Page 1

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА: ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА

Macedonian Sun

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

S NCE

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

Година XX, Број 816, Септември 2017

WEB ИЗДАНИЕ

MONTHLY EDITION

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

www.makedonskosonce.com

Macedonische Sonne Soleil Macedоnien

ЗА ПРЕДЛОГОТ НА ВЛАДАТА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА РЕГИСТАР НА НАСЕЛЕНИЕ

MONTHLY EDITION

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА: СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА ПРЕДЛОГЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА МАЛЦИНСТВАТА ВО АЛБАНИЈА

ГЕРМАНИЈА  ИСКРЕН ПРИЈАТЕЛ И КЛУЧЕН ПАРТНЕР НА ЕВРОПСКАТА ПЕРСПЕКТИВА НА МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА: ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ОДЛУКАТА ЗА ПРИТВОР ЗА ЕДМОНД ТЕМЕЛКО


Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"

Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija

e edna!!!

Писмена реакција за предлогот на Владата за воведување на Регистар за население Почитувани, Во врска со предлогот на Владата на Република Македонија за воведување на Регистар за население, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното: Македонскиот народ и неговата иднина стануваат се поголеми заложници на голата борба за власт. Во Татковината 15 години не е спроведен попис како нужна статистичка операција на сите нормални Држави во светот каде владее правото и правната сигурност. Без да навлегуваме во техничкото толкување на предлогот на Владата на Зоран Заев за воведување на Регистарот на население како „нова“ електронска евиденција, за нас како Македонска Алијанса овој е предлог е исклучиво пазарџиско – политичка алатка за зачувување на постоечката Владина коалиција, а во суштина е измислена за да се избегне спроведување на пописот. И тоа, овој предлог не случајно станува актуелен во време на предизборната кампања за престојните локални избори, го промовира Министер на СДСМ, што од далеку мириса на ветување кое треба да се испорача токму сега, како дополнителна гаранција за очекувањата на Албанските гласови. Регистарот на население не може и не смее да биде замена за попис. И да не се лажеме дека системот на електронска евиденција нема да направи проблем! Со оваа алатка ќе им се овозможи на оние Албанци кои со години воопшто не живеат, а се водат на адреси во Македонија, комотно, од надвор, со политички диктат да се регистрираат како да се во Македонија. Е тоа е многу сериозен проблем, бидејќи вештачки ќе се пумпаат процентите на Албанската етничка заедница што беше клучната причина поради која пропадна обидот за фалсификат во 2011. Македонската Алијанса ги повикува СДСМ и ВМРО ДПМНЕ наместо да ловат Албански гласови на сметка на националните интереси, сега за време на кампањата да се усогласат дека после локалните избори веднаш ќе се закаже одржување на легален попис. Тоа ветување пред гласачите мора да го одржат! Истовремено, нека го подржат нашето барање за итно повлекување на Законот за употреба на Албанскиот јазик. Веднаш да се прогласи мораториум за сите условувања на Албанските партии се додека не се согласат да се спроведе законски попис. Крајно време е да се каже стоп на уцените на Албанските политички фактори кои се надвор од рамките на Охридскиот Договор и се спротивни на Уставот на Република Македонија. Македонската Алијанса го реафирмира предлогот Претседател на Државната пописна Комисија да биде лице со висок морален кредибилитет кој доаѓа од Македонската Дијаспора и кој не бил вмешан во претходните пазари на политичките партии. Не може Албанските политички фактори заради бројот на пратеници во актуелниот политички состав, со сила да издејствуваат политичкиот терор на едно малцинство врз целиот Македонски народ, а најодговорните Македонски политички партии да не можат да се усогласат да ги одбранат Македонските национални интереси. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател,

\or|ija - Xorx Atanasoski


ЗАЕВ-ГУТЕРЕШ Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи, Никола Димитров и министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, придружуван од медијаторот Метју Нимиц. Генералниот секретар на ОН, Гутереш, како што соопшти владината пресслужба, му честитал на премиерот Заев што Македонија е повторно стабилна држава и поставена да се движи во добра насока

ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ СЕ СРЕТНА СО ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ОН, ГУТЕРЕШ

М

акедонија е еден од најпозитивните примери за меѓукултурен, меѓурелигиски и меѓуетнички соживот. Ја цениме улогата што ја има вашата држава во регионот како фактор што го помага разбирањето и дијалогот меѓу државите. Македонија има голема поддршка од ОН и таа ќе продолжи и во иднина, порачал генералниот секретар на ОН, Гутереш, на средбата со премиерот Заев. Генералниот секретар Гутереш додал дека е важно Република Македонија да обезбеди развој и да ги постигне милениумските развојни цели. Генералниот секретар на ОН изразил охрабрување за надминување на спорните прашања во насока на обезбедување на стратешките евро-атлантски цели на Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Заев соопштил дека Владата е силно посветена на потребните реформи за квалитетен живот на граѓаните и за отворање на перспективите на државата. - Водиме инклузивни политики, ја градиме Македонија во едно општество за сите граѓани низ мултиетничка кохезија, развиваме

добри односи со соседите, градиме пријателства на меѓународен план, и се надеваме дека со тоа даваме позитивен пример за целиот регион. Договорот меѓу Република Македонија и Република Бугарија е доказ дека отворените прашања се надминуваат, таму каде што постои политичка волја за тоа, рекол премиерот Заев. Претседателот на Владата на Република Македонија нагласил дека интеграциите на Македонија во ЕУ и НАТО се иднината на државата и на сегашните и идните 03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 816 / Септември 2017

генерации. Премиерот Заев и на средбата со генераниот секретар на ОН соопштил дека Република Македонија ги поддржува активностите за реформа на ОН, што ги спроведува генералниот секретар Гутереш. Премиерот Заев го повикал генералниот секретар Гутереш да го посети регионот и Република Македонија, како и на позасилен ангажман во обезбедување подобри перспективи за Република Македонија и целиот регион.


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА:

Во врска со влегувањето во Собраниска процедура на Предлог-законот за заштита на малцинствата во Албанија, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

М

акедонската Алијанса го поздравува предложениот Закон за заштита на малцинствата во Албанија. Конечно, притисокот на ЕУ дава резултати. Се разбира овој Предлог-закон е плод на неуморната демократска борба на Македонското Друштво „Илинден“ од Тирана на Никола Ѓурѓај и Македонската Алијанса за Европска иднина на Едмонд Темелко. Македонската Алијанса очекува Предлог-законот да биде изгласан во итна постапка и без амандмански интервенции во текстот. Со постоечките одредби Албанија ќе признае постоење на осум национални малцинства на својата територија, меѓу кои и Македонското. Сакаме да веруваме дека парламентарното мнозинство предводено од социјалистите на Премиерот Еди Рама нема да потклекне на притисокот на познатите негатори на Македонскиот идентитет, Бугарските Европратеници, Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски, кои со иницијатива во Европскиот Парламент во февруари, побараа да се прифати дека во

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА ПРЕДЛОГЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА МАЛЦИНСТВАТА ВО АЛБАНИЈА регионите на Преспа, Голо Брдо и Гора живеат Бугари, што беше рамно на смешните големо Бугарски идеи и претпоставки дека евентуално и на планетата Марс има Бугарска колонија. Ова е прв чекор кон остварување на основните човекови права на нашите браќа и сестри Македонци кои живеат во Албанија. За жал, во овие моменти единствениот Градоначалник – Македонец во Албанија, Едмонд Темелко, доживеа да стане жртва во матичната Држава која го третира како да е терорист. Ние ја продолжуваме битката за унапредување на правата на Македонците во целиот регион. Не ја забораваме Резолуцијата за правата на Македонците во Албанија, која ја предложи Македонското Друштво „Илинден“ од Тирана, кое е рамноправен член на ФУЕН (Федералната Унија на Европски националности) од 2015 година. Сите шест точки од оваа Резолуција, кои се барања до Албанските Државни институции - за ратификација на повелбата за регионални и 04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 816 / Септември 2017

малцински јазици на Совет на Европа, за признавање на Македонското малцинство, за еднаков третман на Македонците од Голо Брдо и Гора со оние од Мала Преспа, изучување на Македонски јазик, како и преиспитување на административната поделба од 2015, се барања за чие остварување сите заедно се бориме во континуитет. Предлог-законот за заштита на малцинствата треба да биде дополнителен мотив за нашите браќа и сестри кои живеат во Албанија да ја продолжат својата политичка и демократска битка за основањето на Македонски културни центри, фолклорни групи, правична и пропорционална застапеност во Државните институции, стипендии за Македонските студенти, достапност на образовниот процес и изучување на Македонскиот јазик. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Во врска со одлуката на Кривичниот Совет на одделението за организиран криминал и корупција од Основниот Суд Скопје 1, со која е одобрено барањето на Специјалното јавно обвинителство за одредување притвор за Градоначалникот на Општина Пустец, Едмонд Темелко, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната писмена реакција:

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ОДЛУКАТА ЗА ПРИТВОР ЗА ЕДМОНД ТЕМЕЛКО

М

акедонија страда од синдром на самоуништување! Правосудниот систем е слеп и глув за многу други прекршувања на законите во Македонија, арно ама за единствениот Градоначалник – Македонец во Албанија, Едмонд Темелко, функционира беспрекорно. Срамота! Додека Владата предлага Закон за амнестија, а во меѓувреме од затвор излезе Агим Красниќи, кој според медиумските информации не се ни вратил од „слободниот викенд“, времено е пуштен и Бајруш Сејдиу, Обвинителството и Судството покажуваат мускули на Едмонд Темелко. Каква иронија? Македонските политички партии за опстојување на фотељите и функциите преговараат и се договораат со поранешните терористи на ОНА, кој сега се на врвни Државни функции заради срамната одлука за амнестија од 2011 година, а политичкиот претставник на

Македонците во Албанија ќе оди во притвор! Оние кои учествуваа во масакрот на Вејце во 2001 сега уценуваат со Закон за двојазичност, говорат на Мечкин Камен на Илинден, а Едмонд Темелко ќе се третира како терорист, и тоа баш пред локални избори! Македонската Алијанса секогаш бескомпромисно ја поддржува борбата против криминалот и корупцијата. Секој што се огрешил, мора да одговора, без разлика од која партија бил, или сега е на функција. Затоа, оваа реакција не е притисок кон Судството, туку апел за отрезнување! Во кампањите на Едмонд 05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 816 / Септември 2017

Темелко за Градоначалник на Пустец, во различни периоди, заради лични и партиски поени, учествувале високи функционери и на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ. Ги повикуваме да не молчат туку заедно да дадат гаранции дека Едмонд Темелко редовно ќе се појавува на сите претреси пред Судот. Пратениците можат исто така лично да издадат гаранции за Градоначалникот на Пустец да не оди во притвор. Тоа нема да го направат лично за Едмонд Темелко туку за да го зачуваат достоинството на Македонскиот народ. Нека покажат вистинска грижа за Македонците кои живеат во Албанија. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


ДИМИТРОВ: Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, престојуваше во работна посета на Германија, во чии рамки оствари средба со својот домаќин, германскиот сојузен министер за надворешни работи, Зигмар Габриел

ГЕРМАНИЈА - ИСКРЕН ПРИЈАТЕЛ И КЛУЧЕН ПАРТНЕР НА ЕВРОПСКАТА ПЕРСПЕКТИВА НА МАКЕДОНИЈА

Н

а средбата со својот германски колега, како што соопшти МНР, министерот Димитров ја реафирмирал силната политичка волја и активностите на новата македонска Влада насочени кон враќање на европскиот курс на земјата, преку исполнување на неопходните реформи, со цел зајакнување на процесот на наша интеграција во ЕУ и НАТО. Ги пренел и позициите на Република Македонија во однос на проактивниот пристап во регионалната политика преку конкретните иницијативи на новата Влада за градење односи на отворен дијалог со сите наши соседи, оценувајќи дека истите несомнено ќе придонесат за европска иднина на целиот регион на Западен Балкан. „Не сакаме лажни реформи, сакаме систем на спреги и кочници. Сакаме европска Македонија, владеење на правото и систем на заслуги. Така ќе ги поттикнеме нашите млади да останат. Берлин го напушаме силно охрабрени, со пораки на јасна поддршка за предизвиците што не очекувааат на овој пат“, истакнал министерот. Неговиот германски колега Габриел ја реафирмирал германската поддршка во исполнување на стратешките прио-

ритети на нашата земја, потенцирајќи дека Германија ќе продолжи силно да ги охрабрува македонските заложби за интегрирање во ЕУ и НАТО. Ги поздравил нашите иницијативи посветени на водењето политика на добрососедство, констатирајќи дека досега преземените активности се недвосмислена потврда на нашата определба за практикување европска политика во Регионот. 06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 816 / Септември 2017

Покрај средбата со министерот Габриел, Димитров имал средба и со советникот за надворешна и безбедносна политика на канцеларката Меркел, Кристоф Хојзген, а остварил одделни средби и со заменик генерлниот секретар на Фондацијата „Конрад Аденауер“, Герхард Валерс, како и со високиот претставник и член на Управниот одбор на Фондацијата „Фридрих Еберт“, Ролф Мицених.


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА: Во врска со анализата на Германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ за проблемот кој Грција го има со нашето Уставно име, каде повикувајќи се на „добро информирани извори“ се тврди дека после локалните избори, Скопскиот аеродром „Александар Велики“ ќе биде преименуван во „Мајка Тереза“, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ТЕКСТОТ ВО ГЕРМАНСКИОТ ВЕСНИК ФАЦ

С

имптоматично е што ваква анализа се објавува после посетата на Никола Димитров на Германија која се реализираше пред две недели. Се почесто преку странски медиуми се пласираат пробни балони кои треба да ја тестираат подготвеноста на Македонската јавност за тоа што ќе следува. Македонската Алијанса ја повикува Владата на Зоран Заев и Никола Димитров да и објасни на јавноста што е вистина во тврдењата на ФАЦ. Премиерот Зоран Заев во своето прво интервју на јавниот сервис откако стапи на функцијата, изјави дека новата Влада нема да ја провоцира Грција како во минатото со поставување споменици, преименување на автопатишта и аеродроми. Ден пред посетата на Никос Kosиас на Македонија, осамна текст во Грчкиот весник „Демократија“ каде беше лиферувана информација дека новата Влада е условена со остранување на споменикот на Александар Македонски во Скопје, што Никола Димитров не го демантираше. Сигурни сме дека ниту овој текст во ФАЦ не е случаен. Особено што влијателниот Германски медиум лицитира и со можни нови имиња како „Горна Македонија“ или „Нова Македонија“. Нема никаква дилема дека актуелизирањето на спорот за името е предвесник за период кој ќе биде огромен тест за сите Македонски политичари. Македонската Алијанса уште еднаш предупредува дека ниту претходната Влада на ВМРО ДПМНЕ, ниту сегашната на СДСМ има мандат да влегува во некави дилови и екскурзии за евентуални проекти за раздавање на светото Македонско име и идентитет. На нашата надворешна политика не и е потребна сервилност и попустливост, туку цврстина и консензус за стратешките национални прашања. Ние нема што дополнително да ги задоволуваме суетите на официјална

Атина. Ние направивме многу болни, срамни и понижувачки отстапки со менување на Устав, знаме и потпишување на Времената спогодба во 1995 година, со што ги дадовме сите можни меѓународни гаранции. Придавки од типот „Нова“ или „Горна“ никогаш нема да прифатиме. Единствено можно решение е прифаќање на реалноста, а тоа е дека ние сме биле, сме и ќе останеме Република Македонија. Нашите барања за признавање на Македонците и националниот идентитет, посебност, јазик и култура, од Грција, не се иредентизам туку универзално демократско право. Истовремено, јасно сме ставиле до знаење дека не бараме монопол на нашето реферирање на Античките корени и историја, бидејќи за нас тоа е светска цивилизациска историја и наследство. Македонскиот народ не бара ништо повеќе, туку само спроведување на истите аршини кои важат за сите меѓународно признати држави, членки на ООН. За почеток, доволно е нашите меѓународни сојузници конечно да обезбедат официјалната Атина, како осудена земја, да ја прифати и спроведе пресудата на Меѓународниот Суд во 07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 816 / Септември 2017

Хаг, затоа што во 2008 во Букурешт, одлучи противправно да ги прекрши меѓународно преземените обврски и со вето го блокираше нашиот влез во НАТО Алијансата. Македонската Алијанса уште еднаш ги предупредува најодговорните политички парламентарни да не влетуваат во некакви експерименти и да даваат лажни ветувања дека имаат сила да изведат осакатување на Македонскиот народ и Држава. Ако се уценети со нешто, тоа е нивен проблем и како знаат нека си го решаваат. Не може заради тоа целиот Македонски народ да биде нивен заложник. Промена на Уставното име и идентитет нема да им помине. Секој обид за велепредавство ќе биде пресретнат од Македонскиот народ кој жестоко ќе го брани своето.

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Во врска со синоќешната средба во седиштето на ООН во Њујорк, помеѓу Генералниот Секретар Антонио Гутереш и Грчкиот Министер за надворешни работи, Никос Коsиас, на која бил присутен и медијаторот Метју Нимиц бидејќи се разговараше за спорот со името, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА СРЕДБАТА ГУТЕРЕШ  КОSИАС ВО ЊУЈОРК

О

д средбата меѓу домаќинот Гутереш и гостинот Коsиас во ООН во Њујорк може уште еднаш да се заклучат две работи. Прво, дека после локалните избори ќе се зголеми притисокот Македонија да попушти и да прифати да преговара за некаков нов предлог кој ќе треба да ги задоволи максималистичките позиции на официјална Атина. Второ, според Коsиас, бидејќи „постои отворен прозорец за можности“ да се разговара после локалните избори, услов за официјална Атина да прифати воопшти да разговара е Македонија „да го напушти иредентизмот“ Значи, земјата која согласно пресудата Меѓународниот Суд во Хаг ја прекрши Времената Спогодба, токму во седиштето на ООН, не само што дрско го загрозува универзалното демократско право на самоопределување кое мора да важи за Македонија како и за секоја друга земја членка, туку поставува и нови услови за решавање на повеќе деценискиот ирационален проблем кој Грчките политички елити го имаат со нашето Уставно име. Ај што Грчкиот политички врв упорно и лажно не обвинува за некаков измислен иредентизам, дилемата е на што точно мисли Коsиас кога условува Македонија да го напушти иредентизмот?

Дали очекува да ги тргнеме сите споменици на Александар Македонски, да ги преименуваме аеродромот и автопатот? После промената на Уставот, Знамето, прифаќањето на срамната и понижувачка привремена референца БЈРМ, уште што треба да направиме за да ги задоволиме Грчките националисти? Не може меѓународната заедница да биде слепа и глува за скандалозните провокации и националистички нагони кон Македонија од Павлопулос, Каменос, Кумуцакос и сите останати Грчки функционери кој не пропуштаат шанса да промовираат средновековен иредентизам. Владата на Зоран Заев и Никола Димитров бадијала промовира некаков нов пристап во надворешната политика кој по08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 816 / Септември 2017

веќе наликува на сервилност и самопонижување отколку осмислена стратегија. Суровата реалнот е дека официјална Атина воопшто нема намера да се откаже од своите радикални барања, уцени, блокади и закани насочени кон принуда да се откажеме од името и идентитетот. Македонската Алијанса уште повикува на обединување на сите политички сили во Татковината за ова суштинско прашање за опстојување на Македонскиот народ и Држава. Додека не се охрабриме и сите во Татковината одлучно не соопштиме дека без разлика на сложените внатрешни политички и меѓуетнички односи, ниту една политичка партија, ниту еден лидер или политичар во Македонија никогаш нема да се согласи да преговара или разговара за промена или откажување од најсветото Македонско име и идентитет, ќе продолжат да не понижуваат, злоупотребувајќи го нашето внатрешно неединство. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Во врска со новата провокација од страна на актуелниот европратеник Јоргос Кумуцакос кој со својата изјава покажа дека ставовите на Грција кон спорот со името воопшто не се сменети ниту омекнати, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

Г

осподине Кумуцакос, Вашата скандалозна и националистичка реторика, е срамна за претставник на една земја членка на ЕУ. Вие со овие јавно искажани ставови без тронка срам воопшто не ги почитувате основните принципи и начела на кои се темели целата филозофија на Европската Унија. Вашето настојување да не се откажете од своите радикални барања, уцени, блокади и закани насочени кон принуда да се откажеме од името и идентитетот покажуваат една политичка и дипломатска незрелост. Ние од Вас не бараме ништо повеќе од тоа да не го кочите напредокот на нашата држава. Веќе еднаш треба да разберете дека нашите две земји, сакале вие или не, се соседи со блиски економски, социјални и историски врски, а нивниот нарушен однос на никого не му оди во прилог. Грчката нетрпеливост и

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ПРОВОКАЦИЈАТА НА КУМУЦАКОС фиксираност на оваа тема покажуваат дека има нешто многу подлабоко во ова прашање. Доколку нашето свето име Македонија нема врска со нашата историја, тогаш зошто вашата асимилаторска власт после 1913 имала потреба да ги смени сите Македонски топоними во присвоената Егејска Македонија? Да, постои изреката дека „Историјата ја пишуваат победниците“, но не заборавајте Вашиот терор врз македонскиот народ во егејска Македонија не е толку одамна! Во нашата земја има сеуште живи сведоци на вашиот колеж и неспособност за соживот уште во тие времиња! Така да историјата на оваа тема не е затворена, таа сеуште се испишува! Македонската Алијанса ги повикува Европската Унија и НАТО да престанат со односот кон Грција како кон мало размазено дете. Како епицентар од кој потекнуваат многу економски, политички 09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 816 / Септември 2017

и социјални проблеми барам Грција да се соочи со последиците, односно да биде преиспитан нејзиниот фактор во сојузите. Од друга страна нашите меѓународни сојузници треба конечно да обезбедат официјалната Атина, како осудена земја, да ја прифати и спроведе пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг. Македонија така веднаш ќе стане членка на НАТО Алијансата, што ќе ги релаксира внатрешните состојби и ќе обезбеди стабилност во регионот.

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА:

Во врска со барањето на Бугарската партија „Преродба“, која од Светиот Синод на Бугарската Патријаршија побарала да ја признае МПЦ-ОА како црква-ќерка, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

П

оследиците од Договорот за добрососедство со Бугарија почнаа да излегуваат на виделина. Од една страна, Бугарскиот Премиер Бојко Борисов јавно пред Грчкиот Премиер Алексис Ципрас ги застапува нивните позиции за Уставното име на Република Македонија, а од друга страна почнува валканата игра во која некои Бугарски партии преку нивниот веќе познат асимилаторски пристап ќе работат против Македонскиот национален идентитет преку обиди за внесување раздор во Македонското национално ткиво. Македонската Алијанса одамна предупредува дека Договорот за добрососедство е штетен за Македонските национални интереси бидејќи е ветер во грб за Бугарските претензии кон Македонскиот идентитет. Во тој контекст, Светиот Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архепископија треба веднаш да одговори на тврдењата на Претседателот на „Преродба“, Костадин Костадинов дека некои Македонски Владици го поддржуваат барањето Бугарската Патријаршија да се прогласи за мајка на нашата Црква. Господин Господин Стефан, треба веднаш во името на Светиот Синод на МПЦ – ОА официјално да се обрати до Светиот Синод на Бугарската Црква и да побара барањето на Бугарската политичка партија да се игнорира од нивна страна, бидејќи секој обид за расправа по таквата наводна иницијатива, дополнително

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА БАРАЊЕТО НА БУГАРСКАТА ПАРТИЈА „ПРЕРОДБА“ ЗА МПЦ  ОА ќе ги комплицира односите. Скандалозно е што ваквата иницијатива се брани со тезата дека треба да се исправи историска неправда од времето на Втората Балканска војна, бидејќи, според Бугарската партија „Преродба“ никогаш немало конфликт меѓу Македонија и Бугарија, туку тензиите ги создавала Србија. Македонската Православна Црква не е ниту Српска, ниту Бугарска! Македонски народ кој живее во Република и на сите континенти во светот, тоа го знаат и за тоа се борат! Со децении Македонската Дијаспора во САД и Австралија води битка со сите оние кои сакаат да го побугарчат или посрпчат Македонскиот народ злоупотребувајќи ги нивните православни религиски чувства. Основаме Црковни Општини и ктитори сме на Македонски Цркви. Договорот за добрососедство со Бугарија е неповолен за Македонија, бидејќи не само што не ги затвора отворените прашања, туку се гледа дека не внесува во уште покомплицирани односи. Формулација заснована на Декларацијата од 1999 година, како Македонски јазик според Уставот на Република Македонија и Бугарски јазик според Уставот на Република Бугарија, не е никаква гаранција ниту обврзувачка одредба со која Бугарија презема обврска да не го оспорува Македонскиот национален идентитет. Затоа и ова сега ни се случува! 10 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 816 / Септември 2017

Зошто ако Бугарија навистина има искрени намери кон Македонија, како што тврдат Зоран Заев и Никола Димитров, конечно не го признае Македонскиот народ и јазик и упорно одбива да ги спроведе пресудите на Европскиот Суд за човекови права и не признае дека таму живеат Македонци? Зарем Македонци живеат само во постоечките граници на Република Македонија каде важи нашиот Устав? Нема повеќе дилеми дека Договорот со Бугарија, без разлика на зголемените очекувања и оптимизмот дека нешто решава, напротив истиот е замка за Македонија и Македонскиот народ, во која самите влетавме, и ја отвораме можноста за официјална Атина да ни го зададе последниот удар, промена на името и откажувањето на Македонскиот национален идентитет. Ваквите иницијативи од Бугарските партии се само вовед во она што следи и некој ќе се обиде да го направи. Македонскиот народ е жилав и знае како да се одбрани! Доколку Договорот за добрососедство со Бугарија се ратификува во Македонското Собрание, Македонската Алијанса со сите политички средства ќе се бори истиот да биде еднострано раскинат согласно членот 13, точка 3. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА:

Земајќи предвид дека денес почнува расправата за Законот за употреба на јазиците во Собраниската Комисија за Европски прашања, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

М

акедонскиот народ и неговата иднина стануваат се поголеми заложници на пазарите на најодговорните политички партии. Денес, надвор од рамките на Охридскиот Договор, спротивно на Уставот на Република Македонија, се официјализира политичкиот терор на едно малцинство врз целиот Македонски народ. Самоуништувањето на Македонците и подривањето на темелите на модерната Македонска Држава се прави само за да една политичка структура ја зачува власта. Во Македонија за актуелните политичари ништо повеќе не е свето! Претседателот Ѓорѓе Иванов како да пропаднал во глувчешка дупка, мисли дека со молчење ќе се амнестира од одговорност. Премиерот Зоран Заев ги прекршува сите свои ветувања, бидејќи освен што потпиша писмени гаранција дека нема на никаков начин да го загрозува Уставниот поредок, вети и широка дебата, обврзувајќи се дека ќе го почитува мислењето на стручната и експертска јавност. Опозицијата на чело со Никола Груевски се уште тактизира бидејќи поважни му се Албански гласови на локалните избори. Татковината страда од недостаток на национална свест кај најодговорните политички фактори. Нивните апетити

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК КОЈ ВЛЕЗЕ ВО СОБРАНИСКА ПОСТАПКА за функции, привилегии, лична корист и гола власт се поважни од Македонските национални интереси. Прво, од кога Законот за двојазичност стана услов или барање кое мора да се исполни за Евроатланските интеграции на Македонија за да мора да оди во скратена Собраниска процедура со ЕУ знаме? Второ, со кои одредби од Охридскиот Рамковен Договор е предвидено дека во Општините и Градот каде Албанците се уште само формално се водат дека се повеќе од 20 проценти, треба да има двојазични ознаки на полицијата, пожарникарите и здравствените работници? Каде пишува дека на целата територија мора и Албанскиот да биде службен јазик и на парите да има Албански обележја и мотиви? Трето, зошто Албанските лидери од Македонија не бараат од Владата на Еди Рама, Албанија да ја признае Македонија под Уставното име? Нели Македонија е нивна Држава, нели Талат Џафери на Илинден, на Мечкин Камен го цитираше Крушевскиот Манифест? Зошто Македонските парламентарни партии се слепи и глуви за овие клучни прашања? Македонската Алијанса бара ВМРО ДПМНЕ и СДСМ да го поддржат барањето за итно повлекување на Законот за употреба на 11 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 816 / Септември 2017

Албанскиот јазик. Веднаш да се прогласи мораториум за сите условувања на Албанските партии се додека не се согласат да се спроведе законски попис. Да се прифати нашиот предлог Претседател на Државната пописна Комисија да биде лице со висок морален кредибилитет кој доаѓа од Македонската Дијаспора и кој не бил вмешан во претходните пазари на политичките партии. Не може Албанските политички фактори заради бројот на пратеници во актуелниот политички состав, со сила да издејствуваат противуставна двојазичност во Македонија, а ВМРО ДПМНЕ и СДСМ да не можат да се усогласат да ги одбранат Македонските национални интереси. Или се уценети или со умисла се соучесници во ова класично велепредавство. Овој Закон ја отвора портата за напад на унитарноста на Татковината и од внатре по Грчки терк да се нападне Македонскиот национален идентитет. Официјална Атина ова го чека со раширени раце за да го зададе финалниот удар за промена на светото Македонско име и Македонскиот идентитет. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


М А К Е Д О Н С К АТА А Л И Ј А Н С А Во врска со вчерашната посета на Македонија од страна Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коsиас и официјалните средби со Државно политичкиот естаблишмент, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

М

акедонската Алијанса смета дека вчерашната посета е театар за јавноста додека вистинските процеси се одвиваат зад сцената. Слаткоречивоста на Никос Коsиас среде Скопје е потврда дека неговата Влада успева преку тајната дипломатија да избоксува попустливост од Македонската страна. Наводната подготвеност на Коsиас да помогне на нашиот пат кон ЕУ и НАТО, јавната поддршка за нашиот суверенитет и територијалниот интегритет, убавите зборови, не се ништо друго туку „данајски подарок“ во обид да се подготвува Македонската јавност за тоа што следи. Ставовите на Коsиас дека сака да не види во ЕУ и НАТО но претходно мораме прво да го решиме спорот за името, алудирајќи на заклучокот од НАТО Самитот во Букурешт од 2008, е по 101 пат шлаканица за сите оптимисти дека воопшто е можно Грчката Влада да отстапи од своите црвени линии. Напротив, средбите на Коsиас со Иванов, Заев, Димитров, Османи, вклучително и парламентарната опозиција, е тестирање на подготвеноста на сите политички адреси во Македонија да ги исполнат Грчките барања и уцени. Грчкиот шеф на дипломатијата ниту вчера не пропушти да го спомене „Македонскиот иредентизам“ кој во комбинација со одговорот на Димитров за „Скопје 2014“, го потхранува впечатокот дека пишувањата на Грчкиот весник „Демократија“ не се случајни, туку дел од стратегијата на официјална Атина. Како што од оваа гледна точка „конструктивноста“ на Премиерот Зоран Заев, кој во своето прво интервју на јавниот сервис откако стапи на функцијата, изјави дека новата Влада нема да ја провоцира Грција како во минатото со поставување споменици, преименување на автопатишта и аеродроми, воопшто не била случајна.

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА ПОСЕТАТА НА НИКОС КОSИАС НА МАКЕДОНИЈА Таканаречените мерки за доверба се димна бомба на Коsиас која треба да ги покрие двојните аршини на нивната политика. Само пред десетина дена Грчкото МНР издаде скандалозно соопштение, со кое се злоупотреби редовен годишен настан на Македонската заедница во Торонто, за да се претстави како прекршување на Времената Спогодба. Грчкиот Претседател Прокопис Павлопулос, пред неколку дена ги одликуваше младите Грчки ракометарки кои се повлекоа од натпреварот на Европското првенство со нашите ракометарки, затоа што на дресовите пишува Македонија, притоа повторно ја обвини Македонија за иредентизам и фалсификување на историјата. Едноставно, Грчките функционери не отстапуваат од својата агенда. Владата на Зоран Заев и Никола Димитров бадијала се понижува и ја деградира нашата меѓународна позиција упорно повторувајќи дека нашето реферирање кон античките корени било провокација за нашиот јужен сосед и одело на штета на Македонија, но тоа ништо не менува! Горката вистина е дека официјална Атина воопшто нема намера да се откаже од своите радикални барања, уцени, блокади и закани насочени кон принуда да се откажеме од името и идентитетот. Најодговорните политички фактори никако не можат да разберат и да извлечат поука од минатото дека на нашата надворешна политика не и потребна сервилност, туку консензус за прашањата од национален интерес. Додека не се охрабриме и сите во Татковината одлучно не соопштиме дека без разлика на сложените внатрешни политички и меѓуетнички односи, ниту една политичка партија, ниту еден лидер или политичар во Македонија 12 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 816 / Септември 2017

никогаш нема да се согласи да преговара или разговара за промена или откажување од најсветото Македонско име и идентитет, ќе продолжат да не понижуваат, злоупотребувајќи го нашето внатрешно неединство. За да се повикува на меѓународно право и заклучокот на Самитот на НАТО од 2008, официјална Атина, како осудена земја, прво треба да ја прифати и спроведе пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг која се однесува токму на нивното противправно вето од Букурешт, и да престане да се противи Македонија да стане членка на НАТО Алијансата. Така ќе докажат дека имаат вистински намери да инвестираат во долгорочна стабилност во регионот, што несомнено е и во нивен интерес. Македонската Алијанса уште еднаш ги предупредува најодговорните политички парламентарни партии на чело со ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, да не мислат дека ќе можат да го прелажат Македонскиот народ. Нека не влетуваат во некакви експерименти и да даваат лажни ветувања до меѓународниот фактор дека имаат сила да избуткаат осакатување на Македонскиот народ и Држава. Ако се уценети со нешто, тоа е нивен проблем и не може заради тоа целиот Македонски народ да биде нивен заложник. Промена на Уставното име и идентитет нема да им помине. Секој обид за велепредавство ќе биде жестоко казнет. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


GEORGIEVSKI MIROSLAVMIRO

ILUSTRIRANA BIOGRAFIJA

FILIP II MAKEDONSKI

EPIZODA

OLINT UREDNIK ELIZABETA ANDONOVSKA


GEORGIEVSKI MIROSLAVMIRO

ILUSTRIRANA BIOGRAFIJA

FILIP II MAKEDONSKI

EPIZODA

VIZANT UREDNIK ELIZABETA ANDONOVSKA


СЕКОГАШ СО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

ЗА ДОБРОТО НА МАКЕДОНИЈА


ММФ ПРЕДВИДУВА Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд, што од 6 до 18 септември годинава спроведе годишен преглед на македонската економија, очекува по забавување на реалниот раст на БДП на 2,4 проценти во 2016 година тој да се ублажи до 1,9 отсто во 2017 година, а инфлацијата да достигне 1,2 отсто, со што ќе заврши тригодишната дефлација

"

ЕКОНОМСКИ РАСТ ОД 1,9 ОТСТО И ИНФЛАЦИЈА ОД 1,2 ОТСТО ВО 2017

П

родолжената политичка неизвесност го зеде својот „данок” врз економскиот раст, преку страдање на инвестициите поради слабите одлуки. Формирањето на новата Влада означи важна пресвртница. Политиките сега треба да се фокусираат на обновата на баферите за фискална политика и спроведувањето на критичните реформи за повторно оживување на растот и да се направи нов притисок кон изгледите за пристапување кон ЕУ“, се вели во завршната изјава на Мисијата на ММФ. Извештајот оценува дека среднорочната перспектива е поволна во зависност од континуираната политичка стабилност и силната надворешна побарувачка. „Реалниот раст на БДП се очекува одново да се врати на повисоко ниво во 2018 година и постепено да се зголеми на 3,75 отсто на среден рок, поддржан од подобрените одлуки од страна на инвеститорите, проширените извозни капацитети и континуирано подобрување на условите на пазарот на трудот. Ризиците во однос на изгледите се во надолна линија“, стои во извештајот на ММФ. Според Мисијата на ММФ, во отсуство на трајни мерки за консолидација, фискалниот дефицит се очекува да се прошири и

јавниот долг да порасне. „Покрај забавениот раст, не доволното извршување на трошоците за капитални инвестиции и за стоки и услуги, најверојатноќе го задржат фискалниот дефицит на ниво од околу 3 проценти од БДП во 2017 година. На среден рок, проектираниот дефицит ќе остане над 3,5 проценти од БДП како одраз на исплатата на

20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 816 Септември 2017

неисплатените обврски, субвенциите за зголемувања на платите и дополнителна поддршка за социјална заштита. Како резултат на тоа, се очекува јавниот долг да достигне ниво над 53 проценти од БДП до 2022 година, при што се проценува дека потребите за фискални финансирања на бруто ниво да достигнат 15,5 проценти од БДП“, се додава во извештајот.


СВЕТСКА БАНКА Светска банка ќе биде силен партнер во развојот на Македонија во наредниот период. Во моментов поддржува активности во износ од 350 милиони американски долари. Ова го истакна регионалната директорка на Светска банка Линда ван Гелдер, која во Владата на РМ имаше средба со премиерот Зоран Заев, министерот за финансии Драган Тевдовски и економските министри

СИЛЕН ПАРТНЕР ЗА МАКЕДОНИЈА ДА СТАНЕ ЗЕМЈА СО ВИСОК ПРИХОД

Н

а средбата, како што посочи, се разгледани приоритетите за поддршка во различни области, како што се подобрување на општинската инфраструктура, надградба и рехабилитација на постојната патна инфраструктура, енергетска ефикасност, социјална заштита и транспарентност. „Со владините претставници имавме конструктивна дискусија за Македонија да стане држава со високи приходи. Се заложуваме за формирање делотворно партнерство во делот на ефективно спроведување во насока на постигнување економски напредок и споделен просперитет на граѓаните. Разговаравме за низа меѓусебно поврзани области во кој реформите би можеле да и помогнат на Македонија да го постигне овој статус на земја со високи приходи. Макроекономска стабилност и одржливост на тој систем, интеграција во глобалната економија, деловно окружување поволно за инвестиции и раст на приватниот сектор, пристап на можности до сите граѓани, како и ефикасни и транспарентни институции“, потенцира Ван Гелдер. Состанокот го оцени како корисен на кој, покрај тоа што се разгледани приоритетите, почнато е да се оформува и каква ќе биде поддршката на Светска банка. „Освен нашата претстојна соработка со нетрпение ги очекуваме ефектите од тековните проекти што се спроведуваат. Во моментот под-

држуваме седум активности од 350 милиони долари. Заедно со Владата и другите донаторски партнери овие активности се во насока на подобрување на општинската инфраструктура, надградување и рехабилитација на патна инфраструктура, развивање подобри туристички услуги, подобрување на вештините и иновативноста и социјална заштита со посебен осврт на маргинализираните заедници“, рече таа. Како продуктивен состанокот го оцени и министерот за финанси Драган Тевдовски. Смета дека е добро што има огромно преклопување на гледањето на тоа како треба да се развива Македонија во иднина. „МФ веќе започна да релизира многу од мерките кои што се истакнати во стратешки документи на СБ. Клучното е во областа на транспарентноста на јавните финансии. Во 21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 816 Септември 2017

таа насока значајно е подобрено транспарентноста во известувањето за јавните финансии. Сега на сајтот на МФ може да се најдат податоци месечни и квартални за извршување на буџетот по буџетски корисници или општини. Подобрен е полугодишниот извештај за извршувањето на Буџетот. Постојат информации за доспеани, а неплатени обврски. Ние во овој домен работиме со СБ и на документ за чистење на овие обврски. Објавивме и граѓански буџет со намера подобро да биде информирана јавноста и да придонесеме за многу позначајно вклучување на граѓаните во креирање на буџетскиот процес“, рече министерот. Потенцира дека до крајот на годината планираат да излезат со промени на Законот за буџет со цел да го подобрат буџетскиот процес и да воведат една кредибилна рамка на среднорочно буџетско креирање.


"

Odbele`uvawe

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА:

Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски по повод 26 годишнината од независноста на Република Македонија, на сите браќа и сестри во Татковината и ширум светот им го честита Денот на независноста:

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Н

а утрешен ден, пред 26 години, Македонскиот народ го оствари вековниот сон за нашата заедничка Татковина, исполнувајќи го аманетот кој ни го оставија нашите предци. После многу неправди, жртви и предизвици, конечно сите ние се изборивме за сопствениот идеал Република Македонија да биде независна, демократска, слободна и модерна Држава, која се обврза дека ќе се посвети на обезбедување на сигурна иднина и просперитет за новите генерации Македонци. За жал, и денес во 21 век се соочуваме со закани, уцени и блокади кои на испит ја ставаат зрелоста и упорноста на Македонскиот народ да издржи и да се избори за своите основни демократски права. Почитувани, Четврт век е доволно време за сите нас да научиме од грешките во минатото, но и да развиеме политичка и демократска свест за националните интереси. После сите премрежија кои ги доживеавме и низ

кои поминавме сите овие години, ги научивме најважните и најтешките лекции за една мултиетничка демократија. Секојдневно, на дело и искрено покажуваме дека Македонскиот народ е толерантен, ги почитува и достоинствено ги вреднува сите различности во своето општество, но никој не може и не смее да ни замери што истовремено бараме почитување на фундаменталните принципи и Уставни темелни вредности. Наша обврска секогаш мора да биде заштита на Македонскиот национален идентитет. Народ без своите обележја, име, јазик, култура и избришана или изменета историја е обесчестен народ! Без разлика дали нападите доаѓаат од внатре или надвор ние мора еднаш сите заедно да покажеме дека знаеме и умееме гордо и достоинствено да останеме свои на своето! Нека овој ден засекогаш остане потсетник за сите нас, за тешките денови кои ги има 22 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 816 / Септември 2017

поминато Mакедонскиот народ, како и поттик доследно да се избориме за она што ни следува како народ и Држава. И во минатото и денес се соочуваме со различни искушенија од кои излеговме и повторно ќе излеземе посилни, се додека наша sвезда водилка ни е иднината на нашата заедничка Татковина. Ја користам оваа прилика да посакам идејата за слободна, обединета и силна Македонија секогаш да бидат на ум на сите политички и јавни чинители во државата. Денешниот голем ден најгласно не потсетува на неопходноста од најшироко можно национално единство кое мора да биде над личните и тесно партиските интереси. Нека ни е честит 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија! Бог да ја чува Татковината! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


Г РА Д Б И Т Е С Е ОД М А К Е Д О Н С К И О Т П Е Р И ОД  Т Р Е Т И И В Т О Р И В Е К П Р Е Д Н А Ш АТА Е РА  Со нови вредни наоди за античкиот град чие име се уште е непознато и кој имал економска моќ од четвртиот век пред до третиот век од нашата ера, резултираа археолошките истражувања на локалитетот „Долиште“ кај прилепското село Прилепец што ги спроведува Прилепскиот завод и музеј

С

поред археологот Душко Темелкоски, пронајдени се остатоци на станбени објекти од македонскиот и раноримскиот период. – Ова е втора кампања на истражувања на локалитетот Долиште кај Прилепец, што значи продолжија ланските археолошки ископувања. Минатата година се открија некрополи, а годинава се открива комплекс од градби. Сега отворивме сегмент од две градби. Градбите се од македонскиот период (трети и втори век пред нашата ера), но имаат и конти-

ЛОКАЛИТЕТОТ ДОЛИШТЕ КАЈ ПРИЛЕПЕЦ

нуитет во раноримскиот период од првиот век. Според наодите од една од градбите, имаме сознанија дека таа градба била користена за складирање на храна. Најдени се големи керамички садови питоси (ќупови) во положба како што биле поставени во кои се складирале житарки, рече Темелкоски. Наодот со градбите од третиот и вториот век пред нашата ера е потврден и со движни наоди како керамички фрагментирани садови, делови од накит и бронзени монети. 23 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 816 / Септември 2017

Откриена е и бронзена монета на последниот македонски крал Персеј. Локалитетот Долиште кај Прилепец е познат во археолошката наука уште од периодот помеѓу двете светски војни. Тука лежел антички град, се уште за нас непознат. Од педесеттите години од минатиот век познат е богатиот наод од овој локалитет на околу 200 сребрени монети. Овој проект се вбројува во капиталните проекти и е со поддршка на Управата за заштита на културното наследство.


В О Н О В АТА С Е З О Н А 2017/2018 ГОДИНА Македонскиот пијанист, кој досега повеќе од десeтина пати има настапувано на оваа сцена, во јануари наредната година на престижната лондонска сцена ќе го донесе хитпроектот на Трпчески и пријателите МАКЕДОНИСИМО, инспириран од македонскиот фолклор и посветен на македонскиот народ

МАКЕДОНСКИОТ ПИЈАНИСТ СИМОН ТРПЧЕСКИ РЕЗИДЕНТЕН АРТИСТ ВО „ВИГМОР ХОЛ“

М

дечките светски виолончелисти Даниел Милер-Шот. Македонскиот пијанист, кој досега повеќе од десeтина пати има настапувано на оваа сцена, во јануари наредната година на престижната лондонска сцена ќе го донесе хитпроектот на Трпчески и п р и ј а т е л и т е МАКЕДОНИСИМО,

акедонскиот пијанист Симон Трпчески во новата сезона 2017/2018 година ќе биде резидентен артист на лондонски „Вигмор Хол“. Првиот од серијата од три концерти со различна програма во текот на сезоната е вечерва и ќе ја означи соработката на Трпчески со еден од во-

24 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 816 / Септември 2017

инспириран од македонскиот фолклор и посветен на македонскиот народ. Овој циклус во британската престолнина нашиот пијанист ќе го заокружи со самостоен рецитал во мај. Трпчески веќе е потписник на две компактдиск изданија снимени од настапите во живо во „Вигмор Хол“.


ФИЛМОТ

Филмот беше поздравен со долготраен аплауз, а режисерот одговараше на прашања на публиката

,,ЗЛАТНА ПЕТОРКА“ ПРЕМИЕРНО ВО ЊУ ЏЕРСИ

Ф

илмот „Златна петорка“ на режисерот Горан Тренчовски ја имаше својата американска премиера на Интернационалниот филмски фестивал во Њу Џерси, а беше прикажан и во Мумбај, на индискиот Јагран филм фестивал, кој е моментно најпосетениот филмски фестивал во Јужна Азија и се одржуваше во 16 градови во Индија. Во официјалната програма на 36-то издание на Интернационалниот филмски фестивал во Њу Џерси, во петокот се случи свечената американска премиера на долгометражниот игран филм „Златна петорка“ на Горан Тренчовски во продукција на Револушн од Скопје. Филмот беше поздравен со долготраен аплауз, а режисерот одговараше на прашања на публиката. На премиерата, меѓу другите, присуствуваа и

бројни претставници од американската филмска индустрија, како и од македонската заедница во САД. Ден потоа, филмот се прикажа и во Мумбај, на индискиот Јагран филм фестивал, кој е моментно најпосетениот филмски фестивал во Јужна Азија и се одржуваше во 16 градови во Индија. Денеска, на затворањето на фестивалот во Мумбај, во центарот на Боливуд, филмот ја освои Наградата за најдобар странски филм, а режи25 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 816 / Септемв 2017

серот Тренчовски имаше обраќање со видеопорака. Филмот „Златна петорка“ наскоро ќе учествува и на фестивали во Варшава, Санкт Петерсбург, Брно, Софија и Нови Сад, а странски дистрибутери се заинтересирани за правата за прикажување во Америка, Европа и Азија. Филмот досега е селектиран на над 20 фестивали, освои шест интернационални награди и е најгледан македонски филм изминатата сезона.


О Б И Ч А И Т Е И Т РА Д И Ц И Ј АТА ОД Ш О П С К И О Т К РА Ј Н А К РАТО В С К О Манифестацијата претставува возобновување на обичаите од ова поднебје, се одржува трета година по ред во органзиација на Здружението „Етно ризница“, Куманово

О

бичаите и традицијата од Шопскиот крај на Кратовско, беа презентирани преку сценска адаптација на Манифестацијата „Шопска свадба“ која се одржа на локалитетот Камени кукли во селото Куклица, Кратовско. Манифестацијата претставува возобновување на обичаите од ова поднебје, се одржува трета година по ред во органзиација на Здружението „Етно ризница“, Куманово. - Целта е овој настан да стане препознатлив бренд

„ШОПСКА СВАДБА“ НА ЛОКАЛИТЕТОТ КАМЕНИ КУКЛИ

на регионот, а иако традиционална, манифестацијата планираме да прерасне во интернационална, со оглед на се поголемиот интерес на населението од година во година. Презадоволен сум што овој прекрасен локалитет со настанот буквало оживува, како во времињата кога овде живееле многу луѓе кои ги негувале традиционалните обичаи, изјави Драган Јакимовски, од Етно ризница. Годинашната манифестација се реализираше без мла26 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 816 / Септември 2017

денци, со сценска адаптација „Шопска свадба“ во изведба на членови на КУД „Ѓоко Симоновски“ од Куманово. - Целта на настанот е да ги одржи културно-историските вредности на овој крај, што според мене и е постигнато, додаде Јакимовски. На локалитетот се одржа и богата културно-уметничка програма на која беа изведени и песните од првиот носач на звук насловен „Етно ризница“, со народни песни од овој крај, со кој истите се зачувани од заборав.


Познатиот музичар Влатко Стефановски и историчарот Амет Шериф се добитниците на годинешната награда „11 Октомври“, соопшти Министерство за култура

М И Н И С Т Е Р С Т В О З А К УЛ Т У РА Ј А Д О Д Е Л И Г О Д И Н Е Ш Н АТА Н А Г РА Д А „11 О К ТО М В Р И “

ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ И АМЕТ ШЕРИФ ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДАТА „11 ОКТОМВРИ“

П

ознатиот музичар Влатко Стефановски и историчарот Амет Шериф се добитниците на годинешната награда „11 Октомври“, соопшти Министерство за култура. Влатко Стефановски, еден од основачите на „Леб и сол“ и поранешен државен уметник, е добитник на наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и на другите дејности од јавен интерес на Република Македонија. Вториот добитник на оваа награда, во категоријата за животно дело во областа на науката и на образованието се доделува на историчарот проф. д-р Амет Шериф. Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 11 октомври 2017 година, во 12 часот, во Собранието на Република Македонија. 27 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 816 / Септември 2017


816  

makedonskosonce