Да станеме вистински читатели

Page 37

јфе 37

``Овозможете им на децата да се чувствуваат задоволно при поставување на сопствени прашања. Некои од правилата на пишаниот јазик може да предизвикаат проблеми кај малиот читател. Замислете го детето кое тукушто научило да кажува колку е часот и кое потоа ја среќава следнава реченица: „Семејството чекаше три долги часа“. „Зарем часот не трае секогаш 60 минути?“– прашува тој. „Како може некој час да е подолг од друг?“ За време на читањето на час, наставникот може да оддели време за да им објасни на децата дека авторот го додал зборот „долг“ за да ни каже како семејството се чувствувало додека чекало. И да, часот секогаш има 60 минути. ``Наставниците не треба да се воздржуваат до крајот на приказната за да ги поставуваат прашањата. Помогнете им на децата да ги изградат нивните вештини на разбирање охрабрувајќи ги да: `` споредуваат сличности и разлики, на пример, „Жабокот беше загрижен за неговата градина. Но како се чувствуваше Жапчо во врска со тоа?“ `` предвидуваат, на пример, „Што мислиш дека Жабокот сега ќе направи?“ `` прашајте зошто и како, на пример, „Зошто Жабокот и Жапчо сакаат да ги врзат колачињата со конец?“ или „Зошто им ги дадоа нивните колачиња на птиците?“ `` го проверат нивното разбирање на низа настани, „Што се случи откако Жабокот се разбуди од неговиот сон?“

``Поттикнете дискусии што ќе им помогнат на децата да: `` резимираат: дискутираат на теми за фабулата и насочете ги децата да го резимираат она што се случило во приказната. Со детските одговори на таблата направете список на сите точки од фабулата. За небелетристички текстови направете список со сите главни факти или идеи кои ги содржел текстот. `` развијат разбирање за ликовите: поставувајте прашања за мотивите, интересите и грижите на вистински или измислени ликови во нивните текстови. На пример, „Иако Жабокот правеше одлични и прекрасни работи во неговиот сон, тој беше несреќен. Зошто?“ Децата може да одговорат: „Бидејќи му недостасуваше пријателот Жапчо“. Помогнете им да направат чекор понатаму. Прашајте ги што ни кажува ова за Жабокот. (Дека тој е лик кому пријателството му е поважно од славата.) `` направат релација помеѓу текстовите со нивните сопствени животи: охрабрете ги децата да направат врски помеѓу текстовите и себеси, нивните домови, нивното маало во кое живеат, нивните чувства и аспирации. Ако децата читаат илустриран есеј за животински траги, кажете им да разговараат за животните и птиците во нивната домашна градина или надвор во маалото и за тоа какви видови траги би можеле да видат. Потоа дискусијата може оттука да се развива во многу лични правци. Може да ги прашате децата какви траги оставаат самите тие кога одат на прошетка. Или може да размислуваат за животите на научниците кои ги изучуваат трагите на животните и дали ова би можело да биде интересно поле на работа или не.

ц

х д

л гЖ

Ш ф

ј тт4

„Јазична писменост во почетните одделенија“ - Прирачник за обука на наставниците

3. По читањето

б

џж

б

чди

ѓ еѕ


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.