Партнер на Вашето здравје бр. 7

Page 1

ПАРТНЕР

НА

ВАШЕТО

бр.7 • Јуни 2018 Бесплатен примерок

НЕУРОМЕДИКА СО НОВА НАГРАДА !!!! BEST PRACTICE ЗА 2018 ГОД ОД ЕВРОПСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТ !!!

магазин на:


2


СОДРЖИНА 4 | НАГРАДA – BEST PRACTICE ЗА 2018 ГОДИНА 6 | МОК 8 | КРИВИ СТАПАЛА 10 | НЕУРОМЕДИКА – ОФИЦИЈАЛНО МЕДИЦИНСКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ФФМ 11 | AКУТНА ИСХЕМИЈА 15 | НЕУРОМЕДИКА - СПОНЗОР И ОФИЦИЈАЛНА БОЛНИЦА НА СКОПСКИ МАРАТОН 16 | ЖЕЛЕЗО - ДЕФИЦИТНА АНЕМИЈА (ПРИЧИНИ, СИМПТОМИ, ДИЈАГНОСТИЦИРАЊЕ И ПРЕВЕНЦИЈА) 18 | УЧЕСТВО НА КОНГРЕС, ПРИКАЗ НА СЛУЧАЈ 20 | СТОМАТОЛОШКИ ИНТЕРВЕНЦИИ ВО БРЕМЕНОСТА 21 | АЛЕРГИЈА - ШТО СЕ ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ 22 | СИМПОЗИУМ НЕУРОМЕДИКА 24 | АКУТЕН СКРОТУМ 26 | ЛЕТНИ ВАГИНАЛНИ ИНФЕКЦИИ 28 | ТЕТРАЛОГИЈА ФАЛЛОТ (НАЈЧЕСТА ЦИЈАНОГЕНА МААНА ВО АДУЛТНА ВОЗРАСТ) 30 | АГОРАФОБИЈА 32 | ДИЈАГНОСТИЦИРАЊЕ И ОПЕРАТИВЕН ЗАФАТ КАЈ ПАЦИЕНТИ СО БЕНИГНА ПРОСТАТНА ХИПЕРПЛАЗА

Издава: ПЗУ Неуромедика Уредник: Стефана Симоноска Oрганизација: Портал Ексклузив – маркетинг агенција Стручни соработници: Проф. Д-р Методи Чепреганов Проф. Д-р Миодраг Врчаковски Проф. Д-р Ѓорѓе Зафировски Прим. Д-р Добрила Андоновска Спец. Д-р Елизабета Асенова Проф. Д-р Жарко Јанкоски Спец. Д-р Маринела Малинова Спец. Д-р Горан Деримачковски Спец. Д-р Ѓорѓи Николов Спец. Д-р Емилија Минова Спец. Д-р Симеон Могилевски Д-р Маре Стојковска Анета Начевска (психолог) Д-р Ирина Бидовска Лектор: Елеонора Малиновска Димитар Бабалков Фотографија: Димитар Бабалков Дизајн: Европа92 - Кочани Боро Рунчев Печат: Европа92 - Кочани ПАРТНЕР

34 | 4-ГОДИШНА АВАНТУРА И ПОСЕТА НА 69 ЗЕМЈИ 36 | ИЗБЕГНУВАЧКИ ТИП НА ПРИВРЗУВАЊЕ

НА

ВАШЕТО

бр.7 • Јуни 2018 Бесплатен примерок

НЕУРОМЕДИКА СО НОВА НАГРАДА !!!! BEST PRACTICE ЗА 2018 ГОД ОД ЕВРОПСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТ !!!

магазин на:

НЕУРОМЕДИКА Неуромедика Болница - Since 1992 Јордан Мијалков бр. 62,1000 Скопје neuromedica@neuromedica.com.mk

Дирекција: 02/3 114-023 | Центар: 02/3 133-313 | Влае: 02/2 042-323 | Битола: 047/252-255 Куманово: 031/414-033 | Кукуш, Грција: + 302 341 022-060

www.neuromedica.com.mk


Неуромедика ја доби наградата Best practice за 2018 од Европското здружение за истражување на квалитет!!!!

П

отврда за вложениот труд и посветеност на воведување врвно здравство во земјата . Непоштедното залагање на целиот персонал , квалитетните менаџерски стратегии повторно резултираа со уште едно признание ! На форумот организиран од Европското здружение за истражување на квалитет кој се одржа во хотелот Ле Плаза во Брисел Неуромедика ја доби наградата – Best practise за 2018. Во рамки на форумот пред присутните бизнис лидери, дипломати и врвни експерти кој се одржа во хотелот Ле Плаза во Брисел д-р Угриновски ги презентираше и сподели достигнувањата и професионалните искуства во полето на менаџерските стратегии на Неуромедика, кои во континуитет четврт век ја издигнуваат Неуромедика на врвно ниво во однос на конкуренцијата.

4

Наградата од Европското здружение за истражување на квалитет на Неуромедика е само уште една потврда на вложен труд и целосна посветеност на воведување врвно здравство во земјата и регионот кое се темели на непрекинато инвестирање и унапредување на медицинска инфраструктура и непоштедно залагање на целиот персонал во Неуромедика. Оваа награда од страна на Европското здружение за истражување на квалитет ја добиваат оние компании кои имаат исклучиво најдобри практики и резултати во квалитетни менаџерски стратегии. Годишниот настан на Европското здружение за истражување на квалитет е глобален форум на најдобрите, во својата област компании и организации од приватниот и јавниот сектор и истата има за цел на усовршување на квалитетни менаџерски техники и обезбедување одлична можност за мрежно поврзување на сите учесници.


PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE

5


НЕУРОМЕДИКА - ПАРТНЕР И ОФИЦИЈАЛНА БОЛНИЦА НА МАКЕДОНСКИОТ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ

Н а 27.11.2017г. директорот на Неуромедика Д-р Емил Угриновски и претседателот на

Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) Д-р Васил Тупурковски потпишаа договор за партнерство со кој НЕУРОМЕДИКА станува Официјален Партнер и Официјална Болница на МОК и на потенцијалните и евидентните македонски олимпијци кои ќе ја претставуваат Македонија на бројните олимписки натпреварувања кои следат. Партнерството ќе биде и за сите други спортисти кои ќе бидат од интерес на МОК во рамките на Олимписката програма 20172020, како и другите активности на МОК во насока на унапредување и развој на Олимпизмот и спортот во Р.М. При потпишувањето на договорот за партнерство, директорот на Неуромедика Д-р Емил Угриновски и претседателот на МОК Д-р Васил Тупурковски изразија огромно задоволство за меѓусебната доверба и ис-

6

такнаа дека е голема чест и обврска, НЕУРОМЕДИКА да се грижи за сите спортисти кои се дел од олимписката програма на МОК. Тие им посакаа високи спортски резултати на македонските спортисти на претстојните меѓународни натпреварувања каде што треба да реализираат олимписки норми и достојно да ја претставуваат Македонија на претстојните Олимписки игри. Неуромедика како официјална Болница на МОК ќе се грижи за здравјето на сите спортисти кои се дел од програмата на МОК. Неуромедика со својата инфраструктура, техничко-технолошката опременост, комплетната медицинска апаратура и целиот медицински кадар ќе биде на располагање на македонските Олимпијци кои се дел од програмата на МОК. Современата медицинска апаратура е неопходна во брзата и точна дијагноза и на најмалите спортски повреди кај спортистите, а лекарската стручност и знаење се огромна придобивка кога треба


да се изгради врвен и здрав олимпиец. Тоа е она по што е препознатлива Неуромедика. 25 годишното искуство во полето на современата и напредна здравствена заштита ја става Неуромедика во врвот на регионалното здравство. Неуромедика е болница со најголемо искуство во областа на здравјето на спортистите. Долга е референцата на ма-

кедонски репрезентативни и клупски екипи на кои Неуромедика е официјална болница, меѓу кои може да се издвојат: Официјална болница на сите Ракометни репрезентативни екипи, Официјална болница на Фудбалските репрезентативни екипи, Официјална болница на Скопски Маратон и други.

PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE

7


КРИВИ СТАПАЛА Проф. Д-р Ѓорѓе Зафироски-ортопедски хирург и трауматолог

Во овa case study на одделот за Ортопедија

на Неуромедика се работи за случај на женско бебе старо една недела со тежина од 3kg и должина од 51cm по нормална контролирана бременост. Веднаш после породувањето на младите родители им е соопштено дека бебето е родено со деформирани криви стапала, најверојатно како резултат на положбата во матката. Препорачана им е консултација и преглед кај ортопед за понатамошно лекување. Родителите видно вознемирени после препораката од гинеколозите отишле на ортопед во родниот град во внатрешноста на Македонија. Таму ја потврдиле дијагнозата и се договориле да ја започнат терапијата за една недела.

8


Родителите одлучиле да бараат второ мислење, а препораки добиле за Неуромедика кај ортопедот Проф. д-р Ѓорѓе Зафироски. Во Неуромедика тимот на стручни лекари после прегледите и дијагностичките процедури предложија пет сеанси од по недела дена етапни корективни гипсени чизми за коригирање на состојбата на стапалата, а после тоа да се види дали е потребна мала оперативна интервенција за издолжување на ахиловите тетиви по методата на Понсети. Родителите го прифатија предлогот на нашите доктори без разлика дека беа од друг град и без проблем патуваа неколку пати на редовни контроли изминативе месеци. Тие истакнаа дека патот не е проблем и единствена цел им беше бебето навремено да се излекува. Бебето сега има нешто повеќе од 3 месеци и е со исправени, нормални, коригирани стапала. Потребно е да носи ортопедски корективни чевли во следните неколку месеци. Проф. Д-р Ѓорѓе Зафироски укажа дека при овој вроден

деформитет потребно е често да се контролираат со ултразвук колковите и да се прават редовни контроли на стапалата поради можноста од повторување на деформитетите во текот на детскиот раст. Родителите на малото девојче беа благодарни на целиот медицински тим на Неуромедика за прикажаната посветеност и професионалност.

PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE

9


МЕДИЦИНСКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ИСТОВРЕМЕНО НА ТРИ НАТПРЕВАРИ ФФМ

На 14.11.2017 нашите младински фуд-

балски репрезентации на домашен терен играа квалификациски натпревари. Maкедонската фудбалска репрезентацијата U21 играше против Австрија квалификациски натпревар за пласман на Европско првенство U21, а Репрезентацијата U19 играше против Лихтенштајн за пласман на Европско првенство U19. Покрај овие два натпревари имаше уште еден квалификациски натпревар од групата за пласман на Европско првенство

U19 Швајцарија - Белгија. Фудбалските натпревари се играа истовремено од 13.00ч на различни терени. Сите три натпревари Неуромедика медицински ги обезбедуваше со своите мобилни екипи на терен. Трите фудбалски натпревари се обезбедуваа со: 5 санитетски возила, 3 медицински соби и 9 медицински тимови. Медицинските тимови беа составени од доктори специјалисти (ортопеди, физијатри), доктори општа пракса, медицински сестри и дополнителна логистика


АКУТНА МОЗОЧНА ИСХЕМИЈА-ТРЕТМАН Проф. Д-р М. Чепреганов-невропсихијатар

Tретманот при акутната мозочна исхемија има за основна цел да

ја намали артеријалната оклузија и да ја лимитира екстензијата на лезијата. Сите пациенти кои се суспектни по својата клиничка слика и почеток за акутна мозочна исхемија треба да бидат хоспитализирани во ургентен васкуларен невролошки центар. При приемот неврологот треба да го процени скорот на NIHSS (National Institut of Health Stroke Score). Во колку невролошкиот дефицит после ТИА (транзиторна исхемична атака) регредира, ризикот за дефинитивен исхемичен рецидив треба да се евалуира и процени за понатамошен третман према скорот ABCD2. Скор ABCD2 возраст крвен притисок клиника

над 60 год 1 поен над 140 mmHg 1 поен хемипареза 2 поени дисфазија, или афазија, без хемипареза 1 поен траење на симптомите до 10 минути 0 поени од 10 до 59 минути 1 поен над 60 минути 2 поени дијабет да 1 поен ___________________________________________________________________________________________ вкупно 9 поени

Према овој скор ризикот за мозочен инфаркт во првата недела е: 35% при скор од 6 поени 16,3% при скор од 5 поени и 2,2% при скор помалку од 4 поени Денес, сите специјализирани васкуларни ургентни центри во светот за евалуација на мозочен инфаркт ја користат скалата на NIHSS- National institute of Health Stroke Scorе, откако ќе се направи збир на бројни параметри: хемограм, гликемија, јонограм, хемостаза, Д-димери, тропонин, хемокултура во колку постои фебрилност, или кардијална валвула, ЕКГ, со тоа што секогаш треба да биде припремен венозен пристап на здравата страна. Во првиот час од приемот треба да се направи КТМ без контраст (за да се елиминира крварење), МНР за анатомо морфолошка евалуација на паренхимот, секогаш со diffusion imaging, како и ангио МНР за студија на крвните садови во Вилисовиот полигон. Во колку МНР не покаже акутна исхемија, тогаш во прашање е ТИА. Но, доколку се покаже дека е акутен мозочен инфаркт, а не поминале 4 часа и 30 минути од почетокот на клиничката слика, можно е да се направи тромболиза преку интравенозен пат, со ткивен плазмоген активатор: Actylise-alteplase за реканализација на оклудираната артерија(тромболиза преку интра-венозен пат)

PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE

11


ACTYLISE (ALTEPLASE) Пакувања: во флакони Алтеплаза во прашак од 10 mgr (5,8 MUI) 20 mgr (11,6 MUI) и 50 mgr (29 MUI) mgr со солвенс од 10 ml

Индикации:

- тромболитичен третман во акутната фаза на миокарден инфаркт, максимум до 6 часа од почетокот на симптомите, најдобар ефект до 90 минути од почетокот, - тромболитичен третман после масивна акутна пулмонална емболија со хемодинамска неста билност, - тромболитичен третман на акутен исхемичен мозочен акцидент, максимум до 4 и по часа со најдобар ефект во првите три часа од почетокот, под услов да нема хеморагија во инфарктната зона. Позологија: кај акутен исхемичен мозочен акцидент, идеално е до 3 часа а максимално до 4 часа и 30 минути од почетокот на симптомите да биде изведен тромболитичниот третман, кој треба да го администрира невролог во специјализиран центар за ургентен третман. Се ординира 0,9 мгр алтеплаза, за телесна тежина од околу 90 кгр (максималната доза е 90 мгр), во интра венозна перфузија за период од 60 минути, со тоа што првите 10% од перфузијата се ординираат во болус инјекција, иницијално, интравенозно. Во првите 24 часа не се советува администрација на аспирин и хепарин.

Општи контраиндикации:

Хиперсензибилитет на алтеплаза, Хеморагична дијатеза, или хеморагии сигнификативни во последните 6 месеци, Гастроинтестинални улцери, езофагијални варици, артеријална аневризма, Акутен панкреатит, Специфични контраиндикации за васкуларен исхемичен акцидент: Конвулзивен напад како симптом на почетокот на исхемичниот акцидент, Субарахноидална, или интрацеребрална хеморагија, Администриран хепарин во претходните 48 часа, Пациент со диабетес мелитус кој веќе прележал исхемичен инсулт, Интракранијална дисекција на артерија, Мала инфаркта зона, со минимален невролошки дефицит, и обратно енормна исхемична зона, на пример комплетна опструкција на артерија церебри медиа Тромбоцитопенија пониска од 100.000/ mm3, Во период од недела дена после инфаркцијата е апсолутно контраиндицирано да се прави лумбална пункција, Артеријална тензија над 185/110 mmHg Гликемија пониска од 50 mg/dl , или повисока од 400 mg/dl Тромболитичниот третман не се препорачува кај пациенти над 80 години и кај возраст испод 18 години.

Мерки на претпазливост

Actylise може да биде администрирана само од лекар невролог специјализиран за тромболитичен и фибринолитичен третман, во специјализирана установа, со перманентна екипа и можности за реанимација.

12


За цело време на тромболитичниот третман потребно е мониторирање на виталните функции, посебно на пулсот и тензијата, Во период од 4 часа после и.в апликација на алтеплаза, не треба да се ординираат хепарин, ниту антиагреганти, Исто така не се препорачува тромболитичен третман за време на бременост и доење, Споредни ефекти (секундарни појави): хеморагии (интракранијални, гастроинтестинални, урогенитални, во тие случаи веднаш треба да се прекине тромболитичниот третман, наузеа и повраќање, хипотензија, ренална инсуфициенција и пулмонален едем. Фармакодинамика Алтеплазата е гликопротеин кој ја активира биотрансформацијата на плазмогенот во плазмин. Непосредно после и.в администрација, алтеплазата останува релативно инактивна.Таа се активира после врзувањето со фибринот, со кое врзување настанува конверзијата на плазминогенот во плазмин, предизвикувајќи на тој начин дисолуција на фибринот во тромбот. Нивото на реваскуларизацијата на тромбозираниот крвен сад е значително повисоко со алтеплаза, отколку со стрептокиназа, во првите 60 до 90 минути после тромболизата. Во ист контекст смртноста во првите 30 дена на студија од 400 000 пациенти со срцев инфаркт со алтеплаза е 6,3%, со стрептокиназа 7,3 %. Алтеплазата од 100 мгр го намалува нивото на фибриногенот кој циркулира дури до 60% за период од 4 часа саати, а 80% за период од 24 часа саати, фактор кој ја генерира можноста за крварење. Концентрацијата на плазминогенот и алфа 2 антиплазминот се намалуваат за 20 до 35% во првите 4 часасаати после третманот, но повторно се покачуваат до 80% во првите 24 часа саати. Само кај мал број на пациенти фибриногенот кој циркулира останува намален и после 24 саати. Фармакокинетика Брзо се елиминира од крвната циркулација, плазматскиот полуживот е 4 до 5 минути, така што после 20 минути, помалку од 10% од иницијалните вредности уште се присутни во плазмата. Никако не смее да се меша со други лекови, посебно во никој случај со хепарин. Општи правила: алтеплаза (actilyse) се аплицира 0,9 mgr/kgr (максимално 90 mgr) и тоа 10% од дозата во 1 минута во болус инјекција (преку веќе поставениот интравенозен систем), другите 90% се аплицираат за период од 90 минути. По правило максималниот период за апликација на алтеплаза е 270 минути после појава на симптомите, по претходно поставена сигурна дијагноза дека етиолошкиот фактор е од тромботична природа. Надгледувањето на виталните функции е за цело време од 16 часа после администрацијата на алтеплаза, а за период од 24 часа никако и во никој случаи не смее да се ординира друг антитромботичен третман.

Превенција на рани исхемични рецидиви Третман со плакетарни антиагреганти Треба да се започне најбрзо после дијагностицираната артеријална тромбоза, а најмалку 24 часа после извршената тромболиза, по предуслов да нема контраиндикации за администрација на плакетарни антиагреганти. Администрација: аспирин од 160 до 300 mgr/на ден пер ос. Во колку постои контраиндикација за аспирин (алергија, гастродуоденален еволутивен улкус, тогаш се ординира Плавикс (клопидогрел) од 75 mgr и тоа на почетокот 4 тбл. одеднаш, а потоа 1 тбл/ден, или синетра на Алкалоид од 75 мгр или Зилт асоцијацијата на аспирин и Плавикс (или синетра) во случаите на исхемични рецидиви кај пациенти со атероматозни стенози кај кои неможе да биде извршена ендартериектомија, или кај пациенти со мозочна ангиопластика, направена ургентно со вградување на стент. PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE

13


Антикоагулантен третман Индикации: -во сите случаи на ТИА, или многу минимален конституиран исхемичен акцидент, секогаш свесни за ризикот на хеморагична трансформација, -аурикуларна фибрилација, -кардиопатии со висок ризик за емболии, заради механичка валвуларна протеза, интракардијални тромбуси, митрална ревматична валвулопатија, -атероматозни стенози со дисекција, или атероми со пореметена интракранијална хемодинамика, и -мозочни венозни тромбози Контра-индикации: -пореметено сознание, -скор од 15 према NIHSS- National institute of Health Stroke Scorе, -масивен инфаркт, -хеморагија, видлива на КТМ, -инфективен ендокардит, -миксом (локализиран лево) -и сите други контраиндикации за антикоагулантната терапија Администрација: -HBPM- Heparine de bas poids moleculaire (хепарин со ниска молекуларна тежина), дозажата зависи од anti-Xa активноста, дали постои ренална инсуфициенција и која е староста на пациентот ( цел од 0,5 до 1), или -стандарден хепарин по интравенозен пат, во колку постои контраиндикација за HBPM, -во првите денови, ако постои контраиндикација за HBPM, се администрира Calciparine субкутано и тоа 2 до инјекции дневно, за да се добие TCA (temps de céphaline activée- време на активен цефалин) помеѓу 1,5 и 2, -во колку е направена тромболиза во првите 24 часа не се ординираат антикоагулантни средства, -за цело време на антикоагулантниот третман потребна е клиничка опсервација на пациентот и тоа на: NFS (Numeration formule sanquine-нумерација на крвната формула) и на хемостазата преку TCA и anti-Xa активноста, како и клиренсот на креатининот, особено кај пациенти над 75 годишна возраст. -при случаи на ТИА, или минимален конституиран исхемичен акцидент, без хеморагична трансформација, од првиот ден може да се ординира AVK (antivitamin K-Coumadine), со контрола на INR(International Normalized Ratio) со цел помеѓу 2 и 3, -зво колку клиничката слика е стабилна и нема хеморагична трансформација може да се ординира аспирин и HBPM- Heparine de bas poids moleculaire (хепарин со ниска молекуларна тежина). Конечно, можен е и неврохируршки третман и тоа декомпресивна краниектомија во првите 24 до 48 саати при масивен инфаркт во иригационото подрачје на артерија церебри медија, после крајно сериозна колегијална дискусија и одлука, или кај пациент со скор од 16 према скалата на NIHSS, како и кај пациенти со пореметено сознание од првите саати и волумен на инфарктот над 145 см3, дијагностициран со дифузија на МНР и вентрикуларна екстерна деривација, или краниектомија со окципитална декомпресија кај церебеларни масивни инфаркти со едем и компресија врз малиот мозок.

14


Скопски Маратон Neuromedica е спонзор и официјална болница на Скопски Маратон , најмасовниот спортски настан на Р. Македонија. Neuromedica со 4 медицински тимови составени од доктор, медицинска сестра и возачи го обезбедуваше настанот на кој земаа учество околу 10.000 натпреварувачи .

За потребите на организацијата на маратонот Neuromedica обезбеди 4 мобилни и 1 стационирана екипа за непрекинато одвивање на маратонската трка која се одвиваше по главните улици на Скопје . Брзите и навремени интервенции на медицинските екипи допринесоа да нема сериозни последици кај натпреварувачите и

можеме да кажеме дека сите натпреварувачи кои беа на интервенција беа успешно згрижени . Покрај медицинското обезбедување Neuromedica имаше и свои 6 преставници на трката на 5км. Neuromedica како општествено одговорна институција целосно ги подржува ваквите настани кои го потикнуваат спортскиот и здравиот начин на живот кај луѓето.

PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE

15


ЖЕЛЕЗО-ДЕФИЦИТНА АНЕМИЈА–ПРИЧИНИ, СИМПТОМИ, ДИЈАГНОЗА, ТРЕТМАН И ПРЕВЕНЦИЈА

Анемија или слабокрвност е состојба

која настанува кога во крвта ќе се јави намален број на црвени крвни зрнца (еритроцити) или намалена концентрација на хемоглобин. Хемоглобинот претставува главен составен дел на црвените крвни зрнца чија улога е да го носат кислородот до клетките. Затоа, доколку има намален број црвени крвни зрнца или намалени вредности на хемоглобинот, клетките во телото нема да бидат во можност да добиваат доволно кислород. Постојат различни типови на анемија, но една од најчестите е железо-дефицитна анемија или сидеропенична анемија. Како што и самото име укажува, железо-дефицитната анемија се јавува заради недостаток на железо во организмот. Како резултат на тој недостаток, се нарушува создавањето на хемоглобинот. Постојат различни причини за појавување на железо-дефицитната анемија. Најчестите се: Губиток на крв – Со секое губење на крв од организмот, се губи и одредена количина на железо. Чест пример за тоа се обилните менструални крварења кај жените, како и миоми на матката. Постои и бавна, хронична крвозагуба, најчесто од нелекуван пептичен улкус, хиатална хернија, полип на дебелото црево, карцином на дебело црево, хемороиди. Земање на одредена терапија, како антикоагулатни или нестероидни антиинфламаторни лекови, го зголемуваат ризикот од гастроинтестинално крварење и губиток на крв преку столицата. Намалено внесување на железо преку исхраната - Одредена храна, како месо, јајца, зелјести растенија, јаткасти плодови се богати со железо, па намаленото внесување, заради разичини причини како диети или модифицирана исхрана, доведува до намалено внесување на железо во организмот. Намалена апсорбција на железото во дигестивниот тракт – одредени состојби како Целијакија како и хируршки ре-

16

секции и премостувања на дел од тенкото црево, можат да доведат до намалена апсорбција. Бременост – железо-дефицитната анемија кај бремените жени се јавува најчесто во случај на несоодветно примање на додатоци на железо во исхраната. Зголемената потреба за продукција на хемоглобин за жената и мајката, доведува до трошење на резервите на железо При одредени паразитарни цревни болести – во таков случај, паразитите кои се развиваат во интестиналниот систем, го користат внесеното железо преку исхраната. Првично, железо-дефицитната анемија може да биде во блага форма и да не предизвикува тегоби и симптоми. Но, како се намалува концентрацијата на железото и анемијата се влошува, така се јавуваат и поизразените симптоми. Во најчести симптоми спаѓаат: голем замор, слабост, омалаксаност, бледило на кожата и слузокожите, главоболки, вртоглавици, градни болки, забрзано срцебиење, глад за воздух, ладни стопала и раце, кршливи нокти, воспаление и оток на јазикот, отуство на апетит, синдром на немирни нозе итн. Битно е да се напомене, дека одредени групи од популацијата се посебно склони кон развивање на железо-дефицитна анемија. Жените се со зголемен ризик,


заради губитокот на крв во менструалните циклуси. Децата, особено предвремено родените, или деца кои не примаат доволно железо преку мајчиното млеко или млечните формули се исто така со зголемен ризик од развој на железо-дефицитна анемија. Тука спаѓаат и вегетаријанците и веганите, заради намалено внесување на храна богата со железо. Луѓе со болести на дигестивниот систем, кај оваа група апсорпцијата на железото е побавна и поради тоа тие тешко ги примаат препорачаните дневни потреби за железо. Поставувањето на дијагноза секогаш треба да биде од страна на доктор. Постојат неколку критериуми, врз кои се дијагностицира железо-дефицитната анемија. Потребно е да се направат лабораториски анализи, во кои се битни следните параметри: Големината на еритроцитите и нивната боја (кај железодефицитната анемија, еритроцитите се помали и побледи во боја), хемоглобин, хематокрит,ниво на серумско железо, феритин (кај сите вредностите се намалени).Освен горенаведените, постојат и други лабораториски параметри кои се значајни во дијагностицирањето на железо дефицитната анемија. Во случај на сомневање на друго заболување кое ја предизвикува железо-дефицитната анемија, може да бидат наложени и други дијагностички испитувања, како, гастроскопија за да се исклучи крварење од горнодигестивниот тракт, потоа колоноскопија, да се исклучат промени на слузницата на дебелото црево, како и употреба на ултразувкот особено при сомневање на гинеколошка причина за железо-дефицитната анемија. Од кога ќе се исклучат одредени болести кои доведуваат до железо дефицитна анемија, потребно е да се започне со нејзин третман. Во случај на постоење на првично заболување, најчесто од гинеколошка и гастроинтестинална природа, потребно е да се лекува основното заболување, за соодветно да се поправи и излекува и железо- дефицитната анемија. Од страна на вашиот доктор, може да бидат препорачани препарати кои се на основа на железо, кои имаат цел да го намалат недостатокот и да го пополнат депото на железо во организмот. На пазарот по-

стојат различни препарати, но потребно е да се внимава на концентрацијата на железо во дозата на препаратот, за да се постигнат соодветни резултати. Затоа, при дијагностицирана железо-дефицитна анемија, потребно е да се следат препораките и дадениот третман од докторот, бидејќи самоординирање на препарати од страна на пациентите, може да биде неефективно во третманот или па и штетно доколку се примаат поголеми дози на железо од тоа што е потребно. Најчестите совети се- да се земаат препишаните таблети на гладно, со таблетите треба да се земе и витамин Ц бидејќи ја подобрува апсорпцијата на железото, да не се консумираат млеко и млечни производи веднаш после таблетата, бидејќи имаат својство да го врзат железото и како такво да го исфрлат со столицата. Земањето на препаратите со железо може да доведат до отежнато празнење како и црна столица. Траењето на третманот мора да биде определено од доктор. Генерално, терапијата треба да се прима во подолг временски период, за да се исполнат резервите на железо во организмот. Треба да се следат советите на лекарот, за навремени и редовни лабораториски контроли, со цел следење на ефектот од третманот. Железо- дефицитна анемија лесно може да биде избегната ако консумирате доволно храна богата со железо како свинскиот црн дроб, говедските бубрези, црвеното месо, рибата, брашното, јаткастите плодови, гравот и жолчката од јајце. Храна богата со железо е и спанаќот, леќата, јагодите, кивите, карфиолот, брокулите, компирите, доматите. Кога консумирате храна богата со железо, избегнувајте чај, кафе, млеко и соја, затоа што тие го спречуваат апсорбирањето на железото. Калциумот исто така ја спречува апсорпцијата. Затоа, ако примате дополнително минерали надвор од исхраната, избегнувајте ја комбинацијата железо-калциум. Секогаш кога консумирате храна богата со железо, за да ја подобрите апсорпцијата, консумирајте и храна богата со витамин Ц, како сокови од цитрусни плодови (портокал, грејпфрут), овошје (јагоди, кајсии, киви) или пак зеленчуци (брокули, домати). Др. Стојковска PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE

17


ПРИКАЗ НА СЛУЧАЈ (ST.POST RHINOSEPTOPLASTICAM. MUCOCELLA BASEOS NASI L.SIN)

Голем број на пациенти доѓаат во ОРЛ ор-

динациите да бараат совет или консултација како да го решат функционалниот проблем со отежнато дишење на нос поради DSN,или пак се заинтересирани за промена на изгледот на нивниот нос од естетски причини или пак и од естетски и од функционални причини.Но одреден број пациенти се јавуваат на преглед и поради компликации настанати после хируршка интервенција на носот.Таквите пациенти претставуваат уште поголем предизвик за дополнително дијагностицирање и ако е можно решавање на проблемот. Приказ на случај: Пациентка на возраст од 44 години се јавува на преглед со анамнестички податок дека често пати од левата страна на базата на носот се појавува безболен,мекоткивен оток. При тоа ако се прави масажа или благ притисок од надворешната страна,отокот се намалува но после извесно време пак отекува. Во детската возрзст имала траума на носната пирамида,силен ненамерен удар со лакт на час по физичко воспитување,проследено со јаки болки кои заостанале неколку недели по повредата и со иницијално обилно крварење од нос што престанало после 20 минути.Во тој момент ОРЛ преглед не бил направен.Како одминувало времето од повредата се појавило отежнато дишење на нос.Кога после неколку години од повредата е направена консултација со специјалист по ОРЛ била советувана хируршка интервенција.Реализирана е рино-

18

септопластика на возраст од околу 25години. Податоци за интервенцијата како и отпусно писмо немавме во прилог.Проблемот со дишењето се решил но како одминувало времето,естетскиот момент не задоволувал бидејќи на коренот од носот поткожно се забележувале коскени фрагменти кои ја подигаат кожата и го огрубуваат изгледот на коренот од носот. Подоцна почнува да се појавува и оток од левата страна на базата од носот што понекогаш се шири и под левото око. На ОРЛ преглед:Отоскопски наод уреден обострано.Фибернасофарингоскопија:лесно едематозна слузница во cavum nasi со нормална пребоеност и влажност и добар воздушен столб обострано,без знаци за воспалителни промени.На инспекција и палпација на носот од левата страна во предел на базата се забележува мал,мекоткивен оток,без хиперемија,безболен на палпација.На дорзумот се забележуват и се палпираат мали коскени фрагменти .Орофарингоскопија и аудиометрија:б.о.(Во прилог слика) Направен КТ на нос и ПНС. Наод:Состојба после риносептопластика,со постоперативен дефект на носната пирамида десно со фрактурирана и деформирана коскена база со повеќе ситни коскени фрагменти.Присустен и надворешен мекоткивен оток на базата на носот од левата страна.ПНС уредни.Екстракранијално окципитално десно постои остеом на широка основа со димензии 25x10mm.(Во прилог слики) Но од КТ сепак не можеше да се утврди што всушност се случува и како се формира тој мекоткивен оток,кој со притисок очигледно некаде се дренира штом се намалува. По предлог на Проф.Д-р.М.Врчаковски еминентен стручњак во областа на радиологијата беше предложено да се направи МРИ на мозок и


мација е составена од носна слузница во која има жлезди кои лачат секрет и затоа се полни со течност која што го прави тој мекоткивен оток.А потоа со притисок или блага масажа како што правела пациентката се дренира во cavum nasi.Нормално поради лесна хипертрофија на слузницата на тоа место,таа комуникација гледано ендоскопски воопшто не е воочлива. Th: Направена тоалета на носот со :Sol.NaCl 0,9% (со препорака да продолжи и во домашни услови) Spray Operil (oxynethasolinum,decongestive) S.3x2pff во нос/5 дена Caps.Serrapeptase S.1x1/10 дена наутро /пред јадење(со цел да се подобри процесот на дренажа) 3D CISS. Наод од MRI мозок:На нивото од коренот на носот лево субкутано се гледа цистична формација исполнета со погуста течност со карактеристики на слуз(мукоцела) остро ограничена од околината со дијаметар од 9mm. Истата предизвикува проминенција на кожата на тоа ниво.Наодот упатува на мукоцела од посттрауматска природа.Останат наод уреден.(Во прилог imaging foto) Но комуникацијата на мукоцелата со cavum nasi,исто беше дететктирана со што беше објаснето како таа се полни а и делумно се дренира со притисок.Поради дефектот на коскеното ткиво на носните коски доаѓа до проминирање на слузницата на носот преку дефектот и до формирање на една пролабирана,цистична формација.Таа цистична фор-

Даден совет и закажана контрола за 10 дена. После 10 дена состојбата беше видливо подобрена но за комплено решавање е потребен хируршки третман. На крај кога веќе беше позната причината и беше предложено на пациентката консултација со пластичен хирург и хируршки третман што таа категорично го одби затоа што целта на нејзиното доаѓање на преглед било поради страв да не се работи за нешто сериозно. Штом дозна дека нема никаква итност во ситуацијата,со чувство на олеснување и презадоволна од егзактната дијагностика реши да остане ситуацијата во status quo. Др.Маринела Малинова, Специјалист Оториноларинголог Проф.Д-р. Миодраг Врчаковски, СпецијалистРадиолог Болница Неуромедика, Скопје,Р.Македонија PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE

19


СТОМАТОЛОШКИ ИНТЕРВЕНЦИИ ВО БРЕМЕНОСТА ДАЛИ СТОМАТОЛОШКИТЕ ИНТЕРВЕНЦИИ СЕ БЕЗБЕДНИ ВО БРЕМЕНОСТА? Ова е често прашање што го поставуваат идните мајки, а најчесто постои страв дека истите можат да му наштетат на плодот и максимално се избегнуваат. Редовните прегледи и чистењето забен камен не само што не се штетни, туку се особено препорачливи. Промената на нивoтo на хормони во крвта, предизвикува отекување на непцата, т.е. гравидарен гингивит и тоа доведува до задршка на остатоци од храна и зголемена иритација. Тоа доведува до инфекција во усната празнина. На тој начин, редовните прегледи и чистење на забниот камен и наслаги, ќе превенира против орална инфекција и можни компликации во бременоста.

КОГА Е НАЈДОБРО ДА СЕ ОДИ НА СТОМАТОЛОГ ЗА ВРЕМЕ НА БРЕМЕНОСТА? Второто тромесечје е идеален период за посета на стоматолог. Првото тромесечје во кое се одвиваа органогенезата е најдобро да се избегне, со оглед на тоа, дека токму тогаш се случуваат најголем број на спонтани абортуси. Интервенции може да се извршат и во третото тромесечје, но се избегнуваат поради потешкотиите на трудниците кои ги имаат при лежење на грб и долготрајноста на интервенцијата, што може да доведе до дополнителни отоци.

АНЕСТЕЗИЈА ВО БРЕМЕНОСТА Постојат повеќе студии и истражувања за дејството на анестетиците врз плодот и докажано е дека Лидокаинот, еден од најупотребуваните анестетици во стоматологијата, не ја поминува плацентарната бариера и е безбеден за употреба. Значи, анестезија може да се аплицира, што го зголемува комфорот кај идната мајка и го редуцира стресот од болка при интервенција. 20


АЛЕРГИЈА – ШТО СЕ ТРЕБА ДА ЗНАЕМЕ

Што е алергија ? Алергијата претставува прекумерна реакција на организмот на специфична/и , вообичаено нештетна супстанција, или повеќе супстанции, познати како алергени, дури и кога се присутни во ниски концентрации. Алергијата е предизвикана со реакција на сопствениот имунолошки ( одбранбен) систем, кој нормално го штити телото од различни заболувања на тој начин што создава антитела кои се борат против бактерии, вируси и клици. Меѓутоа, во случај кога едно лице има алергија, имунолошкиот систем реагира прекумерно и се обидува да го заштити организмот од инаку неопасните материи кои се наоѓаат во природата. Кај луѓето кои не се алергични, имунолошкиот систем ги меморирал алергените како безопасни супстанции, и поради тоа ништо не се активира при повторниот контакт со нив. Кај алергичните лица имунолошкиот систем реагира бурно како да станува збор за инфекција, при што настануваат алергиските симптоми. Што ги предизвикува алергиите? Алергиската реакција ја предизвикуваат супстанции од нашата непосредна средина, познати како алергени. Алергените најчесто содржат протеини , како и храната што ја јадеме. Протеините се органски материи кои се состојат од водород, кислород и азот, и се важен дел од сите живи организми. Исто така постојат и непротеински алергени кои се составен дел од пеницилинот и други лекови. За да непротеински алерген предизвика алергиска реакција, мора да биде поврзан со протеинска молекула откако ќе биде внесен во организмот. Кај лицата каде имунолошкиот систем смета дека алергенот е штетен за организмот, произведува антитела (IgE) кои го напаѓаат алергенот. Проце-

сот понатаму активира низа биохемиски реакции кои предизвикуваат ослободување на медијатори на воспалението од клетките- мастоцитите и доевдува до алергиски одговор на организмот кој се манифестира со иритација, воспаление и крајно со појава на симптоми на алергија. Во понатамошниот тек се поттикнуваат низа дополнителни биохемиски реакциии во кои главна активност ја имаат мастоцитите и еозинофилите. Се ослободуваат и активираат медијатори на воспалението како што се хистамините, простагландините и леукотриените и при тоа настануваат симптомите на алергиската реакција. Алергените може да бидат различни, но најчестите се: • Домашна прашина и грини, • Животински Влакна и пердуви, • Полен од дрвја, треви и плевел, • Спори од мувли, • Одредени видови храна, вклучувајќи млеко, • Лекови, • Екскрети , отрови од артроподи и инсекти. Какви видови на алергии постојат? Во алергиски болести најчесто се вбројуваат : 1. Алергиски заболувања на дишните органи: • алергиски ринитис (повремен и континуиран), • алергиска астма, 2. Алергиски заболувања на очниот апарат: • алергиски конјуктивитис, 3. Алергиски кожни заболувања: • уртикарија, • атопичен и контактен дерматитис, 4. Други алергиски болести: • алергија на храна • алергии на инсекти отров • алергија на вакцини и лекови Некои алергиски реакции може да предизвикаат анафилактичен шок и да имаат фатален исход кај преосетливите лица. Кои се најчестите симптоми на алергии? Најчестите симптоми на алергиската реакција во горниот респираторен тракт (алергиски ринитис) се : носна опструкција, ринореа, кивање, чешање на носот, чешање и солзење на очи. Најчестите симптоми на воспалителните реакции во долните дишни патишта (астма) се надрзаителна сува кашлица, свирење при дишење и недостаток на воздух поради спазми на бронхиите, што може да доведе до гушење. Воспалителна реакција на кожата (дерматитис) обично предизвикува кожна уртикарија. Алергијата на храна предизвикува јадеж, црвенило или осип, назална конгестија, грчеви во желудникот, повраќање, дијареа, па дури и проблеми со дишењето.

PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE

21


На 29.11.2017 во Конгресната сала на

Соборен Храм “Св. Климент Охридски” – Скопје се одржа јубилејниот 10-ти Неуромедика Симпозиум. Симпозиумот како и сите претходни беше со голема посетеност од страна на стручната лекарска фела. На овој настан имаш над 200 доктори слушатели кои со задоволство ги проследија стручните теми на предавачите. Симпозиумите на Неуромедика се официјално најпосетени медицински едукативни настани во Р. Македонија со над 1700 учесници. На Симпозиумот предавачите ги презентираа своите теми кои беа во областа на неврологијата, неврорадиологијата и ортопедијата. Темите и Симпозиумот беа поддржани и акредитирани од Лекарската комора на Република Македонија со 12 бодови за предавачите и со 8 бодови за слушателите.

22

На 10-от Неуромедика Симпозиум предавачи и теми беа еминентните професори: Проф. Д-р Методи Чепреганов специјалист невропсихијатар и епилептолог на тема “Status Epilepticus ” Проф. Д-р Миодраг Врчаковски - специјалист неврорадиолог на тема „ Унилатерална, тригеминална, мандибуларна моторна невропатија“ Проф. Д-р Ѓорѓе Зафироски - ортопедски хирург и трауматолог на тема “Скелетна туберкулоза кај деца” На Симпозиумот за прв пат имавме надворешни автори и предавачи на тема од неврохирургијата. Авторската тема “Хируршко лекување на епилепсијата” на Проф. Д-р Јовица Угриновски ја презентираше Спец. Д-р Љуљзим Агаи. Неуромедика – 25 години Партнер на Вашето здравје www.neuromedica.com.mk



АКУТЕН СКРОТУМ – НАЈЧЕСТИ ПРИЧИНИ, ДИФЕРЕНЦИЈАЛНА ДИЈАГНОЗА И ЛЕКУВАЊЕ Прим. Д-р. Добрила Андоновска и Д-р. Елизабета Асенова

Т

естисите се машки, парни репродуктивни жлезди во кои се создаваат машки полови клетки (сперматозоиди) и машки хормони, примарно тестостерон. Анатомски се сместени во скротум, во кој висат на семена врпца (funiculus spermaticus). Анатомија на тестис Настанувањето и клиничката манифестација на акутен скротум се должи на неколку заболувања на тестисите: торзија на тестис, торзија на апендикс на тестис, акутен епидидимитис, орхитис, хидроцела, хематоцела, варикоцела, тумор на тестис, акутен ангионеуротски едем на скротумот кај деца, убод на инсекти кај деца, постоење на ингвинална хернија и оток во скротумот од различна етиологија/траума. Сличната симптоматологија и клиничка слика бара добро познавање на сите причинители и добра диференцијална дијагноза од едно до друго акутно заболување на тестисот. ТОРЗИЈА НА ТЕСТИС (Torsio testis) представува акутна васкуларна инсуфициенција која настанала со увртување на васкуларната петелка околу својата оска. Стазата е венска, но може да биде и артериска. Торзијата на семената врвца најчесто се јавува кај мажи помлади од 30 години, додека најголема зачестеност е на возраст од 13-14 години, како и кај новороденчиња. Торзијата почесто се јавува на левата страна, додека билатералните (обостраните) случаи се јавуваат кај 2% од сите торзии. Торзијата може да биде екстравагинална и интравагинална. Можна е фамилијарна предиспозиција. Торзија на тестис Причините за оваа состојба може да бидат бројни: подвижен тестис поради вродени аномалии на тестисите од типот на аномалии на туника вагиналис, долг фуникулус, плиток скротум, мал тестис, понатаму следат повреди, спортување, хормонски отстапувања (високи количини на тестостерон), бактериски и вирусни инфекции (компликација при заушки), ниска надворешна температура и тн. Торзија-

24

та настанува нагло и е пратена со оток, црвенило, модрици на кожата на скротумот, болка на тестисот, кој е високо поставен во скроталната кеса, загубен кремастеричен рефлекс, болка во стомакот, мачнина, повраќање, покачена температура и тн. Кај новороденчињата, извртениот неспуштен тестис ја имитира клиничката слика на вклештена препонска кила. Дијагнозата се поставува врз анамнестички податоци, клинички преглед и дијагностички методи (класичен ултразвучен преглед, колор-доплер ултразвук и сцинтиграфија на тестисот). Во протоколот за лекување е јасно нагласено дека: ,, Етиологија на акутна тестикуларна болка кај деца во развој е торзија на тестис, додека не се докаже спротивното”. Хируршката интервенција е итна, со деторквација (одмотување) на тестисот и фиксација на двата тестиса. Задоцнетата хируршка интервенција доведува до гангрена на тестисот, со последователна орхидектомија (отстранување на тестисот). ТОРЗИЈА НА АПЕНДИКС НА ТЕСТИС (торзија на тестикуларниот апендикс или Моргагниева хидатида) претставува увртување околу својата петелка на мали продолжетоци – апендикси кои се во вид на полипи. Ова е најчеста причина на акутен скротум на деца во пубертет. За разлика од торзијата, оваа состојба не е итна, потребно е да се постави диференцијална дијагноза и се лекува конзервативно. Торзија на апендикс на тестис ТУМОРИ НА ТЕСТИС најчесто се јавуваат кај младата популација од 15-40 годишна возраст, поради што се од особен интерес и е потребно нивно рано откривање и лекување. Од тие причини, секое зголемување на тестисот, оток, палпабилно чворче или болка во тестисот бара детален преглед во смисла исклучување на можен карцином на тестис. Како предиспонирачки фактори за настанување на карцином на тестис во литературата се среќаваат: крипторхизам, Клинфелтеров синдром, изложеност на штетно влијание на нафта, плин, алкохол, пушење, но и траума (повреди) на тестисот. Тумор на тестис Карциномите на тестис се делат на семиноми (застапени во 40%) и несеминоматозни карциноми (карцинома ембрионале, Yolk Sac Tumor, хориокарцином и тератом), од кои најчесто се среќава тератомот. Дијагнозата се поставува со ултразвук со колор доплер, одредување на вредности на HCG, алфа фето протеин – AFP и лактат дехидрогеназа – LDH, како и биопсија на туморската промена. И поред малигнитетот, раното откривање, оперативното отстранување на тестисот – орхидектомија, примената на хемотерапија и радиотерапија резултираат со потполно излекување во 85% - 100% од случаите (во просек 95%). ПОВРЕДИ НА ТЕСТИСИТЕ, СКРОТУМОТ И АДНЕК-


СИТЕ се многу чести иако тестисите не се фиксирани во една положба и нивната подвижност им овозможува релативна заштитеност при удар. Полесни повреди можат да настанат при опчекорување, јавање и стегање со нозете, додека потешки повреди настануваат при удари при разни несреќи, тепачки, спортски повреди и самоповредување. Постојат два типа на повреди – затворени и отворени. Затворените повреди настануваат при удар со тап предмет. Во зависност од силината на ударот постојат контузии на тестисот и руптура на тестисот. Контузиите на тестисите можат да бидат полесни каде ткивото на тестисот е само делумно оштетено и постои и мал крвен подлив. Ваквите повреди се лекуваат со облоги со бурова вода, елевација на тестисите и мирување. Појаки контузии можат да доведат до појава на поголемо крварење во ткивото на тестисот, а бидејќи тестисот е обвиткан со цврста обвивка таканаречена туника албугинеа притисокот во внатрешноста на обвивката расте и го оштетува ткивото на тестисот уште повеќе. Ваквата состојба е многу болна и во тој случај потребно е преку мала инцизија на тестикуларната обвивка да се отстрани крварењето. Руптурите на тестисите настануваат при јаки удари и нагмечувања. Крвта од повредениот тестис се слева во скроталната кеса и хормира голем хематом. Ваквите повреди мора да се згрижат хируршки. Преку рез на скротумот се доаѓа до тестисот, се отстранува оштетеното ткиво, се прави хемостаза и се затвара туника албугинеа. Скротумот се дренира. Оперативното лекување се надополнува со антибиотска терапија и аналгетици. Отворените повреди на тестисот се секогаш пратени со отворени повреди на скротумот. Ваквите повреди секогаш се збринуваат хируршки. После отстранувањето на некротичното тестикуларно ткиво и хемостазата, се затвараат тестикуларните обвивки се дренира и се затвара скротумот. Антибиотската и аналгетската терапија е задолжителна. После сите поголеми повреди на тестисите може да настане фиброзирање и атрофија на тестисите со што се губи нивната функција во сперматогенезата. Сепак, тестисите поседуваат и голема способност за реституција, па пожелно е да се сочуваат дури и многу оштетени тестиси. ВОСПАЛИТЕЛНИ ЗАБОЛУВАЊА НА ТЕСТИСИТЕ И АДНЕКСИТЕ се среќаваат кај сите возрасни групи. Неспецифичните воспаленија на тестисите и аднексите настануваат поради инфекции со грам-позитивни и грам-негативни бактерии и вируси. Ваквите инфекции настануваат по хематоген пат, односно преку крвта при општи инфекции на организмот како што се епидемиски паротитис (заушки), шарлах, сипаници, тифус, грип и септични процеси; понатаму по лимфен пат и по каналикуларен пат при инфекции локализирани во уретрата, простатата и семените кесички. Исто така инфекција може да се пренесе при некои инструментални зафати како што е цистоскопија или поставување уринарен катетер. Воспаленијата на епидидимисот најчесто настануваат при постоење на уретритис и простатитис,

застој на мокраќата со инфекција, после простатетктомија или ресекција на простатата или при гонороична инфекција што во денешно време е ретко благодарение на успешното лечење на гонорејата со антибиотици. Симптомите на акутниот епидидимитис се јака болка во предел на скротумот, задебелување на епидидимот, црвенило и оток. Во повеќето случаи се јавува и покачена температура со треска. Воспалението на епидидимот може, но и не мора да се пренесе на тестисот. Ако не се лекува може да предизвика загнојување и појава на апсцеси кои се лекуваат хируршки. Диференцијалнодијагностички треба да се мисли на торзија на тестисот особено кај млади пациенти, но понекогаш треба да се мисли и на тумор на тестисот. Лечењето е со антибиотска терапија, облоги со бурова вода, елевација на скротумот, аналгетици и антипиретици. Ако настане абсцедирање, потребно е хируршки да се интервенира. Епидидимитис Акутно воспаление на тестисите настанува како последица на пренос на инфекцијата од епидидимисот или по хематоген пат при општи бактериски или вирусни заболувања на организмот. Симптоматологијата е практично иста како и при акутниот епидидимит, односно се јавува јака болка, оток и црвенило на скротумот, со покачена телесна температура и треска. И тука треба да се мисли на торзија на тестисот кај помлади пациенти. Лекувањето е исто како и кај акутниот епидидимит со антибиотска терапија две до три недели, облоги, елевација на скротумот, аналгетици и антипиретици. Понекогаш е потребно да се даде и терапија со кортикостероиди. При абсцедирање се интервенира хируршки. Акутното воспаление на тестисот и епидидимитот може да предизвика облитерација на семените каналчиња како и атрофија на тестисот што може да доведе до азоспермија. Поради тоа потребно е да се почне навремено лекување со агресивна терапија до потполно смирување на воспалението за да не дојде до преминување на акутното воспаление во хроничен процес кој многу тешко може да се излекува. ЗАКЛУЧОК Повредите и заболувањата на скроталните органи се итни ситуации кои бараат брза дијагностика, навремена и соодветна терапија и понекогаш итна или одложена хируршка интервенција, како би се спречиле несаканите последици како што се некроза или атрофија на тестисот со негово отстранување или запушување на семените каналчиња со аспермија. Од друга страна, ненавременото откривање на туморите на тестисите доведува до ненавремено лекување со што се загрозува животот на пациентот. Заради сето тоа предходно наведено, им се препорачува на мажите и на родителите на машките деца да при било какви промени во пределот на скротумите, особено ако се пропратени со јака болка или да се опипува некаков чвор, веднаш да се јават на лекар, кој ќе ја оцени итноста и тежината на промените или повредите и ќе ги упати на соодветен специјалист, хирург или уролог.

PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE

25


Летни вагинални инфекции Д-р.Николов Ѓорги Најчеста вагинална инфекција во тек на летниот период е кандидијаза,предизвикана од габичката “Candida Albicans”,поради опаѓање на имунитетот и намалување на бактеријата која е нормален жител и ја претставува здравата вагинална флора, “Lactobacillus acidofilus”. Kога од било која причина се пореметува нормалниот вагинален баланс,доаѓа до намалување на лактобацилите,а за сметка на тоа зголемен раст на

Во тек на летниот период уживаме во

топлото време,покрај плажа,на базени,меѓутоа,воедно е и период на зачестени вагинални инфекции, заради што жените се здобиваат со симптоматологија предизвикана од бактериски ,вирусни, паразитарни и габични причинители, која захтева посета кај гинеколог. Најчесто се засегнува и уринарниот,освен гениталниот тракт. Голем дел од овие инфекции се должат на зголемената сексуална активност во овој период. Во колку се јави иритација ,болка,чешање,печење при мокрење, зачестено мокрење,вагинален или уретрален исцедок,задолжителна е посета кај гинеколог, иако повеќето засегнати мислат дека се работи за обична кандидијаза. При самиот преглед може да се утврди,по пат на земање на микробиолошки брисови ,евентуално ПАП тест,за што всушност се работи и каква ке биде насоката во терапијата ,заради елиминација на симптоматологијата и евентуалниот причинител. 26

кандида.Состојбите на имуносупресија или умунодефициенција,употреба на антибиотици,Хуман папилома вирусот како и генитален херпес вирус,состојба на Диабет,недоволен внес на течности(вода) и витамини,доведува до вагинална кандидијаза,која може да биде и сексуално пренослива.Земањето на хормонски(контрацептивни пилули),како и покаченото ниво на естроген кај трудници,може да доведе до оваа состојба. Не навременото јавување на гинеколог и отсуство на третман,понекогаш може да доведе и до сериозни последици,дури до хоспитализација и инфертилитет во зависност од типот на причинителот. Габичната инфекција од типот на Candida Albicans е лесно препознатлива по симптомите и изгледот на секретот,па често пати пациентките и на своја рака земаат антимикотици во вид на вагинални овули,креми и пер орални касули ,како и пробиотици во тек на антибиотска терапија,како превенција. Но во колку постои сомнеж и нетипична симптоматологија,треба да се посети гинеколог.


Основни начела за превенција на летните вагинални инфекции 1. Зголемување на имунитетот,како генерално ,така и локално со употреба на имуномодулатори кои во себе содржат соеви на лактобацили. 2. Употреба на витамини во вид на природни сокови и компримати што содржат Ц-витамин. 3. Носење на лесна долна облека и памучни гаќи. 4. Одбегнување на употреба на тампони,како и парфимирани сретсва за во вагина. 5. Рестриктивна посета на базени со голема посетеност и со нерегуларен систем на филтрација, како и јавни купатила, тоалети. 6. Да не се седи подолго во влажни костими за капење или на влажни пешкири. 7. Земање на доволно течност и фрекфентно уринирање. 8. Користење на презервативи. 9. Нормалната Ph вредност во вагината е од 3,5 до 4,5 односно кисела,па затоа треба да се употребуваат препарати кои содржат доволна количина на лактобацили, кои се бедем во одбраната на вагиналната слузница со што ја намалува можноста за пенетрација на патогени микроорганизми, како и зголемен раст на кандида. 10. Во аптеките може да се најдат најразлични видови на антимикотици,но нај експлоатирани се Clotrimazole во вид на крема и овули и Polygynax, кои можат дури да се подигнат и без рецепт. 11. Од имуномодулаторите ,односно од производите богати со лактобацили и бета глукани, најчесто употрeбувани се Vagisan I Zel Oxigen.

PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE

27


ТЕТРАЛОГИЈА ФАЛЛОТ Тетралогија Фалот е најчеста цијано- вентрикуларниот септален дефицт. Пулгена мана која се среќава во адултна возраст.

Постојат четири придружувани аномалии 1. Вентрикуларен септален дефект 2. Декстропонирана аорта, која зема крв од двете комори и како да јава над интервертикуларниот септум, затоа е наречена јавачка аорта 3. Пулмонална стеноза 4. Десна вентрикуларна хипертрофија Тежината на клиничката слика и прогнозата на болните зависи од тежината на пулмоналната стеноза и големината на

28

моналната стеноза во присуство на голем вентрикуларен дефцит не дозволува десната комора да се празни низ пулмоналната артерија. Големото количество крв од десната комора преминува во аортата и доаѓа во левата комора неоскигенирана. Заради тоа се јавува цијаноза која е по изразена при напор. Заради цијанозата присутна при раѓање кај потешките форми на оваа аномалија, таа се открива уште за време на раѓањето. Кај полесните форми цијанозата може да се јави само при определена активност, најчесто при плачење и хранење. Дури во тие состојби може да се јават апнеја и бессознание. Во текот на животот, како


што расте притисокот во десната комора, цијанозата може да биде поизразена, да се јави заостанување во растот, барабанести прсти со цијаноза и полицитемија како компензаторен механизам на хипооксијата на ткивата. Кај некои деца се јавува карактеристично клекнување во напор. Доколку не се реши хируршки во деството има лоша прогноза. Полесните форми неоперирани може да се сретнат во адултната возраст. Физикалниот наод покажува периферна цијаноза со барабанести прсти, а на аускултација во пред срцевиот предел се слуша систолен шум во целиот прекордум со пунктум максимум над артерија пулмоналис илево парастернално од вентрикуларниот септум дефецт. На електрокардиограмот постои оска во десно, со знаци за десна вентрикуларна хипертрофија, а подоцна може да се јават и знаци за лева вентрикуларна хипертрофија. Рентгенграфијата е со карактеристична без или со мало аортно копче, грацијална пулмонална артериа со дискретна белодробна васкуларна шара и дигнат врв на срцето над левата купола над дијафраг-

мата. Овие карактеристики даваат специфичен изглед на срцето, како дрвена кломпа. Ехокардиографијата ни ја открива и проценува тежината на аномалијата, а со тоа може да се постават и индикации за оперативно лекување. Срцевата катетеризација не се индицира кај секој пациент. Резервирана е кај определени нејаснотии, кои со ехокардиографијата со сигурност не можат да се проценат. Медикаментозната терапија обично е симптоматска. Пациентите со ова аномалија имаат индикација за оперативно лекување уште во најраната возраст. Кај пациентите кој се наврме оперирани и комплетно корегирани, можат да водат нормален живот. Доколку се работи за тешка Тетралогија Фаллот се изведува некоја од палијативните интервенции анастомоза на левата субклавија со пулмоналната артерија, анастомоза на десната гранка на артерија пулмоналис и асцедентна аорта или анастомоза на левата пулмонална артерија со десцедентна аорта.Тие преставуваат мост до комплетно решавање на аномалијата. PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE

29


АГОРАФОБИЈА Спец. Д-р Симеон Могилевски - психијатар во Неуромедика како што се големите трговски центри, театри, концертни сали и др. Посебноста на растројството го прави и постоењето на интензивен страв од возење во автобусите, возовите и др. средства на јавниот собрајќај, со исклучок на такси превозот. Степенот на фобичен страв може да биде со различен интензитет и да го онеспособи субјектот во нормалните социјални и професионални ангажмани, бидејќи болниот од агорафобичните стравувања се брани со неизлегување од својот дом.

А

ГОРАФОБИЈА - потекнува од грчките зборови Agora (плоштад) и Phobos (страв). Агорафобијата се карактеризира со интензивен фобичен страв од јавни места и од места на кои добивањето медицинска помош, во случај на потреба е отежнато-широки и отворени простори, како што се плоштадите, автопатиштата, мостовите, големи затворени простори

30

Стравот речиси секогаш има димензии на паника и е придружен со многубројни вегетативни феномени (тахикардија, гушење, препотување, трнење на делови од телото, вртоглавица...) Етиологијата на фобичните растројства се објаснува со широк спектар на теории: психоаналитичка, бихејвиорална, когнитивна и биолошка. Клиничка слика Почеток на растројството - иако заболените уште од најраното детство манифестираат низа карактеристични (преморбидни) особини како што се пречувствителност, плашливост, енуреаза, ноќни стравови, одбивање да оди на учи-


лиште, страв од одвојување од родителите, изразени симптоми на растројството во детството ретко се јавуваат. Развиена клиничка слика - клиничката слика е многу специфична за агорофобиите. Заболениот чуствува напад на паника-голема вознемиреност и напнатост, постојано е во движење, подготвен е да бега од местото на кое се чувствува загрозен. ,,Апел однесување,, е многу карактеристично во фаза на доживување на нападот на паника. Болниот повикува брза помош или лично оди таму или пак се упатува на преглед во ургентните центри. Антиципираниот страв, или страв од стравот, се јавува како последица од доживеаните напади на паника - поради страв и предвидување дека нападите може повторно да се јават. Интензивното доживување страв од стравот доведува до развој на друг специфичен феномен карактеристичен за агорафобијата- однесување на одбегнување. Тоа може да се манифестира активно, со бегство од изворот на закана и пасивно, кога доаѓа до инхибиција на реакцијата и однесувањето на личноста. Се развива постепено, прво се одбегнуваат ситуациите и местата каде што пациентот ја доживеал првата непријатност, а потоа се поголем број места и ситуации. Развиената клиничка слика на агорафобија ја карактеризираат и специфични облици на стравови: да се остане и да се биде сам, страв

од патување, од капење во када, затворени простории, возење во лифт, летање со авион, чекање во ред, страв од раздвојување со блиска личност и др. Основна одлика на однесувањето на заболените од агорафобија е да обезбеди заштита и сигурност - (присуство на др. личност со нив, наочари за сонце, бастун...) и да го избегне стравот и нападот на паника. Активноста, навиките и се друго се подредени ,што подразбира специфичен начин на однесување на овие пациенти (живеалиште на приземје, движење по познати, улици, патеки и делови од градот, избегнување на средства за јавен превоз, чувство на сигурност во сопствениот автомобил. Тие имаат потреба од постојан придружник без кој не можат сами да живеат дома, нити да се движат надвор. Во тек на растројството, како последица, често се опсервираат и депресивни кризи. Тек и прогноза Агорафобијата е хронично заболување кое има тенденција да трае долго време и да поминува низ различни фази. Терапијата на агорафобијата е комбинирана, се применуваат: Фармакотерапија од групата на анксиолитици и антидепресиви SSRI. Психотерапија - психоаналитичка и когнитивно-бихејвиорална терапија во комбинација со релаксирачки вежби (аутоген тренинг). И двете психотераписки методи се комбинираат со фармакотерапија.

PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE

31


Дијагностицирање и индикации за оперативен зафат кај пациенти со бенигна простатна хиперплазија Г.Деримачковски, уролог во Клиника „Хил“, Софиja, Бугариja уролог, консултант во ”Неуромедика”, Македониjа

Б

енигна хиперплазија на простатата (бенигно зголемување на простатата) е зголемување на обемот на простатната жлезда кое што се должи на зголемување на бројот на клетките на простатната жлезда. Кај мажи на возраст од 20 до 25 години, обемот на простатата е околу 20-25 см3. Со напредување на возраста, особено после 50 години, може да достигне 100 -150 см3 и повеќе. Тоа е состојба, а не заболување на простатата кое што зависи од возраста. Кај пациенти над 50 годишна возраст простатната жлезда има две основни заболувања: Состојба како што е Бенигното Простатно Зголемување (БПЗ) и Простатниот Карцином (ПК). Многу често и двете заболувања на простатата даваат исти или слични симптоми. Точно поради тоа, многу важна е точната дијагноза помеѓу двете заболувања и навремената и точна терапија. Симптомите на бенигното простатно зголемување или бенигната простатна хиперплазија, всушност се симптоми на долните мочни патишта (СДМП). Симптомите кај тие пациенти можат да бидат разделени во три групи: 1.

2.

3.

Определување на тежината на симптомите на долните мочни патишта. Тие симптоми најлесно и точно можат да бидат покажани во стандартизирани анкети. Таков е Меѓународниот Простатен Симптоматски Индекс (МПСИ), International Prostate Symptomatic Score (IPSS). После пополнување на таа анкета можеме да го разбериме карактерот и силата на симпотмите. Слабо изразени симптоми од 0-7 бода; Средно изразени симптоми 8-19; Тешко изразени симпотми 20-35 бода. Дополнително во таа анкета има и прашање за квалитетот на живот на тие пациенти.

2.

Дигитално Ректално Испитување (ДРИ) - палпација на простатната жлезда за по-точно разграничување на бенигнената простатна хиперплазија од простатниот карцином.

3.

Ехографија на простатната жлезда и бешика.

Симптоми на зачувување на урината во бешиката •

Чести позиви за мокрење,

Хитни позиви за мокрење со или без испуштање на урина

Мокрење преку ноќта два или повеќе пати

Симптоми на евакуација на урината за време на мокрење •

Потешкотии за започнување за време на мокрење

Слаб млаз

Прекин на млазот

Лажна инконтиненција (испуштање на урина) од преполна бешика кај пациенти со хронична ретенција (задршка на урината)

4.

Постмикциони симптоми •

Капки на крајот на мокрењето

Чувство за недоволно празнење на бешиката

Задолжителни испитувања за дијагностицирање на зголемена простатна жлезда (бенигна простатна хиперплазија) во рамките на симптоми од страна на долните мочни патишта.

32

1.

5.

Се измерува големината на простатната жлезда во см3. (Слика број 1).

Се измерува резидуална урина.

Признаци на компликации од простатното зголемување - дивертикули на бешиката, (торбести раширувања на ѕидот на бешиката) и камења во бешиката. (Слика број 2 и 3)

Лабораторни испитувања •

Општо хемиско испитување на урина, евентуално уринокултура

Простатен Специфичен Антиген, ПСА (т.н туморен маркер на простатната жлезда). Нормални вредности на ПСА се до 4.0 нг/ мл. Повисоките вредности на ПСА маркерот можат да покажуваат поголема веројатност за простатен карцином, како и за воспалување на простатната жлезда, скоро извршен ректален преглед и др. Исто така, колку поголема е простатната жлезда, толку повисоки над нормата можат да бидат свредностите на ПСА маркерот. Затоа после секој преглед кај пациетни со направени резултати на ПСА, се измерува и пресметува густина на ПСА.

Урофлоуметрија - испитување на млазот на урината за време на мокрење. Ја покажува силата на млазот во милилитри за секунда. Вредности над 15 мл/сек во голема степен ис-


Слика број 1 Дивертикул на бешиката

Слика број 2 Големина на простатната жлезда

Слика број 3 Камен во бешика

Слика број 4 Ехографија на бубрези - присуство на уростазаапсолутна индикација за оперативен зафат.на намеса

Слика број 5. Нормална урофлоуметрија со максимален уриненуринарен дебит 24.2 мл/сек.

Оперативниот зафат на простатната жлезда е индицирано кај пациенти со компликации предизвикани од простатното зголемување од бенигната простатна хиперплазија со докажанње на субвезикална обструкција и зачуван контрактилитет на бешиката. Индикации за оперативен зафат на простатната жлезда: 1. Хематурија повеќе (крв во урината)

пати

2. Чести уроинфекции на долните мочни патишта Слика број 6, Урофлоуметрија со слаб млаз на мокрење и со максимален уринен дебит 9.7 мл/сек.

клучуваат сериозна пречка на уринирањето од зголемена простатна жлеза. Кај пациенти со зголемена простата, максималниот уринен дебит може да биде намален под 10 мл/сек 6.

Уродинамика - испитување коешто едновремено го покажува односот на притисокот во бешиката и млазот. Тоа испитување покажува јасно за таканаречената субвезикална опструкција (или запушување или стеснување под бешиката која што најчесто е предизвикана од зголемена простатна жлезда). Тоа е единственото испитување което што со сигурност ни покажува дали е потребна оперативен зафат на простатната жлеза, како и да го прогнозираме успехот од извршување на истата.

3. Акутна или хронична ретенција на урината (неможност за мокрење) 4. Камен/ња во бешиката

5.

Дивертикули на бешиката (торбести раширувања на ѕидот на бешиката)

6.

Двострана хидронефроза (застој во бубрезите)

7.

Максимален уринен дебит под 10 мл/сек, индицира субвезикална опструкција

8.

Докажана субвезикална опструкција со помош на уродинамика

Оперативениот зафат на бенигната простатна хиперплазија не го елиминира ризикот од појавата на простатен карцином во иднина. Затоа, сите оперирани пациенти од зголемена простата треба да продолжат со профилактични прегледи и испитувања на ПСА маркерот барем еднаш во годината.

PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE

33


НОВОСТИ

Ивана Торес го искористи Менаџерскиот пакет за жени

Ивана Торес, девојката која заедно со

својот сопруг, шпанецот Ману, пред една година се вратија од 4 годишната авантура на мотор, во која посетија 69 земји во светот, го искористи Менаџерскиот пакет за жени од Неуромедика.

Ивана и Ману се пред нов предизвик, за еден месец тргнуваат повторно на пат околу светот, но овојпат со комбе. Стартната точка ќе биде Јужна Америка. За нивната здравствена состојба се погрижи тимот на доктори на Неуромедика.

34


Ману Торес го искористи менаџерскиот пакет за мажи по сопругата Ивана, и македонскиот зет, шпанецот Ману Торес го искористи менаџерскиот пакет за мажи кој промотивно може да го искористите во нашите клиники.

Ману на јавноста и познат по патот околу светот на мотор, кој траеше 4 години, а на кој беше придружуван од неговата сопруга Ивана.

Ману и Ивана се пред нова авантура. Овојпат брачниот пар Торес светот ќе го освојува со комбе. Планирано е новото патување да започне за еден месец, а како почетна точка на патувањето е Јужна Америка. За здравствената состојба на Ману пред долгиот пат што ги чека се задолжени лекарите на Неуромедика. Тимот на Неуромедика на Ивана и Ману им посакува среќа, добро здравје и многу нови необични авантури.

PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE

35


Избегнувачки тип на приврзување ваат негативен однос кон луѓето со кои се во врска. Имаат тенденција да кажат не сум спремен/спремна за сериозна врска, а сепак остануваат во тој однос со години, флертуваат со други личности што е посебно опасен начин да внесат голема несигурност во врската. Тоа се тие личности кои никогаш не кажуваат те сакам, не се јавуваат со денови после интимен однос и кои се повлекуваат кога работите не одат така како што треба. Прават сѐ за да ја задржат индивидуалноста, избегнуваат физичка блискост, не спијат со партнерот и не се држат за рака. Многу често влегуваат во врски кои се невозможни за остварување, на пример со луѓе кои се веќе во брак.

Анета Начевска – психолог во Неуромедика

Л

уѓето кои како деца формирале избегнувачки стил на приврзување, најверојатно такво приврзување ќе покажуваат и во партнерските релации. Тие се плашат од интимност и непријатно се чувствуваат кога со некого се блиски, кога некој е зависен од нив или кога тие од некого се зависни. Доволни си се самите на себе и независни се по природа. Потребно им е помалку нежност и интимност за разлика од другите луѓе и најверојатно ќе се посветат на кариерата, некое хоби и слични активности наместо да го поминуваат своето време со партнерот. Многу брзо се заморуваат во односите со партнерот и често покажу-

36

Во основа, овој тип на приврзување е страв од воспоставување на блискост, но за разлика од луѓето со амбивалентно приврзување, луѓето со избегнувачко приврзување поминуваат низ ментална трансформација каде што заземаат став „Добро ми е, не ми се потребни другите луѓе, ниту пак ми се важни”. Амбивалентните, на пример сакаат да воспостават блискост иако се плашат кога навистина ќе настане. Луѓето со избегнувачки стил на приврзување уште во периодот на детство донесуваат одлука дека другите луѓе не им се толку потребни и од таа причина немаат потреба да се вклучуваат во емотивната врска. За себе имаат високо мислење, обично нагласуваат дека ја ценат независноста и дека потребата за другите луѓе е знак на слабост. Исто така, емпатијата и сочувството се знак на слабост и силната приврзаност за луѓето е тоа што попречува во личниот раст и развој. Интересно е што луѓето со ваков тип на приврзување често имаат претходна историја, претходна врска која завршила


кога партнерот ги напуштил, или никогаш не била реализирана, или пак била врска на далечина. Сеќавањето на овој идеализиран партнер се користи како оружје кога луѓето со избегнувачки атачмен ќе се уморат од реалниот однос и побарувањата кои ги носи, што е уште еден „трик” кој ги чува од интимност. Поради јаките одбранбени механизми кои им помагаат да ги потиснуваат негативните емоции имаат слаби рани емоционални сеќавања. Всушност се однесуваат како да не се сакани или дека немаат воопшто способност да се занимаваат со размислување во врска за приврзаноста. На прашања во врска со приврзаноста одговараат со јак „гард” кратко без елаборација, затоа што не сакаат да се занимаваат со интроспекција. Често кога зборуваат за своите родители ги идеализираат. Луѓето со избегнувачко приврзување често се несвесни на природните и нормалните реакции на губиток, развод, селидба, како и влијанието кон ваквите животни транзиции кои ги имаат. Кога партнерот им е отсутен се фокусираат на работата, дури им одговара сепарацијата како прилика да работат, а кога партнерот ќе се врати стануваат ладни, дистанцирани, понекогаш и сурови кон него. Овој тип на луѓе се нарекуваат воркохолици и тоа се луѓе со високи примања, често се научници, бираат професии во кој се работи сам, каде што не мора да посветуваат внимание на потребите на другите луѓе.

вот и како врската напредува, се повеќе почнуваат да наоѓаат мани кај партнерот. Ова го прават затоа што не се свесни за сопствените чувства и не се способни да зборуваат за нив на адекватен начин. За себе имаат високо мислење и не можат да направат увид која е нивната одговорност за прекин на врската. Кај овие типови на луѓе чести се нарцистички механизми на одбрана и алекстимија, што значи дека немаат зборови да ги опишат своите чувства. Затоа многу често им се случува да реагираат психосоматски наместо да бидат тажни, кога чувствуваат бес или слично кажуваат дека ги боли стомак, или дека имаат тахикардија. Со текот на времето луѓето со избегнувачки атачмен учат да бараат исполнување на своите потреби за љубов, внимание, сексуална блискост од луѓе кои немаат очекувања од нив и кои не бараат реципроцитет во интимните односи. Ова е еден вид на сокривање на своите потреби за љубов и грижа и пробуваат да го контролираат односот така што ќе бидат луѓето за нив тука, а од друга страна да не мораат ништо да ги прашуваат.

Во врската oчекуваат романтична идила која е невозможна во реалниот жи-

PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE

37


Н

ов, современ и атрактивен објект категоризиран со три sвезди. Вила Свети Ѓорѓи ги задоволува префинетите вкусови на сите туристи, идеален избор за престој во Охрид, во било кое годишно време.

Вила Свети

Ѓорѓи

Охрид

Направете го Вашиот најдобар избор за вашиот

заслужен одмор во ексклузивно - луксузните апартмани во центарот на старата чаршија на Охридската ривиера во Вила Свети Ѓорѓи.

38

Вила Свети Ѓорѓи има четири типа на луксузно опремени апартмани со: тераси со поглед на чаршијата, кујна, купатило, џакузи, телевизор, кабловска телевизија, интернет, климатизер и мини бар. Нашата цел е Вашиот комфор и уживање за време на престојот со задоволство да ги оствариме.

ид Охр 2 . р вб инче р а М 61 ргир 3 61 3 0 ул.А k 97 gi.m +38 r : o л g е i k t Т gi.m asve r l i o v . g i vet www vilas @ t c a cont


PARTNER NA VA[ETO ZDRAVJE

39


40


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.