544

Page 1


poMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupoMupo


МАКЕДОНСКАТА САГА

екој ги создава своите идоли според сопственото видување и интерес, сметајќи дека има доволно причини за тоа. Кај повеќето, осудата мора да й отстапи место на наклонетоста. Но, лесно се случува да се судрат две сосема спротивни мислења, па секој мисли дека разумот е на негова страна. А, разумноста која не може да се фалсификува никогаш немала две лица. Во една таква тешка околност, оној кој е мудар треба да работи промислено, така што тогаш недовербата кон себе ќе го подобри неговиот суд за однесувањето на противникот. Би било пожелно еднаш да се замисли и на спротивната страна и од тој аспект да ги разгледа причините на тој другиот, затоа што сигурно во таков случај нема толку слепо никого да осудува, а да се оправдува себеси - забележува мудриот Балтазар Грасијан. Владејачката партија СДСМ го избра својот лидер, воедно и нов премиер. За мандатарот Владо Бучковски, Кондово е прво прашање со кое ќе се зафати новата Влада. Ако во 1944 година ги нарекуваа балисти, во 1997 беа црнокошулци, во 2001 ги знаевме како ОНА, односно АНА, какво ли име во 2004 ќе имаат овие новиве вооружени од Кондово? Ќе има ли мир во државава или, пак, уште еднаш ќе нè заплашуваат, ќе нè уценуваат, ќе ни покажуваат заби со затворени вилици? По кој пат некој ќе ја крои македонската историја, ќе бидеме ли првата држава во светот која фашисти ќе претвори во херои и за сè она "убаво и добро" што го направија и споменици ќе им подигнува? Македонија нема време за чекање, а тоа особено се однесува на катастрофалната економија. Идниот период треба максимално да се искористи за интензивно спроведување на структурните реформи и ангажирање на севкупниот потенцијал за решавање на економските проблеми на граѓаните на Република Македонија - ни порачуваат странците, анализирајќи нè како заморчиња. Во посета на Македонија беше и вториот човек на Светска банка, Шигео Кацу, чии пораки беа оценети како повеќе политички отколку како економски. Тој нагласи дека немаме простор за задоволство ниту, пак, време за губење. "Како што Македонија стреми да се приближи кон Европа, нема веќе време за губење. Многу е важно да се спроведат неопходните структурни реформи. Зошто? Оти самите сакате пораст, сакате да се движите напред. Значи, следните неколку години ќе бидат многу важни", вели Шигео Кацу. Светска банка веќе ни подготвува голем, тригодишен аранжман за структурни реформи, кој треба да ни го додели идниот септември. Кацу сака самиот да се увери колку Владата е подготвена сериозно и конечно да спроведува реформи. Банката ќе притиска за реформи заради подобрување на бизнис климата, на конкурентноста и на создавањето услови за вработување. Неодамна објавениот Извештај на Обединетите нации, пред сè, е насочен кон навременото предупредување на проблемите во земјава, кои можат да прераснат во конфликт. Тие посочуваат на трите економски фактори, кои идните месеци можат да ја дестабилизираат Македонија. Тоа се: сиромаштијата, невработеноста и корупцијата. Според Извештајот, сиромаштијата и невработеноста имаат достигнато мошне загрижувачко ниво, така што нивниот дестабилизирачки потенцијал мора сериозно да се има предвид. Општата констатација е дека вкупните економски движења одат надолу. И евентуалните јавни протести и штрајкови би можеле дестабилизирачки да влијаат, дури и ако не прераснат во масовен социјален немир. Препораката гласи: за излез се потребни сеопфатни реформи, но тие мора да почнат и по цена на дополнителен пад на рејтингот на политичките партии. Но, според Извештајот, не може да се очекува скоро подобрување на состојбата, при што се нагласува дека не постојат мерки кои Владата би ги применила за намалување на невработеноста и сиромаштијата, а што би дале позитивни ефекти за само неколку месеци. Луѓето од Обединетите нации велат дека Извештајот не треба да се сфати како политичко мислење на организацијата, туку како проценка на можниот развој на настаните, која Владата треба да ја има при формулирањето на својата политика. Очигледно мандатарот Бучковски доби жежок костен в раце. Како ќе успее да состави Влада која ќе ги задоволи апетитите на сите коалициони партнери, а воедно и да го сработи она што од неа се очекува. Како ли ќе излезе на крај со сиромаштијата, невработеноста и со корупцијата, кои долго време ни се камен за сопнување. Дали за севте премиер ќе добие проблеми од типот на Кондово, кога и тој како и претходниците ќе мора да се "откаже" од решавањето на горливото "шушки" трио? Ќе се занимава ли Владата со нешто друго освен со дневно-политичките проблеми? Дали овие "нови" министри од редовите на ДУИ ќе го слушаат новиот мандатар или, пак, по навика уво ќе имаат само за својот лидер Али Ахмети?

S

Од основачот Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски 7 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 544 / 3.12.2004


MAKEDONSKO SONCE МИТКО ЌОСЕВ, БИЗНИСМЕН

` КАКО LIFE MOTIVE Митко Ќосев е роден во февруари 1948 година, во село Стојаково, Гевгелиско. Поголемиот дел од работниот век, 20 години, го минал во "Рудници и железарници" - Скопје. Во 1990 година, заедно со внукот Ѓорѓе Ќосев го основаат претпријатието "Стојаково Комерц", кое подоцна прераснува во ДПП "Промес", а во 2003 година го прошируваат својот бизнис со формирањето на "Дивино". Идејата за почнување нов бизнис е поврзана со нашите корени, со потеклото од винарско-лозарски регион. Како резултат на долготрајно размислување, пред 2 години е основано ново претпријатие "Дивино", кое се занимава со производство на висококвалитетна домашна ракија, која за релативно кус период успеа да се позиционира на македонскиот пазар, пред сè, благодарение на стручниот тим задолжен за оваа работа на релација производство-дистрибуција-маркетинг-комерција-топ менаџмент. "Антиката" како производ, водена од слоганот "Моќниот вкус на традицијата", на Белградскиот саем се здоби со златен медал за квалитет, што особено заслужува да се напомне.

Разговорот го водеше: Рената МАТЕСКА

"Промес" е компанија која е формирана во 1992 година и оттогаш го проширува својот обем на производство. Како денес ќе ја претставите Вашата компанија? ЌОСЕВ: Самиот факт дека нашата компанија постои повеќе од 12 години говори за тоа дека станува збор за сериозна единка на пазарот, која се движи во вистинска насока. Формирана е пред 12 години како мало приватно претпријатие "Стојаково Комерц", со само неколку работници, а денес, со своите 150 вработени, со различен степен на стручна подготвеност и со 16 малопродажни објекти ширум Република Македонија, таа се вбројува во редот на 200 најголеми компании, кои егзистираат на територијата на целата Република. Денес "Промес" е компанија која не се води од својата интуиција и од интуицијата на менаџерскиот кадар, туку од реални факти и податоци, кои се добиваат од стратешкото планирање во компанијата. Како член на Топ 3 групата на компании од дејноста во која работиме (податоци добиени од овластени агенции за истражување), т.е. производство и промет со свежо месо, преработки од месо и сувомесни производи, "Промес" како компанија е оштествено одговорна пред заедницата но, пред сè, пред своите вработени, односно пред оние кои се нејзин составен дел.

8 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 544 / 3.12.2004


ТРАДИЦИЈАТА


M

еа инервју МИТКО ЌОСЕВ, БИЗНИСМЕН

Се занимавате со преработка на месо и со производство на месни производи. Вашите производи се секогаш свежи, вкусни и квалитетни. Со каква технологија располагате? ЌОСЕВ: Толку години да се биде на врвот е тешка и одговорна задача, што претпоставува производство по проверени рецептури, употреба на висококвалитетни суровини и усовршена технологија. Значи дека ние како компанија ги следиме светските технолошки трендови толку колку што дозволуваат условите во коишто стопанисуваме, а секако, за тоа да биде вака како што изгледа, голема заслуга им се припишува на нашите вработени т.е на стручниот кадар со кој располагаме (почнувајќи од општите работници сè до ТОП менаџментот). Препознатливи сте по модерниот начин на пакување на производите и по етикетите кои имаат препознатлив дизајн. Колку тоа е битно за настапот и за Вашата бараност на пазарот? ЌОСЕВ: Не попусто луѓето од маркетингот рекле, а практиката потврдила дека пакувањето го продава производот. Токму затоа ние во нашиот Маркетинг оддел сме строго насочени кон користењето информации добиени од истражувањата на пазарот, а сè со цел за подобро да ги спознаеме потребите, желбите, ставовите и вкусовите на нашите корисници, како и привлекување нови потенцијални купувачи. За таа цел, ние како компанија постепено но сигурно чекориме кон градењето на нашиот 10 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 544 / 3.12.2004


корпорациски имиџ, име препознатливо за секој кој подразбира унифицираност на производите, дизајн на амбалажата и слично. Тоа е начинот на кој ние размислуваме и работиме во "Промес". Произведувате месни и сувомесни производи, како и конфекционирано свежо месо. Располагате со повеќе од 40 видови производи. На кој начин ги задоволувате стандардите и критериумите за квалитет? ЌОСЕВ: Да се работи со храна и со луѓе е многу комплексна работа и бара голем напор. Нашето производство е по строго определени рецептури и нормативи, кои мораат да се исполнат за производите да можат да ја поминат внатрешната контрола за потоа тие да се понудат на пазарот преку нашата дистрибутивна мрежа, што значи дека водечки-лајт мотив во работењето ни е квалитетот. Ние во нашата компанија под квалитет подразбираме збир на особини кои се земаат предвид при определувањето на степенот на прифаќање на производот од страна на потрошувачите т.е. степенот до кој производот ги задоволува нивните потреби. Компанијата "Промес" има 16 малопродажни објекти, кои се специјализирани како месарници и погон за обработка на месо. Повеќето од нив се наоѓаат во Скопје. Дали планирате да се проширите? ЌОСЕВ: Да, секако. Нашата определба е да се биде присутен таму каде што луѓето имаат потреба од свежо, вкусно и квалитетно месо, преработки од месо и сувомесни про-

изводи. Добрата услуга и квалитетот го прават своето, а тоа се тајната и клучот на успехот на "Промес". И затоа мисијата на "Промес" е задоволување на барањата на потрошувачите секогаш кога ќе се јави потреба за тоа. Член сте на Здружението на приватни производители на месни и млечни производи во Македонија, кое учествува во доделувањето на Знакот на квалитет. Задоволни ли сте од досегашната работа и од активностите на Здружението? ЌОСЕВ: Да, точно е дека сме член на Здружението на производители на месни и млечни производи во Македонија. Имено, нормално е ние од месарскиот еснаф да се здружиме и организирано да ги бараме правата за заштита на домашното производство, за нелојалната конкуренција, за подобар квалитет, за едукација и за пренесување на искуства и знаења. Но, сепак не може сите, и големите и малите, да имаат ист третман на пазарот. Свесни сме дека нашата компанија е етаблирано име на македонскиот пазар и како такви не можеме да имаме ист третман со малите и со локалните производители, но затоа сме подготвени да преземеме и поголеми обврски кои се од наш, но и од интерес за сите членови на Здружението. Ова Здружение ги преболе "детските болести" и сè повеќе и повеќе застанува на свои нозе и граби напред, секако имајќи ја предвид огромната помош и поддршката од USAID и Land O'Lakes, Inc. Здружението се залага и й нуди помош на секоја компанија која сака правилно да функционира, а неговата работа се води од критериумите кои ги налага ЕУ, што ќе биде од огромна помош за сите компании кои се извозно ориентирани. За една година ќе ни се затворат вратите на европските пазари, доколку до тогаш македонските прехранбени производители не го воведат таканаречениот HACCP систем за беспрекорно безбедно производство на храна. Експертите предупредуваат дека незаинтересираноста на државата и на производителите може скапо да нè чини. Од 2006 година HACCP системот ќе биде законски задолжителен за да може еден прехранбен производ да влезе во Европа. Колку Вие го применувате HACCP?

11 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 544 / 3.12.2004


M

MAKEDONSKO SONCE

еа инервју МИТКО ЌОСЕВ, БИЗНИСМЕН

за земјите во транзиција, а како што минува времето настануваат мали промени кои водат кон подобрување. Нашите размислувања се во насока на тоа сите надлежни институции да водат поголема грижа за приватните производители и им даваат разновидни стимулации за развој на бизнисот, да се доделуваат кредитни линии со поповолни услови на кредитирање и слично. Можете ли да ни кажете како во другите држави е среден ваквиот вид производство, односно на што се должи нивниот успех, како на домашниот така и на странските пазари?

ЌОСЕВ: Тоа е точно и мое мислење е дека дефинитивно треба да се издиференцираат само оние кои можат на свој грб да ги изнесат сите финансиски и технолошки предизвици. Токму затоа нашата компанија е пред сертификација на ИСО 9001:2000, Систем за управување со квалитетот, кој подразбира производство по точно утврдени критериуми, а веднаш потоа во план е HACCP (Hazard analyses and critical control point), кој нам како "Промес" ќе ни ги отвори вратите за полесен влез на пазарите кои нè опкружуваат како и на оние во ЕУ. Постоењето на HACCP како стандард подразбира дека сите аутпути (output) од таа компанија се здравствено, санитарно и фитопатолошки исправни за употреба. Сите ние во "Промес" сме свесни за ова и напорно работиме на осовременувањето на нашите производни капацитети, за кои наскоро ќе се слушне.

ЌОСЕВ: Ние имаме многу пријатели од овој бизнис ширум Европа, ги посетуваме сите значајни саемски манифестации кои се од нашата дејност. Едноставно, кај нив се почитува тоа дека правилата и можностите се еднакви за сите, а се знае и дека законот на понуда и на побарувачка го прави своето. Имаат строги регулативи и закони кои се почитуваат, зашто со здравјето на луѓето не смее никој да си поигрува. Исто така, битно е да спомнам дека особено во земјите-членки на ЕУ маркетингот има значајно место и во него многу се вложува. Ние од таму купуваме искуства и знаења, а сè со цел за што поголемо приближување до потенцијалните и до лојалните потрошувачи.

Пред извесно време пазарната инспекција спроведе ригорозни мерки за месопреработувачите, кои не се придржуваа до стандардната употреба на суровини. Какво е Вашето мислење за функционирањето на правната држава и за нелојалната конкуренција? Потребни ли се нови законски прописи? ЌОСЕВ: Велат, законите и правилата постојат за да се прекршуваат, но кога се работи со храна тоа не важи. И конечно беше време да се стави ред во хаосот кој владее на пазарот. Едноставно, се нуди сè и сешто, се нудат производи со сомнително потекло и квалитет, а тоа нам ни пречи и во крајна линија нè става во ист кош со останатите. Нашите производи редовно се тестираат од страна на независни лаборатории затоа што, пред сè, сакаме да бидеме сигурни дека името нема да ни се извалка и нема да ја изгубиме довербата на нашите почитувани купувачи. Какви се Вашите видувања за перспективата на македонската економија, која според досегашните постигнувања во текот на транзицијата е рангирана на четвртото место од долу? ЌОСЕВ: Како и сите други, и ние како компанија сме оптимисти и се надеваме на подобрување на лошата економска состојба, која како бран ја зафати целата Република. Но, од сè ова не сме изненадени, бидејќи ваквата состојба е нормална

Се решивте за проширување на дејноста. Објаснете ни за што конкретно станува збор и дали по оваа новина во иднина ќе се препознава "Промес"? ЌОСЕВ: Да, како што веќе спомнавте, ние сме компанија со широко отворени хоризонти и како такви е неопходно да ја прошируваме дејноста со која се занимаваме. Како прв чекор кој го презедовме во таа насока е вработувањето на стручно оспособени кадри со универзитетска диплома (во соработка со специјализирани агенции за таа намена), кои минуваат дополнителна обука и доедукација, со што ќе можат уште повеќе да придонесат за подобрување на работата и за издигнување на нашата компанија на пиедестал.

12 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 544 / 3.12.2004


ОГЛЕДАЛО

Тачко ЛОКВЕНЕЦ

H

ФРАКЦИЈА

е знам зошто луѓето бегаат како ѓаволот од темјан од спомнувањето на зборот фракција? Дали затоа што во неговата етимологија (латински извор) стои објаснување скршено, прекршено, потоа под бр.1 одделение, извлечен дел од целото; па под бр.2 (ова е многу важно) членови на политичка партија кои се во парламент, во орган на локалната самоуправа или кои припаѓаат на некоја општествена организација обединети во посебна група, со цел организирано да спроведат политика на својата партија; под бр.3 дел од политичката партија кој има различни погледи од "линијата на партијата", со своја посебна дисциплина, а се одвоил затоа што не се сложувал со општата политика на партијата, се бори против партијата, но останува во нејзините редови. Фракцијата има и четврто таканаречено хемиско (технолошко) објаснување под заедничко име "Фракциона дестилација", што подразбира издвојување на една по една течност, со различни "точки на вриење"! Ама здодевно и нечинително, ќе речете. И имате право. Затоа фракцијата никој ја нејќе, оти таа личи на замислената Вавилонска кула, која требаше да го допре небото, но тоа не се случи затоа што многубројните градители собрани од сите страни на светот зборуваа на различни јазици,

и не се разбираа едни со други! Може ли во партијата на господична Доста Димовска и господинот Аце Миленкоски ДРУМ, да се изгради политичка Вавилонска кула, која ќе го допре македонското небо на единството, а во исто време да се мисли и зборува различно? Не знам, но нека се обидат. Вреди конечно на овие простори да се направи уште еден експеримент, покрај многуте досега, кои нè претворија во - лабораторија. И кога Македонија беше една партија (КПЈ, па СКЈ) имаше фракции, но без легитимитет... Уште Жан Жак Русо, па Волтер, Декарт, дури и Троцки, учеа дека не е ниту добро, ниту препорачливо "праволиниски да се мисли". Во втората бивша Југославија, на угорнината од востанувањето на демократски односи, познатите депилатори, симнувачи на строгите комунистички влакна (Кардељ, Бакариќ, Црвенковски...), го измислија демократскиот централизам, а Тито со двете раце го прифати. Луѓето не се исти, па и членовите на партијата логично се различни, затоа нека размислуваат кој како знае и умее, но во завршницата ќе делуваат единствено. Тоа е политика. А, политиката е дел од филозофијата, поточно од начинот на мислење и делување. Многу страници се потрошени да можат толку едноставно да се објаснат дивергентните свртувања на различни страни кај билките, а камоли кај животните. 13 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 544 / 3.12.2004

Некаде прочитав, ми се чини беше тоа Чедомир Јовановиќ, српски политичар, кој изјави оти фракциите се одомаќинети во развиените земји Англија, Германија, а ја спомна и Македонија, поточно СДСМ. Не знам, неофицијално можеби, но официјално, тоа досега не сум го слушнал. А, се насетува: што е последната изјава на господична Шекеринска, наспроти мандаторот Бучковски, ако не појава на различие?! Еден стар, добар пријател, кога му кажав на која тема ќе пишувам, ме предупреди: "Внимавај, сета историја на Македонија е - фракционерство. Едни во клин, други во плоча". И право да "си кажиме" (по Робе), малку се подзамислив. Луѓето не се исти, но не сакаат луѓе што мислат различно. На кој степен од својот развој се тие посесивни луѓе, можат ли да го одложат ручекот за љубов на татковината само 15 минути (ама ако се многу гладни), и која е цената на осветата, ако осветата воопшто има цена? Непрепознавањето на фракцијата (да симплифицирам, дури и во најосновната клетка) семејството, е лоша препрека и никаков излез од - влезот... Ако некогаш ви се случи да го гледате Џеј Рамадановски, Ромот од Ресен, со постојано живеалиште во Белград, запамтете ги неговите два карактеристични збора: "Нема трте-мрте!" Тоа сме братче Џеј, сите ние, за жал, намуцурени фракционери.


ПОЛИТИКА

БУЧКОВСКИ НОВ ПА

ОРОВОДЕЦ НА "ПО Од вкупно 657 присутни делегати на вонредниот Конгрес на СДСМ, во вториот круг од изборот, за Бучковски гласаа 391, а за Радмила Шекеринска се изјаснија 265. Тој најави дека ќе разговара со Радмила Шекеринска, Илинка Митрева и со Тито Петковски, како и со другите за да утврдат како натаму заеднички ќе настапуваат. "Министрите во новиот владин состав ќе одговараат само пред премиерот, а не и пред своите политички лидери", изјави мандатарот д-р Владо Бучковски, кој потенцира дека нема да дозволи членовите на новата Влада да не ги извршуваат неговите наредби.

Пишува: Кокан СТОЈЧЕВ

Н

ов лидер на СДСМ е д-р Владо Бучковски, досегашен министер за одбрана во Владата во оставка. Победата на Бучковски беше очекувана, бидејќи 99 општински организации го номинираа во трката за нов "партиски апостол" на социјалдемократите. Сепак, изборот не помина во релаксирана атмосфера, бидејќи пред вонредниот Конгрес во Скопје, секој од тројцата кандидати: Владо Бучковски, Радмила Шекеринска и Тито Петковски, на свој начин лобираше кај делегатите. Информациите за ветувањата и за другите марифетлуци пристигнуваа од различни страни. Тие дури беа очигледни и на "конгресната манифестација", кога повторно проработеа партиските амбиции и се покажа групирањето на силите. Во парадното дефилирање на кандидатите и на највисоките партиски функционери се чувствуваше предноста

која Бучковски ја имаше меѓу делегатите, иако пред Конгресот неколкумина познати луѓе од врвот на СДСМ се обидоа да ги прегрупираат гласовите кон неговите главни конкуренти. Но, сепак кога во салата на хотелот "Александар Палас" влезе Бучковски заедно со младите кадри на партијата, од кои повеќето се приврзаници на поранешниот лидер, стана сосема јасно кому шефот на државата, Бранко Црвенковски, му ја предаде диригентската палка. Уште при првиот круг од гласањето се верифицираа прогнозите, кои ја покажаа надмоќноста на новиот претседател на партијата, Владо Бучковски. Гласовите на другите кандидати приближно беа поделени пата-пата, што значи не му беа "рамни". Всушност, гласањето го замолкна секој "неверен Томо", како и секој кој имаше намера од саканиот избор да профитира или евентуално да направи "камбек" во политиката. Но, за тоа кој заработил поени кај новиот лидер допрва ќе покаже времето, бидејќи "печурките" сами ќе никнат при создавањето на новата владина и партиска номенклатура. Дури тоа ќе му биде и

РАБОТНОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО НА КОНГРЕСОТ

полесната задача на Бучковски, затоа што ќе зсе соочи она многу потешкото - да й го врати рејтингот на партијата и да ја зачува владејачката коалиција која се ниша и пропаѓа како македонските мостови низ државава. Многубројните сериозни причини кои доведоа до овие последици, како Дамлаков меч му се надвиснуваат над вратот на Бучковски и на СДСМ. Сега лидерот го чека

значителна политичка неизвесност, дури и поголема од онаа во 2001 година, која беше и тоа какво искушение во неговата кариера како политичар. Многу е полесно да раководиш со еден сегмент во функционирањето на системот во Република Македонија, отколку да бидеш прв човек на извршната власт и истовремено да даваш отчет пред членовите на СДСМ и пред граѓаните.

ВО ЛИДЕРСКАТА ТРКА НА РАЗЛИЧНИ СТРАНИ

14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 544 / 3.12.2004


РТИСКИ "АПОСТОЛ"

СЛУШНИ" ИГРАЧИ ТОВАР Социјалдемократите влегуваат во нова партиска ера, иако книгата на Бранко Црвенковски сè уште не е завршена. Силно се чувствува неговата харизма во македонската политика, а нема да изостане и во неговото јато, бидејќи ужива голем углед меѓу членството. Затоа новиот лидер ќе мора добро да се препоти и да ги засука ракавите ако сака да ја надмине популарноста на Бранко Црвенковски. Ваквата констатација ќе претставува товар за лидерот на СДСМ др Владо Бучковски, кој досега покажа дека е рационален политичар, кој не презема ризични потези. Но, сегашниот ризик е голем, како партиски така и државнички. Во СДСМ може да се забележи дека нема единство во однос на натамошното функционирање на партијата, без разлика што Бучковски отворено ги повика најистакнатите сопартијци да не се плашат за сопствената кариера. Сми-

рувањето на внатрепартиските страсти е тешка работа. Монолитноста или демократичноста на која социјалдемократите најмногу се повикуваа во текот на последниве 14 години, беше "равенка со една непозната" за членството и за јавноста. Но, се разбира доколку успеат од овој избор навистина да извлечат разумна поука, тогаш има перспектива за развој на внатрешните односи во партијата. Досега, отворената комуникација меѓу општинските организации и Централниот одбор беше само привидна, односно се чувствуваше влијанието на лидерот и на највисоките партиски функционери. Во раните деведесетти години СДСМ имаше едно партиско подмладување, но сега на новата физиономија ќе треба да се чека. Сè зависи од волјата и од подготвеноста на оние другите за соработка со Владо Бучковски. Меѓутоа, преку ноќ не се станува лидер. Тоа треба да се заслужи, односно да се докаже со макотрпна работа.

НАСМЕВКА ЗА ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЦРВЕНКОВСКИ МУ ГО ПОДАРИ МАНДАТОТ НА БУЧКОВСКИ

ПРЕГОВОРИ По "ноќта на долгите ножеви" во која тимот на д-р Владо Бучковски ја славеше победата, лидерот на СДСМ го посети претседателот Бранко Црвенковски, кој патем му ја честита "викторијата", но истовремено му ја додели и најодговорната задача - да состави нова Влада. За нејзина доверба ќе се гласа најдоцна до 18 декември, но претходно треба да завршат консултациите меѓу владејачките партнери. За ова прашање и за составувањето на идниот кабинет ман датарот има многу кусо време. Според Бучковски, Владата треба да одговара пред премиерот и пред Собранието. "Министрите во новиот владин состав ќе одговараат само пред премиерот, а не и пред своите политички лидери", изјави мандатарот д-р Владо Бучковски, кој потенцира дека нема да дозволи членовите на новиот владин кабинет да не ги извршуваат неговите наредби.

15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 544 / 3.12.2004

Оваа намера на Бучковски, да го промени начинот на функционирањето на Владата, што беше една од основните причини за оставката на Костов, претставува добра појдовна основа, но за тоа да се реализира во практиката ќе му бидат потребни добри и послушни играчи. "Ако треба оставката на Костов да биде поука за сите идни премиери, треба да ја извлечеме поуката дека секој одговара пред премиерот на Владата и пред Собранието кое ги избрало министрите. Партиите имаат право да предлагаат кандидати, но одговорноста како членови на Влада ја имаат пред премиерот и пред Собранието", истакна Бучковски. На средбите со лидерите на коалиционите партнери, на ДУИ и на ЛДП, Али Ахмети и Ристо Пенов, Бучковски ја добил поддршката за состав на новата Влада. На нив единствено се разговарало за Министерството за одбрана, кое е ослободено по добивањето на лидерската позиција на Бучковски. Тој бил


ПОЛИТИКА

изненаден и од Ахмети, кој наспроти сите шпекулации за наводната заинтересираност за ова Министерство, ги демантирал ваквите информации. "Пријатно бев изненаден од господинот Ахмети, кој на моето прашање дали се точни шпекулациите во медиумите дека се заинтересирани за Министерството за одбрана, директно ми одговори дека политичкиот момент налага ДУИ да нема министер за одбрана, дека сè уште не се создадени условите и дека процесот на градење доверба треба да заврши и ќе дојде времето кога оваа партија ќе има свој кандидат", потенцира Владо Бучковски. За Министерството за одбрана пројави интерес третиот коалиционен партнер ЛДП. Нејзиниот лидер Ристо Пенов излегол со предлог нов министер за одбрана да биде сегашниот министер за

БУЧКОВСКИ НОВ ПАРТИСКИ "АПОСТОЛ"

КОЈ КОМУ МУ СЕ ДОДВОРУВА?

труд и социјална политика Јован Манасиевски. Според мандатарот, работите сепак се менуваат во од и ова е интересна идеја. Владо Бучковски се наоѓа пред голем политички предизвик, кој е обременет со низа тешки проблеми во партијата и во државата. Радмила

Шекеринска, по убедливото молење на идниот премиер, се предомисли и прифати и натаму да ги води евроинтеграциските процеси. Вториот бунтовник кој доаѓа од редовите на СДСМ, Никола Поповски, ја прифати понудената рака за смирување на страстите, и најверојатно ќе

16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 544 / 3.12.2004

остане да седи во фотелјата на Министерството за финансии. По сè изгледа, нему друштво ќе му прави и Илинка Митрева, која отворено ја поддржа кандидатурата на новиот лидер. Сите други комбинаторики се отворени. Во барабанот се и имињата на Муса Џафери, потоа на старите министри Азис Положани, Агрон Буџаку, Стевчо Јакимовски и Александар Гештаковски. Нови имиња се: Џевдет Адеми, Бесир Јашари, а се спомнуваат професорот Борче Давитковски, како и лекарите Борче Петровски и Владо Димов. Мандатарот Владо Бучковски не го открива името на првиот полицаец во државава, а ќе разговара и со тројцата угледни менаџери, Светозар Јаневски, Јорго Ќука и Минчо Јорданов, за новото потпретседателско место за економски системи.


ПОЛИТИКА

СЕГА ГРЦИТЕ БАРААТ

ВАШИНГТОН ЈА ПРИЗНАВА "Вашингтон смета дека балканската земја има право да се нарекува Македонија", изјавил портпаролот на Стејт департментот, Ричард Баучер. Американски конгресмени со грчко потекло во Претставничкиот дом на Конгресот на САД поднесоа Предлог-резолуција со кој од владите на Македонија и на Грција се бара да ги продолжат преговорите за името под покровителство на ОН. "Прашањето за името на Македонија треба да се реши во рамки на постоечката клима на дијалог и добрососедски односи", нагласил претседателот на парламентарната делегација на Европската унија за Македонија и европратеник на Неа Демократија, Јоргос Папастамкос. Пишува: Рената МАТЕСКА

И

по еден месец откако САД нè признаа под уставното име, нашиот јужен сосед не може да се поврати од инфарктната состојба, иако продолжува на големо да се заканува со офанзивни напади во форма на закани, опструкции, и што ли уште не... Грчкиот премиер Костас Караманлис, според грчките медиуми, испратил писмо до

американскиот претседател Џорџ Буш во кое од САД побарал помош за постигнување општоприфатливо решение во рамките на ОН за спорот со Скопје околу името на Македонија. Во писмото, премиерот Караманлис додава и дека Македонија нема да може да смета на прием во ЕУ и во НАТО, ако не се најде компромисно решение за спорот со името. Сепак, тој изразува надеж дека Вашингтон ќе продолжи да дава поддршка за наоѓање праведно и прифатливо ре-

ОВАА КАРТА ПОТСЕТУВА НА ВАШИНГТОНСКАТА "ОКУПИРАНА МАКЕДОНИЈА"

ГРЧКИОТ ПРЕМИЕР КОСТАС КАРАМАНЛИС БАРАЛ ПОМОШ ОД ЏОРЏ БУШ ЗА СПОРОТ СО ИМЕТО

шение за прашањето во рамките на преговорите под покровителство на ОН. Се очекува ова прашање да биде разгледано на планираната средба меѓу грчкиот министер за надворешни работи Петрос Моливиатис со претставник на американската дипломатија на 6 декември во Брисел. Средбата ќе се одржи по барање на Атина и на неа ќе се разгледува целиот спектар на национални проблеми на Грција. Во меѓувреме, грчкото Министерство за надворешни работи упати протестна нота до Вашингтон и за картата именувана како "Окупирана Македонија", која им била поделена на американските маринци. Имено, станува збор за бугарски и за грчки територии, кои се претставени како делови на

18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 544 / 3.12.2004

Република Македонија на географска карта. Во оваа карта се спомнува и за врската на "поранешната југословенска република со древна Македонија". На ваквата грчка реакција, американски дипломатски извори ветиле дека картата нема повеќе да се употребува. Грчките медиуми информираат и за извештај на Стејт департментот, во кој Република Македонија е претставена како историско продолжение на древна Македонија и на Александар Македонски. Е, ова уште повеќе долеало масло на огнот! Претходно, околу 69 членови од Американскиот конгрес со грчко потекло поднесоа барање до Претставничкиот дом да се врати називот БЈРМ. Тие се разочарани од одлуката на Буш за признавање на земјата под


КЛИМА НА ДИЈАЛОГ

"ДРЕВНА МАКЕДОНИЈА"! ? уставно име, без да бидат завршени преговорите во ОН. Во Предлог-резолуцијата се истакнува и дека американското признавање на уставното име "ги ослабело позициите на Грција во преговорите со Скопје и го поткопало дијалогот". Се бара Стејт департментот да ја врати во употреба референцата БЈРМ. Портпаролот на Стејт департментот, Ричард Баучер, изјави дека официјален Вашингтон смета оти Македонија има право на уставното име.

за поблиски односи со ЕУ преку конзистентност и определба за целосно спроведување на Рамковниот договор и приспособување на европската агенда", додал европратеникот. Но, според Папастамкос, земјава ќе мора да се соочи со уште многу предизвици во однос на суштинските политички, економски и социјални реформи. Тој

несува на разни малцински групи во земјата (верски, расни, сексуални), грчките медиуми го протолкуваа како притисок на Брисел да се легализираат правата на етничките малцинства, пред сè, на турското и на македонското, кои Атина со децении не ги признава. Заканата на ЕУ до Атина дојде само пет дена откако во метропо-

КОНСЕНЗУС "Македонија нема проблем со името. Се работи за недоразбирање, вистината на крајот ќе излезе на виделина и таа ќе биде признаена", му порачал претседателот на Собранието Љупчо Јордановски на претседателот на парламентарната делегација на ЕУ за Македонија и европратеник на грчката Нова Демократија, Јоргос Папастамкос. "Не треба да се живее во минатото, туку во иднината", е одговорот на забелешката од Папастамкос дека ЕУ го почитува националниот идентитет на секоја земја, но е потребно да се надминат националните стереотипи со дијалог и консензус и со гранична соработка. Прашањето за името на Македонија, според Папастамкос, треба да се реши во рамките на постојната клима на дијалог и добрососедски односи. Тој оценил дека решението за името треба до доведе до зајакнување на односите меѓу двете земји. Грчкиот пратеник го поздравил македонскиот европски курс и изразил поддршка на Европскиот парламент за задржување на таа насока. "БЈРМ мора да ја искористи историската можност

КОНГРЕСОТ НА САД

оценил дека целосното вклучување на Македонија во европските интегративни процеси ќе придонесе за натамошна политичка стабилизација на регионот, но предупредил и дека за некоја земја да стане членка на Унијата, мора да добие согласност од сите земји-членки. Токму ваквата реакција се толкува како порака дека Грција би можела да стави вето на влезот на Македонија во европското семејство.

ШЛАКАНИЦА Но, додека Грција нам ни се заканува, таа и самата доби закана од ЕУ! Европската унија й се закани на Грција со постапка пред Европскиот суд за правдата ако продолжи да ги игнорира барањата да се справи со дискриминацијата на малцинствата. Иако законот што го бара ЕУ се од-

лата се одржа тркалезна маса на Европската комисија за расизам и нетолеранција на Советот на Европа (ЕКРИ), на која беше побарано, исто така, да се донесе закон против дискриминацијата и да им се помогне на етничките и на другите групи да добијат подобар третман во земјата. Како реакција од ваквиот потег на ЕУ, Атина го пуштила во процедура Нацрт-законот кој се однесува на таа материја, иако според ветувањата дадени на Брисел тој требало да биде усвоен до јули минатата година. Исто така, и заканата за поведување постапка пред Европскиот суд за правдата е срамен удар за Грција, која се смета за лулка на демократијата. Според забелешките изнесени од ЕКРИ среде Атина, во оваа земја сè уште постојат отпори и предрасуди кон малцинските групи, па од клучно значење за др-

19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 544 / 3.12.2004

жавата е да се создаде независно национално тело, кое ќе ја набљудува и ќе ја спречува дискриминацијата. Претставниците на ЕКРИ ја укориле Атина дека четири години по дадените препораки околу малцинствата, тие и натаму не се имплементираат, и дека веќе со години го развлекува ратификувањето на Рамковната конвенција за заштита на правата на националните малцинства, што е библија за Советот на Европа и Европската повелба за употреба на малцинските јазици. Грција е една од неколкуте земји кои од новите членки бараат да ја применуваат Конвенцијата, а самите не ја прифаќаат, додека токму нам таа ни потенцираше околу Рамковниот договор, паралелно со одбивањето воопшто да признае македонско малцинство во земјата. Во својот втор Извештај за Грција, објавен во април годинава, ЕКРИ потенцирал цела глава на непризнавањето на Македонците, заклучувајќи дека врз нив се вршат разни притисоци и се цел на големи предрасуди. Во Извештајот било нагласено дека и покрај одлуката на Судот за човекови права да им се дозволи право на изразување и на организирање на Македонците, по повод "случајот Сидиропулос", нивното барање за регистрација на здружението сè уште нема позитивна разрешница. Дали Грција ќе ги почитува стандардите на ЕУ и на Стразбур останува да се види. Што се однесува до македонската дипломатија во решавањето на спорот со името, таа во релација со јужниот сосед делува строго пријателски, со маслиново гранче и подадена рака. Но, дали раката и гранчето се прифатени од другата страна засега сè уште е под знак прашалник?!


ПОЛИТИКА

ТЕРОРИСТИЧКА ИНВАЗИЈА ВО

АКО ЈА ЗАБОРАВИМЕ ЗАБО 2001,

Ако во воената криза беа актуелни Танушевци, Тетово, Арачиново, Кумановско-липковскиот крај, сега во фокусот на вниманието е селото Кондово и луѓето во црни униформи кои слободно шетаат во тој регион.

Пишува: Жаклина МИТЕВСКА

Б

езбедносната состојба во државава повторно се влошува. Доказ за тоа е она што деновиве се случува во атарот на селото Кондово, но и она што припадниците на албанската заедница го прават во оваа држава - прослави на албанското знаме, подигнување споменици на балисти итн. Ако во текот на 2001 година вниманието беше концентрирано на Танушевци, Тетово, Арачиново, Кумановско-липковскиот крај, деновиве јавноста е вознемирена од појавата на вооружени банди кои се раздвижени во селото Кондово. Само за потсетување, тогаш новинарска екипа ги откри терористите во Танушевци, а сега повторно новинарите ги потврдија информациите за лица во црни униформи кои се движат во атарот на Кондово, иако претходно се

огласи лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој тоа го оквалификува како медиумска шпекулација. По сè ова, нормално е да се постави прашањето: Ни се повторува ли крвавото сценарио од 2001 година, ќе реагираме ли навреме? До кога МВР ќе чека зелено светло од мандатарот Владо Бучковски, кој најави дека едно од најгорливите прашања за новата извршна власт ќе биде дефинитивно да го реши проблемот со Кондово и со сè она што таму се случува последниве неколку недели. Вооружените групи во ова скопско село ги предводи извесен Лирим Јакупи, за кого се тврди дека е еден од напаѓачите на тројцата полицајци во Шуто Оризари, напад извршен на 15 септември годинава. МВР ја негира поврзаноста на Јакупи со овој напад, но воедно и посочуваат дека за него постои меѓународна потерница за тероризам, која ја распишал УНМИК. При тоа, надлежните од МВР велат дека не располагаат со информации за

негов престој во Македонија. Наспроти тоа, сознанијата на разузнавачките служби посочуваат дека Јакупи е во Македонија, но не откриваат каде точно се наоѓа. Исто така, сега се тврди дека од Македонија, тој е лицето кое е во директна врска со Гафур Адили, лидер на албанската национална армија АНА. И покрај тоа што веќе е евидентно присуството на вооружени лица во Кондово, сепак претставниците на ОБСЕ тврдат дека ситуацијата во селото е под контрола на македонските власти, при што им се сугерираат внимателен пристап и методи, а доколку е можно пожелно е да се исклучи употреба на специјални полициски сили. Странците стравуваат дека евентуалната акција во Кондово би можела да "запали" уште неколку други скопски и тетовски села кои се населени со Албанци. Според некои неофицијални извори, неколку дена пред референдумот, во обиколка на утврдените позиции во Кондово бил виден Даут Реџепи или командант Лека, кој живее во Порој. Причините за сегашната раздвиженост на "црните униформи", според одредени шпекулации, се кријат во 2000 година, кога за време на локалните избори беше убиен 23-годишниот Фатмир Јакупи, односно во неисполнетите ветувања на ДУИ дека ќе бидат казнети неговите убијци.

СЛАВЕЊА Деновиве, внимание привлече и прославата на денот на албанското знаме, иако нам одамна ни се познати методите и начините на кои Албанците слават. Наместо нашите власти да спречат вакво нешто, тие мудро молчат, дури тоа и го финансираат. Ако направиме рекапитулација на она што се случуваше за време и по

20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 544 / 3.12.2004

конфликтот, тогаш воопшто не треба да бидеме изненадени од ваквите албански постапки. Имено, на годишнината од востанието на Албанците во селото Слупчане, Кумановско, беше откриен споменик на загинатите "херои" на ОНА. Манифестацијата - како што велат нашите извори - беше организирана со содржини и со кореографија на туѓа држава и идеологии, без присуство на средствата за јавно информирање од државава, на кои им беше забранет пристап. Затоа, пак, неа ја следеа новинари од Тирана, Приштина и од западните земји, но и некои екстремни муслимански редакции. Предизборната кампања на ДУИ во Куманово, Тетово, Гостивар и во други населени места беше организирана без симболи на Република Македонија, но секогаш со оние на Р Албанија. Лексиката беше борбено-злосторничка, со отворено величење на терористичките методи за освојување на власта и напади врз легитимните државни органи и структури на МВР и на АРМ. Голем број хуманитарни организации, невладини, непрофитни групи и фондации од странство тесно соработуваа со криминалните структури на Албанците во Македонија и пошироко. Убедени дека никој во оваа држава не им може ништо, припадниците на албанската етничка заедница со дефиле и со свои знамиња го прославија денот на албанското знаме и денот на независноста на Албанија. Овој потег е срамен чин за нашава држава. Срамен чин е и тоа што нашите власти дозволија во оваа наша една и единствена татковина да се прават споменици на балисти. Таков е случајот со Блаце, каде што без одобрение од надлежните институции, беше подигнат меморијален споме-


РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЈА ЗАСЛУЖУВАМЕ 2004! ник на 110 лица кои, како што пишува на плочата, биле ликвидирани од "партизаните комунисти". Но, уште потрагично е она што се случуваше во Тетово. Таму Албанците одржаа комеморативна академија по повод 60-годишнината од, како што велат самите, "масакрот во Монополот", која беше проследена со рецитали и песни посветени на луѓето кои македонската историја ги познава како балисти. За нас е нон сен балистите да се нарекуваат џентлмени, како што нив ги нарекува професорот по историја Газмен Арифи, затоа што тие, според него, доброволно им го препуштиле Тетово на партизаните. Сè ова длабоко ги навредува чувствата на сите оние кои се бореа на страната на антифашистичката коалиција и кои ја создадоа македонската држава. Последниве настани уште повеќе нè враќаат во минатото и ги заоструваат меѓуетничките односи. Доколку набрзо нема официјални реакции и мерки од страна на надлежните институции, тогаш навистина ќе биде тешко да се воспостават темелите на соживот.

ПОТСЕТУВАЊЕ Некои политичари упорно се трудат сè она што й се случи на Република Македонија, поточно на македонскиот народ, во 2001 година, да го наметнат како воен конфликт, иако според сите дејствија тоа беше терористички атак врз нашава држава. Доколку постоеше храброст навреме да се реагира сигурно ќе можеше да се спречи. За да не заборавиме, ќе потсетиме на она што тогаш се случуваше, бидејќи во една прилика Абрахам Линкол рекол: "Оној кој го заборава своето минато заслужува истото да му

се повтори", а во некој од наредните броеви ќе се осврнеме на албанскиот иредентизам и на балистите. ...Нападот на полициската станица во село Теарце на 22 јануари 2001 година се оценува како увертира на подоцнежните настани во Република Македонија. На 28 јаунари 2001 година патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје - Кичево, беше погоден со проектил од рачен ракетен фрлач, меѓу кичевското село Зајас и постојката Строгомиште. На 16 февруари беше киднапирана тричлена новинарска екипа на А1 телевизија. Тие беа заробени од страна на поголема група униформирани лица со ознаки на ОВК пред влезот во селото Танушевци. На почетокот на март имаше провокации од албанските сили кон македонските безбедносни структури, кои се обидуваа да го изолираат непријателот. По нападот на караулата Кодра Фура, терористите отвориле снајперски оган врз гранична патрола на АРМ. На 5 март Армијата презеде акција за уништување на албанските терористи стационирани во Танушевци, а на 12 март некако успеа да воспостави контрола во поширокиот реон околу селото. На 14 март беа организирани двата најконтроверзни политички митинга што некогаш се случиле во Република Македонија, кога експлодираа албанските националистички страсти. Тие беа предвесници на подоцнежните крвави настани во Тетово и пошироко. На митингот во Скопје, организиран од ДПА, тогаш дел од владејачката коалиција, беше порачано дека само независно Косово и интеграција на Република Македонија во Европската унија се патиштата за смирување на состојбите во регионот. Во маршот под мотото "Марш на мирот" учес-

твуваа околу десет илјади граѓани од албанска националност, при што се вееше националното знаме на Албанија, портокалови и сини знамиња без никакви обележја, а државното знаме на Република Македонија го немаше ниту за лек. Митингот, пак, кој се одржа на 14 март во Тетово беше проследен со вистинска битка меѓу македонската полиција и албанските терористички групи во селата Гермо, Гајре и Селце. Терористите стационирани во непосредна близина на Тетово, со автоматско оружје ја нападнаа полициската патрола кај Селце. Нападот на терористите се совпадна со митингот под мотото "Стоп за македонскиот државен терор врз Албанците", организиран од Сојузот на албанските жени, Демократскиот форум за одбрана на правата и слободите на човекот и од Здружението на политичките затвореници. Додека траеше протестот, од ридовите над градот ечеа пукотници и се водеа тешки борби. По вжештувањето на ситуацијата, улиците на Тетово се испразнија. На 19 март прв пат македонските безбедносни сили влегоа во жестока офанзива против албанските терористи на Шара. Македонската армија и полицијата на 28 март координирано почнаа со офанзивни дејствија за чистење на терористичките гнезда по должината на северната граница во Скопско и во Кумановско. Со офанзивата се постигна првичната цел да се разбијат терористичките банди кои ја загрозуваа безбедноста на Скопје. На 28 април се случи крвавото Вејце, загинаа осуммина припадници на македонските безбедносни сили, а шестмина беа повредени во терористичкиот напад од заседа врз патрола на Армијата на РМ и МВР. На 30 мај беше објавена, односно

21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 544 / 3.12.2004

понудена размена на територии, предлог кој го даде академикот Ѓорѓи Ефремов, тогаш прв човек на МАНУ. На 10 јуни албанските терористи го освоија Арачиново и на нишан ги држеа главните стратешки цели во Скопје и во околината. Два дена потоа албанските терористи предложија мировен план, кој опфаќаше прекин на огнот, уставни реформи, општа амнестија и распоредување на сили на НАТО на територијата на Македонија. Десетина автобуси на КФОР, обезбедувани од нивните припадници и од македонската полиција, ги извлекоа терористите од ова село. Поради ова граѓаните го изразија својот револт пред Собранието. Во меѓувреме, Роберт Бадентер го подготви Нацрт-документот за промена на нашиот Устав, во што учествуваа и меѓународните посредници Франсоа Леотар и Џејмс Пердју. На 6 јули во сила стапи безусловен прекин на огнот, по што следеше опе рацијата "Неопходна жетва", доброволно предавање на оружјето од терористите. На 8 август беа убиени десет припадници на АРМ, а тројца беа повредени во нападот на албанските терористи кај месноста Карпалак кај Групчин на патот Тетово-Скопје. На 10 август транспортно возило на македонските безбедносни сили нагази на две противтенковски мини поставени од албанските терористи, кај Љуботенски бачила на Скопска Црна Гора. По Рамковниот договор, потпишан на 13 август, на 21 август терористите ја урнаа црквата "Св. Атанасиј"... Денес, секој оној кој навистина се чувствува како граѓанин на оваа држава, а ова парче земја за него е татковина, сигурно се прашува што тие таму уште бараат, кој е тој што им ветил дека тоа и ќе го добијат.


REPORTA@A OD PIRIN НА ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД СПОМЕНИ

БУГАРСКАТА ПРОПАГ НА МАКЕДОНСК Градот Кресна како населба бил формиран во времето по Балканските војни, односно по Првата светска војна, на местото наречено Крива Ливада, откако селаните почнале да се спуштаат од ридските места и да ги заземаат напуштените земји од Турците. До педесеттите години на минатиот век градот Сандански бил село, наречено Свети Врач (по името на патроните Свети Кузман и Дамјан, на кои им била посветена селската црква). Со ова име селото било познато и во средниот век. Почнало да се развива по 1912 година, кога населението масовно го напуштало градот Мелник и бегало од бугарските војски во Грција, а Свети Врач го зазел неговото место. сненската клисура и таму бил центарот на востанието во 1878 година.

Пишува: Жаклина МИТЕВСКА

ПЛАМЕН

Н

едела, 21 ноември, ден Св. Аранѓел. Македонските патриоти предводени од Сојузот на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, чиешто седиште е во државава, се подготвуваат да тргнат на пат кај своите браќа од Пиринска Македонија. Дестинација е градот Кресна, а цел присуствување на одбележувањето на 126-годишнината од Кресненското востание. Утринското студенило им ги вцрвува лицата, но тоа не е причина тие да не запеат по некоја македонска песна. Уште неразденето автобусот тргнува на пат, а во него ечат песните за Јане, Гоце, оние во кои се опејува вековната борба на нашиот народ за слободна држава. Градот Кресна каде што треба да нè пречекаат членовите на Организацијата ОМО Илинден се наоѓа во Санданската околија - Благоевградската област. Градот

СПОМЕНИКОТ НА ДИМИТАР ПОП ГЕОРГИЕВ Е СВЕДОШТВО ЗА НЕПОКОРНОСТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Кресна како населба бил формиран во времето по Балканските војни, односно по Првата светска војна, на местото наречено Крива Ливада, откако селаните почнале да се спуштаат од ридските места и да ги заземаат напуштените земји од Турците. На тоа место била изгра-

дена железничка станица, така што новата населба го добила името Гара Пирин (Железничка станица Пирин). До пред неколку децении Кресна било село со спомнатото име, а потоа станало град кој го добива името Кресна. Вистинската Кресна продолжила да постои како село на ридовите над Кре-

22 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 544 / 3.12.2004

По неколку часа патување автобусот пристигна на граничниот премин, а во срцата на Македонците се распламти пламенот за она што ќе се случува во Кресна. Но, трпението уште повеќе се разгорува кога граничните служби по еден час чекање ни дозволија да ја минеме границата. Потоа, повторно почнаа да се пеат оние нашите, патриотските песни. Во Кресна пристигнавме со еден час задоцнување. Иако програмата за одбележување на 126-годишнината од востанието веќе беше почната, за момент се прекина за присутните да го поздрават нашето пристигнување. А тогаш се појавија и првите солзи радосници, по што следаа и топли прегратки. Температурата во салата во Домот на културата во Кресна, каде што се одржуваше свеченоста, изнесуваше под нулата. Но, тоа не беше причина собраните Македонци со огромно внимание да ги следат преда-


КОТ НА ДИМИТАР ПОП ГЕОРГИЕВ

АНДА - НЕПРИЈАТЕЛ ОТО ВОСТАНИЕ

ДИСКУСИЈА ВО СПОМЕН НА КРЕСНЕНСКОТО ВОСТАНИЕ

вањата за Кресненското востание, кои ги одржаа видни историчари од Македонија и од Бугарија, при што сите се потсетија на вековната борба за своја држава. Всушност, историските податоци говорат дека подготовките за востание во Македонија почнале веднаш по завршувањето на Руско-турската војна и по заклучувањето на прелиминарниот

Санстефански договор. Македонскиот народ, особено истакнатите македонски дејци, ослободувањето на Македонија не го гледале во нејзиното присоединување кон Бугарија, па се спротивставиле на одредбите на Санстефанскиот договор. По донесувањето на решенијата на Берлинскиот конгрес, Македонија повторно била вратена под турска управа. Во таквата општа состојба, кај македонскиот народ се интензивирал патриотизмот, се воздигнал борбениот дух и почнало самоорганизирањето и самовооружувањето. "Во 1878 година - вели историчарот Ѓорѓи Андонов - се сретнале четите, кои требало да учествуваат во востанието. Се покренала иницијатива за создавање Македонски комитет чија основна цел било македонското единство. Комитетот имал 32 делегата, на чело со војводата Стево Николов. Биле донесени Резолуција и Ма-

ДЕНЕШНА КРЕСНА СЕ ПОТСЕТИ НА МИНАТОТО

МАКЕДОНЦИТЕ ОД БАЛКАНОТ ИМ ОДДАДОА ДОЛЖНА ПОЧИТ НА СВОИТЕ ПРЕДЦИ ПАТРИОТИ

нифест во кои се велело да не се дозволува разделување на македонскиот народ од надворешните непријатели, кои ги делат на разни народности, а оној кој им верувал на оние кои сакале да профитираат за свои интереси да се исклучи од востанието". "Подоцна - како што потсетува Андонов - македонските борци и бугарски интелектуалци создале Булгаро-македонска лига, чие седиште било во Софија, од каде што и се чувствувало влијанието на бугарската страна на Кресненското востание. Но, од македонска страна била создадена и друга лига - 'Пирин Планина', во која учествувале 17 војводи". Димитар Парасков објаснува дека, и покрај тоа што некои се обидуваат да му дадат бугарски карактер на востанието, главната улога во него ја имал Димитар Поп Георгиев-Беровски.

23 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 544 / 3.12.2004

КАРАКТЕР Ванчо Ѓеоргиев од Институтот за национална историја во Скопје го потенцира македонскиот карактер на востанието и објасни дека самите востаници се именувале како Македонци, а востанието имало државотворен карактер и концепција. "Македонското востание 1878-79 година претставува висок дострел во борбата на македонскиот народ за создавање на независна македонска држава. Тоа е почеток на организирано македонско национално - ослободително движење и темелник на неговата национална и државотворна компонента. Македонското востание се појавува во сложена политичка констелација. Тоа избувнало непосредно по Берлинскиот конгрес, кој всушност претставува дипломатско финале на големата Источна криза,


REPORTA@A OD PIRIN НА ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД СПОМЕНИКОТ НА ДИМИТАР ПОП ГЕОРГИЕВ

ОСТАТОЦИ ОД АРХЕОЛОШКОТО БОГАТСТВО НА ГРАДОТ САНДАНСКИ

со што однапред биле дефинирани сите можности за каква било меѓународна поддршка. Берлинскиот конгрес ја срушил санстефанската фикција, но не и санстефанските соништа. Главна причина за избувнување на востанието била неподносливата општествено-економска и политичка ситуација во Македонија. Во текот на Источната криза, во Македонија дејствувале повеќе чети кои го разгорувале револуционерното расположение кај македонскиот народ. Носители на ослободителната компонента биле и голем број македонски доброволци. За разгорување на востанието влијаеле и повеќе надворешни фактори. Самиот факт дека руската војска по Берлинскиот конгрес сè уште била стационирана во Горна Џумаја влевала надеж за евентуална руска интервенција. За востание биле и голем број македонски емигранти и бегалци во Бугарија. Некои од нив биле со амбиции во случај на успех на востанието да ги земат челните позиции во Македонија или, пак, во случај на неуспех, да создадат политички капитал за нивно вклучување во новата бугарска администрација. Случајно таква концепција имал и поранеш-

ниот охридски егзархиски митрополит Натанаил Кучевишки. Таквото грубо мешање во работите на македонското востание катастрофално се одразило врз неговиот тек. Во исто време, тоа бил обид за промена на карактерот на востанието". Доказ за македонскиот дух на востанието е и тоа што зборот македонски и Македонија се спомнува повеќе од 120 пати речиси во сите оригинални историски документи. Учесниците на ова предавање потсетија и на Уставот на востаниците, во кој се предвидувало основање на македонска држава и слобода на вероисповед. Делегација на ОМО Илинден положи свежо цвеќе на споменикот на Димитар Поп Георгиев, и со едноминутно молчење му оддаде почит на

овој великан на македонската историја. По одржувањето на манифестацијата се упативме во градот Сандански, во кој живеат илјадници Македонци. До педесеттите години на минатиот век градот Сандански бил село, наречено Свети Врач (по името на пат-

24 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 544 / 3.12.2004

роните Свети Кузман и Дамјан, на кои им била посветена селската црква). Со ова име селото било познато и во средниот век. Почнало да се развива по 1912 година, кога населението масовно го напуштало градот Мелник и бегало од бугарските војски во Грција, а Свети Врач го зазел неговото место. Во антиката, овде имало главна населба по средниот тек на реката Струма. Веројатно се нарекувала Паројкополис/Партикополис. Во римско време Сандански бил дел од провинцијата Македонија и ја користел македонската ера на броење на годините. Во христијанско време тој бил епископски центар, а денес тука се наоѓаат ископините на епископската базилика (катедрален храм).


ÀÍÀËÈÇÀ

Rizikot varira vo obraten razmer so znaeweto

Irving FI[ER

Љубомир КЕКЕНОВСКИ

ZNAEWE I ISKRENOST Кога се разгледуваат нашите предности и недостатоци во однос на другите економии станува очигледно дека ни недостасува силен научен инпут во нашите тековни или стратегиски полит-економски одлуки. Можеме да констатираме дека најголем проблем на нашата сеопшта стагнација и заостанување е токму во скудното знаење од секоја област на општествените и природните науки. Следствено, научната беда ја раѓа економската и социјалната сиромаштија. Но, имајќи ја предвид нашата гола реалност сè повеќе сум убеден дека ние веќе немаме проблем само со (не) знаењето, туку сè повеќе имаме проблем со нашата искреност да го признаеме она што го гледаме и да ги наречеме работите со вистинско име. Имено, деновиве во татковинава повторно стана актуелна вечната тема за борба против корупцијата. Иако феноменот на корупцијата е константен, борбата против оваа ламја која изеде најголем дел од нашиот општествен производ и нашите надежи, има смисла ако е во вистинско време кога може да се предупреди и контролира.

Денес може само да се констатира дека таа битка ние ја изгубивме, затоа што станува збор за борба меѓу две страни или две процедури. На едната страна стојат институциите и нивната неопходност од меѓусебна соработка за да завршат еден случај како докажан пример како се извршува законот, поточно како се казнува секој прекршок. Завршените судски случаи, се најдобрата практика и брана на другата страна од можноста сивата економија и корупцијата да направат свој паралелен невидлив ланец во институциите, со кој им ја зема нивната сила и овозможува непречен проток на коруптивни зделки и активности кои ја рушат економијата на земјата. Така е и со другите работи, на пример, КАНДИДАТУРАТА ЗА ЧЛЕНСТВО ВО УНИЈАТА ЌЕ ИМАШЕ ПОИНАКОВ

ЕФЕКТ АКО СЕ ПОДНЕСЕШЕ ВО ИСТИОТ БРАН СО РОМАНИЈА И БУГАРИЈА ВО СРЕДИНАТА НА ДЕВЕДЕСЕТТИТЕ, КОГА ИМАВМЕ И ЗНАЧИТЕЛНА ПРЕДНОСТ ПРЕД ДРУГИТЕ ЕКОНОМИИ ОД ОКРУЖУВАЊЕТО. За само две години, во 1997 година на Романија и Бугарија им стигна потврда дека е прифатена нивната кандидатура за полноправно членство. Ние тогаш, како и сите наивни се самозадоволувавме со фразите дека сме чудо на Балканот и оаза на мирот. Сетне нашите искривени верувања и илузии ги однесе матниот воен виор од 2001 година, па денес со огромни тешкотии реализираме сосема друга агенда. ВЕРОЈАТНО НАМЕРНО ВЕЌЕ ЕДНА ДЕЦЕНИЈА ПОКРАЈ ПОСОЧУВАЊЕТО НА КОРУПЦИЈАТА ВО КОНКРЕТНИ ИНСТИТУЦИИ СЕ ПРЕСКОКНУВА ГЛАВНИОТ ИЗВОР И ПРОМОТОР НА КО26 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 544 / 3.12.2004

РУПТИВНОТО ПОВЕДЕНИЕ - ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ. Тие најдиректно, пак, ги подмитуваат своите граѓани/гласачи со нереални ветувања дека ќе ги вработат или, пак, ги вработуваат пред избори за да ги отпушти следната политичка номенклатура, па сè до подмитувања од типот дека не треба да плаќаат струја или вода ако гласаат за нив. СЕПАК, НАЈСИЛНИОТ УДАР ПАРТИИТЕ ИМ ГО НАНЕСУВААТ НА ИНСТИТУЦИИТЕ И ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ПРЕКУ КАДРОВСКАТА ПОЛИТИКА, СО КОЈА ПАРТИИТЕ ПУШТААТ РАКА ВО ЗАЕДНИЧКИТЕ ФОНДОВИ НА ГРАЃАНИТЕ. Со тоа доаѓаме до клучниот проблем кај нас. Кој е тој што треба/ може да се бори против корупцијата, кои интереси се спротивставени и каде е политичката волја да се спроведе вистинска реформа!!!???


Во ваков институционален вакуум, им преостанува на експертите од Меѓународниот монетарен фонд да констатираат во последниот извештај она на што долго време укажуваме, а тоа е дека "ОТСУСТВОТО НА ИНСТИТУЦИИТЕ ОД ЕФИКАСЕН СУДСКИ СИСТЕМ ДО КРЕДИБИЛНА ЦЕНТРАЛНА БАНКА Е ГЛАВНАТА ПРИЧИНА ЗОШТО ТОЛКУ ЗЕМЈИ СЕ ПОТОНАТИ ВО СИРОМАШТИЈА". Некои велат дека ние сами ништо и не треба да се обидуваме да правиме, бидејќи лошо ќе го направиме. Тоа сè побрзо нè турка во протекторатска прокрустова постела, прогласувајќи општа капитулација на моралот,

бришење на совеста и општа амнестија на функционерите, кои раководат со институциите. Немам дилеми дека и Европската унија и сите меѓународни фактори, гледајќи ја нашата реалност, усвоија дека треба што побрзо да нè асимилираат во нивните стандарди. Но, за возврат, НИЕ МОРАМЕ ДА НАПРАВИМЕ НЕШТО И САМИ ЗА ДА ВЛЕЗЕМЕ КАКО ПАРТНЕРИ, А НЕ КАКО ТРАНЗИЦИОНИ ИНВАЛИДИ ЗА КОИ ЌЕ СЕ ГРИЖАТ ДРУГИТЕ ЗЕМЈИ И МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА. Испуштајќи ги од вид главните виновници и промотори на неуспехот кај нас, гледам дека народов ни станува

27 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 544 / 3.12.2004

најголем проблем. Не бил доволно храбар, паметен, јасно определен што сака, уплашен... Ова унисоно го усвоија како одличен изговор за своите поганости сите јавни функционери од политичари, до штогоде менаџери и ситни партиски војничиња. ЗНАЧИ, НА КРАЈ И ОБИЧНИТЕ ГРАЃАНИ ОД НЕМАЈКАДЕ ЌЕ ГИ СЛУШНЕТЕ ДА ПРИЗНААТ ДЕКА НЕ БИЛ ПРОБЛЕМ НА ДРУГО МЕСТО ПАРТИИТЕ/ЕЛИТИТЕ, ТУКУ ЕТЕ ТОКМУ ВО ГРАЃАНИТЕ И СЕЛАНИТЕ НА ОВАА ЗЕМЈА, ДЕМЕК "КАКО НАРОД НЕ НÈ БИВА". Ми одѕвонува сè уште во уши една социјалистичка фраза и црно мастило на бела хартија по весниците пред години, на кои пишуваше "За Фени сите сме криви". Ниту разбрав тогаш, уште помалку денес можам да прифатам една таква извртена логика. Дури и за она малку успеси ќе се потепаат да докажат кој е позаслужен, а зад неуспесите секогаш стои осамен и засрамен народот. Тврдоглаво си продолживме да ги прославуваме поразите заедно, додека "успесите" во корупцијата и митото завршуваат точно во одредени џебови и сметки. Мора да се покрене зарѓаното тркало на законите и судовите за да се воспостави нова практика во која точно ќе се знае која институција, и кој човек е одговорен за конкретна работа. Значи, за кошарката или за фудбалот, ќе се бара одговор од кошаркарскиот или фудбалскиот сојуз, или уште поконкретно, на пример, во Кондово треба да влезе македонската полиција а не македонскиот народ. ВО ИЗМИНАТАВА ДЕЦЕНИЈА, СО ПРОЦЕСОТ НА СОЦИЈАЛНО РАСЛОЈУВАЊЕ, ДОМАШНИВЕ ЕЛИТИ БРЗАЈЌИ КОН ЛАТИНОАМЕРИКАНСКИОТ МОДЕЛ ГО ЗАБОРАВИЈА СОПСТВЕНИОТ НАРОД, КОЈ ОСТАНА ГОЛ И БОС ПО ТРАНЗИЦИСКОТО ТРЊЕ. Но, сè повеќе народот ни станува излишен и за други демократски придобивки. Не ни треба за референдумите, па го повикуваме да си остане по некој ден дома, за да му се најде вработување, слободно може да му се препорача да не излегува од дома цела вечност. ПОНЕКОГАШ, ЕДИНСТВЕНО НА НЕКОИ ИЗБОРИ НЕВЛАДИНИВЕ ИМААТ СМЕЛОСТ ДА ГО ПОТСЕТАТ НАРОДОТ ДЕКА ЛИВЧИЊАТА САМИ НЕ ОДАТ ДО КУТИИТЕ, АМА КАКО НИ ТРГНАЛО СО ВАКА НЕДОВЕРЛИВ НАРОД ЌЕ ИЗМИСЛАТ НЕКОИ НОВИ ПАМЕТНИ/ПОСЛУШНИ ЛИВЧИЊА, КОИ САМИ ЌЕ ОДАТ НА ИЗБОРИ.


К О М Е Н ТА Р

ПОСЛЕДНИОТ КРУГ!? Децентрализацијата може да ја искористи како полигон за реализација на неостварените цели од 2001 година. Со донесувањето на новиот Закон за локална самоуправа, кој претставува реализација на долго планираната децентрализација, Република Македонија уште еднаш ја докажа својата заложба за демократија, човекови права и владеење на правото. Таканаречените сиви зони, односно регионите каде нема владеење на правото, туку владеење на хаосот и анархијата - се совршена средина за шверц со дрога и обуки на екстремни групи.

Пишува: Мишко ТАЛЕСКИ

П

ојавувањето на локалната самоуправа како една од скалите на власта во Република Македонија, пред осум години беше исклучителна можност за промена на политичката клима во државава. Власта да се доближи до граѓаните, да стане понепосредна. Да се тргне едноумието и да се етаблираат индивидуите во локалното управување со заедницата. Денес имаме реставрирана локална самоуправа. Новиот Закон за територијална организација и за децентрализација треба да претставува нова отскочна даска за развојот на демократските процеси во земјава и покрај многуте етикети, кои й се залепија на актуелната власт за лошиот пристап во усвојувањето на законските решенија. Противници на законите имало и ќе има. Тоа е дел од демократијата. Тоа не треба да нè плаши. Напротив. Демократијата е систем кој го форсира опонентното однесување. Сега политичките сили во Македонија треба да се насочат кон практично позитивно спроведување на Законот, кој се усвои во законодавниот дом. Можеби не е идеален, има недостатоци, можеби поаѓа од етничките, а не од економските критериуми. Ако решението е за доб-

рото на сите граѓани на Република Македонија, ако зад него стои меѓународната заедница, тогаш неговото прифаќање можеби претставува нужно зло, кое ќе помогне иднината да ни стане попросперитетна и поблагопријатна од сегашните моменти. Граѓанинот единствено преку неа може да дојде до непосреден контакт за секојдневните проблеми со кои се соочува. Изминатите години локалното самоуправување им овозможи на граѓаните да се решат серија проблеми, кои во минатите децении беа запоставени и ставени во буквална табу позиција. Се отворија низа прашања, кои како лавина ги преплавија политичките субјекти. Граѓаните очекуваа дека некои нешта можат преку ноќ да се решат. Требаше многу нерви на почетокот за да им се објасни суштината на локалната власт, што значи таа, какви овластувања имаат градоначалникот и советниците, во кои области работат и слично. Денес ситуацијата е поинаква.

ИНДИВИДУАТА ОДЛУЧУВА Преку локалната заедница граѓаните ја развија својата политичка култура, проработи нивниот политички сенс. Денес полесно се работи. Законот за децентрализација треба уште повеќе да ја воздигне вредноста на индивидуата во активностите на вклучување во општествените процеси и искористување на нејзиниот капацитет во доменот и областа во која создава. Локалните авторитети треба и мора да умеат да се доближат себеси до народот, да бидат во ситуација со непосредна помош од граѓаните да го решат настанатиот проблем. Разликата ќе се состои во тоа што можеби досегашниот принцип на работа беше по малку едностран, натурен од локалните власти кон заедницата. Отсега работите ќе бидат видоизменети. Ќе се креираат по една поинаква основа. Индивидуата ќе има поголемо право на глас. Таа ќе одлучува во одредени процеси и моменти. Ќе ја дели одговорноста со власта во општината. Неизбежна ќе биде своевидна кампања за доближување на предностите од децентрализацијата до граѓаните. Месеците минаа во натегнувањата меѓу власта и опозицијата во каква насока ќе оди државата доколку се усвои или не Законот за територијална организација, запоставувајќи ги елементите кои можеби беа поприоритетни за разгледување, а се однесуваат на функционалноста на децентрализацијата. Овој процес и таа кампања ќе бидат неопходни. Меѓу граѓанските маси владее мислење дека овој модел на локалната власт нема да успее, дека ќе биде злоупотребен од криминалните групи, кои сакаат да ја искористат намалената моќ на централната власт за свои лични материјални цели. В ред. Држат и овие тези. Но, ако децентрализацијата е дел од модерното европско законодавство и е услов за наша интеграција во евроатлантските структури, тогаш стравот мора да се надмине. Државата има механизми и моќ кои ќе можат успешно да ги совладаат пречките, кои постојат на патот на спроведувањето на тој суштествен Закон. Нештата навистина се комплицирани. Живееме во сложено општество со различни интереси и погледи на секој политички субјект. Тука лежи проблемот. Иако по многу прашања постои консензус, иако ставовите на партиите во голем дел се хомогени, сепак постои одредена доза на меѓусебна недоверба, кое негативно се одразува на временските рокови за имплементација на законските решенија. Мислењата дека со ваквата територијална организација децентрализацијата нема да биде применлива и ќе даде негативни резултати, ќе треба сериозно да се разгледаат. Бројни експерти и аналитичари стојат на ставот дека локалната самоуправа би била раководена од криминални банди, кои ќе го кажуваат последниот збор, додека градоначалникот и општинските советници би биле само спроведувачи на

28 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 544 / 3.12.2004


делата на девијантните типови. Практично, тие не би имале никаква моќ во спречувањето на шверцот, трговијата на црно, контролата на виталните објекти. Голем дел од општинските работници нешто по своја волја, нешто по наметната сугестија ќе соработуваат со бандите, кои ќе го претставуваат својот ред и поредок во автономната општина. Стравувањата за еден ваков развој на ситуацијата е сосема оправдана. Тоа би можело да се случи во општините, кои од секогаш мечтаеле за самостојно управување без влијание на централната власт, но не во доменот на самоуправувањето, туку во делот на етничките критериуми. Оттука произлегоа и скептичните тонови на опозицијата, која предупредуваше на опасностите од злоупотреба на механизмите на користењето на општинската власт.

поделба и децентрализацијата ќе бидат позитивни или негативни за опстојувањето на државата во формата во која моментно постои. Овие напори за поинакво општество не се само во интерес на Македонија. Таканаречените сиви зони, односно регионите каде нема владеење на правото, туку владеење на хаосот и анархијата - се совршена средина за шверц со дрога и обуки на екстремни групи. Постоењето на такви сиви зони во срцето на Балканот може само да резултира со долгорочни негативни ефекти врз безбедноста на целиот европски континент. Денес таква е Босна, такво е Косово, половина Албанија, такви се одредени средини и во Македонија. Државната стратегија треба да се заснова врз зајакнувањето на демократските процеси, неупотребата на сила за политички цели, почитувањето на територијалниот интегритет, суверенитет и ПОЛИГОН ЗА НЕ неминливоста на границиОСТВАРЕНИ ЦЕЛИ те, владеењето на правото и економскиот проспериМеѓутоа, цврстиот став, тет. Декларативно сите пак, на владејачките коастојат на овие позиции. Но, лициони партнери дека на теренот се случуваат тоа во никој случај не момногу поинакви работи од же да биде остварено, веоние напишани на парчиња ројатно значи дека држахартија во институциите. За вата има средства и метотоа стравуваат и дел од ди како да се одвратат претставниците на власта, злонамерниците од реакои беа етикетирани од лизацијата на таквите засвоите соборци дека отстамисли. Нашата земја и вредпуваат од програмските ностите кои таа ги негува определби на СДСМ или на беа ставени на проба со ЛДП. Стравувањата ќе носат нападите од страна на тепсихолошки ризици уште рористичките сили, насона стартот од спроведувачени против демокрањето на проектот за децентијата и против цивилизатрализација на власта. Мециските придобивки, сили ѓународната заедница, оскои беа подготвени да вен декларативна и усна ЗА ИСТА ЦЕЛ И УНИФОРМА И ОДЕЛО употребат насилство за да поддршка за унитарноста ги исполнат своите кримина карактерот на државата, НЕ МИСЛАМ ДЕКА СИТЕ ГИ ЗАМЕНИЈА ВАЛКАНИТЕ нални цели. Не мислам дене даде никакви гаранции ка сите ги заменија валкадека екстремните елементи ВОЕНИ УНИФОРМИ СО ВРАТОВРСКИ. ДЕЛ ОД НИВ СÈ ните воени униформи со нема да можат да ја исУШТЕ СЕ ВО ФАЗА НА ПОДГОТВЕНОСТ. БИ СЕ АКТИвратоврски. Дел од нив сè користат новата мапа на ВИРАЛЕ ОНОЈ МОМЕНТ КОГА БИ ИМАЛО ПОГОДНА уште се во фаза на подграниците за етнички цели. МОЖНОСТ ЗА ТОА. СО УСТАВНИТЕ ПРОМЕНИ ОД 2001 готвеност. Би се активирале Одредени експерти повикуоној момент кога би имало ваа на посеопфатен став на ГОДИНА, СЕ ЗАЈАКНА ГРАЃАНСКИОТ КОНЦЕПТ НА ЗЕМпогодна можност за тоа. западните демократии по ЈАВА, НЕ КАКО ДРЖАВА НА ДРЖАВОТВОРНИ НАРОДИ, Со уставните промени од ова чувствително прашање, ТУКУ НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, КОИ 2001 година, кои беа изглано останаа делумно неми сани од пратениците во на повикот. Избегнувањето ГИ ВКЛУЧУВААТ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ДРУГИТЕ Собранието, вклучувајќи на идните одговорности за ПОЕДИНЦИ КОИ ИМ ПРИПАЃААТ НА ДЕЛОВИ НА ја и Преамбулата, се зајаквнатрешно-политичките НАРОДИ. на граѓанскиот концепт на превирања во Македонија, земјата, не како држава на дипломатите вешто го напдржавотворни народи, туравија, со постојани ултику на граѓаните на Република Македонија, кои ги вклучуваат матуми и закани дека ако не го видат владиното решение во македонскиот народ и другите поединци кои им припаѓаат практиката, државата ќе оди назад. Сега се чека повикот за на делови на народи. Некому не му одговара и оваа напред. Спласнаа еуфоричните најави на Лондон, фактичка ситуација. Децентрализацијата може да ја Вашингтон, Брисел и Берлин дека со новиот Закон Маискористи како полигон за реализација на неостварените кедонија го трча последниот предвиден круг за влез во цели од 2001 година. Со донесувањето на новиот Закон за НАТО и во ЕУ. Колку ќе биде долг тој последен круг? Ќе локална самоуправа, кој претставува реализација на долго потрае ли? Никој нема прецизен одговор на ова прашање. планираната децентрализација, Република Македонија Само реториките дека претстојат уште многу, многу уште еднаш ја докажа својата заложба за демократија, реформи на полето на политичките текови, економијата, човекови права и владеење на правото. Сега не е познато финансиите, судството, здравството, администрацијата. А што таа ќе добие како повратен ефект од таквата заложба. власта велеше "сега или никогаш - Европа". Кој кого извиси? Ќе треба практиката да покаже колку новата општинска Власта граѓаните или Западот нашата власт. 29 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 544 / 3.12.2004


ДВОЈНА ЛУПА

АВТЕНТИЧНИ ИЗЈАВИ НА ДВ

ВО ПРИТВОР ВО УБА Никогаш порано не сум бил во Скопје, ниту во Македонија. Ме воодушеви градот. Видов многу џамии и минариња. Веднаш ја побаравме грчката Амбасада. Еден од двајцата цивили полицајци ми рече: Повеќе ми личите како да сте од Ал Каида, воопшто не ми личите на студенти. Упорно ми поставуваа прашања од типот: Има ли во Босна кампови на Ал Каида, дали Осама бин Ладен доаѓал таму, има ли Осама босански пасош и слично. Ги прашав зошто мене ми ги поставуваат тие глупави прашања и каква врска има тоа со моето приведување.

Пишува: Мишко ТАЛЕСКИ

О

д Босна тргнав за Јордан. Тоа беше февруари 2002 година. Со мене беше и Омер Авдушиновиќ од Завидовиќи. Патувавме со приватни автомобили. Јас возев "Мерцедес 230 Е", а Омер возеше друг автомобил "Мерцедес 380 С". Патувавме преку Бјелина, Белград, Ниш, Македонија. Без никакви проблеми дојдовме до грчката граница", се сеќава Асим Сефер. На границата кон Грција настанале првите проблеми. Асим и Омер не знаеле дека за да ја преминат грчката граница им била потребна виза. Сметале дека сè уште важи правилото визата да се добие на границата. "Тоа со визите навистина нè изненади. Познато ми е дека нашите аџии без никакви проблеми патуваа низ Грција. Аџиите ни рекоа дека визите се добиваат на самата граница. Ги прашавме

"

"СЕ ВИКАМ АСИМ СЕФЕР, РОДЕН СУМ ВО ТРАВНИК 1978 ГОДИНА. МОМЕНТНО СТУДИРАМ ВО ЈОРДАН". ВАКА ЈА ПОЧНУВА СВОЈАТА ПРИКАЗНА ЕДЕН ОД ДВАЈЦАТА БОШЊАЦИ, КОИ ПРЕД ИЗВЕСНО ВРЕМЕ БИЛЕ ПРЕДМЕТ НА ИНТЕРЕСИРАЊЕ НА СВЕТСКАТА ЈАВНОСТ, ОТКАКО ОД СКОПЈЕ ГИ ПРЕФРЛИЛЕ ВО АМЕРИКАНСКАТА БАЗА ЗА "МУСЛИМАНСКИТЕ ТЕРОРИСТИ" НА КУБА. ИНФОРМАЦИИТЕ ГОВОРАТ ДЕКА ДВАЈЦАТА СТУДЕНТИ, ПОД ТЕШКИ ТРАУМИ, БИЛЕ ИСЛЕДУВАНИ ТОКМУ ВО СКОПЈЕ, А ГИ ТРАНСПОРТИРАЛЕ ВО БАЗАТА НА КУБА. ВО ОВА ПИШУВАЊЕ ГИ ПРЕНЕСУВАМЕ АВТЕНТИЧНИТЕ ИЗЈАВИ НА БОШЊАЧКИТЕ СТУДЕНТИ ДАДЕНИ ВО ГЛАВНИОТ ГРАД НА ЈОРДАН, АМАН, ВО КОИ ГИ ИЗНЕСУВААТ ДЕТАЛИТЕ ОД АПСЕЊЕТО И ПРЕСТОЈОТ ВО ЗАТВОРОТ ВО СКОПЈЕ.

граничарите каде можеме да извадиме виза. Тие ни рекоа дека единствено и најблизу тоа можеме да го сториме во Скопје, Белград или Сараево. Со оглед на тоа дека немавме избор се одлучивме за најблиската дестинација - Скопје", вели Сефер. Асим и Омер се вратиле назад. Со куси задржувања, во Скопје пристигнале наредното утро околу осум часот. "Никогаш порано не сум бил во Скопје, ниту во Македонија. Ме воодушеви градот. Видов многу џамии и минариња. Веднаш ја побаравме грчката Амбасада. Со помош на љубезните граѓани на Скопје веднаш ја најдовме. Во близина на Ам-

МАКЕДОНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ ОД 2002 ГОДИНА, СЛОБОДАН ЧАШУЛЕ, ГОСТУВАЈЌИ НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВНА ТЕЛЕВИЗИЈА ПОНУДИ ОДГОВОР НА ПРАШАЊЕТО ЗОШТО АСИМ СЕФЕР И ОМЕР АВДУШИНОВИЌ СЕ УАПСЕНИ И ЗАДРЖАНИ ЧЕТИРИ ДЕНА ВО ЗАТВОРОТ ВО СКОПЈЕ. ВО ТАА ПРИЛИКА ЧАШУЛЕ ЌЕ РЕЧЕ ДЕКА ОВИЕ ДВАЈЦА БОСАНСКИ ДРЖАВЈАНИ БИЛЕ НА ПОГРЕШНО МЕСТО ВО ПОГРЕШНО ВРЕМЕ И ДЕКА БИ ТРЕБАЛО ДА ИМ ЗАБЛАГОДАРАТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ШТО САМО ТОА ГО ПРЕТРПЕЛЕ ВО ТЕКОТ НА ПРИТВОРОТ ВО СКОПЈЕ.

басадата ги паркиравме автомобилите. Таму, пак, затекнавме голема турканица. Дежурниот полицаец ни одговори дека визите се добиваат за седум дена. Се договоривме да одиме до бугарската Амбасада, да се обидеме да извадиме нивни визи. Таму ги предадовме пасошите, уплативме за визи, пополнивме формулари и дадовме по една фотографија. Ни рекоа дека визите ќе бидат готови за три дена, а можеби и порано. Бидејќи се ближеше пладне мислевме да одиме до некоја џамија на клањање. Меѓутоа, кога дојдовме до паркингот каде што ни беа автомобилите видовме дека мојот 'мерцедес' го нема", вели Асим. "На ’мерцедесот’ на Омер му ја немаше регистерската табличка. Покрај неговиот автомобил стоеја двајца полицајци. Им пријдовме и ги прашавме каде е мојот ’мерцедес’. Ни одговорија дека дошол пајакот и го собрал. Додека зборувавме со полицајците се појави џип со металик - сива боја, тип ’мицубиши’. Излегоа двајца во

30 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 544 / 3.12.2004

цивил. Ни побараа пасоши, нè прашаа кои сме и од каде доаѓаме. Му одговорив дека сме од Босна и дека студираме во Јордан, а во Скопје сме дојдени да извадиме визи за поминување низ Бугарија кон Јордан. Еден од двајцата цивили ми рече: Повеќе ми личите како да сте од Ал Каида, воопшто не ми личите на студенти. Бев загрижен, се потпрев на полициското возило и еден од полицајците ми рече: Што се потпираш? Знаете ли со кого си имате работа?"

ИСПИТУВАЊЕ Луѓето во цивил ги привеле Асим и Омер и ги однеле во полициска станица. Ги претресле и ги одвеле во просторијата за испрашување. "Мене ме воведоа во една просторија, а Омер во друга. Почнаа испитувањата. Протестирав", вели Асим Сефер. "Ги прашав зошто не ја известат нашата држава за приведувањето и зошто не ја известија нашата босанска Амбасада во Скопје. Еден од инспекторите ми рече дека


АЈЦА СТУДЕНТИ БОШЊАЦИ

ВИОТ ГРАД СКОПЈЕ ова не е Америка за да можеш сè тоа да го добиеш. Тоа таму можеш да го бараш, а не овде во Македонија. Така ми дофрли инспекторот. Уште ми рече повеќе да не сум проговорил за тоа. Прво ме прашаа што знам за Активната исламска младина и за нејзиниот претседател. Им одговорив дека тоа е организација на исламската младина. Ме прашаа каде бев за време на нападот врз Америка на 11 септември 2001 година. Следното прашање беше дали сум служел војска,

ИСПРАШАНИ ПА ОСЛОБОДЕНИ Вториот ден, македонската полиција ги спровела Асим и Омер во друга полициска станица. На Асим му ставиле лисици на рацете. Омер бил поштеден од тоа. Во оваа полициска станица минале три дена, сè до саботата 16 февруари 2002 година. Тогаш биле ослободени. "Кога нè одведоа во другата полициска станица повторно ме одделија од Омер. Ме испиту-

ка ќе ме скршат, дека ќе ме испратат во американската база на Куба. Беа мошне груби. Упорно ми поставуваа прашања од типот: Има ли во Босна кампови на Ал Каида, дали Осама бин Ладен доаѓал таму, има ли Осама босански пасош и слично. Ги прашав зошто мене ми ги поставуваат тие глупави прашања и каква врска има тоа со моето приведување. Ми рекоа да не се правам многу паметен. Ме пцуеја. Тешко ми паднаа понижувањата. Ме држеа како животно. Сакаа со сите сили

АМБАСАДОРОТ НА БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА ВО МАКЕДОНИЈА, ФАХРУДИН КУЛЕНОВИЌ ВО ЕДНА ПРИЛИКА ИЗЈАВИЛ ДЕКА МАКЕДОНСКАТА ВЛАСТ СЕ ЗАПЛЕТКАЛА ВО ОВОЈ СЛУЧАЈ. "МАКЕДОНИЈА САМО МУ СЕ ДОДВОРУВАШЕ НА ЗАПАДОТ ВО АНТИТЕРОРИС ТИЧКАТА КОАЛИЦИЈА. ТОА БЕА ЗЛИ НАМЕРИ НА МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ЉУБЕ БОШКОСКИ. ТИЕ БЕА УАПСЕНИ САМО ЗАТОА ШТО БЕА МУСЛИМАНИ И ЗАТОА ШТО СТУДИРАА ИСЛАМСКА ТЕОЛОГИЈА ВО ЈОРДАН. ТРИ ПАТИ СЕ ОБИДУВАВ ДА КОНТАКТИРАМ СО МВР НА МАКЕДОНИЈА, НО НЕ УСПЕАВ. НЕ САКАА НИШТО ДА МИ КАЖАТ. ИМ ИСПРАТИВ НЕКОЛКУ ДИПЛОМАТСКИ НОТИ, НО НЕМАШЕ ОДГОВОР. РЕАКЦИИТЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ ВЛАСТИ БЕА ЖЕСТОКИ. МИНИСТЕРОТ БОШКОСКИ ВО СОБРАНИЕТО ИЗЈАВИ ДЕКА КАЈ АСИМ И ОМЕР ПОЛИЦИЈАТА ПРОНАШЛА ДИСКЕТА НА КОЈА СЕ СНИМЕНИ ДЕСЕТИНА ИЛЈАДИ СТРАНИЦИ ЗА ВОЈНАТА ВО БОСНА. ТОА Е АПСУРДНО. БОШКОСКИ РЕЧЕ ДЕКА НАШИТЕ МОМЧИЊА НАВОДНО ЈА ПОТКАЖАЛЕ ГРУПАТА ОД СЕДУМ ЛИЦА, КОИ БЕА УБИЕНИ КАЈ РАШТАНСКИ ЛОЗЈА. ТОА Е НЕВОЗМОЖНО. АКО Е ТАКА ЗОШТО ТОГАШ ГИ ОСЛОБОДИЈА. ТРЕБАШЕ ДА ИМ СУДИ. ТОА Е ГОЛЕМ АПСУРД".

кои организации работат во Босна, со што се занимаваат и слично. Цел ден и цела ноќ ме испитуваа. Главно поставуваа едни исти прашања. Тоа траеше сè до четири часот изутрината. Ги замолив да ми дозволат да одам во тоалет, а потоа да клањам. Потоа ме оставија и малку да отспијам".

ваа од 10 до 21 часот. Цело време го минав седејќи на столицата на која бев врзан со лисиците. Ме ослободуваа само кога морав да одам по нужда. Вториот ден испитувањето траеше цели 11 часа. Тој ден не ми дозволија ниту во тоалет да одам. Не ми дадоа ништо да јадам, ниту да пијам. Ми се закануваа де-

психички да ме скршат, да ги молам да ме пуштат. Но, Алах ми даде сила, се чувствував горд. Ги гледав право в очи. Не им дозволував да се насладуваат на мојата мака. На моменти отворено им се смеев на нивните прашања. Уште повеќе ми се закануваа". Третиот ден Асим бил исцрпен од глад, изморен од

31 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 544 / 3.12.2004

долготрајните испитувања, здрвен од постојаното седење на столица. "Ме разбуди силен удар во пределот на кичмата. Страшно ме болеше. Не успеав да видам кој ме удри. Добив удар во главата. Видов девојка во униформа. Истиот ден ми поставуваа голем број прашања. Ноќта почнав на глас да го учам Куранот. Тоа го слушна еден од полицајците. Дојде кај мене и ме праша што е тоа што го пеам. Му реков дека не пеам, туку дека го учам Куранот. Дојде друг полицаец и ми рече да продолжам да пеам. Се виде зачуденост на неговото лице. Бараше да му преведам што зборувам". Утредента, сабота 16 февруари, македонските полицајци го прекинале испитувањето на Асим и Омер. Тој ден попладне полицајците му ги извадиле лисиците на Асим. Му понудиле кафе и јадење. И двајцата ги пуштиле вечерта околу 18 часот. "Не можев да поверувам дека повторно одам по улица. Полицајците ни рекоа многу да не шетаме низ Скопје, за да не нè уапсат повторно. Не излегувавме од хотелот. Во понеделникот отидовме до бугарската Амбасада и ги зедовме визите. Без никакви проблеми заминавме за Јордан", вели Асим Сефер. Инаку, македонската полиција воопшто не го испитувала Омер, туку му земала само лични податоци.


ПОЛИТИКА

СПОГОДБА ЗА ЗАШТИТА НА М

НАЦИОНАЛНИОТ И КУЛТУРН Со Спогодбата меѓу Република Македонија и Србија и Црна Гора за заштита на македонското малцинство кај северниот сосед и за заштита на српското и црногорското малцинство во нашава држава на билатерална основа се регулираат прашањата од областа на правата на националните малцинства. Таа беше склучена на 6 јули 2004 година во Скопје во два оригинални примерока, на македонски и на српски јазик, а сега постои иницијатива да се донесе закон за нејзина ратификација.

Пишува: Жаклина МИТЕВСКА

З

аштитата на нашето малцинство кое живее надвор од границите на матичната држава треба да биде основна задача и обврска на македонската Влада. Секако за поздравување беше предлогот кој го достави Владата на Хари Костов, која сега е во оставка, за донесување закон за ратификација на Спогодбата меѓу Република Македонија и Србија и Црна Гора за заштита на македонското национално малцинство кај северниот сосед и заштита на српското и црногорското национално малцинство во нашава држава. Спогодбата беше склучена на 6 јули 2004 година во Скопје, во два оригинални примерока, на македонски и на српски јазик, кои се еднакво веродостојни. Ова е прва таква Спогодба, која Република Македонија ја склучила со една соседна земја. Со неа, на специфичен начин треба да се регулираат одделни права и слободи на соодветните малцинства во двете земји, како што се: право

на изразување, зачувување и развивање на етничкиот, културниот, јазичниот и верскиот идентитет, употреба на мајчиниот јазик во приватниот и во јавниот живот, право на запишување на личните имиња во личните и официјалните документи на мајчин јазик и писмо, изучување и школување на мајчин јазик итн. Спогодбата претставува добра основа за унапредување на заштитата на човековите права и основните слободи, слободно изразување на легитимните интереси на припадниците на македонското национално малцинство во Србија и Црна Гора, пошироко запознавање и продлабочување на соработката меѓу народите на двете земји. За да може Спогодбата да стапи во сила, во согласност со член 15, потребно е Собранието на Република Македонија да донесе закон за нејзина ратификација. Бидејќи, законот кој се предлага не е ниту сложен ниту обемен, постои иницијатива Предлог-законот да се разгледа на истата собраниска седница на која ќе се разгледува и Предлогот за донесување закон, во согласност со член 152 од Деловникот за работа на Собрани-

ето на Република Македонија. Всушност, Владата во оставка, донесувањето на овој закон го предложи по седницата на 4 октомври 2004 година, а како свои претставници во Собранието ги одреди: д-р Илинка Митрева, министер за надворешни работи и Фуад Хасановиќ, заменик - министер за надворешни работи, додека повереници се Фатмир Џеладини, државен секретар во Министерството за надворешни работи, Јордан Веселинов и Благој Зашов, државни советници во Министерството за надворешни работи.

ПРИНЦИПИ При пристапувањето кон овој Предлог биле земени предвид меѓународните принципи и норми за заштита на националните малцинства содржани во следниве документи: Повелбата на Обединетите нации, Општата декларација за правата на човекот, Меѓународната конвенција за укинување на сите облици на расна дискриминација, Меѓународниот пакт за граѓански и политички права, Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права, Конвенцијата на УНЕСКО за борба против дискриминацијата во областа на образованието, Декларацијата на ОН за укинување на сите облици на нетолеранција и дискриминација, кои се темелат на вероисповеста или верувањето, Декларацијата на ОН за правата на лицата кои припаѓаат на национални или етнички, верски и јазични малцинства, потоа завршниот документ на КЕБС за човековата димензија од Копенхаген 1990 година, Париската повелба за нова Европа 1990, Хелсиншкиот документ на КЕБС од 1992

32 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 544 / 3.12.2004

година, Повелбата за безбедност на Европа од Истанбул 1990 година, Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи, Европската повелба за регионални или малцински јазици, Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства, членот 4 од Договорот за регулирање на односите и унапредување на соработката меѓу Република Македонија и СРЈ, 1996 година. Член 1 од оваа Спогодба предвидува припадноста кон националните малцинства да се базира на слободен сопствен избор, од кој припадниците на малцинствата нема да имаат никакви негативни последици. Напротив, тие ќе уживаат рамноправен третман пред законот и еднаква правна заштита. Република Македонија и Србија и Црна Гора се обврзуваат да ги унапредуваат условите потребни за одржување и развивање на идентитетот и правата на националните малцинства во целина, кои имаат право на изразување, зачувување и развивање на етничкиот, културниот, јазичниот и верскиот идентитет. Овие две


АЛЦИНСТВАТА ВО РМ И СЦГ

ИОТ ИДЕНТИТЕТ ОПСТАНУВА

држави ќе се воздржуваат од политика и мерки кои имаат за цел асимилација на припадниците на малцинствата и ќе ги штитат од практиката чија цел е асимилација. Договорните страни им го признаваат правото на припад-

ниците на националните малцинства усмено и писмено да го користат мајчиниот јазик во приватниот и во јавниот живот, како и правото личните имиња да им бидат запишани во личните и официјалните документи и на мајчиниот јазик и писмо. Во рамките на националното законодавство, договорните страни ќе им овозможат на припадниците на националните малцинства користење на мајчиниот јазик во локалната администрација, пред административните и судските органи, како и истакнување на топографски натписи, имиња на места, улици и јавни установи на јазиците

на малцинствата. Во член 4 се предвидува со соодветни законски мерки договорните страни да им овозможат на припадниците на националните малцинства да го изучуваат својот мајчин јазик или да се школуваат на својот мајчин јазик.

СОРАБОТКА Со Спогодбата е предвидено припадниците на националните малцинства да имаат право, поединечно или во заедница со другите членови на својата група, да го изразуваат и да го развиваат својот етнички, јазичен и верски идентитет, а договорните страни ќе создаваат услови и ќе донесуваат мерки потребни за таа цел. Во таа смисла, договорните страни ќе го поддржуваат и помагаат слободното организирање и здружување на малцинствата со цел да се зачува националниот и културниот идентитет, востановување и функционирање на организации, здруженија и институции кои ги претставуваат интересите на националните малцинства и ќе обезбедат нивно учество во јавните работи, особено во оние кои се однесуваат на нив, во областа на културата, образованието и информирањето. Го помагаат одржувањето на културни манифестации на националните малцинства кои, придонесуваат за унапредување на идентитетот и културата на националните малцинства, им овозможуваат издавачка дејност, како и испраќање книги, списанија, носачи на слика и звук на малцинските организации за некомерцијални цели. Во член 6 договорните страни ќе обезбедат услови за зачувување на културното богатство на националните малцинства и ќе го регулираат со посебна спогодба, ќе ги

33 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 544 / 3.12.2004

поттикнуваат и поддржуваат научните истражувања и студиите за нивната историја, култура и современа положба. Во согласност со внатрешното законодавство, договорните страни ќе овозможат редовно емитување програми на радиото и телевизијата на јазикот на малцинството, во зона на покриеност и во времетраење кое ќе биде спогодбено утврдено, како и преземање и дистрибуција на радио и телевизиска програма од матичната земја. Со Спогодбата се предвидува делотворно учество на малцинствата во донесувањето одлуки кои се однесуваат на правата и положбата на малцинствата на локално, регионално и на државно ниво и нивна соодветна застапеност во претставничките тела на сите нивоа. При менувањето на административните и изборните единици на ниво на држава и локална самоуправа договорните страни ќе ги консултираат организациите на националните малцинства. Во нивен интерес ќе ги поттикнуваат сите облици на прекугранична соработка и во нив ќе ги вклучуваат припадниците на националните малцинства. Се предвидува и формирање посебна меѓувладина Мешовита комисија, која ќе го следи спроведувањето на Спогодбата. Нејзини задачи се: разгледување на актуелните прашања во врска со националните малцинства, разгледување на остварувањето на обврските од Спогодбата, поднесување препораки на владите во врска со нејзиното остварување и евентуални измени во неа. Заклучоците на Комисијата се донесуваат врз основа на согласност на делегациите на договорните страни. Оваа Спогодба важи пет години од стапувањето на сила.


ЕКОНОМИЈА

САЕМ ЗА ФИНАНСИСКИ УС

КРЕИРАЊЕ ПРОФИТН

На "Финекспо 2004" се претставија 30 директни и 84 индиректни домашни и странски субјекти од областа на финансискиот систем. Манифестацијата се состоеше од два дела, комерцијално-изложбен и стручно-едукативен, првиот за успешно саемско презентирање на можностите, програмите и услугите на учесниците, а вториот за комерцијални презентации на изложувачите. "Направете компарација со Вашата конкуренција, стекнете се со нови ресурси, нови контакти за соработка, нови финансиски инструменти", гласеше пораката од организаторите на манифестацијата.

Пишува: Рената МАТЕСКА

Б

идејќи за секој бизнисмен времето е пари, Скопски саем организира единствен настан, на единствено место, каде што бизнисмените можеа побрзо и поефикасно да се информираат за најновите услови и можности за успешно фи-

нансиско работење и посредување, преку саемската манифестација "ФИНЕКСПО 2004". "Апсолутно се согласувам со потребата и со корисноста на манифестации од овој вид во нашава држава и при тоа се надевам дека од следната година овој саем ќе се здобие со меѓународно реноме и ќе стане традиционален. На тој начин ќе се овозможи присуство и на странски, пред сè, регионално активни финансиски институции, како и меѓу македонското население и фирмите со странските провајдери на финансиски услуги", истакна министерот за финансии во оставка, Никола Поповски, на свеченото отворање на третиот Саем за финансии, деловни можности и економски развој "Финекспо 2004", кој се одржа на Скопски саем. "Во изминативе неколку години според Поповски - создадена е поволна атмосфера банки-

НИКОЛА ПОПОВСКИ И ЉИЉАНА КИМОВА НА ОТВОРАЊЕТО НА САЕМСКАТА МАНИФЕСТАЦИЈА

те да ги насочуваат финансиските средства кон здрави профитабилни проекти и кон населението каде што има поголема сигурност за наплата на средствата. Годинава, кредитите за приватниот сектор се зголемени за 22 процента. Исто така, континуирано се збогатува лепезата на понудени финансиски инструменти, како на пример, наменско штедење врзано со одобрување

34 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 544 / 3.12.2004

на станбени и потрошувачки кредити, наменско штедење во девизи по повисоки каматни стапки, брокерски услуги, консалтинг услуги, финансиски лизинг и факторинг. Сè тоа овозможува не само враќање на довербата на населението во банкарскиот систем и зголемување на понудата на финансиски средства, туку и намалување на нивната цена (односно каматна стапка)".


ЛУГИ - "ФИНЕКСПО" 2004

БИЗНИСИ СО И МОТИВИ Како доказ за континуираното подобрување на работењето на банките, тој го наведе зголемувањето на нивната депозитна база. Според последните официјални податоци, штедните влогови на граѓаните кај банките и штедилниците со состојба од октомври 2004 година изнесуваат 750 милиони евра, а

во октомври минатата година биле 642 милиона евра, односно годинава е забележан пораст од 17 проценти. "Сè ова, како и влезот во банкарскиот сектор на Македонија на неколку банки од земјите на ЕУ, се добар сигнал дека доаѓа до подобрување на конкурентноста и ефикасноста на банкарскиот сектор во Македонија", рече Поповски. Тој додаде дека постои цврста определеност за спроведување реформи, со цел во Македонија да се воспостави стабилен и сигурен финансиски сектор во кој доверба ќе имаат граѓаните, деловните луѓе и потенцијалните инвеститори. "Цврсто сме определени нагласи министерот за финансии - кон реформите, со цел во Македонија да се вос-

ТАЛЕ ГЕРАМИТЧИОСКИ

постави стабилен и сигурен финансиски сектор во кој доверба ќе имаат граѓаните, деловните луѓе и потенцијалните инвеститори и кој ќе биде во можност да понуди производи и услуги со европски квалитет и ефикасност". Во рамките на оваа саемска манифестација се одржаа и "Денови на меѓународно образование и Денови на кариера", кои ги отвори заменик-министерот за образование Тале Герамитчиоски. На "Финекспо 2004" се претставија 30 директни и 84 индиректни домашни и странски субјекти од областа на финансискиот систем. Како што беше истакнато на свеченото отворање, Саемот претставува исклучителна 35 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 544 / 3.12.2004

можност за презентирање на досегашните пости гнувања и на идните планови на секоја поединечна финансиска институција, а со тоа и јавно соочување со конкурентите, но и со сегашните и со идните клиенти. "Финекспо" беше организиран во два дела, комерцијално-изложбен и стручно-едукативен, првиот за успешно саемско презентирање на можностите, програмите и услугите на учесниците, а вториот за комерцијални презентации на изложувачите. За време на манифестацијата беа одржани 49 презентации од областа на деловното работење, а во втората саемска хала се одвиваше "он-лајн" тргување на Македонската берза.


ДА СЕ ЗАДРЖИ РЕФОРМСКИОТ КУРС Претседателот Бранко Црвенковски на одржаната средба со потпретседателот на Светска банка за Европа и Централна Азија, Шигео Катцу, разговарал за актуелната состојба во Македонија. Кабинетот на Црвенковски соопшти дека тој очекува новата Влада да го задржи реформскиот курс. На средбата било разговарано и за реформите кои се спроведуваат во земјава, поддржани од ММФ и од Светска банка, а кои, како што е соопштено, се комплементарни со процесот на интегрирање во ЕУ и во НАТО.

НОВИ МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ ВО ИРАК На одржаната седница Владата донесе одлука да испрати нов воен контингент од 32 војника во мисијата "Слобода за Ирак". Покрај војниците, АРМ ќе испрати и тројца офицери од кои двајца ќе бидат стационирани во централата на американската војска на Флорида, а еден во командата на Ирак. Оваа одлука треба да се најде на дневен ред на итна седница на Собранието за нејзина верификација.

ФОН - ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ Факултетот за општествени науки во Скопје (ФОН) со одлука на Врховниот суд од 1 ноември стана Eвропски универзитет. Студентите кои досега студирале на ФОН ќе продолжат со студиите на Европскиот универзитет. На пет факултети на новата високообразовна институција ќе можат да студираат вкупно 1.200 студенти.

НОВИ СЛУЧАИ НА ЗАРАЗЕНИ ОД СИДА "Бројот на заболени од сида во Македонија ќе расте како што ќе се зголемува информираноста на граѓаните за заразната болест", тврди д-р Весна Велиќ - Стефановска, координатор на националната стратегија за борба против ХИВ вирусот. Таа вели дека странските експерти предупредиле дека следните неколку години поради големата кампања против сидата, Македонија ќе се соочи со зголемување на бројот на заболени. "Причината - вели Стефановска - е што ќе расте бројот на лицата кои сакаат да се тестираат, а со тоа ќе се намалува темната бројка која сега никој во земјава не знае колкава е". За разлика од лани кога во Македонија беше евидентиран само еден случај со сида, годинава инфекцијата е откриена кај шест лица.

КРИТИКИ ЗА ФИЛМОТ "АЛЕКСАНДАР" По прикажувањето на филмот на Оливер Стоун, "Александар", во јавноста проструија многу реакции, а најгласни беа Грците. Неколку критичари во Америка веќе ја прифатија реакцијата на Даниел Македон. Таков пример е Давид Еделстеин, кој вели: Многу читатели (некои од нив Грци, некои научници - класичари), расправаат околу споровите за врската (потеклото) на Александар меѓу Македонците и Грците, при што истакнуваат дека грчката култура и митологија се повикуваат на Александар, кој претставува грчко, а не македонско наследство. "Признавам дека бев вознемирен од провокативното писмо (очигледно, многу критикувано) испратено од некој разлутен Македонец. Ќе им препуштам на Грците (кои рекоа дека сум извршил крвна клевета), на Македонците, научниците и на другите заинтересирани страни да се расправаат околу оваа битка". 36 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 544 / 3.12.2004


ПИСМА

ГЛАС НА ЈАВНОСТА

"НЕВИДЛИВИ И НЕДОПИРЛИВИ" Х ендикепираните лица во Република Македонија до неодамна не успеваа да го привлечат вниманието на јавноста за своите проблеми, за инвалидитетот се пишуваше само странично, најчесто по повод индивидуални случаи. Рамнодушноста на јавноста кон хендикепираните уште повеќе го потенцираше ставот дека физичкиот и психичкиот недостаток е "срамота", која треба да остане во кругот на семејството или меѓу ѕидовите на некоја болница или институција. Во таа насока, македонско-германскиот проект за "Унапредување на згрижувањето на третманот на деца со пречки во развојот" е проект за развој на оваа проблематика, со цел подигнување на нивото во здравствено, образовниот и социјалниот пристап при решавањето на овие проблеми. Овој проект, исто така, има цел да го дефинира интегралното унапредување на децата со пречки во развојот кај нас, преку унапредување на работењето на здравствените, социјалните и образовните институции, но и да им помогне на родителите за најраната фаза на откривањето на попреченост кај децата, да помогне во нивниот развој и начинот на воспитување и нивна заштита за поцелосна и поуспешна интеграција на овие деца во општеството. Унапредувањето на менталното здравје е сложен процес и опфаќа бројни сегменти на општествената инфраструктура. Менталното здравје, особено кај младата популација, го респектира сензибилитетот на општеството, а како посебни фактори кои влијаат врз него се социјалните, економските, културните, но и индивидуалните пристапи кон решавањето на овие проблеми. Менталното нарушување не претставува "неуспех" и тоа не е нешто што им се случува само на "другите". Менталното и телесното здравје се неразделни, а нивното влијание е длабоко и комплексно и секогаш како по правило е резултат на генетско-биолошките и социјалните фактори на средината. Како секое традиционално општество, така и во Република Македонија сè уште постои убедувањето дека болеста е "мана", а хендикепот "срам" за семејството. Во вакви услови е многу тешко да се создаде клима која ќе биде прифатлива за цивилизиран и рационален третман на децата со пречки во развојот. "Националната стратегија за изедначување на правата на лицата со хендикеп во Р Македонија" е создадена поаѓајќи од содржините на Универзалната декларација за човекови права на ОН, особено гаранциите за живот, достоинство, слобода и еднаквост на секое човечко суштество, како и солидарноста меѓу луѓето. Таа се базира и на сите права утврдени со Конвенцијата за правата на детето на ОН; Резолуцијата на ОН за стандардните правила за изедначување на можностите за лицата со хендикеп, како и уставните определби на Р Македонија за социјална држава, еднаквост на граѓаните пред Уставот и законите и обврската на државата да создава услови за вклучување на лицата со посебни потреби во општествениот живот, како и од специфичните потреби на лицата со посебни потреби во зависност од видот и степенот на попреченост. Националната стратегија аналитички ги утврдува состојбите и улогата на сите субјекти во системот на заштитата, образованието и рехабилитацијата на лицата со посебни потреби. Од друга страна, во рамките на Собранието на Република Македонија се формираше интерпарламентарна лоби група,

"Никогаш не се сомневајте дека една мала група ентузијасти може да предизвика разлика во светот. Всушност, тоа е единственото нешто што секогаш предизвикува промени". Маргарет Мед

која ќе се бори за правата на лицата со посебни потреби. Како што истакна господинот Тито Петковски, актуелен член на оваа група, "основниот предизвик е да се помогне на овие луѓе, кои по ништо не се разликуваат од другите граѓани на општеството и ако еднаш со нив си поиграла судбината не треба да дозволиме тоа да остане ненадоместено", заклучува Петковски за весникот "Вулкан". Денес, не можеме со сигурност да тврдиме колку деца во Република Македонија се соочуваат со пречки во развојот, колку деца се скриени во нивните четири ѕида далеку од нашите погледи во кои се препознаваат сожалувањето, сочувствувањето, а за жал, многу често и нетрпеливоста. Конвенцијата за правата на детето вели дека обврска на лицата со посебни потреби е да им се овозможи живот достоен за човекот и нивна активна интеграција во општеството. За жал, кај нас овие деца сè уште остануваат "невидливи" и "недопирливи", но сепак тие постојат и се дел од нашето општество. Во многу европски држави хендикепираните лица се активно вклучени во општествениот живот, тие се и работно ангажирани во зависност од нивото на нивните способности. На овој начин општеството ги одбегнува потенцијалните проблематични ситуации, а воедно им овозможува услови за достоинствен живот. И кај нас се работи во таа насока, но она што недостасува е од суштинско значење за унапредувањето на состојбата високоразвиена свест и сензибилитет на јавноста за оваа проблематика. Во пресрет на Денот на хендикепираните - 3 декември, останува отворено прашањето: дали решително ќе влеземе во клубот на "осамените срца", подавајќи им рака на оние чиишто фантазии и соништа за среќен живот се малку поразлични од нашите сопствени. Габриела Василевска, координатор на македонско-германскиот проект: Унапредување на згрижувањето и третманот на деца со пречки во развојот, Скопје

Рубриките ФОРУМ и ПИСМА ја отсликуваат нашата отвореност кон јавноста. Овде автентично објавуваме и текстови кои не се во согласност со нашата уредувачка политика.

38 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 544 / 3.12.2004


ФОРУМ

ГЛАС НА ЈАВНОСТА

НОВО ФИЛМСКО ТОЛКУВАЊЕ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ К он крајот на годинава во кино-салите ќе се појави филмот за македонскиот великан од антиката, Александар Македонски, на режисерот Оливер Стоун. Филмот беше повод некои западни масмедиуми да публикуваат материјали за него. Некои електронски или пишувани публикации се одликуваат со интелектуална нечесност, не само заради празната невкусна фразеологија, туку и поради флагрантните лаги со кои се стремат да го погрчат македонскиот крал, иако и кај Херодот, но и кај други древни автори никаде до сега не се најдени имиња Грк, грчки, грчка држава итн. Декантирајќи и филтрирајќи ја вистината од лагата на препишувања и "нови читања" на историјата, сепак се востановува дека на 16-годишна возраст Александар Македонски станал регент на Македонското кралство, а на 20 години седнал на кралскиот престол на Македонија. Веќе на 33 години бил крал на 80 отсто од тогаш познатиот свет. Се мисли дека во тој период починал од маларија во Вавилонија. Во освојувачко-ослободителните походи тој на коњ минал 20.000 километри, а во текот на тринаесетгодишните борби заедно со неговите храбри македонски војници ниту еднаш не бил победен. Извори за животот и за делото на македонскиот крал од античкото време главно се: историчарот од I век по И.Х. Диодор Сицилијански, потоа Ариен, висок римски функционер од II век по И.Х., потоа Плутарх со книгата "Животот на Александар Македонски", кој исто така, живеел и творел во II век по И.Х., и Квинтус Курциус Руфус од I век по И.Х., кој напишал 10 книги, од кои последните 8 се зачувани, "Историја на Александар" која се одликува со романсирано раскажување на биографијата на македонскиот крал. Според Ариен, престолот од огромната македонска империја Александар му го оставил "на најдобриот", а по пишувањето на Диодор Сицилијански, него требало да го заземе "најсилниот". Денес, а и вчера, некои зборуваат со очигледни непријателски намери за "македонска салата" т.е. мешавина од народности. Всушност, тој израз потекнува од древноста поради фактот што освоената територија од Александар била населена со повеќе од 40 националности. Таткото на Александар, Филип II Македонски, му рекол: "Синко, барај си кралство по твојата мерка, оти Македонија е многу мала за тебе!" Инцидентно да го спомнеме и славниот коњ на Александар Македонски - Бикоглав (Букефал), чие име по сè изгледа потекнува од тоа што на челото коњот имал бело петно во форма на глава од бик. Александар се карактеризирал со голема храброст. Секогаш се борел во првите редови на војската, но бил и човек со рафинирана култура и голем стратешки дар. Поседувал и политичка генијалност. Се поставува прашањето зошто Македонците секогаш победувале со нивниот славен крал? Меѓу предложените одговори е и македонската фаланга, која со своите долги копја од 6 до 7 метри се постројувала во квадрат, петте први реда формирале речиси непробоен ѕид од врвови насочени кон

напаѓачот. Освен тоа, Македонците биле исклучителни коњаници, а имале добри стратези и тактичари. Често авторите забораваат да потсетат и на други факти, како на пример, идеологијата на Македонците кои сакале да ги обединат Запад и Исток, при што речиси секогаш од народите биле дочекувани како ослободители, им дозволувале да ги практикуваат своите обичаи и да си ја задржат внатрешната администрација таква каква што им била. Заради желбата за обединување на Запад и на Исток, Александар влијаел на склучувањето на илјадници бракови меѓу Македонци и странски жени, а и тој се оженил со Роксана, ќерка на бактријански благородник (Бактријанците биле народ населен на северниот дел од денешен Авганистан). Да спомнеме дека македонските кралеви, како на пример, и египетските, биле полигами. Сонот на Александар не се конкретизирал додека бил жив, но по неговата смрт тоа обединување сепак се реализирало со ширењето на западната и на македонската култура на Исток, преку походите на македонскиот цар. Овој факт, меѓу другото, се потврдува и од археолошките ископувања. Улогата на жената во Македонија, како и онаа која во древноста ја имале странските сопруги на Македонците, во општеството е важна. Така, на пример, мајката на Александар, Олимпија и една од неговите сестри, Клеопатра, се стремеле да играат активна улога во животот на државата. По смртта на македонскиот цар, и по убиството на неговиот умоболен полубрат Филип Аридеј, наследнички со кралска крв во Македонија станале сестра му Клеопатра и полусестрите Салоника, Цинана и Европа. Во борбата за превласт во империјата била убиена жена му Роксана и нивното дете, што јасно зборува за важноста во политичко-општествениот живот. И сестрите на Александар III Велики Македонски биле убиени од македонските раскарани генерали или, пак, омажени за нив, со што нивните стремежи да ја заземат власта добивале извесен легитимитет преку сопругата. Во Македонија, спротивно на градот-држава Атина, жените имале правна улога, ги консултирале во сите преговори кои се однесувале на семејниот имот. Со време, и во однос на тоа се проширило влијанието на Македонија на југ со Олимп Планина, кај некогаш самостојните мини држави-градови на југот од Балканскиот Полуостров. Важноста на женскиот фактор во општеството продолжила и во следните векови, така што се појавиле жени интелектуалки, меценки, добротворки, со што уште повеќе се нагласило она што би можело да се квалификува како "женска револуција" на антиката. Класичен пример за таквата еволуција е Клеопатра Седма, потомка на еден од генералите на Александар Македонски, Птолемеј, кралица на Египет, која се обидувала со помош на Римјаните Цезар и Марко Антоние, да го обнови некогашното големо македонско царство. Александар Македонски живеел од 356 до 323 година пред И.Х. а, сепак се чини дека тој и денес сè уште е жив меѓу луѓето од овој XXI век. Даниел Мелвил

39 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 544 / 3.12.2004


INTERVJU ВИОЛЕТА ДИМОСКА, ГЕНЕРАЛЕН

НЕМА МЕСТО ЗА Д Нели се бориме за граѓанско општество, за демократија, за остварување на човековите права. Кои човекови права се остваруваат за лицата со интелектуална попреченост?!

не е за материјално обезбедување, туку тие се наменети за некој кој ќе се грижи за нив. Во Македонија постојат околу 16 установи наменети за лица со попречености. Како тие функционираат?

Разговорот го водеше: Милева ЛАЗОВА

Госпоѓо Димоска, 3 декември е Меѓународен ден на хендикепираните лица. Кои се активностите на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост "Порака", а ќе му бидат посветени токму на овој ден? ДИМОСКА: Меѓународниот ден на хендикепираните лица им дава можност на владите, на организациите на хендикепираните и на сите граѓани да се свртат кон слободите и потенцијалите на овие лица. Има многу примери на акции преземени од владите и од организациите на лицата со попреченост, кои се одвивале за време на одбележувањето на овој ден и во текот на минатите години. Во знак на одбележувањето на овој ден се организираат форуми на одредена тема поврзана со нив, се водат разговори за потребите, интересите, амбициите на лицата со попречености, потоа се сублимираат позитивните резултати и постигнатиот прогрес во изминатата година, како и за пречките и проблемите при спроведувањето на програмите, давање специјални признанија на лица и организации итн. Меѓутоа, во Македонија, лицата со интелектуална попреченост се една од најмаргинализираните групи и секојдневно се соочуваат со дискриминација и нееднаквост од различен вид. На пример, укинувањето на правото на користење на туѓа нега и помош од друго лице. Каков е Вашиот коментар за овој проблем?

ДИМОСКА: Со новиот Закон е укинато правото на користење "туѓа нега и помош од друго лице" за лицата со умерена интелектуална попреченост. Сега Инвалидско-пензиската комисија прави увид на лице место: дали тие можат да се движат? Нормално дека можат, затоа што тие не се телесно, меѓутоа се интелектуално попречени, така што ним им е потребен човек кој ќе се грижи за нивна ориентација во просторот, треба да им помага за извршување на секојдневните потреби, а оваа комисија тоа не го согледува и го укинува. Во нашата Декларација е наведено дека таа не треба да се укинува, но не нè послушаа, веројатно се поаѓало само од економската моќ на државата. Во иднина државата не треба да штеди на нив, туку треба да ги збогати нивните права, за да бидат еднакви граѓани. Нели се бориме за граѓанско општество, за демократија, за остварување на човековите права. Кои човекови права се остваруваат за лицата со интелектуална попреченост?! На пример, во Законот за социјална заштита се прогласени за неспособни, умерено, тешко и длабоко интелектуално попречени, а државата не им обезбедува никакви права за да можат да егзистираат. Кај нас се смета дека тие средства им се даваат на лицата со интелектуална попреченост. Помошта не е за лекарства, тоа 40 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 544 / 3.12.2004

ДИМОСКА: Постојат две институции за лица со интелектуална попреченост - Специјалниот завод во Демир Капија и Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Топанско поле. Новитет е офанзивната работа за отворање дневни центри како сервисни служби во местото на живеење. Оваа иницијатива потекнува од "Порака" од 1984 година и веќе се отворени четири вакви дневни центри во Радовиш, Кочани, Скопје и во Охрид, а направени се и подготовки за Куманово и Штип. Од друга страна, државата отвори уште 8 дневни центри за деца со интелектуална попреченост до 18-годишна возраст. "Порака" направи обиди да го опфати претшколското третирање како ран третман, така што оформи 10 посебни групи во редовните градинки, кои ја усвојуваат посебната програма. Ако ја надминат таа возраст, а не ја оствариле посебната програма тие веднаш се запишуваат во училиште. Просторот од предучилишна возраст до крајот на училишната возраст е составен на тој начин максимално да се искористат потенцијалите на децата со интелектуална попреченост. На сите да им се овозможи вклучување во основното образование и оние кои ќе завршат со успех продолжуваат во двете средни училишта "Свети Наум Охридски" во Скопје и "Искра" во Штип. Оние кои не можеле успешно да го завршат основното образование ги опфаќаме во дневните центри. Во нив има по-


СЕКРЕТАР НА "ПОРАКА"

ИСКРИМИНАЦИЈА себна програма каде што главен акцент му се дава на здобивањето вештини за самостојно живеење, како и за образовни вештини во зависност од потенцијалот на детето. Сигурно Ви е познато дека Министерството за образование изготви Нацрт-национална програма за развој на образованието. Во неа има само осум реда посветени на лицата со интелектуална попреченост, за што покрај другите организации, реагираше и Институтот за дефектологија. Што велите за ова? ДИМОСКА: Не можам да му се лутам на законодавецот што дал само осум реда во Законот, затоа што не треба да се посочуваат различностите на лицата, на децата со попречености. Сите законски регулативи треба да важат и за нив, да не ги издвојуваме. Можеби законодавецот добро направил затоа што треба да ги вклучиме сите лица, без разлика на попреченоста. Тука многу е битна практиката. Меѓутоа, ние правиме реформи без подготовки и од тие причини реагира Институтот за дефектологија. Но, еден закон треба да важи за сите, како и секој да си го најде своето место во општеството, да не биде сепаратистичко и дискриминаторско. Различностите ќе ги ублажиме и ќе ги надоместиме со тоа што ќе имаме дополнителна посебна образовна програма за да може тие да се чувствуваат еднакви со врсниците. Годинава Собранието на Република Македонија го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за вработување на инвалидни лица, со цел да се спречи нивна злоупотреба од страна на работодавачите. На што конкретно се однесуваат измените? ДИМОСКА: И во Законот за вработување се соочуваме со сепаратистички и дискриминаторски проблеми. На пример, во член 4 се наведува "посебни услови и погодности за вработување и работење на инвалидно лице". Секаде во светот се употребува терминот дизабилити, што значи попреченост, додека кај нас инвалидност, хендикеп, посебни потреби. Па, сите имаме посебни

потреби, не е убаво да ги посочуваме дека тоа се лица со посебни потреби. Ние треба да ја приспособиме нивната попреченост за да бидат валидни членови во нашето општество. За да може да се вработи лице со интелектуална попреченост Комисија треба да определи, да направи наод и оценка за неговата работоспособност. Овде не треба да има дискриминација и ограничување на вработувањето. Новиот Закон дава можност работодавачите да размислуваат за вработување. Дадени им се многу права, би рекла и бенефиции, но досега се случуваше тие да бидат злоупотребувани. Фиктивно ги вработуваа, остваруваа приходи од државата по

Во тек е Вашата кампања за вработување "Што е со моите права?" Сигурно веќе остварувате контакти со работодавачите. Колку се тие расположени да Ви излезат во пресрет? ДИМОСКА: Нашата кампања не е само за вработување туку е и поддршка на вработувањето. Во последно време работите се движат во позитивна насока, меѓутоа сакаме да дадеме акцент на оние кои сè уште не го поправиле својот однос кон вработените лица со попреченост. Вработувањето не е само право за стекнување егзистенција на овие лица. Цел ни е преку вработувањето тие да се почувствуваат корисни во ова општество, да бидат валидни со другите лица, а не опструирани. Не можеме точно да кажеме колку се вработени, мислам околу 3.000, а има околу 500 заштитни друштва кои ги вработуваат овие лица. Како резултат на нашата кампања, во една чарапара во Охрид се вработени 11 лица со попреченост. Каква е соработката на "Порака" со родителите, односно со семејствата во кои живеат лица со интелектуална попреченост?

основ на законските можности, а ги водеа само на список. Но, со новите измени на Законот работодавачот прво мора лицето да го вработи, девет месеци да му дава плата, односно да го прилагоди и да види дали тоа може да работи на работното место или, пак, на друго во неговата работна организација и потоа да го стекне правото за остварување на тие права. Со новиот Закон мора да биде евидентирано добивањето надоместок, кој се дава преку штедни книшки и мора да биде верифицирано со банковен вирман. Порано плата се даваше произволно, тоа дури не се евидентираше. Сега работодавачите се малку незадоволни затоа што мислат дека парите треба да ги добијат предвреме за да можат да вработуваат. Овој пат Законот е конкретен во однос на остварувањето на вработувањето за сите лица со попреченост. Работниот стаж на лицата со интелектуална попреченост е околу 10 години, со што потоа имаат право на инвалидска пензија. 41 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 544 / 3.12.2004

ДИМОСКА: "Порака" е граѓанска, невладина, мултинационална организација. Не се базираме на верска или на национална определеност, напротив покажуваме на кој начин државата треба да се насочи како граѓанско општество. Родителите се присутни и тие управуваат со овие организации, зборувам во рамките на Републичкиот центар "Порака". Секој родител тежнее од своето дете да извлече максимум, но верувајте не можам да кажам дека комплетно ја вративме нивната доверба. Овие семејства се дезорганизирани, дисфункционални затоа што ја изгубиле вербата во државата, во стручните лица, дури и во пријателите. Со алтернативните сервисни служби, со образованието, со вработувањето полека им се враќа довербата дека државата сепак размислува и за оваа група граѓани. Колку што повеќе форми на вакво опфаќање, на згрижување и програмска активност се отвораат во државава, толку повеќе и тие семејства ќе й бидат лојални на оваа земја.


ЖАРКО БАШЕСКИ НИЗ ПОРТРЕТИТЕ

ВО СВЕТОТ НА М "Постои само едно место, постои само еден човек, само една литература која може да ве доведе назад барем 2000 години. За него и за многумина други тоа е личноста, името и делото на Александар Македонски", вели Вангел Божиновски за творештвото на скулпторот Жарко Башески. Пишува: Милева ЛАЗОВА

В

о Музејот на град Скопје скулпторот Жарко Башески ги воодушеви љубителите на уметноста презентирајќи им пет скулптури, сегменти на портрети на Александар Македонски со поголеми димензии, излиени во полиестер и колорирани

со индустриски бои. Изложените дела се создадени во постапка на синтетизирање на повеќе артефакти од минатото со кои уметникот дошол во контакт. Употребените материјали, делови и бои поседуваат симболичен и наративен карактер. Во овој проект Башески манифестира прочистена постмодернистичка постапка, која ги обединува историјата и современите погледи врз нејзините делови, кои се во контекст со актуелниот момент.

КОРЕНИТЕ Токму за овие фасцинантни дела зборуваше господинот Вангел Божиновски, кој рече: "Сега замислете еден македонски скулптор, замислете го скулпторот Жарко Башески во неговите опитни години кога ненадејно се сретнува со гигатомахијата на сопствениот македонски корен. Како опитен вајар тој веќе одамна го има надминато нежното омекнување на скулптурите на Роден, техничките 'цаки' на Александар Балдер и упорно преповторуваната досетка на Хенри Мур. За него, геометризмот на апстракцијата одамна е пресушен и претставува само стил и израз за кој е потребен коментар на некој критичар за да може да стаса до животворноста на нашата секојдневност. Затоа е разбирливо што Жарко Башески посегнува по сопствените корени. Тој не е задоволен да стаса до Анастас Дудулов или до Димо Тодоровски. Тоа се неизбежни корени на XX век, кои него не го задоволуваат. Тој мора да се врати назад во XIX и XVIII век на македонската уметност, да се врати зад портите на иконоборството, 42 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 544 / 3.12.2004


НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

АКЕДОНИЗМОТ

да се врати зад портите на исихазмот и конечно да ја прескокне таа црна граница, завеса на VI век на божемното доаѓање на Словените. И одеднаш тој се наоѓа во светот на македонизмот, во светот на извонредната минициозна скулптура на најсјајниот период на античката скулптура. Се среќава со прекрасните македонски уметници од пред почетокот на нашата ера и по-

четокот на новата ера. Корените кои го поттикнуваат да дојде до ова денес се корени кои одвнатре во него трагаат и бараат да најде нешто ново". Потоа господинот Божиновски потенцираше дека за секој од нас, кој сака да се врати барем 2400 години наназад, невозможен е патот низ литература која денес се нуди. Постои само едно место, постои само еден човек, само една литература која може да ве доведе назад барем 2000 години. За него и за многумина други тоа е личноста, името и делото на Александар Македонски. "Само него - вели господинот Божиновски - можете да го најдете во нашиот фолклор, во песната, само него можете да го најдете во романите кои упорно се препишуваат од II век на нашата ера до XIX век. Само така можете да ја сретнете Империјата, која кај секој Македонец, особено уметник, буди таков восхит и препорака да се обиде да го кристализира по 2000 години молчење на неговата сопствена територија во денешнината на Македонија".

СИНТЕЗА Во својата реч за делата на Башески, господинот Божиновски додаде дека скулптурата кај Жарко Башески е еден вид кој од земјата почнува да пупи, обидувајќи се да дојде до своите крајни можности и монументални димензии. Ако го видите овој постмодерен надреализам, кој го препорачува Жарко Башески како сопствен израз, тогаш ќе забележите дека ако оваа скулптура се крене до својата сјајна височина таа би достигнала повеќе од 20 метри. "Жарко Башески - објаснува Божиновски - ни го претставува човекот кој со себе не ја носи само личноста и делото на Александар III Македонски, за кој се кршат копја и денес, а ќе се кршат и натаму, тој со себе како синтеза го носи митолошкото од македонското наследство. Доблеста на еден уметник ќе ја препознаете по тоа што тој сака своите 43 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 544 / 3.12.2004

чувства отворено да ги сподели со вас, а вредноста на уметникот ќе ја измерите во пирамидата на успехот тој да се доближи до она што е дух на народ".


KULTURA ПЕТТИ, ЈУБИЛЕЕН

НЕПОВТОРЛИВ ФО Ова издание на "Фолк фест Роса" ќе биде запомнето по бројните хитовски рефрени, зад чие исполнување се потпишани реномирани имиња од македонската народна авторска сцена: Нечовски, Копров, Имери, Завков, Зафировски, Момировски, Трајковски итн.

Пишува: Ружица ГОЧЕВСКА

В

о духот на фолклорната традиција и старата македонска песна фестивалот "Фолк фест Роса" ни подари 24 нови фолклорни бисери. На сцената во Универзалната сала, на 26 ноември продефилираа еминентни имиња од фолк естрадата, докажани покровители на македонската песна. Годинава фестивалот славеше симболичен јубилеј, пет години постоење, прв пат реализиран под новото име "Фолк фест Роса". Она што особено треба да се истакне за овој еминентен фестивал е неговиот ревијален карактер. Токму поради тоа, фестивалот секоја година ни подарува прекрасни хитови кои долго се помнат, а воопшто и не постои натпреварувачки карактер меѓу учесниците. Фестивалската вечер свечено ја отворија групата "Фаворити" со песната "Нема да се сменам", а своето прво деби го остварија струмичаните Билјана и Боро Димови со групата "Мелос" и Гоце Пејковски. Оливер Додев специјално допатува од Швајцарија за фестивалот и ја исполни патриотската балада "Кој што не бил не знае".

Ова издание на "Фолк фест Роса" ќе биде запомнето по бројните хитовски рефрени, зад чие постоење се потпишани реномирани имиња од македонската народна авторска сцена: Нечовски, Копров, Имери, Завков, Зафировски, Момировски, Трајковски итн. На фестивалот настапија и познатите Петар Нечовски, Јасмина Гуњова, Мишко Крстевски, Милица Кузмановска во дует со Миле Кузмановски, Војо Стојановски, Гоце Арнаудов, Благица Калева и групата "Модус", и неповторливата Есма. За успешната фестивалска вечер, директорот на "Фолк фест Роса" господинот Александар Димитров истакна: "Сосема сме задоволни од организацијата и од финалната презентација на фестивалот. Безмалку 'фестивал за паметење'. Позитивните критики кои сè уште ги добиваме доволно

44 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 544 / 3.12.2004


"ФОЛК - ФЕСТ РОСА"

ЛКЛОРЕН КОЛОРИТ

зборуваат за квалитетот и реномето, кои го красат овој фестивал. Сепак, оставаме на времето да го каже својот финален збор. Верувам хитовите ќе бидат најдоброто мерило, за тоа дали успешно сме ја завршиле задачата. Наградите за животно дело заслужно заминаа кај реномирани и докажани имиња од македонската фолк сцена, а ревијалниот карактер на фестивалот е наше главно обележје. Индиректно тој е пресуден за добри песни". Сите учесници на фестивалот добија симболичен подарок и признание - слика од еминентниот уметник Живко Поповски - Цетин. Традиционално фестивалот додели признанија за животно дело, посветени на имиња кои повеќекратно ја задолжија македонската фолк сцена, подарувајќи и песни кои вечно ќе се помнат. Годинава наградата за животно дело

- плакета и слика ја доби дамата на македонската песна Вања Лазарова. Постхумно, награда за животно остварување добија и доајенот Јонче Христовски и големиот учител Стево Теодосиевски. Во чест на признанието посветено на Теодосиевски, својата песна "Горе во рајот" Есма Реџепова-Теодосиевска му ја посвети токму нему. Водителка на манифестацијата беше Сузана Турунџиева. Како што кажавме директор на фестивалот е господинот Александар Димитров, додека уметничката палка ја имаше реномираниот автор Борче Нечовски. Тандем кој со сигурност ја знае тајната за добар успех. На денот на фестивалот, во издание на "Роса продукција" беше промовирано и це-де со најновите хитови, а наскоро се очекува да се испечати и ДВД издание.

45 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 544 / 3.12.2004


MAKEDONSKA KAUZA

УНГАРСКИ КРАЛЕВИ - САМ Самуиловата крв продолжила во лозата на неколку унгарски кралеви! Една од потомките на цар Самуил била и католичката светителка Кунигунда! Пишува: Александар ДОНСКИ

П

родолжуваме да ги наведуваме имињата на децата на унгарскиот крал Бела Трети, кои практично биле потомци од дванаесеттото колено на цар Самуил: Емерих или Имре - се родил во 1174 година. Бил крал на Унгарија и Хрватска. Се оженил за Констанца де Арагон (? - 1222). Починал на 30.11.1204 година. Маргарета - се родила во 1175 година. Три пати се мажела. Првиот пат за Исак Втори Ангел, вториот пат за Бонифациј Први од Монтферат (крал на Солун), а третиот пат за извесен Никола. Починала по 1223 година. Андрас Втори - за него пишуваме во продолжението. Саломон - починал млад. Иштван - починал млад. Констанца - се родила околу 1180, а починала во 1240 година. Била мажена за

ИМРЕ (1174-1204), УНГАРСКИ КРАЛ И ПОТОМОК НА ЦАР САМУИЛ ОД ДВАНАЕСЕТТОТО КОЛЕНО

Братислава во 1207 година. Била мажена за Лудвиг Четврти (? - 1227). Починала во 1231 година. Коломан - се родил околу 1208 година. Ги имал титулите војвода од Хрватска и војвода од Халиц и Каринтија. Бил оженет за Салома од Краков. Починал околу 1241 година. Андрас - се родил околу 1210 година. Бил оженет за ќерката на принцот Мстис лав од Новгород. Ја имал титулата крал на Халиц. Починал во 1234 година. Јоланда - се родила околу 1215 година. Во 1235 година во Барцелона се омажила за Жаим Први од Арагон (1207 1276). Починала во 1251 година. Иштван - се родил во 1236

АНДРАС ВТОРИ (1176-1235), УНГАРСКИ КРАЛ И ПОТОМОК НА ЦАР САМУИЛ ОД ДВАНАЕСЕТТОТО КОЛЕНО

Премисл Отокар Први од Бохемија (околу 1155 - 1230). Ќерка со непознато име

ПОТОМСТВОТО НА АНДРАС ВТОРИ Продолжуваме да го следиме потомството на Андрас Втори. Тој се родил во 1176 година. Бил прогласен за крал на Унгарија и Хрватска. Три пати се женел. Првиот пат за Гертруда фон Андеч (? - 1213), вториот пат за Јоланда де Куртене (1200 - 1233), а третиот пат за Беатрис де Ест (1215 - 1245). Андрас Втори починал на 21.9.1235 година. Од трите брака му се родиле вкупно седум деца (директни потомци од тринаесеттото колено на цар Самуил). Нивните имиња се: Марија - се родила околу 1203, а починала во 1237 или 1238 година. Била мажена за царот на т.н. "Второ бугарско царство" Иван Асен Втори. Бела Четврти - за него пишуваме во продолжението. Елизабета - се родила во

БЕЛА ЧЕТВРТИ (1206-1270), УНГАРСКИ КРАЛ И ПОТОМОК НА ЦАР САМУИЛ ОД ТРИНАЕСЕТТОТО КОЛЕНО

година. Ги имал титулите војвода од Славонија и Патрициј од Венеција. Два пати се женел. Починал во 1271 година. Од двата брака имал две деца (Иштван и Андрас Трети Венецијанецот). Продолжуваме да го следиме потомството на Бела Четврти. Тој се родил во 1206 година. Ја имал титулата крал на Унгарија и Хрватска. Во 1218 година се оженил за Марија Ласкарина од Никеја (? - 1270). Починал во 1270 го-

46 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 544 / 3.12.2004

ИШТВАН ПЕТТИ (1239-1272), УНГАРСКИ КРАЛ И ПОТОМОК НА ЦАР САМУИЛ ОД ЧЕТИРИНАЕСЕТТОТО КОЛЕНО

дина. Во бракот со Марија им се родиле десет деца (директни потомци од четиринаесеттото колено на цар Самуил). Нивните имиња се: Кунигунда - се родила во 1224 година. Во 1239 година се омажила за принцот Болеслав Петти од Краков (1226 - 1279). Починала во 1292 година. Во 1999 година е канонизирана за светителка. Маргарета "Постарата" се родила околу 1220, а починала во 1242 година. Ана - за неа пишуваме во продолжението. Каталин - се родила околу 1229, а починала во 1242 година. Елизабета - се родила во 1236 година. Во 1250 година се омажила за војводата Хајнрих Први од Баварија (1235 - 1301). Починала во 1271 година. Констанца - се родила во 1237 година. Во 1251 година се омажила за кралот Лав од Халиц (околу 1228 - 1301). Илона - се родила во 1244 година. Била омажена за принцот Болеслав од Велика Полска (околу 1221 - 1279). Починала во 1298 година. Иштван Петти - се родил во 1239 година. Бил крал на Унгарија. Во 1253 година се оженил за Елизабета (куманска принцеза). Починал во 1272 година. Во бракот им се родиле осум деца и тоа: Каталин


УИЛОВИ ПОТОМЦИ (мажена за српскиот крал Стефан Четврти Драгутин), Марија (мажена за кралот Чарлс Втори од Сицилија), ќерка со непознато име, Елизабета (мажена за српскиот крал Стефан Втори Урош Милутин), Ана (мажена за византискиот цар Андроник Втори Палеолог), Ладислас или Ласло (крал на Унгарија) и Андрас (војвода од Славонија). Маргарета "Помладата" се родила по 1242 година, а починала на 18.1.1270. Во 1943 година е канонизирана за светителка. Бела - се родил во 1243 година. Ги имал титулите војвода од Славонија, Хрватска и Далмација. Во 1264 година се оженил со Кунигунда од Бран-

денбург. Починал во 1269 година.

ПОТОМСТВОТО НА АНА Продолжуваме да го следиме потомството на Ана. Таа се родила во 1226 или во 1227 година. Во 1243 година се омажила за принцот Ростислав од Чернигов (војвода од Халиц, бан на Мачва, бан на Славонија и цар на Бугарија). Починала по 1270 година. Во бракот им се родиле шест деца (директни потомци од петнаесеттото колено на цар Самуил). Нивните имиња се: Агрипина - била мажена за принцот Лешек "Црниот" од Полска.

Ќерка со непознато име Кунигунда - за неа пишуваме во продолжението. Бела - принц од Босна (? 1272). Михаил - ги имал титулите бан на Мачва и цар на Бугарија. Елисавета - се мажела три пати. Првиот пат за царот на т.н. "Второ бугарско царство" Михаил Втори Асен (околу 1238 - 1259), вториот пат за царот Калојан, а третиот за извесен Мојс од Унгарија. Продолжуваме со потомството на Кунигунда. Таа се родила во 1245 година. Два пати се мажела. Првиот пат се омажила за кралот Премисл Отокар Втори од Бохемија (околу 1233 - 1278), а вториот

47 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 544 / 3.12.2004

пат за Завиш фон Фалкенштајн и Розенберг (? - 1290). Починала во 1285 година. Во бракот со Премисл Отокар Втори од Бохемија им се родиле четири деца (директни потомци од шеснаесеттото колено на царот Самуил). Нивните имиња се: Вацлав Втори - за него пишуваме во продолжението. Кунигунда - се родила во 1265 година. Таа била калуѓерка. Починала во Прага во 1321 година. Агнес - се родила во 1269 година. Била омажена за војводата Рудолф Втори од Австрија (1271 - 1290). Хајнрих - починал млад.

(продолжува)


п

P R I K A Z N I

SPOMENICI

Z A

G R A D O T

ДУХОВНИОТ КОД И ВОЗБУДЛИВА

Колку што градот успевал да создаде топоними кои биле долготрајни во текот на времето, толку се подолги неговото сеќавање, духовната и историската вертикала. Како своевидни феномени, топонимите се просторна, материјална, но истовремено и духовна категорија. Во моментот кога топонимот ќе стане симбол, препознатливост, духовен говор за еден простор, но и за луѓето кои таму живееле, тој станува сопственост на повеќе генерации. Топонимите како Стара рампа, Мала станица, Острово, Чешма, Капиштец, се создавани со генерации и претставуваат духовен код на градот. Особено е интересно тоа што со текот на времето некои топоними исчезнуваат како материјална локација и простор, но кај народот остануваат како места кои сè уште така се именуваат, бидејќи е зачувана нивната духовна јатка, симболот кој преминал во традиција. Веќе одамна во Скопје не постои надвозник, но поради ориентацијата денес многумина го посочуваат просторот на некогашниот Надвозник, во близината на "Нова Македонија", кој во височина, преку пругата, водел кон улицата "Водњанска" и Државна болница. Денес не постои и Саук чешма во Чаир, или реката Серава веќе не минува низ тој простор, но тие сè уште се духовно - просторни топоними. Слично е и со топонимот "Бирарија". Обратно, до денес е зачувано Тасиното чешмиче - и во тој амбиент се соединуваат традицијата и современиот урбан простор (во близината е изграден модерен хотел).

опонимите кои стануваат традиција на еден град, настануваат низ многу духовни процеси, временско-историски интервали, именувања и преименувања, за на крај еден градски симбол да се зачува или да се прифати како таков. Некои маала во Скопје со години ги задржале своите имиња, а други доживеале повеќе трансформации. На пример, до денес е останато името на Ново маало, иако низ историјата тоа поинаку се означувало - како Чифчи маало или Селаледин маало... Вакви "двојни" имиња, од кои подоцна останало само едно, во Скопје има повеќе, најчесто заради нивните тур-

Т

ски обележувања. На пример, Егит маало е Пајко маало итн. Сите имиња и духовни топоними ја раскажуваат возбудливата историја на градот. Гази Баба ја открива приказната за поетот и кадијата Ахмет Вејси, но на тој простор имало повеќе турбиња, чиишто егзотични имиња се поврзани со необичната историја на Скопје. Турбето на Хинду баба, кое постоело на стариот кумановски пат, на источните предели на Гази Баба, зборува за проповедникот Хинду баба, дојден од Индија. Познати се и турбињата на Урјан и баба Локман. Кај светата вода на Меддах баба доаѓало цело Скопје, таму се собирале и муслиманите и христијаните.

Реката Вардар создавала свои топоними, кои со текот на времето станувале препознатливост - Острово, Кејот, Езерце,

48 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 544 / 3.12.2004

Градска плажа... Денес, во традицијата е останат најубавиот мост во градот (Камениот мост) да го именуваме токму


Danilo KOCEVSKI

ТА ИСТОРИЈА НА ТОПОНИМИТЕ

така - како Камен мост, иако се води една "латентна борба" тој да се нарекува и Јустинијанов мост, а некогаш често пати се одредувал и како - Душанов мост. Традиционално, локацијата околу современиот универзитетски простор постарите жители ја одредуваат и како место Стара Нова Бања. Помнењето на овој топоним секако е резултат и на долгото функционирање на оваа бања, сè до втората половина на ХХ век. Обратно, Пошта бања е топоним карактеристичен за десната страна на реката Вардар, во близината на стариот Куклен театар, а на денешните Македонски пошти. На "влезот" во Кисела Вода веќе не постои Стара рампа, но таа е зачувана како еден од "посилните" топоними кој денес е во голема фреквенција. Современо Скопје не можете да го замислите без топонимите како што се - Трговски, Лептокарија, Беверли Хилс... а некогаш, во Старо Скопје, неодминливи беа - "На-Ма" и пасажот "Ароести", како поими за современи трговски комплекси. Силен топоним во градот бил некогашниот познат пазар кај црквата "Св.Спас". Во денешно време овој топоним е речиси исчезнат, него "го надживеа" Бит-пазар, како еден од најстарите зачувани пазари.

Остана топонимот плоштад "Слобода" кој, според сите стандарди, веќе не постои, како што опстојува и топонимот "Млин балкан", а објектот одамна го нема. Сега, во негова близина е поликлиниката "Идадија". Може да се направи и една ваква анализа на места и топоними, која е многу интересна. Имено, она што било карактеристично за просторот на левата страна на реката Вардар, постепено се префрлало на десната. Се работи за турските именувања, кои станале карактеристични и за новиот дел на Скопје, кој се развивал од втората половина на XIX и во почетокот на ХХ век. На пример, Гази Ментеш маало зафаќало дел од Плоштадот од десната страна, кон Железничката станица. Од десната страна на реката Вардар се познати местата на Гали бег, неговата чешма, харемот со имотите во Тафталиџе, како и многу постарите топоними - Бурмали џамијата, турбето на Хума Шах Султана... Никогаш не престанува создавањето на духовните топоними. Тоа постојано е жив

процес на "сеќавање" на минатото, но и топоними кои ги создаваат современите феномени, како што се на пример "Ванила", "Кооператива", (денес "Лондон"), "Грација", "Чичко Стоилко", "Змија", "Рим - Париз", "Стоковна"... И уште еден интересен феномен, кој всушност е парадоксален. Во последно време создадовме препознатлив и прифатлив топоним плоштадот "Пела". И додека некои исчезнати места и објекти како топоними остануваат духовно да истрајуваат, со "Пела"

49 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 544 / 3.12.2004

се случува спротивното. Направивме топоним "плоштад Пела", иако секому му е јасно дека на тој простор, според сите урбанистички и светски стандарди, плоштад - нема. Но, и тоа е во духот на времето. Подавајќи му се на виртуелното, почнавме да создаваме и - виртуелни плоштади. (Се разбира, виртуелното во нашиот случај може да се сфати и како обична дневнополитичка потреба и борба.) Возбудливата приказна за градските топоними, се разбира, и натаму продолжува...


P R I K A Z N I O D M A K E D O N I J A

MAKEDONCITE MUSLIMANI Селото Жернаница, кое од времето на српската окупација до денес погрешно се нарекува Жировница, во времето на исламизацијата имало 120 домаќинства, од кои 80 ја прифатиле исламската вероисповед. Тоа го потврдува и турскиот пописен дефтер за 1583 година, во кој се запишани имињата на синовите муслимани и родителите христијани: Хусеин - син на Тодор, Мустафа - син на Никола, Хасан - син на Јован, Мустафа - син на Ѓорче... Пишува: Атанас ЧУПОСКИ

О

сманлиите завладеале со западниот дел на Македонија кон средината на XV век. Еден век подоцна, во втората половина на XVI век почнала и исламизацијата на дел од населението во Реканскиот крај. Во тие години на драстични промени во општествениот живот, причините за прифаќање на исламот биле многубројни: несигурниот живот на христијаните во Османлиското царство, неможноста да се платат даноците, забраната за носење оружје која важела само за христијанското население, честите ограбувања од страна на Арнаутите, кои доаѓале од соседна Албанија, значителната неписменост на населението. Сепак, се чини дека пресуден фактор за големата исламизација на населението од овој крај, била решеноста на османлиската власт преку исламот да го зацврсти своето влијание во областите на границата со бунтовните северноалбански племиња.

кои 80 ја прифатиле исламската вероисповед. Тоа го потврдува турскиот пописен дефтер за 1583 година, во кој се запишани имињата на синовите муслимани и родителите христијани: Хусеин - син на Тодор, Мустафа - син на Никола, Хасан - син на Јован, Мустафа - син на Ѓорче ... Се претпоставува дека во исламизацијата на христијанското население во Река големо влијание имале дервишите, кои биле сиромашни божји слуги, во лоши односи со кадиите и со другите претставници на официјалниот ис-

лам. Постои едно интересно предание, кое се обидува да ја објасни брзата исламизација на селото Жернаница. Преданието вели дека двајца "бабалари", односно "шеици", дошле во Жернаница од северен Иран, од Хорасан, еден од најактивните дервишки центри во тој период. Се населиле во колиба, во близина на селото. Еден ден, кога во Жернаница дошле Арнаутите арамии и на селаните им го заплениле добитокот, бабала-

рите излегле пред нив и им рекле да не се вознемируваат, затоа што добитокот ќе го најдат на одредено место во планината кое им го посочиле, а за направеното арамиите ќе бидат казнети. Така и се случило. Дервишите бабалари останале во својата колиба да го заштитуваат населението од селото, а кога умреле, биле закопани под џамијата во Жернаница. И денес, нивните гробови, турбиња се многу почитувани од муслиманското население во Долнореканскиот крај. Оние кои имаат потреба од помош, неа ја бараат на нивните гробови, а жените им носат храна, палат свеќи и оставаат крпи, како што тоа е обичај кај сите дервишки турбиња. Интересно е што гробовите на бабаларите се датирани во периодот кога почнува масовната исламизација во Река.

ПОТЕКЛОТО НА ИМЕТО ТОРБЕШ Конвертитите, оние кои ја примиле новата религија, не ги прекинале врските со старата. Имало многу случаи кога едно пошироко семејство било составено од две вери, а и муслиманите ги заштитувале и ги чувале православните христијански храмови во овој крај. На новопотурчените, христијаните им го дале името Торбеш, а според народното верување тоа било погрдно име за оние кои ја смениле верата за торба брашно.

ПОЧЕТОЦИ НА ИСЛАМИЗАЦИЈАТА Селото Жернаница во западниот дел на Македонија, кое од времето на српската окупација до денес погрешно се нарекува Жировница, во времето на исламизацијата имало 120 домаќинства, од 50 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 544 / 3.12.2004


GI ^UVAAT RODNITE OGNI[TA Босна, потекнува токму од Богомилите кои доброволно го прифаќале исламот, спротивставувајќи му се на тој начин на официјалното христијанство. Едно друго толкување вели дека името Торбеш потекнува од персискиот збор "торбекеш", што означува торбар, човек што се занимава со торбарење, а Торбешите биле така наречени затоа што носеле торби во кои по улиците продавале боза, салеп и слично.

ЗА ИДЕНТИТЕТОТ

Но, во науката постојат и поразлични интерпретации на името Торбеш. Според едни, името Торбеш е остаток од некое многу старо племенско име, име на племе кое на Балканот дошло пред другите Словени, заминало далеку на југ, а потоа се враќало кон север. Според верзијава, името на ова племе во себе го содржело коренот на зборот "тарб".

Другото мислење во врска со Торбешите е дека исламизираните Торбеши претставуваат остатоци од древните Богомили во Македонија, кои со себе секогаш носеле торба во која се наоѓале "Откровението на Свети Јован" и приборот за јадење, бидејќи никогаш не јаделе во туѓи куќи за да не се омрсат. Познато е дека најголемиот дел од исламизираното население во

Промената на верата условила и делумна промена на обичаите, носијата, но не и на јазикот, кој останал сосема чист македонски. Сепак, дури и денес е присутна делумна колебливост во етничкото определување на Македонците муслимани, а таа е предизвикана со чувството дека поради муслиманската религија тие можеби й припаѓаат на некоја друга етничка група, а не на македонската. За тоа прашање, пред сè, треба да се погрижи македонската држава и да се обиде да обезбеди услови за

51 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 544 / 3.12.2004

егзистенција на ова население од Реканскиот крај, кое од дамнешни времиња се ориентирало кон печалбарството. Но, жално е што за да ги изградат своите тешко спечалени, убави куќи и денес Македонците со муслиманска вероисповед се принудени да работат надвор од својата родна земја - Македонија.


SVETA GORA - "HILANDAR"

VE^EN PODAROK ZA VEKOVNO Свети Сава бил првиот кој го составил монашкиот Законик во 1200 година, со што ги одредил правилата за начинот на живот во манастирот, кои се почитувале низ вековите, а сигурно така ќе биде и во иднина. По паѓањето на Цариград (1204), Света Гора била изложена на ограбувања од страна на Латините, кои темелно ја пустошеле.

ОСУМВЕКОВНО ХИЛАНДАРСКО МОНАШТВО

Пишува: Александра ВАСИЛЕВСКА

И

по толку векови, сè уште останува отворено прашањето на кое место се појавиле никулците на првото монаштво, каква е неговата историја и кои се основоположниците? Во науката и во историјата сè уште нема конкретни податоци за постоењето организиран монашки живот пред IX век, но затоа можат да се најдат повеќе извори, кои посочуваат на факти дека во подоцнежниот период дошло до брз развој на монашкиот живот. Овие извори евидентно докажуваат дека со почетокот на изградбата на првите манастири (XI век) и со организирањето живот во нив, Света Гора веќе претставувала моќен центар на христијанството. Со текот на времето, токму поради карактеристичниот начин на живот кој се одвивал на Атонскиот Полуостров, тој добивал сè поголема важност и понепосредно значење. Во наредниот повеќевековен период Света Гора почнува да зрачи со постојан и цврст карактер, кој полека се развивал, но засекогаш и се втемелил. "Хиландар" е четвртиот по ред во хиерархијата на светогорските манастири. Тој претставува едно од најзначајните духовни и културни средишта за целиот православен свет. За создавањето на манастирот и за формирањето на автокефалната Српска црква

во текот на раниот среден век исклучително влијание имале големиот жупан Немања (1166 -1196) и најмалиот син Растко, две личности кои заземаат значајно место и во развојот на српската книжевност и уметност.

ПОЧЕТОЦИ И РАЗВОЈ За неговите почетоци сведочат многу извори, пред сè, документите како што е писмото кое монасите го упатиле до византискиот цар Алексеј III Анѓел (јуни 1198), како и повеќе основачки акти - две царски хрисовуљи, повеланија од монахот Симеон, повеланија од големиот жупан Немања и два типика, Карејски (1199) и Хиландарски (1200/ 1201).

Во 1166 година Немања бил именуван за голем жупан. Неговиот углед сè повеќе се зголемувал, со што значително му се приближувал на Цариград. Најмалиот син Растко прв пат имал можност да се сретне со калуѓерите кои го посетувале дворот на татко му, со цел да побараат и да добијат соодветна помош. Руските калуѓери покажале разбирање за Растковиот интерес за монашкиот живот и во 1191 година тој им се придружил во нивниот манастир посветен на Св. Пантелејмон. По неколкумесечниот престој во руското братство, тој преминал во манастирот "Ватопед", со желба подобро да го научи јазикот, а при тоа да се запознае и со црковната книжевност и со богослужбите. Таму го добил името Св.Сава

ВНАТРЕШНОСТ НА ГЛАВНАТА ЦРКВА НА МАНАСТИРОТ "ХИЛАНДАР", ВОВЕДЕНИЕ ВО ХРАМОТ НА "ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА"

52 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 544 / 3.12.2004


GOSPODOVO PO^ITUVAWE СВЕТА ГОРА - Империја без круна, држава без армија, земја без жени, богатство без пари, мудрост без книги, кујна без месо, молитва која никогаш не завршува, врска со вечноста која вечно трае, Ода за вечната верба, смрт без оплакување. Николај Велимирович, Епископот

ПОГЛЕД НА МАНАСТИРСКИТЕ ЌЕЛИИ

ПЕРСПЕКТИВА НА ХИЛАНДАРСКИОТ ДВОР

(име на угледен организатор на монашкиот живот во Палестина). Татко му постојано му обезбедувал финансиски средства, кои Сава ги вложувал во своето братство со цел да го помогне. Подоцна, предвидувајќи го доаѓањето на Немања, тој почнал да ги организира подготовките за неговиот престој. Му изградил и посебна ќелија, веднаш до олтарот на Богородичната црква. Поради сè она што го направил, Сава го добил и почесното име "втор ктитор" на "Ватопед". Со текот на времето, зголеменото присуство на монаси од татковината на Сава, ја поттикнало идејата да се формира нов манастир или, пак, да се обнови некој постоечки. Есента 1197 година, за свое одредиште тие го избрале стариот грчки манастир "Хиландар", кој веќе неколку пати бил цел на гусарските напади. "Хиландар" бил лоциран во шумовит предел, оддалечен околу пет часа одење од Кареја (главен

СТАР ЦРТЕЖ НА МАНАСТИРОТ

град на Света Гора). Од копнена страна бил заштитен со тешко проодни предели на планината Голема Вигла, кои биле од стратешко значење во текот на средните векови. Се смета дека неговото име потекнува од името на угледниот светогорски монах Георгије, наречен Хилендариос, кој таму изградил свое живеалиште. Во текот на XI век овој простор бил густо населен, а подоцна околу него се изградиле и други манастири.

ОБНОВУВАЊЕ И ОПСТАНОК Кон крајот на XII век, во монашкиот живот на Атос се вклучил и големиот жупан Стефан Немања, придружувајќи му се на синот Растко. Заедно ја обновиле идејата за градење нов манастир и со ваквата желба му се обратиле на византискиот цар Алексиј III Анѓел, барајќи од него да им го отстапи веќе опустошениот манастир "Хиландар". Византискиот цар им одговорил позитивно на молбата и во 1198 година им издал хрисовуља, со која на Симеон и на Сава им биле доделени "Хиландар" и Милеја (област околу манастирот), велејќи "за да ви биде вечен подарок". Во нивна непосредна власт им ги дал манастирот и светилиштата во Милеја. Новото братство требало да биде сосема слободно и самоуправно. Монасите успеале многу брзо да го обноват стариот манастир, а во текот на 1198 година бил организиран мал братски живот. Како ктитори, Симеон и Сава за игумен го поставиле способниот монах Методиј. На почетокот на 1199 година починал Симеон, но и покрај тоа до крајот на 53 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 544 / 3.12.2004

годината завршило градењето на манастирот. Покрај главната црква "Воведение во храмот на Пресвета Богородица", била изградена и големата кула посветена на Свети Сава, а подоцна биле доградени и ќелиите за монасите. Свети Сава бил првиот кој го составил монашкиот Законик во 1200 година, со што ги одредил правилата за начинот на живот во манастирот, кои се почитувале низ вековите, а сигурно така ќе биде и во иднина. Во биографијата на Сава постои податок од овој период, според кој византискиот цар Алексиј III го именувал "Хиландар" за царски манастир, при што и самиот посведочил дека тој спаѓа во неколкуте игуменски манастири. Околу 1199 година било завршено основањето на манастирот, односно од Цариград биле донесени Хиландарските законици, како едни од најважните манастирски исправи. Во текот на XIII век, со цел "Хиландар" да се заштити од копнена страна, кралот Урош ја подигнал кулата Преображение. Во овој период, хиландарските игумени и братството имале голем углед, кој се манифестирал преку тоа што некои од нив биле избирани за епископи, дури и за архиепископи на српските цркви (Сава II, Јоаникије I, Јевастиј). Зачуваните фрески во кулата на Св. Георги и во црквата "Св. Троица" се особено суштествено сведоштво за овој период. Освен тоа, и неколкуте вредни ракописи докажуваат дека хиландарската црква неуморно се украсувала, а библиотеката се збогатувала. По паѓањето на Цариград (1204), Света Гора била изложена на ограбувања од страна на Латините, кои темелно ја пустошеле. Во тоа време "Хиландар" ја споделил истата судбина со другите манастири, но тој и натаму добивал помош и поддршка од владетелите и великодостојниците. (продолжува)


MAKEDONSKA KAUZA М-Р СИЛВАНА СИДОРОВСКА - ЧУПОВСКА

С ТР Е М Е Ж ЗА СОПС ТВЕ НА НАЦИОНАЛНА ПРОСВЕТА По примерот на бројните европски центри од каде што почнала да се шири ренесансата, исто така, и за Велес може да се каже дека тој бил центар на преродбенското движење, лулка на образованието и просветата од каде почнува ширењето и развивањето на културата во Македонија.

Пишува: Анита ДИМОВА

П

ојавата на преродбата го означи и будењето на македонскиот народ од повеќевековната заостанатост која, пред сè, се должи на стремежот кој се јавил во редовите на прогресивните елементи за изградување на сопствена национална просвета, која ќе биде во согласност со духот и побарувањата на дадената епоха", вели м-р Силвана СидоровскаЧуповска во својата нова книга "Преродбата во Велес и Велешко во почетокот на XIX век до 1912 година", која неодамна ја издаде Институтот за национална историја.

"

НОВ ПОРЕДОК Иако според насловот веднаш може да се заклучи дека книгата се однесува само на одреден временски период и на ограничена локација, сепак на 250 страници, во четири глави, м-р Чуповска дава целосен преглед на преродбенското движење во Македонија до Балканските војни и тоа го поврзува со актуелните светски настани. Во првата глава се претставени условите за појава на преродбенското движење во Македонија, а во

втората се зборува за историската улога на градот Велес и неговата афирмација во значаен културно-просветен центар на Македонија. Третата глава ги претставува основите на образованието во Велес и во Велешко, а пак, четвртата им е посветена на општествено-политичките и културните прилики на тој простор до почетокот на Првата балканска војна. "Периодот за кој станува збор е време на тешка економска и политичка положба на македонскиот народ во рамките на Османлиската империја. Со почетокот на XIX век и со промените кои се случиле во Империјата, односно со спроведувањето на поголемиот дел од реформите познати како танзиматски реформи, ќе повлијаат врз културното будење на населението, всушност ќе претставуваат основна претпоставка за културно-образовната преродба на христијанските народи во рамките на Империјата", истакнува м-р Чуповска. Без оглед на субјективните цели, реформите во Македонија дале низа позитивни резултати. Тие претставувале значаен фактор во ликвидацијата на феудализмот, како и во воспоставувањето нов политички и стопански систем, кој во секој поглед го надминувал застарениот феудален систем. Сите овие промени доследно ја одиграле улогата, која македонскиот народ ја

искористил за зајакнување на сопствената борба за освојување на стопанските, политичките, општествените и културно-просветните позиции во земјата.

ЛУЛКА НА ОБРАЗОВАНИЕТО Лошата материјална положба и несигурноста на населението во селата предизвикало тоа масовно да се населува во градовите, со што се менувала нивната дотогашна физиономија. Според м-р Чуповска, токму од овие редови ќе се пројават првите борци за национална и социјална слобода, како и првите национални преродбеници. Но, едно треба да се има предвид, вели таа, дека колку и да се развивал културниот и економскиот живот во Македонија, сепак на почетокот на XIX век граѓанството сè уште не било доволно закрепено за да го разбуди националниот дух на македонскиот народ. Дури со појавата на македонските учебници во XIX век и нивната примена во училиштата, почнале да се јавуваат првите предзнаци на македонската национална свест. Менувањето на социјалните односи било предуслов за чести национални пројави на Македонците во овој период и подоцна, кога се појавиле значајни преродбеници: браќата Димитрија и Константин Миладинови, Јордан Хаџи Константинов - Џинот, Григор Прличев, Рајко Жинзифов, Партенија Зографски, Кузман Шапкарев, Марко Цепенков, Димитрија Василев - Македонски, Ѓоргија Пулевски, Крсте Мисирков, Димитрија Чуповски и други. "Во развојот на просветителскиот и националноосло-

55 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 544 / 3.12.2004

бодителен период во Македонија, градот Велес бележи видно место како центар, кој имал големо влијание над останатите градови во реализирањето на прогресивните идеи. Овде творел, и покрај притисоците од страна на гркоманските кругови нашиот прв преродбеник Јордан Хаџи Константинов - Џинот, кој дефинитивно, расчистувајќи со средновековната писменост, ја почнал новата епоха во развојот на македонската просвета, што се јавила како насушна потреба за Велес, најразбудениот македонски град во тоа време", потенцира м-р Чуповска. Во таа насока вели дека по примерот на бројните европски центри од каде што почнала да се шири ренесансата, исто така, и за Велес може да се каже дека бил центар на преродбенското движење, лулка на образованието и просветата од каде почнува ширењето и развивањето на културата во Македонија.


АВТО ИНФО

TOLEDO ВТОР АВТОМОБИЛ НА "НОВИОТ SEAT"

ОД ДЕКЕМВРИ И НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАТИШТА SEAT TOLEDO

Пишува: Петар ТАГАСИ

Н

овиот Toledo на Seat го редефинира концептот на класичен седан, нудејќи повеќе разновидност, функционалност и просторност за автомобил од оваа класа. Третата генерација на Toledo е вториот автомобил од новиот дизајнерски концепт на Seat, кој несомнено го менува постоечкиот тренд меѓу автомобилите од класата, задоволувајќи ги барањата на потенцијалните купувачи. Со димензиите (4,50м x 1,77м) тој нуди повеќе внатрешен простор, благодарение на моноволуменскиот дизајн и висината од 1,57 метри. Кон ова може да се додаде и двостепениот товарен простор со капацитет од 500 литри.

Во рамките на Toledo е вклучена и Bluetooth технологијата, која овозможува безжична комуникација со мобилни телефони, а тука е и CD аудио системот, кој поддржува и MP3 формат. Новиот модел ќе има четири различни мотори, два бензински - 2,0 FSI (110 kW) и 1,6 (75 kW) и два дизелски 2,0

(103 kW) и 1,9 (77 kW). Двата најмоќни агрегата, дволитрените FSI и TDI, се достапни со шестстепен мануелен менувач. Како опција може да биде избран и автоматскиот секвенционален Tiptronic, а кај 2,0 TDI е достапен и новиот DSG систем за трансмисија со шест брзини. На македонскиот пазар, најновиот модел на Seat ќе пристигне на почетокот на декември. 56 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 544 / 3.12.2004


VOLKSWAGEN ЈА ПРЕТСТАВИ НОВАТА BORA По најавите, Volkswagen и официјално ги претстави првите информации и податоци за новата Bora или Jetta, како што ова возило се нарекува на американскиот пазар.

На фотографиите е прикажан моделот кој е наменет за пазарот во Северна Америка, а според најавите тој треба да се појави во март следната година. Очигледно е фаворизирањето на овој пазар, а тоа се должи на одличните резултати кои ги бележи Volkswagen во овој регион. Официјалната светска промоција на Bora/Jetta

ќе биде на Саемот за автомобили во Лос Анџелес, кој треба да се одржи на 5 јануари 2005 година, кога ќе биде објавена и цената. Најмоќниот агрегат кој ќе се најде во понудата кај овој модел е со зафатнина од 2,5 литри (150 КС). Подоцна во овој модел ќе биде вклучен и

напредниот DSG менувач, а ќе има и долга листа на сериска и дополнителна опрема. На почетокот Bora ќе се произведува во фабриката на Volkswagen во Пуебла, Мексико. Набрзо може да се очекува и претставувањето на верзијата за европскиот пазар.

ФЛЕШ ВЕСТИ NISSAN ГИ ЗГОЛЕМУВА КАПАЦИТЕТИТЕ

CHEVROLET ВЛЕГУВА ВО SUV СВЕТОТ По малку неочекувано, но доволно уверливо Chevrolet (поранешен Daewoo) ја истакна сериозноста во намерите да лансира нов SUV. Почетниот чекор е направен со претставувањето на концептот S3X. Воедно, ова ќе биде и првиот автомобил на Chevrolet во Европа, кој ќе има дизелски агрегат. Chevrolet S3X нуди и преглед на можните дизајнерски насоки за идните модели на овој производител. Во внатрешноста се сместени три реда седишта, за максимум седум лица. Ентериерот е невообичаена ком-

Јапонскиот производител на автомобили Nissan објави дека ќе почне со изградба на нов погон во состав на постојната фабрика за агрегати Iwaki. Со оваа изградба, која се очекува да биде завршена во 2006 година, ќе се зголеми годишното производство на 560.000 единици, во споредба со досегашните 360.000. бинација на дрво и метал. Системот за забава и информирање во S3X содржи и систем за навигација, базиран на DVD технологија. Инаку, овој SUV е целосно развиен и произведен во фабриката на Chevrolet во Јужна Кореја. Се очекува со негово производство да се почне во 2006 година, а сè уште не е познато името на новиот модел. 57 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 544 / 3.12.2004

ALTEA ГО ИСПОЛНИ ПАЗАРНИОТ ПЛАН Со продадените повеќе од 30.000 автомобили од моделот Altea до октомври, Seat го исполни пазарниот план, проектиран за 2004 година. Кај шпанскиот производител истакнуваат дека ваквиот успех е резултат на високото ниво на прифатеност на новиот дизајн.


HI - TECH Пишува: Петар ТАГАСИ

IBM X40 ЛАПТОП ЗА ДЕЛОВНИ ЛУЃЕ Секој деловен човек, кој најголемиот дел од времето го минува на пат, секако дека би посакал со себе да има лаптоп каков што е IBM Think pad X40. Иако до сега важеше правилото дека со намалувањето на димензиите, се намалуваат и перформансите, сепак тоа не важи во случајов. Ултратенкиот дизајн на IBM Think pad X40 овозможува негов лесен транспорт, а едноставно може да се надгради и со дополнителни портови, проширени опции и батерии, а малиот

12,1’’ XGA дисплеј е доволен за извршување деловни задачи. Иако станува збор за лаптоп со мали димензии, сепак IBM Think pad X40 нуди сериозни перформанси. Основниот модел е со вграден Pentium M процесор со 1 GHz и 256 MB DDR SDRAM, а понапредниот модел вклучува Pentium M со 1.2 GHz и 512 MB меморија. X40 добива и нов хард диск со капацитет од 20 или 40 GB, кој е со помали димензии и е потивок и поотпорен на потреси. IBM Think pad X40 има и поголем број портови и екстензивни опции, вклучувајќи ги тука мрежната картичка, модемот, SD слотот, инфрацрвениот, USB и PC Card портовите, како и приклучоците за слушалки и микрофон. На левата страна се распоредени и стандардниот VGA конектор за поврзување на екстерен монитор и USB портот со специјално напојување.

SONY ERICSSON S700i Доколку е во хоризонтална позиција, Sony Ericsson S700i е совршена дигитална камера, а во вертикална позиција изгледа како мини организер, телефон и направа за забава. Со помош на дигиталната камера од 1,3 мегапиксели, која поддржува 262.000 бои, може да се направат фотографии со одличен квалитет. По-

крај тоа, може да се снимаат и видеоклипови во MPEG-4 формат. Добра прегледност на пораките и сликите овозможува 2,3’’ дисплеј. Достапноста кон сите функции е овозможена и кога телефонот е затворен, а при пишувањето на SMS или, пак, телефонирањето, неопходно е тој да биде во отворена положба, при што тастатурата може да се ротира за 180 степени. Комуникацијата и поврзаноста се навистина едноставни, што овозможува брз и лесен трансфер на податоците. Лесното поврзување е овозможено преку Bluetooth технологијата, а за да се зачуваат податоците на располагање е 32 MB меморија, која може да биде проширена со вметнување мемориска картичка. Размената на сликите е едноставна, преку QuickShare технологијата.

ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ FIREFOX ГО ИЗБРАА 5,6 МИЛИОНИ Во првите две недели од појавувањето, беа downloadирани повеќе од 5,6 милиони копии од новиот Интернет пребарувач Firefox 1.0. Во Mozilla Foundation се значително изненадени од импозантните бројки, коишто секако се охрабрувачки. Според Chris Hofmann, генерален инженер во Mozilla, зголемената употреба на нивниот пребарувач се должи на препораките за напуштање на Microsoft-овиот Interner Explorer поради неговите сигурносни пропусти. Firefox го привлече вниманието на јавноста поради заземањето на сè поголемиот дел од пазарот од досега неприкосновениот Microsoft Internet Explorer, кој во мај 2004 година беше застапен со 95 проценти на светско ниво. Сепак, според последните извештаи, неговото учество е намалено на помалку од 90 проценти, а се очекува за кусо време Firefox да ја мине скалата од 0 до 5 проценти.

58 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 544 / 3.12.2004


MAKEDONSKO S NCE

EP - I - CENTAR ЌОР - ЗБОР ЛИЛЈАНА ПОПОВСКА

ЌОР - ЗБОР АЛЕКСАНДАР ПРЧЕВСКИ

ЌЕ ПОКРЕНАМ ПОСТАПКА ПРОТИВ КРАЛИ МАРКО ПОРАДИ ПРИВАТНАТА УПОТРЕБА НА ДРЖАВНИОТ БУЗДОВАН

МОЕТО КАТАПУЛТИРАЊЕ Е ИЗВЕДЕНО НА ПРАВ ЛИБЕРАЛНО - ДЕМОКРАТСКИ НАЧИН

ЛЕЛЕЕЕЕЕ...ЛЕЦ  БОМБИЦИ

ВИЦОТЕКА

Мислата е бесмртна под услов постојано повторно да се раѓа. Само здравите мисли се заразни. Постојат амнестии кои ги ослободуваат само чуварите на затворениците. Подобро е да се има минимумот од максимумот, отколку максимумот од минимумот. Молчењето е доблест за која премногу се зборува.

"МАМО, ДАЈ МИ И МЕНЕ ЕДЕН ЏОИНТ"

Еден наш сограѓанин разговарајќи со својот пријател на тема "корупција", му се жали: - Замисли до каде отишла корупцијата во нашето општество. Вчера на граница, на цариникот морав да му дадам двесте евра, а за неговиот пес ме натера да купам еден килограм од најубавата телешка кртина. - Ту, што не сум пес на царина промрморел пријателот само за себе.

ЦРТА МИРО

МАКЕДОН

БРАНКА и МИРО 60 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 544 / 3.12.2004


Подготвила: Милева ЛАЗОВА

KREM ^ORBA OD RIBA Подготовка: Рибата се полива со виното и со ½ литар вода. Се посолува, се додаваат црн пипер, дафинов лист и ситно исечен лук и кромид. Исчистените моркови се рендаат и се додаваат во чорбата. Откако рибата ќе се свари се чисти од коските, се вади дафиновиот лист и сè се пасира. На крај се додава павлаката.

Потребно: - 1 кг морска риба; - 2 главици кромид; - 2-3 чешниња лук; - сол; - црн пипер; - ¼ кг моркови; - ½ литар вино; - дафинов лист; - 1-2 лажици павлака.

POTPE^EN PRAZ Подготовка: Исчистениот праз се сече на ситни парчиња и се динста во 60 гр путер. Одделно се матат јајцата, брашното, солта, црниот пипер, млекото и половина чаша вода за да се добие мазно тесто. Во тава се става остатокот од путерот за да се загрее и се додава празот. Откако празот ќе се зарумени се прелива со тестото. Се пржи од двете страни.

Потребно: - 6 страка праз; - 100 гр путер; - 2 јајца; - 4 лажици брашно; - чаша млеко; - сол; - црн пипер; - масло.

ORIZ SO MESO Потребно: - 300 гр свинско месо; - 300 гр ориз; - 2 главици кромид; - масло; - сол; - црн пипер; - магдонос.

Подготовка: Исеченото месо и кромидот се динстаат во масло, потоа се додава исчистениот и измиен ориз и сè заедно се пржи уште десетина минути. Потоа се посолува, се додава црн пипер, се налева со вода и се става во рерна да се пече. Доколку има потреба во текот на печењето се додава по малку топла вода. Готовото јадење се посипува со сечкан магдонос.

POSNI OBLANDI Потребно: - 2 кг рендани јаболка; - 1 кг шеќер; - 500 гр мелени смокви; - 250 гр ситно сечени ореви; - обланди.

Подготовка: Ренданите јаболка и шеќерот се варат. Кога јаболката ќе бидат полуварени прво се додаваат мелените смокви, а потоа сечканите ореви. Кога филот ќе биде готов и доволно густ со него се мачкаат обландите.

61 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 544 / 3.12.2004


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.