Партнер на Вашето здравје бр. 7

Page 32

Дијагностицирање и индикации за оперативен зафат кај пациенти со бенигна простатна хиперплазија Г.Деримачковски, уролог во Клиника „Хил“, Софиja, Бугариja уролог, консултант во ”Неуромедика”, Македониjа

Б

енигна хиперплазија на простатата (бенигно зголемување на простатата) е зголемување на обемот на простатната жлезда кое што се должи на зголемување на бројот на клетките на простатната жлезда. Кај мажи на возраст од 20 до 25 години, обемот на простатата е околу 20-25 см3. Со напредување на возраста, особено после 50 години, може да достигне 100 -150 см3 и повеќе. Тоа е состојба, а не заболување на простатата кое што зависи од возраста. Кај пациенти над 50 годишна возраст простатната жлезда има две основни заболувања: Состојба како што е Бенигното Простатно Зголемување (БПЗ) и Простатниот Карцином (ПК). Многу често и двете заболувања на простатата даваат исти или слични симптоми. Точно поради тоа, многу важна е точната дијагноза помеѓу двете заболувања и навремената и точна терапија. Симптомите на бенигното простатно зголемување или бенигната простатна хиперплазија, всушност се симптоми на долните мочни патишта (СДМП). Симптомите кај тие пациенти можат да бидат разделени во три групи: 1.

2.

3.

Определување на тежината на симптомите на долните мочни патишта. Тие симптоми најлесно и точно можат да бидат покажани во стандартизирани анкети. Таков е Меѓународниот Простатен Симптоматски Индекс (МПСИ), International Prostate Symptomatic Score (IPSS). После пополнување на таа анкета можеме да го разбериме карактерот и силата на симпотмите. Слабо изразени симптоми од 0-7 бода; Средно изразени симптоми 8-19; Тешко изразени симпотми 20-35 бода. Дополнително во таа анкета има и прашање за квалитетот на живот на тие пациенти.

2.

Дигитално Ректално Испитување (ДРИ) - палпација на простатната жлезда за по-точно разграничување на бенигнената простатна хиперплазија од простатниот карцином.

3.

Ехографија на простатната жлезда и бешика.

Симптоми на зачувување на урината во бешиката •

Чести позиви за мокрење,

Хитни позиви за мокрење со или без испуштање на урина

Мокрење преку ноќта два или повеќе пати

Симптоми на евакуација на урината за време на мокрење •

Потешкотии за започнување за време на мокрење

Слаб млаз

Прекин на млазот

Лажна инконтиненција (испуштање на урина) од преполна бешика кај пациенти со хронична ретенција (задршка на урината)

4.

Постмикциони симптоми •

Капки на крајот на мокрењето

Чувство за недоволно празнење на бешиката

Задолжителни испитувања за дијагностицирање на зголемена простатна жлезда (бенигна простатна хиперплазија) во рамките на симптоми од страна на долните мочни патишта.

32

1.

5.

Се измерува големината на простатната жлезда во см3. (Слика број 1).

Се измерува резидуална урина.

Признаци на компликации од простатното зголемување - дивертикули на бешиката, (торбести раширувања на ѕидот на бешиката) и камења во бешиката. (Слика број 2 и 3)

Лабораторни испитувања •

Општо хемиско испитување на урина, евентуално уринокултура

Простатен Специфичен Антиген, ПСА (т.н туморен маркер на простатната жлезда). Нормални вредности на ПСА се до 4.0 нг/ мл. Повисоките вредности на ПСА маркерот можат да покажуваат поголема веројатност за простатен карцином, како и за воспалување на простатната жлезда, скоро извршен ректален преглед и др. Исто така, колку поголема е простатната жлезда, толку повисоки над нормата можат да бидат свредностите на ПСА маркерот. Затоа после секој преглед кај пациетни со направени резултати на ПСА, се измерува и пресметува густина на ПСА.

Урофлоуметрија - испитување на млазот на урината за време на мокрење. Ја покажува силата на млазот во милилитри за секунда. Вредности над 15 мл/сек во голема степен ис-


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.