821

Page 1

Macedonian Sun

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

S NCE

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

Година XX, Број 821, Февруари 2018

WEB ИЗДАНИЕ

MONTHLY EDITION

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

www.makedonskosonce.com

Macedonische Sonne Soleil Macedоnien

М А К Е ДО Н С К А А Л И ЈА Н С А  СО О П Ш Т Е Н И Е З А ЈА В Н О С Т З А П Р ОТ Е С ТОТ „ З А О Д Б РА Н А Н А И М Е Т О Н А Д Р Ж А В АТА И И Д Е Н Т И Т Е Т О Т Н А Н А Ц И Ј АТА “

MONTHLY EDITION

П Р Е ГО ВО Р И Т Е З А И М Е ТО Д А С Е П Р Е К И Н АТ ! М А К Е Д О Н С К И О Т НАРОД НЕМА ДА ДОЗВОЛИ В Е Л Е П Р Е Д А В С Т ВО! С ТО П З А РА З Д А В А Њ Е Т О Н А М А К Е Д О Н С К И О Т НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ! М А К Е Д О Н И Ј А Б И Л А , Е И Ќ Е О С ТА Н Е МАКЕДОНИЈА!


Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"

Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija

e edna!!!

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ИНТЕРВЈУТО НА ДОРА БАКОЈАНИ ЗА ТВ „СКАЈ“ Во врска со интервјуто на Дора Бакојани за Грчки ТВ „Скај“, каде таа соопштила дека бараат пакет решение што ќе го прифати целата меѓународна заедница, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција: Што ни порачува Дора Бакојани? Решението мора да биде во пакет со промена на Уставот веднаш. Државите кои досега не признале како Република Македонија веднаш да почнат го користат новото име и во билатералните односи. Бакојани како директен промотор на ветото за Македонија на НАТО Самитот во Букурешт во 2008, сестра на Кирјакос Мицотакис, лидерот на опозицијата со најголем рејтинг на Грција јасно ни порачува дека фазно решение на спорот за името е невозможна мисија! Има ли некој во Македонија кој се уште верува дека Грчките политичари ќе се откажат од своите тврди националистички позиции за Македонското прашање? Не само што не уценуваат да прифатиме ново име и нов идентитет, туку бараат и 142-те Држави, меѓу кои САД, Кина и Русија, три од пет постојани членки на Советот за безбедност на ООН, да ја сменат својата одлука за признавање на Република Македонија. Бараат се или ништо! Македонската Алијанса одамна тврди дека актуелната Влада бадијала се понижува. Ниту подготвеноста на Зоран Заев да прифати географска одредница, ниту преименувањето на автопатот и аеродромот не ги задоволуваат Грчките националисти. Како што не им беше доволна ниту промената на Уставот, ниту откажувањето од знамето со сонцето од Кутлеш, ниту прифаќањето на срамната референца ПЈРМ во деведесетите години. Чуму ни е нова билатерална спогодба што ќе ја врачи Коsијас, кога претходната Времена Спогодба Грција не ја испочитува и спроведува. БАРАМЕ ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ! СТОП ЗА РАЗДАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ! Македонската Алијанса смета дека порано или подоцна лидерите на најодговорните политички партии ќе станат свесни дека нема да можат да го претстават обезличувањето на Македонскиот народ како успех. Македонскиот народ сака во ЕУ и НАТО но не по цена да се откаже од сопствениот идентитет. Нашиот став е јасен! Меѓународното право мора да важи за нас исто како и за сите останати земји. Или Македонија без понатамошно одлагање ќе стане полноправен член на НАТО Алијансата согласно пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг или разговорите за проблемот кој Грција го има со нашето Уставно име треба да се прекинат! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател,

\or|ija - Xorx Atanasoski


ВО СКОПЈЕ Движењето „За заедничка Македонија“ во Скопје одржа протест на кој беше побарано прекин на преговорите за името, зачувување на идентитетот на нацијата, повлекување на Законот за употреба на јазиците, отфрлање на договорот со Бугарија

П

ротестот, почна пред мисијата на Европската унија, а заврши пред Собранието на Република Македонија. „Македонците и дома и во светот и натаму бараат безусловен крај на разговорите за разликата за државното име со Владата во Атина. Бараме претседателот со нота да го извести генералниот секретар и да достави предлог резолуција до Генералното собрание на ОН за продолжување на членството во ОН и во сите меѓународни организации под државното име Македонија, со можност за додавка на уставното име Република, како јасна разлика од истоимената провинција во Грција, со меѓународниот код МК односно

ПРОТЕСТЕН МАРШ ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА УСТАВНОТО ИМЕ

МКД и нотификација на македонскиот народ и јазик“, истакна во своето обраќање Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес. Од претседателот на државата Ѓорге Иванов беше побарана амнестија за сите притворени и затворени за настаните во Собранието на 27 април, повикувајќи се на членот 11 од Законот за помилување, а повредените во настаните да ги повлечат тужбите. Владиката Преспанско пелагониски Петар потсети дека Светиот синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија лани во декември апелираше до државните фактори да не се менува Уставот на Македонија, да не се менува уставната позиција 03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 821 / Февруари 2018

на македонскиот јазик, да не се отстапува од македонскиот национален идентитет и да се сочува унитарниот карактер на Република Македонија. Според него, за неменување на името на нашата држава најмногу ќе ни помогнат, како што рече, браќата Грци со тоа што нема да отстапат од црвените линии. Владиката Повардарски Агатангел повика, како што рече, да бидеме достоинствени и да си го чуваме нашето македонско име, јазикот, идентитетот, унитарниот поредок на нашата држава и името на нашата црква. Време е, според него, еднаш нашите државници, да го слушнат гласот на народот и да не водат по прав вистински пат.


ЈУНКЕР Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, придружуван од еврокомесарот за проширување Јоханес Хан ја одбраа токму Македонија како прва дестинација во рамки на нивната турнеја низ земјите од Западен Балкан во рамките на која ја презентираат Стратегијата за проширување на Унијата со земјите од регионот

ЈА ПОТВРДИ ЕВРОПСКАТА ИДНИНА НА МАКЕДОНИЈА, ПОБАРА ПОСВЕТЕНОСТ НА РЕФОРМИТЕ

онесоа порака за потврда на европската иднина на Македонија, за реалните можности земјата да добие препорака за членство оваа година, но секако доколку продолжи да чекори по патот на кој се наоѓа во моментов, интензивно спроведување на реформите и подобрување на добрососедските односи. Јункер на заедничката пресконференција со премиерот Зоран Заев истакна дека во земјава не пристигнал за да соопшти точен датум за почеток на преговорите, но напомена дека Македонија е на добар пат, постигнала напредок и оти ако продолжи да се движи во таа насока за неколку месеци може да го добие очекуваното и препораката нема да биде условена. „Не дојдовме да ви соопштиме датум, туку да ви кажеме дека сте на добар пат и ако продолжите по тој пат за неколку месеци ќе и дадете можност на Европската комисија на Советот да му препорача отпочнување

на преговорите за приклучување“, рече Јункер. На македонските власти им порача да го решат спорот за името со нивните грчки пријатели. Гледа напредок во процесот, а како доказ за тоа му биле измените на аеродромот, по одлуката да Владата тој да биде преименуван, како знак на отстапка во процесот на преговорите. Премиерот уште еднаш повтори дека Владата прифаќа географска одредница, но и достоинствено решение, а исто така останува посветена и на

Д

04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 821 / Февруари 2018

подобрување на добрососедските односи генерално. „Инсистираме на решение, кое ќе биде трајно, но и ќе го почитува достоинството и ќе го заштити идентитетот на двете држави“, рече Заев. Изрази силно уверување дека во јуни 2018 година Советот ќе донесе одлука за почеток на преговорите. По средбата со Заев, претседателот на ЕК, Јункер и евркомесарот Хан имаа средба и со македонскиот претседател Ѓорге Иванов.


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА По повод интервјуто на Премиерот Зоран Заев за Британската агенција „Ројтерс“ каде тој потврдил дека во игра се четири опции за нови имиња со географска одредница за кои е потребна мала промена на Македонскиот Устав, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

емантот на Владиниот прес сервис за интервју кој го дал Премиерот Зоран Заев за реномираниот „Ројтерс“ е тежок скандал. Надворешната политика не е расправија на селска чешма каде ќе се убедуваме кој што кажал и како бил разбран. Со вакви скандали Македонија губи во очите на своите меѓународни сојузници и си ја нарушува преговарачката позиција. Сметаме дека Владата на Република Македонија се мачи да најде излез од лавиринтот во кој самата влезе. Зголемените очекувања дека актуелната Влада во Грција ќе попушти од радикалните уцени се покажува дека е невозможна мисија. Сервилноста со преименувањето на автопатот и аеродромот, изразувањето на јавната подготвеност за прифаќање на географска одредница немаат никаков ефект. Едноставно, Грција бара се’ и веднаш.

Д

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ИНТЕРВЈУТО НА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ ЗА „РОЈТЕРС“ Бадијала понижувања! Ако се точни информациите во Грчките медиуми дека нацрт спогодбата која Никос Коsијас ќе ја донесе во Македонија содржи предлог новите имиња да бидат напишани на словенски, споено и не преведени на Англиски јазик, заедно со промена на Уставот и воведување на нов идентитет за Македонскиот народ, тогаш Зоран Заев, Радмила Шекеринска и Никола Димитров, имаат само една опција - да застанат зад сопствениот народ. Во спротивно ќе преземат дополнителен товар и одговорност за нешто што не можат да го исполнат. Преговорите за името треба да прекинат веднаш се додека не биде исполнет еден услов. Македонија во јули да стане полноправен член на НАТО Алијансата врз основа на пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг. Не може Грчката Влада да ни 05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 821 / Февруари 2018

предлага нова билатерален договор кога не ја почитува претходната Времена Спогодба. Најодговорните претставници на власта во Татковината мора да разберат дека немаат мандат да се раздаваат со Македонското име и идентитет. Само Македонскиот народ може да одлучи за најважните национални обележја. Ние сакаме во ЕУ и НАТО Алијансата, но не по секоја цена. МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НИКОГАШ НЕМА ДА ДОЗВОЛИ ВЕЛЕПРЕДАВСТВО! БОГ ДА ЈА ЧУВА ТАТКОВИНАТА! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


С ТА П И В О С И Л А Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров и неговата бугарска колешка Екатерина Захариева, во Софија во присуство на премиерот на Република Бугарија Бојко Борисов го потпишаа Протоколот за размена на ратификациските документи, со што и официјално во сила стапи Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји

"

И

маме шанса со исправена глава да чекориме напред. Мислам дека со овој пример, во кој за неколку месеци успеавме еден ваков пресврт да направиме, даваме на некој начин и надеж и храброст дека Балканот е Европа. И се надеваме дека оваа позитивна енергија ќе ги зарази и другите прашања коишто се уште не се затворени“, рече по потпишувањето Димитров.

ДОГОВОРОТ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО, ДОБРОСОСЕДСТВО И СОРАБОТКА СО БУГАРИЈА

Министерката Захариева истакна дека резултатите од овој договор се видливи уште пред да стапи во сила. Со него, истакна таа, покажавме дека сами можеме да ги решаваме проблемите. „Ако Скопје и Атина бидат храбри, а нашите пријатели Ципрас, Мицотакис и Заев најдат заедничко решение за спорот за името во наредните месеци нештата ќе се развиваат во насока многу добра за сите. 06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 821 / Февруари 2018

Ние сега можеме да стискаме палци за да се реши спорот. Бугарија ќе биде само конструктивна“, рече Борисов. Договорот беше потпишан на 1 август 2017 година од страна на премиерите на двете држави, Зоран Заев и Бојко Борисов, заради зацврстување на меѓусебните пријателски односи, унапредување на добрососедството, развивање на сестрани меѓусебни односи, согласно меѓународното право.


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА: Во врска со палењето на Грчкото и Албанското знаме на вчерашниот протестен марш под мотото „За одбрана на името и Државата и идентитетот на нацијата“, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ПАЛЕЊЕТО НА ГРЧКОТО И АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ

М

акедонската Алијанса најостро го осудува вандалскиот чин на палењето на Грчкото и Албанското знаме. Така не се брани Татковината, ниту нашата вековна историска светост Македонското име и идентитет. Ниту еден Македонец не смее да се однесува како припадниците на „Златна зора“. Ние сме цивилизиран и мирољубив народ кој достоинствено го брани универзалното демократско право на самоопределување. Веруваме дека патриотска должност на организаторите на вчерашниот протест јавно да се оградат од палењето на Грчкото и Албанското знаме. Сме-

таме дека овој изолиран инцидент беше нечија смислена провокација да остави дамка на масовниот протест на Македонците кои и покрај лошото време, како искрени патриоти излегоа на улиците на Главниот град за да покажат дека нашиот народ никогаш нема да 07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 821 / Февруари 2018

дозволи велепредавство. Нашите браќа и сестри Македонци не заслужуваат да бидат злоупотребени за нечии мрачни агенди. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


НИМИЦ: Процесот оди напред, кај двете страни има волја да се најде решение. Се создава позитивен момент што треба да се искористи. Сега е вистинското време да се постигне решение и конечно регионот да тргне напред, а да продолжи соработката и пријателството меѓу двете земји, изјави посредникот на ОН во разговорите за името Метју Нимиц по средбата во МНР со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров

ИМА РАЗЛИКИ ВО СТАВОВИТЕ МЕЃУ ДВЕТЕ ЗЕМЈИ, НО ЈАС СУМ ОПТИМИСТ

П

рашан дали неговите предлози, покрај името, вклучуваат и промена на идентитетот, Нимиц рече дека досега не чул ништо од грчка страна што би значело порекнување на идентитетот на народот во Македонија „Верувам дека решението, кое е можно, е конзистентно. Има разлики во ставовите меѓу двете земји, но јас сум оптимист“, изјави Нимиц. Тој појасни дека тукашната влада е целосно компетентна да го задржи идентитетот и народот во држвата не треба да ставува дали има влада која се грижи за неговиот идентитет, и додаде дека идентитетот го одредуваат самите народи, а ОН работат со држави во однос на тоа како се употребува името на државата и не се расправа за идентитетот. Прашан што доколку во разговорите биде допрено прашањето за идентитетот, Димитров децидно одговори дека тоа нема да се прифати. „Апсолутно не. Идентитетот не може да биде предмет на преговори, бидејќи не е предмет на одлука. Тоа е резултат на историски процес и прашањето е многу поголемо од мене, и воопшто од целата генерација на денешните политичари, а веројатно и идните. Ако дојдеме до таа

точка за решние да треба да се допре иднетитетот, за жал нема да има решение. Но, ќе биде многу жално ако две европски држави во 21 век тоа не го препознаат“, рече Димитров. Тој изјави дека станува збор за исклучително прашање за граѓаните на РМ и се следи со големо внимание и загриженост. „Ние имаме целосно разбирање за тоа. Сакаме ова прашање да се реши на начин што и кај нас и во Грција ќе се смета за достоинствен. Имаме разбирање за граѓаните на 08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 821 / Февруари 2018

Грција кои се идентификуваат како Македонци, но во Европа во 21 век не само нашите соседи во Грција, туку никој не може да го допре и нашето право да бидеме Македонци и да зборуваме на македонски јазик, кој е во групата на словенски јазици“, рече шефот на дипломатијата. Посредникот во спорт за името Нимиц имаше средби со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев, со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ Христијан Мицкоски и Али Ахмети.


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА По повод денешниот протестен марш под мотото „За одбрана на името и Државата и идентитетот на нацијата“ на кои се приклучија Македонските заедници во светот и Светскиот Македонски конгрес, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

М

акедонска Алијанса ги повикува своите членови, поддржувачи и симпатизери во Татковината да се приклучат на протестниот марш. Земајќи предвид дека веќе подолг период повикуваме на општа мобилизација на Македонците во Татковината и низ целиот свет, даваме поддршка на протестниот марш. Длабоко сме уверени дека највисока патриотска должност е да бидеме иницијатори на масовното организирање на Македонскиот народ во одбрана на Уставното име и Македонскиот идентитет! Ова е само почеток! Поголем дел од барањата на Македонските заедници од сите континенти и Светскиот Македонски Конгрес се дел од политичките определби на Македонската Алијанса за кои веќе подолг

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА ПРОТЕСТОТ „ЗА ОДБРАНА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА И ИДЕНТИТЕТОТ НА НАЦИЈАТА“ период се залагаме и ги застапуваме. Подготвуваме Платформа за заштита на националните интереси и обезбедување сигурна иднина за Татковината. Македонската Алијанса ги користи сите контакти во администрацијата на Претседателот на САД, Доналд Трамп, да ги презентира своите планови за иднината на Татковината. Доколку се точни информациите во Грчките медиуми дека нацрт спогодбата која Ципрас и Коsијас ќе ја испратат во Македонија содржи предлог новите имиња да бидат напишани на словенски, споено и непреведени на Англиски јазик, заедно со промена на Уставот и воведување на нов идентитет за Македонскиот народ, тогаш не гледаме причина зошто и подржувачите на Владината коали09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 821 / Февруари 2018

ција да не се приклучат на протестот. ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО ДА СЕ ПРЕКИНАТ! МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НЕМА ДА ДОЗВОЛИ ВЕЛЕПРЕДАВСТВО! СТОП ЗА РАЗДАВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ! МАКЕДОНИЈА БИЛА, Е И ЌЕ ОСТАНЕ МАКЕДОНИЈА! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА: Во врска со ставот на Премиерот Зоран Заев кој на заедничката прес конференција со Претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер повтори дека за „Македонија е прифатливо име со географска одредница“, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

М

акедонскиот народ е единствен суверен владетел на името и идентитетот. Ниту еден лидер, партија или коалиција нема мандат да се раздава со националните обележја на Татковината. Затоа, што е прифатливо или не, Премиерот Зоран Заев ќе може да соопшти само откако ќе го праша народот на референдум. Се друго е личен став на политичар кој свесно презема одговорност за сите штетни последици за иднината на Македонија и Македонскиот народ! Македонската Алијанса одамна предупредува дека сервилната надворешна политика на актуелната Влада е погрешна и нема да го даде посакуваниот резултат. Доволно е да се слушнат пораките на Солунскиот пратеник на владејачката „Сириза“, Димитрис Мардас, кој во своето интервју директно ни порача дека не постои Македонска нација. Истовремено, Мадалена Пападопулу, портпаролката на „Независни Грци“ го повтори радикалниот

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА СТАВОТ НА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ став на нивниот лидер Панос Каменос дека нема да гласаат за решение кое во себе ќе го содржи терминот Македонија. Толку од мерките за градење доверба и преименувањето на аеродромот и автопатот! Како мисли актуелната Влада да го зачува Македонскиот национален идентитет и достоинството на Македонскиот народ кога наспроти ваквите иредентистички позиции на официјална Атина демонстрира подготвеност за промена на името? Не прифаќаме придавки или одредници кои треба да го обезличат Македонскиот народ. Ние знаеме кои сме Македонци од Македонија и нам не ни треба нов идентитет. Грција која има проблем со територијата која неправедно ни ја одзема во 1913, може сама да си го реши проблемот што ирационално го наметнува. Како што ги сменија сите Македонски топоними Грците нека си стават географска одредница на регионот кој го нарекоа Македонија или нека го вратат името Егејска Македонија. 10 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 821 / Февруари 2018

ВРЕМЕ Е МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ДА СЕ ИЗЈАСНИ! БАРАМЕ РЕФЕРЕНДУМ! Ние сме уверени дека преговорите за името треба да се прекинат веднаш. Сакаме во ЕУ и НАТО, но не по секоја цена. Или Македонија во јули да стане полноправен член на НАТО Алијансата врз основа на пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг или нема за што понатаму да разговараме. Не може Грчката Влада да ни предлага нова билатерален договор кога не ја почитува претходната Времена Спогодба. Меѓународното право мора да важи за сите подеднакво! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА:

Во врска со ставот на Вицепремиерот од редовите на ДУИ, Бујар Османи, кој одговорајќи на пратеничко прашање рече дека тие што се против Законот за јазиците се против ЕУ и НАТО и земјата, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

М

акедонската Алијанса го повикува ДУИ да престане да се идентификува со ЕУ и НАТО Алијансата. Инсистирањето на противуставниот Закон за двојазичност е класична политичка уцена и терор на едно малцинство врз Македонскиот народ. Нашите уважени и почитувани сограѓани Албанци сакаат подобра економска иднина, животен стандард! Преку глава им е веќе да бидат алиби на ДУИ кои преку нивниот грб се богатеа изминативе 15 години како вечни партнери на секоја власт. Еве неколку прашања до Али Ахмети и Бујар Османи. Дали сме поблиску до ЕУ и НАТО кога ниту еден поранешен функционер на ДУИ не одговара за криминал? Ги заборавија ли Хашките случаи и срамната амнестија во Македонското Собрание? Заборавија ли како Талат Џафери со читање литература го спречи донесувањето на Законот за бранители? Нели е против Македонија да се избегнува и да се опструира спроведување на статистичка операција

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА СТАВОТ НА БУЈАР ОСМАНИ како попис? Во чие име и со кој мандат се негира правото на Македонскиот народ да одлучува за најважното национално прашање? Дали Законот за двојазичност нема да биде злоупотребен од Грција за дополнително оспорување на Македонскиот национален идентитет? Европско ли е тврдењето на Еди Рама дека тој е најзаслужен за Законот за двојазичност? Поблиску ли сме до ЕУ и НАТО со прославата на 10 годишнината од независноста на Косово во Македонија, повторно во режија на ДУИ? И конечно, зошто ДУИ никогаш во последниве 15 години не побара од ниту една Албанска Влада да го признае Уставното име на Република Македонија? Законот за двојазичност нема врска со аспирациите на Македонија за членство во ЕУ и НАТО Алијансата. Овој закон е само дел од агендата на ДУИ со која се обидува да ги со врати рејтингот кај Албанските гласачи. Противуставен е, неспроведлив е, и ги надминува нормите и духот на 11 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 821 / Февруари 2018

Охридскиот рамковен договор. Ние не сметаме дека нашето барање да се спроведе попис пред воопшто да се отвора дебата за уцената на ДУИ е барање кое ги загрозува Евроатланските интеграции на Татковината. Напротив! Како што ќе има референдум, еден ден ќе има и попис! Државната пописна Комисија ќе ја раководи лице со висок морален кредибилитет, предложен од Македонската Дијаспора, кое не учествувало во претходните политички пазари. СТОП ЗА РАЗДАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ! БРАЌА И СЕСТРИ ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


М А К Е Д О Н С К АТА А Л И Ј А Н С А Во врска со ставовите на лидерот на „Независни Грци“ и министер за одбрана на Грција, Панос Каменос, кој јавно потенцира дека не се се согласува со тоа како Грчката Влада го води прашањето со името и ќе направи с за да не се даде терминот Македонија, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА СТАВОВИТЕ НА ГРЧКИОТ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА ПАНОС КАМЕНОС

која може да се тргува. Најстрашно е тоа што како претставници на нашата држава не се спротиставуваат на преолку и Македон- формирањето на историската Влада да се јата, на нашата историја. труди да ги затскрие случувањата околу преОва е понижување на говорите со името, колку македонскиот народ! и да ги маргинализира ставовите на Грчките Си го клекнавте нарополитичари, вистината дот на колена! секогаш излегува на виделина. Грчкиот иреШегата на министерот дентизам е се погласен со за надворешни работи самото зголемување на околу неговот име и интензитеот на прего- името на неговиот колега ворите што би требало не е на место! Едноставно само по себе да ни биде треба да ни биде јасно доказ дека они би добиле, две Македонии не поса ние би изгубиле нешто тојат! Постои само една свето! Зарем не сваќате Македонија, делена и што правите? На крајот разграбувана во минатото од овие преговори ние ќе но сега суверена и незаостанеме боси сирачиња, висна Република! а тие посилни од било! Погледнете колку отсМакедонската Влада не тапки направи нашата смее да даде нешто што Влада, а колку Грчката? никогаш не било нивно за Дали има барем еден гест давање. Името на нашата на подадена рака? Додека Татковина не е алатка со Македонските политича-

К

12 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 821 / Февруари 2018

ри молчат во Грција се зборува гласно за овој проблем. МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ОВА НЕМА ДА ГО ДОЗВОЛИ! Преговорите за името мора да бидат прекинати и политичките елити да се фокусираат на интегрирање во НАТО сојузот преку спроведување на пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг, тоа е единствениот правилен чекор. Да не дозволиме судбината да ни биде креирана по крој на туѓи интереси! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


М А К Е Д О Н С К АТА А Л И Ј А Н С А Во врска со ставот на Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, дека не е добро да се организира референдум зошто може да биде злоупотребен од земји, организации кои не сакаат Македонија да чекори напред во НАТО Алијансата и ЕУ, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА СТАВОТ НА АЛИ АХМЕТИ

тврдењето на Еди Рама дека тој е најзаслужен за Законот за двојазичност? Тоа нели е класична злоупотреба од Албанската Влада? Дали Тиранската платформа не беше акедонската злоупотреба или Алијанса е во прославата на 10 право кога тврди годишнината од дека Али Ахмети и ДУИ независноста на Косово во свесно и со умисла ја Македонија, повторно во загрозува преговарачката режија на ДУИ? позиција на Македонија. Да Доста е лицемерие! се негира правото на Крајно време е Ахмети, Македонскиот народ да Груби и Османи да одлучува за најважното престанат да играат на национално прашање е Грчка карта! Кога веќе директен внатрешен атак еднаш ќе покажат врз Македонскиот лојалност кон својата национален идентитет во Држава Македонија. режија на ДУИ! Албанските политички Кога веќе Ахмети го фактори ќе имаат целосно објаснува својот став право да се вклучат во контра референдум со прашањето за името тогаш сомнеж дека би бил кога ќе побараат од злоупотребен од трета Владата на Еди Рама да го страна која не и мисли признае Уставното име на добро на Македонија, Република Македонија. Македонската Алијанса Македонскиот народ бара конкретен одговор од нема да дозволи ДУИ – дали Законот за велепредавство! Сигурни двојазичност нема да биде сме дека и нашите злоупотребен од Грција за сограѓани Албанци ја дополнително оспорување разбираат подржуваат на правото на Македонски борбата на Македонскиот јазик во графата во ООН? народ за зачувување на Како Ахмети го доживува

М

13 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 821 / Февруари 2018

сопствениот идентитет. Нека не се лажат лидерите и партиите дека ќе можат да го продадат обезличувањето на Македонскиот народ како успех. Сакаме во ЕУ и НАТО но не по секоја цена. Бараме меѓународната правда да важи за сите подеднакво. Нема никаква правна логика да се потпишува нова билатерална спогодба кога актуелната Времена Спогодба не се почитува и спроведува од страна на Грција. ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ! БРАЌА И СЕСТРИ ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ! Референдум ќе има! Или веднаш членство на Татковината во НАТО согласно пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг или преговорите за името се безпредметни! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


М А К Е Д О Н С К АТА А Л И Ј А Н С А Во врска со одлуката за преименување на автопатот на Коридорот 10 и аеродромот во Скопје, донесена од Владата на седница минатата недела, а сега објавена во „Службен весник“, со чие стапување на сила се брише досегашното нивно име „Александар Велики“, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција: Македонската Алијанса ја смета оваа скандалозна одлука за приватен чин на Зоран Заев и Никола Димитров. Преименувањата се автогол за сервилната надворешна политика на актуелната Влада. Доста беше од исполнување на уцените на Грчките националисти. Бадијала се понижуваме, бидејќи барањата и условите на нашиот јужен сосед секојдневно растат. Лидерот на Грчката опозициска „Нова Демократија“, Кирјакос Мицотакис, кој на сите нивни анкети ужива највисок рејтинг, ги оцени за „симболични“ преименувањето и остро го критикуваше Алексис Ципрас во врска со преговорите за името. Едноставно, Македонија не доби ништо за возврат. Напротив, Грчката позиција и опозиција се единствени во ултиматумот за промена на Уставното име и прифаќање на нов идентитет. Во спротивно за

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ПРОМЕНА НА ИМИЊАТА НА АЕРОДРОМОТ И АВТОПАТОТ Македонија нема ниту ЕУ ниту НАТО. Владината коалиција нема мандат за одлуки кои ги загрозуваат или ги доведуваат во прашање националните интереси. Аеродромот и автопатот се јавни добра кои им припаѓаат на Македонските граѓани. Тоа што актуелната Влада времено управува со нив, не значи дека има стекнато право да ги преименува по Грчки терк. Не може едно да се зборува во опозиција, друго да се прави на власт. СДСМ во 2012 се противеше на промена на имињата на улиците во главниот Град и бараше Скопјани да одлучат за тоа на референдум. Денес, за преименување на капитални инфраструктурни објекти на централно ниво ни на крај памет не им да го прашаат народот! ВРЕМЕ Е МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ДА СЕ ИЗЈАСНИ! БАРАМЕ РЕФЕРЕНДУМ! Уште еднаш повикуваме да се формира Државната 14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 821 / Февруари 2018

Изборна Комисија без понатамошно одлагање. Бараме нови правила кои ќе гарантираат дека идниот состав на оваа институција ќе работи исклучиво по слово на закон, а не по партиски диктат. Најодговорните политички актери да не се лажат дека можат да протуркаат велепредавство на мала врата. За светото Македонско име и идентитет животот го положија многу Македонските херои. Македонскиот народ на референдум да одлучи дали преговорите за името треба да се прекинат или да се прифати обезличување преку промена на Уставното име и прифаќање на нов идентитет. Ние знаеме како треба да се брани Татковината и иднината на Македонскиот народ. Доколку актуелната власт не знае или нема храброст, нека си замине веднаш! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


М А К Е Д О Н С К АТА А Л И Ј А Н С А Во врска со паричната казна која Грчката Канцеларија за даночни приходи во Воден му ја изрече на Архимандритот Никодим Царкњас, заради прием на донација за изградба на Македонска православна Црква Света Злата Мегленска во С’ботско, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА КАЗНАТА ЗА АРХИМАНДРИТОТ НИКОДИМ ЦАРКЊАС

националните интереси! Ако не знаат како се брани Македонија и Македонскиот народ Македонската Алијанса тогаш нека си заминат веднаш! Има кој има ја повикува Владата на храброст и знаење! Зоран Заев и Никола Димитров веднаш да БАРАМЕ ИТЕН ПРЕКИН побара од официјална о кога ќе страдаат НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА Атина да се откаже од ИМЕТО! нашите браќа и казната за сестри од Егејска Архимандритот Никодим Скандалозната казна за Македонија? Оваа казна Царкњас. Ако можеа без Архимандритот Царкњас е скандалозна и е дел од да го прашаат кои својот живот го Грчката стратегија за Македонскиот народ да посвети на одбрана на ништење на изразат подготвеност за Македонскиот Македонскиот идентитет. географска одредница и национален идентитет е за преименување на Обвинувањето дека причина плус која го Архимандритот Никодим аеродромот и автопатот, поткрепува нашето тогаш можат барем Царкњас затајувал барање за прекин на еднаш да покажат грижа преговорите за името. приходи е класичен за своите Македонци во политички прогон. Бараме веднаш влез на Егејска Македонија. Во Грчката болка е зошто и Македонија во НАТО духот на таканаречените покрај нивната Алијансата согласно мерки за градење Времената Спогодба и асимилаторска и доверба кои беа пресудата на геноцидна политика, се најавувани на фанфари Меѓународниот Суд во уште постојат луѓе кои се како придобивка за подготвени да донираат Македонскиот народ. Во Хаг во спротивно преговорите за името за изградба на спротивно, на следната стануваат безпредметни. Македонска Црква. Владина седница нека Меѓународното право Грчките националисти и донесат одлука и јавно и мора да важи за сите радикали не можат да се транспарентно нека подеднакво. кажат дека казната од 45 помират со реалноста илјади евра ќе биде дека никогаш нема да МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА платена од Буџетот на успеат да го скршат Претседател, РМ. Така се штитат Ѓорѓија Џорџ Атанасоски Македонскиот дух. СТОП ЗА РАЗДАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ!

Д

15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 821 / Февруари 2018


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА:

Во врска со Виенските преговори за името меѓу Министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коsијас заедно со преговарачот Метју Нимиц, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

М

акедонскиот народ како единствен суверен владетел со Уставното име и национален идентитет, никому не дал мандат да преговара за најчувствителното прашање за една нација. Клучното прашање е во чие име и со кои национални позиции Никола Димитров преговара во Виена? Алексис Ципрас пред Виенските преговори ја бетонираше позицијата на официјална Атина. Евентуалното решение на спорот за името задолжително треба да вклучува и Уставни измени, а со тоа и нов идентитет. Истовремено, Владиниот портпарол Димитрис Sанакопулос јавно ни порача дека „топката е во нашиот двор“, што значи дека Грчката понуда е „прифати или остави“. Ако Зоран Заев и Никола Димитров беа навистина искрени кога јавно тврдеа дека нема потреба од Уставни измени и дека нема да се преговара за Македонскиот национален идентитет, тогаш за што воопшто преговара шефот на Македонската дипломатија во Виена?

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО ВО ВИЕНА Македонската Алијанса има јасен став или веднаш влез на Македонија во НАТО Алијансата согласно Времената Спогодба и пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг или нема за што да понатаму да се разговара. Меѓународното право мора да важи за сите подеднакво. Бидејќи актуелната Влада избра да си стави камен околу вратот и самата да ја преземе најголем дел од одговорноста што упорно ја турка Македонија во бездна, сметаме дека „двојната игра“ на нејзините најистурени играчи мора конечно да заврши. Доста беше мамење и играње криенка! Не може едно да се зборува јавно, друго да се прави на преговарачка маса!

тери да не се лажат дека можат да протуркаат на мала врата продажба на нешто за што гинеле Македонските херои. Нема друг пат освен Македонскиот народ на референдум да одлучи дали преговорите за името треба да се прекинат или да се прифати обезличување преку промена на Уставното име и прифаќање на нов идентитет.

ВРЕМЕ Е МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ДА СЕ ИЗЈАСНИ! БАРАМЕ РЕФЕРЕНДУМ! ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ!

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Македонската Алијанса повикува веднаш да се формира Државната Изборна Комисија. Најодговорните политички ак16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 821 / Февруари 2018

НИКОЈ НЕ Е ПОГОЛЕМ ОД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! НЕ ПОСТОИ СИЛА КОЈА ЌЕ НЕ НАТЕРА ДА ГО ПРОМЕНИМЕ НАШЕТО ВЕКОВНО ИМЕ МАКЕДОНИЈА! НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ВЕЛЕПРЕДАВСТВО!

Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Во врска со ставот на поранешниот Бугарски Претседател, Георги Прваaнов, кој за БТВ изјави дека Горна или Северна Македонија не се поволни за Бугарија бидејќи не ги исклучуваат територијалните претензии кон Пиринска Македонија, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА СТАВОТ НА ГЕОРГИ ПРВАНОВ

С

ервилната надворешна политика на Владата на Заев и Димитров кон соседите е погрешна! Главните актери од Букурешкиот Договор со кој Македонија е распарчена, и денес после 105 години не доживуваат како плен за делба. Ставот на Прванов кој 10 години беше Бугарски Претседател е уште еден доказ дека Договорот за добрососедство е само во корист на Бугарија. Затоа, Македонската Алијанса со сите политички средства ќе се бори Македонија еднострано да го раскине овој штетен Договор, согласно член 13, точка 3, од истиот.

Македонци од Македонија и нам не ни треба нов идентитет. Грција и Бугарија кои имаат проблем со териториите кои неправедно ни ги одземаа во 1913, можат самите да си ги исполнат условите кои ни ги поставуваат. За да направат разлика со границите на Република Македонија, Бугарите и Грците самите нека си стават географски одредници на Егејска и Пиринска Македонија! Причината на нивниот страв е јасен. Нивната асимилаторска политика е насочена по секоја цена да го избришат фактот дека во Грција има 1,7 милиони, а во Бугарија повеќе од 1 милион НОВ БУКУРЕШКИ Македонци по потекло! ДОГОВОР НЕ ПРИФАЌАМЕ! БАРАМЕ ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО! НЕ ПОСТОИ СИЛА КОЈА ЌЕ НЕ НАТЕРА ДА ГО ПРОМЕНИМЕ НАШЕТО Не прифаќаме придавки ВЕКОВНО ИМЕ или одредници кои треба да МАКЕДОНИЈА! го обезличат Македонскиот народ. Ние знаеме кои сме 17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 821 / Февруари 2018

Татковината мора да излезе од замката која веќе подолг период и се подготвува. Јасно е дека Грција и Бугарија никогаш нема да го прифатат и признаат постоењето на Македонскиот национален идентитет. Грчките радикали секојдневно измислуваат нови имиња за Македонија за кои не сакаат ниту превод на англиски јазик. Бараат Уставни измени и да прифатиме нов идентитет. Меѓународниот фактор треба да го разбудиме со шок – дипломатија! Бараме прво да се спроведе пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг и Македонија веднаш да стане полноправен член на НАТО Алијансата. До тогаш сите разговори и преговори се БЕЗПРЕДМЕТНИ! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА По повод брифингот на портпаролот на Грчката Влада, Димитрис Sанакопулос, кој во пресрет на најавената нова средба меѓу Никола Димитров и Никос Коsијас, потенцираше дека нивното барање е промена на Уставот на Република Македонија со ново име за севкупна употреба, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

А

ктуелната Влада на Република Македонија должи многу сериозни и конкретни одговори на јавноста. Или Зоран Заев, Радмила Шекеринска или Никола Димитров преќутно дале согласност за ново име со географска одредница кое вклучува Уставни измени, или пак истите живеат во некаква илузија дека Грција ќе попушти во своите уцени? Што е став на Владата? Тоа што го зборува Зоран Заев во Македонија или Артан Груби во Вашингтон на средба со Метју Нимиц? Македонскиот народ сака да знае што се случува, бидејќи ниту една партија или коалиција нема мандат да преговара во негово име за Македонскиот национален идентитет! Сите сигнали од Грчка страна одат во насока дека нивниот услов е Македонија и Македонскиот народ да прифати нов идентитет кој треба да се спроведе со промена на Уставното име и тоа веднаш да стапи во сила. Инаку нема членство во НАТО Алијансата и ЕУ.

НОВ БУКУРЕШКИ ДОГОВОР НЕ ПРИФАЌАМЕ! БАРАМЕ ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО!

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО Македонската Алијанса уште еднаш ги повикува најодговорните политички фактори во Татковината да донесат одлука за заштита на Македонското национално ткиво. Доста ни е од уцените на Грчките националисти. Преговорите треба веднаш да се прекинат! Се додека не добиеме гаранција дека меѓународните норми важат за сите подеднакво, нема за што понатаму да разговараме. Меѓународниот фактор треба да обезбеди спроведување на пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг. Согласно Времената Спогодба која се уште е на сила нема никакви пречки Македонија веднаш да стане полноправен член на НАТО Алијансата.

НИКОЈ НЕ Е ПОГОЛЕМ ОД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! НЕ ПОСТОИ СИЛА КОЈА ЌЕ НЕ НАТЕРА ДА ГО ПРОМЕНИМЕ НАШЕТО ВЕКОВНО ИМЕ МАКЕДОНИЈА! РЕФЕРЕНДУМ МОРА ДА ИМА!

вила за функционирање мора да гарантираат независност, самостојност и доследно спроведување на законите. Повеќе не смее да се остава ни малку сомнеж дека најодговорните партии ќе се обидат да спроведат нешто без Македонскиот народ Во интерес на зачувување на да одлучува. националните интереси бараМАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА ме веднаш да се формира ДрПретседател, жавната изборна комисија. НоЃорѓија Џорџ Атанасоски виот нејзин нов состав и пра18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 821 / Февруари 2018


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Во врска со ставот на Грчкиот Претседател, Прокопис Павлопулос, кој на средбата со својот Грузиски колега Гиорги Маргвелашвили, потенцираше дека за решение на Македонското прашање и отстранување на иредентизмот се неопходни измени на Уставот, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

Ш

то доби Македонија од преименувањето на аеродромот и автопатот? Ништо! Официјална Атина продолжува со уцените и уште повеќе го крева прагот на своите барања. Повторно, Павлопулос, во својот познат стил, ултимативно порачува дека без промени на Уставот, без ново име и идентитет Македонија не може да стане член на ЕУ и НАТО Алијансата. Македонската Алијанса ја повикува актуелната Влада да соопшти што е договорено меѓу Премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас во Давос? Наместо секојдневно да слуша контрадикторни ставови граѓаните имаат право да ја знаат вистината и самите да одлучат за иднината на својата Татковина! Македонскиот народ не сака повеќе понижувања. Во минатото под уцена сменивме Устав, се откажавме од знамето со сонцето од Кутлеш, прифативме срамна

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА СТАВОТ НА ПРОКОПИС ПАВЛОПУЛОС привремена референца ПЈРМ, потпишавме Времена Спогодба, а за возврат од Грција добивме вето за нашиот прием на Самитот на НАТО во Букурешт.

Бараме прво да се спроведе пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг и Македонија веднаш да стане полноправен член на НАТО Алијансата. До тогаш сите разговори и преговори за името да бидат замрзнати. БАРАМЕ ИТЕН Бараме гаранција дека меПРЕКИН НА ѓународните норми важат за сите подеднакво! Впрочем, ПРЕГОВОРИТЕ! токму во таа насока е одМАКЕДОНСКИОТ луката на Британскиот Дом НАРОД НЕМА ДА на Лордови кој побара од Британската Влада да се ДОЗВОЛИ Македонија да стане ВЕЛЕПРЕДАВСТВО! заложи членка на НАТО Алијансата без оглед на спорот кој Најодговорните МакедонГрција го има со нашето ски политичари нека разУставно име. мислат добро за своите постапки. Членот 308 од МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Кривичниот Законик на Република Македонија е Претседател, јасен: „Граѓанин на РМ кој ќе ја Ѓорѓија Џорџ Атанасоски доведе Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава, ќе се казни затвор најмалку пет години„. 19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 821 / Февруари 2018


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА

ЗА СТАВОВИТЕ НА АНГЕЛ ЏАМБАСКИ Во врска со ставовите на Бугарскиот Евро пратеник Ангел Џамбаски, кој за БТВ изјави дека Егејска Македонија е Бугарска и дека луѓето таму зборуваат Бугарски јазик, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

М

акедонската Алијанса го повикува Ангел Џамбаски и компанијата да не ставаат масло на огинот. Ниту Егејска Македонија некогаш била Бугарска, ниту пак Македонците таму зборуваат Бугарски јазик. Тоа е само фантазија во главите на Каракачанов, Џамбаски и Ковачев! Само оние кои неправедно одземале од Македонија имаат проблем со нашиот Македонски идентитет. Историските факти не може никој да ги избрише. Со Букурешкиот Договор од 1913, Грција ја присвои Егејска, а Бугарија Пиринска Македонија. Беше спроведена невидена асимилација на Македонците кои насилно беа натерани да се попишуваат како Грци или Бугари. Договорот за добро соседство со Бугарија во пракса е поразителен за Македонските национални интереси. Од неговото потпишување највисоките Бугарски политичари и Државни функционери со ниту еден потег не покажаа дека го напуштиле својот негаторски однос кон Македонскиот народ.

Бугарската Влада не го признава Македонскиот национален идентитет. Договорот не ја обврзува Бугарија да ги почитува пресудите на Европскиот Суд за човекови права. Бугарија и понатаму нема да го регистрира ОМО Илинден – Пирин. Прашање е само на време кога ќе го отворат прашањето за Бугарски пасоши во Македонија. Македонската Алијанса со сите политички средства ќе се бори Македонија еднострано да го раскине Договорот за добро соседство во Бугарија, повикувајќи се на членот 13, точка 3 од истиот. Доволно е да се погледне колкави територии од Македонија биле неправедно одземени од страна на Бугарија и Грција со Букурешкиот Договор. Според расположливите податоци денес во Бугарија живеат 1 милион Македонци по потекло и 1 милион и 700 илјади Македонци по потекло во Грција. Од овие факти се плашат Бугарските и Грчки националисти и затоа активно работат на ништење на Македонскиот идентитет. 20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 821 / Февруари 2018

СТОП ЗА РАЗДАВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ! Македонскиот народ има свој идентитет, култура, јазик и своја иднина. Внатрешните и надворешни непријатели на Татковината мора да знаат дека не постои таква сила која ќе не натера да се обезличиме и да го смениме вековното и свето име Македонија.

НИЕ СМЕ БИЛЕ, СМЕ И ЌЕ ОСТАНЕМЕ МАКЕДОНИЈА! ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ПРОТЕСТИТЕ ВО АТИНА Во врска со масовните протести во Атина за Македонското прашање, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

А

ктуелната Влада на Република Македонија должи одговор каква полза видовме од таканаречените мерки за градење доверба со нашиот јужен сосед? Масовните протести во Атина ја поразија сервилната надворешна политика на Зоран Заев и Никола Димитров! Што значи кога стотици илјади задоени Грци, под покровителство на Грчката црква низ улиците на Атина извикуваат „Македонија е Грчка“? Што значеше палењето на Македонското знаме во Солун? Што е најавата за нови протести на границата со Македонија? Тоа е иредентизам, средновековен национализам и демонстрација на желба за ништење на Македонија и Македонскиот народ! Уште повеќе, последната анкета за потребите на Грчкиот „Елиамеп“ покажува поразителни резултати. Огромни 71,5 проценти од Грците се против вклучување на името Македонија во евентуалното решение на спорот. Во март 2016

година истиот процент бил значително помал - 57 проценти. Заклучокот е едноставен. Колку актуелната Влада во Македонија покажува спремност да ги менува имињата на аеродромот и автопатот, да отстранува споменици, толку повеќе Грци се мобилизираат против Македонскиот идентитет. За жал, политичките актери во Татковината до сега не сакаа да ги слушаат предупредувањата на Македонската Алијанса. Грчките политичките лидери се единствени во уцената - ако сакаме да ги оствариме нашите Евроатлантски интеграции мора да прифатиме нов идентитет. Помина времето кога за вакви протести е доволна осуда и протесна нота на МНР! Официјална Атина никогаш немала право да не обвинува за иредентизам. После вакви срамни протести уште помалку! Ова е аларм за меѓународната заедница да го смени пристапот! Потребно е безусловно да ја спроведе пресудата на 21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 821 / Февруари 2018

Меѓународниот Суд во Хаг!

ВРЕМЕ Е ЗА ШОК ДИПЛОМАТИЈА! БАРАМЕ ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО! НОВ БУКУРЕШКИ ДОГОВОР НЕ ПРИФАЌАМЕ! НЕ ПОСТОИ СИЛА КОЈА ЌЕ НЕ НАТЕРА ДА ГО ПРОМЕНИМЕ НАШЕТО ВЕКОВНО ИМЕ МАКЕДОНИЈА! БРАЌА И СЕСТРИ ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


М А К Е Д О Н С К АТА А Л И Ј А Н С А По повод посетата на медијаторот Метју Нимиц и серијата средби со Државно политичкиот естаблишмент на Македонија, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА ПОСЕТАТА НА МЕТЈУ НИМИЦ

ВРЕМЕ Е ЗА ШОК ИТЕН ПРЕКИН НА ДИПЛОМАТИЈА! ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО! осегашната тактика на умереност и сервилна надворешна политика не вродува со плод. За жал, зголемениот оптимизам и очекувања дека јужниот сосед ќе отстапи од своите црвени линии полека но сигурно се троши. Грчките партии се разликуваат во нијанси, но во нивната суштинска уцена се единствени – Македонскиот народ мора да си најде нов идентитет ако сака да ги оствари Евроатланските интеграции. Вчерашната нервозна заедничка прес конференција на Никола Димитров и Метју Нимиц е потврда за тоа!

Д

Македонската Алијанса најавува Платформа за заштита на националните интереси. Во неа ќе бидат адресирани сите прашања поврзани со заштита на Уставното име и Македонскиот национален идентитет и обезбедувањето сигурна иднина за Татковината. Најодговорните политички актери во Татковината мора конечно да соберат храброст за неопходните чекори. Уверени сме дека единствен излез од овој лавиринт е времено прекинување на преговорите за името. Времената спогодба од 1995 е се уште на сила. По тој основ 22 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 821 / Февруари 2018

легитимно е нашето барање прво да се спроведе пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг и Македонија веднаш да стане полноправен член на НАТО Алијансата. Нам ни се потребни гаранции дека меѓународните норми важат за сите подеднакво. Работите мора да се изведат на чистина. Не може Грција и понатаму да избегнува да ги исполнува обврските кои ги превзема во меѓународните односи.

ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ НА ТАТКОВИНАТА! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


GEORGIEVSKI MIROSLAVMIRO

ILUSTRIRANA BIOGRAFIJA

ALEKSANDAR MAKEDONSKI

EPIZODA

TRAKIJA UREDNIK ELIZABETA HAXI  STOJANOVA KOSTURSKA




GEORGIEVSKI MIROSLAVMIRO

ILUSTRIRANA BIOGRAFIJA

ALEKSANDAR MAKEDONSKI

EPIZODA

KARPATI UREDNIK ELIZABETA HAXI  STOJANOVA KOSTURSKA




СЕКОГАШ СО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

ЗА ДОБРОТО НА МАКЕДОНИЈА


З А Е В - Е РД О ГА Н : Поддршка во процесот за решавање на спорот со Грција даде и претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган на средбата со премиерот Зоран Заев, кој со владина и парламентарна делегација е во официјална посета на Турција. Претседателот на Турција оценил дека тоа е добро за Балканот и за евроатлантските перспективи на Република Македонија

ПОДДРШКА ЗА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОТ СО ГРЦИЈА И ЗА ЗАСИЛЕНА ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА

Н

а средбата со Ердоган, на која премиерот Заев бил придружуван од министерот без ресор Аднан Ќахил, било констатирано дека двете пријателски земји имаат потенцијал за унапредување на економската соработка преку зголемување на турските инвестиции како и преку нови иницијативи од страна на Македонија. Претседателот на Турција, Ердоган, ја поддржал иницијативата од премиерот Заев за зголемување на квотите за извоз на телешко и јагнешко месо во Турција, а најавил и дека овој став ќе го пренесе на Владата на Република Турција. Тој изразил поддршка и охрабрување на турските бизнисмени за ин-

вестирање во Македонија. Заев потенцирал дека за граѓаните на Република Македонија е многу важна секоја активност и инвестиција којашто влијае на покачување на животниот стандард и отвора нови работни места 30 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 821 Февруари 2018

во Македонија и во таа насока му се заблагодарил на претседателот Ердоган за развојот на економските односи, како и за поддршката од Република Турција за членство на Република Македонија во НАТО и ЕУ.


Стручна, ефикасна, отчетна и транспарентна администрација е еден од главните приоритети на Владата предвидени во Стратегијата за реформа на јавната администрација 20182020 година, чија содржина ја презентираше министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски

ДЕПОЛИТИЗАЦИЈА И П РА В И Ч Е Н С И С Т Е М Н А П Л АТ И

ДЕЛ ОД РЕФОРМИТЕ ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

К

реирање политики и координација, јавна служба и управување со човечки ресурси, одговорност, отчетност и транспарентност, јавни услуги и ИКТ поддршка на администрацијата, како и управувањето со јавните финансии, се клучните точки кои во себе ги содржи Стратегијата, која вчера беше усвоена на владина седница, заедно со Акцискиот план за нејзино спроведување. „Предвиден е план за деполитизација на администрацијата, како еден од основните проблеми преку унапредување на постапките на селекција, вработување врз основа на начелата на заслуги, еднаков и фер третман, како и правична застапеност на сите заедници“, посочи Манчевски. Особено внимание во документот се посветува на професионализацијата на високите раководни структури преку јасно разграничување на политичкото и професионалното ниво. Планирано е воведување категорија високи државни службеници. Предвидено е редефинирање на системот за оценка на административните службеници, ќе се постават основи за наградување според учинок, со цел, како што

појасни Манчевски, да се овозможи во подоцнежните фази овој систем да биде поврзан со системот за плата. Министерот додаде дека ќе се дефинира и системот за плати и во подготовка е нов закон за плати во јавниот сектор. Во врска со предупредувањето дека сите оние институции коишто нема да ги внесат податоците за своите вработени во 31 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 821 Февруари 2018

информатичкиот систем за управување со човечките ресурси, нема да земат плата, Манчевски рече дека до крајот на март е рокот кога треба да се излезе со годишниот извештај за бројот на вработените во администрацијата. Додаде дека зголемена е активноста за регистрирање во системот и целта не е некој да се казни, туку да се воведе ред и да се почитуваат законите.


Целта на проектот беше целосно истражување, односно откривање на архитектонската структура на театарот, негова конзервација, реконструкција, ревитализација и презентација пред пошироката јавност. Истражувањето ги потврди сознанијата дека театарот во Скупи претставува еден од најимпресивните споменици на антиката и наедно најголем објект наменет за масовна забава, подигнат на територијата на Република Македонија во римскиот период

В О А Р Х Е О Л О Ш К АТА С А Л А Н А М У З Е Ј О Т Н А Г РА Д О Т С КО П Ј Е Б Е Ш Е П Р О М О В И РА Н А П У Б Л И К А Ц И Ј АТА

"РИМСКИ ТЕАТАР СКУПИ (ИСТРАЖУВАЊА 2 013-2016)"

В

о археолошката сала на Музејот на градот Скопје беше промовирана публикацијата „Римски театар Скупи (истражувања 2013-2016)“, од повеќе автори. Публикацијата ја промовираше Елица Манева. Публикацијата „Римски театар Скупи“ е резултат на сознанијата добиени од археолошките истражувања на просторот од театарот во Скупи, во рамките на проектот „Антички театар Скупи - истражувања, заштита, конзервација, реставрација, реконструкција и презентација 2013-2017 година“, капитален проект на Владата во областа на културата, реализиран со посредство на Министерството за култура и Управата за заштита на културното наследство. Целта на проектот беше целосно истражување, односно откривање на архитектонската структура на театарот, негова конзервација, реконструкција, ревитализација и презентација пред пошироката јавност. Истражувањето ги потврди сознанијата дека театарот во Скупи претставува еден од најимпресивните споменици на антиката и наедно најголем објект наменет за масовна забава, подигнат на територијата на Република Македонија

во римскиот период. Исто така, монументалноста, исклучителната архитектонска композиција, како и извонредно раскошната декорација, се потврда за урбаниот развој и високите цивилизациски дострели на Скупи како град со статус на римска колонија. Публикацијата претставува презентација на самиот театар, како и сознанијата за другите културни хоризонти откриени на просторот од театарот, што овозможува следење на целата културна стратиграфија и историја на градот Скупи. Во публикацијата се претставени и стручно научно анализирани сите градби, структури и појави најдени на просторот од театарот, како и најрепре32 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 821 / Февруари 2018

зентативните предмети од откриените околу 10.000 разновидни наоди од праисторијата, антиката и средниот век. Од тие причини публикацијата e конципирана како зборник на трудови од повеќе автори, кои во процесот на археолошките истражувањa работеа на одредена проблематика во рамките на проектот, за да се презентираат сите аспекти поврзани со архитектонската композиција на римскиот театар, како и комплексната културна стратиграфија на просторот. Станува збор за двојазична, македонско-англиска публикација, која ќе овозможи достапност на нашето културно наследство во меѓународни рамки.


П И С АТ Е Л О Т В Е Н К О А Н Д О Н О В С К И

Од балканските книжевности номиниран е и словенечкиот писател Драго Јанчар. Андоновски е номиниран за руското издание на романот „Папокот на светот“, во превод на Олга Панкина

М

акедонскиот писател Венко Андоновски, заедно со уште 34 светски писатели е номиниран за Толстоевата награда за книжевност „Јасна полјана“. Меѓу

НОМИНИРАН ЗА ТОЛСТОЕВАТА НАГРАДА

номинираните се и познатите светски писатели Каѕуро Исигуро, Тони Морисон, Јак Мекјуан, Џонатан Литл, Амоз Ос, Маргарет Етвуд и други. Од балканските книжев33 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 821 / Февруари 2018

ности номиниран е и словенечкиот писател Драго Јанчар. Андоновски е номиниран за руското издание на романот „Папокот на светот“, во превод на Олга Панкина.


Н А Б Е Л Г РА Д С К И Ф Е С Т Н А Ј Н О В И О Т Ф И Л М

Филмот е психолошки пресек на едно парче од нејзиниот живот. Филмот е една покана да се влезе во светот на Бикини Мун, да се погледне денешното општество низ нејзините очи, да се погледне Њујорк и светот во кој медиумите не контролираат низ нејзините очи и додека го истражуваме сето тоа, цело време да се прашуваме што е вистина, а што не е вистина

БИКИНИ МУН НА РЕЖИСЕРОТ МИЛЧО МАНЧЕВСКИ

Ф

илмот кој е во американска продукција и во режија и сценарио на Милчо Манчевски претставува драма, еден психолошки пресек за девојката по име Бикини Мун Дејвис, Американка кој служела војска во Ирак и која сега живее во Њујорк и се справува со општеството, со ментални проблеми и со природата на вистината, изјавил режисерот Манчевски пред премиера на неговиот најнов филм. - Филмот е психолошки пресек на едно парче од нејзиниот живот. Филмот е една покана да се влезе во светот на Бикини Мун, да се погледне денешното општество низ нејзините очи, да се погледне Њујорк и светот во кој медиумите не контролираат низ нејзините очи и додека го истражуваме сето тоа, цело време да се прашуваме што е вистина, а што не е вистина. Овој филм е современа игра и современа

бајка, додал Манчевски. Филмот е сниман во Њујорк на вистински локации каде Манчевски живее последниве 30 год. Според Милчо Манчевски, предизвик за темата на филмот Бики Мун е неговиот интерес за местото каде се судираат, се спојуваат, се среќаваат и се бакнуваат вистината и лагата, документарното и играното и како би изгледало кога би имале еден лажен документарец или филм кој што го гледаме, да откриеме што е вистина или конструкција.Тоа е една игра. Покрај филмот Бакини 34 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 821 / Февруари 2018

Мун, Милчо Манчевски на реномираниот филмски фестивал ФЕСТ е и претседател на жири комисијата. По светската премиера во Бразил во Сао Паоло и европската премиера на ФЕСТ во Белград, филмот Бикини Мун ќе биде прикажан и во Порто, следната недела ќе ја има американската премиера во Сан Хозе, потоа филмот ќе се емитува во Софија, Истанбул и на други меѓународни фестивали, а на 22 март во кино Миленуим во Скопје, ќе ја има македонската премиера, во дистрибуција на Манаки филм.


В О Д В О Р О Т Н А Ц Р К В АТА „ С В . Т Е О Д О Р ТИРОН“ ВО КРИВОПАЛАНЕЧКОТО СЕЛО КОНОПНИЦА

"НЕВЕСТИНСКО ПОКЛОНЕНИЕ" Настанот е дел од годишната културна програма на општина Крива Паланка и се одржува под покровителство на локалната самоуправа, месната заедница на Конопница, Националната установа Центар за култура и ЛУ Градски музеј, Крива Паланка, заедно со Македонска православна цркваКумановско-Осоговска епархија

З

вукот на црковната камбана ,надополнет со звукот на тапанот го означиле почетокот на црковно-народната и културна манифестација „Невестинско поклонение“ којa се одржа токму кога се чествува споменот на светецот Св. Теодор Тирон, во дворот на црквата „Св.Теодор Тирон“ во Кривопаланечкото село Конопница. Учествувале седум невести кои стапиле во брак помеѓу двете Тодорици, заедно со своите свекрви, облечени во традиционални народни носии, поклонувајќи се пред светителот, оживувајќи ја традицијата која некогаш нивните баби и прабаби ја изведувале за да бидат благословени со здрав пород. Настанот е дел од годишната културна програма на општина Крива Паланка и се одржува под покровителство на локалната самоуправа, месната заедница на Коно-

пница, Националната установа Центар за култура и ЛУ Градски музеј, Крива Паланка, заедно со Македонска православна црква-Кумановско-Осоговска епархија. Автентичната традиција датира од средината на минатиот век, а манифестацијата е возобновена пред девет години на иницијатива на Стојанче Величковски. Стојанче Величковски, идеен творец на манифестацијата, вели, и неговата мајка, баба, но и сите од 35 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 821 / Февруари 2018

селото, празнично и свечено го спроведувале традиционалниот обичај со особена радост и славје, а овој ден претставувал вистински празник во домот, но и во срцата на учесниците. Годинава учесничките на манифестацијата биле од Скопје, Куманово и Крива Паланка. Организаторите, горди на манифестацијата, велат, истата е културно наследство кое ќе се развива во иднина и ќе привлекува се поголем број намерници.



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.