821

Page 31

Стручна, ефикасна, отчетна и транспарентна администрација е еден од главните приоритети на Владата предвидени во Стратегијата за реформа на јавната администрација 20182020 година, чија содржина ја презентираше министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски

ДЕПОЛИТИЗАЦИЈА И П РА В И Ч Е Н С И С Т Е М Н А П Л АТ И

ДЕЛ ОД РЕФОРМИТЕ ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

К

реирање политики и координација, јавна служба и управување со човечки ресурси, одговорност, отчетност и транспарентност, јавни услуги и ИКТ поддршка на администрацијата, како и управувањето со јавните финансии, се клучните точки кои во себе ги содржи Стратегијата, која вчера беше усвоена на владина седница, заедно со Акцискиот план за нејзино спроведување. „Предвиден е план за деполитизација на администрацијата, како еден од основните проблеми преку унапредување на постапките на селекција, вработување врз основа на начелата на заслуги, еднаков и фер третман, како и правична застапеност на сите заедници“, посочи Манчевски. Особено внимание во документот се посветува на професионализацијата на високите раководни структури преку јасно разграничување на политичкото и професионалното ниво. Планирано е воведување категорија високи државни службеници. Предвидено е редефинирање на системот за оценка на административните службеници, ќе се постават основи за наградување според учинок, со цел, како што

појасни Манчевски, да се овозможи во подоцнежните фази овој систем да биде поврзан со системот за плата. Министерот додаде дека ќе се дефинира и системот за плати и во подготовка е нов закон за плати во јавниот сектор. Во врска со предупредувањето дека сите оние институции коишто нема да ги внесат податоците за своите вработени во 31 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 821 Февруари 2018

информатичкиот систем за управување со човечките ресурси, нема да земат плата, Манчевски рече дека до крајот на март е рокот кога треба да се излезе со годишниот извештај за бројот на вработените во администрацијата. Додаде дека зголемена е активноста за регистрирање во системот и целта не е некој да се казни, туку да се воведе ред и да се почитуваат законите.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.