Porta3 - 200

Page 50

технологии

Телевизијата на крстопат Развојот и трендовите во ИТ се закануваат дека целосно ќе ни го променат животот и начинот на нашата интеракција со електронските уреди. Телевизорите, телефоните и од скоро воведените таблет компјутери стануваат едно исто. Различна е само дијагоналата на екранот. Инаку сите уреди имаат моќни процесори, голема меморија, брзи модеми и рамни и тенки екрани. Трајче Стојанов,

дипл.инж.арх.

50

3

ПОРТА

8 февруари 2013

Т

урбулентен е патот по кој се движат телевизиските куќи. По радиото, филмската и музичката индустрија, печатените медиуми, на ред дојде и телевизијата. Во втората половина на минатиот век, телевизијата, односно телевизорот претставуваше собирна точка, фокус, „огниште“ кое го собираше семејството. Сите, во уво сторени, слушаа и гледаа што големата бучна кутија имаше да каже. Телевизијата суверено владееше над својот гледач. Денес, гледачот (ако така може да се нарече оној што користи телевизор) одлучува што и кога ќе гледа. Тој владее со неа, не обратно. Телевизиските куќи, сардисани од „пакоста“ наречена интернет-телевизија, губат тло под нозете бидејќи не се снаоѓаат во комуникацијата со својот корисник. Се чини не го разбираат новото време и не се спремни да го напуштат историскиот бизнис модел кој веќе тоне. Наспроти нив, „хардверашите“ не знаат за криза. Тие одлично го знаат својот потрошувач. Имам телевизија на мојот мобилен, на мојот таблет, на мојот лаптоп и се разбира на мојот телевизор. Гледам филмови кои биле на програмата вчера и снимам други кои не знам кога точно (и дали некогаш) ќе ги погледам. Омилена реклама немам, а не можам ни да се сетам на некоја. Рутина во гледањето телевизија немам. Мечтаам по најголемиот телевизор што ќе го погледам на излозите. Јас сум секој трет жител на оваа планета. Потрошувачката eлектроника (ПЕ) е сегментот од ИТ пазарот што во моментов ја придвижува цела ИТ индустрија. И има зошто: пазарниот сегмент на ПЕ има исклучително голем потенцијал и во моментов таму се случуваат и најголемите напори (читај: иновации). Доказ за тоа е неодамна завршениот CES (Consumer Electronics Show) 2013 кој се одржа во Лас Вегас, САД. Извештаите оттаму велат: телевизија, телевизори, екрани. Некако, годинава започнува во знакот на Телевизијата: Samsung го претстави својот 100-инчен телевизор, Corning своето ултратенко стакло кое ветува уште потенки екрани, а од Google веќе се шушка дека ќе го искомерцијализира YouTube сервисот. YouTube како синоним за интернет-телевизија се очекува да биде целосно редизајниран со цел да добие


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.