Na skopskitata klinika za 6 meseci pocinaa povekle od 80 novorodencinja

Page 1

ЌЕ ГО ПРЕЖИВЕЕ ЛИ МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ПОСЛЕДНИОТ МЕГАСКАНДАЛ

Здравството е мртво Македонското здравство го тресе мегаскандал откако лекари вработени на Клиниката за гинекологија споделија со јавноста дека 80-тина новореденчиња починале за шест месеци во болницата. „Фокус“ располага со документи, имиња и презимиња на пациентки што се породиле на клиниката, а ги изгубиле бебињата, како и со имињата на гинеколозите што ги извеле породувањата или оперативните зафати со царски рез. Одлучивме да го скриеме идентитетот на лекарите. Како најчести причини за зголемената смртност на новороденчињата се наведуваат болничките инфекции, кои мајките и бебињата ги добиваат додека се во болницата. Од Гинекологија, пак, тврдат дека бројките се извадени од контекст. Директорката ХаџиЛега заминала на одмор, а на клиниката се вршела внатрешна истрага за тоа кој ги изнел документите од пациентките. Дел од болничките истории се ставени под клуч за лекарите да немаат пристап до нив. Министерот Тодоров, пак, наместо да понесе одговорност, мудро молчи, а од Министерството за здравство ни испратија одговори на нашите прашања со вокабулар на партискиот штаб на ДПМНЕ Пишува: Ирена МУЛАЧКА

Н

а 31 мај 2011 година, само пет дена пред предвремените парламентарни избори, експремиерот Никола Груевски ја пресече црвената лента на новата зграда на скопската Клиника за гинекологија, која се градеше цели десет години и 8

во која со отворањето се преселија старите скандали. Само во рок од неколку месеци, трипати беше најавено пуштање во употреба на зградата. Првиот пат одеше и реклама на провладините медиуми, но зградата не беше отворена, потоа дури и медиумите беа поканети, а гостите дојдоа со подароци и цвеќиња и пак се одложи свеченото сечење лента, за на крајот да се пушти во употреба само неколку дена пред изборите. Владината свита направи промоција на објект, кој сѐ уште немаше документи дека е исправен за употреба, зградата беше полупразна, без доволно медицинска опрема, лифтовите не функционираа, но затоа, пак, пред влезот на клиниката фотосесија направија тогашниот премиер, ексминистерот за здравство Бујар Османи, директори на клиниките и лекари. Оттогаш наваму, здравствените власти постојано се фалат со новата медицинска опрема, која е донесена во болницата од владиниот тендер, кој чинеше вртоглави 100 милиони евра, но ниту тоа не ги намали скандалите што ја тресат Гинекологија. По пет години од пуштањето во употреба, постојано се зголемува бројот на починати новороденчиња на клиниката, но проблемот е во тоа што тие алармантни бројки се прикриваат од страна на надлежните институции и никој не презема одговорност за изгубените животи, за настанатата компликација при породувањето, за причините за смртта, за болката на семејствата... Од друга страна, во целиот цивилизиран свет, ваквите проблеми се решаваат брзо и експресно, министрите за здравство понесуваат морална и политичка одговорност (оставка), а пациентите решаваат дали ќе покренат судска постапка за лекарска грешка и дали ќе бараат отштета. За разлика од ова, во Македонија надлежните институции со години ги кријат официјалните податоци. Единствените бројки што можат да се најдат се оние во државниот Завод за статистика, според кои, за првите три месеци од 2016 година починале 61 новороденче, што се податоци поради кои треба да се вклучи црвениот аларм за тревога. Но, освен овие официјални податоци, од скопската Клиника за гинекологија никогаш не излегле со информации – колку бебиња починале на годишно ниво, зошто се зголемува

смртноста на бебињата и кои се најчестите причини за тоа? Бројките се чуваат како државна тајна или „строго доверливи информации“. БЕБИЊА УМИРААТ КАКО ВО АФРИКА Последните неофицијални податоци говорат дека за последните шест месеци на скопската Клиника за гинекологија починале 80-тина новороденчиња, од кои 20 само во текот на последните две недели. Ваквите податоци се соопштени на Стручен колегиум на клиниката пред неколку дена на кој секојдневно присуствуваат 70-тина ле-

FOKYC / 1082 / 01.07.2016


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.