Porta3 169

Page 16

градежништво

проектирање На челичНата коНСтрукција

ПокривНа коНструкција -Собраниската сала за репрезентативни намени е комплетно во челична конструкција, со кружен облик во основа и се состои од подна конструкција и покривна конструкција од типот геодетска купола. Ваков тип на покривна конструкција за прв пат се гради во Република Македонија и затоа нејзиното проектирање е интересно од повеќе аспекти. Филип РИстЕсКИ, Коста КоЧКоВ

в

о рамките на реконструкцијата и доградбата на зградата на Собранието на РМ е предвидена изградба на собраниска сала за репрезентативни намени. Собраниската сала е комплексна челична структура составена од V16 3/8 геодетска купола со дијаметар 32,0 метри и височина 10,0 метри, подна конструкција од радијално поставени решетки и потпорна конструкција од хоризонтална прстенеста решетка со дијаметар еднаков на дијаметарот на куполата, вертикална кружна решетка со дијаметар еднаков на дијаметарот на подната конструкција и косници. Челичната конструкција се потпира на новоизградената армирано-бетонска (АБ) конструкција и на шест АБ столбови. Во трудот се дадени најважните карактеристики на конструкцијата, математичкиот модел и детали за пресметувањето. Во рамките на реконструкцијата и доградбата на зградата (слика 1.) што е во тек, исто така, во нејзиниот централен дел е предвидена изградба на повеќе административни содржини во функција на работата на Собранието.

општи карактериСтики На коНСтрукцијата

Административниот дел претставува класична армирано-бетонска конструкција од П+4 ката составена од армирано-бетонски греди со димензии b/h=35/35 cm и армирано-бетонски столбови a/b=50/50cm, со меѓукатна конструкција од армирано-бетонски плочи со дебелина од d=15cm и армирано-бетонски платна во делот за вертикална комуникација на објектот со дебелина од d=20cm. Темелењето на конструкцијата е остварено со армирано-бетонска темелна плоча со дебелина d=100cm на доброносива почва со дозволено напрегање од околу 235 MPa. Собраниската сала за репрезентативни намени е комплетно во челична конструкција, со кружен облик во основа, и се состои од подна конструкција и покривна конструкција од типот геодетска купола. Ваков тип на покривна конструкција за прв пат се гради во Република Македонија и затоа нејзиното проектирање е интересно од повеќе аспекти.

геодетСка купола

Геодетската купола датира уште од далечните години после Втората светска војна и е 16

3

ПОРТА

04 ноември 2011

слика 1. 3D математички модел на конструкцијата дело на R. Buckminster Fuller, генијалниот американски инженер, мислител, иноватор и носител на 28 USA патенти, автор на 30 книги, универзитетски професор, носител на голем број почесни докторски титули, а запаметен е и како втор претседател на Mensa International, меѓународното здружение на лица со највисок IQ (коефициент на интелигенција). Неговата геодетска купола станува широко применувана најпрво во Американската армија, која ги препознава нејзините можности за брза и лесна изградба со стандардизирани елементи и врски и практично неограничени носечки карактеристики, а подоцна, особено во 60-тите и 70-тите години од минатиот век, доживува експлозивна примена во спортски хали, изложбени и саемски објекти и други

конструкции со големи распони дури и преку 200m (Fukuoka dome, Japan, 216m). Основна геометриска структура од која се создава геодетската купола е „икосахедрон“ (на грчки геометриско тело со 20 страни), едно од петте Платонови идеални геометриски тела (солиди), со страници од 20 идентични рамнокраки триаголници, 30 рабови и 12 темиња (слика 2.). Сите темиња лежат на површината на една опишана топка со радиус ru:

φ е познатиот „златен однос“ или „златен пресек“ (Golden ratio, Sectio aurea), за кој уште од времето на Стара Грција и особено во


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.