832

Page 28

18 јануари 2019

Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, денес по повод големиот христијански празник Богојавление - Водици, на поглаварот на Македонската Православна Црква, Архиепископот Охридски и Македонски, Господин Господин Стефан, како и на сите верници во и надвор од границите на Македонија, ја упатува следната честитка:

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

ПИСМЕНА ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ПО ПОВОД ГОЛЕМИОТ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК БОГОЈАВЛЕНИЕ – ВОДИЦИ

П

о повод големиот христијански празник Богојавление - Водици, дозволете на Ваc лично, на членовите на Синодот, на Вашето ценето свештенство и монаштво, на сите православни верници на Македонската Православна Црква во Татковината и надвор, да упатам срдечни честитки, со најискрени желби за одлично здравје, успех, благосостојба и мир во душата. Празнувајќи го денот на Христовото крштевање го празнуваме духовното раѓање и обнова на нашето единство преку верата. Со осветувањето на водите и објавата на божјиот лик помеѓу луѓето се осветли човековиот живот и се зацврсти темелот на верата, а вредностите на покајанието, прочистувањето, правдината и трпението добија вистинска смисла. Во духот на овој голем празник, да го поттикнуваме најдоброто во нас и најдоброто кај нашите ближни и кај нашите сограѓани, независно од нивната етничка, верска, јазична и идеолошка припадност. Само така ќе чекориме кон остварување на заедничките цели за успешна и просперитетна Република Македонија. Затоа, на овој голем богојавленски празник да празнуваме и да се радуваме, со желба покрстената вода да ни даде

нова сила за нови големи дела и успеси. Да си посакаме подобра иднина, здравје, а објавата на божјиот лик да не зближи уште повеќе како народ во верата и среќата кои произлегуваат од големината на овој ден. Ваше Блаженство, честитајќи Ви го овој голем христијански празник, Ви посакувам добро здравје и духовен мир, а на сите Македонци кои го прославуваат празникот сакам да им порачам дека верата се 28 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 832 / Јануари 2019

потврдува со дела и преку љубов кон сите луѓе. Бог да ја чува нашата Македонија! Ѓорѓија Џорџ Атанасоски Претседател, МАКЕДОНСА АЛИЈАНСА


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.