгите и шепотот на далгите со крајбрежните камења, кријат вистинска ризница на тајни, измамувајќи погледи и воздишки кај секој минувач. Овие убавини, како вечна уметничка инспирација, го привлекоа љубопитството и на четирите жени уметници, автори на современ дизајн на накит, кои концептуално „нурнаа“ во таинствените длабочини и преку својот дизајн ни интерпретираа дел од волшебното подводно царство. Уметничките приказни на Јана Ацевска, Билјана Клекачкоска, Дафина Џепароска и Марта Пејоска, испреплетени во еден исто толку мистичен наслов „Во синило те намамив“, проструија како силно ехо пред љубопитните погледи на охридската публика на 10 август, во невообичаено време, во 22.22 часот, во изложбениот простор при

60

3

ПОРТА

30 август 2013


дизајн

Билјана Клекачкоска

Куќа на Уранија на изложбата одржана во рамки на манифестацијата Охридско лето. Сакајќи да откриеме повеќе за сржта на дизајнот на секоја авторка посебно, нурнавме подлабоко во дизајнерскиот свет кај секоја од нив. Првата приказна ни ја открива Јана Ацевска, основач и сопственик на студиото за дизајн и изработка на накит „Капка“. По осумгодишен ангажман како графички дизајнер, Јана се запишува на најдобрата школа за современ накит, Alchimia во Фиренца, Италија, така што графичкиот дизајн го преточува во парче современ накит, претворајќи ги различните материјали во носечка уметност

со најразлични форми. Своите парчиња уникатен накит ги изложува на бројни саеми за дизајн во: Милано, Франкфурт, Стокхолм, Софија и Скопје, а како продукт-дизајнер, во соработка со компанијата „Завар“, ја дизајнира последната колекција радијатори кои беа изложени на Sofia Design Week, белградскиот Mikser Festival и DDay во Загреб. За „Порта 3“ открива: „Јас како графички дизајнер имам специфичен израз во однос на накитот што го работам. Голем предизвик ми е да експериментирам со материјали и форми, па така за оваа последна колекција избрав да работам во бакар, кој како материјал е интересен бидејќи трпи промени во однос на бојата.

Експериментирањето со патината беше голем предизвик и на крај успешно ја добив сината боја на материјалот, која беше и тема на изложбата. Во однос на современоста на накитот, мислам дека тоа е концепт на современа уметност со применета функција. Кај нас е релативно нов и неприфатен израз најмногу заради валоризирање на парчињата. Валоризирањето на традиционалното парче накит се одвивало според материјалите употребени за негова изработка, додека разликата на денешната валоризација на современиот накит е во однос на различниот пристап, се цени авторството, изгледот и секако умешноста за негова изработка“. Втората приказна преку својот дизајн ја расплете авторката Билјана Клекачкоска, дизајнер на накит, која како изразно средство главно ја користи филигранската техника, оплеменета со современ авторски пристап. Изложувала и надвор од својата земја, а повеќекратно е наградувана за најдобар дизајн. „Ако нешто би кажала за современиот дизајн на накит тоа е дека не постојат правила и ограничувања во смисла на избор на материјали за работа и нивно комбинирање. Се употребува сè и се меша сè. Тоа дава голема слобода, посебно ако не се бркаат моментални трендови и правци, туку ако се следи понирањето во својот внатрешен свет и простор комуницирајќи со форми, бои и концепти преточени во парче накит. Преку поставката „Во синило те намамив“ со Јана, Марта и Дафина баравме интересен настан кој ќе не обедини а истовремено ќе ни остави доволно простор, секоја да си го најде својот израз имајќи предвид дека главна инспирација ни беше Охрид и езерото. Мојот креативен процес си зема некои свои текови и развива свои техники, а тоа што јас правам е будно следење. Сè уште среброто ми е најблиско како материјал, но го комбинирам и со бакар, скапоцени и помалку скапоцени камења, дрво или кој било друг материјал кој ми користи за да ја приближи идејата и етсетиката што сакам да ја искомуницирам. Освен изработката на накит, цртежот ми е уште една блиска изразна форма, сама за себе (не во функција на скица за парче накит). Предизвик ми е што повеќе да ги приближам и мешам овие две изразни форми и тоа најмногу се гледа во куќичките што ги изработив за изложбата. Инспирација ми беше охридската архитектура и неизбежното езеро, кои како впечатоци ми останаа најприсутни“. Третата приказна, пред охридската јавност, преку својот дизајн ја раскажа и младата Дафина Џепароска, која со изработка на накит се занимава од 

3

30 август 2013 ПОРТА

61


дизајн 2010 година. По успешните учества на работилници за современ накит, учествува на БОШ фестивалот во Гевгелија како и на Skopje deisgn week со својата колекција: Galaxy Cluster- d793. Tаа своите дела ги презентира и надвор од Македонија. Употребувајќи најразлични материјали, Дафина преку различните текстури и живите езерски бои, успешно ја исткаа и својата перцепиција на синилото. И четвртата, последна приказна ја заокружува Марта Пејоска, дипломиран инженер архитект, која преку својот дизајн проникнува низ архитектонскиот простор на сосем нов, модерен и концептуален начин, моделирајќи го секојдневниот контекст и инспирација од родниот град во парчиња накит. Таа во 2010 година го наследува ателјето на нејзиниот татко, Живко Пејоски, во Охрид, додавајќи нов шарм и уникатен, својствен печат преку филигранската изработка на накит. „Синилото како тема на размислување претставуваше посебен предизвик и неисцрпен извор на инспирација. Се случи еден компатибилен склоп на различности од индивидуални интерпретации на една иста тема на нас четирите дизајнери, инволвирани во приказната“. Марта Пејсока, со својот дизајн за „Синилото“, поставува нови концептуални граници на филигранската изработка, создавање на дијаграмски мрежи од сребрени жици, своевидно напуштање на филигранската исполна, при што ги постигнува принципите на архитектонското проектирање, однос полно-празно, метафора на конструктивниот систем, минималистички тенденции и употреба на камчиња кои немаат скапоцена улога, туку се позајмени од охридските плажи и носат меморија на самите места. За нејзиниот пат од идеја кон реализација, ќе каже: „Процесот на работа е комплексност. Започнува со иницијалната идеја и завршува кога скицата е готов производ, кога се размислува за конкретниот дизајн, истовремено се размислува и низ форма, материјал, начин на изработка, појавност, гравитација, што тоа парче (ќе) означува и сака да каже. Не секогаш е лесно да се зборува за сопствените дела, посебно кога тие се производ на сопствените лични и длабоки импресии. Водата, езерото и синилото скоро цел мој живот ме опкружуваа и се акумулираа внатре во мене, чекајќи вистински момент да излезат и да се покажат. Со доза на минимализам во скулптуралната експресија на парчињата и една посебна архитектоника на просторот, кои за себе го создаваат конкретните форми на накит, тие нe претставуваат ништо друго, 62

3

ПОРТА

30 август 2013

Дафина Џепароска

Јана Ацевска


Марта Пејоска

туку една дијаграмска интерпретација на конкретната појава. Идејата да се прикаже „водата“/ „езерото“ односно нивната живост со употреба на материјал преку дизајн и не е така наивно и едноставно, токму напротив, одговорно, најпрвин пред себе си, како пред најстрог критичар, а после пред останатата публика“. И самата поставка на изложбата содржеше невообичаен концепт, кој Марта како архитект најдобро ни го долови: „Поставката на изложбата односно целокупната обмисленост на просторот беше сфатена како уште еден голем предизвик, со оглед на тоа што беше

поставено прашањето: како парчиња накит да се постават/презентираат во еден претходно силно дефиниран контекст внатрешен ентериер на охридска куќа? Вториот кат на куќата Уранија во Охрид беше просторот одбран за оваа изложба. Во главната просторија на катот беа поставени 14-ина постаменти со различни висини разместени во правоаголна долга централна формација. Парчињата накит беа поставени на нив со тоа што како дополнителен елемент се појавија белите камења од брегот на Охридското Езеро, кои уште повеќе се вклопија во целата тема на изложбата. Амбиенталноста на

дизајн

'синилото' беше уште повеќе доловена со краткото видео направено специјално за оваа изложба, со кадри од подводниот свет на езерото и соодветни водни звуци“. Оваа изложба испрати силна порака дека накитот претставува многу повеќе од украсен моден детаљ и оди чекор со современото живеење во Македонија, за што Марта заклучи: „Современоста на оваа приказна која се вика изложба на современ накит е токму тука во насловот, во идејата, во концептуалната форма на претставување на уметноста, во просторот, во поставката, во нејзината појава, во сите нас четири авторки“. 

âðåìå ïðåòâîðåíî âî óìåòíîñò

OnTime å ñïåöè¼àëèçèðàíî ñòóäèî çà äèçà¼í, èçðàáîòêà è ïðîäàæáà íà ¾èäíè ÷àñîâíèöè, êàêî è çàñòàïíèê íà ðåíîìèðàíèîò øïàíñêè áðåíä çà ¾èäíè ÷àñîâíèöè Nomon. Ñïî¼îò íà âðåìåòî, îáëèêîò è âèñîêèîò åñòåòñêè èçðàç íà ÷àñîâíèöèòå ãî èñïîëíóâààò àìáèåíòîò ñî ñâî¼àòà óíèêàòíîñò. Ñåêî¼ ïðîèçâîä îä êîëåêöèèòå Nomon è Signum ïðåòñòàâóâà åäèíñòâåíà êðåàöè¼à, ïîìèíàòà íèç ïðîöåñ íà ðà÷íà èçðàáîòêà, âî êî¼ ñå âãðàäåíè íå÷ó¼íè ìåõàíèçìè ïðîèçâåäåíè âî Ãåðìàíè¼à.

*OnTime å äåë îä ìàêåäîíñêàòà êîìïàíè¼à ÒÍ - Ò ïðèñóòíà íà ïàçàðîò óøòå îä 1992 ãîäèíà.

www.ontime.mk

contact@ontime.mk

+389 75 431 135

3

30 август 2013 ПОРТА

63


излог

1

64

3

ПОРТА

4 30 август 2013


излог 5

2

1. Закачалка дизајнирана од Benedikt Achatz. Изработена е од тенок метал, а тродимензионалниот изглед ѝ дава нов квалитет на традиционалната закачалка. 2. Дводелно огледало прикачено на материјал во форма на женска облека. Дизајнот е на Shinwoo Kang. 3. "Oiva's Iceland" е столна ламба дизајнирана од финскиот дизајнер Jussi Takkinen . Трите индиректни светилки прикачени на дрвена основа ги прикажуваат дрвјата на островот, од каде и доаѓа името на ламбата. 4. Jussi Takkinen е дизајнер на прекрасната масичка изработена од стакло и дрвена конструкција. 5. Помошните масички кои пленат со оригиналноста и функционалноста на конструкцијата се дело на Rui Alves. 6. Младите дизајнери од Helsinki Metropolia, Универзитетот за применети науки, ја дизајнираа оваа дрвена закачалка која ги соединува практичноста и убавината. подготви: Сандра ДОНЧЕВА Теохарова, дипл.инж.арх.

3

6

3

30 август 2013 ПОРТА

65


СООПШТЕНИЕ Годишно изборно собрание на ААМ Асоцијација на архитекти на Македонија свикува Годишно изборно собрание на 18.09. 2013 год. во 13.30 часот, во салата на Агенција за патишта на РМ , ул.„ Даме Груев“ 14, Скопје На сите членови на организацијата (регистрирани во 2012 и 2013) ке им бидат доставени материјалите по е-маил, а сите останати архитекти (потенцијални членови) можат да ги добијат со побарување од канцеларијата на ААМ на тел. (02)3237 277 и од адреса contact@aam.org.mk Членарината изнесува 1.000 ден. и се уплаќа на сметка на ААМ - 300000000045141 Комерцијална банка, на уплатница ПП10 за индивидуални лица или на ПП30 за фирма со назнака „за членарина за хххх година“. Се напомнува дека постои можност за уплата на членарина со важност од две години со повластена сума од 1.599ден.

ПОКАНА 50 години од земјотресот во Скопје се одбележува со предавање и дискусија на проф. Филип Уршпрунг Philip Ursprung Federal Institute of Technology Zurich, GTA на тема „Град како одржлива средина Скопски, урбани, кулутуролошки и технолошки агенди 1963-2013“ "The city as a sustainable environment. Skopje, Urban, Cultural and Technological Agendas, 1963-2013" со подршка на Амбасадата на САД во Скопје

Настанот ќе се одржи на 02.09.2013 од 19.30 ч. во Музеј на град Скопје (со симултан превод) Асоцијацијата на архитекти на Македонија

66

3

ПОРТА

30 август 2013




Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.