Porta3 197

Page 1

стУдио mOrPHOsis

СУБУРБАН ГИГАНТСКИ КАМПУС

90 денари / БРОЈ 197 / ПЕТОК 14.12.2012 година VIII

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

оскар нимаер (1907-2012)

Архитектура како Рио и телото на саканата жена


рубрика

Иднината на градежништвото

20. издание на BAU пет децении успех

14 – 19 јануари во Минхен Светски водечки саем за архитектура, материјали и системи www.bau-muenchen.com D

Messe München GmbH . info@bau-muenchen.com . Тел. +49 89 949-11308 . Факс +49 89 949-11309

3ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ Скопје . kao@ahk.mk . Тел. +389 2 3228 824 . Факс +389 2 3296 790

ДЕ 2MKПОРТА

14 декември 2012


ГОДИНА Viii

БРОЈ 197 ПЕТОК 14.12.2012 драги Читатели,

Редакција:

и хотелски соби за клиентите. Неодамна, британското Министерство за образование ги објави новите прописи за проектирање на училишни објекти и нивните типски проекти. Според нив, објектите треба да бидат испроектирани со едноставни правоаголни основи и без примена на заоблени форми. Запознавајќи се со новите прописи за проектирање на училишните објекти во Британија, познавачите на локалните прилики веројатно лесно можат да се збунат и да имаат проблем да разграничат дали тие во моментот ги читаат новите прописи за проектирање на училишни објекти или, пак, ги читаат архивските технички описи на постојните училишни објекти, изградени во периодот по Втората светска војна. Нови генерации балкански архитекти. Соработката меѓу архитектонското биро „Аутори“ од Србија и инвеститорот Бранислав Бркљач, покажува дека само со напор, заедничка желба и синергија се стигнува до постигнатите резултати, а се да не заврши само на ниво на концепт во глава или во главите. Таа покажува дека чудата се можни и се појавува надеж во темнината.

ИНФО 06

СЕКОЈА ИНВЕСТИЦИЈА ТРОЈНО СЕ ВРАЌА

главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

Насловна страница: кУла за дигитална телевизија, БРАЗИЛИЈА, БРАЗИЛ

СТУДИО MORPHOSIS

СУБУРБАН ГИГАНТСКИ КАМПУС

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

90 денари / БРОЈ 197 / ПЕТОК 14.12.2012 година VIII

Само неколку дена пред да наполни 105 години, бразилскиот архитект Оскар Нимаер го напушти овој свет, во чија изградба и самиот учествуваше, спротивставувајќи се на рационализмот во архитектурата создадена од линијар и квадрат. Во својот долг животен век, Оскар Нимаер, „скулпторот на споменици“, човекот што ги сакаше сензуланите линии наспроти правите агли, ги изгради Бразилија, седиштето на ООН во Њујорк и многу градби во Бразил, Латинска Америка и низ целиот свет. Иако голем број на административни згради во урбана и субурбана Кина го привлекуваат внимананието на дизајнерите, помал број од нив заземаат пософистициран и посмел пристап кон обликување на работните места и ја одразуваат улогата на капитализмот во номинално комунистичко општество. Истражувачкиот центар на една од најголемите кинески корпоративни компании Giant Interactive Group е голем, комплексен дизајн на архитектите на Morphosis, поставен во средиштето на индустриско предградие на Шангај - Сонџинг. Наменет за креативните дизајнери на комјутерски игри, освен целуларни канцеларии од отворен тип, комплексот е проширен со социјални простори за вработените

ОСКАР НИМАЕР (1907-2012)

Архитектура како Рио и телото на саканата жена

графички уредник: Дејан ДАВИТКОВ фоторепортер: Кире ПОПОВ

Архитект: оскар нимаер

лектор: Костадинка СОЛЕВА Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседател проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл.град.инж. Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх. Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. проф. д-р Катерина ДОНЕВСКА дипл.град.инж.

од редакЦијата

18

СКОПЈЕ 08

ДО 2022 ГОДИНА, СКОПЈЕ БЕЗ УРБАНИ ДУПКИ

ГРАДЕЖНИШТВО 12

ВИТАЛНО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ДОВЕРЛИВОСТА И ЗА СИГУРНОСТА НА ХИДРОЈАЛОВИШТАТА

28 38

ЖИВОТНА СРЕДИНА 18 ДЕПОНИИТЕ КАКО ОБЈЕКТИ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА КОМУНАЛНИОТ ЦВРСТ ОТПАД

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk

Маркетинг:

СУБУРБАН ГИГАНТСКИ КАМПУС

32

IN MEMORIAM 32

(ОСКАР НИМАЕР 1907-2012) АРХИТЕКТУРА КАКО РИО И ТЕЛОТО НА САКАНАТА ЖЕНА

biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796 ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485

ДРВНА АРХИТЕКТУРА 38

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

ВЛАГАТА - ПРЕДИЗВИК ЗА ПРОЕКТИРАЊЕ ДРВНИ КОНСТРУКЦИИ

ЗЕЛЕНА ГЕОПОЛИТИЧКА КРИЗА

Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 9, 1000 Скопје

Печати:

АРХИТЕКТУРА 28

ЕКОЛОГИЈА 54

надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ПЕТРОВ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Анастасија НИКОЛОВСКА Андреа ЈАМАКОСКА Билјана САВИЌ Бојана ФИЛИПОВИЌ Биљана СТОЈАНОВИЌ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (AНГЛИЈА) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Ивана ГРУПЧЕ Кате АНТЕВСКА Кире КИПРОСКИ Михаил ТОКАРЕВ Никола НЕШКОСКИ Сандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВА Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ Франческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)

54

Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.


инфо

ПОЛИЕТИЛЕНСКИ И ПОЛИПРОПИЛЕНСКИ - ВОДОВОДНИ СИСТЕМИ - ГАСОВОДНИ СИСТЕМИ - KAНАЛИЗАЦИСKИ СИСТЕМИ ИНОВАТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА ПО СИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ СТАНДАРДИ

Tel: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hidroplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA 4 ПОРТА 14 декември 2012

3



инфо

Примена на енергетска ефикасност

Секоја инвестиција тројно се враќа

Ш

тедењето енергија не треба да се поврзе со откажување од нејзиното користење по цена на намалување на животниот комфор. Ефикасноста при користењето на енергијата овозможува намалување на трошоците за енергија и зголемување на животниот комфор. Ова беше само дел од заклучоците што произлегоа од осмата конференција Финансирање на енергетската ефикасност и обновлива енергија, а која се одржа во рамките на Неделата на енергетска

6

3

ПОРТА

14 декември 2012

Географската поставеност на Македонија овозможува искористување на геотермалната, сончевата, биомасата и ветерната енергија. Високиот интензитет на сончевото зрачење и неговото времетраење, и влажноста, овозможуваат поволни услови за успешен развој на сончевата енергија.

ефикасност. Ние сме потрошувачи, производители и ние имаме моќ да разбереме кои се можностите за енергетска ефикасност, согласни беа учесниците. Професорот Константин Димитров од МАЦЕФ, која беше организатор на Недела на енергетика Македонија 2012, потенцираше дека концепцијата на годинашната Конференција е претставување на достигнувањата од финансирањето во енергетско-ефикасни проекти, а целта е да се испрати силна порака, кои се придобивките од релизацијата на тие проекти.

Катерина Спасовска-Трпковска

МАЦЕФ прослави 10 години Мисијата на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија е да ја зголеми енергетската ефикасност и заштитата на животната средина која веќе 10 години ја застапува. МАЦЕФ учествува во креирањето на енергетската политика и планирањето на развојот на енергетиката и енергетските ресурси, а сето тоа со цел ублажување на климатските промени.


инфо „Навистина ми претставува задоволство што присуствувам на Конференцијата на којашто се дискутира за начините на финансирање на проекти за енергетска ефикасност. Време е да научиме дека инвестициите во енергетска ефикасност на домаќинствата и компаниите е нешто на што треба интензивно да работиме во иднина, оти придобивките од ваквите чекори најчесто се двојно поголеми. Вложувањето во оваа област сразмерно се објаснува многу едноставно: еден вложен денар, се враќа како добивка од три денари, затоа е тоа добро за сите нас“, нагласи Димитров. Спроведувањето мерки за енергетска ефикасност беа презентирани од повеќе компании. Иван Николов од ЕЛЕМ, од каде почнува производството на енергијата, ги презентираше намерите на компанијата за спроведување на енергетска ефикасност преку истакнување на двата клучни проекти и тоа изградбата на парк на ветерни електрани во Богданци и концентрирана термо соларна електрана во Битола. „Станува збор за пилот проекти. Првиот почна во 2005 година кога се создаде атлас на ветровите во Македонија и кога се идентификуваа станиците. Се покажа дека најповолна локација за изградба на парк на ветерни електрани е Богданци. Ова е технички и економски изводлив проект, а годишно е предвидено да има производство на 100 GWh. Вториот пилот проект, пак, почна во 2010 година,

а искуствата велат дека може да трае и до 25 години“, истакна Николов. Дека енергетската ефикасност е значајна од финансиски аспект истакна и Тања Младеновска од компанијата „Европа“ во која веќе има инсталирано соодветна опрема. „Со примена на енергетската ефикасност нашата комапнија годишно заштедува 200 илјади евра“, нагласи Младеновска. Освен компаниите потреба од штедење на енергија имаат и градските власти, кои велат дека Скопје е енергетски одржлив град. Огнен Димитров вели дека градските власти веќе имаат постигнато голем напредок на ова поле со тоа што загадувањето во градот го имаат намалено со набавувањето нови автобуси за јавен превоз, со проширувањето на сообраќајниците, изработката на кружни текови и воведувањето на зелен бран. Кај зградите има централно загревање, а наскоро се очекува и приклучување на гасификационата мрежа. Поттик за вклучување на обновливи извори на енергија дава и Министерството за економија со тоа што надоместува дел од средствата за инсталирање на оваа опрема. „Географската поставеност на Македонија овозможува искористување на геотермалната, сончевата, биомасата и ветерната енергија. Високиот интензитет на сончевото зрачење и неговото времетраење, и влажноста, овозможуваат

поволни услови за успешен развој на сончевата енергија. Со воведувањето на сончевата енергија домаќинствата годишно може да заштедат и до 13 илјади денари. Министерството за економија субвенционира 30 отсто од опремата. Во јануари ќе биде објавен јавниот оглас за надоместување на средствата за идната година, а сега веќе во тек е исплатата на годинашните субвенции“, истакна Милица Андонов од Министерството за економија. Според министерот за економија Ваљон Сарачини, секој еден денар инвестиран во енергетска ефикасност се враќа како три денари добивка. „Ако едно домаќинство вложи во енергетска ефикасност годишно ќе штеди илјада евра, а фирмите, пак, дури 10 илјади евра. Затоа што е ова доста исплатливо имаме изготвено стратегија со која е предвидено до 2018 година сите да имаат инсталирано опрема за штедење на енергија“, нагласи Сарачини. Корист од енергетската ефикасност може да има и градежниот сектор. Според Македонка Димитрова, со финансирање на енергетска ефикасност во згради може најмногу да се заштеди. „Јаки страни се тоа што има стратешки документи, широка база на инженери, општинска ориентираност кон енергетска ефикасност. Како слаби страни може да се истакнат непостоењето на попис на згради и ниската свест за придобивките од енергетската ефикасност“, објасни Димитрова.

3

14 декември ПОРТА

7


скопје

Усвоен новиот ГУП на главниот град

До 2022 година, Скопје без урбани дупки Разликата од досегашната урбанистичка рамка е тоа што Скопје ќе се подели на зони и на квартови, ќе има вкупно 162 градски квартови и за секој од нив ќе се изработува наменски, детален урбанистички план

В

еќе е јасно дека Скопје до 2022 година ќе добие нова организираност. Тој конечно ќе се подели на квартови како повеќето други метрополи. Со усвојувањето на Генералниот урбанистички план сите досегашни предвидувања и муабети станаа реалност. Новиот ГУП зафаќа површина од речиси 9.000 хектари, границите остануваат речиси во рамките на досегашните, што значи дека градот и во наредните 10 години нема да се шири. Разликата од досегашната урбанистичка рамка е тоа што Скопје ќе се подели на зони и на квартови, ќе има вкупно 162 градски квартови и за секој од нив ќе се изработува наменски, детален урбанистички план. Плановите, што ќе заземаат големи површини од 100,

8

3

ПОРТА

14 декември 2012

200, па и 300 хектари, ќе се изработуваат во следните неколку години, и сепак, бидејќи се работи за урбанистичко планирање на големи површини, постапката за евентуална промена на планот не би била толку кратка, како досега. Според објаснувањето од градската управа, градот може да расте без да се шири, преку пополнувањето на празните девастирани простори кои егзистираат во градот и тоа во прилично голем процент, со обнова и реконструкција на субурбаните и субстандардните простори, како и со пренаменување на застарените и високозагадувачки индустриски комплекси. Просторниот капацитет на градот е омеѓен со постојните граници на урбаниот опфат, а сите параметри укажуваат на тоа дека Скопје е способно во себе да ги прими сите

планирани приливи и на подлгорочно ниво, без притоа просторно да се зголеми. Сето ова се согледува од аспект на природните фактори, од конфигурацијата на теренот и од можностите за просторна композиција, а практично ќе се оствари преку хармонизација на просторните чинители во единствен препознатлив амбиент со дефинирани функции, односно наменски употреби на земјиштето. Оперативно ваквите ставови ќе се спроведуваат преку пополнувањето на празните девастирани простори (не-места) кои егзистираат во градот и тоа во прилично голем процент, со обнова и реконструкција на субурбаните и субстандардните простори, како и со пренаменување на застарените и високозагадувачки индустриски комплекси. Генералниот урбанистички план е со


скопје важност од 10 години. Во таа смисла, примарната улична мрежа како дел од ГУП-от се планира согласно идниот просторен развој на градот и тука во никој случај не може да стане збор за бришење на претходно планираните сообраќајници, туку за приспитување на профилите и трасите и нивно благо приспособување со фактичката состојба, не губејќи ја од предвид иднината. Сообраќајниот концепт на градот Скопје е поставен од експертските тимови на Обединетите Нации во периодот по земјотресот и тој до денеска не претрпел промени од поголеми размери. Системот на сообраќајници го сочинуваат лонгитудиналните булевари во правец исток-запад, како што се Јужниот булевар, Илинденска, Александар Македонски, Словенечка и други, попречните поврзници во правец север-југ како Крушевска Република, 8-ми Септември и други, и секако Малиот и Големиот ринг. Примарната сообраќајна мрежа како еден од најзначајните витални градски системи во корелација со секундарните сообрајници, секако се еден од клучните елементи кои го одржуваат градот во живот. Ова не се гледа само од аспект на транспортен модел, туку и како коридори за водење на подземните инсталации,

аерација на просторот, дренажа и зеленило. Што се однесува до зеленилото, иако често се споменуваат празнините меѓу населбите и старите напуштени индустриски комплекси, сепак не се најавува дека тие ќе се пополнуваат со нови паркови или рекреативни зони. Сепак, од градската управа гарантираат дека сите законски норми ќе бидат запазени. Според зборовите на градоначалникот Коце Трајановски, овој ГУП ќе овозможи легализација на децениските диви населби, голем дел од индустриските зони ќе добијат можност да прераснат во станбени населби, како што се, на пример, во Аеродром и во Гази Баба, така што ќе се отвори простор за нови инвестиции, ќе се овозможи посовремен развој на сообраќајната мрежа. Планот е димензиониран за 634.200 жители, врз основа на податоци од демографската студија што ја изготви Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања и врз основа на пописот од 2002 година. - Со тоа што се направени измени во намените, како што е на пример во Ќерамидница, каде што со претходниот ГУП беше предвидена само индустриска зона, а сега е мешана, со домување, деловни објекти и јавни функции, се

овозможува развој. Граѓаните што имаат направено станбени единици, со овој ГУП добија можност да ги легализираат - објасни Трајановски. Во изминатава деценија, според градоначалникот, Скопје постигна развој, а Генералниот план од 2002 година не го следеше тој развој, туку претставуваше пречка, особено во делот на инвестициите. Планот помина вообичаено кај советниците, во зависност од нивната политичка припадност. Никола Велковски од СДСМ реагираше дека некои дивоизградени населби, на пример шпанското село на Водно, не се влезени во планскиот опфат, иако трае процес на легализација на сите дивоградби во државата. Според него, проблем е и што покрај обиколницата не се предвидени нови стопански и индустриски зони, а и некои фабрики-загадувачи не се предвидени на нови локации, надвор од градот. За владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, пак, е важно што се испочитувани сите процедури, како што рече советничката Дафинка Саздова. Новиот ГУП го изработи Агенцијата за просторно планирање, која за ангажманот од Градот доби речиси два милиона евра. К.С.Т.

ПАРКИНГ СИСТЕМИ адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467 e-mail: izgradba@gmail.com www.parkingsistemi.com.mk www.facebook.com/izgradba 14 декември ПОРТА

3

9


градежништво

Презентација на TPH Bausysteme GmbH, Хамбург, Германија

Инјектирање и санација на хидротехнички објекти и тунели Големиот број слушатели имаа можност да се запознаат со германското искуство во оптимализацијата и рационализацијата при санација на хидротехнички објекти со техника на инјектирање и санација на тунели, а особен интерес кај нив побудија експандирачките материјали наменети за спречување на активни продори на вода, како и материјалите за консолидација на почви и инјектирање на фуги и пукнатини кај бетонските конструкции Никола УЗУНОВ,

дипл.град.инж.

В

о организација на компанијата АДИНГ АД Скопје, и во соработка со Градежниот Факултет - Скопје, Комората на овластени архитекти и овластени инженери и Друштвото за геотехника на Македонија, пред голем број слушатели, беше одржана презентација на тема

10

3

ПОРТА

14 декември 2012

„Оптимализација и рационализација при санација на хидротехнички објекти со техника на инјектирање и санација на тунели со материјали од програмата на TPH“. Специјален гостин - предавач беше господинот Пауло Цингос, менаџер за примена на материјали во компанијата TPH Bausysteme, кој ја претстави програмата на TPH – технологиите на инјектирање и

санација на хидротехнички објекти и тунели. Компанијата TPH Bausysteme GmbH, со седиште во Хамбург, Германија, се вбројува помеѓу светските лидери во развојот на нови технологии и материјали наменети за инјектирање и санации на конструкциите. Притоа, TPH поседува и долгогодишно искуство при изградба и санација на капитални инженерски


градежништво зависи од бараните својства – вискозност, јакосни карактеристики, брзина на реакција, атхезија со подлогата, еластичност, трајност, отпорност на хемиски агресии, можност за експанзија, наспроти достапноста и цената на чинење. Во завршниот дел на презентацијата беа анализирани повеќе конкретни примери на тунели и хидротехнички објекти санирани со користење на различни типови на материјалите од програмата на TPH. Притоа, особен интерес кај слушателите побудија експандирачките материјали наменети за спречување на активни продори на вода, како и материјалите за консолидација на почви и инјектирање на фуги и пукнатини кај бетонските конструкции. Како еден од референтните објекти кои беа демонстрирани е и санацијата на брана во склоп на рудникот Бучим - Радовиш, извршена од страна на РЕ-КО инженеринг, во соработка со АДИНГ од Скопје.

објекти (тунели, рудници, брани и други ХТО објекти). Ваквото акумулирано искуство беше сублимирано во презентацијата, составена од три целини и збогатена со преглед и анализа на повеќе практични (изведени) објекти. Првиот, теоретски дел од презентацијата имаше за цел да ги дефинира и класифицира различните материјали наменети за инјектирање и санации. Притоа беше истакнато дека во зависност од својствата, материјалите за инјектирање можат да се класифицираат во две основни групи. Во првата се водни суспензии на цемент, адитиви и други додатоци, а во втората Њутновите флуиди - раствори на смоли на база на епоксиди, акрилати, уретани (полиуретани) и др. Вториот дел од презентацијата ги анализираше различните материјали од аспект на нивната примена за решавање на конкретни проблеми кои се јавуваат во конструкциите. Слушателите беа запознати дека генерално, со инјектирањето можат да се постигнат три цели: oбезбедување водонепропустливост, консолидација (зацврстување) и заполнување на медиумот во кој се врши инјектирањето. Притоа изборот на материјал

Консолидација на почва со користење на експандирачки полиуретански материјал Pur-O-Stop FS (Демонстрација во текот на обуката во Хамбург)

3

14 декември ПОРТА

11


градежништво

Дренажни системи кај хидројаловишта – теориски основи и искуство

Витално значење за доверливоста и за сигурноста на хидројаловиштата Добро проектираната дренажа е моќен метод за обезбедување сигурна и економична изградба на хидројаловишта, па е неопходно соодветно лоцирање и димензионирање на дреновите што воедно треба да бидат заштитени со филтри на контактот меѓу зоните во кои материјалите имаат различни градиенти и пропустливости

Ш

тетите што може да настанат доколку површината на струјната мрежа ја допре низводна косина на хомоген насип се огромни, поради што уште во 1935 година се почнати интензивни и широкоопфатни истражувања за мерење порни притисоци и одредување на струјната мрежа. Освен што биле откриени порни притисоци при изградба, истражувањето под раководство на Терцаги резултирало со дефинирање „правило“ за поставување дренажен тепих под ножицата, но и по целата должина на насипот заради ограничување на напредувањето на струјната мрежа кон низводна косина, што доведува до ерозија и до лом. Притоа, основниот принцип е да се издренира порната вода пред да го достигне низводното потпорно тело. Иако наведеното се однесува на насипни брани од правлив материјал збиен со оптимална влажност, кај хидројаловишта е неопходно да се почитуваат и други потреби со оглед на тоа што материјалот се нанесува хидраулички без механичко збивање. Внатрешното дренирање е од витално значење за доверливоста и за сигурноста на хидројаловиштата низ целиот нивен животен век, а воедно и за заштитата на животната средина. Иако дренажните системи кај различни видови хидројаловишта многу се разликуваат, дренирањето како главна компонента на проектирањето е најзначаен фактор при дефинирањето на стабилноста при статички и динамички оптоварувања, а и степенот на консолидација при изградбата и осетливоста на ликвифакција речиси во целост зависат од него.

12

3

ПОРТА

14 декември 2012

Така, добро проектираната дренажа е моќен метод за обезбедување сигурна и економична изградба на хидројаловишта, па е неопходно соодветно лоцирање и димензионирање на дреновите што воедно треба да бидат заштитени со филтри на контактот меѓу зоните во кои материјалите имаат различни градиенти и пропустливости.

ДРЕНАЖНИ СИСТЕМИ

Најголемиот дел од хидројаловиштата се изведени со таложење јаловина, а се делат според усвоениот начин на изведба за примена на јаловината при изградбата на песочната брана. Притоа, се разликуваат три главни техники: возводен, низводен и централен метод, но неретко се сретнуваат и мешани методи настанати со промена на техниката на изградба и експлоатацијата поради карактеристиките на јаловината, топографијата, геологијата, сеизмичноста итн. Во зависност од тоа, се менуваат и карактеристиките и принципите за проектирање на дренажните системи кај хидројаловиштата. Инаку, целта на дренирањето е максимално ефикасно и трајно да се постигне: А) Ниска површина на струјната мрежа Со одржувањето ниска површина на струјната мрежа се постигнуваат неколку посакувани ефекти: првата струјница не допира до низводната косина, односно доволно е одaлечена од неа; хидродинамичкиот порен притисок се намалува; голем дел од хидројаловиштето е заштитен од водозаситување, со што се намалува и опасноста од ликвифакција при динамички оптоварувања; над водозаситениот материјал се наоѓа

незаситен материјал што обезбедува зголемена отпорност кон ликвифакција и брзина на консолидација. Б) Намалување на хидродинамичкиот притисок Дренирањето го намалува хидродинамичкиот притисок со формирање струјна мрежа во која еквипотенцијалните линии тежнеат кон хоризонтала, со што притисокот е нула дури и при висока прва струјница. В) Намалување на порниот притисок Порниот притисок што се создава при деформирањето на хидројаловиштето при оптоварување од масата на натслоевите се намалува, а консолидацијата се забрзува. На таков начин, дренажата е проектирана да ја спушта струјната мрежа и да ја оформи со приближно хоризонтални еквипотенцијални линии. Г) Контрола на филтрација и на суфозија Дренажата безбедно треба да ја отстранува инфилтрираната вода низ телото на хидројаловиштето и на подлогата, и да ја достави до резервоар или да ја исфрли. Хидрауличкиот градиент во струјната мрежа мора да биде ограничен за да се оневозможи движење на честички јаловина, а нивното преминување во дреновите треба да биде спречено со примена на филтри. Со примена на наведеното се подобрува стабилноста на насипот, може да се усвојат пострмни низводни косини (ако има потреба) и да се постигне соодветен коефициент на сигурност. Сепак, а како што е и вообичаено, за да се постигне најекономично решение за дренирање на едно хидројаловиште, треба да се споредат различни алтернативи во кои ќе бидат


градежништво вклучени и филтрите. Првиот чекор при проектирањето на дренажниот систем е внимателно проучување на филтрацијата со посветување особено внимание на нехомогеноста, анизотропноста, граничните услови и неправилната форма нa хидројаловиштето, при што е неопходно да се определи целата струјна мрежа бидејќи дренирањето значително ја деформира. Таа најпрецизно и едноставно се дефинира преку електрична аналогност или со примена нa МКЕ, и овозможува едноставно да се определат сите хидраулички параметри: правец на струење, ниво, хидродинамички притисок, хидраулички градиент, брзина на струење и количество филтрација. Порниот притисок заради деформирање на хидројаловиштето и влијанието на дренирањето врз него може да се определат преку теоријата на консолидација, но посебностите на консолидацијата, заради фазна изградба, почетна водозаситеност, ниска почетна збиеност, големи деформации и нелинеарност на механички својства, нехомогеност и анизотропност, може да се земат предвид, единствено, со примена на МКЕ.

ДРЕНИРАЊЕ РАЗЛИЧНИ ВИДОВИ ХИДРОЈАЛОВИШТА

Процентот на фини честички во јаловината и, особено, содржината на глина и условите на локацијата бараат различни конструкции и методи на изградба на хидројаловиште. Нивното дренирање во голема мера зависи од методот на изградба, па во продолжение ќе бидат дадени соодветни одлики за дел од нив, т.е. за оние според кои се изведени некои од хидројаловиштата во Републкика Македонија.

ХИДРОЈАЛОВИШТА СО НИЗВОДНА ТЕХНИКА НА ГРАДЕЊЕ

Овие, слично на камено-насипните брани со возводна мембрана/екран, се мошне сигурни и не се ограничени со висина, дури ни во средини со висока сеизмичка активност. Песокот се добива со операција на циклонирање и со таложење над браната. Со оглед на тоа што материјалот може да се дренира слободно или е со висока пропустливост, минимални се барањата за дренирање што треба да ги исполни подлогата, и може да се состојат само од дренажен слој од почетната брана до низводната ножица или од систем од дренови вкопани во ровови во подлогата.

Слегнувањето може да се намали преку збивање на песокот во слоеви, што може да побара нови дренажи по висина на хидројаловиштето. Но, доколку не се применува збивање, тогаш треба да се очекуваат поголеми слегнувања поради што треба да се биде внимателен при проектирањето на евентуалните дренажи по висина за да не се наруши нивната функција. Посебни побарувања од дренажни мерки, особено над природниот терен, се зависни од гранулометрискиот состав и пропустливоста на циклонираниот песок. Досегашната практика го покажала како особено успешно и позитивно дренирањето на целосната површина на основата на циклонираниот песок, кога може да има потреба на цевчести одводи под дренажниот слој, поставени во плитки ровови на површината на основата. Доколку површината на основата е нерамна (ридеста), наместо континуиран дренажен слој, треба да се предвиди мрежа од дренови распоредени по целата површина кои е потребно, заради заштита од измивање или оштетување од градежна механизација, да се вкопаат во ровови и да се посипат со чакал.

Слика 1. Двослојни дренажи на цврста подлога (примена и во услови на нерамна површина): 1. Перфорирана цевка; 2. Чакал; 3. 1:1 мешавина песок-чакал; 4. Геотекстил

ХИДРОЈАЛОВИШТА СО КОМБИНИРАНА (МЕШАНА) ТЕХНИКА НА ГРАДЕЊЕ

Во случај да дојде до промена на условите во текот на изградбата на хидројаловиштето, тогаш може да се јави потреба од промена на методот, односно на техниката на градење. Во зависност од гранулометрискиот состав на јаловината и др., може да биде можно и економично циклонирањето да се прекине на одредено ниво и да се продолжи со складирање како при возводен начин на градење, со што се добива хидројаловиште од комбинирана конструкција. Притоа, дренажните мерки и нивното проектирање треба да ги земат предвид сите планирани нивоа и усвоени методи за изградба.

ХИДРОЈАЛОВИШТА ИЗВЕДЕНИ НА ПРОПУСТЛИВА ОСНOВА СО ОГРАНИЧЕНА ДЕБЕЛИНА

Ваков слој може да биде поволен за дренирањето и стабилноста на хидројаловиштето, но истовремено ќе ја зголеми и филтрацијата. Во такви случаи, имајќи предвид дека исфилтрираната вода е загадена, ќе биде потребно подземниот проток да се прекине и зафати, со што ќе се зголеми порниот притисок и ќе се намали стабилноста. За избор на оптималното, потребно е да се разгледаат различни решенија. Кај хидројаловиште со возводна техника на градење, вообичаено се проектира непропустлива иницијална брана, со

филтерски слој под неговата основа за да се оневозможи суфозија на материјалот од оваа брана, а на нејзината возводна косина може да се предвиди дренажа. Од овие елементи зависат и дел од активностите за складирање на јаловината, кои треба да се реализираат на начин што хидрауличките градиенти ќе се намалат што е можно повеќе по почетокот на работата, што најчесто се обезбедува со формирање голема плажа на најниско можно ниво. Иницијалната брана кај хидројаловиштето со низводна техника на градење е непропустлива, комбинирана со завеси (бариери) во пропустливиот слој кои досегаат до непропустливиот слој. Исфилтрираната вода се собира во ножицата од хидројаловиштето. 

3

14 декември ПОРТА

13


градежништво ФИЛТРИ

Како што е познато, нивната основна функција е да ги задржат честичките од дренираниот финоградуиран материјал пропуштајќи ја водата кон крупнозрната дренажна зона. При проектирањето на филтрите треба да се земат предвид карактеристиките на дренираниот (и заштитен од ерозија) материјал, количеството филтриран тек и расположливите техники за изградба. Но, како последица од специфичностите на хидројаловиштето, се јавуваат и одредени посебности при проектирањето на филтрите. Имено, градацијата на таложената јаловина се менува поради слоевитоста, која е последица на постојаните промени на условите на филтрација при таложењето, а воедно тој материјал е некохерентен и растресит, што го прави подложен на ерозија во случај на наплив на филтрациона вода. Филтрите може да бидат од зрнест (природен или дробен) или од вештачки материјал (геотекстил), а и во двата случаи е неопходно рационално проектирање и димензионирање. Со оглед на тоа што и самиот филтер треба да се заштити од навлегување во дренажната зона, понекогаш ќе биде потребно да се проектираат два или повеќе слоја, чија порозност и големина на зрна треба да расте во правец на одвивањето на текот. Освен овие општи правила, односот јаловина-филтер треба да ги исполни и следниве (но не и само нив) емпириски критериуми за: а) суфозија: D15<5d85; D50<25d50; D15<20d15; б) пропустливост: D15>4-5d15 ; в) внатрешна стабилност: D55/D50, D50/D35, D35/D15 <5; Cu<10; D5>0.074 mm; г) сегрегација: освен претходното, влажност = 5 % и Cu<20; д) незачепување: Cu>5; ѓ) дебелина: tmin>330D5 ; е) густина и збиеност: релативна збиеност > 70 %; ж) механичка, хемиска и биолошка стабилност; з) некохерентност. Геотекстилите, пак, имаат предност што се со мала дебелина, делумно растегливи, што ги прави погодни заради деформабилноста на хидројаловиштето, хомогени се итн., а се произведуваат како неткаени и ткаени. Ткаените се тенки и може да имаат различна порозност, но оние со мала, иако имаат подобри

Слика 2. Елементи на филтрациона линија 14

3

ПОРТА

14 декември 2012

квалитети, не се препорачуваат за примена кај хидројаловишта. Неткаените геотекстили дупчeни со игла и дебелина 2-6 mm ги менуваат дебелината и големината на порите при притисок, што не се случува кај крутите топлински споени геотекстили. Притоа, препорачливо е термички обработената страна да биде свртена кон дотокот на вода, па евентуално влезените честички би можеле и да го напуштат незапушувајќи го. Но, овие геотекстили се воедно и крути, што ја прави нивната примена ограничена во делови од хидројаловиштето каде што се очекуваат поголеми деформации. Филтрациониот капацитет, инаку, се дефинира со големина на типичен отвор О90 , кој треба да биде помал од 0.6d50. Имајќи го предвид ова, може да се заклучи дека филтерскиот критериум за геотекстили е приближен и служи како ориентационен при нивен избор. За да се спречи постојаната опасност што демнее над нив – запушување - директно нанесување јаловина над геотекстилот треба да се избегне сосема, што бара претходно да се постави над нив слој од чакал или од крупна јаловина. Исто така, за нивното рационално проектирање сè уште се собираат и анализираат резултати од досегашната примена бидејќи механичките, хемиските и биолошките долготрајни стабилности не се целосно познати, особено што се наоѓаат во зони каде што се нема увид врз нив, а притоа нивната функција е од критично значење за стабилноста. Поради тоа, сè додека не се акумулира доволно искуство во светски рамки со примена на геосинтетици, пожелно е тие да се применуваат на места каде што не се критични за долготрајна стабилност на хидројаловиштето или онаму каде што се леснодостапни за да се поправат или заменат.

ДРЕНАЖИ

Главната функција на дренажите е овозможување контролирано одведување на водата од телото на браната, што би ги снижило филтрационата линија, хидродинамичкиот и порниот притисок, а би ја забрзало консолидацијата поради што треба да се внимава при нивното позиционирање. Димензиите треба да се доволни за да влијаат врз вршењето на функцијата, а ширината приближно треба да изнесува l=0,5*[(L2+H2)0,5 ],–L каде што L и H се хоризонтално и вертикално растојание од езерото до дренажата.


градежништво Дебелината на дренажата треба да е поголема од 150 mm при рачна, односно 250 mm при машинска изведба, но ќе треба да се посвети особено внимание на дополнителните деформации од евентуални сеизмички дејства. Применетите материјали треба да имаат 200-1000 пати поголема пропустливост од материјалот што се дренира, а за тоа, можеби, е најсоодветен фино до крупнозрнест чакал. Стандардно, околу дренажниот материјал треба да се постави филтерски материјал, а за зголемување на дренажниот капацитет може да се постави перфорирана цевка, која треба да лежи на цврста подлога и да може да ги прими горните оптоварувања. Материјалот околу неа треба да биде со крупност која зависи од нејзините отвори. Заради очекуваните деформации, евентуалните цевки по висина на хидројаловиштето треба да бидат флексибилни, а и обложени со геотекстил. Доколку се користат цевки со голем дијаметар, тие треба да се поставуваат во прави делници, а

Со цел да се овозможи максимална ефикасност, дренажата и нејзиниот излез треба да обезбедат услови на отворен тек, дури и при најголема филтрација. Меѓу наведеното, тоа се постигнува и со збивање на песокот и на чакалот во филтерот. Излезот од дренажата може да се изведе од истиот материјал како и дренажата доколку неговата основа е непропустлива, а во спротивно треба да се обложи со геомембрана, но најдобро е да се предвиди излезна шахта. Со оглед на тоа што за време на изградбата на едно хидројаловиште значително се менуваат условите на дренирање, ќе треба да се проучат различни етапи земајќи ги предвид поставеноста на езерото и висината на браната.

ПРИМЕРИ ОД РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Во Република Македонија се реализирани неколку хидројаловишта, а во контекст на трудот накратко ќе бидат опишани проектираните и изведените решенија за дренирање на хидројаловиштето на рудниците „Бучим“ и „Саса“. Како што е вообичаено, и кај хидројаловиштето „Тополница“ на рудникот за бакар Слика 3. Филтерски слоеви кај лебдечки дренажи: 1. Чакал; 2. 1:1 мешавина песок-чакал; 3. Перфорирана цевка „Бучим“ е предвидено филтерската заштита да го обезбеди телото од јаловиштето од внатрешна ерозија во низводните зони при висока депресиона линија и од нејзино излегување на косината, Слика 4. Дренажен килим: 1. Перфорирана цевка; 2. Чакал; 3. 1:1 мешавина песок-чакал кога може да се предизвика ерозија. Во согласност со проектот, филтерската заштита е предвидено да се изведе двослојно, при што првиот слој обезбедува постепен преод од материјал со помала Слика 5. Лебдечки дренажни килими или излези на одводи: 1. Јаловина; 2. Чакал; 3. Геотекстил; 4. Геомембрана водопропустливост (ситнозрни, песочни и прашкасти фракции) кон материјал со поголема водопропустливост, на одредени растојанија, доколку е можно, да се предвидат а филтерот 2, како дренажен, има задача да ја снижи депресионата шахти кои ќе бидат достапни за повремен преглед и чистење. линија до основата и да ја зафати исцедената вода. Филтерот 1 Дренажите во основата на хидројаловиштето треба да е со дебелина 1,50 m и, меѓу останатотo, каде што условите се се вкопани за да се заштитат од измивање во првите фази зависни од гранулометрискиот состав на флотацискиот песок, на неговата изградба, а може да се покријат дополнително димензиониран е да ги исполни следниве услови: d5<0,074 mm, со дополнителни слоеви чакал и да се примени геотекстил. Дренажните теписи е пожелно да се изведуваат како двослојни, Cu=5-7. Гранулометрискиот состав на филтерот 2 е зависен од тој а лебдечките дренажи се изведуваат побрзо и полесно доколку, на филтер 1 (како, на пр., преку: d50ф2=5-10 d50ф1, Cu=3-4, d50ф2=5наместо песок, за филтер се примени геотекстил, кој треба да 10*0,35 и сл.), а, исто така, е со дебелина од 1 m. Под филтерот се се заштити од запушување преку нанесување крупна јаловина. наоѓа дренажен канал, кој во централниот дел на јаловиштето е со Воедно, за да не бидат измиени, лебдечките дренови треба да ширина 2,50 m, а во страничните - 2 m. Дел од дренажниот систем е бидат вкопани во плажата на хидројаловиштето. Аналогно на и дренажен тепих со ширина 15 m. Од споменатиот дренажен канал, тоа, доколку со геотекстил се обвива чакал од дренажа изведена низводно се издвојуваат 5 канали кои се вкопани во почвата, а се со во ров, горните дваесетина сантиметри треба да се остават ширина 1-1,5 m, во чии рамки се движи и нивната висина, кои потоа непополнети со чакал, за таму да се нанесе крупна јаловина. се влеваат во собирен канал. Во дното на каналот 

3

14 декември ПОРТА

15


градежништво е поставен песочен материјал како филтер 1 и дебелина 20 cm, преку кој е цевка со d=300 mm, односно 500 mm во собирниот канал. Цевките издржуваат притисок од 1000 kPa, a перфорирани се во горната половина со отвори 8-10 mm, кои се помали од 2,5d50ф, односно 0,5d85ф, при што непосредно околу цевката е вграден материјал со дијаметар 12-16 mm.

Слика 6. Попречен пресек на хидројаловиште Тополница

Иако наведениот опис се однесува на дренажен систем предвиден за висина на јаловиштето до 610 mnv, треба да се нагласи дека одамна се одвиваат активности за надвишување до кота 654 mnv, со што може да се потврди дека вака проектираниот систем за дренирање мошне успешно ја врши функцијата и во сосема нови околности. Заради зголемување на капацитетот на постојното јаловиште 3.2, во текот на 2006 и 2007 година е изработен изведбен проект за ново јаловиште, втора фаза на хидројаловиштето на рудникот „Саса“, до кота 960 мнв. Како што може да се види на прикажаните изводи од проектот, по иницијалната и предбраната се предвидени два дренажни тепиха, чиј карактеристичен детаљ е даден веднаш подолу. Ова надвишување е веќе реализирано до кота 964 мнв, патем инсталирајќи и 19 пиезометри. Сепак, мерењата извршени во текот на 2011 година покажале дека во ниту еден од нив не е регистрирано ниво на подземна вода, што укажува дека, најверојатно, првиот дренажен килим има голема водопропустливост и ја апсорбира целата филтрирана вода. Слика 7. Детаљ од дренажа кај хидројаловиште Тополница

16

3

ПОРТА

14 декември 2012

Слика 8. Карактеристичен попречен пресек на новото хидројаловиште, фаза 2, Саса


градежништво

Слика 9. Детаљ на дренажен килим

Од сите фактори кои влијаат врз стабилноста на едно хидројаловиште, контролата врз филтрацијата, можеби, е од најголемо значење и се обезбедува преку соодветно проектирање дренажи и филтри, и докажани методи на изградба, особено што дренирањето е едноставно, сигурно и економично за примена, како при проектирање, така и при изведба и експлоатација. Врз основа на изнесеното, може да се резимира следново: - Дренажите треба да се проектираат и изведуваат со голема внимателност за да се спречи мешање или сегрегација на материјалите од дренажите и од филтрите, а внимание треба да се посвети и на првичното покривање со јаловина за да се оневозможи нивно зачепување. - Покривањето треба да се одвива побрзо за да се заштити од врнежи, прашина, нечистотии, раст на вегетација и сл., но и од оштетување од механизија или фауна. - Филтрацијата и исцедувањето на хидројаловиштето, а со тоа и однесувањето на дренажите и на филтрите, треба да се набљудуваат редовно за да може благовремено да се преземат мерки во случај на хаварија. Истото треба да се реализира континуирано во текот на експлоатација, како и по затворањето и прекинот на користењето. - Нивото на струјната мрежа и количеството исфилтрирана вода треба

да се мерат редовно, според проектот за набљудување. Јасно е дека дренажните системи бараат и заслужуваат особено внимание, кое бара многу повеќе место за изложување на условите што треба да се почитуваат, и тоа како теориските содржани во бројна литература, така и стекнатите искуства од проектирањето на веќе изведените хидројаловишта кај нас и во светот. Со оглед на тоа што животниот век на овие системи е од круцијално значење за стабилноста и за трајноста на едно хидројаловиште, а поради бројните негативни влијанија од опкружувањето, емпириските заклучоци посочуваат дека е потребно да се има одредена доза конзервативност при нивното проектирање. Иако општото искуство од хидројаловишта во Република Македонија е делумно негативно поради хавариите што настанале на сите четири хидројаловишта во минатото, во однос на дренажните системи тоа искуство е позитивно, што се докажува и со овие две хидројаловишта. Имено, иако и кај двете хидројаловишта нивото на водата во акумулациониот простор е многу високо, нивото на водата во пиезометрите е ниско, т.е. во функција, практично, се само првите дренажни теписи. Тоа значи дека вторите дренажни теписи ќе играат улога и на зголемена сигурност. За потврда на ова, неопходно е потребно континуирано следење на состојбата на нивото на водата

во песочните брани, како при статички, така и после сеизмички или невообичаени (екстремни) услови, кои податоци ќе се применуваат и анализираат при редовната изработка на елаборати од оскултацијата. Иако овој труд ја третира проблематиката само на дренирањето, имајќи предвид дека нивното (не)функционирање ја обезбедува (не)сигурноста на хидројаловиштата, може да се постави прашањето чија обврска ќе бидат севкупната оскултација и одржувањето, како и евентуалните интервенции по завршувањето на експлоатацијата на рудниците. За одговор на ова прашање треба да се активираат, и преземат обврски, соодветните институции и други чинители, а притоа да се разгледа и искуството од земјите во опкружувањето и пошироко, кои веќе имаат „затворени“ јаловишта, и тие обврски јасно да се регулираат законски.  В. Витанов проф. д-р, дипл. град. инж., Градежен факултет – Скопје, Ј. Бр. Папиќ ас. м-р, дипл. град. инж., Градежен факултет – Скопје,

Ж. Гоцев,

дипл. град. инж., ДПТУ „БУЧИМ“ - Радовиш;

Ст. Глигоров,

дипл. руд. инж., Рудник „САСА“ ДООЕЛ Македонска Каменива

3

14 декември ПОРТА

17


градежништво

ЖИВОТНА СРЕДИНА

Депониите како објекти за отстранување на комуналниот цврст отпад За разлика од сметиштата, современите депонии претставуваат инженерски објекти, кои се проектирани и изведени така што ги минимизираат емисиите на загадувачите во животната средина. Депонијата може да биде одобрена за користење доколку таа не претставува сериозен ризик за животната средина и за здравјето на луѓето. проф. Катерина Доневска,

Градежен факултет, Скопје

Јоже Јовановски, Агенција за државни патишта

18

3

ПОРТА

14 декември 2012


С

градежништво

ведоци сме на сè поголемиот пораст на количеството на отпад, како резултат на брзиот пораст на популацијата и индустријализацијата. Значителното зголемување на количеството на отпадот пропратено со промената на неговиот морфолошки состав, го зголемува притисокот врз животната средина за обезбедување на сè поголеми површини за складирање и отстранување на отпадот. Затоа, современите текови на управувањето со отпадот вклучуваат претходна селекција, рециклирање и повторна употреба на отпадот, кои овозможуваат да се намали количеството на отпад кое се отстранува на депониите како и неговото влијание врз животната средина. Покрај овие, управувањето со отпадот ги опфаќа и активностите: собирање, селекција, транспорт, третман, преработка, складирање и отстранување на отпадот, како и мерките за заштита на животната средина. Бројноста на активностите и мерките за управување со отпадот, го прават овој процес сложен и скап. Управувањето со комуналниот цврст отпад е од посебен интерес за општеството, заради значителните количества на овој вид на отпад. Методите за преработка и отстранување на комуналниот цврст отпад генерално се класифицираат во две основни категории и тоа: методи без искористување на енергијата и материјата, и методи со искористување на енергијата и материјата. Во методите без искористување на отпадните материи и енегијата од отпадот спаѓаат дивите депонии (сметишта) и современите санитарни депонии. Методите со искористување на отпадните материи и енегијата од отпадот ги опфаќаат биотермичките методи (компостирање), физичко-механички методи (постројки за собирање и селектирање на отпадот што може да се искористи како секундарна суровина), термички методи (инсинерација, пиролиза) и хемиски методи. Но, и покрај употребата на методите за искористување на енергијата од отпадот, сепак не се намалува потребата од простор за конечно отстранување на цврстиот отпад, односно за депонии.

ЗАГАДУВАЊЕ

Складирањето на отпадот на сметишта е најнесовршен начин за отстранување на отпадот од технолошки и санитарен аспект, кој има значително негативно влијание врз животната средина. Бил практикуван во минатото, а како најевтин начин често се практикува и денес во неразвиените земји. Во сметиштата отпадот се складира во вид на нафрлани купови на рамен терен или во јами и јаруги, не се практикува набивање и покривање на отпадот со дневен прекривен слој од инертен материјал. Сметиштата се извор за загадување на животната средина преку неконтролираната емисија на исцедокот во почвата и во подземните води и емисијата на депонискиот гас. Во случаи на отсуство на водонепропустлив почвен слој со соодветна дебелина на подлогата на сметиштето, исцедокот може да се филтрира низ телото на сметиштето и да доведе до загадување на почвата, подземните и површните води. Сметиштата претставуваат опасност за појава на епидемии од заразни болести, посебно во периодот на летото при појавата на високите температури. За разлика од сметиштата, депониите се објекти наменети за отстранување на отпадот, со негово истурање над или под земја. Со депониите, отпадот се отстранува на контролиран начин во специјален објект предвиден за таа намена. Современите депонии претставуваат инженерски објекти кои се проектирани и изведени така што ги минимизираат емисиите на загадувачите во животната средина. Депонијата може да биде одобрена за користење доколку таа не претставува сериозен ризик за животната средина и за здравјето на луѓето. За спречување и намалување на штетните влијанија на отпадот и на депониите врз животната средина, животот и здравјето на луѓето, во нашата земја е донесена законска и подзаконска регулатива. Проектирањето и изградбата на депониите се пропишани со Правилник за услови кои треба да ги исполнуваат депониите (Сл. Весник на РМ бр. 78/2009). Условите што треба да ги исполнуваат депониите, пропишани со овој правилник, се целосно усогласени со условите дадени во анексот 1 од Директиватa за депонии (Council Directive 1999/31/EC on the Lanfill of Waste, Annex 1 – General Requirements for all Clases of Landfills) и се однесуваат на: Слика 1. Сметишта местоположбата, односно локацијата на депонијата; контролата на водите што влегуваат во депонијата; контролата на исцедокот; заштитата на почвата и на водата од загадување; контролата на депонискиот гас; намалувањето на опасностите што произлегуваат од депонијата преку емисија на прав, миризба, бучава, сообраќај, разнесување на материјали, пожари, создавање на аеросоли; стабилноста на отпадот во депонијата и физичкото обезбедување на депонијата. Примената на оваа регулатива овозможува проектирање и изградба на депониите како и нивна работа на начин кој овозможува најмали негативни влијанија од отпадот и од депониите врз животната средина и животот и здравјето на луѓето. Во понатамошниот дел од текстот е презентиран само дел од условите што треба да ги исполнат депониите спрема пропишаните услови со овој правилник.

УСЛОВИ

За подлогата на депонијата е пропишан следниов услов: основата и страните на депонијата е потребно да се состојат од таква геолошка подлога којашто задоволува определени услови за водопропустливост и за дебелина, за да се обезбеди заштитата на почвата, подземните и површинските води. За оваа подлога е потребно комбинираниот ефект од дебелината и водопропустливоста (определена со коефициентот на водопропустливост К) да обезбедува заштита на почвата и на водите најмалку еквивалентна на заштитата што се обезбедува од слој со следниве параметри: - за депонија за опасен отпад: K ≤ 1,0 × 10-9 m/s, дебелина ≥ 5 m; - за депонија за неопасен отпад: K ≤ 1,0 × 10-9 m/s, дебелина ≥ 1 m; - за депонија за инертен отпад: K ≤ 1,0 × 10-7 m/s, дебелина ≥ 1 m. 

3

14 декември ПОРТА

19


градежништво Доколку природните геолошки и хидрогеолошки услови на локацијата на депонијата нe ги исполнуваат пропишаните услови, тогаш водонепропустливата бариера може да се направи по вештачки пат со примена на водонепропустлив слој од земјиште и примена на други соодветни технички мерки. Вештачки формираната подлога на овој начин е потребно да обезбеди еквивалентна заштита како природната геолошка подлога за која условите во поглед на дебелината и водопропустливоста на слојот се дадени погоре. Притоа, вештачки формираната подлога е потребно да има минимална дебелина од 0,5 метри. Основата на депонија за неопасен отпад, како и дел од елементите на депонијата се приложени на слика 2.

Слика 2. Депонија за неопасен отпад: 1- активна површина за депонирање, 2- дневна ќелија за депонирање, 3- дренажен слој, 4 - вештачки формирана водонепропустлива подлога, 5- дренажна цевка за одведување на исцедокот, 6- цевки за одведување на депониски гас, 7- бунар за мониторинг на движење на депониски гас, 8 -бунар за мониторинг на подземната вода, 9- ободен канал за собирање на површинска вода.

По завршувањето на експлоатациониот период на депонијата, кога нејзиниот капацитет е исполнет, доколку се заклучи (од страна на надлежниот орган за вршење стручни работи во областа на животната средина) дека е неопходно да се спречи можноста за создавање исцедок, тогаш е потребно да се постави систем за површинско заптивање на депонијата. Задачата на овој систем е да се минимизира инфилтрацијата на вода во отпадот, да се контролира емисијата на депонискиот гас и да се овозможи физичко одделување помеѓу отпадот и растенијата и животинскиот свет. Примената на условите во поглед на геолошката подлога, системот за заптивање на дното, системот за површинско заптивање на депонијата, системот за собирање на исцедокот и негово пречистување, како и системот за собирање на депонискиот гас придонесуваат депониите како објекти за отстранување на комуналниот цврст отпад да имаат минимални негативни влијанија врз животната средина (Слика 3). 

Слика 3. Современа депонија - фаза по затворањето на депонијата 20

3

ПОРТА

14 декември 2012


рубрика

3

14 декември ПОРТА

21


Консултантите на GEZE

Отворање и затворање со леснотија и различни функции и решенија Модерните врати и прозорци во современите згради се повеќефункционални. Тие треба да бидат правилно избрани и оптимално приспособени на специфичните проекти и делови од нив. Во секоја фаза од овој процес - при дизајнот и изведбата на совршена штедлива зграда, според идеите и ставовите на инвеститорот што одговараат на сите современи нормативни барања, е токму улогата на консултантите на GEZE.

Во фоајето - најдобриот прв впечаток Футуристички и модерно, направено со вкус и елегантно или луксузно и раскошно - влезните простори се одговорни за првиот впечаток што се создава кај посетителите. Елегантната атмосфера во предворието може да се зајакне со ротирачки или со тркалезни лизгачки стаклени врати со фини рамки. Дури и при ограничени надворешни големини и височини на преминот, овие врати обезбедуваат голем светол отвор за преминување. Направените со вкус тркалезни лизгачки врати GEZE Slimdrive SCR обезбедуваат непречен пристап за луѓе со багаж со достап без бариери. Освен тоа, тие можат да бидат и во сертифицирана варијанта за евакуациони излези.

22

3

ПОРТА

14 декември 2012


Заштита во случај на пожар интелигентен вентилациски систем за одвод на чад и топлина (ВСОДТ) Аспектите на безбедноста и непречен пристап треба да се на прво место, дури и надвор од законските барања. Консултациите на GEZE во оваа област се фокусирани главно на заштита на луѓето при пожар, преку обезбедување на итни излези од кои е одведен чадот, за да биде евакуацијата брза и безбедна и да се обезбеди пристап на спасувачките екипи. Во врска со тоа консултантите на GEZE го помагаат проектирањето на сеопфатен автоматски систем за природно одведување на чад. Целта е системот да биде интегриран во целокупното управување на зградата, преку централи кои координирано ги отвораат сите доводни отвори и шахти за одвод на чад. Дополнително, GEZE обезбедува и ефект на заштеда на енергија - централите ги контролираат функциите на системот и при секојдневна вентилација.

Непречен пристап и естетика дури и на огноотпорни врати Огноотпорните врати во случај на пожар треба да се затвораат автоматски. Во направените со вкус згради тоа се гарантира преку дискретни автомати за врати, чија функција е скриена елегантно во вратата. Освен тоа невидливите автомати од серијата GEZE Boxer овозможуваат крилото да остане и постојано отворено. Таквата врата може да функционира секојдневно на „нормален“ начин - во насока на отворање или затворање, а во случај на пожар - автоматот ја затвора автоматски и го спречува ширењето на огнот и на чадот. Во случај вратата да е двокрилна, сите компоненти на системот за закочување во отворена положба се интегрирани невидливо во автоматот GEZE Boxer E-ISM - дури и контролата на редоследот на затворање.

Естетска поделба и поврзување на простории - рачно лизгачки ѕидови Консултантите на GEZE работат заедно со архитекти и инвеститори, за да постигнат и отвореност, светлина, пространост во просториите и објектите. Истовремено, кога е потребно, просторот може да се подели според конретните потреби на ситуацијата. На местата за состаноци и конференции, просторот треба да биде поделен брзо и едноставно на естетски и природен начин. Во ресторани, кафулиња и барови, променливите „просторни ситуации"стануваат се поактуелни. Улогата на консултантите GEZE е да им помогнат на дизајнерите и на инвеститорите во изборот и имплементацијата на најсоодветно решение, кое истовремено ќе одговара на естетските идеи и на прописите.

3

14 декември ПОРТА

23


градежништво

Надвишување на ретензионата брана на хидројаловиште Тораница со примена на современи материјали м-р Љубиша Костадинов, дипл.руд.инж. ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО - Скопје

С

о рестартирањето на рудникот „Тораница“ - Крива Паланка од страна на компанијата „Индо минерали и метали“, се стартуваше со активности за јаловиштето Тораница да се обезбеди поголем акумулационен

24

3

ПОРТА

14 декември 2012

простор за складирање на флотациска јаловина, како и усогласавуње со барањата за заштита на животната средина. Една од активностите беше надвишување на ретензионата брана, a при проектирањe и изведба се користени современи материјали - геосинтетици со цел

задоволување на еколошките аспекти и задоволување на стабилносната состојба на флотациското хидројаловиште. Надвишувањето на ретензионата брана на хидројаловиштето Тораница од кота 977,5 mНВ до кота 990 mНВ е проектирано и се изведува со флотациски


градежништво

песок, а браната е поставена да биде на местото до постоечката ретензиона брана во таложното езеро. Со оглед на тоа што надвишувањето ќе се одвива во тињеста средина, извршена е симулација за стабилносната состојба и утврдено е дека за задоволување на стабилносната состојба за новото надвишување потребно е поставување на високојакосен геотекстил на контактот на постоечката тиња и песокот што ќе се складира. Најпрво е извршено празнење на таложното езеро и поставување на високојакосен ткаен геотекстил Стабиленка со следните карактеристики: материјал PET/PA, тежина од 230 g/m2 и индекс на водопропустливост од 15 x 10-3 m/s. Подготвени се ролни од високојакосен геотекстил со должина од 80 m, а во прва фаза се распостелени 55 m, додека со остатокот е извршено преклопување по складирањето на флотациски песок во висина од една ламела и добивање на потребниот наклон. Потоа теренот е приспособен со додатна

количина на флотациски песок за поставување на дренажен геокомпозит со следните карактеристики: - Филтер од неткаен геотекстил од двете страни и јадро од екструдирани полипропиленски влакна споени во мрежа во форма на буквата W; - Јакост на затегање во подoлжен правец 19 (-2) kN/m; - Маса од 910 (±10 %) gr/m2; - Дебелина на геокомпозитот при 2 kPa 8 (-10 %) mm; - Статичка јакост на пробивање 1.600 (-20) N; - Водопропустливост на геотекстилот 100 (-30) l/m2.s. Дренажниот геокомпозит е поставен со наклон кон постоечката ретензиона брана, при што процедната вода од геокомпозитот се собира во дренажни полипропиленски цевки, кои се поставени во ров на ретензионата брана. Преку дренажните цевки кои се поставени под наклон од средишниот дел на ретензионата брана кон боковите, водата се одведува со полни полипропиленски цевки кои поминуваат

низ ретензионата брана и се одведува надвор од ретензионата брана во таложен базен, од каде се испушта во Крива Река. Ретензионата брана на хидројаловиште Тораница е надвишена до кота 985 mНВ и за оваа фаза за надвишување предвидено е на косината на надвишената ретензиона брана да се постави геомрежа и да се изврши рекултивација со нанесување на хумусен материјал, засејување со трева и засадување на жбунести растенија. Во следната фаза е предвидено ретензионата брана да се надвиши до кота од 990 mНВ и на тој начин за хидројаловиштето Тораница ќе се обезбеди акумулационен простор за депонирање на флотациска јаловина за период од околу 10 години. Техничкото решение за надвишување на ретензионата брана на хидројаловиште Тораница е проектирано од компанијата ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО - Скопје, а при проектирање користени се сознанија стекнати при изработка на голем број домашни и меѓународни проекти, водејќи сметка за сите еколошки влијанија.

3

14 декември ПОРТА

25


архитектура

Нови генерации балкански архитекти

Дијана Новаковиќ, Александра Никитин, Маја Трбовиќ и Душан Ненадовиќ

Надеж во темнина

В

о селото Мокрин во Србија, недалеку од местото познато како „крајот на светот“, на еден приватен запуштен селски салаш никнува еден интересен проект. Имено, во 2010 година четворица апсолвенти на Архитектонскиот факултет во Белград, Дијана Новаковиќ, Александра Никитин, Маја Трбовиќ и Душан Ненадовиќ, учествуваат на мини-конкурс на познатата компанија Terra Panonica од Војводина, и го добиваат. Истата година тие го

Ѓоко Радовановиќ, дипл.инж.арх.

проектираат и го реализираат проектот што треба во својата завршница да претставува мултимедијален центар од пет објекти. Досега се завршени два објекти, насловени „А“ и „Б“, и за овие остварувања авторите минатата година се наградени со значајни признанија како што се: Награда за најдобар архитектонски проект во 2011 година доделена од Музејот на применети уметности во Белград, Признание во категоријата Архитектура на 33. Салон на архитектура во Белград, Наградата „Ранко Радовиќ“ во категоријата Реализирани

објекти, додека списанието Hiše од Љубљана објектите ги вбројува меѓу 46 најубави куќи на светот за таа година. Овие автори денес настапуваат под заедничко име „Аутори“. Овие факти сами по себе заслужуваат големо внимание, и тие се доказ дека чудата се возможни, ако во нив се верува. Оваа соработка меѓу архитектонското биро „Аутори“ и самиот инвеститор Бранислав Бркљач, покажува дека само со напор, заедничка желба и синергија, ги води до постигнатите резултати, а да не заврши само на ниво на концепт во глава или во главите.

ОБЈЕКТ „Б“ 26

3

ПОРТА

14 декември 2012


архитектура ОБЈЕКТ „Б“

ОБЈЕКТ „Б“

Овој објект, со површина од 250 м2, е еден од петте објекти кои се предвидени да се проектираат и изведат на заедничкиот простор на некогашната семејна куќа од 1878 година, а за потребите на Terra Panonica. Објектот е дел од целината наменетa за креативни работи од секој тип. Предвидената намена бара да се проектира и интерпретира околината. Тука оваа „зен“ архитектура е постигната со промислениот минимализам, со примена на бел прозрачен ентериер, обвиткан со темносив покривач. После реализацијата на објектот „Б“, во кои се сместени канцелариите на компанијата, просторот за различни креативни активности и сместувачките единици за учесниците од работилниците, оваа година се завршува и објектот „А“, на заедничкиот простор и локација за истиот инвеститор. ОБЈЕКТ „А“

ОБЈЕКТ „А“

ОБЈЕКТ „А“

Со површина од 560 м2, објектот „А“ е реконструирана стара фамилијарна куќа од 1925 година со апартмани наменети за престој на гостите и заеднички простории за дружење, уживање и одмор. После минималистичкиот објект „Б“, реализиран е уште еден објект со енергија на куќа на емоциите, успешна реализација со мелодрамска атмосфера во најдобро светло, која ги соединува духот на местото (genus loci), локалниот амбиент и современиот контекст. Користењето на заборавените занаети, со валјак насликаните ѕидови и мебелот од блиското минато, ни помагаат да се сетиме и повторно да го доживееме просторот со бистра глава и чисто срце. Заедничката трпезарија со трем и кујна, салонот и апартманот во приземјето, петте апартмани во поткровјето и винскиот подрум, се простории и ентериери во кои архитектонската умешност поддржана од силна креативна енергија, ви овозможува објектот да го прифатите како свој, а престојот во него како привилегија која сте ја заслужиле. Куќата покажува рафинираност и знаење кое обично не се очекува на оваа локација, а ниту од толку млади „Автори“. Двата реализирани објекти силно ги поттикнуваат очекувањата од можниот ефект на преостанатите објекти, кои се пред реализација, а сами за себе се високо успешни, како дел од целината така и во сооднос со неа. Затоа, јас навивам за вакви „Автори“ и такви Инвеститори. Заради тоа што, чудата се сепак возможни.

3

14 декември ПОРТА

27


архитектура

Студио Morphosis

СУБУРБАН ГИГАНТСКИ КАМПУС

Објектот на Giant Interactive Group ги содржи сите обележја на дизајнерскиот тим Morphosis: формално сложени и футуристички елементи инкорпорирани во околниот терен и нивната самоодржливост Бојана Филиповиќ,

дипл.инж.арх.

28

3

ПОРТА

14 декември 2012


И

стражувачкиот центар на една од најголемите кинески корпоративни компании Giant Interactive Group е голем, комплексен дизајн на архитектите на Morphosis, поставен во средиштето на индустриско предградие на Шангај - Сонџинг. Наменет за креативните дизајнери на комјутерски

архитектура игри, освен целуларни канцеларии од отворен тип, комплексот е проширен со социјални простори за вработените и хотелски соби за клиентите. Иако голем број на административни згради во урбана и субурбана Кина го привлекуваат внимананието на дизајнерите, помал број од нив заземаат пософистициран и посмел пристап кон

обликување на работните места и ја одразуваат улогата на капитализмот во номинално комунистичко општество. Долгата кривулеста форма, која наликува на змеј, со својот зелен покрив внесува разноврсност во поранешниот рамен мочурлив терен на Сонџинг. Преку своето преплетување со околниот терен, тој ги соединува архитектурата и пејзажот; околината со локацијата. Компактниот комплекс содржи разноврсни функции во флексибилна структура на форми кои се движат вон и во превитканиот пејзажен план. Позициониран на работ на вештачко езеро, проектот е ангажиран во отворен дијалог со околината преку својата развиена форма и завршеток кој конзолно се протега над површината на водата. Во соработка со фирмата за пејзажна архитектура SWA, Morphosis го развива парковското опкружување на објектот. „Сакавме опкружувањето да го задржиме како интегрален дел од дизајнот“, вели еден од архитектите на овој проект, Тед Кејн. „Но со него да постигнеме и урбано чувство“.

КОМПЛЕКСНА РАЗНОВРСНОСТ

Динамичниот повеќенаменски комплекс, поради оддалеченоста на локацијата од урбани зони, е предвиден да ги задоволи потребите на вработените и клиентите за подолг престој во објектот. Обложен со сиви фасадни панели, источниот административен кампус е поделен на три различни зони на канцелариски простории. Во продолжение, библиотека, аудиториум, изложбен простор и кафетерија се обединети под подигната платформа. Западниот дел, наткриен со зелен осцилирачки покрив, содржи повеќенаменско спортско игралиште, базен и простории за фитнес за вработените. Драматичниот елемент на кампусот кој лебди над езерото содржи конференциска сала со застаклен под, канцеларија и салон за сопственикот на оваа компанија, Ши Ѕу. Тој воедно го формира крајот на гигантскиот змеј и станува во исто време завршна точка на неговата целосна скулптуралност. Затворена пешачка патека како главен комуникациски 'рбет меандрира низ објектот и со мостовски премин над улица ги поврзува источниот и западниот дел на објектот. Мали плоштади, изгравирани во теренот, отворен аудиториум, сончеви патеки, засолнети агли или зелени тераси се само дел од отворените рекреативни простори за вработените. Просторот што граничи со езерото преминува во низа 

3

14 декември ПОРТА

29


архитектура

на скалести проширувања кои треба да поттикнат јавни и социјални активности на крајбрежјето. Овие внимателно дизајнирани „трети места“, како составен дел на неговата содржина, укажуваат на постоење на меко, чувствително јадро под неговиот екстериер со остри агли. Giant Interactive Group ги содржи сите обележја на дизајнерскиот тим Morphosis: формално сложени и футуристички, инкорпорирани во околниот терен и самоодржливи. Ваков пристап е пример за она што основачот на Morphosis, Том Мејн го нарекува „систематски пристап“ кон дизајнот, каде серија на едноставни проектантски правила овозможуваат организација на комплексноста на проектот. „Нашата

30

3

ПОРТА

цел беше да се нападне особеноста и да се осети ехото на хаотичноста и решителноста што ја сакаме во градовите. Да се пронајде вистинскиот баланс помеѓу кохерентност и случајност беше најважно во целиот дизајнерски процес“. Внатрешноста е едноставна, но не и конвенционална. Како за надворешните панели, така и за ентериерните елементи е користена ограничена палета на материјали, како и едноставна опрема. Мазните и бели ѕидови се прекинати во одредени делови со композитни цементни панели. Но прекршените ѕидни површини, мрежестите плафони, стаклените подови и застаклената фасада ги разоткриваат многубројните конструктивни елементи на објектот. Серија конусни „геометрии“ во западниот дел од кампусот ги оформуваат различните програми под закривениот зелен покрив. Во рамките на 14 декември 2012


архитектура различна од урбаниот вертикален капус на Morphosis, наменет за Cooper Union College на Менхетн. Но новиот апетит на Кина за современа архитектура во ваков контекст го потврдува и административниот објект Venke Centre на архитектот Стивен Хол во Шензен. Невообичаената административна зграда и осцилирачката сцена на кампусот изгледа едноставно, но во својата интерна логика ја има рационалноста. Од една страна, тоа е поради фокусирањето на функционалноста на објектот, а од друга страна поради интеграцијата на дизајнерската процедура на архитектите со новата кинеска конструктивна технологија. „Не сакавме да дизајнираме објект како икона“, објаснува Том Мејн. „Сакавме да креираме сеопфатен комплекс кој ја доловува непоколебливата енергија на Кина на 21 век“.  овие простории, помал број на конусно обликувани перфорирани облоги ги обвиткуваат столбовите и воедно ги кријат машинските инсталации на објектот. Овие форми креираат богат план, кој заедно со поврзувањата на издигнатиот административен дел, прекршениот покрив, патеките и раздвојувањето на објектот од пејзажот започнуваат да се расклопуваат во просторна комплексност.

ЗЕЛЕН ГИГАНТ

Широк ранг на карактеристики ја овозможуваат максималната енергетска ефикасност на објектот. Зелената тераса овозможува термална маса која ги редуцира добитоците и губитоците на енергија и контролирано ја користи атмосферската вода. Двојните фасадни облоги и изолираната ѕидна завеса го намалува сончевото затоплување, додека неговиот тесен профил и застаклените надсветла овозможуваат континуирано дневно осветлување. Од повеќе аспекти дизајнот на Morphosis е контрапункт на корпоративни кинески вкусови кои во својот дизајн носат експресија на моќ. Неговиот влезен дел е непотенциран, структуралните детали се соголени, а неговиот профил е едноставен и скромен. „Единствено во одреден број проекти е возможно ова да се изведе“, вели архитектот Мејн. „Клиентот беше навистина отворен за нов начин на употреба на канцеларискиот простор и за тоа како да го адаптираме кампусот. Ни даде многу одговорност, што ни овозможи да експериментираме“. Нискиот и широк пејзажен тип на објект во субурбан предел е сосема

3

14 декември ПОРТА

31


архитектура

ЗБОГУВАЊЕ СО ОСКАР НИМАЕР, ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ АРХИТЕКТИ НА МОДЕРНАТА

Архитектура како Рио и Во својот долг животен век, Оскар Нимаер, „скулпторот на споменици“, човекот што ги сакаше сензуланите линии наспроти правите агли, ги изгради Бразилија, седиштето на ООН во Њујорк и многу градби во Бразил, Латинска Америка и низ целиот свет Кате АНТЕВСКА,

историчарка на уметност

П

ознат како сонувач кој создаде утопија, бразилскиот архитект Оскар Нимаер ќе остане запаметен во историјата како клучна фигура во развојот на модерната архитектура. Само неколку дена пред да наполни 105 години, го напушти овој свет, во чија изградба и самиот учествуваше, спротивставувајќи се на рационализмот во архитектурата создадена од линијар и квадрат. - Не ме привлекуваат прави агли или прави линии, тешки и нефлексибилни, создадени од човекот. Ме привекуваат слободно-движечки, сензуални линии. Линии кои можам да ги најдам во планините на мојата земја, во кривулестите реки, во брановите на океанот и на телото на саканата жена. Линиите го прават целиот универзум, оној искривен универзум на Ајнштајн - велеше Нимаер на почеток на својата кариера, па се до самиот крај. И не е чудно што го одбрал патот на заоблените облици, слободните и отворени форми. Тој е човек кој доаѓа од Југот, од топлиот разигран простор кој отсекогаш раѓал уметници ослободени од конвенциите, од законите што го прават овој свет „коцкаст“. Нимаер е еден од пионерите во истражувањето на можностите за искористување на армираниот бетон и тоа на естетски план. Неговите градби се пространи и соголени, мешавина на волумени во слободниот простор кои резултираат со оригинални декорации. Критичарите го нарекуваа „скулптор на споменици“, тој е возвишен до тој степен што се смета за еден од најголемите архитекти на неговата генерација. Но има и такви кои ја оспоруваа неговата работа иронично нарекувајќи го „официјален архитект“, бидејќи имал голем престиж меѓу политичарите. Како човек со извонреден и обемен работен век, Нимаер работел во Бразил, Латинска Америка и низ цел свет. Познат е по тоа што учествувал во

32

3

ПОРТА

14 декември 2012

Оскар Нимаер

подигнувањето на Бразилија, главниот град на Бразил, зградата на седиштето на ООН во Њујорк и многу други остварувања. - Создавав со храброст и идеализам, но исто така и со свесност за фактот дека она што е важно во животот се пријателите и обидот да се направи овој неправеден свет подобро место за живеење - забележа тој во своите мемемори. Во 1988 година ја освои Прицкеровата награда, а во 1996

година доби Златен лав на Венециското биенале за архитектура. Во 2007 година, режисерот Фабиано Масиел направи документарен филм за Оскар Нимаер, насловувајќи го „Живот во еден здив“.

Рани години и членство во Комунистичката партија

Роден во Рио де Жанеиро во 1907 година, Оскар Нимаер ја поминал својата младост


in memoriam

телото на саканата жена Зградата „Копан“ во Сан Паоло

Фасадата на зградата „Копан“ во Сан Паоло

Палатата на зората во Бразилија

како секој млад човек од тоа време - боемски и релативно незагрижен за својата иднина. Средно образование завршил на 21 година и истата година се оженил со Анита Балдо, ќерка на италијански доселеници од Падова. Веднаш почнал да работи во типографската куќа на неговиот татко и се запишал на Училиштето за убави уметности на кое дипломирал како архитект инженер. Бил незадоволен од градбите коишто секојдневно ги гледал по улиците и чувствувал дека може да направи објекти кои ќе го разубават просторот. Во 1945 година се вклучил во Комунистичката партија на Бразил, а во 1992 станал нејзин претседател. Нимаер бил момче во времето на Руската револуција, а за време на Втората светска војна бил млад иеалист. За време на воената диктатура во Бразил неговата канцеларија била нападната, а тој избегал во Европа. Во Москва се сретнал со повеќе социјалистички лидери и станал личен пријател со некои од нив. Во едно свое излагање Фидел Кастро ќе рече: „Јас и Нимаер сме последните комунисти на светот“.

Првите дела

Во 1936 година, Лучио Коста бил избран за архитект одговорен за изградбата на новото седиште на министерството за образование и јавната безбедност во Рио де Жанеиро. Неколку години подоцна таа одговорност ја преземал Нимаер, а Ле Корбизје бил стручен советник. Зградата на министерството била првиот современ облакодер и најголемата градба во чијашто изградба учествувал

Ле Корбизје. ЊГрадбата ги содржела сите елементи за она што било сметано за бразилско модернистичко движење. Неколку години подоцна, Оскар Нимаер и Лучио Коста го конструирале бразилскиот павилјон на Светскиот саем во Њујорк. Импресиониран од изградбата на павилјонот, тогашниот градоначалник на Њујорк го одликувал Нимаер со клучевите на градот Њујорк.

Проектот „Пампуља“ против монотоноста во архитектурата

Во 1940 година Нимаер почнал да работи на изградбата на новото предградие на Бело Хоризонте, главниот град на сојузната држава Минаш Жераис. Тој проектирал неколку градби во северниот дел од градот, кој бил наречен Пампуља. Потоа, целиот комплекс на нови објекти го добил името „Пампуља“. Првиот современ 

3

14 декември ПОРТА

33


архитектура бразилски споменик била Нимаеровата црква во Пампуља, именувана по светецот Сао Франциско де Ашис. Комплексот Пампуља вклучувал и казино, сала за танцување, ресторан, клуб за јахти, клуб за играње голф, хотел и викендичка за градоначалникот. Изградбата на објектите била завршена во рок од три години, но била контроверзна. Конзервативното крило во Минаш Жераис, кое било доминантно, било против осветувањето на црквата бидејќи била сосема поинаква од црквите од минатото. Нимаер објаснувал дека проектот „Пампуља“ се спротивставил на монотоноста на современата архитектура, на бранот на погрешниот функционализам, на правилата поврзани со формата и функцијата. И покрај сите контроверзии, црквата Сао Франциско де Ашис се смета за ремек-дело во рамки на комплексот.

Светска слава

Светската слава на Нимаер била потврдена со неговото заминување во САД. Тој бил дел од меѓународниот тим којшто работел на изградбата на објектот на седиштето на Обединетите нации во Њујорк. Нимаеровата т.н. „шема 32“ била одобрена од страна на извршниот одбор, но веројатно, под притисок од Ле Корбизје, двајцата го прифатиле проектот 23/32, развиен од

страна на Бондијаски и Вајсман, којшто содржел комбинација на елементите од шемите на Нимаер и Ле Корбизје, но главно се темелел на шемата на Нимаер. Поради настојувањето на Ле Корбизје да остане вклучен во работата на проектот, концептот за изградба на објектот на седиштето на Обединетите нации (шема 23/32), бил одобрен од извршниот одбор и поминал пред директорите за планирање. Потоа, Нимаер добил покана да предава на универзитетот „Јеил“, но за жал неговата виза била истечена. Во 1950 година, во САД излегла од печат првата книга посветна на работата на Оскар Нимаер. Неколку години подоцна Нимаер бил избран за директор на одделот за дизајн при универзитетот „Харвард“.

Изградбата на Бразилија

Во средината на педесеттите години, Нимаер го конструирал Музејот на современа уметност во Каракас. Како што рекол, овој проект му дал нова насока во неговата работа, објаснувајќи ја со изградбата на административните згради во Бразилија. Едно септемвриско утро тогашниот претседател на Бразил се сретнал со Нимаер и побарал од него да изгради нов главен град на земјата. Така и било. Нимаер организирал натпревар за избор на местоположбата на Бразилија, Катедралата во Бразилија

34

3

ПОРТА

14 декември 2012

новиот главен град, а на натпреварот победил неговиот пријател Лучио Коста. Нимаер ги конструирал градбите, Лучио го изработил планот за издигнување на градот. Во период од неколку месеци, Нимаер конструирал голем број административни, комерцијални и станбени објекти. Меѓу нив била и палатата на претседателот (Palácio da Alvorada), зградата на Националниот конгрес, катедралата Бразилија, зградите за министерства и други објекти. Катедралата Бразилија, велат критичарите, е особено убава со нејзиниот модерен симболизам. Зад конструкцијата на Бразилија лежи и идејата да се изгради нов град во централните неплодни подрачја на земјата. Целта била да се овозможи развој на националната индустрија, да се приближат оддалечените делови на земјата, да се обезбедат незаштитените региони и да се овозможи развој на регионите во кои главно се наоѓаат сточните имоти. Многу историчари ја споредуваат изградбата на Бразилија со американската колонизација на западниот брег. Проектот имал и социјалистичка идеологија: во Бразилија сите станови биле во сопственост на владата, која ги издавала на вработените. Бразилија немала „благороднички“ квартови, што значи дека врвните министри и обичните работници живееле во исти услови и 


in memoriam

Зградата на националниот конгрес во Бразилија

Внатрешноста на катедралата во Бразилија

3

14 декември ПОРТА

35


архитектура Музејот на современа уметност во Рио Де Жанеиро

Музејот посветен на Оскар Ниамер во Куритиба, Бразил

Познатиот стол „Рио“ дизајниран од Нимаер

Комплексот "Coctelería" во Авилес, Шпанија

исти згради. Секако, многу од овие концепти биле променети од страна на идните претседатели. Градот бил конструиран и подигнат само за 4 години. Во 1963 година, Нимаер станал почесен член на американскиот институт на архитекти во САД, а истата година бил одликуван со Лениновата награда за мир. Оскар Нимаер и неговиот придонес во подгигнувањето на Бразилија се опишани во францускиот филм „Човекот од Рио“ од 1964 година.

Живот во прогонство, Париз и прекуокеанските проекти

Левичарската позиција Нимаер го чинела многу за време на воената диктатура.

36

3

ПОРТА

14 декември 2012

Неговата канцеларија била запуштена, седиштата на магацинот со кој раководел биле уништени, неговите проекти мистериозно започувале, а клиентите набргу исчезнувале. Во 1965 година, стотици професори, меѓу кои и Нимаер, побарале помилување од универзитетот во Бразилија, како протест против владината постапка за универзитетите. Набргу потоа, по отежнатото одвивање на неговата работа во Бразил, тој се преселил во Париз. Таму, тој започнал нова етапа од својот живот и својата работа. По една година тој отпатувал во Триполи да го конструра Меѓународниот центар за постојани изложби. Отворил

канцеларија на Елисејските полиња и имал купувачи од различни земји, а особено од Алжир. Во Париз го конструирал седиштето на француската комунистичка партија и Палатата на борбата. Додека живеел во Париз, Нимаер започнал да конструира и мебел, кој го прозиведувала компанијата Mobilier International. Познато е неговото „лесно столче“ и „отоманската композиција“ од свиткан челик и кожа, кои биле произведени во огранчен број. Освен ова столче, биле произведени и многу други нацрти, како двоколката „Рио“. Покрај убавата архитектура, неговите нацрти на мебел биле доста популарни, посебно оние во облик на женско тело и


in memoriam Седиштето на Обединетите нации во Њујорк

Аудиториумот во Сао Паоло

со облик на ридовите на Рио де Жанеиро.

Враќање во родното Рио последната животна фаза

Воената диктатура завршила по 21 година, во 1985 година. Работите се измениле а бразилското општество повторно добило облици на демократија. Тогаш Нимаер решил да се врати во својата земја. Овој период самиот го дефинирал како последна фаза од неговиот живот. Во истата декада, тој го конструирал меморијалот Жуселино Кубичек, Пантеон и меморијалот Латинска Америка. Од 1992 до 1996 година, Нимаер бил претседател на Бразилската комунистичка партија. Во време по распадот

Една од многуте цркви проектирани од Нимаер

на Советскиот Сојуз, кога се чинело дека е дојден крајот на идеологијата, Нимаер ја прифатил функцијата да раководи со партијата. Во тој период Нимаер го направил она што многумина го сметаат за негово најголемо дело: Музејот на современа уметност во Нитерој, град во близина на Рио де Жанеиро. Објектот е изграден од камен и овозможува убав поглед на заливот Гванабара и на градот. Критичарите велат дека музејот е чиста егзотика. Во 2002 година бил отворен музејот „Оскар Нимаер“ во Куритиба, Парана. Оваа градба е позната како „Нимаерово око“. На 15 декември 2006 година, на својот 99-ти роденден, Бразилија добила две нови

Нимаерови градби: Националниот музеј и Националната библиотека. Оттогаш па се до неговата смрт, Нимаер работел главно на изработка на скулптури и преработка на стари дела, кои имаат карактер на значајно историско наследство. На неговиот 100-ти роденден, претседателот на Русија, Владимир Путин, го одликувал со Орденот за пријателство. Пред неколку години започна спроведувањето на еден од најголемите Нимаерови проекти во Европа - меѓународниот културен центар „Оскар Нимаер“. Овие градби самиот тој ги опишал како „голем плоштад за сите мажи и жени во светот, голема ложа во театарот меѓу реката и стариот град“. 

3

14 декември ПОРТА

37


дрвна архитектура

Влагата - предизвик за проектирање дрвни конструкции Александар Черепналкоски, дипл.инж. по дрвна индустрија

Највидливите и најчестите знаци за голема промена на димензиите кај дрвните конструктивни елементи се пукнатините во малтерисаните ѕидови, подигнување на кровната покривка, „отворање“ на конструктивните врски, проблеми со отворање на вратите и прозорците, нееднакви нивоа на подот и друго

С

увото дрво претрпува мали промени во димензиите со промената на релативната влажност во воздухот. Влажниот воздух прави дрвото да набабрува, додека сувиот воздух го суши дрвото и тоа се намалува. Но овие мали промени не се ни одблиску слични како промените при сушење на дрвото од „зелена“ состојба после сечење. Ова покажува дека дрвото е хигроскопична материја со многу комплексна структура, која постигнува еквилибриум со околината во која се наоѓа. Во идеални услови, дрвото што се користи како градежен материјал треба да се исуши до соодветен процент на влажност за да нема димензионални промени при неговото користење. Оваа идеална ситуација е многу тешко да се постигне, но сепак минимално сушење и промена на димензиите на дрвото е дозволено на дрвната конструкција, без притоа да има сериозни дефекти по комплетирање на објектот. Доколу во моментот на поставување на конструктивните елементи, процентот на влажност е околу 5% поголем од оној што дрвото ќе го постигне во периодот на негово искористување, нема да има видливи дефекти предизвикани од

38

3

ПОРТА

14 декември 2012


дрвна архитектура носечки елементи, најдобро е да бидат поставени малку повисоко од главните меѓукатни носачи, бидејќи заради нивното сушење може да се намалат нивните димензии и да се појави нееднаквост во подот. Подните штици треба да имаат процент на влажност блиску до 12% за максимално да се намали појавувањето на отвори помеѓу нив во текот на користење.

Внатрешни завршни работи

смалувањето на димензиите на дрвото при неговото природно сушење. Кај затоплените објекти во регионите каде што има постудена клима, дрвните конструктивни елементи кај меѓукатните конструкции можат да достигнат 6-7% влажност, додека кај потопли клими минималниот процент на влажност ќе биде поголем од 10-12%. Највидливите и најчестите знаци за голема промена на димензиите кај дрвните конструктивни елементи се пукнатините во малтерисаните ѕидови, подигнување на кровната покривка, „отворање“ на конструктивните врски, проблеми со отворање на вратите и прозорците, нееднакви нивоа на подот и друго. При изборот на конструктивното решение треба да се посвети големо внимание тоа да го задоволува целиот објект. Ова подразбира методи за правилно проектирање на дрвните конструктивни елементи, како нивното димензионирање така и правилната поставеност во однос на насоката на дрвните влакна кај дрвниот елемент.

Вообичаените сезонски промени во влажноста на воздухот не се доволни да направат поголем проблем, кога станува збор за дрвните материјали кои се користат во ентериерот, доколку тие се правилно поставени. Подовите обично се сушат до процент на влажност предвиден во просторијата каде ќе бидат поставени за да се намали на минимум промената на димензиите. Но сепак, и покрај тоа што се

претпоставува дека со такво сушење нема да има големи промени во димензиите, кај подните елементи се остава малку простор за да може дрвото да „дише“ без притоа да има стеснувања и напрегања помеѓу елементите каде што би можело да дојде до оштетување (пукање) на дрвото. Науката докажала неколку начини да се дејствува хемиски на дрвото за да се ублажи овој процес на промена на димензиите. Но сепак, досега единствен начин да се реши овој проблем е правилен пристап кон проектирањето на конструкциите. Правилното проектирање на дрвните конструкции е исклучително комплексна работа која бара многу искуство. Одбраните решенија на сите детали во конструкцијата треба да претставува еден систем кој заедно треба да се спротивставува на движењата на дрвото во целата конструкција. Ова претставува голем предизвик за многу светски архитекти и инженери, како да се достигнат поголеми висини со постабилна градба.

Големи дрвни конструкции

Кај големите конструктивни елементи, одредено намалување на димензиите како резултат на сушење на дрвото треба да се очекува. Овие промени на димензиите, земајќи го предвид целиот објект, можат да бидат значителни и мора да се предвиди во проектирањето со пресметана толеранција. Доколу толеранцијата не се предвиди може да дојде до сериозни ослабнувања на конструктивните врски и останати проблеми кои беа веќе спомнати. Едно од најдобрите решенија, покрај пресметаната толеранција, за надминување на овие проблеми кај врските се металните сврзни плочки, или со поставување на мали аголници кај конструктивните врски кои значително ја подобруваат јакоста на врската. При поставување на хоризонталните

3

14 декември ПОРТА

39


убави градови, музеи, галерии...

Државен музеј на ликовна уметност „Пушкин“

„Пушкински“ - музејски град Оваа година се навршуваат сто години од отворањето на Државниот музеј на ликовна уметност „Пушкин“ во Москва. Тој е еден од најубавите музеи и најголем музеј на европска уметност во Москва. Се смета за втор најбогат музеј во Русија, веднаш после „Ермитаж“ во Санкт Петербург. Љупка Дуковска,

дипл.инж.арх.

И

нтересната и необична историја на Државниот музеј на ликовна уметност „Пушкин“ почнува во далечната 1912 година. Отворен е на 31 мај 1912 година, како Музеј на убавата уметност, при тогашниот Московски универзитет. Наречен е по името на императорот Александар III. После опстојување во период од 100 бурни

40

3

ПОРТА

14 декември 2012

години, овој музеј, кој сега го носи името на големиот руски поет Пушкин, е еден од најпознатите музеи во Русија и светот. Основан е по иницијатива на професорот по историја на уметност на Московскиот универзитет, И.В. Цветаев (1847-1913), на 28 август 1898 година. Се градел во периодот 1898-1912 година. За изградбата на објектот бил формиран Комитет од познати личности, кои сакале да помогнат

со своето знаење, со давање на финансиски средства или уметнички експонати. Еден од финансиерите на Музејот бил тогаш познатиот милионер и филантроп Јури Нечаев-Малцов (1834- 1913). А тогашната Московска градска дума без надомест ја дала територијата на бившиот Колимажен двор, во близина на Кремљ. Учеството во работата на Комитетот за сите негови членови, освен за архитектот, било без


убави градови, музеи, галерии... Макета на проектот „Музејски град“, со концепција за развој на Музејот до 2018 година

материјален надоместок. Комитетот постоел до 1917 година. Улогата на професорот Цветаев во формирањето на Музејот била значајна. Тој ги согледал сите аспекти на важноста на објектот, не само градежениот. Согледал дека тоа е објект кој има и ќе има големо општествено и културно значење. Ја ценел важноста на територијата на која е поставен, во самото срце на Москва, во

близина на Кремљ и наспроти храмот на Христос Спасителот. Сметал дека објектот воедно треба да биде и наставен, учебен објект по историја на архитектурата. При составувањето на условите на конкурсот, тој нагласил дека проектот треба да биде или во формите на античката архитектура или во стилот на ренесансата. Сакал да ја избегне архитектонската

практика на еклектичко соединување на стиловите, распространета во тоа време. Во ентериерот требало да бидат применети елементи на разни историски епохи, соодветно на периодите од кои потекнуваат претставените експонати.

ИЗГРАДБА

На крајот на 1896 година бил објавен 

3

14 декември ПОРТА

41


убави градови, музеи, галерии... колонадата што ја украсува главната фасада е со истите пропорции како источната порта на Ерехтеон, храм кој се наоѓа на атинскиот Акропол (изграден 421-406 г. пред нашата ера). Капителите на столбовите се исто така со пропорции на древниот оригинал. Под раководство на И.В. Цветаев, кој бил и прв директор на музејот во периодот 1889-1890 г., со планиран и осмислен развој, посебно во одделот на скулптурата и библиотеката, се создавал новиот научно-образовен и јавен Музеј на убавата уметност. Во него во гипсени копии, макети и галванокопии по единствена научна програма требало да бидат претставени основните етапи на историјата на уметност, од древните времиња до Новото време (по 16 век). Во таа смисла Музејот станал прв од таков вид во Русија.

ДЕНЕС

Денес, територијата на која се наоѓа музејот „Пушкин“, има посебна историска и културна вредност. На оваа значајна територија се наоѓаат повеќе од 20 споменици на архитектура, историја и култура, како и археолошки остатоци од старата Москва. Тие формираат архитектонски ансамбл во строгиот центар на Москва, таканаречен „архитектонски град“ (17 -21 век). На стогодишнината на Музејот, во тек е реализација на проектот „Музејски град“, со концепција за развој на Музејот до 2018 година. Создавањето на „Музејски град“ на Волхонка е уникатен простор за кој мечтаел уште Иван Владимирович Цветаев. Простор кој формира посебна културна средина во центарот на Москва. Во концепцијата за развој на музејскиот комплекс, во кој се планира реконструкција на постојните објекти и изградба

конкурсот за изработка на проектот за изградба на музејот. На конкурсот се јавиле 19 архитекти од разни градови на Русија. Разгледани биле 15 проекти, од кои 7 биле наградени. Изградбата била доверена на еден од наградените, релативно млад, но познат московски архитект Роман Иванович Клеин (1858-1924). Тој го изработил главниот проект во кој учествувале и инженерите И.И.Рерберг и В.Г. Шухов. Архитектот Клеин за својата работа добил златен медал. Објектот се градел по последниот збор на градежната техника и на музејската практика на тоа време. Бил обликуван во вид на антички храм, поставен на висок подиум, со јонска колонада на фасадата. За облагање на фасадата и за колонадата бил специјално донесен од Урал бел отпорен на мраз мермер, за цоклето и надворешните скали гранит, а за парадните скали мермер во боја. Стаклениот кров обезбедувал доволно количество на дневно светло во салите на вториот кат и двата атриума. Електрично осветлување во изложбените сали не се планирало. Се сметало дека разгледувањето на скулптурите е најдобро да биде во природно светло. Професорот Цветаев инсистирал на научна точност во сите детали на градбата. Постојано го снабдувал архитектот со специјална стручна литература за најкарактеристичните примери на архитектонските споменици изградени во различни епохи, кои се планирало да се искористат како ориентири или прототипови при проектирањето на фасадите и ентериерот. Така, на пример, 42

3

ПОРТА

14 декември 2012


убави градови, музеи, галерии...

на нови, вклучени се следните архитектонски објекти: 1. Главен објект на Волхонка бр.12 , споменик на историјата и културата од федерална важност, 1898 1912 година, архитект Р.И.Клеин (1858 -1924), инженери И.И.Рерберг (1869 -1932), В.Г. Шухов (1853 -1939) 2. Галерија на уметноста на земјите на Европа и Америка во 19 и 20 век. Улица Волхонка бр.14, лева доградба на бившиот имот на кнезовите Голицини. Средина на 18 век. Од 1890-1892 г. преуреден од архитектот В.П.Загорски (1846-1912). 3. Оддел за лични колекции, улица Волхонка бр.10, Споменик на историјата и архитектурата на 18 и 19 век. 4. Центар за естетско воспитување „Мусеион“, Колимажна уличка, д. 6, страна 2, крај на 19 век и почеток на 20 век. 5. Наставен уметнички музеј И.В. Цветаев, во објектот на државниот хуманитарен универзитет (РГГУ), улица Чајнова бр.15 6. Меморијален дом на Свјатослав Рихтер, улица Бољшаја Бронаја, 2/6, кв.58 7. Бивши градски дворец 18-19 век, Знаменски переулок, д. 3/5. Објектот се реконструира 8. Научни оддели на музејот, улица Волхонка бр.14/1, стр.8, десна доградба на бившиот имот на кнезовите Голицини. Втора половина на 18 и почеток на 19 век.

Изграден со учество на архитектот М.Ф. Казаков (1738 -1812). Изложбениот простор во овие објекти изнесува 13.055 м². Во состав на комплексот ќе влезат и музејски продавници, ресторани, кафулиња, како и зона на рекреација и одмор. Се планира создавање на музејски комлпекс според сите современи светски тенденции за развој на музеите, со максимално отворање на колекциите кон посетителите. 

3

14 декември ПОРТА

43


културно наследство

Мариово

КРАЛСКА ПАЛАТА НА ВРВОТ ВИСОКА Кратките археолошки истражувања открија делови од импозантната градба. Купишта фрагменти од разновидни садови од керамика, монети од македонските кралеви, византиски монети и разновидни метални предмети укажуваат на древното присуство во населбата на врвот.

Врвот Висока

Н

икој не знае чија е градбата на врвот, па дури и што претставува. Некои велат дека е кралска палата, други дека е големо древно светилиште, трети сосема поинаку ја објаснуваат. На границата меѓу двете македонски области Пелагонија и Мариово, меѓу атарите на неколку села од двeте области – Крушевица, Чаниште, Дуње и Кален од мариовската страна и Бонче, Подмол и Лопатица од пелагониската страна, од десната страна на патот Прилеп – Витолиште, се наоѓа исклучително доминантниот врв Висока, на Селечка Планина. Жителите на селата во Мариово го викаат Висока или Ќаве, а оние од селата во Пелагонија Цуцул. Така го знаат од памтивек. За него се плетат разновидни приказни од двете страни. „Горе имало некоја железна порта, од неа се влегувало под земја, во некој бунар. Бунарот бил многу длабок, ведрото да го фрлиш долго ќе паѓа кон дното и тешко ќе го чуеш кога ќе падне во водата. Сега бил затрупан со земја и камења и никој не знае каде е“. По некој старец од селата и денес тврди дека и самиот пуштил кофа во него, дека тој знае токму каде се наоѓа бунарот, но треба да се искачи таму во високото. Токму таму, на највисокиот дел од врвот, под карпата што се издига најгоре, целата зарежана со извесни скали, извадени монолити гранит и слично, под цуцулот, од страната на селото Крушевица, се наоѓа една исклучителна градба направена од големи камени блокови. Тие, сраснати во бујната природа од лески, дабје, габер и други растенија, тешко се забележуваат и личат на карпи со природна форма.

ОТКРИТИЕ

Ги откривме по безброј искачувања горе на врвот, истркалани низ 44

3

ПОРТА

14 декември 2012

Тренчо Димитриоски


културно наследство Партија од киклопскиот ѕид

доцната антика, петти и шести век наша ера. Во близина е и една некропола од повеќе гробови издлабени во карпа.

ЦЕНТАРОТ НА ПЕЛАГОНСКОТО КРАЛСТВО

густата шума, покрај остатоци од ѕидови од помали камени блокови, покриени со мов и лисја - скриени. Само артикулираните правилни форми, закосените линии и профилираните страни не упатија и во исто време не фасцинираа од ненадејното откритие во далечната 2002 година. Потоа свеста проработува, перцепцијата се изострува и почнува да не освестува. Дојдовме до еден голем камен блок, кој стрчеше над слојот од лисја, меѓу дрвјата, на работ од поголемо плато пред врвот. Тоа беше камен блок - дел од портата, влезот во големата градба. Тоа го објавивме во книгата „Древна цивилизација 2 - Мариово“, истата година. Врвот Висока бил стратешко место на прастара заедница и кралство на Пелагонија и Пелагонците. Долу, на страната на рамнината е Пелагонија, меѓу селата Подмол и Бонче е големата гробница од големи камени блокови, со кралски димензии. Околу голем број помали утврдувања, траги од населување, погребување и други културни остатоци. Локалитетот „Старо Бонче“ врие од неоткриена култура. Излегоа штитови со дванаесеткрако и осмокрако македонско сонце со името на македонскиот крал Деметриј, од третиот век пред нашата ера, по времето на Александар Македонски. Дел станува појасно, дел помистериозно. Никој не знае чија е градбата на врвот, па дури и што претставува. Некои велат дека е кралска палата, други дека е големо древно светилиште, трети сосема поинаку ја објаснуваат. Никој не знае ниту чија е гробницата во подножјето на Висока. Следеа неколку години молк, па во 2005 година на врвот се појави професорот Виктор Лилчиќ - археолог, ентузијаст, активен трагач по културните вредности на Македонија, особено на тврдините

на древна Македонија. „Човече, ти ова си го знаел, како е можно?“ - приближно така реагираше на нашето покажување на еден камен блок од 2,52 м, кој тежеше на ѕидот од киклопската градба. Така го карактеризиравме ѕидот во горенаведената книга. „Камен блок - дел од киклопски ѕид“, стои во легендата под објавената фотографија во текстот посветен на локалитетот. Кратките археолошки истражувања открија делови од импозантната градба. Купишта фрагменти од разновидни садови од керамика, монети од македонските кралеви, византиски монети и разновидни метални предмети укажуваат на древното присуство во населбата на врвот. По терасите на врвот се распоредени голем број други градби. Сите тие биле заштитени со дебел ѕид од камен и малтер, според археолозите, во

Влезот на киклопската градба на Висока

Врвот доминира со околината, со областите во пелагониската рамнина и нерамниот простор на Мариово. Двете области ги сече долгото корито на Црна Река, Еригон во антиката, која мирно тече низ Пелагонија, продолжувајќи со немирен тек низ Мариово, меѓу големите клисури со длабоки и стрмни брегови. „На левиот брег на реката, во близина на нејзиниот голем свиок, се наоѓал античкиот град Пелагонија, центар на Македонија Четврта по римското освојување во 168 година“. Приближно така се толкува географскиот приказ кај античкиот автор Страбон. Следи претпоставката дека на Висока, како и на локалитетот „Старо Бонче“ од страната на Пелагонија, се крие споменатиот град. Нема археолошки докази, останува само претпоставка дека се работи за значајна населба, своевиден центар во македонското време во антиката, нема дилема. Дали се работи за центарот на древното Пелагонско Краластво? Доказите се на иднината и на истражувањата што треба да следат. Оние што последниве години се правеа на врвот Висока покажаа дека градбата под самиот врв е многу посложена и, особено, импозантна. Идните истражувања, под раководство на професорот Виктор Лилчиќ и неговиот соработник Антонио Јакимовски, треба да ја расветлат мистеријата. Разоткривањето на вистината за кралската градба и кралството на кое му припаѓала таа, ќе причека.

3

14 декември ПОРТА

45


архитектура инфо Хелсинки, финска Објект: Победничко конкурсно решение за Helsinki Central Library Архитектонско студио: Marc Anton Dahmen | Studio DMTW Со цел да обезбедат место во кое доминира интеракцијата на луѓето и размената на информации, знања, вештини и искуства, Marc Anton Dahmen и Studio DMTW за објектот на Хелсиншката централна библиотека предложуваат концепт, креативен и иновативен во својот израз. Фасадата на објектот е издигната од нивото на теренот и во долното ниво е обликувана од ненамелива крива линија која не претсавува само естетски израз туку искрено ја оддава денивелацијата на внатрешноста. Таа создава неколку атмосферски расположенија на специфични точки, па така долж оваа траекторија како изложбена поставка се менуваат низа слики. Таканаречената „рампа“ генерира социјална интеркација и можности за блиска визуелна комуникација помеѓу корисниците што се наоѓаат на различни нивоа и во различни функционални единици. Композицијата на фасадната обвивка која е во ритамот на полно и празно, произлегува од воспоставувањето на вертикална циркулација низ објектот, односно од комуникациските јадра кои водат од една до друга функционална единица.

фостер сити, калифорнија, сад Објект: работни простори на Techshed Архитекти: Garcia Tamjidi Architecture Design Оваа отворена и колаборативна работна средина е дизајнирана со воспоставувања на баланс помеѓу отворен работен простор и затворени простории за состаноци, медитација, игра и приватни телефонски повици. Во рамки на композицијата влегува и простор со индивидуални шкафчиња и остава за велосипеди која треба да ги мотивира вработените да го користат кејот за рекреација. Во манирот на брендот Techshed’s внатрешноста колористички е третирана со силна експресија на корално црвената боја која во комбинацијата со оплеменетата иверка овозможува пријатна работна атмосфера. Отворениот кафе-бар со робустна геометрија претставува уште едно интерактивно катче за социјализација и размена на искуства и идеи помеѓу вработените. 46

3

ПОРТА

14 декември 2012


архитектура инфо ЛЕНС, ФРАНЦИЈА

БУСТУРИА, ШПАНИЈА

Објект: Louvre-lens Архитектонско студио: SANAA + imrey culbert

Објект: Вински центар Olarra Архитектонско студио: IA+B Arkitektura Taldea

Националниот музеј Лувр во Париз во чија сопственост се најимпознатните светски уметнички примероци е формиран во 1793 година. Лувр, пак, во Ленс кој го носи истото име, не претставува негова современа реминисценција туку продолжена рака, која ќе овозможи културно издигнување на целата нација и можност да се ужива во ликовната експресија на плејада светски автори преку иновативна поставка. Композициски музејот е решен како павилјонски систем, кој го чинат пет изложбени простории. Во архитектонскиот израз на комплексот јасно се чита минималистичкиот манир на SANAA. Двата најисточни павилјони обвиени во нетранспарентна фасада ја опфаќаат полу-постојната поставка на музејот, по нив следува најголемата централна сала обвиена во стакло со мултифункционална содржина, за локалното население, која подразбира библиотека, продавница и кафе. Во продолжение се надоврзува депото на музејот заедно со салата за видео проекции, за на крај композицијата да заврши со последниот павилјон во кој е сместен аудиториумот.

Проектот се состои од реновирање на дистрибутивен простор кој го чинат три големи магацински сали. Интервенцијата е вгнездена во шестаголното јадро на композицијата што ја градат овие три простори во форма на буквата Y. Во горното ниво на овој индустриски објект програмата вклучува административен сектор, настава за енологија и соба за професионална дегустација на вино. Избраниот архитектонски облик одговара на силната геометрија на постојните елементи на винаријата. Со групирање, одделување и реорганизација на комуникациите, секој елемент на композицијата може да функционира независно. Одличната диспозиција на елементите овозможува корисниците на просторот да се восхитуваат на импресивниот атриум и структурата на оригиналната градба, односно на синергијата помеѓу историските и современите вредности кои ги носи самата архитектура на винаријата Olarra.

ДАНСКА Објект: IBC innovation factory Архитектонско студио: Schmidt Hammer Lassen architects Проектот за оваа образовна институција всушност е репрограмирање на стара фабрика чија структура е подигната во 1978 година. Со нејзиното условно кажано ревитализирање се воспоставени и претставени стандардите на новата ера. Оваа интровертна архитектура сугерира природен пејзаж преку симулативно восприемање на материјалите од кои е направен ентериерот. Шест елементи, вклучувајќи оган, вода, зеленило, светлина, звук и воздух ги стимулираат сетилата на корисникот. Силната експресија на ентериерот ја прави стуктурата од борово дрво, која протекува низ ентериерот создавајќи ниши за корисниците, места за работа во група, амфитеатар и затворени подиуми за тивка студија. Во оваа експанзивна внатрешност секој може да ја пронајде својата инспиративна и творечка оаза. Дополнително оплеменување на внатрешноста кај работните простории е постигнато со колористичките ликовни дела на францускиот уметник Jean Dewasne.

подготви: Анастасија НИКОЛОВСКА

3

14 декември ПОРТА

47


технологии

CAD за сечиј џеб Со порака да го заменат својот скап Autocad (ориентациона цена од 2500 евра), Corel понуди поевтина алтернатива, наречена CorelCad (ориентациона цена од околу 500 евра)

И

нтересно придвижување на CAD пазарот. ARES платформата послужи на неколку софтверски гиганти, како што се Corel Corporation и Dassault Systems Inc., да понудат свои (евтини, а ефикасни) CAD решенија и да начнат од

48

3

ПОРТА

14 декември 2012

колачот резервиран за Autodesk со својот Autocad. Тоа се можеби грст главоболки за Autodesk, но за крајните корисници тоа значи поголем избор и слобода. Дали Autodesk губи на бојното поле поради бавниот раст на Revit платформата? Досега прогнозите беа дека Revit ќе го прегази Autocad, и дека новото чудо од

Трајче Стојанов, дипл.инж.арх.

Autodesk ќе завладее на пазарите онака како што тоа го стори Autocad. Прогнозите не се остварија, а тоа остави простор се повеќе „крволочни“ играчи да „си го земаат она што им припаѓа“. Така Corel Corporation, компанијата позната по својот првенец, ултра популарната алатка во светот на графичкиот дизајн CorelDraw, посака да извлече максимум од својата импресивна корисничка база (над 100 милиони корисници во над 75 земји од светот). Со порака да го заменат својот скап Autocad (ориентациона цена од 2500 евра), Corel понуди поевтина алтернатива, наречена CorelCad (ориентациона цена од околу 500 евра). Последната верзија, CorelCad 2013, беше објавена на почетокот на месецов, а со испорака започна од 11 декември годинава (во моментов во тек е божиќната акција во која апликацијата се продава за околу 400 евра). Таа е Autocad компатибилна апликација со поддршка на последниот dwg 2013 фајл формат. Секако, апликацијата ги поддржува и матичните фајл формати на апликациите под капа на Corel, како што се CorelDraw и CorelDesigner, што е особено


технологии згодно за оние професионалци кои често имаат потреба од соодветна доработка на прилозите во соодветен графички софтвер. CorelCad 2013 е 2Д/3Д CAD апликација која се базира на познатиот ARES енџин на германската компанија Graebert GmbH со богато 30-годишно искуство и со седиште во Берлин и операции низ целиот свет. За компанијата Graebert се знае дека започнала како дилер и развивач на софтвер за Autodesk. Оттаму е исклучителната сличност на нејзиниот ARES Commander со Autocad. Практично, графичкиот интерфејс на ARES базираните апликации личи на некоја од претходните верзии на Autocad. Во апликациите сличноста е во начинот на функционирање на софтверот, поставеноста и изгледот на графичкиот интерфејс, иконите и командите (командната линија), кратенките и друго. Тоа значи дека новиот корисник воопшто нема потреба од приспособување за работа со CorelCad и другите ARES апликации. CorelCad 2013 ја поддржува 64-битната за програмирање и приспособување. Сите спомнати апликации се наоѓаат на десетина јазици, меѓу кои за жал го нема македонскиот јазик. Од моето досегашно искуство со Draftsight, апликацијата е исклучиво стабилна и прецизна. Фајловите се компатибилни и интероперијабилни со Autocad верзиите. Сепак, Autocad предничи со мноштво алатки и команди, особено во делот на 3Д. Сепак, цената е голем плус на страната на Autocad алтернативите што ги прави особено популарни и атрактивни. Корисни линкови: www.graebert.com www.corel.com www.3ds.com

технологија и работи на Windows/Mac платформите, иако ARES во целост функционира и на Linux платформата. Минималните системски побарувања се Microsoft Windows 8, 7, Vista или XP за 32-битен ОС или Microsoft Windows 8 или 7 за 64-битен ОС, Intel Pentium 4 (2 GHz или побрз) процесор, 2 GB RAM (4 GB или повеќе препорачано), 500 MB слободен простор на хард дискот, High-color (16 bit) графичка картичка и минимум 1024 × 768 резолуција (1200 × 800 препорачано). Со купувањето на софтверот следи и 12 месечна техничка поддршка. За понатамошниот развој се грижи софтверскиот тим на Graebert, кој покажува извонредна кондиција и стабилност што се гледа во континуираното

унапредување на ARES енџинот. Покрај соработката со Corel Corporation, Graebert GmbH соработува и со Dassault Systems Inc. за изработка на Draftsight, 2Д апликација која повторно се базира на ARES. Треба да се напомене дека Draftsight е исклучиво 2Д апликација која се нуди бесплатно и без ограничувања за индивидуална употреба. Практично, доколку ги занемариме 3Д опциите на CorelCad, Draftsight скоро и да не се разликува. Draftsight се нуди и за Linux платформите. Покрај Draftsight, ARES енџинот е присутен и во матичната апликација ARES Commander Edition 2013, која промотивно до 4 јануари 2013 година се нуди за цена од 495 евра. Новост е тоа што овој софтвер нуди широки опции

3

14 декември ПОРТА

49


експерт

(ИНСПИРАТИВНА) АРХИТЕКТУРА - СТОЈ! „ЕВТИНИ И ВЕСЕЛИ“ УЧИЛИШНИ ОБЈЕКТИ - НАПРЕД! Неодамна, британското Министерство за образование ги објави новите прописи за проектирање на училишни објекти и типските проекти коишто ги илустрираат истите. Според нив, објектите треба да бидат испроектирани со едноставни правоаголни основи и без примена на заоблени форми. д-р Владимир Б. Ладински, дипл.инж.арх. (Велика Британија)

Н

а преминот помеѓу ХХ и XXI век, тогашната британска лабуристичка влада преку низа свои програми спроведе иницијативи за образование на стручната и пошироката јавност за значењето, улогата и важноста на квалитетот во проектирањето како еден од клучните аспекти во реализација на определбите за одржлив развој. Овие програми за образование беа поткрепени со очекувања и мерки за примена на новостекнатите знаења, особено во доменот на проектирањето на јавните објекти. Проектирањето на објектите беше поткрепено и со имплементација на процеси за консултација со крајните корисници и локалната заедница низ сите

50

3

ПОРТА

14 декември 2012

фази на проектот, вклучување на процесот на консултација и изградба на објектите во рамките на наставната програма на образовните установи, процеси на надворешна ревизија на проектите, оценка на проектите и новоизградените објекти, итн. Во овој период се зборуваше дури и за ренесанса во британската архитектура, а од архитектурата се очекуваше да биде исклучителна и инспиративна.

ЛОНДОН 2012

За пошироката светска јавност, резултатите од овој пристап веројатно најдобро се видоа преку новоизградениот олимписки комплекс и забелижителните објекти во негови рамки, искажани преку флуидните форми на олимпискиот стадион, велодромот

и особено оние на олимпискиот базен. Доколку имавте можност да ги видите во рамките на преносите од Олимписките и параолимписките игри: Лондон 2012, обидете се да ги запомните за да може и во иднина да се сетите на нив. За неколку години добар дел од овие објекти веќе ќе ги нема бидејќи дел од нив беа изградени само како времени објекти. Дел од другите објекти веќе нема да може да ги препознаете затоа што од објектите ќе се демонтираат времените трибини, за да останат во својата трајна форма. Во овој период на транзиција на лондонскиот олимписки комплекс, локалната стручна и поширока јавност ќе биде сведок и на една нова трансформација во доменот на архитектурата на јавните објекти во


експерт земјата. При ова станува збор за една многу поширока и подлабока концептуална промена во начинот на размислување.

УЧИЛИШНИ ОБЈЕТКИ

На 1 октомври оваа година, британскиот неоконзервативен политичар и министер за образование, господинот Мајкл Андрју Гоув (The Right Honourable Michael Andrew Gove, MP, Secretary of State for Education) ги објави новите прописи за проектирање на училишни објекти и типските проекти коишто ги илустрираат истите. За типските проекти биле направени предмети и пресметки за да се утврди дали ќе можат да се реализираат врз основа на буџетот, преку кој Владата е подготвена да ја финансира

• Каде што условите тоа го дозволуваат објектите да се проектираат како повеќекатни со иста катност на сите делови на објектот, но и со катна висина која се повторува, максимално почитување на конструктивниот распон и групирање на тоалетните јазли еден на друг; • Рационално испроектирани внатрешни комуникации; • Копирање на решението, на пример преку копирање на елементи од решението на повеќе од една локација за да се намалат трошоците за препроектирање; • Повторување на решението преку ограничување на различните видови прозорци и врати во објектот.

НОВ ПОДЕМ Мајкл Андрју Гоув

нивната изградба. Според новите прописи и типските проекти од новопроектирани училишни објекти се очекува: • Решението на објектот да промовира рационален однос помеѓу обемот и површината на објектот; • Објектите да бидат испроектирани со едноставни правоаголни основи и без примена на заоблени форми (без разлика дали станува збор за криви или пак за кратки прави линии кои следат крива линија) и со минимални отстапувања од регуларната правоаголна форма (во однос на вовлекување или испакнување на делови на фасадата);

• Внатрешна обработка на објектот од едноставни материјали како обични врати, едноставни скали и огради, немалтерисани плафони од натур бетон и без примена на подвижни преградни ѕидови; • Економични градежни инсталации со камери за набљудување само во влезовите и поедноставни светлечки тела и системи за контролирање и управување на енергетската потрошувачка на објектот; • Природна вентилација на објектите со обзебедување на термичка маса по потреба; • Соодветно ниво на природно осветлување без одблесок во училниците и без презагревање на истите.

Прописите, исто така, се залагаат за проектирање со примена на принципите за намалување, рационализирање и изоставање за да се овозможи објектите да се реализираат во рамките на ограничените буџети. При ова како примери на ваквиот пристап се истакнуваат: • Надворешна обвивка на објектот од економични фасадни материјали како на пример малтер и метални панели поставени над нивото на прозорците од приземјето, рационално застаклување на објектот и без употреба на стаклени фасади, кровови од етилен тетрафлуоретилен или пак проодни кровни тераси;

Запознавајќи се со новите прописи за проектирање на училишните објекти во Британија, познавачите на локалните прилики веројатно лесно можат да се збунат и да имаат проблем да разграничат дали тие во моментот ги читаат новите прописи за проектирање на училишни објекти или пак ги читаат архивските технички описи на постојните училишни објекти, изградени во периодот по Втората светска војна, коишто во најголемиот број се предмет на замена со нови! Во една ваква состојба не може а да не се избегне чувството дека новата коалиција (конзервативна и либерално-демократска) преку новите прописи за проектирање на училишните објекти, ефективно го има запрено подемот на создавањето на исклучителна и инспиративна училишна архитектура и наместо нив, го промовира подемот на т.н. „евтина и весела“ архитектура. Спроведувањето на новите прописи се очекува да резултира за околу 15 проценти намалување во однос на корисната подна површина и за околу 30 проценти намалување во цената кај училиштата испроектирани според новите прописи, во споредба со оние испроектирани според претходните. За тоа кои ќе бидат позитивните или негативните последици од овој пристап ќе треба да се искажат стручните лица од сите релевантни области, и особено оние од образованието, генерациите што ќе го стекнат своето образование во овие училишта и се разбира историјата. Дотогаш останува да се бара одговорот на прашањето дали економските придобивки, стекнати преку реализираните заштеди од имплементацијата на новите прописи за проектирање на училишни објекти, ќе ги надминат или не евентуалните загуби коишто можат да произлезат преку одвивањето на образовниот процес во неинспиративна училишна средина?

3

14 декември ПОРТА

51


рубрика

Б

www.geze.com

52

3

ПОРТА

14 декември 2012


спортски храмови

„ШЕХИР СТАДИ“, Кониа, Турција

„Селџуците“ почнаа со градба на нов стадион

В

о мај оваа година, во турскиот град Кониа, почна со реализација проектот за изградба на новиот фудбалски стадион. Девет километри северно од центарот на Кониа, на површина од 450.000 м2, полека се издига новата модерна фудбалска арена, во чија близина треба да биде изграден и базен, велодром и кампус за коњички трки со хиподром. Стадионот ќе го носи името „Шехир Стади“, а дизајнот е замислен како зелено-бела фудбалска топка, составена од триаголници и други геометриски облици. За фасадата и покривот ќе бидат користени композитни панели, алуминиумски систем на изработка

со поставување на соларни панели и поликарбонатни затемнети стаклени површини. На стадионот треба да биде поставен и систем за собирање на дождовницата, која дополнително ќе се употребува како техничка вода. Предвидено е ЛЕД осветлување, како и издигнување на трибините на две нивоа, кои меѓусебно ќе бидат поврзани и со 16 ескалатори. За исполнување на ФИФА стандардите стадионот ќе има неколку ВИП соби, одвоени влезови на повеќе места за непречена циркулација при влез и излез од стадионот. За потребите на спортските екипи ќе бидат изградени 4 соблекувални, посебни соблекувални за тренери и официјални лица на спортските

Сашо Кузмановски

натпревари, како и затворен паркинг во подрумскиот дел на стадионот. За удобност на трибините при лоши временски услови (премногу студено време), стадионот ќе биде опремен со грејачи кои ќе бидат поставени на покривот. Под тревата ќе биде инсталирано подно греење, за непречено одигрување на сите планирани средби во зимски услови. Комплетниот капацитет на стадионот за фудбалски натпревари ќе брои 38.656 места. Од нив 11.166 ќе бидат на првото трибинско ниво, додека 21.968 луѓе ќе можат да се сместат на второто ниво на трибините. За гледачите ќе има и отворен паркинг простор за 920 автомобили, додека затворениот ќе има капацитет од 600 возила.

ФАКТИ за „ШЕХИР СТАДИ“ - Кониа, Турција Капацитет: 38.656 места Период на изградба: 2012 - 2014 Паркинг простор: 920+600 места Површина на градба: 450.000 м2 Дополнителна инфраструктира: Велодром, Базен, Хиподром Дизајн: Ofiss Mimarca Изведувач: GIntas Insaat ve Ticaret А.Ş. Тааххüт

3

14 декември ПОРТА

53


екологија

Зелена геополитичка криза Зелената енергија и одржливиот развој сигурно ќе овозможат елиминирање на некои од најсериозните глобални ризици со кои се соочуваме, но исто така, сосема е извесна појавата на нов вид конфликти, контроверзии и непријатни изненадувања

Д

ецениските војни предизвикани од интересот за контрола врз изворите на фосилни горива, можеби ќе станат минато, но на хоризонтот ќе се издигне нова нестабилност, овој пат предизвикана од толку неопходната енергетска транзиција. Во продолжение, преглед на неколку можни зелени геополитички тензии. 54

3

ПОРТА

14 декември 2012

Даниела Младеновска

1. Зелена трговска војна

Новиот американски пристап на подрачјето на енергијата и климатските промени, содржи одредби за подигнување на трговските бариери за земјите што не прифаќаат мерки за ограничување на емисиите. Поборниците на ова решение велат дека тие се неопходни за да се намалат шансите на компаниите што го релоцираат бизнисот во земјите со пониски стандарди за емисија, со цел да се добие

нефер конкурентска предност. Се работи за земји во кои законите од областа на заштита на климата и климатските промени се полиберални, како што е Кина. Зелениот протекционизам е веќе растечки бизнис. Но, глобално, бизнис заедницата е загрижена дека зелениот протекционизам може да биде дефинирачка карактеристика на меѓународните пазари во децениите што претстојат. И, се разбира, изгледите за зелена трговска војна или


екологија дури само опортунистичко заговарање на трговски закони за „заштита“ на локалните работни места најавуваат период на нови меѓународни тензии, особено меѓу развиените земји и земјите во развој.

2. Подемот и падот на центрите на моќ создадени од фосилните горива

И по дваесет години, светот сè уште ќе се добива најмалку три четвртини од својата енергија од нафта, јаглен и природен гас. На енергетска инфраструктура, онаква каква што е денес, ќе и требаат години за да се развие, па дури и со револуционерни технолошки промени. Промените во учеството на поедини енергенти во енергетскиот микс, на краток рок ќе бидат маргинални. Од друга страна, извесно е дека сегашната стапка на потрошувачка на нафта е едноставно неодржлива. Значи, земјите што ги поседуваат или управуваат изворите на фосилни горива, во догледна иднина ќе ја задржат својата моќ. Тие ќе бидат и понатаму богати и влијателни, но ќе стагнира нивниот економски раст. На тој начин, бавната смрт на овие економии, несомнено ќе провоцира социјални кризи и политички турбуленции. Прогнозите за крајниот резултат се тешки и неблагодарни.

3. Последиците од нуклеарниот бум

Голем број аналитичари се согласни дека едноставно нема начин за ублажување на ефектите од климатските промени без пошироко прифаќање на нуклеарна енергија. Не само затоа што во суштина оваа технологија нема емисии на стакленички гасови, и е релативно економична, туку и поради фактот што само 1 метрички тон на ураниум произведува иста количина на енергија како околу 3.600 метрички тони нафта (околу 80.000 барели). Тоа е далеку пософистицирана и докажана технологија од речиси сите други нови алтернативи. Овие факти веќе 

3

14 декември ПОРТА

55


екологија доведоа до многу реална ренесанса во нуклеарната енергија, и тоа особено во енергетски и економски сиромашните земји (повеќе од две третини од најавените проекти се во земјите во развој). За жал, нуклеарната енергија подразбира и голем број на ризици. Последната сериозна нуклеарна хаварија, ги стави на ревизија националните нуклеарни програми во многу земји. Но, исто така сведоци сме дека ваквите настојувања наидуваат на жесток отпор од енергетските компании, со образложение дека токму нуклеарните централи обезбедуваат пониска цена на електричната енергија за крајните корисници и пониски емисии на CO2. Последен во низата е примерот со Франција, која обезбедува 75% од електричната енергија од нуклеарни централи. Официјалната државна политика за намалување на овој удел на 50%, е сериозно критикувана. Меѓутоа, кога се зборува за ризиците на нуклеарната енергија, следните две прашања со години се во фокусот: безбедно третирање на нуклеарниот отпад, и сигурно снабдување со гориво. Последново особено добива на значење кога се работи за политички нестабилни региони, како и присуство на терористички организации со свои нуклеарни амбиции.

4. Исцрпување на водните ресурси

Денес, 1,1 милијарда луѓе немаат пристап до чиста вода, а проценките укажуваат дека во рок од две децении околу две третини од луѓето на Земјата ќе живеат во региони со недостиг на вода. Повеќе не е никаква мудрост дека водата ќе стане „новата нафта“, и токму таа нејзина нова вредност ќе генерира и нови конфликти. Иронично, но токму ловот по енергетски алтернативи за да се замени нафтата би можел уште полошо да влијае на проблемот со водата. Процесот на производство на некои биогорива е поврзан со користење на значителни количини вода. Таков е примерот со шеќерната трска како суровина за добивање биогориво, која во најголем дел од регионите каде се одгледува мора вештачки да се наводнува. Слично на тоа, користењето на електричните автомобили влијае на потрошувачката на вода, со оглед на фактот што медиумот кој ја акумулира топлинската енергија во електричните централи е повторно водата. Дури и технологии кои навидум не може да се доведат во директна врска со водата, како што се силициумските чипови (клучот на сè, од паметни мрежи, па до технологии за поефикасно користење на енергијата) бараат големи

Денес, 1,1 милијарда луѓе немаат пристап до чиста вода, а проценките укажуваат дека во рок од две децении околу две третини од луѓето на Земјата ќе живеат во региони со недостиг на вода. Повеќе не е никаква мудрост дека водата ќе стане „новата нафта“, и токму таа нејзина нова вредност ќе генерира и нови конфликти.

56

3

ПОРТА

14 декември 2012

количини на вода за да се произведат.

5. Литиумски батерии

Во Азија, Европа и САД, луѓето сè повеќе се заинтересирани за електричен автомобил - и со причина. Електричните автомобили ќе овозможат поголема независност од фосилните горива и може да одиграат значајна улога во намалувањето на емисиите на јаглероден диоксид. Значи проблемите со нафтата ќе заминат во минатото, но ќе се појави нов проблем - литиум. За складирањето на енергијата во овие возила се одговорни литиум јонските батерии, што укажува на фактот дека литиумот ќе биде „жешка“ стока во наредниот период. Околу три четвртини од познатите светски резерви на литиум се лоцирани во јужниот дел на Латинска Америка, поточно во пустината Атакама, која припаѓа на Чиле и Боливија. Освен литиумот и шпанскиот јазик, овие две држави имаат уште нешто заедничко - историски анимозитет. И во сите идентификувани потенцијални кризи предизвикани од различните гледишта на зелениот протекционизам, потполно е извесно дека некогашните „нафтени кризи“ на долг рок заминуваат во историјата. Но, „војните“ продолжуваат под насловот на новите ресурси, кои дефинитивно ќе направат ново обликување на светот. 


екологија

Тел.+389 2 2460 458, Факс.+389 2 2460 459

DVORNIK

Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk

skopje@rehau.com www.rehau.com.mk

www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

3

14 декември ПОРТА

57


екологија

Конференција за борба против климатските промени, Доха, Катар

Големи очекувања, скромни изгледи за наследникот на Протоколот од Кјото

„Факт е дека одговорот на меѓународната политика многу доцни во однос на она што го тврди науката за состојбата во која се наоѓаме. Тоа е вистинска фрустрација“, Кристиана Фигуерес, Секретаријат за климатски промени при ОН

Ф

инансирањето, компензацијата на штетите предизвикани од климатските промени и алокацијата на јаглеродните кредити се главните точки околу кои не успеаја да се согласат претставниците на 200 земји членки на Обединетите нации, на конференцијата за борба против климатските промени, што од 26 ноември до 7 декември се одржуваше во Доха, Катар. На самитот во Доха, земјите во развој очекуваа поголема посветеност од развиените земји да се справат со климатските промени. Еколозите, исто така, очекуваа силна волја и конкретни предлози за продолжување на познатиот Протокол од Кјото, постојниот план

58

3

ПОРТА

14 декември 2012

Сашо Кузмановски којшто обврза триесетина развиени нации да ги намалат емисиите на стакленички гасови за да се сочува климата, а кој истекува на крајот на оваа година. Како што коментираат аналитичарите, големите очекувања од светската конференција се сведоа на скромни резултати и лавина несогласувања. „Никогаш нема да има доволно амбиција. Факт е дека одговорот на меѓународната политика многу доцни во однос на она што го тврди науката за состојбата во која се наоѓаме. Тоа е вистинска фрустрација“, го пренесува агенцијата Ројтерс одговорот на Кристиана Фигуерес, раководителката на Секретаријатот за климатски промени при Обединетите нации, на прашањето како да ги спречиме сушите, поплавите,

топлотните бранови и да се спасиме од покаченото ниво на морската вода. Експертите велат дека емисиите на стакленичките гасови оваа година ќе пораснат за 2,6 проценти и се за околу 50 проценти повисоки во споредба со нивното ниво во 1990 година. Последниот пораст на емисиите на штетните гасови се должи на забрзаниот развој на одредени земји, на чело со Кина и со Индија. САД, европските земји и другите развиени нации, како што пренесува Ројтерс, во моментов се соочуваат со финансиска криза и одбиваат да прифатат временска рамка во која треба да придонесат за прибирање на ветените 100 милијарди американски долари годишно, почнувајќи од 2020 година, за помош на земјите во развој да се справат


екологија со последиците од климатските промени. „Многу сме разочарани што развиените земји не си го одржаа ветувањето“, вели за Ројтерс Тони де Брум од Маршаловите острови, портпаролот на Алијансата на мали островски држави (АОСИС). Многу земји кои излегуваат на отворено море или се простираат на острови ја искористија конференцијата во Доха да повикаат да се постави праг, според кој порастот на глобалната температура ќе се држи под 2 Целзиусови степени. Тие, според Би-би-си, нагласиле дека и пораст од 2 Целзиусови степени ќе ја загрози нивната иднина. Протоколот од Кјото, додаваат од Ројтерс, е значително ослабнат со повлекувањето на Русија, Јапонија и Канада, а САД никогаш и не го потпишале овој значаен документ.

споредба со прединдустриското ниво. Најновите податоци покажуваат дека светските емисии на јаглероден диоксид годинава ќе достигнат 35,6 милијарди

Јаглеродните емисии се превисоки за нешто да се промени

Новата студија објавена деновиве во журналот Nature Climate Change ги разбранува научните води. Како што пренесува Би-би-си, во студијата се вели дека човештвото тешко ќе ја задржи глобалната температура да не порасне повеќе од 2 Целзиусови степени во

тони, а ќе се зголемат за 2,6 проценти во споредба со лани. Научниците тврдат дека емисиите на штетни гасови најмногу придонесуваат за идните климатски

промени и се силен индикатор за потенцијалното глобално затоплување. „Овие последни бројки дојдоа во текот на одржувањето на климатските преговори во Доха, но како што емисиите продолжуваат да растат, изгледа никој не ја слуша научната јавност. Загрижена сум дека ризикот од опасни промени во климата е преголем, според моменталните емисии. Потребен ни е радикален план“, ја пренесува Би-би-си изјавата на Корин Ле Кер, директорка на Тиндал центарот за истражувања на климатските промени, при Универзитетот на источна Англија. Како што пренесува Би-би-си, студијата посочува дека просечното зголемување на нивото на CO2 било 1,9 проценти во 1980 години, 1 процент во 1990, но дури 3,1 процент од 2000 година. Неодамна, Светската метеоролошка организација (СМО) јави дека стакленичките гасови во атмосферата достигнале нов рекорд во 2011 година. Организацијата посочи дека нивото на јаглеродниот диоксид лани достигнало 391 ppm. Пораст во нивото е забележано и кај метанот, што е исто така моќен стакленички гас, се вели во извештајот од СМО.

âðåìå ïðåòâîðåíî âî óìåòíîñò

OnTime å ñïåöè¼àëèçèðàíî ñòóäèî çà äèçà¼í, èçðàáîòêà è ïðîäàæáà íà ¾èäíè ÷àñîâíèöè, êàêî è çàñòàïíèê íà ðåíîìèðàíèîò øïàíñêè áðåíä çà ¾èäíè ÷àñîâíèöè Nomon. Ñïî¼îò íà âðåìåòî, îáëèêîò è âèñîêèîò åñòåòñêè èçðàç íà ÷àñîâíèöèòå ãî èñïîëíóâààò àìáèåíòîò ñî ñâî¼àòà óíèêàòíîñò. Ñåêî¼ ïðîèçâîä îä êîëåêöèèòå Nomon è Signum ïðåòñòàâóâà åäèíñòâåíà êðåàöè¼à, ïîìèíàòà íèç ïðîöåñ íà ðà÷íà èçðàáîòêà, âî êî¼ ñå âãðàäåíè íå÷ó¼íè ìåõàíèçìè ïðîèçâåäåíè âî Ãåðìàíè¼à.

*OnTime å äåë îä ìàêåäîíñêàòà êîìïàíè¼à ÒÍ - Ò ïðèñóòíà íà ïàçàðîò óøòå îä 1992 ãîäèíà.

www.ontime.mk

contact@ontime.mk

+389 75 431 135

3

14 декември ПОРТА

59


занимливости

„Истанбул“ - нуклеарниот бункер на Тито

Александра Петровска, дипл.инж.арх.

За изградба на бункерот биле потрошени 4,6 милијарди долари и е трета најскапа воена инвестиција во поранешна Југославија, после Бихачкиот подземен аеродром, кој вредел 8,5 милијарди долари и сплитското пристаниште „Лора“ од 5 милијарди долари.

Д

лабоко во босанската, зимзелена планина Дединовец, на 4 километри североисточно од местото Коњиц, се наоѓа голем нуклеарен бункер, кој бил изграден по наредба на претседателот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Јосип Броз Тито. Куќите пред бункерот, преку кои се влегува во него, никако не укажуваат дека зад нив се наоѓа цел масивен лавиринт од нуклеарно засолниште. Со изградба се започнало во март 1953 година, а завршен е во 1979 година, кога бункерот бил предаден на ЈНА за употреба. Неговото постоење било најстрого чувана војна тајна сè до 90-тите години на минатиот век. Освен Тито, за неговата изградба знаеле само неколку важни функционери во поранешна Југославија, тогашниот началник на 60

3

ПОРТА

14 декември 2012

Генералштабот на ЈНА и неговите колеги, кои управувале со ресурсите за безбедност и врски. Се верува дека го граделе затвореници, кои воопшто не знаеле за каков објект станува збор, а во изградбата учествувале и фирми кои работеле во рамките на војната индустрија, како што се сплитскиот „Конструктор“, потоа „Соча“, војната пошта - Сплит и „Хаџичи“. Фирмите граделе само одделни делови од бункерот за да не претпостават што ќе биде вистинската намена на просторот. Изграден од масивна бетонска конструкција, бункерот е конструиран да може да издржи атомска експлозија од 25 килотони, односно удар четири пати посилен од ударот со кој била погодена Хирошима. Било планирано во него да можат околу 350 луѓе непречено да живеат и функционираат шест месеци без допир со надворешниот свет. Всушност,

бункерот претставува цел подземен град, кој се протега на површина од 25.000 м2, од коишто 6.000 м2 се наменети за станбен простор, во форма на потковица. Бункерот е поделен на 12 блокови, со повеќе од 100 простории. Најдлабоката точка е оддалечена од влезот 202 метри по хоризонтала и 280 метри по вертикала. Константната температура во бункерот е од 21 до 23 степени, а ја одржува голем вентилационен систем, со влажност на воздухот од 60 до 80%. Напојувањето со струја било решено во три варијанти: прва е градската мрежа, втора е мини-централа во рамките на касарната во близина на објектот и трета се три агрегати во бункерот,секој со капацитет од по 540 књ. Има цистерна за гориво со капацитет од 50 тони и базен со 150 кубици питка вода. Од многуте простории, како најважни се издвојуваат просториите за воени операции,


од каде што би се следеле случувањата во надворешниот свет, две големи конференциски сали, радио-центар и телефонска централа која била во мрежа со сите главни команди на поранешната република. Големиот кабинет на штабот е опремен со црвени телефони, телепринтери и неонски столови за читање на воени мапи. На ѕидот, во рамка, стои слика на Тито, која не изостанува ниту во другите простории. Бункерот имал и интересно кодно име - „Истанбул“. Во средина на бункерот се наоѓа блокот на Тито, кој е изграден на повисоко ниво од останатите 11 блокови. Титовиот кабинет и соба се изградени од најквалитетни дрвени материјали, а ѕидовите се обложени со орнаментирани тапети. Во неговиот кабинет директно се влегува од просторијата што била наменета за неговата жена Јованка Броз. И ден-денес, во бункерот стои се како што било наместено кога бил изграден: печатите на вратите го имаат грбот на СФРЈ, на ѕидовите

висат географски карти на Југославија, алатот не е сменет, душеците на креветите се завиткани во најлони и така зачувани од забот на времето. „Сè е исто, само Тито го нема... “. За изградба на бункерот биле потрошени 4,6 милијарди долари и е трета најскапа воена инвестиција во поранешна Југославија, после Бихачкиот подземен аеродром, кој вредел 8,5 милијарди долари и сплитското пристаниште „Лора“ од 5 милијарди долари. Денес, бункерот е во сопственост на Министерството за одбрана на БиХ, и за него се грижи војската на БиХ, а најчесто го посетуваат странски воени делегации и еднаш годишно се организира изложба на која учествуваат уметници од повеќе земји. Последната изложба ја виделе 15.000 посетители. Наредната изложба - Биенале на современата уметност ја организираат Хрватска и Турција, а свеченото отворање е планирано за 26 април следната година.

3

14 декември ПОРТА

61


совети

пред

Идејата ни беше со мали интервенции просторот да го оплемениме, да избереме модерен мебел за да добиеме убав дом за живеење. Ве молиме за решение. Семејство Маринови, Скопје

В

истина е дека просторот ги диктира своите барања, но со мали промени може да се отворат нови можности. Со рушење на ѕидот од кујната, дневниот престој се претвора во голем отворен простор, а по влегувањето во станот веднаш се отвораат и убави визури. Од влезот во кој има место за закачалка зад вратата, движењето се усмерува кон големиот отворен простор. Кујната е фиксна со обезбедена технолошка линија која подразбира прецизен редослед на елементите (складирање, миење, подготовка, термичка обработка на прехрамбените продукти). Таа е отворена кон дневната соба и преку пултот што по потреба се расклопува во трпезариска маса се поврзува со неа. Идејата за модерен дизајн внесете ја преку избор на мебел за дневната соба кој треба да е едноставен и удобен. Не заборавајте на елементите што му даваат карактер на просторот (слики, ламби, украсни предмети). На таваницата може да се интервенира и таа делумно да се спушти за во процепот да се смести скриено светло. Осветлувањето во целост треба да го следи колоритот во собата, од најсилно жолто до прозрачно и ненаметливо. Мирниот дел од станот може да остане без трансформации.

потоа

Билјана СТЕВКОВСКА-САВИЌ,

дипл.инж.арх.,

bsavic@porta3.com.mk

МОДЕРЕН СТАН ЗА ДВАЈЦА 62

3

ПОРТА

14 декември 2012


најчудни градби

ГРАЃАНСКИ ЦЕНТАР СО ОДЛИКА НА МОЌ И ИНВЕНТИВНОСТ

З

Драган Ристов

ападните држави се карактеризираат со мошне солидна финансиска состојба, па сосема логично на ова, можат да си дозволат екстравагантни објекти кои се одликуваат со неверојатен дизајн и многу финансии за изградба. Но, секако, овој мит полека се руши, ако не друго и затоа што ние во „Порта 3“ сме одлучни да шараме насекаде низ светот во потрага по чудни објекти. Овој пат, потрагата не одведе во Латинска Америка, конкретно во Аргентина, која е во свој економски бум кој се рефлектира и на архитектурата и градежништвото. На околу 700 километри северозападно од Буенос Аирес, главниот град на Аргентина, се наоѓа граѓански центар со интересна ромбоидна форма, кој со еден дел навлегува кај реката Сукуја и му дава нов импулс на стариот дел од градот Кордоба. Овој град е познат како локација на најстариот универзитет во Аргентина и воедно како град е под заштита на УНЕСКО. Сепак, овој нов комплекс кој е составен од две административни згради има за цел да даде импулс на граѓанското движење. Архитект на објектот е Лучио Морини од студиото "Lucio Morini + GGMPU Arquitectos", а инвеститор е покраинската влада. Објектот започнал да се гради на почетокот на 2011 година на површина од 21.380 м². Покраинската влада и гувернерот на Кордоба ја откупиле локацијата што првично била позната по старите железнички пруги. Со инсертирањето на необичната структура, имале за цел да креираат прилично оптимистичка глетка во овој дел на градот, што воедно ќе биде јавен простор. Имајќи предвид дека станува збор за два објекта за една намена, центарот е наречен Бисентинал граѓански центар. Едната од зградите е висока 70 метри и се надвива над самата река, додека втората зграда која служи како еден вид на тампон зона помеѓу просторот на центарот и реката е висока околу 27 метри. На тој начин се напушта тезата дека реката е крајот на градот со која завршува речиси се. За да се задоволи просторот,

урбанизирана е и околината со нов пат и нова инфраструктура. Самиот центар се гради во фази. Првата опфаќа изградба на двата објекта или како што ги нарекуваат зграда А и зграда Б. Зградата А има административна намена. Лоцирана е на кубична основа која има два дела, но сепак вкупната височина е 27 метри. Основата на т.н. прв дел служи и како шеталшите со оглед на тоа што има парк и зеленило на тој дел од кровот, додека вториот дел претставува еден вид на надградба од цемент комбинирана со стаклени тридимензионални форми за да му дадат поголема свежина на објектот. Зградата Б е онаа повисоката, што има над 70 метри и исто така има зелен појас како резултат на новиот тренд, крововите на големите згради па и облакодери да бидат со трева и мали дрвца во функција на животната средина. Овој објект има необична форма иако почива на кубична основа исто како и зградата А. Во овој дел од објектот се случуваат различни социо-граѓански настани, а се лоцирани и паркиралиштата. Последниот дел од оваа зграда ќе биде центарот за конвенции, што ќе се гради во третата и последна фаза. Инаку во овој дел се наоѓа и канцеларијата на покраинскиот гувернер, кој не можел да одолее на предизвикот, како инвеститори, да имаат претставителна канцеларија пред домашните и странските гости.

3

14 декември ПОРТА

63


излог 3

1

64

3

ПОРТА

14 декември 2012


излог

4 1. Биде и вц школка Ergo во комбинација со аксесорис во форма на дланки од Аntonio Pascale. 2. Ѕиден часовник од италијанската фирма за часовници Progetti. 3. Mth Woodworks се дизајнерите на оваа клупска масичка која има ногарка од трупец од дрво. Ова парче мебел е претставено на саемот за ентериер во Ванкувер - IDSwest 2012. 4. Израелскиот дизајнер Ofir Zucker во соработка со Ilan Garibi, уметникот што се занимава со правење оригами, ги дизајнирале овие вазни кои се изработени од бетон, а надворешноста е покриена со рачно изработените оригами. 5. Оваа необична маса направена само во 20 примероци е рачна изработка која дава впечаток дека парчето стакло е носено од страна на повеќе мали балони. Дизајнот е на Chrisopher Duffy. подготви: Сандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВА, дипл.инж.арх.

2

5

3

14 декември ПОРТА

65


јавни набавки СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 148/2012 ОПШТИНА СОПИШТЕ ОБЈАВА БР. 2/2012 ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА СОПИШТЕ ОПШТИНА КОЧАНИ ОБЈАВА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ОПШТИНА КИЧЕВО ОБЈАВА 1/2012 (26.11.2012 ГОДИНА) ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ СО НАМЕНА ЗА ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТИ ЗА СЕМЕЈНО ДОМУВАЊЕ ВО СТАНБЕНИ КУЌИ ВО ОПШТИНА КИЧЕВО ОПШТИНА КОЧАНИ ИСПРАВКА НА ОБЈАВА БР. 37-2859/1 ОД 09.11.2012 ГОДИНА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ, ОБЈАВЕНА НА 10.11.2012 ГОДИНА ОПШТИНА ПРОБИШТИП ИСПРАВКА НА ОБЈАВИ БРОЈ 13 И 14 ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА ПРОБИШТИП ОПШТИНА СТРУМИЦА ИСПРАВКА НА ОБЈАВА 05/2012 (16.11.2012) ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА СТРУМИЦА

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 07-66/2012 Назив на договорниот орган: Агенција за државни патишта, ул. “Даме Груев“ бр. 14, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изградба на регионален пат Р29272, делница Опаје – Белановце – Станчиќ, граница со Косово. Контакт тел/факс: 3118-044, 3220-535, лице за контакт: Жаклина Стефановска Богдановска. Јавно отворање на понудите на ден 01.03.2012 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 149/2012

ОПШТИНА НЕГОТИНО ИСПРАВКА НА ОБЈАВАТА 4/2012 ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА НЕГОТИНО

ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ БРОЈ: 45/2012 Назив на договорниот орган: Општина Кисела Вода, ул. “Петар Делјан“ бр. 17, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Избор на идејно решение за спомен обележје меморијална фонтана со партерно уредување и пропратна фигура на постамент во чест на загинатите бранители од Општина Кисела Вода во конфликтот во 2001 година. Контакт тел/факс: 02 2785-417, лице за контакт: Борче Лазаревски. Плановите или проектите да се достават најдоцна до: 28.12.2012 година.

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 4/2012 Назив на договорниот орган: Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје, ул. “Орце Николов“ бр. 138, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Градежни работи за изградба на станбено деловен објект 3.1 (08.01) Комплекс Источна индустриска зона во Скопје. Контакт тел/факс: 3121-270, 3111-195, лице за контакт: Емилија Вукадиновска. Јавно отворање на понудите на ден 08.01.2013 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 150/2012 УРЕДБА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА ЗА ВИСИНАТА НА ЦЕНАТА НА ГРАДЕЖНОТО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ВИСИНАТА НА ПОСЕБНИТЕ ТРОШОЦИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКИТЕ ЗА ОТУЃУВАЊЕ И ДАВАЊЕ ПОД ЗАКУП

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ОБЈАВА БР. 2/2012 ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ ОБЈАВА БРОЈ 99 (27.11.2012) ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТИ ЗА КОМЕРЦИЈАЛНИ И ДЕЛОВНИ НАМЕНИ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР

ОПШТИНА САРАЈ ОБЈАВА БР. 1/2012 ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА САРАЈ

ОПШТИНА КИЧЕВО ИСПРАВКА НА ОБЈАВА 1/2012 (26.11.2012 ГОД.) ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ СО НАМЕНА ЗА ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТИ ЗА СЕМЕЈНО ДОМУВАЊЕ ВО СТАНБЕНИ КУЌИ ВО ОПШТИНА КИЧЕВО

ОПШТИНА ИЛИНДЕН ИСПРАВКА НА ОБЈАВА

66

ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА Г2-ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА И ОТКУПНО-ДИСТРИБУТИВЕН ЦЕНТАР, СО КОМПАТИБИЛНИ КЛАСИ НА НАМЕНИ: Б1, Б2, Д2, Д3, Д4, Г3 И Г4

3

ПОРТА

14 декември 2012

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 152/2012 ОПШТИНА ИЛИНДЕН ОБЈАВА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА А1 – ДОМУВАЊЕ ВО СТАНБЕНИ КУЌИ СО КОМПАТИБИЛНИ КЛАСИ НА НАМЕНИ Б1, В1 И Д3

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 039/2012 Назив на договорниот орган: Управа за заштита на културното наследство, ул. “Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изведување работи на Возобновување на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник Охрид (објекти: Богословски факултет, Манастирски конак, Резиденцијален објект, Компјутерски центар, Афилијации на светски универзитети) според Основен проект, со предмер и под конзерваторски надзор, Охрид. Контакт тел/факс: 3289-759, 3289-777, лице за контакт: Саша Крстевски. Јавно отворање на понудите на ден 14.01.2013 год.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

Број на огласот за кој се однесува известувањето: 07-47/2012

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 153/2012 ОПШТИНА БИТОЛА ИСПРАВКА НА ОБЈАВА 6 ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ОПШТИНА ГАЗИ БАБА ИСПРАВКА НА ОБЈАВА 7 ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА А2-СЕМЕЈНО ДОМУВАЊЕ ВО СТАНБЕНИ ЗГРАДИ ОПШТИНА ГАЗИ БАБА БРОЈ НА ОГЛАС – ОБЈАВА 8 ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА

А1-СЕМЕЈНО ДОМУВАЊЕ ВО СТАНБЕНИ КУЌИ ОПШТИНА НЕГОТИНО ОБЈАВА 05/2012 ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА НЕГОТИНО ОПШТИНА ИЛИНДЕН ОБЈАВА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА В2ЗДРАВСТВО И СОЦИЈАЛНИ УСТАНОВИ СО КОМПАТИБИЛНИ КЛАСИ НА НАМЕНИ А4, Б1, Б4 И В3 МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ ОБЈАВА БРОЈ 100 (03.12.2012) ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТИ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ ОПШТИНА ГОСТИВАР ОБЈАВА БР. 01/2012 ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА КОЛЕКТИВНА СТАНБЕНА ЗГРАДА ВО ОПШТИНА ГОСТИВАР

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 7/2012 Назив на договорниот орган: Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје, ул. “Орце Николов“ бр. 138, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Градежни работи за изградба на објект Блок 1 (5а) во Демир Хисар. Контакт тел/факс: 3121-270, 3111-195, лице за контакт: Емилија Вукадиновска. Јавно отворање на понудите на ден 25.12.2012 год. БРОЈ: 61/2012 Назив на договорниот орган: Општина Центар, ул. “Михаил Чоков“ бб, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изградба на детска градинка Кочо Рацин (матичен објект). Контакт тел/факс: 3203-645, 3211-089, лице за контакт: Ивана Јаневска. Јавно отворање на понудите на ден 24.12.2012 год.




Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.