МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА По повод Големиот Христијански празник – Божиќ, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски упатува честитка до бискупот и Апостолски егзарх во Република Македонија, д-р Киро Стојанов Скопски и до сите граѓани со католичка вероисповед по повод Раѓањето Христово Божиќ
Д
ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ГОЛЕМИОТ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК – БОЖИЌ
озволете ми од мое лично име и од името на Македонска Алијанса, на сите верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар, да го честитам празникот за Христовото раѓање - Божиќ, празник кој е симбол на радоста, заедништвото, мирот и благосостојбата. На верниците од католичка вероисповед им посакувам празничните денови да ги минат во духот на христијанските пораки за мир и разбирање меѓу луѓето. Нека овој празник не научи на солидарност и живот полн со мир и љубов. Христовото раѓање значи нов почеток, без непријателство и лоши мисли, значи создавање на добри дела и оставање трага од добрина за идните поколенија. Честит Божиќ! Ѓорѓија Џорџ Атанасоски Претседател, МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА 32 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 831 / Декември 2018