Ѕевс и Дионис

Page 205

208 Ѕевс и Дионис Очигледно е дека боговите се врзуваат за одредена планина или пак град. За разлика од Протохелените од VIII век пр. н.е., Хетитите не настојувале да ги синкретизираат туѓите богови т.е. не ги идентификувале своите богови со боговите на домородното население или туѓите богови, така што хетитските писари сите богови дождовници и громовници ги означувале со иста месопотамска идеограма со значење на бог на бурите, на пример Богот на бурите од Нерик, Зипаланда и Алепо.1019 Ѕевс од Ида или Додона или Олимп, како и Хера од Самос или Аргос, Аполон од Кила или Тенед, мошне наликуваат на малоазиската традиција,1020 така и култот на Ѕевс на планинските врвови, светите лагови, олтарите под отворено небо и излевањето жртвилеанки. Ахајците го повикуваат ’Ѕевс од Ида‘ (в. погоре) како сведок на заклетва или договор, што соодветствува на договорите на хетитските кралеви кога им се обраќаат на туѓите богови при склучување на договор со другата страна.1021 б. Седиште на богот Ѕевс, ’кралот на боговите‘, и на останатите богови била планината Олимп на северната границата на Тесалија, всушност на границата на Хелада, кадешто врховниот бог заседавал со советот на олимпските богови. Но, Олимп бил недостижен за смртниците и немал верска улога за Хелените. Од друга страна во Месопотамија, врховниот бог во Нипур Енлил имал храм Екур што значи ’планински дом, куќа‘ кадешто Енлил заседавал со советот главен симбол на божицата е нејзината девственост, всушност Артемида во Ефес е мајка божица на плодноста (M. Munn 2006, 163s.). 1019 B. J. Collins, The Hittites аnd their World, Atlanta 2007, 173. Ваквиот систем, при што мора да се напомене дека Хетитите не ги презеле само култовите на домородното население туку и на останатите народи од Блискиот Исток, ја отежнува идентификацијата на боговите, а хетитските називи се непознати. Сочувани се теонимите на локалното население, бидејќи Хетитите им се обраќале на тие богови со нивните локални имиња (в. гл. III, т. 1, особено бел. 302). 1020 И во блискоисточната традиција боговите биле почитувани на различни места (како Баал/Бел или Иштар/Астарте) со поинакви функции и врски во пантеонот. На пример Астарте во Сидон била сопруга на Ешмун, во Тир на Мелкарт, а во Картагина сопруга на Баал-Хамон била божицата Тинит (S. B. Noegel 2007, 34). 1021 B. J. Collins 2007, 177.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.