785

Page 5

Евроскептицизмот, прашањето за емигрантите, како и европската криза не се сојузници на процесот на проширувањето на ЕУ, но Германија ја продолжува поддршката Република Македонија што поскоро да ги почне преговорите за членство со ЕУ, се пораките на Берлин до македонските парламентарци, кои два дена се гости на фондацијата „Конрад Аденауер“, јавува Дојче веле

ГЕРМАНСКА ПОДДРШКА ЗА ВЛЕЗ НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ

ДЕБЛОКАДА НА ЕВРОИНТЕГРАЦИЈАТА СО СЛОВЕНЕЧКО ХРВАТСКИОТ МОДЕЛ еблокирањето на евроинтеграцијата на Македонија со примена на словенечко-хрватскиот модел била тема на разговорите меѓу групата пратеници од македонското Собрание и претставници на германскиот Бундестаг и на владата во Берлин. Евроскептицизмот, прашањето за емигрантите, како и европската криза не се сојузници на процесот на проширувањето на ЕУ, но Германија ја продолжува поддршката Република Македонија што поскоро да ги почне преговорите за членство со ЕУ, се пораките на Берлин до македонските парламентарци, кои два дена се гости на фондацијата „Конрад Аденауер“, јавува Дојче веле. Германскиот пратеник Петер

Д

Вајс оценува дека вреди да се направи обид и на Македонија да и се дозволи поинаков пат на интеграција од досегашниот. Антонио Милошоски, кој ја предводеше македонската делегација во Берлин, изјави дека во Бундестагот постои група на добри познавачи и пријатели на регионот кои се расположени да ја разгледаат иницијативата за примена на словенечко-хрватскиот модел при преговорите за членство во ЕУ и за Македонија. - Тоа значи поведување одредени иницијативи кои ќе создадат околности Македонија и Грција паралелно да разговараат и за членството во ЕУ и за разликите во името. Така тие два процеси наместо да се косат еден со друг, како што е досега, би се стимули05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 785 / Февруари 2014

рале со заедничка мотивација што поскоро да се стигне до двете цели, појаснува Милошоски. Македонските пратеници биле информирани дека следното проширување на Европската унија со која било земја членка од регионот, би се случило во 2018 или 2019 година. - Она што ни беше посочено е дека Владата на Самарас и грчката дипломатија преземаат разни чекори Република Македонија да не ги отпочне преговорите со ЕУ до 2018. Или, доколку ги отпочне, тие да не завршат во краток рок или да бидат одолговлекувани за да не може Македонија да се приклучи кон земјите кои имаат шанси да бидат дел од наредното проширување на Унијата по 4 или 5 години, коментира Милошоски.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.